IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Англиска Премиер лига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Англиска Премиер лига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
Автор
Порака Обратен редослед
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 05:58

Арсенал повторно потфрли во одлучувачки момент



Екипата на Арсенал ја пропушти одличната можност да му се доближи на само еден бод на лидерот во Премиер лигата Манчестер Јунајтед и ремизираше со Сандерленд на Емирати во натпревар без погодоци.


Голема улога во резултатот имаше гостинскиот голман Симон Миноле кој во неколку наврати одлично интервенираше и спречуваше затресување на неговата мрежа.

Арсенал без поголемите ѕвезди Францеск Фабрегас, Робин ван Перси и Тио Волкот по се изгледа не може да се снајде.

Сандерленд прикажа стабилна игра во првите 45 минути и дозволи само една до две посериозни прилики за гостите пред својот гол.

Прво, Насри се проби добро во казнениот простор во 35-та минута, стигна до аутлинијата, но оттаму не успеа да го пронајде Бентнер.

Токму данскиот репрезентатвец беше најблиску до погодок пет минути подоцна, кога доби топка од Вилшер и прецизно шутираше кон голот на Сандерленд, но чуварот на мрежата Симон Миноле беше на висина на задачата.

Во 63-та минута Шамак добро се проби по левата страна, испрати топка до Аршавин, но во центарот на вниманието повторно беше Миноле кој го одби ударот на русинот.

Малку потоа мароканскиот интернационалец имаше нова можност за отворање на резултатот, но неговиот удар заврши надвор од рамките на голот.

Голманот на „топџиите“ Војчех Шчесни пак, неколку минути пред крајот спаси фантастичен удар на Дани Велбек. Во 87-та минута Аршавин успеа да ја смести топката во голот на Сандерленд, но истиот беше поништен поради недозволена позиција.

До крајот, Бентнер и Кошчелни промашија да го доведат својот тим во водство и резултатот остана како и на почетокот - 0:0.

Така Арсенал пропушти да му се доближи на Манчестер Јунајтед на еден поен. „Црвените ѓаволи“ во моментов имаат предност од три поени, пред утрешниот дерби меч со Ливерпул. Сандерленд е на осмото место со 38 поени.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 11:11

Премиерлигашко дерби на Стемфорд Бриџ

Актуелниот шампион и лидерот во оваа сезона, Челзи и Манчестер Јунајтед вечерва на Стемфорд Бриџ ќе го одиграат заостанатиот дуел кој требаше да биде одигран пре два и пол месеци но беше одложен поради лошото време во Англија тогаш.

Сините од Лондон во пресметката влегуваат како петтопласирани на табелата со 45 бода дури 15 помалку од Манчестер Јунајтед.Затоа во овој момент апсолутно не одговара изјавата што во декевмри пред тогаш закажаниот дуел ја даде Алекс Феругос дека ова е решавачкиот меч во сезоната. Сепак за Челзи пораз дефинитивно ќе значи збогување со секаква можност за евентуален прогрес кон врвот.

Јунајтед пак е во критичен период со серија повреди но тоа не се рефлектираше на резултатите во последниов период.

Челзи е непоразен на последните осум натпревари кои на домашен терен ги има одиграно против Јунајтед, уште од триумфот од 3-0 на црвените пред речиси 9 години.
Јунајтед пак не успевал да постигне гол на последните седум гостувања кај Челзи.
Затоа пак Челзи сезонава има седум порази, што е израмнување на рекордот на порази во сезона откако клубот го поседува Абрамович.

Манчестер Јунајтед победи на шест од последните седум лигашки дуели. Црвените се најефикасниот тим во премиерлигата сезонава, со 61 гол на 27 одиграни натпревари
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 04:41

 

Манчестер Јунајтед ја зголеми предноста во Премиер Лигата над своите конк*ренти, со денешната победа против градскиот ривал, Манчестер Сити. „Ножичките“ на Руни во 78-та минута, му донесоа важни три бода на Фергусон во трката за титулата. Манчестер Јунајтед славеше на домашен терен против „граѓаните“ со 2-1, и со тоа ја зголеми предноста над градскиот ривал на осум поени. 

