IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5657585960 61>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2012 во 16:03

Напаѓачот на московска ЦСКА во наредните неколку дена ќе стане старо-нов играч на Фламенго.





Веќе со месеци наназад трае интересирањето на бразилскиот гигант да ја обнови соработката со напаѓачот на руската екипа, кој и сам изјавуваше дека би сакал да се врати во татковината.


Информацијата дека Вагнер Лов е на праг да се врати во староновиот клуб ја потврди и претседателката на клубот Фламенго.

„Лов е на добар пат да се врати во Фламенго, многу сме блиску до договор“ , изјави Патриција Аморим.


Трансферот на Вагнер, кој од 2004та е во Русија стигна од Палмеирас, изнесува 6.2 милиони евра.


Тој веќе настапуваше за Фламенго во 2010 година, кога во текот на својата шестмесечна позајмица постигна 23 голови на 29 натпревари за бразилската екипа

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2012 во 13:52

Икер најдобар голман на светот


Четврта година по ред за најдобар светски голман е прогласен шпанскиот репрезентативец и чувар на мрежата на мадридски Реал, Икер Касиљас.




Престижната награда Касиљас ја доби од Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) од Келн.


Жирито беше составено од уредници на специјално избрани медиуми и стручњаци од 81 држава, најголем број на гласови му дадоа на Касиљас.

Зад себе Икер го остави Ноер од Баерн Минхен и Валдес од Барселона



Најдобар светски голман по изборот на IFFHS:


1 Икер Касиљас (Шпанија / Реал Мадрид) 248

2 Мануел Ноер (Германија / Баварија) 130

3 Виктор Валдес (Шпанија / Барселона) 114

4 Џанлуиџи Буфон (Италија / Јувентус) 63

5 Петр Чех (Чешка / Челзи) 41

6 Фернандо Муслера (Уругвај / Галатасарај) 34

7 Џо Харт (Англија / Манчестер Сити) 26

8 Жулио Цезар (Бразил / Интер) 23

9 Хусто Виљар (Парагвај / Естудијантес Ла Плата) 17

10 Едвин ван дер Сар (Холандија / Манчестер Јунајтед) 16

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2012 во 23:48
Ривалдо кариерата ќе ја продолжи во Ангола

Ривалдо Борба Фереира, 39-годишниот фудбалер кој во 2002. година со бразилската репрезентација ја освои титулата светски првак, својата кариера ќе ја продолжи во првологашот на Ангола Кабускорп.

Ривалдо е без клуб откако минатиот месц го напушти Сао Паоло, по што договори едногодишна соработка со клубот од Луанда.

- Го раскинав договорот со Сао Пауло и знам дека сум способен да продолжам да играм. Имав понуди од неколку земји, но ја избрав Ангола поради јазикот и затоа што ми се допадна целиот проект, изјави Ривалдо.

За време на неговата богата кариера, тој играше за Санта Круз, Моги Мирим, Коринтианс, Палмеирас, Депортиво од Ла Коруња, Барселона, Милан, Олимпијакос, АЕК од Атина, Сао Пауло и др.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2012 во 14:56
Ливерпул го исфрли Манчестер Јунајтед од ФА Купот



Ливерпул славеше на Енфилд во големата дерби пресметка против Манчестер Јунајтед. Црвените со гол на Дирк Кајт во финишот од натпреварот дојдоа до победа и го исфрлија Манчестер Јунајтед од ФА Купот.


На Ливерпул не му оди најдобро во Премиер лигата, но игра во финалето од Карлинг Купот и ги продолжува натпреварите во ФА Купот.

Манчестер Јунајтед во минатото коло го исфрли Сити славејќи на негов терен, но денес не успеа да добие уште еден голем дерби натпревар во ФА Купот.

Натпреварот беше отворен во 21. минута кога Агер со глава постигна гол за водство на Ливерпул од 1-0, Де Геа не беше на висина на задачата.

Но, на пет минути до крајот на полувремето Парк го израмни резултатот на 1-1.

Во 88. минута Дирк Кајт постигнува гол за ерупција на Енфилд и победа на Ливерпул од 2-1
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 06:16

ОЛИМПИК МАРСЕЈ СЕ ДОГОВОРИ СО ПОРТО ЗА ТРАНСФЕР НА ЛУЧО ГОНЗАЛЕЗ







Францускиот гигант ги договорил условите за трансфер на талентираниот играч од средината на теренот со освојувачот на Лигата на Европа.


Олимпик од Марсеј на својата официјална веб страна објави дека во основа постигнале договор со Порто за трансфер на Аргентинскиот плејмејкер Лучо Гонзалез.


Претседателот на Марсеј Винсент Лабрун во понеделникот веќе најави дека 31-годишниот Гонзалез е на пат кон Порто и трансферот е чекор поблиску до остварување откако двете страни ги договорија условите.


