Испечати | Затвори го прозорот

Црвено - црни новости

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Фудбал
Опис на форумот: Лига на шампиони, првенства, репрезентации...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14080
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 14:16
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Црвено - црни новости
Постирано од: La Ninja
Наслов: Црвено - црни новости
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 17:10
Оваа тема нека е за новостите околу Ф.К. Вардар....
За фановите и редовните навивачи на нашите црвено-црни претставници.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 17:11

ВО БЕЛГИЈА ПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВИОТ ШЕФ НА "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ"

Јаневски: Емоциите работат за Вардар!!!

*"Добив понуда а конечниот одговор од двете страни ќе биде до утре. Уште кога заминав од Вардар си ветив дека еден ден ќе се вратам", коментира нашиот стручњак по состанокот со Коста Костовски

Златното вардарово име Чеде Јаневски е првиот пик за тренерската клупа на "црвено-црните" а вчера и официјално дојде до средба на тренерот со Коста Костовски. Средбата се одржа во Белгија каде двете страни имаа состанок кој траеше околу 4 часа а по истата стана јасно дека 99% нашето познато тренерско име ќе го прифати предизвикот и ќе му се врати на својот Вардар.

"Ја добив понудата од Вардар. Уште кога заминав си ветив дека еден ден ќе се вратам", коментира Чеде Јаневски во својот коментар за средбата со Коста Костовски.

"Двете страни одлучивме конечната одлука да биде донесена до утре. Ова е голем предизвик и работа за која треба малку време за размислување. Ме радува тоа што еве се појавија луѓе и екипа на фудбалски работници кои имаат визија и амбиции да ја вратат старата слава на гордоста во Македонија. Јас би бил пресреќен доколку и јас бидам дел од таа екипа. Вардар е Вардар и тоа не е мал предизвик без разлика на тоа што би се вратил од Белгија во Македонија. Кај мене емоциите работат за Вардар и добро знам што направија новите луѓе со Работнички К. Станува збор за сериозен план, сериозни луѓе и сериозна понуда", изјавува Јаневски кој не сакаше да дава подетални информации околу разговорот.

"Да почекаме. Прво нека биде се официјално а потоа коментари околу екипата, засилувања, амбициите... Јас сум слободен тренер а на Вардар му треба тренер. Коцките се склопуваат а и условите кои ми се понудени се прифатливи но само за Вардар. Сепак да оставиме да биде се официјално а потоа ќе дадаве подетални коментари", беше ставот на Јаневски кој со Коста Костовски се разделиле синоќа околу 20 часот со зборовите: "Ќе се чуеме и се гледаме во Скопје".

Средбата со Чеде Јаневски беше неколку часа по промоцијата на Ндерим Неџипи во Лирс. За време на истата Коста Костовски ни даде кус коментар:

"Разговарамвме со Јаневски но оставивме понудата да преноќи па потоа да се донесе конечната одлука".

Чеде Јаневски би можел до петок да ја има промоцијата во Вардар. Сепак никој барем засега не коментира дали со него Работнички К. би настапувал низ квалификациските кола од Лигата на шампионите. Правните служби треба да најдат решение како во текот на септември ќе се случи преселбата од Работнички К. во Вардар иако е јасно дека сите шеми ќе бидат обелодениети откако ќе се најде нов тренер и откако ќе почнат подготовките.

Според наши извори денеска во Вардар очекуваат позитивен одговор од Чеде Јаневски но исто така денеска е можна средба на членициоте на "црвено-црните" и со Ратко Достаниќ, тренерот од Србија.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 17:11
Понуда која не се одбива

Дознаваме дека понудата од Вардар до Чеде Јаневски е одлучна и од финансиска гледна точка тоа е најголемата цифра која би ја добил тренер за работа во клуб во Македонија. Тоа се само најавите иако конкретната цифра не се обелоденува но неофицијално станува збор за месечна плата од 8.000 евра. За повеќе пари во нашиот фудбал работи само селекторот Среќко Катанец кој има месечна заработувачка од околу 15.000 евра.

Сепак останува денешниоит ден да го даде конечниот одговор на прашањето дали Чеде Јаневски ќе ја прифати понудата од Вардар.

Неопходни офанзивец и играч за врска

Покрај комбинацијата со актуелните фудбалери од Работнички и Вардар, кои во следната сезона со трансферот на новиот финансиер ќе треба да го носат црвено-црниот дрес, од новото раководство на "вардарци" за време на преодниот рок силно ќе атакуваат и на засилувања од надвор кои ќе треба да ги пополнат празнините по заминувањата на дел од играчите.

Активностите, според размислувањата, ќе бидат насочени за пополнување на местото на Ндерим Неџипи, кој кариерата ја продолжува во белгискиот Лирс, но и офанзивната позиција.

Како што е познато, меѓу желбите на раководството на "црвено-црните" се Артим Положани, Тони Мегленски, но и репрезентативниот голгетер Аце Стојков.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 11.Јуни.2008 во 17:29
Интервју: ДАРКО ПАНЧЕВ, ЛЕГЕНДА НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ
Ја продолжуваме битката за Вардар

http://novamakedonija.com.mk/DesktopDef%20...%20leID=56377 - http://novamakedonija.com.mk/DesktopDef ... leID=56377

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Јуни.2008 во 15:03
http://utrinski.com.mk/?ItemID=1F58000A%20...%2022C08CF733 - http://utrinski.com.mk/?ItemID=1F58000A ... 22C08CF733
Србинот Достаниќ нов тренер на Вардар
Ексфудбалерот на Црвена звезда имал помали побарувања од Јаневски

...Неговата промоција ќе се изврши в понеделник во 12 часот во просториите на Еуростандард банка, кога ќе им биде претставен на новинарите. Истиот ден тој ќе ја изврши и прозивката на фудбалерите на Работнички Кометал, бидејќи се' додека овој клуб учествува во квалификациите за Лигата на шампионите, тој во исто време ќе биде и советник и ќе му помага во работата на Жикица Тасевски, кој ќе ги води романтичарите на европската сцена. Но, Достаниќ и официјално ќе биде тренер на Вардар заедно со младиот тренер од Белград, Спасиќ, и со Жикица Тасевски...

...Ратко Достаниќ во наредните неколку дена ќе го скенира сегашниот играчки фонд на Работничи и ќе донесе одлука кои од играчите ќе му се приклучат на Вардар во новата сезона. Дознаваме дека е донесена одлука од сегашниот тим на Вардар да бидат задржани Брага, Мојсов, Емрулаху, Петров, Пеев и Ејупи, заедно со играчите од подмладокот кои играа на последните првенствени натпревари. Сите други се ставени на трансфер-листа, и тоа голманите Јорде Георгиевски и Богатинов, потоа Секуловски, Перендија, Димче Ристевски, Борче Ристевски, Бојовиќ и Бразилците Де Франка и Карлос...

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 16.Јуни.2008 во 18:33
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" СО НОВОТО РАКОВОДСТВО СТАРТУВАА И ВО ПОДНОВУВАЊЕТО НА ИГРАЧКИТЕ РЕДОВИ

Положани и Мегленски први засилувања!

http://www.sport.com.mk/?ItemID=91FECE942E1C5F41B8421DE2FE395412 - http://www.sport.com.mk/?ItemID=91FECE942E1C5F41B8421DE2FE395412

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 17.Јуни.2008 во 19:21
РАТКО ДОСТАНИЌ ПРОМОВИРАН НА ФУНКЦИЈАТА ШЕФ НА СТРУЧЕН ШТАБ НА ВАРДАР

Атак на двојна круна

http://www.sport.com.mk/?ItemID=77790E1BB5D9B547AAB1210993D0BBB9 - http://www.sport.com.mk/?ItemID=77790E1BB5D9B547AAB1210993D0BBB9

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:09

ВЕТЕРАНОТ ИМА НОВ КЛУБ И ТОА НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Шаќири во Азербејџан за 300.000 долари

*Карабах од Баку е новиот клуб на нашиот поранешен капитен

Артим Шаќири (35), потпиша двегодишен договор со азербејџанскиот клуб Карабах од Баку за годишна заработувачка од 300.000 долари. Тој вчера беше промовиран пред медиумите како најголеми засилување за оваа екипа во пресрет на новата сезона.

"Среќен сум што дојдов тука. Добив одлични вести за вашиот клуб од Ѓоко Хаџиевски кој е на клупата на ФК Баку. Доаѓам за успеси и мислам дека ќе се бориме за високи дострели", кажа Шаќири на прес конференцијата за време на неговата промоција како нов член на Карабах. Тој е најавен како човекот кој долги години бил капитен на Македонија и предводникот на националниот тим во успесите со Англија.

"Ветувам дека ќе дадам се од себе. Ми требаат добри натпревари за да се вратам во националниот тим на Македонија. Мислам дека нема да имам проблем со тоа што дојдов во Азербејџан", додава поранешниот капитен на нашиот национален тим кој по настапите во Халмштад, Тенис Борусија, Хит Горица, Коротан, Малатија, ЦСКА, Вест Бромвич, Интер Турку, Алборг, Вадуз и Беса се одлучи кариерата да ја продолжи во екипа од Азербејџан.



Сега Христов е на ред

Идната недела во Азербејџан кариерата треба да ја продолжи уште едно наше познато фудбалско име. Ѓорѓи Христов веќе го најавивме како засилување за ФК Баку на Ѓоко Хаџиевски. Доколку биде се како што треба новата сезона во Азербејџан ќе биде мноигу интересна затоа што Христов против Шаќири ќе се борат за водечките позиции во Азербејџан. Тоа се двајцата најдобри стрелци во нашиот национален тим.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 19.Јуни.2008 во 17:10

КОМИСИЈА ЗА МОЛБИ И ЖАЛБИ НА ФФМ

Ѓорчепетровци без 5000 евра

На вчерашната седница на Комисијата за молби и жалби на ФФМ на ударно место беше маратонскиот случај кој, за жал, досега немаше епилог на релација Македонија ЃП и фудбалерот Благој Љамчевски, околу раскин на договорот дали на штета на фудбалерот или на клубот.

Жалбата против одлуката на Дисцилинската комисија при ФК Македонија ЃП поднесена од фудбалерот Благој Љамчевски беше уважена во целост. Со тоа комплетно се одбива одлуката на Дисциплинската комисија на клубот за раскин на професионалниот договорот на штета на фудбалерот и парична казна од 5000 евра.

Фудбалерите Сали Ерсен (Милано) и Филип Петров (Вардар) го повлекоа претходно поднесеното барање до комисијата за раскин на професионалниот договорот на штета на клубот.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 23.Јуни.2008 во 10:31
Nesto slusam se suska megu lugevo deka Hristov i Sedlovski sakale da gi donesat u Vardar..t.e se pregovaralo,ali kao demek use ne javno..trifunco odma se faka za rabota,ne ostava niso na slucajot..


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 23.Јуни.2008 во 20:45
НОВИОТ 17. ШАМПИОНАТ ПОЧНУВА СО ГОЛЕМОТО ДЕРБИ НА "ГРАДСКИ" НА 3 АВГУСТ СО ДУЕЛОТ НА НЕКОГАШНИТЕ ПРВАЦИ

Вардар - Победа на стартот

*На 3 август, на "Градски", со почеток во 17 часот новата сезона ја "отвораат" Вардар и Победа, шампионот Работнички ќе гостува во Кичево

Ждрепката која се одржа завчера во хотелот "Континентал" сакаше новата 17. сезона по ред да ја "отворат" Вардар и Победа на "Градски" во Скопје, на 3 август, со почеток во 17 часот. "Новиот" Вардар, со новиот спонзор и новиот тренер кој во новата сезона влегува како еден од најсериозните фаворити за титулата веднаш уште во 1. коло ќе има можност да ја увери нашата фудбалска јавност во својот квалитет.

Работнички, актуелниот шампион, својата одбрана на титулата ќе ја почне со мечот против Напредок во Кичево. Милано дома го пречекува новиот прволигаш Металург, Пелистер, пак, својата увертира ќе ја има во Куманово каде му гостува на тимот на Башкими. Нашиот претставник во Интер - тото купот, тимот на Ренова, ќе игра дома во Тетово против Силекс, а "лавовите", пак, во Ѓорче Петров го пречекуваат новиот прволигаш Хоризонт Турново.

Интересно беше за време на ждрепката затоа што за Вардар "влечеше" новиот спонзор и с$ уште актуелен потпретседател на Работнички Коста Костовски, додека, пак, за "романтичарите" двојките ги "влечеше" секретарот на шампионот Ѓоко Стојановски. Кога сме кај овие две екипи да кажеме дека првото одмерување на силите ќе го имаат во рамките на 9. коло (19.10.2008), со почеток во 14 часот, секако на "Градски" кога Работнички го пречекува Вардар.



-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 16:30

РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ НА ГАНА И НИГЕРИЈА ЌЕ ГИ ОСВЕЖУВААТ РЕДОВИТЕ НА НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ

Иди Баба од Гана во нападот на Вардар!

* Покрај ангажманот на 26-годишниот Ганец поранешен член на Ахен и Макаби Тел Авив, и младинскиот репрезентативец на Нигерија, Метју Ифеани ќе биде на проба меѓу "црвено-црните"

Поранешниот младински репрезентативец на Гана, Иди Баба треба да биде новото освежување во напаѓачките редови на најтрофејниот македонски клуб на патот кон остварувањето на новите шампионски амбиции. Покрај Иди Баба "вардарците", кои од вчера се наоѓаат на подготовки на Златибор, наредниве денови треба да добијат уште еден фудбалер од африканскиот континент, младинскиот репрезентативец на Нигерија, Метју Ифеани.

"И двајцата фудбалери од Гана, односно Нигерија до крајот на месецов очекуваме да се приклучат на подготовките на тимот на Златибор. Се работи за фудбалери кои играат во нападот, односно средниот ред", ни ја потврди вчера информацијата за новите ангажмани и Дејан Чекаров од раководството на Вардар.

Според најавите, 26-годишниот напаѓач Иди Баба сосема извесно, согласно препораките и сопственото фудбалско минато, треба веднаш да биде ангажиран во редовите на "црвено-црните". Се работи за офанзивец кој бил член на младинската репрезентација на Гана, а во својата кариера претходно на европскиот континент настапувал и за германскиот второлигаш Алеманија Ахен, но и за еден од најдобрите израелски клубови, Макаби Тел Авив.

Иди Баба во периодот од 2000 до 2003 година кога го носел дресот на Алеманија Ахен на вкупно 67 официјални натпревари постигнал 38 погодоци за својот тим. Од 2003 до 2005 година е член на Макаби Тел Авив, а потоа по малезискиот Перак се враќа во својата земја од каде, пак, сега се наоѓа пред трансфер во нашиот најтрофеен клуб.

За разлика од Иди Баба, 20-годишниот Нигериец Метју Ифеани, кој игра во средниот ред, е без позначајно клупско искуство, меѓутоа сепак и податокот што е член на младинската репрезентација на Нигерија веројатно укажува на извесните фудбалски квалитети. Ифеани, сепак, по приклучувањето на подготовките на Вардар ќе мине извесен период со црвено-црниот состав пред да следи и официјалниот потпис за негов ангажман во претстојната сезона.

По преземањето на Вардар од страна на групацијата "Гофи", односно Трифун и Коста Костовски, двајцата африкански фудбалери Иди Баба и Метју Ифеани треба да бидат новите засилувања на тимот од "Градски" по веќе реализираните трансфери на Тони Мегленски и репрезентативецот Артим Положани.

В. Булатовиќ

И двајцата ќе се приклучат на Златибор

И двете новонајавени засилување на "црвено-црните", Ганецот Иди Баба и Нигериецот Метју Ифеани на подготовките на тимот на Златибор треба да се приклучат до крајот на оваа недела.

Од вчера Вардар предводен од шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ веќе ги реализира подготовките на Златибор каде е планирано одигрување на три пријателски натпревари, со ОФК Београд (28 јуни), Будуќност и Зета. На Златибор отпатуваа вкупно 24 фудбалери, од кои 17 од минатогодишниот состав на шампионот Работнички К, пет од досегашниот состав на Вардар и новите имиња Тони Мегленски и Артим Положани.

КЛУБОТ И НАТАМУ ЌЕ СМЕТА НА СВОИТЕ НАДЕЖИ КОИ ЌЕ БИДАТ ОТСТАПЕНИ ВО РАБОТНИЧКИ

Младите "вардарци" на "калење"

Од новото раководство на Вардар потенцираат дека и натаму ќе сметаат на своите млади фудбалери кои го понесоа комплетниот товар во последните три кола од минатогодишниот шампионат, откако првотимците се одлучија да ги бојкотираат официјалните натпревари, при што со единствена цел добивање што поголема минутажа ќе бидат понудени за отстапница во Работнички или во некој друг клуб од домашната Прва лига.

"Подготвен е список на сите млади фудбалери кои ќе имаат разговори за отстапување во Работнички. Доколку не се најде заеднички јазик со Работнички, околу финансии или било што друго, тогаш ќе следи позајмица во некој друг клуб, се со цел да имаат што поголема минутажа а ќе бидат под наше будно око", велат од раководството на Вардар.

Иван Ковачевски, Дарко Стојанов, Трајче Стојковски, Петар Стефановски, Марко Костенцовски, Мартин Јанушев, Ниметуља Ајдари заедно со Ангелковски, Крстиќ, Стојановски понесоа огромна тежина изминатите два месеци во одбрана на црвено-црниот дрес, оставајќи печат дека сепак се работи за фудбалери на кои мора да се смета во иднина. И минатогодишните првотимци Борче Ристовски, Филип Спасески, Пеце Коруновски, според најавите ќе бидат позајмени на Работнички.

Од 16 јули во Охрид

По враќањето од Златибор на 5 јули, фудбалерите на Вардар од 16. до 26 јули ќе реализираат уште едни подготовки надвор од Скопје, овој пат во нашиот најголем туристички центар Охрид.

Неопходноста од нови подготовки надвор од главниот град доаѓа откако во моментите на трансформација "црвено-црните" сепак малку порано го почнаа тренажниот процес за новата сезона.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 22:14
Vardar Shampion 08/09 !!!

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:03

ДОСЕГАШНИОТ СПОНЗОР НА ВАРДАР СЕ СЕЛИ ВО ПРИЛЕП

УФА Медија од денеска во Победа!?

*"Големи се шансите Слободан Вујчиќ да дојде во нашиот клуб", коментира Маријан Стојкоски, директорот на прилепчани

Многу мистерии преовладуваа околу судбината на Победа. Клубот зад себе ја имаше најлошата сезона, многу фудбалери поради финансиите си заминаа од екипата, а низ чаршијата со споменуваа еден куп комбинации околу тоа на кој начин ќе се спаси клубот од градот под Марковите кули. Сепак, добрата вест доаѓа во "пет до дванаесет". Денеска е стартот на подготовките во Победа, а од денеска во клубот се очекува и новиот спонзор. Нема дилеми дека тоа е УФА Медија и Слободан Брацо Вујчиќ. Тоа е спонзорот кој со години беше на чело на Вардар.

"Големи се шансите Слободан Брацо Вујчиќ да дојде во нашиот клуб. Со неговото спонзорство клубот ќе застане на здрави нозе и ќе ги има сите предуслови во новата сезона да атакува на највисоките позиции", кусо прокоментира Маријан Стојкоски, спортскиот дирекотор на прилепчани.

УФА Медија и Брацо се гледаат како спасители на Победа кои би му помогнале на Ацуле Забрчанец да излезе од кризата која го тресе клубот веќе подолго време. Веќе од поодамна пропаднаа сите најави дека Витаминка заедно со уште неколку други фирми од Прилеп ќе успеат да направат превласт.

Најавите велат дека Брацо со себе во Победа ќе ги донесе сите "бунтовници" од Вардар. Сите оние "негови" фудбалери од типот на Перендија, Бојовиќ, Секулоски...

Сепак, има и многу нејасни работи од типот како Брацо ќе функционира со Ацуле. Двајцата сакаат да газдуваат со клубот во кој речиси не остана ништо. Најдобрите фудбалери си заминаа па така летово ќе мора да се тргне речиси од "нула".

Меѓудругото со најавите за влез на познатиот германски ТВ концерн во Победа се потврдија најавите дека популарниот Брацо нема намера да го заборави македонскиот клупски фудбал. Го загуби Вардар па така сега мора да бара нова база, а Прилеп и Победа го имаат потребниот рејтинг иако главниот проблем е тоа што клубот не е од Скопје.



Брацо: Уште сум во трилема

Во текот на вчерашниот ден во телефонски разговор Слободан Брацо Вујичиќ ни изјави дека с$ уште не е 100% сугурно дека тој влегува со спонзорство во Победа.

"Точно е дека сакам да преземам еден клуб од Македонија. Но засега с$ уште нема одлука кој ќе биде тој клуб. Три клуба се во игра. Може да ви потврдам само дека еден од нив е Победа", ни изјави вчера Брацо Вујчиќ.

