IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5354555657 61>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 05:58
Одлично деби за Трајковски: Постигна два погодоци за Варегем

Младиот македонски фудбалер, Александар Трајковски се претстави во најдобро можно светло на својот деби настап за Зулте Варегем.

Во пријателскиот меч против КВК, кој заврши со резултат 5:0 за белгискиот состав, Трајковски два пати се запиша во листата на стрелците. Првиот погодок за својот нов клуб го постигна во 49., а вториот во 67. минута.

"Убаво е кога веднаш на деби настап за новиот клуб ќе постигнете два погодоци. Мојата цел е што повеќе да играм и да постигнувам погодоци" - изјави Трајковски по мечот.

Потсетуваме, овој поранешен играч на Интер од Запрешич и на скопска Цементарница, кој се поврзуваше со Челзи, минатата недела потпиша за Варегем за отштета од милион евра, а се чини дека ќе ги оправда своите квалитети и во новиот клуб.


Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2011 во 23:47

Во Турција уапсени 30 фудбалери и функционери


 

 

30-тина луѓе се уапсени рано изутрината во Турција под сомневање дека местеле фудбалски натпревари. Меѓу нив е и претседателот на Фенербахче, Азиз Јилдирим. Полицијата во раните утрински часови спровела обемна акција во која биле приведени поголем број на осомничени лица.

 

Се работи за обвиненија за наместени мечеви, а најпознато име е претседателот на Фенербахче, Азиз Јилдирим. Целта на истрага е насочена кон изминатиот шампионат во кој Фенербахче во самиот финиш успеа да стигне до шампионската титула. Покрај Јилдирим, уапсени се и неколку раководни луѓе на други клубови.

 
На повеќе интернет портали се провлекуваат информации поврзани со полициската акција. Дури се наведува дека меѓу уапсените има членови на Трабзон, но и некогашниот репрезентативец Умит Каран, кој последните неколку сезони играше за Ескисехир.



I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 01:44

Канаваро се збогува со фудбалската кариера

Фабио Канаваро, освојувачот на ,,Златната топка“ и титулата најдобар фудбалер на светот во 2006-та година и долгогодишен капитен на италијанската репрезентација објави дека става точка на кариерата. 38-годишниот Канаваро обелодени дека причина за крајот е повредата на коленото.

Фабиот Канаваро пред 5 години ја предводеше репрезентацијата на Италија до титулата светски шампион на првенството во Германија и вкупно одигра 136 натпревари во дресот на азурите со што го држи рекордот.

„Многу сум тажен бидејќи фудбалот е мојот живот“ рече Канаваро при објавувањето на веста за крај на кариерата.

Одлуката е донесена на препорака на неговиот личен лекар. Канаваро е роден во Неапол каде што ја почна професионалната кариера, подоцна премина во Парма каде што играше 7 години и стана репрезентативец. Настапуваше и за Интер, Јувентус и Реал , а минатата сезона играше за Ал Ахли од Дубаи.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2011 во 05:51

Даниел Мојсов се сели во Русија?

    Македонскиот репрезентативен стопер, Даниел Мојсов најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Динамо Москва, по се изгледа договорот помеѓу неговиот клуб Војводина и Динамо е веќе постигнат.

    Мојсов одигра фантастична сезона за тимот на Воша па се очекува дека русите ќе и платат оштета на Војводина во висина од околу 3 милиони евра за да ги добијат правата на младиот стопер.

    Претходно, Мојсов беше поврзуван со преминување во Динамо Загреб, па и Партизан, но неговата висока цена беше пречка да се оствари трансферот, но тимот на Динамо гради квалитетен тим во кој сигурно ќе има место и за нашиот Мојсов
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 17:08

    Продадена најстарата книга со фудбалски правила

    Најстарата книга со фудбалски правила, која потекнува од 1850 година е продадена на аукција во Лондон за 881.250 фунти.

    Сопственикот на книгата, фудбалскиот клуб „Шефилд“ соопшти дека овој уникатен документ е продаден со цел клубот да собере средства и да ги реализира предвидените проекти, вклучувајќи ја и изградбата на нов стадион.

    ФК „Шефилд“ е формиран во 1857 година, а Меѓународната фудбалска федерација и официјално ги признава како најстар фудбалски клуб во светот.

    Моментно се натпреварува во Северната англиска лига, четири нивоа под професионалната лига.

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2011 во 17:54

    Тотенхем нуди 17 милиони евра за Вучиниќ

     
     
     

    Англискиот фудбалски прволигашки клуб Тотенхем преговара со Рома за трансфер на црногорскиот напаѓач Мирко Вучиниќ, кој изјави дека сака да го напушти италијанскиот фудбалски клуб.

    Тренерот на Тотенхем, Хари Редкнап изјави дека целта му е да донесе двајца напаѓачи, бидејќи не е задоволен со досегашната напаѓачка постава.

