IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Тодор Александров и Ванчо Михајлов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаТодор Александров и Ванчо Михајлов

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 22>
Автор
Порака
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 14:19
Неодамна промовираната книга „Сè за Македонија” којашто содржи документи и писма на Тодор Александров и ВМРО во периодот 1919 - 1924 година ја разбранува јавноста, а се јавија и досегашните суверени толкувачи на нашето минато. Со авторот на зборникот, историчарот д-р Зоран Тодоровски се осврнуваме на делото на Александров и на одгласите по објавувањето на книгата Дел од јавноста и некои Ваши колеги историчари Ве обвинуваат дека промовирате зборник за човек кој се чувствувал како Бугарин. Кој наш револуционерен деец му противречел на Александров по тоа прашање? - Речиси никој. Уште робуваме на поделбата на леви и десни. Во етничка, во национална смисла сите биле со исти сознанија, со иста свест. Во таа смисла не можеме да правиме разлика меѓу левите и десните. Уште робуваме на такви ненаучни и селективни поделби и ставање на црни листи, со коишто нашите историчари прикриваат одделни негативни страни на личностите што ги проучувале, на своите херои, за да не се урнат нивните митови. Па затоа тие така реагираат на зборник на документи, којшто всушност не го виделе. Тоа само говори за нивната општа човечка култура, а да не говориме за академска и историска етичност. Сè уште робуваат на старите сознанија, на приказните, и им пречат документите. Речиси сите наши дејци, од левицата и десницата во етничка смисла биле исти, сите се декларирале за Бугари. Исти биле и за самата идеја, целта на организацијата - самостојна, независна, обединета Македонија. Меѓутоа во методот и средствата за постигнување на истата цел, се разликуваа. Левите се залагаа за ослободување и создавање на автономна, независна и самостојна Македонија по легален пат, а десницата, односно Тодор Александров сметал ако не може да се дојде до слобода по легален пат, да се применат и револуционерни средства, или поточно да се дејствува преку вооружените четнички акции на организацијата. Би сакал да подвлечам, независно како некој се чувствувал, може да биде Французин, Русин, Ерменец, важно е за каква цел се борел во однос на Македонија, а тоа несомнено било, како што се потврдува од бројните документи на Тодор Александров - за самостојна, независна Македонија. Тоа е и денешниот идеал, да опстои нашата Република Македонија. Идеалот треба да биде ист и кај Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите. Да се зачува интегритетот на независна и суверена Република Македонија, без разлика кој како се чувствува. Новинарот Виктор Цветаноски обидувајќи се во „Утрински весник” да спротивстави бугарска (Тодор Александров) и македонска кауза, вели: „Сандански ја застапувал тезата дека треба да се работи меѓу македонскиот народ и на теренот да му се објаснува дека тој е посебен народ...”? - Никаде Сандански нема таква изјава. Тој имал исти погледи и ставови како и другите македонски дејци од левицата и десницата, и тој се сметал за Бугарин. За него има малку документација, има повеќе другите што пишуват за него. И она малку што го напишал, кога кажува за населението во Македонија, никаде не спомнува македонски народ како посебен етнос, туку дека: „Во Македонија живеат Бугари, Турци, Албанци...”
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 15:22
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Има и такви писма не викам не но има и писма до Владата Бугарска каде што Александров вели „Неможе да не сопрете г.министре ние Македонците да имаме сопствена држава,јазик и нација,ние постоиме и вие тоа го знаете само прашање е дали ке ни помогнете во овозможување на нашиот сон или ке продолжите да лажете како вашите претходници.Ние побаравме пријателска помош а вие ако сакате само одбијте ја помошта и ке знаеме дека од вас ништо неможе да очекуваме“


намигнување



Јас ја имам книгата и ми е потпишана од авторот - нема недоразбирања се е напишано јасно и гласно бидејки тоа се писма не раскажувани приказни.Ова погоре е извадок од едно писмо кое е напишано во книгатанамигнување
Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 16:52
Писмо до министерот за внатрешни работи А. Димитров


ПРВО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

До Господинот „земјоделски“ министер на Внатрешни работи Ал. Димитров – во Софија.

(Копие до г. г. другите министри, шефовите на партии, главните редактори на главните весници, видни општественици во Бугарија и други).

