IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО - соэдавање и дело
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВМРО - соэдавање и дело

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 55>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Мај.2010 во 16:38
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2010 во 13:16
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2010 во 19:37
Poradi negovite stavovi go stigna pravdata,k*rsumot
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 10:51

Владислав Ковачев (горе десно) со Борис Дрангов како воjводи на ВМОК во Македониjа.


Четата на Славчо Ковачев.


Обединетата чета на ВМОК со Ковачев и Дрангов, 1903 година.

Изменето од lav4eto - 26.Мај.2010 во 10:52
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 17:21
Македонец, македонски народ, македонска националност, македонска душа, македонска свест, македонски борец, македонска интелегенција, македонска земја - напишал меѓудругото доктор Славчо Ковачев во 1924 година во весникот “Независна Македонија” во Софија, и веднаш беше убиен од терористите на Ванчо Михајлов. Зошто,и денес, осумдесетина година по убиството, некои сили во Бугарија ја кршат спомен-плочата на неговата куќа пред која бил убиен?

“Доктор Владислав (Славчо) Ковачев е роден во Скопје на петти јануари 1875 година.Беше убиен од наемни убијци на 13 септември 1924 година во Софија. Беше градски судија, резервен потполковник, носител на три ордени за храброст; беше голем борец за слободата на Македонија, Илинденец. Од сопругата Сија”, пишува на споменикот во Централните софиски гробишта. По наредба на Ванчо Михајлов, беше застрелан од простиот и глуп штипјанец Мирчо Кикиритков, само затоа што во софискиот весник “Независна Македонија”, меѓудругото напиша: ”Македонец македонски народ, македонска националност, македонска свест, македонска душа, македонски борец, македонска интелигенција, македонска земја...”


Славчо Ковачев

Беше убиен на 49-годишна возраст пред својата куќа и пред очите на своите две ќеркички Маргарита и Златка. Атентатот е извршен сред бел ден на улицата “Цар Борис”, спроти романската црква во Софија.

Според искажувањето на Бојка Дудрова-Ковачева, внука од најстаратаќерка на Славчо Ковачев, а запишано од Блаже Миневски во 2004 година, дедо и Славчо се враќал дома за ручек, кога убиецот му пукал во грбот од неколку метри. Мајка и на Бојка, Евгенија-Жени Ковачева, најстарата негова ќерка, во тоа време била на студии во Париз. Дома биле само баба И, и двете помали ќерки, Златка и Маргарита. Кога го виделе од прозорецот, двете истрчале да го пречекаат. Убиецот токму тогаш дотрчал од соседната уличка и му пукал во грбот. Славчо паднал на плочите пред своите две ќеркички. Тие писнале и фрлиле врз него. Убиецот неколку мига стоел со пиштол вперен во нив, а потоа побегнал. Подоцна на судењето изјавил дека мислел да ги убие и нив, но се премислил во последен момент. Според она што и го кажувала мајка и, но и двете тетки, кои го виделе убиството, Славчо бил убиен затоа што на Ванчо Михајлов не му се допаѓало тоа што тој го пишувал во весниците.

Во последниот свој текст објавен пред убиството во весникот “Независна Македонија”, тој, меѓудругото, пишувал за македонскиот политички идеал: ”слободна и независна Македонија.

При распитот во процесот пред софискиот суд, кој бил чиста фарса, атентаторот Кикиритков, признал дека цели четири часа чекал Славчо да си дојде дома на ручек:

”На вратата излегоа да го пречекаат неговите две ќерки. Едната од нив викна -тате! Тој се сврте и со раширени раце тргна за да ја прегрне. Тоа го издаде. Веќе бев сигурен дека тоа е Славчо Ковачев. Застанав зад неговиот грб и стрелав трипати. Јас не знаев во што се состои вината на убиениот од мене Ковачев, но верував во справедливоста на решенијата издавани од Организацијата... Ако ми наредеа да ги убијам и децата, ќе ги убиев и нив”, изјавил убиецот.


