IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Црвено - црни новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Црвено - црни новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 17>
Автор
Порака
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 13:34
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:


Роберт Петров како Бугарин!!!

Чудно, но вистинито. Роберт Петров пред неколку дена направи трансфер во тимот на Пансериакос од Сер. Сепак, Грците не би биле Грци доколку повторно не прават провокации. Петров е најавен како фудбалер од Бугарија и никаде не споменуваат дека тој е стандарден репрезентативец на Македонија. Точно е дека фудбалерот има и пасош од Бугарија, но зошто секогаш Грците се тие кои во заштита на своите идеали не даваат правилни информации. 

 


а стига беизненадување
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2008 во 17:11

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЗАКОНИТОСТА ДОНЕСЕ ПРЕДЛОГ ОДЛУКИ ДО УО НА ФФМ ОКОЛУ СЛУЧАЈОТ "СУСПЕНДИРАНИ ВАРДАРЦИ"

Потврда на суспензиите, без казна од 5.000 евра!

* На вчерашниот состанок Комисијата донесе и мериторна конечна одлука да биде поништена одлуката на Комисијата за молби и жалби за раскин на договорите на штета на фудбалер, што значи по истекот на суспензиите за играчите повторно ќе важат професионалните договори со ФК Вардар

Комисијата за заштита на законитоста при ФФМ на вчерашниот свој долг, исцрпувачки состанок не го прифати барањето на суспендираните вардарови фудбалери донесувајќи предлог одлука до УО на ФФМ за потврда на шестмесечните суспензии изречени од дисциплинскиот орган на ФК Вардар, меѓутоа Комисијата ја укина паричната казна од 5.000 евра која претходно им беше потврдена и од Комисијата за молби и жалби.

"Донесовме предлог одлука до Управниот одбор да биде потврдена времената казна од шест месеци суспензија за фудбалерите, со оглед на тоа што согласно член 43 (точка 6) од Дисциплинскиот правилник на ФФМ обврска на професионалниот фудбалер е редовно да учествува на тренинзите и натпреварите на својот тим", ни изјави веднаш по вчерашниот состанок претседателот на Комисијата за заштита на законитоста, Драган Симоновски, притоа објаснувајќи ја и предлог одлуката за укинување на паричната казна.

"Предлог одлуката да се укине паричната казна од 5.000 евра, односно да не се верифицира одлуката на ФК Вардар, е поради тоа што според член 56, односно член 93 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ за таков прекршок не може кумулативна одлука од суспензија и парична казна. Има или суспензија или парична казна. Со оглед на тоа што суспензиите се оправдани, тогаш не е можна парична казна".

На вчерашниот состанок Комисијата, разгледувајќи го овој случај, донесе и мериторна конечна одлука да биде поништена одлуката на Комисијата за молби и жалби во делот во кој се потврдува раскин на договорите на штета на фудбалер. Тоа значи дека по истекот на суспензиите играчите нема да имаат аматерски статус во клубот, но повторно им се враќа статусот од пред 9-ти мај, фудбалери под професионални договори со ФК Вардар.

"Донесена е конечна одлука, бидејќи како Комисија имаме право да носиме и мериторни одлуки, да се поништи дел од одлуката за раскин на договорите на штета на фудбалер затоа што Дисциплинскиот орган на ФК Вардар кој ја донел таа одлука како таков орган не може да носи такви решенија. Одлука за раскин на договорите може да носи тој и што потпишал соодветен договор со фудбалерите, претседателот на клубот или од негова страна назначен заменик, а не дисциплинскиот орган кој сам и покренува постапка и сам одлучува по истата", истакнува Симоновски.

Според правно-регулативните рамки до истекот на суспензиите фудбалерите нема да може да бараат раскин на договорите на штета на клуб поради неплатени придонеси, бидејќи како што одлучи и Комисијата за молби и жалби нивните барања за раскин на договорите се поднесени подоцна од веќе изречените суспензии. Што значи Георгиевски, Богатинов, Перендија, Станковиќ, Леповиќ, Мојсов, Роберто Карлос, Савиќ и Фабио кои веќе и од Комисијата за заштита на законитоста имаат потврдени суспензии, како и Бојовиќ и Пименте Соуса кои поради неприсуство с$ уште немаат официјално но истото ги очекува, ќе мора во следниот период доколку сакаат веднаш да ги продолжат своите кариери сепак да најдат заеднички јазик со раководството на Вардар.


СТРУЧНИОТ ШТАБ ЌЕ ИМА ЛИЦЕНЦА ЗА СТАРТ НА ПРВЕНСТВОТО

Стратев ќе биде комплетно исплатен


Стручниот штаб на Вардар на чело со Ратко Достаниќ, сепак, ќе добијат лиценци од Тренерската организација за претстојното првенство откако од клубот до предвидениот рок во среда ќе го решат проблемот со неисплатените финансиски средства кон поранешниот тренер на Вардар, Зоран Стратев.

"На прагот сме на договор со Стратев. Ќе го заокружиме и ова прашање со тоа што ќе му ги исплатиме на поранешниот тренер шесте заостанати плати во висина од по 500 евра, со што до утре членовите на стручниот штаб ќе ги добијат неопходните лиценци", соопшти вчера Костовски.

