IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Црвено - црни новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Црвено - црни новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2012 во 06:22

ПОСЛЕ ТАНЕВСКИ И ОГБОНА ПОТПИША ЗА ВАРДАР







Најголемиот фаворит за шампионската титула оваа сезона со две квалитетни засилувања.


Откако потпиша најпрво со Златко Таневски, ФК Вардар издаде и ново соопштение со кое ги израдува многубројните навивачи на овој клуб. За Вардар потпиша уште еден многу квалитетен играч кој ќе биде од голема помош во борбата за шампионската титула годинава. Станува збор за Ибезито Огбона.


„ФК Вардар официјално објавува дека постигна договор за соработка со екс играчот на израелски Хапоел Тел Авив, романски Клуж и Кајзер Чифс од Јужна Африка, Ибезито Огбона.“


Порано денеска поранешниот играч на Вардар, дефанзивецот Златко Таневски потпиша 18- месечен договор со најтрофејниот клуб во Македонија.


Златко Таневски, се враќа во Вардар, откако ја раскина соработката со полскиот Белхатов. Тој ги договори условите со раководството на клубот, потпиша договор на 18 месеци и ќе се приклучи на тренинзите на екипата, која од 2. февруари се сели на подготовки во Анталија, Турција.

 

Таневски од 2004 до 2006 година две сезони настапуваше за Вардар, одигра 44 натпревари за најтрофејниот клуб, потоа замина на печалба во Полска, во Лех Познањ (2006-2010), и во Белхатов (2010-2012).






Според најавите од ФК Вардар до крајот на овој преоден рок треба да очекуваме уште некое засилување, за што во целост ќе бидеме известени на прес конференцијата која ќе се одржи на 1-ви февруари прд поаѓањето за Анталија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2012 во 17:51
И покрај забраната и ризикот, Комитите ќе патуваат во Тетово

 
Вардаровата навивачка група Комити Запад и соопшува на јавноста дека и покрај забраната воведена од федерацијата за присуство на гостински навивачки групи, ќе го бодри својот клуб на претстојниот натпревар со Шкендија во Тетово
 

 
 
Навивачката група Комити Запад упатува известување до целата македонска јавност и ги повикува сите свои членови да се придружат на гостувањето во Тетово на натпреварот Шкендија- Вардар.

Навивачката група Комити известува дека нема да ја почитува забраната за движење наложена од Фудбалската федерација и истата ја сметаат за незаконска.Комитите сметаат дека со нивното навивање на последниот натпревар помеѓу Вардар и Тетекс докажале дека навивачките трибини не се секогаш извор на насилство.

"Овој натпревар е многу значаен за нашиот тим во борбата за титула, така да нашето присуство е задолжително", е наведено во соопштението на Комитите. "По тој повод ги повикуваме сите кои сакаат да ни се придружат во среда во 08.00 часот на Железничката станица во Скопје, од каде ќе тргнеме со возови во Тетово. Жално е што нашата полиција неможе да гарантира безбедност на сопствените граѓани во сопствената држава па притоа сме приморани да го пратиме ова соопштение."

 

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2012 во 05:06

Вардар го дочека моментот: Комити на теренот во Кратово слават титула


Најтрофејниот и најпопуларниот македонски фудбалски клуб го дочека моментот и конечно по девет години пауза стави точка на долгиот пост откако денеска во Кратово, кај некогаш големиот и лут ривал Силекс, ја обезбеди шестата шампионска круна во независна Македонија со победата со 2-1.

Навивачите на Вардар влетаа во терен за да прослават со новите шампиони 

За само една година, откако клубот практично пропадна со испаѓањето во Втората лига, вардарци административно спасени, реформирани и реновирани за неполни 12 месеци имаа вистинска „црвено-црна ренесанса“, која денеска ја завршија со крунисувањето за нов владетел во македонскиот фудбал, на три кола до официјалниот крај на сезоната.

Со извиците „шампиони, шампиони“, околу 200 навивачи на Вардар кои во приватна режија допатуваа во Кратово за да го бодрат вардар на првата меч топка за шампионската титула, едвај дочекаа да заврши мечот за да влетаат на теренот на стадионот на Силекс и да ја прослават првата шампионска круна по големиот пост.

Предводени од Илчо Ѓорѓиоски, и одлично склопениот тим и правилно избраните странци, предводен од капитенот и првиот стрелец на лигата, Филип Ивановски, Вардарци во текот на целата сезона доминираше и сосема заслужено на крај се радува на шампионската круна. Вардар го победи Силекс со 2-1 со двата гола на Ивановски во првото полувреме, со што голгетерот на црвено-црните стигна до бројката од 23 погодоци во оваа сезона, а на Вардар му ја донесе неопходната победа откако патот кон трофејот вчера го отвори Металург со поразот во Тетово кај Ренова.

Вардар на три кола до крајот има девет бода повеќе од Шкендија од која ја презема шампионската круна, но тетовскиот клуб нема теоретски шанси за да ги стигне вардарци, затоа што веќе има негативен биланс во меѓусебните дуели поради двата порази во првите две рунди со 2-0 и 1-0.



Изменето од емил - 14.Мај.2012 во 05:06
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 21:36
Новогодишната желба се исполнува: Вардар станува " македонскиот Челзи "

Новогодишната желба на комитите, но и на илјадници Скопјани и Македонци најверојатно ќе биде исполнета. Конечно, скоро после 22 години, Македонија ќе има свој клуб за кого да навива во фудбалската „Лига на Шампионите“.

Ако во поранешна Југославија нашиот народ беше навикнат да навива за Црвена Ѕвезда или Партизан во најсилното фудбалско натпреварување во Европа, по осамостојувањето мораше да се преориентираме и да започнеме да навиваме за странските клубови од типот на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Јувентус, Барселона...

Денеска, по форуми, Facebook и Twitter започна да кружи информацијата дека конечно Сергеј Самсоненко, газдата на нашиот ракометен машки и женски гигант Вардар, ќе влезе во нашиот фудбалски шампион кој го носи истото име како и ракометните клубови, Вардар.


Комитите, кои неодамна на натпреварот од ракометната „Лига на Шампиони“, Вардар-Металург истакнаа транспарент преку кој и официјално пред целата јавност го повика Самсоненко да го превземе раководењето на фудбалскиот клуб Вардар. Паролата „Светски човек за европски клуб, повели во ФК Вардар“ беше истакната кон крајот на првото полувреме и предизвика аплаузи од скоро сите присутни во салата.

Официјална потврда сè уште не постои, иако од Вардар најавија дека во брзо време најверојатно клубот ќе има нов сопственик, а сите веќе знаеме за кое име станува збор. Останува да почекаме и да видиме дали на крај ќе излезе точно дека Русинот ќе влезе во Вардар со инвестиција од од 5 или 6 милиони евра. Ништо чудно и Македонија да го добие својот Роман Абрамовиќ и Челзи, па и ние во иднина да гледаме врвни фудбалски натпревари на нашиот нов прекрасен фудбалски храм „Филип II“.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 151617
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.