IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Англиска Премиер лига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Англиска Премиер лига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 12>
Автор
Порака Обратен редослед
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 13:36
Ако денес Арсенал не го победи Ливерпул, според мене ја губи титулата...

Енфилд Роуд, Ливерпул - Арсенал, почеток 13:45

сега одам да го следам натпреварот   
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2014 во 16:45
Вчера сфатив дека Мурињо е три класи подобар тренер од оној Пелегрини...

не е се` до парите...
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2014 во 13:11
Се ми се чини дека „СПЕЦИЈАЛНИОТ“ повторно ќе ја изведе својата магија во премиер лигата. голема насмевка

Синоќа Челзи го победи Ман. Сити на „Етихад“ со голот на Ивановиќ. 
Со тоа се изедначуваат со бројот на бодови ( по 53) но сепак останува на третата позиција пред Ливерпул. 
Арсенал уште останува на првата позиција со 55 бода, но не за долго се надевам  .... голема насмевка
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2013 во 17:45
Шок во Британија, Ливерпул добитник на денот

Челси падна на Британија, Сити само бод кај Саутемптон, Јунајтед повторно изгуби дома, Ливерпул ги сруши Чеканите и ги стигна Сините и го превзеде второто место!

Изгледаше дека Сити нема да има никакви проблеми, после неколку обиди од двете страни, акцијата на Коларов заврши со гол на Агуеро кој ја продолжи одличната голгетерска серија, беше тоа негов 11 гол во 10 натпревари. Меѓутоа, домаќинот Саутемптон ја подигна главата, после неколку промашувања на Сити,казната стигна после соло акцијата и голот на Освалдо, 1:1.

На Британија на стартот на мечот Андре Шурле беше во главна улога, после една пропуштена шанса ја извози одбраната на Стоук и го матираше Беговиќ. Стоук не шутнаа кон голот во првото полувреме, но од една гужва Крауч донесе израмнувамње. Тоа ги шокираше играчите на Челси, на стартот на второто полувреме домаќинот поведе, стрелец беше Ајрланд, но Сините ја задржаа концентрацијата и Шурле повторно постигна гол за 2:2.

Сепак, во самиот финиш Мурињо падна, Ајрланд овој пат беше асистент, Асаиди со фантастичен гол го сруши Челси и Чех.

На Енфилд три автогола, Суарез шутираше, Јаскелаинен ја одби топката, но таа се одби од Демел и заврши во мрежата. Црвените ја зголемија предноста кога Џерард изведе слободен удар, во гужвата беа и Сако и Шкртел, голот е препишан на Сако. Шкртел имаше прилично воздбудливо попладне, го совлада и Мињоле, неговиот автогол беше надеж за гостите од Лондон, но Суарес погоди во 80 минута и учествуваше во акцијата после која О'Брајан постигна и трет автогол, за нова победа на Црвените дома и второ место со подобра гол разлика од Челси.

Норич ги однесе бодовите од Бирмингем, Крис Хутон ја задржа работата, мечот во 13 минута го реши Хупер, Холанѓанецот Фер во финишот ја потврди победата на Канаринците додека Кристал Палас направи чекор напред, Џером и Шамак беа стрелци во победата на екипата на Тони Пјулис над безопасниот Кардиф.

Порано нешто Њукалс ја продолжи кризата на Јунајтед со победата на Олд Трафорд.

Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 22:52
Лекција од Сити за Јунајтед

Фудбалерите на Манчестер Сити славеа во градското дерби со Манчестер Јунајтед со убедливи 4-1 во натпревар од 5. коло во Премиерлигата.

"Граѓаните" поведоа во 16. минута со голот на Агуеро, а во судиското надополнување од првиот дел, Туре го удвои водството.


Домаќините продолжија таму каде што застанаа во првото полувреме, па веќе по две минути игра Агуеро со својот втор гол на натпреварот зголеми на 3-0.

За нов гол не се чекаше долго. Избраниците на Мануел Пелегрини го потврдија дебаклот на Манчестер Сити со голот на Насри во 51. минута.

За срамот да биде помал се погрижи Руни, кој на четири минути пред крајот на натпреварот го постигна почесниот погодок за гостите.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2012 во 06:13

ВИЛАШ-БОАШ НАЈСЕРИОЗЕН КАНДИДАТ ЗА ТОТЕНХЕМ






Андре Вилаш-Боаш е фаворит за наследник на Хари Реднап на чело на Тотенхем, откри денеска "Sky Sport". Вчера раководството на Тотенхем го отпушти Хари Реднап кој го предводеше тимот четири години.


