Испечати | Затвори го прозорот

Вести

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14270
Датум на принтање: 26.Април.2024 во 07:47
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Вести
Постирано од: La Ninja
Наслов: Вести
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:32
ЕДЕН ДОБАР НАТПРЕВАР И ГЕРМАНЕЦОТ СТАНА НАЈПОСАКУВАН ФУДБАЛЕР ВО ЕВРОПА

Арсенал и Милан по Швајнштајгер

Одличната игра на дуелот против Португалија минатиот четврток направи од Бастијан Швајнштајгер, еден од најбараните фудбалери во моментов во Европа. Фудбалерот на Баерн Минхен речиси сам ги победи "евро-Бразилците" со тоа што постигна еден, а асистираше при постигнувањето на два погодоци за својата селекција во триумфот од 3:2, па по него тргнаа неколку врвни клубови од Стариот континент.

Први и засега најконкретни се седумкратниот европски првак Милан и актуелниот англиски вицешампион Челзи, чиј нов менаџер Луис Фелипе Сколари го посочи Швајни како топ-приоритет за летниот преоден рок. Швајнштајгер уште одамна изјави дека има голема желба да настапува во Премиер-лигата на Англија, за него во еден период беше заинтересиран и Арсенал, но до трансфер с$ уште не дошло, најмногу поради тоа што фудбалерот е релативно млад, има само 23 години, а и е врзан со договор со Баерн. Сепак, со доаѓањето на Франк Рибери на Алијанц арената минатото лето и Швајнштајгер го загуби местото во стартната постава, па неколкупати во текот на сезоната тој се закани дека ќе си замине. На Челзи очајно им е потребно освежување во средниот ред по слабата сезона на Шон Рајт-Филипс и Флорен Малуда, а неофицијално Сколари за Швајнштајгер е подготвен да плати околу 15 милиони фунти.

"Премиер-лигата е најсилна во Европа и отсекогаш сум сакал да играм таму. Ќе видиме што ќе се случува летово", изјави "седумката" на германската репрезентација.

Во исто време во трката за еден од најперспективните германски фудбалери се вклучи и Милан, кој ја разгледува можноста наскоро да испрати официјална понуда за трансфер. "Росонерите" одат и подалеку од Челзи бидејќи нудат 17 милиони фунти во обидот да дојдат до потписот на Швајнштајгер. Сепак, дали Милан ќе остане до крај во трката за Германецот зависи и од тоа што ќе се случува со Емануел Адебајор за кого исто така постои интерес.

ПОД СОМНЕЖ ТРАНСФЕРОТ НА СРБИНОТ ВО ТОРИНСКИОТ КЛУБ

Навивачите на Јуве не го сакаат Станковиќ

Италијанскиот претставник во Лигата на шампионите, Јувентус, ја продолжува трката за потписот на Дејан Станковиќ, но навивачите почнаа кампања за стопирање на преговорите со репрезентативецот на Србија. Новиот тренер на Интер, Хозе Мурињо, не смета на Станковиќ за претстојната сезона од Серија, па 30-годишниот играч од средниот е принуден да си бара нова средина во летниот преоден рок. Неофицијално Јувентус испратил понуда од девет милиони евра иако раководството на "неро-азурите" бара најмалку двојна отштета.

Сепак, парите, најверојатно, нема да бидат главен фактор за евентуалниот трансфер на Станковиќ во торинскиот клуб, туку тоа ќе бидат навивачите на Јувентус. Тие веќе почнаа неколку акции на интернет-страниците и форумите со цел да запрат преговорите меѓу клубот и фудбалерот.

Прва причина за такво нешто е фактот што Станковиќ досега играше во Интер, клуб со кој Јувентус има најголем ривалитет, па фановите на "Старата дама" отсекогаш го сметаат како непријател. Второ, минатата сезона беше една од најслабите во кариерата на српскиот репрезентативец, па навивачите сметаат дека неговите најдобри години се поминати за што потврда е одлуката на Мурињо да го исфрли од тимот. Поради ова навивачите се закануваат дека ќе направат с$ што е во нивна моќ да го запрат трансферот на Станковиќ, а ако, сепак, дојде до него, на натпреварите на домашен терен ќе го исвиркуваат при секој негов контакт со топката.

НИШТО ОД ТРАНСФЕРОТ НА ХРВАТОТ НА ВЕСТФАЛЕН

Борусија се откажа од Класниќ

Борусија Дортмунд вчера официјално се откажа од идејата да се ангажира хрватскиот репрезентативец Иван Класниќ во летниот преоден рок. "Милионерите" пред една недела во фудбалерот на Вердер гледаа замена за повредениот Александер Фреј кого го очекува долга пауза поради повредата на премиерниот натпревар од Европското првенство против Чешка. Сепак, од трансферот на Класниќ нема ништо, а тоа го потврди и спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк, по враќањето од летниот одмор на Флорида.

"Не го сакаме ниту Класниќ ниту кој било друг напаѓач, ќе го чекаме Фреј. Очекуваме да ни биде на располагање на крајот од август и поради тоа напаѓач од калибарот на Класниќ не ни е потребен", рече Цорк.

Во нападот на Борусија идната сезона, најверојатно, ќе игра триото Петриќ-Фреј-Валдез, а место Класниќ клубот од Вестфален ќе се обиде да ангажира врвен играч од средниот ред. Покрај Борусија, за хрватскиот репрезентативен напаѓач се заинтересирани уште неколку клубови од Англија, пред с$ Виган, кој пред неколку дена испрати и понуда до Вердер.

ХОЛАНДСКИОТ ГОЛГЕТЕР ГО ОДБИ ИТАЛИЈАНСКИОТ ГИГАНТ

Хунтелар сигурно не оди во Интер

Голгетерот на Ајакс, Клас Јан Хунтелар, кој има постигнато 70 погодоци во 82 натпревари за славниот клуб од Амстердам, откри дека нема намера во летниот преоден рок да го засили тимот на Интер. Ова го изјави консултантот за трансфери на Рома, кој разговарал со агентот на Хунтелар и соопшти дека фудбалерот не размислува за премин на "Џузепе Меаца".

"Разговарав со агентот на Хунтелар и му ги соопштив имињата на италијанските клубови кои се заинтересирани за ангажман на фудбалерот. Кога му реков за Интер, тој ми рече дека зборувал со Хунтелар и дека играчот рекол дека не е многу заинтересиран да стане нов фудбалер на 'нероазурите'", изјави Алберто Факини, човек кој е задолжен за посредување на трансферите во римската "волчица"

Доаѓањето на Мурињо во Интер донесе и редица понуди за многу фудбалери, па со оглед на тоа што Хунтелар е еден од најбараните напаѓачи на Стариот континент, неодминлив беше и тој.

За ѕвездата на Ајакс, која има дури осум постигнати голови во 13 натпревари за холандската репрезентација, а се запиша во листата на стрелци и на ЕП, заинтригиран беше и тимот на Јувентус, но се чини дека со ангажманот на Бразилецот Амаури од Палермо, стивна интересот и кај "Старата дама" за потпис со Хунтелар.

НОВ КЛУБ ВО ТРКАТА ЗА ПОРТУГАЛЕЦОТ

И Јувентус го сака Кварезма

Италијанскиот гигант Јувентус е последниот клуб кој има сериозни намери во своите редови да го доведе португалското крило Рикардо Кварезма, кој одамна најави дека си заминува од Порто.

Досега најголем интерес за него пројавија Интер и Челзи, каде би работел со добро познати тренерски имиња од неговата кариера, односно Жозе Мурињо, кој му беше ментор во Порто и Луис Фелипе Сколари, кој заклучно со ЕП во Австрија и Швајцарија му беше претпоставен во португалскиот национален тим. Во трката за потпис со Кварезма е и Реал Мадрид, но приоритет на "кралевите" е да дојдат до Кристијано Роналдо.

Што се однесува до Јувентус, претставници на торинскиот тим истакнаа дека би сакале во своите редови да го доведат Кварезма, а за него се подготвени да го дадат Португалецот Тиаго и поголема сума пари. "Старата дама" бара квалитетни фудбалери од средината на теренот, а деновиве е во постојани преговори со Чаби Алонсо од Ливерпул, кој никако да го договори трансферот.

ШВЕЃАНЕЦОТ НЕ ЈА МЕНУВА СРЕДИНАТА

Љунгберг останува во Вест Хем

Шведскиот репрезентативец од средината на теренот, Фредерик Љунгберг, најверојатно, и во следната сезона ќе биде дел од екипата на Вест Хем. Неговиот агент беше дециден во најавите дека клубот не сака да го продаде и покрај минатомесечните шпекулации дека клубот сака да го продаде во серија А, односно во тимот на Рома.

"Се сретнав со претставници на клубот и тие ме уверија дека Љунгберг и во следната сезона ќе биде дел од тимот на Вест Хем", изјави Клас Елефалк, човекот во улога на агент на Љунгберг.

Се претпоставува дека Швеѓанецот, кој се прослави во Арсенал, во помалку вреднуваниот лондонски клуб, заработува околу 70,000 фунти неделно, но не ги оправда големите очекувања во дресот на "чеканите" во првата сезона на Аптон Парк.

НАПАЃАЧОТ СЕ РАЗДЕЛИ ОД ЊУКАСЛ

Амеоби се сели во Вест Бромвич

Екипата на Вест Бромвич Албион е на сантиметри од ангажман на напаѓачот на Њукасл, Шола Амеоби. Понудата од клубот од Бирмингем за напаѓачот изнесува 2,5 милиони фунти и според сите информации во англиските медиуми, трансферот е речиси реализиран и само прашање на денови е кога сите инволвирани странки ќе се го финализираат документот.

За Амеоби, кој лани играше на позајмица во уште еден член на Чемпионшип дивизијата, односно второто по квалитет англиско натпреварување, беа заинтересирани и екипите на Норвич и Ипсвич, како и самиот Стоук.

Доаѓањето на Амеоби во Бирмингем значи дека Вест Бромвич Албион, предводен од менаџерот Тони Маубреј, само во досегашниот преоден рок поарчил 8,3 милиони фунти и тоа исклучиво за фудбалери од нападот. Досега беа ангажирани Лук Мур од Астон Вила за 2,3 милиони фунти, а истата сума беше платена и за Роман Беднар од шкотскиот прволигаш Хартс.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:33

ВЧЕРА ВО ДОЦНИТЕ ПОПЛАДНЕВНИ ЧАСОВИ ОД СТРАНА НОВОТО РАКОВОДСТВО НА РАБОТНИЧКИ БЕШЕ ПРОМОВИРАН НОВИОТ ТИМ - МЕНАЏЕР

Бабунски тргна со шампионот

*"Дојдов на барање на претседателот на Работнички, Драган Поповски. Деновиве кога ќе се официјализираат со договори ќе можам да ги објавам имињата на моите соработници" ни изјави Бабунски

Вчера во доцните попладневни часови во ресторанот "Маракана" претседателот на Работнички Драган Поповски го промовираше новиот тим - менаџер на шампионот Бобан Бабунски. Значи од вчера и официјално Бабунски е новиот предводник на Работнички. Пред да се случи промоцијата и двјцата имаа разговори со неколкумина фудбалери, а најважно е тоа што немаше воопшто класична прозивка а уште помалку тренинг. Разбирливо, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа клубот.

" Најпрво сакам да му честитам на Поповски за сите овие напори што ги направи со цел да го спаси брендот Работнички кој го создаде претходникот. Исто така тука има голем број вработени лица како и вљубеници во клубот кои сакаат Работнички да остане барем на досегашното ниво. Се надевам дека овој проект ќе успее и дека Работнички повторно ќе биде еден од нашите најдобри клубови" беа првите зборови на Бабунски во својство на тим - менаџер на шампионот кој посочи дека ја прифатил функцијата тим - менаџер на барање на Драган Поповски.

Во врска со играчите, подготовките, соработниците тој истакна...

"Во преговори сум со повеќе познати фудбалски тренерски имиња кои без размислување прифатија да работат со мене. Не би сакал сега да говорам за нивните имиња се додека тие своите договори не ги официјализираат со Поповски. Нешто слично е и со играчите. Верувајте дека преговараме со голем број фудбалери, ќе има изненадувања. Можеби ќе има и странци, се ќе зависи од тоа како ќе течат разговорите со спонзорот, односно со холандската фирма. И за крај се надевам дека во текот на оваа недела ќе започнеме со подготовките" заврши Бабунски.



ДРАГАН ПОПОВСКИ

Почнуваме од нула!?

"Продолжуваат овие тешки моменти за Работнички со оглед на тоа дека на денешната прозивка од сите играчи дојдоа само тројца. И тоа Баже Илијоски, Крсте Велкоски и Емир Шабани. Сакам да додадам дека според договорот со раководството на Вардар, бројот на фудбалери требаше да биде поголем. Сметавме на најмалку 11 - 12 играчи. Но илзезе сосема поинаку и уште што е поинтересно, и од овие тројца што дојдоа на двајца (Велкоски и Шабани) им е понудено прво да се регистрираат за Вардар а потоа да ни бидат отстапени за шест месеци. Значи ние почнуваме буквално од нула што се вели. Ние во Работнички сега немаме ништо, но

ајде да не плачеме за нешто за што се претпоставуваше. Во врска пак со играчите јас продолжувам да разговарам со сите па дури и со тие што се на Златибор. Може да се случи дел од тие тие што се сега на подготовки да изразат желба да се вратат во Работнички"претседателот на клубот.

Желба е да се мине 2. коло

Поповски посочи дека очекува, односно има желба Работнички во квалификациите на ЛШ да го мине 2. коло. Особено ако се доведат оние играчи со кои се преговарало. Сепак тој напомена дека екипата ќе се гради, како и клубот за првенството но нема да се пропушти шансата нашиот шампион што поуспешно да ја претстави Македонија во фудбалска Европа.

Контактот со Холанѓаните е преку Бабунски

"Контактите со Холанѓаните продолжуваат. Тие веќе најавуваат 'влегување' во клубот, преддговорот е потпишан, се чека на официјалниот. Едноставно странците сакаат да спонзорираат во нашиот најдобар клуб и тој респект на странците мора да се почитува. Тие сакаат се да знаат буквално се. Токму затоа не можеме да говориме во детали за фирмата. Голема помош овој проект да успее имам од Бобан Бабунски. Всушност и контактот со нив е преку него. Сакам да нагласам дека главен акцент е ставен на младинската академија" вели Поповски.

Михајловиќ си замина, Идризи се мисли

Бабунски и Поповски побараа да не се шпекулира со имиња во јавноста. Сепак едно е јасно, Бојан Михајловиќ веќе си заминал во Србија и тој вчера не беше на "прозивката". Менсур Идризи се уште се мисли. Баже Илијоски, Крсте Велкоски и Димитрија Лазаревски малку истрчаа на теренот. Тука беа и Адекунле Лукмон кој утре заминува на Златибор исто така беше и Емир Шабани заедно со својот татко инаку познатиот тренер Неџат Шабани. Се појави и младиот Горан Богдановиќ но исто така имаше и други 5-6 фудбалери кои преговараа со Поповски.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:34

ХРВАТИТЕ СО НОВА ЛАЖНА УЗБУНА ОКОЛУ МАКЕДОНСКИОТ СЕЛЕКТОР

Катанец бил интересен и за Кроација Сесвете

* "Ние не нудиме многу пари, меѓутоа се надеваме дека ќе се избориме за доаѓањето на Катанец во нашиот клуб", изјавил за хрватските медиуми потпретседателот на новиот хрватски прволигаш Здравко Чокиќ

Се испразни ли тренерско место во некој од хрватските или словенечките прволигаши последниве две години, како по некое правило веднаш името на македонскиот селектор Среќко Катанец се вади од ракав и се уфрла на позицијата број еден од листата на кандидати...

Во текот на вчерашниот ден низ хрватските медиуми осамна информацијата дека и новиот прволигаш од јадранската земја, Кроација Сисвете, посакува да го ангажира во своите редови Среќко Катанец откако неодамна останаа без услугите на Златко Крањчар.

"Со тренер од типот на Катанец можеме многу, па се надевам дека ќе успееме да го реализираме неговото доаѓање. Ние, за жал, не нудиме многу пари, но ќе дадеме с$ од себе", изјави за "Јутарњи лист" потпретседателот на Кроација Сесвете, Здравко Чокиќ, веројатно и самиот повеќе од свесен дека тешко ќе може да ги добие услугите на Словенецот.

Претходно раководството на новиот амбициозен хрватски прволигаш не успеал да се договори и со Србинот Љупко Петровиќ, кој беше кандидат и за клупата на кумановско Милано. Љупко Петровиќ најверојатно ќе биде нов селектор на Гана.

В. Булатовиќ

Среќко: "Тоа е научна фантастика"

Сосема очекувано македонскиот селектор Среќко Катанец веднаш ги демантираше најавите за негово можно преземање на клупата на Кроација Сесвете.

"Првпат слушам за такво нешто. Не е можно моето доаѓање во Кроација. Тоа е научна фантастика. Имам навистина многу работа и не можам", изјави Катанец самиот потврдувајќи дека веќе и физички не е можно човекот кој ја води нашата репрезентација а во меѓувреме е советник и во словенечкиот прволигаш Интерблок да добие трет ангажман. Сепак, би било премногу...

ПРЕГОВОРИ ЗА НОВА ПРИЈАТЕЛСКА СРЕДБА

Со Словачка на 20 август?

По откажувањето на дуелот со Украина, македонската репрезентација на 20 август, најверојатно, ќе се сретне со селекцијата на Словачка на последната контрола пред стартот на квалификациите за СП 2010 во Јужна Африка.

Утре, во Виена, претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, треба да преговара со раководството на Словачката федерација околу евентуалната меѓусебна пријателска пресметка, додека, пак, исто така утре селекторот Среќко Катанец ќе допатува во Скопје за дефинирање на програмата за подготовките пред стартот на септемврискиот квалификациски циклус.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:35

ВЕТЕРАНОТ НАСТАПИ ВО ИНТЕР-ТОТО КУПОТ

Шаќири се прости со Беса

Иако пред неколку дена потпиша со азербејџанскиот клуб Карабах од Баку, Артим Шаќири ова лето забележа настап на евро-сцената откако во неделата беше во составот на Беса од Каваја на Интер-тото дуелот против Етникос Ахна. Тоа беше проштален меч за нашиот ветеран со клубот од Албанија и со навивачите на Беса. Шаќири ги одигра сите 90 минути, но крајниот резултат гласеше 0:0. Има најави дека Беса без Шаќири патува на реваншот на Кипар, а нашиот фудбалер во текот на неделава треба да ги почне подготовките со екипата од Азербејџан. Кога сме кај Беса вреди да се напомене дека покрај Шаќири на неделниот меч сите 90 минути ги одиграа уште и дефанзивецот Зекирија Рамадан, но и голманот Суад Зендели. Нивниот клуб не успеа да дојде до предност на домашен терен и се наоѓа пред елиминација во ова натпреварување на УЕФА.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:35

И ПОКРАЈ СН ОПТИМИЗАМ ВО ГРАДОТ ПОД "МАРКОВИТЕ КУЛИ"

Победа очекува нов спонзор

Постепено, од ден на ден се подобрува атмосферата што владее во и околу Победа. Тоа се должи најмногу на најавите за скоро доаѓање нов спонзор во клубот. Како што е познато, неколку фирми од странство беа кандидати, нивните имиња се чуваа во тајност, но според шпекулациите една од нив деновиве би требало да склучи договор со управата на Победа. Бројните симпатизери, навивачите на двократниот првак се во постојано исчекување, а впечаток е оти сите до еден се оптимисти поради тоа што на повидок е решение на финансиското прашање. Минатата сезона беше исклучително тешка, тоа многу се одрази врз резултатите и пласманот на шестото место кое н$ води во Европа. Оттука и надежта за подобрување на состојбата и застанување на клубот на здрави нозе.

Што се однесува до преодниот рок, и натаму нема поголеми возбудувања. Иако најмногу се зборува за заминување на играчите, официјално досега само напаѓачот Благоја Гешоски може да се смета за таков бидејќи веќе тренира со вицепрвакот Милано. Голманот Дарко Тофилоски синоќа требаше да има разговори со управата на швајцарскиот второлигаш Шафхаузен и од нив ќе произлезе одлуката дали ќе се случи трансфер во тој клуб или и следните шест месеци останува во Победа. Други играчи немаат направено ниту чекор за менување на средината. Дали тоа значи дека речиси сите првотимци од лани решиле да им се придружат на евентуалните засилувања, ќе видиме на првата прозивка што е закажана за утре попладне на стадионот "Гоце Делчев" во Прилеп.



Капинковски останува

Димитар Капинковски, најверојатно, и шестата сезона ќе ја мине во редовите на Победа. Универзалецот играше успешно во средниот ред и одбраната и со 33 години како највозрасен во тимот, ги воодушеви сите во клубот. Оттука, до заеднички јазик не е тешко да се дојде, најавено е дека битолчанецот доаѓа на првиот, утрешен собир да стартува навреме со подготовките.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:36

БИТОЛСКИТЕ "ЗЕЛЕНИ" ВО БУГАРИЈА ЌЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ПРЕД НАСТАПИТЕ ВО КУПОТ НА УЕФА

Пелистер се вкотви во Ловеч

*Само Томи Јованов е ново име во тимот од "Тумбе кафе" кој вчера се комплетираше со Бразилците Миранда и Жуниор

По десетчасовно патување со автобус фудбалерите на Пелистер пристигнаа во Ловеч. Во овој бугарски град нашиот претставник во Купот на УЕФА ќе ги одработи главните подготовки пред настапите на евро-сцената. Единствено ново име меѓу патниците беше повратникот Томи Јованов, а во хотелската база во Ловеч "зелените" беа пречекани од двајцата Бразилци Миранда и Жуниор, кои му се приклучија на Пелистер по неколкудневните тренинзи со нивниот матичен клуб, Литекс. Двајцата добиваат нова отстапница па така и во следната сезона ќе ги бранат боите на битолчани.

"Имавме долго патување, но нема време за одмор. Синоќа на помошните терени на Литекс беше и нашиот прв тренинг. Ги имаме сите предуслови за добри подготовки па така тука, во Ловеч, ќе собираме сили и ќе се подготвуваме за настапите во Купот на УЕФА", беше коментарот на Сашо Здравевски, еден од директорите на "пелистерци" кој се наоѓа со екипата во Бугарија.

Според планираното, Пелистер до 6 јули се враќе во Битола кога и ќе почне одбројувањето до првиот меч на евро-сцената. Противникот ќе биде познат по ждрепката на 1 јули.

И. Д. Ивановски

В сабота со Сливен па со Литекс

Познат е и првиот противник на Пелистер во серијата тест средби кои нашиот клуб ќе ги одигра кај источниот сосед. В сабота битолчани ќе ги одмерат силите со новиот бугарски прволигаш Сливен во чија управа е и познатиот Јордан Лечков. Договорен е и дуел со Ликетс, кој ќе се одигра на 1 јули а се бара спаринг партнер и за последниот слободен термин, 4 јули.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:05

ДЕНЕСКА, ВО 18 ЧАСОТ "ЖЕЛЕЗАРЦИТЕ" ЈА ИМААТ ПРВАТА ПРОЗИВКА

Металург тргнува, Петрески ново име

На стадионот "Железарница" , денеска, со почеток во 18 часот тренерот на Металург, Баже Лазаревски, ќе ја има првата прозивка во пресрет на идната сезона во која "зелено-белите" ќе настапуваат во најквалитетната лига на нашата земја. Веднаш по прозивката Лазаревски ќе го одржи и првиот тренинг на кој ќе се појави и првото засилување Гоце Петрески кој од од Беслидија вчера се договори со раководството на Металург и следната сезона ќе настапува во тимот од Железарница.

"Очекувам да се појават сите на кои сметаме во наредната сезона. Исто така очекувам да дојде и некој од новите фудбалери, иако кога сме веќе кај нив да споменеме дека во наредниве два дена ќе се знаат сите детали околу засилувањата. Прво ќе одржиме еден краток состанок на кој ќе им ги соопштиме на фудбалерите плановите за подготовките. Потоа ќе го имаме и првиот тренинг. Очекувам до стартот на шампионатот сите да бидат максимално подготвени за предизвиците во Првата лига", истакна шефот на стручниот штаб на "металурзите", Баже Лазаревски.

Металург се договори со Петрески, а раководството на екипатa е во преговори за доведување на Драган Брњарчевски, Марјан Белчев и уште неколку нови фудбалери.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:06

БАКУ ЈА ПРОДОЛЖИ СОРАБОТКАТА СО ТРЕНЕРОТ

Нов договор за Хаџиевски

Ѓоко Хаџиевски останува тренер на ФК Баку до 2010 година. Нашиот трофеен тренер вчера ја продолжи соработката со клубот од Азербејџан на уште една година со што стана јасно дека неговата позиција во клубот е "забетонирана" и по следната сезона.

Покрај Хаџиевски договори со Баку потпишаа и неговите помошници Муарем Зекири и Борче Христов а до крајот на неделава треба да се официјализираат и трансферот на нашиот најгобар голгетер Ѓорѓи Христов.

Хаџиевски лани седна на клупата на Баку кога ја доби и в.д селекторската функција во репрезентацијата на Азербејџан. Тој ја има довербата на првите луѓе на клубот иако тимот во минатата сезона беше на 8. позиција.



Начевски со потпис за две години

Драган Начевски ја "откачи" Грција и го одбра Азербејџан каде вчера и официјално стана член на прволигашот Баку. Понудата која пристигна веднаш по неговото враќање од Грција се претвори во двегодишен договор со азербејџанскиот прволигаш кој успешно го води нашиот познат стратег Ѓоко Хаџиевски.

"Задоволен сум од понудените услови. Мора да напоменам дека пресудна улога за мојот двегодишен престој во Баку имаше Ѓоко Хаџиевски, кој е 'кромилар' во екипата и кој овде ужива големо реноме", истакна Начевски.

Во екипата на Баку Начевски ќе биде во друштво со екс "вардарцот" Дејан Бранковиќ.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:07

ЕВЕНТУАЛНИОТ СПОНЗОР ВЧЕРА НА НЕГОВО БАРАЊЕ ОДРЖА СРЕДБА СО ЕКС ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РАБОТНИЧКИ, КОСТА КОСТОВСКИ

И Коки се запозна со Холанѓаните!!!

*"На состанокот со Коста Костовски Холанѓаните се интересираа за сите интерни работи на Работнички, по тој состанок тие излегоа задоволни и време е да се потпише тој историски договор што се вели", ни изјави претседателот на шампионот, Драган Поповски

На барање на Холанѓаните вчера се одржа заеднички состанок меѓу евентуалниот спонзор, новото раководство на шампионот на чело со Драган Поповски и екс потпретседателот на клубот Коста Костовски. Според Поповски, гостите од Холандија посакале да се видат со некогашниот спонзор на клубот и од прва рака да се запознаат со она што се случувало во редовите на шампионот во последните десет години колку што "Кометал" го "водеше" Работнички.

"Последната фаза од преговорите е во тек и според мене с$ се одвива во најдобар ред. Пред завршното потпишување Холанѓаните (како што е ред) посакаа да одржат состанок со некогашниот спонзор. Едноставно луѓето пред да го стават конечниот потпис сакаа лично да се запознаат со Костовски и да побараат од него одговори на некои интерни прашања поврзани со работата на клубот во досегашниот период. Состанокот се одвиваше на посакувано ниво и мислам дека Холанѓаните излегоа задоволни од нашето двочасовно дружење. Па така сега тие се на потег и денеска или утре јас лично очекувам веќе да се потпише тој историски договор што се вели", вели Поповски.

На прашањето дали тој состанок е искористен за преговори со Костовски за оние играчи на кои Ратко Достаниќ не смета тука мислиме на помлади и екстра талентирани фудбалери на Вардар, Поповски ни посочи...

"Можам да кажам дека таа тема не беше во центарот на вниманието. Тука нема што премногу да се дискутира. На еден од претходните состаноци со Костовски му потенцирав дека јас како нов претседател на Работнички имам намера да разговарам со сите фудбалери на Работнички (и тие што се на Златибор) и на оние на кои Достаниќ не смета, но и на оние од Вардар на кои не се смета. Без разлика дали се тие млади и талентирани, дали се тие т.н фудбалери на Брацо и слично. Морате да н$ сфатите и нас од Работнички, особено мене. Ние моментално немаме играчки кадар и ќе разговараме со секого за кого сметаме дека може да дојде во клубот. Имињата не ги обелоденуваме додека не биде с$ готово. Нешто слично е и со тренерите, односно соработниците на нашиот тим - менаџер Бобан Бабунски", заврши Поповски.

З. Ѓоршоски

Сите мои пријатели сакаат да помогнат

Во јавноста веќе наголемо се шпекулира дека во новото раководство на шампионот ќе бидат и познатите спортски и фудбалски имиња Саше Петковски - Зеко и Драган Илиевски - Вршац.

"Ха, ха. Реков дека не сакам да коментирам шпекулации. И двајцата се мои пријатели и со оглед на тоа дека се во ветераните на клубот нивните имиња се ставаат во тој контекст. Јас не сум виновен што имам многу пријатели и што сите тие сакаат да помогнат околку колку што можат. А за тоа кој ќе биде во раководниот кадар стрпете се уште некој ден", дополни Поповски.

Идризи и Михајловиќ, сепак, остануваат!?

За разлика од првичните најави Менсур Идризи и Бојан Михајловиќ, најверојатно, остануваат во Работнички.

"Имам договор со клубот уште една година, вчера се слушнав со претседателот Поповски и му реков дека сакам да играм за Работнички", ни изјави Идризи.

За разлика од него Михајловиќ допрва треба да преговара со раководството на шампионот.

"Денеска или најдоцна до утре треба да знам дали ќе останам. Моментално сум дома (Лесковац - Србија) и овие денови ќе разговарам со челниците на клубот околу тоа дали останувам уште шест месеци (колку што ми трае договорот) или не", ни изјави Михајловиќ во телефонскиот разговор.

КРСТЕ ВЕЛКОСКИ:

Не сакам да потпишам за Вардар!


"Искрено не сакам да потпишам за Вардар под овие услови (потпис за 'црвено - црните' а потоа позајмица кај соседот на шест месеци). Деновиве ја чекам данската виза и заминувам (можно е до петок) на преговори со Митјиланд. Се договоров со претседателот на Работнички, Драган Поповски, во случај да нема ништо од тој трансфер да се вратам меѓу 'романтичарите'. Сакам на крајот да му заблагодарам на семејството Костовски на тоа што ми помогна да станам она што сум сега", ни изјави младиот напаѓач.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:07

ИТАЛИЈАНСКИТЕ МЕДИУМИ ПРЕНЕСУВААТ

"Ариведерчи Донадони"

Роберто Донадони од следната недела нема да биде на кормилото на националниот тим на "азурите". Ова го пренесоа италијанските медиуми во текот на вчерашниот ден, иако се појавија различни информации во врска со тоа кој ден треба да биде прекинат статусот на Донадони на функцијата селектор на актуелниот светски првак. Според едни, поранешниот италијански репрезентативец ќе добие отказ уште денес, а според други извори, челниците на италијанската фудбалска федерација ќе се сретнат со него во текот на идната недела, кога ќе му го терминираат договорот.

Донадони дојде на чело на италијанската фудбалска репрезентација по завршувањето на Мундијалот во 2006 година, кога "азурите" станаа светски прваци предводени од селекторот Марчело Липи. По заминувањето на Липи, релативно неискусниот Донадони потпиша двегодишен договор, при што имаше големи проблеми, но сепак успеа да ја внесе Италија меѓу 16-те најдобри селекции на Стариот континент, по пресметките со Франција, Шкотска и Украина во квалификациите.

Пред стартот на ЕУРО 2008 во Австрија и Швајцарија, 44-годишниот Донадони се согласи на нов двегодишен договор, со кој би ја предводел репрезентацијата од Апенините на пат кон Светското првенство во Јужна Африка, во 2010 година, на кое треба да се брани планетарниот трон. Во неговиот нов договор беше вметната клаузула за еднострано раскинување на договорот во рок од 10 дена по завршувањето на ЕП, доколку неговите избраници не забележат добар пласман, па сега се очекува националната фудбалска федерација да го искористи тој дел од документот за да изврши смена на клупата.

Италија не ги оправда очекувањата на домашната јавност со настапите на континенталниот самит, иако беше елиминирана дури по изведувањето на пенали во четвртфиналето против Шпанија. Единствената победа над Франција во рамките на "групата на смртта" против Франција, ремито со Романија и тешкиот пораз од 3:0 против Холандија, не беа доволни да се задоволат апетитите на земјата која четирипати била светски и еднаш европски шампион, па дежурен виновник едноставно мора да биде селекторот.

Инаку, самиот Донадони изјави дека нема намера самиот да понуди оставка, па останува да се види дали најавите за негов отказ ќе бидат официјализирани во наредните денови. Неговиот биланс во националниот тим е креиран од 13 победи, пет нерешени средби и пет порази, со гол-разлика 35:22.

"Воопшто не размислувам за оставка, особено што бевме елиминирани дури по пенал-лотаријата. Сепак, останува да седнеме на маса во следните денови и да видиме како стојат работите", вели Донадони пред состанокот со претседателкот на италијанската федерација, Џанкарло Абете.

Се претпоставува дека на кормилото на италијанскиот тим ќе се врати Марчело Липи, кој нема никаков ангажман, кој е обожуван од домашните фанови, по големите успеси со сите клубови во кои досега работел, а пред се во Јувентус, со кого освои речиси се што можеше да се освои на клупска сцена. Следниот меч на Италија е пријателскиот двобој со Австрија, закажан за 20 август, а ќе се одигра во францускиот град Ница.

РУСИЈА ГО ОБОЖУВА СВОЈОТ СЕЛЕКТОР

Хидинк-манија во цела Русија

За тоа каква треска предизвикаа резултатите на фудбалската репрезентација на Русија во една од најголемите светски земји, на најдобар можен начин ни илустрираат две занимливости.

Првата вели дека жители на сибирското гратче Болотное, своето новородено дете го крстиле Гус, оддавајќи му почит на извонредниот руски селектор, Холанѓанецот Гус Хидинк, кој како и по обичај го вади најдоброто од секој национален тим на чие кормило се наоѓал. Новороденчето се вика Гус Евгениевич Городников, а зборот "гус" на руски значи гуска.

Вториот к*риозитет доаѓа од полуостровот Крим, каде воодушевени фудбалски фанови му подигнаа споменик од гипс на својот селектор, како знак на почит за сите радости кои им ги приреди во последните денови со победите над Грција, Шведска и особено над Холандија во четвртфиналето. Овој споменик го креирал скуплторот Евгени Облонски, а бил подигнат за само два дена.

Русија утревечер ќе се бори за прво финале како самостојна република, по распаѓањето на СССР, иако резултатите и се припишани на оваа селекција, па така се памети една титула европски шампион од премиерниот шампионат во 1960 година и финалето од 1988 година, кога загубија од Холандија со 2:0.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:08

ПРОДОЛЖУВА НЕИЗВЕСНОСТА СО РОНАЛДО

Марка: Роналдо ќе потпише на седми јули

Претседателот на Реал Мадрид, Рамон Калдерон, вели дека и натаму не знае што ќе се случува со евентуалниот шопинг на Португалецот Кристијано Роналдо, иако шпанските медиуми сметаат дека трансферот е речиси реализиран.

"Неговата желба е најважна. Како што многупати досега повторивме, проблемот околу неговото заминување или останување во Манчестер Јунајтед е нешто што мора да се реши меѓу него и клубот. Засега Роналдо и натаму е фудбалер на англискиот клуб, а јас можам да потенцирам дека најавената сума од 100 милиони долари е сума која Реал Мадрид никогаш нема да ја плати за поединец, иако Кристијано е феноменален фудбале", вели Калдерон.

Инаку, шпанските медиуми, особено "Марка" шпекулира дека трансферот на Роналдо во редовите на "кралевите" речиси е реализиран, а дека сите детали околу неговиот документ ќе бидат обелоденети на седми јули, кога веројатно ќе биде крајниот потпис на договорот кој треба да биде изготвен овој месец.

Медиумите одат дотаму што бараат симболика во овој датум бидејќи Роналдо ја носи "седумката" на дресот на Манчестер Јунајтед и во португалската репрезентација, а објавата на седми јули би дошла само еден ден по референдумот за недоверба на претседателот на Барселона, Хуан Лапорта, со што Мадриѓаните би додале малку сол на раната на големиот ривал.

Што се однесува до самиот дрес со број седум во Реал, тој дефинитивно и во иднина ќе биде во сопственост на легендарниот Раул Гонзалес.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:09

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БАРСА, ИНГЛА, ЛОБИРА ЗА ЛАПОРТА

Изборите би ги запреле процесите во Барса

Ако членовите на Барселона му изразат недоверба на актуелниот претседател на клубот Хоан Лапорта, клубот нема да може да работи до изборот на негов наследник, предупреди потпретседателот на Барса, Марк Ингла. На две недели пред референдумот на кој над 110.000 членови на Барселона со право на глас ќе одлучуваат за можните избори, Ингла ги повика гласачите "да бидат разумни" и да го одбијат предлогот на опозицијата за изгласување недоверба на Лапорта.

"Ако раководството биде присилено да распише нови претседателски избори, нема да можеме ниту да купуваме ниту да продаваме фудбалери до почетокот на првенството, па поради тоа ќе бидеме во нерамноправна положба во однос на нашите противници", изјави Ингла.

На крајот од мај Собраните на опозиционери на сегашната управа организираше успешно собирање на потписи за референдрум за доверба на Лапорта. У беа потребни само пет проценти од сите членови, а собра девет, повеќе од доволно за да организира референдум на 6 јули. Затоа сега може да се очекува Лапорта да објави доаѓање на некое спектакуларно засилување со што би ги уверил гласачите дека треба да му се изрази доверба и да остане на својата функција.

Иако Барселона преговара со Арсенал околу трансферите на Емануел Адебајор и Александар Хлеб, се чини дека само Андреј Аршавин би можел да предизвика голем афект кај гласачкото тело. Особено ако рускиот репрезентативец придонесе во победата над Шпанија, што Каталонците притајно посакуваат и се надеваат.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:10

НА "СТ. ЈАКОБ ПАРК", ГЕРМАНИЈА И ТУРЦИЈА ВО ПРВАТА ПОЛУФИНАЛНА БИТКА НА ЕП 2008

"Панцирите" го напаѓаат десеткуваниот Император

Германија по ЕП 1996 година е на пат да се најде повторно во самата завршница на европските првенства. Вечерва, на стадионот во Базел, избраниците на Јоахим Лев во директна битка со Турција ќе се борат за ново европско финале. Лев и неговите момци пред себе ја имаат за нив во последно време страшно незгодната Турција, против која "панцирите" немаат победа цели 16 години. Последен пат Германците славеле против турската селекција во далечната 1992 година на пријателски меч и тоа со минимални 1:0. Потоа следуваа две минимални победи на Турците и еден нерешен резултат.

Германците, сепак, и покрај лошата историја на последните средби со својот полуфинален ривал, убедени се дека ќе направат добар резултат и пласман во големото финале. "Златната резерва" на Турција, Семих Шентурк, пак, е подготвен да ја преземе одговорноста на играта во нападот и да го предводи тимот на патот до финалето. Голгетерот двапати досега се најде во игра, но влегуваше од клупата и во двата случаи успеа да постигне решавачки погодоци, особено оној на дуелот во четвртфиналето со Хрватска, по кој следуваа пеналите кои Турција ја однесоа во ова полуфинале.

Со оглед на проблемите кои ги има Терим околу составувањето на најдобриот тим, речиси и нема сомнеж дека Шентурк ќе биде во првиот избор на турскиот селектор.

"Не мислам дека играв лошо во средбите каде бев стартер уште од првата минута. Можеби е мал к*риозитет, но досега бев ефикасен кога влегував од клупата. Како и секој фудбалер, така и јас сакам на оваа средба да бидам во првиот тим и да се обидам да постигнам гол за да ја однесеме Турција во големото финале. Никогаш нема да го заборавам мечот со Хрватска. Голот кој го постигнав за мене беше вистинско чудо. Нашиот тренер се однесува со нас како да ни е татко. Секогаш ми вели играј фудбал, јас знам дека можеш. Тоа дополнително ме мотивира", изјави Шентурк.

За разлика од Турците, кои имаат многу проблеми со првиот избор, особено по суспензиите на Волкан Демирел, Арда Туран, Тунчај и Сариоглу, Германците, најверојатно, со сите сили ќе нападнат во ова полуфинале. Во тимот се враќа и повредениот Торстен Фрингс, кој не можеше да го одигра дуелот од четвртфиналето со Португалците.

"Задоволен сум од сите 23 фудбалери кои тренираа денес, сите се подготвени за игра. Торстен тренира сосера нормално, иако има мал бандаж на местото каде чувствува мала болка. Мислам дека според сегашната состојба, тој ќе може да игра", изјави селекторот на Германија, Лев.

Ако се врати Фрингс во првиот тим, Лев, најаверојатно, ќе ја врати и старата концепција во играта. Фрингс и Балак по средината, а Подолски, Гомез и Клосе во нападот. Можно е да остане Гомез на клупата, а Подолски да тргне како и со Португалија во напаѓачкиот ред. На местото по левата страна може да се појави Боровски или Швајнштајгер.

Оптимизмот кај турските репрезентативци го сподели со јавноста и Казим Ричардс. И тој мора да биде во првиот избор на Терим за денешниот меч, но и далеку повеќе да покаже од она светло во кое го видовме досега на првенството.

"В среда с$ е можно. Германија е фаворит, но ние покажавме дека не се предаваме лесно на ситу еден меч и со ситу еден противник. Ќе биде многу тешко, но и тоа не н$ плаши", изјави Казим Казим.

Во Турција расте напнатоста пред дуелот. Во Германија фановите ги откажаа своите вечерни обврски само за да бидат присутни на средбата. Сите со нетрпение го чекаат вечерниот дуел од кој ќе го дознаеме првиот финалист на 13. европско првенство.

Лев: Со Турците живееме заедно, нема потреба од инциденти

Селекторот на германската репрезнетација, Јоахим Лев, изјави дека с$ уште го има во одлично сеќавање неговиот живот и работа додека беше во Турција како тренер на екипата на Фенербахче. Лев беше предводник на прославениот турски тим од 1998 до 1999 година, а две години подоцна неколку месеци работеше и како тренер во екипата на Аданаспор.

"Животот во Турција и работата како тренер во Фенербахче оставија силни впечатоци во мене. Животот од тој период е нешто што можеби и најубаво сум го поминал. Тогаш мислам дека најдобро научив како е човек да се идентификува со еден клуб".

Лев вели дека имаат големо пријателство со Турците и се надева дека и пред и за време, но и по мечот нема да има нереди во Германија и во Швајцарија.

"Се сеќавам на топлината со која бев пречекан од турскиот народ. Искрено се надевам дека средбата ќе мине без провокации меѓу навивачите. Живееме заедно во Германија и се надевам дека с$ ќе биде мирно. Ова е фудбал. Ги познавам добро Турците. Тие се голем народ", изјавил Лев.

Нови 80.000 фанови се чекаат во Базел

Властите на швајцарскиот град каде денеска ќе биде срцето на европскиот фудбал очекуваат бројка од околу 80.000 фанови на Германија и Турција кои специјално ќе пристигнат за оваа средба. Според проценките околу 50.000 Германци најавиле доаѓање во градот, како и бројка од околу 20 до 30.000 Турци.

Ако се споредуваат бројките од овој и минатиот меч кој се одигра во овој град (Холанија – Русија), сега ќе има околу 100.000 фанови помалку. За дуелот на "Зборнајата" и "лалињата" Базел пречека бројка од 180.000 навивачи.

Укината 3-та смена во германските фабрики

Неколку големи германски компании решија да ја укинат тратата смена денеска за да може работниците да отидат дома и да го гледаат дуелот со Турција во полуфиналето на ЕП. Според извештаите на германските весници, загубените часови работа ќе бидат одработени дополнително. Во Германија владее огромен интерес за оваа средба. Само пред Бранденбуршката порта на големи видеобимови околу 500.000 фанови ќе го следат мечот во живо.

КОМПАРАТИВНА СТАТИСТИКА

Лукас Подолски Семих Шентурк

3 голови 2

8 шутеви 4

4 шут. во гол 2

2 шут. крај гол 1

2 блокирани шут. 1

4 корнери 0

0 офсајди 2

0 асистенции 0

8 фаули (направени) 5

7 фаули (претрпени) 2

0 ж. картон 0

0 ц. картон 0

142 додавања 32

42 куси додавања 11

78 средни додавања 19

22 долги додавања 2

4 контранапади 1

74% успешни додавања 59%

ПОЛУФИНАЛЕ:

ГЕРМАНИЈА – ТУРЦИЈА (20:45)
Стадион: Ст. Јакоб Парк во Базел
Судија: Масимо Бусака (Шва)

ГЕРМАНИЈА:

(4-4-2)

1. Леман

3. Фридрих

21. Мецелдер

17. Мертезакер

16. Лам

13. Балак

8. Фрингс

7. Швајнштајгер

15. Хицлшпревер

20. Подолски

11. Клосе

ТУРЦИЈА:

(4-4-2)

1. Рушту

4. Зан

22. Алтинтоп

3. Балта

16. Борал

7. Аурелио

19. Ајхан

10. Карадениз

6. Топал

18. Казим Казим

9. Шентурк

МЕЃУСЕБЕН БИЛАНС:

Победи Германија: 11

Победи Турција: 3

Нерешени: 3

Голови Германија: 40

Голови Турција: 10

ПОСЛЕДНИ 10 МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ:

08.10.2005 Турција – Германија 2:1

09.10.1999 Германија – Турција 0:0

10.10.1998 Турција – Германија 1:0

30.05.1992 Германија – Турција 1:0

26.10.1983 Германија – Турција 5:1

23.04.1983 Турција – Германија 0:3

22.12.1979 Германија – Турција 2:0

01.04.1979 Турција – Германија 0:0

20.12.1975 Турција – Германија 0:5

25.04.1971 Турција – Германија 0:3

ПОСЛЕДНИ ТРИ СРЕДБИ:

ГЕРМАНИЈА:

19.06.08 Португалија – Германија 2:3

16.06.08 Австрија – Германија 0:1

12.06.08 Хрватска – Германија 2:1

ТУРЦИЈА:

20.06.08 Хрватска – Турција 1:1 (1:3 п.)

15.06.08 Турција - Чешка 3:2

11.06.08 Швајцарија – Турција 1:2

ТИМСКИ ФАКТИ:

ГЕРМАНИЈА:

Биланс на ЕП: 18-10-8

Наголем пораз на ЕП: Португалија – Германија 3:0 (2000)

Најголема победа на ЕП: Германија – Русија 3:0 (1996)

Најдобар стрелец на ЕП: Јирген Клинсман - 5

Најмногу настапи на ЕП: Клинсман и Хеслер по 13

ТУРЦИЈА:

Биланс на ЕП: 3-2-6

Наголем пораз на ЕП: Турција – Данска 3:0 (1996)

Најголема победа на ЕП: Турција – Белгија 2:0 (2000)

Најдобар стрелец на ЕП: Четворица по 2 гола

Најмногу настапи на ЕП: Рушту - 8

ИНТЕРЕСНО...

* Турција по вторпат се наоѓа во полуфиналето на некое големо фудбалско натпреварување. За првпат момците на Шенол Ѓунеш играа во полуфинале на СП 2002.

* Во квалификациите за ЕП 2000 Турција и Германија играа во иста група. Прво Турците славеа во Бурса со автоголот на Оливер Кан, а на гости одиграа нерешено 0:0.

* Тројца сегашни германски репрезентативци играа во група со Турција на европското првенство за играчи до 19 години во 2004. Гомез, Адлер и Цансен се најдоа во тимот кој ремизираше (1:1) против Турција.

* Пјотр Трочовски е последниот Германец кој постигнал гол во победа над Турција. Во прелиминарната рунда на ЕП за играчи до 19 години во 2002 година, Трочовски погоди за победа од 2:1.

* Кевин к*рањи и натаму го очекува својот јубилен 50-ти меч за Германија. Досега одигра 49.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 10:54
Риека фаворит, Ренова во предност

Умерен оптимизам кај „гипсарите “пред реваншот од Интер-тото купот в сабота

ТЕТОВО - Хрватскиот претставник во Интер-тото купот Риека е фаворит, но членот на македонската Прва лига од Џепчиште, Ренова, е во извесна предност по првиот натпревар одигран на „Кантрида“. Одговорните меѓу „гипсарите“ на вчерашната средба со новинарите, сепак, со умерен оптимизам особено и поради фактот што Ренова првпат настапува на европска сцена и со успешно презентирање на македонскиот фудбал.

„Риека е фаворит со оглед на големото меѓународно искуство и силниот состав во кој настапуваат високи фудбалери со големи индивидуални и колективни вредности. Ние нема да браниме 0:0 туку ќе настојуваме со многу трчање, брзи контранапади, дисциплинирано во текот на целиот натпревар да избориме резултат што ќе не' води во наредното - второ коло. Ренова веќе постигна историски резултат на првата средба, но историски успех ќе биде ако ја победиме Риека“ рече шефот на Стручниот штаб, Влатко Костов.

Тренерот на Ренова смета дека на првата средба бил остварен поволен резултат благодарејќи на колективната игра, максималното залагање и големата желба за успех. Според Костов, Риека ќе допатува во Скопје без двајца клучни играчи, Иванов, кој веќе се вратил во својата земја, Бугарија, и репрезентативецот на Хрватска, Шарбини, поради повреда. „Ние не знаеме дали до сабота ќе ја залечи повредата нашиот играч Стојанов. Имаме и други дилеми во составот, иако костурот ќе биде оној што настапи на „Кантрида“. Капитенот Фисних Нухиу во името на сите фудбалери го пренесе големото задоволство од поволниот резултат на првата средба.


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Јуни.2008 во 16:30
ФУРИЈАТА" ВТОР ПАТ НА ОВА ПРВЕНСТВО ЈА СОВЛАДА РУСИЈА И ОБЕЗБЕДИ ПЛАСМАН ВО ФИНАЛЕТО НА ЕУРО 2008

Шпанија го знае лекот за Русите

РУСИЈА - ШПАНИЈА 0:3 (0:0)
Стрелци: Чави 50', Гуиза 73', Силва 82' (Ш)
Стадион: Ернст Хапел во Виена. Гледачи: 53.000
Главен судија: Франк де Блекере од Белгија
Жолти картони: Жирков, Биљалетдинов (Р)

РУСИЈА:

1. Акинфеев

22. Анјуков

2. В.Березуцки

4. Игнашевич

18. Жирков

11. Семак

17. Зирјанов

20. Семшов

(56' - 15. Биљалетдинов)

9. Саенко

(57' - 21. Сичев)

19. Пављученко

10. Аршавин

ШПАНИЈА:

1. Касиљас

15. Рамос

4. Марчена

5. Пујол

11. Капдевиља

6. Иниеста

8. Чави

(69' - 14. Чаби Алонсо)

19. Сена

21. Силва

7. Виља

(35' - 10. Фабрегас)

9. Торес

(69. - 17. Гуиза)

Репрезентацијата на Шпанија е подготвена за втората европска шампионска титула. По пауза од 24 години, "фуријата" повторно ќе игра во финале на едно европско првенство и ќе се потруди повторно да стигне до златниот медал што би бил прв по оној во 1964 година освоен на домашен терен. До финалниот натпревар на првенството во Австрија и Швајцарија, момците на Луис Арагонес стигнаа сосема заслужено откако по втор пат за 15 дена ја "прегазија" Русија и ја испратија дома со нови три гола во мрежата. Од осум примени погодоци на овој шампионат, Русите примија дури седум од вчерашниот противник.

Впечаток е дека сегашната генерација на шпанскиот национален тим е убедливо најзрела од сите во претходните две децении. Дури сега се покажува дека не биле во право сите оние кои во досегашниот период го критикуваа селекторот Луис Арагонес бидејќи 69-годишниот стручњак создаде компактна целина која е подготвена за секој противник, но и која е доста млада, па може да доминира во Европа и светот најмалку уште пет-шест години. Иако многумина очекуваа вчерашниот натпревар да биде тврд до самиот крај, а првото полувреме најави такво нешто, во вториот дел шпанските фудбалери ја покажаа целата своја сила. Освен што успешно го запреа најдобриот руски репрезентативец Андреј Аршавин, константно го напаѓаа голот на Игор Акинфеев, а во исто време не дозволија Касиљас да има поголеми проблеми. Ако не беше повредата на Виља пред крајот на првото полувреме и ако Торес беше малку порасположен за игра, Шпанија вчера можеше да постави нов рекорд според бројот на постигнати голови на европските првенства.

Дека "фуријата" има сериозни намери на овој натпревар се виде уште на стартот од мечот, односно по првата шанса на Фернандо Торес уште во петтата минута. Потоа се заканија уште Виља и Силва, но Акинфеев имаше среќа, па резултатот до полувремето остана непроменет имајќи предвид дека Русија воопшто немаше можност за гол ако не се бројат неуспешните обиди за шут на Пављученко. Се она што беше вредно се случуваше во вториот дел. По само пет минути игра Иниеста се проби по левата страна, нафрли ниско пред голот на Акинфеев, а Чави на атрактивен начин го отвори резултатот. Русија мораше да се отвори, но тука беше средниот ред и одбраната на Шпанија која не дозволи да се размавнат Аршавин, Зирјанов и Пављученко. Повредата на Виља се покажа како добра за Арагонес бидејќи на негово место влезе Фабрегас кој прекрасно асистираше при вториот и третиот гол за својата репрезентација. Прво, во обид да го проигра Силва преку целата одбрана, топката стигна до Гуиза кој непречен од никого зголеми на 2:0, а на осум минути пред крајот по еден контранапад го послужи и Силва за неговиот прв гол на ова првенство и за уште една убедлива победа на шпанската репрезентација.

Финалето во недела ќе го играат Шпанија и Германија, тоа е прв случај овие две репрезентации да се сретнат меѓу себе во завршниот натпревар на едно европско првенство, а може да се очекува добар фудбал бидејќи заедно на овој шампионат постигнаа 21 гол.

ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ:

Ова е четврти пат на европските првенства две екипи да се сретнат два пати на еден шампионат. Последен пат тоа се случи на ЕУРО 2004 кога во првиот и во последниот меч играа Португалија и Грција. И во двата меча, Шпанија беше поуспешна.

Заедно со вчерашниот натпревар, репрезентативците на Русија имаат вкупно 517 настапи за националниот тим, најмалку од сите земји-учесници на овој шампионат.

Шпанија ја продолжи успешната серија кога станува збор за полуфиналните натпревари од европските првенства. И во третиот меч во оваа фаза во својата историја, "фуријата" оствари победа по оние во 1964 и 1984 година.

Шпанија ја совлада Русија по трет пат на последните две европски првенства. На сите три меча заедно, Шпанците постиигнаа вкупно осум гола, а примија само еден.

Шпанија на продолжи серијата од 21 натпревар (18 победи и три нерешени) без пораз на официјалните средби. Последен пат Романија загуби во ноември 2006 година со 1:0. Најдолгата серија изнесува 31 меч без пораз, а е остварена во периодот од септември 1994 до ноември 1997 година.

Со трите гола вечерва, Шпанија стана најефикасна репрезентација на европското првенство со вкупно 11 погодоци.

Луис Арагонес стана најстариот селектор што успеал да се пласира во финале на едно европско првенство. Во недела тој ќе има 69 години и 337 дена и за четири години ше го надмине Ото Рехагел од претходниот шампионат.

Прв пат на ова првенство Санти Казорла не влезе во игра на местото на Андрес Иниеста.

Гус Хидинк трет пат губи во полуфинале на големо натпреварување, прв пат како селектор на Русија. На чело на Холандија на Мундијалот во 1998 година доживеа пораз од Бразил, четири години подоцна предводејќи ја Јужна Кореја загуби од Германија, а сега со Русија од Шпанија.

ИГРАЧ НА НАТПРЕВАРОТ:

МАРКОС СЕНА (Шпанија)

Без многу помпа, фудбалерот на Виљареал одлично си ја врши својата работа во репрезентацијата на Шпанија. Натурализираниот Шпанец и вчера беше командант на одбраната иако неговата позиција е во средниот ред. Комплетно успеа да го неутрализира Андреј Аршавин, но и целиот среден ред на руската репрезентација која го одигра можеби најслабиот меч на првенството. Со тоа, Сена му порача на Аршавин дека нема што да бара во шпанското првенство.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Јуни.2008 во 16:30

ТУРЦИЈА НЕ УСПЕА ДА СЕ НАДМИНЕ УШТЕ ЕДНАШ И ДА И СЕ ИСПРЕЧИ НА ГЕРМАНИЈА НА ПАТОТ ДО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ

Германците им покажаа како се игра до 90. минута!

Едно време англискиот фудбалски репрезентативец Гери Линекер рече "Фудбалот е проста игра. Играат 11 фудбалери против 11 други, а на крај секогаш победуваат Германците..."

Овој пат Германија успеа да им покаже на жилавите турски репрезентативци како се игра до 90. минута. Победувајќи на минута пред крајот и обезбедувајќи си прво евро-финале по пауза од 12 години.

Германија е прв финалист на ЕП 2008. По голема фудбалска драма на "Ст Јакоб Парк" во Базел, "панцирите" ја враќаат сликата за 1996 година и нивното шампионско однесување во Англија. Ако пред 12 години успеаја на пенали да ја минат Англија, овој пат во претпознатлив стил успеаја да го решат полуфиналето во последната минута од регуларните 90 на натпреварот. Сега останува само финалната пресметка, па "Елф" да се врати на европскиот престол. Автор на победничкиот гол на Германија беше дефанзивецот Филип Лам, кој само неколку минути откако направи грешка по која Турција израмни на 2:2, успеа да ја поправи грешката и со еден прекрасен погодок да го трасира патот на својата селекција кон големото финале. Германците и на овој меч покажаа типична германска волја за игра и желба за успех. Во ниту еден момент не потценувајќи го противникот и не дозволувајќи му премногу да ја користи топката пред противничкиот шеснаесетник.

Многумина во своите коментари по мечот рекоа дека Турција, сепак, беше подобриот тим на средбата.

"Германија беше надиграна во сите елементи од фудбалската игра. Германците имаа голема среќа. Тие покажаа типичен германски дух и затоа победија. Турците оставија силен впечаток, особено по досега одлично завршените минати две средби. Фудбалерите на Фатих Терим ја натераа цела Европа за нив да зборува со голема решителност", напишаа руските весници, кои многу повеќе внимание му даваат на дуелот на нивната репрезентација, не заборавајќи дека Германците, сепак, остануваат најголемиот фаворит за освојување на европското злато.

За разлика од европските медиуми, кои им даваат предност во играта на Турците, германските се задоволни од момчињата на Лев, кои се потрудија да го реализираат потцртаниот план и да & овозможат на германската нација радост по повторниот пласман во завршницата на едно големо натпреварување. Весникот "Билд" во коментарот за средбата напиша:

"Истовремено, ова е толку чудесно, но беше и толку ужасно. Фантастично е како нашите момчиња постојано се враќаа во игра и се бореа за секоја топка, за секој напад. Головите за 1:0 и 2:2 беа вратени за само неколку минути. С$ беше како во сон. Неверојатно беше како Лам погоди во последната минута. Господи! Ни отидоа нервите. Со ваква борба и морал ќе станеме шампиони. Момчиња, го посакуваме шампионскиот пехар".

И останатите германски весници не криеја зборови за да го опишат задоволството кое им го приредија нивните миленици. Весникот "Кикер" истакна дека Лам е човекот херој на Германија. Иако имавме слабо претставување, сепак, отидовме во финалето, вели коментаторот на "Кикер".

И останатите медиуми споменуваат дека ова беше можеби најслабиот меч на Германија на ова ЕП, послаб и од оној во кој загубија од Хрватска. Иако сите очекуваа продолженија, Германија се избори за решение во регуларниот дел. Овој пат, сметаат медиумите во Германија, конечно, среќата ги напушти Турците, кои овој пат немаа можност во завршните моменти да се изборат за нова европска сензација.

Турците ги остварија своите соништа. Иако не успеаја да се најдат во финалето, сепак, Терим и неговата војска успеа да стигне во големата евро-четворка. Ова е голем (најголем) успех на тускиот репрезентативен фудбал. Најавија дека оваа земја и на следните настапи на големите натпреварувања ќе биде голем тим. Тим за успеси. Пред Германија е и последниот чекор до престолот. Останува да се подготви за последната битка, овој пат на мегдан во Виена.

ПО ПОРАЗОТ ОД ГЕРМАНИЈА

Рушту најави повлекување, Терим го предомислуваат

Голманот на турската фудбалска репрезентација, Рушти Речбер, најави дека ја завршува својата кариера во националниот дрес. На средбата со Германија Рушту го доигра својот 118. меч за Турција, но за негова несреќа заминува во пензија по пораз и елиминација на неговата земја на ова европско првенство.

"Ја завршувам својата кариера во националната селекција, во која настапував со гордост и срце цели 14 години. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме поддржуваа и ми помогнаа. Се гордеам со момчињата од мојата селекција, знам дека и во иднина можат да постигнат многу", изјави Рушту.

За разлика од него, Терим иако најави дека по поразот од Германија си заминува од кормилото на турската селекција, сепак, претседателот на Федерацијата, Доган, најави дека ќе го премислува. Тој веќе му закажал состанок со играчите и со членовите на Федерацијата на кој ќе разговарат за негово останување на кормилото на селекцијата. Терим најави дека сака следната сезона да седне на клупата на некој европски тим.

Турскиот претседател горд на репрезентативците

"Можеме да бидеме горди и задоволни од начинот на кој нашата земја се претстави на ова европско пренство. И покрај тоа што отпаднавме од натамошните натпревари, Турција играше видна улога на овој шампионат", изјавил турскиот претседател Абдулах Ѓул за националната телевизија.

Тој го следеше полуфиналето во Базел од свечената ложа заедно со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на УЕФА, Мишел Платини.

Германците палеа дуќани и турски знамиња

Група германски момчиња на возраст околу 18 години запалиле два дуќани во градот Дрезден веднаш по победата на Германија од 3:2 над селекцијата на Турција. Двајца работници биле повредени.

Други 20 до 30 фанови на бундестимот во саксинската област, пак, запалиле неколку турски знамиња. Во градот Кемниц полицијата морала да се појави на улиците со зголемени сили за да ги запре евентуалните инциденти во напнатата атмосфера меѓу навивачите на двете репрезентации. Шестмина полицајци биле повредени, а неколку автомобили на полицијата се искршени.

Во Базел се собраа над 100.000 фанови на двата тима. Полицијата не јави за сериозни нарушувања на јавниот ред, освен 21 уапсен навивач во обид да предизвикаат инциденти пред стадионот. Деветмина се примени во болница поради нарушено здравје.

ИЗЈАВИ ПО МЕЧОТ :

Оливер Бироф (спортски директор на Германија):

"Бевме многу напнати и под голем притисок, но покажавме силни нерви. Успеавме да се вратиме по лошиот старт и дури да дојдеме до победа на крајот на средбата. Се гледа дека шест дена одмор на се одразуваат добро на екипата. Се губи ритамот. Во финалето мора да играме подобро, ако сакаме да победиме".

Гокхан Зан (Турција):

"Тоа беше еден од нашите најдобри натпревари под раководство на Фатих Терим. Покажавме пред цела Европа што можеме и покрај сите проблеми кои ги имавме на играчки план. Немавме среќа на крајот".

Торстен Фрингс (Германија):

"Играта денеска не ни одговараше, но, сепак, успеавме да ги искористиме нашите шанси. На најдобар начин се пласиравме во финалето. Ми реков на селекторот Лев дека ако има потреба од мене да ме стави во игра. Му благодарам и на господ затоа што издржав и јас и моите соиграчи".

Бастијан Швајнштајгер (Германија):

Ова беше исклучително напнат меч. И времето беше доста непријатно. Требаше многу да трчаме, затоа што Турците ја држеа топката во своите нозе. Многу се заморивме, но успеавме. Успеавме да ги победиме на нивен начин. Не ми е јасно, сепак, зошто толку тешко игравме".

Сених Шентурк (Турција):

"За жал, загубивме во меч во кој ние го имавме главниот збор. Имавме и повеќе време да ја држиме топката и да смислиме уште некоја шанса. Овој пат загубивме на начинот на кој ние победувме на послендиот меч. Многу сум несреќен".



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Јуни.2008 во 16:31

ВЕСТИ ОД ЕП - ФРАНЦУСКАТА ЛЕГЕНДА ИМПРЕСИОНИРАНА ОД ХРВАТОТ

Платини: Модриќ може да биде најдобра "десетка" во Европа

Легендата на светскиот фудбал, Французинот Мишел Платини вели дека хрватскиот ас Лука Модриќ, кој од следната сезона ќе настапува во лондонски Тотенхем, може да стане најдобрата "десетка" во Европа во следните неколку сезони.

"Модриќ ме потсетува на мене во деновите кога барав идентитет и вистинска поддршка во екипата. Модриќ ги има сите предиспозиции да биде лидер, технички брилијантен, но се става и во позиција да биде жртва на екипата. Би било потребно екипата донекаде да се адаптира на него, место тој да работи с$ за нив. Сметам дека на тој начин би биле подобри и самиот Модриќ и хрватската репрезентација", истакнал Платини.

ШПАНСКИОТ СЕЛЕКТОР ГО ДЕМАНТИРА ПРЕОДОТ ВО ИСТАНБУЛ

Арагонес: Не сум се договорил со Фенербахче

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, 70-годишниот Луис Арагонес, беше исклучително лут на турскиот тим Фенербахче, кој на својата интернет адреса го прогласи за нов тренер, па самиот реши да ја демантира таа вест која ја нарече неетички потег од страна на турскиот клуб.

За Арагонес веќе одамна се знае дека ќе се повлече од шпанскиот национален тим по завршувањето на ЕП, но и дека не планира да ја заврши кариерата. Фенербахче веќе подолго време е поврзуван со негов ангажман, но, по с$ изгледа, предвреме е соопштено дека е постигната взаемна согласност.

Паралелно се појавија информации дека шпанскиот Сојуз му понудил нов двегодишен договор, со кој тој би ја водел селекцијата на Мундијалот во 2010 година во Јужна Африка, но самиот тренер ги отфрла и овие шпекулации велејќи дека нема да биде предомислен да остане на кормилото на националниот тим како што тоа се случи по завршувањето на СП во 2006 година.

"Ниту Луис има нешто потпишано со екипата на Фенербахче, ниту тој преговарал со Сојузот. Едноставно кажано, не сум потпишал со ниту еден клуб и не можам да сфатам како тие информации можат да се нарекуваат официјални. Немаше понуда за обновување на договор со шпанската селекција, а работата веќе неколкупати беше дискутирана и разрешена", вели луцидниот шпански селектор, кој сепак смета дека овие работи не го исфрлиле од колосек во однос на синоќешното полуфинале помеѓу Шпанија и Русија.

СЕЛЕКТОРСКА СМЕНА ВО ИТАЛИЈА

Липи се враќа, Донадони официјално замина

Според информациите во италијанските медиуми, Марчело Липи од понеделник и официјално треба да се врати на кормилото на националниот тим на "азурите". Како што се наведува, селекторот кој на Италија & ја донесе четвртата титула светски првак на последниот Мундијал пред две години се одржа во Германија, веќе се договорил за двегодишен договор со претседателот на италијанската фудбалска федерација, Џанкарло Абете, а официјалната потврда се очекува на стартот на следната недела.

Според "Газето дело Спорт", Марчело Липи треба да прима по 1,2 милиони евра во нето плата, иако преговорите ги почна со побарувачка од два милиони евра по сезона.

Инаку, официјалната разделба на италијанската репрезентација со досегашниот селектор Роберто Донадони се случила вчера, за време на неформалниот состанок меѓу него и Абете. Иако самиот Донадони веќе најави дека не планира самиот да се повлече од функцијата, клаузула во неговиот договор потпишан пред почетокот на ЕП велеше дека италијанската федерација има, а и веќе го искористи тоа право за раскинување на документот.

Ова е неминовна последица на општото незадоволство на јавноста од изведбите на Италијанците на последното ЕВРО, во кое беа елиминирани во четвртфиналето, по послабото изведување на пенали од Шпанија, но најмногу разочара самата игра на "азурите" на 13. турнир на најдобрите селекции на Стариот континент.

РУСИНОТ НА ЧЕКОР ДО ОСТВАРУВАЊЕ НА СВОЈОТ СОН

Аршавин многу блиску до Барселона

Откако самиот фудбалер најави дека има огромна желба да го носи дресот на Барселона, шпанскиот тим веќе ги почна преговорите за ангажман на рускиот репрезентативец Андреј Аршавин. Членот на актуелниот освојувач на Купот на УЕФА, Зенит од Санкт Петерсбург, изјави дека Барселона е неговиот клуб од соништата и дека би сакал да игра на Ноу Камп, што значи дека каталонскиот тим има огромна предност во трката по него, во која се и многу други славни европски клубови.

"Барселона направи формална молба да го купи Аршавин од нас. Ќе разговараме околу тоа кога Андреј ќе се врати во Зенит, по завршувањето на обврските кон Русија на Европското првенство во Австрија и Швајцарија", изјави спортскиот директор на Зенит, Константин Сарсанија.

Според сето ова, не е многу тешко да се заклучи дека Барселона нема да пропушти да го ангажира фудбалерот кој блескаше на мечевите со Шведска и Холандија, а за кого сериозен интерес пројави и Арсенал кој понуди над 20 милиони евра за неговите услуги.

МЛАДАТА ТУРСКА ЅВЕЗДА БЛИСКУ ДО КАЛЧОТО

Јуве и Милан најзагреани за Арда Туран

Одличниот 21-годишен турски репрезентативец Арда Туран, кој беше еден од најдобрите поединци во извонредниот турски состав на ЕП во Австрија и Швајцарија, во моментов е една од најпосакуваните цели во фудбалска Европа. Фудбалерот на Галатасарај, чија природна позиција е да игра како еден од поистурените играчи од средината на теренот, деновиве е сериозен предмет на интерес од страна на екипите на Јувентус и Милан.

Италијанскиот печат смета дека предност во трката за Туран има Јувентус, кој е подготвен да понуди шест милиони фунти и првата врз својот играч од средината, Серџо Алмирон.

"Во моментов не можам да кажам каде Арда Туран ќе настапува во следната сезона, иако мислам дека повеќе од јасно е дека тоа ќе биде Италија. Единствено не се знае името на клубот. Кога ќе заврши ЕП, официјално ќе се изјасниме околу неговиот трансфер. Бидејќи за него имаше голем број на интересенти во последните триесет дена, ќе мораме детално да ги разгледаме понудите на сите клубови", изјави неговиот менаџер, Ахмет Булут.

ГЕРМАНСКИОТ ТИМ СЕ ИЗЈАСНИ ЗА УСЛОВИТЕ ПОД КОИ БИ СИ ЗАМИНАЛ ХРВАТОТ

Хамбургер бара осум милиони евра отштета за Олиќ

Искусниот напаѓач на хрватската репрезентација, 29-годишниот Ивица Олиќ може да го напушти тимот на Хамбургер само доколку потенцијалниот купувач е подготвен да даде осум милиони евра во отштета.

"За Ивица се заинтересирани повеќе европски клубови, но бидејќи тој с$ уште е под договор со нас, тој што ќе сака да го ангажира ќе мора да плати сума од осум милиони евра како отштета што го раскинува договорот со нас", се вели во соопштението на германскиот клуб.

Олиќ има договор со Хамбургер до 2009 година, но во последно време за неговите услуги, исклучително заинтригиран беше составот на Ливерпул. Доколку ниту еден клуб не ја исплати очекуваната сума за него, ќе мора да се појави на подготовките за новата бундеслигашка сезона на 14 јули.

Олиќ летово веќе оствари еден премин, со оглед на тоа што го замени својот спонзор, односно место досегашниот договор со Адидас, сега зад него стои Најк, кој на неговото конто ќе му испорачува по 150.000 евра годишно.

НЕОБИЧНА СТИМУЛАЦИЈА ЗА РУСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ

По две манекенки за секој што ќе и даде гол на Шпанија !!!

Московскиот сопственик на елитен сервис за запознавање, Пјотр Листерман, им даде необично ветување на руските репрезентативци во пресрет на синоќешното полуфинале со Шпанија. Тој рече дека за секој постигнат гол против "фуријата" фудбалерот што ќе биде реализатор ќе биде награден со две врвни руски манекенки.

"Мислам дека тоа е одлична иницијатива и стимулација, особено ако се знае дека ние сме млада селекција во која има многу фудбалери кои се ергени", вели Андреј Аршавин.

Што се однесува до авторот на ова идеја, Листерман е познат како човек кој веќе со години спојува манекенки со припадници на богатата руска класа.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 28.Јуни.2008 во 13:12
Ренова пишува нова клубска историја

Со агресивна игра и во победничка атмосфера фудбалерите на Ренова попладнево на "Градски" во Скопје (17 часот) ја пречекуваат хрватска Риека во реванш мечот од првото коло во Интер-тото купот во кој македонскиот прволигаш од Џепчиште се надева дека ќе постигне гол повеќе од противникот и ќе ги продолжи настапите во летното клупско натпреварување на УЕФА.

Раководството и фудбалерите на Ренова најавија дека нема да се бранат, туку ќе одат на поволен резултат против хрватскиот тим Ријека. По нерешениот резултат (0:0) од првиот дуел на Кантрида во Ријека, пред реваншот во Скопје, денеска во 17 часот во таборот на Ренова се оптимисти дека македонскиот претставник ќе оди во следната фаза од натпреварувањето.

"Од првата минута нема да се браниме, туку со дисциплинирана игра и максимален учинок на сите играчи преку брзи контри ќе се бориме да стигнеме до поволен резултат. Имаме информации дека гостите на реваншот во Скопје ќе допатуваат без двајца стандардни играчи" - изјави на пресконференцијата шефот на стручниот штаб Влатко Костов.

За денешниот реванш натпревар на Градскиот стадион во Скопје најавени се организирани навивачки карвани за да дадат поддршка на Ренова во остварувањето на историскиот успех и пласман во второто коло од Интертото купот.

Судиската тројка на мечот доаѓа од Велс. Главен судија е Симон Ли Еванс, ќе му асистираат Филип Батис и Брајан Џејмс.



Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 30.Јуни.2008 во 14:56
УЕФА ги избра Топ 10 фудбалерите на ЕВРО 2008

Експертите на европската фудбалска куќа направија листа од десет најдобри фудбалери на овогодинешното Европско првенство, а меѓу нив нема фудбалери од Италија и Франција.

Листата на играчи ја предводат фудбалерите на Шпанија и Германија. Финалистите дадоа вкупно шест фудбалери, а останатите четири играчи доаѓаат од Хрватска, Турција, Русија и Холандија.

Топ 10 фудбалери на ЕВРО 2008:
1. Икер Касиљас, Шпанија
2. Карлес Пујол, Шпанија
3. Маркос Сена, Шпанија
4. Давид Виља, Шпанија
5. Михаел Балак, Германија
6. Бастијан Швајнштајгер, Германија
7. Андреј Аршавин, Русија
8. Весли Снајдер, Холандија
9. Хамит Антилтоп, Турција
10. Лука Модрич, Хрватска


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:14

ДЕНЕСКА ВО НИОН ЖДРЕПКА ЗА ПРВОТО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ВО КУПОТ НА УЕФА

Милано и Пелистер ги добиваат противниците

* Славниот Хајдук Сплит е еден од можните противници на нашите претставници во најмасовното европско натпреварување

За Милано и Пелистер денеска во центарот на вниманието ќе биде ждрепката за првото квалификациско коло во Купот на УЕФА која започнува во 13:30 часот во швајцарскиот град Нион. Двата наши претставници во најмасовното натпреварување на стариот континент ќе може да добијат противници од земјите од јужно-медитеранскиот регион. Можните противници се: Хапоел Тел Авив и Хапоел Ирони од Израел, бугарскиот Черно Море, Апоел и Омонија од кипарскиот шампионат, Интерблок и Копер од Словенија, а како можни противници се и босанските претставници Зрински и Широки Бријег. Најзвучно име од оние кои може да се "паднат" е Хајдук од Сплит, а од Хрватска тука е и Славен Белупо.

Првите натпревари се играат на 17 јули, додека реваншите се 14 дена подоцна. Финалето на ова натпреварување ќе се одигра следната 2009 година на 20 мај во турскиот град Истанбул на стадионот "Шукру Сарачоглу", домот на гигантот Фенербахче.

ЖДРЕПКА ЗА ПРВО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО НА КУПОТ НА УЕФА 2008/2009

ЈУЖНО ЕВРОПСКО-МЕДИТЕРАНСКА ЗОНА

НОСИТЕЛИ


Хапоел Тел Авив (Изр) 21.197

Черно Море (Буг) 7.644

Хајдук (Хрв) 6.836

Хапоел Ирони (Изр) 5.197

Славен Белупо (Хрв) 3.836

Апоел (Кип) 3.327

Омонија (Кип) 3.327

Интерблок (Сло) 3.272

Копер (Сло) 3.272

Зрински (БИХ) 2.805

Широки Бријег (БИХ) 2.805

АУТСАЈДЕРИ

МИЛАНО (МКД) 2.090

ПЕЛИСТЕР (МКД) 2.090

Вадуз (Лих) 1.815

Влазнија (Алб) 1.210

Партизани (Алб) 1.210

Бикиркара (Мал) 0.275

Марсакслок (Мал) 0.275

Могрен (Ц.Гора) 0.165

Зета (Ц. Гора) 0.165

Сант Јулија (Анд) 0.165

Јувенес Догана (С.Мар.) 0.082

ПРОТИВНИЦИТЕ ОД СЛОВЕНИЈА И ОД БИХ БИ БИЛЕ ИДЕАЛНИ ЗА МИЛАНО

Желбата е Зрински, може и Копер


Милано за прв пат во својата историја ќе игра во едно од европските натпреварување. Овој историски успех беше обезбеден во дебитантската сезона во "елитата" во Македонија. Денеска кумановскиот тим со нетрпение го очекува својот противник за Купот на УЕФА.

Нивните желби се да добијат еден од противниците од Словенија или од БиХ за што смеетаа дека полесно ќе минат, иако за атрактивноста без сомнение желбата е хрватскиот сплитски гигант Хајдук.

"Веднаш ќе ви кажам дека сакам противник да ни биде Зрински, а може и Копер", одговори тренерот Билбил Соколи откако му беа соопштени можните противници на неговиот тим Милано.

"Сметам дека против овие два тим би имале шанси. Според мене тоа се екипи кои одговараат на нашиот стил на игра. За очекувањата во ова натпреварување не можам да кажам затоа што Милано се уште бара засилувања. Имаме еден млад тим но перспективен кој ќе даде се од себе за што подобро да се претстави во Европа. Сигурно дека ќе дадеме се од себе. Секој натпревар за нас во ова натпреварување ќе биде историски. Ако зборуваме за атрактивност, тогаш се разбира, тоа е Хајдук", истакна Соколи.

Во Нион Милано ќе има три претставника: сопственикот Бајруш Сејдии, претседателот Бајруш Велији и потпретседателот Фатмир Сулејманов.

Г. Б.

ПЕЛИСТЕР ГО ПОСАКУВА ХРВАТСКИОТ ГИГАНТ ЗА ПРОТИВНИК

Дајте го Хајдук!


Пелистер е екипа со меѓународно искуство откако во минатото има настапи во Интер-тото Купот како и во Купот на УЕФА. Во најмасовното евро натпреварување во 2001 година Пелистер ги одмери силите со Сент Гален. Најпрво Швајцарците победија среде Битола со 0:2 а реваншот го добија битолчани со 2:3.

Третопласираниот од минатото првенство едногласно го посакува Хајдук за противник во првото квалификациско коло во Купот на УЕФА, пред се поради атрактивноста.

"Би било убаво за мене да биде Хајдук. Пред се овој тим е попривлечен за разлика од другите. Знаејќи во поранешна Југославија дека станува збор за голем тим, и екипа која има гостувано во Битола. Инаку по квалитет е некаде на исто рамниште со Хапоел, Омонија... Исто така ги посакуваме и противниците од Словенија. Тие негуваат ист фудбал како нас. Знаеме дека лани Работнички ја елиминираше Горица. Во секој случај кој и да ни падне сигурно дека ќе биде доста тежок меч. Навистина само ми е жал што натпреварот нема да се игра во Битола за да им овозможиме на гледачите да проследат навистина еден ваков дуел. Во моментов не исполнуваме критериуми но се надевам дека ќе го средиме стадионот во иднина ваквите евро натпревари ќе ги играме во Битола", истакна директорот Тони Мицевски.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:15

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА 13. ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

Шпанија ја слави втората континентална титула

Шпанија долго чекаше, долго беше етикетирана како "лузер" на големите приредби, па иако секогаш беше меѓу фаворитите, ретко се пробиваше и меѓу најдобрите четири, но по 44 години пауза, конечно дочека да се израдува на енормен успех, освојувајќи ја титулата од 13. Европско првенство кое се одигра во Австрија и Швајцарија.

Наполно заслужениот триумф на "црвената фурија" доаѓа како последица на извонредната дисциплина во тимот во кој никој не сакаше да биде ѕвезда, максималната несебичност и големата борбеност, која само се надоврза на вонсериските таленти на грото од фудбалерите кои беа меѓу најмладите она ова ЕП. За Шпанците ова е втора континентална титула, по онаа во 1964 година, кога предводени од легендарниот Луис Суарез, во мадридското финале беше совладана селекцијата на СССР.

"Одигравме одлично на целиот турнир и бевме подобриот опонент во сите натпревари кои што ги игравме. Во ниту еден меч не победивме само поради факторот среќа, а главна заслуга за тоа има шефот, односно нашиот селектор. Ако се сеќавате, пред 18 месеци загубивме од Северна Ирска, но Арагонес остана со селекцијата и поради тоа секоја чест за него. Тој е најзаслужен за овој успех. Меѓутоа ова е трофеј кој го освои целата екипа и сите сме среќни што бевме дел од овој историски резултат. Ја направивме нашата нација горда и сега ќе уживаме, вели Виља, кој беше најдобар стрелец на ЕП со четири погодоци, со што беше најскромниот "бомбардер" по 1992 година, кога првите стрелци имаа само по три реализации.

Овојпат јунаци се 70-годишниот селектор Луис Арагонес, Давид Виља кој поради повреда не настапи во финалето, најдобриот фудбалер на првенството Чави Хернандез, стрелецот на шампионскиот гол Фернандо Торес, златната резерва Дани Гуиза, првиот Бразилец со титула од ЕП, Маркос Сена, голманот Икер Касиљас, но и сите останати играчи кои истрчаа во дресот на "црвената фурија" и донесоа ретко видена "фиеста" на улиците ширум Шпанија.

"Мојата работа е да постигнувам голови, но ова е победа на целата екипа, победа поради нашата извонредна игра на целиот турнир. На прашањето кое сите ми го поставуваат, односно дали ова ми е најдрагиот гол во кариерата, велам да, тоа е гол за титула, а јас досега ретко сум освојувал трофеј. Тоа беше погодок за трофеј за мојата земја, може ли нешто да биде послатко, рече голгетерот на Ливерпул, Фернандо Торес по финалето, во кое за првпат по 12 години, пехарот повторно повторно се предаваше на трибините, а не на теренот.

"Пред финалето побарав само голема концентрација од моите фудбалери и да не ја губат топката лесно, да се обидат да ја држат што е можно подолго и топката постојано да оди со прецизно додавање. Тоа го правевме во текот на целиот турнир и во најголемиот дел од финалниот меч и затоа се гордеам како тренер, бидејќи игравме како што сакав и како што трениравме во текот на минатите недели, рече Луис Арагонес, кој пред финалето изјави дека Шпанија за две години ќе биде светски првак на Мундијалот во Јужна Африка.

Од друга страна, еуфоријата во Шпанија значеше и тага за германските фанови, иако кај многумина од нив, покрај солзите, постоеја само позитивни импресии од она што го приреди "елфот" на ова ЕП.

"Им честитам на Шпанците бидејќи беа подобри, а на моите играчи им се заблагодарувам поради прекрасниот месец кој го минавме заедно", рече селекторот Јоаким Лев.

Веројатно најголем трагичар на финалето беше германскиот капитен Михаел Балак, кој покрај тоа што се здоби со повреда, повторно остана без еден од трите најпрестижни фудбалски пехари, во своето четврто големо финале. Имено, Балак сега има порази во финалињата и на ЕП и СП и два неуспеха во завршните мечеви од ЛШ.

Следното Европско првенство се игра во 2012 година, во Полска и Украина, при што финалето е закажано за во Киев, но поради организациски проблеми и доцнење во планот, останува да се види дали УЕФА ќе се реши да им ја одземе организацијата, а во комбинација за домаќинлук деновиве се наметнаа Шпанија и Италија.

Нереди во Германија и Шпанија по финалето

Германската полиција извести за нередите кои ги предизвикаа разочараните навивачи по завршувањето на финалето. Проблеми се забележани во Берлин, Хамбург, Хале, Магдебург и уште неколку германски градови.