Сити подобро го започна натпреварот и уште во четвртата минута преку Давид Силва можеше да го отвори резултатот, но за жал топката помина покрај стативата. Гостите ја имаа иницијативата уште некое време, но потоа момците на Алекс Фергусон го свртеа поседот на топката во своја корист, а наградата стигна во 41-та минута. Голот го постигна Португалецот Нани, по одличната асистенција на ветеранот, Рајан Гигс. 

Во продолжението од натпреварот, „сините“ постојано се обидуваа да го израмнат резултатот, а тоа им успеа во 65-та минута по одличниот удар на Един Џеко, кој влезе во игра само четири минути пред да го постигне голот. И кога целиот тим на тренерот Манчини се надеваше на целосен пресврт, Вејн Руни постигна прекрасен погодок, по асистенцијата на Нани, за конечни Манчестер Јунајтед - Манчестер Сити, 2-1.

Од 2004-та година па се до сега, секој пат кога Руни постигнувал гол на Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед славел победа на тој натпревар, а традицијата не беше нарушена ниту на овој саботен дуел помеѓу градските ривали. 

 

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 18:04

Конечно, падна и Јунајтед

Вулверхемптон му го нанесе првиот пораз на лидерот сезонава, а Њукасл по негативата од 0:4 со Арсенал, дојде до бод

Лудото саботно попладне во Премиерлигата кулминираше со најголемото изненадување. Вулверхемптон го надигра и заслужено го совлада лидерот Манчестер Јунајтед, нанесувајќи му го првиот пораз сезонава. Иако, со голот на Нани поведоа уште во третата минута фудбалерите на Алекс Фергусон тотално потфрлија, а посебно тоа се однесува на прекините од кои ги примија двата гола. Олокоби израмни во 10 минута, а Кевин Дојл пет минути пред одморот ја донесе победата.

Фергусон проба со Сколс и со Хавиер Хернандез, но тоа не беше оној Јунајтед кој се враќаше во натпреварите и кој ги крадеше бодовите во судиските продолженија.

„Разочарани сме. Долго време не знаевме за пораз. Сепак, играчите треба да бидат горди на таа низа. Тие се многу незгодни при прекини и тоа се докажа денес“, беше краток Фергусон, кој на загревањето пред мечот остана без Рио Фердинанд кој се повреди, па во дефанзивниот ред мораше да игра Џони Еванс.

Вулверхемптон, пак, по победите над Ливерпул и над Челзи успеа да му го скине скалпот на уште еден гигант. На крајот тоа може ништо да не му значи, бидејќи и натаму се наоѓа на последното место на табелата.

Ако на хоризонтот не се појавеше Вулверхемптон тогаш овој текст сигурно ќе го почневме со Њукасл. „Црно-белите“ направија чудо. Губеа од Арсенал 0:4 за на крајот да извлечат бод (4:4)!

„Топчиите“ стартуваа фуриозно, а во 10. минута водеа со 3:0 (Волкот 40 секунда, Џуру и Ван Перси). Во 25 минута Ван Перси го постигна својот втор гол и сите мислеа дека Њукасл ќе брои до 10. Како ли само се излажаа.

Вториот дел почна со непотребната и испровоцирана реакција на Диаби, кој најпрвин го турна Бартон, а потоа и Кевин Нолана, за што од судијата Фил Дауд доби директен црвен. Враќањето на Њукасл почна во 68 минута кога сомнителниот пенал го реализираше Бартон. Само седум минути подоцна Бест намали на 2:4. Експлозијата од одушевување настана во 83 минута кога Росицки направи уште еден пенал, а Бартон втор пат беше стрелец за 3:4. Во 87. минута Тиоте со фантастичен волеј израмни на 4:4, а да погодеше Бартон за 5:4 ова ќе беше приказна над сите приказни. „Тешко е се' да се проголта, но времето ќе го направи своето, ќе го преболиме ова губење на два бода. Некои одлуки не ми се допаднаа. Диаби беше пренервозен, ама и Бартон требаше да биде исклучен за ист таков старт“, изјави Венгер.