Ванчо Михајлов

Во тоа време сите наредби за атентати, ги издавал Ванчо Михајлов. Извршителот на убиството, Кикиритков, наредбодавецот Михајлов и убиениот Славчо се штипјани. Со тоа што Славчо бил интелектуалец, доктор на науки со докторат од Брисел, револуционер и хуманист, кој постојано и јавно ги осудувал меѓусебните убиства во македонското ослободително дело. Тој во својата книга “Политичкото вјерују на Македонците” пишува дека само со “сплотеноста и обединувањето на сите расположиви сили ќе се реализира идеалот за слободна и независна Македонија’, рекла во 2004 година Бојка Дудрова-Ковачева, внука од најстаратаќерка на Славчо Ковачев. Со неа Миневски разговарал токму на местото каде што е убиен нејзиниот дедо, каде што до пред извесно време стоела спомен-плочата за тој настан. Современите бугарски шовинисти, кои ја признаваат донекаде само десницата на македонското револуционерно движење, неодамна по којзнае кој пат ја откорнале плочата и ја фрлиле на улицата пред Романската црква. За да не се уништи сосема, Бојка и нејзиниот син потоа ја поставиле високо на куќата, па сега вмровците на Каракачанов не можат да ја извадат, но затоа пак и тешко може на таа висина да се прочита што пишува на неа.

‘Кога е убиен дедо ми Славчо, мајка ми имала 19 години, и веќе била студент во Париз. Нејзината сестра Маргарита (Грета) имала 14, а најмалата Златка само 9 години. Мајка ми за убиството на својот татко дознала неколку месеци подоцна. Никогаш не можеше да си прости што не била на погребот. Таа ми кажуваше дека во нивната куќа и кога се јадело се зборувало за Македонија. Мајка ми велеше дека еднаш кога татко и кажувал нешто за Македонија, таа и Грета, како договорени, во ист глас му рекле: ”Татко, ти ја сакаш Македонија повеќе од нас!” Тој им рекол дека кога вели Македонија, тогаш мисли и на нив. Баба ми Сија, неговата сопруга, му била голема поддршка. Таа го подржувала во се што работел. Била актерка во театарот на Војдан Чернодрински, па и самата на некој начин учествувала во “македонското дело”. Дедо ми Славчо и таа се запознале токму на една од изведбите на “Македонска крвава свадба”. Во спомените на Чернодрински е опишана сцената кога дедо ми Славчо, за време на претстава бил предизвикан да му удри шлаканица и да ги исфрли од салата познатиот насилник и терорист Хаљо, убиецот на бугарскиот политичар Стефан Стамболов, кој им попречувал на актерите да ја играат “Македонска крвава свадба”. Можеби токму поради таа шлаканица баба ми Сија се заљубила во дедо ми Славчо, раскажувала внука му Бојка Дудрова-Ковачева.

Славчо Ковачев има завршено воено училиште во Софија, каде што се запознал со Гоце Делчев. Како млад потпоручник се вклучува во македонското ослободително движење, а во 1902 година заминал во Македонија со четата на Христо Чернопеев. За време на Илинденското востание, како штипски војвода, активно учествува во борбените дејства во кратовско заедно со четата на Атанас Бабата. По задушувањето на востанието, извесно време бил скопски војвода. По Првата светска војна, тој веќе е адвокат, а потоа новинар, публицист и судија на Софискиот суд. Заедно со левицата на македонското движење се вклучува во политичкиот живот на македонската емиграција, залагајќи се за обединување на сите струи во македомнското револуционерно движење.

Во спомените за својот татко, мајка и на Бојка, Жени Ковачева, на едно место има запишано:

”Татко ми беше многу енергичен, етичен и културен човек. Добро ја познаваше европската историја. Многу читаше; имаше богата ерудиција. Исто така, тој беше и многу добар оратор, со пламено срце. Како човек беше извонредно чесен, но истовремено и многу храбар, многу доблесен - не трпеше лага и секогаш отворено се бореше со своето перо, искажувајќи ги смело своите мисли. Пишуваше отворено, искрено за македонското ослободително дело и за неопходноста од морално-етички норми на секоја власт. Само тој и Димо Хаџи-Димов, кој беше убиен во истиот ден со него, имаа храброст во тоа време да напишат дека “апсолутно е забрането секакво присоединување на Македонија кон која било соседна балканска земја”, и “никој нема право Македонија да ја третира како бугарска покраина”. Што можеа друго на направат непријателите на Македонија, освен да го убијат”, напишала Жени, која била една од врвните пијанисти и педагози во Бугарија.

