IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5455565758 61>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 13:46
Хонвед и Спартак Трнава со понуди до Бајевски

Источноевропските држави како да стана ветени за македонскиот фудбалски интернационалец Александар Бајевски. Откако претходно настапуваше за клубови од Унгарија, Полска и Словачка, сега за него се заинтересираа унгарскиот прволигаш Хонвед и словачката екипа Спартак од Трнава.
До утре, кога завршува преодниот рок, ќе биде позната новата фудбалска дестинација на Бајевски.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 17:50
Матеја Кежман нов член на БАТЕ Борисов

Спрскиот интернационалец Матеја Кежман потпиша договор со првакот на Белорусија, екипата на БАТЕ Борисов.

Како што соопшти белорускиот клуб, договорот е потпишан со важење до крајот на година, со можност за продолжување на соработката.

"Имав уште неколку понуди, но добро размислив и донесов одлука дури на крајот на трансфер периодот. Главна причина што од одбрав Бате беше тоа што клубот игра во Лигата на Шампионите оваа сезона" - рекол Кежман за сајтот на белорускиот клуб.

Кежман последните месеци беше без клуб, а во форма се одржуваше така што тренираше со екипата на Партизан во Белград. Српскиот фудбалер во вториот дел од минатата сезона играше за екипата на Саут Чајн од Хонг Конг.
 
Кежман во кариерата играше и за шпански Атлетико Мадрид, англиски Челзи, холандски ПСВ, руски Зенит, турски Фенербахче, француски ПСЖ, Смедерево, Лозница и Раднички од Пирот.
 
Тој за репрезентацијата на Југославија, а потоа и за Србија и Црна Гора одигра 49 меча и постигна 17 погодоци.

Бате Борисов оваа сезона ќе игра во групата Х од ЛШ со Барселона, Милан и Викторија Плзен.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 17:53
Скот Паркер нов играч на Тотенхем

Фудбалскиот клуб Тотенхем, во последниот ден од трансфер периодот успеа да го доведе искусниот Скот Паркер од редовите на Вест Хем.

Англискиот фудбалер од средината на теренот, 30-годишниот Скот Паркер, е нов играч на клубот од "Вајт Харт Лејн".

Паркер чеитири гоини мина во дресот на Вест Хем, каде стигна од Њукасл.

По елиминацијата на Вест Хем во Чемпионшип, селекторот на Англија, Фабио Капело во повеќе ситуации го советуваше Паркер што порано да најде ангажман во Премиер лигата, за да биде во конк*ренција за националната селекција, што Скот и го стори на само десетина часа пред затворање на преодниот рок.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 17:57
Џо Кол потпиша за Лил

Фудбалерот на Ливерпул Џо Кол прифатил да игра на позајмица во француски Лил.

Во прашање е едногодишна позајмица, а се претпоставува дека на Ливерпул му се исполни желбата и дека Французите им го растеретиле буџетот превземајќи поголем дел од платата на Кол врз себе.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2011 во 18:34
Анжи тргнува по Хидинг
Анжи%20тргнува%20по%20Хидинг
Пребогатиот руски клуб има намера да достави неодловина понуда која Гус Хидинг ќе го натера да го преземе кормилото на овој тим
По ангажманот на неколку звучни фудбалски имиња меѓу кои и она на Самуел Ето, Анжи Махачкала сега сака да ги осигура и услугите на еден од најквалитетните тренери на денешницата, Гус Хидинг.

Холаѓанецот во моментов е селектор на турската фудбалска репрезентација со која има важечки договор до 2012 година, но за русите тоа нема да биде проблем бидејќи имаат доволно време и трпение за да почекаат да истече неговиот договор.

“Хидинг е еден од најдобрите тренери па затоа не треба да изненади фактот што тој е на мета на Анжи. До сега тој веќе работеше во Русија како селектор на репрезентацијата и е добро запознаен со сосотојбата во рускиот фудбал. Токму затоа, за него нема да биде проблем да го преземе нашиот тим.“ - изјави извор близок до Анжи.

За сега, не е познато колкава е сумата со која сопственикот на клубот, Сулејман Керимов, ќе се обиде да го ангажира 64- годишниот тренер.
 


< ="http://connect.facebook.net/mk_MK/all.js#xfbml=1">
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2011 во 23:19
Vecerva se odigra poslednoto kolo od kvalifikaciite za EP 2012, koe kje se igra vo Polska i Ukraina.
Direktni ucesnici, pokraj reprezentaciite-domakjini se uste i:
Germanija, Rusija, Italija, Francija, Holandija, Grcija, Anglija, Danska, Spanija i najdobro plasiranata vtora selekcija Svedska.

Za uste 4 mesta, vo baraz kje doigruvaat: Turcija, Irska, Estonija, Bosna, Hrvatska, Crna Gora, Portugal i Ceska.

Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2011 во 23:25
да живее Балканот среќа 
 
се надевам Боснија да се пласират оти имад добра генерација и заслужуваат еден таков пласман.исто така се ми пријатни како игра и хррватите
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2011 во 18:21
Оштетено игралиштето на ФК Слога
 

Игралиштето на ФК Слога во Чаир оштетено е во текот на ноќта помеѓу петокот и саботата од страна на непознат сторител, при што е причинета материјална штета од околу 5.000 евра.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил ноќта помеѓу 14 и 15.10.2011 година во времето од 23:00 до 07:00 часот во стадионот на ФК-Слога, кога  од страна на непознат сторител оштетени биле 10 до 15 метри квадратни тревник на центарот од игралиштето и исечена била  една од стативите.

