IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Англиска Премиер лига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Англиска Премиер лига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
Автор
Порака Обратен редослед
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2010 во 16:41
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2010 во 08:42

Англискиот шампион Челзи го доживеа вториот пораз во низа, откако денеска загуби со 1:0 на гостувањето кај Бирмингем.

По поразот на Арсенал во градското дерби против Тотенхем на Емирати, екипата на Бирмингем го направи второто изненадување попладнево во англиската Премиер лига.

Бирмингем победи благодарение на голот на Ли Боер во 17 – та минута од мечот. Ова е втор пораз за „Сините“ од Лондон за краток период, откако минатиот викенд беа декласирани сред „Стемфорд Бриџ“ од Сандерленд со 3:0.

За разлика од Челзи, Манчестер Јунајтед немаше проблеми на „Олд Трафорд“ против Виган. Творци на победата од 2:0 на „црвените ѓаволи“ беа Патрис Евра и Хернандез.

Премиер лига резултати 13 коло:

Арсенал – Тотенхем 2:3
Болтон – Њукасл 5:1
Манчестер Јунајтед – Виган 2:0
Бирмингем – Челзи 1:0
Блекпул – Вулверхемптон 2:1
ВБА – Стоук 0:3
Ливерпул – Вест Хем (18:30ч)


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2010 во 12:03

Денеска на „Емирати“ во дербито на 14.коло во англиската Премиер лига  Арсенал го пречекува Тотенхем.

Двете лондонски екипи, претставници на Англија во Лигата на шампионите, и годинава во Премиер лигата се со амбиции за највисок пласман.

Арсенал во моментов игра во одлична форма и го одржува чекорот со водечкиот Челзи, односно се наоѓа на второто место на табелата додека, екипата на Тотенхем во последните пет натпревари има само еден триумф и во денешниот натпревар ќе се обиде со победа да фати приклучок со екипите од врвот на табелата.

На другите натпревари денеска ќе се сретнат: (почеток 16 часот) Бирмингем - Челзи, Блекпул - Вулверхемптон, Болтон - Њукасл, Манчестер Јунајтед - Виган, Вест Бромвич Албион - Стоук и (18:30 часот) Ливерпул - Вест Хем.

За утре се закажани две средби. Од 14:30 часот Блекбурн ја пречекува Астон Вила, а од 17 часот Фулам е домаќин на Манчестер Сити.

Колото ќе биде заокружено в понеделник кога својот натпревар ќе го одиграат Сандерленд и Евертон (почеток 21 часот).

Табела: Челзи 28 бодови, Арсенал 26, Манчестер Јунајтед 25, Манчестер Сити 22, Болтон 19, Сандерленд 19, Тотенхем 19,..


Изменето од емил - 20.Ноември.2010 во 12:03
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 06:45
Пирес официјално во Вила      
 

Иако во средата ги демантираше гласините кои се појавија, Роберт Пирес, синоќа сепак потпиша договор со премиерлигашот, Астон Вила...

Францускиот ветеран се обврза на верност кон клубот до крајот на актуелната сезона. Вила моментно се наоѓа на деветтото место во Премиер лигата.

Сеуште е неизвесно дали Пирес ќе дебитира на гостувањето во Блекбурн викендов, додека сосема е извесно дека Французинот ќе биде во составот против својот некогашен клуб, Арсенал, кој веќе следната недела доаѓа на "Вила Парк".



Изменето од емил - 19.Ноември.2010 во 06:46
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 13:26
Челзи поразен на „Стемфорд бриџ“

Најголемото изненадување во 13.коло од англиската Премиер лигата го направи екипата на Сандерленд, која со 3:0 го совлада лидерот на табелата и шампион Челзи на неговиот терен.

И во вториот вчерашен дуел победа остварија гостите. Арсенал со 2:1 славеше на „Гудисон парк“ кај Евертон.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Астон Вила – Манчестер Јунајтед 2:2, Манчестер Сити – Бирмингем 0:0, Њукасл – Фулам 0:0, Тотенхем – Блекбурн 4:2, Вест Хем – Блекпул 0:0, Виган – ВБА 1:0, Вулверхемптон – Болтон 2:3 и Стоук – Ливерпул 2:0.

Табела: Челзи 28 бодови, Арсенал 26, Манчестер Јунајтед 25, Манчестер Сити 22, Болтон, Сандерленд и Тотенхем по 19,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 05:14
Астон Вила три месеци без капитенот
Извор: AP 

Поради повреда на лигаментите на коленото, капитенот на Астон Вила, Стилијан Петров ќе паузира најмалку три месеци, соопшти англискиот премиерлигаш...



