IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО - соэдавање и дело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВМРО - соэдавање и дело

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 55>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 23:16
Величествената смрт на четата на Методија Патчев во Кадино Село

Во Кадино Село и денес се чува споменот на Методија Патчев и неговите шестмина четници, иако од тој настан помина еден век. Кадиноселци со гордост раскажуваат за нивната херојска смрт и решеност да ги положат животите на олтарот на слободата. Македонската револуционерна борба пред и по Илинденското востание познава многу колективни саможртви на македонски војводи и комити, кои со посегањето по сопствениот живот предизвикувале восхит и почит кај демократските сили во Европа, па дури и кај непријателот. А колективниот самоубиствен чин на охриѓанецот Методија Патчев и неговата одбрана дружина е прва таква саможртва по чиј пример подоцна ќе тргнат многумина знајни и незнајни македонски синови.

Методија Патчев и неговата чета во Кадино Село се нашла на денот на селскиот празник, на Благовец. Според д-р Стојан Ристески кој го истражувал револуционерното дело на овој познат охриѓанец, на 6 април, дента пред трагедијата, целото село било собрано в црква. Службата се вршела со дванаесет свештеници, бидејќи тој ден селото светело масло. Војводата со четата бил сместен во старата кула, со намера вечерта да покрсти нови членови за организацијата. Меѓутоа, душманите не спиеле и на Турците им кажале дека тој се наоѓа во селото. Така околу пладне дошол многуброен турски аскер и башибозук. Се спомнува бројката од околу 500 вооружени луѓе. На помош стасал аскер и од Битола, а во борбата се вклучил и познатиот разбојник Расим со 25 души.

Четата претходно не била известена за силниот аскер, ниту пак некој сигнализирал за неговото движење кон Кадино Село. Турската војска од сите страни ја опколила кулата, а војводата и шестемина комити немале никаква можност да излезат од неа. Според кажувањата на очевидците на настанот, вратата однадвор ја закатанчила кадиноселката Ката Врбоска, чија куќа била во непосредна близина. Така почнала нерамна борба со сто пати побројниот непријател. "Целта на аскерот била живи да ги фатат комитите, за да се извести султанот за постигнатиот успех и да се добие наградата и унапредувањата во службата. До следниот ден (7 април 1902 година) напладне малата чета јуначки се борела до последниот к*ршум. Тогаш ништо не им преостанало, освен да се предадат или да умрат. Четата го избрала второто. Кога привршила муницијата, комитите слегле во приземјето во кулата. Се прегрнале за последен пат и почнале да пеат комитски песни. На повикот од аскерот да се предадат одговориле дека македонски борци не се предаваат. Методија Патчев бил свесен дека секаква друга одлука, освен колективно самоубивство не доаѓале предвид. Уште во екот на борбата тој на своите другари им советувал да си остават за себе по еден к*ршум. Со одлуката на војводата се согласиле сите шестмина востаници. И кога ги завршиле к*ршумите, сите херојски се самоубиле, пукајќи со последниот к*ршум во себе", раскажува д-р Ристески.

Според очевидците на оваа крвава драма, по престанувањето на пукотниците, Турците очекувале опколените да почнат да излегуваат и да се предаваат со кренати раце. Меѓутоа, никој не се појавил, ниту пак се слушнал човечки глас. "Тогаш Турците го испратиле Јонче Врбоски, заменик на коџобашијата, за да види што е со комитите. Имало што да се види. Со смртонсони рани построени мртви комитите и оддавале последна почит на Македонија, без трага на страв. На лицата им се читало самозадоволство од подвигот. Тоа била трогателна, наедно и восхитувачка глетка. Во тој момент во кулата како на едно место да се нашла цела Македонија...", додава д-р Стојан Ристовски.

По трагедијата мртвите тела биле изнесени пред кулата, а аскерот се нафрлил врз труповите, сакајќи да ги унакажи лицата на комитите. Но, командантот, потпоручникот Нијази-бег, подоцна еден од истакнатите членови на Младотурската револуција, ги спречил во нивните намери со зборовите. "Назад, тоа се херои. Гледајте како се бореа за својата идеја. Сами се убија." Потоа наредил со плотун преку мртвите тела да им оддаде почит на мртвите херои. Селаните ги закопале сите седуммина комити во црквата "Света Богородица". Подоцна кадиноселци ги откопале и ги погребале кај другите гробишта во заедничката гробница.