И Иди Баба се приклучува

Во следните два дена на вардаровиот тим треба да се приклучи дефинитивно и нигерискиот напаѓач Иди Баба.

26-годишниот Нигериец, поранешен член на германскиот Алеманија Ахен и на израелскиот прволигаш Макаби Тел Авив, иако доаѓа со одлични препораки прво ќе треба да ги задоволи критериумите на стручниот штаб пред да го официјализира потписот со најтрофејниот македонски клуб.

ОД РАКОВОДСТВОТО НА "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" НАЈАВУВААТ ШЕСТМЕСЕЧЕН ДОГОВОР СО ДОСЕГАШНИОТ НАПАЃАЧ

Бајевски на тренинг на Вардар!


"Црвено-црните" фудбалери по враќањето од Охрид, предводени од Ратко Достаниќ, денеска на своето помошно игралиште го продолжуваат тренажниот процес пред стартот на новото првенство.

Продолжуваат, но и со еден од најдобрите наши напаѓачи Александар Бајевски кој според најавите од раководството на клубот од денеска ќе тренира со "црвено-црните" со варијанта во следните денови да потпише и шестмесечен договор.

"Бајевски се приклучува на тренинзите, а ние очекуваме пред крајот на преодниот рок да постигнеме договор и за шестмесечна соработка, со тоа што во јануари без никаков проблем доколку има желба да му овозможиме и реализација на трансфер во странство", н$ информираше потпретседателот на Вардар, Коста Костовски.

Александар Бајевски деновиве очекува и разврска околу извесен интернационален ангажман. Доколку не дојде до реализација, останува во својот клуб.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2008 во 02:46

ПОРАНЕШНИТЕ "ЦРВЕНО-ЦРНИ" ФУДБАЛЕРИ СЕГА ВО ПАКЕТ НАЗАД ВО КЛУБОТ

За Вардар во полн сјај

* "Компарирајќи со периодот кога заминавме, сега се враќаме во клуб со далеку пореални амбиции за конечно освојување титула. Двојната круна е наш императив", велат Глигоров, Ѓошевски, Кметовски, Масев и новиот капитен Вајс

Пакет преземањето на раководството од страна на поранешните финансиери на македонскиот шампион со себе повторно во најтрофејниот наш клуб врати и пет поранешни "вардарци" кои на не баш славен начин го напуштаа клубот за сега, по неколку години пауза, конечно отворено да ги најават шампионските "црвено-црни" амбиции.

Никола Глигоров, Никола Ѓошевски, Љупчо Кметовски, Данчо Масев не така одамна беа дел од Вардар.

"Кога клубот беше оптоварен со серија проблеми заминав од Вардар. Сега е нешто сосема ново. Сега реално може да зборуваме за остварување на шампионските амбиции и конечно, по неколкугодишна пауза, радост за сите наши навивачи", вели Глигоров на кого се надоврзува размислувањето на членот на шампионската генерација од 2001 и 2002 година, Никола Ѓошевски.

"Моменталната ситуација ме потсетува на онаа од 2001 година, а не на онаа од пред две години пратена со серија проблеми. Има одлична атмосфера, организација и играчки состав за повторување на успесите од 2001 и 2002 година кога едноподруго бевме шампиони. Објективно гледано сигурен сум дека може да дојдеме до двојната титула", истакнува левокрилниот дефанзивец.

Најискусниот меѓу нив голманот Љупчо Кметовски дополнително оптимистички расположен.

"С$ освен двојна круна според мене би било неуспех. Ги имаме сите предуслови, па зошто да не бидеме отворено победнички расположени. Конечно, Вардар е прв кандидат за титула".

Меѓу "екс-вардарците" и момчето кое ги мина младинските школи во клубот а сега се враќа со капитенската лента, репрезентативецот Мирослав Вајс.

"Мислам дека Вардар оваа година мора да се покаже во полн сјај, онака како што посакуваат да го видат сите навивачи. Погледнато низ сите аспекти сигурно дека императивот е двојната круна. За тоа сме тука, без разлика на квалитетот, размислувањата или очекувањата на другите клубови во лигата", вели Вајс.

За вардаровите фудбалери вистинското лице на клубот, сепак, ќе треба да се демонстрира низ првенствените натпревари.

"Минавме напорни подготовки, меѓутоа с$ во интерес на тоа што следи. Тренинзите, пријателските натпревари се нешто сосема поразлично од официјалните дуели. На теренот ќе треба да ги оправдаме епитети први фаворити за титула, а ние сме подготвени за тоа", велат вардаровите фудбалери.


ПО ВЧЕРАШНИОТ СОСТАНОК СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ КОСТОВСКИ

Бајевски и дефинитивно останува


По вчерашниот состанок со потпретседателот Коста Костовски, напаѓачот на "црвено-црните" Александар Бајевски и дефинитивно останува во вардаровиот состав во следните шест месеци.

Договорено е Бајевски да биде дел од напаѓачките редови во следниот период, со тоа што доколку во текот и по крајот на есенскиот дел се отвори можност за интернационален ангажман да може истиот и да се реализира.

