|
Мотоциклизам |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МОТО ГП - ГОЛЕМА НАГРАДА НА ГЕРМАНИЈА
Роси претрпе двојна скршеница на потколеницата на почетокот од јуни
на трката во Муџело (Италија), а многумина предвидуваа дека ќе му бидат
потребни барем три месеци за опоравување од повредата, но тој ги
демантира сите прогнози . Во Захзеринг Роси беше прегледан од главниот доктор на трката Хубер
Фишер кој ја поддржа одлуката на медицинскиот тим на деветкратниот
шампион во Мото ГП. -Валентино е возач со најмногу титули, единствен кој во ова натпреварување прави шоу и сите се среќни заради неговото враќање, изјави Лоренцо, кој утре во Германија ќе ја брка шестата победа сезонава со која дополнително ќе ја зголеми предноста во генералниот поредок. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Педроса победи во сенка на трагедијата
Дани Педроса победи на трката за Големата награда на Сан Марино, но славјето за неговата 35 гран при победа и прва едноподруго, беше поматено со веста за смртта на Шоја Томизава во пониската класа Мото 2. Возачот на Репсол Хонда доминатно ја започна трката, од пол позицијата, и непречен од никого стигна до нов триумф во кариерата, оставајќи го најголемиот ривал Хорхе Лоренцо на безбедна дистанца од четири секунди зад себе. Невообичаено мирната трка донесе мал број на возбудувања, при што на задоволство на публиката Валентино Роси го освои третото место пред Довициозо и Стонер, по што со скандирање беше поздравен од многубројните тифози. Сепак, денот беше обележан од трагичниот инцидент во Мото 2 класата, каде што падна несреќниот јапонски мотоциклист Шоја Томизава, кој потоа беше прегазен од оние кои возеа зад него. Смртта на Томизава беше објавена по крајот на трката од Мото ГП, со објаснување дека поради сериозноста на повредата (торакална и абдоминална траума), тој веднаш бил третиран во медицинскиот центар и ставен на вештачко дишење. Потоа бил пренесен со возило во болницата во присуство на двајца доктори, бидејќи хеликоптерскиот трансфер не можел да му овозможи вештачко дишење. Од таму во 14.20 минути пристигнала веста дека 19-годишниот возач им подлегнал на повредите. R.I.P. Japanese Race Driver Death-Crash MotoGP 5th September |
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Педроза пак најбрз, во Јамаха оптимисти
Дани Педроза беше најбрз, а доминацијата на Хонда продолжи и на првиот ден на последниот Мото ГП тест пред стартот на сезоната во Катар. Сесијата под рефлектори повторно донесе 1-2-3 пласман на возачите на Хонда, со Педроза пред Кејси Стонер, и Хироши Аојама од сателитскиот Гресини Хонда тим. Педроза го постави своето време од 1:56.271 на два часа пред крајот на сесијата, подобрувајќи го претходното најдобро време на Стонер за 0.143 секунди, додека Аојама беше само уште 0.03 секунди зад Стонер. Топ 6 го комплетираа три Јамахи - фабричките возачи Бен Спис и Хорхе Лоренцо, и ветеранот од Тех 3, Колин Едвардс. Андреа Довициозо следуваше во третата фабричка Хонда. Дукати повторно имаа тешка вечер. Валентино Роси падна рано на 9-тата кривина, и иако се врати на мотоциклот, заврши на 8. место, пред колегата Ники Хајден. Ранди де Пуние падна двапати за да бие 10. за Прамак Дукати, додека ѕвездата од тестирањето во Сепанг, Марко Симончели беше 11. во Гресини Хонда. И покрај доминацијата на Хонда, од Јамаха изјавија дека се оптимисти дека ја намалиле разликата и дека влегуваат подготвени во новата сезона. "Развојот се движи во вистинска насока и се надеваме дека ќе поминеме уште многу километри. Поблиску сме до врвот и тоа е позитивно", вели Спис. Светскиот шампион Лоренцо по острите критики по тестирањето во Сепанг, беше посмирен. "Се обидовме со поинакви работи, и поблиску сме до момците од Хонда отколку во Сепанг, така што сум задоволен", изјави Лоренцо. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Возачот на Хонда, Кејси Стонер, триумфираше на Големата награда на Катар за стартна победа во овогодинешното светско првенство во мотоциклизам.
Во Мото ГП класата Австралиецот Стонер стартуваше од пол-позицијата и 22. круга ги извозе за време од 42 минути и 38,569 секунди. Време доволно да ја оствари својата 24. победа во кариерата. Изменето од емил - 21.Март.2011 во 10:42 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАДОСНА ВЕСТ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МОТО СПОРТОТБарањето за увоз на мотоцикли од САД е усвоено!Барањето беше доставено до министерството за економија откако беше организирано возење за поддршка на барањата на мотоциклистите на кое поддршка дадоа сите мото клубови од земјава. Заедно со барањето до надлежното министерство беа доставени и повеќе од 1000 потписи на петицијата, потписи кои беа собрани за само неколку дена.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Двоен триум на македонски мотоциклисти во ГрцијаМакедонските мотоциклисти Христијан Илиоски и Гоце Томовски постигнаа огромен успех со освојувањето на првите две места на трката од Отворениот шампионат во мотокрос кој вчера се одржа на патеката „Птолемеида“ во Грција. Илиоски и Томовски остварија еден - два победа во отворената класа, оставајќи ги далеку зад себе домашните натпреварувачи во двете возења. Илиоски во второто возење го постигна и најдоброто време во еден круг со 1:36,90 минути. Во оваа класа настапи и уште еден Македонец, Никола Гулевски, кој на крајот го освои шестото место. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Која среќа што седнав да го гледам последново ГП...
Од прв,до последен круг уживање. |
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |