ВМРО - соэдавање и дело
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13849
Датум на принтање: 03.Мај.2025 во 10:33 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: ВМРО - соэдавање и дело
Постирано од: Tome5
Наслов: ВМРО - соэдавање и дело
Датум на внесување: 24.Мај.2008 во 07:54
sakam skopsko
Denesnoto VMRO e osnovano kako VMORO
sakam skopksko
|
Коментари:
Постирано од: is no good
Датум на внесување: 01.Јуни.2008 во 22:10
denesnoto vmro e osnovano kako mro!
------------- www.komiti.org
|
Постирано од: Tome4
Датум на внесување: 06.Јуни.2008 во 10:01
Vistina li zboruvas-dai mi link ili mi obijasni-da se naucam na vistinska istorija .sakakm skopsko.Megutoa-koi go e sozdal VMRO-potocno-koi sa lugeto.sakam skopsko
|
Постирано од: __ __
Датум на внесување: 06.Јуни.2008 во 11:50
Владко, сега сме баш по темата, се прашаш за устава на организациjaта напишан од Гоце Делчев дека пишувало - член може да е секој Македонец.
Знаеш ли коj е Иван Гарванов?
------------- Go ahead! Make my day!
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 06.Јуни.2008 во 11:59
__ __ напиша:
Владко, сега сме баш по темата, се прашаш за устава на
организациjaта напишан од Гоце Делчев дека пишувало - член може да е
секој Македонец?
|
Знам кој е и?
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: __ __
Датум на внесување: 06.Јуни.2008 во 12:00
Vladimir88 напиша:
__ __ напиша:
Владко, сега сме баш по темата, се прашаш за устава на
организациjaта напишан од Гоце Делчев дека пишувало - член може да е
секој Македонец.
|
Знам кој е и?
|
и това е ОК за тебе? немаш проблеми?
------------- Go ahead! Make my day!
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 06.Јуни.2008 во 12:02
__ __ напиша:
Vladimir88 напиша:
[QUOTE=__ __] Владко, сега сме баш по темата, се прашаш за устава на
организациjaта напишан од Гоце Делчев дека пишувало - член може да е
секој Македонец.
|
Знам кој е и?
и това е ОК за тебе?немаш проблеми? |
А зошто да имам проблеми со еден кој ги земал шифрите и целите на организацијата од Иван Хаџи Николов и со помош на нив, он си основал свој устав......и свои цели..
Жално е што Иван Хаџи Николов се самоуби поради него......
На крај го стигна и него к*ршумот..
А што има врска тука Гарванов со МРО, не ја разбирам поврзаноста.....
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 06.Јуни.2008 во 12:05
На крај крајава уставот е пишуван 1902 година, од страна на Гоце Делчев и дури и работата на Иван Гарванов не била признаена од страна на Делчев..
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 07.Јуни.2008 во 10:54
Ние тука не разговараме за Берлинскиот Конгрес и Руско-Турската војна, ние тука разговараме за ВМРО, и за тоа под која територија припаѓало Одринско......ти тоа ме праша, ја тоа ти одговорив....
А за ВМРО дека се борело под за Бугарите, малку си грешка тука........малку повеќе де..
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 20.Јули.2009 во 10:34

20 Jули
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: Соловиев
Датум на внесување: 23.Јули.2009 во 17:51
Ќе да е 20ти јули
------------- (Се моли непознатиот фактор одговорен за снемвање на овој потпис да не изводи)
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 23.Јули.2009 во 17:52
е да - тогава се е користила илинденската азбука
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 23.Јули.2009 во 17:53
Точно така
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Соловиев
Датум на внесување: 23.Јули.2009 во 17:54
Причина,зашто ми беше избришан постот?Постот се бриши,тоа на сликата не.
------------- (Се моли непознатиот фактор одговорен за снемвање на овој потпис да не изводи)
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 24.Јули.2009 во 00:56
Дечки, темата е за ВМРО, не за Илинден и 20-ти Јули во македонската историографија, иако може и за тоа тема да отвориме!
-------------
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 25.Јули.2009 во 09:06
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=103363&EditionID=1566 - абе не е лесна и вашта
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: Владо
Датум на внесување: 25.Јули.2009 во 13:16
да бе напиша:
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=103363&EditionID=1566 - абе не е лесна и вашта
|
Да, интересно е како тоа термините „народен непријател“ и „народен херој“ се толку релативни и толку лесно применливи категории, понекогаш на една иста личност, или пак организација.
„...а статистите со размавтаните транспаренти улавееја: „Смрт на ВМРО! Смрт на народните непријатели!...“. Исто така едно време и Ченто не смееше да биде спомнат, ниту пак Шарло (членови на ВМРО (об) зар не?)
|
Постирано од: Соловиев
Датум на внесување: 25.Јули.2009 во 14:05
Владо напиша:
да бе напиша:
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=103363&EditionID=1566 - абе не е лесна и вашта
|
Да, интересно е како тоа термините „народен непријател“ и „народен херој“ се толку релативни и толку лесно применливи категории, понекогаш на една иста личност, или пак организација.
„...а статистите со размавтаните транспаренти улавееја: „Смрт на ВМРО! Смрт на народните непријатели!...“. Исто така едно време и Ченто не смееше да биде спомнат, ниту пак Шарло (членови на ВМРО (об) зар не?) |
Така е,така.Шарло е најдобар пример за тоа,како што имам читано барем.
------------- (Се моли непознатиот фактор одговорен за снемвање на овој потпис да не изводи)
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 28.Јули.2009 во 14:37
Интересни сведошства за организациjата на востанието во Костурско наjдов во "Македонска бибилиотека".
Тоа се спомените на другарите на Чакаларов-Манол Кочов и Наум Масалинков.
Спомените се на бугарски, давам некои делови од сканираните страници:
http://macedonian.atspace.com/knigi/ivk_mem.htm - http://macedonian.atspace.com/knigi/ivk_mem.htm
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 28.Јули.2009 во 14:49
Значаjни спомени има и за Каравангелис, предавството на Коте, отрезаната глава на Лазар поп Траjков, судирите со турци, албанци и грци.
Читаjте ги страните, има што да се научи за ВМОРО и Илинден.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 17:10
Првиот полн устав бил напишан во 1896 година од Ѓорче Петров и Гоце Делчев и во него бил запишан условот дека членови на организациjата можеле да бидат само егзархиски Бугари. Првото име на организациjата било „Бугарско-македонско-одрински револуционерни комитети“ (БМОРК).
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%9C%D0%9E%D0%A0%D0%9E - ВМОРО
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 18:27
lav4eto напиша:
Првиот полн устав бил напишан во 1896 година од Ѓорче Петров и Гоце Делчев и во него бил запишан условот дека членови на организациjата можеле да бидат само егзархиски Бугари. Првото име на организациjата било „Бугарско-македонско-одрински револуционерни комитети“ (БМОРК).
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%9C%D0%9E%D0%A0%D0%9E - ВМОРО |
Доказ има ли? Јас го имам Уставот од Гоце и во него стои "секој Македонец", а не Бугарин, никаде и не се споменуваат Бугари во него. Повели, приложи го тој Устав!
-------------
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 18:43
Линкот е кон статиjата во Македонската Вики,значи македонски извор.
Во уставот на ТМОРО стои "секоj Македонец и Одринец".
Устав на БМОРК од 1896, коj што има за цел: "Да добие автономиja на Македониja и Одринско", исто така член на БМОРК може да биде секоj Бугарин, без разлика на пол...

------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 18:47
Лавче, токму на конгресот од 1896 година организацијата го добива името ТМОРО, а и од тогаш е Уставот на ТМОРО, каде што стои "секој Македонец и Одринец".
-------------
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 18:55
Уставот на ТМОРО е од 1902, потоа се именува веке ВМОРО.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Јули.2009 во 23:40
Грешка си Лавче БМОРК е Бугарска иэмислица,никогаш ниту постоела ниту еден Македонец членувал во таква иэмислена органиэација - тоа е чиста пропаганда,додека не иэнесеш докаэи релевантни нормално
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 30.Јули.2009 во 06:05
Си читал Алексо Мартулков -"Моето учество во ослободителните борби на Македониjа"?
Во овој извадок од спомените е опфатен периодот од Илинденското Востание, до Младотурската револуција, т.е. периодот на братоубиствената војна меѓу Македонците во велешко. Едните како Бугари (ТМОРО), а другите како Срби (Српското Четничко Движење) ја лејат својата македонска крв по живописните предели на велешкиот крај.
Сакавме да си заминеме за Бугариja...
Бугариja не била валкан збор како што е денес,а?

------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 30.Јули.2009 во 14:22
Сега реши се за што пишуваш - за ВМОРО,ТМОРО,ВМРО или некаква измислица на Бугарска БМОРК - инаку ова погоре го имам читано и потполно го вадиш од контекст муабетов,значи тој кажува дека можат да бидат сите членови во ВМОРО а не како што некои викаат дека може да бидат само „Бугари„ затоа е и во наводници.
Попусто само пробуваш да наметнеш теза кога се знае се околу ВМРО и историјата на ВМРО,таа организација е Македонска за ослободување на Македонија во границите од пред Бук*решт - сето она што се случува по Бук*решт е само окупација на странска војска во Македонија така и самото ВМРО неколку илјади пати го потенцира во разни документи
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 30.Јули.2009 во 17:01
Има ли значење како се нарекува Организациjата во разни периоди-таа си останува истата.
Значи Мартулков збори за бугари во началниот устав, па потоа дека бил променет, за да се даде шанса и на други народности да учетваат.
Односно дека ВМОРО била на македонци, види што пишува понатаму
И каква била девизата на Мартулков?

------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 30.Јули.2009 во 18:04
Ако ЧеГевара неговата борба ја засновал на комунизмот(Стаљинизмот) тоа незначи дека борците му биле Руси како прво - како второ кои Бугари - гагаузи ли,такви во ст.загора мислам дека нема и тоа што на пр. многу Хрвати се родиле во АвстроУнгарија не ги прави Австроунгарци тие сепак се раѓале како Хрвати. Исто така се знае и дека во критични моменти на ВМРО секогаш Бугарските агенти биле откривани за предавства,потплатувања и шпијунажа воедно затоа и биле поставувани во ВМРО за да го известуваат Бугарскиот двор за состојбата во Организацијата,но тоа не го мењава фактот дека ДЕлчев на пр. бил против такви„помагачи„ кои биле доделени од страна на царот бугарски.
Пак леташ без радар и глупаш тропости
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 30.Јули.2009 во 23:19

------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 04.Август.2009 во 14:02
Од спомените на Иван Хаџиниколов, основач на ВМОРО:
Поради овие настани 12-мината решивме едно време да не одиме по селата, својата агитација да ја ограничиме само во градот. Тоа време јас водев сметка за касата во нашата фурна па ми се даде можност да ја прочитам историјата на С. Паисиј, второ издание, печатено 1842 год, во Будим. На крајот на книгата забележав нацртан лав и натпис: „Слобода или смрт". По примерот на тој цртеж решив ла се извезе знаме на нашата организација. Кога на Петровден се собравме во куќата на Гоце Грбев, го извадив знамето, го заковав на стап и долго марширавме во одајата и пеевме бунтовничка песна: „Ветер ечи балкан стенка“. Знамето остана на чување во куќата на Гоце.
Дали jа знаете ова бунтовничка песна?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 05.Август.2009 во 08:04
да бе напиша:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=623B759174AED644AD5CFFE0C5BCCF86 - Ilindenskiot mit
|
И овој Жарко го нема читано Мисирков. Мисирков не го пророкува Илинденското востание, а евентуално востание пролетта на 1904.
„Затоа, наместо да го воспеваме морбидното и самоостварливо пророштво на винопиецот Груев („Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“), на секој црн Илинден поарно е да се потсетуваме на пророчките думи на трезвениот Мисирков: „Револуциата на пролет ке бидит наи глупаото, шчо можиме ние да напраиме. Со револуцииата на пролет ке се користат само нашите неприиатели, коии си имаат само есапи, противни на нашите национални интереси.“
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 05.Август.2009 во 17:23
Уште од спомените на Иван Хаџиниколов, основач на ВМОРО:
Успешно ја завршивме учебната година, и откако се видов со пари в раце, решив да продолжам да учам во Пловдиската гимназија. Пред да го напуштам селото, ги собрав учениците, им дадов упатни совети и им подвлеков дека никогаш не треба да ги заборават другите поробени бугарски земји, што треба да ги милуваат, како што ја милуваат слободна Бугарија.
Во Солун останав до декември 1882 г., кога по мое барање бев преместен во гр. Воден. Од моето престојување во тој град ќе ми остане запечатена во сеќавањето мојата средба и разговорот со истакнатиот гркоман X. Бинчев. Еден ден тој ме повика дома кај него, и ми вели дека неговиот внук, што завршил медицина во Атина, сака да се ангажира со лекарска практика во Кукуш, поради што ме замоли да му дадам препорака до кукушките граѓани, да го прифатат наклонето. Му напишав таква препорака, но на аџијата усно му реков, дека тешко неговиот внук да наиде на успех во нашиот град, бидејќи сите кукушани се егзархисти, и не ги сакаат гркоманите, поради што и тој треба да се изјасни за егзархист. „Па и вие треба да се освестите и да станете егзархист, бидејќи во Воден нема Грци". На тоа тој ми одговори: „Да, ние признаваме дека сме Бугари. Но го имаме во предвид следново: грчкиот владика и сите истакнати Грци што доаѓале и доаѓаат тука, и со кои сум имал допир, категорички изјавуваат дека и до каква и да е промена на политичките граници и да дојде во иднина, Воден ќе остане во рамките на Грција. При таква положба на нештата, нема смисла сега да стануваме егзархисти, кога утре ќе треба пак да стануваме гркомани“. Се разбира, јас му приговорив дека нема никакви изгледи Воден да влезе во границите на грчкото кралство, но тоа не го поколеба, истакнувајќи дека грчките државници првенствено водат една национална политика, која на крајот на краиштата ќе триумфира и наспроти нејзините привремени неуспеси.
http://www.geocities.com/vmro_makedon/Knigi/spomih02.html -
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 06.Август.2009 во 17:29
За основањето на Организациjата:
Од 1888 година српската пропаганда во Македонија ја засили својата активност и почна да врши атаки дури и во Солунската гимназија. Со давање пари и големи ветувања српските агитатори успеаја да заблудат околу 40 мина ученици од гимназијата, и да ги испратат во Белград, кои по едногодишен престој таму, избегаа во Софија. Истата пропаганда растураше улавски големи пари, за да отвора српски училишта насекаде низ Македонија, поткупувајќи по неколцина продажни луѓе од секое населено место. Турската влада и Цариградската патријаршија беа во нејзина служба. Знаејќи дека во Македонија нема Срби, ваквата активност на српските агенти многу ме лутеше. Во барањето на средство за спротивставување на таа пропаганда, дојдов до заклучокот, дека само една тајна револуционерна организација ќе може да го пресече патот на туѓите пропаганди во Македонија, и дека таа ќе обезбеди основа за запазувањето на бугарштината во Македонија, како и тоа дека таа ќе помогне дури и за стопанското засилување на нејзиното население.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 07.Август.2009 во 14:13
Четата на воjводата Лука Иванов:
Четата на воjводата Антон Штипков:
Четата на Пешо Радев-Пашата:

------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 24.Август.2009 во 18:50
Димче Могилчето, Битолски воjвода на ВМОРО
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Септември.2009 во 21:13

------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 04.Септември.2009 во 22:01
Обединетата чета на Крсто Б’лгаријата и Пенјо Шиваров.
Како бе тоа-Крсто од Враца- македонски воjвода?
И со таа фамилиja?
Крсто Николов Георгиев (бугарски: Кръстьо Николов Георгиев) , познат како Крстјо Б’лгаријата (бугарски: Кръстьо Българията), е офицер од бугарската армија и револуционер, војвода на Врховниот македонски комитет и ВМОРО.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D1%81%D1%82%D0%BE_%D0%91%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0 - Крсто Б'лгариjата
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 17:48
Ова има ли некаква поткрепа или како и многу пишувачи од Бугарија нема доказ за тоа - па на крајот на краиштата ако станува збор за озборување тогаш можам и јас да напишам дека ВМРО поточно Тодор Александров пратил Македонски комити во Ирска да им помогнат на Ирците во ослободување од Англичаните - така имам начуено но немам факт,писмо,фотографија и сл.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 17:59
Тешко дека некој би ти поверувал,секој знае за шопското востание против Бугарите но во недостиг на докази не се замара и не се пишува - многу е лесно да се напише,хартија трпи се но каде се доказите,аргументите за таквите тврдења
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 18:09
Па така де - ајде малку посериозно
Рафаел Моше Камхи, во 1894 година се запознал со Даме Груев и
станал член на ТМОРО. Тој бил еден од најблиските соработници на Ѓорче
Петров.
Учествувал на Првиот конгрес на ТМОРО во 1896 година во Солун,
како битолски делегат на местото на Даме Груев. Учествува во Аферата
Мис Стон и бил и еден од директните учесници во преговорите за откупот
на Мис Стон.
Во 1903 од турските власти заедно со брат му Ментеш е протеран во Дебар.
Во Дебар веднаш се поврзал со дебарската организација на ВМРО и
под името Скендер Бег, учествувал во Илинденското востание во Дебарско,
а потоа и во Малесија.
Рафаел Моше Камхи , длабоко разочаран од решенијата за поделба на
Македонија на Версајската конференција во 1919 година, се преселил од
Софија во Солун.
Во текот на Втората светска војна е подложен на иследување и
тортура од нацистите и од грчките колаборационисти и е затворен во 1943
година.
Благодарение на ангажирањето на Македонскиот национален институт,
Илинденската организација и на Националниот комитет на македонските
братства од Софија со помош на бугарската влада е издејствуван посебен
третман за Рафаел Камхи, како „заслужен Бугарин“, а негово семејство
завршило во злогласните логори на Треблинка.
По војната извесен период живеел во Софија, а по 1950 се преселил
во Тел Авив, каде што во длабока старост починал во 1970 година. Рафаел
Моше Камхи, е автор на книга спомени и еден примерок има во Архивот на
Македонија.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 18:17
Добро, сум читал за Рафаел Камхи-и што сега?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 18:22
Давам факт - каде што Евреин е прогласен за „Бугарин“ и тоа само тој - неговото семејство не било достојно и завршило во конц. логор.
Тоа се факти - а не тоа ти што фантазираш
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 18:27
Не фантазирам туку е факт и може да се провери,знаеш барем ти колку документи си ми избришал(кои ги сметаш за фалсификат).
А Лазо Колишевски не беше ли понудил помилување од бугарскиот цар со истите мотиви?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 18:30
ПОентата е таа - што ако и кинез се каже Бугарин вие ке го запишете како таков,демек мајка б`лгарија го родила
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 18:34
Разбрав одамна што сакаш да ми кажеш, се е jасно.
Ама види и темите тука-па не остана историска личност дека не сте jа прогласиле за македонец!
НЕ ти ли се види мааааалце претерано?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 18:40
Ништо што не е Македонско не се вели Македонско - за се постојат факти и докази - тоа што тебе ти се чини многу не е мој проблем туку твој,Македонците секогаш зе заблагодарувале на Ромите,Србите,Власите,Евреите,Ерменците па дури и на Грците и Бугарите кои најискрено се бореле за слободна и независна Македонија и во никој момент тие народи не ги национализирале или ги нарекле Македонци
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 18:48
Дадов линк за Александар Протогеров од англиската вики.
http://en.wikipedia.org/wiki/Aleksandar_Protogerov - http://en.wikipedia.org/wiki/Aleksandar_Protogerov
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 18:51
Тоа ли е доказ за учеството - што се однесува до мене тоа напишаното на википедијата може и самиот да си го напишал,но не значи дека е вистина тоа сите го знаеме
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 18.Септември.2009 во 20:10
Сите знаеме дека и ти пишуваш на Википедиjа-значи и на твоите не треба да веруваме.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 09:51
Јани Попниколов Јанев, познат како Јани Попов е бугарски револуционер, деец на Внатрешната Македоно-Одринска Револуционерна Организација, војвода на Илинденското и Преображенското востание и автор на востаничкиот марш „Јасен месец“.
Привлечен е во подготовката на Илинденското востание во текот на 1898 г. од едно од најголемите имиња на револуционерното движење во Источна и Беломорска Тракија - војводата Лазар Маџаров.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B8_%D0%9F%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2 - Jани Попов
Лазар Маџаров е бугарски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, определен како втор по важност деец на тракиското револуционерно движење по Михаил Герџиков.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 12:21
Цено К*ртев е бугарски револуционер, деец на Внатрешната Македоно-Одринска Револуционерна Организација.
Роден во Златица во 1877 г. Служи како подофицер во 24-ти Черноморски полк во Бургас. Член е на ВМОРО од 1900 г. Активен член на Тајните македоно-одрински подофицерски братства. Во крајот на јануари 1903 г. К*ртев влегува во четата на Михаил Герџиков, којашто навлегува во Одринска Тракија да го подготви населението за предстоечкото востание.
Во текот на 1904 г. Цено К*ртев е испратен како војвода на чета во Кочанско, Вардарска Македонија. Таму дејствува под раководството на околискиот војвода Крстјо Б’лгаријата.
На 1 март 1905 г. Цено К*ртев влегува во Македонија во текот на Ќустендилскиот пункт на ВМОРО, на чело на чета од 14 души и се упатува кон Кочанскиот реон. Дел од четниците треба да пристапат како пополнување во четата на Крстјо Б’лгаријата. Двајцата војводи и стари пријатели така и не успеваат да са сретнат. Војводата Цено К*ртев загинува на 2 април 1905 г. со целата своја чета во судир со турската војска при село Драмче, Кочанско, уште на неполни 28 години.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D0%BE_%D0%9A%D1%83%D1%80%D1%82%D0%B5%D0%B2 - Цено К*ртев
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 14:04
Кажавме дека Викито не е којзнае каков источник кога нема референци - што се однесува до мене јас мислам дека може и ти таму да уредуваш
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 19:20
Значи четите на ВМОРО биле заедно со бугарската воjска во текот на Балканската воjна-тука се споменуваат воjводите Христо Чернопеев и Михаил Чаков, во негативен аспект, демек вршели насилства над безаштитното муслиманско население.
Дали би можеле да си вратат барем малце за 500 години?
W.H.Crawfurd Price-The Balkan Cockpit-1914
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 21.Септември.2009 во 01:35
Историски, Бугарија, многу македнонски херои ги декларира како свои, а ние Македонците, истите ги сметаме за контроверзни личности. Зошто дозволуваме Бугарската пропаганда да влијае врз нас, а ние тоа да го прифатиме без докази и без добро да го проучиме нивниот придонес за Македонија?
Бугаризирањето на македонците може да се види и денес, со олеснителните околности за добивање Бугарски пасош се повеќе Македонци во потрага по европска перспектива вадат бугарски државјанства и пасоши. На подолг рок некој од нив ако стане славна личност ние ќе тврдиме дека е Македонец, а Бугарите Бугарин.
Во македонската историја има многу случаи кога македонски патриоти, едноставно биле принудувани да се пишат бугари, или ќе ги убиеле.Таков е случајот и со Борис Сарафов.Секој на различен начин го толкува ликот и делото на големиот интелект, мозок и финансиер на многу востанија и настани.
На кориците на секој број од списанието Македонски глас стоел следниов текст, односно познатата мисла на Борис Сарафов:
Ние Македонците не сме ни Срби, ни Бугари, ами просто Македонци. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе не ослободи, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.
Ова е една од најпознатите мисли на големиот Борис Сарафов. Доказ за неговите погледи за Македонија, дека Македонија е држава на Македонците а потврдува и дека македонците не се Срби и Бугари a самото тое е доказ дека тој е Македонец и ништо друго.
Весник Македонски Глас
Сарафов е човек кој ослободителното дело за Македонија го пропагира низ цела Европа преку средби со еминентни политичари. Дека Сарафов добива голема популарност зборуваат и еминентните весници како New York Times, во кои можеме да сретнеме негови изјави и интервјуа.
Роден во с. Либјахово, Неврокопско (сега Гоцеделчевско) на 12 јули 1872 г. Се школувал во Солун, а потоа се префрлил во Софија каде во 1894 година го завршил военото училиште.
Во 1895 г. влегува во Македонија со чети, испратени од Врховниот комитет и го зазел градот Малник, во кој се одржал неколку дена (Мелничко востание).
Во 1899 година Борис Сарафов станал претседател на Врховниот македонски комитет во Софија.
На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот востанички штаб и ја имал задачата да го состави Востаничкиот дисциплинарен устав. За време на Илинденското востание Сарафов учествувал во повеќе битки во Битолско, Демирхисарско, Леринско, Костурско и други реони. По неуспехот на востанието, извесно време се повлекол во Бугарија, каде што со себе го понел и востаничкото знаме.
На 28 ноември 1907 година во Софија, заедно со И.Гарванов, бил убиен од Тодор Паница.
Преэемено од весникот Македонска Нација
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 21.Септември.2009 во 05:06

------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: Popi
Датум на внесување: 21.Септември.2009 во 06:57
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 21.Септември.2009 во 12:27
Антон Евтимов Кецкаров (познат и како Андон Кецкаров или под роденото име Андон Кецкар) бил македонски револуционер,просветен и општествен деец.
Кецкаров се вклучува во ВМРО по нејзиното основање во 1893 година. Неделното училиште во Битола,со кое раководи, е подржувач на оранизациската дејност и агитација на ВМРО.
Во учебната 1897-1898 година Антон Кецкаров е учител во Солунската женска гимназија, а во следната учебна година во Бугарското женско училиште во Едрене. Во 1899-1900 година по настојување на ВМРО Антон Кецкаров е преместен во родниот град Охрид, каде е директор на училиштата и еден од раководителите на ВМРО во градот. Како учител на Охрид, тој одделува не мал дел од својата плата за помагање на охридските училишта и на црковна општина.
Во 1911 година е еден од основателите на месната структура на културно-просветното друштво „Бугарска Матица“, чие седиште е во Истанбул. Кецкаров е еден од активистите во Битола на Сојузот на бугарски уставни клубови. Подоцна е уапсен од турските власти со обвинение дека е претседател на револуционерна организација и во 1912 година повторно бега во Бугарија, каде за кратко е учител во Дупничката женска педагошка гимназија.
Кецкаров учествува во Балканската војна во составот на Седмата пешадиска рилска дивизија. Во 1913 година прави обид да се врати во Битола како учител во женската прогимназија, но е прогонет од српските власти.
Тешко ги поднесува загубите на Бугарија и неопходноста од постојана смена на домот и во голем дел од времето меѓу 1918 и 1921 година е болен. Во тоа време е пензионер и живее во новосоздадениот софиски квартал „Модерно предградие“, за чие создавање полага немали усилија - тој е иницијатор за создавање на трпезарија за бедни деца во кварталот, а во 1922 година ги полага основите и на месното културно-просветно и благотворително друштво „Св. св. Кирил и Методиј“, кое во 1932 година прераснува во читалиште, кое постои и до денес. Кецкаров е меѓу помагачите на Македонскиот научен институт, создаден во 1923 година во Софија.
Антон Кецкаров е татко на генералот Владимир Кецкаров.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 21.Септември.2009 во 12:35
I Конгрес-
-27 август 1894 година е датумот кога се одржува првиот конгрес на партијата во Ресен. Со работата на овој Конгрес раководел претседателот на Централниот комитет д-р Христо Татарчев.
На конгресот присаствувале видни претставници на ВМРО меѓу кои: Даме Груев - секретар на Централниот комитет, Пере Тошев, Атанас Лозанчев, Ѓорѓи Пешков, Григор Попев, Александар Чукаров, Александар Хаџи Панов, Тодор Станков, Атанас Мурџев, Трајко Доровски, Никола Наумов и др.
На конгресот биле разгледани неколку прашања меѓу кои и прашањето за ширењето на Организацијата по реоните и задачите кои им претстојат и се веќе во тек, а исто така се донесени и неколку важни решенија.
Едно од решенијата што било денесено е поставување на учителски кадар од свои луѓе во општинските и егзархиските училишта како и преземање на управните одбори општински и училишни во свои раце со свои луѓе. Исто така се донело решение за зајакнување на месните комитети, како и снабдување со оружје. На самиот почеток Организацијата се финансирала само од членските влогови.
Друго многу важно решение на овој конгрес е решението за организациска поделба на три револуционерни окрузи во Македонија и тоа на Солунски, Битолски и Серски, како и формирање на нивно раководство. Солунскиот округ би требало да биде под главно раководство на централниот комитет. Со Битолскиот би требало да претседателува Пере Тошев. Во оваа година за Скопскиот револуционерен комитет бил избран окружен комитет со седиште во Штип, бидејќи окружната организација таму била најсилна. Таму, во учебната 1894-1895 дејствувале: Гоце Делчев, Дамјан Груев, Туше Делииванов, Петар Поп Арсов, Мише Развигоров, Христо Коцев, Емануел Чучков и др.
Покрај овие решенија на конгресот било донесено и решение за издавање на први револуционерни весници и тоа: „На оружје“, „Бунтовник“ и др.
Мрежата на Организацијата продолжила да се проширува во сите краеви на Македонија.
По конгресот Централниот комитет изработил и еден внатрешен правилник, според кој ќе се раководат месните револуционерни комитети. Задачата да го состави тој правилник му беше поставена на Хаџи Николов.
На овој конгрес се донело и едно од главните начела на органиэацијата - борба против Турското ропство на сите народи во Македонија под единствено востаничко Македонско энаме,со тоа на органиэацијата и се приклучуваа сите оние кои се чувствуваа угнетени,беэ раэлика дали е Ром,Србин,Бугарин,Влав или Македонец.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 21.Септември.2009 во 12:43
Буги,какво е твоето обjaснување-зошто д-р Татарчев, кога доаѓа после 1945 во Македониjа, е прогонет и се враќа во Италиjа?
Еден од основачите на Организациjата е избркан од родниот краj?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 21.Септември.2009 во 14:12
Со подоцнежните случувања во самата организација тоа е објаснето - верувам и дека знаеш незнам зошто прашуваш
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 25.Септември.2009 во 12:38
Иван Попов
Иван Попконстантинов Попов (бугарски: Иван Попконстантинов Попов) е офицер од бугарската армија и револуционер, Костурски војвода на ВМОРО.
Иван Попов е роден во 1871 година во неврокопското село Лjаски, во Османлиската империjа. Добива основно образование во родното си село. Од 1889 до 1895 година е на воена служба во Сливен. Како фелдфебел од бугарската армиjа Гоце Делчев го сврта кон ВМОРО и го праќа за организационен воjвода во Коостурскиот револуционен реон во 1902 година. На Смилевскиот конгрес е избран за централен воjвода на Костурско. Во текот на Илинденското востание учества во борби како воjвода, заедно со Васил Чакаларов и Пандо Кљашев. Потоа заедно со Лазар Поптраjков и Манол Розов се повлекуваат во Прилепско.
После крајот на востанието бега во Грциja, а од таму во Бургас. По повторното навлегување во Македониjа, учествува и во борбата со грчката оружена пропаганда. До Балканската воjна е воjвода на чета №5 во Костурско, после мобилизациjата од 18 септември 1912 година е воjвода на партизанска чета, дел од 4-та единица на Девета велешка дружина на Македоно-одринското ополчение. Во српско заложништво е од 18 јули до 18 декември 1913 година. Награден е со орден „За храброст“ 3-та степен и е повишен во чин. Во Меѓусоjузничката воjна е во одредот на Васил Чакаларов. Во Првата светска воjна е командир на разузнавачко одделение.
Иван Попов си го одзема животот на 15 септември 1921 година во Витоша.

------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 25.Септември.2009 во 14:08
II Конгрес
Летото 1896 во Солун, се одржува вториот конгрес на Организација под раководство на Христо Татарчев.
Конгресот бил свикан за да се разрешат некои проблеми кои се јавиле во самата Организација.
За прв пат на овој конгрес учество зеле сите видни дејци на
Организацијата: од Битола бил Пере Тошев, од Воден бил Кирил Прличев,
од Одрин бил Христо Поп Коцев, а од Солун биле Даме Груев, д-р Христо
Татарчев, Ѓорче Петров, Иван Хаџи Николов, д-р Антон Димитров, Гоце
Делчев и Петар Поп Арсов.
На овој конгрес е донесена одлука за промена на името на
организацијата во Тајна-Македонско Одринска Револуционерна Организација
( ТМОРО ). Со самото ова проширување на револуционерната дејност се
случила и нова организациона поделба при што е овозможено Бугарско инфилтрирање во редовите на Македонската организација. Со решение биле формирани седум
револуционерни окрузи: Солунски, Битолски, Штипски, Скопски, Струмички,
Охридски и Серски. Прилепскиот и Цариградскиот комитет имале право
директно да комуницираат со Централниот комитет.
Исто така, едно од поважните решенија е прекинување на контактите
со Грчката,Бугарска и Српска проегзархистичката група и таа е известена дека во Организацијата
може да се влугува само индивидуално и дека таа е отворена за сите што
сакаат да влезат во неа, под услов да ги почитуваат и да ги прифатат
нејзините правни акти и програмски цели. Врховниот комитет формиран во
Софија во 1895 година дејствувал надвор од територијата на Македонија и
било неизбежно преземање на репресивни мерки против него. На овој
конгрес Гоце Делчев е определен за задграничен претставник на
организацијата, а Ѓорче Петров за втор задграничен претставник со
седиште во Софија.
Свој печат со грб и знаме имал Централниот комитет и тој им бил
познат само на окружните и околински комитети. Другите требале да
доставуваат месечни извештаи до Централниот комитет. Секој комитет имал
тајна полиција за следење на активностите на непријателите.
Постојано почнале да се создаваат тајни вооружени сили.
Околинските комитети имале вооружени чети чии задачи биле
определени со посебен правилник. Постоеле и казнени одредби кои се
извршувале со одобрение на Централниот комитет.
Овие и други одредби биле внесени во правилникот на новиот Устав
на Организацијата кој бил изработен во 1896 година од Гоце Делчев и
Ѓорче Петров.
На овој конгрес отпочнува една нова фаза на развојот
Организацијата во една Македонска масовна организација со организирана структура
за цела територија на Македонија.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 25.Септември.2009 во 17:07
lav4eto напиша:
Буги,какво е твоето обjaснување-зошто д-р Татарчев, кога доаѓа после 1945 во Македониjа, е прогонет и се враќа во Италиjа?
Еден од основачите на Организациjата е избркан од родниот краj? |
Мислам дека прогонството не е на национална база, туку повеќе на идеолошка основа. За тоа говори и фактот дека на погребот на моштите на Гоце Делчев во Скопје, народот секаде си спомнува за ВМРО, мислам дека дури секаде и се наоѓаат такви графити. Тоа од комунистичкото раководство е оценето како појава на национализам, сепаратизам, а и загрозување на доминацијата на КП на Македонија во севкупниот живот во слободна Македонија. Всушност, КП на Македонија не сакаше заедно со некоја револуционерна организација, во случајот ВМРО, да ја дели славата и својата историја, па затоа и се обидуваше на секој можен начин да расчисти со сите структури од периодот пред комунизмот. Затоа фамилијата на Карев беше прогонувана и малтретирана, некои од нив беа убиени,истотака внуката на Делчев, која била секретарка на Методија Андонов Ченто беше малтретирана и избркана од Македонија итн. Желбата на власта во тоа време беше да се наметне како единствено национално-ослободително движење во чии рамки е решавањето на македонското прашање.
-------------
|
Постирано од: depo
Датум на внесување: 25.Септември.2009 во 20:02
lav4eto напиша:
Буги,какво е твоето обjaснување-зошто д-р Татарчев, кога доаѓа после 1945 во Македониjа, е прогонет и се враќа во Италиjа?
Еден од основачите на Организациjата е избркан од родниот краj? | Јас да те прашам , сакаш со Татарчев да генерализираш за сите или те интересира конкретно за Татарчев без задни намери? Не знам дали е избркан или сам си отишол важно јасно е дека немал чиста про-Македонска ориентација како и внук му што во Пиринска Македонија ги осудуваше и прогонуваше Македонците додека беше обвинител.
Иако бил таков (мал дел од ВМРО), сепак и тој имал за цел автономна Македонија - што е заедничко за секој од ВМРО.
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 29.Септември.2009 во 04:27
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 11:35
III Конгрес
Од 2-4 јануари ( стар сил ) 1903 во Солун се одржал третиот, солунски конгрес на ВМРО т.н. јануарски конгрес и со него претседателствувал Иван Гарванов.. На него присаствувале 17 делегати, а не биле пристигнати само претставниците од Штипскиот револуционерен округ и Тиквешката револуционерна околија.
Иван Гарванов и секретарот на конгресот Димитар Мирчев биле први луѓе на поранешното спогодбено згаснато тајно бугарско револуционерно братство.
На овој конгрес е потпишан Протокол за извршената работа и преземените решенија. Најважно прашање на овој конгрес било прашањето за кревање на востание. Против востание решително се изјаснил Серскиот делегате Л. Димитров, но на крајот и тој се присоединил кон заедничкото мнение.
Скопскиот делегат Ганчев бил испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието, но сепак и тој на крајот потпишал затоа што сите други потпишале. На конгресот не присаствуваат творците на Организацијата. Даме Груев е во заточеништво, Христо Матов, д-р Татарчев и Пере Тошев се амнестирани и екстернирани во Бугарија, а во тоа време во Софија е и Гоце Делчев. Како најважен аргумент против кревање на востанието е користен недостигот на оружје, што било деменатирано од уверувањата на Гарванов дека наскоро ќе има прилив на оружје и дека при општо востание четите од Бугарија ќе префрлат доволно оружје.
После донесената одлука за кревање на востание на овој конгрес, окружните комитети биле задолжени да ги преземат основните мерки за забрзување на подготовките околу кревањето на востане.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 19:35
Георги Папанчев
Георги Илиев Папанчев е бугарски офицер (поручик) и револуционер, војвода и воен инструктор во Лерински револуционерен округ на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.
Георги Папанчев е роден во Сливенската маала Клуцохор околу 1870 година во родолjубиво семејство - татко му Илија Папанчев е член на Сливенскиот револуционерен комитет пред Ослободувањето, а брат му, Александар Папанчев загинува како офицер во Сливнишкиот судир во 1885 година.
Георги Папанчев завршува IV клас на Сливенската гимназија, потоа во 1894 година Военото училиште во Софија и станува подпоручик во бугарската армија, како служи во Шеснаесети ловчански пешадиски полк.
Есента на 1902 година Лазар Поптраjков и Тома Давидов привлекуваат поручик Папанчев во ВМОРО, за да замени покојниот Лерински војвода Марко Лерински.
Во почетокот е во Костурско, а по неколку месеци, во октомври 1902 година Георги Папанчев се населува во леринското село Баница со 15 лица чета, како негов помошник војвода е Митре Влаот. Таму, во февруари 1903 година се среќава со доjдената од Бугарија чета на Борис Сарафов и под него останува бомбаджиjата на Сарафовата чета Дачо Георгиев.
На 14 мај станува извесно дека Георги Папанчев е назначен за проширен во регионален началник во Леринско за претстојното Илинденското востание, а за негов заменик е избран Михаил Чеков. Четата се дели на три како војводата останува со персонал во селото Белица, каде што имаат за задача ја има да прават бомби и да раководат претстојното востание. Од 15 до 17 мај е на состанок со другите војводи како координираат заеднички активности за востанието. На 27 мај се прибира во Баница со собрани муниција од соседните региони.
На 28 мај четата е предадена од шпиуни и ден подоцна во битка со турски аскер загинаа воjводите, Георги Папанчев, Евстати Дачев, Васил Попов и Силjан Пардов и 14 четници. Погребани во дворот на црквата "Свети Никола". Денес негова плоча има во неговиот роден град Сливен.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 30.Септември.2009 во 21:02
Дали на плочата пишува дека е предаден од Бугарски шпиони
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 01.Октомври.2009 во 14:42
Само да додадам дека Евстати Дачев е од Котел, а Васил Попов од Стара Загора.
Инаку според тебе дефинитивно шпионите мора да се бугарски.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 01.Октомври.2009 во 15:16
Бугарите затоа и биле инфилтрирани во Македонскиот комитет - за да шпиунираат и да вршат предавства
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 02.Октомври.2009 во 10:47
Пандо Сидов
Пандо Сидов е роден во 1878 година во Жупаништа, тогаш во Отоманската империја. Како ученик во Битолската гимназија се приклучува кон ВМОРО. Раководител и организатор на револуционерната борба во Костурскиот револуционерен реон и војвода во областа Корешта.
За време на Илинденското востание учествува во 33 борби и тој прв, со својата чета, влегува во Клисура. Во битката учествуваат уште Пандо Клjашев, Васил Чекаларов, Манол Розов и Марко Иванов.
По востанието продолжува вооружената борба со претставниците на турската власт и на грчката вооружена пропаганда во Македонија. Во 1908 година негов четник е и Христо Руков.
Во 1910 година емигрира во Торонто и е еден од организаторите на Македонската патриотска организација и издава весникот "Бугарска искра" заедно со свештеник Теофилакт Малинчев.
Зема учество во Балканските и Междусоjузническата војна во бугарската воjска-со Костурската чета на Васил Чекаларов-како што паѓа во српски плен на 11 јули 1913 година.
После ослободувањето живее во Бугариjа.
Починал во 1933 година во Крџали.
Четата на Пандо Сидов.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 02.Октомври.2009 во 13:59
4 Конгрес  По
завршувањето на окружните конгреси, на кои биле заземени ставови за
поважните прашања што биле од значење за целата Организација, биле
создадени услови за одржување на Општ конгрес на ВМРО. Сите
револуционерни окрузи имале единствен став дека треба да се одржи таков
конгрес.
Кон крајот на септември 1905 година во Софија се одржало
Советување на делегатите што биле избрани од окружните конгреси за
Општиот конгрес, за да се договорат во кое време и на кое место истиот
ќе биде одржан. Делегатите од Серскиот револуционерен округ,на чело со
Јане Сандански, предлагале Општиот конгрес да се одржи во Македонија за
на тој начин да се потенцира самостојноста и независноста на
Организацијата. Сите останати настојуваа конгресот да се одржи зад
границата, дотолку повеќе, што речиси сите делегати беа веќе во Софија
и враќањето во внатрешноста беше непрактично и сврзано со губење на
време. Ѓорче Петров, Борис Сарафов и други беа најрешително против
барањето на серчани. Мнозинството на делегатите зазеле став Општиот
конгрес на ВМРО да се одржи на безбедна територија, крај самата
граница, во Рилскиот манастир, за да може истиот непречено да работи.
Согласно донесеното решение на Советувањето, Општиот конгрес на
ВМРО започнал со работа во почетокот на октомври 1905 година и траел
цел месец. На овој конгрес, одржан во Рилскиот манастир, учествувале 22
делегат и тие беа: Даме Груев, Мише Развигоров и д-р П.Кушев од
Скопскиот округ, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Борис Сарафов, Георги
П.Христов и Павел Христов од Битолскиот округ, Борис Мончев, Аргир
Манасиев и Добри Даскалов од Солунскиот округ, Христо Чернопеев, Стојо
Хаџиев, Иван Илиев и Мануш Георгиев од Струмичкиот округ, Јане
Сандански, Лазар Томов и Илија Балтов од Серскиот округ, Лазар Маџаров,
Стамо Икономов, Климент Шапкарев и П.Васков (не дошол) од Одринскиот.
За претседател на Конгресот со тајно гласање бил избран Дамјан Груев, а
за секретар А.Манасиев.
На дневен ред на Конгресот биле поставени следните прашања:
1. Извештај за дејноста на ВМРО по револуционерни окрузи и околии;
2. Натамошна дејност на Организацијата;
3. Организациона поставеност и уредување на Организацијата:
а) Административен дел,
б) Судски дел,
в) Финансиски дел,
г) Културно-економски дел.
4. Литература и печат;
5. Однос и поведение на Организацијата спрема разните групи и струи:
а) Спрема сите пропаганди,
б) Спрема бугарскиот државен национализам и Егзархијата,
в) Спрема врховистите, емиграцијата и општеството во Бугарија,
г) Спрема одделните организациони групи внатре и надвор.
6. Тактика на Организацијата;
7. Отчет за дејноста на Централниот Комитет и Задграничното претставништво.
На Рилскиот конгрес дошла до израз поларизацијата на силите во
Организацијата, особено по основното прашање за организациона
поставеност и воспоставување на организационо единство. Даме Груев се
застапувал за обновување на централизираната организациона структура, а
Пере Тошев за децентрализација и примена на принципот на изборност.
Делегатите на Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ
биле порадикални: барале федералистичко уредување на ВМРО и потполна
автономност на револуционерните окрузи.
По повеќедневни полемички расправи, како средна линија било
прифатено стојалиштето на Пере Тошев. Тоа било вградено во усвоената од
Конгресот Програмска декларација и во основните акти: Уставот и
Правилникот на ВМРО. Потоа, Конгресот избрал нов Централен комитет во
кој, со изборот на Даме Груев, Пере Тошев и Тодор Поп Антов (од
Серскиот револуционерен округ), биле застапени трите револуционерни
струи, Задгранично претставништво – од Ѓорче Петров, Димитар Стефанов и
Петар Поп Арсов. За редактор на официјалниот орган на ВМРО
„Револуционерен лист“ бил избран Димо Хаџи Димов, со усвојување на
Уставот и Правилникот и по изборот на Централен комитет, било обновено
организационото единство на Организацијата.
По извршените измени, Конгресот донел решение Организацијата
повеќе да не се именува со зборот тајна, туку да се вика Внатрешна
Македонско – Одринска Револуционерна организација (ВМОРО).
Конгресот ги осудил експанзионистичките планови на балканските
држави, кои со продолжително и систематско пропагандно дејствување,
како и со засилени терористички акции на уфрлени вооружени пропагандни
чети што го тероризирале македонското население и имале за цел да ја
спречат автономијата на Македонија. Поради тоа ВМРО донела решение со
сите сили и средства да се пресметува со пропагандите на балканските
држави.
За одбрана на суверенитетот на организационата територија бил
заземен став дека повеќе не можело и не смеело да се толерираат дејста
на надворешните организации. Конгресот издал посебно соопштение со кое
остро го предупредувал Врховниот комитет во Софија дека ВМРО нема да го
толерира неговото дејствување во Македонија; неговите групи и
активности ќе ги прогонува „по секоја цена“, а водачите ќе го казнува
како „злосторници спрема Татковината“. Од Врховниот комитет се барало
веднаш да ја прекине активноста и „доброволно да се растури“, за да
може Организацијата „сето свое внимание и сите свои сили да ги сврти
против непријателот на нашата Татковина и нашата кауза“.
Рилскиот конгрес извршил крупни измени во внатрешното уредување на
Организацијата, засновани врз принципот на децентрализација. Окружните
комитети имале право, под одредени услови, да ги отповикаат членовите
на Централниот комитет и пред истекот на мандатот. Што значи, тежиштето
на револуционерната дејност се пренесувало во револуционерни окрузи.
Решенијата и донесените акти на Општиот – Рилски конгрес на ВМРО
(Уставот и Правилникот) ги одразувале погледите и стојалиштата на
водечките личности на револуционерните струи во Организацијата. Притоа,
не било реално согледана и проценета меѓународната позиција и не било
преземено ништо за сообразување со новата реалност создадена со
реформите на силите во Македонија. За тоа било потребна политичка
зрелост и дипломатска мудрост, која очигледно, недостасувала.
Жаклина Петровска |
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 09:36
Често пати се тврди од Македонци дека во уставот на ТМОРО имало Македонец, а на нашите тврдења дека имало и Одринец се покажува првата страна на ракописот на Уставот и се пража каде е Одринец. Ние одговараме дека е на втората страна, а Македонците ни кажуват ајде покажете ја. Ние не можеме и тие заклучуват дека се во право - НЕМАЛО ОДРИНЕЦ.
СЕГА, БЛАГОДАРЕНИЕ НА АНДОНОВ БАЛЕ, кој презентира книга од Димо Хаџидимов можеме да покажеме доказ за Одринец. Нам ако не ни верувате, дали нема да верувате и на Димо Хаџидимов?
Видете го чл.4 од Уставот, читиран од големиот македонски револуционер.
-------------
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 12:47
И да има при што треба да се додаде оригинален докаэ ова е супер эа Македонците / при што се докажува дека Одринците постојат како етникум а не се Бугари туку по окупирањето на одрин од Бугарите тие се Бугариэирани
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 16:08
одринците како етникум...тоа беше много научно издржано, нема што.
Ако дадеш и некаков пример за одринска народност или нациjа...нема да имаш равен.
Инаку форумот забава ли се викаше?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 16:15
Па сврти страна понаэад и види чл.4 од Уставот, цитиран од големиот македонски револуционер,јасно кажува Одринец но не Бугарин,энаеме дека тогаш Одрин не бил окупиран од Бугарите сеуште эначи Одринците сеуште не се Бугариэирани
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 16:21
Едрене кратко беше окупирана од руските царски војници во 1829, за време на Грчката војна за независност, и во 1878 година, за време на Руско-турската војна од 1877-1878. Градот претрпел многу во 1905 година од голем пожар. Во 1905 година имаше околу 80.000 жители, од кои 30.000 биле муслиманите (некои Турци и Албанци, Роми и Черкези); 22.000 Грци, 10.000 Бугари; 4.000 Ерменци; 12.000 Евреи, и уште 2.000 граѓани на не-етнички класификувани религиозни потекла.
Значи тие последниве мора да се Одринците, нема коj друг да биде...ама сигурно ги било срам да си го признаат.
Кутрите Одринци...доjдете да скршиме робски окови!
http://en.wikipedia.org/wiki/Edirne - Одрин
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 16:23
Точно така - дел од Руската пропаганда эа соэдавање на Бугарска нација
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 16:34
Одринска Тракија, или едноставно Одринско, е еден од европските вилаети во Османлиската Империја. Бил населен со бугарско, грчко и турско население. По создавањето на ТМОРО, се оформуваат и првите месни комитети на организацијата, а Гоце Делчев прави неколку обиколки на вилаетот.
Во 1903 година, две недели по објавувањето на Илинденското востание, тука се крева Преображенското, водено од Михаил Герџиков.
По Балканските војни, христијанското население од Одринско е прогонето од страна на турските власти, и денес регионот е претежно населен со турско население.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 16:37
Ова како Руски историјат ми эвучи - одринско беэ Одринци
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 04.Октомври.2009 во 12:55
Заклетва за ослободувањето на поробеното ни Отечество(Татковина) МАКЕДОНИJА и ОДРИНСКО:

------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 04.Октомври.2009 во 12:57
Дали не треба да биде нашите Отечества или нашите Татковини? Сега ќе излезе дека Македонците и Одринците имаат едно Отечество????
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 05.Октомври.2009 во 15:12
Интересна директива од книгата на Димо Хаџидимов - стр.154-156 од ПДФ фајлот на АндоновБале.

-------------
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 05.Октомври.2009 во 21:20
Комити од ВМОРО со бугарската воjска во ослободениот Кукуш-1913:

------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 09.Октомври.2009 во 11:02
Големата светска војна (1914-1918) е причина за многу несреќи и пакости на сите оние кои учествуваа во неа. Последиците ги почувствуваа, не само победените држави и државите победнички, туки и оние кои беа неутрални, а Македонија, по оваа војна останува поробена и распарчена.
При определувањето на судбината на Македонија гласот на нејзиниот народ не се слуша, ниту пак се почитува неговата волја при прогласувањето на програмата за траен мир во светот.
Програмата за крај на војната ја прогласува претседателот на Америка и станува прифатена од големите сили на Спогодбата. Бидејќи Македонија од тоа останува незадоволна, нејзината борба за слобода продолжува, се додека не се извојува автономното управување на трите дела распарчени меѓу Србија, Бугарија и Грција.
Само обединета т.е. цела, независна и автономна Македонија можела да влезе во склоп на Југословенската држава како рамноправен член на една федерација, под услов Србите да го прифатат федеративното уредување во новата држава. Внатрешната организација во желбата да оствари автономно управување за Македонија без револуции и војни, решава да ги подржи сите партии и здруженија од Македонија, како и политичките партии од другите области на СХС, кои се залагаат за федеративно управување во Југославија.
Поради ова, биле повикани сите членки симпатизери на Организацијата да работат на точно оределен начин: најнапред народот се повикува да излезе на општинските избори и да го даде гласот за оние кои ќе ги заштитуваат интересите и правата на населението. Кога станува збор за изборите, за основачкото народно собрание, сите избирачи треба да гласаат за најдостојните месни водачи, кои живеат тука и се иницијатори за конституирањето на основачкото собрание. Во случај, ако српската шовинистичка власт попречи и не даде да се изберат за пратеници- месни водачи, тогаш гласот треба да се даде за комунистите, под услов да се залагаат за федеративно управување и применување на договорот за малцинства. Иницирано е да се поднесат барања до владата во Белград, со преписи до советот на општеството на народите и до полномошните министри на сев. Американски Соединети Држави, до Англија, Франција, Италија, Јапонија и др. за враќање на училиштата на месното население, и за спроведување на образованието на македонски јазик, како и за применување на ‘‘Договорот за заштита на малцинствата во СХС”. Со барањата, се врши инсистирање да се приклучат и турските, влашките и другите малциства, онаму каде што ги има.
Сеуште големата војна не е завршена, Руската Советска Република води војни на сите страни, а исто така таа е против примена и почитување на насилничките договори кои биле изработени во Париз. Турците од Тракија и Анадолија водат војна со Грција, со Англија и Франција. Освен Русија, и Турција била незадоволна од пропишаните насилнички и неправедни договори за мир на победените држави, а незадоволството се шири и кај држави членки на државите победнички.
Нестабилната политичка положба во светот, влева верба кај македонските патриоти и надеж дека со вредна работа и сплотеност може да се стигне до успех - да изгрее сонцето на слободата над нашата поробена татковина Македонија.
Македонија под бугарска власт
Писмо за подршка на ВМРО
На 4 април 1923 година, Тодор Александров испраќа писмо до водачот на округот, околиските војводи и нелегалните групи на организацијата, со кое дава подршка на ВМРО во Македонија, додека Македонија е под бугарска власт.
По завршувањето на Нишките српско-бугарски преговори настануваат немири кај тамошното население, поради заканите од српските воени единици да влезат на бугарска територија и да прогонуваат. Уште една закана претставуваат разбојници федералисти, кои заедно со портокаловите гардисти предводени од Паница, П. Ангелов и други, да навлезат во границите на Македонија и да разоруваат заедно со Србите.
Притисоците од земјоделската влада да објави воена состојба во Пиринска Македонија и одложување на пратеничките избори, се уште една закана за немири на населението. За да се успокои населението и да се запази престижот и угледот на ВМРО, Тодор Александров бара да се преземат неколку сериозни мерки.
Српски воени единици кои се синоним на ропство и зулуми, а кои преминуваат повнатре од бугарската граница, треба да се уништуваат од нелегалните групи на организацијата. Акцентот е ставен и на разбојниците т.н. “федералисти” кои, како е наведено, безмислосно да се уништуваат ако тргнат натаму.
Ригорозни мерки треба да се спроведуваат и врз “портокаловите гардисти” кои разбојнички ограбувале и вршеле тортури врз незаштитеното население.
Во случај, земјоделската власт да донесе конечно решение за објава на воена состојба во Пиринска Македонија т.е. во Петричката област и да ги одложи тамошните избори , тогаш треба да се консултира, односно, да се прифати мислењето на тамошното население, околу одлуките: дали треба да се плаќаат даноци и да се исполнуваат наредбите на “бугарската влада” која ги лишува од изборното право.
За овие мерки на претпазливост е известена Бугарската влада, а исто така е навремено предупредена да не допушта минување на српски единици, ниту пак да праќа “портокалови гардисти”.
Во писмото се вели дека мерките кои се наведени треба строго да се почитуваат и дека тие кои поради малодушност, небрежност или од други причини не ги почитуваат наредбите, ќе бидат казнети со смрт.
Жаклина Петровска
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 09.Октомври.2009 во 13:26
Boogie напиша:
Српски воени единици кои се синоним на ропство и зулуми, а кои преминуваат повнатре од бугарската граница, треба да се уништуваат од нелегалните групи на организацијата. Акцентот е ставен и на разбојниците т.н. “федералисти” кои, како е наведено, безмислосно да се уништуваат ако тргнат натаму.
Ригорозни мерки треба да се спроведуваат и врз “портокаловите гардисти” кои разбојнички ограбувале и вршеле тортури врз незаштитеното население.
Жаклина Петровска
|
И КАКО РЕЗУЛТАТ ДОАЃА ТВОЕТО „ЌУСТЕНДИЛСКО ВОСТАНИЕ“
-------------
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 09.Октомври.2009 во 13:29
ВМРО можеби и навистина би бил она што требало да биде доколку не се појавела групацијата која била нарекувана ако не се лажам , врховисти , групација која за жал и ден денес го има главниот збор во таа организација преку МПФ ( Македонски патриотически фронт )
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН 
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 29.Октомври.2009 во 14:16
Марко Лерински
Георги Иванов Ѓуров (бугарски: Георги Иванов Гюров,) , познат како Георги Геројски (бугарски: Георги Геройски), Марко Лерински или Марко војвода (бугарски: Марко войвода), е бугарски офицер и револуционер, војвода на ВМОРО.
Георги Иванов е роден на 20 јуни 1862 година во Котел, тогава Османлиската империја. Во 1883 година пристапува на воена служба во Кнежеството Бугарија. Зема учество во Српско-бугарската војна и за пројавената храброст е удостоен со медал и повисок чин. Неговите другари заради тоа го нарекуваат Геројски.
Во 1895 година ја напушта армијата и влегува во редовите на Врховниот македоно-одрински комитет и зема учество во четничката акција од 1895 година и опожарувањето на Доспат. По неуспехот на акцијата се враќа во армијата како подофицер.
Во 1900 година се поврзува со Гоце Делчев и Ѓорче Петров, кои го привлекуваат во ВМОРО и го испраќаат како војвода во Леринско, каде го зема псевдонимот Марко. Во истот време во Македонија влегуваат и Христо Чернопеев, Атанас Бабата, Михаил Апостолов – Попето. Благодарение на воената подготовка на Марко војвода и на неговите организациони способности, неговата чета станува училиште за подготовка на четници и војводи за целата револуционерна организација. Марко го претвора Леринско во:
"...еден реон кој е пример во секој однос. Работници ентузијасти, стегнати организации, дисциплинирана чета и во полната смисла на зборот агитационо-организаторска. Сето тоа беше дело на котленецот Марко..."
Марко Лерински е првиот кој предложува да се подигне сеопшто востание во Македонија и Одринско. Војводата дејствува во Костурско, Воденско, Леринско и Битолско со Гоце Делчев, Пандо Кљашев, Васил Чекаларов и Лазар Поп Трајков до почетокот на 1902 година.
Toj ја организира првата чета во Битолскиот округ, во чијашто агитационо-организаторска работа се поведе правилно и паралелно со бојната обука. Арамии како Коте не можеа да ја поднесуваат војничката дисциплина во неговата чета. Но незлонамерните прости луѓе и интелигентните, физички неподготвени и незапознаени со војното искуство, имаше на што да се научат кај Марко. Строг кон себеси, ограничувајќи ги потребите до самоизмачување, со железна тврдина при поднесување на незгодите, Марко дејствуваше над другите главно преку сопствениот пример. Тој ги научи своите прости другари да се занимаваат до прекумерен умор со обука и им ја насочи амбицијата да ги обучуваат од нивна страна селаните, особено младите, потполнувајќи го со содржина нивното празно време по селата и во планината. Дури неговото источно наречје, во кое тој не внесуваше ниту еден локален збор, направи влијание над необразуваните четници и побистрите селани. Кај таков издигнат и искусен началник не беше тешко за учителите да ја поднесуваат положбата на прости четници и да ги добијат за кратко време најнеопходните познавања и пракса, за да можат и самите да командуваат чети. Многумина костурски четници ги добија од Марко првите вежби со пушка. Под Марковото влијание се прероди и Митре Влаот, кој веќе го познаваат нашите читатели. Дине Кљусов, подоцнежен војвода, Печо Настев, гимназијалец, војвода за време на востанието, Кице и Дине Абдураманов се најблиските воспитаници на Марко од Леринско. Кај Марко се учеа и учителите Методи Патчев од Охрид, Славко Арсов од Штип, како и писателот Христо Силјанов.
По предавството на локални гркомани, Марко војводата загинува во борба со турски војски во леринското село Пателе (денеска Агиос Пантелејмонас, Грција) на 13 јуни 1902 година. На местото на Марко се поставени војводите потпоручник Георги Папанчев и Дине Кљусов.
Спомен плоча во Котел.
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE_%D0%9B%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8 - Марко Лерински
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 22:55

------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 30.Октомври.2009 во 23:39
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 19:40
Акад. Блаже Ристовски
“Столетиjа на македонската свест” , Скопjе, Култура, 2001
Стр. 33:
“Вистина, барем досега расположивите официjални документи на Македонската револуционерна организациjа директно или индиректно декларираат, иако недостатно jасно артикулирана , главно бугарска национална свест на истакнатите револуционери. Исто така тие, како Eгзархиски воспитаници и службеници, го користат бугарскиот како и своj литературен jазик и не ни размислуваат за сопствена посебна македонска црковна хиерархиjа, а имаат свое официjално надворешно претставништво само во Софиjа и ги користат услугите само на бугарските митрополити и трговски агенти во Македониjа.
Не треба да се подзаборава ни ординарниот факт дека Организациjата, во согласност со диецезата на Бугарската Егзархиjа, го вклучи во своjот организам и немакедонското Одринско, иако нашата наука како да го пренебрегнува тоj ноторен белег што малку подоцна се инфилтрира и во името на самата Организациjа. При сето тоа како да се нема предвид и несомнениот факт дека МРО (Македонската револуционерна организациjа) произлезе всушност од “лозарството”, кое во основата беше национално македонско и тое “сепаратистичко движење”, но и тоа дека Бугариjа беше единствената држава што го поддржуваше ова движење, па и бугарските влади директно успеваа да се мешаат во работите на Организациjата. Нашата наука како свесно да подзамижува пред тие општопознати факти.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 23:12
А што е чудно тука
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: scorpius
Датум на внесување: 04.Ноември.2009 во 23:34
Navistina nisto cudno nema
Se e jasno
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 09:04
Стр. 34-35:
"Исто така упорно се игнорира вистината дека раководството на ТМОРО всушност не успеа да изгради комплетна и комплексна македонска национална програма. Расположивите организациони акти и документи наполно jа пренебрегнуваат таа неопходност. А дека тоа не е случаjно потврдува и жестокото спротивставување на раководството на ТМОРО на идеологиjата на Македонското научно-литературно другарство во С.Петербург (на Димитриjа Чуповски) токму поради неговата наполно изjаснета македонска национална програма. Треба наjпосле погласно да се рече дека книгата на Крсте Мисирков, иако по инспирациjа од бугарските надлежни фактори, jа гораат во Софиjа македонски деjци и неjзиниот автор жестоко го тепаат исто така македонски софиски “револуционери” Исто како што беше и Димитриjа Чуповски фатен и со пиштол изгонет од Велешко (1905) имено од “централистичкиот” воjвода на организационата чета – само затоа што во моментот готвеше почва за отварање училишта на македонски jазик."
Стр. 36:
“И не може да не се нагласи дека вината за таквиот резултат (Бук*решкиот договор и распарчувањето на Македониjа) во голема мера паѓа и на МРО што остана без македонска национална програма и што во целото време се држеше за рака со само една од пропагандите, а во суптилниот период на воjните и завоjувањата се стави во услуга на еден од завоjувачите".
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 11:42
Јасно пишува Македонски училишта
пак да не е нешто нејасно
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 11:53
Сепак тоа го пишува еден од великаните ваши-значи jaсно признава за бугарската национална свест на револуционерите од ВМОРО; за бугарскиот jазик коj го користеле сите;за тоа што базата им била нормално во Софиja и за поткрепата на бугарските влади.
И затоа што НЕМАЛЕ македонска национална програма и прогонувале и тепале тие, кои сакале училишта на македонски jазик.
Значи Чуповски, Пулески, Мисирков и другите се поединци,кои немале никакво влиjание и авторитет врз мнозинството од македонското населениjе.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 12:14
Кога Бугарите користеле Бугарски јаэик
За времето на Аспарух пишуваш или
И пак мешаш политика,револуција и културно просветна дејност,или эаборавив јас дека Бугарите немаат такви работи,се другите эавршувале работа эа Бугарите,не эаџабе ден денес уште Руска аэбука користите
Нема такво нешто како Бугарска национална свест кај Македонците,може да се согласам со многу Македонци кои станале Бугарски државјани,дури и дејци на државата Бугарија но сепак тие се Македонци а не Бугари исто како и царот на Бугарија што не е Бугарин а е цар на Бугарска држава
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 05.Ноември.2009 во 12:18
Абе тоа Блажето ви го кажува, не сум jас ништо крив:
Вистина, барем досега расположивите официjални документи на Македонската револуционерна организациjа директно или индиректно декларираат, иако недостатно jасно артикулирана , главно бугарска национална свест на истакнатите револуционери. Исто така тие, како Eгзархиски воспитаници и службеници, го користат бугарскиот како и своj литературен jазик и не ни размислуваат за сопствена посебна македонска црковна хиерархиjа, а имаат свое официjално надворешно претставништво само во Софиjа и ги користат услугите само на бугарските митрополити и трговски агенти во Македониjа.
Jасно, црно на бело.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
|