IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Англиска Премиер лига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Англиска Премиер лига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2011 во 05:52

Модриќ побара трансфер од Тотенхем

    Хрватскиот плејмејкер во редовите на Тотенхем, Лука Модриќ побара да биде продаден. ИГрачот за врска на Тотенхем потпиша 6=годишен договор со клубот минатото лето, но се договорил со претседателот Леви да биде продаден доколку добие понуда од поголем тим.

    „Нема да биде добро за никого, доколку Тотенхем не ме пуште да си одам. Минатото лето се договорив со претседателот дека ќе можам да си одам ако Тотенхем добие понуда која ги задоволува сите страни. Се надевам дека тој ќе ја разбере ситуацијата и ќе ми дозволи да се разделиме на најдобар начин“, изјави Модриќ.

    Хрватскиот интернационалец е трансфер цел на Челси и на МАнчестер Јунајтед, а се смета дека Тотенхем е задоволен со понуда во рамките од 25м фунти. Претходно спарси отфрлија 22 милиони од Челси.
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2011 во 05:15
    Извлечени двојките за новата сезона во Премиер лигата

    Сезоната 2011/12 во англиската Премиер лига ќе биде отворена на 13 август, а двојките за првото коло беа одредени денеска со жрепка.

    Шампионот Манчестер Јунајтед одбраната на шампионскиот трофеј ќе ја започне на гости кај Вест Бромвич Албион. Во 1.коло нема голем дерби натпревар.

    Двојки за 1.коло во Англиското фудбалско првенство: Блекбурн - Вулверхемптон, Фулам - Астон Вила, Ливерпул - Сандерленд, Манчестер Сити - Свонси, Њукасл - Арсенал, Квинс Парк Ренџерс - Болтон, Стоук - Челзи, Тотенхем - Евертон, Вест Бромвич Албион - Манчестер Јунајтед и Виган - Норвич.

    Првите големи дерби пресметки на распоредот се во 2.коло кога Арсенал го пречекува Ливерпул, а Манчестер Јунајтед е домаќин на Тотенхем. Во следното 3.коло Манчестер Јунајтед повторно е домаќин кога ќе игра со Арсенал, додека во Лондон кај Тотенхем ќе гостува Манчестер Сити.
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 05:49
    Испаднаа Блекпул и Бирмингем

    Со мечевите од 38. коло заврши сезоната во Премиер лигата. Најголем интерес пред последното коло привлекуваше борбата за опстанок бидејќи дури пет тима стравуваа за својата судбина, а на крајот со кратки ракави останаа Блекпул и Бирмингем, додека нешто повеќе среќа имаа Блекбурн, Вулверхемптон и Виган со што уште еднаш се потврди старото правило кое вели дека екипата која ќе освои 40 бода има гарантиран останок во лигата.

    Манчестер Сити со победата во Болтон обезбеди директен пласман во ЛШ, додак Арсенал ќе игра квалификации. Во елитното натпреварување ќе играат уште Јунајтед и Челзи, а во Лигата на Европа покрај Бирмингем, кој го освои Лига Купот, одат уште Стоук, Тотенхем, и најверојатно Фулам врз основа на фер плеј ранг листата.

    Резултати:

    Астон Вила - Ливерпул 1:0 (1:0)
    Даунинг 33'

    Болтон - Манчестер Сити 0:2 (0:1)
    Лескот 43', Џеко 62'

    Евертон - Челзи 1:0 (0:0)
    Бекфорд 75'

    Фулам - Арсенал 2:2 (1:1)
    Сидвел 26', Замора 57' - ван Перси 29', Волкот 89'

    Манчестер Јунајтед - Блекпул 4:2 (1:1)
    Парк 21', Андерсон 63', Еват 74'(аг), Овен 81' - Адам 40', Тејлор-Флечер 57'

    Њукасл - Вест Бромвич Албион 3:3 (2:0)
    Тејлор 16', Левенкрандс 39', Олсон 47'(аг) - Чоји 62', 72', 90'

    Стоук - Виган 0:1 (0:0)
    Родаљега 78'

    Тотенхем - Бирмингем 2:1 (0:0)
    Павличенко 49', 90' - Гарднер 74'

    Вест Хем - Сандерленд 0:3 (0:1)
    Зенден 17', Сесењон 51', Риверос 90'

    Вулверхемптон - Блекбурн 2:3 (0:3)
    О'Хара 73', Хант 86' - Робертс 22', Емертон 38', Хојлет 45'

    Нови членови на елитното натпреварување се Квинс Парк Ренџерс и Норич, додека третиот тим ќе биде познат по плеј офот во кој се среќаваат Свонси и Рединг.