"Ние и претходно рековме дека Бајевски е добредојден во нашите редови. Конк*ренцијата во нападот дополнително се зголемува", велат од раководството на "вардарци".

ДЕНЕСКА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА СЕЗОНАТА

Промоција на нови спонзори, нов дрес...


Денеска, со почеток од 12 часот, во просториите на Еуростандард Банка најтрофејниот македонскиот клуб ќе ја одржи првата своја прес-конференција во пресрет на новиот шампионат.

Покрај очекувањата за претстојното првенство, на средбата со медиумите меѓудругото ќе биде промоцијата на новиот вардаров дрес, како и претставувањето на новите спонзори во клубот.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 13:18
Вардар ја совлада Победа

Триумфот на Вардар над Победа во дербито меѓу екипите што тежат вкупно седум шампионски титули, му даде посебен белег на стартот на новиот домашен фудбалски шампионат.

Реновираниот тим на црвено - црните ја најави сериозната намера да се врати на врвот во македонскиот клупски фудбал уште во некомплетното почетно коло, во кое актуелниот шампион Работнички се спаси од пораз во Кичево дури во самиот финиш.

Победа му одолеваше едно полувреме на Вардар, Бобан Јанчевски го постигна првиот гол во 55-та минута, со автоголот на Крстески во 63-та минута веќе беше 2:0

Конечните 3:0 „вардарци“ ги постигнаа преку Никола Глигоров на три минути пред крајот.

Резултати од денешните натпревари во Првата лига:

    * Македонија Ѓ.П. - Турново 4:0 (3:0)
    * Ренова - Силекс 0:0 (0:0)
    * Напредок - Работнички 1:1 (1:0)
    * Вардар - Победа 3:0 (0:0)
    * Милано - Металург: одложен за во среда
    * Пелистер: слободен

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2008 во 13:19

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2008 во 14:54
ШАМПИОНСКИ СТАРТ НА НОВОТО ВАРДАРОВО ЛИЦЕ

Глигоров: "Е, ова е тоа"

* "Убаво е кога го почнуваме првенството на овој начин, низ убава атмосфера на 'Градски', меѓутоа никако не смее да има залетување", вели фудбалерот од средниот ред

Шампионски старт на најтрофејниот македонски клуб во трката, конечно, под новото свое лице воден од комплетно ново финансиско раководство да го врати последниве години загубениот сјај со кој беше препознаван, не само низ домашните фудбалски кругови, но и многу пошироко.

"Црвено-црните" фудбалери уште во првото коло од шампионатот 2008/2009 демонстрираа дека оваа сезона активно ќе го водат "ритамот" за остварување на претходно зацртаните амбиции - освојување на двојната круна.

"Навистина, верувам дека ова е почетокот на еден шампионат кој долго го очекуваа сите искрени навивачи на Вардар. Убедлива победа, убав амбиент создаден од нашите навивачи, сигурно се моментите кои ни даваат дополнителен елан за продолжението од првенството", вели еден од најзаслужните "вардарци" за неделниот убедлив триумф од 3:0 над Победа, Никола Глигоров.

"Да бидам искрен, ние посакувавме меѓутоа не очекувавме така убедлив триумф на Победа, со оглед на тоа што сосема е јасно дека прилепчани секогаш се повеќе од незгоден противник. Но очигледно во овој момент сепак пресуди квалитетот", дополнува Глигоров, според кого и покрај се не смее да има залетување...

"Без сомнение ова е одличен почеток, меѓутоа никако не смее да има некакво залажување. Би биле смешни доколку сега помислиме дека ќе ни биде лесно да стигнеме до зацртаната цел. Ова е само еден натпревар, а шампионатот е долг. Очекувањата од навивачите се големи, а ние ќе треба да ги оправдаме".

Успешно деби на клупата на Вардар, имаше и шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ.

"Сега, откако забележав како искрено се сака и се навива, сфатив всушност што значи Вардар. Секако слатка е победата кога ќе дојде на овој начин уште во првото коло", истакнува првиот човек на клупата на тимот од "Градски", кој сега ќе мора да почека цели три недели пред вториот официјален натпревар на чело на "црвено-црните" со оглед на тоа што поради откажувањето на Башкими "вардарци" се слободни на 10 август а следниот дуел е со Пелистер на 24 август повторно пред своите навивачи.

"Посакувам да продолжиме во ист стил. Сега ќе имаме повторно пауза низ која ќе се обидеме да ја задржиме натпреварувачката форма и да корегираме одредени недостатоци во играта забележани на дуелот со Победа", вели Достаниќ.



КАПИТЕНОТ СО НОВ ЕПИТЕТ - ТАТКО

И Вајс доби ќерќичка

Плодно стартуваше новата сезона за "вардарци" и на личен план. Во само неколку денови двајца вардарови фудбалери добија ќеркички.

Покрај Бобан Јанчевски кој во четвртокот (31 јули) доби ќерка, вчера и капитенот Мирослав Вајс се стекна со епитетот татко.

"Навистина сум пресреќен. И сопругата и ќеркичката одлично се чуствуваат", ни изјави вчера кратко Вајс.