Убиецот на Славчо Ковачев, само неколку месеци по убиството, отворил своја, приватна бижутерија во центарот на Софија. Истовремено, на мајка и на Бојка и била укината стипендијата. За среќа веднаш истите средства и ги обезбедила Еврејската заедница во Париз, и таа ги продолжила студиите. Професорот Алфред Корто ја препорачува кај неколку семејства за часови по пијано, така што заработува и дополнително. Тоа и овозможува во Франција да ја повлече и својата сестра Грета, која завршила стоматологија во Нанси.
За баба и Сија, Бојка се сеќавала дека е храбра и горда жена. Токму во тоа време таа подигнува кредит и сама ја довршува куќата пред која е убиен нејзиниот сопруг; потоа едниот кат го издава под кирија и со тие пари го отплаќа кредитот. Сија долго време чувала многу предмети, книги и ракописи на својот сопруг. Успеала да го спаси од власта, која упорно го барала, и неговиот ракопис “Политичкото верују на Македонците”, книга која заедно со “За Македонскте работи” од Крсте Петков Мисирков, е камен-темелник во македонската национална историја.

‘Многу од предметите што се чуваа дома, подоцна беа дадени во музејот на револуционерното движење, што го организира македонската емиграција во Бугарија. По затворањето на Музејот, сите предмети и ракописи негде се однесени, меѓутоа никогаш не се дозна каде. Мајка ми го задржала за себе само часовникот на својот татко; не го дала во Музејот, иако и него и го барале. Подоцна тој часовник таа ми го даде мене, а јас му го дадов на мојот син. Иако тој џебен часовник на дедо ми е стар речиси сто година, уште беспрекорно работи. Син ми го носи и го чува со голема љубов и внимание, како реликвија. Тоа е се што ни остана од Славчо Ковачев, од нашиот славен дедо со кој се гордееме. Не знам дали во Македонија се знае нешто за него; жалосно е ако не се знае ништо. Овде уште им пречи. Душата ме боли што му ја искршија спомен-плочата, но што можат да направат грст бедници, наспроти сето она што тој го напишал и направил за Македонија. Останува дека уште пред 80 години запишал - македонска душа, македонска националност, македонска земја, македонски народ’, рекла професор Бојка Дудрова-Ковачева, внука на доктор Славчо Ковачев.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2010 во 18:25
Апел од Владислав Ковачов "кон доблесните синови на многострадална Македонија и Одринско за ослободување на Македонија и Одринско"

