IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Формула 1 и Мото грандпри
  Активни теми Активни теми RSS - Мотоциклизам
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мотоциклизам

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Мотоциклизам
    Испратена: 17.Јуни.2008 во 19:34

МОТОЦИКЛИЗАМ - ШПАНСКИОТ ДЕБИТАНТ СЕПАК ЌЕ ОДИ НА БРИТАНСКОТО ГП

Лоренцо ќе се трка во Донингтон

Хорхе Лоренцо ќе учествува на Британското ГП во Донингтон Парк овој викенд откако ја пропушти домашната трка во Барселона по тешкиот пад на тренингот. Шпанецот доби потрес на мозокот и ја повреди раката на падот на вториот тренинг пред Каталонското ГП.

Тој мораше да оди на пресадување на кожа по сударот, но неговиот Фиат Јамаха тим потврди дека поранешниот 250сс светски шампион ќе биде фит за трката во Донингтон. Дебитантот сепак ќе мора да носи специјална свилена ракавица зад тркачката ракавица и ќе мора да оди на третман по секој тренинг.

"Ова беа тешки неколку недели за мене, посебно кога морав да ја гледам трката во Барселона од болничкиот креве, што не беше воопшто забавно. Едвај чекам да се вратам назад на мотоцикл иако овој викенд ќе морам да бидам внимателен. Како да почнувам од нула и морам да го менувам приодот. Во Донингтон имав неколку добри трки, како победата во 250сс во 2006, а лани бев добар на дождот. Тоа е брза патека освен последниот дел и ќе биде интересно да се вози на Мото ГП мотоцикл првпат во кариерата", вели Шпанецот.

21-годишниот Лоренцо имаше одличен старт на Мото ГП кариерата како колега на Валентино Роси, откако се квалификуваше на пол-позицијата на првата ноќна трка во Катар и заврши како втор. Потоа освои пол-позиција на втората трка во Херез и трето место и пол-позиција во Есторил, која ја претвори во прва победа во Мото ГП. Но, на тренингот на Кинеското ГП на 1 мај, Лоренцо имаше тежок пад и ги скрши двата скочни зглоба, по што од неговиот тим мораа да го качуваат на мотоциклот.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2008 во 18:11

МОТОЦИКЛИЗАМ - ИМПРЕСИВНИОТ ДЕБИТАНТ САКА НЕШТО ПОВЕЌЕ

Довициозо: "Ми треба фабрички мотоцикл!"

Андреа Довициозо има јасна цел за 2009 - да најде фабрички мотор, и вели дека може ќе замине од Хонда да го добие тоа. По седум трки во првата Мото ГП сезона, талентираниот Италијанец беше блиску до подиум со својот РЦ212В мотоцикл од ЈиР Скот тимот, но вели дека лимитот на неговата машинерија е голем и станува поголем.

"Многу е тешко во Мото ГП. Нивото на натпреварување е високо, а фабричките мотоцикли го подобруваат целиот пакет многу бргу. Во Барселона имавме добра трка, но не можев да бидам на подиумот. Тоа е тешко за нас. Можеме да имаме добра трка, но секогаш сме лимитирани", вели популарниот Дови, кој има две четврти места оваа сезона.

Прашан за тоа кои се разликите меѓу неговиот мотоцикл и тој на Репсол Хонда, Довициозо вели дека се работи за премногу работи.

"Ни требаат многу работи, не само повеќе моќ. Ние всушност го имаме мотоциклот на Хонда од минатата година. Така што се работи за премногу работи. Мислам дека за следната година ќе можам да добијам фабрички мотоцикл со кој ќе можам да се борам за титулата", вели Довициозо.

Можеби најголема шанса на Довициозо е лошата форма на светскиот шампион од 2006 година, Ники Хајден, кој овој викенд ќе направи "трансфер" на мотоцикл со пневматички клипови. Доколку ниту ова не може да му помогне на Американецот, Довициозо би можел да добие место во Хонда покрај Дани Педроза, иако е можно и да има трет фабрички мотор на Хонда, воден од ЈиР Скот.

Жиберне уживаше во тестот со Дукати

Сете Жиберне се врати во Мото ГП акција на тридневната тест-сесија со тимот на Дукати на италијанската патека Мугело. Шпанецот, кој се повлече од тркањето на крајот на 2006, го тестираше новиот Десмоседичи ГП9 мотоцикл, иако првиот ден тестирање сопре одеднаш поради дождот. Жиберне комплетираше 20 круга со најдобро време од 1:53.7, на денот на тестирање со тест-возачот Виторијано Гварески.

"Навистина возбудлив ден за мене. Како да се вратив во времето за две години, и сите месеци претходно да не постоеја. Возењето мотоцикли беше целиот мој живот долго време и сега повторно ми се враќа тоа чувство. Повторно сум дома. Инстиктот дојде веднаш, иако очигледно ми треба навика. Сфатив колку е заморно да се држат сопирачките и да се движи мотоциклот, но навистина уживав", вели Жиберне.

 
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2008 во 23:27

МОТОЦИКЛИЗАМ - СВЕТСКИОТ ШАМПИОН ДОМИНАНТЕН НА БРИТАНСКОТО ГП

Стонер покажа што може на Донингтон парк

Актуелниот светски шампион Кејси Стонер го комплетираше доминантниот викенд на Донингтон парк со победа од пол-позицијата на Британското ГП. Австралиецот постави најдобро време на тренингот и на квалификациите, и на крајот победи со 5.789 секунди предност пред Валентино Роси и Дани Педроза.

"Не бевме сигурни како новиот сет-ап ќе функционира на оваа патека, но сега навистина не можеме да се жалиме. Се надевам дека ќе продолжиме вака и дека ќе се бориме за титулата од сега натаму. Овој викенд надополнивме многу и со овој нов сет-ап ако продолжиме Валентино и Дани не се толку далеку", вели асот на Дукати.

Вистинската битка се случуваше за второто место, меѓу Роси и Педроза. Двојката беше блиску во текот на целата трка с$ додека Педроза, кој се избори од деветтото место на стартот, се откажа и се задоволи со третото место. Со ова Роси го зголеми водството во генерален пласман пред Шпанецот, додека Стонер скокна на третото место оставајќи ги во живот шансите за одбрана на титулата.

"Се обидовме да стигнеме до победата, но Кејси беше единствено пребрз. Но, задоволен сум бидејќи повторно сум на подиумот и завршив пред Дани. Следниот пат ќе се обидеме и посилно за победата", вели Роси, кој во Британија го одбележа својот 200. ГП старт.

Зад лидерите, ветеранот Колин Едвардс заработи важни поени откако се поврати од слабиот старт за четвртото место, додека дебитантот Андреа Довициозо мора да е пресреќен со петтото место со ЈиР Хонда тимот.

Најимпресивна трка сигурно имаше колегата на Валентино Роси, Шпанецот Хорхе Лоренцо, кој својата неверојатна деби сезона ја одбележа со нов подвиг. Тој скокна од 17. место на стартот на шестото на крајот и покрај тоа што имаше пресадување на кожата на раката пред само една недела.

Домашна катастрофа доживеа Џејмс Тосленд паѓајќи на првата кривина на првиот круг, пред да заврши на 17. место. Британецот од Тех 3 Јамаха тимот го очекуваше лоша трка откако беше само 16. на квалификациите на дожд, но разочарувачкиот викенд се претвори во катастрофа откако се обиде да има добар старт и излета веднаш повредувајќи го зглобот на раката. На крајот тој заврши со еден круг заостанување зад Стонер.

РЕЗУЛТАТИ

МОТО ГП

1.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 44:44.982

2.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха +5.789

3.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда +8.347

4.Колин Едвардс (САД) - Тех 3 Јамаха +12.678

5.Андреа Довициозо (Ита) - ЈиР Хонда +14.801

250СС

1.Мика Калио (Фин) - Ред Бул КТМ 42:14.410

2.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера +0.353

3.Алваро Баутиста (Шпа) - Априлија Аспар +1.237

4.Ектор Барбера (Шпа) - Априлија Тот +8.875

5.Томас Лути (Шва) - Хонда Еми +11.359

125СС

1.Скот Рединг (Бри) - Блусенс Априлија 41:39.472

2.Мајк Ди Мељо (Фра) - Аџо Моторспорт +5.324

3.Марк Маркез (Шпа) - Хонда Репсол +5.806

4.Серхио Гадеа (Шпа) - Априлија Аспар +13.990

5.Симоне Корси (Ита) - Априлија Џек & Џонс +16.855

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

МОТО ГП

1.Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 162

2.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 151

3.Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 117

4.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха 104

5.Колин Едвардс (САД) - Тех 3 Јамаха 82

250СС

1.Мика Калио (Фин) - Ред Бул КТМ 131

2.Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера 123

3.Алекс Дебон (Шпа) - Лотус Априлија 101

4.Матија Пасини (Ита) - Априлија Поларис 98

5.Ектор Барбера (Шпа) - Априлија Тот 82

125СС

1.Мајк Ди Мељо (Фра) - Аџо Моторспорт 132

2.Симоне Корси (Ита) - Априлија Џек & Џонс 109

3.Штефан Брадл (Гер) - Априлија Гризли Гас 77

4.Николас Терол (Шпа) - Априлија Џек & Џонс 75

5.Пол Еспархаро (Шпа) - Белсон Дерби 75

Рединг со историски триумф во 125сс трката

Британецот Скот Рединг ги воодушеви домашните фанови на Донингтон парк со својата прва победа на 125сс Британското ГП. Возачот на Блусенс Априлија Јуниор немаше возено на патеката во Лестершајр пред овој викенд, и со своите 15 години ја вози првата сезона во 125сс шампионатот, и стана најмладиот возач со победа во историјата на Мото ГП. Рединг има 15 години и 170 дена со што го сруши претходниот рекорд од 15 години и 324 дена на Марко Меландри од 1998 година.

Рединг поголемиот дел од трката го помина на второто место, зад Италијанецот Андреа Јаноне, кој на крајот падна на Крејнер кривината. Последен Британец со победа на ГП трка во која било класа беше Јан Мекконачи, кој победи на 80сс трката во Силверстоун пред неверојатни 22 години. Бидејќи нема 18 години, на Рединг не му беше дозволено да прска шампањско на подиумот.

"Неверојатно. Ова е прв подиум за мене, но веќе сум на највисоката скала. Не знам како да се чувствувам бидејќи уште не ми се верува", вели Рединг.