Два дена одмор

По неделниот дуел Ратко Достаниќ на своите фудбалери им додели дводневен одмор. Со оглед на тоа што Вардар следниот официјален натпревар ќе го има на 24 август, тренажниот процес активно ќе продолжи од утре. Во меѓувреме "црвено-црните" се очекува да одиграат и пријателски натпревари за време на паузата.

Четворица со "вирус" на терен

На средбата со Победа во првиот тим на Вардар настапија четворица фудбалери кои изминатата недела пропуштија добар дел од тренинзите поради стомачен вирус.

И Станишиќ, и Брага и Милисављевиќ, како и младиот Филип Петров беа дел од првиот тим на Вардар и покрај тоа што минатата недела се бореа со вирусот, меѓутоа сепак низ доманицијата на теренот индиректно токму тие ја демонстрираа физичката надмоќ на сите вардарови фудбалери кои одработија одлични подготовки на Златибор и во Охрид.


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 16:20

ПОВЕЌЕ ОД УСПЕШНО ДЕБИ НА РАТКО ДОСТАНИЌ НА КЛУПАТА НА НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ

Ме интересира 100% агресивен Вардар

"Мора да играме агресивно, офанзивно, убаво за око, а фудбалерите да дадат 100% од своите можности... Така се бори за Вардар", вели тренерот на "црвено-црните"

Новиот шеф на стручниот штаб на "црвено-црните", Ратко Достаниќ, остави зад себе повеќе од успешно деби на клупата на најтрофејниот македонски клуб...

Огромни се очекувањата од навивачите и целокупната домашна фудбалска јавност од Вардар оваа година, насочувајќи ги секако погледите пред с$ кон Достаниќ и неговите фудбалери, од кои, сега се очекува комплетно да го вратат и резултатски клубот на местото од пред шест години.

"Вербата во себе и во тоа што го играме на терен сигурно е можеби главниот услов за остварување на потцртаните резултатски цели. Така беше и случајот на првиот наш официјален натпревар кога трпеливо ги градевме нашите акции, без никакво брзање, што на крајот и н$ награди", вели Достаниќ, кој не крие дека е задоволен од ефектот на своите фудбалери на натпреварот со Победа.

"Тоа што мене интересира, и сакам да го видам на теренот, е да играме агресивно, офанзивно, убаво за око, а фудбалерите да дадат 100% од своите можности... Тоа сигурно го очекуваат и навивачите, затоа што само така се бори за Вардар, а притоа резултатите нема да изостанат", истакнува тренерот на Вардар.

Очигледна, посебно во второто полувреме разликата меѓу двете екипи во квалитетот, но пред с$ и во физичката подготовка. Но, српскиот стратег тоа сепак не сака да го коментира...

"Околу тоа јас не би коментирал. Не е на мене да судам, за тоа што јас и фудбалерите го работиме. Други нека пресудат околу евентуалните разлики во играта и односот кон неа", вели Достаниќ, кој сепак не крие и потенцира дека уште на првиот свој натпревар на "Градски" лесно увидел дека публиката и тоа како го сака фудбалот.

Инаку, по дводневната пауза вардаровите фудбалери денеска го продолжуваат редовниот тренажен процес. Според информациите од клубот надминати се проблемите со стомачниот вирус на поедините фудбалери. Милисављевиќ, Брага, Петров и Станишиќ веќе настапија и на првиот натпревар сезонава, а добро се чувствуваат и Иван Јовановиќ и младиот голман Марко Јовановски.

На денешниот тренинг треба за првпат да се јави и најновото засилување 26-годишниот нигериски напаѓач Иди Баба, кој во својата досегашна кариера, меѓу останатите клубови, има настапувано и во германскиот второлигаш Алеманија Ахен, како и во израелскиот Макаби Тел Авив. Проблемите со повредата ги надминува и Мирослав Вајс, а многу брзо активно на зелениот терен се очекува да се вратат и левокрилниот дефанзивец Никола Ѓошевски и напаѓачот Бурхан Емурлаху, кои поради повредите во Охрид работеа под посебна програма.

В.Булатовиќ

Канцеларијата во нови простории

Вардаровата канцеларија веќе официјално е префрлена во новите работни простории во Градскиот трговски центар во Скопје.

Новото раководство, како еден од предусловите за успешно и организациско функционирање на клубот, ги опреми новите простории во кои ќе биде сместена канцеларијата.

Деновиве активно се подготвува интернет страницата на клубот која ќе треба да профункционира за десеттина дена.

"Тест" противници од Бугарија или Србија

Со оглед на тоа што Вардар претстојниот викенд е слободен а следниот официјален натпревар во домашниот шампионат ќе го има на 24 август со Пелистер на "Градски", во меѓувреме сосема неопходно "црвено-црните" планираат одигрување и на два пријателски натпревари.

За овој викенд од управата и стручниот штаб се во потрага на противник од Бугарија или Србија.

"Во контакти сме со некои од прволигашите од нашето соседство, со цел да се пополни празниот викенд во кој сме слободни поради откажувањето на Башкими, меѓутоа засега с$ уште нема прецизен термин и противник", велат од раководството на "црвено-црните".

"Вардарците" планираа контролен дуел и следниот викенд (16/17 август) меѓутоа за тој термин можно е да се одигра "тест" средба и со домашен фудбалски клуб.

ПРВИОТ СТРЕЛЕЦ И НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ И НА ОФИЦИЈАЛНИТЕ СРЕДБИ

Јанчевски навестува атак на "гол врвот"


Бобан Јанчевски уште од самиот старт навестува дека ќе биде еден од главните домашни претенденти за освојување на врвот од листата на стрелците оваа година.

30-годишниот напаѓач е првиот стрелец на официјалните натпревари од актуелниот шампионат 2008/2009 за новиот Вардар, меѓутоа беше и стрелец на првиот погодок за тимот од "Градски" и на стартот од годинашниве подготовки на дуелот со српскиот прволигаш ОФК Београд.

"Тоа што сите го посакуваме е единствено добри наши изданија во континуитет и пред с$ враќање на довербата кај сите наши навивачи дека Вардар повторно се враќа на старите патеки. Очигледно е дека сега ќе мора да се почувствуваат плодовите и од напорните наши подготовки на Златибор и во Охрид", истакнува Бобан Јанчевски.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 16:22

ЛЕВИОТ БЕК НА ВАРДАР НАПРАВИ ТРАНСФЕР ВО БЕЛОРУСИЈА

Ристевски една година во Динамо Минск!!!

Борче Ристевски, младиот десен бек кој минатата сезона настапуваше во Вардар од вчера е нов член на Динамо Минск од Белорусија. Тој во текот на вчерашниот ден по долгите преговори со раководството на еден од најдобрите клубови од оваа земја успеа да најде заеднички јазик и потпиша едногодишен договор.

Инаку Динамо Минск моментално се наоѓа на третото место на првенствената табела во Белорусија со амбиција да се искачи уште погоре.

"Морам да истакнам дека сум презадоволен од тоа што успеав да се договорам со овој голем клуб и што успеав исто така да направам трансфер надвор од Македонија. Долго време траеја контактите на моите менаџери со Динамо Минск и најпосле се се заврши онака како што посакував. Од вчера и официјално сум нов член на Динамо Минск а своето деби ќе го имам најверојатно в недела кога се игра редовното коло во шампионатот на Белорусија" ни изјави Ристевски кој во досегашната кариера освен во Вардар има настапувано и во Македонија ЃП.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2008 во 14:07
ОД ВАРДАРОВОТО РАКОВОДСТВО НА ПАТ ДА НАЈДАТ РЕШЕНИЕ ЗА ТРОЈЦА ОД СУСПЕНДИРАНИТЕ ФУДБАЛЕРИ

Савиќ, Мојсов и Бојовиќ "градат" помошно на Вардар

* "Имаме сосема коректна понуда од Вардар, како компензација за ослободување на Савиќ, Мојсов и Бојовиќ со средствата од нивниот трансфер, место отштета да се изгради помошното игралиште на Вардар. Мислам дека многу брзо и ќе се договориме околу тоа", вели менаџерот на фудбалерите Златко Тодоровски

Од вардаровото раководство деновиве се на добар пат да најдат решение за тројца од суспендираните фудбалери, Душан Савиќ, Ѓорѓи Мојсов и Раденко Бојовиќ иако со одредени најави дека во пакет заедно со нив ќе биде најдено заедничко решение и за плус уште некои од фудбалерите чии суспензии неодамна беа потврдени и од Комисијата за заштита на законитоста при ФФМ.

Деновиве потпретседателот на Вардар, Коста Костовски, имал официјална средба со менаџерот на Савиќ, Мојсов и Бојовиќ, Златко Тодоровски-Чкрапе при што на маса е поставена понудата како компензација за ослободување на фудбалерите место отштета да биде реновирано второто помошно игралиште на ФК Вардар кое изминативе години им "служеше" на младинските селекции, и да биде преадаптирано за потребите на првиот тим.



"Ние во разговорите со менаџерот на фудбалерите им ја понудивме оваа варијанта која наиде на позитивен прием и од спротивната страна. Тоа е единствено инвестиција во корист на Вардар, чисто наменско вложување за подобрување на условите на работа во клубот, обновување на теренот и системот за наводнување на игралиштето и комплетно осветлување. А, од друга страна сосема поволна понуда која би овозможила ете и клубот да не се посочува како сопирачка за идните кариери на фудбалерите. Во моментов сега го очекуваме одговорот пред да почне да се реализира договорот", истакнуваат од раководството на "црвено-црните".

Покрај за претходно спомнатите тројца фудбалери, при реализацијата на овие преговори за изнаоѓање на решение за суспендираните "вардарци", како можност се истакнува во "пакетот" да бидат вклучени и уште двајца фудбалери.

"Може да кажам дека имаме навистина сосема коректна понуда од Вардар", ни ја потврди вчера информацијата дека многу брзо ќе се најде решение за фудбалерите и нивниот менаџер, Златко Тодоровски.

"Како компензација за ослободување на Савиќ, Мојсов и Бојовиќ со средствата од нивниот трансфер, место отштета, да се изгради помошното игралиште на Вардар. Тоа значи би било некаде од 50 до 70 илјади евра за реновирање и доизградба на игралиштето", вели Тодоровски, кој е оптимист околу конечната реализација на меѓусебниот договор.