Неговиот колега од спротивната страна Алан Пердју смета дека на психолошката состојба на неговиот тим влијаело и заминувањето на напаѓачот Енди Керол во Ливерпул: „Тоа им го кажав на полувремето. Ако се сожалувате в ред, беше ова тешка недела, пораз кај Фулам, губење на Керол. Но, ако излезете со тоа на терен ќе бидете посрамотени. И тоа ви се случи. Сепак, во вториот дел ја кренавме главата. Ова беше еден од најверојатните мечеви што сум ги доживеал во својот живот“, потенцира Пердју.

Резултати од 26.коло: Астон Вила - Фулам 2:2, Евертон - Блекпул 5:3, Манчестер Сити - ВБА 3:0, Њукасл - Арсенал 4:4, Тотенхем - Болтон 2:1, Виган - Блекбурн 4:3, Вулверхемптон - Манчестер Ј. 2:1. Табела: Манчестер Ј. 54 (-1), Арсенал 50 (-1), Манчестер Сити 49, Челзи 44 (-2), Тотенхем 44 (-1), Сандерленд 37...

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 18:03

Лажиран мечот Њукасл-Арсенал?


Францускиот портал, фудбал365 објави информација во која се тврди дека Интерпол отворил истрага за натпреварот од Премиер лигата меѓу Њукасл и Арсенал, кој се одигра во саботата, а заврши 4:4 иако гостите од Лондон во првото полувреме водеа со 4:0. Според фудбал365, Интерпол отворил истрага за овој меч откако има сериозни сознанија дека пред почетокот имало неколку сомнителни уплати во обложувалниците. Двата клуба веќе реагираа и најавија дека ќе го тужат францускиот портал.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2010 во 06:45
Неизвесно одигрувањето на натпреварот Манчестер Сити - Евертон

Малку фудбал имаше викендов во Премиер лигата, а неизвесно е и одигрувањето на вечерашниот дуел во Манчестер меѓу Манчестер Сити и Евертон. Ова би требало да биде последен натпревар од 18.коло, во кое се одиграа само два натпревара. Лошите временски услови кои го зафатија Британскиот остров, беа причината за одложување на најголемиот број на натпреварите.

Фудбал се играше само на два стадиона.

На „Стадионот на светлината“ во Сандерленд, истоимената екипа со голот на Дени Велбек во 32.минута, славеше победа од 1:0 во дуелот со Болтон.

На „Ивуд Парк’’, домашниот Блекбурн и Вест Хем одиграа без победник 1:1.

Одложени беа средбите: Арсенал - Стоук, Бирмингем - Њукасл, Виган - Астон Вила, Ливерпул - Фулам, ВБА - Вулверхемптон, Блекпул - Тотенхем, Челзи - Манчестер Јунајтед.

Табела: Манчестер Јунајтед 34 бодови (од 16 одиграни натпревари), Арсенал и Манчестер Сити имаат по 32 (17 натпревари), Челзи 31 (17 натпревари), Тотенхем 27 (17 натпревари), Сандерленд 27 (18 натпревари), Болтон 26 (18 натпревари),...


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2010 во 15:06

Поради снежните врнежи кои цел ден паѓаат без престан, во Велика Британија се одложени речиси сите спортски настани закажани за овој викенд. Меѓу нив е и големото дерби помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед кое требаше да се игра во недела на Стемфорд Бриџ.

Премиерлигашките дуели помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед, Виган и Астон Вила, Ливерпул и Фулам, Арсенал и СТоук Сити и Њукасп - Бримингем се одложени поради снежното невреме кео ја зафати цела Англија.