Во 250сс трката Финецот Мика Калио имаше неверојатен кам-бек од 14. место на стартот, за победа и за зголемување на водството во генерален пласман. По првиот круг тој беше меѓу најдобрите 10, а до десеттиот на третото место, зад водечкото дуо Марко Симончели (Џилера) и Алваро Баутиста (Априлија). Потоа тој само ги искористи грешките на своите ривали и стигна до одлична победа.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 16:39

МОТОЦИКЛИЗАМ - АВСТРАЛИЕЦОТ НЕЗАДОВОЛЕН ОД ОДНОСОТ НА БРИТАНСКАТА ПУБЛИКА

Стонер против публиката во Донингтон

Кејси Стонер инсистира дека реакцијата на британската публика по неговата Мото ГП победа во Донингтон Парк нема да влијае во потерата по одбраната на титулата. 22-годишниот Австралиец беше исвиркан од подиумот по неговата доминантна победа, што беше сосема различно од врисоците за поддршка кој ги доби второпласираниот Валентино Роси.

Актуелниот светски шампион се пресели во Британија како 14-годишник и помина две години во Британскиот 125сс шампионат, но не успеа да добие иста поддршка како харизматичниот "Доктор" Роси.

"Не, тоа нема да влијае на мене воопшто. Го имаше истото кога победив и минатата година. На победничкиот круг добив доста свирежи. Што сакаат луѓето? Дали тие се воопшто тука за да гледаат тркање или да врескаат по луѓе? Тоа не е начин на кој треба да се однесуваш на патека, но нема да ме спречи да победувам. Добро е да се види голема публика секаде каде што одиме, но не поради погрешни причини како тука", вели Стонер.

И покрај доминантниот триумф во Британија, возачот на Дукати не смета дека е конк*рент на титулата. Момчето од к*ри к*ри, Австралија имаше лоша серија трки по победата во Катар на стартот на сезоната, и сега заостанува 45 поени зад Валентино Роси и 34 поени од второпласираниот Дани Педроза на Хонда, разлика за која тој вели дека е преголема.

"Не сме вистински во позиција да се грижиме за шампионатот. Тоа е за Дани и Валентино да се грижат, не за мене. Можеби на крајот на сезоната ако освоиме доволно поени ќе бидеме во таква ситуација", вели Стонер.

Но, самиот Роси верува дека перформансите во Британија на Стонер покажуваат дека не може а да не биде сметан за закана за титулата, а Јамаха мора да се потруди за да се спречи походот на Дукати.

"Шампионатот е многу долг, и Кејси сега сигурно не е надвор од игра. Знаеме дека мораме да бидеме силни. Имаме доста подиуми, добри трки и три победи, но мораме да бидеме подобри", вели Роси.

Роси, Педроза и Стонер се на првите три места на подиумот на последните три трки и Стонер смета дека е многу тешко да се надополни негативата.

"Во моментов, кога ние тројцата сме постојано на подиумот, многу е тешко да се направи предност дури и кога ќе победиш. Ќе има менување на поените, но не многу промена. Би сакал да имам вакви трки, но ќе видкме што ќе се случи", вели Стонер.

Капироси изненаден од слабата форма на Меландри

Лорис Капироси вели дека е изненаден од тоа колку слабо Марко Меландри вози откако го замени во Дукати. Актуелните шампиони Дукати се разделија со Капироси во 2007 по пет сезони и го донесоа Меландри од Гресини Хонда. Капироси не можеше да ја достигне брзината на Кејси Стонер и да се навикне на 800сс верзијата на Дукати во 2007, но Меландри оваа година е уште подалеку, со четвртото место во Кина како единствен конк*рентен резултат.

"Тешка сезона за коментирање бидејќи Дукати 100% го сакаа Марко и тоа беше јасно, но тој не ги носи резултатите кои сите ги очекуваа, посебно тој. Не мислам дека некој очекуваше вакви резултати, но очигледно тој не успеа да се навикне на мотоциклот", вели Капироси.

Британското ГП беше нова ниска точка за Меландри откако се квалификуваше во последниот ред и трката ја заврши на 16. место, речиси со цел круг заостанување зад Стонер, а исто така за малку ќе се удреше со Алекс Де Анџелис, човекот кој го замени во Гресини. По трката шефот на Дукати Ливио Супо изјави дека е изненаден од слабата форма на Меландри.

"На едната страна од гаражата сме пресреќни бидејќи Кејси покажа дека може да победува, но Марко повторно имаше тешка трка. Тој не успеа да ги има ниту круговите кои ги имаше на тренингот од 1:29, туку возеше околу 1:32. Не знаеме што се случува. Дури и Тони Елиас и Силван Жинтоли од Д'Антин тимот имаа подобри времиња од него", заклучува Супо.

Меландри во Донингтон призна дека можеби најдоброто решение е да си замине од Дукати и Капироси смета дека тој очекува да биде заменет. "Марко мисли на иднината далеку од црвената боја", додава Капироси.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2008 во 20:26
МОТОЦИКЛИЗАМ - ПО ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ СТАРТ НА СЕЗОНАТА ЗА ИТАЛИЈАНЕЦОТ

Дукати подготвени да разговараат со Меландри

Шефот на Дукати, Ливио Супо вели дека италијанскиот тим ќе разговараат за иднината за Марко Меландри во тимот ако тој не успее да го крене своето ниво на следните неколку трки. Меландри има пеколна сезона досега по трансферот од Гресини Хонда и освои само 29 поени во споредба со 117-те на колегата, светскиот шампион Кејси Стонер.

Меландри имаше кошмарна трка во Донингтон минатиот викенд, завршувајќи скоро цел круг зад Стонер, и дури зад Алекс Де Анџелис, кој падна во текот на трката. Самиот Италијанец призна дека е подготвен да си замине од тимот доколку не се подобри неговата форма, и Супо го прифаќа тоа. Дукати неодамна тестираа со поранешниот возач Сете Жиберне, зголемувајќи ги шпекулциите дека шпанскиот ветеран може да се врати во Мото ГП како замена за Меландри.

