IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Барам лек за масноти во крвта
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Барам лек за масноти во крвта

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 01:18
Биби,маснотија(маст или масло) се разградува на составен дел Глицерол и Масни Киселини,но само со Хидролиза,т.е. Липолиза,со помош на вода и ензим Липаза.

Рената нешто се збуниласреќа 

А ако некој успее да разгради маснотија или липид со помош на Витамин C,не му бега Нобелова наградасреќа
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 01:21
пишав под претпоставка дека  можеби мислела на тоа дека делува и врз холестеролот...можеби само го погрешила зборот,па наместо делува пишала разградува среќа
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 01:27
Да не забегам од топикот,еве еден документарец за Холестеролот и Статините,ко најдов случајно пред околу месец дена.

Според документарецов не ќе да е виновник холестеролот кој за воља на вистината е составен дел на организмот за еден тон работи.


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 18:06

3 напитоци од банана за топење на мастите

3 напитоци од банана за топење на мастите
Одберете еден од овие напитоци и конзумирајте ги секој ден ако сакате да ги стопите мастите и да ослабете. Евтини се и секој може да ги подготви за неколку минути.

banana-buddy-3

1. Банана и ленено семе

1 портокал
1 банана
2 мали лажици сурутка
2 мали лажици ленено семе

2. Банана со бобинки

1 банана
1 шолја бобинки (боровинки, малини, брусница)
1 мала лажица мед
1 мала лажица изрендан ѓумбир
половина шолја млеко

3. Банана со спанаќ

1 банана
неколку листови свеж спанаќ
половина шолја light јогурт
1/3 шолја житарки
1 мала лажица мед

Подготовка:

Овие напитоци се прават на ист начин. Сѐ што е потребно е да ги ставите сите состојки во белндер и да ги измиксирате. Овие диетални, а пред сѐ здрави напитоци се конзумираат наутро за појадок затоа што тогаш телото најдобро ги апсорбира и ги препознава состојките кои во овој случај ќе направат инвазија на вашите масни перничиња наталожени околу струкот.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2014 во 15:33

Природни лекови против холестерол

Природни лекови против холестерол

Правилната исхрана помага  при справувањето со високиот холестерол кој е најмногу ризичен за кардиоваскуларните заболувања. Покрај советите од докторите, и самите можете да воведете нови промени во исхраната,  што позитивно ќе влијаат по здравјето.

Намирниците во продолжение се препорачуваат за оние што имаат проблеми со холестеролот.

1. Ореви

Повеќето јаткасти плодови, вклучувајќи ги бадемите, оревите и лешниците се одлични за намалување на зголемениот холестерол, но пожелно е да се избегнуваат солените варијанти, особено ако имате висок крвен притисок.

Според една студија направена во САД, осум до десет ореви дневни го намалуваат вкупниот холестерол за 5 отсто.

2. Маслиново масло

Содржи мононезаситени маснотии што не го намалуваат нивото на холестерол, но ниту го зголемуваат. Ги зајакнува ѕидовите на артериите што значи дека ќе бидат помалку оштетени од влијанието на холестеролот. Пожелно е секој ден да се употребуваат по две лажици маслиново масло.

3. Јогурт

Многубројните студии покажаа дека јогуртот содржи состојка наречена стерол што го намалува нивото на холестерол за седум до десет отсто за само три недели. Затоа е добро покрај секој оброк да се консумира по една чаша јогурт.

4. Соја

Ако ги замените млечните преработки со производи од соја, значително ќе го намалите нивото на „лошиот“ холестерол. Експертите советуваат дека за најдобри резултати е пожелно дневно да се консумира по половина литар млеко од соја.

5. Природни влакна

Растенијата содржат влакна што го врзуваат холестеролот за себе, а потоа го исфрлаат преку столицата.

Затоа е корисно со секој оброк да се јаде леб од интегрални житарки и исхрана збогатена со свежо овошје и зеленчук.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44672
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2014 во 19:31
2 лажички јаболков оцет
1 мед
пола ѓумбир
Сето ова во една чаша се става и се налева вода(полна чаша)
Ако е осетлив желудник, ова се пие 10ина дена, па неколку дена лимон наместо оцет.
Секое утро ова се пие на гладно и пола саат после тоа не се јаде ништо.
Проверено и ефикаснода
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 20:56
Намалете го холестеролот: 8 добри и вкусни замени

Сакате да се ослободите од холестеролот, а вашата храна да не го загуби вкусот? Повеќето луѓе мислат дека ако внимаваат на холестеролот, ќе имаат невкусни оброци. Но тоа не е токму така. Еве неколку добри замени за храната која веќе ја јадете, а која ќе ви ја олесни диетата.

1.Ореви место нафора за во салата

Јаглените хидрати можат да предизвикаат високо ниво на холестерол. За поздрава салата, заменете ја нафората со ореви, кои се богати со полузаситени масти. Тие ќе го намалат нивото на холестерол.

2.Пијте црно вино, а не коктели

Умереното конзумирање на алкохол може да предизвика благ раст на таканаречениот „добар“ холестерол.

Но нема да ви помогнат маргаритите или мешаните овошни сокови кои содржат јаглени хидрати. Преминете на црвено вино – тоа содржи десетти дел од јаглените хидрати кои ги содржи маргаритата, како и антиоксиданти кои го намалуваат нивото на „лошиот“ холестерол и го зголемуваат нивото на „добриот“.

За жените се препорачува максимално една чаша дневно.


