IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Црвено - црни новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Црвено - црни новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 17>
Автор
Порака
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 14:33
И СРПСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ВО РЕДОВИТЕ НА ВАРДАР НЕМАЊА МИЛИСАВЉЕВИЌ ОПТИМИСТИЧКИ РАСПОЛОЖЕН

"Време е Вардар да се радува"

* "На теренот воопшто не е лесно да се извојуваат победите, но ние сме подготвени за враќање на титулите во витрините на Вардар", вели Немања Милисављевиќ

И српскиот интернационалец во редовите на Вардар, Немања Милисављевиќ очекувано е оптимистички расположен во пресрет на продолжението од актуелната сезона низ која "црвено-црните" ќе мора да ја потврдат фаворитската улога во трката за шампионската титула.

"Време е Вардар конечно да се радува на крајот од првенството и ние сме подготвени за тоа", вели Милисављевиќ, кој по освојувањето на минатогодишната двојна круна со Работнички, сега истото го посакува и со најтрофејниот македонски клуб.

"Секако дека нашите амбиции се титулата и во шампионатот и во Купот. Ги имаме сите предуслови за тоа, минавме одлични подготовки и сега сето тоа ни преостанува да го демонстрираме со игрите на зелениот терен".

"Вардарците" погледнато од страна со навидум лесен триумф над Победа ја стартуваше сезоната...

"Можеби погледнато од страна, но на теренот воопшто не е лесно да се издвојуваат победите. Ние сме свесни дека на секој натпревар ќе мора максимален ангажман. Долга е сезоната, па трпеливо ќе треба да се чекори патот кон титулите, но ќе повторам дека сите во тимот сме комплетно подготвени за враќање на пехарите во витрините на Вардар", истакнува еден од ударните фудбалери во нападот на тимот од "Градски", кој најавува дека вистинскиот квалитет на составот ќе мора да се потврди веќе на првото дерби со Пелистер на 24 август.

"Ќе имаме сериозни конк*ренти за титулата и во Милано, меѓутоа колку што можев да забележам на почетокот од првенство повеќе од квалитетен состав има и Македонија ЃП", дополнува офанзивецот на "црвено-црните".



НЕМА НИКАКВА НОВИНА ОКОЛУ СУСПЕНДИРАНИТЕ

Перендија тренира со Војводина

Нема никаква новина во статусот на суспендираните вардарови фудбалери и покрај тоа што претходно од нивна страна позитивно беше дочекан предлогот на ФК Вардар нивната "слобода" да биде отплатена со реновирање и доизградба на помошното игралиште.

Суспендираните "вардарци" се далеку од тренажна контрола на Вардар, па сите тренираат кој како знае во очекување на конечното решение околу начинот на продолжување на нивните кариера.

Поголемиот дел од суспендираните тренираат на игралиштето на Локомотива, меѓутоа деновиве дефанзивецот Милан Перендија е дел од тренинзите на српскиот прволигаш Војводина.

"Перендија тренираше со нас, меѓутоа тоа не значи дека ќе има реализација на трансфер во нашите редови", вели тренерот на Војводина, Драгољуб Беквалац, кој за услугите на Перендија беше заинтересиран уште во периодот на раководење со Работнички.

Денеска "тест" со Маџари

Искористувајќи ја паузата во домашното првенство денеска вардаровите фудбалери ќе одиграат уште една пријателска средба со второлигашот Маџари С.

Дуелот ќе се игра со почеток од 17:30 часот, на стадионот "Борис Трајковски" во Маџари.

Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 18:19
Ova sezona sigurno ke bide sezona na vardar
nema konk*renti
 
:( makfutball  e za nigde 
 
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2008 во 15:52

ТИМ - МЕНАЏЕРОТ НА ВАРДАР, РАТКО ДОСТАНИЌ, ЕДВАЈ ЧЕКА ДА ПОЧНЕ ДЕРБИТО СО ПЕЛИСТЕР

Нема проблем, ја преземаме улогата на фаворит!!!

*"Проблем беше оваа тринеделна пауза, сите со нетрпение го чекаме дуелот со вечниот ривал, јасно е дека сме фаворити и не бегаме од таа улога", потенцира Достаниќ

Конечно по тринеделна пауза, в сабота, на "Градски" во Скопје најголемиот фаворит за титулата во овој шампионат ќе одигра натпревар. Втор откако стартуваше оваа сезона. Досегашниот биланс е еден меч, три бода и гол разлика 3:0. Победа падна во Скопје на 3 август. Сега на ред е вториот пелагониски прволигаш, Пелистер од Битола.