"Прерано е да се каже дека Марко не може да биде брз, дека не може да биде барем брз како на Кинеското ГП. Но, јасно е дека ако во следните четири-пет трки не направи скок во перформансите тогаш ќе имаме причина да разговараме. Тестот со Жиберне дојде случајно во Барселона, кога дојде кај нас и изјави дека сака да се обиде повторно со Мото ГП мотоцикл. Покрај тоа беше потребно да се види колку може да биде брз нашиот мотоцикл, бидејќи Меландри и Тони Елиас се уверени дека само Стонер може да го вози. Бидејќи тест-возачот Вито Канепа е добар, а и поради брзината на Сете (во граница на активните возачи) мислам дека Тони и Марко мора да имаат различен приод", вели Супо.

Но, Италијанецот признава дека тимот не направил никаква одлука за Жиберне.

"Прерано е да се каже. Се обидуваме да организираме нови тестови со него, но се уште не можеме да кажеме дали ќе биде возач на Дукати во 2009, дури и за нашите сателитски тимови. Едно е да се тестира така, но сосема друго е да се биде конк*рентен и да се исполнат очекувањата. И ние и тој го знае тоа", додава Супо.

Меландри самиот призна дека е тешко да се размислува за иднината.

"Тешко е да се мисли за иднината. Сега е тешко дури да мислам на крајот на сезоната. Секако мораме да најдеме подобро решение. За среќа имам одлични односи со Дукати", вели Меландри.

Хајден ќе продолжи со "пневматичкиот" мотор

Поранешниот Мото ГП шампион Ники Хајден вели дека сака да продолжи со развојот и тркањето на новиот мотор на Хонда со пневматички клипови до крајот на Мото ГП сезоната. Американецот, кој не успева да го достигне нивото на колегата Дани Педроза, заврши седми на новиот мотоцикл во Донингтон и вели дека овој мотор му одговара повеќе од конвенционалниот 800сс мотор кој го користеше досега.

"Моторот е агресивен, чувствувам дека има повеќе моќ кога ќе забрзам. Плус тоа моќта доаѓа бурно, што ми се допаѓа. Инжинерите направија добар сет-ап и мислам дека мотоциклот сега е доволно добар да се трка. Кога го побарав овој мотор тие ми кажаа дека ќе морам да го возам во вториот дел од сезоната и тоа е ОК за мене", вели Американецот.

Педроза: "Конк*ренцијата е неверојатна"

Дани Педроза вели дека мисли само на победа на Холандското ГП овој викенд, но сфаќа дека конк*ренцијата е неверојатна. Тој загуби во трката со Валентино Роси за титулата откако беше трети во Донингтон Парк и сега вели дека во Асен ќе биде потешко по импресивната форма на Дукати и Кејси Стонер.

"Добивме корисни поени во Донингтон, но во Асен сакам подобар резултат. Се надевам дека ќе остане суво, бидејќи така ќе бидеме во предност. Нивото на квалитет во Мото ГП во моментов е неверојатно", вели Педроза.

Рано е да се мисли за титулата, смета Роси

Лидерот во генерален пласман Валентино Роси вели дека се концентрира само да го даде својот максимум на секоја трка, наместо да мисли на титулата. Возачот на Јамаха има 11 поени предност пред Дани Педроза по првите осум трки од сезоната, и на Холандското ГП е главен фаворит, бидејќи на таа патека има шест победи, од кои четири во Мото ГП.

"Секоја трка е важна оваа година, бидејќи шампионатот е многу тесен. По оваа трка доаѓаме на две тешки патеки за мене, Заксенринг и Лагуна Сека. Затоа е важно да се има добар резултат во Асен", вели Италијанецот.

Капироси се враќа во Асен

Асот на Сузуки, Лорис Капироси ќе биде на Холандското ГП во Асен овој викенд. Италијанскиот ветеран мораше да паузира на Британското ГП откако на инцидентот во Барселона доби скршена рака и беше заменет од Американецот Бен Спис.

"Сигурен сум дека можам повторно да возам и едвај чекам да се качам на мотоцикл. Беше ужасно да се гледа трката на телевизија. Не сум целосно опоравен, но не можам да чекам", додава Капироси.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2008 во 16:52

МОТОЦИКЛИЗАМ - В НЕДЕЛА СЕ ВОЗИ ГП НАСАД ВО МОТО ГП КЛАСАТА

Стонер брка четврта победа во низа

Патеката Лагуна Сека е домаќин на единаесеттата рунда од годинашната сезона, но на американското Гран При ќе продефилираат само возачите од најсилната, Мото ГП класата, додека оние останатите веќе ја користат повеќенеделната летна пауза која од понеделник ќе ја имаат и Роси и компанија.

По трите победи на последните три трки фаворитската ролја повторно му е препуштена на актуелниот светски првак Кејси Стонер од Австралија, чие Дукати Марлборо доцни 16 бодови зад Шпанецот Дани Педроса и 20 зад актуелниот лидер, "доктор" Валентино Роси од Италија.

Стонер не само што победуваше туку прикажа фантастична форма и беше речиси недопирлив на последните три хепенинзи, освен првите неколку кругови минатата недела во Заксенринг, кога Педроса форсираше по дождливото време, но, за жал, падна и доживеа повреди на рацете. Педроса сепак ќе се појави во Лагуна Сека, иако прашање е дали може да биде стопроцентно компетитивен.