Не е тајна, и покрај тоа што Вујчиќ не сакаше да потенцира, дека останатите два клуба се второлигашот Локомотива, кој од поодамна живее и со извесна негова помош, но и Македонија ЃП.

Здравески е "бетониран"

Без разлика на тоа што доаѓа нов спонзор тренерот Николче Здравески е "бетонира" на својата функција. Тој денеска ќе ја врши прозивката и тој ќе бара од управата на клубот засилувања со кое екипата ќе може да се надева на подобри успеси во новата сезона. Мотив повеќе за сите во Победа е тоа што сезоната почнува со вечниот ривал Вардар.

Според најавите, и Ацуле и Брацо немале ништо против Здравески да остане на тренерската функција.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:04
ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" МАКСИМАЛНО АКТИВНИ УШТЕ ОД СТАРТОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА ЗЛАТИБОР

Се "скенира" секој дел од играта

* "Ги имаме максималните услови овде, на Златибор, за реализација на програмата од првата фаза на подготовки", вели помошниот тренер на Вардар, Жикица Тасевски

Максимално активно вардаровите фудбалери под раководство на шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ уште од самиот почеток ги стартуваа подготовките на Златибор.

Во очекување на пристигнувањето на двајцата нови африкански фудбалери 26-годишниот напаѓач Иди Баба од Гана и младинскиот репрезентативец на Нигерија, фудбалер од средниот ред, Метју Ифеани, кои по тест периодот треба да бидат ново освежување на "црвено-црните" редови, "вардарците" во базата на Златибор наидоа на одлични услови.

"Впечатокот на почетокот е одличен. Ги имаме максималните услови овде, на Златибор, за реализација на програмата од првата фаза на подготовки", вели помошниот тренер Жикица Тасевски, притоа дополнувајќи:

"Спортскиот центар во кој сме сместени ги има сите неопходни инфраструктурни услови, почнувајќи од фитнес центрите па с$ до двата фудбалски терени, за остварување на потцртаното".

Според програмата на Достаниќ, покрај двата тренинга, претпладневниот и вториот од 18:30 часот, во меѓувреме фудбалерите низ видеопроекции добиваат комплетни анализи за секој дел од играта.

Достаниќ на подготовките на Златибор има на располагање 24 фудбалери, а до крајот на неделата составот ќе биде дополнет и со Иди Баба и Метју Ифеани, кои во моментов ја докомплетираат неопходната документација пред приклучувањето на тимот. Од раководството на Вардар најавуваат и можност на проба да пристигнат двајца фудбалери од Србија, меѓутоа сето тоа во зависност и од договорот со Ратко Достаниќ, кој во моментов ја "скенира" неопходноста од пополнување на одредени позиции во составот.

За време на подготовките на Златибор "црвено-црните" планираа одигрување и на три пријателски натпревари, при што првиот е веќе закажан со ОФК Београд на 28 јуни, а се очекуваат дуели и со Партизан, Зета или Будуќност.



Вајс и Ковачевиќ под контрола на Далип

Фудбалерите од одбраната Мирослав Вајс и Жељко Ковачевиќ се единствените од составот на Златибор кои поради мали повреди тренинзите ги реализираат под специјална програма контролирани од страна на кондицискиот тренер Метин Далип.

Вајс по извршената атроскопија за време на паузата веќе полека се враќа во неопходниот ритам. Останите фудбалери се комплетно на располагање на шефот на стручниот штаб на Вардар, Ратко Достаниќ.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 17:51
Африканци пред портите на Вардар

Младинскиот репрезентативец на Гана, Иди Баба, кој деновиве треба да се појави во спортскиот центар на Златибор, најверојатно ќе биде првото посериозно странско засилување за Вардар. Оваа екипа веќе неколку дена се наоѓа на подготовки во овој спортски центар кај нашиот северен сосед, каде што отпатуваа 17, сега веќе поранешни фудбалери на шампионскиот тим на Работнички Кометал, и петмина вардарци, на кои им се приклучија и новаците Мегленски и Положани.

Фудбалерот од Гана од 2000 до 2003 година го носеше дресот на германскиот второлигаш Ахен за кој постигна 38 погодоци на 67 официјални натпревари. Следните две години овој фудбалер ги помина во Израел во редовите на Макаби од Тел Авив, од каде што по кратката одисеја во малезискиот фудбал се врати дома. Овој напаѓач, според последните сознанија и информации од канцеларијата на црвено-црните, веднаш ќе потпише договор со Вардар.

Вотриот црномурен фудбалер е Нигериецот Метју Ифеани, кој настапува во средниот ред и нема некое позначајно интернационално искуство. Токму затоа тој ќе биде на проба во Вардар, и доколку ги задоволи строгите критериуми на Стручниот штаб на тренерот Достаниќ и тој ќе потпише договор со црвено-црните.

На подготовките во Србија, Вардар ќе одигра три контролни средби. Првата е со тимот на ОФК Београд на 28 јуни, а потоа ќе следуваат мечевите со Будуќност и Зета од Голубовци.

-------------



Постирано од: da be
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 19:13
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Африканци пред портите на Вардар


црни новости

некоя црвена новост нема ли?

-------------
So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 19:28
Ke ti kazam koga ke ima ne se sekiraj

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 30.Јуни.2008 во 21:54
* "Црвено-црните", и покрај водството, со 2:1 загубија од српскиот прволигаш во натпревар кој беше само еден вид тренинг за избраниците на Достаниќ

ОФК БЕОГРАД - ВАРДАР 2:1 (2:1)

Игралиште од хотел "Швајцарија" на Златибор. Судија: Ненад Џокиќ (Србија). Стрелци: Мишан 31', Жеравица 39' (ОФК), Јанчевски 7' (В).

ОФК БЕОГРАД: Р. Илиќ, Бељиќ, Мрваљевиќ, Лазаревиќ, Волков, Адамовиќ, Мишан, Синчиќ, Касалица, Жеравица, Калуџеровиќ. Уште играа: Шаранов, Миловац, Марковски, И. Илиќ, Миленовиќ, Скопљак, Де Оливеира, Крстичиќ, Миловац, Милиќ, Караџиќ, Јелиќ.

ВАРДАР: Кметовски, Брага, Станишиќ, Ѓошевски, Божиновски, Глигоров, Мегленски, Јовановиќ, Масев, Положани, Јанчевски. Уште играа: Емурлаху, Аксентиев, Петров, Османи, Пеев, Најдовски и Јовановски


abe se gubi li od ovie !!!

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:13
ВАРДАРЦИ" ОД ЗЛАТИБОР ЌЕ СЕ ВРАТАТ СО УШТЕ ЕДНО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО НАПАДОТ

Младеновиќ ново име во Вардар!

* "По враќањето на тимот од Златибор и официјално ќе биде потпишан договорот со искусниот Ненад Младеновиќ кој претходно има настапувано и за белгискиот Гент и Металург Доњецк", ни изјави спортскиот директор на Вардар, Саше Милошевски

Вардаровата експедиција од подготовките на Златибор на 5 јули ќе се врати со уште едно засилување во нападот, искусниот српски офанзивец од редовите на ФК Смедерево, Ненад Младеновиќ.

И официјално, раководството на "црвено-црните" комплетно ги договори трансферните услови за доаѓањето на 31-годишниот Младеновиќ во вардаровиот дрес кој веќе се приклучи на составот на Ратко Достаниќ на подготовките на Златибор.

"Комплетно се е договорено Младеновиќ во следната сезона да го носи нашиот дрес", ни ја потврди информацијата и спортскиот директор на Вардар, Саше Милошевски, притоа дополнувајќи:

"Иако е сосема се јасно официјалниот договор со српскиот фудбалер ќе го потпишеме по враќањето на тимот од Златибор. Се работи за искусен, корпулентен но брз напаѓач кој сигурно ќе биде засилување во офанзивните редови".

Најтрофејниот македонски клуб на Ненад Младеновиќ ќе му биде осми клуб низ досегашната професионална кариера. Во Вардар доаѓа од Смедерево, а претходно во шампионатот на Србија има настапувано и за ОФК Београд (од 1997 до 1999 година), но и Обилиќ (од 1999 до 2002) каде три сезони беше најдобар стрелец. Својата интернационална кариера ја започнува во 2002 година минувајќи во редовите на украинскиот прволигаш Металург Доњецк каде останува три сезони, а по одличните настапи во Украина во 2005 година минува во редовите на еден од најдобрите белгиски клубови Гент каде настапува до 2007 година. Од 2007 година е во српскиот прволигаш Смедерево од каде една полусезона има минато и на позајмица во Ал Ахли.

Српскиот фудбалер вчера на Златибор требаше да ги реализира и првите тренинзи со новите вардарови соиграчи. Во моментов "вардарци" во нападот ги имаат и Бобан Јанчевски, Бурхан Емурлаху, Филип Петров, Музафер Ејупи и Немања Милисављевиќ.

Во клубот за престојната сезона странци се и Србите Жељко Ковачевиќ, Лазар Станишиќ, Немања Милисављевиќ и Иван Јовановиќ, како и крилниот дефанзивец, Нигериецот Адекунле Лукмон.

В.Булатовиќ

Поранешен репрезентативец на Србија

Новото засилување на Вардар, Ненад Младеновиќ (13.12.1976) е и поранешен репрезентативец на Србија.

Во биографијата на Младеновиќ зад неговото име се запишани и три официјални настапи во периодот од 2002 до 2003 во дресот на тогашната репрезентација на Југославија.

На пријателскиот натпревар на Југославија со Мексико во февруари 2002 година, настапил во составот заедно со Драгослав Јевриќ, Славиша Јокановиќ, Младен Крстајиќ, Синиша Михајловиќ, Владимир Југовиќ, Предраг Мијатовиќ, Саво Милошевиќ, Дејан Станковиќ, Матеја Кежман...

Во очекување на преговорите со Африканците

По ангажманот на Младеновиќ, според информациите од "Градски", неизвесно засега останува официјализирањето на договорите со двајцата претходно најавени африкански фудбалери, Иди Баба од Гана и Нигериецот Метју Ифеани.

Со оглед на големиот број странци во клубот, деновиве продолжуваат преговорите по што ќе биде дефинирано дали ќе има ангажирање и на нивните услуги.

"Продолжуваат преговорите со двајцата наведени Африканци. И покрај тоа што претходно го очекувавме нивното приклучување сепак, дополнително ќе биде донесена одлуката дали ќе следи официјален ангажман", вели Саше Милошевски.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 16:37
ВАРДАРОВИТЕ ФУДБАЛЕРИ КОИ БАРААТ РАСКИН НА ШТЕТА НА КЛУБ СЕ УШТЕ БЕЗ ДОКУМЕНТИ

Пролонгирана одлуката за 15 "вардарци"

* До крајот на неделава ќе мора да чекаат Георгиевски, Секуловски, Мојсов, Савиќ, Карлос, Ристевски и останатите од минатогодишниот состав на Вардар кои бараат исписница од клубот



Нема одлука ниту по вчерашниот состанок на Комисијата за молби и жалби при Фудбалската федерација на Македонија на барањата за раскин на договорите на штета на клуб поднесени од 15 фудбалери на Вардар кои беа дел од тимот во минатата сезона а на кои од страна на новото раководство нема да се смета за новата натпреварувачка година.

Комисијата, со образложение дека поради раководната смена во најтрофејниот македонски клуб но и суптилноста на материјата која се уште е со многу нејаснотии, најави докомплетирање на информациите за овој случај по што до крајот на неделава ќе биде донесена конечната одлука.

Од новото раководство на "црвено-црните" претходно најавија дека за новата сезона нема да сметаат на услугите на Георгиевски, Богатинов, Секуловски, Мојсов, Савиќ, Роберто Карлос, Ристевски, Фабио, Перендија, Леповиќ, Пименте Соуса..., кои минатата сезона беа стандардни првотимци на тимот, но во моментите на трансформација се одлучија поради, како што самите тврдеа неисплатена една плата, да ги бојкотираат официјалните натпревари на клубот а потоа поднесоа и барања за раскин на договорите на штета на клуб.

Во очекување на одлуката од ФФМ "отпишаните" вардарови фудбалери тренираат самоиницијативно паралелно и со обидите на поголемиот дел од нив да обезбедат интернационален ангажман за наредната сезона.

Инаку, на вчерашниот свој состанок Комисијата за молби и жалби не донесе одлука и околу барањата на осум фудбалери на Беласица, Стефан Петковски, Томе Пандев, Панче Христов, Зоран Начевски, Васко Георгиев, Трајко Робев, Томе Андреев и Горан Пројков, да се укине клупската дисциплинска казна од по шест месеци за секој фудбалер, со што би им се овозможило слободен настап за друг клуб. Вчера, се очекуваше да дојде до класично соочување со преставникот на Беласица, секретарот Славчо Тимов, меѓутоа истиот предходно даде изјава во која експлицитно бараше да се потврдат казните, па веднаш заминувајќи од седницата на Комисијата. И за овој случај Комисијата за молби и жалби при ФФМ не ја донесе одлуката одложувајќи тоа да биде рализирано во текот на оваа недела на својата редовна седница.


Борче Ристовски ги доби документите

Левокрилниот дефанзивец на "црвено-црните" Борче Ристовски од вчера е слободен фудбалер откако низ взаемен договор со раководството на тимот од "Градски" ги доби своите документи.

"Се договоривме со раководството да ги добијам документите по што слободно ќе може да ја променам средината во следната сезона", ни изјави вчера Борче Ристовски кој беше еден од ретките стандардни првотимци кои во финишот од минатогодишниот шампионат останаа верни на црвено-црните бои.

Ристовски е поранешен наш младински репрезентативец кој мина одлична сезона во Вардар потврдувајќи ги своите неспорни квалитети, меѓутоа сепак при прераспределбата на играчкиот кадар не се најде на списокот на новите финансиери на клубот. Претходно во Вардар мина од редовите на Македонија ЃП.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 16:59
Муса Али две години во Вардар

Довчерашнио член на Силекс Муса Али од вчера е фудбалер на Вардар. Тој потпиша двогодишен договор со "црвено-црните" и требаше да се вклучи на нивните подготовки во Златибор.
- Се работи за фудбалер кој настапува во шпицот на нападот, со што очекувам да ја засили конк*ренцијата во напаѓачката линија. Вчера се договоривме и со Србинот Ненад Младеновиќ, кој предходно го носеше дресот на белгискиот Гент и Металург од Доњецк. Него го има тренирано токму нашиот тренер Достаниќ - информира техничкиот директор на Вардар, Дејан Чекаров.
Предходно Вардар се засили со Артим Полжани и Тони Мегленски, како и со дури 14 фудбалери од Работнички.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Јули.2008 во 16:43

ФУДБАЛСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ОДОЛГОВЛЕКУВА СО РАСПРАВАТА ЗА БАРАЊЕТО НА ВАРДАР ЗА СУСПЕНЗИЈА НА 15 ФУДБАЛЕРИ

Повторно нема одлука за суспендираните

* "Би било голема грешка доколку ФФМ направи преседан во овој случај", вели спортскиот директор на Вардар, Саше Милошевски

ФФМ и натаму ги остава под знакот на неизвесност најтрофејниот македонски клуб но и 15-те се уште актуелни негови фудбалери повторно одложувајќи ја одлуката околу барањето на ФК Вардар за потврда на шестмесечната суспензија на играчите кои во мај оваа година го бојкотираа клубот.

Како што е познато "црвено-црните" на 16 мај доставија комплетна документација до ФФМ за суспензија на 15 фудбалери, меѓу кои Георгиевски, Богатинов, Перендија, Бојовиќ, Секуловски, Д. Ристевски, Станковиќ, Роберто Карлос, Леповиќ, Мојсов, Фабио, Савиќ и Пименте Соуса а кои во моментов се надвор од тренажниот процес на "црвено-црните", меѓутоа во само една недела од Комисијата за молби и жалби при ФФМ по вторпат го одлагаат донесувањето на конечната одлука овој пат за понеделник (7 јули).

"Нас не изненадува постојаното одлагање со оглед на тоа што согласно правно-регулативните рамки се е сосема јасно. Би било голема грешка доколку ФФМ направи преседан при еден ваков случај, и луѓето од Фудбалската федерација мислам дека се сосема свесни за тоа. Доколку не се потврдат суспензиите би се создал еден ланец во иднина група фудбалери да се договорат и да ги бојкотираат официјалните натпревари без притоа да сносат никаква санкции", вели спортскиот директор на Вардар, Саше Милошевски.

Инаку, наведените фудбалери по барањата на Вардар до ФФМ за нивна суспензија, минатиот месец покренале и сопствени барања до ФФМ за раскин на договорите на штета на клуб. Одолговлекувањето на одлуката дефинитивно не е од корист ниту на фудбалерите кои и натаму ги прати неизвесноста околу продолжувањето на кариерите. Деновиве тренираа самоиницијативно во Охрид и на игралиштето на второлигашот Локомотива во очекување на разврската. Отворено се шпекулира дека поголемиот дел од нив ќе завршат во прилепска Победа заедно со поранешниот финансиер на Вардар, Слободан Брацо Вујчиќ.

Од канцеларијата на "црвено-црните" очекувајќи ФФМ да ги потврди суспензиите, пак, потенцираат дека ќе може да реализираат трансфер но со соодветна отштета бидејќи околу тоа единствено се прашува Вардар со оглед на тоа што тие се под договор со тимот од "Градски".


МЛАДИОТ ВАРДАРЕЦ ЌЕ ГО ЗАОКРУЖИ СОСТАВОТ ЗА НОВАТА СЕЗОНА

И Дарко Стојанов во првиот тим


И младиот вардаров фудбалер, левокрилниот дефанзивец Дарко Стојанов ќе биде приклучен на првиот тим за наредната сезона на "црвено-црните".

18-годишниот Стојанов на составот на Ратко Достаниќ ќе се приклучи веднаш по враќањето од подготовките на Златибор.

"Со Дарко Стојанов дефинитивно го заокружуваме составот за следната сезона. Ни недостасуваше фудбалер на левата бековска позиција па откако го комплетиравме и тоа играчкиот кадар е дефиниран, без некои нови засилувања. Може единствено некои фудбалери да бидат отстапени на Работнички меѓутоа сето тоа ќе зависи од одлуката на Достаниќ", ни изјави спортскиот директор Саше Милошевски.

Дарко Стојанов е младински репрезентативец од вардаровата школа. Во финишот од сезоната беше дел од младите "црвено-црни" фудбалери кои го понесоа првенствениот товар по бојкотот на првотимците.

Утре против Будуќност на Златибор

"Вардарци" утре на Златибор ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар за време на првата фаза од летните подготовки. Противник на "црвено-црните" ќе биде еден од најдобрите црногорски клубови Будуќност од Подгороци. Во првиот контролен дуел на Златибор фудбалерите загубија од ОФК Београд со 2:1.

Веднаш по средбата со Будуќност составот на Ратко Достаниќ се враќа во Скопје, а од 16 јули предвидено е заминување во Охрид каде исто така се планирани два пријателски натпревари.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 15:49

ВАРДАР ПО ВРАЌАЊЕТО ОД ЗЛАТИБОР ЌЕ ОТСТАПУВА ФУДБАЛЕРИ НА РАБОТНИЧКИ ЗА НАСТАПИТЕ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Османи и Аксентиев остануваат "романтичари"

* "Од оние кои изминатиов период беа на подготовки на Златибор најверојатно во нашите редови ќе остане и Минас Османи, а се очекува договор и со напаѓачот Аксентиев", вели претседателот на Работнички, Драган Поповски

По враќањето на вардаровата експедиција викендов од подготовките на Златибор, денеска се очекува најпрво низ интерен разговор меѓу раководството и стручниот штаб на "црвено-црните", а потоа и во договор со управата на Работнички да биде познато кои од фудбалерите кои досега беа на располагање на Ратко Достаниќ сепак и во следната сезона ќе останат во редовите на "романтичарите".

"Денеска треба се да биде познато, бидејќи последниот збор секако го има Достаниќ околу тоа дали и натаму ќе смета на сите фудбалери или сепак некои ќе останат во Работнички", вели спортскиот директор на Вардар, Саше Милошевски.

Со најава дека во Работнички остануваат барем двајца фудбалери Минас Османи и Ефтим Аксентиев, вчера потенцираше и претседателот на Работнички, Драган Поповски.

"Иако се уште не е ништо дефинитивно бидејќи утре (н.з денеска) се ќе биде познато, сепак од оние кои изминатиов период беа на подготовки на Златибор најверојатно во нашите редови ќе остане и Минас Османи, а се очекува договор и со напаѓачот Аксентиев. Се работи за двајца квалитетни фудбалери кои сигурно ќе ни бидат неопходни за настапите во квалификациите од Лигата на шампионите, но и за домашното првенство", вели Поповски, веднаш дополнувајќи и околу очекувањата и за други фудбалери од редовите на новиот Вардар.

"Откако ќе разговараме и со раководството на Вардар верувам дека ќе добиеме уште некој фудбалер од 'црвено-црните' редови кои ќе ни помогнат за настапите на европската сцена. Што се однесува до новите имиња, денеска исто така треба и официјално да се потпише договор и со фудбалерот од средниот ред Конгоанецот Рок Итуа", не информираше во текот на вчерашниот ден Драган Поповски.

