IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Тодор Александров и Ванчо Михајлов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаТодор Александров и Ванчо Михајлов

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 19202122>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 09:26
Originally posted by eptendosadno eptendosadno напиша:


Одлично , но , како да дојдеме до текстот со кој Александров се оградува од “ Мајскиот Манифест “ ?
Што тоа кријат бугарските историчари ?


Ете ти две писма од Александров.

http://bgrod.org/chitalnia/index.php?id=38

Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 13:14
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by eptendosadno eptendosadno напиша:


Одлично , но , како да дојдеме до текстот со кој Александров се оградува од “ Мајскиот Манифест “ ?
Што тоа кријат бугарските историчари ?


Ете ти две писма од Александров.

http://bgrod.org/chitalnia/index.php?id=38



Благодарам , но тоа не е она што го барав .
Во секој случај благодарам .
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 13:34
Присуството на Бугарите на форумот е полезна работа за сите нас , затоа ни се неопходни .

МАЈСКИОТ МАНИФЕСТ

До македонскиот народ, до организираното револуционерно население во Македонија и до махедонскпте револуционери      

Браќа Македонци!

Македонија, во своите природни географски граници меѓу реката Места, планините Родопи, Рила и Шар, реката Дрим, Охридското Езеро, планината Грамос, реката Бистрица и Егејското Море, со едно пространство од 65.000 кв. километра, пресечена од реките Места, Струма, Вардар, Дрим, Бистрица и надарена со најразнообразни природни богатства и благопријатни климатски услови; со своето 2.302.000 население, рознооброзно по својот етнографски состав, со својата централна економска и стратегиска положба на Балканите, меѓу басените на реката Дунав, Егејското и Јадранското Море - ги има сите услови и права за самостојно палитичко постоење, како независна држава што се управува самостојно, која ќе послужи како обединувачка, политкчка и економска алка меѓу народите и државите на Балканското Полуострово. Вековните борби на македонското население против господството над неговата територија од страна на едно племе и тиранијата спроведувана спрема другите племиња што ја населуваат Македанија; отпорот што го покажа тоа спрема денационализаторската политика на државите што ја владееле Македонија или граничиле со неа; учеството на македонското население во сите востанија и револуционерни движења; содејството што беспрекидно, во сите војни на Балканите, им го даваше на земјите што се јавуваа да се борат во имета на ослобадувањето и самоопределувањето на балканските народи, - е најочигледниот доказ за правата и свеста на македонскиот народ да биде една самостојна политичка единица на Балканите. Тргнувајќи и опирајќи се на таа свест, Внатрешната македонска револуционерна организација, ВМРО, во текот на цели десет летија, води најрешителна револуционерна борба за ослободувањето на Македонија. Таа борба, во зовисност од соодносот на факторите во меѓународната и балканската политика и етнографскиот состав во организацијата што преовладува, поставуваше различни тактички задачи и се ползуваше со различни средства. Долго време македонскиот народ, верувајќи во ослободителните стремежи на великите европски сили и малнте балкански држави спрема Македонија, ги беше насочил своите погледи кон нив и го очекуваше своето ослободување преку нивна интервенција. Сообразно со тоа, ВМРО ја беше насочила целата своја дејност да го издигне гласот на страдалниот македонски роб до ушите на идните свои ослободители, да го привлече нивното внимание, да го предизвика нивното мешање, да го исползува натпреварувањето на нивната палитика и по тој начин да ја истргне слободата на Македонија. Примерот со создавањето на слободна Србија, Грција, Црна Гора и Бугарија беше привлечен и охрабрувачки. Сообразно со таа тактичка задача на македонската револуционерна борба беа и нејзините средства, во прв ред единичните и делумните удари, било против владетелската власт, било против туѓите интереси врзани со Македонија. Дури ни Илинденското востание, најголемото и најмасовното движење, не можеше да смета дека само ќе извојува слобода на Македонија, туку илаше цел да му го наложи на општоевропското јавно миелење и на меѓународната дипломација резрешувањето на македонското прашање. За една вистинска револуционерна акција во голем масовен македонски или балкански размер, којашто би сметала само на себе за извојувањето на македонската слобода ни збор не можеше да стане. Резултатите од европската интервенција по Илинденското востание, изразени во лицемерните реформи, насочени повеќе да го заздрават и закрепнат турското владеење над Македонија, отколку да ја родат нејзината