Од своја страна, Стонер ќе се обиде да го повтори ланскиот успех кога славеше во Лагуна Сека, како еден од 10-те триумфи во шампионската сезона, иако 22-годишниот мотоциклист имаше слаб старт на сезоната, а минатиот месец заостануваше дури 50 бодови во севкупниот поредок.

Наспроти Стонер, најдобриот возач во новиот милениум, Валентино Роси, исто така ја темпира својата форма, која оди во нагорна линија и се очекува да биде конк*рент на 32-та предвидени кругови во САД, иако оваа писта никогаш не му била "коњак", со оглед на тоа што неговиот најдобар пласман во Калифорнија беше забележан во 2005 година кога го освои третото место. Лани беше четврти со големо заостанување зад првопласираниот моторџија од Австралија. Во пресрет на утрешната трка, Роси најави дека ќе даде с$ од себе да биде во најмала рака рамноправен на Стонер, а воедно му порача на повредениот Педроса да даде с$ што има во себе и да не се откажува.

"Многу ми е жал за Дани бидејќи имаше ужасен пад во Германија. Го видов на аеродромот и не изгледаше дека е максимално подготвен. Сепак, јас би му порачал да стисне заби и да не се откажува и да даде с$ од себе за да остане во трката за шампионската титула", изјави големиот спортист од Италија.

Од сенка, но со голем мотив пред домашната публика ќе вози светскиот првак од 2006 година, Американецот Ники Хејден, кој го очекува својот најдобар настап во 2008 година, иако реално е далеку од светскиот врв во моментов и во најдобар случај може само да го поправи впечатокот и да си ги крене паднатите акции во пресрет на идната сезона. Хејден славеше во Лагуна Сека во 2005 и 2006 година, но сезонава с$ уште се нема искачено на подиумот.

Едвардс уште една година во Јамаха

Американскиот возач Колин Едвардс потпиша нов едногодишен договор со неговиот тим Јамаха Тех 3, со кој ќе вози на истиот мотоцикл и во 2009 година, што за него ќе претставува петта сезона во овој мото-колектив.

"Среќен сум што продолжувам со Тех 3 и што најавата доаѓа пред моето домашно Гран При. Претходно планирав да ја завршам кариерата во 2009 година, но моите добри резултати и добрите релации во тимот придонесоа да сакам да останам уште 12 месеци", изјави Едвардс.

Деби за Џејми Хекинг

Американецот Џејми Хекинг ќе дебитира на Мото ГП трките влегувајќи во конк*ренција како замена за повредениот негов сонародник Џон Хопкинс, во тимот на Кавасаки.

Боите на домаќинот, покрај Хејден и Хекинг, ќе ги бранат и поранешниот шампион во Супербајк, Колин Едвардс, кој падна на минатонеделната дождлива патека во Германија, заедно со Бен Спис, кој ќе го вози своето второ Мото Гран При во најсилната категорија, како еден од трите возачи на Ризла Сузуки, покрај Крис Фермулен и Лорис Капироси.

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН:

МОТО ГП:


1. Дани Педроса (Шпа) - Репсол Хонда 171

2. Валентино Роси (Ита) - Фиат Јамаха 167

3. Кејси Стонер (Авс) - Дукати Марлборо 142

4. Хорхе Лоренцо (Шпа) - Фиат Јамаха 114

5. Колин Едвардс (САД) - Тех 3 Јамаха 98

250 СС

1. Марко Симончели (Ита) - Метис Џилера 164

2. Мика Калио (Фин) - Ред Бул КТМ 153

3. Алваро Баутиста (Шпа) - Априлија Мапфре Аспар 118

4. Алекс Дебон (Шпа) - Лотус Априлија 114

5. Хектор Барбера (Шпа) - Тим Тот Априлија 113

125 СС

1. Мајк Ди Мељо (Фра) - Дерби Аио Моторспорт 166

2. Симоне Корси (Ита) - Априлија Џек& Џонс 136

3. Габор Талмаши (Унг) - Априлија Банкаха Аспар 109

4. Штефан Брадл (Гер) - Априлија Гризли Кифер 101

5. Хуан Оливе (Шпа) - Дерби Белсон 94

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 14:28

МОТОЦИКЛИЗАМ - ВАЛЕНТИНО РОСИ СЛАВЕШЕ НА ГРАН ПРИ ТРКАТА ВО ЛАГУНА СЕКА, САД

Прва американска радост за "докторот"

Седумкратниот светски шампион во некоја од мото-категориите, Италијанецот Валентино Роси ја забележа премиерната победа во кариерата на американско тло, славејќи на патеката во Лагуна Сека, каде неговата Јамаха за нијанса беше побрза од големиот конк*рент и актуелен бранител на титулата, Кејси Стонер од Австралија.

Популарниот "доктор", кој ја брка својата шеста круна во најсилната, Мото ГП класа, досега можеше да се пофали само со трета позиција од трките во САД, но еден ден откако го продолжи договорот со јапонскиот производител на мотори, Јамаха, калифорниската писта се покажа како талична за него и му овозможи да ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Лидерот во поредокот, на тој начин сезонава го крши малерот и на четвртата патека на која никогаш претходно не победил, со оглед на тоа што во текот на сезонава премерно ги освојуваше Гран При трките во Кина, Франција и родната Италија.

До четвртата победа сезонава, по која има 25 бода повеќе од главниот конк*рент Стонер, Роси стигна на последниот свиок од 23-от од 32-та предвидени кругови на максимално драматичната трка, бидејќи австралискиот возач од Дукати Марлборо, во обидите да го мине Валентино, падна и загуби доста време, па на крајот имаше дефицит од 13 секунди. Третото место го освои сонародникот на Стонер, Крис Вермјулен со неговиот Сузуки.

22-годишниот Стонер, кој победуваше на претходните три трки, во Британија, Холандија и Германија, стартуваше од пол-позицијата во обид да го повтори ланскиот успех во Лагуна Сека, кој беше еден од неговите 10 триумфи во шампионската 2007 година, но на крајот мораше да се адоволи само со преземање на втората позиција во светскиот шампионат. На неа досега беше Шпанецот Дани Педроса, кој и покрај големата желба да вози во САД, се откажа пред саботните квалификации, поради тоа што има скршеници на левиот зглоб на раката и повреда на скочниот зглоб.

Мото-караванот продолжува со трки на 17 август, кога на патеката во Брно се вози Гран Прито на Чешка, но за разлика од калифорниска Лагуна Сека каде отсуствуваа двете послаби категории, следното ГП, стандардно ќе се возат трки во сите три класи.

ИТАЛИЈАНЕЦОТ ОГОВОРИ НА КОМЕНТАРИТЕ НА СТОНЕР

Роси: Возев агресивна, но фер трка


"Каква трка беше оваа денес. Потребни ни беа неколку модификации на нашиот велосипед по загревањето и тоа ни даде неколку десетинки од секундата што ми овозможи да се борам со Кејси денес, а крајниот резултат беше фантастичен. Имав добар старт и можев да го минам уште во првиот круг, но беше речиси невозможно да се релаксирам ни секунда. Не знам колку пати се сменивме во водство, но тоа се случуваше доста често и мислам дека публиката беше максимално задоволна од она што го презентиравме. Навистина сум пресреќен што победив по првпат на американско тло. Што се однесува до минувањата, жал ми е што Кејси смета дека некои од нив беа малку агресивни, бидејќи јас не се согласувам со тоа. Секако дека ова беше агресивна трка, но во секој случај се беше во рамките на фер-плејот. Јас не го допрев ниту еднаш, веројатно затоа што многу внимавав при кочењата. Сега претстои летниот одмор и со нетрпение очекувам малку да се релаксирам, но не и премногу, бидејќи ќе биде навистина тешко до крајот на сезоната, претстојат уште седум напорни трки и мора да се задржи моментумот и концентрацијата, вели "доктор" Роси.

Стонер: Валентино возеше премногу агресивно

По трката, австралискиот ас и актуелен светски шампион, Кејси Стонер беше малку фрустриран од начинот на кој Роси го минуваше во раната фаза на трката, оценувајќи го возењето на Италијанецот како агресивно.

"На крајот на денот, не можам да кажам дека сум премногу среќен, со оглед на тоа што направив голема грешка, која не ми дозволи да имам шанса да победам на трката. Исто така мислам дека иако тој возеше добра трка, некои од потезите на Валентино во раната фаза од трката беа премногу агресивно. Во секој случај, сега не можеме да направиме ништо околу сето тоа. Најважното е што одовде си заминуваме со 20 важни поени, па откако пред четири трки бев целосно отпишан од борбата за одбрана на шампионската титула, сега одиме на одмор со добри шанси повторно на крајот од годината да се најдеме на врвот. Заостанувам 25 поени, што е доста голем дефицит, но има уште седум трки и се може да се случи. Од овој викенд можеме да извадиме многу позитивни моменти, а најмногу од се фактот дека целата напорна работа од Дукати и Бриџстоун повторно се исплатеше", изјави Стонер на прес-конференцијата.

Лоренцо падна, неизвесен за Брно

Колегата на Роси од Јамаха и четвртопласиран во годинашниот шампионат, исклучително талентираниот 21-годишен Шпанец Хорхе Лоренцо, за жал падна уште во првиот круг од трката. Според првичните информации, тој се здобил со скршеница на коска на неговото стапало и сега дури е неизвесен за настапот на следната трка во Чешка.

Лоренцо имаше спектакуларен пад во премиерниот круг, кога беше практично катапултиран над неговиот мотор, по што доживеа фрактури на третиот и петтиот метатарзал на неговото лево стапало. Овој инцидент беше сличен на оној кој го доживеа на патеката во Шангај во мај, кога доживеа набивање на коските во двата скочни зглоба. На таа трка, Лоренцо продолжи да вози, и покрај тоа што беше речиси неспособен да оди.

Сепак, оваа повреда на стапалото е попроблематична за неговото возење, па според првите проценки, не е сигурен неговиот настап на наредниот хепенинг во Брно, Гран при кое е закажано за 15 август.

"Моите гуми не беа адекватни на температурата. Го загубив задниот дел и знаев дека сум "во аут", а мојата нога ме болеше. Ова е уште еден судар, уште една повреда и уште еден момент кој морам да го заборавам што е можно порано. Морам да гледам напред. Во моментов сум малку тажен, но сега морам да се сконцентрирам на фактот дека имам цел месец за да бидам фит за трката во Брно, каде сепак треба да бидам способен и да го дадам максимумот", истакна Хорхе Лоренцо.

Хејден: Очекував повеќе од петтото место

Двократниот победник на американското Гран При, светскиот шампион од 2006 година, Ники Хејден беше разочаран од петтото место остварено пред домашните фанови.

Членот на Репсол Хонда тимот очекуваше подобар пласман во сезоната во која нема забележителни резултати и се надеваше дека за првпат во 2008 година ќе се најде на подиумот.