Португалскиот гигант се очекува да го комплетира трансферот во наредните неколку часа, според кој Гонзалес ќе потпише договор во траење од 2,5 години со Порто.


Гонзалез претходно го носеше дресот на Порто од 2005-та до 2009-та, пред да се пресели во Марсеј.


Талентираниот играч за врска брзо стана клучен играч на Олимпик Марсеј и ги предводеше до неколку трофеи во првите две сезони.


Како и да е, тој го загуби своето место во стартната постава и посака да ја смени средината овој Јануари.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 06:23

„ИБРАХИМОВИЌ ВРЕДИ 150 МИЛИОНИ ЕВРА“







Менаџерот на Златан Ибрахимовиќ рече дека секој ден добива понуди за трансфер на Шведскиот напаѓач, но дека тој вреди 150 милиони евра.


„Секој ден добивам понуди за Ибрахимовиќ и не знам дали ќе ја заврши кариерата во Милан. Тоа е негов живот и јас нема да одам против неговите желби. Претседателот на клубот Силвио Берлускони ми рече дека он вреди 150 милиони евра“, кажа Мино Раиола.


30 годишниот Ибрахимовиќ неодамна рече дека не размислува за звршување на кариерата и дека моментално се чувствува посилно од кога и да е.


Швеѓанецот оваа сезона на 17 натпревари во Италијанската Серија А постигна 15 гола, а од доаѓањето во Милан летото 2010-та година на 46 првенствени натпревари даде 29 гола.


Милан минатата сезона ја освои титулата првак на Италија, а моментално е втор на табелата, со само еден бод помалку од Јувентус.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 06:26

ЛУКА ТОНИ ПОТПИША ЗА АЛ НАСР





Фудбалскиот клуб Јувентус потврди дека Лука Тони го напуштил клубот откако потпишал за Ал Наср од Обединетите Арапски Емирати.




34 годишниот Тони го напушти Торинскиот клуб за само 12 месеци откако стигна во Јуве од Џенова.


Италјанскиот напаѓач, кој ја освои титулата светски шампион со репрезентацијата во 2006та година, постигна 2 гола на 14 натпревари, колку што и одигра за „старата дама“.


Од доаѓањето на Антонио Конте за тренер на екипата Тони не добиваше прилика за настап па се најде на трансфер листата оваа сезона.


Пред Џенова и Јувентус, Тони настапуваше за Палермо, Фиорентина и Минхенски Баерн

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2012 во 09:47

ЛИОН ПРОТИВ МАРСЕЈ ВО ФИНАЛЕТО ОД КУПОТ







Фудбалерите на МАрсеј се втор финалист во Лига Купот на Франција откако синоќа ја совладаа Ница со 2:1.


Со таа победа екипата на Олимпик ке има можност да ја брани титулата во Купот на Франција која ја освоија минатата година.


Реми ги доведе домаќините во водство во 14-тата минута, но на една минута пред крајот на првиот дел израмни Муније.


Брандао во 57-та минута го постигна вториот гол за домаќините што се покажа и како конечен резултат и пат во финалето за екипата од Марсеј.


И двете екипи натпреварот го завршија со по 10 фудбалери откако најпрво Валбуена беше исклучен кај домаќините во 64-тата минута, а во 83-тата минута во соблекувалните мораше да замине и фудбалерот на Ница Џа Џеџе.


Финалето е на програмата на 14-ти април во Париз, а противник на Марсеј ќе му биде екипата на Лион која во вторникот веќерта беше подобра од Лориен после продолженијата.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2012 во 17:29

МОЈСОВ И ВОЈВОДИНА ДОБИЈА ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ







Стивен Апија официјално е претставен во Војводина, а го задолжи дресот со бројот 4.


Тој вчера ги помина лекарските прегледи, а денес официјално беше претставен во Медиа центарот ФК „Вујадин Бошков“ во Нови Сад, кој беше претесен да ги прими сите оние кои дојдоа да ја видат ѕвездата на преодниот рок во Србија, „Црниот Принц“, Стивен Апија.


Тој ќе го носи дресот со број 4, а неговото доведување ги израдува многубројните навивачи на црвено-белите од Нови Сад, а неговото доведување само ги покажува амбициите на клубот конечно да ја прекинат доминацијата на големото дуо од Белград, Црвена Звезда и Партизан.


Тој во својата кариера има настапувано за многу познати клубови меѓу кои Удинезе, Парма, Јувентус, Фенербахче, а беше и капитен на репрезентацијата на Гана.


„Парите апсолутно не беа пресуден фактор во изборот на мојот нов клуб. Сеуште имам големи амбиции, сакам да играм, да победувам и да освојувам трофеи.“


„За Војводина и Србија слушнав се најдобро од моите пријатели Принс Тејго и Ади. Се чувствувам одлично. Јас сум професионалец и без оглед на тоа што некое време немав клуб, редовно тренирав и нема да има никакви проблеми во тој поглед“, рече Апија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 09:10

Ќе се воведува четврта замена во фудбалот?