В. Булатовиќ

Бугаринот Маринов се нуди за тренер

Во текот на вчерашниот ден бугарските медиуми лиферуваа информација дека македонскиот шампион Работнички води преговори со бугарскиот стручњак Иван Маринов - Маслара.

"Нема никаква вистина околу тоа. Изминатиов период, во моментите на трансформација на клубот многу тренери се нудеа на наша адреса, меѓутоа ние имаме стручен штаб а може да ви кажам дека во моментов нема никакви разговори со Маринов", вели Поповски.

ВО РЕДОВИТЕ НА ШАМПИОНОТ ОЧЕКУВААТ И ДЕЛ ОД СУСПЕНДИРАНИТЕ "ВАРДАРЦИ"

Разговори со Секуловски и Ристевски

Во редовите на шампионите очекуваат засилувања и од некои од суспендираните вардарови фудбалери за чиј статус денеска треба да се изјасни Комисија за молби и жалби на ФФМ.

"Ние ја очекуваме одлуката од ФФМ дали ќе ја потврди суспензијата на фудбалерите кои во мај го бојкотираа настапот за Вардар. Каква и да биде одлуката на ФФМ, ние и околу ангажманот на некои од тие фудбалери ќе разговараме со актуелното раководство на Вардар", вели Поповски, притоа дополнувајќи и кои се за нив интересни фудбалери.

"Ние ќе разговараме со Владимир Секуловски и Димче Ристевски за кои постојат големи шанси да дојдат во нашите редови. Мислам дека за нив е можна преселбата, а за некои други од тие 13 фудбалери ќе видиме дополнително".

Инаку, во очекување на одлуката на Комисијата за молби и жалби суспендираните "вардарци" под финансиската капа на Слободан Брацо Вујчиќ самоиницијативно изминатиов период тренираа во Охрид.

И Муарем со шампионот

Муарем Муарем, фудбалскиот талент кој пред некој месец требаше да замине во таборот на турскиот Анкараспор, тренира со Работнички по што деновиве дефинитивно ќе треба да се знае дали ќе биде дел од редовите на шампионот за настапите во Лигата на шампионите против Интер Баку. Муарем е екс фудбалер на Слога и на Скопје и некогашен репрезентативец до 19 години.

"Да, во Работнички сум, таму тренирам но се уште не сме се договориле. Ќе седнеме деновиве и ќе разговараме па ќе видиме", истакна Муарем кој на завчерашната пријателска средба со Скопје беше стрелец на гол за "романтичарите".

ПОРАЗ И НА ВТОРИОТ ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР

Вардар немоќен и со Будуќност

БУДУЌНОСТ - ВАРДАР 2:0 (1:0)

Игралиште на хотел "Швајцарија" на Златибор. Гледачи: 150. Главен судија: Чедомир Милиќ (Севојно). Стрелци: Недељковиќ 40', П. Вукчевиќ 90' (Б).

БУДУЌНОСТ: Вујадиновиќ, Перишиќ, Џуришиќ, Вуковиќ, Секулиќ, Јововиќ, Чабаркапа, Видовиќ, Ваљехо, Шчепановиќ, Недељковиќ. Уште играа: Рајовиќ, Сантош, Густаво, Н.Вукчевиќ, Делиќ, П.Вукчевиќ, Николиќ, Беќирај, Шафранац, Аговиќ

ВАРДАР: Пачовски, Божиновски, Станишиќ, Ковачевиќ, Глигоров, Јовановиќ, Масев, Положани, Аксентиев, Милисављевиќ, Јанчевски. Уште играа: Кметовски, Брага, Пеев, Најдовски, Мегленски, Ејупи, Петров, Османи, Емурлаху

Со пораз и на вториот пријателски натпревар "црвено-црните" во саботата ги завршија подготовките на Златибор. И покрај тоа што загбија со 2:0 од црногорскиот шампион Будуќност, според извештаите од Златибор "вардарци" одиграле далеку поквалитетна средба во однос на онаа првата со ОФК Београд.

Фудбалерите на Будуќност до водство стигнаа во 40. минута во моментите на целосна доминација на нашиот најтрофеен клуб кога Иван Јовановиќ пропуштил одлична можност за погодок. Мора да се истакне дека и голманот Томе Пачовски во 15. минута одлично го одбранил ударот на Секулиќ.

Во вториот дел, низ рамноправна игра во која очигледен бил заморот од активните првични физички подготовки и кај двете екипи, Будуќност преку Вукчевиќ сосема на крај неочекувано стигна и до убедлив триумф.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 21:27
Вардарци чекаат казна поради штрајкот

Барем уште три дена ќе потрае одисејата на фудбалерите на Вардар, кои поради штрајк на натпреварот со Милано, кон крајот на минатата првенствена сезона беа суспендирани од тогашната клупска управа.

Сегашната, бара од ФФМ потврда на нивните суспензии, тие очекуваат раскин на договорите на штета на клубот, а неколку екипи со душа го чекаат расплетот да ги ангажираат.

Комисијата за молби и жалби во фудбалската федерација ја пролонгираше одлуката и за четврток закажа соочување меѓу официјален претставник на клубот и играчите што се под суспензија.

Најголем дел од нив, оние што се сметаат за лојални кон поранешниот спонзор на Вардар Слободан Вујчиќ, подолго време тренираа во Охрид, надевајќи се дека ќе добијат слобода од ФФМ и ќе можат да продолжат во друг тим.

Најпогоден е шампионот Работнички, кој се надеваше дека ќе се засили со некои од нив спроти дуелот со Интер Баку во квалификациите од Лигата на шампионите.

Проблемот е што „Дебармаалци“ се врзани со рок, па најдоцна утре мораат да го испратат во УЕФА дефинитивниот список играчи.

Затоа, во случајов се и најголеми губитници, што може да се рече и за останатите играчи, кои очекуваат наредна дестинација да им биде прилепска победа, во која од неодамна, барем за пред јавност, спонзор стана Токму Вујчиќ.

Двојниот првак и натаму кубури со финансии, па во ова виде можност значително да се засили со остатокот од екс - вардарците.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 09.Јули.2008 во 16:49

РАБОТНИЧКИ И ВАРДАР, СЕПАК, НЕ УСПЕАЈА ДА СЕ ДОГОВОРАТ ЗА "СУСПЕНДИРАНИТЕ", УШТЕ ПОМАЛКУ ЗА НЕКОЛКУ ЗВУЧНИ ИМИЊА ЗА ПОМОШ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Кметовски може, Станишиќ не...!!!

*Работнички побара 3-4 имиња од Вардар за помош во квалификациите во ЛШ. Соседот дозволи само голманот Љупчо Кметовски да замине кај шампионот за одредено време, додека за Станишиќ и другите не сакаше да ризикува од евентуални повреди

Нема спектакуларности во списокот на Работнички кој беше пратен до УЕФА синоќа нешто пред крајниот рок, 20 часот. Ниту Георгиевски, ниту Савиќ и др. "суспендирани" не успеаја да се "извлечат" од Вардар и да потпишат за Работнички. Соседот само попушти околу Владимир Секуловски, кој веднаш потпиша за шампионот и беше ставен на списокот. Во текот на денот се преговараше на релација Работнички - Вардар околу 3-4 фудбалери на Вардар кои би играле како позајмени во квалификациите во Лигата на шампионите за нашиот првак. Единствено "падна" договор за голманот Љупчо Кметовски иако беше блиску до договор и за можеби најдобриот стопер во Лигата Лазар Станишиќ. Но во последен момент Вардар не го пушти Србинот, очигледно дека не сакаше да ризикува од евентуална повреда.

Ново е тоа што вчера за Работнички потпишаа Димитрија Лазаревски, Александар Крстевски, Рок Итуа, Муарем Муарем, Минас Османи, Владимир Туневски и сите тие се ставени на списокот за квцалификациите во Лигата на шампионите. И покрај тоа што имаше преговори со Кемал Аломеровиќ и Кристијан Наумовски, сепак, и двајцата не се договорија со претседателот Драган Поповски и, најверојатно, кариерата ќе ја продолжат во странство.

Ете тоа е епилогот од последниот ден за пријавување на играчи до УЕФА. Не сакаме ништо да коментираме, да прејудицираме, да предвидуваме околу тоа каков резултат може да се очекува од нашиот шампион на двомечот со еден Интер Баку, кој носи засилувања од типот на Бјелкевиќ со десетгодишно искуство во тимот на Динамо Киев.

Љупчо Кметовски сигурно ќе биде на голот, за одбраната конк*рираат Адекунле Лукмон, Александар Крстевски, Димитрија Лазаревски, Владимир Секуловски и уште неколку младинци. Во средниот ред на списокот се Рок Итуа, Бојан Михајловиќ, Емир Шабани, Минас Османи, Влагојче Љамчевски, Менсур Идризи, Владимир Туневски. И на крај во нападот ќе играат Баже Илијоски, Крсте Велкоски, Ардијан Нухиу, Муарем Муарем.

З. Ѓоршоски

СПИСОКОТ НА РАБОТНИЧКИ ЗА ЛШ

Љупчо Кметовски

Адекунле Лукмон (Камерун)

Александар Крстевски

Димитрија Лазаревски

Рок Итуа (Конго)

Бојан Михајловиќ (Србија)

Муарем Муарем

Крсте Велкоски

Баже Илијоски

Емир Шабани

Минас Османи

Ардијан Нухиу

Филип Мишевски

Благојче Љамчевски

Менсур Идризи

Владимир Туневски

Владимир Секуловски

Горан Богдановиќ

Душко Трајчевски

Кирил Трајчевски

Тони Илиевски

Душко Ѓорѓевиќ

Од Скопје се тргнува в недела во 15 часот

Експедицијата на Работнички за Баку од Скопје тргнува в недела, во 15 часот. Во Истанбул се пристигнува по час и половина лет, за по мала пауза да се лета за Баку. Според планот во главниот град на Азербејџан "романтичарите" треба да слетаат околу 1 часот во понеделник. Првиот тренинг ќе го имаат истиот ден околу 18 часот, а вториот утредента во раните утрински часови (15 јули) кога и се игра натпреварот.

МИНАС ОСМАНИ:

Во Работнички повеќе ќе напредувам!

По десетдневна работа во Вардар младиот играч за врска во договор со раководството на "црвено - црните" сепак се враќа во Работнички.

"Оваа опција е најдобра за мене. Мислам дека во Работнички имам шанса повеќе да напредувам во мојата кариера и затоа е добро што вака излезе. Н$ чекаат евро настапите, како и долга сезона во нашиот шампионат и националниот куп", ни изјави Османи.

ШВАЈЦАРЦИ ЌЕ СУДАТ ВО БАКУ

Кој е Цирил Цимерман?

Швајцарците ќе ја делат правдата на првиот натпревар во Баку кој се игра на 15.07.2008 (вторник) во 18 часот по македонско време. Главен судија ќе биде Цирил Цимерман, додека негови помошници ќе бидат неговите сонародници Луис Фернандез и Томас Хабергер. Четврти е Алан Биери исто така од Швајцарија. За делегат на оваа средба од страна на УЕФА одреден е Жан - Франсоа Крук од (Белгија). Што се однесува, пак, до Цимерман, тој има 32 години и ова за него ќе биде деби натпревар на официјални натпревари во сениорска конк*ренција. Досега во својата интернационална кариера има судено на средбата Италија - Албанија за селекции од младинска категорија. Две години суди во Првата лига на Швајцарија, минатата сезона главен бил на 23 меча на кои покажал само три црвени картони.

Реваншот во Скопје, на 22 јули, во 17:30 часот

Работнички и Интер Баку својот реванш ќе го играат во Скопје, на 22.07.2008 (вторник). Овој меч се игра на "Градски", со почеток во 17:30 часот поради тоа што моментално на нашиот стадион нема рефлектори поради изградбата на северната трибина. Инаку, за реваншот дополнително ќе се одреди судиската четворка. Се знае само дека делегат ќе биде Габриел Вајс од Словачка.

ИНТЕР БАКУ ПРИЈАВИ 23 ФУДБАЛЕРИ

Ходукин со проверени сили

За разлика од Бобан Бабунски, кој имаше големи проблеми да го состави списокот на пријавени играчи до УЕФА за натпреварите од 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите, стратегот на Интер Баку, Валентин Ходукин, немаше проблеми. Тој за мечевите со Работнички смета на 23 проверени фудбалери. Мал проблем имаше само со Низами Гаџиев. Прво го стави на список, а потоа го тргна од него. Мало изненадување е изоставувањето на репрезентативниот голман Џахангир Хасанзаде. Веројатно станува збор за повреда.

ГОЛМАНИ: Илхан Хасанов, Жуниор Вилсон (Бра), Свилен Семенов (Буг).
ОДБРАНА: Самир Абасов, Данило Асиоли (Бра), Алијар Исмаилов (Рус), Милан Загорац (Срб), Владимир Левин, Хајал Мустафеев, Марко Петриќ (Срб).
СРЕДЕН РЕД: Горан Арнаут (Срб), Валентин Белкевиќ (Блр), Махмуд Гурбанов, Петар Златинов (Буг), Емин Имамалиев, Елвин Мамедов, Бранислав Червенко (Чеш), Олег Шишкин (Рус).
НАПАД: Хаган Мамедов, Валтер Гуглеман (Уру), Џавид Гусеинов, Роман Гузло, Асив Мамедов.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Јули.2008 во 14:24

ШЕСТМЕСЕЧЕН ПОЛИТИЧКИ СКАНДАЛ ВО ГРЦИЈА СО ТРАНСФЕРОТ НА НАШ ФУДБАЛЕР ОД ВАРДАР ВО ОФИ

ФИФА го спаси Македонецот во Грција

*Јове Костовски од екипата на ОФИ беше жртва на грчката тврдоглавост затоа што на меморандумот на ФФМ стои името "МАКЕДОНИЈА"

Речиси цела недела во Грција одредени медиуми "бомбардираа" за проблемите кои ги има фудбалерот Јове Костовски. За нашиот младински репрезентативец се наведуваше и тоа дека е една од најголемите жртви на спорот меѓу двете соседни земји околу проблемот со името. Јове Костовски цели 6 месеци немаше право да настапува за грчкиот тим ОФИ од Крит. Тој во зимскиот преоден рок замина кај нашиот јужен сосед кога беше еден од најдобрите стрелци во првиот дел од шампионатот.

Пред неколку дена новиот тренер на ОФИ нареди:

"Костовски е одличен играч. Тој ми треба!!! Каков е тоа спор кој нема врска со фудбалот".

Пишуваа медиумите и потсетија дека нивната фудбалска федерација не дава зелено светло за реализација на трансферот од едноставна причина што на меморандумот на ФФМ стои името "МАКЕДОНИЈА". Грчкиот фудбалски сојуз веќе со месеци нема никаква комуникација со нашата федерација токму поради спорниот меморандум и нашето уставно име.

"По серијата пишувања конечно и една добра вест за мене. ФИФА издаде провизорен сертификат па така сега ќе има право за настап за ОФИ. Ваквата вест дојде во текот на вчерашниот ден и тоа по 6 месеци чекање и обиди да се даде зелено светло за мојот трансфер. Сега повеќе нема проблеми и затоа ќе се фокусирам само кон настапите за мојот клуб", коментира Јове Костовски од Крит, нашиот младионски репрезентативец кој стана жртва на грчката тврдоглавост.

Грците не отстапуваат од својата политика во спортот и затоа летово се реализираа малку трансфери на наши фудбалери кај јужниот сосед.



Роберт Петров како Бугарин!!!

Чудно, но вистинито. Роберт Петров пред неколку дена направи трансфер во тимот на Пансериакос од Сер. Сепак, Грците не би биле Грци доколку повторно не прават провокации. Петров е најавен како фудбалер од Бугарија и никаде не споменуваат дека тој е стандарден репрезентативец на Македонија. Точно е дека фудбалерот има и пасош од Бугарија, но зошто секогаш Грците се тие кои во заштита на своите идеали не даваат правилни информации.

Среќа при својот трансфер во Грција ова лето имаше Илјами Халими. Тој од Азербејџан замина во тимот на Касторија па така нема проблем со издавањето на потребниот сертификат. Проблеми ова лето ќе имаат сите оние фудбалери кои од клубови од Македонија заминуваат во Грција.

 

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 19.Јули.2008 во 13:09
16 Juli. Prijatelska / Vardar - Sileks 2-0 natprevarot se igrase u ohrid.

-------------



Постирано од: da be
Датум на внесување: 19.Јули.2008 во 13:34
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:


Роберт Петров како Бугарин!!!

Чудно, но вистинито. Роберт Петров пред неколку дена направи трансфер во тимот на Пансериакос од Сер. Сепак, Грците не би биле Грци доколку повторно не прават провокации. Петров е најавен како фудбалер од Бугарија и никаде не споменуваат дека тој е стандарден репрезентативец на Македонија. Точно е дека фудбалерот има и пасош од Бугарија, но зошто секогаш Грците се тие кои во заштита на своите идеали не даваат правилни информации. 

 


а стига беизненадување


-------------
So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 30.Јули.2008 во 17:11

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЗАКОНИТОСТА ДОНЕСЕ ПРЕДЛОГ ОДЛУКИ ДО УО НА ФФМ ОКОЛУ СЛУЧАЈОТ "СУСПЕНДИРАНИ ВАРДАРЦИ"

Потврда на суспензиите, без казна од 5.000 евра!

* На вчерашниот состанок Комисијата донесе и мериторна конечна одлука да биде поништена одлуката на Комисијата за молби и жалби за раскин на договорите на штета на фудбалер, што значи по истекот на суспензиите за играчите повторно ќе важат професионалните договори со ФК Вардар

Комисијата за заштита на законитоста при ФФМ на вчерашниот свој долг, исцрпувачки состанок не го прифати барањето на суспендираните вардарови фудбалери донесувајќи предлог одлука до УО на ФФМ за потврда на шестмесечните суспензии изречени од дисциплинскиот орган на ФК Вардар, меѓутоа Комисијата ја укина паричната казна од 5.000 евра која претходно им беше потврдена и од Комисијата за молби и жалби.

"Донесовме предлог одлука до Управниот одбор да биде потврдена времената казна од шест месеци суспензија за фудбалерите, со оглед на тоа што согласно член 43 (точка 6) од Дисциплинскиот правилник на ФФМ обврска на професионалниот фудбалер е редовно да учествува на тренинзите и натпреварите на својот тим", ни изјави веднаш по вчерашниот состанок претседателот на Комисијата за заштита на законитоста, Драган Симоновски, притоа објаснувајќи ја и предлог одлуката за укинување на паричната казна.

"Предлог одлуката да се укине паричната казна од 5.000 евра, односно да не се верифицира одлуката на ФК Вардар, е поради тоа што според член 56, односно член 93 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ за таков прекршок не може кумулативна одлука од суспензија и парична казна. Има или суспензија или парична казна. Со оглед на тоа што суспензиите се оправдани, тогаш не е можна парична казна".

На вчерашниот состанок Комисијата, разгледувајќи го овој случај, донесе и мериторна конечна одлука да биде поништена одлуката на Комисијата за молби и жалби во делот во кој се потврдува раскин на договорите на штета на фудбалер. Тоа значи дека по истекот на суспензиите играчите нема да имаат аматерски статус во клубот, но повторно им се враќа статусот од пред 9-ти мај, фудбалери под професионални договори со ФК Вардар.

"Донесена е конечна одлука, бидејќи како Комисија имаме право да носиме и мериторни одлуки, да се поништи дел од одлуката за раскин на договорите на штета на фудбалер затоа што Дисциплинскиот орган на ФК Вардар кој ја донел таа одлука како таков орган не може да носи такви решенија. Одлука за раскин на договорите може да носи тој и што потпишал соодветен договор со фудбалерите, претседателот на клубот или од негова страна назначен заменик, а не дисциплинскиот орган кој сам и покренува постапка и сам одлучува по истата", истакнува Симоновски.

Според правно-регулативните рамки до истекот на суспензиите фудбалерите нема да може да бараат раскин на договорите на штета на клуб поради неплатени придонеси, бидејќи како што одлучи и Комисијата за молби и жалби нивните барања за раскин на договорите се поднесени подоцна од веќе изречените суспензии. Што значи Георгиевски, Богатинов, Перендија, Станковиќ, Леповиќ, Мојсов, Роберто Карлос, Савиќ и Фабио кои веќе и од Комисијата за заштита на законитоста имаат потврдени суспензии, како и Бојовиќ и Пименте Соуса кои поради неприсуство с$ уште немаат официјално но истото ги очекува, ќе мора во следниот период доколку сакаат веднаш да ги продолжат своите кариери сепак да најдат заеднички јазик со раководството на Вардар.