"Јасно е дека на моето домашно Гран При очекував да прикажам подобра борба одошто успеав. Ова беше тежок викенд, а се мачев и со гумите кои ги имавме на располагање.Имавме само два сета за трката, кои ги употребував и на тренинзите и на квалификациите. Ова воедно беше добра лекција за тимот, во поглед на употребата на пневматиците. Сега имаме неколку седмици да се прегрупираме и да ја завршиме годината на позитивен начин", изјави Хејден, кој шанса за корекција пред американските фанови ќе има на трката во Индијанаполис, која е закажана за во септември.

Инаку, Хејден во Лагуна Сека беше единствениот возач на Репсол Хонда, откако неговиот тимски колега, Шпанецот Дани Педроса реши да не настапи по повредите на минатонеделното Гран При на Германија, кога падна на влажната патека во Заксенринг.

РЕЗУЛТАТИ:

МОТО ГП:


1. Валентино Роси (Италија) - Фиат Јамаха 44:04.311

2. Кејси Стонер (Австралија) - Дукати Марлборо +13.001

3. Крис Вермјулен (Австралија) - Сузуки +26.609

4. Андреа Довициосо (Италија) - Хонда Скот +34.901

5. Ники Хејден (САД) - Репсол Хонда +35.663

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН:

МОТО ГП:


1. Валентино Роси (Италија) - Фиат Јамаха 212

2. Кејси Стонер (Австралија) - Дукати Марлборо 187

3. Дани Педроса (Шпанија) - Репсол Хонда 171

4. Хорхе Лоренцо (Шпанија) - Фиат Јамаха 114

5. Андреа Довициосо (Италија) - Хонда 98

250 СС

1. Марко Симончели (Италија) - Метис Џилера 164

2. Мика Калио (Финска) - Ред Бул КТМ 153

3. Алваро Баутиста (Шпанија) - Априлија Мапфре Аспар 118

4. Алекс Дебон (Шпанија) - Лотус Априлија 114

5. Хектор Барбера (Шпанија) - Тим Тот Априлија 113

125 СС

1. Мајк Ди Мељо (Франција) - Дерби Аио Моторспорт 166

2. Симоне Корси (Италија) - Априлија Џек& Џонс 136

3. Габор Талмаши (Унгарија) - Априлија Банкаха Аспар 109

4. Штефан Брадл (Германија) - Априлија Гризли Кифер 101

5. Хуан Оливе (Шпанија) - Дерби Белсон 94

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 14:14

МОТОЦИКЛИЗАМ - ВО НАШАТА БЛИЗИНА СЕГА И МОТО ГП ТРКА

Унгарија ја замени кина на календарот за 2009

Унгарија како што се очекуваше ја замени Кина на Мото ГП календарот за следната сезона. Балатонринг патеката се уште не е завршена, но ќе биде домаќин на новата Мото ГП трка во овој дел од Европа. Патеката ќе се гради во Саволи, на 180 километри од Будимпешта во близина на туристичкиот центар на Балатон езерото и ќе биде изградена од шпанската инвестициска група Седеса за одлични 80 милиони евра и ќе вработува околу 800 луѓе.

Со капацитет од 110.000 до 140.000 гледачи, 4.650 метри долгата Балатонринг патека ќе почне да се гради во септември. Министерот за економија и развој на Унгарија, Гордон Банјаи потврди дека владата ќе го финансира објкетот.

Трката следната година ќе биде само трета во Мото ГП во Унгарија, по трките во 1990 и 1992 година на Хунгароринг патеката. Мото ГП има голем број на фанови во Унгарија, најмногу поради успехот на Габор Талмачи во 125сс класата минатата сезона, кога стана првиот Унгарец со титула. Следната недела во Брно се очекуваат илјадници унгарски фанови.

Шангај го загуби местото од календарот по критиките за слабата посетеност на трката и тврдењата дека патеката, која е наменски изградена за формула 1, едноставно не "лежи" добро на Мото ГП мотоциклите.

КАЛЕНДАР НА ФИМ ЗА 2009

2 април Катар ГП Лосаил

26 април Јапонско ГП Мотеги

3 мај Шпанско ГП Херез

17 мај Француско ГП Ле Ман

31 мај Италијанско ГП Мугело

14 јуни Каталонско ГП Каталуња

27 јуни Холандско ГП Асен

5 јули Американско ГП Лагуна Сека

19 јули Германско ГП Заксенринг

26 јули Британско ГП Донингтон Парк

16 август Чешко ГП Брно

30 август Индијанаполис ГП Индијанаполис

13 септември Сан Марино ГП Мизано

20 септември Унгарско ГП Балатон

4 октомври Португалско ГП Естроил

18 октомври Австралиско ГП Филип Ајленд

25 октомври Малезиско ГП Сепанг

8 ноември Валенсија ГП Валенсија

Меландри очекува одлука наскоро

Марко Меландри вели дека ќе дознае дали ќе настапи за Дукати на Чешкото ГП многу бргу. Италијанецот има очајна сезона со фабричкиот тим на Дукати по трансферот од Хонда Гресини минатата година. Тој има само 32 поени во 10 трки, додека неговиот колега Кејси Стонер има 187 поени и четири победи. Од Дукати велеа дека формата на Меландри на трките во Германија и САД ќе бидат клучни, а тој падна во Германија и беше 16. во САД.

Меландри вели дека би сакал да ја заврши сезоната во Дукати, но е свесен дека може да го загуби местото прво од ветеранот Сете Жиберне, кој двапати тестираше на Десмоседичи.