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 05:41
    Тотенхем го посакува Дрогба

    Дидие Дрогба се наоѓа на врвот од листата желби која за овој преоден рок ја подготвил тренерот на Тотенхем, Хари Реднап.

    Одличниот напаѓач на Челзи веќе подолго време се наоѓа пред заминување од "Стемфорд Бриџ" и медиумите во летниот преоден рок гледаат идеална можност да пронајде нова средина, особено по пристугнувањето на Фернандо Торес во Лондон.

    Тотенхем освен Дрогба ги посакуваат и играчот за врска, Скот Паркер, како и напаѓачот на Лил, Еден Хазард, за чии услуги е заинтересирана половина Европа.

    На листата со желби на Реднап не се само нови играчи, туку и инсистирање на тоа некои фудбалери по секоја цена да бидат задржани на "Вајт Харт Лејн." Меѓу нив се Лука Модрич, Еурелио Гомеш и Ледли Кинг, додека Џермејн Дефо би можел да замине од клубот.


    Кон врв
    Santijago Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

    Регистриран: 17.Јануари.2008
    Локација: Tuka be ...
    Статус: Офлајн
    Поени: 21002
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2011 во 02:06

    Јунајтед официјално најдобар англиски клуб

    Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и математички ја осигураа шампионската титула во Премиер-лигата откако во саботата во претпоследното коло одиграа 1:1, што беше доволно за ново славење, четврто во последните пет сезони

    Јунајтед ја освои 19. шампионска титула и го претекна Ливерпул на табелата кај најдобрите во Англија. Фудбалерите на Алекс Фергусон беа супериорни целата сезона, особено на свој терен каде забележаа 17 победи и едно реми. Иако во еден момент паднаа во формата, бргу се вратија на вистинскиот пат и во голем стил го завршија шампионатот. Сега можат опуштено да се подготвуваат за следниот предизвик и финалето во Лигата на шампионите против Барселона.
    На Ивуд Парк долго се чекаше на шампионската промоција на "Црвените ѓаволи" бидејќи Брет Емертон во 20. минута донесе водство за домаќините. Но во 73. минута Чикарито изнуди пенал, а Вејн Руни го постигна погодокот вреден големо славење. На Блекбурн му избегаа два бода во битката за опстанок, а лошо е што и конк*рентите Вулверхемптон и Блекпул го стигнаа и ја направија завршницата многу интересна.

    НАЈТРОФЕЈНИТЕ КЛУБОВИ ВО АНГЛИЈА
    1. Манчестер Јунајтед 19 титули
    2. Ливерпул 18
    3. Арсенал 13
    4. Евертон 9
    5. Астон Вила 7
    6. Сандерленд 6
    7. Челзи 4
    8. Њукасл 4
    9. Шефилд В. 4
    10. Лидс 3

    36. трофеј за величествениот Ферги
    Менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон, ја спечали 12 шампионска титула и е апсолутен рекордер во историјата на Премиер-лигата (создадена во 1992 година). Освен тоа Шкотланѓанецот со Јунајтед освои уште многу други трофеи и стигна до бројката 36. што претставува уникатно постигнување. Еве ги сите негови трофеи:
    ПРЕМИЕР-ЛИГА: 12
    ФА КУП: 5
    ЛИГА КУП 4
    ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2
    КПК 1
    СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО 1
    ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛЕН КУП 1
    СУПЕР-КУП НА ЕВРОПА 1
    КОМЈУНИТИ ШИЛД 9


    ПРЕМИЕР ЛИГА 37. КОЛО
    БЛЕКПУЛ - БОЛТОН 4:3
    Кемпбел 9', 45', Пунчеон 19', Адам 64' - Дејвис 6', Тејлор 24', Стариџ 53'
    БЛЕКБУРН - МАНЧЕСТЕР Ј. 1:1
    Емертон 20' - Руни 73'(п)
    САНДЕРЛЕНД - В'ХЕМПТОН 1:3
    Сесењон 34' - Крадок 23', Флечер 54', Елокоби 78'
    ВБА - ЕВЕРТОН 1:0
    Мулумбу 10'
    ЧЕЛЗИ - ЊУКАСЛ 2:2
    Ивановиќ 2', Алекс 83' - Гутиерез 10', Тејлор 90'
    АРСЕНАЛ - АСТОН ВИЛА 1:2
    Ван Перси 90' - Бент 11', 15'
    БИРМИНГЕМ - ФУЛАМ 0:2
    Хангеланд 5', 49'
    ЛИВЕРПУЛ - ТОТЕНХЕМ 0:2
    Ван дер Варт 9', Модриќ 56'(п)
    ВИГАН - ВЕСТ ХЕМ 3:2
    Н'Зогбиа 57', 90', Самонс 68' - Ба 12', 26'
    ВТОРНИК
    МАНЧЕСТЕР С. - СТОУК 20:45


    Од.