СТРУЧНИОТ ШТАБ ЌЕ ИМА ЛИЦЕНЦА ЗА СТАРТ НА ПРВЕНСТВОТО

Стратев ќе биде комплетно исплатен


Стручниот штаб на Вардар на чело со Ратко Достаниќ, сепак, ќе добијат лиценци од Тренерската организација за претстојното првенство откако од клубот до предвидениот рок во среда ќе го решат проблемот со неисплатените финансиски средства кон поранешниот тренер на Вардар, Зоран Стратев.

"На прагот сме на договор со Стратев. Ќе го заокружиме и ова прашање со тоа што ќе му ги исплатиме на поранешниот тренер шесте заостанати плати во висина од по 500 евра, со што до утре членовите на стручниот штаб ќе ги добијат неопходните лиценци", соопшти вчера Костовски.

И Иди Баба се приклучува

Во следните два дена на вардаровиот тим треба да се приклучи дефинитивно и нигерискиот напаѓач Иди Баба.

26-годишниот Нигериец, поранешен член на германскиот Алеманија Ахен и на израелскиот прволигаш Макаби Тел Авив, иако доаѓа со одлични препораки прво ќе треба да ги задоволи критериумите на стручниот штаб пред да го официјализира потписот со најтрофејниот македонски клуб.

ОД РАКОВОДСТВОТО НА "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" НАЈАВУВААТ ШЕСТМЕСЕЧЕН ДОГОВОР СО ДОСЕГАШНИОТ НАПАЃАЧ

Бајевски на тренинг на Вардар!


"Црвено-црните" фудбалери по враќањето од Охрид, предводени од Ратко Достаниќ, денеска на своето помошно игралиште го продолжуваат тренажниот процес пред стартот на новото првенство.

Продолжуваат, но и со еден од најдобрите наши напаѓачи Александар Бајевски кој според најавите од раководството на клубот од денеска ќе тренира со "црвено-црните" со варијанта во следните денови да потпише и шестмесечен договор.

"Бајевски се приклучува на тренинзите, а ние очекуваме пред крајот на преодниот рок да постигнеме договор и за шестмесечна соработка, со тоа што во јануари без никаков проблем доколку има желба да му овозможиме и реализација на трансфер во странство", н$ информираше потпретседателот на Вардар, Коста Костовски.

Александар Бајевски деновиве очекува и разврска околу извесен интернационален ангажман. Доколку не дојде до реализација, останува во својот клуб.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Август.2008 во 02:46

ПОРАНЕШНИТЕ "ЦРВЕНО-ЦРНИ" ФУДБАЛЕРИ СЕГА ВО ПАКЕТ НАЗАД ВО КЛУБОТ

За Вардар во полн сјај

* "Компарирајќи со периодот кога заминавме, сега се враќаме во клуб со далеку пореални амбиции за конечно освојување титула. Двојната круна е наш императив", велат Глигоров, Ѓошевски, Кметовски, Масев и новиот капитен Вајс

Пакет преземањето на раководството од страна на поранешните финансиери на македонскиот шампион со себе повторно во најтрофејниот наш клуб врати и пет поранешни "вардарци" кои на не баш славен начин го напуштаа клубот за сега, по неколку години пауза, конечно отворено да ги најават шампионските "црвено-црни" амбиции.

Никола Глигоров, Никола Ѓошевски, Љупчо Кметовски, Данчо Масев не така одамна беа дел од Вардар.

"Кога клубот беше оптоварен со серија проблеми заминав од Вардар. Сега е нешто сосема ново. Сега реално може да зборуваме за остварување на шампионските амбиции и конечно, по неколкугодишна пауза, радост за сите наши навивачи", вели Глигоров на кого се надоврзува размислувањето на членот на шампионската генерација од 2001 и 2002 година, Никола Ѓошевски.

"Моменталната ситуација ме потсетува на онаа од 2001 година, а не на онаа од пред две години пратена со серија проблеми. Има одлична атмосфера, организација и играчки состав за повторување на успесите од 2001 и 2002 година кога едноподруго бевме шампиони. Објективно гледано сигурен сум дека може да дојдеме до двојната титула", истакнува левокрилниот дефанзивец.

Најискусниот меѓу нив голманот Љупчо Кметовски дополнително оптимистички расположен.

"С$ освен двојна круна според мене би било неуспех. Ги имаме сите предуслови, па зошто да не бидеме отворено победнички расположени. Конечно, Вардар е прв кандидат за титула".

Меѓу "екс-вардарците" и момчето кое ги мина младинските школи во клубот а сега се враќа со капитенската лента, репрезентативецот Мирослав Вајс.

"Мислам дека Вардар оваа година мора да се покаже во полн сјај, онака како што посакуваат да го видат сите навивачи. Погледнато низ сите аспекти сигурно дека императивот е двојната круна. За тоа сме тука, без разлика на квалитетот, размислувањата или очекувањата на другите клубови во лигата", вели Вајс.

За вардаровите фудбалери вистинското лице на клубот, сепак, ќе треба да се демонстрира низ првенствените натпревари.

"Минавме напорни подготовки, меѓутоа с$ во интерес на тоа што следи. Тренинзите, пријателските натпревари се нешто сосема поразлично од официјалните дуели. На теренот ќе треба да ги оправдаме епитети први фаворити за титула, а ние сме подготвени за тоа", велат вардаровите фудбалери.


ПО ВЧЕРАШНИОТ СОСТАНОК СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ КОСТОВСКИ

Бајевски и дефинитивно останува


По вчерашниот состанок со потпретседателот Коста Костовски, напаѓачот на "црвено-црните" Александар Бајевски и дефинитивно останува во вардаровиот состав во следните шест месеци.

Договорено е Бајевски да биде дел од напаѓачките редови во следниот период, со тоа што доколку во текот и по крајот на есенскиот дел се отвори можност за интернационален ангажман да може истиот и да се реализира.

"Ние и претходно рековме дека Бајевски е добредојден во нашите редови. Конк*ренцијата во нападот дополнително се зголемува", велат од раководството на "вардарци".

ДЕНЕСКА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА СЕЗОНАТА

Промоција на нови спонзори, нов дрес...


Денеска, со почеток од 12 часот, во просториите на Еуростандард Банка најтрофејниот македонскиот клуб ќе ја одржи првата своја прес-конференција во пресрет на новиот шампионат.

Покрај очекувањата за претстојното првенство, на средбата со медиумите меѓудругото ќе биде промоцијата на новиот вардаров дрес, како и претставувањето на новите спонзори во клубот.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 13:18
Вардар ја совлада Победа

Триумфот на Вардар над Победа во дербито меѓу екипите што тежат вкупно седум шампионски титули, му даде посебен белег на стартот на новиот домашен фудбалски шампионат.

Реновираниот тим на црвено - црните ја најави сериозната намера да се врати на врвот во македонскиот клупски фудбал уште во некомплетното почетно коло, во кое актуелниот шампион Работнички се спаси од пораз во Кичево дури во самиот финиш.

Победа му одолеваше едно полувреме на Вардар, Бобан Јанчевски го постигна првиот гол во 55-та минута, со автоголот на Крстески во 63-та минута веќе беше 2:0

Конечните 3:0 „вардарци“ ги постигнаа преку Никола Глигоров на три минути пред крајот.

Резултати од денешните натпревари во Првата лига:

    * Македонија Ѓ.П. - Турново 4:0 (3:0)
    * Ренова - Силекс 0:0 (0:0)
    * Напредок - Работнички 1:1 (1:0)
    * Вардар - Победа 3:0 (0:0)
    * Милано - Металург: одложен за во среда
    * Пелистер: слободен

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 04.Август.2008 во 13:19
Вардар - Победа 03.08.2008

http://www.komiti.org/web_storage/vardar_pobeda/25a5ehh.jpg - http://www.komiti.org/web_storage/vardar_pobeda/25a5ehh.jpg
http://www.komiti.org/web_storage/vardar_pobeda/2qbx3ih.jpg - http://www.komiti.org/web_storage/vardar_pobeda/2qbx3ih.jpg
http://www.komiti.org/web_storage/vardar_pobeda/2mc9du1.jpg - http://www.komiti.org/web_storage/vardar_pobeda/2mc9du1.jpg
http://www.komiti.org/web_storage/vardar_pobeda/11ccih4.jpg - http://www.komiti.org/web_storage/vardar_pobeda/11ccih4.jpg


-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 14:54
ШАМПИОНСКИ СТАРТ НА НОВОТО ВАРДАРОВО ЛИЦЕ

Глигоров: "Е, ова е тоа"

* "Убаво е кога го почнуваме првенството на овој начин, низ убава атмосфера на 'Градски', меѓутоа никако не смее да има залетување", вели фудбалерот од средниот ред

Шампионски старт на најтрофејниот македонски клуб во трката, конечно, под новото свое лице воден од комплетно ново финансиско раководство да го врати последниве години загубениот сјај со кој беше препознаван, не само низ домашните фудбалски кругови, но и многу пошироко.

"Црвено-црните" фудбалери уште во првото коло од шампионатот 2008/2009 демонстрираа дека оваа сезона активно ќе го водат "ритамот" за остварување на претходно зацртаните амбиции - освојување на двојната круна.

"Навистина, верувам дека ова е почетокот на еден шампионат кој долго го очекуваа сите искрени навивачи на Вардар. Убедлива победа, убав амбиент создаден од нашите навивачи, сигурно се моментите кои ни даваат дополнителен елан за продолжението од првенството", вели еден од најзаслужните "вардарци" за неделниот убедлив триумф од 3:0 над Победа, Никола Глигоров.

"Да бидам искрен, ние посакувавме меѓутоа не очекувавме така убедлив триумф на Победа, со оглед на тоа што сосема е јасно дека прилепчани секогаш се повеќе од незгоден противник. Но очигледно во овој момент сепак пресуди квалитетот", дополнува Глигоров, според кого и покрај се не смее да има залетување...

"Без сомнение ова е одличен почеток, меѓутоа никако не смее да има некакво залажување. Би биле смешни доколку сега помислиме дека ќе ни биде лесно да стигнеме до зацртаната цел. Ова е само еден натпревар, а шампионатот е долг. Очекувањата од навивачите се големи, а ние ќе треба да ги оправдаме".

Успешно деби на клупата на Вардар, имаше и шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ.

"Сега, откако забележав како искрено се сака и се навива, сфатив всушност што значи Вардар. Секако слатка е победата кога ќе дојде на овој начин уште во првото коло", истакнува првиот човек на клупата на тимот од "Градски", кој сега ќе мора да почека цели три недели пред вториот официјален натпревар на чело на "црвено-црните" со оглед на тоа што поради откажувањето на Башкими "вардарци" се слободни на 10 август а следниот дуел е со Пелистер на 24 август повторно пред своите навивачи.

"Посакувам да продолжиме во ист стил. Сега ќе имаме повторно пауза низ која ќе се обидеме да ја задржиме натпреварувачката форма и да корегираме одредени недостатоци во играта забележани на дуелот со Победа", вели Достаниќ.



КАПИТЕНОТ СО НОВ ЕПИТЕТ - ТАТКО

И Вајс доби ќерќичка

Плодно стартуваше новата сезона за "вардарци" и на личен план. Во само неколку денови двајца вардарови фудбалери добија ќеркички.

Покрај Бобан Јанчевски кој во четвртокот (31 јули) доби ќерка, вчера и капитенот Мирослав Вајс се стекна со епитетот татко.

"Навистина сум пресреќен. И сопругата и ќеркичката одлично се чуствуваат", ни изјави вчера кратко Вајс.

Два дена одмор

По неделниот дуел Ратко Достаниќ на своите фудбалери им додели дводневен одмор. Со оглед на тоа што Вардар следниот официјален натпревар ќе го има на 24 август, тренажниот процес активно ќе продолжи од утре. Во меѓувреме "црвено-црните" се очекува да одиграат и пријателски натпревари за време на паузата.

Четворица со "вирус" на терен

На средбата со Победа во првиот тим на Вардар настапија четворица фудбалери кои изминатата недела пропуштија добар дел од тренинзите поради стомачен вирус.

И Станишиќ, и Брага и Милисављевиќ, како и младиот Филип Петров беа дел од првиот тим на Вардар и покрај тоа што минатата недела се бореа со вирусот, меѓутоа сепак низ доманицијата на теренот индиректно токму тие ја демонстрираа физичката надмоќ на сите вардарови фудбалери кои одработија одлични подготовки на Златибор и во Охрид.



-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 16:20

ПОВЕЌЕ ОД УСПЕШНО ДЕБИ НА РАТКО ДОСТАНИЌ НА КЛУПАТА НА НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ

Ме интересира 100% агресивен Вардар

"Мора да играме агресивно, офанзивно, убаво за око, а фудбалерите да дадат 100% од своите можности... Така се бори за Вардар", вели тренерот на "црвено-црните"

Новиот шеф на стручниот штаб на "црвено-црните", Ратко Достаниќ, остави зад себе повеќе од успешно деби на клупата на најтрофејниот македонски клуб...

Огромни се очекувањата од навивачите и целокупната домашна фудбалска јавност од Вардар оваа година, насочувајќи ги секако погледите пред с$ кон Достаниќ и неговите фудбалери, од кои, сега се очекува комплетно да го вратат и резултатски клубот на местото од пред шест години.

"Вербата во себе и во тоа што го играме на терен сигурно е можеби главниот услов за остварување на потцртаните резултатски цели. Така беше и случајот на првиот наш официјален натпревар кога трпеливо ги градевме нашите акции, без никакво брзање, што на крајот и н$ награди", вели Достаниќ, кој не крие дека е задоволен од ефектот на своите фудбалери на натпреварот со Победа.

"Тоа што мене интересира, и сакам да го видам на теренот, е да играме агресивно, офанзивно, убаво за око, а фудбалерите да дадат 100% од своите можности... Тоа сигурно го очекуваат и навивачите, затоа што само така се бори за Вардар, а притоа резултатите нема да изостанат", истакнува тренерот на Вардар.

Очигледна, посебно во второто полувреме разликата меѓу двете екипи во квалитетот, но пред с$ и во физичката подготовка. Но, српскиот стратег тоа сепак не сака да го коментира...

"Околу тоа јас не би коментирал. Не е на мене да судам, за тоа што јас и фудбалерите го работиме. Други нека пресудат околу евентуалните разлики во играта и односот кон неа", вели Достаниќ, кој сепак не крие и потенцира дека уште на првиот свој натпревар на "Градски" лесно увидел дека публиката и тоа како го сака фудбалот.

Инаку, по дводневната пауза вардаровите фудбалери денеска го продолжуваат редовниот тренажен процес. Според информациите од клубот надминати се проблемите со стомачниот вирус на поедините фудбалери. Милисављевиќ, Брага, Петров и Станишиќ веќе настапија и на првиот натпревар сезонава, а добро се чувствуваат и Иван Јовановиќ и младиот голман Марко Јовановски.

На денешниот тренинг треба за првпат да се јави и најновото засилување 26-годишниот нигериски напаѓач Иди Баба, кој во својата досегашна кариера, меѓу останатите клубови, има настапувано и во германскиот второлигаш Алеманија Ахен, како и во израелскиот Макаби Тел Авив. Проблемите со повредата ги надминува и Мирослав Вајс, а многу брзо активно на зелениот терен се очекува да се вратат и левокрилниот дефанзивец Никола Ѓошевски и напаѓачот Бурхан Емурлаху, кои поради повредите во Охрид работеа под посебна програма.

В.Булатовиќ

Канцеларијата во нови простории

Вардаровата канцеларија веќе официјално е префрлена во новите работни простории во Градскиот трговски центар во Скопје.

Новото раководство, како еден од предусловите за успешно и организациско функционирање на клубот, ги опреми новите простории во кои ќе биде сместена канцеларијата.

Деновиве активно се подготвува интернет страницата на клубот која ќе треба да профункционира за десеттина дена.

"Тест" противници од Бугарија или Србија

Со оглед на тоа што Вардар претстојниот викенд е слободен а следниот официјален натпревар во домашниот шампионат ќе го има на 24 август со Пелистер на "Градски", во меѓувреме сосема неопходно "црвено-црните" планираат одигрување и на два пријателски натпревари.

За овој викенд од управата и стручниот штаб се во потрага на противник од Бугарија или Србија.

"Во контакти сме со некои од прволигашите од нашето соседство, со цел да се пополни празниот викенд во кој сме слободни поради откажувањето на Башкими, меѓутоа засега с$ уште нема прецизен термин и противник", велат од раководството на "црвено-црните".

"Вардарците" планираа контролен дуел и следниот викенд (16/17 август) меѓутоа за тој термин можно е да се одигра "тест" средба и со домашен фудбалски клуб.

ПРВИОТ СТРЕЛЕЦ И НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ И НА ОФИЦИЈАЛНИТЕ СРЕДБИ

Јанчевски навестува атак на "гол врвот"


Бобан Јанчевски уште од самиот старт навестува дека ќе биде еден од главните домашни претенденти за освојување на врвот од листата на стрелците оваа година.

30-годишниот напаѓач е првиот стрелец на официјалните натпревари од актуелниот шампионат 2008/2009 за новиот Вардар, меѓутоа беше и стрелец на првиот погодок за тимот од "Градски" и на стартот од годинашниве подготовки на дуелот со српскиот прволигаш ОФК Београд.

"Тоа што сите го посакуваме е единствено добри наши изданија во континуитет и пред с$ враќање на довербата кај сите наши навивачи дека Вардар повторно се враќа на старите патеки. Очигледно е дека сега ќе мора да се почувствуваат плодовите и од напорните наши подготовки на Златибор и во Охрид", истакнува Бобан Јанчевски.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 16:22

ЛЕВИОТ БЕК НА ВАРДАР НАПРАВИ ТРАНСФЕР ВО БЕЛОРУСИЈА

Ристевски една година во Динамо Минск!!!

Борче Ристевски, младиот десен бек кој минатата сезона настапуваше во Вардар од вчера е нов член на Динамо Минск од Белорусија. Тој во текот на вчерашниот ден по долгите преговори со раководството на еден од најдобрите клубови од оваа земја успеа да најде заеднички јазик и потпиша едногодишен договор.

Инаку Динамо Минск моментално се наоѓа на третото место на првенствената табела во Белорусија со амбиција да се искачи уште погоре.

"Морам да истакнам дека сум презадоволен од тоа што успеав да се договорам со овој голем клуб и што успеав исто така да направам трансфер надвор од Македонија. Долго време траеја контактите на моите менаџери со Динамо Минск и најпосле се се заврши онака како што посакував. Од вчера и официјално сум нов член на Динамо Минск а своето деби ќе го имам најверојатно в недела кога се игра редовното коло во шампионатот на Белорусија" ни изјави Ристевски кој во досегашната кариера освен во Вардар има настапувано и во Македонија ЃП.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Август.2008 во 14:07
ОД ВАРДАРОВОТО РАКОВОДСТВО НА ПАТ ДА НАЈДАТ РЕШЕНИЕ ЗА ТРОЈЦА ОД СУСПЕНДИРАНИТЕ ФУДБАЛЕРИ

Савиќ, Мојсов и Бојовиќ "градат" помошно на Вардар

* "Имаме сосема коректна понуда од Вардар, како компензација за ослободување на Савиќ, Мојсов и Бојовиќ со средствата од нивниот трансфер, место отштета да се изгради помошното игралиште на Вардар. Мислам дека многу брзо и ќе се договориме околу тоа", вели менаџерот на фудбалерите Златко Тодоровски

Од вардаровото раководство деновиве се на добар пат да најдат решение за тројца од суспендираните фудбалери, Душан Савиќ, Ѓорѓи Мојсов и Раденко Бојовиќ иако со одредени најави дека во пакет заедно со нив ќе биде најдено заедничко решение и за плус уште некои од фудбалерите чии суспензии неодамна беа потврдени и од Комисијата за заштита на законитоста при ФФМ.

Деновиве потпретседателот на Вардар, Коста Костовски, имал официјална средба со менаџерот на Савиќ, Мојсов и Бојовиќ, Златко Тодоровски-Чкрапе при што на маса е поставена понудата како компензација за ослободување на фудбалерите место отштета да биде реновирано второто помошно игралиште на ФК Вардар кое изминативе години им "служеше" на младинските селекции, и да биде преадаптирано за потребите на првиот тим.



"Ние во разговорите со менаџерот на фудбалерите им ја понудивме оваа варијанта која наиде на позитивен прием и од спротивната страна. Тоа е единствено инвестиција во корист на Вардар, чисто наменско вложување за подобрување на условите на работа во клубот, обновување на теренот и системот за наводнување на игралиштето и комплетно осветлување. А, од друга страна сосема поволна понуда која би овозможила ете и клубот да не се посочува како сопирачка за идните кариери на фудбалерите. Во моментов сега го очекуваме одговорот пред да почне да се реализира договорот", истакнуваат од раководството на "црвено-црните".

Покрај за претходно спомнатите тројца фудбалери, при реализацијата на овие преговори за изнаоѓање на решение за суспендираните "вардарци", како можност се истакнува во "пакетот" да бидат вклучени и уште двајца фудбалери.