"Наскоро ќе дознам дали ќе ја завршам сезоната или Жиберне ќе дојде на моето место. Но, морам да им се заблагодарам на сите во тимот, бидејќи колку беше тежок првиот дел од сезоната за мене, беше и за нив. Навистина би сакал за нив барем еднаш да бидам на подиумот", вели Меландри.

Роси со "екск*рзија" во А1ГП?

Повеќекратниот Мото ГП шампион, Валентино Роси може да го направи својот долгоочекуван трансфер во трки на четири тркала веќе следната година во А1ГП серијата. А1ГП тимот на Италија потврди дека преговара со Роси, но дека неговата достапност ќе зависи од неговото зимско тестирање со Јамаха.

"Би било фантастично Валентино да е покрај нас. Тој ми е добар пријател и веќе неколку пати разговарав со него за ова", вели возачот на Италија, Пјеркарло Гинзани.

Роси, кој води во генерален пласман во Мото ГП, се докажува како одличен на четири тркала, како на тестирањето за Ферари во формула 1 и учествувањето на две трки од Светскиот Шампионат во Рели (ВРЦ).

Накано со фабричка Хонда во Брно

Јапонскиот ветеран во тимот на Гресини Хонда Шинја Накано ќе добие фабрички ХРЦ 800сс прототип од Хонда за Чешкото ГП следниот месец. За Накано, кој е 10. во генерален пласман, ова е само продолжување на развојот на Хонда, бидејќи мотоциклот ќе биде ист како тој на фабричкиот Репсол Хонда тим.

"Шинја ќе има нов мотоцикл во Брно, бидејќи може многу да ни помогне во развојот. За нас е привилегија да имаме таква шанса и тоа само е доказ на соработката на Хонда Гресини и ХРЦ", вели шефот на тимот Фаусто Гресини.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2008 во 02:42

МОТОЦИКЛИЗАМ - ШПАНЕЦОТ ПРИЗНАВА ДЕКА Е ТЕШКО ДА СЕ ВРАТИ НА ВРВОТ

Лоренцо: "Не сум возачот од стартот на сезоната"

Хорхе Лоренцо вели дека не е човекот кој беше на стартот на сезоната и признава дека се мачи да вози до лимитот по серијата големи падови во последните три месеци. Мото ГП дебитантот имаше сензационален старт на сезоната со три пол-позиции по ред, една победа и два подиуми, но од тогаш речиси на сите трки тој паѓа и доби сериозен потрес на мозокот и повреда на раката во Барселона во јуни и скрши три коски во стапалото во првиот круг на трката во Лагуна Сека.

"Работите се променија. За несреќа имав премногу падови по ред и тие предизвикаа да бидам уплашен од мотоциклот. Не сум истата личност од првите трки. Кога ќе загубиш малку самодоверба не можеш да направиш ништо посебно. Нормално не се плашам од падовите, но сега сум во криза. Ова е опасен спорт, но морам да се вратам во форма", вели возачот на Фиат Јамаха.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
n1k0La Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Ride To Live Live To Ride

Регистриран: 31.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 357
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај n1k0La Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 18:06
Se znae koj e najdobar Valentino Rossi The Doctor 46 :D
Кон врв
n1k0La Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Ride To Live Live To Ride

Регистриран: 31.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 357
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај n1k0La Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 23:58
eve da ne pisuvate samo za vo svetot dali nekoj gi gledase trkite vo makedonija vo kicevo :D:D da zboruvame malce i za nasiot motorciklizam hhh :D
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 13:38
Девет странски возачи за поголема конк*ренција


КИЧЕВО. - За разлика од првиот натпревар од државното првенство во мотоциклизам на кружни патеки, кога настапија само седуммина натпреварувачи, на вториот, што викендов ќе се одржи во Кичево, покрај 11-темина домашни, ќе учествуваат и деветмина мотоциклисти од три балкански земји, Турција, Бугарија и Србија, така што на неделниот натпревар се очекуваат повеќе од 20 натпреварувачи и голема конк*ренција за место на пиедесталот. Учеството на странските мотоциклисти му дава отворен карактер на овој натпревар. сабота од 11.30 часот е закажан првиот тренинг, а половина час подоцна и вториот. Натпреварот е в недела од 11.30 часот. Според зафатнината на машините, моторите ќе бидат поделени во две класи: суперспорт до 600 и супербајк до 1.000 кубици.
Од Турција доаѓаат тројца мотоциклисти, а имињата на бугарските и на српските натпреварувачи, како и нивниот број, дополнително ќе бидат познати. Ова е шанса љубителите на брзините во нашава земја по подолг период во живо да проследат еден исклучително квалитетен и возбудлив мото-натпревар и затоа в недела се очекува присуство на повеќе од 10.000 гледачи.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
dark Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 247
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dark Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 00:34
jas sum ljubitel na sekakov vid trki ali ne sum bil na niedna trka so motori a bi sakal inace za koli vodno i skopje krug ne gi ispustam steta sto ovaa godina ke nema najverojatno
faster then light :D
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2009 во 08:28
Роси се повредил во неговиот стан

Познатиот мотоциклист Валентино Роси се повредил при падот во својот стан, по што завршил во болница.

Роси имал среќа при бизарната незгода во неговиот стан. Тој местејќи завеса паднал врз стаклена маса и при тоа заработил расекотини на раката и левото стапало.

Во болницата повредите се санирани со неколку конци, но од тимот на роси веќе најавија дека тој следната недела ќе стартува со тест возењата со тимот на "Јамаха".
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.