Изменето од емил - 03.Ноември.2010 во 05:15
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 13:42
Блекпул и Вест Бромвич Албион го комплетираат 10.коло во Премиер лигата

Лондон, 1 ноември 2010 (МИА) - Со одигрување на вечерашниот натпревар (21 часот) Блекпул - Вест Бромвич Албион ќе биде комплетирано 10.коло во англиското фудбалско првенство.

Победите на водечкото трио, поразот на Манчестер Сити и првата гостинска победа за Ливерпул во оваа сезона ја одбележаа ова рунда од Премиер лигата.

Резултати од 10.коло во Премиер лигата: Арсенал - Вест Хем 1:0, Блекбурн – Челзи 1:2, Евертон - Стоук 1:0, Фулам - Виган 2:0, Вулверхемптон - Манчестер Сити 2:1, Манчестер Јунајтед – Тотенхам 2:0, Астон Вила – Бирмингам 0:0, Њукасл – Сандерленд 5:1 и Болтон – Ливерпул 0:1.

Табела: Челзи 25 бодови, да
Арсенал 20, Манчестер Јунајтед 20, Манчестер Сити 17, Тотенхем 15, Вест Бромвич Албион 15 (натпревар помалку)...


Изменето од Schatzii - 01.Ноември.2010 во 13:43
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2010 во 18:14

АНГЛИЧАНИТЕ ЗАРАБОТУВААТ НАЈМНОГУ ОД РЕКЛАМИ НА ДРЕСОВИТЕ

Премиерлигата ја престигна Бундеслигата

Англиската Премиерлига ја престигна германската Бундеслига во привлекувањето реклами на дресовите, открива студијата на "Спорт+Маркт". Дванаесеттиот извештај за фудбалски дресови на германската компанија покажува дека 20-те премиерлигашки клубови инкасирале 128 милиони евра сезонава, што е пораст за 44,5 милиони евра. Осумнаесетте бундеслигашки клубови стигнаа од 108,6 до 118,5 милиони евра сезонава, од кои 22 милиони евра отпаѓаат на договорот на Баерн Минхен со "Дојче телеком".
Германија беше симната од врвот, најмногу благодарение на новите договори на Манчестер јунајтед со осигурителниот брокер "Аон" и на Ливерпул со банката "Стандард чартерд". Според "Спорт+Маркт", двата договора вредат по 23,6 милиони евра.
Остатокот од Европа заостанува многу. Клубовите од Серија А имаат приходи од само 65,9 милиони евра и е единствената лига што забележа намалување приходите, бидејќи Лацио и Фиорентина се уште се без спонзори. Франција ја престигна Шпанија на четвртото место со 58,8 милиони евра. Шпанија, која е актуелен европски и светски првак, привлече само 57,5 милиони евра, од кои речиси половина (23) отпаѓаат на договорот на Реал Мадрид со обложувалницата "Бивин". Сепак, Барселона никогаш нема реклама на дресовите, а од 2006 година, каталонскиот клуб му плаќа 1,5 милиони евра на УНИЦЕФ за да го носи логото на организацијата.


Кон врв
окик Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај окик Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2010 во 19:41
денес и утре се играат натпреварите од Фа купот а еве ги и двојките

Денес
Бирмингем - Брентфорд
Ипсвич - Нортемптон
Лестер - ВБА
Виган - Свонси
Манчестер Јунајтед - Волвс
Утре
Астон Вила - Барнли
Њукастл - Арсенал
Вест Хем - Стоук
Кон врв
окик Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај окик Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 22:31
Резултати :
Денес
Тотенхем - Евертон 1-1
Бирмингем - Блекпул 2-0
Челзи - Вулвс 2-0
Сандерленд - Астон Вила 1-0
ВБА - Фулам 2-1
Виган - Болтон 1-1
Вест Хем - Њукастл 1-2
Утре
14:30 Стоук - Манчестер Јунајтед
16:00 Ливерпул - Блекбурн
17:00 Манчестер Сити - Арсенал
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 13:54

Руни повреден, ќе паузира три недели

Извор: AP

Веј Руни вечера го парафираше новиот петгодишен договор со Манчестер Јунајтед, но поради повреда надвор од фудбалските терени ќе биде во следните три седмици. Во вторникот, на последниот тренинг пред натпреварот со Бурса во ЛШ, Руни се здобил со повреда на скочниот зглоб.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2010 во 10:27
Нова победа за Челзи и пораз за Ливерпул во Премиер лигата

Со победата од 2:0 над градскиот ривал Арсенал во дербито на 7. коло екипата на Челзи се зацврсти на првата позиција во Премиер лигата. Головите за „сините“ на вчерашното дерби одиграно на „Стемфорд бриџ“ ги постигнаа Дидие Дрогба и Алекс.