    Клубот е спремен да ги продаде сите четворица напаѓачи Џермејн Дефо, Питер Крауч, Роман Павличенко и Роби Кин, но проблемот е што засега нема понуда за нив.

    Тотенхем нуди 17 милиони евра за 27 годишниот Вучиниќ, а Рома досега бараше 20 милиони. Но италијанските медиуми оценуваат дека можно е да се постигне договор и дека Вучиниќ кариерата може да ја продолжи во Тотенхем.

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2011 во 23:49

    Ристиќ кандидат за Гинис

    Стевица Ристиќ, напаѓачот претплатен за голови во деби-настапите за своите клубови, традицијата ја продолжи и во дресот на корејскиот Сувон Блувингс. Откако пред една недела дебитираше со погодок, викендов и во вториот настап стрелаше прецизно за минимална победа против Инчон.
    - Останав верен на традицијата, еве и во шестиот клуб во кој се преселив, постигнувам гол во премиерниот настап. Така беше пред осум години во дресот на Силекс, продолжив во корејските Чонбук и Поханг, не прекинав ниту во Бунјодкор и Амкар, и еве ми се повторува истото во Сувон. Ако на ова додадам дека постигнав погодок и на дебото за фудбалската репрезентација против Албанија, тогаш веројатно сум кандидат и за Гинисовата книга на рекорди. И да не заборавам дека пред четири години во дресот на Чонбук го постигнав најбрзиот погодок во историјата на К-лигата, во 30-тата секунда против Гвангжу - вели голгетерот.
    Популарниот Риле има постигнато и пет погодоци на еден меч во дресот на Силекс, но овој рекорд го дели уште со Зоран Бошковски, Саша Ќириќ, Ванчо Мицевски и Александар Толески

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2011 во 06:21
    Муслера на голот на Галатасарај

    Уругвајскиот чувар на мрежата, кој го сврте вниманието на јавноста со своите одбрани на Копа Америка, потпиша петгодишен договор за сума од 6.75 милиони евра.

    25-годишниот Муслера дојде во Лацио во 2007-та година од екипата на Национал, но во првите години не се снајде на голот на "лацијалите", каде пред него изби во прв план дури и ветеранот Марко Балота.

    Но откако го замени Хуан Пабло Каризо тој беше незаменлива алка во составот на Лацио, а сега со својата селекција се пласира во финалето на јужноамериканскиот турнир.

    Муслера има 96 настапи за Лацио, а според новиот договор со Галатасарај ќе заработува 2 милиони евра годишно и ќе го замени на голот Ајкут Ерчетин.

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2011 во 06:32

    Оливер Недановски чека повик од Бабунски

    Желбата на Македонецот од Шведска, 20-годишниот Оливер Недановски, да го облече дресот на македонската фудбалска репрезентација очекува да се исполни оваа година. Играчот од средниот ред на шведски Остерс, за кого во овој преоден рок се заинтересира и еден шпански клуб, верува дека, ако биде повикан, ќе ги исполни очекувањата на селекторот на младата репрезентација, Бобан Бабунски.
    - Имам голема желба да играм за Македонија. Иако сум роден во Шведска, имам македонски пасош, бидејќи по потекло сум од битолскиот крај, од каде што е татко ми. Следам се што се случува во македонскиот фудбал, особено настапите на репрезентацијата. Се радувам на секоја победа, а тагувам на секој пораз на Македонија. Ми се допаѓа како игра Пандев - вели Недановски, кој игра за шведскиот второлигаш Остерс.
    - Настапувам за Остерс, со кој договорот ми завршува во ноември. Претходно, имав подолга пауза бидејќи бев повреден. Инаку, играм со бројот "10", односно како полушпиц. Што се однесува до моите натамошни планови, најверојатно, ќе заминам од Остерс. Сакам да играм во некоја посилна лига. Може да се случи да се преселам во Шпанија, каде што мојот менаџер преговара со еден тамошен второлигаш - вели нашинецот од Шведска, Оливер Недановски

    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2011 во 14:22

    Батиста ја напушти клупата на Аргентина

    Аргентина повторно е без селектор, откако Серхио Батиста ја достави својата оставка до тамошната фудбалска федерација по дебаклот на Копа Америка на домашен терен.
    - Федерацијата одлучи да го раскине договорот со Батиста. Тој не е отпуштен, туку ја стави својата судбина во рацете на Извршниот комитет на АФА - изјави портпаролот на АФА, Ернесто Черкис Бјало, додавајќи дека од овие причини беше откажан и претстојниот пријателски натпревар со Романија.
    Четириесет и осумгодишниот Батиста, светски шампион со Аргентина од 1986 година, го наследи Диего Армандо Марадона по Светското првенство во Јужна Африка, но не се покажа способен да го прекине 18-годишниот пост во освојување титули од големите натпреварувања. Тоа не се случи ниту на Копа Америка, каде што "гаучосите" беа елиминирани од подоцнежниот шампион Уругвај во четврт-финалето. Батиста имаше договор до крајот на квалификациите за СП 2014, но по неуспехот на Копа, очекувано се најде под голем притисок на јавноста да се повлече.