Во Магдебург, 60-ина фанови запалиле една сцена каде што бил поставен видео бим, а полицијата ја гаѓале со камења и шишиња, при што биле повредени осум полицајци, а оштетени биле неколку полициски автомобили. Поради тие причини биле приведени околу 100 престапници.

Во северен Берлин, околу 300 престапници се конфронтирале со полицијаците, при што биле повредени 17 претставници на законот, а уапсени биле 65 лица.

Нереди имаше и во Шпанија, каде во Мадрид се забележани 120 интервенции на лекарските патроли, а 26 луѓе се хоспитализирани, при што еден од нив мина со потешки повреди на главата, а во моментов се наоѓа на интензивна нега. Останатите 25 лица исто така се во болница, но немаат потешки повреди.

Рамос: Титулата му е посветена на починатиот Пуерта

Најскапиот дефанзивец на светот, Серхио Рамос од Реал Мадрид, титулата европски првак му ја посвети на поранешниот соиграч од Севиља, Антонио Пуерта, кој почина минатиот август. Пуерта колабираше на теренот на стартот на ланското првенство, на дуелот меѓу Севиља и Гетафе, а само три дена подоцна почина во болница поради срцеви проблеми, на 22-годишна возраст. Рамос под дресот имаше бела маица на која стоеше бројот 16 посветен на Антонио Пуерта, а на градите под неговата слика пишуваше "Засекогаш со нас".

Рекордна гледаност на финалето во Шпанија

Околу 18 милиони Шпанци ги следеа завршните моменти од финалето од Виена, што претставуваше најгледан настан во историјата на националната телевизија на оваа земја. Во последните моменти од финалниот меч на ЕП, покрај тв-приемниците се наоѓале околу 17.690.000 Шпанци, со што беше срушен дотогашниот рекорд кој беше остварен во моментот кога пенали изведуваа шпанските и италијанските фудбалери во четвртфиналето.

Инаку, во просек, мечевите на "фуријата" на ЕУРО ги следеа 14.482.000 гледачи, што претставувало просек од 81 процент од гледачите во тој момент, а на самиот крај од финалето, тој процент се зголеми на 88,6 проценти од гледачите.

Надал го предводеше шпанското славје во Лондон

Шпанските тенисери кои се уште не беа елиминирани од Вимблдон за време на финалниот меч, имаа огромно славје во Лондон во моментите кога нивната национална селекција стана европски шампион.

Бидејќи неделата беше слободен на неофицијалното светско тениско првенство, Рафаел Надал, Фернандо Вердаско и Фелисијано Лопез, заедно со нивните лекари, физиотерапевти и тренери, навиваа за "фуријата", а најгласен од сите беше големиот патриот Рафа Надал.

Бекенбауер: Лев мора да остане селектор

Еден од најголемите приврзаници кон националниот тим на "панцирите", екс-фудбалерот и селектор Франц Бекенбауер вели дека и покра поразот, нема простор за загриженост од насоката во која се движи германскиот фудбал. Воедно, тој му даде срдечна поддршка на селекторот Лев, за кого смета дека треба да ја води селекцијата на СП 2010.

"Јоги Лев заслужува само честитки за постигнатото. Нема многу тренери кои можат да се пофалат со пласман во финалето на едно Европско првенство. Шпанците беа подобри, но сеедно, кој во една ваква силна конк*ренција заврши на второто место, припаѓа на самиот светски врв. Англичаните дури не беа ни овде, а Французите, Италијаните и Холанѓаните испаднаа порано. Затоа мислам дека нема причина за тага кај стручниот штаб, играчите и навивачите. Јоаким Лев мора и треба да остане на кормилото на нашата селекција, вели легендарниот "Кајзер" Франц Бекенбауер во својата колумна во "Билд".

Леман: Целата репрезентација е во шок

Голманот на Германија, 38-годишниот Јенс Леман вели дека како и на многмина негови соиграчи, финалниот пораз му паднал доста тешко и дека Ше треба да помине одредено време за санирање на тажните чувства.

"Големото разочарување допрва следи, бидејќи целата репрезентација е во шок. Проблемот кај ваквите порази е што секогаш се прашувате дали можеше нешто друго да се направи. Мислам дека треба да ни се честита и со самиот пласман во финалето. Ова дефинитивно беше мојот последен настап на европските првенства, а што се однесува до репрезентативната пензија, околу тоа морам се уште да размислам, вели Леман, кој летово се пресели до Арсенал во екипата на Штутгарт.

"Фуријата" со најмногу бодови во историјата на ЕП

Шпанија стана првата селекција по 1984 година која го освои Европското првенство по три победи во првата фаза од натпреварувањето. Последна со ваков резултат беше Франција која на домашно тло пред 24 години успеа да ги победи Данска и Белгија со 1:0 и Југославија со 3:2.

Воедно, Шпанија стана првата селекција во новиот милениум која до титулата дошла откако била победник во својата група, а од 1984 година наваму, само еден европски првак, односно Германија во 1996 година, дошол до трофејот откако ја освоил групата.

"Црвената фурија" освои и најмногу бодови во историјата на завршниот турнир, односно 16, што доаѓа од пет победи и еден нерешен резултат против Италија во четвртфиналето. Пет победи досега имаше забележано само Франција и тоа во два наврати, во 1984 година кога се играа пет средби до трофејот, како и во 2000 година, кога еднаш загуби во мечевите по групи.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:16

РАБОТИТЕ ШТО ЌЕ ОСТАНАТ ВО ПАМЕТЕЊЕ ОД ЕУРО 2008 ПОКРАЈ ТИТУЛАТА НА ШПАНИЈА

"Бомбата" на Балак и солзите на Чех

Минатите три недели беа за фудбалско уживање. На стадионите во подножјето на швајцарско-австриските Алпи се играше врвен фудбал, а натпреварите донесоа феноменално навивање, одлични тактички потези, драматична неизвесност, маестрални голови и пацерски утки. Сето тоа беше ЕУРО 2008.

НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР: ЧАВИ ХЕРНАНДЕЗ

Веројатно никој пред почетокот на ова европско првенство не претпоставуваше дека ќе експлодира фудбалерот на Барселона. И пред финалето сите очи беа вперени кон Фабрегас, Касиљас, Торес, Балак..., но Чави без многу помпа си ја вршеше својата работа и на крајот за тоа ја доби заслужената награда.

НАЈУБАВ ГОЛ: БАЛАК ПРОТИВ АВСТРИЈА

Во конк*ренција на повеќе убави погодоци, "бомбата" на Балак против Австрија сигурно го одбележа овој шампионат. Беше тоа удар со брзина од 110 километри на час со кој Германија освои три бода, а Балак изгледаше како од себе да го извадил сиот бес за слабите игри во претходните две кола. Сигурно во сеќавањата ќе останат и погодокот на Ибрахимовиќ против Грција, како и оној на Весли Снајдер против Франција од околу 25 метри.

НАЈГОЛЕМО ПРОМАШУВАЊЕ: ГОМЕЗ ПРОТИВ АВСТРИЈА

На неколку минути пред крајот на мечот против Австрија, Марио Гомез не успеа да ја затресе противничката мрежа од само неколку метри. Шутираше од неколку метри кон празниот гол, но место топката, во него заврши Гарик кој сепак стигна пред неа. Во конк*ренција беа уште утката на Олиќ на почетокот од дуелот со Турција во четвртфиналето како и Хакан Јакин кој исто така против Турција пропушти можност да постигне уште еден гол.

НАЈУБАВ НАТПРЕВАР: ЧЕШКА-ТУРЦИЈА

Натпреварот меѓу Турција и Чешка, УЕФА го вброи меѓу најубавите натпревари во историјата на европските првенства. На 15 минути пред крајот Чесите имаа водство од 2:0, а на крајот Турците славеа со 3:2. И во следниот натпревар против Хрватска, селекцијата на Турција на сличен начин стигна до победата.

НАЈДОБРА ОДБРАНА: БУФОН ПРОТИВ РОМАНИЈА

Во второто коло од групата "Ц", на десетина минути пред крајот на мечот против Романија, Џанлуиџи Буфон му го одбрани пеналот на Адриан Муту и со тоа практично ја одведе својата репрезентација во четвртфиналето. Бодот од тој натпревар беше прв за "аѕурите" кои со победата над Франција во последното коло обезбедија пласман во следната рунда.

НАЈГОЛЕМ ГАФ: ПЕТР ЧЕХ

Голманот на Турција, Речбер Рушту беше кандидат за овој примат поради излетите во дуелите со Хрватска и Германија, но уште долго никој нема да може да го заборави киксот на Чех против Турција. Еден од најдобрите голмани во светот во моментов на необјаснив начин ја испушти топката од своите раце, Нихат го искористи тоа за гол и ја одведе Турција во четвртфиналето.

НАЈДОБАР СЕЛЕКТОР: ФАТИХ ТЕРИМ

Во конк*ренција на Марко ван Бастен и Луис Арагонес, сепак цела Европа му оддаде признание на Фатих Терим. За разлика од Холандија и Шпанија, Турција во својот национален тим нема големи европски ѕвезди, па пласманот во полуфиналето и фактот што ја намачи Германија е нешто што никој не го очекуваше дури и во земјата која ги спојува Европа и Азија.

НАЈГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ: ФРАНЦИЈА

Репрезентацијата со напаѓачи како Бензема, Анри, Анелка и Рибери на европското првенство постигна само еден гол од три натпревари што предизвика бес кај сите љубители на фудбалот во Франција. Јасно е дека на "триколорите" им е потрбен ремонт, но исто така е јасно дека имаат добра фудбалска иднина бидејќи својот ред го чекаат Насри, Бен Арфа, Бензема итн.

НАЈЛОШ НАТПРЕВАР: ФРАНЦИЈА-РОМАНИЈА

Французите и Романците имаа катастрофален двобој на својот прв натпревар на првенството, без ниедна изгледна шанса, а камоли гол. Во конк*ренција беше уште дуелот меѓу Шведска и Грција, но поради два постигнати гола не беше прогласен за најлош.

НАЈУБАВА ПРИДРУЖНИЧКА НА ФУДБАЛЕР: САРА БРАНДНЕР

Германската манекенка и девојка на Бастијан Швајнштајгер го доби признанието за најубава придружничка поради тоа што беше на трибините на сите шест натпревари што ги одиграа Германците на првенството. Во конк*ренција беа уште сопругата на Клод Макелеле, Ноеми Леноар како и поубавата половина на Рафаел ван дер Варт, Силвиа Мајс.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:17

ИТАЛИЈАНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НЕ ЈА МЕНУВА СРЕДИНАТА

Де Роси во Рома до 2012 година

Италијанскиот репрезентативец од средината на теренот, Даниеле Де Роси и официјално ја потврди верноста кон неговиот луб Рома, продолжувајќи го договорот со "волчицата" до 2012 година.

Последниве денови, Де Роси беше поврзуван со евентуален премин во минхенски Баерн или Реал Мадрид, чиј спортски директор, Предраг Мијатовиќ, кој јавно ги презентираше клупските симпатии кон Италијанецот. 24-годишниот Де Роси, за продолжувањето на соработката со неговиот матичен клуб за кој дебитираше во 2001 година, ќе заработи 5,7 милиони фунти во наредната сезона, додека натаму ќе заработува меѓу 6 и 6,4 милиони фунти по сезона помеѓу 2010 и 2012 година.

"Со потпишувањето на новиот договор, сакам да им заблагодарам на сите во клубот за несебичната поддршка која ја добивав со години наназад и без која немаше да бидам во ситуација да бидам вреднуван на начинот на кој сум денес", вели Де Роси.

Потенцијалниот наследник на Франческо Тоти како икона на Римјаните, играше доста добро на последното Европско првенство во Австрија и Швајцарија, но беше еден од трагичарите, бидејќи во четвртфиналето против Шпанија, во пенал-лотаријата беше еден од двајцата кои не реализираа. Де Роси утна удар од белата точка и во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, но и покрај овие киксеви, и натаму важи за еден од милениците и во клубот и во националниот тим.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Јули.2008 во 16:48

ЛОНДОНСКИОТ КЛУБ НЕДЕЛАВА СЛАВИ МАЛ ЈУБИЛЕЈ

Пет години Абрамович во Челзи

И на најмалите им е позната состојбата во најатрактивното европско национално првенство. Кога ќе се спомене името на Роман Абрамович, тргнуваат сликите за преобразувањето на еден фудбалски колектив преку ноќ, за купување скапи играчи, за нереално плаќање и преценување на вистинските вредности на некои фудбалски ѕвезди, но и за зголемување на квалитетот на англиската Премиерлига, за силината на еден голем лондонски состав. Роман Абрамович, пет години потоа...

Во продолжение, како англичаните гледаат на годините минати со Роман Абрамович во англискиот фудбал.

Добро или лошо?

Ова е единственото прашање кое може да се поврзе со годините на Абрамович минати во Премиерлигата, конкретно во лондонски Челзи. Сите ја знаат опцијата на Абрамович и начинот на кој тој го "сфати" фудбалот на Островот. Рускиот олигарх се појави на "Стемфорд Бриџ" многу порано од оваа недела во која се одбележува петгодишнинана од неговото "газдување" во лондонските "сини", но сепак, оваа недела се навршува половина декада од неговото вложување во еден од моментно најголемите европски тимови. Многу пари во кеш се фрлија низ фудбалските трансфери за ова петгодишно негово постоење во Челзи, но се уште многумина не се на чисто, дали Русинот донесе добро или лошо за англискиот фудбал?

Гордон Тејлор: Тој е доброто во фудбалот!

И покрај сите критики, Роман Абрамович е најдоброто нешто што и се случи на Премиерлигата за да се крене квалитетот на ова натпреварување и да ја претвори лигата во најсилна во светот. Ова е ставот на Гордон Тејлор, моментно шеф на егзекутивата во Унијата на Професионални фудбалери. Поранешниот фудбалер, смета дека со влегувањето на Абрамович во Челзи, Премиерлигата се претвори во бр. 1 натпреварување во светот. Тука дојдоа воедно и најскапите и најдобрите светски фудбалери. Тејлор исто така смета дека со вложувањето на Абрамович, дојде до продолжување на примерот и во останатите големи клубови во Англија, како Манчестер Ј., Ливерпул и Арсенал, кои почнаа да ја комплетираат големата четворка на Островот, но и во европски рамки.

"Многу е важен пристапот кој го имаше Абрамович. Тој е навистина само една од причините за силата на Премиерлигата, но на голема врата учествуваше во подигнувањето на квалитетот претворајќи ја во доминантна лига во целиот свет. Мислам дека тоа најмногу и се рефлектираше минатата сезона на настапот на англиските тимови во Лигата на шампионите, каде три тима беа меѓу четирите најдобри", смета Тејлор.

Тејлор застана и зад изборот на Абрамович при купувањето на фудбалери. И покрај обвинувањата за трошењето нерационални средства за да се донесат познати фудбалски имиња, лидерот на професионалните фудбалери смета дека со ангажманот на Балак, Дрогба или Пер Чех, фановите на Челзи и по пет години ги имаат овие имиња како свои фудбалски големини. Тоа значи дека инвестицијата не била само фрлање пари во бунар.

Пред доаѓањето на Абрамович во Премиерлигата, таа се сведуваше на големата двојка - Манчестер Ј. и Арсенал. Со години овие два клуба беа неприкосновени, а останатите имаа само повремени успеси. Со доаѓањето на новиот соспственик на Челзи, се формираше голема премиерлигашка четворка, во која влегоа и Челзи, но интересно и Ливерпул, кој тргна по патот на најдобрите во последните десетина години.

"Тој го направи Челзи вистински ривал, откако ги доби сопственичките права врз него. Можете да погледнете само како Манчестер Ј. го врати толку поради него Сер Алекс Фергусон, а Ливерпул отиде дотаму да троши големи пари за засилувања, па сега го има најдобриот од ЕП, Торес, за кого не жалеше пари. Тој стана првиот странец мултимилјонер мој на некој начин и внесе атракција во Премиерлигата, но сериозно им отвори пат на Глејзерс и на Хикс и Жилет да го следат. Јас знам дека не го поддржуваат овој тренд сите и дека Мишел Платини не е среќен со ефектот, но би бил глупав доколку не го гледа доброто кое дојде во Премиерлигата", констатира Тејлор.

Со најновиот потег и ангажманот на Луиз Фелипе Сколари, Абрамович само ја продолжи својата традиција на скапи засилувања, но во сите нив нема неквалитет. Милионите од неговиот џеб и натаму заминуваат, исклучиво за фудбалски цели. А силен Челзи, значи и силна Премиерлига.

Ричард Биван: Роман е зло за фудбалот

Меѓу оние кои не се застапници на начинот на кој Абрамович го сфаќа фудбалот е и Ричард Биван, кој извади свои докази и ставови во врска со петгодишнината на владеењето на Абрамович, не само со Челзи, туку и со комплетниот фудбалски Пазар во Англија, па и низ Европа.

Биван е директор на Здружението на менаџери во лигата и не смета дека начинот и "газдувањето" на сопственикот на Челзи се оправдани и носат квалитет. Според него, љубовта на Абрамович кон фудбалот е задскриена во сосема други нешта. Според Биван, љубовта на Абрамович се парите и бизнисот, а не квалитетот на фудбалот. Тој многупати и на своите руски пријатели им има директно кажано дека се што го интересира е бизнисот, а и фудбалот го гледа низ таа призма. За Абрамович очигледно не се битни работата и квалитетот. Го интересираат само резултатите и тоа преку ноќ. Затоа и смени четири менаџери за пет години.

"Челзи не е нормален клуб. Роман Абрамович е еден од најголемите богаташи во светот и тој сака да го има секој трофеј кој може да се освои. Тоа е еден вид на мал теротизам. Тој сака да дојде денес и да победи утре", вели Биван, кој додава дека Абрамович најлошото е што и останатите англиски тимови почнаа да го копираат неговиот стил на раководење на еден фудбалски тим.

Легендата на екипата на Челзи, Пат Невин, го обвини Абрамович, но и комплетната англиска фудбалска јавност, дека тој човек дозволи да се уништуваат кариерите на големите англиски фудбалски надежи. Од неговото доаѓање на Островот, Премиерлигата е силна, но затоа англиската репрезентација има катастрофални резултати.

Невин ги споменува само Скот Паркер и Глен Џонсон, кој пред доаѓањето на Абрамович беа голема надеж на англискиот фудбал, но откако тој ги потисна со низа преплатени фудбалски имиња, овие двајца веќе беа приморани шансата да ја бараат во други клубови, каде им беше потребно време да се снајдат од ново.

"Ако сте млад фудбалер и Челзи тргне по вас, слободно и одлучно кажете му не", вели Невел.

Имам се уште големи дилеми и различни мислења на постоењето на еден Абрамович во англискиот фудбал. Но акт е дека тој е присутен и веќе пет години се обидува да ги обедини трофеите, она по што тргна во фудбалската "мисија" со купувањето на лондонскиот клуб.

ТОГАШ И СЕГА

Како изгледаше Челзи во годината кога Абрамович се појави како "спасител" на тимот и сега кога беше во трка за два големи трофеи, но двапати Манчестер Ј. се испречи пред него на патот до трофеите.

ПРЕД РОМАН:

(Сезона 2002/03) - Челзи -Ливерпул 2:1 - 11. мај 2003

ЧЕЛЗИ: Кудичини, Мелхиот, Гала, Десаи, Бабајаро, Гронкјер, Пети, Лампард, Ле Со, Хазелбанк, Гудјонсен

ПОСЛЕДЕН МЕЧ:

(Сезона 2007/08) - Манчестер Ј. - Челзи 1:1 - 21. мај 2008

ЧЕЛЗИ: Чех, Есиен, Карваљо, Тери, А. Кол, Балак, Макелеле, Лампард, Малуда, Џ. Кол, Дрогба

АБРАМОВИЧ НИЗ БРОЈКИ

11,7 БИЛИОНИ ФУНТИ - Проценето богатство на рускиот милјардер според весникот "Сандеј Тајмс".

5 ТРОФЕИ СО ЧЕЛЗИ - Вклучувајќи две титули во Премиерлигата (2005 и 2006), 1 ФА Куп (2007), 2 Лига Куп трофеи (2005 и 2007)

2 СОПРУГИ - Ирина со која се разведе и Дарија со која сега е во врска.

ШОПИНГ ЛИСТАТА НА АБРАМОВИЧ:

ПЕТМИНА НАЈСКАПИ ПО СЕЗОНА


Сезона 2003/04 (Тотал: 130,6 мил. фунти)

Демиен Даф 17 мил. фунти

Ернан Креспо 16,8 мил. фунти

Клод Макелеле 16,6 мил. фунти

Адриан Муту 15,8 мил. фунти

Клаудио Раниери 10,6 мил. фунти

Сезона 2004/05 (Тотал: 98,2 мил. фунти)

Дидие Дрогба 24 мил. фунти

Рикардо Карваљо 19,8 мил. фунти

Пауло Фереира 13,2 мил. фунти

Арјен Робен 12 мил. фунти

Тиаго 8 мил. фунти

Сезона 2005/06 (Тотал 59,6 мил. фунти)

Микаел Есиен 24,4 мил. фунти

Шон Рајт Филипс 21 мил. фунти

Асиер Дел Орно 8 мил. фунти

Жозе Мурињо 5,2 мил. фунти

Ласана Диара 1 мил. фунти

Сезона 2006/07 (Тотал: 70,2 мил. фунти)

Андри Шевченко 30 мил. фунти

Џон Оби Микел 15 мил. фунти

Саломон Калу 8 мил. фунти

Калид Буларуж 7 мил. фунти

Ешли Кол 5 мил. фунти

Сезона 2007/08 (Тотал: 67 мил. фунти)

Флоран Малуда 16 мил. фунти

Николас Анелка 15 мил. фунти

Бранислав Ивановиќ 9 мил. фунти

Жозе Мурињо 20 мил. фунти (раскин)

Аврам Грант 7 мил. фунти

ПОТРОШЕНИ СРЕДСТВА:

409,6 мил. за играчи

140 мил. за купување на клубот.

ВКУПНО: 549, 6 милиони фунти



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 22:33
ПО НАЈАВИТЕ ДЕКА ФИРМАТА ЗА ТВ ПРАВА ЌЕ МОНТИРА РЕФЛЕКТОРИ НА "ГРАДСКИ"

Гради државата а не Брацо!!!

*"Новата северна трибина ќе биде готова до јули 2009 година и до тогаш на неа ќе нема публика и ноќни натпревари", коментира Ивица Коневски од ЈПССДП

Мала е веројатноста дека квалификациските дуели со Шкостска и Холанидија кои се играат во септември ќе бидат во ноќен термин. Пред неколку дека најава од ФФМ дека "Спорт 5", фирмата која ги има ТВ правата за настапите на нашиот национален тим планирала да монтира рефлектори. Но како е тоа можно!? Нашиот најголем стадион е во изградба. Северната трибина е одамна срушена и веќе е изградено првото ниво. Има многу работа и далеку е периодот кога "Градски" ќе добие нов лик. Инвестицијата на "Градски" е од државата Македонија. Владата обезбеди 15.000.000 евра за нова луксузна трибина која е во изградба. Веќе од поодамна беше јасно дека првите дуели од квалификациите за СП 2010 ќе мора да се играат на дневна светлина. Најавата за идејата на "Спорт 5" и Брацо Вујчиќ е само најава и нечија желба за поголем профит а инвеститорот и изведувачот не се информирани за ваквите најави.



"Со нас никој не разговарал за вакво нешто. Можеби фирмата "Спорт 5" се договарала со ФФМ но ние немаме ништо заедничко со тоа. Навистина не знам што планираат и каква им е целта кога се знае кој ја финансира изградбата и кој е инвеститорот" истакна Ивица Коневски, директорот на јавното претпријатие за стопанисување со спортски и деловен простор.

ФФМ ќе мора да се помири дека со Шкотска и Холандија ќе мора да се игра од 17:30 часот. На стадионот ќе може да се смета дури по една година:

"Северната трибина ќе биде пуштена во употреба во јули месец наредната година и до тогаш на неа ќе нема публика а според тоа како стојат работите до тогаш ќе нема на стадионот и ноќни натпревари. До септември ќе биде направена конструкцијата на истата и се додека не се направи технички прием не може истата да биде пуштена во употреба. Тоа значи дека сите работи ќе бидат завршени во јули 2009 година, а потоа ќе почне да се реализира и тендерот за реконструкција на источната и западната трибина", е коментарот на Коневски.

Како што е познато АД "Бетон" ја гради новата трибина на "Градски" а "Македонски Спорт" вчера беше на стадионот и од фотографиите се гледа дека полека почнува да никнува новата "север" која треба да биде слична на "јужна".

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 15:50

ПОСЕТАТА НА УЕФА НА ПОЛСКА И УКРАИНА, ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ПРЕД ОДЗЕМАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ЕП 2012

Полска може да биде жртва на индолентноста на Украина

Украина нема да успее да ја заврши модернизацијана на Олимпискиот стадион во Киев навреме. Ова е заклучокот од посетата на Мишел Платини на следните две земји кои за 4 години ќе ја имаат(?) честа да станат домаќини на европското фудбалско првенство. Рокот кој УЕФА го даде за Украина и Полска да ги доведат во ред стадионите кои ги ставија во кандидатурата за домаќин на ЕП не е испочитуван, па само уште една шанса ќе им биде дадена и на едните и на другите. Ако во Полска работите некако и мрднаа од почетната точка, во Украина се стои на стартот. Тоа може да биде голема причина следното ЕП да не замине во Источна Европа.

Платини достави ултиматум

Делегацијата на чело со првиот човек на УЕФА, Мишел Платини, остана крајно незадоволна од она што го виде во Украина во најавената посета по завршувањето на европското првенство во Австрија и Швајцарија. На средбата со премиерот Јулија Тимошченко и претседателот на државата Виктор Јушченко, Платини истакнал дека се помали се шансите Украина да ја задржи организациската позиција за следниот собир на најдобрите европски фудбалски селекции. Разговорите со Тимошченко продолжиле многу подолго од планираното, иако многумина сметаат дека оваа посета нема да промени ништо значајно во ставот на Платини кон организаторите на ЕП по 4 години, ако се знае дека Французинот цврсто застана зад овие две земји уште на отворањето на кандидатурите и прогласување на домаќинот на следното првенство. Сепак, овие разговори беа знак дека УЕФА му дала сериозно предупредување на еден од ко-организаторите на следното ЕП. Доколку предупредувањето не се испочитува, УЕФА ќе го задржи правото да ја одземе организацијата на овие две земји и да ја додели на некои од останатите европски земји кои уште во март оваа година најавија дека се сериозно заинтересирани да ја преземат кандидатурата. Најдоцна до септември, УЕФА дефинитивно ќе реши, дали остануваат Полска и Украина во игра, или дефинитивно организацијата на овој настан заминува кај трета земја.

Тимошченко: Нема да ја излажеме УЕФА

Септември е месецот во кој УЕФА на средбата во Бордо ќе ја донесе конечната одлука за судбината на следниот европски фудбалски самит. До тогаш треба и самата Европска фудбалска централа да размисли за евентуално резервна варијанта, доколку Украинците и Полјаците не успеат да ја поправат сликата на стадионите и местата кои треба со најновиот ултиматум да бидат готови до крајот на летото. УЕФА досега не објави дали има резервен план, но најверојатно за тоа нема да сметаат до септември.

"Ние сме тука за да ви ја изразиме уште еднаш довербата, но тоа значи дека и вие треба да ги испочитувате даботите кои ги ветивте. Во краен случај не мора да одиме на 6 туку на 4 стадиони. Но тогаш се се менува", изјави по средбата со Тимошченко, Платини.

Премиерот на Украина, пак, не сака ниту да помисли на одземање на организацијата.

"Цела Украина дише и живее за организацијата на ова европско првенство. Ни дадовте голема шанса и ние нема да ја испуштиме. Нема да ја излажеме УЕФА", изјави Јулија Тимошченко.

Делегатите на УЕФА не веруваат во Украина

Платини е најголемиот оптимист за организацијата на ЕП во Полска и Украина. Тоа беше забележливо и по оваа посета. Додека другите ни оддалеку не веруваат дека овие две земји заслужуваат да организираат ваков настан, затоа што на 4 години до него модернизацијата на стадионите не е ниту започната, Французинот и натаму ја држи страната на источно-европските земји.

Делегацијата која ја посети Украина, а претходно и Полска ја сочинуваа потпретседателите на УЕФА, Сенеш Ерзик и Џефри Томпсон, како и извршниот директот Дејвид Тејлор. Во УЕФА комисијата која ги разгледуваше објектите кои се неопходни за добра организација на настанот, беа и шефот на финансискиот оддел во УЕФА, Мариос Лефкаритис, менаџерите маркети и Теодоридис, Вилијам Гајар од прес-офисот на УЕФА, како и генералниот секретар на Француската федерација, Жак Ламбер. За разлика од првиот човек на европската куќа на фудбалот, овие членови на делегацијата сметаат дека Украина нема теорија да стигне со изградба на најавеното во кандидатурата. Од изградбата на инфраструктурата, хотелите, патиштата, аеродромите и најважно стадионите, засега нема ниту 5% завршени обврски. Претседателот на Украина остана на гаранцијата дадена и пред 4 месеци дека ќе бидат инвестирани 5 милијарди долари за докомплетирање на патната мрежа во земјата.

Полјаците напредуваат

Пред заминувањето за Украина, делегацијата предводена од Платини ја посети и Полска. Полјаците се далеку понапред во подготовките и гарантираа дека стадионот во Варшава ќе биде готов не подоцна од мај 2011 година. Рокот за реконструкција на Олимпискиот стадион во Киев е декември 2010 година. Победникот на првиот конк*рс за обновувањето на стадионот, тајванската фирма "Арказија", призна дека не може да го направи модернизирањето на стадионот во Киев до овој рок. Затоа 'е биде распишан нов конк*рс, во кој ќе се избере нов изведувач кој ќе може да го гарантира "дедлајнот" декември 2010.

"Украина и Полска ја добија правото да бидат домаќини во чесна и конк*рентска битка и не гледам причини да го промениме резултатот сега. Ние им се понудивме, потребни ни се само уште некои мали гаранции и се ќе оди напред. Полска и Украина победија со 8:4 во гласањето со Италија и мисла дека нема потреба да се враќамен а некоја друга одлука", изјави Платини пред заминување.

На сите во овие две земји им е многу јасно дека се наоѓаат во голем "цајтнот". Времето работи за Италија, па може и за Унгарија и Хрватска кои чекаат на "кикс" на овие две земји, па УЕФА ним да им ја довери големата задача. Платини се уште верува во изборот, но дали вон его веруваат и Украинците и Полјаците? Ова најдобро ќе го покажат следните три месеци по кои веќе нема да има нови шанси за двете земји.

Киев е главниот виновник!

Во целата збрка и незадоволство кај УЕФА од текот на подготовките во Украина и Полска за следното ЕП 2012 година, се чини, водечкото место со сигурност го има Олимпискиот стадион во Киев. Ако на другите инфраструктурни работи и може да им се погледне низ прсти, тогаш на овој објект на кој е планирано одигрувањето на финалето, едноставно не смее дам у се дадат никакви попусти.

За разлика од Олимпискиот стадион во Киев, останатите стадиони, како оние во Доњецк и Днепропетровск имаат значително подобра ситуација. Станува збор за модерни стадниони кои се далеку пред состојбата на киевскиот фудбалски храм. Според извори од УЕФА и стадионот во Лвов е во значително подобра ситуација од оној во Киев. Затоа УЕФА и најмногу се лути на Украинците кои мора до септември да почнат со засилена работа на осовременување на местото каде треба да се одигра големото финале по 4 години.

Полска може да изгради уште два стадиона

Полска соопшти дека е подготвена сама да ја преземе 80% од организација на европското фудбалско првенство 2012 година. Доколку се продолжи индолентноста на украинските власти, Полјаците во обид да не ја загубат организацијата на настанот, понудија тие да преземат шест од осумте стадиони на кои ќе се организира целиот настан.

"Очекуваме да остане на сила планот за организација на ЕП 2012 година, но мораме реално да ги согледаме ризиците и затоа имаме и резервен план доколку нешто не се промени. Нашиот план 'Б' е во тоа што ние може да изградиме шест наместо 4 стадиони и да преземеме поголем дел од организацијата на првенството", соопшти Мирослав Джревјечки, министер за спорт во полската влада.

Полска останува со своите четири први фаворит-градови Варшава, Вроцлав, Гдањск и Познањ, додека во резервна варијанта се ставени Карков и Хожув. Токму овие два града на југот на Полска би можеле да ја преземат улогата од два града во Украина кои нема да стигнат со модернизација на стадионите и инфраструктурата во нив.

Украинците го активираа "кризниот план"

Украинската влада по итна постапка донесе кризен план за реконструкција на Олимпискиот стадион во Киев, само ден откако делегацијата на УЕФА ја напушти нивната земја. Како што објавија украинските медиуми, се работи за план со кој итно треба да се забрза одлуката за изградба и реконструкција на стадионот на кој ќе се игра финалето на следното ЕП.

Потпретседателот на украинската влада, Иван Васјуник изјави дека кризниот план стартува во сила веднаш, а до средината на овој месец треба да почат работите на Олимпискиот стадион. Цената на комплетната реконструкција на главниот украински фудбалски храм треба да чини 210 милиони евра, а на вториотраспишан конк*рс се јавиле германската фирма ГМП и британската "Фостер и Партерс".



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 09.Јули.2008 во 16:48
ЕМЈИТЕ КОИ НЕ ЧЛЕНУВААТ ВО ФИФА ОРГАНИЗИРААТ 2. СВЕТСКО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО

Непризнатите и спорните во битка за трофејот "Мандела"

Дека до почетокот на светското фудбалско првенство има уште две години знаат и најнеупатените во фудбалската проблематика. Но дека завчера почна светското фудбалско првенство немаат поим ниту оние кои долги години се занимаваат со фудбалот. Да, од понеделникот стартуваше второто светско фудбалско првенство под капата на НФБ, организација во која членуваат околу 30 земји кои немаат полноправен статус во ФИФА. Тие веќе по вторпат се собираат на едно вакво натпреварување, пандан на светскиот фудбалски куп.

Форумот на неформалните

Иако има уште доста време и до почетокот на европските квалификации за пласман на светското првенство во Јужна Африка по две години, сепак, едно светско фудбалско првенство штотуку почна. Ако ви кажеме дека се одржува во земјата на Дедо Мраз сигурно ќе помислите дека станува збор за фудбалско првенство во кое се игра некој поразличен вид фудбал, со натпревари меѓу забрадени старчиња и нивните џуџиња. Но, за да не се избрзува со заклучоците, еве го вистинскиот одговор.

Под слабото сонце на стадионот во шведскиот град Јелевари, во понеделникот стартуваше светско фудбалско првенство на кое се натпреваруваат вистински фудбалски, национални, репрезентации. Главната разлика од ФИФА светскиот куп и овој е што на вториов се натпреваруваат народности кои не се признати од Обединетите нации за самостојни политички субјекти и затоа останале надвор од широката прегратка на ФИФА.

Правото на фудбал и фудбалско натпреварување е суверено и тоа не може да им го одземе никој, па макар и не биле членки на големото светско семејство на фудбалски репрезентации. Тие си имаат свое, во кое можат јасно да ги покажат фудбалските квалитети.

Што е НФБ?

(Но ФИФА Боард) НФБ е организација во која членуваат околу 30 земји, народи и народности, кои немаат своја политичка сувереност, а не се ниту членки на Обединетите нации. Многу делови од светот каде се појавува овој проблем сакаат фудбалски да се натпреваруваат затоа што со години ја негуваат оваа игра. Од таа причина човекот кој донесе револуција во модерниот фудбал со воведувањето на правилото Босман, Лук Мисон, го воведе и постоењето на НФБ. Мисон го создаде овој Борд на новите федерации затоа што е убеден дека сите заслужуваат фудбалски да се натпреваруваат. Прочуениот белгиски адвокат, кој го истера случајот на белгискиот фудбалер Жан Марк Босман до крај, ја формираше организацијата која наоѓа голема популарност во целиот свет. Основна задача на оваа структура е да даде поткрепа на националните тимови со посебен статут и да им организира меѓународни натпреварувања. Бројката на активни членки постојано се менува, но тенденцијата е на постојано зголемување. Европа во новата фудбалска организација веќе членува со десетина репрезентации, како Монако, Паданија, Риека, Лапонија, Гозо, Валонија, Северен Кипар, Чеченија, Окситанија и уште неколку микронации, религиозни групации, политички сепарации и области со културна автономија. Ако се погледне на светски план, овде ги имате Масаи, Занзибар, Тибет, Западна Папуа, Ирачки к*рдистан, Гренланд, Велигденските Острови... Веќе е сосема јасно, ФИФА добива своја алтернатива, но и алтернативни натпреварувања за оние кои не успеале да влезат во големото светско семејство, но и за оние "одметнатите" или оние кои со години се наоѓаат под суспензија од Светската фудбалска централа.

Кои се новите светски фудбалски сили?

Причините Блатер и компанија да не ги примат овие држави во ФИФА семејството се различни, но сосема основани. Тука не смее ништо да им се замери. Во повеќето случаи станува збор за места и земји во кои има неразрешени политички конфликти, одземена независност или апсурдни стремежи за самоопределување и независност. Светската фудбалска федерација (ФИФА) не сака да се меша во вакви политичко-територијални спорови, пред да ја чуе одлуката на ООН. Затоа овие земји побараа спас во НФБ.

Интересно е што секој член на НФБ има своја уникатна историја. Во продолжение само неколку интересни примери.

Во 1964 година Занзибар и Танганика ја формираат државата Танзанија во Африка. ФИФА ја призна и прими новата фудбалска репрезентација на Танзанија, како наследник на Танганика, но Занзибарците, кои претходно исто така имаа своја селекција, останаа без членство во ФИФА. Случајот со Гренланд е уште поинтересен. Поради климатските особености на островјаните, тие не можат да си дозволат на своите стадиони да имаат задолжителна тревна подлога. За разлика од нив, соседите, Фарските Острови кои тоа го имаат се членки на ФИФА. Гозо, пак, е мал остров кој политички е дел од Малта, но жителите сакаат независност, вклучително и фудбалска. Богатото кнежество Монако не успеа да ја искористи шансата кога ФИФА ги прими "џуџињата" како Андора, Сан Марино, Луксембург и Лихтенштајн, па денеска веќе се чини е доцна да бара и добие членство во ФИФА. Затоа има алтернатива во НФБ.

Исто така интересна е и судбината на Риека. Овој хрватски град меѓу 1920 и 1924 година имал статус на независна држава. Тоа е добра основа за локалните патриоти денеска да се борат да имаат и своја репрезентација. Паданија, пак, е историска област во северна Италија која не сака да има ништо со фудбалот на Апенините и мрзливите јужњаци. Затоа и си направиле своја репрезентација, но освен тоа имаат и своја лига. Окситанија е на границата меѓу Франција и Шпанија. Жителите зборуваат јазик кој во основата е француски и каталонски и имаат своја сопствена фудбалска федерација од 1901 година. Лапонија е домаќин на годинашното светско првенство и за нив многу се знае, особено со популарноста на Дедо Мраз. Се протегаат на територија на три скандинавски земи (Норвешка, Шведска и Финска). И за останатите има многу познати и непознати работи. Каталонија, Баскија, Прованса, Северен Кипар, Тибет и останатите, за кои може многу да се зборува.

ВИВА Светски куп

Асоцијацијата на ФИФА Светски куп, во варијантата на НФБ е ВИВА Светски куп. Само една буква ги разликува во коренот на името. Годинава се одржува во Лапонија, земјата која триумфираше на првото светско првенство. Лапонија евидентно е најсилната селекција во ова семејство, но останува тоа да го потврди и сега. Крилото на Блекбурн, Мортен Гамс Педерсен, е претставник на овој етнос, што јасно покажува дека Лапонците имаат голем број познати имиња во своите редови. Трофејот на ВИВА Светскиот куп го носи името на Нелсон Мандела. Првото светско првенство се одржа пред две години во Оскитанија, а победник беше Лапонија, која со тоа и автоматски доби право да биде организатор на собирот оваа година. Интересно, во првото финале на ВИВА Светскиот куп, Лапонија го декласираше Монако со 21:1. На годинашниот Втор ВИВА Светски куп ќе се појават само неколку репрезентации, откако голем дел од пријавените поради политички, финансиски и најчесто проблемот со визниот режим не успеаја да се појават во шведскиот град Јелевари да се натпреваруваат на светското фудбалско пренство под капата на НФБ. Годинава најдоа сили и средства во Шведска да отпатуваат Прованса, Паданија, Ирачки к*рдистан и Арамеја (древно христијанско малцинство во Сирија, кое брои близу милион жители). И покрај пријавата и огромната желба да настапат на светското првенство, главно поради проблемот со визите за Лапонија не заминаа Тибет, Гренланд, Риека, Масаи, Гозо и Занзибар. Така овој втор Светски куп ќе биде поскромен отколку што планираа организаторите. Сепак, на отворањето на првенството во понеделникот се одигра еден од досега најдобрите натпревари. Лапонија и к*рдистан ремизираа 2:2.

Гледајќи го финансискиот дел, НФБ не може да се мери со ФИФА ни од далеку. Амбициите им се на секои две години да продолжат со трендот на организација на ова алтернативно светско првенство и да ги видиме на фудбалските терени непризнатите и спорните нации. Самиот претседател на НФБ, Кристијан Михелис, изјави дека НФБ е отворена за сите, аполитична федерација, која единствено пред себе го има фудбалот и само фудбалот.

НФБ РАНК ЛИСТА

Занзибар најдобар за 2007

По примерот на ФИФА и НФБ има свој ранкинг на најдобрите. Еве како изгледа листата на најуспешните членки на НФБ од 28 декември 2007 година, инаку последен направен ранкинг досега:

1. Занзибар 1401

2. Лапонија 1394

3. Северен Кипар 1369

4. Гозо 1322

5. Гренланд 912

6. Окситанија 828

7. Монако 763

8. Тибет 741

...

12. Кирибати

13. Јужен Камерун

14. Чеченија



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Јули.2008 во 14:23

ПО ПРИМЕРОТ НА РУСИЈА, КЛУБОВИТЕ ВО РОМАНСКОТО ПРВЕНСТВО ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ТРАНСФЕР БУЏЕТИТЕ

Милионски трансфери и кај романските клубови

Иако ги одработувме с$ уште само првите десет дена од актуелниот летен преоден рок, во делови од Европа многу добро се "пазарува". Ако во оваа група ги ставиме најголемите и најсилните европски лиги и нема да биде ништо чудно, но кога ќе се каже дека милионските трансфери веќе влегоа и во помалите европски држави и првенства е тогаш има место за внимание.

