IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Македонци ширум светот
  Активни теми Активни теми RSS - Der mazedonische Knoten
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Der mazedonische Knoten

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
chuchuliga Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2006
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај chuchuliga Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Der mazedonische Knoten
    Испратена: 21.Мај.2008 во 19:08

е името на книгата  (за која веројатно доста од вас знаат ) на првиот германски амбасадор во Македонија , господинот Ханс Лотар Штепан ( Hans - Lothar Steppan ). Taa излезе во печат во 2004 год, а е преведена и на македонски јазик ( Македонскиот Јазол ). Господин Штепан откога го завршува мандатот во МК се враќа во Германија и прави истражување за македонското прашање во германските архиви. Овој голем човек вложува огромен труд, за кој нашата малечка Македонија може вечно и бескрајно да му биде благодарна. Со тој труд тој покажува и докажува непристрасно, со факти од германски и западно-европски научници што низ историјата му се случувало на македонскиот народ.

Книгата е вистинска бесценета драгоценост за која сметам дека треба сите ние да ја имаме дома (јас ја имам и на македонски и на германски јазик) , а и да ја подаруваме на сите оние кои се обидуваат да не убедат дека сме нешто друго од она што сме. Таа битка според мене не се води само со она нашето „па што, јас сум си она што сум си“ и да одиме на кафе муабет кај комшиите чекајки на некој друг да му текне нешто да направи за нас, туку треба секој самиот да направи она што може да го направи и во дадени ситуации да ја брани сопствената земја, историја и вистина за што се потребни  знаење, познавање и служење со конретни историски факти. Овој човек успеал на едно место да собере и презентира како еден прекрасен мозаик многу факти кои се дефинитивно непристрасни и непобитни.
 
 Иако е книгата скапа, чини 63 €, апсолутно вреди да се инвестира во неа. Пред се за Македонија, за нас, но и како благодарност од сите нас на тој прекрасен човек (кој самиот нема никаква родбинска врска со Македонија) кој во неа има вложено повеќегодишна работа и огромна енергија.
 
 Затоа им препорачувам на сите македонци во Германија да ја нарачаат во оригинал преку било која локална книжара:
 
Hans - Lothar Steppan
Der mazedonische Knoten
Die Identität der Mazedonier dargestellt am Beispiel des Balkanbundes
1878-1914
 
Verlag: PETER LANG
Europäischer Verlag der Wissenschaften
ISBN 3-631-51895-1


Изменето од chuchuliga - 21.Мај.2008 во 19:17
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.