"Може да кажам дека имаме навистина сосема коректна понуда од Вардар", ни ја потврди вчера информацијата дека многу брзо ќе се најде решение за фудбалерите и нивниот менаџер, Златко Тодоровски.

"Како компензација за ослободување на Савиќ, Мојсов и Бојовиќ со средствата од нивниот трансфер, место отштета, да се изгради помошното игралиште на Вардар. Тоа значи би било некаде од 50 до 70 илјади евра за реновирање и доизградба на игралиштето", вели Тодоровски, кој е оптимист околу конечната реализација на меѓусебниот договор.

"Мислам дека многу брзо ќе се договориме околу ова затоа што се работи за навистина коректно решение. Јас очекувам деновиве дефинитивно да ги заокружиме разговорите, а потоа ќе зборуваме и за новите клубови на играчите".

Инаку, како што е познато, Тодоровски е официјален менаџер и на актуелниот шампион Работнички. "Романтичарите" од поодамна не кријат дека се заинтересирани токму за Савиќ, Мојсов, Бојовиќ, но и Милан Перендија и Јорде Георгиевски, кои доколку се реализира веќе почнатата идеја за ослободување на играчите многу лесно може да минат во редовите на Работнички.



Сите средства за инфраструктура

Новите финансиери на Вардар и претходно потенцираа дека од клубовите кои сакаат нивен ангажман очекуваат отштета за ослободување на суспендираните фудбалери која ќе биде искористена чисто за подобрување на инфраструктурата на Вардар.

"Суспендираните не се јавуваат во клубот и не знаеме како тренират и каде тренираат, иако ние сме подготвени да им дадеме и наш тренер, па да работат под наша контрола. Но, казната што ја имаат ќе мора да ја издржат с$ додека не најдеме заеднички јазик. Решението кое се навестува за дел од фудбалерите ќе биде во насока за подобрување на инфраструктурата на Вардар, а не за раководството или актуелните фудбалери", вели потпретседателот на "црвено-црните", Коста Костовски, притоа дополнувајќи:

"Подготвен сум конечно да најдеме заеднички јазик. Сепак, тие фудбалери не се добредојдени во клубот, не од професионална гледна точка туку од гледна точка на навивачите бидејќи поради случувањата од минатата сезона би биле под голем притисок. Фудбалот не се игра ниту за мене ниту за фудбалерите, туку за навивачите кои Вардар во новата сезона ги очекува во многу поголем број. На Вардар му требаат фудбалери кои ќе играат од срце... Чувството е едно, а ситуацијата е друга. А, на сите тие фудбалери, или дел од нив, во срцето не им е врежан Вардар туку само еден човек, така што не можам да му наредам на никого да прави нешто што не сака. Ние само може да реагираме според прописите на ФФМ".

Во сабота со Динамо Врање

Фудбалерите на најтрофејниот наш клуб слободниот термин викендов ќе го искористат за средба со новиот српски второлигаш Динамо Врање.

"Црвено-црните" в сабота (9 август) ќе & гостуваат на српската екипа во Врање, додека за наредниот викенд "вардарци" најверојатно ќе одиграат контролен натпревар со екипа од домашните првенства.

Вчера, по дводневната пауза, шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ ги продолжи тренинзите со својот состав.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 10.Август.2008 во 16:36
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ДЕНЕСКА МЕСТО ОФИЦИЈАЛЕН, ЌЕ ИМААТ КОНТРОЛЕН ДУЕЛ

Вардар на "тест" со Динамо Врање

Слободниот термин во домашниот шампионат "црвено-црните" денеска ќе го искористат за пријателски натпревар со српскиот второлигаш Динамо Врање.

Фудбалерите на нашиот најтрофеен клуб денеска, од 18 часот, во Врање ќе гостуваат во намерите и натаму да се задржи неопходниот натпреварувачки ритам.

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Ратко Достаниќ ќе смета на сите расположиви сили со исклучок на повредените фудбалери Ѓошевски и Емурлаху, кои веќе активно се враќаат во тренажниот процес.

"Вардарците" за следната недела планираа одигрување на уште една контролна средба, но се екипа од домашните првенства.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 17:07
ВО ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР "ЦРВЕНО - ЦРНИТЕ" ОДИГРАА НЕРЕШЕНО НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ СРПСКИОТ ВТОРОЛИГАШ

Реми на Вардар во Врање

ДИНАМО - ВАРДАР 1:1 (0:0)

Иако Вардар беше слободен во рамките на 2. првенствено коло, сепак, "црвено - црните" одиграа натпревар. Тие во саботата гостуваа во Врање (Србија) каде што одиграа нерешено, 1:1, против домашниот тим на Динамо, кој се натпреварува во Втората Лига на Србија. Стрелец на голот за Вардар беше младиот напаѓач Музафер Ејупи во 60. минута по прекрасната асистенција на Александар Бајевски. Израмнувањето стигна во 82. минута кога домашните, сепак, успеаја да постигнат гол и со тоа да го избегнат поразот.

Инаку, Вардар на овој меч настапи во следниот состав: Кметовски, Мегленски, Станишиќ, Божиновски, Брага, Глигоров, Положани, Пеев, Масев, Јовановиќ, Бајевски. Во продолжение од средбата во игра беа и Пачовски, Милисављевиќ, Петров и Пандовски.

"Убава контрола за нашиот тим. Прво морам да нагласам дека имаше прекрасна атмосфера во Врање. На трибините имаше околу 3.000 гледачи кои беа задоволни од тоа што го видоа. Инаку, наша намера беше да им дадеме шанса на оние играчи кои имаа помала минутажа на мечот со Победа и на оние играчи кои на последните контроли не беа во тимот. Во глобала сме задоволни од прикажаното, се разбира дека се стремиме секогаш да бидеме уште поквалитетни", ни изјави Жикица Тасевски, соработникот на тим - менаџерот на Вардар Ратко Достаниќ.

Вчера целокупниот играчки и тренерски кадар на Вардар имаше слободен ден, но затоа од денеска "вардарците" продолжуваат со тренинзи.

Седуммина "вардарци" беа на поштеда

Стручниот штаб на Вардар за средбата со Динамо Врање не сметаше на седуммина свои фудбалери. Имено, поради ситни повреди во Врање не отпатуваа Жељко Ковачевиќ, Мирослав Вајс, Никола Ѓошевски, Драган Љубисављевиќ, Бурхан Емурлаху, Бобан Јанчевски и Муса Али. Имено, Достаниќ и Тасевски не сакаа ништо да ризикуваат со овие ровити фудбалери.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:14
ГОЛГЕТЕРОТ НА "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ПОДГОТВЕН ЗА ШАМПИОНСКИОТ ПРЕДИЗВИК

Бајо: "Јак Вардар, боде очи"

* "Се освен титула за нас би било неуспех, меѓутоа нема да ни биде ни малку лесно... Тешки гостувања, многу скриени 'сопки', затоа што се знае дека Вардар на многумина им боде очи, посебно кога е јак", вели Бајевски

Капитенот на вардаровата шампионската генерација од 2002 и 2003 година, голгетерот Александар Бајевски конечно повеќе од задоволен што неговиот Вардар ја носи главната шампионска улога во актуелнава сезона.

Останувајќи во "црвено-црните" редови и по летниот преоден рок популарниот Бајо уште еднаш е подготвен да се врати заедно со клубот на патеките од пред шест години.

"И покрај неколкуте примамливи европски понуди, сепак се одлучив да останам во Вардар затоа што клубот сега на задоволство на сите нас има сосема нов лик. Вардар е Вардар, а кога во себе отворено ќе го содржи шампионскиот предизвик тогаш нема друг клуб кој би ме привлекол", истакнува Бајевски веднаш дополнувајќи:

"Оваа сезона конечно очекувам после шест години враќање на титулата во нашите витрини. Никој од нас не треба да бега од фаворитската улога во новиот шампионат. Пред се ние играчите мора да ја преземеме одговорноста за освојување на врвот. Според мене, се освоен шампионската титула би било неуспех за нас".

Но, и според Бајевски сепак не треба уште на стартот воздигнувајќи се да се заборави дека бодовите се освојуваат единствено на теренот.

"Покрај самодовербата во себе, неизбежно мора во секој случај да бидеме свесни дека нема да биде ни малку лесно... Не очекуваат и тоа како тешки гостувања. Мора да сме свесни дека не очекуваат и многу сокриени 'сопки' затоа што се знае дека Вардар на многумина им боде очи, посебно кога е комплетно јак, како што е во моментов. Затоа треба да се потпреме на квалитетот кој објективно го поседува тимот, и натпреварувачки да демонстрираме дека повторно се враќа стариот Вардар", вели напаѓачот на најтрофејниот македонски клуб.



Да ги вратиме навивачите на трибините

"Не може прецизно да се издвои прецизна разлика меѓу двете вардарови генерации, оваа актуелнава и онаа од 2002/2003. И двете знаат како се освојуваа титули, меѓутоа мислам дека недостаток во моментов е што поголемиот дел од фудбалерите ја немаат долго почуствувано тежината која ја носи вардаровиот дрес. Притисокот да се игра и победува постојано за Вардар е секогаш присутен", истакнува Бајевски компарирајќи ги двете генерации.

"Пред шест години на нашите трибини едноставно се живееше за фудбалот и Вардар. Имавме и многу повеќе публика. Вардар ги има најдобрите навивачи, и јас сум среќен што сега со новиот Вардар повторно е очигледно дека сме на добар пат да ги вратиме навивачите на трибините".

Со Пелистер е вистинското дерби

Александар Бајевски изминатиов викенд по завршувањето на претходната сезона повторно со одигран натпревар во црвено-црниот дрес, оној контролниот со Динамо Врање.

"Физички се чувствувам одлично. И покрај тоа што не бев дел од подготовките на клубот, тренажниот процес го одработив индивидуално комплетно. Подготвен сум за средбата и со Пелистер, која за мене е секогаш најголемото домашно дерби. Неизбежно секако меѓу нашите конк*ренти за годинашнава титула мора да се спомнат Македонија ЃП, Работнички, Ренова и Милано", вели Бајевски.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 16:50
НОВА ПОСТАПКА ПРОТИВ НАШИОТ НАЈТРОФЕЕН КЛУБ ЗА ЗАОСТАНАТИ "ОПАШКИ" ОД ПРЕТХОДНИТЕ РАКОВОДСТВА

Вардар на дисциплинска и за Даниел Ивановски

Зачудувачки меѓутоа со назначувањето на новите финансиери на најтрофејниот македонски клуб веднаш изминатиов период се наредија постојани заостанати побарувања од ФК Вардар, кои, пак, претходно изминативе години некако се подзаборавале.

По наложеното подмирување на обврските кон поранешниот тренер Зоран Стратев, па случајот "Васоски" со Цементарница 55, сега против ФК Вардар е покрената дисциплинска постапка и поради неизвршување на одлуката на Арбитражниот совет при ФФМ во врска со случајот Силекс за трансферот на фудбалерот Даниел Ивановски.

Исто така на вчерашниот состанок на Дисциплинската комисија на ФФМ наложено е на ФК Милано најдоцна до 18 август да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ за исплата на отштета во висина од 200.000 денари на ФК Работнички, затоа што во спротивно ќе биде суспендиран.

Инаку, дисцплинците ги казнија и следните фудбалери: Методија Степаноски (Пелистер) - четири средби неиграње, Седат Бериша (Слога Ј.) - пет, Илир Елмазовски (ШкендијаХБ) - две, и Дарко Крстевски (Победа), Јахи Евзаљ (Дрита) и Роберт Лазаревски (Турново) по еден натпревар пауза.



-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 16:00

"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ВО ОБИД ДА ЈА ЗАЧУВААТ НАТПРЕВАРУВАЧКАТА ФОРМА ЗА ВРЕМЕ НА ТРОНЕДЕЛНИОТ "СЛОБОДЕН ТЕРМИН"

Достаниќ: "Паузата, голем проблем"

* "Реално имаме навистина проблеми со големата пауза во првенството затоа што по само едно одиграно коло сега како да имаме еден вид нов почеток на подготовките", вели тренерот на "вардарци"

Две натпреварувачки кола, па пауза, па повторно две рунди натпревари и повторно две недели пауза е ритамот на домашните клубови како дел од мислениот, а недосмислениот старт на новиот шампионат, на кој уште се надополни и откажувањето на кумановско Башкими.

"Црвено-црните" токму по само еден одигран официјален натпревар на стартот со Победа, а како "жртва" и на откажувањето на Башкими, сега три недели до средбата со Пелистер на "Градски" на 24 август се во обид да ја зачуваат натпреварувачката форма...

"Ваквата пауза за нас навистина претставува голем проблем", вели и шефот на стручниот штаб на Вардар, Ратко Достаниќ. "По само едно одиграно коло сега како да имаме еден вид нов почеток на подготовките, меѓутоа веројатно ќе мора да се привикнеме на тоа во овој период".

Сепак, поради тоа неизбежни се пријателските натпревари.

"Да, затоа ја одигравме и онаа средба со Динамо Врање изминатиов викенд, а сега в сабота на стадионот 'Борис Трајковски' н$ очекува дуелот со Маџари. Меѓутоа, да бидеме искрени не е исто пријателски и официјален натпревари. И психологијата меѓу фудбалерите при пријателските средби е сосема поразлична, затоа ние и низ тренажниот процес пред с$ работиме на одржување на активниот ритам, со цел што помалку да се почувствува паузата, посебно пред дерби натпреварот со Пелистер", истакнува Достаниќ.

"Слободниот термин" беше искористен и за индивидуален тест на физичката подготвеност.

"Може слободно да кажеме дека добиените резултати ни овозможија момент за ново задоволство со оглед на тоа што има напредок на физичката подготовка. Сепак, и фудбалерите се свесни дека едноставно добрата физичка подготовка е пред с$ значајна за остварување на потцртаните шампионски амбиции", вели првиот човек на клупата на "црвено-црните".



Вардар домаќин во сабота

Најтрофејниот македонски клуб своите натпревари како домаќин низ актуелното првенство место во недела ќе ги игра во сабота.

Вчера комесарот за натпревари на ФФМ, Миле Спиркоски, го прифати барањето на ФК Вардар, согласно календарот за натпревари, своите првенствени натпревари како домаќин во сезоната 2008/2009 да ги игра во сабота.

ПОЗНАТИ РЕЗУЛТАТИ ОД ФИЗИЧКАТА ПОДГОТВЕНОСТ НА ФУДБАЛЕРИТЕ

Ханџиски: "Во 99% подобрување на параметрите"

И на првата средба на "вардарците" со Победа очигледна беше физичката надмоќ на "црвено-црните" фудбалери. Меѓутоа, по тестовите извршени изминатава недела дефинитивно од комплетниот стручен штаб може да бидат дополнително задоволни поради подобрувањето на комплетните параметри.

"Ова се неопходни тестови кои се реализираат насекаде во фудбалскиот свет, за да се види до каде е тренажниот процес во однос на физичката подготовка", вели докторот на Вардар, Зоран Ханџиски, притоа дополнувајќи:

"Генерално кога би ги презентирале резултати, може да кажаме дека индивидуално во 99% кај фудбалерите има подобрување во однос на претходните тестови, односно подигнување на соодветните параметри".

Се надминуваат проблемите со повредите

Во вардаровите редови полека се надминуваат проблемите со повредените фудбалери.

"Покрај враќањето на Ѓошевски и Емурлаху, веќе активно дел од тренинзите се и Вајс, Ковачевиќ, Бобан Јанчевски, што е многу значајно за нас, а се приклучуваат и Муса Али, Љубисављевиќ така што за продолжението ќе располагаме со комплетниот состав", истакнува шефот на стручниот штаб на Вардар.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 17.Август.2008 во 14:33
И СРПСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ВО РЕДОВИТЕ НА ВАРДАР НЕМАЊА МИЛИСАВЉЕВИЌ ОПТИМИСТИЧКИ РАСПОЛОЖЕН

"Време е Вардар да се радува"

* "На теренот воопшто не е лесно да се извојуваат победите, но ние сме подготвени за враќање на титулите во витрините на Вардар", вели Немања Милисављевиќ

И српскиот интернационалец во редовите на Вардар, Немања Милисављевиќ очекувано е оптимистички расположен во пресрет на продолжението од актуелната сезона низ која "црвено-црните" ќе мора да ја потврдат фаворитската улога во трката за шампионската титула.

"Време е Вардар конечно да се радува на крајот од првенството и ние сме подготвени за тоа", вели Милисављевиќ, кој по освојувањето на минатогодишната двојна круна со Работнички, сега истото го посакува и со најтрофејниот македонски клуб.

"Секако дека нашите амбиции се титулата и во шампионатот и во Купот. Ги имаме сите предуслови за тоа, минавме одлични подготовки и сега сето тоа ни преостанува да го демонстрираме со игрите на зелениот терен".

"Вардарците" погледнато од страна со навидум лесен триумф над Победа ја стартуваше сезоната...

"Можеби погледнато од страна, но на теренот воопшто не е лесно да се издвојуваат победите. Ние сме свесни дека на секој натпревар ќе мора максимален ангажман. Долга е сезоната, па трпеливо ќе треба да се чекори патот кон титулите, но ќе повторам дека сите во тимот сме комплетно подготвени за враќање на пехарите во витрините на Вардар", истакнува еден од ударните фудбалери во нападот на тимот од "Градски", кој најавува дека вистинскиот квалитет на составот ќе мора да се потврди веќе на првото дерби со Пелистер на 24 август.

"Ќе имаме сериозни конк*ренти за титулата и во Милано, меѓутоа колку што можев да забележам на почетокот од првенство повеќе од квалитетен состав има и Македонија ЃП", дополнува офанзивецот на "црвено-црните".



НЕМА НИКАКВА НОВИНА ОКОЛУ СУСПЕНДИРАНИТЕ

Перендија тренира со Војводина

Нема никаква новина во статусот на суспендираните вардарови фудбалери и покрај тоа што претходно од нивна страна позитивно беше дочекан предлогот на ФК Вардар нивната "слобода" да биде отплатена со реновирање и доизградба на помошното игралиште.

Суспендираните "вардарци" се далеку од тренажна контрола на Вардар, па сите тренираат кој како знае во очекување на конечното решение околу начинот на продолжување на нивните кариера.

Поголемиот дел од суспендираните тренираат на игралиштето на Локомотива, меѓутоа деновиве дефанзивецот Милан Перендија е дел од тренинзите на српскиот прволигаш Војводина.

"Перендија тренираше со нас, меѓутоа тоа не значи дека ќе има реализација на трансфер во нашите редови", вели тренерот на Војводина, Драгољуб Беквалац, кој за услугите на Перендија беше заинтересиран уште во периодот на раководење со Работнички.

Денеска "тест" со Маџари

Искористувајќи ја паузата во домашното првенство денеска вардаровите фудбалери ќе одиграат уште една пријателска средба со второлигашот Маџари С.

Дуелот ќе се игра со почеток од 17:30 часот, на стадионот "Борис Трајковски" во Маџари.

-------------



Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 19.Август.2008 во 18:19
Ova sezona sigurno ke bide sezona na vardar
nema konk*renti
 
:( makfutball  e za nigde 
 


-------------


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Август.2008 во 15:52

ТИМ - МЕНАЏЕРОТ НА ВАРДАР, РАТКО ДОСТАНИЌ, ЕДВАЈ ЧЕКА ДА ПОЧНЕ ДЕРБИТО СО ПЕЛИСТЕР

Нема проблем, ја преземаме улогата на фаворит!!!

*"Проблем беше оваа тринеделна пауза, сите со нетрпение го чекаме дуелот со вечниот ривал, јасно е дека сме фаворити и не бегаме од таа улога", потенцира Достаниќ

Конечно по тринеделна пауза, в сабота, на "Градски" во Скопје најголемиот фаворит за титулата во овој шампионат ќе одигра натпревар. Втор откако стартуваше оваа сезона. Досегашниот биланс е еден меч, три бода и гол разлика 3:0. Победа падна во Скопје на 3 август. Сега на ред е вториот пелагониски прволигаш, Пелистер од Битола.

"Сите ние во Вардар, а посебно јас како прв човек во стручниот штаб едвај посакувам да дојде сабота и вечното дерби со Пелистер. Ова тринеделна пауза навистина ни направи проблем. Се обидовме преку неколку пријателски и контролни средби да го задржиме натпреварувачкиот ритам, но, сепак, официјални мечеви се нешто сосема друго. Затоа велам дека со нетрпение го чекаме саботно вечно дерби со Пелистер", посочува тим - менаџерот на Вардар, Ратко Достаниќ.

Во домашната фудбалска јавност на неколку дена пред овој натпревар како ретко кога Вардар се посочува како апсолутен фаворит. Доказ дека е така е и коефициентот во обложувалниците за победа на домашните кој изнесува 1.35.