слобода го разочараа македонскиот народ. Тоа разочарување ја засили струјата во редовите на ВМРО којашто, сметајќи на ослободителната мисија на младите балкански држави, ги насочуваше своите усилби да предизвика нивна воена интервенција. Балканската војна, која заврши со поделба на Македонија во Бук*решт 1913 г., а по неа и општоевропската војна, со нејзините Париски договори кои го раскинаа живото тело на Македонија и го поделија меѓу балканските држави што ја окружуваа, дефинитивно ја убија верата на македонскиот народ во ослободителната мисија на интервенционистичката политика на големите европски и малите балкански држави. Берлинскиот (1878 г.), Бук*решкиот (1913 г.) и Париските мировни договори од 1919 г. го убедија и најпоследниот неверен Тома, дека како големите, така и малите европски држави спроведуваат своја егоистичка политика, поради што слободата и постоењето на Македонија може да биде само монета за поткусуравање. Од тоа произлегува дека од тие држави, додека се раководени од влади кои ја подржуваат завојувачката и империјалистичката политика на тие догавори, или, со други зборови, додека кај нив не се установат влади што ќе ја базираат својата надворешна и внатрешна политика врз вистинското самоопределување на народите, македонскиот народ не може да очекува никаква поткрепа за својата слобода. Проценувајќи го основно тој историски опит, ВМРО доаѓа до цврстиот и конечен заклучок дека во својата револуционерна борба за слободата на Македонија, таа може да смета само на крајно прогресивно-револуцнонерните движења во Европа, кои се борат против империјалистичката политика на своите влади, против постојните мировни договори и за вистинско самоопределување на своите и туѓи народи. Ете зошти ВМРО изјавува дека во интерес на македонската слобода ќе ја даде сета своја поткрепа само на оние што на балканска почва се борат против завојувачката политика на европскиот империјализам, спроведувана било директно било преку владите на балканските држави. Но, владите на балканските држави не се јавуваат само како орудија на европскиот империјализам; тие спроведуваат и своја сопствена националистичка, завојуаачка политика. Благодарејќи на таа општоевропска империјалистичка и општобалканска националистичка завојувачка политика, Македанија, истоштена од петвековното ропство, разурната од три војни, денес одново е поробена и разделена помеѓу трите балкакски држави: Србнја, Грција и Бугарија. Ниедна од владите на балканските држави не мисли за ослободувањето и обединувањето па раскинатите делови на Македонија; ниедна од нив не мисли и не дејствува за самоопределувањето на македонскиот народ во самостојна политичка единица; ниедна од нив не сака на поробените Македонци да им ги даде правата предвидени во договорите кои им го осигуруваат културниот развиток како национални малцинства. Поради тоа, ВМРО е принудена да изјави дека политиката на сите сегашни балкански влади е непријателска за слободното и самостојно палитичко постоење на Македонија и дека таа најрешително и со сите средстаа на револуционерната борба ќе се бори против нивната завојувачка политика спрема Македонија и македонскиот народ. За да се избегне секакво недоразбирање и нејасност, ВМРО изјавува исто така дека таа не може да се дезинтересира за внатрешната и надворешната политика на балканските држави и особено на Србија, Грција и Бугарија кои владеат цели делови од територијата и населението на Македонија. По однос на Грција ВМРО ќе се бори против секој обид за враќање на монархијата - најјаркиот израз на ултраимперијалистичката грчка политика - и против секоја грчка влада која ја подржува денешната делба на Македонија, го денационализира населението во грчка Македонија и насилно го изменува неговиот етнографски состав, протерувајќи го домородечкото население и заменувајќи го со грчки преселеници од Мала Азија и Тракија. По однос на Југославија ВМРО најрешително ќе се бори против сите, без разлика на партија, белградски влади, кои ја крепат денешната српска политика на насилнички централизам, денационализација и угнетување не само на македонскиот народ, туку и на народите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Војводина, Словенија и Далмација; уште повеќе затоа што таа политика, поткрепена од некои европски држави, е насочена кон нови заграбувања на туѓи територии за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. ВМРО изјавува дека во внатрешните национални борби во Југославија таа решително застанува на страната на сите угнетени народности, што ќе се борат против белградските влади - за демократска децентрализација и федеративна реорганизација на Југославија. По однос на Бугарија ВМРО изјавува дека и покрај сите жртви, што бугарскиот народ ги давал и е готов да ги даде за слободата и независноста на Македонија, денешната бугарска