3.Едамер кашкавал и ореви, никако крекери и обичен кашкавал

За ужина немојте да јадете крекери и кашкавал, кои имаат високо ниво на заситени масти, а тие се главните виновници за повишениот холестерол. Наместо тоа јадете јаткасти плодови и едамер, кои имаат ниско ниво на заситени масти.

4.Оцет и сок од лимон

Зачинувањето на салатите со нешто што има во себе високо ниво на масти, е исто како да трчате и пушите во исто време – нема дејство.

Постои нискомаслена алтернатива – зачинете ја својата салата со оцет или сок од лимон.

5.Маргарин наместо путер

Една лажица путер содржи повеќе од 7 грами заситени масти – тоа е повеќе од третина од препорачениот дневен внос. Исто така, содржи и високо ниво на холестерол. Заменете го путерот со намаз од растително масло, и на тој начин ќе внесувате добри масти наместо лоши. А наместо путер за готвење, користете маслиново масло.


6.Мелено мисирково наместо мелено говедско

Месото содржи и диетален холестерол и заситени масти – два од примероците на повишено ниво на холестерол во крвта. Месото од мисирка содржи половина од мастите кои ги содржи говедското, и може да биде добра замена за него во повеќето јадења.

7.Пилешкото е добро, но рибата е подобра

Иако пилешкото и мисирката имаат помалку заситени масти отколку свинското, јагнешкото и говедското месо, и тие содржат холестерол. Еден од најдобрите начини да го намалите холестеролот во текот на диетата е да јадете повеќе риба, која има многу малку масти и содржи омега 3 масни киселини, кои се добри за срцето.

8.Грицкајте пуканки, а не тортилја чипс

Тортилја чипсот најчесто се смета за здрава замена за чипсот од компири. Тој и е поздрав, но уште поздрави се пуканките, кои имаат 80 отсто од помалку заситените масти од тортилја чипсот, и двојно повеќе влакна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 21:56

Модриот патлиџан го намалува лошиот холестерол

Новата студија направена во Канада, би можела да спаси милиони човечки животи.

Новата студија направена во Канада, би можела да спаси милиони човечки животи, бидејќи истражувањето покажало дека консумирањето на одредени видови на храна кај луѓето може да предизвика значително намалување на нивото на холестерол и подобрување на шансите за избегнување на срцеви болести или мозочни удари.

Во споменатата студија учествувале 300 мажи и жени кои земале лекови за намалување на холестеролот. Шест месеци покасно истражувачите утврдиле резултати кои покажале дека оние кои јаделе храна која го намалува холестеролот имале 13-14 проценти на ниско ниво од оние кои се придржувале на нискокалорична исхрана.



Изменето од Valerija - 01.Април.2014 во 21:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18198
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 22:03
Две работи знам дека сигурно ги намалуваат маснотиите во крвта - лукот и алкохолот.

Сега, од првото нема некои други последици (освен мирисот), но од второто...

Пред триесетина години во Британија беше направена една голема студија за последиците на алкохолот врз црниот джигер. Kако нус продукт на оваа студија беше најдено дека сите оние кои умреле од цироза имале одличен крвен систем.   голема насмевка

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 99061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 22:04

Природен лек против холестерол


Едноставен, а ефикасен лек..

Потребни состојки: 30 чесниња исчистен лук, 5 лимони и 1 литар вода.

Подготовка: Лимонот се сече на мали парчиња, се додава лукот и се блендира во блендер, потоа се додава водата и се става во сад на оган да зоврие.

Откога ке зоврие се прецедува и се собира во стаклено шише, шишето се затвора откога ке се олади течноста и се става во фрижидер.

Се пие по една мала чашка пред или по главниот оброк.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Артерико Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Септември.2016
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Артерико Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2016 во 14:53
Со редовно конзумирање на Коктелот Артерико се регулира нивото на холестерол и триглицериди

http://arteriko.com.mk/

http://nmd.mk/selectedarticle.aspx?cid=21430&scID=2133&l=63#cpage=1
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16508
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2016 во 19:09
....posle 6 godini shto napishav ovde komentar , ova pojava na zgolemen holesterol , trigliceridi , lipidi veke ne se tretira kako bolest , tuku kako sostojba na poremeten metabolizam koj mora da se regulira vo obraten pravec kako nastanalo toa poremetuvanjeto , sve drugo , lekovi statini itn samo momentalno  deluvaat so poveke shtetni dejstva na drugo mesto....


Изменето од bijonse1 - 11.Октомври.2016 во 19:09
Кон врв
annaja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Април.2010
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај annaja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2017 во 11:59
Една бабичка ми ја кажа тајната како успеала да го нормализија холестеролот и сега веќе не пие таблети.
Секоја вечер пред да легне во чаша вода мешала една лажица или две мали лажичиња пченкарно бело брашно,два три пати го мешала,чашата ја покривала со тацна.Сабајлето кога ќе станела ја пиела водата.Две недели ја пиела водата,па правела пауза две недели,и го повторила се тоа уште две недели.
Жената има 85 години и нема холестерол,го решила проблемот само со овој напиток.
Има ли некој со вакво искуство?
Кон врв
Katina2019 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 21.Јануари.2019
Статус: Офлајн
Поени: 89
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Katina2019 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2019 во 21:13
Имам слушнато за пченкарното брашно помешано со вода дека делува против замастување на црниот дроб..но баш би сакала Бијонсе да ми каже нешто повеќе ако знае.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.