"Мислам дека многу брзо ќе се договориме околу ова затоа што се работи за навистина коректно решение. Јас очекувам деновиве дефинитивно да ги заокружиме разговорите, а потоа ќе зборуваме и за новите клубови на играчите".

Инаку, како што е познато, Тодоровски е официјален менаџер и на актуелниот шампион Работнички. "Романтичарите" од поодамна не кријат дека се заинтересирани токму за Савиќ, Мојсов, Бојовиќ, но и Милан Перендија и Јорде Георгиевски, кои доколку се реализира веќе почнатата идеја за ослободување на играчите многу лесно може да минат во редовите на Работнички.



Сите средства за инфраструктура

Новите финансиери на Вардар и претходно потенцираа дека од клубовите кои сакаат нивен ангажман очекуваат отштета за ослободување на суспендираните фудбалери која ќе биде искористена чисто за подобрување на инфраструктурата на Вардар.

"Суспендираните не се јавуваат во клубот и не знаеме како тренират и каде тренираат, иако ние сме подготвени да им дадеме и наш тренер, па да работат под наша контрола. Но, казната што ја имаат ќе мора да ја издржат с$ додека не најдеме заеднички јазик. Решението кое се навестува за дел од фудбалерите ќе биде во насока за подобрување на инфраструктурата на Вардар, а не за раководството или актуелните фудбалери", вели потпретседателот на "црвено-црните", Коста Костовски, притоа дополнувајќи:

"Подготвен сум конечно да најдеме заеднички јазик. Сепак, тие фудбалери не се добредојдени во клубот, не од професионална гледна точка туку од гледна точка на навивачите бидејќи поради случувањата од минатата сезона би биле под голем притисок. Фудбалот не се игра ниту за мене ниту за фудбалерите, туку за навивачите кои Вардар во новата сезона ги очекува во многу поголем број. На Вардар му требаат фудбалери кои ќе играат од срце... Чувството е едно, а ситуацијата е друга. А, на сите тие фудбалери, или дел од нив, во срцето не им е врежан Вардар туку само еден човек, така што не можам да му наредам на никого да прави нешто што не сака. Ние само може да реагираме според прописите на ФФМ".

Во сабота со Динамо Врање

Фудбалерите на најтрофејниот наш клуб слободниот термин викендов ќе го искористат за средба со новиот српски второлигаш Динамо Врање.

"Црвено-црните" в сабота (9 август) ќе & гостуваат на српската екипа во Врање, додека за наредниот викенд "вардарци" најверојатно ќе одиграат контролен натпревар со екипа од домашните првенства.

Вчера, по дводневната пауза, шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ ги продолжи тренинзите со својот состав.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2008 во 16:36
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ДЕНЕСКА МЕСТО ОФИЦИЈАЛЕН, ЌЕ ИМААТ КОНТРОЛЕН ДУЕЛ

Вардар на "тест" со Динамо Врање

Слободниот термин во домашниот шампионат "црвено-црните" денеска ќе го искористат за пријателски натпревар со српскиот второлигаш Динамо Врање.

Фудбалерите на нашиот најтрофеен клуб денеска, од 18 часот, во Врање ќе гостуваат во намерите и натаму да се задржи неопходниот натпреварувачки ритам.

Шефот на стручниот штаб на Вардар, Ратко Достаниќ ќе смета на сите расположиви сили со исклучок на повредените фудбалери Ѓошевски и Емурлаху, кои веќе активно се враќаат во тренажниот процес.

"Вардарците" за следната недела планираа одигрување на уште една контролна средба, но се екипа од домашните првенства.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 17:07
ВО ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР "ЦРВЕНО - ЦРНИТЕ" ОДИГРАА НЕРЕШЕНО НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ СРПСКИОТ ВТОРОЛИГАШ

Реми на Вардар во Врање

ДИНАМО - ВАРДАР 1:1 (0:0)

Иако Вардар беше слободен во рамките на 2. првенствено коло, сепак, "црвено - црните" одиграа натпревар. Тие во саботата гостуваа во Врање (Србија) каде што одиграа нерешено, 1:1, против домашниот тим на Динамо, кој се натпреварува во Втората Лига на Србија. Стрелец на голот за Вардар беше младиот напаѓач Музафер Ејупи во 60. минута по прекрасната асистенција на Александар Бајевски. Израмнувањето стигна во 82. минута кога домашните, сепак, успеаја да постигнат гол и со тоа да го избегнат поразот.

Инаку, Вардар на овој меч настапи во следниот состав: Кметовски, Мегленски, Станишиќ, Божиновски, Брага, Глигоров, Положани, Пеев, Масев, Јовановиќ, Бајевски. Во продолжение од средбата во игра беа и Пачовски, Милисављевиќ, Петров и Пандовски.

"Убава контрола за нашиот тим. Прво морам да нагласам дека имаше прекрасна атмосфера во Врање. На трибините имаше околу 3.000 гледачи кои беа задоволни од тоа што го видоа. Инаку, наша намера беше да им дадеме шанса на оние играчи кои имаа помала минутажа на мечот со Победа и на оние играчи кои на последните контроли не беа во тимот. Во глобала сме задоволни од прикажаното, се разбира дека се стремиме секогаш да бидеме уште поквалитетни", ни изјави Жикица Тасевски, соработникот на тим - менаџерот на Вардар Ратко Достаниќ.