влада на Цанков, во расчекор со чувствата и интересите на својот народ, води една политика јавно антимакедонска и антибугарска, една политика јавно србофилска, која не само шта ја овековечува делбата на Македонија туку подготвува нови територијални прекројувања на Балканите за сметка на Македонија. ВМРО ги предупредува народите на Македонија, Југославија, Грција и Тракија, дека белградската влада, опрена на своите договори со некои европски држави за делбата на Хрватска, Албанија и Грција, се гатви да ја рашири својота завојувачка политика накај Солун, терајќи ја софиската влада кон Кавала, заплашувајќи ја, дека во противен случај ќе ги окупира бугарските градови Перник и Ќустендил. И владата на Цанков, е изгледа, соблазнета од тие империјалистички перспективи, потшепнувани од белградските сирени. Таа се зафатила да ја уништи Внатрешната Македонска Револуционерна Организација и македонското револуционерно движење, кои се јавуваат како најсериозна пречка за остварувањето на тие престапни намери. Додека белградската влада ја подготвува и раздувува граѓанската војна во Албанија, софиската влада на Цанков се зафатила со уништувањето на ВМРО. Затворањето на неколку статини Македонци во Бугарија, осомничени за учество или соучество во македонското ослободително движење; забранувањето на сите легални печатни органи на македонската емиграција во Бугарија, кои го заштитуваат ослабодителното дело на Македонија; готовноста на софиската влада да посегне и по највидните дејци на македонското ослободително движење за да ги затвори и предаде на Србија, очевидно како искупителна жртва на новиот к*рс на српската и бугарската завојувачка политика, се најпоследните и јарки дакази за престапната политика на софиската влада. ВМРО го знае изворот на таа српска и бугарска политика. Слабоста на белградската влада внатре во земјата ја тера да ги жртвува интересите на хрватскиот народ во полза на Италија - Ријека и Јадранското приморје - и да бара компензација за сметка на Албанија, бугарска и грчка Македонија. А внатрешната слабост на софиската влада ја прави неспособна да им се противстави на белградските заплашувања и пред опасноста од окупирањето на Перник и Ќустендил од Србите таа е готова да оди на доброволно саработување со српската експанзионистичка политика накај Солун, надевајќи се дека самата ќе биде компензирана накај Кавала. На таков начин се жртвуваат не само интересите на Македонија и Тракија, туку во исто време се засегаат и интересите на Бугарија, Југославија и сите балкански народи. Основната причина за слабоста на софиската влада е нејзината изолираност, откинатост од народните маси и непријателството од овие последниве кон неа. Борејќи се по секоја цена за запазување на власта во свои раце и не наоѓајќи никаква подршка во народот за да се противстави на српската завојувачка политика, таа се мачи, во соработка са неа, да ги отклони опасностите што висат над Бугарија, подбуцнувајќи ја последната кон нова авантура, само и само да спечали некој привремен успех со кој би ја зајакнала својата разнишана положба внатре во земјата. За таа цел таа ги жртвува како интересите на македонскиот така и интересите на бугарскиот народ. Таа е принудена да управува во внатрешната политика со терор, суспендирање на сите уставни гаранции; таа е принудена да ја суспендира слободата на говорот, печатот, соборите и здруженијата, да растура цели задружни организации и политички партии; таа е принудена дури да откажува прибежиште за палитичките бегалци на Македонија. При таквата положба ВМРО изјавува дека политиката на владата на Цанков е непријателска спрема македонскиот и бугарскиот народ и апелира кон сите Македонци и Бугари да поведат најрешителна борба против неа. Тие треба да и дадат своја поткрепа само на една таква влада во Бугарија која, опирајќи се врз широките трудбенички маси од градот и селото, не ќе има нужда од терор и исклучителни закони за своето управување, не ќе прибегнува кон суспендирање на суштествените гаранции за една вистински народна и демократска власт и која, опирајќи се врз довербата на масите на слободољубивиот, демократски и нешовинистички бугарски народ, ќе може да му ги даде неопходните средства за борба против завојувачката политика на соседните држави, без да се плаши дека тие средства ќе бидат свртени против неа. Само во установувањето на една таква влада во Бугарија, ВМРО гледа гаранцнја и за понатамошниот успешен развој на својата револуционерна борба за слободата и независноста на Македонија и за политичката независност на сите балкански народи. Зацртувајќи го во општи линии својот однос кон државните фактори на општоевропската и балканската политика, ВМРО изјавува дека таа се бори и ќе се бори со сите средства на револуционерната борба: 1. За ослободувањето и обединувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка единица, во нејзините природни, географски и етнографски граници; 2. За демократизирањето на соседните на Македонија балкански држави и нивното сојузување во една балканска федерација, која единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи; да ги задоволи економските и културните интереси на сите балкански народи, сврзани со излегувањето на трите балкански мориња; да ги парализира анексионистичките стремежи на балканските и империјалистичките стремежи на големите европски држави; а исто така да го гарантира правилното разрешување на сите национални спорови, осигурувајќи го културниот развиток на сите етнички малцинства. ВМРО изјавува дека во својата борба за независна Македонија и Балканската федерација смета, пред сe, на обединетите револуционерни сили на целото македонско население, без разлика на вера и народност, кои ќе ја поведат својата борба во тесна соработка со револуционерните сили на трудбеничките маси во другите балкански држави. Доколку пак успехот на нејзината ослободителна револуционерна борба зависи од меѓународната положба, ВМРО смета пред сe, на моралната и материјалната поткрепа од прогресивно-револуционерните движења во европските држави, кои се борат против империјалистичката политика на нивните влади, против создадените империјалистички мировни договори и за полното и вистинско самоопределување на народите. На таков начин ВМРО прекинува конечно со илузиите да ја очекува слободата на Македонија и создавањето на Балканската федерација преку интервенцијата на балканските шовинистички и европски империјалистички влади. Таа изјавува дека само оние држави и влади можат да претендираат да бидат искрени пријатели на македонската слобода и на балканските народи, кои со својата сопствена политика даваат даволно докази дека го следат и на дело го реализираат принципот за слободно самоопределување на народите. Сите други се непријатели на македонската слобода и против нивната политика на Балканот, ВМРО ќе води најрешителна борба. ВМРО е свесна за релативната слабост на своите сили, но таа исто така добро знае дека цела Европа е минирана од противречја многу подлабоки и понепомирливи отколку оние што ја предизвикаа општоевропската војна во 1914 година. Една нова балканска и општоевропска војна или меѓународна граѓанска револуционерна борба за ослободување и самоопределување на народите е неминовна. Нешто повеќе, таа тропа веќе на портите на сите држави. ВМРО ја сфаќа многу добро големата и решителна улога која Балканот ја одигра во избувнувањето на општоевропската војна од 1914-1918 г. Таа им обрнува внимание на сите Македонци и балкански револуционери дека и во идните борби кои бргу се приближуваат, Балканот може да изигра уште поголема и порешителна улога, доволно е само револуционерните усилби на сите угнетени балкански народи да бидат сплотени и обединети под знамето на македонската слобода и независност, под знамето на својата сопствена слобода и независност и најпосле под знамето на Балканската федерација. И затоа ВМРО апелира кон сите свесни борци за слободата и независноста на балканските народи да ги сплотат своите сили за брзото формирање на еден единствен македонски револуционерен фронт, кој ќе послужи за образувањето на единетвен балкански револуционерен фронт против сите шовинисти, против сите анексионисти и империјалисти, против сите угнетувачи на своите и туѓи народи. За да ги даде сите докази дека ја управува својата дејност по тој пат, ВМРО изјавува најсвечано дека ги прекратува сите потери и ги укинува снте екзекутивни мерки и наредби протнв одделните македонски дејци, групи, организации и струи, штом тие искрено ќе застанат врз базата на вистинската револуционерна борба, во духот на овој манифест и ќе подадат рака за општа борба под знамето на слободна и независна Македонија, под знамето на Балканската федерација. Со тоа ВМРО го прави првиот и најрешителен чекор за создавањето на неопходната поволна атмосфера за свикување во скоро време на еден обединителен конгрес на целото македонско револуционерно движење, на кој преку усилбите на сите искрени македонски револуционери, ќе се создаде единствениот македонски револуционерен фронт кој, опирајќи се врз единствениот балкански револуционерен фронт, во тесна соработка со сите прогресивнореволуционерни движења на Балканите и во Европа, ќе ја извојува слободата и независноста на Македонија, ќе го наложи создавањето на Балканската федерација, ќе го осигури мирот на Балканот - за да го потпомогне востановувањето на мирот во цела Европа. Сите напред во редовите на револуционерната македонска борба! Да живее единствениот македонски револуционерен фронт! Да живее единствениот балкански револуционерен фронт!. Да живее обединета и независна Македонија! Да живее Балканска федерација!       Виена, 15 мај 1924 г.    

За ВМРО Централен комитет     А. Протогеров
   П. Чаулев     
За Т. Александров и по негово     полномоштие потпишале:     П. Чаулев     А. Протогеров




Еве две писма на Т. Александров во однос на “ Мајскиот Манифест “

“ Вчера ти телеграфирах со Ангела (прекар на генерал Протогеров - б.м.), дека ниту имаме општо со весникот "Федерасион Балканика", ниту можеме да се солидаризираме со безумното дело "Манифест" на Харлаков и Данилов (псевдоним на Димитар Влахов -- б.м.).      ВМРО не може и нема никогаш да биде ниту болшевичката, ниту сговористка, таа не може да се занимава со партизански и класна борба, а ќе върив неотклонно по досегашниот свој пат на национална револуционерна организација.      Кажи на Мишел Герџиков горното и го честиташе уште еден пат за доблестното му държание што не сака да стане платено болшевичката отскок што е жал: Харлаковци ...      Многу и срдечни поздрави на тебе и Мишел! Богдан ЦДА - Софија, ф. 1933, оп.2, а.е. 29 “


И второто :

6 август 1924 година    

Драги Пенчо,



    ... Точно е дека водиме вонредни разговори во Виена, се обидовме да добиеме помош, поддршка за народноосвободителното дело, како што мислевме дека словенската голема земја ќе ни унапредува како што стори на Турците со Мустафа Кемал-паша на чело, без да сака да станува нашата национална организација во комунистичка и отскок на Москва и без да инсистираат на ВМРО да им унапредува да прават нови мрежи во Бугарија за докарване на власт работничка-селски влади, да се бориме против европскиот империализъм и прочии дивотии ...   



   Ако некогаш дури би бил потпишал манифест со слични штури и непосилни за ВМРО цели во момент на слабост, увлечение или заблуда, штом разкрия вистинските намери на авторите му предател би бил, ако не знаат грешката си, не се откаже јавно од стореното, дека не се вратите во искушенија прав пат.   
Јас не сум ставел неговата потпис под сличен партизански и криминални манифест. Во сите состаноци и разговори сум се изразува против комунизиране на ВМРО и нагрбването нејзиниот со не нејзини и непосилни за растот нејзините цели и како го прочитав взмутих од дно на душа за извршени мошеничество од Харлаков-Данилов и во согласност со другар Ангел одлучивме да турнем крај на таа ја игра со ВМРО и со нас ...     



Бичувал сум грешките на заговор и заговорници и немам ништо со нив, а некои сум ги удостоил со презирот ко нив .
Држам за суштествување на независна Бугарија, а не за заговор, лиги, партии и друго ...




ЦДА. Софија, ф. 1933, оп. 2, а.е. 29. л 29-30. Оригинал, ракопис.






Изменето од eptendosadno - 24.Декември.2009 во 14:14
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 13:38
Колега, тоа е дебатирано поназад на темата; мислам дека jас сум ставил и статиjа од Таjмс со и изjавата на Тодора дека никогаш не подпишал манифестот.

Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 13:41
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

Колега, тоа е дебатирано поназад на темата; мислам дека jас сум ставил и статиjа од Таjмс со и изjавата на Тодора дека никогаш не подпишал манифестот.


да побараме ...
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 13:44
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 13:54
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

На страница 2, 3 и 12:http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14041&PN=12


Благодарам , тоа го барав .
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 15:43
Originally posted by eptendosadno eptendosadno напиша:

Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

На страница 2, 3 и 12:http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14041&PN=12


Благодарам , тоа го барав .


Точно така - тој го креирал манифестот кој требал да е таен,но пред да стигне потписот на Александров тој е убиен а со него и идејата эа балканска федераија - инаку неговиот ум може да эаклучиме колку голем е и колку раэмислувал пред времето со идејата эа балканска федерација кој исто така требала да биде главен договор и по втората светска војна
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 18:03
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Originally posted by eptendosadno eptendosadno напиша:

Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

На страница 2, 3 и 12:http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=14041&PN=12


Благодарам , тоа го барав .


Точно така - тој го креирал манифестот кој требал да е таен,но пред да стигне потписот на Александров тој е убиен а со него и идејата эа балканска федераија - инаку неговиот ум може да эаклучиме колку голем е и колку раэмислувал пред времето со идејата эа балканска федерација кој исто така требала да биде главен договор и по втората светска војна
буги грешка си и тоа катасрофална.По пописувањето на договорот Александров е повикан од царот да го повлечи потписот или ојде главата,тоа тој и го прави.Види кај Ангел Динев,Димитар Влахов
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 18:36
Прво лошо го перцепцирате манифестот - тоа е само еден вовед во тоа што би следувало во Македонската борба эа слобода - манифестот не е никаков договор туку само эаклучок на моменти помеѓу левицата и десницата.Александров бил повикан од царот но эар не се оградил тој дека потпис не ставил,што има да повлекува кога не е потпишано

И последно Александров бил убиен од тајните бугарски служби поради таквото раэмислување,эначи покрај се тој сакал обединет фронт эа ослободување на Македонија
Кон врв
eptendosadno Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1185
Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2009 во 23:11
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Прво лошо го перцепцирате манифестот - тоа е само еден вовед во тоа што би следувало во Македонската борба эа слобода - манифестот не е никаков договор туку само эаклучок на моменти помеѓу левицата и десницата.Александров бил повикан од царот но эар не се оградил тој дека потпис не ставил,што има да повлекува кога не е потпишано

И последно Александров бил убиен од тајните бугарски служби поради таквото раэмислување,эначи покрај се тој сакал обединет фронт эа ослободување на Македонија


Дали мислиш дека писмата кои ги имам пастирано на форумов се фалцификат ?
Дали говорот во Пиринска обогатен со бугаризми е македонски дијалект ?
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2009 во 10:49
Софиjа, помен за 40 дена од убиството на Александров:


Писмо на Тодора до неизвесен член на ВМРО во Цариград:

"Јас не сум ставил потпис под таков криминален манифест"

    
16 август 1924 година
    
Драги Пенчо,
     
... Точно е дека водевме вонредни разговори во Виена, се обидовме да добиеме помош, поддршка за народноослободителното дело, како што мислевме дека словенската голема земја ќе ни унапредува како што стори на Турците со Мустафа Кемал-паша на чело, без да сака да се претвори нашата национална организација во комунистичка и орудие на Москва и без да инсистираат ВМРО да им помага да прават нови метежи во Бугарија, за доаѓање на власт на работничко-селски влади, да се бориме против европскиот империјализам ...

    
Ако некогаш дури би бил потпишал манифест со слични штури и непосилни за ВМРО цели во момент на слабост, под влијание или заблуда, штом разоткриjам ги вистинските намери на авторите , предавник би бил, ако не ја видам својата грешката , не се откажам јавно од стореното, дека не се вратев на правиот пат.

    
Јас не сум го ставил моjот потпис под сличен партизански и криминален манифест. Во сите состаноци и разговори сум се изjаснувал против комунизира
ње на ВМРО и товарењето со непосилни за растот нејзин цели, и кога го прочитав, се вознемирив од  душа за извршените работи од Харлаков-Данилов и во согласност со другарот Ангел одлучивме да ставиме крај на таа нејзината игра со ВМРО и со нас ...

   
Ги камшикував грешките на Сговорот и сговористите и немам ништо со нив, а некои сум ги удостоил со презирот.Сакам постое
њето на независна Бугарија, а не за Сговор, лиги, партии и слични ...



Изменето од Македон - 25.Декември.2009 во 18:07
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2009 во 10:55
Originally posted by Boogie Boogie напиша:


      <p ="style">Господо!!!!!!!!!!


      <p ="style" align="justify">Од пред неколку месеци го напуштив
        Царството, угнетувано од тиранскиот режим, натрапен од Вашите другари
        и Вас, и заминав во мојата поробена татковина Македонија, каде ќе го исполнам,
        како што јас разбирам, својот долг кон несреќните сонародници. Ако мислевте,
        навистина, дека имате основа да се плашите од мене, додека бев во Бугарија,
        бар тука, се надевав, да ве ослободам од грижи од мене Вас, Вашите другари
        и вашите органи и орудија – јавни и тајни полицајци, комесари за згрижување
        на бегалците и други слични, кои што имаат не малку работа таму во Царството,
        ако сакаат да ги исполнат совесно своите служби ..., бидејќи мојата дејност
        тука, вон од пределите на Царството, ги засега исклучително поробеното
        население и српските и грчки власти. Каква беше мојата зачуденост, меѓутоа,
        кога дознав за мерките, кои што ги замислувале да ги преземете внатре
        во поробена Македонија!


      <p ="style" align="justify">Веќе неколку седмици наваму Ваши
        чиновници, инспектори, јавни и тајни полицајци, се растрчале по Софија,
        Ќустендил и на други места да собираат исфрлени од порано нејзини бивши
        членови за разни злосторства, како: убиства, грабежи, изнудувања, злоупотреба
        на пари и др. сл. од редовите на Организацијата – и да убедуваат и поткупуваат
        мои другари таму, како и многумина симпатизери на Организацијата, за да
        формираат и испратат чети од Бугарија, со цел тука да ме убијат. Залудни
        напори: организираното населеление тука сигурно ќе умее лесно да се справи
        со тие натрапници, како што тоа се правело не еднаш во минатото!


      <p ="style" align="justify">Според најсигурни информации главното
        Ваше орудие во таа злосторничка акција е Ѓорче Петров, назначен од Вас
        за претседател на комисијата за бегалците, доскорашен самонаречен претставник
        на бившата Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација и
        познат на бугарското општество и македонските средини под прекарот „Ѓавол
        на Организацијата“.


      <p ="style" align="justify">Бугарското општество би се потресло,
        ако ги изнесам сите факти, кои ми се познати, за таа Ваша злосторничка
        замисла, и тоа: организирањето на група на детективи во чета, која што
        веќе ја добила војничката опрема и сите инструкции; обидите за назначување
        на специјален човек по границата, задолжен со мисија да го олесни влегувањето
        на проектираната хајка во моите траги тука; полуофицијалната изјава на
        еден Ваш пограничен администратор, дека најголем триумф за Вашата влада
        би било моето убиство и сл... Знам, дека за да го оправдате своето злосторство
        пред оние пристојни луѓе, кои сеуште останале покрај Вас, сте ја пуштиле
        интригата, дека јас сум правел завера, заедно со демократите, против ценетиот
        живот на министрите, со цел да падне сегашниот кабинет, за да биде заменет
        со демократски. Таа клевета ја оставам на Ваша сметка, бидејќи сите знаат,
        дека јас не и припаѓам на никоја бугарска партија и нема да влезам во
        партија до ослободувањето на Македонија.


      
      <p ="style" align="justify">Знајте го следното: никој не може
        да ми го одземе правото да располагам со својот живот како што ќе најдам
        за добро, и во рамките на моите можности и сваќања да и служам на мојата
        поробена татковина.. Кој ќе се обиде да го стори тоа, уверен сум, - благодарение
        на закрилата на Провидението и на поддршката на организираното македонско
        население, - во секој случај ќе си ја скрши главата.


      <p ="style" align="justify">


      <p ="style" align="justify">Со почит: Тодор Александров

<p ="style" align="justify">Но ке додадам и едно друго писмо од Александровголема%20насмевка

<p ="style" align="justify">

<p ="style2" align="center">„До членовите на В. М. Р.
          Организација
        во Македонија
        и до нејзините истомисленици зад границата.


        <p ="style" align="justify">По тешката голема војна (1914-1918
          год.), којашто им причини многу пакости и несреќи на речиси сите народи
          во државите-победителки, победени и дури и неутрални — особено на народите
          во цела Европа — нашата многунапатена херојска татковина Македонија остана
          пак поробена и распарчена. И покрај програмата за траен мир во Светот,
          прогласена од претседателот на Сев. Американските соединети држави и прифатена
          од големите сили на Спогодбата, програма, изразена главно во познатите
          14 точки — новото политичко евангелие на народите — при определувањето
          на судбината на Македонија гласот на нејзиното храбро и измачено население
          не беше слушнат, ниту пак беше почитувана неговата волја, изразена со
          толку херојски борби. Но... « не се гаси тоа што не гасне » !


        <p ="style" align="justify">Борбата за ослободувањето на Македонија
          ќе се продолжи, додека се извојува бар автономно управување за трите делови
          на таа област, сега распарчена меѓу Србија, Грција и Бугарија. Таа цела,
          обединета, независна или автономна Македонија може да биде поставена под
          покровителството на Советот на Општеството на народите или на една од
          големите сили, членови во него, или дури може да влезе во Југословенската
          држава, како рамноправен член во една федерација, ако Србите го прифатат
          федеративното управување во новата држава.


        <p ="style" align="justify">Внатрешната Организација во својата
          желба да олесни извојување на подобно автономно управување за Македонија,
          ако е возможно по легален начин — без жртви, без револуции и војни — реши
          за сега да ги поткрепи сите здруженија и партии од Македонија, како и
          сите политички партии во др. области на Српско-хрватско-словенската држава,
          коишто се борат за извојување на федеративно управување во Југославија,
          кога секоја област се управува самостојно и влегува како рамноправен член
          во федерацијата.


        <p ="style" align="justify">За постигање на горната цел, се
          повикуваат сите членови и симпатизери на Орг. да работат во следниот дух:


        <p ="style" align="justify">1). При општинските избори, кои
          ќе бидат на 22 август о. г., сите коишто имаат право на глас, да го дадат
          својот глас за претходно определени добри свои сограѓани или соселани,
          коишто ќе може да ги заштитуваат најдобро интересите и правата на населението
          и да го олеснат добивањето на изборите за пратеници.


        <p ="style" align="justify">2). Кога ќе се прават изборите
          за основачкото народно собрание (основачката скупштина), сите избирачи
          да гласаат за најдостојните месни народни водачи, што останале да живеат
          тука, коишто ќе можат најдобро да се борат во основачката скупштина, заедно
          со сите хрватски, словенски, босански и др. пратеници, коишто ја преследуваат
          истата цел, за извојување на федеративно управување во Југославија.


        <p ="style" align="justify">3). Ако српската шовинистичка власт
          попречи, и не дозволи да се изберат за пратеници месни водачи, сите избирачи
          да го дадат својот глас за комунистите, под услов тие да прифатат во прво
          време да се борат за федеративно управување и за применување на договорот
          за малцинствата.


        <p ="style" align="justify">4). Првенците во градовите и селата
          кадешто порано имало  училишта, грабнати од Србите и претворени
          во српски или затворени, да поднесат барања до владата во Белград, со
          преписи до советот на Општеството на народите и до полномошните министри
          на Сев. Американските соединети држави, на Англија, Франција, Италија,
          Јапонија и др., со коишто барања да се бара враќањето на тие училишта
          на населението, за децата да учат на родениот МАкедонски мајчин јазик, како и за
          применувањето на „Договорот за заштита на малцинствата во Српско-хрватско-словенската
          држава“, којшто договор е изработен од државите на Спогодбата, и прифатен
          од Југославија (тука Ви се приложуваат неколку отпечатоци од тој договор
          за раководење, како при составување на барањата, така исто и при понатамошната
          работа за неговото применување).


        <p ="style" align="justify">Пожелно е барањата да се поднесат
          поскоро и истовремено од повеќе градови и села, откако се согласат, ако
          е возможно, тоа истото да го направат и турските, влашките др. малцинства,
          кадешто има такви.


        <p ="style" align="justify">Ако таа легална борба не успее,
          настаните ќе не научат што да правиме понатаму.


        <p ="style" align="justify">Големата војна не е се уште завршена.
          Руската советска република води војна на сите страни, покрај другите свои
          цели, уште и против насилничките договори, изработени во Париз. Турците
          во Тракија и Анадолија исто така се фатиле за оружје и се во војна со
          Грција и дури со Англија и Франција против несправедливиот мир, кој сакаат
          да им го наложат. Освен Русија и Турција, незадоволни од пропишаните жестоки,
          несправедливи и насилнички договори за мир на победените држави, како
          и на целите народи на победените држави се Германија, германска Австрија,
          Унгарија и Бугарија, исто така и голем дел од населението во државите
          победнички и неутрални.


        <p ="style" align="justify">Создадената положба е толку нетрајна,
          што се возможни секакви и брзи изненадувања.


        <p ="style" align="justify">Од нас се бара само сплотеност,
          упорност, тврдост и вредна работа, за да се изведе борбата до близок и
          успешен крај - да изгрее пак сонцето на слободата над нашата поробена
          татковина Македонија.


        <p ="style" align="justify">Со мн. Срдечни поздрави,
          Чл. Од Ц.К. на Орг.
          Богдан


        <p ="style" align="justify">Македонија,
          28/VI 920 год.“


Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2009 во 11:42
Еве да видиме како е во твоjот текст и зошто се разликува:

Првенците во градовите и селата
          кадешто порано имало  училишта, грабнати од Србите и претворени
          во српски или затворени, да поднесат барања до владата во Белград, со
          преписи до советот на Општеството на народите и до полномошните министри
          на Сев. Американските соединети држави, на Англија, Франција, Италија,
          Јапонија и др., со коишто барања да се бара враќањето на тие училишта
          на населението, за децата да учат на родениот МАкедонски мајчин јазик, како и за
          применувањето на „Договорот за заштита на малцинствата во Српско-хрватско-словенската
          држава“, којшто договор е изработен од државите на Спогодбата, и прифатен
          од Југославија (тука Ви се приложуваат неколку отпечатоци од тој договор
          за раководење, како при составување на барањата, така исто и при понатамошната
          работа за неговото применување).



А види од саjтот за историја на ВМРО како изгледа истиот:

4). Првенците во градовите и селата кадешто порано имало бугарски училишта, грабнати од Србите и претворени во српски или затворени, да поднесат барања до владата во Белград, со преписи до советот на Општеството на народите и до полномошните министри на Сев. Американските соединети држави, на Англија, Франција, Италија, Јапонија и др., со коишто барања да се бара враќањето на тие училишта на населението, за децата да учат на родениот мајчин јазик, како и за применувањето на „Договорот за заштита на малцинствата во Српско-хрватско-словенската држава“, којшто договор е изработен од државите на Спогодбата, и прифатен од Југославија (тука Ви се приложуваат неколку отпечатоци од тој договор за раководење, како при составување на барањата, така исто и при понатамошната работа за неговото применување).

http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Dokument/okruzno920.html

Зошто ми се чини дека некоj нешто избришал, па подоцна и додал?...

голема%20насмевка
голема%20насмевка

Изменето од Македон - 25.Декември.2009 во 18:08
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 19202122>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.