    Кон врв
    pecok Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 01.Јуни.2011
    Статус: Офлајн
    Поени: 300
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pecok Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2011 во 23:01
    Najdobriot, hm, golman go postignuva svojot 100 gol

    Ова пред неколку месеци беше ама интересна работа. А да, носи дрес со број 0I, како 10ка одпозади гледано, зошто одпозади игра, голман.

    Како вест, Работнички е на праг на влез во Евро Лигата, а воедно и на праг на продажба на 4-5 свои играчи чив трансфер ќе се реализира после реваншот со Анортозис.

    Изменето од pecok - 29.Јули.2011 во 23:04
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2011 во 23:53

    СП БРАЗИЛ: МАКЕДОНИЈА СО СРБИЈА, ХРВАТСКА, ШКОТСКА И ВЕЛС

     

    Македонската фудбалска репрезентација на жрепката во Рио де Женеиро доби неатрактивна но тешка група во квалификациите за Светското првенство чиј домаќин во 2014 та година ќе биде Бразил. Според ранкингот нашиот национален тим беше сместен во петиот шешир и од тука заврши во нималку лесната но без атрактивни противници во „А“ групата, каде ќе се бори против островските земји Велс и Шкотска, потоа Белгија, и двете поранешни ју-репрезентации, северниот сосед Србија и Хрватска. За 13 те места во девете групи ќе се игра по истиот натпреварувачки систем како и досега, по кој првопласираните одат директно на мундијалот, додека второпласираните ќе играат бараж.

    Жрепка за квалификациски групи за СП:

    Група А: Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска, МАКЕДОНИЈА, Велс
    Група Б: Италија, Данска, Чешка, Бугарија, Ерменија, Малта
    Група Ц: Германија, Шведска, Р. Ирска, Австрија, Фарско острови, Казахстан
    Група Д: Холандија, Турција, Унгарија, Ромунија, Естонија, Андора
    Група Е: Норвешка, Словенија, Швајцарија, Албанија, Кипар, Исланд
    Група Ф: Полска, Русија, Израел, Северна Ирска, Азербејџан, Луксембруг
    Група Г: Грција, Словачка, Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Лихтенштајн
    Група Х: Англија, Црна Гора, Украина, Полска, Молдавија, Сан Марино
    Група И: Шпанија, Франција, Белорусија, Грузија, Финска

    Кон врв
    Santijago Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

    Регистриран: 17.Јануари.2008
    Локација: Tuka be ...
    Статус: Офлајн
    Поени: 21002
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2011 во 21:13
    Потврдено: Стекеленбург е нов голман на Рома

    Потврдено:%20Стекеленбург%20е%20нов%20голман%20на%20Рома


    Холандскиот репрезентативен голман Мартен Стекеленбург постигна договор со екипата на Рома каде ќе остане до 2015 година.

    28-годишниот голман откако ги договори личните услови со “волчицата”, успешно ги мина лекарските прегледи и потпиша четиригодишен договор.

    „Горд сум што ќе бидам дел од Рома. Многу ми се допаѓа клубот. Немав време се уште да го посетам стадионот, но сум изненаден со тренинг капацитетите. Разговарав со тренерот Луис Енрике за неговите планови со клубот и можам да кажам дека имавме пријатен разговор“, изјави Стекеленбург.

    Финализирањето на трансферот и официјалното претставување на Стекелнбург во дресот на Рома ќе се случи во понеделник
    I'm out bcz of pathetic around here
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2011 во 06:20
    Вучиниќ од понеделник во Торино

    Рома ја прифатила понуда од Јувентус во висина од 15 милиони евра за Мирко Вучиниќ, а самиот фудбалер е задоволен од исходот по преговорите меѓу двата клуба.

    Вучиниќ од понеделник ќе стане нов член на "бјанконерите".

    ''Среќен сум. Тоа посакував да се случи.'' рекол Вучиниќ за ''Газета''.

    Тој беше и на мета на Манчестер Јунајтед, но Англичаните изгледа не беа доволно одлучни.

    Валтер Сабатини се обидел да ја одложи информацијата дека Вучиниќ се сели во Јувентус, изјавувајќи дека разговорите се планирани за следната недела.

    Вучиниќ во понеделник ќе замине во Торино на лекраски прегледи, цената му е 15 милиони евра, а Црногорецот ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

    Црногорскиот напаѓач вчера не го одработел тренингот со Римјаните, така да изгледа се е готово. Тој ќе стане шестото засилување за Јуве ова лето. Од Лече во Рома стигна 2006. година, а од тогаш за Римјаните постигна 47 погодоци.

    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5354555657 61>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,266 секунди.