Македонија тогаш не ги загубила само своите седуммина горди синови. Турците пронашле кај Патчев шифрирани документи од кои дознале многу работи за Организацијата, пред сў ја откриле целата револуционерна мрежа во Прилепско. По селата биле испратени неколку потери, кои извршиле големи зулуми и апсења во 18 прилепски и 6 мариовски села. Затворени биле 92 работници на Организацијата на кои им се судело во Битола. На разни затворски казни биле осудени 16 души, а другите ослободени. Според сознанијата до кои дошол д-р Ристевски, предавството го извршиле Станко Ачкоски, кмет на селото, познат врховист и турски шпиони, и неговиот заменик Јонче Врбоски. Ачковски бил осуден на смрт Организацијата и истото лето убиен. Предавството во Кадино Село, смета тој, е дело на врховистите.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2010 во 23:17


Почит кон неговото дело

Изменето од Македон - 19.Август.2010 во 17:43
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 22:23
Со љубезната помош на Саше:

Стоjан Андов:
На почетокот основачите на историското ВМРО имале исти цели со бугарската држава!








Изменето од lav4eto - 22.Август.2010 во 22:39
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2010 во 06:50
Карето во центарот:



Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2010 во 16:23
Од кога еден србомански политичар е фактор на темата историја???

Стојан Андов не знае кој пат да го фати,оти има за земање од сите страни
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
valtermkd Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај valtermkd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 17:06
Овде не се зборува за историја.
Ова е здрав разум и логика базирани на 2 грама ноторни историски факти. Но акцентот е на здравиот разум и логиката.

   Саше

Изменето од valtermkd - 24.Август.2010 во 17:07
МАКЕДОНСКО ИМЕ, ПОЧНА ДА ГИНЕ
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 17:29
Да не зборуваме на памет,сам си кажал човекот што си сака





Изменето од Boogie - 24.Август.2010 во 17:36
Кон врв
valtermkd Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај valtermkd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 18:03
Буги, а имаш ли интервју за некој балгарски весник ? За грчки весник...нормално е дека следува “грчко интервју“.

Не е спорно дека внатре во организацијата имало немали несогласувања по повеќе битни прашања, вклучително и по прашањето за односите со балгарската држава и идниот евентуален статус на Македонија и нејзиниот карактер и уредување. Но, едно е јасно, основна главна и единствена цел, заедничка за сите е ослободување од турците.
Нема програма за македонска нација, нема програма за македонски јазик, нема програма за македонска самостојна држава итн. Мисирков не е ни со “М“ спомнат од револуционерите и организацијата. Барем да имало некаква програма за култруна автономија во рамките на Балгариа, ама не..ни то го нема.Тука е нашата болка. И цел ден да плачиме и да викаме, нема да ја преболиме, то е то шо го кажва Андов всушост во неговата статија. Муабетите дека се немало свест за македонската етнокултурна посебност од самите македонски дејци можеби и да држат делумно гледано низ денешна призма...ама кој ни е крив. Приликите и реалноста се тие.Македонските интелектуалци и револуционери имале други приоритети и балгарското етнокултурно име го прифаќале како нешто најнормално, а македонците ги сметале за дел од балгарскиот народ или во најмала рака братски народи. Не можиме ние денес со аршини од денешна независна Македонија да правиме инсинуации и салта мортале за 1903.

Никој не може да ни го оспори правото денес да се повикуваме на илинденците. Ама ако веќе го правиме тоа треба да сме чесни и доследни на фактите какви што биле тогаш а не денешните факти да ги пресликуваме во времето пред еден век и да ги прикажуваме како генерички во тој даден момент во стилот “уште не биле освестени дека се македонци, памислеле дека се бугари“.

-----------------------------------------------------

И уште нешто,може е крајно време ние да земиме и да почниме да објаснуваме зошто како и кога сме се отцепиле културно и етнички од балгарското име(и од српското в клучително, но пред се од балгарското)... оти и таму не чека долг и многи болен пат. Наместо да докажваме дека јајцето е постаро од кокошката.




Изменето од valtermkd - 24.Август.2010 во 18:24
МАКЕДОНСКО ИМЕ, ПОЧНА ДА ГИНЕ
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 18:10
Znaci Komitetot ne bil bugarski. Arno, ama Misrkov bil svedok na nastanite i drugo pisuva.



Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 18:37
Originally posted by valtermkd valtermkd напиша:

Буги, а имаш ли интервју за некој балгарски весник ? За грчки весник...нормално е дека следува “грчко интервју“.

Не е спорно дека внатре во организацијата имало немали несогласувања по повеќе битни прашања, вклучително и по прашањето за односите со балгарската држава и идниот евентуален статус на Македонија и нејзиниот карактер и уредување. Но, едно е јасно, основна главна и единствена цел, заедничка за сите е ослободување од турците.
Нема програма за македонска нација, нема програма за македонски јазик, нема програма за македонска самостојна држава итн. Мисирков не е ни со “М“ спомнат од револуционерите и организацијата. Барем да имало некаква програма за култруна автономија во рамките на Балгариа, ама не..ни то го нема.Тука е нашата болка. И цел ден да плачиме и да викаме, нема да ја преболиме, то е то шо го кажва Андов всушост во неговата статија. Муабетите дека се немало свест за македонската етнокултурна посебност од самите македонски дејци можеби и да држат делумно гледано низ денешна призма...ама кој ни е крив. Приликите и реалноста се тие.Македонските интелектуалци и револуционери имале други приоритети и балгарското етнокултурно име го прифаќале како нешто најнормално, а македонците ги сметале за дел од балгарскиот народ или во најмала рака братски народи. Не можиме ние денес со аршини од денешна независна Македонија да правиме инсинуации и салта мортале за 1903.

Никој не може да ни го оспори правото денес да се повикуваме на илинденците. Ама ако веќе го правиме тоа треба да сме чесни и доследни на фактите какви што биле тогаш а не денешните факти да ги пресликуваме во времето пред еден век и да ги прикажуваме како генерички во тој даден момент во стилот “уште не биле освестени дека се македонци, памислеле дека се бугари“.

-----------------------------------------------------

И уште нешто,може е крајно време ние да земиме и да почниме да објаснуваме зошто како и кога сме се отцепиле културно и етнички од балгарското име(и од српското в клучително, но пред се од балгарското)... оти и таму не чека долг и многи болен пат. Наместо да докажваме дека јајцето е постаро од кокошката.





Никој не мислел дека е Бугарин,така им е наметнувано од Бугарските служби и Црквата - замисли денес јас место тебе ако кажувам кој си и што си,каковби излегол

Карев јасно се искажал,како република Крушевската си имала Македонец за претседател



Изменето од Boogie - 24.Август.2010 во 18:42
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 19:18
Ajde ne falsifikuvaj be Bugi. Tvoeto e besmislen. Misirkov ubavo objasnil.
Treba da se pravi razlika pomegju BUGARSKI vo smisla rakovodeno od Bugarija /vladata/ i BUGARSKI vo smisla na bugarite od Makedonija.

Komitetite sakale da dokazat deka nemaat vrska so Vladata na Bugarija i da ja pretstavat rabotata kako delo na SITE Makedonci, bez razlika na narodnost.



Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 20:09
Убаво ти е напишано,што не е јасно,ајде престанете со фалсификувања и слободни толкувања
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2010 во 21:10
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Znaci Komitetot ne bil bugarski. Arno, ama Misrkov bil svedok na nastanite i drugo pisuva.



Не измилувај . Мисирков вели комитетот, во суштина Македонски, за надворешниот свет и за христијаните во Македонија НЕ ЕГЗАРХИСТИ, значи Срби и Грци, беше бугарски. Не за христијаните етничките Македонци а за останатите. Значи Мисирков вели дека на пример за неупатен Англичанец или Американец, Србин, Влав дури и Грк комитетот е бугарски. За нас е Македонски. Тоа го потврдуваат многумина револуционери.



Македонското движење не е Бугарско движење.

БОРИС САРАФОВ

Изменето од depo - 24.Август.2010 во 21:10
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 00:19
Originally posted by valtermkd valtermkd напиша:

Буги, а имаш ли интервју за некој балгарски весник ? За грчки весник...нормално е дека следува “грчко интервју“.


Читајќи те, добивам впечаток дека сите револуционери си ја менувале националноста, во зависност од соговорникот. Дали во некое друго интервју Карев ја сменил националноста или не?

Изменето од Македон - 25.Август.2010 во 01:33
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4546474849 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.