Водечките романски фудбалски тимови, Динамо (Б), Стеауа, Клуж и Рапид (Б) уште на стартот на трансфер периодот тргнаа со многу и скапи фудбалски засилувања. Она што како метод најде примена во рускиот фудбал полека како да се преточува и во останатите делови од Стариот континент, каде клубовите и сопствениците сфатија дека само до многу вложени пари може да се направи успех.

Рапид (Б)

Тимот на Рапид од Бук*решт во своите редови веќе ангажираше двајца фудбалери на португалскиот шампион Порто. Тоа се Жоао Пауло и Адриано. Првиот има 27 години и игра на позицијата дефанзивен играч за врска, вториот, пак, има 29 години и настапува на позицијата напаѓач. Жоао Пауло имаше статус на резерва во екипата на Порто и за 2 години одигра само 6 средби за овој тим, па логично беше да бара трансфер во некој друг европски тим, но малкумина, па и тој самиот, веруваа дека ќе заминат во еден романски тим. Сосем е спротивна сликата со Адриано, кој има 49 одиграни средби за екипата на Порто и 18 постигнати голови. Цената на двајцата во пакет изнесува 4 милиони евра. За големите европски тимови една капка во морето, но за еден тим од калибарот на Рапид од Бук*решт, па и воопшто за фудбалските услови во Источна Европа, сума која е за почит.

Но, Рапид не застана на оваа потрошена цифра. Плати уште 1,5 милион евра за да го донесе 27-годишниот аргентински напаѓач Лусио Филомено, кој настапуваше за грчки Астерас. Тој претходно беше во Удинезе и Интер, а има играно во својата земја за Сан Лоренцо и Нуева Чикаго. Тој на 28 средби минатата сезона за Астерас постигна 11 гола. Ако на оваа тројка се придодадат и Жулио Сезар од АЕК и Спасиадио и Фернандеш од португалскиот Национал, станува јасно која сума на пари ја потроши Рапид за да го засили тимот за оваа сезона. Проценката е дека само досега Рапид "фрли" 10 милиони евра за нови имиња. Неколку романски весници шпекулираа и со евентуален трансфер на Кристијан Виери во овој тим од романската престолнина.

Клуж

Шампионот Клуж во своите редови за новата сезона во која треба да се претстави во добро светло во Лигата на шампионите го донесе 26-годишниот напаѓач на Розенборг, Исуф Коне. За него, интересно, имаше интерес и од скаутите на Челзи, но тој ја прифати понудата на Клуж. Репрезентативецот на Буркина Фасо имаше одлична сезона во Норвешла, каде за само 38 одиграни средби успеа да постигне дури 27 гола. Според медиумите, Клуж за да го донесе Коне во својот тим на норвешниот тим му уплати 1,5 милион евра. 23-годишниот Аргентинец, Густаво Оберман исто така се најде во четата на романскиот првак. За него се знае дека доаѓа од екипата на Кастејон, а претходно играл и за Аргентинос Јуниорс, Ривер Плата и Килмес. Интересно е што овој фудбалер има и 7 настапи за младата фудбалска селекција на Аргентина, за која има постигнато и 1 гол. Цената која Клуж ја плати за него е половина милион евра.

Овој клуб донесе уште две нови имиња досега. Од Аргентина доаѓа уште едно младо име. Талентираниот фудбалер на Хуракан, Кристијан Прете, како и играчот на португалскиот Беленензес, Уго Алкантара. И за нов Клуж одвои сума блузи 1,5 милиони евра.

Стеауа

За Стеауа можеби беше и најочекувано да троши доста пари за нови засилувања, но ако се знае во каква афера влезе романскиот фудбал токму со овој тим, годинава од Стеауа не се очекуваат многу спектакли во трансфер периодот. Сепак, прославениот романски прволигаш, веќе плати 1 милион евра и тоа за трансфер на фудбалер од романски клуб. Станува збор за напаѓачот на Униреа Богдан Станку за кого Стеауа одвои точно 1 милион евра. Парите кои Стеауа ги потроши досега се проценуваат на околу 8 милиони евра, откако во тимот за 1,5 милион евра беше донесен и Кипријан Татарусану од екипата на Глорија Бистрица, како и Јанош Шекели, фудбалер кој минатата сезона настапуваше за Оцелул од Галаци. И за него Стеауа плати 1,5 милион евра. Напаѓачот на шпански Алавес, Артуро Бертранд за сума од 800.000 евра исто така стана ново засилување на составот од Бук*решт.

Динамо (Б)

Кругот на екипи кои не жалат пари за нови играчи го затвора и екипата на Динамо од Бук*решт. За да добие цврст и стабилен тим за новата сезона, Динамо досега се засили со неколку одлични и скапи фудбалери. Првото големо име во тимот е младинскиот репрезентативец на Франција, Себастијан Басонг. Станува збор за 21-годишен дефанзивец кој има за 3 години одиграно 73 средби за Меџ, а исто така има постигнато и еден гол. Цената која Динамо (Б) ја плати за овој фудбалер изнесува 1,6 милиони евра. За Андреј Кристеа, досегашен фудбалер на Политехника, Динамо (Б) одвои 800.000 евра.

Јасно е дека романските тимови значително ги зголемија буџетите и наголемо прават силни тимови, кои нема да бидат само инстант учесници во најсилните европски натпреварувања, особено Лигата на шампионите. Милионите очигледно полека влегуваат и во засега само ретко споменуваното романско фудбалско првенство.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Јули.2008 во 14:24

ЗА ЕКС СПОНЗОРОТ НА РАБОТНИЧКИ МЕРОДАВЕН Е ОСНОВНИОТ СУД 1 ВО СКОПЈЕ ВО ВРСКА СО СЛУЧАЈОТ "ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ"

"Кометал" не ја признава арбитражата на ФФМ!!!

Тешко дека Ѓоре Јовановски во блиска иднина (тука говориме за денови или недели) ќе ги добие парите од страна на "Кометал" иако го доби спорот на Арбитражата (комисија на ФФМ) против некогашниот спонзор на Работнички. Велиме тешко зошто како што велат нашите информации од страна на канцеларијата на Вардар (како што е познато пред три недели 'Кометал' се пресели во таборот на соседот) тие не ја признаваат Арбитражната комисија на ФФМ. Уште повеќе тие имаат поднесено кривични пријави до претседателот на Арбитражната комисија која ја предводи Трајан Бендевски (наку професор по правни науки) и останатите членови. Според нашите информации, договорот меѓу тогаш Работнички и Јовановски не бил пријавен до ФФМ. Во него стоело дека за сите непочитувања од двете страни надлежен бил Основниот суд 1 во Скопје. Значи Арбитражата не можела да арбитрира во овој спор. Исто така за неколку дена закажано е првото рочиште во Основниот суд 1 во Скопје во врска со овој случај.



Тие 42.000 евра ќе ги плати "Кометал"

Нашите информации од таборот на "Кометал" велат дека во случај Основниот суд 1 во Скопје да пресуди во корист на Ѓоре Јовановски тогаш "Кометал" а не сегашното раководство на Работнички ќе ги плати тие 42.000 евра. Цифра за која Јовановски го тужи Работнички тогаш Кометал. Имено, при примопредавањето на клубот, "Кометал" и сегашниот претседател на шампионот Драган Поповски (и тој ни ја потврди информацијата) се договориле евентуално ако се загуби спорот со Јовановски парите да ги исплати сегашниот спонзор на Вардар.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: da be
Датум на внесување: 15.Јули.2008 во 14:29

Papers: Reds in for Berba?

15/07/2008 08:19
United step up Berba pursuit
United will hold further negotiations with Tottenham Hotspur today over the possible transfer of Dimitar Berbatov. Despite having had an opening offer in excess of £20 million rejected, United hope to reach an agreement with Tottenham for the Bulgaria forward. Ferguson and his players depart for a preseason tour to South Africa tomorrow and would like Berbatov to join them at some point on the trip.
Staff reporter, The Times

-------------
So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!


Постирано од: da be
Датум на внесување: 16.Јули.2008 во 18:04
hmm

Berbatov confident of making dream move
Dimitar Berbatov is determined Tottenham’s hard-line stance over a proposed move to Manchester United will not wreck his dream of Champions League football next season. United have not agreed a fee with Spurs and have not raised last week’s initial £20m bid. But despite insistence form Tottenham that a new approach is not welcome, Berbatov has told those close to him that he expects to be a United player come the close of the transfer window. Sir Alex Ferguson is prepared to play a waiting game for Berbatov, given the Bulgaria striker is his only major transfer target of the summer. Sources at United confirmed there is no prospect of Berbatov joining them on their tour of South Africa and Nigeria, but negotiations will gather pace upon their return in a fortnight’s time.
Simon Cass, Daily Mail


-------------
So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 16:57

СПОРЕД ИЗБОРОТ НА ГЕРМАНСКИОТ "БИЛД"

Панчев во Топ 20 промашувања на Бундес лигата

* Фудбалерот на векот во Македонија на листата на "Билд" е на 9. место на најголемите трансфер промашувања во историјата на германскиот фудбал

Фудбалерот на веков во нашава земја, Дарко Панчев, е сместен меѓу Топ 20 најголеми трансфер промашувања во германската Бундес-лига според изборот објавен во вчерашниот број на еден од најтиражните германски медиуми "Билд".

Трансферот на Панчев во 1995 година од милански Интер во Дизелдорф со висина од 1.200.000 тогашни германски марки е оценет како деветто најголемо промашување во историјата на германскиот фудбал.

"Панчев за Дизелдорф одигра само 14 натпревари и постигна 2 гола", пишува "Билд".

Според германскиот весник број еден промашување е трансферот на Аргентинецот Хуан Пабло Сорин кој во 2006 година за 3.000.000 евра мина од Виљареал во Хамбургер. На второто место е Јан Симак кој во 2002 година за 6,5 милиони евра мина од Хановер во Баер Леверкузен, додека трет Алекс Алвес кој за 7,6 милиони евра од Крузеиро се пресели во Херта. На листата се и Јури Џоркаеф, Томас Бертхолд, Јон Дал Томасон, итн.

"На многу клубови им се случува залудно да се расфрлаат со финансиски средства за фудбалери кои се најавуваат како херои а се покажуваат нула", истакнува во својот број "Билд".

ТОП 20 "КИКСЕВИ" ВО БУНДЕС ЛИГАТА

1. Хуан Пабло Сорин (Виљареал - Хамбургер) 3.000.000 евра

2. Јан Симак (Хановер - Баер Л) 6.500.000 евра

3. Алекс Алвес (Крузеиро - Херта) 7.600.000 евра

4. Јорг Алберц (Глазгов Р - Хамбургер) 5.000.000 евра

5. Карлос Алберто (Ботафого - Вердер) 8.000.000 евра

6. Карл Дел'Хе (М'гладбах - Баерн М) 650.000 евра

7. Золтан Себешчан (Ујпешт - Баер Л) 6.000.000 евра

8. Игор Беланов (ЦСКА - М'гладбах) 1.000.000 евра

9. Дарко Панчев (Интер - Фортуна Д) 600.000 евра

10. Марко Рајх (Луцерн - Келн) 3.000.000 евра

11. Јури Џоркаеф (Интер - Кајзерслаутерн) 1.800.000 евра

12. Томас Бертхолд (Рома - Баерн М) 800.000 евра

13. Јон Дал Томасон (Милан - Штутгарт) 7.500.000 евра

14. Виктор Икпеба (Монако - Борусија Д) 7.500.000 евра

15. Ален Мекнили (Селтик - Баерн М) 1.650.000 евра

16. Анибал Мателан (Бока Јуниорс - Шалке 04) 4.800.000 евра

17. Бени Лаут (Минхен 1860 - Хамбургер) 4.100.000 евра

18. Андреас Д'Алесандро (Ривер Плата - Волфсбург) 9.000.000 евра

19. Бент Кристенсен (Брондби - Шалке 04) 2.500.000 евра

20. Луизао (Гремио - Херта) 2.000.000 евра

И меѓу најлошите трансфери во Италија

Само пред две години милионскиот трансфер на Дарко Панчев од белградска Црвена Звезда во италијанскиот шампион Интер исто така тогаш во класификацијата на "Газета Дела Спорт" беше избран во најлошите Топ 10 во историјата на италијанскиот фудбал.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 16:57

ИСКУСНИОТ ИГРАЧ ЗА ВРСКА НА ШАМПИОНОТ, БОЈАН МИХАЈЛОВИЌ, ГО ИМА РЕЦЕПТОТ КАКО РАБОТНИЧКИ ДА ГО ПОБЕДИ ИНТЕР БАКУ ВО РЕВАНШОТ

Стрпливо, мудро, да ја сочекаме својата шанса...

*"Ништо не е готово, имаме добар резултат, но нема потреба да нападнеме со сите сили. Ќе играме мудро, стрпливо и ќе ја чекаме својата шанса која кога тогаш ќе се појави", вели Михајловиќ, кој има проблеми со задната ложа на левата нога

Остануваат уште четири дена до реваншот од двомечот меѓу шампионите на Македонија и Азербејџан. Интер Баку во првиот дуел на свој терен не ја искористи својата шанса која ја носи домашниот терен. И покрај иницијативата и покрај големиот број шанси Работнички, поточно одбраната на нашиот шампион на чело со голманот Љупчо Кметовски не прими гол и успеа заедно со останатите фудбалери кои настапија да се изборат за одлично реми од 0:0.

Добар, одличен резултат, но с$ уште ништо не е готово. Интер Баку покажа дека е квалитетен тим, но сега нашите шанси се зголемуваат, се игра на "Градски", се игра пред домашна публика. Самодовербата пред мечот во вторник од ден на ден расте во нашиот табор и аналогно на тоа оптимизмот е зголемен.

Сепак, нема еуфорија, токму она што го посакува тим - менаџерот Бобан Бабунски. Сите се свесни дека ги очекуваат "пеколни" 90 минути со гостите од Азербејџан.

Особено тоа го знае искусниот играч за врска Бојан Михајловиќ, кој одиграл десетина вакви важни мечеви во дресот на шампионот и има огромно искуство кога треба да се игра на резултат.

" Точно. Ништо не е готово. Имаме добар резултат, но тој резултат може и да 'излаже' во некоја рака. Сега некој ќе посоветува дека треба да се 'тргне' во напад од првата минута и што побргу да се постигне гол. Мислам дека таа тактика ќе биде погубна за нас. Треба да бидеме мирни, стрпливи, да ја сочекаме нашата шанса која кога тогаш ќе дојде. Можеби шансите се наша страна, но Интер покажа дека знае да игра фудбал и затоа мислам дека воопшто нема да биде лесно. Накратко треба да одиграме паметно ако сакаме пласман во 2. квалификациско коло", вели Михајловиќ.

Инаку, тој има мали проблеми со задната ложа на левата нога. Вчера не тренираше, Бабунски го штедеше. Сепак, Михајловиќ важи за голем борец и нема шанси, како што напомена самиот, овој дуел да го пропушти.

З. Ѓоршоски

КВАЛИФИКАЦИИ ВО ЛШ 1. КОЛО (РЕВАНШ)

РАБОТНИЧКИ - ИНТЕР БАКУ


(0:0 прв меч)

22.07.2008 (вторник)

Почеток: 17:00 часот.

Градски стадион во Скопје. Капацитет: 15.000 гледачи. Судија: Асаф Кенан. Помошници: Дени Красиков и Еитан Гринберг (сите од Израел).

ТВ пренос на А2

Оние љубителите на фудбалот кои не ќе можат дојдат на "Градски" и да навиваат за нашиот шампион ќе можат да го следат натпреварот низ директен ТВ пренос на А2 телевизија. Преносот почнува во 16:55, а мечот во 17:00 часот.

Идризи и Поповски не се договорија

Менсур Идризи не е повеќе член на Работнички. Според неговите зборови, тој не успеал да се договори со претседателот Драган Поповски и сега е во потрага по ангажман.

"Познато е дека јас минатата полусезона бев на позајмица во Шкендија ХБ како фудбалер на Работнички. Имав желба да се вратам во Работнички, но не успеавме да се договориме со раководството на клубот, поточно со претседателот Поповски и решив кариерата да ја продолжам во некој друг клуб", ни изјави Идризи.

Прес в понеделник, во 12 часот

Работнички ќе одржи прес - конференција за новинарите в понеделник, во 12 часот, во ресторанот "Маракана". Повод, секако, е претстојниот реванш натпревар со Интер Баку. На него покрај дел од играчите, тим - менаџерот Бабунски се очекува да присуствува и претседателот Драган Поповски.

Карантин во хотел Карпош

Фудбалерите и стручниот штаб ќе заминат во карантин во х. Карпош во понеделник. Тоа е новата база на "романтичарите" од кога на местото тим - менаџер дојде Бобан Бабунски. Да потсетиме дека во времето на Ѓоре Јовановски во карантин се одеше во х. Амбасадор, понекогаш и на Средно Водно. Додека кога стратег беше Драгољуб Беквалац базата беше хотелот Белви.

И Секуловски во конк*ренција

Како што н$ информира помошникот на Бабунски, Љупчо Марковски, дефанзивецот Владимир Секуловски, кој дојде од Вардар, подготвен е да одговори на задачите во дефанзивата на нашиот шампион. Да се потсетиме, Марковски не патуваше во Баку, тој ги водеше тренинзите на оние играчи кои останаа во Скопје меѓу кои беше и Секуловски, кој ја "одлежа" суспензијата од еден меч поради картони.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јули.2008 во 16:58

АЛЕКС ФЕРГУСОН ГИ СМИРИ НАВИВАЧИТЕ НА ЈУНАЈТЕД ПО СОСТАНОКОТ СО ПОРТУГАЛЕЦОТ

Роналдо останува!

По два месеци шпекулации и неизвесност, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон вчера прв пат јавно проговори за иднината на Кристијано Роналдо и неговиот можен трансфер во Реал Мадрид. Тој откри детали од минатонеделниот состанок со португалскиот репрезентативец и објави дека добил уверување оти и следната сезона ќе игра во актуелниот англиски и европски првак. Тоа е големо олеснување за навивачите на Манчестер Јунајтед кои во последните недели постојано беа во исчекување на одлуката околу иднината на најдобриот фудбалер во Премиер-лигата за минатата сезона.

"Состанокот помина во најдобар ред, мислам дека двете страни јасно ги кажаа своите ставови. Можам да ви потврдам дека Роналдо и идната сезона ќе биде фудбалер на Манчестер Јунајтед и нема да биде продаден. И досега немаше никакви причини за паника, бев на одмор и не сакав ништо да го наруши мојот мир. Не се исплашив бидејќи фудбалерот се уште е под договор и сите права врз него ги има Манчестер Јунајтед. Одлучивме постојано да молчиме и мислам дека е правилен пристап, с$ држевме во тајност и она што јас му го реков на Роналдо остана само меѓу нас", рече Фергусон.

Манчестер Јунајтед од вчера се наоѓа на турнеја во Јужна Африка каде ќе одигра три пријателски натпревар, а синоќа Фергусон одржа уште една прес-конференција на која го потврди останувањето на Роналдо. За тоа време, Португалецот се наоѓа во Португалија каде заздравува од операцијата на скочниот зглоб што ќе го одвои од терените околу три месеци.

"Го посетив во Португалија и се помина во најдобар ред, нема никакви проблеми меѓу нас и така ќе остане. Првите четири недела ќе биде на патерици, потоа уште четири на рехабилитација, а последните четири ќе тренира. Планираме пауза од три месеци и нема да го форсираме брз да се врати. Сакаме да биде комплетно подготвен, без ризик бидејќи во спротивно можеме само да му ја расипеме кариерата", додаде менаџерот на Јунајтед.

Изјавата на Фергусон дојде само неколку часа откако претседателот на Реал Мадрид, Рамон Калдерон им порача на своите навивачи да се смират бидејќи Роналдо сигурно летово ќе се пресели на Сантијаго Бернабе.

Бербатов, најголема желба

Алекс Фергусон потврди дека летово сите сили ќе ги насочи кон ангажирање на напаѓачот на Тотенхем, Димитар Бербатов. Трансферот на Бугаринот беше главна тема во англиските медиуми, а отштетата што ја понудил изнесува меѓу 20 и 28 милиони фунти.

"Испративме понуда до Тотенхем и очекуваме наскоро да се заврши работата. Го следиме Бербатов подолго време, презадоволни сме од неговите квалитети и сметам дека би бил одлично засилување за нашиот напад", рече Фергусон.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 14:32

МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОН ДЕНЕСКА (17 часот) ВО ПОЗИТИВНО РАСПОЛОЖЕНИЕ ГО ОЧЕКУВА РЕВАНШОТ ОД 1. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО ВО ЛШ СО АЗЕРБЕЈЏАНСКИОТ ИНТЕР БАКУ

Ако има срце и к'смет...

* "По оние 0:0 од Баку сега самодовербата меѓу нас фудбалерите е на уште повисоко ниво. Повторно со една максимално концентрирана но и борбена игра сигурен сум дека можеме да дојдеме до следната рунда", вели капитенот Баже Илијоски

РАБОТНИЧКИ - ИНТЕР БАКУ

Градски стадион во Скопје. Капацитет: 15.000. Почеток: 17 часот. Главен судија: Асаф Кенан. Помошници: Дени Красиков и Еитан Гринберг (сите од Израел).

РАБОТНИЧКИ: Кметовски, Секуловски, Лазаревски, Крстевски, Лукмон, Аксентиев, Османи, Муарем, Итуа, Велковски, Илијоски

Тренер: Бобан Бабунски

ИНТЕР БАКУ: Симеонов, Гурбанов, Левин, Шишкин, Исмаилов, Златинов, Имамалиев, Арнаут, Петровиќ, Х. Мамадов, Гуглемон

Тренер: Валентин Ходукин

Без посериозни промени околу очекувањата во однос на првиот натпревар, сосема свесни дека повторно максималната борбеност, среќата но и сега дополнението од неопходен квалитет на теренот се единствените можности како надеж за продолжување на европското лето фудбалерите на македонскиот шампион во позитивно расположение го очекуваат денешниот реванш дуел од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите со азербејџанскиот Интер Баку.

Позитивните 0:0 од Баку отворено го оставаат во игра новиот состав на Работнички предводен од тим-менаџерот Бобан Бабунски, сепак, и покрај големите организациско-играчки промени, да го мине во овој случај фаворизираниот состав на "банкарите" од Азербејџан.

"Иако многумина не отпишуваа, одличната атмосфера меѓу нас фудбалерите уште во Баку не донесе до тој позитивен резултат", вели капитенот на Работнички, Баже Илијоски.

"Сега самодовербата е на уште повисоко ниво. Свесни сме за квалитетите на противникот, но повторно со една максимално концентрирана но и борбена игра сигурен сум дека можеме да дојдеме до пласман во следната рунда", дополнува Илијоски.

Од стручниот штаб како и претходно резултатски не се оптоварени очекувајќи подобро издание од она на "Тофик Бахрамов" во Баку.

"Резултатот не е императив, и тоа фудбалерите го знаат. Не сакаме воопшто да има некаков протисок врз играчите, а комплетната одговорност за евентуален неуспех ја презема стручниот штаб", вели тим-менаџерот Бобан Бабунски веднаш дополнувајќи:

"На фудбалерите е единствено да ги исполнат зададените задачи. Ние се уште сме во фаза на исполнување на некои свои идеи, визии за играта. Физички, технички и тактички не може да се каже дека сме комплетно подготвени, меѓутоа има подобрување од ден на ден и јас сум сигурен дека на овој реванш ќе бидеме далеку подобри од изданието во Баку, па секако тоа ни дава надеж и да очекуваме позитивен резултат посебно што сега играме и на домашен терен", истакна Бабунски притоа потенцирајќи дека нема некои големи можности за калкулации па може да се очекува на дуелот да играат без малку истите од Баку се разбира овој пат со нешто поизразени офанзивни задачи.

Доколку денеска се мине и тоа како незгодниот состав на Интер Баку, Работнички во 2. квалификациско коло од ЛШ веќе следната недела го очекува атрактивниот белградски Партизан.

"Иако во овој момент сме единствено концентрирани на средбата со Интер Баку, секако дека сите го посакуваме тој дуел. Мислам дека ако се повтори пожртвуваната игра од претходниот натпревар можеме да дојдеме до два големи натпревари со Партизан кои секако би биле на задоволство на целокупната домашна спортска јавност", истакна на вчерашната прес-конференција претседателот на Работнички, Драган Поповски.

В.Булатовиќ

Помош од "Легија 5" и "Комитите"

Од редовите на македонскиот шампион очекуваат подршка и од навивачите за кои ќе биде отворен влезот на Градскиот стадион денеска. Работнички меѓу другото денеска ќе ја промовира својата нова навивачка група "Легија 5".

"Секако очекуваме силна подршка од 'Легија 5' која е новорегистрирана наша навивачка група, меѓутоа секако и јавно ги повикуваме 'Комитите' кои се нашиот најголем навивачки бренд да ни помогнат во остварувањето на целта - пласман во следната рунда европски натпревари бидејќи во овој случај нема да се навива за Работнички туку за Македонија. Успешното наше претставување на меѓународната сцена е заеднички интерес", истакна претседателот на шампионот, Драган Поповски.

Секуловски место Михајловиќ

Бобан Бабунски на истите 18 фудбалери со кои отпатува во Баку ќе смета и за реванш средбата денеска на "Градски" со исклучок на повредениот Бојан Михајловиќ чие искуство и тоа како ќе недостасува во средниот ред.

На местото на Михајловиќ меѓу 18-те е левокрилниот дефанзивец Владимир Секуловски кој пак поради европскиот црвен картон од минатата сезона не беше на располагање за првиот натпревар во Баку.

Јокановиќ ќе "снима" на "Градски"

Шефот на стручниот штаб на белградски Партизан, Славиша Јокановиќ не оставајќи ништо на случајноста денеска на "Градски" ќе го "снима" својот противник во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Јокановиќ посакува сам да се увери во можностите на двете екипи, откако неговиот помошник Звонко Варга, пак, го следеше натпреварот во Баку. Од таборот на Партизан не кријат дека за свој противник го посакуваат македонскиот шампион.

БЛИЦ БЛИЦ БЛИЦ

- Раководството на Работнички со единствена цел добивање на што поголема подршка од домашните љубители на фудбалот се одлучи влезот на денешниот натпревар да биде бесплатен

- Директен телевизиски пренос од денешната реванш средба во ЛШ ќе има на А2 Телевизија

- Фудбалерите на македонскиот шампион на својата нова опрема од денеска се очекува да го промовираат и новиот спонзор "Муллер Висуал"

- Гостите од Азербејџан допатуваа со само еден претставник на медиумите. "Се надеваме да одиме во 2. коло и тогаш ќе ги има многу повеќе", коментираше низ шега вчера портпаролот на Интер Баку

АЗЕРБЕЈЏАНЦИТЕ СО ОГРОМНА САМОУВЕРЕНОСТ ДОПАТУВАА ВО СКОПЈЕ

Мамадов: "Посилни сме, ќе го докажеме тоа"


Со огромна самоувереност азербејџанските фудбалери вчера допатуваа во Скопје одработувајќи го и единствениот тренинг на Градскиот стадион од 17 часот во терминот на одигрување на денешната средба.

Во тимот тренерот Валентин Ходукин сега ќе го има и најдобриот напаѓач Хагани Мамадов кој комплетно се опорави од повредата поради која не настапи во Баку.

"Сега се чуствувам одлично. Јас бев подготвен и за првата средба меѓутоа тренерот не сакаше да ризикува. Многу сме подобри од вашиот состав, и тоа се виде веднаш. Посилни сме и ќе го докажеме тоа и во Скопје", ни изјави вчера Хагани Мамадов.

Што се однесува до составот Ходукун најавува две до три измени во однос на оној од Баку. За Белорусинот Белкевич сепак, како што вели Ходукин, нема да има место во првиот тим.

И Арнаут во комбинација

И Србинот Горан Арнаут кој допатува во Скопје ќе биде во комбинација за настап на денешниот натпревар. Фудбалерот од средниот ред иако се уште чуствува проблеми со зглобот се очекува да биде во стартниот состав на Ходукин.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 14:33

СЕ УШТЕ СЕ ОЧЕКУВА РАЗВРСКАТА СО СУСПЕНДИРАНИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ

Работнички не плаќа отштета за "вардарци"

"Ние не сме подготвени да плаќаме отштета за тие фудбалери, но очекуваме на некаква спортска колегијалност. Ако можеше Вардар да ги одведе сите фудбалери од Работнички, зошто да не бидат ослободени оние на кои не смета", вели Драган Поповски

Деновиве фудбалската јавност ја очекува разврската околу суспендираните вардарови фудбалери со кои од раководството на "црвено-црните" најавија дека се подготвени на разговори меѓутоа единствено доколку самите пројават желба за решавање на сопствената фудбалска судбина.

Голманот Јорде Георгиевски е засега единствениот од суспендираните кој е пред целосно наоѓањето заеднички јазик со Управата на "вардарци" и реализација на својот трансфер во албанскиот прволигаш Тирана, додека на пат за решение се Милан Перендија и Славен Станковиќ.

Од таборот на Работнички долго време се надеваат на пристигнување во своите редови на Душан Савиќ, Ѓорѓи Мојсов и на уште неколку фудбалери од Вардар кои се под етикетата суспендирани меѓутоа не се подготвени да реализираат класичен трансфер.

"Ние не сме подготвени да плаќаме отштета за тие фудбалери", категоричен е претседателот на Работнички, Драган Поповски. "Искрено, очекуваме некаква спортска колегијалност. Ако Вардар можеше да ги одведе сите фудбалери од Работнички и притоа да не плати никаква отштета, тогаш логично е сите оние на кои не се смета да добијат исписници посебно ако се знае дека новите спонзори немаа свој финансиски удел во нивните кариери", вели Поповски, кој наоѓа и друг мотив за добивање на неколкуте вардарови фудбалери во своите редови.

"Друга приказна е што нарушени се и некои принципи, па ете има и поделба на фудбалерите. Некои како Секуловски, Коруновски и Димче Ристевски добија исписници, а за останатите не може. Ние и натаму ја очекуваме разврската околу нивните жалби на одлуката на ФФМ. Ако од ФФМ се добие позитивен резултат за фудбалерите, тогаш еве јавно кажувам дека со фудбалерите ќе разговараме за премин во Работнички секако во зависност и од тоа кои ни се потребни, а отштета на друг клуб нема да плаќаме".

Раководството на "вардарци", пак, јасно посочи дека разговори и преговори со сите фудбалери ќе има, меѓутоа нема да се оди контра интересите на клубот па очекувано сите фудбалери ќе може да бидат слободни со платена соодветна отштета.


Комплетирано разграничување

И од двата соседски клуба потенцираат дека новата сезона ја очекуваат сосема разграничени притоа почитувајќи меѓусебните договори и за финансиската разделба.

"Од 1 јули фамилијата Костовски нема никакви обврски кон Работнички. Исто така склучивме меѓусебни договори околу финансиската распределба кои сигурен сум дека ќе се испочитуваат од двете страни. Што значи разграничувањето е целосно направено", истакна на вчерашната прес-конференција Поповски.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Јули.2008 во 14:34

И АНГЛИЧАНИТЕ НАПРАВИЈА ИЗБОР НА 10-ТЕ НАЈЛОШИ ТРАНСФЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПРЕМИЕРЛИГАТА

Шева - најголемо промашување на Островот

Само неколку дена откако германскиот весник "Билд" ги селектираше 20-те најголеми трансфер-промашувања во Бунделсигата, се огласи и англискиот таблоид "Сан" кој исто така селектираше десет најлоши трансфери реализирани во историјата на англиската Премиерлига. На врвот на непопуларната листа се најде легендата на украинскиот фудбал Андри Шевченко, чиј трансфер од Милан во Челзи е оценет како најголема грешка во трасфер политиката на еден од премиерлигашите. Во редот на популарната листа се наредија и следниве фудбалери:

10. Хозе Антонио Рејес (Арсенал, 10,5 мил. фунти)

Младата шпанска фудбалска ѕвезда направи трансфер во Арсенал во 2004 година, но за време на трите сезони колку што беше присутен на "Хајбери", "топчиите" немаа никакво фајде. Постиган 16 гола на 69 средби во лигата и се покажа како неподобен за една ваква силна европска лига.

9. Џибрил Сисе (Ливерпул, 14 мил. фунти)

Квалитетот прикажан на средбите за Ливерпул ни оддалеку не кореспондира со платата и парите кои за него ги одвои Ливерпул. Дојде од Оксер на "Енфилд" во 2004 година како и Рејес, но одигра само 49 средби, откако долго време се жалеше на повреда. Ништо од најавата дека ќе биде наследник на Фаулер и Овен.

8. Дарен Бент (Тотенхем, 17 мил. фунти)

Минатата сезона дојде во Тотенхем, но во првата сезона не прикажа квалитет кој од него се очекуваше. "Спарси" платија цело богатство за него, а тој на 27 средби лани постигна само 6 гола. Ако сака барем делумно да ја оправда цената која ја држеше на пазарот лани, мора годинава да се наметне како лидер во тимот.

7. Адријан Муту (Челзи, 16 мил. фунти)

"Кокаин-мен" беше едно од првите капитални засилувања во новиот Челзи на Роман Абрамович. Постигна 6 гола на 27 лигашки средби за Челзи и го фатија под допинг. Се уште се тужи со Челзи околу неисполнетите обврски од договорот и неговото прерано раскинување.

6. Стив Марле (Фулам, 11,5 мил. фунти)

Кога Фулам се подготвуваше да наликува на Манчестер Ј. Стив Марле беше донесен да му даде една нова димензија на клубот. Играше во Лион и дојде како вистинска ѕвезда за огромна сума пари во таа 2001 година. Остана само како "потенцијална ѕвезда". Последните две сезони ги помина во Лориен.

5. Сергеј Ребров (Тотенхем, 11 мил. фунти)

Второ големо (најголемо) промашување во трансфер политиката на екипата на Тотенхем. Дојде на "Вајт Харт Лејн" во 2000 година за сума од 11 милиони фунти, а замина по 4 сезони со само 10 гола. Херојот на Динамо Киев во деведесеттите се покажа како целосно промашување за "Спарси".

4. Крис Сатон (Челзи, 10 мил. фунти)

Ова е доказ дека "сините" имаа "киксови" и пред ерата на Роман Абрамович. Сатон за голема сума на пари се најд ево дресот на Челзи во 1999 година, но остана само една мизерна сезона на "Стемфорд Бриџ". Постигна едвај еден гол на 28 одиграни средби, па замина во Селтик каде остана до 2006 година.

3. Ел Хаџи Диуф (Ливерпул, 10 мил. фунти)

Блесна на светскиот шампионат во2 002 и веднаш Ливерпул, но и редица други клубови се залетаа по него. "Црвените" извадија добра цифра и Ел Хаџи Диуф се пресели на "Ендфилд". Постигна само 3 гола на 55 одиграни средби за Ливерпул. Замина во Болтон, но и таму не покажа дека е голгетер од светски калибар.

2. Алберт Луке (Њукасл, 10 мил. фунти)

Голема сума за човек кој ќе одигра само 21 просечен натпревар е гоолемо промашување. Њукасл знаеше дека мора да донесе квалитетен напаѓач во 2005 година, но Луке се покажа очигледно како голем "кикс". Шпанецот кој имаше одлична репутација едвај еднаш успеа да погоди. Сега е во Ајакс. И таму не е на ниво на кое се наоѓаше во добрите денови во Ла Коруња.

1. Андри Шевченко (Челзи, 30 мил. фунти)

Роман Абрамович едвај чекаше да го купи. Го донесе за неверојатни 30 милиони фунти од Милан и се чини само го "исчисти ѓубрето" од дворот на "росонерите". шева не успеа да се наметне во составот кај Мурињо, но не беше во плановите и на Грант. Интересно, Луис Фелипе Сколари изјави дека следнава сезона ќе смета на него.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 14:21

ВО ДОМАШНИОТ ФУДБАЛ СИТЕ СЕ ЗАШТИТЕНИ ОСВЕН ОНИЕ КОИ ГО ИГРААТ ФУДБАЛОТ

Уште една сезона за "семки"

*Каде е тоа здружение на фудбалери!? До кога фудбалерите ќе играат по нотите на оние кои од година во година им даваат се помалку пари!?

Лесно им е на фудбалските газди кога на спротивната страна имаат неорганизирани, непрофесионални и фудбалери кои не си ја вреднуваат својата пот, знаење, труд... Пред нас е уште една нова сезона во која поголемиот дел од играчите ќе играат за "семки" ќе живеат со надежта и ќе бидат задоволно со една просечна плата од околу 200 евра. Тоа е жалната слика за еден просечен фудбалер во Македонија кој е принуден да молчи, да тренира и да чека. На прагот е 17. првенствена сезона во Македонија. А во неа фудбалот повторно ќе се игра за судиите, за делегатите и контролорите. Со оглед на финансиската моќ на прволигашите треба да се очекува и просечен фудбал, малку поблика но и се повеќе штрајкови. Штрајкови!? Ете Напредок прв почна а шампионатот сеуште не е почнат. Ќе имаме уште многу вакви слики!!! Нема пари. Сите тие фудбалски востанија брзо се задушуваат. Ден-два и пак на тренинзи, на натпревари. По некоја ситна пара за 5-6 фудбалери и крај на проблемите. А за договори, премии и да не трошиме зборови. Фудбалот во Македонија е тежок социјален случај и најлош во регионов. И не треба да не чуди што нашите екипи се сопињаат уште на првиот праг во евро-куповите - на првото село!!!

Каде е здружението на фудбалери!? Судиите се единствени, ете и тренерите делумно си го заштитија својот "бизнис". Сите се штитат а само оние кои го играат фудбалот остануваат на улица. До кога фудбалерите ќе играат по нотите на оние кои од година во година даваат се помалку пари. Фудбалот ни е на прагот на пропаст. Прашање е само до кога ќе трае ваквиот професионализам кој за жал е се поблиску до аматеризам. Но некој треба да ги "разбуди" овие наши фудбалери. Сите конци се во нивни раце. Треба да бидат единствени и здружени. Само така можат да се изборат за своите права затоа што тие играат фудбал а не судиите, делегатите или тренерите. Со молчење нема ништо да направат па така секој месец по некој клуб ќе си брка по некој фудбалер а оние другите ќе молчат и во себе ќе си повторуваат: "Добро што не сум јас". До кога со молчење!? До кога ќе имаме фудбалери автостопери, фудбалери кои се социјални случаи и фудбалери кои немаат пари да ги санираат повредите кои ги добиле играјќи за некоја од екипите. Фудбалери кои се безгласни им одговара на сите. На клубовите, на ФФМ...


Бегај надвор по секоја цена

Од година во година во Македонија квалитетот на фудбалот е се полош и полош. Има две-три екипи кои се борат за врвот а останатото речиси "боранија". Ниту една лига не може да оди напред доколку во секој преоден рок си одат по 10 до 15 од најдобрите фудбалери. Повеќето од трансферите се смешни но за играчите кои играат во домашниот шампионат важно е да бегаат што поскоро и преки земји од типот на Албанија, Азербејџан...да направат некоја пара и да осигураат преживувачка за некоја година.

Жанко Савов не ја доби поддршката

Фудбалерите сами се виновни за моменталниот статус кој го имаат во Македонија. Имаше обид за здружување. Се обиде Жанко Савов пред 3-4 година но од сето тоа нема ништо. Тој ја доби подршката од клубовите во кои немаше пари но не и од оние капитени кои беа со власта, со екипи кои има даваа по некоја пара... Но тркалото се врти па така тие екипи кои не ја дадоа подршката сега преживуваат ден за ден.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 14:21

ЗА "СТАРАТА ДАМА" СЕПАК НЕ ЗАВРШИ ПРЕОДНИОТ РОК

Јуве не се откажува од Аквилани

И покрај тоа што Клаудио Раниери објави дека со ангажманот на Кристијан Поулсен заврши преодниот рок за Јувентус, клубот сепак испрати понуда до Рома во висина од 25 милиони евра за младиот талент Алберто Аквилани. Торинскиот тим ело лето е во потрага по елитен фудбалер од средниот ред, во конк*ренција беше и Чаби Алонсо, но и навивачите поведуваа дека со ангажманот на Поулсен ова прашање конечно е решено.

Според италијанските медиуми, Аквилани во моментов заработува 900 илјади евра годишно во Рома, а неговиот договор истекува во 2010 година. Тој неодамна побара 2,5 милиони евра годишно за да ја продолжи соработката, но категорично беше одбиен од раководството на римскиот клуб со образложение дека Рома може најмногу да оди до 1,6 милиони. Тоа не е прифатливо за Аквилани бидејќи тој беше еден од носителите на играта на тимот од Олимпико и затоа најави дека ќе си замине.

Истите извори тврдат дека Јувентус е подготвен на Аквилани повеќегодишен договор за плата од 3,2 милиони евра по сезона, но во претстојниот период ќе треба само да ја убеди Рома да го продаде својот играч.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 14:22

КАПИТЕНОТ НА ИТАЛИЈА СРЕЌЕН ВО МАДРИД

Канаваро сака да го продолжи договорот со Реал

Столбот на одбраната на Реал Мадрид, италијанскиот репрезентативец Фабио Канаваро, вчера изјави дека има желба да го продолжи својот договор со шпанскиот шампион и по 2009 година, кога истекува неговиот актуелен документ.

"Се разбира дека имам намера да потпишам нов договор со Реал, немам никаква дилема дали сакам да останам во клубот. Пред да разговарам со било кој друг тим, предност има Реал", вали капитенот на "азурите" кој го крена шампионскиот пехар од Светското првенство во Германија пред две години.

"Постојат многу причини зошто сакам да останам во Реал. Овде пред секој меч има забава, музика и радост. Тоа е разликата меѓу шпанскиот и италијанскиот фудбал, во Италија ако се смееш, постои ризик да те обвинат дека не си доволно подготвен за натпреварот", изјавува Канаваро во вчерашното интервју за "Ел Мундо".

35-годишниот Канаваро, кој е поранешен фудбалер на Наполи, Парма, Интер и Јувентус, има договор со Реал кој истекува по финишот на сезоната 2008/09, а изјавата дека сака да продолжи со Реал доаѓа по неодамнешните изјави на неговиот агент дека ова е неговата финална сезона во Мадрид. Тој неделава се врати на тренинзи откако беше подложен на операција на скочниот зглоб на почетокот на јуни, поради што го пропушти Европското првенство во Австрија и Швајцарија во дресот на италијанскиот тим, а во вчерашното интервју изјави дека се уште е рано да му каже дефинитивно збогум на италијанскиот национален дрес.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 20:36
чекај бе ти цел весник ни напиша од каде овие вести???