"Искрено воопшто не ме интересираат тие коефициенти и слични глупости поврзани со обложувалниците. Мене ме интересира како Вардар ќе одигра. Што се однесува, пак, до улогата на фаворит, ќе повторам она што го кажав на првата прес - конференција како тренер на Вардар. А тоа е дека сум свесен дека Вардар во овој шампионат на секој меч ќе ја има улогата на фаворит. Затоа потенцирам дека нема проблем да ја прифатиме оваа улога и на овој и на сите останати натпревари. Тоа можеби е своевиден притисок за нашите фудбалери, но се знае што значи Вардар и тие мораат по секоја цена да играат со таков притисок", заврши Достаниќ.



Вардар да има што повеќе репрезентативци

Достаниќ не гледа никаков проблем што дури тројца од неговиот тим престојуваат во Луксембург, тоа се Томе Пачовски, Мирослав Вајс и Артим Положани.

"Најважно е сите тројца да одиграат квалитетно, да се вратат здрави и без повреди. Има два дена да се 'вратат' во нормала, зошто тие се искусни професионалци и нема да има никаков проблем да се аклимитизираат пред дербито. Инаку, камо среќа бројот на репрезентативци од Вардар да биде што поголем. Кога најтрофејниот клуб во Македонија ќе има 7-8 репрезентативци тогаш Вардар ќе биде голем клуб, ние се стремиме кон тоа да го оствариме", дополни Достаниќ.

Од Битола се најавуваат 500 "чкембари"

Од канцеларијата на Вардар информација дека и гостинот од Битола ќе има свои навивачи. Според спортскиот директор на "црвено - црните", Саше Милошевски, од таборот на Пелистер се најавувало бројка од 500 навивачи кои в сабота ќе пристигнат во Скопје и ќе го бодрат својот тим на ова наше вечно дерби. Се разбира дека далеку погоголем ќе биде бројот на домашните навивачи кои ќе му дадат поддршка на својот Вардар во надеж дека ќе ја забележи и втората победа. Значи покрај битката на теренот се очекува и навивачки "дуел" меѓу "Комитите" и "Чкембарите".

Билетот ќе чини 60 денари

Продолжува акцијата на Вардар со цел на натпреварите кога е домаќин да привлече што поголем број гледачи. Да ја врати публиката на "Градски". Ако на првиот меч со Победа влезот беше слободен и имаше околу 4.000 гледачи, в сабота на дербито со Пелистер билетот ќе чини симболични 60 денари. Со тој билет секој гледач ќе добие гратис знаменце со лого и боите на клубот, како и освежувач за автомобил.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 13:48
a ke bide zestoko vo Gradski
 
sekogas imalase atmosfera megu ovie dve ekipi
 
 


-------------


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 22:12
Jasno Komiti ke grmat

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 29.Август.2008 во 19:41
ОД ТАБОРОТ НА "ЦРВЕНО - ЦРНИТЕ" ЗА УТРЕШНИОТ МЕЧ СО "ГИПСАРИТЕ" СЕ НАЈАВУВА НОВ ТРИУМФ И ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА

Вардар има лек за "бункерот" на Ренова

*Стручниот штаб на Вардар нема да менува ништо во формацијата и составот за мечот со Ренова, единствено настапот на стоперот Ковачевиќ е под голем знак прашалник

Утре, на "Градски" Вардар во третиот натпревар на свој терен и трет во оваа сезона ќе оди на трета победа. По уверливите триумфи над Победа и Пелистер (со по 3:0) "црвено - црните" ќе ја нагостат Ренова, екипа која важи според имињата на играчите, финансиската стабилност на клубот и амбициите за една од нашите најдобри во Првата лига. "Гипсарите" во минатите две сезони беа традиционално најнезгодиот ривал за Вардар. Можеби дојде времето за наплата на долговите.

Во текот на вчерашниот ден стручниот штаб заедно со играчите гледаа касети од двата меча со Победа и Пелистер. И покрај победите имаше грешки па затоа Ратко Достаниќ со својот помошник Жикица Тасевски инсистираше истите да им се укажат на фудбалерите со цел тие да не се повторуваат на следните мечеви. Исто така стручниот штаб на Вардар има информации дека Ренова утре, најверојатно, ќе игра со засилена одбрана, т.н. "бункер" со намера да остане непоразена, поточно да изненади со освојување на еден бод.

Токму затоа Вардар се подготвува за игра против класична одбранбена формација, со намера исто така да се стопираат евентуалните контранапади од кои Ренова очекува многу.

Стручниот штаб на "црвено - црните" нема да менува ништо во формацијата (значи Достаниќ ќе игра најмалку со двајца класични напаѓачи) и составот кој го понесе главниот товар на претходните две средби. Можеби ќе менува нешто во стоперската линија зошто настапот на робусниот Жељко Ковачевиќ поради повреда на ложата е под голем знак прашалник. На полесни повреди се жалат и Драган Љубисављевиќ, потоа Дени Масев и Артим Положани, но како што стојат работите на еден ден пред мечот се очекува сите тројца да бидат стартери. Кога сме кај оние што се жалат на повреди е и Никола Ѓошевски, кој уште нема минутажа во новата сезона. Достаниќ на него ќе може да смета најверојатно на средбата со Милано во Куманово, меч кој се игра на 14 идниот месец.

Билетот повторно ќе чини 60 денари

Од канцеларијата на Вардар сме информирани дека билетот за мечот со Ренова исто како со Пелистер ќе биде 60 денари. Оваа цена која навистина е симболична е со цел и на овој натпревар (впрочем како што беше со Победа и Пелистер) да има што поголем број љубители на фудбалот на нашиот најголем стадион. Со секој билет секој гледач повторно ќе добие и гратис знаменце со логото на Вардар, како и освежувач за автомобил.

Клубот ги прифаќа препораките на навивачите

Вардар се реши (таа одлука е на клупско ниво, значи мислење за тоа дадоа сите структури во клубот вклучувајќи ги и луѓето од стручниот штаб како и фудбалерите) кога е домаќин средбите да ги игра в сабота. Со тоа не се согласија дел од навивачите на нашиот најтрофеен клуб, особено оние од постарата генерација кои најчесто преку писма до медиумите па и со лични препораки до челниците на клубот побараа средбите на Вардар да се играат в недела. Сите укажувања и препораки клубот ги зеде предвид и сепак остана на одлуката (барем оваа полусезона) натпреварите како домаќини да ги играат в сабота. За во иднина ќе се размислува во зимската пауза.


VARDAR IMA LEK ZA BUNKEROT NA RENOVA, ALI DALI IMA RENOVA LEK ZA TOPOVITE NA VARDAR

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 30.Август.2008 во 17:57
Vardar - Renova   3 : 1





-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 31.Август.2008 во 01:41
Вардар - Ренова 3:1

Вардар триумфално го отвори четвртото коло од најсилната македонска фудбалска лига. На „Градски“ 3:1 против Ренова, за најубедлив старт на сезоната во последните шест години. Трет пат дома, трет пат постигна три гола, но овој пат и прими еден гол.

Ренова безболно ја поднесуваше надмоќноста на домаќините се до судиското продолжение од првото полувреме кога Муса Али го отвори резултатот.

Во 63-та минута Милосављевиќ зголеми на 2:0, а Петров не почека ни 10 минути за да ги тргне дилемите околу победникот.

Почесниот гол за гостите го постигна Емини од удар од белата точка на 5 минути до крајот откако Вајс направи прекршок во казнениот простор.

Комплетното четврто коло на програмата е утре од 16 часот. Најинтересен е дуелот во Битола меѓу Пелистер и Работнички, натпревар кој ќе можете да го проследите во директен пренос на програмата на А2.

Македонија Ѓорче Петров му гостува на Силекс, во Прилеп играат Победа и Напредок, а во Скопје новајлиите Металург и Хоризонт Туново. Слободен е тимот на Милано.



-------------



Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 01.Септември.2008 во 02:06
bese palen albansko zname
 
taka bravo
 
samo napred
 
bas sakam nekogas da ve vidu na tetovo ili vo Kumanovo (koga ke igra Baskimi) pa da gledam kako palete zname
 
 
i jas mozam vo podrum da pallam sve sto e mozno
 
 
Samo da vi kazam deka ke imate replika vo mecot
 ALBANIJA-SVEDSKA


-------------


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Септември.2008 во 02:13
добро ние не палевме шо тука истураш гнев? ај ти се молам кам даун

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 01.Септември.2008 во 17:29
Вардар дели тројки!!!

ВАРДАР - РЕНОВА 3:1 (1:0)

Градски стадион во Скопје. Гледачи: 2.500. Судија: Зоран Петковски (Велес). Помошници: Горан Манасиев и Петар Новачев (Велес). Делегат: Гоце Цветановски (Д. Хисар). Ж. Картони: Станишиќ (ВАР), Иг. Стојанов, Мемеди, Деспотовски, Али (РЕН). Стрелци: Муса Али 45+1', Милисављевиќ 63', Петров 71' (ВАР), Емини (п) 85' (РЕН).

Играч на натпреварот: Немања Милисављевиќ.

ВАРДАР - РЕНОВА

1 корнери 4

10/6 удари/во 3/1

17 прекршоци 21

4 офсајди 1

/ пенали 1/1

1 ж. картони 4

-------------



Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 02:03

dobro ke ve pozdravam

vas dvajca u ponedelnik posle mecot
Albanija - Svedska
 
bidejki jas ke idam tamu
i ke vi repliciram
 
mozete i direkno na alsat-m da go prosledete premierata
i replikata sto go sakate mnogu


-------------


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Септември.2008 во 16:27
Достаниќ: "Вардар има лек за сe"

* "Без разлика што н$ очекува првото гостување, и тоа повеќе од тешко против Милано, ние во остварувањето на шампионските амбиции секако располагаме со сите тактички варијанти, размислувајќи само на позитивен резултат", вели стратегот на Вардар

Паузата поради репрезентативните активности комплетно искористена само за ново прегрупирање на вардаровата машинерија... По извонредниот старт во новиот шампионат "црвено-црните", конечно, напуштајќи го својот "Градски" в недела го очекуваат првото гостување, и тоа на можеби за нив најжешкиот противнички терен, против Милано во Куманово.

"Вардарците" пред своите навивачи во првите три кола забележаа исто толку убедливи победи со по три гола во спротивните мрежи. Промени не најавуваат ниту за гостувањата...

"Не, зошто би имало промени. Размислувањата, филозофијата на игра не ги менуваме без разлика дали пред нашите навивачи или во гости", вели шефот на стручниот штаб, Ратко Достаниќ, веднаш дополнувајќи:

"Без разлика што н$ очекува првото гостување, и тоа повеќе од тешко, против Милано, ние сме подготвени за предизвикот. Знаеме дека н$ очекува силен противник желен за триумф. Нема што би н$ изненадило. Најважно е фудбалерите физички и психички да бидат подготвени, и да одговорат на договорот".

Офанзивата е новото лице на Вардар во новата сезона. Сепак, дуелот се еден од најголемите конк*ренти за титулата без сомнение може да "влече" и позатворена варијанта.


"Вардар секогаш размислува на победа. Тоа мора да го носи во себе. Во остварувањето на шампионските амбиции секако располагаме со сите тактички варијанти, но победите јасно е дека се реализираат единствено со офанзивна игра", истакнува Достаниќ, кој конечно од вчера може да смета и на својот комплетен состав по приклучувањето и на тројцата репрезентативци Пачовски, Вајс и Положани, но и враќањето на повредените.

"Најважно е што сите сме сега на собир, фудбалерите со нова мотивација. Сега сме комплетни, овие два-три дена ни преостануваат финалните подготовки пред новото продолжение во домашната трка", вели Достаниќ.



Ковачевиќ и Станишиќ со надминати повреди

Двајцата стопери Лазар Станишиќ и Жељко Ковачевиќ ги надминаа проблемите со повредите па сега се на располагање на стручниот штаб. Мали проблеми со повреда изминатава недела имаше и напаѓачот Александар Бајевски, меѓутоа по само еден ден пауза веднаш беше во стројот на Достаниќ.

"Ќе видиме овие денови низ тренинзите колку ќе може Станишиќ и Ковачевиќ да одговорат на задачите, па ќе одлучиме дали ќе бидат во составот за Куманово", вели тренерот на "црвено-црните".

Враќање на местото на "срамот"

Новиот Вардар на првото свое гостување во новата сезона се враќа на местото на кое најтрофејниот македонски клуб го доживеа најголемиот срам во својата историја.

Сосема други "вардарци" сега ќе мора да го бришат срамот од минатата сезона кога младите вардарови фудбалери во одбрана на честа на својот клуб, откако 15 првотимци штрајкувајќи одбија настап, неизбежно не по своја желба или вина настапија и загубија убедливи 9:1 од Милано.

Сега "вардарците" неизбежно посакуваат неутрализација на тие девет погодоци.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 15:49
Milano - Vardar 0 : 1    6min Jancevski




-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 16:08
Milano - Vardar 0 : 2    31min Jancevski



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 17:45
Milano - Vardar   1 : 3     Kraj!

Bravo za fudbalerite uste ednas odlicno odigraa...


Komiti bea zapreni na patarina pred kumanovo! uste eden dokaz deka celo vreme se raboti vo makedonija protiv Komiti i Vardar!

-------------



Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 18:43

taka koga palis albansko zname ne mozes ni vo kumanovo da vlezes hhiihihhi



-------------


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 18:44
друже ај те молам...само без кавги се друго може

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 14.Септември.2008 во 19:02
Originally posted by Red`Black Red`Black напиша:

taka koga palis albansko zname ne mozes ni vo kumanovo da vlezes hhiihihhi



Pa vie da ne ne soprevte ili dzandarite? Bitno Vardar pobedi i shampion ke bide....Pozdrav do Kumanovo

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 15.Септември.2008 во 17:36
И Милано во "машината 3"

* Вардар си ги искористи своите шанси на теренот во Куманово, казнувајќи ги многуте "утки" на Милано во текот на целиот меч

МИЛАНО - ВАРДАР 1:3 (1:2)

Стадион: "Милано Арена" во Куманово. Гледачи: 1.500.

Главен судија: Зоран Петковски. Помошници: Петре Кодовски и Петре Новачев (сите од Велес).

Делегат: Ангел Дамјанов.

Стрелци: Јанчевски 6', 32', Положани 85' (В) - Брандо 35' (М)

Ж. Картони: Статовци, Маневски (М) - Ковачевиќ, Муса Али, Јанчевски, Мегленски (В).

Играч на натпреварот: Бобан Јанчевски.

Вардар ја "сруши" браната во Куманово и со кренати раце си заминува од неприкосновениот терен на Милано, кој до вчера не беше освоен цели 11 месеци. Лидерот на прволигашката табела и најсериозен кандидат за титулата одново ја покажа својата сила и квалитет, и одново делејќи "тројка" во мрежата на противникот. Но вчерашната победа беше извојувана со многу мака. Сигурно не им беше лесно на "вардарците" на влажниот терен, а со нив во Куманово беше и среќата која ги следеше во неколку ситуации кога топките "фучеа" покрај голот на одличниот Пачовски, кој во првиот дел спаси и два зицера. На самиот старт од мечот иницијатива на Милано, меѓутоа сето тоа беше залудно кога со само еден потег Вардар дојде до водство. Во првото приближување во шеснаесетникот на Нурединоски, Милисављевиќ центира од лево, Ристов извиси, Брандо задоцни, а Јанчевски тоа знае како да го искористи и со прецизен удар стрела право во мрежата за молк на трибините на "Милано арена". Следуваше обид за враќање во натпреварот за Милано. Доминираа кумановските фудбалери, правеа шанси, меѓутоа Томе Пачовски е брилијантен. Не им дозволи прво на Гешоски, а потоа и на Глигоровски, и тоа од непосредни близини да го совладаат. На спротивната страна Вардар не го виде голот, меѓутоа тоа не го исплаши најтрофејниот македонски тим. Одново Јанчевски овој пат го искористи центаршутот од десно на Божиновски, му избега на Брандо и со глава не му беше тешко повторно да го совлада Нурединоски за убедливи 0:2. Меѓутоа, Милано и тука не сакаше пред време да го "положи" оружјето, а нивната добра игра конечно даде плод во 35. минута кога Брандо ја искористи невнимателноста во одбраната на гостите и ја тресе мрежата.

Една екипа играше во вториот дел. Тоа беше Милано. Каква ли само иницијатива имаше кумановскиот тим создавајќи многу, многу шанси, но среќата е со Вардар кога Глигоровски, Маневски, Сали, Алими... не успеаја да го совладаат Пачовски и тоа од многу поволни позиции. Вардар му ја препушти иницијативата на противникот, кој во последните 20 минути од мечот веќе немаше сили да дојде до втор гол. Пет минути пред последниот свиреж се повтори непишаното фудбалско правило, кога не се користат шансите стигнува казната. Ремек делото од слободен удар на Положани го докажа тоа ставајќи крај на надежите на кумановци и носејќи сигурен триумф на Вардар на тешкиот и до вчера речиси цела година неосвоен терен во Куманово.



Повреди за Ковачевиќ и Божиновски

На вчерашниот тежок терен под исклучително тешки временски услови за игра присутни и неколку груби дуели поради што дојде до повреди.

Предвреме играта од вардаровиот состав мораа да ја напуштат дефанзивците Жељко Ковачевиќ, кој очигледно и недоволно заздравениот од претходната повреда, но и Васко Божиновски.

Исто така неколкуте жестоки дуели на средината на теренот донесоа неколку интервенции на лекарските екипи од двата табора.

МИЛАНО ВАРДАР

8 корнери 5

16/8 удари/ во 7/6

20 прекршоци 23

4 офсајди 3

2 ж. картони 4

ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ

БИЛБИЛ СОКОЛИ

"Во првото полувреме имавме многу шасни кои не ги искористивме. Од друга страна искусната екипа на Вардар од два напади постигна два гола. По таа негатива продолживме да играме, но кај нашите фудбалери повеќе беше присутна желбата отколку паметот, па од тука поразот е неминовен. Јас сум задоволен од играта на нашите играчи, и не ми преостанува ништо друго освен да ја честитам заслужената победа на Вардар".

РАТКО ДОСТАНИЌ

"Како прво јас би рекол дека победи фудбалот. Имавме феноменален дочек и организација од страна на екипата на Милано која треба да служи како пример. Видовме еден квалитетен натпревар во кој и едната и другата екипа можеше да го добие мечот. Ние на овој дуел имавме повеќе среќа и знаење да го приведеме натпреварот кон крајот".

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 16.Септември.2008 во 17:47
Вратени од гостување

Уште еднаш сме сведоци на прекршување на слободата на навивачите во Македонија. И покрај лошото време кое цело време врнеше, и покрај сите притисоци се собравме околу 70-80 луѓе. По убедувањето дали да тргнеме или не , се реши да тргнеме иако се очекуваше да не бидеме присутни.Неколку километри пред Куманово т.е на втората патарина не чекаше огромен кордон од полиција составен од желки, обични скопски и кумановски џандари. Според нивната бројка изгледаше како да очекуваат вооружена банда, а не навивачи. По убедувањето зашто неможеме да одиме, решивме да тргнеме пешки.Тргнавме со песна при што беше запалена димна, но многу брзо корднот од желки со штитовите уште еднаш покажаа колку се "силни" и не блокираа , при што не ни беше дозволено ни пешки да стигнеме. Причината која ни ја кажаа дека стадионот бил полн (иако не беше ни до пола исполнет) и дека нема да можат да ни гарантираат безбедност.Стварно силна полиција што неможе да гарантира безбедност на 70 души на полупразен стадион со 80% деца .Уште еднаш во оваа држава се покажа дека за Комити има некои посебни правила и закони додека за сите други кои гостуваат во Скопје има сосема други.И пред некоја сезона бевме вратени на неколку километри од Битола кога сакавме да одиме на ракомет, но тогаш изговорот беше дека има пијани матуранти во Битола и нема да може да ни гарантираат безбедност.





-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 16.Септември.2008 во 17:51
Казнена експедиција...

* "Играме офанзивен фудбал со брза трансформација на четири до пет фудбалери во нападот. Фудбалот всушност се игра за голови, и тоа е нашата филозофија", вели "бомбардерот" Јанкер

Вардар препородениот не простува... Секој има можност да си ги искористи своите шанси, кој колку може, затоа што во спротивно следи казна. Вака, барем погледнато од страна, дејствува четата на Ратко Достаниќ на стартот од новиот шампионат конечно дефинитивно веќе навестувајќи го враќањето на епитетот - најтрофејното од Македонија.

Шест години "црвено-црната" армија навивачи го очекуваше лицето на својот клуб со кое ќе може да се гордее, за ете во 2008 по организацискиот препород веќе истото полека да се открива. А, искрено, без разлика на целокупната позитивна реорганизација, и најголемите оптимисти не веруваа дека Вардар уште од почетокот така лесно ќе дели "тројки" на кој стигне... 12 бода со 12 гола низ четирите кола, и тоа нанижани шампионот од пред една година Победа, најлутиот ривал Пелистер, секогаш амбициозната Ренова и минатогодишниот вицешампион Милано се повеќе од добар почеток на патот кон шампионската титула.