01ФЕВ 201213:44

Четврта замена можно е да се воведе во фудбалот, откако Интернационалниот фудбалски борд (ИФАБ) ја стави оваа точка во промена на фудбалските правила на дневен ред на годишното генерално собрание на асоцијацијата.

Anri 11

Осум предлози за дополнување на правилата на игра се на агендата на 126 состанок, а главна точка е четвртата замена, која би се користела само во продолженијата, односно во дополнителните 30 минути.

Меѓу главните предлози е и укинувањето на „тројната казна“, односно укинување директен црвен картон за пенал. Во моментов важи правилото дека за пенал играчот може да добие исклучување, а потоа и тоа да го одлежи во следниот меч.

На агендата ќе се најде и извештај за досегашниот тек од експериментот за технологијата гол-линија и воведување ТВ-помош за судиите, но и за досегашниот експеримент околу дополнителните судии зад головите.

Состанокот е закажан за в петок, а на него ќе се потврди датумот, најверојатно 2 јули, кој ќе биде специјален состанок и на кој ќе треба да се даде конечна одлука дали видеотехнологијата ќе влезе во фудбалот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2012 во 09:11

Русија ќе ги укине визите за СП 2018 година

20ЈАН 201207:30

Домаќинот на Светското првенство во 2018 година, Русија, планира да ги укине визите за сите за време на Мундијалот, најави првото лице на земјата, Владимир Путин, кој е на пат да се врати на претседателската функција.

Putin so Blater

Путим им ветил на Сеп Блатер, претседател на ФИФА, и на Мишел Платини, претседател на УЕФА, дека нема да има никакви проблеми. Двете главни фудбалски фигури ова ветување го добиле во Санкт Петербург, каде што биле на прослава на еден век постоење на руската фудбалска унија.

„Секој навивач што ќе има билет(и) ќе може слободно да дојде во Русија. Тоа што како план го разработуваме е да им овозможиме на навивачите и да патуваат бесплатно помеѓу градовите“, најавил Путин.
Сето ова со воодушевување го прифатиле и Блатер и Платини. Најголем проблем за Русија се зголемениот расизам на стадионите и хулиганско-екстремните групи.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 06:27

Замбија го изненади Црниот континент

Најголемото изненадување на Купот на Африканските Нации, репрезентацијата на Замбија во финалето на ова натпреварување беше поуспешна од селекцијата на Брегот на Слоновата Коска по изведувањето на пенали.






Замбија го изненади Црниот континент


По двете продолженија во кои исто така немаше погодок, натпреварот беше одлучен со изведување на пенали.Регуларниот дел од натпреварот по израмнета игра и шанси на двете страни, заврши без голови. Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска имаше шанса да поведе кога Жервињо беше соборен во шестнаесетникот во 70-та минута, но Дидие Дрогба не ја искористи најстрогата казна.

Во драматичната пенал завршница, стрелците беа сигурни по првите седум серии и ги промашија ударите во осмата серија, а клучно беше промашувањето на Жервињо во деветтата, со што Замбија победи со 8:7.

Репрезентацијата на Замбија е 16-то рангирана репрезентација во Африка и нивното освојување на Купот на Африкански Нации би можело да се спореди со освојување на Европското првенство од страна на репрезентацијата на Норвешка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 10:24

Шумуликоски на пат кон Кина?


Заменик капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Величе Шумуликоски е пред преселба во најмногубројната држава Кина, и тоа во редовите на прволигашот Тијанин Теда.

Според последните најави, Шумуликоски, кој не доби повик од селекторот Џон Тошак за претстојниот пријателски меч со Луксембург поради поштеда, е на чекор да направи трансфер во кинескиот тим, чиј тренер е хрватскиот стратег Јосип Куже.

Шумуликоски е член на руски Сибир со кој е на подготовки на Кипар, но руските медиуми меѓу кои и најпознатиот спортски весник „Спорт Експрес“ веќе објавија дека македонскиот играч за врска веќе го напуштил кампот на Русите. Инаку според медиумите, Шумуликоски го очекува богат договор, ако се точни информациите дека Тијанин му нуди 1,1 милион долари годишно.

Популарниот Шуму е втро играч на вечната листа по број на настапи за Македонија, веднаш зад Гоце Седлоски, кој е прв што стигнал до бројката од 100 меча. Шумуликоски има 75 настапи.



Изменето од емил - 16.Февруари.2012 во 10:24
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 13:52

Вака ќе изгледаат дресовите на Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтед за сезоната 2012/2013. Овие дресови трите екипи ќе ги носат на натпреварите кои ќе ги играат на домашен терен, а производител е компанијата „Најк“.

dresovi-novi-500



Изменето од емил - 16.Февруари.2012 во 13:52
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5657585960 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.