Господине Министре,

Од пред неколку месеци го напуштив Царството, угнетувано од тиранскиот режим, натрапен од Вашите другари и Вас, и заминав во мојата поробена татковина Македонија, каде ќе го исполнам, како што јас разбирам, својот долг кон несреќните сонародници. Ако мислевте, навистина, дека имате основа да се плашите од мене, додека бев во Бугарија, бар тука, се надевав, да ве ослободам од грижи од мене Вас, Вашите другари и вашите органи и орудија – јавни и тајни полицајци, комесари за згрижување на бегалците и други слични, кои што имаат не малку работа таму во Царството, ако сакаат да ги исполнат совесно своите служби ..., бидејќи мојата дејност тука, вон од пределите на Царството, ги засега исклучително поробеното население и српските и грчки власти. Каква беше мојата зачуденост, меѓутоа, кога дознав за мерките, кои што ги замислувале да ги преземете внатре во поробена Македонија! Сте помислиле, се гледа, дека сте го уредиле наполно внатрешното управување на Бугарија и ги сметате границите на Царството за тесни за својот полициски талент, или ги сметате српската полиција и војска за неспособни или недоволни да се справат сами со своите внатрешни непријатели, па се јавувате Вие – кој знае за какви интереси – со своите органи во услуга на „братска“ Србија – на Србија на Пашич и Александар, која што ги згази договорите со Бугарија од 1913 година и го заграби подло срцето на  Македонија, кога во 1919 година го задржа заграбеното и й ги одзеде на Бугарија Цариброд, Босилеград и др. бугарски покраини и се надвисна над престолнината на Царството речиси на пушчен истрел! ... со намера покасно да заграби до реката Искар или да излезе на Црно Море, горејќи ги сите бугарски книги и уништувајќи ја бугарската интелегенција....

Веќе неколку седмици наваму Ваши чиновници, инспектори, јавни и тајни полицајци, се растрчале по Софија, Ќустендил и на други места да собираат исфрлени од порано нејзини бивши членови за разни злосторства, како: убиства, грабежи, изнудувања, злоупотреба на пари и др. сл. од редовите на Организацијата – и да убедуваат и поткупуваат мои другари таму, како и многумина симпатизери на Организацијата, за да формираат и испратат чети од Бугарија, со цел тука да ме убијат. Залудни напори: организираното населеление тука сигурно ќе умее лесно да се справи со тие натрапници, како што тоа се правело не еднаш во минатото!

Според најсигурни информации главното Ваше орудие во таа злосторничка акција е Ѓорчр Петров, назначен од Вас за претседател на комисијата за бегалците, доскорашен самонаречен претставник на бившата Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација и познат на бугарското општество и македонските средини под прекарот „Ѓавол на Организацијата“.

Бугарското општество би се потресло, ако ги изнесам сите факти, кои ми се познати, за таа Ваша злосторничка замисла, и тоа: организирањето на група на детективи во чета, која што веќе ја добила војничката опрема и сите инструкции; обидите за назначување на специјален човек по границата, задолжен со мисија да го олесни влегувањето на проектираната хајка во моите траги тука; полуофицијалната изјава на еден Ваш пограничен администратор, дека најголем триумф за Вашата влада би било моето убиство и сл... Знам, дека за да го оправдате своето злосторство пред оние пристојни луѓе, кои сеуште останале покрај Вас, сте ја пуштиле интригата, дека јас сум правел завера, заедно со демократите, против ценетиот живот на министрите, со цел да падне сегашниот кабинет, за да биде заменет со демократски. Таа клевета ја оставам на Ваша сметка, бидејќи сите знаат, дека јас не и припаѓам на никоја бугарска партија и нема да влезам во партија до ослободувањето на Македонија.

Но што се однесува до Вашите обиди да праќате чети во Македонија, кои што ќе бидат во служба на нејзините поробувачи, јас не можам да ги одминам молкум и го сметав за свој долг да Ви го упатам ова писмо. Се разбира, јас не си правам илузија, дека Вие и Вашите другари ќе се вразумите и ќе престанете да ги правите тие лудории, трошковите за тоа ќе ги плаќа бугарскиот народ, плаќајќи ги скапо Вашите „подвизи“ кај Добро-поле, Радомир и Владаја, - а го испраќам ова писмо, за да се осветли свесниот дел од бугарското општество за новите „подвизи“, кои што му ги готвите.

Знајте го следното: никој не може да ми го одземе правото да располагам со својот живот како што ќе најдам за добро, и во рамките на моите можности и сваќања да и служам на мојата поробена татковина.. Кој ќе се обиде да го стори тоа, уверен сум, - благодарение на закрилата на Провидението и на поддршката на организираното македонско население, - во секој случај ќе си ја скрши главата.

Х ..............., Септември 1920 год.

Со почит: Тодор Александров




Изменето од Boogie - 11.Ноември.2008 во 19:06
Кон врв
Neanticki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 564
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 16:54
Меморандум на ВМРО до Големите сили, испратен во 1922 година


Г-н министер-претседателе,

Има веќе триесет години, од кага македонското население, организирано во една тајна револуционерна организација, издигна пред светот свое знаме, на кое што беше напишано - автономија на Македонија. И од тогаш наваму споменатото население, исклучувајќи ги малите интервали, кои свесно ги давало, не престанало да се бори, за да се добере до своето ослободување. Големото масово востание во 1903 г., поради кое беше изработена Мирцштегската реформска програма; потоа борбите за проширувањето на таа реформска програма до полно самоуправување; револуционерните акции по пропаѓањето на младотурскиот режим, коишто беа следени од Балканските војни - војната на сојузниците со Турција и таа меѓу самите сојузници; востанието во Охридско и Дебарско во есента 1913 г., т.е. само 6 недели по несправедливиот Бук*решки договор - тоа се најкрупните моменти од стремежите на едно поробено население за правда, национална слобода, законитост и мир. Впрочем сето тоа и многу повеќе, ви е добро познато Вам, затоа што е опишано подробно во соодветните жолти, сини и зелени книги, издадени по 1902 г. од владите на Англија, Франција и Италија.

За голема несреќа на македонското население, тоа и сега, по светската голема војна, којашто големите сојузни и здружени сили ја водеа меѓу другото за ослободувањето на малите народи, страда под туѓо владеење. А сигурно Македонците не ја оросија својата света татковинска земја со крвта на најдоблесните од нив, за да заменат еден господар со други такви, коишто, макар и христијански, се покажаа полоши. Затоа што реално, денешниот режим во Македонија е понеподнослив. Грција и Србија, во својот стремеж да ги асимилираат со насилство народностите во неа, им ги одзедоа и културнате слободи, нивното право да се молат на Бога и да ги учат своите деца на својот јазик, нешто, кое што беше дозволено во Турција. Резултатот на таа денационализаторска политика се секојдневните насилства на големи и мали властодршци во нашата земја. Затворите се преполнети, малтретираните, ограбените, измачуваните, обесчестените и убиените се бројат со илјадници. По промовирањето на договорите за заштита на малцинствата Македонците ја имаа надежта, дека општеството на народите ќе ги принуди Грција и Србија да ги применат предвидените права и слободи во овие договори, затоа што споменатите две држави доброволно тоа никогаш нема да го сторат: тие не признаваат да има Македонци, Власи и Албанци во Македонија. Но и таа надеж е на исчезнување. За доказ на тоа може да послужи околноста, што многумина мажи се видоа принудени да избегаат со оружје в рака по планините. Регистрирани се веќе неколку крвави судири меѓу избеглиците и жандармеријата. Процесите во Скопје, Куманово, Штип, Прилеп, Тетово исто така сведочат, дека населението во својот очај, по своја иницијатива ги прифаќа познатите револуционерни методи за борба.

Г-н претседателе,

Македонија во своите природни географски граници - на исток р. Места и Родопите; на север Рилскиот масив, Осоговските планини, Скопска Црна Гора и Шар планина; на запад Албанските планини и р. Црн Дрим; на југ р. Бистрица и Бело Море - има население 2 301 767 души. Таа е населена со разни народности, како што следи: Македонци - 1 095 355 или 48 % од целото население, Турци - 541 615 или 23 %, Грци - 253 366 или 11 %, Албанци - 184 315 или 8 %, Власи - 77 365 или 3.4 %, Цигани - 43 370 или 1.6 % и Евреи /со разни други/ - 106 360 или 5 %. Таа е поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Тоа делење е сосем произволно и неприродно. Долните текови на реките Места, Струма и Вардар, крај кои врват главните патишта од континентот кон морето, се во пределите на Грција; средните и горните текови на овие реки се во бугарско и српско владеење. Поради тоа е и економското назадување на градовите крај морето и на тие во задгрбнината. Кога ќе се додаде и несигурноста како резултат на непријателствата меѓу владетелите и победените, мизеријата меѓу населението се зголемува постојано, 90 % од жителите на Македонија, имено Македонците, Турците, Албанците, Власите, Евреите се против тоа распарчување и поради изложените погоре причини, тие се држат на својот стар идеал - од Македонија да се формира независна држава, под протекцијата на општеството на народите или на ополномоштена сила од него.

Г-н претседателе,

Кога сега пак е поставено за решавање Источното прашање, од кое суштински дел составува и Македонското прашање, од името на населението во Македонија ние Ве молиме да ги земете во обѕир нивните справедливи барања, за да се воведе правда и мир во нашата несреќна татковина и да се спречат идни неминовни крвопролевања како во Македонија, така и воопшто на Балканскиот полуостров.

Примете, г-н претседателе, уверенија во нашата длабока почит.

Македонија, октомври 1922 г.

Централен комитет на тајната револуционерна организација:
Т. Александар
А. Протогеров
П. Чаулев

*Овој документ на Ц К на ВМРО беше првиот од меѓународен карактер по договорот од Неј.




Изменето од Boogie - 11.Ноември.2008 во 19:04
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 23:22
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Има и такви писма не викам не но има и писма до Владата Бугарска каде што Александров вели „Неможе да не сопрете г.министре ние Македонците да имаме сопствена држава,јазик и нација,ние постоиме и вие тоа го знаете само прашање е дали ке ни помогнете во овозможување на нашиот сон или ке продолжите да лажете како вашите претходници.Ние побаравме пријателска помош а вие ако сакате само одбијте ја помошта и ке знаеме дека од вас ништо неможе да очекуваме“


намигнување


плазењеголема%20насмевканамигнување
намигнување
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 15:54
Тодор Александров е убиен по наредба на Бугарската држава бидејки сакал независна и слободна Македонија.Неговата активност и неговите заложби во ВМРО за слободна Македонија и посебно за отцепување на Пиринска Македонија од Бугарското царство јасно го кажува Бугарскиот генерал Иван Валков,според него генералот Иван Русев го направил целиот план за убиството на Тодор Александров бидејки била јасна заложбата на Александров за отцепување на Пиринска Македонија од Бугарското царство.Активностите на Александров и соработката со Русија јасно се квалификува како антибугарска и заложбите стануваат непријателски,затоа бугарија цврсто решава во соработка со србија да го елиминира Александров.
Планот на Бугарите бил убиството да се прикажа како да е од страна на левицата на ВМРО со што десната и левата ориентација од ВМРО ке се уништат помеѓу себе.Тоа точно и станало - со помош на бугарите на 31 август 1924 год. физички бил ликвидиран кога на пат за учество на Серскиот револуционерен конгрес во близина на село Лапово-Мелничко го пресретнале Штерју Влахов и Димчо Вретенаров луѓе блиски до Иван Ванчо Михајлов.Од тогаш Михајлов станува продолжена рака на Бугарите за убиство на многу Македонски револуционери и дејци за слободна и независна Македонија.Повеке од јасно е дека по убиството на Александров и доаѓање на Михајлов на челото на ВМРО - македонската револуционерна организација Михајлов ја става во служба на Љапчев и Бугарската држава со што ВМРО е претворена во државна терористичка организација а не организација за борба на Македонско ослободување и нејзино воскресение како држава.
Иван Бојаџиев претседател на ММТРО јасно се произнесол за пробугарската политика на Михајлов и со тоа го овековечил Михајлов како непријател на Македонската борба за Слободна и независна Македонија а од друга страна Тодор Александров го прогласил за светец на Македонската борба за слобода со што станало јасно на каде се движи Македонската револуција во следните 10 год.Со ова почнува непријателството помеѓу Бугарија и Македонскиот револуционерен дух,а од тој ден Бугарија станува непријател на независната Македонска државност.Поради тоа борбата за Независна и Слободна Македонија се префрла потполно во Вардарскиот и Егејскиот дел од Македонија а Кирил Прличев, во спомените објавени во Софија ќе напише: „Младите од Македонија се плашеа од права и не прифаќаа задолженија. Тие настојува да се одложи една година правото и задолжението за влегување во редовите на ВМРО по завршувањето на образованието“.
Но и покрај непријателството на Михајлов кон Македонскиот народ и неговото негирање за етнички Македонци Михајлов ја направил најголемата грешка во својата пробугарска кариера што и тој се изнесол за Независна Македонија и нејзино обединување под едно знаме и народ - Македонски.Од тука се заклучува дека идејата на Михајлов за Македонскиот етнички проблем бил всаден во Михајлов од страна на Бугарската политика и дотрајал до неговата смрт.Неколку пати се покажува дека Михајлов се срами од тоа што станал и намерно се изолирал од страв да не го убијат неговите непријатели,неколку пати се понудил на Македонските револуционери по бегството од Бугарија повторно да се активира во револуционерната борба но јасно секој пат бил одбиен поради неговиот пробугарски став.Лут на ваквото однесување на Македонците тој во својата книга јасно ке напише дека етнички Македонци не постојат - но сепак преговарал со нив за своето повторно активирање.

Од тука мислам дека е многу жалосно да се прави некаква компарација на Михајлов и Александров - прво од причината што Михајлов по наредба на Бугарскиот двор го убива Александров и второ што Александров потполно ги погазил Бугарските политички настојувања за бугаризација на Македонците поради што и бил убиен.


Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 17:46
Да да сум читал и нема ништо нејасно.Тодор Александров бил најголемиот непријател на Бугарија затоа и Бугарија го ликвидирала но за да не направи маченик од него ја префрла кривицата на левичарите и комунистите а Александров го претвара во Бугарофил.Нема ништо нејасно - документите потпишани од Александров кажуваат колку се залагал за борба против Бугарското ропство над Македонците и издвојување на Македонските етнички граници од Бугарија,затоа и Пиринска Македонија функционира како држава во држава а не една државанамигнување
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 20:03
Знам дека е така и знам дека ВМРО со Бугарија потпишале протокол за помош за ослободување на Македонија но откако Тодор Александров ке се увери по 1 светска војна дека Бугарија несака да даде автономија на Пиринска Македонијаго мењава ставот и ја прогласува Бугарија за непријател на Македонија како Србија и Грција.Ова е непобитен факт бидејки животот на Александров сведочи за тоа - кога ке ја стави во исти кош Бугарија со Србија и Грција Александров го губи својот живот,го убиваат Бугарите(не физички,туку тие плаќаат)намигнување
Но се е залудно,потписите на Александров стојат на неколку документи каде што Бугарија е окатегоризирана исто како Србија и Грција а тука е и Пиринското востание - нападот и завземањето на Ќустендил и убиство на повеке од 300 Бугарски војници и полицајциголема%20насмевка
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 23:13
Originally posted by за_наденица_бех за_наденица_бех напиша:

Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Знам дека е така и знам дека ВМРО со Бугарија потпишале протокол за помош за ослободување на Македонија но откако Тодор Александров ке се увери по 1 светска војна дека Бугарија несака да даде автономија на Пиринска Македонијаго мењава ставот и ја прогласува Бугарија за непријател на Македонија како Србија и Грција.Ова е непобитен факт бидејки животот на Александров сведочи за тоа - кога ке ја стави во исти кош Бугарија со Србија и Грција Александров го губи својот живот,го убиваат Бугарите(не физички,туку тие плаќаат)намигнувањеНо се е залудно,потписите на Александров стојат на неколку документи каде што Бугарија е окатегоризирана исто како Србија и Грција а тука е и Пиринското востание - нападот и завземањето на Ќустендил и убиство на повеке од 300 Бугарски војници и полицајциголема%20насмевка

Кое заземање на Ќустендил? ти да немаш температура?


http://img442.imageshack.us/img442/5782/vojvodi0041cd9.jpg

Еве читај и плачи - завземање на Ќустендил по наредба на Тодор Александров - екот на Пиринското востание на ВМРО против Бугарскиот окупаторнамигнување


Изменето од macedon_alex - 12.Јуни.2009 во 15:54
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2008 во 23:42
Не се тревожи,тоа е факт - 300 полицајци и војници биле убиени но повеке биле заробени и испратени да си одат за Софија голи - ова е историска вистина без разлика дали тебе или на Каракачанов му се допаѓала или ненамигнување
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 11:46
Напишав и претходно - со сопствени зборови може да се напише се и сешто но фактот останува факт.Востанието Македонците го кренале против окупаторот Бугарски и тоа е нешто што неможе да се сменинамигнување


Изменето од macedon_alex - 12.Јуни.2009 во 15:56
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 12:26
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 13:12
Еве ви уште една гледна точка- на Тајмс.Jасно си пишува дека тоа е внатрешен проблем и нема етнички конфликт;станува збор за судир мегу земјоделците и ВМРО:


Изменето од macedon_alex - 12.Јуни.2009 во 16:00
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 15:40
смеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеење

Сакаш јас да напишам што рекол Панчо и зошто тргнал во борба против Бугарскиот окупаторголемо%20гушкање
намигнување
Сликата%20“http://img442.imageshack.us/img442/5782/vojvodi0041cd9.jpg”%20не%20може%20да%20се%20прикаже%20бидејќи%20содржи%20грешки.

Читај од оригинал како се бори Македонски борец против Бугарски окупаторнамигнувањеплазење


Изменето од Boogie - 17.Ноември.2008 во 15:41
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.