"Но, на шампионската титула с$ уште не сакаме да размислуваме. Има уште многу да се игра, минати се само четири натпревари а ние сакаме да одиме чекор по чекор", веднаш ја спушта топката "бомбардерот" во редовите на "вардарци", Бобан Јанчевски, кој и на жешкиот терен во Куманово двапати ја потврди својата гол форма.

"Најдоброто е што играме онака како што очекуваат сите од Вардар. Играме навистина офанзивен фудбал со брза трансформација на четири до пет фудбалери во нападот. Фудбалот се игра за голови, и тоа е нашата филозофија. Тешко е тогаш противниците да се бранат".

Сепак, против Милано не лесно се стигна до убедливиот триумф.

"Тежок натпревар, домаќинот имаше одлични можности, но ние знаеме да казнуваме секогаш кога е неопходно".

Навивачите очекуваат а љубителите на фудбалот посакуваат и натаму атрактивен фудбал. Продолжува ли гол серијата?

"Дај боже да продолжам на овој начин... Меѓутоа, за моите погодоци подеднакво се заслужни и колегите од тимот. Без нив тешко дека ќе биде оваа бројка на голови", вели популарниот Јанкер, на кого се надоврзува мислењето на репрезентативецот Артим Положани.

"Убаво е кога со триумф ќе заврши еден таков квалитетен натпревар. Знаевме како да го контролираме дуелот со Милано потврдувајќи ја досегашна доминација, меѓутоа дефинитивно сигурен сум дека знаеме и како да го контролираме понатаму патот до трофеите", истакнува Положани, кој со вистински евро погодок во финишот само ја запечати судбината на кумановци, кои се запишаа на списокот "жртви" на новата вардарова



ДЕН ПО СРЕДБАТА ВО КУМАНОВО ВЕЌЕ Е ЈАСНО ЗА НЕИЗДРЖАНОСТА НА ОДЛУКАТА ДА НЕ СЕ ПРИМААТ ВАРДАРОВИТЕ НАВИВАЧИ

"Комитите" ни пешадија до Куманово

Ако од сегашен аспект се погледнат полупразниот стадион во Куманово, одличната организација на средбата и високите безбедносни мерки за дуелот меѓу Милано и Вардар тогаш веќе се потврдува впечатокот за неиздржаноста на одлуката да не се дозволи присуство на најверните навивачи на Вардар, "Комитите", на неделната средба.

А, во неделата некаде околу 70 "Комити" сепак и покрај предупредувањето организирано тргнале за Куманово. Но на само два километри пред градот очекувано нивниот автобус бил пресретнат од полицијата со известување дека не смее понатаму. Зачудувачки, првично им било дозволено пешки да го продолжат својот пат, но веднаш потоа повторно упорните "Комити" биле пресретнати од полициски кордон со ново известување дека за нив нема ниту пешадија до Куманово.

Јасно е дека една од мерките за спречување на меѓунавивачките инциденти е и оваа, и секако најлесниот начин за да не се заморуваме со подоцнежно решавање на несакани настани. Меѓутоа, зачудува нееднаквоста во одлуките за слобода на движењето. Во Скопје има место за секоја навивачка група. Во Куманово јасно е дека трибината не беше причината за непримањето на вардаровите навивачи, истата онаа која и во многу полоша состојба претходно примала "Комити" на дуелите со Башкими.

Фудбалот, барем така водат размислувањата, се игра за навивачите. Организаторите мора тоа да го знаат, исто како што навивачите мора да знаат дека клубовите веќе не смеат да бидат жртва на нивното хулиганско однесување. Ред е во Македонија концентрацијата да биде на зелениот терен а не кон трибината. А, лекот, сепак не ќе да е во забраната за патување на "Комитите". Затоа што во Македонија ретко ќе се најде стадион кој ги задоволува сите безбедносни критериуми, а вардаровите навивачи ќе останат за домашна употреба.





-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 16.Септември.2008 во 19:41
Sliki od Komiti na Patarina pred Kumanovo...

http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=830&g2_serialNumber=2 - http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=830&g2_serialNumber=2

http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=834&g2_serialNumber=2 - http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=834&g2_serialNumber=2

http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=843&g2_serialNumber=2 - http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=843&g2_serialNumber=2

http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=846&g2_serialNumber=2 - http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=846&g2_serialNumber=2

http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=849&g2_serialNumber=2 - http://www.komiti.org/gal1/gallery2/main.php?g2_view=core.DownloadItem&g2_itemId=849&g2_serialNumber=2

-------------



Постирано од: milano4ever
Датум на внесување: 17.Септември.2008 во 13:44
pa mislam deka dobro go znaat site makedonski klubovi TETOVO . pa dojdete tamu da ve vidime


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 17.Септември.2008 во 17:31
Вардар 4 средби како домаќин без публика

Одлуки на Дисциплинската комисија на ФФМ од состанокот одржан на Ден 17.09.2008 година:

1.Капинкоски Димитар (Ф.К.Победа) се казнува со забрана на настап на 1(еден) натпревар поради втор жолт картон на натпреварот со Ф.К.Македонија ЃП
2. Крстев Александар (Ф.К.Хор. Турново) се казнува со забрана на настап на 1(еден) натпревар поради втор жолт картон на натпреварот со Ф.К.Силекс
3. Каранфиловски Раде (Маџари С) се казнува со забрана на настаp на 2(два) натпревари поради неспортски однос на натпреварот со Ф.К.Кожуф
4.Стојанов Марјан (ВардарДекамел) се казнува со забрана на наста на 2(два) натпревари поради неспортски однос на натпреварот со Ф.К.Миравци.
5.Исаку Бесарт (Охрид) се казнува со забрана на настап на 1(еден) натпревар поради втор жолт картон на натпреварот со Ф.К.Нов Милениум
6. Абди Едис (Охрид) се казнува со забрана на настап на 2(два) натпревари поради неспортска игра на натпреварот со Ф.К.Нов Милениум.
7.Ф.К.Вардар Декамел се казнува со парична казна од 250 евра поради присyство на неслужбени лица пред прострориите за време на натпреварот со ФК Цементарница.
8.Ф.К.Скопје се казнува со парична казна од 250 евра поради влегување на неслужбени лица на натпреварот со Ф.К.Кожуф.
9.Ф.К.,Вардар Скопје се казнува со забрана на настап без присуство на публика на 4(четири) натпревари како домаќин , поради инцидентот кој се случил во 85 минута во ложата на градскиот стадион во Скопје, кога од страна на навивачите на Ф.К.Вардар било нападнато раководството на Ф.К.Ренова.
10.Се задолжува Ф.к.Вардар да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ број 03-228 од 07-05-2008 г И да го исплати долгот на 5(пет) еднакви рати кон ФК Цементарница, заклучно со 31.12.2008 година.
Доколку одлуката не се спроведе до утврдениот датум следува Суспензија.
11..Се задолжува Ф.к.Вардар да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ број 03-227 од 07-05-2008 г . најдоцна до 01.10.2008 година да го исплати долгот кон ФК Силекс .
Доколку одлуката не се спроведе до утврдениот датум следува Суспензија.
12.Се задолжува Ф.к.Милано да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ број 03-225 од 07-05-2008 г . најдоцна до 01.10.2008 година да го исплати долгот кон ФК Работнички.
Доколку одлуката не се спроведе до утврдениот датум следува Суспензија.
13.Се задолжува Ф.к.Ренова да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ број 03-435 од 19-08-2008 г . најдоцна до 01.10.2008 година да го исплати долгот кон ФК Силекс.
Доколку одлуката не се спроведе до утврдениот датум следува Суспензија.
14. Шефот на стручниот штаб на Ф.К.Победа Здравески Николче се казнува со забрана на вршење на било каква функција поврзана со фудбалскиот спорт во траење од 1(еден) месец поради отстранување од терен во 9 мин. на натпреварот со Ф.К.Напредок.
15.Претседателот на Ф.К.Победа(Забрчанец Александар) се казнува со Опомена поради неовластено влегување во терен при постигнување на гол на екипата на Ф.К.Победа на натпреварот со Напредок.


Ne mi se veruva ej pa uste kazneti za ovaa glupost!!!!! do koga ke se raboti vo makedonija protiv Vardar?!!? ovoj prilepskiov majmun Haralampie pod hitno da se izbrka od FFM!!!!

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 18.Септември.2008 во 16:44

ПОРАДИ ИНЦИДЕНТОТ ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРОТ СО РЕНОВА, НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ ЗАРАБОТИ НЕОЧЕКУВАНО ВИСОКА КАЗНА

ФФМ "удри" 4 средби по Вардар

* Изненадувачкото е што за многу поголеми инциденти кога биле физички претепувани фудбалери, судии, делегати, во минатото Башкими или Шкендија минувале со слични казни

Навивачите на Вардар, ајде што не се пожелни во средините надвор од својот "Градски", во следните четири натпревари нема да имаат можност да го гледаат својот клуб и на средбите на домашен терен.

Според одлуката од вчерашниот состанок на Дисциплинската комисија на ФФМ поради инцидентот на Јужната трибина за време на натпреварот од 4. коло во Првата лига против Ренова, најтрофејниот македонски клуб следните четири првенствени средби како домаќин ќе мора да ги игра без публика. Како што стои во образложението на Дисциплинецот, казната следи поради инцидентот кој се случил во 85. минута од натпреварот со Ренова кога од страна на навивачите на ФК Вардар било нападнато раководството на ФК Ренова.

Јасно е дека "црвено-црните" мора да понесат своја одговорност за немилите сцени, меѓутоа изненадувачкото е што претходно за многу поголеми инциденти кога биле физички претепувани фудбалери, судии, делегати, па и на самиот терен, а натпреварите биле прекинувани, во минатото Башкими или Шкендија минувале со без малку слични казни. Очигледно е дека за некои во ФФМ силен Вардар во моментов е добар "терен" за неаргументирано "изживување"...

"Вардарците" сега натпреварите со Напредок (20 септември), со Хоризонт Турново (4 октомври) и Металург (25 октомври), како и средбата на домашен терен од 1/8-финалето од Купот на Македонија ќе мора да ги играат без публика. Додека на дерби дуелот со Работнички на 18 октомври, со оглед на тоа што Вардар ќе биде гостин, на "Градски" сепак најтрофејниот клуб ќе има навивачи.

Инаку, на вчерашниот состанок на Дисциплинската комисија на ФФМ, меѓудругото забрана од два натпревари настап поради неспортски однос добија фудбалерите Раде Каранфиловски (Маџари С), Марјан Стојанов (Вардар Декамел) и Едис Абди (Охрид), додека со по еден натпревар поради втор жолт картон се казнети Димитар Капинковски (Победа), Александар Крстев (Хоризонт Турново) и Бесарт Исаку (Охрид).

Второлигашот Вардар Декамел е казнет со парична казна од 250 евра поради присуство на неслужбени лица пред просториите за време на натпреварот со ФК Цементарница, додека со истата парична казна е казнет и ФК Скопје поради влегување на неслужбени лица на натпреварот со ФК Кожуф.



ВАРДАР ЌЕ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ДО ФФМ

Костовски: "Некоректно преголема казна..."


По вчерашната одлука на Дисциплинецот неизбежна и реакцијата од раководството на најтрофејниот македонски клуб.

"Ние сме подготвени да ја почитуваме секоја одлука на органите на ФФМ, меѓутоа апсолутно не сме задоволни што ФФМ во ниту еден момент не го зеде во предвид и нашиот став околу случувањата", вели потпретседателот на Вардар, Коста Костовски, притоа дополнувајќи:

"Се работи за објективно превисока казна. Висината на казната воопшто не соодејствува со случувањата на Јужната трибина. Одговорно тврдам дека немаше инцидентно однесување на нашите навивачи за вака висока мерка. Се беше навремено спречено. Ние ќе поднесеме жалба до ФФМ, и очекувам да биде намалена казната. Јас лично ќе барам и конкретен одговор од органите на ФФМ која е причината за ваквиот однос кон Вардар, кој во моментов со својот нов изглед повторно ги враќа навивачите на трибините, што всушност, ако не се лажеме, е желбата на сите кои работат во фудбалот. Која е целта тогаш на една вака превисока казна?".

"Црвено-црните" мора да се раздолжат со Цементарница 55

Дисциплинската комисија вчера донеса одлука со која се задолжува ФК Вардар да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ број 03-228 од 7 мај 2008 година и да го исплати долгот на пет еднакви рати кон ФК Цементарница заклучно со 31 декември 2008 години, средства кои се должат за трансферот на фудбалерот Александар Васоски. Доколку одлуката не се спроведе до утврдениот датум во тој случај ќе следи суспензија за Вардар. Претходниот договор, пак, меѓу двата клуба а во присуство на раководни лица на ФФМ беше средствата да се исплатат во 12 рати.

Исто така ФК Вардар е задолжен да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ најдоцна до 1 октомври 2008 година да го исплати долгот кон ФК Силекс за трансферите на Даниел Ивановски и Мартин Богатинов.

КАЗНА И ЗА ТРЕНЕРОТ НА ПОБЕДА

Здравески еден месец "замрзнат"


Шефот на стручниот штаб на Победа, Николче Здравески, заработи казна од еден месец забрана за вршење на каква било функција поврзана со фудбалскиот спорт поради отстранувањето од терен во 9. минута на натпреварот со ФК Напредок.

Претседателот на Победа, Александар Забрчанец, пак, доби опомена поради неовластено влегување во терен при постигнувањето на гол на екипата на Победа на натпреварот со Напредок.

И Милано и Ренова ќе плаќаат

Исплата, согласно одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ, најдоцна до 1 октомври 2008 година ќе мора да извршат и ФК Милано и ФК Ренова.

Милано ќе мора да го подмири долгот кон ФК Работнички, додека Ренова кон ФК Силекс.

Доколку одлуките не се спроведат до утврдениот датум, според информацијата од ФФМ, како и во случајот со ФК Вардар, исто така ќе следи суспензија за двата клуба.





Јас навистина не сваќам што е Вардар крив...лутинаПатем мме...па кој прв почна....!!!!!!!!



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 20.Септември.2008 во 17:25
Vardar     4 - 2     Napredok


Strelci:
          
21min Levkov 0-1
     
47min Gligorov 1-1

69min Milisavljevic 2-1

78min Bajevski 3-1

84min Stavreski 3-2

90min Jancevski 4-2


Napred Vardar!!!



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 22.Септември.2008 во 18:09
Тече вардаровата "голеада"

* Низ две различни лица "вардарците" главно поради одличниот напад во вториот дел до нови три очекувани бода

ВАРДАР - НАПРЕДОК 4:2 (0:1)

Градски стадион во Скопје. Натпревар без публика. Главен судија: Љубомир Крстевски. Помошници: Панде Атанасов и Златко Стојановски (сите од Битола).

Стрелци: Глигоров 47', Милисављевиќ 69', Бајевски 78', Јанчевски 90' (В); Левков 21', Ставрески 84' (Н). Ж. картони: Милисављевиќ (В); Илиев, Трпеноски, Симјаноски (Н). Црвен картон: Трпеноски 86' (Н).

Играч на натпреварот: Немања Милисављевиќ




Инаку, вардаровите фудбалери во саботата на "Градски", сепак, имаа поддршка од 50 свои навивачи, кои ја искористија моменталната доизградба на Северната трибина, токму од таа страна, иако официјално надвор од стадионот, да го бодрат својот тим.

IMAS VARDAR TI VERNI KOMITI KADE ODIS TI NIE SO VAS SME NAPRED VARDARE!!!

-------------



Постирано од: milano4ever
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 19:51
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

<p ="WB_MKS_Nadnaslov" id="Articleing" align="justify">ПОРАДИ ИНЦИДЕНТОТ ЗА ВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРОТ СО РЕНОВА, НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ ЗАРАБОТИ НЕОЧЕКУВАНО ВИСОКА КАЗНА


<p ="WB_MKS_Naslov" id="ArticleTitle" align="justify">ФФМ "удри" 4 средби по Вардар


<p ="WB_MKS_Podnaslov" id="ArticleSummary" align="justify">*
Изненадувачкото е што за многу поголеми инциденти кога биле физички
претепувани фудбалери, судии, делегати, во минатото Башкими или
Шкендија минувале со слични казни


<p align="justify">Навивачите на Вардар, ајде што не се пожелни во
средините надвор од својот "Градски", во следните четири натпревари
нема да имаат можност да го гледаат својот клуб и на средбите на
домашен терен.Според одлуката од вчерашниот состанок на
Дисциплинската комисија на ФФМ поради инцидентот на Јужната трибина за
време на натпреварот од 4. коло во Првата лига против Ренова,
најтрофејниот македонски клуб следните четири првенствени средби како
домаќин ќе мора да ги игра без публика. Како што стои во образложението
на Дисциплинецот, казната следи поради инцидентот кој се случил во 85.
минута од натпреварот со Ренова кога од страна на навивачите на ФК
Вардар било нападнато раководството на ФК Ренова.


<p align="justify">Јасно
е дека "црвено-црните" мора да понесат своја одговорност за немилите
сцени, меѓутоа изненадувачкото е што претходно за многу поголеми
инциденти кога биле физички претепувани фудбалери, судии, делегати, па
и на самиот терен, а натпреварите биле прекинувани, во минатото Башкими
или Шкендија минувале со без малку слични казни. Очигледно е дека за
некои во ФФМ силен Вардар во моментов е добар "терен" за
неаргументирано "изживување"..."Вардарците" сега натпреварите
со Напредок (20 септември), со Хоризонт Турново (4 октомври) и Металург
(25 октомври), како и средбата на домашен терен од 1/8-финалето од
Купот на Македонија ќе мора да ги играат без публика. Додека на дерби
дуелот со Работнички на 18 октомври, со оглед на тоа што Вардар ќе биде
гостин, на "Градски" сепак најтрофејниот клуб ќе има навивачи.Инаку,
на вчерашниот состанок на Дисциплинската комисија на ФФМ, меѓудругото
забрана од два натпревари настап поради неспортски однос добија
фудбалерите Раде Каранфиловски (Маџари С), Марјан Стојанов (Вардар
Декамел) и Едис Абди (Охрид), додека со по еден натпревар поради втор
жолт картон се казнети Димитар Капинковски (Победа), Александар Крстев
(Хоризонт Турново) и Бесарт Исаку (Охрид).Второлигашот Вардар
Декамел е казнет со парична казна од 250 евра поради присуство на
неслужбени лица пред просториите за време на натпреварот со ФК
Цементарница, додека со истата парична казна е казнет и ФК Скопје
поради влегување на неслужбени лица на натпреварот со ФК Кожуф.ВАРДАР ЌЕ ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ДО ФФМКостовски: "Некоректно преголема казна..."По вчерашната одлука на Дисциплинецот неизбежна и реакцијата од раководството на најтрофејниот македонски клуб."Ние
сме подготвени да ја почитуваме секоја одлука на органите на ФФМ,
меѓутоа апсолутно не сме задоволни што ФФМ во ниту еден момент не го
зеде во предвид и нашиот став околу случувањата", вели потпретседателот
на Вардар, Коста Костовски, притоа дополнувајќи:"Се работи за
објективно превисока казна. Висината на казната воопшто не соодејствува
со случувањата на Јужната трибина. Одговорно тврдам дека немаше
инцидентно однесување на нашите навивачи за вака висока мерка. Се беше
навремено спречено. Ние ќе поднесеме жалба до ФФМ, и очекувам да биде
намалена казната. Јас лично ќе барам и конкретен одговор од органите на
ФФМ која е причината за ваквиот однос кон Вардар, кој во моментов со
својот нов изглед повторно ги враќа навивачите на трибините, што
всушност, ако не се лажеме, е желбата на сите кои работат во фудбалот.
Која е целта тогаш на една вака превисока казна?".


<p align="justify">"Црвено-црните" мора да се раздолжат со Цементарница 55Дисциплинската
комисија вчера донеса одлука со која се задолжува ФК Вардар да ја
изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ број 03-228 од 7 мај 2008
година и да го исплати долгот на пет еднакви рати кон ФК Цементарница
заклучно со 31 декември 2008 години, средства кои се должат за
трансферот на фудбалерот Александар Васоски. Доколку одлуката не се
спроведе до утврдениот датум во тој случај ќе следи суспензија за
Вардар. Претходниот договор, пак, меѓу двата клуба а во присуство на
раководни лица на ФФМ беше средствата да се исплатат во 12 рати.Исто
така ФК Вардар е задолжен да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет
на ФФМ најдоцна до 1 октомври 2008 година да го исплати долгот кон ФК
Силекс за трансферите на Даниел Ивановски и Мартин Богатинов.


<p align="justify">КАЗНА И ЗА ТРЕНЕРОТ НА ПОБЕДАЗдравески еден месец "замрзнат"Шефот
на стручниот штаб на Победа, Николче Здравески, заработи казна од еден
месец забрана за вршење на каква било функција поврзана со фудбалскиот
спорт поради отстранувањето од терен во 9. минута на натпреварот со ФК
Напредок.Претседателот на Победа, Александар Забрчанец, пак,
доби опомена поради неовластено влегување во терен при постигнувањето
на гол на екипата на Победа на натпреварот со Напредок.