-------------
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 28.Јули.2008 во 20:50
тоа ми е работа друже плазење

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: dart
Датум на внесување: 30.Јули.2008 во 11:02
ti si lud kolku dena go pravese ova ?????????? stvarno vesti imas kako toa imali negde nesto za man unt da mi kazes da potrazam


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 30.Јули.2008 во 11:17
druza toj vsushnost e TAA....BLUE E DEVOJKA...
mislam na BLUEPRAYER

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Јули.2008 во 17:08
газење%20од%20смеење коа ке престанат да ме прават машко.....голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка


ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈОТ НА ПОРТУГАЛЕЦОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Фергусон испратил шпион да го следи Роналдо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, признал дека испратил специјален таен агент да го следи секое движење на Кристијано Роналдо за време на неговото гостување во Лос Анџелес пред околу две недели. Португалската супер-ѕвезда с$ уште носи гипс на ногата и не може да тренира, па извесно време помина во САД каде, меѓу другото присуствуваше на доделувањето на наградите на ЕСПН. Но, со него цело време бил и специјалниот емисар на Фергусон кој внимавал на сите активности на фудбалерот.

"Имаме човек кој постојано беше со него. Роналдо е момче кое сака да игра фудбал и да тренира, но сега с$ уште не може бидејќи оди на патерици. Неговиот пат во Лос Анџелес беше испланиран, таму беше од маркетиншки причини и во тоа не гледам ништо лошо", рече Фергусон.

Престојот во Калифорнија беше инспирација за американските медиуми да почнат голем број шпекулации за неговиот приватен живот. Така, некои објавија дека постојано се дружел со алкохолот, но шкотскиот стручњак ги демантира шпекулациите.

"За Роналдо имаше напишано многу лаги. Така, на пример, пишуваше дека пиел вотка, а сите ние знаеме дека не поднесува алкохол", додаде Ферги.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед признава дека "системот на шпионирање" го ископирал и презел од својот ментор и идол, легендарниот Џок Штајн на кого, додека беше менаџер во Абердин, му асистирал во шкотската репрезентација.



УСПЕШНА ОПЕРАЦИЈАТА ВРЗ НОГАТА НА ХОЛАНЃАНЕЦОТ

Боума би можел да се врати до Нова година

Дефанзивецот на Астон Вила, Вилфред Боума ќе биде надвор од фудбалските терени меѓу четири и шест недели поради тешката повреда на скочниот зглоб што значи дека би можел да се врати во тимот пред крајот на оваа година. Холанѓанецот ја доживеа истата судбина како репрезентативецот на Хрватска, Едуардо кому само брзата интервенција на лекарската екипа му ја спаси ногата од ампутација. До повредата дојде на саботниот дуел против Одензе во Интер-тото купот по еден невнимателен старт на противнички фудбалер, а на Боума вчера му беше извршена успешна операција и на ногата најмалку два дена ќе носи протеза.

"Операцијата помина во најдобар ред и сите во клубот сме оптимисти дека Фреди брзо ќе заздрави и ќе се врати во тимот. Повредата е многу тешка, но третманот што го доби во овие два дена како и пост-оперативните прогнози ни даваат право да бидеме оптимисти", изјави менаџерот на Астон Вила, Мартин О'Нил.

Инцидентот се случи во 12. минута од мечот во саботата по што Боума остана да лежи на теренот со болна гримаса на лицето. И неговите соиграчи, но и противнциите останаа шокирани од глетката, а пред да биде изнесен на носилки, Боума неколку минути беше третиран од медицинскиот тим на Вила.



ЛИГА НА ШАМПИОНИ - 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

"Малите" се надеваат во чудо

Голем број од шампионите на "помалите" фудбалски нации во Европа во следните осум дена ќе се обидат да обезбедат пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите и да го продолжат својот престој во европските купови барем за уште два месеци. Според системот за натпревари што пред неколку сезони го воведе УЕФА, победниците од оваа фаза одат во третото коло, а таму дури и да бидат поразени продолжуваат во Купот на УЕФА чии натпревари од првото коло се играат во втората половина на септември.

Иако се игра уште во јули, кога голем број од клубовите тукушто ги почнуваат подготовките за новата сезона, третото квалификациско коло нуди неколку интересни пресметки, но и имиња за кои може да се каже дека припаѓаат во самиот европски фудбалски врв. Тоа, пред с$, се однесува на Фенербахче, кој претходната сезона настапи во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а сега за да обезбеди пласман во фазата по групи ќе мора да елиминира двајца противници бидејќи во меѓувреме ја загуби титулата во својата земја. Првиот од нив е унгарскиот првак МТК кој утре вечер гостува на Шукру Сарачоглу. Во летниот период Фенербахче се засили со неколку квалитетни фудбалери, пред се Емре и Даниел Гуиза, а своето официјално деби утре пред домашните навивачи ќе го има и Луис Арагонес, стручњакот кој пред точно еден месец стана европски првак со шпанската репрезентација.

"Поради моите повреди, немав многу можност да играм во последните сезони. Затоа, со нетрпение го очекувам настапот во Лигата на шампионите иако се работи за официјален натпревар уште во јули", рече поранешниот фудбалер на Интер и Њукасл, Емре.

Панатинаикос никогаш во својата 100-годишна историја не ја почнал сезоната толку рано како сега. Поранешниот грчки првак лани заврши на третата позиција во првенството, па сега ќе мора да се соочи со грузискиот Динамо Тбилиси. Освен овие екипи, внимание привлекуваат балканските гиганти Динамо Загреб кој игра со шампионот од соседната Словенија, Домжале, потоа Партизан кој сега требаше да се сретне со нашиот Работнички, но веќе отпатува во Баку. Во "игра" влегуваат уште редовниот учесник во Лигата на шампионите во последните 15 години Динамо Киев, потоа финалистот од ланското издание на Купот на УЕФА, Ренџерс како и Базел кој со години е во врвот на фудбалот во Швајцарија, но никако не успева да обезбеди пласман во фазата по групи од Лигата на шампионите.

ДВОЈКИ

ВТОРНИК


ИНТЕР - ПАРТИЗАН 16 ч.

БРАН - ВЕНТСПИЛС 20.45 ч.

ДРОГЕДА - ДИНАМО К.

СРЕДА

ТАМПЕРЕ - ПЕТРЖАЛКА 18 ч.

ШЕРИФ - СПАРТА 19 ч.

АЛБОРГ - МОДРИЧА 20 ч.

БЕИТАР - ВИСЛА

ФЕНЕРБАХЧЕ - МТК

ГЕТЕБОРГ - БАЗЕЛ 20.15 ч.

АНДЕРЛЕХТ - БАТЕ БОРИСОВ 20.30 ч.

АНОРТОЗИС - РАПИД

ДОМЖАЛЕ - ДИНАМО З. 20.45 ч.

ПАНАТИНАИКОС - ДИНАМО Т.

РЕНЏЕРС - КАУНАС

 


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Јули.2008 во 17:10

КОСТА КОСТОВСКИ НЕ МОЖЕ ДА ВЕРУВА НА ЖЕСТОКИТЕ ЛИЧНИ НАПАДИ ОД СТРАНА НА ПОРАНЕШНИОТ СОРАБОТНИК ЃОРЕ ЈОВАНОВСКИ

Коки: "Рани куче да те лае"

Спорот меѓу фамилијата Костовски и нашиот тренер Ѓоре Јовановски околу исплатата на 42.000 евра на сметката на Јовановски за минатогодишниот раскин на договорот од страна на Работнички во периодот кога Кометал го раководеше клубот навлезе во меѓусебна јавна полемика, па по вчерашните жестоки напади од страна на Јовановски упатени пред с$ кон Коста Костовски, неизбежна и реакцијата на актуелниот потпретседател на Вардар...

"Тоа што лесно се забележува од последниот текст со серија лични навреди кон членовите на фамилијата Костовски од страна на тренерот Ѓоре Јовановски е дека не се работи за новинарско интервју но домашна задача на средношколец на кого му биле потребни доста пот и малку повеќе време да ги состави зборовите и потоа да ги изнесе", вели Коста Костовски, веднаш дополнувајќи:

"Мора да искажам благодарност за вулгарните зборови кои ми ги отворија очите за човекот кој долги години беше на кормилото на Работнички, земаше плата и живееше од средствата на фамилијата Костовски и воедно се обраќаше со Вие, а преку кои лесно се проценува за каков човек всушност станува збор. Од сето тоа само произлегува добро познатата поговорка 'Рани куче да те лае'".

Костовски не може да верува дека Јовановски така лесно сам на себе си ги припишува сите минати успеси на Работнички.

"Што се однесува околу констатациите кој бил Работнички пред и со Ѓоре Јовановски, би истакнал дека за љубов секогаш се потребни двајца. И за успеси се потребни два или многу повеќе фактори. За успесите на господинот Јовановски неспорно е дека колку што е заслужен тој самиот заслужни сме и ние како фамилија, а најмногу фудбалерите. Доколку не бевме ние ни тој немаше да биде тренер со успеси кои ги покажа во Европа и освоени титули, а немаше ни да води екипа која се бори за титули, но ќе беше тренер на екипи надвор од Македонија кои се борат за опстанок", вели Коста Костовски притоа потенцирајќи дека ова е последен пат на јавна полемика со својот поранешен тренер.

"Понатаму поставувам една црта во врска со тренерот Јовановски. Воопшто не се вредни за коментар навредите од типот на невоспитување, ароганција, палење некакви свеќи кои ќе имаат судска разврска".

Инаку, Ѓоре Јовановски пред еден месец според одлуката на Арбитражната комисија при ФФМ го доби спорот со Работнички, и пред неколку денови на својата сметка доби 42.000 евра од Кометал, по што, пак, Костовски најави дека и покрај тоа преку судска постапка ќе бара враќање на средствата.


На суд и за навреда и клевета

Коста Костовски најавува дека покрај судската разврска околу отплатата на 42.000 евра кои Ѓоре Јовановски ги доби поради едностраниот раскин на договорот, меѓу двете страни ќе има уште еден судски процес.

"На Јовановски би му порачал дека нема само еднаш да се сретнеме на суд. Сега ќе се сретнеме и по вторпат по поднесената од моја страна приватна тужба за навреди и клевета", вели Костовски.






-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 02.Август.2008 во 09:50
Францускиот одбранбен играч Турам и официјално се пензионира...

-------------
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 02:28

ФРАНЦУСКИОТ МАЈСТОР ИМА УСПЕШНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА

Рибери заздравува според планот

Ѕвездата на Баерн Минхен за околу пет до шест недели треба да се врати на фудбалските терени бидејќи неговата рехабилитација минува во најдобар можен ред.

Повредата на скочниот зглоб, која Франк Рибери ја заработи на европското првенство во Австрија и Швајцарија, ќе биде речиси комплетно санирана со еден дополнителен оперативен зафат, а тој ќе биде извршен в петок.

Заздравувањето на извонредниот француски репрезентативец оди според планот, а петочната хируршка интервенција ќе претставува отстранување на плочката од скочниот зглоб.

Инаку, тој се повреди на мечот од второто коло на ЕП, меѓу Франција и Италија, по еден негов судир со Џанлука Ѕамброта, по што неколку недели мораше да користи патерици.

Неговото враќање на теренот се очекува во септември, откако ќе ги пропушти првите неколку средби на Баерн Минхен во новиот бундес-шампионат.


ЛИГА НА ШАМПИОНИ - 2. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Сензација во Брисел

Екипата на Бате Борисов од Белорусија го направи најголемото изненадување во првите натпревари од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите откако во Брисел го совлада вицепрвакот на Белгија, Андерлехт со 2:1 и со огромна предност ќе го очекува реваншот на домашен терен идната недела. Анонимниот белоруски тим отпатува како голем аутсајдер на овој натпревар, но си замина дома со исклучително важна победа која му овозможува да го повтори минатогодишниот успех кога стигна до третото квалификациско коло од Лигата на шампионите и таму доживеа пораз од Стеауа. Евидентно беше дека Андерлехт го потцени својот противник и на крајот ја плати цената за тоа. По очајното прво полувреме, во вториот дел белгискиот претставник почна да игра нешто и во 65. минута преку Жилет дојде во водство од 1:0. Но, за само три минути работите комплетно се сменија. При еден напад на Бате, Василевски неспортски играше во својот шеснаесетник, за тоа доби и црвен картон, а Криветс од пенал израмни на 1:1. До крајот и гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Стасевич, но Нехаичик на две минути пред крајот се погрижи за најголемата сензација во вчерашните натпревари.

Многу тешка работа на реваншот ќе има и Ренџерс кој на домашен терен не успеа да го совлада литванскиот Каунас и одигра без голови. Затоа, во следната фаза од Лигата на шампионите уште отсега можат да се видат Петржалка, Динамо Загреб, Панатинаикос и Алборг кои обезбедија убедливи победи, па и Фенербахче, Спарта Прага и Анортозис кои идната недела само треба да го потврдат пласманот во третото квалификациско коло.

РЕЗУЛТАТИ

ТАМПЕРЕ - ПЕТРЖАЛКА 1:3


Ниеми 16' - Поспеч 9', Обзера 20', Пирошка 86'

ШЕРИФ - СПАРТА 0:1

Кладрубски 74'

АЛБОРГ - МОДРИЧА 5:0

Јохансон 16', Јакобсен 41', Бемер 44', Дуе 52', Кака 89'

БЕИТАР - ВИСЛА 2:1

Барочиан 61', 79' - Брозек 28'

ФЕНЕРБАХЧЕ - МТК 2:0

Р.Карлос 16', Шахин 59'

ГЕТЕБОРГ - БАЗЕЛ 1:1

Олсон 32' - Хугел 25'

АНДЕРЛЕХТ - БАТЕ БОРИСОВ 1:2

Жилет 65' - Криветс 69' (п), Нехаичик 88'

АНОРТОЗИС - РАПИД 3:0

Скопелитис 35', Сосин 47', 90'

ДОМЖАЛЕ - ДИНАМО З. 0:3

Врдољак 11', Самир 21' (п), Тадиќ 40'

ПАНАТИНАИКОС - ДИНАМО Т.   3:0

Иваншиц 22', Салпингидис 45', 74'

РЕНЏЕРС - КАУНАС 0:0






-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 13:41

НА ДЕН ПРЕД ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПРЕОДНИОТ РОК

Башкими без "компас"

Кумановскиот прволигаш Башкими на ден пред завршувањето на преодниот рок нема пријавено ниту еден фудбалер во куќата на фудбалот. Едноставно Башкими е без "компас" пред стартот во новата сезона и доколку тоа не го стори до денеска на полноќ ќе биде "отфрлена" од прволигашкото друштво. Информациите од Куманово велат дека се чека да заврши мечот со Омонија кој е на преден план, а потоа да се најде решение за Башкими. Средбата се игра денеска во 17 часот, а потоа остануваат уште седум часа да се достави целосната документација за фудбалерите кои ќе бидат регистрирани за новата сезона. Дали техничката служба ќе биде подготвена да ја подготви експресно целосната документација, ќе се знае денеска до полноќ. Како што стојат моментално работите, сите фудбалери во Башкими, оние што веќе беа како и новоангажираните, "висат" и го чекаат епилогот од "кошмарот" кој го има "окупирано" клубот.

Инаку, вчера фудбалерите ги одработија претпладневните обврски, а денеска ќе знаат дали ќе бидат завршени сите формалности околу нивната регистрација.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 17:17

ОЧЕКУВАН ТРИУМФ НА "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" НАД СОЛИДНИОТ РИВАЛ ОД ПРИЛЕП

Вардар "полета" кон титулата

*Јанчевски, автоголот на Дарко Крстески и Глигоров ја "скроија" првата победа на "црвено-црните" на стартот од новата сезона

ВАРДАР - ПОБЕДА 3:0 (0:0)

"Градски" стадион во Скопје.

Гледачи: 3.000

Главен судија: Зоран Петковски. Помошници: Манасиев и Новачев, тројцата од Велес.

Делегат: Никола Џорлев - Струмица.

Ж. картони: Ковачевиќ, Јанчевски (В), Дамески, Тиаго (П)

Стрелци: Јанчевски 56', Крстески 63' а.г, Глигоров 84'

Играч на натпреварот: Никола Глигоров

ВАРДАР

Пачовски 2,5

Божиновски 2,5

Ковачевиќ 2,5

Станишиќ 2,5

Глигоров 3,5

Јанчевски 3

Положани 3

Брага 2,5

Милисављевиќ 3

(81' Ејупи /)

Муса Али 3

(58' Масев 2,5)

Петров 2,5

(70' Пеев 2,5)

ПОБЕДА

2,5 Угреновиќ

1,5 Крстески

(1,5 Мирчески 67')

2 Обрадовиќ

2 Дамески

1,5 Петров

2 Деилсон

2 Нацев

(2 Алтипармаковски 58')

2 Тиаго

2 Ацески

2 Нестороски

(/к*ртушиќ 72')

1,5Трипуновски

Убедлива победа на Вардар во првото дерби од новата сезона. Победа беше "збришана" од главниот фаворит за титулата во меч на кој гостинот од Прилеп "заспа" или немаше сили во вторите 45 минута да му парира на "разлетаниот" домаќин.

Едно убаво летно попладне на Градски каде 3.000 гледачи дојдоа да го видат и да навиваат за новиот Вардар за тимот кој го има најдобриот состав во новата сезона и екипа која по пауза од шест години ќе се обиде да ја обои шампионската титула со црвено-црна боја. Прилепчани капитулираа во 56. минута кога по перфектниот центаршут на Муса Али, Јанчевски носи водство и 1:0 за составот на Достаниќ. Тоа е мигот во кој паднаа притисоците, падна товарот наречен мора да се даде гол, мора да се победа. Потоа с$ беше лесно, едноставно и на теренот играше само еден тим - Вардар. Автоголот на Крстески само докажа кој е кој и кој ги освојува трите бода на овој меч. Триумфот го запечати одличниот Глигоров, кој неуморно ги одигра сите 90 минути и во финишот како награда за големата километража го постигна и погодокот за 3:0.

А Победа!? Гостинот добро тргна. Во првиот дел беше рамноправен, се закануваше и имаше шанси. Тиаго беше тој кој им создавеше многу проблеми на вардаровите дефанзивци. Сепак, Победа немаше сили за цел меч за 90 минути, а згора на тоа домаќинот имаше и поголем фонд на фудбалери - имаше клупа.

Колку е силен овој Вардар!? Е на тоа одговор ќе даде веќе следниот дуел со Пелистер на "Градски" по две недели затоа што "црвено-црните" сега се слободни. Сезоната штотуки почна и доколку тимот од Градски продолжи во ваков стил пред него е една плодна и успешна сезона во која мора да се стигне до тронот - до титулата.

И. Д. Ивановски

Минута по минута:

2' Брага од 30 метри ниско по земја, но Угреновиќ е на место и брани.

4' Пачовски го брани ударот на Трипуновски од 13 метри, кој беше добро уфрлен од Нацев.

7' Тиаго се закани со силен удар од 23 метри, но топка мина крај десниот дирек.

8' Јанчевски сам, се сплетка на 5-6 метри, сакаше да одглуми пенал, но од сето тоа само гол аут.

15' Ацески изведе корнер од десната страна, го пронајде Обрадовиќ, кој упати удар со глава од 7-8 метри, а Пачовски повторно е на место и брани.

29' Длабинска топка кон Јанчевски, кој се избори за удар со глава, но по средина на голот каде е сигурниот Угреновиќ.

38' Обид на Положани од 20 метри, но млако и без проблем за гостинскиот голман.

40' Најубавата акција на Вардар преку Муса Али и Петров, а Божиновски осамен на петерецот премногу чека и шансата останува без завршница.

45' Индирект од 17 метри по кој одличен удар на Милисављевиќ и одлична одбрана на Угреновиќ, кој го спаси својот гол и во продолжетокот на акцијата и ударот на Положани.

1:0 - 56' Прекрасен центаршут на Муса Али, кој ја сервираше топката на главата на Јанчевски, кој од 5 метри го скрши отпорот на гостите.

63' Јанчевски во нова шанса, но не стигна на време и беше кус во обидот да ја смести топката во празната мрежа по изведениот корнер од левата страна.

2:0 - 65' Крстески со ефектен автогол со глава ја 'закова' топката во мрежата на Угреновиќ по слободниот удар што го изведе Положани.

67' Топката профуче крај десниот дирек на Угреновиќ по ударот на Јанчевски од 18 метри.

75' Пеев содобра топка, го проигрува Милисављевиќ, кој има зицер, но Угреновиќ го брани неговиот удар од 10 метри.

84' - 3:0 Глигоров од втор план изби сам, добро го измеша Петров и со прецизен удар од десетина метри ја тресе мрежата на Угреновиќ.

86' Каков дирек на Пеев!!! Со волеј удар од десетина метри откосо го тресе левиот дирек на Победа, а по центаршутот на Положани.

88' Алтипармакоски со удар од 35 метри за малку не го изненади Пачовски.

СТАТИСТИКА:

6 корнери 4

11/7 удари/во 4/2

13 прекршоци 17

1 офсајди 3

2 ж. картони 2

Вајс се повредил во петокот

Капитенот на "црвено-црните" од трибините го следеше премиерниот меч на неговиот Вардар во новата сезона. Мирослав Вајс ќе паузира барем уште неколку дена поради повреда добиена на тренингот во петокот.

"Добив истегнување на мускулот. Повредата не е сериозна", коментира Вајс, кој ќе се врати во тимот за дербито со Пелистер на "Градски".

Во негово отсуство голманот Томе Пачовски ја носеше капитенската лента.

Пристигна Иди Баба

Вардар на 31 јули во меѓународниот одел на ФФМ го пријави Иди Баба. Тоа беше последниот рок до кога екипите можеа да се засилуваат со странци. Фудбалерот од Гана се наоѓа во Скопје, а во наредниве неколку дена ќе треба да се знаат сите поединости околу неговиот трансфер во нашиот најтрофеен тим.

Судијата му прости на Тиаго

Велешанецот Петковски направи превид кон средината на вториот дел. Имаше "дуел" меѓу Јанчевски и Тиаго. Вардаровиот голгетер со ситна провокација, а Бразилецот на Победа со директен удар го легна големиот голгетер. Сепак, кога сите очекуваа црвен картон за Тоаго и жолт за Јанчевски, од сето тоа ништо затоа што двајцата "лошковци" минаа со жолти картони иако прекршокот не беше идентичен.

Од тренерски агол

Ратко Достаниќ


- Им честитам на фудбалерите за залагањето и она што го дадоа во текот на целиот натпревар. Имавме трпение, не паничевме и ја чекавме шансата. Во второто полувреме с$ си дојде на свое место. Нашите редови комплетно се консолидираа и тоа даде плод. Импресиониран сум од атмосферата на теренот и дури сега видов колку Вардар има навивачи и како го бодрат од сесрце. Првата победа во новото првенство секогаш е слатка и добредојдена. Верувам дека во таков стил и ќе продолжиме.

Николче Здравески

- Три наши "кикса" и три гола на Вардар. Нашата одбрана не знаеше во вистинските моменти да го одбрани нашиот гол и на тој начин го плативме цехот. Во првите 20 минути сметам дека бевме рамноправни, сигурни...меѓутоа во вториот дел среќата комплетно ни го сврте грбот. Му ја честитам заслужената победа на Вардар.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 17:18
Поздрав до пријателот Тетова...

КУМАНОВСКИ ПРВОЛИГАШ ЗГАСНА ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА НОВАТА СЕЗОНА

Башкими не постои

*Во дописот до ФФМ е наведено дека поради финансиски причини клубот престанува да постои

Македонската Прва фудбалска лига годинава ќе биде посиромашна за еден клуб. Башкими го откажа своето учество во сезоната 2008/2009. Тешката состојба која го погоди овој клуб во последните две години кулминираше со откажување од натамошното натпреварување во нашата најдобра фудбалска лига.

Во петокот претставниците на постариот кумановски прволигаш испратиле допис до ФФМ во кој е наведено дека овој тим нема да се натпреварува во новата фудбалска сезона. Сето ова е направено "5 минути до 12", односно пред самиот почеток на сезоната, кога веќе Башкими направи тим, имаше тренер и почна да се средува со технички кадар. Несфатлива е одлуката на првите луѓе на Милано да згаснат еден клуб кој има традиција, има армија навивачи, клуб кој многу значеше за градот Куманово. Уште повеќе е чудно што не е свикано собрание за да се одлучи што понатаму со тимот. Тука се поставува и прашањето зошто Башкими не беше продаден на Шкендија ХБ, која толку многу сакаше да се натпреварува во нашата најдобра фудбалка лига.

Имаше иницијативи за фузија со Милано, но сепак ниту тоа не се оствари. Сите овие прашања ќе останат можеби неразјаснети и згаснувањето на Башкими како оправдана одлука ќе им биде само на првите луѓе на кумановскиот тим. Во дописот кој е испратен до Фудбалската федерација на Македонија се вели дека Башкими престанува да постои поради финансиски причини. Ова е официјално што е наведено во дописот на раководството на тимот.

Ова е прв случај една екипа да се откаже од натпреварувањата во Првата лига. Без разлика што известувањето до ФФМ пристигна во "5 минути до 12" нема да има никакви санкции или казни за никој од страна на Фудбалската куќа на Македонија.

Лигата ќе брои 11 клубови

За првпат кај нас се случува во последен момент еден клуб да се откаже од натпреварувањата во новата сезона. Доколку беше порано, правилата велат дека лигата ќе се пополнеше и дека ќе имаше 12 клуба. Вака, до крајот на сезоната 2008/09 година нашата фудбалска лига ќе брои 11 клуба. Распоредот на натпреварувањата останува ист, со тоа што екипите во даденото коло кои за противник го имаа Башкими тој ден ќе бидат слободни.

Пехар во Купот, Куп на УЕФА, бараж - "пропаст"

Башкими е една од деветте екипи кои успеале да се закитат со пехарот во Националниот куп на Македонија. Во сезоната 2004/05 кумановскиот тим успеа во финалето да го совлада Маџари С. со 2:1 и со тоа да го освои пехарот. Со овој успех Башкими обезбеди и излез во Купот на УЕФА. Само три години поминаа од освојувањето на пехарот од страна на Башкими, и исто толку од најголемиот успех на овој тим. Сега по три години, Башкими згаснува и повеќе не постои.

Што со фудбалерите!?

Во подготвителниот период Башкими полека но сигурно го комплетираше составот. Ангажираше неколку млади играчи кои по згаснувањето на тимот најмногу ќе загубат. Дел од нив веќе најдоа нови клубови. Димитровски, Блажевски, Грошев се враќаат во Цементарница 55, Златковски и Медиќ се договорија со Локомотива, додека Атанасов се врати во Маџари С. Меѓутоа, има уште многу млади играчи кои се надеваа дека токму со Башкими ќе ја имаат својата промоција во Првата лига, но голем дел од нив сега ќе има проблеми да најдат клуб во кој ќе ја продолжат кариерата.




-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 17:19

БЛЕД СТАРТ НА "РОМАНТИЧАРИТЕ" ВО ОДБРАНА НА МИНАТОГОДИШНАТА ТИТУЛА

Аксентиев го спаси шампионот

* И покрај тоа што Напредок 50 минути играше со фудбалер помалку, сепак сосема рамноправни со противникот кој само дел од второто полувреме јалово доминираше

НАПРЕДОК - РАБОТНИЧКИ 1:1 (1:0)

Градски стадион во Кичево. Гледачи: 1.500. Главен судија: Горан Спиркоски. Помошници: Љупчо Димоски и Златко Митрески (сите од Прилеп). Делегат: Ангеле Мицевски (Скопје)

НАПРЕДОК

Карамачоски 2,5

Димов 2,5

(71' Мицкоски /)

Асков /

Поп Панев 2,5

Степаноски 2,5

Ангелески 2,5

Трпеноски 2

(70' Настов /)

Костенцовски 2,5

Левков 2

(60' Илиев 2,5)

Симјаноски 2,5

Нически 2,5

РАБОТНИЧКИ

2,5 Коруновски

1,5 Муарем

(2 Илијоски 62')

2 Крстески

2 Секуловски

1,5 Итуа

(1,5 Тунески 46')

2 Љамчевски

2 Лазаревски

2,5 Аксентиев

2 Велкоски

2 Кировски

2 Шабани

(2 Милошевиќ 53')

Стрелци: Нически 44' (Н); Аксентиев 74' (Р). Ж. картони: Костенцовски, Симјаноски, Нически, Илиев (Н); Љамчевски, Велковски, Крстески, Кировски, Илијоски (Р). Црвен картон: Асков 34' (Н).

Играч на натпреварот: Антонио Нически

Македонскиот шампион во крајно бледо издание во Кичево стартуваше во одбрана на минатогодишната титула. Единствено расположениот вчера за игра Ефтим Аксентиев од редовите на Работнички успеа да ги спаси "романтичарите" од пораз кои не знаеја како да го надиграат Напредок и покрај тоа што 50 минути имаа фудбалер повеќе на теренот.

Уште од самиот почеток на натпреварот, неочекувано се навести дефанзивната тактика на Бобан Бабунски која очигледно им овозможи на домаќините привидно да доминираат на теренот, но низ игра без апослутно никакви шанси. 35 минути присутните гледачи на Градскиот стадион во Кичево не видоа буквално ништо од фудбалската игра и на двете страни, за да конечно пресвртот се случи откако домашниот дефанзивец Оливер Асков заработи директен црвен картон поради некоректен удар во дуел без топка врз младиот Емир Шабани.

И, место исклучувањето позитивно да влијае врз гостинските фудбалери, тоа им донесе дополнителен елан на домаќините. Најискусниот Антонио Нически најпрво во 41. минута ја погоди пречката, а потоа пред самиот крај на првиот дел по убаво изведената акција ја казни индолентноста на фаворитот во вчерашниот дуел.

Во вториот дел Работнички неизбежно стартуваше поагресивно кон голот на Карамачоски, но сепак и тоа единствено низ бледи шутеви од далечина на Љамчевски и Милошевиќ. И сето тоа се до индивидуалната акција на Аксентиев во 74. минута кој беше единствената фигура во редови на шампионот која вистински ја одработи зацртаната задача од стручниот штаб. По израмнувањето Благоја Љамчевски по само две минути од слободен удар можеше да го донесе пресвртот на средбата, но неговиот шут кој веќе сите го видоа во мрежата на домашните заврши на неколку сантиметри покрај левиот дирек. На крајот финалниот притисок кон голот на Напредок изостана поради повредата во 78. минута на единствениот расположен за игра Аксентиев кој мораше да го напушти теренот, но сепак шампионот имаше одлична можност која не искористи Баже Илијоски.

Работнички во Кичево настапи без повредените Михајловиќ и Османи, но и без Нигериецот Адекунле Лукмон кој во средата претходната недела имаше несакан инцидент на тренингот со Минас Османи, поради што неговиот статус дополнително ќе биде разгледуван. "Романтичарите" на стартот демонстрираа дека сепак оваа година тешко ќе може да ја одбранат титула, и покрај тоа што се работи само за 1. коло, додека Напредок и покрај отсуството на неколку стандардни првотимци со одлично поставена игра го надмудри фаворитот потенцирајќи дека воопшто нема да биде лесен плен за ниту една од екипите кои конк*рираат за врвот.


НАПРЕДОК РАБОТНИЧКИ

/ корнери 4

6/3 удари/ во 8/2

15 прекршоци 17

1 офсајди 6

4 ж. картони 5

1 ц. картони /

Минута по минута...

13' - Секуловски шутира со глава по изведениот корнер меѓутоа покрај десниот дирек од домашниот гол

34' - Асков добива директен црвен картон откако сосема непотребно пред својот гол без никаков дуел во игра го удира Шабани

40' - Извонреден удар на Нически од 25 метри, Коруновски со врвот од прстите ја допира топката која завршува во дирекот од голот на Работнички

1:0 - 44' - Тоа што не успева претходно Нически сега го реализира од работ на шеснаесетникот откако осамен испраќа прецизен полуволеј по прекрасното проигрување од Костенцовски

47' - Љамчевски се обидува од 20 метри но непрецизно

59' - Милошевиќ шутира од слободен удар од околу 20 матри но над пречката од голот на Карамачоски

60' - Одличен центаршут на Аксентиев, на првата статива каде Кировски шутира со глава но само во надворешниот дел од мрежата на голот на Напредок

64' - Во два наврати гостите бараат пенал, откако, според нив, најпрво Ангелески а потоа и Степаноски играле со рака

73' - Милошевиќ од 18 метри испраќа топовски удар по средината од голот на домаќините, но Карамачоски одлично брани

1:1 - 74' - Соло продор на Аксентиев по левата страна, сам си создава простор нанижувајќи тројца домашни дефанзивци од аголот на шеснаесетникот одлично шутира во спротивниот агол полувисоко совладувајќи го домашниот голман

76' - Љамчевски одлично шутира од слободен удар од околу 20 метри, но само неколку сантиметри покрај десниот дирек од голот на Напредок

85' - Костенцовски шутира од 20 метри, но Коруновски на место

90'+ - Баже Илијоски ја има шансата за триумф. Сам на 15 метри избива пред Карамачоски, но долго размислувајќи во последен момент во корнер неговиот удар го блокира Илиев

Незгодна повреда за Аксентиев

Најдобриот поединец на Работнички, Ефтим Аксентиев по еден навистина груб старт на домашните фудбалери заработи незгодна повреда поради што во 78. минута мораше да ја напушти играта.

Со оглед на претходно извршените три измени Бабунски немаше право на внесување нов играч, па од тој момент силите на теренот беа израмнети. Деновиве треба да се прецизира колкава ќе биде паузата за Аксентиев.

Непотребен напад врз Чоко Бошковски

Во моментите на радост на Работнички по израмнувањето членовите на стручниот штаб на "романтичарите" Чоко Бошковски, Вујица Живковиќ кои дуелот го следеа од трибината на Градскиот стадион во Кичево непотребно вербално беа напаѓани од домашните навивачи.

И покрај тоа што "грешката" на Бошковски и останатите беше аплаузот на сопствените акции, неочекувано со полициска придружба беа отстранети од трибината.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ShumadinChe
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 03:44
Vesti :) Chivas - Barcelona 2 : 5 :D:D

-------------
Nothing Remains !!


Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 13:35
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Поздрав до пријателот Тетова...

КУМАНОВСКИ ПРВОЛИГАШ ЗГАСНА ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА НОВАТА СЕЗОНА

Башкими не постои

*Во дописот до ФФМ е наведено дека поради финансиски причини клубот престанува да постои

Македонската Прва фудбалска лига годинава ќе биде посиромашна за еден клуб. Башкими го откажа своето учество во сезоната 2008/2009. Тешката состојба која го погоди овој клуб во последните две години кулминираше со откажување од натамошното натпреварување во нашата најдобра фудбалска лига.

Во петокот претставниците на постариот кумановски прволигаш испратиле допис до ФФМ во кој е наведено дека овој тим нема да се натпреварува во новата фудбалска сезона. Сето ова е направено "5 минути до 12", односно пред самиот почеток на сезоната, кога веќе Башкими направи тим, имаше тренер и почна да се средува со технички кадар. Несфатлива е одлуката на првите луѓе на Милано да згаснат еден клуб кој има традиција, има армија навивачи, клуб кој многу значеше за градот Куманово. Уште повеќе е чудно што не е свикано собрание за да се одлучи што понатаму со тимот. Тука се поставува и прашањето зошто Башкими не беше продаден на Шкендија ХБ, која толку многу сакаше да се натпреварува во нашата најдобра фудбалка лига.

Имаше иницијативи за фузија со Милано, но сепак ниту тоа не се оствари. Сите овие прашања ќе останат можеби неразјаснети и згаснувањето на Башкими како оправдана одлука ќе им биде само на првите луѓе на кумановскиот тим. Во дописот кој е испратен до Фудбалската федерација на Македонија се вели дека Башкими престанува да постои поради финансиски причини. Ова е официјално што е наведено во дописот на раководството на тимот.

Ова е прв случај една екипа да се откаже од натпреварувањата во Првата лига. Без разлика што известувањето до ФФМ пристигна во "5 минути до 12" нема да има никакви санкции или казни за никој од страна на Фудбалската куќа на Македонија.

Лигата ќе брои 11 клубови

За првпат кај нас се случува во последен момент еден клуб да се откаже од натпреварувањата во новата сезона. Доколку беше порано, правилата велат дека лигата ќе се пополнеше и дека ќе имаше 12 клуба. Вака, до крајот на сезоната 2008/09 година нашата фудбалска лига ќе брои 11 клуба. Распоредот на натпреварувањата останува ист, со тоа што екипите во даденото коло кои за противник го имаа Башкими тој ден ќе бидат слободни.

Пехар во Купот, Куп на УЕФА, бараж - "пропаст"

Башкими е една од деветте екипи кои успеале да се закитат со пехарот во Националниот куп на Македонија. Во сезоната 2004/05 кумановскиот тим успеа во финалето да го совлада Маџари С. со 2:1 и со тоа да го освои пехарот. Со овој успех Башкими обезбеди и излез во Купот на УЕФА. Само три години поминаа од освојувањето на пехарот од страна на Башкими, и исто толку од најголемиот успех на овој тим. Сега по три години, Башкими згаснува и повеќе не постои.

Што со фудбалерите!?

Во подготвителниот период Башкими полека но сигурно го комплетираше составот. Ангажираше неколку млади играчи кои по згаснувањето на тимот најмногу ќе загубат. Дел од нив веќе најдоа нови клубови. Димитровски, Блажевски, Грошев се враќаат во Цементарница 55, Златковски и Медиќ се договорија со Локомотива, додека Атанасов се врати во Маџари С. Меѓутоа, има уште многу млади играчи кои се надеваа дека токму со Башкими ќе ја имаат својата промоција во Првата лига, но голем дел од нив сега ќе има проблеми да најдат клуб во кој ќе ја продолжат кариерата.


 
ova e najdobar ves za mksport i za site makedonci
:(


-------------


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 15:20
НОВИ БРОЈКИ НА ДРЕСОВИТЕ НА ИГРАЧИТЕ ВО БАРСЕЛОНА

Меси со 10-ката на Роналдињо

Аргентинскиот напаѓач на Барселона, Лионел Меси ќе го носи бројот на Роналдињо со кој Бразилецот настапуваше за тимот од Ноу Камп пред да замине во италијанскиот гигант Милан. Во новата сезона Меси ќе го носи дресот со бројот 10. Досега Аргентинецот настапуваше со дрес со број 19, што засега не му е предаден на друг играч.
Во моментов Меси е во Пекинг со олимписката фудбалска екипа на Аргентина за Игрите во кинеската престолнина и ќе ја пропушти американската турнеја на Барселона. Каталонскиот клуб се обидува да го врати Меси во составот за натпреварите од 3. квалификациско коло за Лигата на шампиони во август.

Од новите засилувања на каталонскиот гигант, Даниел Алвез ќе го носи дресот со бројот 20, кој досега му припаѓаше на Деко пред неговиот трансфер во Челзи. Новакот од Манчестер Јунајтед, Жерар Пике ќе настапува со бројот 3, а белорускиот репрезентативец Александар Хлеб го доби бројот 21, откако носителот пред него напаѓачот Бојан Кркиќ го смени дресот и го зеде бројот 11.
Последниот фудбалер во редовите на Барселона, кој со смени бројот на дресот е Габриел Милити, кој ќе игра со бројот 18.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 15:45
ДЕСНОКРИЛНИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ НА РАБОТНИЧКИ СО ОГРОМНА ЖЕЛБА ДА ГО НАПУШТИ "ГРАДСКИ ПАРК"

Лукмон пред заминување во Луцерн!

* Нигериецот веќе има договор со швајцарскиот прволигаш, меѓутоа се очекува и договорот за ослободување од Работнички со кого има потпис до декември 2008

Деснокрилниот дефанзивец на македонскиот шампион, Нигериецот Адекунле Лукмон е пред заминување од редовите на Работнички и преселба во швајцарскиот прволигаш Луцерн.

Според нашите информации, 23-годишниот Лукмон веќе има преддоговор со Луцерн, а единствено деновиве се очекува да најде заеднички јазик и со својот актуелен клуб пред трансферот да биде и дефинитивно официјализиран. Нигериецот деновиве веќе и отворено ја истакнува својата желба да го напушти "Градски парк", иако со Работнички има договор до крајот на годинава.

"Трансферот на Лукмон е секогаш актуелен, меѓутоа прво треба да разговараме со него, па да има договор меѓу двата клуба за да зборуваме за нешто официјално. А засега нема ништо официјално", ни изјави вчера претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Како што дознавме, "романтичарите" посакуваат и натаму да сметаат на услугите на Лукмон во есенскиот дел од сезоната со оглед на големите промени во играчкиот кадар, меѓутоа проблем претставува и отштетата која ја нуди Луцерн.

Нигериецот неделата не отпатува и на првенствениот натпревар на Работнички со Напредок во Кичево, со образложение од клубот поради стомачен вирус...

"Лукмон има стомачен вирус поради што, ете, неочекувано беше изоставен од составот за стартот на шампионатот, меѓутоа очекуваме наредниве денови повторно да биде со тимот", вели Поповски, иако сепак останува и сомнежот дека Лукмон не е со првиот состав и поради интензивните преговори за преселбата во Швајцарија.

Пред само една недела Адекунле Лукмон беше вклучен и во инцидент на тренингот на својот тим кога непотребно го нападнал соиграчот, Минас Османи по што веднаш го напуштил тренажниот процес. Од клубот во меѓувреме немаше никаква реакција за односот на нигерескиот фудбалер.

Инаку, покрај Луцерн за услугите на с$ уште актуелниот член на Работнички изминатиов период бил заинтересиран уште еден швајцарски прволигаш Ксамакс.



СПОРЕД НАЈНОВАТА ЛИСТА НА ИФФХС

Работнички на 84. место во светот

Македонскиот шампион е на 84. место во светот според најновата листа на Интернационалната федерација за фудбалска статистика објавена вчера.

Работнички сега е на делба на 84. позиција заедно со австрискиот Салзбург и грчкиот АЕК, три места поназад во однос на претходното рангирање. Зад нашиот клуб, кој е единствен на оваа листа од Македонија, се и гигантите Јувентус, Штутгарт, Борусија Дортмунд, Фејнорд, Манчестер Сити, но и најдобрите српски клубови Партизан и Црвена Звезда.

Нухиу со стомачен вирус

Ардијан Нухиу не беше на располагање на шефот на стручниот штаб Бобан Бабунски за дуелот со Напредок, на кој шампионат со реми (1:1) во неделата ја стартуваше одбраната на титулата.