"Сите ние во Вардар, а посебно јас како прв човек во стручниот штаб едвај посакувам да дојде сабота и вечното дерби со Пелистер. Ова тринеделна пауза навистина ни направи проблем. Се обидовме преку неколку пријателски и контролни средби да го задржиме натпреварувачкиот ритам, но, сепак, официјални мечеви се нешто сосема друго. Затоа велам дека со нетрпение го чекаме саботно вечно дерби со Пелистер", посочува тим - менаџерот на Вардар, Ратко Достаниќ.

Во домашната фудбалска јавност на неколку дена пред овој натпревар како ретко кога Вардар се посочува како апсолутен фаворит. Доказ дека е така е и коефициентот во обложувалниците за победа на домашните кој изнесува 1.35.

"Искрено воопшто не ме интересираат тие коефициенти и слични глупости поврзани со обложувалниците. Мене ме интересира како Вардар ќе одигра. Што се однесува, пак, до улогата на фаворит, ќе повторам она што го кажав на првата прес - конференција како тренер на Вардар. А тоа е дека сум свесен дека Вардар во овој шампионат на секој меч ќе ја има улогата на фаворит. Затоа потенцирам дека нема проблем да ја прифатиме оваа улога и на овој и на сите останати натпревари. Тоа можеби е своевиден притисок за нашите фудбалери, но се знае што значи Вардар и тие мораат по секоја цена да играат со таков притисок", заврши Достаниќ.



Вардар да има што повеќе репрезентативци

Достаниќ не гледа никаков проблем што дури тројца од неговиот тим престојуваат во Луксембург, тоа се Томе Пачовски, Мирослав Вајс и Артим Положани.

"Најважно е сите тројца да одиграат квалитетно, да се вратат здрави и без повреди. Има два дена да се 'вратат' во нормала, зошто тие се искусни професионалци и нема да има никаков проблем да се аклимитизираат пред дербито. Инаку, камо среќа бројот на репрезентативци од Вардар да биде што поголем. Кога најтрофејниот клуб во Македонија ќе има 7-8 репрезентативци тогаш Вардар ќе биде голем клуб, ние се стремиме кон тоа да го оствариме", дополни Достаниќ.

Од Битола се најавуваат 500 "чкембари"

Од канцеларијата на Вардар информација дека и гостинот од Битола ќе има свои навивачи. Според спортскиот директор на "црвено - црните", Саше Милошевски, од таборот на Пелистер се најавувало бројка од 500 навивачи кои в сабота ќе пристигнат во Скопје и ќе го бодрат својот тим на ова наше вечно дерби. Се разбира дека далеку погоголем ќе биде бројот на домашните навивачи кои ќе му дадат поддршка на својот Вардар во надеж дека ќе ја забележи и втората победа. Значи покрај битката на теренот се очекува и навивачки "дуел" меѓу "Комитите" и "Чкембарите".

Билетот ќе чини 60 денари

Продолжува акцијата на Вардар со цел на натпреварите кога е домаќин да привлече што поголем број гледачи. Да ја врати публиката на "Градски". Ако на првиот меч со Победа влезот беше слободен и имаше околу 4.000 гледачи, в сабота на дербито со Пелистер билетот ќе чини симболични 60 денари. Со тој билет секој гледач ќе добие гратис знаменце со лого и боите на клубот, како и освежувач за автомобил.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 13:48
a ke bide zestoko vo Gradski
 
sekogas imalase atmosfera megu ovie dve ekipi
 
 
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 22:12
Jasno Komiti ke grmat

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2008 во 19:41
ОД ТАБОРОТ НА "ЦРВЕНО - ЦРНИТЕ" ЗА УТРЕШНИОТ МЕЧ СО "ГИПСАРИТЕ" СЕ НАЈАВУВА НОВ ТРИУМФ И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА

Вардар има лек за "бункерот" на Ренова

*Стручниот штаб на Вардар нема да менува ништо во формацијата и составот за мечот со Ренова, единствено настапот на стоперот Ковачевиќ е под голем знак прашалник

Утре, на "Градски" Вардар во третиот натпревар на свој терен и трет во оваа сезона ќе оди на трета победа. По уверливите триумфи над Победа и Пелистер (со по 3:0) "црвено - црните" ќе ја нагостат Ренова, екипа која важи според имињата на играчите, финансиската стабилност на клубот и амбициите за една од нашите најдобри во Првата лига. "Гипсарите" во минатите две сезони беа традиционално најнезгодиот ривал за Вардар. Можеби дојде времето за наплата на долговите.