<p align="justify">И Милано и Ренова ќе плаќаатИсплата,
согласно одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ, најдоцна до 1 октомври
2008 година ќе мора да извршат и ФК Милано и ФК Ренова.Милано ќе мора да го подмири долгот кон ФК Работнички, додека Ренова кон ФК Силекс.Доколку
одлуките не се спроведат до утврдениот датум, според информацијата од
ФФМ, како и во случајот со ФК Вардар, исто така ќе следи суспензија за
двата клуба.

<p align="justify">

<p align="justify">

<p align="justify">Јас навистина не сваќам што е Вардар крив...лутинаПатем мме...па кој прв почна....!!!!!!!!


da zapalish albansko zname malku se 4 natprevari


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 19:56
клубот не е крив за тоа што го прави публиката а 50% од клубор е публиката....

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 20:10
Radi zapalenoto albansko Zname ne se ni najmalku kazneti!

Vardar e kaznet za nisto...FFM edvaj ceka da go kazni Vardar ali ke se sredi i toa!

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 24.Септември.2008 во 18:05
Вардар без гледачи против Ренова

"Црвено-црните" ќе ја немаат поддршката на навивачите во дуелот со тимот од Џепчиште, поради издржување на казната од 4 средби без публика дома, токму за инцидентот со нив на Градски

Најмалку четири прволигашки екипи ќе ги завршат борбите во 1/8 финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Ждрепката сакаше осум елитни клубови да го поделат мегданот за место меѓу осумте најдобри што ќе ги продолжат натпреварите за драгоцениот трофеј.

Најголем интерес привлекува натпреварот меѓу најголемиот фаворит сезонава за двете титули - првенството и Купот, Вардар и екипата на Ренова. Лидерот на табелата, кој е единствен меѓу прволигашите со 100% учинок, пет од пет, веќе се сретна со лигашот од Џепчиште во борба за бодови. Вардарци победија на Градски (3:1), но освен бодовите, заработи и казна од 4 средби без публика на свој терен, поради инцидентот на трибините, кога беше нападнато раководството на гостите.

"Црвено-црните" една средба од казната веќе издржаа, а поддршката на навивачите ќе ја немаат и со Ренова во Купот.
- И на таа средба ги презедовме сите мерки, што ги правиме, како и на дугите, за безбедност на сите учесници и присутни на стадионот. Инцидентите се немили настани и не ги посакуваме. Тоа беше гест на поединец, што не можевме да го спречиме. Секоја екипа на Градски ќе биде пречекана максимално коректно, а тоа важи и за Ренова, која е добредојдена како протвник, вели еден од директорите на Вардар, Дејан Чекаров.

Бранителот на трофејот Работнички и Силекс за противници имаат понискорангирани екипи од себе, а двајца победници ќе се добијат од меѓусебни пресметки на второлигашите.
Еве ги двојките за 1/8 финалето: Металург - Милано, Вардар - Ренова, Работнички - Нов Милениум, Дрита - Миравци, Силекс - Беласица, Пелистер - Хоризонт, Победа - Македонија ЃП, Шкендија - Охрид.

Првите натпревари на програмата се на 22 октомври (14 часот), а рев

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 26.Септември.2008 во 21:15
Во недела фудбалското дерби меѓу Македонија и Вардар

Македонскиот спорт влегува од репрезентативен во клупски фокус. Фудбалското дерби меѓу Македонија и Вардар е централен настан кај нас викендов.

Пред камерите на А1 во недела од 15 часот во Ѓорче Петров ќе истрчаат двете најдобри екипи досега во нашето елитно фудбалско друштво.

Ривалите меѓусебно се почитуваат, претпазливи се, иако најавуваат победа. За Македонија да се намали негативата од четири бода во однос на противникот, за Вардар уште повеќе да се одлепи и да ја потврди црвено-жолтата нијанса на Првата фудбалска лига.

„Вардар се покажа дека има многу малку слаби точки, покажаа дека имаат голем квалитет за оваа наша лига. Секако дека имаат и свои слаби точки кои што ние ќе пробаме да ги искористиме на најдобар можен начин“, изјави тренерот на „лавовите“, Илчо Георгиевски.

„Не се замараме со нивниот напаѓачки дел од екипата, најбитно е да одиграме така како што ќе договориме во соблекувалната со шефот и стручниот штаб и не верувам дека че имаме некакви проблеми околу тоа“, рече капитенот на Вардар, Мирослав Вајс.

Седмото прволигашко фудбалско коло утре ќе го отворат Работнички и победа на „Градски“.



-------------



Постирано од: kyTpe
Датум на внесување: 28.Септември.2008 во 23:48
Денеска Вардар изгуби во Ѓорче 1 0 . слаба игра но добро навивање од Комитите, слики на нашиот форум . ПОззз


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 11.Октомври.2008 во 12:26
Достаниќ го напушти Вардар поради Косово

Среде првенствената пауза поради претстојниот настап на репрезентацијата во Исланд, фудбалска бомба во „Градскиот парк“. Ратко Достаниќ веќе не е тренер на лидер на табелата Вардар.

Српскиот тренер си заминал од Скопје, во знак на револт поради тоа што Македонија ја призна независноста на Косово.

Неполни четири месеци откако седна на клупата на нашиот најтрофеен клуб, Достаниќ си замина преку ноќ, не соопштувајќи им ја одлука в лице ниту на фудбалерите, ниту на управата.

Аберот го испратил преку помошникот Спасиќ, кој шокираните играчи и челници ги известил на утринскиот тренинг, најавувајќи дека и тој ќе си оди.

Како единствена причина за ваквиот потег, Достаниќ го навел притисокот што наводно го чувствувал од својата земја, откако Македонија го призна Косово.



-------------



Постирано од: BarcaTheBest21
Датум на внесување: 11.Октомври.2008 во 19:22
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

Достаниќ го напушти Вардар поради Косово

Среде првенствената пауза поради претстојниот настап на репрезентацијата во Исланд, фудбалска бомба во „Градскиот парк“. Ратко Достаниќ веќе не е тренер на лидер на табелата Вардар.

Српскиот тренер си заминал од Скопје, во знак на револт поради тоа што Македонија ја призна независноста на Косово.

Неполни четири месеци откако седна на клупата на нашиот најтрофеен клуб, Достаниќ си замина преку ноќ, не соопштувајќи им ја одлука в лице ниту на фудбалерите, ниту на управата.

Аберот го испратил преку помошникот Спасиќ, кој шокираните играчи и челници ги известил на утринскиот тренинг, најавувајќи дека и тој ќе си оди.

Како единствена причина за ваквиот потег, Достаниќ го навел притисокот што наводно го чувствувал од својата земја, откако Македонија го призна Косово.

Sram da i e.. zst mesa politika so football


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 15:08
Eпа срам да им е......тие што напуштаат

Некако Вардар овој пат губи од Работничкиии....не ми се свиѓа баш тоа не заради друго туку некако како да му вракаат на Трифун..збунетост


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: Gravedigger
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 15:24
Да не знае некој дали головите Работнички ги постигна во првото полувреме или во второто? Не бев дома па неможев да гледам, а ја имав пишано на интернет Х п.п и 3+. збунетост




Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 16:20
Savic 45min go postigna golot vo prvoto poluvreme a Kirovski 47 vo vtoroto... O vardare sramota!!!!!!!!!!!!!

-------------



Постирано од: Gravedigger
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 17:06
Знам ми кажаа. 43` „Дуле Савиќ мога к*рца главич го дал голот“ и после во 47` овај Кировски дал голот. Ја очекував победа на Вардар со најмалце 3 гола во мрежата на Работнички, али ништо од тоа.. тие примија 2.  Утре не верувам дека Македонија ЃП ќе падне, па ќе го изгубите 1. место.



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 17:23
Ne e bitno sepak pocetok e na sezonata....Na kraj sepak mislam Vardar ke bide Shampion...ali igrata uopste ne mi se svigja i ako vardar do sega sve gazese toa e fakt deka nashata liga epten slaba e!

-------------



Постирано од: Gravedigger
Датум на внесување: 18.Октомври.2008 во 18:07
Знам дека има уште многу време до крајот, али ти кажувам за сеа. И јас мислам дека Вардар ќе биде шампион. Освен ЃП немат некои други овака којзнае какви противници, кои би можеле да им нанесат некои посериозни проблеми.


Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 21.Октомври.2008 во 18:49
spostvenokot na Milano e vo zatvor
izgleda vardar godinava nema konk*rencija :89


-------------


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 21.Октомври.2008 во 22:02
Милано не ни беше кој знае каква кок*ренција

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 27.Октомври.2008 во 16:50
ФК Вардар се врати на врвот

Прволигашите го минаа 10-от праг од мак-фудбалот и тоа секој со своја приказна. Македонија Ѓорче Петров прв пат на колена, Вардар не успеа да го згасне „фенерџијата“ Металург, Победа со скалпот на Пелистер.

Вардарци потврдија дека имаат проблеми по заминувањето на Ратко Достаниќ и во дуелот со „фенерџијата“ Металург.

Ѓоре Јовановски дебитираше на клупата на металурзите и успеа да му парира на фаворитот прво резултатски благодарение на погодокот на Нухиу во последните моменти од средбата.

Поранешниот вардарец беше најумешен по прекин и го совлада Пачовски кој имаше неколку добри интервенции главно на удари од далечина.

Вардар водеше повеќе од едно полувреме со осмиот гол на првиот стрелец во лигата Јанчевски сепак, на крај теренската иницијатива и можностите на Али, Јовановиќ и Јанчевски останаа максимум за тимот на Жикица Тасевски.

Нема непоразени во најдобрата македонска фудбалска лига. Македонија Ѓорче Петров загуби од Напредок иако имаше повеќе од натпреварот. Клучниот момент на средбата 81. минута и погодокот на Левков.

Вардар се врати врвот на табелата со 19 бода, Македонија остана на 18, Милано и Ренова имаат по 17, Победа стигна до 5-то место со 13 бода 1 повеќе од Работнички. 7-ми е Пелистер со 10 бода, следуваат Напредок со 9 и Силекс 8, на дното Металург и Хоризонт Турново со по шест бода.

Резултати од 10. коло:

    * Пелистер Победа 0:1
    * Вардар Металург 1:1
    * Напредок - Македонија 1:0
    * Ренова - Работнички 1:0
    * Милано - Хоризонт Турново 3:0
    * Слободна беше екипата на Силекс



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 31.Октомври.2008 во 17:58
Милко Ѓуровски нов тренер на Вардар

Легендата на македонскиот фудбал Милко Ѓуровски од утре ќе биде нов тренер на Вардар. Челниците на нашиот најтрофеен клуб се решија за ваков чекор по слабите резултати на Жикица Тасевски како предводник на црвено-црните.

Елиминацијата од Ренова ја прелеа чашата, па раководството на Вардар експресно најде замена за Тасевски, кој откако стана прв тренер не победи ниту еднаш.

Сега Тасевски ќе добие понуда да му биде прв асистент на Ѓуровски, односно да се врати на позицијата на која беше додека Вардар го водеше Ратко Достаниќ.

Милко Ѓуровски ќе дебитира в недела на првенствениот дуел во Кратово против Силекс. За него ова ќе биде прв ангажман во македонскиот клупски фудбал. Претходно работеше како тренер во Нафта и во Марибор, а му беше помошник и на селекторот Никола Илиевски во младата репрезентација на Македонија.

Во бившиот југословенски фудбал Милко Ѓуровски остана запаметен по извонредната вештина и по шокантниот трансфер од Црвена Ѕвезда во Партизан во 1986-та.

Настапите за белградските тимови ја обележаа неговата играчка кариера која заврши во Бежиград, во Словенија, во натпреварувачката 2005-та/2006-та.

За југословенската репрезентација Милко Ѓуровски одигра шест средби и постигна два гола. Трипати го облече дресот на македонската, но немаше реализација.

Ѓуровски доаѓа во македонското првенство на крајот на првиот дел од сезоната. 11-то коло утре ќе го отворат Работнички и Милано. В недела од 13 часот Македонија ќе го пречека Пелистер со директен пренос на А2.


Милко Ѓуровски

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 13.Ноември.2008 во 17:54
Вардар во лов по аргентински фудбалери

Управата на скопскиот фудбалски клуб Вардар ќе ангажира тројца играчи од средниот ред од клубови од првата аргентинска фудбалска лига, дознава Спортнет.

Според нашите информации, управата на Вардар веќе има пикирано тројца играчи, од кои дознаваме дека едниот е од клубот Индипендиенде. За таа цел во јануари, претставници на најтрофејниот македонски фудбалски клуб заминуваат за Мексико, каде треба да разговараат со агенција за ангажирање на овие фудбалери. Плановите се тројцата Аргентинци во зимскиот преоден рок да дојдат во редовите на Вардар. Според неофицијални информации тие ќе имаат едногодишен договор со скопскиот клуб, со можност по неговото завршување да го продолжат или да заминат во некој друг европски клуб.

Нашите извори велат дека тоа се играчи кои не успеале во летниот преоден рок да најдат ангажман во клубовите од Примера Дивизион, каде конк*ренцијата е голема.



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 17.Ноември.2008 во 17:08
Вардар ќе плати за скршени 30 столчиња и за украдена топка

Навивачката група „Комити“ скршила 30 столчиња и украла една топка, при престојот на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, за време на дербито Победа - Вардар. Тоа е констатирано во записникот од претставници на двата клуба. Штетата што е направена во нередите на северната трибина, на полувремето, ќе ја плаќа „виновникот“, односно Вардар, чии навивачи се „комитите“.


Placete be za edna topka! Bog da cuva!

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Ноември.2008 во 19:16

ВТОРИОТ ТИМ НА "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ВО ЖДРЕПКАТА ЗА ОСМИНАФИНАЛЕТО ОД ЧЕЛЕНЏ КУПОТ

Денеска противникот за МРК Вардар

Екипата на МРК Вардар, која успеа да дојде до пласман во осминафиналето од Челенџ купот, денеска го очекува својот следен противник со кој ќе треба да игра дури на средината од февруари.
Во комбинација за противници на "црвено-црните" се неколку добри екипи со коишто, сепак, може да се надева на пласман во следната рунда.
Доколку рангирањето пред ждрепката биде како досега тогаш ќе има два шешири во коишто ќе се најдат вкупно 16 тима. Затоа што натпреварувањето го напуштија неколку од подоброрангираните состави ќе има мало поместување, а со тоа МРК Вардар се најде на 7. место од оние кои минаа во осминафинале. Според тоа "вардарците" се во групата на носители и утре ќе ги избегнат составите на Ресица, Бакау, Берн Мури, Кремс, Скиф Кранодар, и Динамо Полтава.
Затоа, пак, на мегдан во СРЦ "Кале" може да дојдат осум тима од коишто тренерот Темелковски смета дека за пласман понатаму најдобро би дошле Бугарите од тимот на Добруџа.
"Кога би можеле да бираме тогаш Добруџа е мојот избор. Сепак, ние не се оптоваруваме премногу со противникот бидејќи најважно е ние да играме добро. Тоа го потврдивме и против Филипос Вериа. Се виде она што го зборувавме. Кога се игра добро и се дава с$ од себе на теренот тогаш и три гола може да бидат доволно. Ако, пак, има опуштање тогаш ниту десет нема да завршат работа и да донесат пласман во следната рунда. Затоа, нам ни е потполно јасно дека против секој противник мораме да одиграме", коментираше Темелковски.
Во секој случај Темелковски даде и свое видување за тоа дека против дел од тимовите кои фигурираат како можни за ждрепката ќе биде полесно да се дојде до позитивен резултат. Покрај Добруџа во таа група се наоѓаат и Инсбрук од Австрија и Будуќност од Црна Гора. Против Турците и Грците ќе биде потешко, но со овој состав на МРК Вардар никој нема да се наигра. Веќе е надминат психолошкиот притисок за деби на меѓународната сцена и затоа сега се очекуваат подобри резултати.



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 29.Ноември.2008 во 17:53
Вардар - Милано 2:4

Милано конечно славеше на најголемиот македонски стадион, Милко Ѓуровски не успеа да се радува на победата и во првиот меч на домашен терен, Глигоровски постигна три гола за пет минути.

Дербито во Првата македонска фудбалска лига меѓу Вардар и Милано, кое се одигра на Градскиот стадион во Скопје им припадна на гостите од Куманово. Фудбалерите на Милано прикажаа многу позрела игра во однос на противникот и сосема заслужено славеа со 2:4.

Играч на мечот несомнено е напаѓачот на кумановскиот тим, Ивица Глигоровски кој постигна хет трик. к*риозитет е тоа што голманот на Вардар, Пачовски и покрај тоа што постигна гол од пенал е трагичар на мечот, поради неколкуте лоши интервенции. Од друга страна, агонијата на „Црвено црните" продолжува, ниту двата досудени пенали во полза на вардарци не беа доволни за славје на „Градски“, а тренерот Милко Ѓуровски и во првиот меч пред домашната публика не успеа да го почувствува вкусот на победата.

Вардар - Милано 2:4, стрелци на головите беа, Пачовски (14'), Бајевски (36') од пенал за Вардар, а за Милано Глигоровски постигна хет трик (16', 18', 21') и Алими (55').
Продолжува агонијата на Вардар


Имено, Ѓуровски откако го презеде најтрофејниот македонски клуб нема забележано победа во најсилниот национален фудбалски шампионат:

    * Силекс - Вардар 0:0
    * Победа - Вардар 0:0
    * Пелистер - Вардар 0:0
    * Ренова - Вардар 1:1

По денешниот триумф, јасно е дека Милано и по 16. коло во Првата фудбалска лига на Македонија ќе остане на втората позиција, сега со 27 освоени бода, додека Вардарци остануваат на претходно освоените 23 поени.






-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 30.Ноември.2008 во 12:28
Vardar - Milano, Sliki od Komiti

















-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 02.Декември.2008 во 22:11
Трифун Костовски останува прв човек на Вардар

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=07214DB3BF23E74EA60172908A0DF48C - http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=07214DB3BF23E74EA60172908A0DF48C

-------------



Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 19:52
Armend Halimi rasipuvac na zabavi :)

-------------


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Декември.2008 во 20:00
бриши сандуче ред блек

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Декември.2008 во 21:14
ФК Вардар нападнат од „Комити“, инцидент во 17. коло

Фудбалерите на Вардар се нападнати од својата навивачка група „Комити“ на превојот „Стража“ помеѓу Кичево и Гостивар по враќањето од гостувањето кај Напредок каде одиграа само 1:1, продолжувајќи ја мизерната серија од 10. натпревари по ред без победа.

Според информациите, фановите на Вардар незадоволни од играта и од резултатот, се решиле да се пресметаат со фудбалерите, по што автобусот со кој играчите се враќале од ова гостување бил целосно искршен.

По овој инцидент, претседателот на Вардар, Трифун Костовски веднаш реагираше и се закани дека ќе си замине од екипата доколку не се расчистат работите, а најави дека ќе биде свикана и прес конференција на која ќе ги објасни последните случувања.

Неофицијално, и тренерот Милко Ѓуровски најави заминување од клупата се додека екипата не се стабилизира. Овие денови ќе го дадат одговорот што ќе се случува со "Црвено-црните" иако работата според последните настани не кажува дека ќе оди на добро.

Екипата западна во сериозна резултатска криза, која го навлече гневот кон навивачите кои се решија врз фудбалерите да искажат своето незадоволство од играта на Вардар.


„Комити“ гневни на резултатите на својот тим

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 08.Декември.2008 во 21:48
"Комитите" се оградуваат од вчерашниот инцидент и го убедуваат Трифун да остане

И покрај тоа што сопственикот на Вардар, Трифун Костовски вчера бесен поради нападот на фудбалерите на Вардар, од страна на "Комитите" на превојот Стража, најави дека ќе си замине од најтрофејниот тим, сепак денеска имаше средба со навивачката група која го убедувала Костовски и натаму да остане главен финансиер на "црвено-црните".

"Комитите" се оградија од немилиот настан, и на средбата со фамилијата Костовски го убедувале Трифун да биде и натаму со Вардар.

"Комитите преку Одборот за спас на Вардар се оградуваат од изолираните поединечни инциденти што се случија по натпреварот Вардар -Напредок. Воедно сакаме да ја искажеме нашата целосна поддршка на актуелното раководство на клубот,со надеж за брзо надминување на играчката и резултатска криза на клубот. Истовремено го осудуваме и дивеењето и физичкиот напад на поединци врз вардаровата легенда Александар Баевски" - изјави во името на Управниот одбор на Вардар и Одборот за спас Ванчо Шехтански.

Костовски за утре најави одлука околу неговата иднина во македонската фудбалска гордост, со оглед на последните случувања.



-------------



Постирано од: Red`Black
Датум на внесување: 09.Декември.2008 во 21:03
po nekogas i go barat igracite
ima mnogu prodadeni dusi
sekogas ne se igra samo za pari


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 09.Декември.2008 во 23:00
Нема што навивачите да ги напаѓаат играчите.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk