IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Англиска Премиер лига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Англиска Премиер лига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2010 во 18:14

АНГЛИЧАНИТЕ ЗАРАБОТУВААТ НАЈМНОГУ ОД РЕКЛАМИ НА ДРЕСОВИТЕ

Премиерлигата ја престигна Бундеслигата

Англиската Премиерлига ја престигна германската Бундеслига во привлекувањето реклами на дресовите, открива студијата на "Спорт+Маркт". Дванаесеттиот извештај за фудбалски дресови на германската компанија покажува дека 20-те премиерлигашки клубови инкасирале 128 милиони евра сезонава, што е пораст за 44,5 милиони евра. Осумнаесетте бундеслигашки клубови стигнаа од 108,6 до 118,5 милиони евра сезонава, од кои 22 милиони евра отпаѓаат на договорот на Баерн Минхен со "Дојче телеком".
Германија беше симната од врвот, најмногу благодарение на новите договори на Манчестер јунајтед со осигурителниот брокер "Аон" и на Ливерпул со банката "Стандард чартерд". Според "Спорт+Маркт", двата договора вредат по 23,6 милиони евра.
Остатокот од Европа заостанува многу. Клубовите од Серија А имаат приходи од само 65,9 милиони евра и е единствената лига што забележа намалување приходите, бидејќи Лацио и Фиорентина се уште се без спонзори. Франција ја престигна Шпанија на четвртото место со 58,8 милиони евра. Шпанија, која е актуелен европски и светски првак, привлече само 57,5 милиони евра, од кои речиси половина (23) отпаѓаат на договорот на Реал Мадрид со обложувалницата "Бивин". Сепак, Барселона никогаш нема реклама на дресовите, а од 2006 година, каталонскиот клуб му плаќа 1,5 милиони евра на УНИЦЕФ за да го носи логото на организацијата.


Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 13:42
Блекпул и Вест Бромвич Албион го комплетираат 10.коло во Премиер лигата

Лондон, 1 ноември 2010 (МИА) - Со одигрување на вечерашниот натпревар (21 часот) Блекпул - Вест Бромвич Албион ќе биде комплетирано 10.коло во англиското фудбалско првенство.

Победите на водечкото трио, поразот на Манчестер Сити и првата гостинска победа за Ливерпул во оваа сезона ја одбележаа ова рунда од Премиер лигата.

Резултати од 10.коло во Премиер лигата: Арсенал - Вест Хем 1:0, Блекбурн – Челзи 1:2, Евертон - Стоук 1:0, Фулам - Виган 2:0, Вулверхемптон - Манчестер Сити 2:1, Манчестер Јунајтед – Тотенхам 2:0, Астон Вила – Бирмингам 0:0, Њукасл – Сандерленд 5:1 и Болтон – Ливерпул 0:1.

Табела: Челзи 25 бодови, да
Арсенал 20, Манчестер Јунајтед 20, Манчестер Сити 17, Тотенхем 15, Вест Бромвич Албион 15 (натпревар помалку)...


Изменето од Schatzii - 01.Ноември.2010 во 13:43
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 05:14
Астон Вила три месеци без капитенот
Извор: AP 

Поради повреда на лигаментите на коленото, капитенот на Астон Вила, Стилијан Петров ќе паузира најмалку три месеци, соопшти англискиот премиерлигаш...



Изменето од емил - 03.Ноември.2010 во 05:15
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 13:26
Челзи поразен на „Стемфорд бриџ“

Најголемото изненадување во 13.коло од англиската Премиер лигата го направи екипата на Сандерленд, која со 3:0 го совлада лидерот на табелата и шампион Челзи на неговиот терен.

И во вториот вчерашен дуел победа остварија гостите. Арсенал со 2:1 славеше на „Гудисон парк“ кај Евертон.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Астон Вила – Манчестер Јунајтед 2:2, Манчестер Сити – Бирмингем 0:0, Њукасл – Фулам 0:0, Тотенхем – Блекбурн 4:2, Вест Хем – Блекпул 0:0, Виган – ВБА 1:0, Вулверхемптон – Болтон 2:3 и Стоук – Ливерпул 2:0.

Табела: Челзи 28 бодови, Арсенал 26, Манчестер Јунајтед 25, Манчестер Сити 22, Болтон, Сандерленд и Тотенхем по 19,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 06:45
Пирес официјално во Вила      
 

Иако во средата ги демантираше гласините кои се појавија, Роберт Пирес, синоќа сепак потпиша договор со премиерлигашот, Астон Вила...