Оштетувањето  сторителот го извршил на тој начин што со копач или мотика го ископал тревникот и со бонсек ја исекол стативата



Изменето од емил - 16.Октомври.2011 во 18:21
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2011 во 05:35

Катар подготвил 35 милиони евра за Капело

На селекторот на Англија, Фабио Капело му е понуден договор од Катар по Европското првенство во Полска и Украина да застане на чело на нивната репрезентација. Понудата од 35 милиони евра е повеќе од примамлива.

Италијанскиот стратег има договор со Англија до летото следната година, така да многу тимови и репрезентации ќе се борат околу обезбедување на неговиот потпис, со оглед на фактот дека стручњакот речиси со сигурност нема да остане на клупата на “гордиот Албион”.

Така домаќините на Светското првенство 2022. година веднаш испратиле понуда се со цел реконструкција на нивните репрезентации.

Катар моментално нема своја лига така да управата на тој фудбалски сојуз е сложна дека поранешниот тренер на рома може со своето присуство да обезбеди подобрување на фудбалската сцена во таа земја.

Катарската елита е директно вклучена во најсилните елити со вложувања во Барселона и Парис Сент ЖЕрмен и со самото то домаќините на едно од следните светски првенства докажуваат дека заслужваат пообра позиција што се однесува до глобалниот фудбал.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2011 во 09:31
 

Многу информации и шпекулации деновиве се појавуваат околу убиството на Гадафи и што правел тој во последните моменти од својот живот. Последната вест вели дека пред да биде убиен Гадафи пиел чај од чаша со амблемот на Ливерпул.

Новинските агенции и светските телевизии деновиве се „тепаат“ кој ќе објави подобро видео или информација од убиството на Гадафи. Поранешниот либиски лидер е светска вест број еден, па така постојано се појавуваат нови информации и шпекулации поврзани со неговите последни моменти од животот.

Последната таква бизарна вест е таа дека во своето скривалиште, со своите најблиски соработници, Гадафи ја испил и последната чаша чај. Тоа немаше да биде нималку чудно доколку светските агенции не објавија вест во која се вели дека чашата од која Гадафи пиел чај била со амблемот на фудбалскиот клуб Ливерпул.

Поранешниот либиски лидер беше љубител на фудбалот, а тоа го потврдува и податокот кој говори дека Гадафи, односно неговата компанија "Лафико" која поседува 7,5% од бјанконерите, купени пред 3 години за 7 милиони евра.

 



Изменето од емил - 26.Октомври.2011 во 09:31
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 17:04
 

Пред неколку дена беше најавено дека Црногорецот ќе потпише нов договор со „виолетовите“, но дури денеска беа официјализирани таквите информации.

 

Талентираниот фудбалер, Стеван Јоветиќ потпиша нов договор со Фиорентина, според кој се обврза за соработка до 2016. година.

Претходниот договор на 21-годишниот репрезентативец на Црна Гора истекуваше во 2013. година, а со овој потег раководството на „виолетовите“ испрати јасна порака до сите заинтересирани клубови дека играчот не е на продажба.

Јоветиќ во Фиорентина пристигна во мај 2008 година од белградски Партизан за сума од 8 милиони евра.



Изменето од емил - 31.Октомври.2011 во 17:04
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 12:18
ФИФА незадоволна од состојбата во Бразил

ФИФА го предупреди Бразил дека доцни со изведување на работите на сите проекти кои се во врска со Светското првенство во фудбал 2012. година. Делегацијата предводена од генералниот секретар Жером Валке беше во посета на Бразил и не била задоволна од она што го виде.

"Доцнат сите работи и Бразил себе си не може да си дозволи ни ден доцнење. Изградбата на стадионите не оди по планот, иако Владата вети дека сите работи ќе бидат завршени до декември 2012. година. Сообраќајот е катастрофален, во Сао Паоло е вистински кошмар. Од аеродромот да дојдете до градот потребен ви е половина ден, а тоа е недопуштиво за време на СП" - рекол Валке

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 12:28
Ибрахимович повторно најдобар шведски фудбалер

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимович е прогласен за најдобар шведски играч за 2011. година, што му е шеста титула во низа во тој избор.

Ибрахимович претходната сезона со 14 погодоци на 28 првенствени меча ги предводеше "росоњерите" до титулата првак на Италија. "Златната топка" му е доделена во понеделникот вечер во Стокхолм.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2011 во 18:05

Сречко Катанец нов селектор на Албанија

 
 

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Сречко Катанец доби понуда од фудбалската репрезентација на Албанија да биде нивни селектор.


Откако Албанската фудбалска репрезентација му даде отказ на Хрватот  Јосип Куже, Катанец ќе треба да го замени неговото место за годишна плата од 120.000 евра. Според Албанските медиуми договорот помеѓу Албанската фудбалска репрезентација и Сречко Катанец ќе биде потпишан за неколку дена.

48 Годишниот Катанец во Албанија ќе допатува од Обединетите Арапски Емирати каде што доби отказ од селекторската позиција.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5455565758 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.