Во текот на вчерашниот ден стручниот штаб заедно со играчите гледаа касети од двата меча со Победа и Пелистер. И покрај победите имаше грешки па затоа Ратко Достаниќ со својот помошник Жикица Тасевски инсистираше истите да им се укажат на фудбалерите со цел тие да не се повторуваат на следните мечеви. Исто така стручниот штаб на Вардар има информации дека Ренова утре, најверојатно, ќе игра со засилена одбрана, т.н. "бункер" со намера да остане непоразена, поточно да изненади со освојување на еден бод.

Токму затоа Вардар се подготвува за игра против класична одбранбена формација, со намера исто така да се стопираат евентуалните контранапади од кои Ренова очекува многу.

Стручниот штаб на "црвено - црните" нема да менува ништо во формацијата (значи Достаниќ ќе игра најмалку со двајца класични напаѓачи) и составот кој го понесе главниот товар на претходните две средби. Можеби ќе менува нешто во стоперската линија зошто настапот на робусниот Жељко Ковачевиќ поради повреда на ложата е под голем знак прашалник. На полесни повреди се жалат и Драган Љубисављевиќ, потоа Дени Масев и Артим Положани, но како што стојат работите на еден ден пред мечот се очекува сите тројца да бидат стартери. Кога сме кај оние што се жалат на повреди е и Никола Ѓошевски, кој уште нема минутажа во новата сезона. Достаниќ на него ќе може да смета најверојатно на средбата со Милано во Куманово, меч кој се игра на 14 идниот месец.

Билетот повторно ќе чини 60 денари

Од канцеларијата на Вардар сме информирани дека билетот за мечот со Ренова исто како со Пелистер ќе биде 60 денари. Оваа цена која навистина е симболична е со цел и на овој натпревар (впрочем како што беше со Победа и Пелистер) да има што поголем број љубители на фудбалот на нашиот најголем стадион. Со секој билет секој гледач повторно ќе добие и гратис знаменце со логото на Вардар, како и освежувач за автомобил.

Клубот ги прифаќа препораките на навивачите

Вардар се реши (таа одлука е на клупско ниво, значи мислење за тоа дадоа сите структури во клубот вклучувајќи ги и луѓето од стручниот штаб како и фудбалерите) кога е домаќин средбите да ги игра в сабота. Со тоа не се согласија дел од навивачите на нашиот најтрофеен клуб, особено оние од постарата генерација кои најчесто преку писма до медиумите па и со лични препораки до челниците на клубот побараа средбите на Вардар да се играат в недела. Сите укажувања и препораки клубот ги зеде предвид и сепак остана на одлуката (барем оваа полусезона) натпреварите како домаќини да ги играат в сабота. За во иднина ќе се размислува во зимската пауза.


VARDAR IMA LEK ZA BUNKEROT NA RENOVA, ALI DALI IMA RENOVA LEK ZA TOPOVITE NA VARDAR

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 17:57
Vardar - Renova   3 : 1




Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 01:41
Вардар - Ренова 3:1

Вардар триумфално го отвори четвртото коло од најсилната македонска фудбалска лига. На „Градски“ 3:1 против Ренова, за најубедлив старт на сезоната во последните шест години. Трет пат дома, трет пат постигна три гола, но овој пат и прими еден гол.

Ренова безболно ја поднесуваше надмоќноста на домаќините се до судиското продолжение од првото полувреме кога Муса Али го отвори резултатот.

Во 63-та минута Милосављевиќ зголеми на 2:0, а Петров не почека ни 10 минути за да ги тргне дилемите околу победникот.

Почесниот гол за гостите го постигна Емини од удар од белата точка на 5 минути до крајот откако Вајс направи прекршок во казнениот простор.

Комплетното четврто коло на програмата е утре од 16 часот. Најинтересен е дуелот во Битола меѓу Пелистер и Работнички, натпревар кој ќе можете да го проследите во директен пренос на програмата на А2.

Македонија Ѓорче Петров му гостува на Силекс, во Прилеп играат Победа и Напредок, а во Скопје новајлиите Металург и Хоризонт Туново. Слободен е тимот на Милано.


Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 02:06
bese palen albansko zname
 
taka bravo
 
samo napred
 
bas sakam nekogas da ve vidu na tetovo ili vo Kumanovo (koga ke igra Baskimi) pa da gledam kako palete zname
 
 
i jas mozam vo podrum da pallam sve sto e mozno
 
 
Samo da vi kazam deka ke imate replika vo mecot
 ALBANIJA-SVEDSKA
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 02:13
добро ние не палевме шо тука истураш гнев? ај ти се молам кам даун
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 17:29
Вардар дели тројки!!!