Вчера целокупниот играчки и тренерски кадар на Вардар имаше слободен ден, но затоа од денеска "вардарците" продолжуваат со тренинзи.

Седуммина "вардарци" беа на поштеда

Стручниот штаб на Вардар за средбата со Динамо Врање не сметаше на седуммина свои фудбалери. Имено, поради ситни повреди во Врање не отпатуваа Жељко Ковачевиќ, Мирослав Вајс, Никола Ѓошевски, Драган Љубисављевиќ, Бурхан Емурлаху, Бобан Јанчевски и Муса Али. Имено, Достаниќ и Тасевски не сакаа ништо да ризикуваат со овие ровити фудбалери.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:14
ГОЛГЕТЕРОТ НА "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ПОДГОТВЕН ЗА ШАМПИОНСКИОТ ПРЕДИЗВИК

Бајо: "Јак Вардар, боде очи"

* "Се освен титула за нас би било неуспех, меѓутоа нема да ни биде ни малку лесно... Тешки гостувања, многу скриени 'сопки', затоа што се знае дека Вардар на многумина им боде очи, посебно кога е јак", вели Бајевски

Капитенот на вардаровата шампионската генерација од 2002 и 2003 година, голгетерот Александар Бајевски конечно повеќе од задоволен што неговиот Вардар ја носи главната шампионска улога во актуелнава сезона.

Останувајќи во "црвено-црните" редови и по летниот преоден рок популарниот Бајо уште еднаш е подготвен да се врати заедно со клубот на патеките од пред шест години.

"И покрај неколкуте примамливи европски понуди, сепак се одлучив да останам во Вардар затоа што клубот сега на задоволство на сите нас има сосема нов лик. Вардар е Вардар, а кога во себе отворено ќе го содржи шампионскиот предизвик тогаш нема друг клуб кој би ме привлекол", истакнува Бајевски веднаш дополнувајќи:

"Оваа сезона конечно очекувам после шест години враќање на титулата во нашите витрини. Никој од нас не треба да бега од фаворитската улога во новиот шампионат. Пред се ние играчите мора да ја преземеме одговорноста за освојување на врвот. Според мене, се освоен шампионската титула би било неуспех за нас".

Но, и според Бајевски сепак не треба уште на стартот воздигнувајќи се да се заборави дека бодовите се освојуваат единствено на теренот.

"Покрај самодовербата во себе, неизбежно мора во секој случај да бидеме свесни дека нема да биде ни малку лесно... Не очекуваат и тоа како тешки гостувања. Мора да сме свесни дека не очекуваат и многу сокриени 'сопки' затоа што се знае дека Вардар на многумина им боде очи, посебно кога е комплетно јак, како што е во моментов. Затоа треба да се потпреме на квалитетот кој објективно го поседува тимот, и натпреварувачки да демонстрираме дека повторно се враќа стариот Вардар", вели напаѓачот на најтрофејниот македонски клуб.



Да ги вратиме навивачите на трибините

"Не може прецизно да се издвои прецизна разлика меѓу двете вардарови генерации, оваа актуелнава и онаа од 2002/2003. И двете знаат како се освојуваа титули, меѓутоа мислам дека недостаток во моментов е што поголемиот дел од фудбалерите ја немаат долго почуствувано тежината која ја носи вардаровиот дрес. Притисокот да се игра и победува постојано за Вардар е секогаш присутен", истакнува Бајевски компарирајќи ги двете генерации.

"Пред шест години на нашите трибини едноставно се живееше за фудбалот и Вардар. Имавме и многу повеќе публика. Вардар ги има најдобрите навивачи, и јас сум среќен што сега со новиот Вардар повторно е очигледно дека сме на добар пат да ги вратиме навивачите на трибините".

Со Пелистер е вистинското дерби

Александар Бајевски изминатиов викенд по завршувањето на претходната сезона повторно со одигран натпревар во црвено-црниот дрес, оној контролниот со Динамо Врање.

"Физички се чувствувам одлично. И покрај тоа што не бев дел од подготовките на клубот, тренажниот процес го одработив индивидуално комплетно. Подготвен сум за средбата и со Пелистер, која за мене е секогаш најголемото домашно дерби. Неизбежно секако меѓу нашите конк*ренти за годинашнава титула мора да се спомнат Македонија ЃП, Работнички, Ренова и Милано", вели Бајевски.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 16:50
НОВА ПОСТАПКА ПРОТИВ НАШИОТ НАЈТРОФЕЕН КЛУБ ЗА ЗАОСТАНАТИ "ОПАШКИ" ОД ПРЕТХОДНИТЕ РАКОВОДСТВА

Вардар на дисциплинска и за Даниел Ивановски

Зачудувачки меѓутоа со назначувањето на новите финансиери на најтрофејниот македонски клуб веднаш изминатиов период се наредија постојани заостанати побарувања од ФК Вардар, кои, пак, претходно изминативе години некако се подзаборавале.