Ксанти, 11 октомври 1918

               Драги сограѓани,


Изменето од Boogie - 27.Мај.2010 во 13:51
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2010 во 13:10
На 26 август македонскиот револуционер Јордан Цицонков успеа да ја изврши пресмртанта пресуда изречена од ЦК на ВМРО врз бугарскиот министер за внатрешин работи Рајко Дсакалов.Бугарскиот минстер Даскалов испраќал банди од разбојници за да ликвидираат револуционери на ВМРО и да ја нинштуваат револуционеаарта мрежа на Организацитаја во сето тоа била вклучена и бугаскрата администартивна машинериаја да ги прогонува македонските дејци на В.М.Р.О,во овие тротури на поранешниот минист ррза внатрешни на Бугарија,Рајко Даскалов биле прогонувани и ликвидирани голем број на Македонци блиски на В.М.Р.О и Тодор Александров.Бугарскиот минисетр Даскалов бил ликвидиран од Јордан Цицонков во Прага,Чешка.Со интервенција на В.М.Р.О и германските власти кои имале доста лолеми симпатии кон македонското ослободително дело и Тодор Александров,атентаторот Јордан Цицонков бил ослободен.
Во врска со ослободувањето на атентаторот Цицонков се оглисла и В.М.Р.О.Во соопштението потпишано од Тодор Александров се вели----ЦК на В.М.Р.О го изразува своето задоволство од непристрасноста на чешките судии,кои станаа верни изразувачи на совеста кај еден народ-се мисли на чешкиот доволно образован за да свати дека ние Македонците,сме во состојба на самоодбрана кон поробувачите на нашата татковина Македонија и нивните орудија,кои секој ден ни го одземаат животот,здрввјето и нашиот имот,посегаат кон нашата национална и лична чест.Му искажуааме благодарност на германскиот адвокат Рениер,како и на германскиот и италианскиот печат кои застанаа во одбрана на македонското револуционерно ослободително дело и во одбрана на В.М.Р.О,односно што застанаа во одбрана на вистинатаа и правдата.
Посебна благодарност од името на борбена Македонија и од име на ВМРО му е упатена на Јордан Цицонков,за неговиот херојски подвиг со неговот достонствто кон поробента и распарчена татковина.За ова херојско дело Цицонокв бил награден со значка на Организацијатта.
На крајот од писмото стои потписот-Член на ЦК на В.М.Р.О Тодор Александров.
Писмото го извадив од книгата на проф-др Зоран Тодоровски-Се за Македонија во кои се обработени писма и документи на македонскиот великан Тодор Александров-светецот со пушка.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 11:25
Илинденското востание е чист македонски национален стремеж. Кога бугарските чети навлегле во Серскиот округ, кој е под контрола на Јане Сандански, за да наводно му помогнат на востанието, војводата му наредил на поручникот Л. Стоенчев да ги симне бугарските војнички ознаки од капите на војниците. Истиот стремеж е и кај другите војводи јасен. Во полемика со бугарскиот полковник Јанков, војводата Чакаларов уште цела година пред овие настани – јасно ќе му соопшти: „Слободата ќе ја извојуваме ние самите. Не ја сакаме од тебе.“ Атанас Поп Николов, пак дополнил: „Ние не можеме да ги почитуваме тие еполети и таа униформа“, и почнал да ги кине ознаките.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 15:20
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Илинденското востание е чист македонски национален стремеж. Кога бугарските чети навлегле во Серскиот округ, кој е под контрола на Јане Сандански, за да наводно му помогнат на востанието, војводата му наредил на поручникот Л. Стоенчев да ги симне бугарските војнички ознаки од капите на војниците. Истиот стремеж е и кај другите војводи јасен. Во полемика со бугарскиот полковник Јанков, војводата Чакаларов уште цела година пред овие настани – јасно ќе му соопшти: „Слободата ќе ја извојуваме ние самите. Не ја сакаме од тебе.“ Атанас Поп Николов, пак дополнил: „Ние не можеме да ги почитуваме тие еполети и таа униформа“, и почнал да ги кине ознаките.


полковник Jанковможе да е бил офицер на бугарска служба но сепак е македонски jунак.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 20:38
Тој е Врховист,значи Бугарин инфилтриран во органиозацијата за да направи раздор.Херој е за Бугарофилите но не и за Македонците кои јасно го проѕреле
А и мислам муабетот за него беше дека е Влав или можеби грешам,не сум сигурен

Изменето од Boogie - 12.Јуни.2010 во 20:39
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 21:16
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Тој е Врховист,значи Бугарин инфилтриран во органиозацијата за да направи раздор.Херој е за Бугарофилите но не и за Македонците кои јасно го проѕреле
А и мислам муабетот за него беше дека е Влав или можеби грешам,не сум сигурен


Си заборавил што си писал неколко страници по рано:

Boogie
Модератор

Слобода или Смрт
Регистриран: 26.Октомври.2005 Онлајн статус: Офлајн
Пораки: 11307      
Испратена: 10.Април.2010 во 13:49

Кога Војводата Анастас Јанков влегол во село во костурско (1902) за да ги подигни селаните за востание тој им се обратил со зборовите:

     Македонци!
Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самуил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале општословенска слава, - дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века...
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 23:10
Не сум заборавил,тоа беше напишано у контекст на тоа дали некој ги поврзувал Македонците со Александар Македонски и дали Македонците се посебна нација.