ВАРДАР - РЕНОВА 3:1 (1:0)

Градски стадион во Скопје. Гледачи: 2.500. Судија: Зоран Петковски (Велес). Помошници: Горан Манасиев и Петар Новачев (Велес). Делегат: Гоце Цветановски (Д. Хисар). Ж. Картони: Станишиќ (ВАР), Иг. Стојанов, Мемеди, Деспотовски, Али (РЕН). Стрелци: Муса Али 45+1', Милисављевиќ 63', Петров 71' (ВАР), Емини (п) 85' (РЕН).

Играч на натпреварот: Немања Милисављевиќ.

ВАРДАР - РЕНОВА

1 корнери 4

10/6 удари/во 3/1

17 прекршоци 21

4 офсајди 1

/ пенали 1/1

1 ж. картони 4

Кон врв
Red`Black Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 845
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Red`Black Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2008 во 02:03

dobro ke ve pozdravam

vas dvajca u ponedelnik posle mecot
Albanija - Svedska
 
bidejki jas ke idam tamu
i ke vi repliciram
 
mozete i direkno na alsat-m da go prosledete premierata
i replikata sto go sakate mnogu
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 16:27
Достаниќ: "Вардар има лек за сe"

* "Без разлика што н$ очекува првото гостување, и тоа повеќе од тешко против Милано, ние во остварувањето на шампионските амбиции секако располагаме со сите тактички варијанти, размислувајќи само на позитивен резултат", вели стратегот на Вардар

Паузата поради репрезентативните активности комплетно искористена само за ново прегрупирање на вардаровата машинерија... По извонредниот старт во новиот шампионат "црвено-црните", конечно, напуштајќи го својот "Градски" в недела го очекуваат првото гостување, и тоа на можеби за нив најжешкиот противнички терен, против Милано во Куманово.

"Вардарците" пред своите навивачи во првите три кола забележаа исто толку убедливи победи со по три гола во спротивните мрежи. Промени не најавуваат ниту за гостувањата...

"Не, зошто би имало промени. Размислувањата, филозофијата на игра не ги менуваме без разлика дали пред нашите навивачи или во гости", вели шефот на стручниот штаб, Ратко Достаниќ, веднаш дополнувајќи:

"Без разлика што н$ очекува првото гостување, и тоа повеќе од тешко, против Милано, ние сме подготвени за предизвикот. Знаеме дека н$ очекува силен противник желен за триумф. Нема што би н$ изненадило. Најважно е фудбалерите физички и психички да бидат подготвени, и да одговорат на договорот".

Офанзивата е новото лице на Вардар во новата сезона. Сепак, дуелот се еден од најголемите конк*ренти за титулата без сомнение може да "влече" и позатворена варијанта.


"Вардар секогаш размислува на победа. Тоа мора да го носи во себе. Во остварувањето на шампионските амбиции секако располагаме со сите тактички варијанти, но победите јасно е дека се реализираат единствено со офанзивна игра", истакнува Достаниќ, кој конечно од вчера може да смета и на својот комплетен состав по приклучувањето и на тројцата репрезентативци Пачовски, Вајс и Положани, но и враќањето на повредените.

"Најважно е што сите сме сега на собир, фудбалерите со нова мотивација. Сега сме комплетни, овие два-три дена ни преостануваат финалните подготовки пред новото продолжение во домашната трка", вели Достаниќ.



Ковачевиќ и Станишиќ со надминати повреди

Двајцата стопери Лазар Станишиќ и Жељко Ковачевиќ ги надминаа проблемите со повредите па сега се на располагање на стручниот штаб. Мали проблеми со повреда изминатава недела имаше и напаѓачот Александар Бајевски, меѓутоа по само еден ден пауза веднаш беше во стројот на Достаниќ.

"Ќе видиме овие денови низ тренинзите колку ќе може Станишиќ и Ковачевиќ да одговорат на задачите, па ќе одлучиме дали ќе бидат во составот за Куманово", вели тренерот на "црвено-црните".

Враќање на местото на "срамот"

Новиот Вардар на првото свое гостување во новата сезона се враќа на местото на кое најтрофејниот македонски клуб го доживеа најголемиот срам во својата историја.

Сосема други "вардарци" сега ќе мора да го бришат срамот од минатата сезона кога младите вардарови фудбалери во одбрана на честа на својот клуб, откако 15 првотимци штрајкувајќи одбија настап, неизбежно не по своја желба или вина настапија и загубија убедливи 9:1 од Милано.

Сега "вардарците" неизбежно посакуваат неутрализација на тие девет погодоци.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2008 во 15:49
Milano - Vardar 0 : 1    6min Jancevski



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,424 секунди.