По наложеното подмирување на обврските кон поранешниот тренер Зоран Стратев, па случајот "Васоски" со Цементарница 55, сега против ФК Вардар е покрената дисциплинска постапка и поради неизвршување на одлуката на Арбитражниот совет при ФФМ во врска со случајот Силекс за трансферот на фудбалерот Даниел Ивановски.

Исто така на вчерашниот состанок на Дисциплинската комисија на ФФМ наложено е на ФК Милано најдоцна до 18 август да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ за исплата на отштета во висина од 200.000 денари на ФК Работнички, затоа што во спротивно ќе биде суспендиран.

Инаку, дисцплинците ги казнија и следните фудбалери: Методија Степаноски (Пелистер) - четири средби неиграње, Седат Бериша (Слога Ј.) - пет, Илир Елмазовски (ШкендијаХБ) - две, и Дарко Крстевски (Победа), Јахи Евзаљ (Дрита) и Роберт Лазаревски (Турново) по еден натпревар пауза.


Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 16:00

"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ВО ОБИД ДА ЈА ЗАЧУВААТ НАТПРЕВАРУВАЧКАТА ФОРМА ЗА ВРЕМЕ НА ТРОНЕДЕЛНИОТ "СЛОБОДЕН ТЕРМИН"

Достаниќ: "Паузата, голем проблем"

* "Реално имаме навистина проблеми со големата пауза во првенството затоа што по само едно одиграно коло сега како да имаме еден вид нов почеток на подготовките", вели тренерот на "вардарци"

Две натпреварувачки кола, па пауза, па повторно две рунди натпревари и повторно две недели пауза е ритамот на домашните клубови како дел од мислениот, а недосмислениот старт на новиот шампионат, на кој уште се надополни и откажувањето на кумановско Башкими.

"Црвено-црните" токму по само еден одигран официјален натпревар на стартот со Победа, а како "жртва" и на откажувањето на Башкими, сега три недели до средбата со Пелистер на "Градски" на 24 август се во обид да ја зачуваат натпреварувачката форма...

"Ваквата пауза за нас навистина претставува голем проблем", вели и шефот на стручниот штаб на Вардар, Ратко Достаниќ. "По само едно одиграно коло сега како да имаме еден вид нов почеток на подготовките, меѓутоа веројатно ќе мора да се привикнеме на тоа во овој период".

Сепак, поради тоа неизбежни се пријателските натпревари.

"Да, затоа ја одигравме и онаа средба со Динамо Врање изминатиов викенд, а сега в сабота на стадионот 'Борис Трајковски' н$ очекува дуелот со Маџари. Меѓутоа, да бидеме искрени не е исто пријателски и официјален натпревари. И психологијата меѓу фудбалерите при пријателските средби е сосема поразлична, затоа ние и низ тренажниот процес пред с$ работиме на одржување на активниот ритам, со цел што помалку да се почувствува паузата, посебно пред дерби натпреварот со Пелистер", истакнува Достаниќ.

"Слободниот термин" беше искористен и за индивидуален тест на физичката подготвеност.

"Може слободно да кажеме дека добиените резултати ни овозможија момент за ново задоволство со оглед на тоа што има напредок на физичката подготовка. Сепак, и фудбалерите се свесни дека едноставно добрата физичка подготовка е пред с$ значајна за остварување на потцртаните шампионски амбиции", вели првиот човек на клупата на "црвено-црните".



Вардар домаќин во сабота

Најтрофејниот македонски клуб своите натпревари како домаќин низ актуелното првенство место во недела ќе ги игра во сабота.

Вчера комесарот за натпревари на ФФМ, Миле Спиркоски, го прифати барањето на ФК Вардар, согласно календарот за натпревари, своите првенствени натпревари како домаќин во сезоната 2008/2009 да ги игра во сабота.

ПОЗНАТИ РЕЗУЛТАТИ ОД ФИЗИЧКАТА ПОДГОТВЕНОСТ НА ФУДБАЛЕРИТЕ

Ханџиски: "Во 99% подобрување на параметрите"

И на првата средба на "вардарците" со Победа очигледна беше физичката надмоќ на "црвено-црните" фудбалери. Меѓутоа, по тестовите извршени изминатава недела дефинитивно од комплетниот стручен штаб може да бидат дополнително задоволни поради подобрувањето на комплетните параметри.

"Ова се неопходни тестови кои се реализираат насекаде во фудбалскиот свет, за да се види до каде е тренажниот процес во однос на физичката подготовка", вели докторот на Вардар, Зоран Ханџиски, притоа дополнувајќи:

"Генерално кога би ги презентирале резултати, може да кажаме дека индивидуално во 99% кај фудбалерите има подобрување во однос на претходните тестови, односно подигнување на соодветните параметри".

Се надминуваат проблемите со повредите

Во вардаровите редови полека се надминуваат проблемите со повредените фудбалери.

"Покрај враќањето на Ѓошевски и Емурлаху, веќе активно дел од тренинзите се и Вајс, Ковачевиќ, Бобан Јанчевски, што е многу значајно за нас, а се приклучуваат и Муса Али, Љубисављевиќ така што за продолжението ќе располагаме со комплетниот состав", истакнува шефот на стручниот штаб на Вардар.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.