    Поб.

    Нер.

    Пор.

    гол-р.

    поени

    1. Манчестер Ј.

    37

    22

    11

    4

    74:35

    77

    2. Челзи

    37

    21

    8

    8

    69:32

    73

    3. Арсенал

    37

    19

    10

    8

    70:41

    67

    4. Манчестер С.

    36

    19

    8

    9

    55:33

    65

    5. Тотенхем

    37

    15

    14

    8

    53:45

    59

    6. Ливерпул

    37

    17

    7

    13

    59:43

    58

    7. Евертон

    37

    12

    15

    10

    50:45

    51

    8. Фулам

    37

    11

    15

    11

    47:41

    48

    9. Стоук

    36

    13

    7

    16

    46:44

    46

    10. Болтон

    37

    12

    10

    15

    52:54

    46

    11. ВБА

    37

    12

    10

    15

    53:68

    46

    12. Њукасл

    37

    11

    12

    14

    53:54

    45

    13. Астон Вила

    37

    11

    12

    14

    47:59

    45

    14. Сандерленд

    37

    11

    11

    15

    42:56

    44

    15. Блекбурн

    37

    10

    10

    17

    43:57

    40

    16. Вулверхемптон

    37

    11

    7

    19

    44:63

    40

    17. Бирмингем

    37

    8

    15

    14

    36:56

    39

    18. Блекпул

    37

    10

    9

    18

    53:74

    39

    19. Виган

    37

    8

    15

    14

    39:61

    39

    20. Вест Хам

    37

    7

    12

    18

    43:67

    33

    I'm out bcz of pathetic around here
    Кон врв
    Santijago Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

    Регистриран: 17.Јануари.2008
    Локација: Tuka be ...
    Статус: Офлајн
    Поени: 21002
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 00:14

    Бејл најверојатно го пропушта крајот на сезоната

    Се поочигледно е дека фудбалерите на Тотенхем ја губат трката за четвртата позицјиа, која од Премиер лигата наредната сезона води во квалификациите за Лигата на шампионите.

    Згора на тоа, „Спарсите“ вчера направија нов кикс откако во 36-то коло одиграа само реми од 1:1 против Блекпул кој се бори за опстанок.

    Покрај пропустот на два бода Тотенхем претрпе уште една загуба, а тоа е повредата на Герет Бејл. Виновник за тоа е гостинскиот фудбалер Чарли Адам кој жестоко стартуваше на можеби најдобриот фудбалер на Тотенхем.

    „Лично не го видов стартот на Адам, но оние кои го видоа ми кажаа дека бил доста лош.“
    - прокоментира Хари Реднап и додаде:

    „Настрадаа неговите лигаменти. Колку? Уште не знаеме, го чекаме лекарскиот извештај, но не можам да бидам позитивен. Инаку, не верувам дека Бејл ќе заигра до крајот на сезоната.“
    I'm out bcz of pathetic around here
    Кон врв
    Santijago Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

    Регистриран: 17.Јануари.2008
    Локација: Tuka be ...
    Статус: Офлајн
    Поени: 21002
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 00:01

    vidic

    "Црвените ѓаволи" денес победија во дербито против главниот конк*рент за титулата - Chelsea, со 2-1.

    United после овој натпревар веќе може да почне да слави, затоа што на две кола пред крајот тие имаат шест бода предност на табелата пред Chelsea. Само чудо може да ги спречи да го освојат 19-тиот трофеј во англиското првенство, во клупската историјa.

    Натпреварот на Old Trafford уште на самиот почеток тргна во прилог на Manchester United. Само по 40 секунди игра Javier Hernandez Chicharito ги донесе во предност и во наредните 10 минути домаќините го контролираа цел терен и создадоа неколку шанси.

    chicharito

    Веќе во 23. минута United ја зголеми разликата. Ryan Giggs одлично нафрли, а Видиќ го искористи своето најсилно оружје во напад - играта со глава и го одведе својот тим во предност од 2-0.

    До крајот на полувремето, Van der Sar на два наврати успеа да ги одбрани ударите на Drogba и го однесе својот тим во второто полувреме со огромна предност.

    Во 69. минута Lampard погоди за намалување на водството на Manchester и најави многу неизвесна завршница.

    Frank_Lampard

    Но "сините" од Лондон не успеаjа до крајот на натпреварот да направат посериозна прилика за гол. Единствената шанса ја имаше Torres во 88. минута, но биеше до стативата.

    На Мanchester United сега им треба само 1 бод во последните две кола за и теоретски да го обезбедат трофејот во Premier лигата.

    I'm out bcz of pathetic around here
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 11:10
    Тери веќе му се заканува на Јунајтед

    TeriКапитенот на "сините", Џон Тери се бодри самиот себе си пред мечот на сезоната против Јунајтед. Победа за Челзи би значела прво место на премиерлигашката табела.

    Тери е убеден дека неговиот тим може да победи на ''Олд Трафорд'' следниот викенд.

    Челзи имаше баш и не така успешна сезона до вчера, а поразот на Јунајтед од Арсенал им ја отвори можноста да ја одбранат титулата шампион на Англија.

    ''Ѓаволите'' се само три бода на табелата пред лондонскиот клуб.

    ''Имаше периоди кога Јунајтед ни бегаше 18 бода, така да сегашните три покажуваат што направивме. Сигурно дека никогаш нема да се предадеме и дека ова е идеална ситуација за нас. Јунајтед треба да одигра уште некои тешки мечеви. Ако одиме таму и загубиме, сите пофалби одат на нивна сметка. Но тие знаат дека ние сме способни да оствариме позитивен резултат.'' - рекол Тери.

    Тој го пофалил Карло Анчелоти, кој за малку ќе добиеше отказ по неуспехот во Лигата на Шампионите.

    ''Менаџерот вистински си ја работи работата, ги држи играчите гладни за успех. Тоа им се допаѓа и на навивачите, кои никогаш не ги кренаа рацете од нас, дури и кога сите други мислеа дека е готово. Чувствувам дека можеме да го одбраниме трофејот на 'Олд Трафорд'.'' - оценил Тери.

    Додал дека клучот на успехот е што екипата ја одржала вербата во успехот.

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 11:06
    Фергусон: Судиите ќе му ја донесат титулата на Челзи

    Поразот од Арсенал тешко му падна на тренерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, кој во стилот на Жозе Мурињо обвини дека судиите носат одлуки во полза на Челзи.

    Фергусон разви теорија на завера во која судиите секогаш го оштетуваат Јунајтед во големите натпревари, што му овозможи на Челзи да се врати во борбата за титулата. Челзи следниот викенд гостува на "Олд Трафорд" и може да се случи Челзи и Јунајтед да се израмнат по бројот на бодови на табелата, доколку "сините" слават победа.

    Тренерот на Јунајтед смета дека тоа не би било случај доколку во 87. минута од мечот со Арсенал бил досуден чист пенал во полза на Јунајтед поради стартот на Гаел Клиши над Мајкл Овен.

    "Челзи сега има големи шанси во целост да се врати во игра. Сите одлуки одат во нивна полза, нас тоа никогаш не ни се случува. Во саботата победија благодарение на двата нерегурални гола, а ние загубивме бидејќи не ни беше досуден чист пенал врз Овен. Во големите мечеви судиите не сакаат да го видат тоа што е очигледно кога сме ние во прашање." - рекол Фергусон.

    Искусниот стратег како да заборавил дека во првиот дел чист пенал не беше свирен за Арсенал по играњето со рака на Видиќ.

    "Го видов и тој инцидент, но играњето со рака на Видиќ беше многу тешко да се забележи, единствено Ван Перси се бунеше. Кај стартот на Клиши нема дилеми, сите видовме чист пенал, тој ги крена рацете од очај. Ова е премногу важен меч за да се прават такви грешки. Сепак, навивачите ќе бидат подготвени за Челзи, како и ние, се сеќаваме што се случи минатата година на 'Олд Трафорд' и тоа нас малку не загрижува." - рекол Фергусон

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2011 во 11:01
    Манчестер загубиа и како може Челзи да освои титулата ,несакам да си помислам голема%20насмевказабава
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 12:55