"Отсуствував поради стомачен вирус, меѓутоа веќе денеска се приклучувам на тренинзите. Очекувам да бидам комплетно подготвен за продолжението од првенството", ни изјави вчера Нухиу.

Во составот поради повреди како што е познато не беа и Бојан Михајловиќ и Минас Османи, поради што реално очигледен беше "минусот" во средниот ред.

"Дополнителните лекарски прегледи треба да прецизираат уште колку ќе бидам надвор од терените, меѓутоа сигурно очекувам далеку подобри наши изданија на следните дуели во однос на она од Кичево затоа што имаме квалитет", вели Османи.



Милошевиќ - квалитетно засилување

Иако со Напредок одигра само 40 минути во дебито за својот нов клуб, Србинот Мирослав Милошевиќ потврди дека ќе биде и тоа како квалитетно засилување во средниот ред на "романтичарите" за актуелнава сезона.

Поранешниот член на Напредак Крушевац и Македонија ЃП, на последниот ден од домашниот преоден рок од австрискиот второлигаш Австрија Луштенау мина во редовите на Работнички.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 15:46
МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛСКИ СТРУЧЊАК ОПТИМИСТИЧКИ ЈА ОЧЕКУВА НОВАТА СЕЗОНА ВО БУГАРИЈА

Цапар го "заживеа" Пловдив

* "Најдобриот потег ни беше доведувањето на Канатларовски на клупата на првиот тим", вели за бугарските медиуми претседателката на Локо Пловдив, Гала Топалова

Претседателката на бугарскиот Локомотив Пловдив, Гала Топалова доведувањето на македонскиот фудбалски стручњак Драган Канатларовски на клупата на нејзиниот клуб деновиве го потенцира како најдобар потег по преземањето на бугарскиот прволигаш.

Популарниот Цапар вистински ги заживеа надежите на навивачите на Локо Пловдив за успешна сезона, и покрај тоа што објективно се располага со млад играчки состав далеку зад квалитетот на ЦСКА или Левски...

"Најдобриот потег ни беше доведувањето на Канатларовски во нашиот тим. Има огромен напредок во играта за време на подготвителниот период. Тимот покрај него заживеа во секоја смисла на зборот. Ние сега не знаеме да загубиме, а се надевам дека истото ќе биде и во првенството", вели за бугарските медиуми Гала Топалова.

За време на "тест" периодот Локо Пловдив покрај двете ремија забележа и седум победи меѓу кои и над Локо Софија, грчкиот Пансериакос, кипарскиот АПОП...

"Располагаме со млад состав. Главната насока ни беше комплетно подмладување на тимот и почеток од нула за остварување на повисоките амбиции во однос на минатата година. Јас сум задоволен во моментов, меѓутоа секако се претходно сработено ќе мора да го потврдиме на официјалните натпревари", вели Канатларовски.



Стопер и напаѓач од Македонија

Иако со навистина успешни резултати во подготвителниот период, објективно Локомотив Пловдив ќе мора во следниот период дополнително да го засилува својот состав со искусни фудбалери, пред с$ во дефанзивната и во напаѓачката линија.

Се уште разгледувајќи го целокупниот пазар, јасно е дека Канатларовски во следниот период можно е со себе во Пловдив да однесе и македонски фудбалери.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 15:48
ПОРАНЕШНИОТ НАПАЃАЧ НА ВАРДАР ОСТАНУВА ВО ПОРТУГАЛИЈА, НО ВО ВТОРАТА ЛИГА

Вандаир една година во Варзим

Поранешниот напаѓач на Вардар, Бразилецот со македонски пасош Дос Сантош Вандаир го раскина договорот со португалскиот прволигаш Навал, меѓутоа и следната година останува во Португалија, сега во второлигашот ФЦ Варзим.

Вандаир, кој изминатата сезона воопшто не доби никаква шанса во Навал, а пролетниот дел го мина на позајмица во романскиот прволигаш Пандурии, сега се најавува како големо засилување за нападот на Варзим.

"Реализиравме навистина голем трансфер со доаѓањето на Вандаир со кого потпишавме едногодишен договор. Добивме засилување во нападот со кое ќе атакуваме на пласман во Првата лига", изјави при промоцијата на македонскиот Бразилец директорот на Варзим, Лопез Де Кастро.

Во досегашната своја кариера Дос Сантош Вандаир кој има запишано и репрезентативни настапи за нашата селекција, бил дел и од Цементарница 55 и Вардар во македонското првенство. Од 2006 до 2007 беше член и на германскиот Кикерс Офенбах, а минатата година од Вардар мина во редовите на Навал.





-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 15:49
МАЛЕРОЗЕН СТАРТ НА НОВАТА СЕЗОНА ЗА НАПАЃАЧОТ НА СЛАВИЈА (П)

Повреда на Толески

Малерозен старт за нашиот интернационалец во дресот на Славија Прага. На првиот меч против Либерец од новата сезона во чешкиот шампионат Гоце Толески заработи незгодна повреда.

По еден дуел со противнички играч во 42. минута нашиот напаѓач мораше да ја напушти играта. Иако на овој меч Толески не можеше да продолжи со играта, сепак, според првичните информации повредата не е сериозна. По пауза од неколку дена се очекува тој да се врати на тренинзите и да се стави на располагање на тренерот веќе за наредниот меч.

Идната недела Славија (П) има важен меч во рамките од третото квалификациско коло во ЛШ каде што ќе се сретнат со италијанскиот тим Фиорентина. Прогнозите велат дека Толески до тогаш ќе заздрави, но засега ваквите информации не се 100% потврдени.

Инаку, Славија го загуби мечот од Либерец во првото коло со 2:1.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 15:50
БИТОЛСКИОТ ТИМ ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ СО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

Деловски се врати во Пелистер

*"Со задоволство ја прифатив понудата на раководството и мило ми е што во нареднава сезона ќе го носам зелениот дрес", вели фудбалерот од средниот ред

Во последен момент раководството на Пелистер ангажираше нов фудбалер за новата сезона. Златко Деловски по неколку години се враќа во Битола, онаму каде што го помина поголемиот дел од својата кариера. Ова е прво и единствено засилување за Пелистер, не сметајќи го Томи Јованов, кој по неполна година се врати од Германија.

Деловски потпиша на една година, со можност соработката да биде продолжена, се разбира доколку двете страни бидат задоволни.

"Сакам да му се заблагодарам на раководството на Пелистер на укажаната доверба. Бев навистина пријатно изненаден кога контактирав со нив и со задоволство ќе го носам зелениот дрес. Мојот договор е на една година, но престојот во Битола може да биде подолг доколку двете страни бидат задоволни од мојот ефект", вели офанзивецот.

Деловски практично се враќа во Пелистер. Токму од битолскиот прволигаш на почетокот на годинава направи трансфер во Ровињ, а по кусиот престој во хрватскиот тим се врати во домашното првенство, но во тетовска Шкендија.

Во неделата деловски го имаше и првиот тренинг со неговите соиграчи од Пелистер.

"Среќен сум што повторно сум во Пелистер. Токму тука го поминав поголемиот дел од мојата кариера каде што ме врзуваат одлични спомени. Би сакал во наредната сезона со битолчани во најмала рака да го повториме успехот од изминатава сезона, а зошто да не и повеќе", изјави Златко Деловски.

Деловски и Јовановски се единствените новаци кои се практично и повратници во Пелистер. На тренингот во неделата, кој беше прв по враќањето од Кипар, присуствуваа сите фудбалери. Она што треба да се потенцира дека тренерот Неџат Хусеин нема проблеми со повредени играчи, а единствено Блажевски се жали на мали болки на коленото, но, сепак, беше присутен на тренингот.



Се очекува финансиска "инјекција"

Не "цветаат рози" во таборот на Пелистер. Веќе подолг период финансиската ситуација во таборот на битолскиот прволигаш не е баш најдобра. Поради тоа клубот им должи извесна сума на фудбалерите. Според нашите неофицијални информации, се работи за две плати, неколку рати, како и премии за фатениот циклус победи, се разбира остварени минатата сезона. На првиот тренинг по враќањето од Кипар, никој од раководството на Пелистер не се појави на тренингот. Ветувањето стои дека по одигрувањето на реванш натпреварот против Апоел на Кипар и по враќањето финансиските обврски во Пелистер кон фудбалерите ќе бидат подмирени. Играчите с$ уште чекаат ветеното да биде исполнето.

Димов: На Кипар не се посрамотивме

По елиминацијата од Купот на УЕФА од Апоел, тимот на Пелистер целосно е свртен кон натпреварите во домашното првенство. Битолчани загубија на гостувањето на Кипар, но се претставија во одлично светло.

"Тоа е, немавме среќа, здравје па наредниот пат. Одигравме добро, но ете мечот го загубивме во последните неколку минути. За вакви дуели недостасува искуство, но овие два меча ќе бидат добродојдени за натпреварите од домашното првенство", вели капитенот Миле Димов.

Степановски и Блажевски остануваат, барем засега

Пред дуелот со Апоел во Кипар имаше најави дека некои фудбалери ќе си заминат од Пелистер, пред с$ мислејќи се на Степановски и Блажевски, кои требаше својата кариера да ја продолжат во странство. Информациите велат дека двајцата се во Битола и дека барем засега тие остануваат во Пелистер.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 15:52
ПО ЕЛИМИНАЦИЈАТА ВО КУПОТ НА УЕФА, МИЛАНО СО СИТЕ МИСЛИ СВРТЕН КОН ПРВИОТ МЕЧ

Помалку искуство, повеќе квалитет

*"Имаме нешто променет тим во новата сезона, но, сепак, доволно квалитетен да одговори на сите предизвици", вели кормиларот Билбил Соколи

Во летниот преоден рок неколку стандардни првотимци го напуштија Милано. Зоки Јовановски, Милан Илиевски, Саша Стојановиќ и Кемал Аломеровиќ и тоа како ќе недостасуваат во играта на кумановскиот тим. Овие играчи имаа квалитет и искуство кои го сочинуваа костурот на тимот. Сепак, од друга страна се појавуваат нови момци кои ќе ги пополнат овие места. Тука се Маневски, Исуфи, Кукај, кои с$ повеќе се наметнуваат како стандардни првотимци и носители на играта на Милано.

"Одигравме добро во натпреварите во Купот на УЕФА. На возвратниот меч имавме водство, имавме шанси, но не успеавме да победиме. Сепак, мораме да бидеме задоволни од она што го прикажавме", вели тренерот Билбил Соколи, кој воедно се осврна на она што ги очекува во новата сезона.

"Имаме меч в среда против новиот прволигаш Металург, каде ќе треба да одиграме на резултат и на победа. Рано е уште да се спомнуваат некои конечни пласмани, но нашата цел е врвот. Сликата ќе биде појасна по одигрувањето на петото коло во новата сезона", вели Соколи.

Гледајќи го составот, со заминувањето на Јовановски, Илиевски и Аломеровиќ, Милано загуби на искуство. Од друга страна, Соколи сега има помлад и поперспективен состав.




Ајети и Буњамин Шабани се враќаат

Двајцата млади играчи кои беа на позајмица во Башкими, Астрит Ајети и Буињамин Шабани, се враќаат во Милано. Засега само овие играчи се сигурни кои по згаснувањето на "црно-белите", својата краиера ќе ја продолжат во дресот на помладиот кумановски прволигаш. За вчера беше најавен состанок меѓу стручниот штаб и раководството на тимот, токму на оваа тема.

"Илирите" ќе ги бојкотираат натпреварите на Милано

Револтирани од згаснувањето на Башкими, навивачите на овој тим, популарните "Илири", вчера со голем број реакции до нашата редакција. За нив овој тим е нешто свето и потенцираат дека Куманово сака само еден тим, а тоа е Башкими.

"Жално е, намерно и на присилен начин да се згасне еден спортски колектив, еден голем клуб со многу навивачи и симпатизери, тим на успеси, извор на млади таленти. Во Куманово еден тим се сака, а тоа е Башкими. Жално е што никаде го нема градот, ниту интелектуалците, ниту политичките партии, ниту спортските работници да реагираат.

Ќе бидеме единствени навивачи што за викенд ќе останеме дома, а другите нека играат фудбал пред празни трибини. Тоа е реалноста, колку и да боли, но црно-зелената боја пак ќе нападне и тоа посилно", се вели меѓудругото во дописот до нашата редакција потпишан од страна на "Илирите".

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 15:56
ТРАДИЦИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА, И ВО ОВАА СЕЗОНА "СИНО-БЕЛИТЕ" СО ЛОШ ПОЧЕТОК

Ренова никогаш не победила на стартот

Ренова загуби два планирани бода во дуелот со Силекс. Тетовските "сино-бели" очекуваа сигурни три бода, но кратовци уште еднаш се покажаа како незгоден противник обезбедувајќи голем бод од ова гостување. Лошата традиција за Ренова продолжува и оваа сезона. Тетовските "сино-бели" никогаш не победиле на стартот на едно првенство. Од нивниот пласман во Првата лига па до сега Ренова играла нерешено, или губела во воведните неколку кола. Во сезоната 2005/06 првата победа ја забележаа дури во четвртото коло, а ист случај беше и во сезоната 2006/07. Минатата година по двата пораза по ред "гипсарите" се радуваа во третото коло. Еве и во новата сезона "кикс" на самиот старт од сезоната, овој пат против Силекс.

Од ова најмнигу стравуваа тетовци, кои имаат квалитетен тим со кој најавуваат борба за пласман на едно од водечките места на табелата.

Фудбалерите на Ренова одиграа одлично на дуелот со Силекс, но, сепак, не успеаја да ги реализираат шансите. Одбраната и средниот ред функционираше одлично, додека нападот не беше на висина на задачата. На овој меч "гипсарите" создадоа "куп" шанси и доколку сакаат да ја исполнат целта и да бидат при врвот, ќе мора во иднина истите да бидат искористени.



Се повтори сезоната 2005/06

Ренова и Силекс по вторпат се судрија во првото коло во една сезона. Како годинава, така и во сезоната 2005/06 овие две екипи одиграа меѓусебен дуел, но во Кратово. Исто како во неделата, така и тогаш немаше победник, мечот заврши со резултат 1:1.

Ефектот на "гипсарите" во воведните кола во изминативе сезони

Сезона 2005/06

Силекс - Ренова 1:1

Ренова - Шкендија 79 0:2

Влазрими - Ренова 4:3

Ренова - Цементарница 55 2:1

Сезона 2006/07

Напредок - Ренова 1:1

Шкендија 79 - Ренова 2:1

Силекс - Ренова 3:0

Ренова - Пелистер 1:0

Сезона 2007/08

Ренова - Милано 1:2

Работнички К - Ренова 3:0

Ренова - Македонија ЃП 2:1

Сезона 2008/09

Ренова - Силекс 0:0

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 15:57
ЃОРЧЕПЕТРОВЦИ НА СТАРТОТ ПОТВРДИЈА ДЕКА СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ГАЗАТ СЕ ПРЕД СЕБЕ

"Лавовите" немилосрдни

* "Остваривме убедлива победа, одигравме борбено и дисциплинирано, но на претстојните средби, односно на следниот меч против Работнички треба тоа да го потврдиме", истакна "кормиларот" Илчо Ѓорѓиоски

Прволигашот од Ѓорче Петров на стартот од новата сезона се претстави брилијантно пред својата публика. "Лавовите" се претставија со игра со која ги освоија симпатиите кај своите верни навивачи. Против Хоризонт Турново избраниците на тренерот Илчо Ѓорѓоски "гинеа" на теренот, играа организирано, имаа многу удари кон голот на турновци, создаваа шанси и опасни ситуации, а таквата игра им донесе убедлив триумф.

Стручниот штаб, раководството и фудбалерите не го криеја задоволството од одличниот старт, но тоа е само почеток, вистинското допрва претстои.

"Остваривме убедлива победа, одигравме борбено и дисциплинирано, но на претстојните средби, односно на следиот меч проти Работнички треба тоа да го потврдиме", истакна "кормиларот" на ѓорчепетровци Илчо Ѓорѓиоски. Засилувањата ги оправдаа очекувањата. Бразилскиот напаѓачки тандем одигра без грешка, Амбурет беше одличен во одбраната, а Лена се претстави со добра игра во нападот. Единствено не можевме да ги видиме квалитетите на голманот Павловиќ, кој против Хоризонт Турново немаше воопшто работа. Кога на сето ова ќе се додаде и одличната игра на преостанатите фудбалери крајниот епилог е добар резултат. Но вистинските натпревари допрва доаѓаат, а нам ни преостанува да направиме некои корекции во играта. Има недостатоци и истите треба да се елиминираат, па така на некои позиции играта мора уште да се 'дотерува'. Задоволен сум од прикажаното, но има простор за корекции и ќе сториме с$ како одминува времето играта да го добие својот вистински лик", истакна шефот на стручниот штаб Ѓорѓиоски.

Во редовите на Македонија ЃП недостасува уште Нигериецот Ајс Крим Оса. Тој го чека својот сертификат за да добие "зелено светло" за настап.



Амбурт со Габон против Мали во Париз

За време на паузата од првенството Македонија ЃП ќе остане без неколку стандардни репрезентативци. Џорџ Амбурет е стандарден во "А" селекцијата на Габон, кој во тој период во Париз игра пријателски дуел со репрезентацијата на Мали. Покрај Габонецот, обврски кон нашата млада селекција ќе имаат уште и Мојсов, Симовски, Фазли, Силјановски, а со својата игра за нашиот најдобар млад состав се наметнува и Јовица Столевски.

Фазли во кампот на Херенвен

Во редовите на Македонија ЃП на завчерашниот дуел со Хоризонт Турново единствено недостасуваше младинскиот репрезентативец Фазли Самир. Тој "летна" во Холандија и се наоѓа во кампот на холандскииот прволигаш Херенвен. Фазли во "објективот" на оваа холандска екипа е од поодамна, а деновиве ќе се знае во која насока ќе завршат преговорите на релација Македонија ЃП - Херевен.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 15:58
ПРИЛЕПЧАНИ СО УШТЕ ЕДЕН НОВ ИГРАЧ ЗА СЕЗОНАВА

И Јусуфоски дојде во Победа

Во Победа с$ уште се доведуваат засилувања и по стартот на новиот шампионат.

Вчера 24-годишниот Џокан Јусуфоски, кој доаѓа од турскиот третолигаш Черкезке Беледијеспор, стана најнов член на прилепскиот фудбалски прволигаш. Комплетната документација, вклучувајќи го и сертификатот, навреме се комплетирани, така што тој ќе стекне право на настап од наредното коло со Ренова во Прилеп. Конк*рира за позицијата лев страничен фудбалер,

"Мило ми е што се вратив во матичниот клуб по пет години печалба во странство. Мислам дека ќе ги оправдам довербата и очекувањата", вели Јусуфоски.

Победа сега има девет нови фудбалери, покрај Јусуфоски, тука се голманите Угреновиќ и Кузмиќ, стоперите Крстески и Петров, играчите за врска Деилсон и к*ртушиќ, како и напаѓачите Гунев и Тиаго. Од нив на првиот првенствен меч во новата сезона со Вардар настапија дури шестмина: Угреновиќ, Крстески, Петров, Деилсон, Тиаго и резервистот к*ртушиќ.

"Веќе почнав да тренирам во Прилеп. Наидов на одличен прием и добра атмосфера. Сметам дека првиот пораз од Вардар не е ништо страшно. Новиот тим допрва ќе го каже својот збор. Оптимист сум дека амбициите за висок пласман се достижни", ни изјави Џокан Јусуфоски.

Летово, од младинскиот во сениорскиот тим на Победа премина братучедот на Џокан, пет години помладиот Бекташ Јусуфоски, кој игра на позицијата последен за врска.



Капинковски и Настоски со повреди

Димитар Капинковски и Климент Настоски не беа во комбинација за дербито со Вардар. Според информациите се работи за повреди добиени на последните тренинзи. Сепак, тие не се толку сериозни, така што се очекува двајцата да се појават на денешниот попладневен тренинг, прв по премиерното гостување во Скопје.

Нема премногу разочарување

Иако од дербито со Вардар се очекуваше најмалку бод, а е претрпен висок пораз од 0-3, сепак во таборот на Победа нема премногу место за разочарување. Сите како да се свесни за состојбата во која се наоѓа екипата. Многу млади играчи, половина новодојдени, па оценка е дека потребно е време за да се дојде до саканото ниво на игра, а со тоа ќе дојдат и резултатите. Оттука со нетрпение се чека првенствената пауза за да се надополни пропуштеното на подготовките. Има шанси тој период да биде одработен во Охрид.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 16:00
КИЧЕВЦИ СО КРАЈНО БОРБЕНА ИГРА ДО БОД ОД ДУЕЛОТ СО РАБОТНИЧКИ

Реално реми со шампионот

В недела, во Кичево во извесна смисла нарушена е традицијата на настапите на Напредок во државните првенства. Познато е дека имаат победнички биланс на свој терен и во една сезона ретко не победуваат на стартот. Овој пат место три бода, им припадна само еден, во игра во која можеа да останат и со празни раце бидејќи од 34. минута останаа со десет фудбалери зашто Асков доби црвен картон.

"Ако се соберат сите впечатоци и с$ што се случуваше во текот на сите 90 минути, мораме да бидеме задоволни и со нерешен резултат. Навистина поведовме со 1:0, а потоа бевме изложени на големи притисоци од противникот. 'Романтичарите' се претставија во солидно издание и верувам дека за сите противници во првенството ќе бидеме незгоден ривал. Инаку, радува фактот што по подолга пауза во тимот се вратија Ангелески и Поп Панев, што е значаен елемент, додека според тежината на повредите Прескакулев и Наумовски, ќе паузираат уште извесно време", вели тренерот на Напредок, Драган Матевски.



Ветеранот "мистер" гол

Во Кичево велат ако не е Антонио го обравме "бостанот", и што ќе биде кога ќе оди во пензија. Влегува во 35-годишната возраст, а во Кичево добива епитет - мистер гол. Дава голови во вистинско време, решавачки, клучни...

"Иако игравме со играч помалку, секако борбеноста ни овозоможи да освоиме бод со шампионот. Секак, уште на почетокот покажавме дека никој не смее да не потценува", вели Нически.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 16:21

ДЕФАНЗИВЕЦОТ ОТКАКО СИ ЗАМИНА ОД РУСКИОТ ТЕРЕК ОД ГРОЗНИ НАЈБЛИСКУ Е ДО ПОТПИС СО РАБОТНИЧКИ

Димовски пред вратите на шампионот

*Веројатното заминување на Лукмон во Швајцарија шампионот ќе го пополни со Горан Димовски - Гец, кој по три години најверојатно се враќа во Работнички

Горан Димовски - Гец е веројатно последното засилување за шампионот. Искусниот десен бек кој минатата сезона ја мина во рускиот прволигаш Терек од Грозни моментално тренира со останатите фудбалери на Работнички и е во очекување на завршните преговори со раководството на актуелниот шампион.

За потсетување, Димовски беше член на Работнички до 2005 година со кој ја освои првата титула. Потоа се пресели во таборот на Македонија ЃП со кој тим ја го освои и Купот на Македонија во 2006 година. Минатиот септември од редовите на "лавовите" направи трансфер во Русија, во Терек од Грозни а во текот на следните неколку дена се очекува неговото враќање во Работнички.

Сепак, дали ќе потпише за овој тим во многу зависи од тоа што раководството на Работнички ќе направи со Нигериецот Адекунле Дабатунде Лукмон. Тој има понуда од швајцарскиот Луцерн и деновиве би требало да се официјализира овој трансфер на Нигериецот на кого со Работнички му истекува договорот во декември. Значи ако сега првиот човек на шампионот, Драган Поповски, не го пушти Лукмон тогаш постои опасност Нигериецот на зима да си замине без денар отштета.

Според зборовите на Поповски, тој с$ уште се двоуми, но не ја исклучи можноста на Лукмон да му се дозволи да направи трансфер во швајцарскиот клуб, се разбира само со соодветна отштета. Исто така не ја исклучи можноста во текот на оваа недела да се почнат преговори со Димовски, кој би бил идеална замена за Лукмон.

Со евентуалното доаѓање на Димовски (кој како што кажавме веќе неколку дена тренира со останатите фудбалери на Работнички) ќе се зголеми колонијата на фудбалери некогашни играчи на Македонија ЃП. Да потсетиме дека точно на 31 јули потпиша за шампионот некогашниот капитен на "лавовите" Мирослав Милошевиќ, потоа тука е Христијан Кировски, кој некогаш беше член на ѓорчепетровци како и Владимир Туневски и Благоја Љамчевски. С$ се тоа фудбалери кои во минатите 2-3 сезони беа членови на Македонија ЃП.

З. Ѓоршоски

Небојша Марковски е новиот спортски директор

Проф. д-р Небојша Марковски, директорот на Едукативниот центар на ФФМ и професор на Факултетот за физичка култура (отсек фудбал), е новиот спортски директор на Работнички. Ништо сензационално ако се знае дека во тој едукативен центар каде што Марковски е директор членови се и Бобан Бабунски и Вујица Живковиќ. За Марковски ова е прва ваква функција во неговата кариера. Останува да му посакаме среќа и успех во својата работа како спортски директор на нашиот шампион.

Академијата ќе биде на теренот на Алумина

Според зборовите на претседателот Драган Поповски, договорено е Академијата за млади фудбалерчиња да биде на теренот на Алумина (некогашен второлигаш кој се фузираше со Брегалница) во скопската населба Карпош 3. Тука Работнички ќе инвестира во фудбалска инфрастуктура која ќе биде една од најдобите во нашата земја.

Аксентиев ќе може со "лавовите"

Повредата на зглобот на Ефтим Аксентиев не е била така опасна како што изгледаше во прв момент по мечот со кичевски Напредок (токму тој беше стрелец на израмнувачкиот). Како што ни изјави помошникот на Бабунски, Љупчо Марковски, врз Аксентиев е извршен детален лекарски преглед и заклучено е дека нема скршеница. Аксентиев добро се чувствувал и според Марковски би можел да биде во комбинација за неделното дерби со Македонија ЃП.

Само опомени за Лукмон и Османи

Адекунле Лукмон и Минас Османи "минаа" само со опомени по несаканиот инцидент минатата недела.

"Сите инволвирани лица во тој инцидент предадени беа на дисциплинска во рамките на клубот. Решивме Минас Османи и Адекунле Лумон да добијат само опомени. Не сакам лично да навлегувам во тоа кој бил главниот виновник. Ова нека биде поука не само за нив туку и за сите останати. Ние како клуб нема во иднина да толерираме вакви испади и инциденти", ни изјави првиот човек на шампионот, Драган Поповски.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 16:21
ИМ - МЕНАЏЕРОТ НА НОВОСАЃАНИТЕ, ДРАГОЉУБ БЕКВАЛАЦ, ПОТВРДУВА МОЖЕН ТРАНСФЕР НА НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН НАПАЃАЧ

Го сакам Стојков во Војводина!

Во текот на следните неколку дена би требало да се официјализира трансферот на Ацо Стојков во српскиот прволигаш Војводина од Нови Сад. Во тимот каде што е тим - менаџер некогашниот стратег на Работнички, Драгољуб Беквалац, и во тимот каде што е носител на играта нашиот репрезентативец Влатко Гроздановски. Минатата недела се остварија првичните контакти на релација Војводина - Стојков, прво беше проблем големата отштета која за Стојков ја бараше унгарскиот Дебрецин со кого струмичанецот с$ уште има договор. Тој проблем е надминат, сега останува уште само да се допрецизираат деталите околу личните услови на напаѓачот кој моментално е во Струмица каде што чека одговор од Нови Сад, од Војводина, која има големи амбиции во претстојниот шампионат на Србија.

"Да, точно е дека го сакам Ацо Стојков во мојот тим", ни го потврди можниот трансфер во Војводина сегашниот тим - менаџер на екипата Драгољуб Беквалац и продолжи:"Откако не успеавме да ги доведеме прво Илчо Наумоски, а потоа и Ристе Наумов мислам дека на добар пат сме да се договориме со Стојков. Станува збор за исклучително квалитетен и расен стрелец со кого и тоа како ќе го засилиме нашиот напад. Не е тајна дека имаше контакти со Стојков, имаше преговори откако успеавме да се договориме со раководството на Дебрецин околу висината на отштетата. Останува сега да се договориме со Стојков. Се надевам дека тој ќе дојде во Нови Сад и ќе го предводи нашиот напад", ни изјави Беквалац.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 17:48
МАНЧЕСТЕР Ј. СОГЛАСЕН ДА ГО ПУШТИ ПОРТУГАЛЕЦОТ

К. Роналдо во Реал (М), ама наредното лето

Во тимот од Олд Трафорд посакуваат напаѓачот да остане уште една сезона, а потоа ќе му дозволат да замине во "кралскиот клуб" за сума од 75 милиони евра

Соочени со суровата реалност и со желбата на Кристијано Роналдо, кој сака по секоја цена да ја смени клупската средина, челниците на Манчестер Јунајтед се подготвени на својата најголема ѕвезда да и дозволат трансфер во Реал (М), ако Португалецот биде во составот на сер Алекс Фергусон, најмалку уште една сезона.

Близок извор до таборот на актуелниот европски клупски шампион, за Сан, изјави дека постојат големи шанси Роналдо и сезонава да настапува на "Олд Трафорд", а веќе на стартот од следниот летен преоден рок, клупските челници на "црвените ѓаволи" да ја прифатат последната понуда на "кралскиот клуб" вредна 75 милиони евра.
- Нема промена во ставот на сер Алекс Фергусон. Нема шанси да прифати трансфер за време на овој преоден рок. Исто така е свесен дека не може да го задржи повеќе од една сезона. Би било глупаво да не се прифати ваквата мега понуда од Реал (М). Како и да е, Роналдо сигурно ќе го пропушти стартот на новата сезона. Најверојатно ќе остане уште една сезона на "Олд Трафорд" откако ќе добие гаранција дека следното лето ќе се пресели на "Сантијаго Бернабеу".

И покрај изјавата на анонимниот извор, поголемиот број од познатите спортски медиуми како во Англија, така и во Шпанија се убедени дека најдоцна за една недела крилниот напаѓач ќе биде презентиран како најнова и најверојатно последна аквизиција на Реал (М).



Кристијано не се појави во Манчестер

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо требаше вчера да пристигне во Манчестер на медицински преглед, но тоа не го направи. Играчот е пред трансфер во Реал (Мадрид) и е во многу лоши односи со тренерот на англискиот и европскиот клупски првак, сер Алекс Фергусон.

Во моментов Роналдо е во Херес (Шпанија) и нема намера да патува во Манчестер.
- Сега не можам да зборувам. Се што ќе ви кажам може да повлијае на мојот трансфер во Реал, изјави Португалецот.

Најдалеку во предвидувањата отиде "АС", кој е убеден дека официјалната презентација на Роналдо е веќе закажана за 15 август, а на истата, освен официјалните лица на Реал (М), ќе присуствува и големиот фан на "кралскиот клуб", светски познатиот пејач, Хулио Иглесијас.

Во случај да не биде прифатена понудата од 75 милиони евра, претседателот на Реал (М), Рамон Калдерон е подготвен веднаш да испрати нова, зголемена за нови 10 милиони евра.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 16:19
Робињо: Сакам да си одам од Реал

Иако неодамна потпиша петгодишен договор со Реал Мадрид, бразилскиот репрезентативец Робињо очајнички се обидува да ги убеди челниците на својот клуб да го пуштат да се пресели во Англија. Челзи за него е подготвен да плати над 20 милиони фунти, но факт е дека работата е далеку од реализација.

"И натаму не знам каде ќе ја продолжам кариерата. Новата сезона наскоро почнува, а јас имам понуди од голем број клубови меѓу кои и Челзи. Засега преговорите се во тек и с$ уште не е ништо дефинирано, но јас јасно кажав дека сакам да си одам од Сантијаго Бернабе", рече Робињо.

Една од одлуките на раководството на клубот што го разлути Бразилецот беше забраната да настапи на Олимписките игри во Пекинг.

"Многу лошо за мене е тоа што ќе морам репрезентацијата да ја гледам на телевизија. Многу сакав да играм на Олимпијадата, но клубот не сакаше да ме пушти. Ужасно сум несреќен поради тоа", додаде 24-годишниот напаѓач.

Реал досега одби неколку понуди од Челзи вклучувајќи ја и онаа од 18 милиони фунти која засега е најголема од лондонскиот клуб. Во исто време "кралевите" му порачаа на раководството на Челзи дека за комплетен откуп на договорот на Робињо се потребни околу 100 милиони фунти, што во англиската фудбалска јавност е оценето како претерано. Најмногу што "сините" би оделе летово се 25 милиони фунти, кои сепак би можеле да бидат доволни поради тоа што пред два дена во Реал Мадрид пристигна холандскиот репрезентативец Рафаел ван дер Варт, кој игра на истата позиција како Робињо. Поради фактот што шпанското првенство почнува во последниот викенд од месецов, конечната одлука во врска со иднината на Робињо би можела да биде позната на крајот од преодниот рок кој истекува вечерта на 31 август.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 16:20
Судбината на Ето ќе се знае до 12 август

Иако доби поддршка од речиси сите фудбалери и претседателот Лапорта, Самуел Ето, сепак, не е сигурен дека идната сезона ќе го носи дресот на Барселона. Спортскиот директор на клубот, Чики Бегиристаин, вчера го одреди 12 август како краен датум до кога треба да биде јасно дали Камерунецот ќе ја смени средината или ќе остане на Ноу Камп.

"Времето брзо лета и трансфер-пазарот наскоро се затвора. Одлуката мора да биде донесена пред натпреварите од третото претколо на Лигата на шампионите, што значи дека до 12 август с$ треба да биде јасно. Треба уште да разговарам со тренерот Гвардиола и тој да ми каже како го замислува тимот за идната сезона и дали смета на Ето", рече Бегиристаин.

Гвардиола неодамна ја демантираше својата претходна изјава дека не смета на Ето за претстојната сезона, но тоа беше предизвикано од одличните игри и залагањето на Камерунецот на подготовките на каталонскиот тим. И покрај тоа, за Ето с$ уште има интерес од неколку италијански и англиски клубови, а неговиот трансфер досега беше спречен поради високите барања од финансиски аспект што тој ги постави.

Во зависност од тоа дали Ето ќе остане на Ноу Камп или не, ќе се знае дали Барселона ќе тргне посериозно по Давид Силва од Валенсија.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 16:21
Џерард го пропушта Стандард

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард, ги истегна препоните на пријателскиот дуел против Валеренга во вторникот и речиси сигурно нема да биде во составот на "црвените" за првиот натпревар против Стандард Лиеж во второто коло од Лигата на шампионите. Сепак, лидерот на Ливерпул имал среќа, па засега нема опасност да го пропушти стартот од новата сезона во Премиер-лигата, што значи дека Рафа Бенитез ќе го има на располагање најдобриот состав за гостувањето кај Сандерленд идниот викенд.

"Се работи за истегнување на препоните. Мораме да ги сочекаме деталните анализи, но верувам дека Џерард ќе паузира најмногу еден месец", изјави Бенитез и на тој начин ги смири навивачите на Ливерпул, кои се исплашија од подолго отсуство на нивниот миленик.

Кога станува збор за натпреварот со Валеренга, Ливерпул оствари лесна и убедлива победа од 4:1, а менаџерот може да биде задоволен од тоа што во листата на стрелците се запишаа и фудбалери кои немаат голема минутажа. Покрај Фернандо Торес, прецизни беа уште Бенајун, Н'Гог и Чаби Алонсо, а Ливерпул вторпат за три дена постигна четири гола на еден меч по оној убедлив триумф над Ренџерс во саботата.

"Тоа беше уште еден добар натпревар проследен со завидна ефикасност и одлична игра од наша страна. Задоволен сум од с$ имајќи предвид дека фудбалерите с$ уште се во фаза на подготовки и имаат уште некое време за да влезат во најдобрата форма", додаде Бенитез.

Следниот пријателски натпревар на Ливерпул ќе биде оној против Лацио утре на Енфилд и тоа е генерална проба пред официјалниот старт на сезоната и натпреварот со Стандард.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 16:21
Вест Хем го ослободува Љунгберг

Поранешниот шведски репрезентативец Фреди Љунгберг ќе биде принуден да бара нов клуб за новата сезона бидејќи Вест Хем сака да се ослободи од него по секоја цена. Минатата сезона искусниот крилен играч одигра само 25 натпревари за "чеканите" и воопшто не импресионираше со својата форма, па раководството на клубот објави дека ќе му ги исплати шесте преостанати милиони фунти од договорот и ќе му дозволи да си оди од Аптон Парк. Целата штета што Вест Хем ќе ја претрпи од Швеѓанецот изнесува 13 милиони фунти земајќи ја предвид и отштетата што ја добил при евентуален трансфер, па излегува дека Љунгберг го чини својот клуб по 500 илјади фунти по натпревар.

Вест Хем официјално с$ уште не го објавил официјално својот план, но с$ е договорено со Љунгберг и тој најдоцна утре би требало да биде слободен играч. Иако досега имаше понуда за трансфер во Олимпијакос, Швеѓанецот не се согласи на трансфер бидејќи сака да ја продолжи лигата во Англија или евентуално во Шпанија.

Љунгберг дојде во Премиер-лигата во 1999 година од Халмштад и тоа директно во Арсенал каде настапуваше осум сезони и остави длабока трага во лондонскиот клуб.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 17:12

ЗАВРШИ ЛИ САГАТА СО ПОРТУГАЛСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ?

Роналдо: Останувам!

Кристијано Роналдо и идната сезона дефинитивно ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед. Крајот на сагата за неговиот евентуален трансфер во Реал Мадрид го објави тој самиот во интервју за португалскиот весник Публико за кое рече дека ќе игра за акуелниот англиски и европски првак само уште една сезона. Шпекулациите за неговата иднина траеја цело лето, уште од завршувањето на првенството во Премиер-лигата, а завршија на десетина дена пред стартот на новата сезона.

"Разговарав со Фергусон и му ги изложив своите аргументи, тој ми ги кажа неговите и на крајот постигнавме договор за кој сметам дека е најправеден и за мене и за клубот. Затоа, можам официјално да потврдам дека и идната сезона ќе бидам член на Манчестер Јунајтед. Но, пред да почнат шпекулациите дека останувам против својата волја, сакам да кажам дека тоа се најобични инсинуации. За Манчестер ќе играм со сето срце и душа, ќе се борам и ќе го почитувам дресот на клубот на еднаков начин како што тоа го правев и досега", рече Роналдо во првиот дел од интервјуто.

Португалскиот репрезентативец ја прифати вината за влошените односи меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид затоа што неколкупати јавно изјави дека сака да се пресели на Сантијаго Бернабе.

"Јас бев тој што изрази желба за трансфер во Реал Мадрид, па затоа ја прифаќам и одговорноста за актуелните односи на двата клуба. Јас и натаму имам желба да го облечам дресот на Реал, но можеби не требаше тоа јавно да го изјавувам. Навистина се надевав дека Манчестер ќе ја прифати понудата и ако кажам дека не е така, ќе се излажам и самиот себеси и навивачите на мојот сегашен клуб", додаде Португалецот кој постојано изјавуваше дека сака да си оди од Јунајтед иако има договор со овој клуб до 2012 година. Реал Мадрид за него беше подготвен да плати цело богатство, па последната понуда изнесуваше 80 милиони фунти.

Роналдо веќе еден месец заздравува од операцијата на скочниот зглоб, повреда што ја влечеше подолго време, а најмногу проблеми му создаде за време на европското првенство во Австрија и Швајцарија. Клупските доктори очекуваат во текот на идната недела да се приклучи на тренинзите на својот тим, но за комплетна рехабилитација ќе му биде потребен најмалку уште еден месец.

АЛЕКС ФЕРГУСОН ЛИКУВА

Парите му го свртеа умот на Кристијано

Одлуката на Кристијано Роналдо да остане во Манчестер Јунајтед со најголемо задоволство ја пречека менаџерот Алекс Фергусон. Секојдневните исчекувања од летната фудбалска приказна се завршени на начин на кој тој најмногу посакуваше.

"Кристијано знае дека е среќен овде како што и секогаш било. Навивачите мораат да го сфатат, поминуваше низ кризен период, му беа понудени толкави пари, нема татко и самиот се грижи за семејството, мајката, сестрата и братот. Навистина не му беше лесно. Се смири кога слушна што мислам јас за сево ова и што се однесува до нас, приказната е завршена. Момчето останува фудбалер на Манчестер Јунајтед и тоа е најважно во моментов", рече Фергусон.

БЕРНД ШУСТЕР

Ја почитуваме одлуката

Тренерот на Реал Мадрид, Бернд Шустер, жали што идната сезона неговиот тим нема да биде засилен со Кристијано Роналдо, но нема замерки на неговата одлука.

"Мораме да го почитуваме неговиот избор, тој има право да одлучи што ќе прави со својата кариера. Се разбира, би сакале да дојдеше кај нас, тој е одличен фудбалер, но и вака имаме доста силна екипа, подготвена за борба и за остварување на целите што ги поставивме пред почетокот на сезоната. Го донесовме Ван дер Варт, за три месеци ќе се врати Снајдер и повеќе не размислуваме за нови фудбалери", рече Шустер.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 17:12

СРЕЌКО КАТАНЕЦ ВЧЕРА НА НЕФОРМАЛНА СРЕДБА СО МЕДИУМИТЕ ГИ НАЈАВИ ОЧЕКУВАЊАТА ЗА СЕПТЕМВРИСКИОТ НАШ СТАРТ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2010

Три бода од Шкотска и Холандија

* "Ние мора да победиме барем на еден натпревар од оние со Шкотска и Холандија во септември пред нашата публика. Ако изгубиме на двата се знае што ќе значи тоа за натамошниот тек од квалификациите", вели Катанец

На Кејот на Вардар, комфорно расположен, како ретко кога барем кога се наоѓа пред блицевите и камерите, македонскиот селектор Среќко Катанец вчера во "Картел" низ неформалната средба со домашните медиуми го најави можеби и официјалниот почеток на комплетните наши поактивни подготовки за квалификациите за пласман на СП 2010 во Јужна Африка кои за нас почнуваат со дуелите на "Градски" со Шкотска на 6 септември, односно со Холандија на 10 септември.

Националниот тим претходно на 20 август го очекува пријателскиот натпревар со Луксембург, меѓутоа Катанец веќе од сега насочен со мислите кон квалификацискиот циклус.

"Стартот на квалификациите е многу важен за нас, не велам пресуден, но и тоа како значаен", го започна разговорот македонскиот селектор, притоа веднаш и со очекувањата за првите дуели со Шкотска и со Холандија.