Одлуката во голема мера беше изненадувачка, со оглед на успешниот период на Реднап на "Вајт Харт Лејн". Сега се очекува претседателот Даниел Леви да назначи нов тренер кој има светска репутација, со што би ја оправдал ваквата своја одлука.


Вилаш-Боаш не успеа на чело на Челси, каде што беше избркан на само 2 месеци пред крајот на сезоната, но пред да се пресели во Лондон, Боаш се сметаше како еден од најуспешните млади тренери пред кого претстои сјана кариера.


"Sky Sport" од свои извори открива дека Боаш бил интересиран за работата во Тотенхем, но официјални преговори сеуште не е започнати.


Други имиња кои се спомнуваа за менаџерска позиција во Тотенхем се Давид Мојс од Евертон и Роберто Мартинез од Виган. Во игра влезе и поранешната ѕвезда на Тотенхем Јирген Клисман

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2012 во 06:11

ЛАНДРУП НОВ ТРЕНЕР НА СВОНСИ





Поранешниот Дански репрезентативец Михаел Ландруп беше назначен како нов менаџер на Свонси. Ландруп потпиша две годишен договор и ќе го замени на функцијата Брендон Роџерс, кој го превзема Ливерпул на почетокот на месецов.


Данецот последен пат како тренер беше на кормилото на Мајорка, но ја напушти минатиот септември. Ова е прва работа за Ландруп како тренер во Англија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2012 во 16:00
Робин ван Перси играч на сезоната
 
За најдобар млад играч е прогласен десниот бек на Тотенхем, Кајл Вокер
 
 
Робин ван Перси, капитенот на Арсенал ја доби овогодинешната награда играч на сезоната. Асоцијацијата на професионални фудбалери на Англија одлулчи оваа сезона титулатада му ја додели на Холанѓанецот кој е водечки стрелец со 27 постигнати голови. Перци е третиот Холанѓанец кој ја освојува оваа награда наречена ПФА, а во конкуренција сезонава влегоа Вејн Руни, Давид Силва, Џо Харт, Серхио Агуеро и Скот Паркер.

-Ова е специјална награда за мене и уште повеќе вреди кога ми ја доделуваат играчите во лигата. Посебна е затоа што секоја недела играм против различни екипи и секој фудбалер сака да ја освои - изјавил Ван Перси.

За најдобар млад играч е прогласен десниот бек на Тотенхем, Кајл Вокер. Во идеалниот соастав на Премиер лигата доминираат играчите на Манчестер Сити. Според асоцијацијата во идеалниот состав влегуваат: Харт (Манчестер Сити), Вокер (Тотенхем), Колочини (Њукасл), Компани (Манчестер Сити), Бејнс (Евертон), Силва (Манчестер Сити), Паркер (Тотенхем), Јаја Туре (Манчестер Сити), Бејл (Тотенхем), Ван Перси (Арсенал) и Руни (Манчестер Јунајтед

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 07:35

Нов удар за Челси

Деновите на Андре Виљаш Боаш на клупата на Челси се одбројани, по новиот пораз на гостувањето кај Вест Бромвич Албион од 1:0.


Нов удар за Челси


Уште една бледа партија на „сините“, која беше казнета во 82. минута, кога домашниот играч Мекали ја затресе мрежата на Петр Чех.

Манчестер Сити лесно излезе на крај со аутсајдерот Болтон и победи со 2:0. Со автоголот на Стеинсон и погодокот на Балотели во второто полувреме, тимот на Роберто Манчини прокнижи нови три бода.

Свонси со головите на Сигурдсон триумфира во Виган (2:0), а Блекбурн и Астон Вила ги поделија бодовите, играјќи 1:1
.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2012 во 07:13

"TОПЏИИТЕ“ БЕЗ МУНИЦИЈА







Вечерва беа одиграни уште пет натпревари од 23.коло на Премиер лигата.


Дуелот на “Рибок“ помеѓу Болтон и Арсенал заврши без голови, но и двете екипи можат да жалат за пропуштените шанси. Арсенал во неколку наврати ја погодуваше рамката од голот на Болтон, а домаќините во самиот финиш имаа две сериозни шанси да ги освојат трите бода.


Квинс Парк Ренџерс имаше два гола предност после првите 30 минути на “Вила Парк“, но но продолжението од натпреварот домаќинот успеа да дојде до бод.


Сандерленд на свој терен не му даде никаква шанса на Норич откако после само 20 минути резултатот гласеше 2:0 за домаќините. До крајот победата со автогол ја потврди Ајала на почетокот на второто полувреме.


Фулам против ВБА поведе на средината на второто полувреме, но гостите до крајот успеаа да изедначат.