Речиси сите клубови кои требаше да бидат домаќини во ова коло се огласија со службени соопштенија за одложување на нивните натпревари. Покрај Премиер лигата, одложени се и сите средби од Чемпионшип и Првата и Втората лига, како и пониските лиги во Англија, но исто така и во Шкотска и во Велс.



Изменето од емил - 18.Декември.2010 во 15:06
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 05:40
Челзи тапка во место, Анчелоти здивува


"Сините" дома ги поделија бодовите со Евертон, додека Арсенал славеше над Фулам (2:1) и се искачи на првото место на табелата


Актуелниот првак на Англија, Челзи, ниту во четвртиот првенствен натпревар во низа не успеа да стигне до победа. Во 16. коло на Премиер лига, од "Стемфорд Бриџ" со еден бод замина екипата на Евертон.
- Многу сум разочаран и сум им лут на моите фудбалери. Не сум разочаран само од конечниот резултат, разочаран сум од играта што ја прикажавме во второто полувреме. Немавме идеја, игравме на долги топки и малку се уплашивме од противникот. Нема ништо страшно ако загубиш, страшно е ако немаш игра, изјави менаџерот на "сините", Карло Анчелоти.

За разлика од Челзи нивниот градски ривал Арсенал се намачи во локалното дерби со Фулам, но сепак успеа да ги освои трите бода, што го лансираа на првото место.
- Убаво не намачија, но не заслужија да освојат ниеден бод. Бевме подобри во сите 90 минути и моравме порано да го затвориме натпреварот. Бевме поопуштени во првото полувреме и затоа истото не го завршивме со позитива. Сега на ред е дуелот од Лигата на шампиони и пласманот во следната елиминациска фаза, изјави менаџерот на "топчиите", Арсен Венгер.

Резултати: Арсенал - Фулам 2:1 (Насри 14', 75' - Камара 30'), Бирмингем - Тотенхем 1:1 (Гарднер 81' - Басонг 19'), Блекбурн - Вулверхемптон 3:0 (Дан 29', Емертон 43', Нелсен 55'), Челзи - Евертон 1:1 (Дрогба 41' - Бекфорд 86'), Манчестер С. - Болтон 1:0 (Тевез 4'), Виган - Стоук 2:2 (Колинс 30' аг, Клеверли 40' - Хут 18', Етерингтон 31'), Блекпул - Манчестер Ј. (одложен).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 14:28
Ливерпул за моја штета сепак ќе успее да се спаси плачење
Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:47
Дрогба: Многу работи научив токму од Шевченко
Фудбалерот на актуелниот англиск првак Челси, Дидие Дрогба тврди дека Андриј Шевченко му помогнал да стане еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска постигна 138 погодоци за Челси по трансферот од Марсеј во 2004-та година, а за разлика од него легендарниот Украинец запиша само 22 погодоци за три сезони.

Двајцата напаѓачи истите бои на дресовите ги бранеа само три години, но тоа беше доволно за Дрогба, како што вели тој, да научи многу од неговиот колега.

„Научив многу работи од Шевченко. Тој беше, а и сеуште е голем играч, еден од најдобрите стрелци во Лигата на Шампионите.“

„Покрај него научив колку е важно да се остане смирен и да се чека вистинскиот момент за постигнување погодок.“

„Улогата на напаѓачите во модерниот фудбал многу се промени и чест ми е што мене ме вбројуваат меѓу најдобрите во светот.“ - изјави Дрогба.
Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:46
Хари Реднап: Сега ја напаѓаме првата позиција

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Тотенхем Хари Реднап уживаше на последниот фантастичен натпревар на Тотенхем во Лигата на Шампионите.

Убедливата победа од 3:0 против Вердер Бремен на лондонскиот тим му донесе пласман во осминафиналето од најелитното европско фудбалско натпреварување, а Реднап не ги криеше надежите дека неговиот колектив може да заврши дури и на првата позиција од групата.