    ИЗБОР ЗА ИГРАЧ НА ГОДИНАТА ВО АНГЛИЈА

    Нани не е меѓу номинираните

    Крилото на Манчестер јунајтед Нани беше изненадувачки изоставен од номинациите за играч на годината во англиската Премиерлига во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА). На листата го нема и неговиот соиграч Димитар Бербатов, кој во моментов е најдобар стрелец во лигата со 20 погодоци.
    Карлос Тевес од Манчестер сити, Самир Насри од Арсенал, Герет Бејл од Тотенхем, Скот Паркер од Вест Хем, Чарли Адам од Блекпул и Немања Видиќ од Манчестер јунајтед останаа да се борат за наградата, откри "Дејли Мејл". Последните четири сезони, признанието одеше во рацете на играчи од Манчестер јунајтед, и тоа Кристијано Роналдо (2007, 2008), Рајан Гигс и Вејн Руни. Видиќ се надева дека ќе ја продолжи серијата, но изнендување е отсуството на Нани, чии голови и асистенции беа клучни за лидерската позиција на Јунајтед сезонава. Исто така, на листата нема фудбалери од Челзи, кое може да се искачи на третото место, ако победи на заостанатиот меч.

    Кон врв
    the Carpenter Кликни и види ги опциите
    Нов член
    Нов член
    Лик (аватар)

    Регистриран: 26.Март.2011
    Локација: Macedonia
    Статус: Офлајн
    Поени: 12
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај the Carpenter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2011 во 19:18
    Јас само можам да им ја честитам 19тата титула на „Црвените ѓаволи“, рекордна во Англиската лига.
    Иако жалам за тоа, ама така стојат работите.
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2011 во 04:47
    Дефо во Сити, ако си оди Тевез

    Доколку се случи Карлос Тевез да го напушти Манчестер Сити на крајот на сезонава, тогаш како негова замена клубот ќе го ангажира англискиот репрезентативец и член на Тотенхем Џермејн Дефо, тврди Дејли меил. Познато е дека Тевез неколкупати јавно изрази желба да си оди, па дури и поднесе барање за трансфер минатата година, но, сепак, остана на Истлендс, а ако по некое чудо се случи повторно да побара да си оди тогаш ќе биде продаден, а на неговото место ќе биде ангажиран голгетерот на "Спарси".

    Дефо сезонава се соочуваше со доста повреди и даде многу малку голови. Пред некое време тој откри дека сериозно размислува да ја смени средината бидејќи во моментов е разочаран од статусот резерва на Вајт Харт Лејн.

    "Навикнат сум да играм на големи натпревари и не ми е јасно зошто често сум на клупата. Понекогаш се прашувам што правам овде. Се сеќавам играв против Чарлтон (во јануари) и дадов два гола, а следната недела не се најдов во составот. Тоа е навистина фрустрирачки", изјави Дефо.

    Тотенхем го купи Дефо за 15 милиони фунти од Портсмаут во јануари 2009 година, а токму оваа сума е подготвен Сити да ја плати за да го донесе во своите редови. Не е исклучено во зделката да биде вметнат и Крег Белами, кој моментално е на позајмица во Кардиф.
    Кон врв
    Santijago Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

    Регистриран: 17.Јануари.2008
    Локација: Tuka be ...
    Статус: Офлајн
    Поени: 21002
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2011 во 09:08

    Манчестер Јунајтед го елиминираше Арсенал и од ФА купот

    По поразот во финалето на Карлинг купот од Бирмимнгем и елиминацијата од Барселона во Лигата на шампионите, денеска Манчестер Јунајтед ја надополни мизеријата на Арсенал совладувајќи гo со 2-0 во четвртфиналето на ФА Купот. На „Олд Трафорд“ видовме еден малку поинаков Манчестер, бидејќи по повредите на неколку стандардни првотимци во почетниот состав Фергусон стави дури 7 дефанзивци. Фабио, кој денеска имаше офанзивна улога, го постигна првиот погодок за „црвените ѓаволи“, а победа ја потврди Вејн Руни на стартот на второто полувреме.
     
    Арсенал не одигра толку слаб натпревар колку што покажува резултатот, но очигледно дека самодовербата кај избраниците на Арсен Венгер е на многу ниско ниво по неколкуте разочарувачки резултати. Антонио Валенсија конечно се врати на фудбалските терени по тешката повреда и сега ќе биде дополнително освежување во тимот на Сер Алекс Фергусон во борбата за шампионската титула во Премиерлигата. Натпреварот го одбележа и тешката повреда на дефанзивецот на Арсенал, Јоан Џуру. По еден судир со својот соиграч Бакари Сања, Швајцарецот го повреди рамото, а првичните информации велат дека сезоната за него е завршена.
     

    I'm out bcz of pathetic around here
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,375 секунди.