Јанков е добро познат како конфликтна личност во организацијата,со Чакаларов со Сандански со сите што значеле Македонско крило во Организацијата.
Што ке кажеш ли дека Јанков е Македонец и дека не работел за Бугарската влада со една цел поткопување на организацијата и разнебитување на Македонската идеја за независност
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 08:56
- Можам да посочам стотици документи каде и Ѓорче Петров се декларира како Бугарин. Сите се декларирале како Бугари, и Мисирков. Погледенете ги текстовите на Ѓорче Петров од 1919 година во Билтенот на Привременото претставништво на бившата обединета ВМРО, а да не говориме за неговите новинарски прилози пред 1919 година. Секаде во етничка смисла се идентификува како Бугарин, исто како и сите други дејци на ВМРО, вели Тодоровски.


Директорот на Државниот архив Зоран Тодоровски

намигнување
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2010 во 12:19
Повеќе, сокривање траги на злостор одошто обид за бугарско придржување кон правото и обичаите на војната и за да не увери целосно во бугарската “невиност” Карнеги-известувачот дава некоја наредба до бугарска единица.
Таа дејствувала во Македонија (кај Пехчево) од октомври 1912 год.

Иако нејасно како се нашла оваа наредба, сепак и од неа јасно се согледуваат некои работи колку и да сака некој да ги покрие со пепел. Особено интересен за нас македонците е нејзиниот почеток кој вели:

“Наредба до 22-ри пешадиски тракиски полк на неговото Царско Величество Чарлс Едвард Сакс Кобург Гота бр. 93, 14 октомври 1912 година, логор Пехчево.

Забележав дека некои војници на полкот, откако ја преминале границата, вршат своеволни акти кои стануваат СЕРИОЗНИ ЗЛОСТОРСТВА во време на војна. Гледам со големо жалење дека старешините на четите ги сметаат овие акти лекоумно како да немаат тежина и дозволуваат да се вршат пред нивни очи. Така, во логорот во Царево Село (з.н, денешно Делчево) видов некои војници како го напуштаат логорот и одат во блиското село кое го напуштиле неговите жители, да ограбуваат, секој за себе, заборавајќи ја својата должност да останат на својот пост. Исто така видов во логорот војници како земаат од некаде непознати добра и добиток за да си зготват јадење поинакво од она на четата... Исто така видов некои војници, дали од немарност или намерно, како уништуваат телеграфски жици, прават штета во куќите оставени празни од луѓето, и дури како одат во бугарски куќи...“

•     Иако наредбата започнува со самопризнание за СЕРИОЗНИ ЗЛОСТОРСТВА, наредбодавецот веќе ја разблажува оваа формулација со тоа дека се работи за пљачки, уништувања и напади по куќите.

•     Наредбодавецот се фатил самиот во стапица кога присвојно македонските куќи од Делчевско ги нарекува “бугарски“, се поставува логичното прашање: Ако се навистина бугарски, зошто народот избегал од “сопствената и ослободитлска” бугарска војска која тука е стационирана?

•     Сходно ова, во Делчевско нема ниту Срби ниту Грци (и како држави се далеку во однос Бугарија која е во најнепосредна близина!) та нели народот треба да е со “својата” војска да се помагаат и храбрат?!
По ова следат долги четири точки кои всушност се укажувања што и како требало да прават војниците при одредени ситуации а сходно меѓународните конвенции и правила на војување (кон неборечкото население, материјалните добра и ресурси, кон воениет заробеници и.т.н). Во последната точка се и дополнителни четири члена од воен кривичен закон кои требало да им се прочитаат на војниците. Наредбата завршува со печат на полкот и потпис од Командантот на полкот, полковник Савов како и потпис од главниот аѓутант, некој капетан Гиев.

Се на се наредбата е некакво “покривање” на Бугарите, дека ете тие се придржуваат до меѓународните правила на војување за разлика од другите војски од кои авторите на Карнеги извештајот никако да најдат или побараат слични документи.

Настарана ова, чудни се и околностите од каде исплива сега оваа наредба од 1912 год., а по “приватни” канали и ако не е за перење на Бугарите пред меѓународната јавност, тогаш најмалку е за бугарската војска зашто таа напротив секаде се однесува се спротивно од барањето на оваа и вакви други евентуални Наредби.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3738394041 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.