Францускиот ветеран се обврза на верност кон клубот до крајот на актуелната сезона. Вила моментно се наоѓа на деветтото место во Премиер лигата.

Сеуште е неизвесно дали Пирес ќе дебитира на гостувањето во Блекбурн викендов, додека сосема е извесно дека Французинот ќе биде во составот против својот некогашен клуб, Арсенал, кој веќе следната недела доаѓа на "Вила Парк".



Изменето од емил - 19.Ноември.2010 во 06:46
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2010 во 12:03

Денеска на „Емирати“ во дербито на 14.коло во англиската Премиер лига  Арсенал го пречекува Тотенхем.

Двете лондонски екипи, претставници на Англија во Лигата на шампионите, и годинава во Премиер лигата се со амбиции за највисок пласман.

Арсенал во моментов игра во одлична форма и го одржува чекорот со водечкиот Челзи, односно се наоѓа на второто место на табелата додека, екипата на Тотенхем во последните пет натпревари има само еден триумф и во денешниот натпревар ќе се обиде со победа да фати приклучок со екипите од врвот на табелата.

На другите натпревари денеска ќе се сретнат: (почеток 16 часот) Бирмингем - Челзи, Блекпул - Вулверхемптон, Болтон - Њукасл, Манчестер Јунајтед - Виган, Вест Бромвич Албион - Стоук и (18:30 часот) Ливерпул - Вест Хем.

За утре се закажани две средби. Од 14:30 часот Блекбурн ја пречекува Астон Вила, а од 17 часот Фулам е домаќин на Манчестер Сити.

Колото ќе биде заокружено в понеделник кога својот натпревар ќе го одиграат Сандерленд и Евертон (почеток 21 часот).

Табела: Челзи 28 бодови, Арсенал 26, Манчестер Јунајтед 25, Манчестер Сити 22, Болтон 19, Сандерленд 19, Тотенхем 19,..


Изменето од емил - 20.Ноември.2010 во 12:03
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2010 во 08:42

Англискиот шампион Челзи го доживеа вториот пораз во низа, откако денеска загуби со 1:0 на гостувањето кај Бирмингем.

По поразот на Арсенал во градското дерби против Тотенхем на Емирати, екипата на Бирмингем го направи второто изненадување попладнево во англиската Премиер лига.

Бирмингем победи благодарение на голот на Ли Боер во 17 – та минута од мечот. Ова е втор пораз за „Сините“ од Лондон за краток период, откако минатиот викенд беа декласирани сред „Стемфорд Бриџ“ од Сандерленд со 3:0.

За разлика од Челзи, Манчестер Јунајтед немаше проблеми на „Олд Трафорд“ против Виган. Творци на победата од 2:0 на „црвените ѓаволи“ беа Патрис Евра и Хернандез.

Премиер лига резултати 13 коло:

Арсенал – Тотенхем 2:3
Болтон – Њукасл 5:1
Манчестер Јунајтед – Виган 2:0
Бирмингем – Челзи 1:0
Блекпул – Вулверхемптон 2:1
ВБА – Стоук 0:3
Ливерпул – Вест Хем (18:30ч)


Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2010 во 16:41
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:43
Се знае кој е најдобар во премиер лига Челзи!
Се надевам дека по победата на Жилина работите ке одат на подобро,а дури кога ке се опорават од Лампард и Тери би требало да бидеме најдобри во премиер лига,а се надевам оваа година ке ја освоиме лигата на шампионите,единствената титула која Челзи ја нема освоено(само ако се купам 2-3 зимски засилувања)
Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:44

Фергусон задоволен од играта на Руни
Објавено на: 10:42 25.11.2010 од 24fudbal.com.mk
Сер Алекс Фергусон е задоволен од играта на Вејн Руни кој од пенал го реши натпреварот против Ренџерс.
Манчестер Јунајтед со гол од пенал на Руни пред самиот крај на натпреварот победи на гостувањето кај Глазгов Ренџерс.
Тоа беше прв старт на Руни откако се врати од САД по рехабилитацијата, Ферги е задволен од играта на напаѓачот.

"Требаше храброст за да се изведе пеналот" - вели Ферги.

"Тоа не беше лесна ноќ, тој не реализираше неколку шанси, но тоа можеше да се очекува со оглед на тоа што долго време беше надвор од теренот".