"Ние мора да победиме барем на еден натпревар и освојувајќи три бода од двете тешки први средби со дополнителен мотив да ги продолжиме квалификациите. А, ако се изгубат двата натпревари се знае што значи тоа за натамошникот тек од квалификациите".

Веројатно, трите бода ќе се бараат од натпреварот со Шкотска...

"Не би калкулирал, важно е да има минимум три бода... Секој кој малку го прати фудбалот добро знае за квалитетите и на двете селекции. Холандија, заедно со Шпанија, најмногу покажа на неодамнешното Европско првенство. Шкотска, пак, која е на 16. место во светот, низ претходните квалификации во последен момент отпадна по поразот од Италија. Но, ние играме дома, пред нашите навивачи мора да се даде максимумот, ги почитуваме двата тима, но ќе играме без пардон со секој противник, па без разлика кој бил тоа".

Катанец, без размислување очекува нов напредок, од секој аспект, на нашата селекција во однос на претходниот циклус.

"Ние сме незгоден противник, имаме квалитет меѓутоа на тоа треба да се надодаде уште и вербата во себе, цврст карактер, многу повеќе заеднички интернационални тешки дуели, повеќе 'тестови' како оној со Полска за да би се комплетирала и вистински победничка целина. Мора и оние кои се избрани во националниот тим да носат со себе победнички дух. Јас верувам дека сега голем напредок ќе има во овој состав кој повеќе од две години работи заедно", истакна на вчерашната средба со новинарите македонскиот селектор.

В. Булатовиќ

Катанец: "Ако некој ви вети пласман на СП, јас заминувам"

Долго време македонската фудбалска јавност очекува наше резултатско помрднување на репрезентативен план. Скалило погоре на табелата во однос на некој претходен циклус, или барем некаква конк*рентна надеж за пласман на завршниците до самиот крајот од квалификациите се очекувањата на домашната јавност.

"Јас резултати некакви спектакуларни не можам да ветам... Ако вие може да најдете селектор кој ќе ви вети пласман на СП 2010 јас веднаш ќе го напуштам селекторското столче", вели, пак, Катанец, притоа дополнувајќи:

"Јас само посакувам тимот да игра добро, да создава шанси и на секој натпревар да постигнува голови. Резултат ќе има кога ќе се даде гол. Не знам што вие разбирате под резултат? Па, Македонија сега е на 54. место на ФИФА листата, а каде беше пред да дојдам јас? Јас сум презадоволен од тоа што досега го сработив со македонската репрезентација. Јас сум таков човек и селектор, с$ додека нешто функционира, како треба и како замислувам, не се откажувам. Ќе се откажам тогаш кога ќе видам дека тимот навистина не функционира под мое водство, и веќе нема што да му понудам. А, македонската репрезентација во моментов функционира како треба".

Луксембург не е никаков "тест"

"Луксембург не е никаков 'тест' , од играчки или резултатски аспект, за тоа што н$ очекува со Шкотска и со Холандија. Лично сакав да имаме многу посилен пријателски натпревар во овој термин, но бидејќи сите се договориле претходно, а силните селекции од Македонија не може финансиски да профитираат, тоа е тоа што ни остана. Но, по неколку месеци добро е сега да се собереме, натпреварот со Луксембург да биде уште еден вид проверка на нашата игра и да им укажеме на фудбалерите во тие десет дена кои преостануваат до стартот на квалификациите индивидуално што да работат пред с$ на физички план", вели македонскиот селектор.

Терминот за Шкотска не е во ред, но...

И Среќко Катанец се согласува дека терминот на квалификацискиот натпревар со Шкотска е апсолутно неприфатлив, но...

"Да се игра од 15 часот навистина не е в ред. Не дај боже временските услови да се вакви како што е во моментов во Скопје, но како и да е ќе мора да се прилагодиме, сакале или не", вели нашиот селектор.

Подготовките за квалификациите во Скопје

Место досегашната база Охрид, македонската репрезентација од 1 септември за квалификациските дуели со Шкотска и со Холандија ќе се подготвува во Скопје.

"Во Скопје ќе се подготвуваме со цел фудбалерите подобро да се аклиматизираат на временските услови под кои и ќе се играат натпреварите. Сепак, Охрид е на околу 700 метри надморска височина, со сосема поразлична клима од Скопје", истакнува Катанец.

ДЕНЕСКА СОСТАВОТ ЗА ДУЕЛОТ СО ЛУКСЕМБУРГ

Со едно ново име

Во текот на денешниот ден Среќко Катанец ќе го соопшти и списокот на фудбалери кои ќе бидат повикани за пријателскиот натпревар со Луксембург на 20 август.

"Изненадувања нема да има никакви што се однесува до составот. Таа селекција која ја создаваме овие неколку години ќе биде и против Луксембург и во квалификациите за пласман на СП 2010", вели Катанец дополнувајќи дека е можно единствено едно ново име.

"Можно е да има само едно ново име, но ќе видиме. Јас тврдам дека овие кои се во репрезентацијата се најдоброто од Македонија. И јас би сакал да имавме оваа година многу повеќе пријателски средби па да повикавме повеќе кандидати на проверка, но при еден ваков случај кога имаме 'тестови' на секој трет месец не може многу да се експериментира".

Собирот на репрезентативците за натпреварот со Луксембург ќе биде на 18 август директно во Луксембург. Нема да биде повикан Стевица Ристиќ, како и повредениот Александар Васоски, додека останатите се очекува повторно да бидат во комбинација.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 08.Август.2008 во 17:23
ВИКЕНДОВ НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ

ФУДБАЛ, ПРВА ЛИГА, 2. КОЛО: Работнички-Македонија ГП. (денеска, 17
часот), Пелистер-Хоризонт-Турново (утре, 17), Металург-Напредок (утре, 17), Силекс-Милано (утре, 17), Победа-Ренова (утре, 17). Вардар е слободен
ВТОРА ЛИГА, 2. КОЛО (денеска, 17): Алумина-Миравци, Нов Милениум-Цементарница, Охрид 2004-Дрита, Вардар Декамел-Кожув, Шкендија ХБ-Тетекс, Скопје-Слога Ј., Маџари С.-Новаци 2005, Локомотива-Беласица.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 10.Август.2008 во 11:06
Работнички - Македонија Ѓ.П. 3:3

Многу драма, шест гола, а сепак без победник, во воведниот натпревар од второто коло во новото домашно фудбалско првенство.

На градскиот стадион во Скопје, Македонија Ѓорче Петров со играч повеќе прокоцка предност од два гола против шампионот Работнички. На крајот, само 3:3.

Ѓорчепетровци го отворија резултатот преку Де Брито во 25-та минута со прекрасен погодок од слободен удар. Во 33-та минута Илијоски доби црвен картон и го стави на мака шампионот.

Пред крајот на првото полувреме Вашингтон зголеми на 2:0.

На стартот на второто полувреме, по 13 минути игра, резултатот беше 2:2, Кировски и Милошевиќ беа стрелци.

Во 60-та минута Илиевски повторно ги донесе Ѓорчепетровци во водство и кога веќе се чинеше дека Македонија ќе победи, Милошевиќ со својот втор погодок ги постави конечните 3:3.

Резултати од 2 коло во Првата лига:

Работнички - Македонија Ѓ.П. 3:3

Утре играат:

    * Металург - Напредок
    * Пелистер - Турново
    * Победа - Ренова
    * Силекс - Милано
    * Вардар: слободен

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 10.Август.2008 во 16:41
РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ НЕ САКА ДА ИГРА ВО НОРВЕШКА

Стојков побегнал од Алесундс!

* "Ние очекувавме официјализација на договорот, меѓутоа како што му изјавил на нашиот голман Новаковиќ, Стојков не се нашол себеси во норвешкиот фудбал", вели за норвешките медиуми директорот на Алесундс, Хенрик Хоф

Нашиот напаѓач Аце Стојков по само еден ден минат на тренинзите со Алесундс ФК, вчера на изненадување и на раководството на норвешкиот прволигаш неочекувано го напуштил клубот и Норвешка.

Како што изјавува за норвешките медиуми, директорот на Алесундс, Хенрик Хоф, тие веќе очекувале официјализација на меѓусебниот договор кога вчера го затекнале Стојков во хотелската соба како се подготвува за напуштање на Норвешка.

"Стојков ги одработи и првите тренинзи, меѓутоа кога денеска нашиот голман Ненад Новаковиќ, кој ни помагаше при преводот, отишол во хотелската соба на Стојков го затекнал како се пакува за заминување. Единствено што кажал Стојков е дека заминува затоа што не може да се најде себеси во норвешкиот фудбал", вели Хоф.

Во четвртокот македонскиот фудбалер ги одработи тренинзите на Алесундс ФК при што норвешките медиуми веќе го најавија потпишувањето на едногодишниот договор. Токму поради неговата потрага по нов клуб Аце Стојков не е во репрезентацијата за претстојниот пријателски натпревар со Луксембург.

Сериозно заинтересиран за услугите на Стојков е и српскиот прволигаш Војводина.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 14:36

ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

ПЕЛИСТЕР - ХОРИЗОНТ ТУРНОВО 3:1

РАБОТНИЧКИ - МАКЕДОНИЈА 3:3

МЕТАЛУРГ - НАПРЕДОК 0:0

СИЛЕКС - МИЛАНО 0:0

ПОБЕДА - РЕНОВА 0:1

ВАРДАР (слободен)

ИДНО 3. КОЛО 24.08.2008 (НЕДЕЛА) 16 ч

ВАРДАР - ПЕЛИСТЕР

МИЛАНО - ПОБЕДА

НАПРЕДОК - СИЛЕКС

МАКЕДОНИЈА ЃП - МЕТАЛУРГ

ХОРИЗОНТ Т. - РАБОТНИЧКИ

РЕНОВА (слободна)

ТАБЕЛА

1. МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 4 7:3 2 1 1 0 1 1 0 0 1 0 1 0

2. МИЛАНО 4 2:1 2 1 1 0 1 1 0 0 1 0 1 0

3. РЕНОВА 4 1:0 2 1 1 0 1 0 1 0 1 1 0 0

4. ВАРДАР 3 3:0 1 1 0 0 1 1 0 0 0 0 0 0

5. ПЕЛИСТЕР 3 3:1 1 1 0 0 1 1 0 0 0 0 0 0

6. РАБОТНИЧКИ 2 4:4 2 0 2 0 1 0 1 0 1 0 1 0

7. НАПРЕДОК 2 1:1 2 0 2 0 1 0 1 0 1 0 1 0

8. СИЛЕКС 2 0:0 2 0 2 0 1 0 1 0 1 0 1 0

9. МЕТАЛУРГ 1 1:2 2 0 1 1 1 0 1 0 1 0 0 1

10. ПОБЕДА 0 0:4 2 0 0 2 1 0 0 1 1 0 0 1

11. ХОРИЗОНТ Т. 0 1:7 2 0 0 2 0 0 0 0 2 0 0 2

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

3 ДЕ Брито (Мак)

2 Милошевиќ (Раб)

Вашингтон (Мак)

1 Јанчевски (Вар)

Глигоров (Вар)

Нически (Нап)

Аксентиев (Раб)

Алими (Мил)

Сали (Мил)

Георгиевски (Мет)

 

ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО:

БРЕГАЛНИЦА 2008 - МИРАВЦИ 1:0

НОВ МИЛЕНИУМ - ЦЕМЕНТАРНИЦА 55 0:2

ОХРИД 2004 - ДРИТА 1:0

ВАРДАР (Н) - КОЖУФ 2:1

ШКЕНДИЈА ХБ - ТЕТЕКС 0:2

СКОПЈЕ - СЛОГА Ј. 1:1

МАЏАРИ С. - НОВАЦИ 2005 4:1

ЛОКОМОТИВА - БЕЛАСИЦА 2:0

ТАБЕЛА

1. МАЏАРИ С. 2 2 0 0 7:1 6

2. БРЕГАЛНИЦА 2008 2 2 0 0 5:0 6

3. ЦЕМЕНТАРНИЦА 55 2 2 0 0 5:2 6

4. ОХРИД 2004 2 2 0 0 3:1 6

5. СКОПЈЕ 2 1 1 0 3:1 4

6. ТЕТЕКС 2 1 1 0 3:1 4

7. ВАРДАР (Н) 2 1 1 0 3:2 4

8. ДРИТА 2 1 0 1 3:2 3

9. ЛОКОМОТИВА 2 1 0 1 2:4 3

10. СЛОГА Ј 2 0 2 0 1:1 2

11. ШКЕНДИЈА ХБ 2 0 1 1 0:2 1

12. КОЖУФ 2 0 0 2 2:4 0

13. МИРАВЦИ 2 0 0 2 2:4 0

14. НОВ МИЛЕНИУМ 2 0 0 2 1:5 0

15. НОВАЦИ 2005 2 0 0 2 1:6 0

16. БЕЛАСИЦА 2 0 0 2 0:5 0 - - - -

ИДНО КОЛО ( САБОТА 23.08.2008) - (16 ч.):

БЕЛАСИЦА - БРЕГАЛНИЦА 2008

НОВАЦИ 2005 - ЛОКОМОТИВА

СЛОГА Ј. - МАЏАРИ С.

ТЕТЕКС - СКОПЈЕ

КОЖУФ - ШКЕНДИЈА ХБ

ДРИТА - ВАРДАР (Н)

ЦЕМЕНТАРНИЦА 55 - ОХРИД 2004

МИРАВЦИ - НОВ МИЛЕНИУМ

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

2 гола: С. Крстев (Вардар Н.), Л. Илиев (Брегалница 2008), Ристевски (Маџари С.), Бекировски (Локомотива), Дар. Савески (Тетекс), Клчкароски (Охрид 2004).

1 гол: Давитков, Анг. Нацев, Ивановиќ (Брегалница 2008), Чурлинов, Ковачев (Кожуф), Речкоски (Охрид 2004), Трипунов, Бор. Стојановски, Ѓ. Јовановски, Василевски, Михајлов (Цементарница 55), Бучков, С. Ристовски (Миравци), Емини, Јашари, Рамадани (Дрита), Атанасов (Нов Милениум), Неделкоски, Аргировски, Незировски (Скопје), Богдановски (Тетекс), Чаушев (Вардар Н.), Рамадани, Бишевац (Маџари С.), А. Јовановски (Новаци), Абдулаи (Слога Ј.).



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 14:40

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ НА МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАВРОВО

Девет играчи на првиот собир

* Покрај најавените Наковски, Симовски, Зафиров, Милков и Деспотовски, од првата прозивка поради вироза отсуствуваше и Атанас Милев.

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Светислав Пеица, со девет одбојкари ги почна подготовките на селекцијата за бараж двомечот со Чешка од квалификациите за ЕП 2009 во Турција. Најавено беше отсуството на пет репрезентативци, искусните Симовски, Зафиров и Наковски, како и Милков и Деспотовски, кои се во Романија, но на првата прозивка во Маврово не се појави и Атанас Милев поради вироза. Првиот работен викенд на селекцијата се одвиваше според предвидениот план, краток работен состанок, по кој стартуваше темпирањето на формата.

"Стартниот собир помина според предвиденото. Иако требаше да почнеме со 10 одбојкари и Атанас Милев поради вироза го пропушти првиот работен викенд, но денеска треба да ни се приклучи.

Во саботата имавме краток состанок, а попладнето го одработивме и првиот тренинг. Направивме тестирања на моменталната физичка подготвеност на играчите и од вчера почнавме со тренинзи. Овој период ја имаме таканаречената прва фаза од темпирање на формата каде вниманието ќе биде насочено на базични подготовки", изјави селекторот на сениорите Светислав Пеица.

До крајот на оваа недела на селекцијата треба да & се приклучат Милков и Деспотовски, додека другите репрезентативци ќе пристигнуваат во зависност од обврските кон странските клубови.

Комплетните подготовки на сениорите ќе бидат во Маврово и ќе траат до 23 август, по што селекцијата ќе замине на Копаоник каде ќе игра контролни натпревари со репрезентацијата на Словенија и со рускиот прволигаш Искра Одинцово.

 

МИХАЕЛ БАЛАК СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ ПРЕД НОВАТА СЕЗОНА

Сакам да освојувам трофеи

Германскиот репрезентативец Михаел Балак призна дека е разочаран од сезоната во која со Челзи не освои не освои ниеден трофеј, а беше многу блиску до три. Во Премиер-лигата до последното коло беше во игра за трофејот, а во Лигата на шампионите и Карлинг-купот загуби во финалето иако во двата случаи имаше реални шанси на крајот да излезе како победник. Капак на с$ беше европското првенство каде Балак со Германија стигна до финалето, но повторно не успеа да заврши како првак и остана без трофеј на големите натпреварувања во својата кариера.

По толку неуспеси, Германецот е решен конечно да ја прекине оваа серија и во претстојната сезона да освои се што мож со својот тим.

"Не дојдов во Челзи за постојано да губам. Се преселив во Премиер-лигата затоа што е најсилна во светот и затоа што имам можност да играм против најквалитетните тимови. Како тим ние имаме искуство од победи и порази. Најдобра можност да се остават неуспесите во минатото е повторно да се почне серија успеси и токму тоа ќе се обидеме да го направиме во претстојната сезона. Она што се случи минатата сезона само ќе ни помогне да напредуваме во иднина. Веќе ми е мака од поразите", изјави Балак за вчерашното неделно издание на Мирор.

Германецот дојде во Челзи по Мундијалот во 2006 година, но за двете сезони во лондонскиот клуб освои само по еден пехар во ФА и Карлинг-купот и двата додека на клупата на "сините" беше Жозе Мурињо.




-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 18:02
Ето не мрда од Ноу Камп

Самуел Ето дефинитивно ќе остане во тимот на Барселона барем уште една сезона. Ваков договор паднал на состанокот меѓу претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта, и тренерот Пеп Гвардиола во текот на викендот откако двајцата ја анализирале неговата работа од почетокот на подготовките.

Двајцата дошле до заклучок дека Ето се однесувал мошне коректно и покрај изјавата на Гвардиола од пред еден месец дека тој заедно со Деко и Роналдињо немаат место во неговиот состав. Другите двајца веќе го напуштија Ноу Камп, се преселија во Челзи и Милан, но Ето остана во тимот и за време на подготвителните натпревари беше еден од најдобрите фудбалери на Барселона постигнувајќи притоа пет гола. Освен тоа, иако се обиде Лапорта не успеа да најде соодветна замена за Ето во нападот, па на крајот беше принуден да го задржи фудбалерот кој е веќе проверен и е еден од омилените играчи на навивачите. Единствената работа што ја направи напаѓачот во последниот период е што побара нов договор од раководството на клубот со цел да ја обезбеди својата иднина во каталонскиот гигант.

За одлуката на челниците да го задржат Ето барем уште една сезона голема заслуга имаат и фудбалерите, кои во последните недели почнаа кампања за негова поддршка.

"Мислам дека Самуел е еден од најдобрите светски напаѓачи, но тоа не е нешто ново за него бидејќи таков епитет го следи долго време. Мислам дека Барселона нема да најде фудбалер како него, а уште поважно е што во минатите сезони покажа дека е незаменлив дел од екипата", рече Меси пред два дена.

Пред три сезони камерунскиот репрезентативец беше најдобар стрелец во Примера, но заедно со Роналдињо и најзаслужниот што Барселона освои две титули по ред во Примера и една во Лигата на шампионите. Неговитот договор со Барса истекува во јуни 2010 година, но во следните месеци ќе се знае дали и потоа ќе остане на Ноу Камп.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 16:02

ПОВРЕДАТА ЗА НАШИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ОД СЛАВИЈА ПРАГА Е МИНАТО

Толески подготвен за Фиренца

* "Не знам дали ќе играм од првата минута денеска против Фиорентина, но сега сум 'фит' и можам да го дадам максимумот", вели Гоце Толески

Експедицијата на чешката Славија Прага од вчера е во италијанскиот град Фиренца. Дел од тимот е и нашиот интернационалец Гоце Толески, кој го пропушти последното првенствено коло поради повреда. Повремениот репрезентативец сега е "фит", веќе три дена тренира напорно со останатиот дел од тимот, и е подготвен да го даде максимумот за Славија во вечерашниот дуел против италијанската Фиорентина во рамките од третото кфалификационо коло од Лигата на шампионите.

"Го повредив глуждот на мечот со Либерец во првото коло. Повредата не беше толку сериозна како што беше незгодна, сепак тоа е минато и сега сум 100% опоравен", ги кажа причините Толески поради кои го пропушти натпреварот од второто коло во првенството на Чешка.

"Не знам дали вечер ќе настапам од првата минута, но секако подготвен сум да го дадам максимумот за мојот тим", вели нашиот напаѓач, Гоце Толески, притоа и дополнувајќи:

"Фиорентина секако е голем фаворит на овој меч, но ние играме одлично, подготвени сме да го дадеме максимумот и да изненадиме. Искрено се надевам дека ќе успеме да се пласираме во фазата по групи во Лигата на Шампионите. Тоа е наша цел, а моја секако огромна желба".

Во рамките од третото коло од квалификациите во ЛШ, дуелот Фиорентина - Славија (П), е единствениот кој се игра вечерва. Останатите дуели се играат утре.



Тасевски, Мустафи и Чадиковски дел од ЛШ

Покрај Гоце Толески, утре своите натпревари во третото квалификациско коло во ЛШ ги очекува уште тројца наши интернационалци. Дарко Тасевски и неговиот Левски на домашен терен го пречекуваат БАТЕ Борисов, Орхан Мустафи со Базел гостува на Виторија Гимараеш, додека Драган Чадиковски со Партизан ќе го пречекаат турскиот Фенербахче.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Пандев поразен и од Порто

По поразот на пријателската средба со Ливерпул на "Енфилд Роуд" од 1:0, најдобриот наш фудбалер Горан Пандев со Лацио се поразени и на вториот контролен дуел во само три дена, овој пат од Порто со 2:1.

Пандев настапи од 52. минута кога влезе на местото на Макинва, во периодот кога веднаш потоа "лацијалите" го намалија првичното водство на Порто од 2:0 уште по првиот дел.

Португалците дојдоа до водството со погодоците на Алвеш и Гонзалец во 15., односно 18. минута, а конечниот резултат од 2:1 во 72. минута го постави Ледесма. Резултатите на тимот од Рим се без малку и очекувани во одредена мера со оглед на фактот да им преостануваат уште 20 дена до почетокот на новата сезона во Калчо лигата.

Контролен натпревар во дресот на холандскиот Херенвен одигра и Горан Попов против белгискиот прволигаш Генк. Дуелот заврши без победник, 2:2, а нашиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути во дресот на Херенвен.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 16:03

ПРИЛЕПЧАНИ НЕ ГО ПРИЗНАВААТ ПОРАЗОТ ОД РЕНОВА

Судиите прават рејтинг преку Победа

Триумфот на Ренова над Победа од 1:0, шансите и акциите, воопшто играта на двата ривала, се она што беше одлика на натпреварот во Прилеп буквално с$ паѓа во втор план по реакциите од домашниот табор. Она што најчесто е на последното место како тема за разговор, под Марковите кули е број еден.

Прилепчани се жалат од судењето на скопската тројка, Александар Ставрев - Џенан Хајдари - Игор Ширилов. Им се забележува што признаа гол од офсајд, во случајот победоносен за гостите. Акцијата одеше во контра, еден од фудбалерите на Ренова, Тодоровски, беше длабоко во пасивен офсајд, нему му беше упатена топката, но во празно се придодаде Исмаили по десната страна. Помошникот судија Хајдари не крена знаменце, нападот продолжи. Топката беше свртена пред петтерецот, а таму од прва биеше неодбранливо Алију. Домашните очекуваа офсајд, гостите дадоа гол и токму со него - победија.

Втора спорна ситуација е црвениот картон за стоперот на Победа, Дарко Крстески. Некаде при крајот, во 82. минута, од десната страна беше испратен остар центаршут кон домашниот гол. Крстески сакаше да изблокира, топката го удри во раката и доби втор жолт картон, односно црвен. Впечаток е дека немаше намерно играње со рака, топката не ја удри тој, туку таа удри во него. Оттука се чини престрого исклучувањето, доколку картонот не е доделен за некаков приговор на домашниот капитен.

Спорните ситуации не се многу на број, но сепак се клучни. Оттука и гневот на поразената екипа. Прилепчаните порачуваат судиите да не прават рејтинг преку Победа! Ја повикуваат судиската организација да ја прегледа снимката од натпреварот за да се увери во грешките на арбитрите.



Солидно деби на Кузмиќ

Голманот Жељко Кузмиќ во неделата првпат застана на голот на Победа и се чини мошне солидно си ја изврши задачата. Голот не можеше да го одбрани, но сите други интервенции му беа сигурни. Пред крајот го спаси својот тим од повисок пораз.

Петров јунак во поразот

Победа загуби поради бледа игра на целиот тим, со исклучок на поединци. Покрај голманот Кузмиќ во одлично издание беше и стоперот Мартин Петров. Тој со пожртвувана игра не им даде на противниците да шутираат кон прилепскиот гол. Доби громогласни аплаузи од публиката. Беше јунак кај поразениот тим.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 16:04

Играч на колото

МИРОСЛАВ МИЛОШЕВИЌ

Тим: Работнички
Роден: 12.01.1974 во Панчево (Србија)
Кариера: Динамо - Панчево, Обилиќ, Напредак - Крушевац, Раднички - Ниш, Вестрифа (Бахреин), Хајдук - Белград, Македонија ЃП, Лустеанау (Австрија), Работнички
Тим на 2. коло
Ковачевиќ (Рен) 2.5
Мемеди (Рен) 2.5
Деспотовски (Рен) 2.5
И. Стојанов (Рен) 2.5
Милошевиќ (Раб) 3
Трајчов (Рен) 3
Миранда (Пел) 3
Исмаили (Рен) 3
Алију (Рен) 3
Димитровски (Пел) 3
Кировски (Раб) 2.5

Статистика по 2. коло

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

3 ДЕ БРИТО (Мак)

2 ВАШИНГТОН (Мак)

МИЛОШЕВИЌ (Раб)

1 АКСЕНТИЕВ (Раб)

ЈАНЧЕВСКИ (Вар)

НИЧЕСКИ (Нап)

ИГРАЧИ НА НАТПРЕВАРИ

1 НИЧЕСКИ (Нап)

ДЕ БРИТО (Мак)

МИЛОШЕВИЌ (Раб)

ГЛИГОРОВ (Вар)

СИМОВ (Сил)

АЛИМИ (Мил)

СУДИИ - РЕКОРДЕРИ

2 Г. СПИРКОСКИ (Прилеп)

Д. МЕЧКАРОВСКИ (Скопје)

1 З. ПЕТКОВСКИ (Велес)

Љ. КРСТЕВСКИ (Битола)

А. СТАВРЕВ (Скопје)

*Судии со најмногу отсудени мечеви

Најнедисциплинирани фудбалери

ФУДБАЛЕР Ж.К Ц.К ВК.

1. Д. КРСТЕВСКИ (Поб) 1 1 4

2. Б. ИЛИЈОСКИ (Раб) 1 1 4

3. М. СТЕПАНОВСКИ (Пел) 0 1 3

4. О. АСКОВ (Нап) 0 1 3

5. А. КРСТЕВ (Хор) 0 1 3

*За жолт картон се добвива еден, а за црвен картон три негативни поени

ФЕР - ПЛЕЈ

Ж.К Ц.К ВК.

1. ВАРДАР 2 0 2

2. МИЛАНО 4 0 4

3. РЕНОВА 5 0 5

4. МЕТАЛУРГ 6 0 6

5. МАКЕДОНИЈА ЃП 7 0 7

6. ПЕЛИСТЕР 4 1 7

7. СИЛЕКС 9 0 9

8. НАПРЕДОК 6 1 9

9. ПОБЕДА 8 1 11

10. ХОРИЗОНТ Т. 5 2 11

11. РАБОТНИЧКИ 10 1 13

ПОСЕТЕНОСТ

Дома Гости Вкупно

1. ПОБЕДА 1.000 3.000 4.000

2. ВАРДАР 3.000 / 3.000

3. НАПРЕДОК 1.500 500 2.000

4. РЕНОВА 1.000 1.000 2.000

5. РАБОТНИЧКИ 500 1.500 2.000

6. СИЛЕКС 600 1.000 1.600

7. ХОРИЗОНТ Т. / 1.300 1.300

8. ПЕЛИСТЕР 1.000 / 1.000

9. МИЛАНО 300 600 900

10. МЕТАЛУРГ 500 300 800

11. МАКЕДОНИЈА ЃП 300 500 800

Пенали

ЗА ПРОТИВ

МАКЕДОНИЈА ЃП 1/1 1/1 ХОРИЗОНТ Т.

ВАРДАР / / ВАРДАР

ПОБЕДА / / ПОБЕДА

НАПРЕДОК / / НАПРЕДОК

РАБОТНИЧКИ / / РАБОТНИЧКИ

РЕНОВА / / РЕНОВА

СИЛЕКС / / СИЛЕКС

МИЛАНО / / МИЛАНО

МЕТАЛУРГ / / МЕТАЛУРГ

ПЕЛИСТЕР / / ПЕЛИСТЕР

ХОРИЗОНТ Т. / / МАКЕДОНИЈА ЃП

ГОЛОВИ

На пет натпревари во ова второ коло стрелците постигнале "само" единаесет голови. Или во просек по 2.20 на еден меч. Најмногу голови имаше на дербито на "Градски" меѓу Работнички и Македонија ЃП каде беа постигнати 6 голови. Токму тој меч прави некаков добар просек зошто на два меча, Кратово и Скопје (на Железарница), немаше голови. Домашните екипи стрелале прецизно шестпати, а гостинските пет.

КАРТОНИ

Можеби ова коло измина со најмногу картони во просек откако се игра прволигашки фудбал во самостојна Македонија. Имено, на пет натпревари судиите покажале вкупно 39 картони од кои четири црвени, и тоа Илијоски (Работнички), Степановски (Пелистер), Крстевски (Победа), Лазаревски (Хоризонт). Значи имало 35 жолти картони или во просек по 7 на една средба. Домашните екипи "заработиле" 23, а гостинските "само" 12 жолти опомени.

СУДИЈА РЕКОРДЕР

Апсолутен судија рекордер во ова 2. коло е Горан Спиркоски од Прилеп. Тој на средбата одиграна во Битола, на стадионот под "Тумбе кафе", на која се сретнаа Пелистер и Хоризонт Турново, покажа 8 жолти и два црвена картони. Ако е нешто добро тогаш е тоа што картоните ги подели сосема рамноправно. По четири жолти и по еден црвен на двете екипи.

НАЈБРЗ СТРЕЛЕЦ

Игор Момировски од битолски Пелистер е убедливо најбрзиот стрелец во изминатото второ коло кое се одигра викендов. Тој на мечот со новакот во Лигата Хоризонт Турново ја тресеше гостинската мрежа уште во 12. минута. Тој е првиот од единаесетте голови во ова коло.

ПЕНАЛИ

Замислете, на 10 средби, тука ги сметаме и оние од првото коло, судиите покажале само еднаш на белата точка, и тоа на мечот од минатото коло во Ѓорче каде играа Македонија ЃП и Турново Хоризонт. Тој пенал во гол го претвори тогаш Бразилецот Де Брито. Значи во ова коло немало, барем според судиите, ситуација за најстрога казна.

ГЛЕДАЧИ

Ништо ново, уште една нова катастрофална посета на нашите прволигашки стадиони. На пет натпревари, на пет стадиони имало вкупно 3.600 љубители на фудбалот или во просек по 720 на секој меч. "Најмногу", по 1.000, имало во Прилеп и во Битола, а најмалку, по 500, на двете средби во Скопје. Во Кратово, пак, имало нешто повеќе, 600. Ова двојно помала посета од првото коло во оваа нова 17 сезона по ред.




-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 18:45
ФФМ ГИ ОДРЕДИ ЦЕНИТЕ НА БИЛЕТИТЕ ЗА СЕПТЕМВРИСКИТЕ КВАЛИФИКАЦИСКИ ДУЕЛИ

Холандија ќе се гледа за 1000 денари

* Цената на билетите за ВИП Ложата на Јужна и за двата натпревари ќе биде по 2.000 денари

Од Фудбалската федерација на Македонија вчера и дефинитивно со одлука нашите квалификациски натпревари за пласман на СП 2010, сепак, да минат без продажба на блок билети.

Конечно одлучено е за стартните дуели со Шкотска на 6 септември и со Холандија на 10 септември да бидат пуштени во продажба поединечни билети, и тоа со цена од по 500 денари за Западната трибина, 1.000 денари за Јужната трибина и 2.000 денари за ВИП Ложата на "Југ". Како што е познато, поради реконструкцијата, која ќе трае до август 2009 година, Северната трибина е надвор од употреба, додека Источната трибина ќе биде резервирана за гостинските навивачи. Цените на билетите ќе бидат исти и за двете средби. Според информациите од ФФМ, има огромен интерес и од странски агенции за следење на дуелот на нашиот национален тим со европските фудбалски велесили.

Натпреварот со Шкотска ќе се игра со почеток од 15:30 часот, додека со Холандија во вечерниот термин од 20:30 часот.

Претходно македонската репрезентација предводена од селекторот Среќко Катанец на 20 август ќе одигра пријателска средба со Луксембург во истоимениот град. Собирот на репрезентативците е два дена претходно во хотелот "Новотел" во Луксембург.



Шкотите ја откупија Источната трибина

Шкотската фудбалска асоцијација за своите навивачи го откупи целокупниот капацитет на Источната трибина од "Градски".

За меѓусебната средба на 6 септември, во Скопје е најавено пристигнување на 1000 навивачи на Шкотска. До вчерашниот ден, пак, од страна на Холандската фудбалска федерација беа резервирани единствено 150 билети за нивните навивачи.



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 18:56
ЈОНУЗ СО СПИСОКОТ НА НАДЕЖИТЕ ЗА ДУЕЛОТ СО ЕСТОНИЈА

Трета среќа со Славковски

Младиот напаѓач од италијанскиот првак Интер дал гаранција дека сигурно ќе допатува и ќе го има дебито за Македонија




Третиот официјален обид Горан Славковски да го облече дресот на репрезентацијата на Македонија се чини ќе роди со успех. Големиот фудбалски талент од редовите на италијанскиот првак Интер, се наоѓа на списокот од 18 млади играчи за претстојниот натпревар со Естонија на 20 август во Талин, во рамките на 5. квалификациска група за ЕП 2009.
Овој пат дебито на Славковски во црвено-жолтиот дрес е сигурна работа, зашто селекторот Мирсад Јонуз добил гаранција од него дека со сигурно ќе ја прифати поканата.
Претходно Славковски во повеќе наврати најавуваше оти сака да игра за Македонија, но тоа досега не се остваруваше. Селекторот Јонуз прв пат официјално го покани за тестовите со Црна Гора и Албанија во март, но Славковски отсуството го оправда со стомачен вирус. Младиот напаѓач, кој во Интер го најавуваа како "втор Ибрахимовиќ" доби покана и од селекторот Сречко Катанец да учествува во подготовките за тимот на најдобрата репрезентација за квалификациската средба со Израел од ЕП 2008, но и тогаш Швеѓанецот со македонско потекло го оправда недоаѓањето со повреда, што тогаш беше потврдено и од клупскиот лекар на "нероазурите".
Сега нема никака пречка Славковски да го оствари долгонајавуваното и очекува деби за Македонија, бидејќи е здрав, а завршени се и сите формалности околу неговите патни исправи.
На списокот од Јонуз, покрај Славковски се наоѓаат уште: Кристијан Наумовски и Трајче Ников (голмани), Даниел Георгиевски, Ардијан Цуцули, Владимир Деспотовски, Даниел Мојсов, Глигор Глигоров, Душан Симовски (одбрана), Арменд Алими, Александар Ангеловски, Сашко Пандев, Севдаиљ Селмани, Арџент Гафури, Агим Ибраими (среден ред), Зоран Златковски, Самир Фазли и Иван Тричковски (напад). Собирот на репрезентатците е на 14 август во Струмица, каде ќе имаат тридневни подготовки. Поради клупски обврски задоцнување најавија Тричковски (Ц.звезда), Златковски (Славија, Софија) и Селмани (Баер, Леверкузен).
- Ни остануваат уште две средби од овој квалификациски циклус. Нашата енергија ќе биде насочена што подобро да се подготвиме и да ја победиме Естонија. За тоа ќе треба добро да се подготвиме и на психолошки план, а желбите да ги преточиме во игра. Имаме обврска да освоиме што е можно повеќе бодови и да се искачиме на второто место што ќе ни донесе шанса да го задржиме во последната средба со Норвешка, вели Мирсад Јонуз за сајтот на ФФМ.
Македонија моментно е 4-та на табелата со 8 бода од 6 средби, два помалку од Швајцарија и Норвешка, која има и средба помалку. Холандија е неприкосновена, прва со 15 бода (6 средби), а Естонија е последна.
Македонија со евентуална победа над Естонија, над која славеше во Скопје (1:0), и над Норвешка, која би требало да киксне на гости против Швацарија или Холандија, може да се надева на 2. место што на четирите екипи со најдобар скор им носи место во баражот, покрај 10-те победници во групите.



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 18:57
abe neka ne go molat po 100 pati, ova e prodadena dusha, neka odi neka igra za hrvatska ili svedska!!! si igra tuka so nas kolku pati ne zaeba

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:16
Оди каде сакаш, само не во Реал!

Алекс Фергусон му кажал на Кристијано Роналдо дека ова лето може да замине во кој сака клуб од Европа, дури и во Барселона, само не во Реал Мадрид. Ваквата порака Португалецот ја добил минатиот месец во Лисабон кога првпат се сретнал со Фергусон по завршувањето на сезоната. Во исто време, според Марка, Барселона исто така се залагала да го добие Роналдо во своите редови, а Ферги му рекол на својот фудбалер дека може да се пресели на Ноу Камп за половина од парите што во тој период ги нудеше Реал Мадрид.

Сето тоа е доволен показател колку биле влошени односите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед во минатиот период откако англискиот и европски првак го обвини "Кралскиот клуб" дека сака да му го "украде" најдобриот играч, а дури и испрати жалба до УЕФА. Од друга страна, Роналдо категорично му кажал на својот тренер дека Реал Мадрид е единствениот клуб каде би сакал да ја продолжи кариерата и дека ако не оди таму ќе остане на Сантијаго Бернабе барем на уште една сезона. Освен тоа, Роналдо им рекол на своите пријатели во Реал дека ако идното лето не му биде дозволено регуларно да се пресели во редовите на шпанскиот првак, самиот ќе го реализира трансферот.

Според други извори, Реал со Роналдо го направил истиот трик како со Луис Фиго во 2000 година кога Португалецот ја напушташе Барселона. Наводно, Фиго тогаш имал преддоговор со Реал и ако сакал да го раскине ќе морал на мадридскиот клуб да му исплати отштета во висина од тогашни 30 милиони марки или неговиот агент ќе завршел во затвор. Токму затоа сега Реал најави дека ќа бара отштета од Роналдо за нереализираниот трансфер, и тоа во висина од 17 милиони фунти.

Приказната за Роналдо излезе од контрола

Спортскиот директор на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, призна дека трансферот на Кристијано Роналдо никогаш не бил толку блиску до реализација како што наведуваа медиумите и од Англија и од Шпанија.

"Се разбира дека бевме заинтересирани, но само медиумите го доведоа трансферот пред реализација, а реално не беше толку блиску. Таа приказна околу него доби големи димензии, па дојде до ситуација која беше тешко да се контролира. А реалноста е многу јасна: Роналдо е најдобар светски фудбалер под договор со моќниот и силен Манчестер Јунајтед и ако тие не сакаат да го продадат, од работата нема ништо", рече Мијатовиќ.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:17

ЛИГА НА ШАМПИОНИ - 3. КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО

Јувентус се враќа на евро-сцената

Три сезони поминаа од последниот настап на најтрофејниот италијански клуб во Лигата на шампионите и во европските купови воопшто. Јувентус во меѓувреме помина вистинска голгота: му беа одземени две титули во Серија "А", играше една сезона во Втората италијанска лига и доживеа вистинска раководна и играчка трансформација. И покрај тоа, Јувентус покажа дека е голем клуб, не дозволи да му се случи судбината на други италијански клубови како Фиорентина и Наполи и за релативно кратко време повторно е на пат да се врати во европската фудбалска елита. Прв противник на "бјанко-нерите" на враќањето во Лигата на шампионите ќе биде словачкиот првак Петржалка, нималку наивен тим и учесник во ова натпреварување од пред три години. Клаудио Раниери се соочува со големи проблеми пред денешниот дуел поради повредите на Маркиони, Занети, Кнежевиќ, како и поради тоа што Де Кеље, Маркзио и Џовинко се со италијанската репрезентација на Олимпијадата во Пекинг. Сепак, Јувентус нема право на "кикс" бидејќи во овој состав ионака играат голем број фудбалски ѕвезди од целиот свет.

"Задоволен сум од нашите натпревари во летниот преоден рок, особено оној против Манчестер Јунајтед минатата недела. Покажавме сила против актуелниот европски првак и не можевме да имаме подобра најава пред дуелите со Петржалка со кои ја отвораме сезоната. Добро е за нас што во тимот е Џанлуиџи Буфон, многупати докажал дека е важен дел од екипата", изјави тренерот на Јувентус, Клаудио Раниери.

Петржалка во претходните две кола убедливо ги елиминираше Валета и Тампере и дуелот со Јувентус го очекува во многу подобра форма имајќи предвид дека сезоната во словачкото првенство почна пред околу еден месец. Најсреќен од дуелот со Јувентус е голманот на Петржалка, Лубош Каменар кому идол му е Буфон, а и своето домашно куче го крстил според прославениот италијански чувар на мрежата.

"Ова ќе биде големо искуство за мене и со нетрпение ги очекувам овие две средби. Имам само 21 година, последниот пат кога Петржалка играше во Лигата на шампионите јас бев на клупата. Сега ќе имам директен дуел со Буфон и многу сум среќен", рече Каменар.

Официјалниот дел од сезоната денеска почнува и за уште неколку европски гиганти. Тоа се однесува за Барселона, Ливерпул, Арсенал, Атлетико и Шалке, кои с$ уште не одиграле натпревари од домашните првенства затоа што тие не се почнати. Сите тие имаат релативно лесни противници кои се очекува да ги поминат без поголеми проблеми. Дербито на третото коло е дуелот меѓу Шалке и Атлетико Мадрид. За нијанса фаворит е шпанскиот првак, но мора да се има предвид дека денеска во тимот нема да биде најдобриот фудбалер Серхио Агуеро, кој е со аргентинската репрезентација на Олимпијадата во Пекинг.