Ново непријатно изненадување на своите навивачи им приредија фудбалерите на Ливерпул кои на „Енфилд“ загубија со 2:1 од Блекпул. По овој пораз Ливерпул со само шест освоени бодови од седум натпревари се наоѓа во долниот дел на табелата, односно во зоната за испаѓање.  

На другите натпревари од ова коло беа постигнати следниве резултати: Манчестер Сити – Њуксал 2:1, Виган – Вулверхемптон 2:0, Бирмингем – Евертон 0:2, Стоук – Блекбурн 1:0, Тотенхем – Астон Вила 2:1, ВБА – Болтон 1:1, Вест Хем – Фулам 1:1 и Сандерленд – Манчестер Јунајтед 0:0.

Табела: Челзи 18 бодови, Манчестер Сити 14, Манчестер Јунајтед 13, Арсенал, Тотенхем и ВБА по 11,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2010 во 10:37
Коло на изненадувања во Премиер лигата

Шестото коло во Премиер лигата донесе неколку изненадувања, кои почнаа на натпреварите во саботата, а продолжија и на вчерашните дуели.

По серијата од пет победи во пет натпревари шампионот Челзи го доживеа првиот пораз откако на гостувањето кај Манчестер Сити загуби со 1:0.

Непријатни моменти на своите навивачи на домашен терен им приреди Арсенал кој загуби од ВБА со 3:2, а Ливерпул ја продолжи лошата форма и одигра само 2:2 на „Енфилд“ со Сандерленд.

Без победа остана и Манчестер Јунајтед и на третото гостување, одигра само 2:2 со Болтон.

Првата победа во оваа сезона ја оствари и Вест Хем против Тотенхем со 1:0.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Вулверхемптон – Астон Вила 1:2, Њукасл – Стоук 1:2, Блекпул – Блекбурн 1:2, Бирмингем – Виган 0:0 и Фулам – Евертон 0:0.

Табела: Челзи 15 бодови, Манчестер Јунајтед 12, Арсенал, Манчестер Сити имаат по 11, Астон Вила и ВБА по имаат 10,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Izzy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2010 во 05:23
Хоџсон планира големи промени



Рој Хоџсон индицира дека планира да направи 11 промени во тимот кој во сабота на Енфилд ќе се сретне со Сандерленд
Менаџерот на ’Црвените’ на денешната прес-конференција рече дека ниту еден од стартерите на Карлинг Куп дуелот со Нортемптон, кој Ливерпул неочекувано го загуби, нема да стартува на натпреварот со ’Црните Мачки’.

“Ниту еден од фудбалерите што ќе играат во сабота, не играа во средата навечер.” – рече Хоџсон.

“Во средата забележавме многу лош резултат но тоа не треба да влијае на фудбалерите кои ќе стартуваат на саботниот натпревар бидејќи тие не беа дел од претходниот натпревар.”

Запрашан дали Дирк Кујт би може да се врати на терените утре, Хоџсон одговори: “Кујт е единствениот за кого сеуште сме малку резервирани но ќе видиме дали ќе успее да настапи.”

“Па единствениот кој се мачи со посериозна повреда е Фабио Аурелио.”

Хоџсон потоа продолжи: “Во сабота не очекува тежок тест и јас сум прилично убеден дека фудбалерите што ќе настапат, ќе покажат дека се добри и ќе прикажат добри перформанси.“

“Тоа е единствениот начин на кој ќе можеме да се вратиме во добрите книги на фановите – пружајќи им добри перформанси кои ќе ни донесат победа.”

“Ова е тежок момент кој треба да го надминеме. Нема зборови кои можат да ја решат ситуацијата и ништо што ќе биде кажано не може да го промени резултатот од средата ниту пак да ја поправи штетата што беше нанесена.”

“Но нештата можат да се променат со добри перформанси во сабота, со добри перформанси против Утрехт и со допри перформанси следната недела против Блекпул.”

“Тогаш можеби ќе има тотално поинаква атмосфера и однесување.”

Хоџсон исто така признава дека Ливерпул има измешан старт на сезоната 2010/11 но останува убеден дека неговит тим ќе го покаже правиот квалитет во текот на сезоната.

“Сите предвидуваа дека Ливерпул ќе има тежок старт поради распоредот и поради тоа што некои фудбалери заминаа а други пристигнаа. Токму и така испадна.”

“Имавме добри моменти, вклучувајќи и пет победи во низа во Лига Европа.”

“Но исто така имавме и лоши моменти, па нашата сезона е малку измешана.”

“Но имам голема верба и самодоверба дека тимот ќе одигра добро во текот на доглата сезона.”




Баш ме интересира шо промени ке напрае, и како ке им помогне на Ливерпул со тие негови промени

Изменето од Izzy - 25.Септември.2010 во 05:24
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.