Њукасл ги однесе бодовите од Блекбурн. Автоголот на Дан во 12.минута го најави триумфот на “чавките“, а конечните 0:2 ги постави Обертан во амиот финиш.


Премиер лига, 23.коло


среда:


Астон Вила - КПР 2:2

Бент 45, Н’Зогбија 79 - Сисе 12, Варнок 29(аг).


Болтон - Арсенал 0:0


Сандерленд - Норвич 3:0

Кемпбел 21, Сесењо 28, Ајала 53(аг).


Фулам - ВБА 1:1

Демпси 69 - Чои 82


Астон Вила - Њукасл 0-2

Дан 12(аг), Обертан 90.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2012 во 05:34






Битката за шампионската титула меѓу ривалите од Манчестер станува неверојатно интересна, Јунајтед славеше над Стоук со 2-0, а Евертон го порази Сити со 1-0. Со тоа тимот на Алекс Фергусон ги стигна „граѓаните“ на врвот на табелата и во продолжение од Премиер - лигата ќе следиме „мртва трка“ за трофејот.
 
Гибсон, играчот на Манчестер јунајтед кој пред неколку дена потпиша за Евертон, го постигна единствениот гол за „карамелите“ на дуелот со Манчестер сити. Составот на Роберто Манчини немаше сили да одговори на погодокот на Евертон постигнат во 60.минута од средбата.
 
Манчестер јунајтед забележа пенал - победа над Стоук. Првиот пенал го реализира Чичарито, а вториот удар од белата точка во гол го претвори Бербатов, за триумф на „црвените ѓаволи“ од 2-0.
 
Ливерпул беше сигурен на гостувањето против Вулверхемптон (0-3) со головите на Керол, Белами и Кајт, сите постигнати во второто полувреме. Тотенхем исто така беше сигурен, пред своите гледачи го совлада Виган со 3-1. Бејл беше стрелец на два гола за „спарси“, мрежата на Виган ја погоди и Модриќ, а почесниот гол за гостите беше дело на Мекартур.
 
Челси се спаси од пораз на гостувањето против Свонси во последната минута од судиското продолжение, откако Тејлор си постигна автогол. Свонси поведе во 39.минута со погодокот на Синклер, а Челси последните десетина минути ги играше со играч помалку, поради исклучувањето на Ешли Кол.
 

РЕЗУЛТАТИ – 23. КОЛО

Свонси – Челси 1-1

Тотенхем – Виган 3-1

Вулверхемптон – Ливерпул 0-3

Евертон – Манчестер С 1-0

Манчестер Ј – Стоук 2-0

УТРЕ ИГРААТ

Астон Вила – КПР

Болтон – Арсенал

Сандерленд – Норвич

Фулам – ВБА

Блекбурн – Њукасл

 

ТАБЕЛА: Манчестер С 54 бода, Манчестер Ј 54, Тотенхем 49, Челси 42, Ливерпул 38, Арсенал (-1) 36, Њукасл (-1) 36 бода,...              


Изменето од емил - 01.Февруари.2012 во 05:35
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2012 во 05:24
 
 

Најголемите англиски клубови научија многу од грешките на Челси и Ливерпул, кои минатиот 31 јануари платија огромни суми за услугите на Фернандо Торес, односно Енди Керол. Двајцата голгетери воопшто не ги оправдаа огромните инвестиции (50 милиони фунти за Торес и 35 милиони фунти за Керол), па јасно е зошто најдобрите клубови во Англија решија овој јануари да не прават преголеми измени во своите тимови.

Во последниот ден од преодниот рок активен беше единствено Манчестер сити, кој што го доведе Давид Пизаро на шестмесечна позајмица од италијанскиот прволигаш Рома. Челси го ангажираше младиот Белгиец Де Брујн, но тој беше експресно пратен на позајмица во Генк, така што не може да се смета за засилување за вториот дел од сезонава.  

Доста активни во самиот финиш од овој преоден рок беа челниците на Квинс Парк Ренџерс. По договарањето на трансферот на Џибрил Сисе од Лацио, Марк Хјуз успеа да го ангажира и својот миленик од Фулам, голгетерот Боби Замора. Водечките луѓе на Фулам, експресно ангажираа замена за Замора - рускиот интернационалец Павел Погребњак од редовите на Штутгарт. 

Евертон веднаш по ангажманот на Никица Јелавиќ од Глазгов ренџерс даде зелено светло за Луис Саха да се пресели на шестмесечна позајмица во Тотенхем. Хари Реднап упорно се обидува да се ослободи од Роман Пављученко, кој по се изгледа ќе се врати во татковината откако Локомотив Москва понуди 10 милиони фунти за неговите услуги. Овој трансфер би можел да биде комплетиран и во следните денови бидејќи преодниот рок во Русија трае до крајот на февруари. 