"Задоволни сме се со него. Секогаш кога ќе постигне гол сака да прослави со фановите и фудбалерите".

"Уште малку му е потребно за да биде комплетно фит".

Манчестер Јунајтед има три бода предност пред Валенсија со која игра во последното коло.

На Црвените Ѓаволи им е доволен и бод за да го обезбедат првото место во групата.

"Сакаме да бидеме први во групата. Играме со Валенсија дома, можеме да бидеме оптимисти".

"Против Ренџерс знаевме дека ќе биде тешко. Тие беа организирани и дисциплинирани, беше многу тешко да се разбијат".

"Нашата гостинска форма во Европа е добро веќе со години и мислам дека заслуживме да го добиеме овој натпревар".
Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:45

Венгер очекува Фабрегас да паузира околу две недели
Арсен Венгер очекува Цеск Фабрегас да паузира две недели по повредата на задната ложа
Шпанскиот интернационалец заработи повреда на средбата од Лигата на Шампионите против Брага во вторникот.
Цеск Фабрегас сеуште не заминал на детални прегледи но Арсен Венгер за ТВ каналот на Арсенал утрово изјави дека очекува играчот да паузира околу две недели.

“Фабрегас ќе биде прегледан денеска, тој ќе замине на скен.” – рече Венгер. “Откако ќе ги добиеме резултатите ќе можеме да кажеме колку ќе паузира, но јас очекувам две недели.”

“Ова е голем проблем бидејќи сега треба да се запрашаме колку претпазливи да бидеме со него во иднина.”

“Цеск уште од млади години играше по 50 натпревари годишно. Можеби треба да бидеме попретпазливи со него, особено во следните два месеци.”

На средбата со Брага се повреди и Емануел Ебуе, за кого Венгер очекува пауза од минимум четири недели.

“Ебуе има повреда на средниот лигамент на коленото. Можно е да биде четири недели, можно е шест или пак осум недели.”

“Јас мислам дека минимум ќе бидат четири недели.”

Венгер очекува Фабрегас да паузира околу две недели
Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:46
Хари Реднап: Сега ја напаѓаме првата позиција

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Тотенхем Хари Реднап уживаше на последниот фантастичен натпревар на Тотенхем во Лигата на Шампионите.

Убедливата победа од 3:0 против Вердер Бремен на лондонскиот тим му донесе пласман во осминафиналето од најелитното европско фудбалско натпреварување, а Реднап не ги криеше надежите дека неговиот колектив може да заврши дури и на првата позиција од групата.

„Едноставно блескавме на теренот против Вердер Бремен па дури можевме да постигнеме и повеќе голови. На почетокот мечот изгледаше малку тежок, но фантастично се справивме со противникот.“

„Фудбалерите на Бремен како да беа разочарани бидејќи од претходно знаеја дека немаат шанси за продолжување понатаму.“ - изјави Реднап и не пропушти да ја пофали одличната игра на Лука Модриќ, Арон Ленон, Герет Бејл и Вилијам Галас.

„Одлично е тоа што на Твенте ќе му гостуваме без да чувствуваме никаков притисок за победа. Сепак, ќе се обидеме да ги освоиме трите бода и, ако е можно, да завршиме на првата позиција во групата. Така ќе ги избегнеме тимовите како Реал Мадрид и Барселона во осминафиналето.“ - додаде менаџерот на Тотенхем.
Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:47
Дрогба: Многу работи научив токму од Шевченко
Фудбалерот на актуелниот англиск првак Челси, Дидие Дрогба тврди дека Андриј Шевченко му помогнал да стане еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска постигна 138 погодоци за Челси по трансферот од Марсеј во 2004-та година, а за разлика од него легендарниот Украинец запиша само 22 погодоци за три сезони.

Двајцата напаѓачи истите бои на дресовите ги бранеа само три години, но тоа беше доволно за Дрогба, како што вели тој, да научи многу од неговиот колега.

„Научив многу работи од Шевченко. Тој беше, а и сеуште е голем играч, еден од најдобрите стрелци во Лигата на Шампионите.“

„Покрај него научив колку е важно да се остане смирен и да се чека вистинскиот момент за постигнување погодок.“

„Улогата на напаѓачите во модерниот фудбал многу се промени и чест ми е што мене ме вбројуваат меѓу најдобрите во светот.“ - изјави Дрогба.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 14:28
Ливерпул за моја штета сепак ќе успее да се спаси плачење
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.