„Едноставно блескавме на теренот против Вердер Бремен па дури можевме да постигнеме и повеќе голови. На почетокот мечот изгледаше малку тежок, но фантастично се справивме со противникот.“

„Фудбалерите на Бремен како да беа разочарани бидејќи од претходно знаеја дека немаат шанси за продолжување понатаму.“ - изјави Реднап и не пропушти да ја пофали одличната игра на Лука Модриќ, Арон Ленон, Герет Бејл и Вилијам Галас.

„Одлично е тоа што на Твенте ќе му гостуваме без да чувствуваме никаков притисок за победа. Сепак, ќе се обидеме да ги освоиме трите бода и, ако е можно, да завршиме на првата позиција во групата. Така ќе ги избегнеме тимовите како Реал Мадрид и Барселона во осминафиналето.“ - додаде менаџерот на Тотенхем.
Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:45

Венгер очекува Фабрегас да паузира околу две недели
Арсен Венгер очекува Цеск Фабрегас да паузира две недели по повредата на задната ложа
Шпанскиот интернационалец заработи повреда на средбата од Лигата на Шампионите против Брага во вторникот.
Цеск Фабрегас сеуште не заминал на детални прегледи но Арсен Венгер за ТВ каналот на Арсенал утрово изјави дека очекува играчот да паузира околу две недели.

“Фабрегас ќе биде прегледан денеска, тој ќе замине на скен.” – рече Венгер. “Откако ќе ги добиеме резултатите ќе можеме да кажеме колку ќе паузира, но јас очекувам две недели.”

“Ова е голем проблем бидејќи сега треба да се запрашаме колку претпазливи да бидеме со него во иднина.”

“Цеск уште од млади години играше по 50 натпревари годишно. Можеби треба да бидеме попретпазливи со него, особено во следните два месеци.”

На средбата со Брага се повреди и Емануел Ебуе, за кого Венгер очекува пауза од минимум четири недели.

“Ебуе има повреда на средниот лигамент на коленото. Можно е да биде четири недели, можно е шест или пак осум недели.”

“Јас мислам дека минимум ќе бидат четири недели.”

Венгер очекува Фабрегас да паузира околу две недели
Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:44

Фергусон задоволен од играта на Руни
Објавено на: 10:42 25.11.2010 од 24fudbal.com.mk
Сер Алекс Фергусон е задоволен од играта на Вејн Руни кој од пенал го реши натпреварот против Ренџерс.
Манчестер Јунајтед со гол од пенал на Руни пред самиот крај на натпреварот победи на гостувањето кај Глазгов Ренџерс.
Тоа беше прв старт на Руни откако се врати од САД по рехабилитацијата, Ферги е задволен од играта на напаѓачот.

"Требаше храброст за да се изведе пеналот" - вели Ферги.

"Тоа не беше лесна ноќ, тој не реализираше неколку шанси, но тоа можеше да се очекува со оглед на тоа што долго време беше надвор од теренот".

"Задоволни сме се со него. Секогаш кога ќе постигне гол сака да прослави со фановите и фудбалерите".

"Уште малку му е потребно за да биде комплетно фит".

Манчестер Јунајтед има три бода предност пред Валенсија со која игра во последното коло.

На Црвените Ѓаволи им е доволен и бод за да го обезбедат првото место во групата.

"Сакаме да бидеме први во групата. Играме со Валенсија дома, можеме да бидеме оптимисти".

"Против Ренџерс знаевме дека ќе биде тешко. Тие беа организирани и дисциплинирани, беше многу тешко да се разбијат".

"Нашата гостинска форма во Европа е добро веќе со години и мислам дека заслуживме да го добиеме овој натпревар".
Кон врв
Andrey Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andrey Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 13:43
Се знае кој е најдобар во премиер лига Челзи!
Се надевам дека по победата на Жилина работите ке одат на подобро,а дури кога ке се опорават од Лампард и Тери би требало да бидеме најдобри во премиер лига,а се надевам оваа година ке ја освоиме лигата на шампионите,единствената титула која Челзи ја нема освоено(само ако се купам 2-3 зимски засилувања)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.