Вејн Бриџ, кој сезонава воопшто не е дел од плановите на Роберто Манчини во Манчестер сити, следните шест месеци ќе ги мине на позајмица во Сандерленд заедно со Сотирос Киргијакос, поранешниот член на Ливерпул кој што доаѓа на „Стадионот на светлината“ од германскиот прволигаш Волфсбург.



Изменето од емил - 01.Февруари.2012 во 05:26
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2012 во 23:39

Јунајтед убедлив, Челзи минимално


Манчестер јунајтед со 3-0 убедливо славеше над Болтон во дуелот на „Олд Трафорд“ од 21. коло во англиската Премиерлига. Интересно е што прв во листата на стрелци се запиша ветеранот Пол Сколс, кој одлучи да ја прекине пензијата и да го прифати повикот на сер Фергусон да му помогне на својот тим. Повратникот во тимот беше прецизен во финишот на првиот дел, а Велбек и Керик со головите во 74’ и 83’ ставија точка на средбата. Победата на Јунајтед можеше да биде и поубедлива, но голманот Богдан одбрани удар од белата точка на Руни во првиот дел.
Челзи со 1-0 го совлада Сандерленд, а единствениот гол го постигна Лампард во 13 минута, откако пречката не дозволи Торез да постигне мајсторски гол. Одбиената топка дојде до Лампард, кој инстиктивно ја затресе мрежата.
Од редот на фаворитите потфрлија Тотенхем и Ливерпул. Спарси одиграа 1-1 на „Вајт Харт Леин“ со Вулверхемптон, додека „црвените“ ремизираа без голови против Стоук.
Резултати (21. коло): Астон Вила – Евертон 1-1, Блекбурн – Фулам 3-1, Челзи – Сандерленд 1-0, Манчестер ј. – Болтон 3-0, Тотенхем – Вулверхемптон 1-1, ВБА – Норич 1-2, Ливерпул – Стоук 0-0, (утре): Њукасл – КПР (14.30 ч.), Свонси – Арсенал (17 ч.), (понеделник, 21 ч.) Виган – Манчестер с.
Табела: Манчестер сити (-1) и Манчестер јунајтед по 48, Тотенхем 46, Челзи 40, Арсенал (-1) 36, Ливерпул 35, Њукасл (-1) 33, Стоук 30, Норич 28, Евертон 25, Сандерленд и Астон Вила по 24, Свонси (-1) и Фулам по 23, ВБА 22, Вулверхемптон 18, Блекбурн и КПР (-1) по 17, Болтон 16, Виган (-1) 15

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2011 во 08:01
Манчестер Јунајтед со петарда го стигна Сити



Тимот на Алекс фергусон го торпедира Виган со 5:0 и се израмни со градскиот ривал Сити на табелата во Премиер лигата

Иако фаворитите не требаше да имаат проблеми за освојување на трите бода, сепак единствено Манчестер Јунајтед стигна до полн плен.

Во натпреварите од 18-то коло на Англиското фудбалско првенство одиграни попладнево, само шампионот Манчестер Јунајтед успеа да оствари победа, со што се израмни на врвот на табелата со градскиот ривал Манчестер Сити кој на гостувањето кај ВБА одигра без голови. 

Јунајтед славеше со трите гола на Димитар Бербатов и погодоците на Парк и на Антонио Валенсија, додека Манчестер сити, Челзи и Ливерпул ги поделија бодовите и ги разочараа своите навивачи. 

По шест натпревари без победа, Њукасл славеше кај Болтон (2:0), а Сандерленд и Евертон одиграа 1-1.

Резултати од денешните натпревари во Премиер лигата: Челзи – Фулам 1:1, Болтон – Њукасл 0:2, Ливерпул – Блекбурн 1:1, Манчестер Јунајтед – Виган 5:0, Сандерленд – Евертон 1:1 и ВБА – Манчестер Сити. 

Вечерва од 20 часот и 45 минути почна натпреварот Стоук – Астон Вила, додека преостанатите три средби од ова коло се закажани за утре, а двојките се: Арсенал – Вулверхемптон (16 часот), Свонси – Квинс Парк Ренџерс (18 ч.) и Норич – Тотенхем (20:30 ч.).

Табела: Манчестер Сити 45 бодови, Манчестер Јунајтед 45, Тотенхем 35 (-2 натпревари помалку), Челзи 34, Арсенал 32 (-1), Ливерпул 31 ...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.