МАРСЕЛО БОРДОН:

Добро е што не игра Агуеро

"Атлетико направи одличен тим ова лето, ангажираа неколку фудбалери од светски калибар како Томаш Ујфалуши, Џон Хејтинга и Грегори Купе. Сепак, задоволен сум што денеска нема да го имаат во својот состав Серхио Агуеро, кој минатата сезона беше најдобар фудбалер на екипата. Мислам дека не се во право сите што н$ отпишуваат пред овие дуели. Лани завршивме пред Валенсија во групата, одигравме одлично против Барселона во четвртфиналето, а мислам дека Атлетико не е поквалитетна екипа од каталонците", смета капитенот на Шалке.

МАРКО ВАН БАСТЕН:

Мек Кларен никогаш нема да го победи Венгер

Новиот тренер на Ајакс, Марко ван Бастен, му порача на Стив Мек Кларен да заборави на евентуална победа против Арсен Венгер. Анонимниот холандски тим Твенте предводен од поранешниот селектор на Англија има мали шанси против Арсенал во третото квалификациско коло каде стигна по одличната мината сезона во домашното првенство.

"Ако се споредат двата тима, многумина би се обложиле на Арсенал, исто како и јас. Премиерлигашките клубови имаат многу пари, затоа се во можност да ангажираат квалитетни фудбалери и затоа мислам дека Мек Кларен нема шанси против Арсенал, не само сега, туку секогаш", рече Венгер.

На ова се приклучи холандскиот репрезентативец во дресот на Арсенал, Робин ван Перси, кој го спореди Твенте со најголемиот ривал на неговиот клуб Тотенхем.

Жука не игра против Фенербахче

Најдобриот играч на Партизан од минатонеделниот дуел со Интер Баку, Антонело Жука нема да игра вечерва против Фенербахче поради повреда. Тој се повреди токму на средбата со Интер, а иако се претпоставуваше дека ќе заздрави навреме, не успеа во тоа.

Славиша Јокановиќ ќе има и други проблеми за денешниот меч, особено во средниот ред. Мореира нема да игра поради жолти картони, Камел Заим е исто така повреден, а Тошиќ и Фејса се на Олимпијадата во Пекинг.

ДВОЈКИ:

СИНОЌА:

ФИОРЕНТИНА - СЛАВИЈА 2:0

Муту 3', Џилардињо 57'

ДЕНЕСКА:

СПАТРТАК М. - ДИНАМО К. 18 ч.

ЛЕВСКИ - БАТЕ БОРИСОВ 19 ч.

ШАХТЈОР - ДИНАМО З.

АНОРТОЗИС - ОЛИМПИЈАКОС 20 ч.

АЛБОРГ - КАУНАС 20.05 ч.

ГАЛАТАСАРАЈ - СТЕАУА 20.15 ч.

БРАН - МАРСЕЈ 20.45 ч.

ТВЕНТЕ - АРСЕНАЛ

ЈУВЕНТУС - ПЕТРЖАЛКА

ШАЛКЕ - АТЛЕТИКО

СПАРТА - ПАНАТИНАИКОС

ПАРТИЗАН - ФЕНЕРБАХЧЕ 21 ч.

СТАНДАРД - ЛИВЕРПУЛ 21.05 ч.

ГИМАРАЕШ - БАЗЕЛ 21.30 ч.

БАРСЕЛОНА - ВИСЛА 22 ч.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:18

НЕ СТИВНУВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ШТО ГИ ПРЕДИЗВИКА ОЛИМПИЈАДАТА

Шалке го тужи ЦБФ

Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) е огорчена од одлуката на Шалке да го казни Рафиња затоа што тој не се појавил во понеделникот во тренинг-кампот на бундеслигашот, туку останал со својата репрезентација на Олимпијадата во Пекинг. На еден ден пред фудбалскиот турнир на Игрите, Меѓународниот спорт за арбитража донесе одлука според која клубовите имаат право да ги вратат своите фудбалери што настапуваат во Пекинг, па Шалке одлучи да го повика Рафиња за натпреварот против Атлетико Мадрид во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Освен тоа, Шалке одлучи да испрати жалба до ФИФА против ЦБФ во која бара по секоја цена Рафиња да биде ослободен од обврските и вратен во Германија.

"Се надеваме дека со решението на ЦАС оваа дилема е решена. Всушност, Фудбалската федерација на Бразил не ни остави друг избор", изјави генералниот менаџер на Шалке, Андреас Мелер.

Примерот на Шалке го следеше и Хамбургер, кој испрати официјално барање до Фудбалската федерација на Белгија да биде пуштен Винсент Компани во најкраток можен рок.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:24
ФФМ ќе треба да ги комплетира документите за монтажните рефлектори
Почетокот на мечот со Холандија сеуште неизвесен
Ќе играат под рефлектори? -Пандев во дуел со Булахруз

На неполн месец до квалификацискиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација со Холандија, што на 10 септември ќе се одигра на "Градски", сеуште е неизвесен неговиот почеток. По тестирањата во Бирмингем на закупените рефлектори од страна медискиот застапник на тв-правата "Спорт-5", Светската фудбалска федерација (ФИФА) побара од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) до петок да ја комплетира и да ја испрати техничката документација за нивната монтажа. Во понеделник "куќата на светскиот фудбал" ќе треба и дефинитивно да се изјасни дали мечот ќе се одигра од 20.30 часот, или пак од 16.30. Интересно е што од вчера на нејзиниот интернет-сајт веќе е објавено дека со Холанѓаните ќе играме во вечерниот термин, од 20.30 часот.
- Луѓето од ФИФА побараа до петок да им ги доставиме на увид дозволите за инсталирање на рефлекторите што треба да ги добиеме од страна градежната фирма што го врши реновирањето на северната трибина, Според мене, тоа се само обична формалности и уверен сум дека на мечот со Холандија ќе имаме одлични услови за игра, односно, ќе играме од 20.30 часот. Охрабрувачки е што предходно нивниот контролор испрати поволен извештај од тестирањето на рефлекторите во Бирмнигем - информира генералниот секретар на ФФМ Никола Костов.
Бидејќи Холанѓаните на 9 септември (вторник), во вечерниот термин, треба да го имаат последниот тренинг пред средбата со Македонија, се очекува, ден порано, нашиот најголем фудбалски храм да блесне со новите монтажни рефлектори кои треба да зрачат најмалку 1200 лукса. Иако предходно беше најавено дека нивното инсталирање ќе трае речиси една недела, тие ќе бидат наместени само за еден ден. За осветлувањето на "Градски" за овој натпревар, покрај монтажните ќе се користат и двата преостанати рефлектори, како и осветлувањето што се наоѓа на покривот на Јужната трибина.

За Шкотска и Холандија билетите по 500 и 1.000 денари

Сите љубители на фудбалот што во живо сакаат да ги проследат претстојните квалификациски мечеви, со Шкотска, на 6 септември, и со Холандија, четири дена подоцна, ќе мораат по натпревар да издвојат, 500 денари за Западната, односно, 1.000 денари за Јужната трибина. Цената на влезниците е онаа истата од пред две години кога ја пречекавме Англија. По цена од 2.000 денари ФФМ во продажба ќе пушти и вип-влезници за јужната трибина. Поради реконструкција на Северната, таа ќе биде надвој од употреба, додека Источната е резервирана за гостинските навивачи.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 16:52
Тупан: Никогаш повеќе!!!

* "Јас не сум проститутка за да пополнувам место кога селекторот има проблеми. Чекав шанса и не ја добив па затоа додека се овие паразити на функции јас нема да играм за националниот тим", коментира фудбалерот на Славија од Софија

"Немам ништо против Среќко Катанец", беше првиот коментар на фудбалерот Славчо Георгиевски по неговата реакција и најава дека повеќе нема да се јавува на повик во националниот тим.

"Додека владее овој режим во ФФМ и додека 'паразитите' се дел од стручниот штаб на Катанец јас не сакам да бидам дел од националниот тим. Мислам дека заслужив шанса за настап која не ја добив. Не сакам да бидам како проститутка и секогаш да чекам некој да отпадне поради повреда или картони и тогаш да ме повикаат да пополнувам место", додава популарниот Тупан, кој летово од кинескиот клуб Женжанг Личенг се врати во Славија Софија. Фудбалерот од средниот ред е револтиран на односот на некои луѓе во стручниот штаб на Катанец.

"Селекторот мислам дека има погрешни информации за случувањата со фудбалерите. Некои луѓе упорно форсираат одредени играчи кои постојано се во националниот тим. Резултатите ги нема, а нема и нови фудбалери на позициите каде со години се појавуваат слабости. Би ги прашал само за што служат тест средбите!? Истата слика се повторува со години и години и затоа од циклус во циклус сме с$ послаби и послаби. Не ни треба селектор па ни стручен штаб за 5 место од 7 селекции во друштво со Андора и Естонија. Секој може да го направи тој пласман", додава Георгиевски, кој веќе 7-8 месеци беше на поширокиот список во составот на Катанец. Причина за ваквата реакција на Георгиевски е тоа што неговото име не беше на списокот за претстојниот дуел со Луксембург.



"Можеби сум еден од ретките фудбалери кои се пробиваат во својата кариера без настапи во националниот тим. Мој приоритет во иднина ќе биде настапот за Славија, а потоа се надевам на нов трансфер. Важно е тоа што јас лично сум задоволен од моите игри, а истото важи и за тренерот и луѓето во Славија. За жал, некои луѓе сето тоа упорно го занемаруваат. На тие 'стручни' лапачи нека им служи на чест. Би им порачал да се погледнат во огледало и да се видат какви биле пред 4-5 години, а на што личат сега. И самите ќе забележат дека се здебелиле затоа што се претвориле во паразити. Некогаш и од многу лапање боли глава, но се надевам дека многу брзо ќе се расчисти овој хаос во фудбалот во Македонија. На сите страни ни се смеат за тоа што се случува кај нас и лично мене ми е незгодно од таквата лоша слика која ја има во светот за нашиот фудбал. Можеби многу брзо работите ќе си дојдат на свој колосек", говори во завршниот коментар Славчо Георгиевски, фудбалерот кој никогаш не ја доби вистинската шанса во националниот состав.

Не мора да биде Славчо

"Не сакам да бидам погрешни разбран. Ако со години сите анализи кажуваат дека наш најголем проблем е играта во средниот ред тогаш зошто на таа позиција не се пробаат некои други фудбалери. Не мора да биде Славчо Георгиевски. Слушам дека одлично во Литванија играат Божиновски и Милошевски. Неџипи!? Еве се сетија на Демири...Сите селекции бараат решенија за болните точки а кај нас ништо не се менува", коментира популарниот Тупан.

Не личиме на репрезентација

"Дремеме по аеродроми, чекаме по амбасади, патуваме со редовни линии... Репрезентација ли е тоа!? Претставуваме држава а се однесуваме како аматери и како загубени патници низ европските метрополи. Срамота!!! Некои луѓе треба да се освестат и да размислат околу третманот на националниот тим и третманот кон играчите кои не го заслужуваат тоа. За жал некој друг профитира од сето тоа што му се случува на националниот тим кој веќе подолго време не знае што е тоа чартер лет а срамот се случи на последното патување за Штутгарт од каде се враќавме како распадната банда а не како фудбалери кои ги бранат боите на Македонија", вели Славчо Георгиевски.

Уште еден бунт

Славчо Герогиевски со овие најави сигурно влегува на црната листа во националниот тим и списокот на Среќко Катанец. А таму не е сам. Таму имаме и други фудбалери и тоа не било кој туку еден Александар Митрески од бундеслигашот Келн, па Роберт Попов од францускиот Оксер, Ндерим Неџипи од белгискиот Лирс.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 16:53
Фенербахче го преживеа белградскиот пекол

Учесникот во четвртфиналето од ланското издание од Лигата на шампионите, Фенербахче може да биде сосема задоволен од крајниот исход на вчерашниот натпревар против Партизан од Белград. Турскиот вицешампион и голем фаворит во овој двомеч по само 14 минути игра во пеколот на стадионот на Партизан имаше негатива од 2:0 и се наоѓаше пред вистинска катастрофа против разгоропадениот домаќин, но на крајот успеа непоразен да си замине од главниот град на нашиот северен сосед. "Црно-белите" имаа старт од соништата против тимот предводен од европскиот првак Луис Арагонес, а кој во својот состав има неколку европски ѕвезди како Гуиза, Емре, Шентурк, Роберто Карлос, од првите три сериозни акции постигна два гола и најавија големо изненадување, можеби најголемо во оваа фаза од Лигата на шампионите. Прво, Богуновиќ се закани по голот на Демирел, го помина противничкиот голман и шутна кон празната мрежа, но на самата гол-линија Лугано спаси водство на домашниот тим. Само две минути подоцна фантастичен центаршут од Богдановиќ од десната страна, топката ги прелета сите дефанзивци на Фенербахче и дојде на главата на Пауновиќ кој од пет-шест метри го отвори резултатот. Гостите уште не се созедоа од шокот кога Мореира доби едно длабинско додавање, стигна само да ја подбутне топката, таа се одби од Демирел и стигна до Богдановиќ кој со колено ја испрати во празната мрежа. Фудбалерите на Фенербахче буквално не знаеја каде се наоѓаат, над 30 илјади навивачи на Партизан веќе почнаа да го слават големиот успех, но "црно-белите" место да продолжат со нападите, се повлекоа на својата половина и му дозволија на Фенер да ја заигра својата игра. Само еден кикс беше доволен пред крајот на првиот дел Алекс да изнуди пенал од Сикимиќ и потоа самиот да го реализира, а по пет минути игра во вториот дел Гуиза искористи уште една несигурна интервенција на одбраната на Партизан за да му донесе реми на својот им и огромна шанса повторно да се избори пласман во фазата по групи од ЛШ. За Партизан последните три минути ги одигра и нашиот Драган Чадиковски, но немаше можност да направи нешто повеќе.

Во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност вчера поминаа дуелите на Твенте и Арсенал, пред се поради нивните тренери МекКларен и Венгер, како и на Шалке и Атлетико, но двата меча не понудија големи возбудувања. "Топчиите" рутинирано, иако без девет фудбалери, стигнаа до убедлива победа од 2:0 со што ја потврдија фаворитската улога, додека Шалке со гол уште во првиот половина час стигна до минимален, но значаен триумф против шпанскиот прволигаш.

Затоа, Ливерпул можеше многу да го чини потценувачкиот однос кон белгискиот првак Стандард Лиеж. Премиерлигашот играше без капитенот Џерард во стартниот состав, а домашниот тим особено во вториот дел пропушти неколку изгледни шанси за гол.

Пласман во фазата по групи уште отсега може да се каже дека обезбедија Јувентус, Динамо Киев и Марсеј. Првите ги декласираа Петржалка и Спартак Москва, а Французите славеа минимален триумф во Норвешка. Најголеми изненадувања, пак, направија БАТЕ Борисов и Анортозис кои по вчерашните средби се многу, многу блиску до главниот дел од елитното европско натпреварување.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 17:15
Ето сега е по меракот на Гвардиола

Позната е барем блиската иднина на репрезентативецот на Камерун и голгетер на Барселона, Самуел Ето. Новиот тренер на каталонскиот гигант, Пепе Гвардиола јавно потврди дека црномурестиот напаѓач и во новата сезона ќе настапува на Ноу Камп.
- Пред да ме прашате сакам да ви кажам дека Ето и во новата сезона ќе биде дел од Барселона. Знам дека на неколку пати повторив дека не е во моите планови, но тие изјави беа дадени пред стартот на подготовките. И сами знаете дека може да дојде до измена на планот пред официјалниот старт. Демонстрираше невидена желба за време на подготовките, беше голгетерски расположен и решив да го задржам. Јас имам за задача да го извадам максимумот од сите фудбалери. Од кога ќе го направам тоа одлучувам кој ќе биде во првиот, а кој во вториот тим, изјави Гвардиола.
Освен дека смета на Ето, тренерот на Барса, потврди дека нема шанси да се раздели од репрезентативецот на Франција, Тиери Анри.
- Имам потреба од двајцата. Исто така сум задоволен од играта што ја покажа Анри за време на подготовките. Знам дека постоеше опција да се разделиме со него, но тука јас сум тренер и јас одлучувам кој ќе остане, а кој не. Презадоволен сум од неговата форма и убеден сум дека повторно ќе ги тресе противничките мрежи, изјави Гвардиола.



-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 16:01

ПО ОТКАЖУВАЊЕТО ПОРАДИ ПОВРЕДА ОД СТРАНА НА ЧЛЕНОТ НА БЕЛГИСКИОТ ЛОКЕРЕН

Катанец без ново име место Демири

Македонскиот селектор Среќко Катанец нема да повикува ново име во репрезентативниот состав за пријателската средба со Луксембург на 20 август, по официјалното откажување поради повреда од страна на фудбалерот од средниот ред на белгискиот Локерен, Ертан Демири.

Демири, откако претходно иако беше во комбинација поради настап со Работнички во финалето од Купот на Македонија не настапи и на контролниот дуел со Полска, очигледно нема среќа да се појави во нашиот национален дрес. Во текот на вчерашниот ден тоа што претходно го најавивме, и официјално потврдено со дописот од страна на Локерен до Фудбалската федерација на Македонија во кој стручниот штаб на нашата репрезентација се известува дека откако Демири не го издржал последниот тренинг на клубот, во консултација со лекарскиот тим потврдено е дека сепак нема да биде подготвен за Луксембург.

"Искрено посакував настап во репрезентативниот дрес, меѓутоа поради повредата низ консултации на тимот со стручниот штаб одлучено е во овој момент да не се ризикува", вели Демири, кој подолго време поради повредата на зглобот не тренираше и воопшто не настапува за Локерен на пријателските натпревари, па затоа и зачудува неинформираноста на стручниот штаб кој сега, како по обичај, за претстојната пријателска средба ќе располага со 17 фудбалери.

Во составот ги нема и досега повикуваните Александар Васоски, Аце Стојков, Боби Грнчаров, Славчо Георгиевски и Стевица Ристиќ.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 16:02

ДЕНЕСКА ПОЧНУВА 46. ИЗДАНИЕ НА БУНДЕС-ЛИГАТА

Кој најблиску до Баерн?

Традиционално, со натпреварот на актуелниот шампион, во овој случај Баерн Минхен, вечерва почнува 46. издание на германското првенство, Бундес-лигата. Многу работи навестуваат дека ќе гледаме слична сезона како минатата со оглед на случувањата во летниот период. Како и најчесто во последната деценија, повторно најголем фаворит за шампионската титула е нејзиниот актуелен бранител Баерн Минхен иако традционалните ривали во последните сезони не се согласуваат со мислењето на најголемиот број љубители на фудбалот во земјата.

Дури 16 од 18 тренери во Бундес-лигата во моментов го гледаат Баерн како нов првак на Германија. Со тоа се согласуваат и тренерите на Вердер, Шалке, и Хамбургер, но не Криштоф Даум од Келн и Феликс Магат од Волфсбург кои веруваат токму во ланските најблиски конк*ренти на баварскиот клуб.

Освен што како и секогаш е фаворит за титулата, во Баерн оваа сезона пожнува нова ера - ерата без Оливер Кан на голот и на Јирген Клинсман, но не како играч, туку како тренер. Поранешниот прославен германски репрезентативец минатиот месец го замени Отмар Хицфелд на клупата на Баерн и уште веднаш почна да го чувствува притисокот што го носи оваа функција. Сфати дека се освен двојна круна и пласман најмалку во полуфиналето од Лигата на шампионите идната сезона е неуспех. За разлика од лани кога потроши над 100 милиони евра, Баерн ова лето не даде ниту цент за ангажирање нови фудбалери. Ги донесе Тим Боровски од Вердер и Ханс-Јерг Бут од Бенфика, но двајцата беа слободни играчи и не мораше да плаќа за нив. Тоа и се очекуваше бидејќи клубот во претходната сезона ги немаше вообичаените приходи од Лигата на шампионите, но и лани направи доволно силен состав кој годинава ќе има уште адут на своја страна: една сезона играње заедно. Навивачите во моментов се плашат само од стартот на сезоната. Рибери и Тони се повредени, а тоа се главните фудбалери на клубот, истото се однесува и за Демикелис, Сањол и голманот Бут. Кога тие ќе се вратат во тимот, Баерн ќе биде страв и трепет за сите во Бундес-лигата.

Како и лани, главни конк*ренти на Баерн ќе му бидат Вердер и Шалке со таа разлика што љубителите на фудбалот во Германија очекуваат да ги сменат местата на табелата. Вердер летово остана без Боровски кој го засили Баерн, а на негово место не донесе соодветно засилување, па Томас Шаф повторно ќе се потпре на Диего. Лани Вердер имаше неколку фантастични победи од 8:1 против Арминија, 6:1 против Хановер и 5:1 со Шалке, но затоа и загуби неколку натпревари каде беше изразит фаворит како Бохум, Дуисбург и Волфсбург. Од тие причини се очекува и сезонава да биде уште понестабилен тим. Од друга страна, Шалке стартува со нов тренер, Фред Рутен кој лани со Твенте направи големо изненадување во холандското првенство, па сега сите очекуваат да го повтори истото со Шалке. Младите таленти од лани како Ракитиќ, Нојер, Пандер и Рафиња веќе пораснаа, клубот го донесе Фарфан, па сега на Шалке не му недостасува ниту желба за големи достигнувања.

Интересно, но познавачите на фудбалот во Германија сметаат дека најголемо разочарување ќе биде Хамбургер. Лани четвртопласираниот тим летово остана без најдобриот фудбалер Рафаел ван дер Варт, но не донесе фудбалер кој барем малку ќе може да го замени. Уште повеќе, од Хамбургер кој сега ќе биде предводен од мартин Јол, се очекува да заглави во средината од табелата, зад Волфсбург и Баер Леверкузен.

НАЈСКАПИТЕ 10 ТРАНСФЕРИ ВО БУНДЕС-ЛИГАТА ЛЕТОВО:

Играч од во сума

1. Андреа Барѕаљи Палермо Волфсбург 14 мил. евра

2. Џеферсон Фарфан ПСВ Шалке 10 мил.

3. Ренато Аугусто Фламенго Баер 10 мил.

4. Кристијан Ѕакардо Палермо Волфсбург 10 мил.

5. Орландо Енгелар Твенте Шалке 7 мил.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 17:41
Конечно се појави и Славковски

* Во хотелот "Сириус" во Струмица на прозивката се појавија 16 фудбалери, а меѓу нив беше и нашиот "Швеѓанец" од Интер

Нашата млада селекција до 21 година со вчерашниот попладневен тренинг на стадионот "Младост" во Струмица ја почна операцијата "Естонија". Експедицијата на нашиот млад табор во попладневните часови пристигна во хотелот "Сириус". На прозивката на селекторот Мирад Јонуз се појавија 16 фудбалери, а меѓу нив беше и нашиот "Швеѓанец" од Интер Горан Славковски, кој се очекува против Естонија да го има своето деби во дресот на нашата млада репрезентација.

Селекторот Мирсад Јонуз и неговите "асистенти" во стручниот штаб ги имаат сите потребни координати за Естонците, а во текот на овие неколкудневни подготовки на фудбалерите ќе им ја презентираат играта на нашиот противник со цел да се подготви најдобрата стратегија, а таа како што велат ќе биде победничка.

"Добро ја имаме простудирано играта на Естонците. Нивниот состав е идентичен како оној од првиот меч на кој ние славевме со 1:0. Но, не оставаме ништо на случајноста. Утре заедно со фудбалерите ќе ја видиме снимката од мечот меѓу Естонија и Холандија со цел да ја проанализираме нивната игра, а воедно ќе ја бараме и формулата која на овој меч ќе ни донесе победа. Не размислуваме за ништо друго бидејќи само со три бода ќе ги задржиме за висок пласман во нашата група. На овие подготовки нема да наметнеме жестоко темпо, туку главно ќе бидеме фокусирани на градење игра која на овој меч ќе ни донесе позитивен резултат", истакна селекторот на нашата млада селекција, Мирсад Јонуз.

До сабота нашата млада репрезентација ќе биде комплетна. Денеска на подготовките во Струмица ќе се приклучи Иван Тричковски, а в сабота од Бугарија пристигнува и Зоран Златковски.

Овие мини-подготовки во Струмица ќе траат до понеделник претпладне, а во попладневните часови експедицијата на нашиот млад табор заминува во Софија, каде што во вторник на 19 август во раните утрински часови од софискиот аеродором ќе замине во Талин.

Мојсов до среда "фит"

Столбот во нашата одбрана Даниел Мојсов на средбата со Работнички заработи повреда. Тој е под будното око на репрезентативниот доктор Боро Илиев и до среда неговата повреда на левата нога ќе биде санирана.

"Се чувствувам добро и против Естонците ќе бидам подготвен да го дадам максимумот. Сакам да истакнам дека на овој меч н$ интересира само полн погодок", оптимист е Мојсов.

Тренинзи на "Младост" и "Кукуш"

Нашата млада селекција на располагање ги имаат стадионот "Младост" во Струмица и стадионот "Кукуш" во Турново.

"Имаме идеални услови за работа и истите ќе ги искористиме максимално за добри подготовки за оваа квалификациска средба", истакна селекторот Јонуз.

Сите активности во 18 часот

Стручниот штаб донесе одлука сите тренинзи на овие подготовки да се реализираат во попладневните часови. Исклучок ќе биде само тренингот во понеделник кој ќе се одржи претпладне. За да се избегнат тропските температури, тренинзите на нашата млада селекција ќе се реализираат попладне во 18 часот.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 15:50

МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВЕЧЕРВА (ТВ Сител 20.15 ч.) ПРОТИВ ЛУКСЕМБУРГ ГО ИМААТ ПОСЛЕДНИОТ ТЕСТ ПРЕД СТАРТОТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2010

Пандев: Секогаш на победа!!!

*"Да се одигра добро и да се стигне до триумф за што подобра атмосфера пред пресудните средби со Шкотска и Холандија", е најавата на нашиот најодбар фудбалер

Македонија е фаворит за победата вечерва во Луксембург против просечната домашна селекција. Квалитетот, рејтингот, но и формата се на наша страна и затоа треба да очекуваме полн погодок од ова гостување по серијата од три нерешени на последните тест средби со Србија (1:1), Б и Х (2:2) и Полска (1:1). Овој дуел е посебно важен со оглед на тоа дека селекторот Среќко Катанец ќе ја има последната проверка на силите пред "пеколниот септември" и квалификациските дуели со Шкотска и Холандија на "Градски". Таму во Луксебург вечерва најмногу се очекува од најдобриот. Горан Пандев е во фокусот и тој треба да биде главниот играч во нашиот напад:

"На ваквите натпревари како овој вечерва со Луксембург приоритет е добрата игра, но секако и резултатот. За нас главниот фронт е во септември. Тие дуели со Шкотска и Холандија се нашата главна цел и средби од кои ќе зависат сите наши амбиции во циклусот за пласман на СП", коментира Пандев од хотелот "Новотел" во Луксембург.

За фудбалерот на Лацио денешниот противник е непознат. Очекува добар дуел, голови и победа:

"Не само против Луксембург туку на секој меч ние играме на победа. Со максимален респект и со максимално залагање на теренот може да стигнеме до посакуваната цел. Нашата игра е таква - напаѓачка. Луксембург не е селекција која има висок рејтинг па затоа се надевам дека ќе стигнеме до триумф со кој ќе се избориме за добра атмосфера во репрезентацијата пред она што н$ очекува во септември".

Катанец денеска на располагање ќе има само 16 фудбалери, а меѓу нив повторно е Величе Шимуликоски, кој не настапи на дуелот со Полска поради повреда. Речиси и нема ништо ново во стартниот тим со оглед на тоа дека во првите 11 се очекува и кам-бек на Илчо Наумоски. Одбраната е онаа стандардната, а таму и еден од столбовите - Николче Новески.

"За мене Луксембург е непознат тим. Ние сме поквалитетни, но тоа треба да го докажеме на теренот. Во денешно време нема слаби селекции. Посебно не во Европа...", коментира дефанзивецот на Мајнц.

Само за потсетување дека Македонија нема пораз на тест средбите откако Среќко Катанец е на чело на нашата најодбра селекција (не се смета стартниот пораз со Бугарија).

И. Д. Ивановски

МЕЃУНАРОДЕН ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
Луксембург - Македонија
Стадион:
"Јоси Бартел" во Луксембург. Капацитет: 8.350 гледачи. Почеток: 20.15 часот.
Главен судија: Бант Бругер - Австрија

ЛУКСЕМБУРГ (4-5-1): Жубер, Гајпус, Хофман, Кинцигер, Мартино, Бедмер, Жексон, Пајал, Муч, Левек; Китанге.

Селектор: Гај Хелес
ФИФА рејтинг: 152

МАКЕДОНИЈА (3-4-1-2): Милошевски, Митрески, Седлоски, Новески, Попов, Лазаревски, Шумуликоски, Тасевски, Пандев, Наумоски, Мазнов.

Селектор: Среќко Катанец
ФИФА рејтинг: 54

Горан Мазнов оди на рекорд

Мајсторот за голови на пријателски средби вечерва ќе ја напаѓа и мрежата на Луксембург. Горан Мазнов брка рекорд и ќе се обиде да биде првиот фудбалер на Македонија, кој на трет меч во серија се запишува во листата на стрелците. Тој со двата гола н$ спаси од дебакл, во Зеница ја тресеше и Полска, а еве сега на ред е и Луксембург. Згора на тоа фудбалерот на рускиот тим Томск со 10 голови е на 4 место на листата на најдобрите стрелци на сите времиња и се наоѓа зад Христов (17), Шаќири (15) и Пандев (12).

Секогаш со насмевки од Луксембург

Македонската репрезентација денеска го игра првиот меч со соодведната селекција на Луксембург. Земја која нема позабележителни резултати и држава од која македонскиот фудбал многупати се враќал со насмевки.

Пелистер и Работнички славеа на гостувањата во оваа земја во евро-куповите. Вардар одигра 1:1, но го елиминираше Дуделанж, а нашата селекција до 21 година победи со 3:0 на квалификациски меч. Вечерва нашиот најдобар состав ќе мора да ја продолжи добрата серија.

ФАКТИ ЗА НАШИОТ ДЕНЕШЕН ПРОТИВНИК

Марио Муч од Арау прва ѕвезда

Низ медиумите во Луксембург има мал интерес за денешниот дуел со Македонија. За нашиот национален тим речиси и ништо не се пишува, а низ некои спортски страници може да се прочитаат анализи околу тоа како Луксембург ќе игра во иднина без Себастијан Реми, кој се повлече од националниот тим пред еден месец. Ова е прв меч без фудбалерот на Дуделанж, а има и најави дека со неговото откажување е причината поради која Луксембург ја менува формацијата од 4-4-2 во 4-5-1.

Сепак, во моментов најпознат фудбалер на Луксембург е Марио Муч. Фудбалерот од средината на теренот за кого се напоменува дека е новиот Реми. Муч настапува во швајцарскиот тим Арау и тој заедно со Страсер (Мец), Жексон (Конгсвингер) и Китанге (Фрајбург 2) се единствените интернационалци.

Луксембург денеска ја има последната проверка пред квалификацискиот меч со Грција на 6 септември.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 16:55
Prijatelski Natprevari
     
August 19

FT     Australia     2 - 2     South Africa
     
August 20

FT     Guinea     1 - 2     Ivory Coast
FT     Sudan     4 - 0     Egypt
FT     Tanzania     1 - 1     Ghana
FT     Japan     1 - 3     Uruguay
FT     Paraguay     1 - 1     Saudi Arabia
FT     Tunisia     1 - 1     Angola
FT     Algeria     1 - 0     U.A.E.
FT     Estonia     2 - 1     Malta
FT     Finland     2 - 0     Israel
FT     Hungary     3 - 3     Montenegro
FT     Qatar     5 - 0     Tajikistan
FT     Ukraine     1 - 0     Poland
FT     Belarus     0 - 0     Argentina
FT     Lithuania     3 - 0     Moldova
FT     Morocco     3 - 1     Benin
FT     Norway     1 - 1     Ireland
FT     Russia     1 - 1     Holland
FT     Romania     1 - 0     Latvia
FT     Turkey     1 - 0     Chile
FT     Bosnia-Herzegovina     1 - 2     Bulgaria
FT     Denmark     0 - 3     Spain
FT     Luxembourg     1 - 4     Rep. of Macedonia
FT     Slovakia     0 - 2     Greece
FT     Albania     2 - 0     Liechtenstein
FT     Italy     2 - 2     Austria
FT     Slovenia     2 - 3     Croatia
FT     Switzerland     4 - 1     Cyprus
FT     England     2 - 2     Czech Republic
FT     Germany     2 - 0     Belgium
FT     Scotland     0 - 0     Northern Ireland
FT     Sweden     2 - 3     France
FT     Wales     1 - 2     Georgia
FT     Iceland     1 - 1     Azerbaijan
FT     Portugal     5 - 0     Faroe Islands
FT     Libya     0 - 0     Senegal

August 21

FT     Bolivia     1 - 0     Panama
FT     Colombia     0 - 1     Ecuador
FT     Venezuela     4 - 1     Syria

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Август.2008 во 16:25
Јанкерминатор!!!
*Со хет-трик робусниот голгетер го "збриша" безопасниот Пелистер, кој доби модерна фудбалска лекција од лутиот ривал


Со ист рецепт Вардар во својата мелница по Победа го стави и Пелистер. Битолчани беа разнесени на "Градски" во првите минути од вториот дел кога својата одлична физичка подготвеност домашните фудбалери ја крунисаа со три гола во мрежата на "зелените". Гол шоу на Јанкерминаторот!!! Бобан Јанчевски со хет-трик го реши големото дерби во кое тој беше централната фигура и човекот кој знаеше како да ја тресе мрежата на Пелистер. Во 51., 56. и 63. минута Јанчевски го најде патот до голот и тоа двапати по акција на Дени Масев, кој исто така одигра добар меч. Битолочани немаа сили да му се спротивстават на лутиот ривал и можат да бидат задоволни што крајниот резултат по истекот на 90 минута гласи само 3:0. Домашните фудбалери беа супериорни, но како да застана по оние три гола на Јанчевски. Против себе имаа тим кој тргна да се брани, беше "напикан" пред својот шеснаесетник. Пелистер немаше противигра и постојано висеше нивниот гол. Можеби на почетокот успеваа да одолеат на нападите затоа што и во играта на Вардар немаше фудбалска убавина (шанси, акции...). Сите битолски надежи се срушија на почетокот од второто полувреме. Гостинската дефанзивна тактика донесе лош фудбал и меч во кој фудбалерите во зелени дресови во првиот дел имаа само два моменти кога нивните фудбалери имаа повеќе од две успешни додавања. Едвај го минуваа центарот на теренот, а офанзивците од типот на Жуниор, Блажевски, Момировски и Миранда делуваат "загубено" на "Градски".

Победата е заслужена и убедлива. Вардар покажува дека е доминантен и дека лесно доаѓа до победите. Два натпревари, 6 бода и идентични победи од по 3:0. Тимот на Достаниќ има одличен старт по кој слободно може да се каже дека "црвено-црните" не само што се главни туку и единствени кандидати за највисокиот рон.




ВАРДАР - ПЕЛИСТЕР 3:0 (0:0)
"Градски" стадион
во Скопје. Гледачи: 4.000
Главен судија: Горан Спиркоски. Помошници: Димоски и Костоски, тројцата од Прилеп. Делегат: Сашко Тасев од Кавадарци.
Стрелци: Јанчевски 51', 56, 63'
Ж. картони: Вајс, Масев, Љубисављевиќ (В), Димов, Вељановски, Момировски (П).
Играч на натпреварот: Бобан Јанчевски

ВАРДАР

Пачовски /

Ковачевиќ 2,5

(37' Божиновски 2,5)

Станишиќ 2,5

Глигоров 2,5

Вајс 2,5

Положани 3

(75' Ејупи /)

Милисављевиќ 3

Масев 3,5

Љубисављевиќ 2,5

Муса Али 2,5

(53' Петров 2,5)

Јанчевски 4

ПЕЛИСТЕР

1,5 Ников

1,5 Петковски

1,5 Димов

1,5 Вељановски

(1,5 Спировски 40')

1,5 Ристески

2 Тодоровски

1,5 Пресилски

1 Блажевски

(2 Деловски 64')

2 Миранда

1,5 Момировски

(/ Димитровски /)

1 Жуниор

СТАТИСТИКА

6 корнери 1

11/7 удари/во 4/1

16 прекршоци 23

3 ж. картони 3

7 офсајди 1

Минута по минута

7' Вардар бара пенал. Вељановски во пад игра со рака пред својот гол по пробивот на Милисављевиќ по десната страна и центаршутот по земја.

13' Ников е на место и сигурен при ударот на Муса Али со глава од 7-8 метри.

39' Положани изведе слободен удар од 17 метри, но топката оди над голот.

43' Глигоров налета на "отпад" од казнениот простор на Пелистер, но неговиот удар од 17 метри заврши во рацете на Ников.

44' Ефектен волеј удар на Јанчевски од пет метри кога топката ефектно мина над голот, а Милисављевиш добро нафрли од левата страна.

45+3' Оправдано поништен голот на Муса Али поради офсајд.

1:0 - 51' Одличен пробив на Масев по десната страна кој ја носи топката во петерецот каде Али додава до Јанкер, а овој од 3-4 метри ја погоди празната мрежа.

54' Удар на Спироски од 18 метри, а топката од телото на Божиновски го смени правецот и мина крај десниот долен дирек.

2:0 - 56' Мајсторија на Јанчевски. Ја прими топката на гради меѓу Димов и Тодоровски се ослободи од двајцата и со ефектен удар од десетина метри го "тресе" немоќниот Ников.

3:0 - Милисављевиќ со супер топка од левата страна до осамениот Јанчевски, кој елегантно од 5-6 метри шутира за хет-трик.

68' Жуниор го пронаоѓа Миранда, а ударот со глава оди крај голот на Пачовски.

82' Најдобрата шанса за Пелистер и обидот за лоб на Деловски кога топката за малку мина над пречката на истрчаниот Пачовски.

Вистинска одмазда!!!

Пелистер во пролетниот дел од шампионатот двапати го понижи Вардар. Со 2:1 го преслуша во Битола и со 3:1 на "Градски". Од тој Пелистер ништо не се виде во саботата иако костурот на тимот е ист. "Вардарците" благодарение на Јанчевски му се одмаздија на Пелистер за пролетниот срам и му докажаа дека во оваа сезона "црвено-црните" имаат подобар тим.

Разочарување кај "зелените"

По натпреварот наведнати глави, загрижени погледи. Таква беше сликата во таборот на Пелистер, кој заработи катастрофа на "Градски". Овој тим на битолчани можеби е спуштен на земја во вистинско време. Некои работи не се како што треба, а проблемите кои се во екипата се таложат и кулминираат. Иако играчите пред средбата добија финансиска мотивација, тоа не беше доволно да се избегне поразот. Сепак, поразот не загрижува толку многу. Односот на некои фудбалери е главната причина за грижа кај управата на "зелените".

Од тренерски агол



-Бевме стрпливи во нашата игра и на тој начин стигнавме до посакуваната цел. Не се залетувавме по секоја цена да дојдеме до голот на Пелистер, ги добивме дуелите на средината од теренот и заслужено стигнавме до победата. Пелистер е добар тим и резултатот можеби е превисок во однос на квалитетот.

Неџат Хусеин

-Одолеавме на нападите во првиот дел, но со повредата на стоперот Вељановски се наруши концепцијата во нашата игра. Вардар докажа дека е многу физички јак, а кај нас проблемите се наталожија и еве кулминираа со една лоша игра и лош резултат. Ние сега бодови ќе бараме на следниот меч со Работнички во Битола.

СЕ ПОВРЕДИЈА КОВАЧЕВИЌ И ВЕЉАНОВСКИ

Стоперски проблеми

Баксуз дерби за Жељко Ковачевиќ, стоперот на Вардар, и Тони Вељановски, дефанзивецот на Пелистер. Двајцата не го дочекаа крајот на првите 45 минути од саботната пресметка на "Градски". Ковачевиќ во 35. минута го напушти теренот кога легна крај аут линијата и се пожали на повреда во мускулот на десната нога. Настрада задната ложа а во игра Достаниќ го стави Васко Божиновски.

И во Пелистер проблеми. Тони Вељановски беше замената за стандардниот Менде Степановски. Го повреди скочниот зглоб на денсата нога во 40. минута кога стартуваше врз Положани. Во игра ставен Спировски, а на стоперската позиција префрлен Тодоровски. Се урна дефанзивната концепција на "зелените".

ЌОТЕК ЗА БИТОЛСКИТЕ НАВИВАЧИ

"Чкембарите" избркани во 25. минута

Првите 25 минути од големото дерби минаа во знакот на гостинските навивачи. На "Градски" пристигнаа околу 200 навивачи на битолскиот клуб. Постојано беа во фокусот на обезбедувањето и полицијата. По само 5 минути прво апсење, па второ, а во 25. минута настана тепачка. Полицијата интервенираше, многу од навивачите добија по некој пендрак за конечната одлука да биде празнење на трибината и враќање на "чкембарите" во Битола.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Август.2008 во 16:28
"ПЕКОЛ" ВО ВАРДАР ПРЕД ДЕРБИТО СО ПЕЛИСТЕР

Достаниќ се "спука" со Коста!!!


Ратко Достаниќ се "спука" со Коста Костовски. Двајцата имале вербален дуел во петокот, екипата се собрала во хотелот "Томче Софка" каде фудбалерите беа во карантин. Разговор на висок тон по кој тренерот ја напуштил базата и истото го направил и потпретседателот на Вардар. Сето тоа брзо се рашири по улиците и по фудбалските кулоари каде на големо почна да се  коментира за смена на Достаниќ и за тоа кој би бил новиот тренер и која е причината за караницата.

"Македонски спорт" дознава дека атмосферата кулминирала откако Достаниќ реагирал кон Костовски околу тоа дека на неговиот помошник не му бил најден стан...во свој стил реагирал и Коки по што работите излегле од контрола и секој си кажал тоа што му лежело на срцето.

Ден потоа Вардар - Пелистер!!! Тренерот се појавува во соблекувалната, а Костовски е на трибина. Минуваат првите 45 минути кога Костовски се спушта во соблекувалната и таму ги "закопале секирите" со тренерот Достаниќ пред фудбалерите. Вардар излегува во вторите 45 минути и го "збришува" Пелистер со 3:0. Насмевките се повторно дел од комплетниот тим на Вардар, а Достаниќ останува на клупата. Дали ќе беше така ако Вардар не победеше над гостинот од Битола и дали по оваа кавга с$ ќе биде исто во таборот на "црвено-црните"? Битно е тоа дека и во Вардар не цветаат рози на сите полиња.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk