IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Колонизациите во Јужна Србија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Колонизациите во Јужна Србија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Колонизациите во Јужна Србија
    Испратена: 29.Април.2008 во 21:22
Темава намерно ја отворив, зошто разговарав со еден Македонец на друг форум и ова го спомна и ми беше интересно.
И ми текна така да отворам тема за Србите, и за нивните колонизации тука што ги направиле....
П.С.
Кога го прашав со кое село, владеел дедо му си заќуте

Цитирај Напишан од gandalFF85 Видете го мислењето
Hristo dobi poen za popularnost...ubavo kazano...
dedo mi bese srbin...otkoga porasnaf razbraf deka ustvari bil chetnik koj e doselen vo edno velesko muslimansko selo...samo oni bile hristijanska familija tamu...
koga pocnal da odi se pocesto na gosti kaj drugiot mi dedo..egeec od drama...misteriozno e ubien vo 1976..do den denes nema osuden za toa...
drugiof dedo izbegal vo amerika....taka...duri imal i karta na etnicka makedonija...
baba mi odela vo belgrad bukvalno 25 godini...
se sho znae e deka vo skoro site sela niz makedonija kaj so imalo doseleni cetnici od srbija...denes gi nema...ili se otseleni..ili isceznale pod misteriozni okolnosti..











Цитирај Во 1920 година, владата во Белград донесува уредба за колонизација на Вардарска Македонија и Косово. На територијата на денешна Репиблика Македонија паралелно со српската колонизација, се спроведува и аграрна реформа. Од целата обработлива земја која потпаѓа под аграрната реформа, македонските селани добиваат само 35%, додека останатиот поголем дел е доделена на српските колонисти - жандарми, резервни офицери, солунски ветерани, четници и др. Поранешни војводи на Српскиот четнички Покрет во Македонија добиваат како подарок цели села во Тиквешко и Велешко.

Паралелно со конолизацијата, великосрпскиот хегемонистички режим врз македонското население врши физички терор. Теророт во Вардарска Македонија го спроведуваат 8 000 жандарми (од вкупно 12 000 во цела Југославија). Заради тоа што македонското население било доста револуционерно настроено во тој период, теророт бил посебно суров. Според официјални податоци, од 1920 до 1926 од страна на српската власт без никакво судење се убиени над 1 700 Македонци и Албанци. Во тој период низ затворите минуваат над 30 000 Македонци, а по 1927 во затвор остануваат над 8 000 од нив.

Колонизацијата трае се до почетокот на Втората Светска Војна, кога Вардарска Македонија е окупирана од страна на Бугарија и Италија и српските колонисти се депортирани во Србија. Во 1944 година Народна Република Македонија ги прогласува српските колонисти во Македонија за реакционерни елементи и орудие на великосрпскиот шовинизам и го одбива нивното повторно населување во Македонија. За враќање во Македонија им е дозволено само на оние колонисти кои имаат склучено брак со Македонец.



Изменето од Vladimir88 - 29.Април.2008 во 21:31
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 02:57
Tочно е дека од цела кралска Југославија, најголем дел од жандармеријата бил сконцентриран во Македонија.
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 03:00
Инаку, меѓу протераните српски семејства е и семејството на нашиот академик Влада Урошевиќ (р. 1934). Но по војната повторно се враќаат.
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 09:04
Е не го знам тој академик
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 10:27
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

Е не го знам тој академик


Eve go
http://www.blesok.com.mk/avtor.asp?lang=mac&id=76
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 10:30
dudu, sledniot pat stiskaj na STRELKATA, kaj ti pisuva INSERT HYPERLINK, potoa vnesi ja adresata i ete ti
http://www.blesok.com.mk/avtor.asp?lang=mac&id=76

Изменето од LouWeed - 30.Април.2008 во 10:31
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 13:18
Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

dudu, sledniot pat stiskaj na STRELKATA, kaj ti pisuva INSERT HYPERLINK, potoa vnesi ja adresata i ete ti
http://www.blesok.com.mk/avtor.asp?lang=mac&id=76


Фала, не сум ја знаел финтава. Но човек стално мора да учи. Како што рекол познатиот комунистички мудрец Маркс Енгелс: Дојдов, видов, победив.
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 13:29
Originally posted by dudulovski dudulovski напиша:

Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

dudu, sledniot pat stiskaj na STRELKATA, kaj ti pisuva INSERT HYPERLINK, potoa vnesi ja adresata i ete ti
http://www.blesok.com.mk/avtor.asp?lang=mac&id=76


Фала, не сум ја знаел финтава. Но човек стално мора да учи. Како што рекол познатиот комунистички мудрец Маркс Енгелс: Дојдов, видов, победив.


Инаку Дудуловски незнам дали гледаше Во Центар со Васко Ефтов ама даваа некои ептен интересни факти во врска со Прохор Пчински
Имено Ставре Џиков кој е автор на книгата Прохор Пчински, кажуваше дека ја прегледал архивата, и писмата на Ченто..
И Ченто зборувал за делегати Македонци од Прешево.
Дури и самиот Ченто зборувал дека тоа е Македонска Територија..
Даваа објаснување, дека 100 км2 од територијата на денешна Србија и припаѓаат на Македонија....
Јас додуша знаев дека Прохор Пчински е Македонски Манастир но 100 км2 дека се наши!?
И кажуваа дека овој ги гледал сите карти , од различни периоди и утврдел дека Ченто е во право..
А инаку погоди кој им ги дал на поклон тие територии на србите??
А и објаснуваше дека ние имаме целосно право да си ги бараме тие теротирии назад..нормално

Изменето од Vladimir88 - 30.Април.2008 во 13:34
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 13:36
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

Originally posted by dudulovski dudulovski напиша:

Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

dudu, sledniot pat stiskaj na STRELKATA, kaj ti pisuva INSERT HYPERLINK, potoa vnesi ja adresata i ete ti
http://www.blesok.com.mk/avtor.asp?lang=mac&id=76


Фала, не сум ја знаел финтава. Но човек стално мора да учи. Како што рекол познатиот комунистички мудрец Маркс Енгелс: Дојдов, видов, победив.


Инаку Дудуловски незнам дали гледаше Во Центар со Васко Ефтов ама даваа некои ептен интересни факти во врска со Прохор Пчински
Имено Ефтов а и овој Ставре Џиков кој е автор на книгата Прохор Пчински, кажуваа дека ја прегледал архивата, и писмата на Ченто..
И Ченто зборувал за делегати Македонци од Прешево.
Дури и самиот Ченто зборувал дека тоа е Македонска Територија..
Даваа објаснување, дека 100 км2 од територијата на денешна Србија и припаѓаат на Македонија....
Јас додуша знаев дека Прохор Пчински е Македонски Манастир но 100 км2 дека се наши!?
И кажуваа дека овој ги гледал сите карти , од различни периоди и утврдел дека Ченто е во право..
А инаку погоди кој им ги дал на поклон тие територии на србите??
А и објаснуваше дека ние имаме целосно право да си ги бараме тие теротирии назад..нормално


Не сум ја гледал таа емисија на Ефтов. А и не сум слушал за тоа со Ченто. Не знам за некогаш, ама сега тешко ќе најдеш Македонци во Прешево. Од Србија, мислам на поблиските краеви, без Војводина, има Македонци во Трговиште (ама и тие повеќето се со српски презимиња и се сметаат за Срби). А за тоа што го кажа, кој им ги подарил тие територии?
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2008 во 22:23
Стојан Новаковиќ, пратеник на Кралството Србија во Цариград – на Драгутин Франасовиќ, Министер за надворешни работи во Белград.

Господине Министер

Со службен акт Ви праќам со денешната пошта два ексемплари од книгата на Офејков “La Macedoine au point de vue ethnographique, historique et philogique, Philippoli 1888 “, која е побликувана овие денови. Во она писмо Ве молам за исплата на сметката.

Како што таму сум назначил, писател на книгата е Шопов, секретар на овдешниот бугарски ексархат, кој и инаку во меѓународниот печат се бори за етнографски бугарски права во Македонија. Ги следев повеќе пати натписите со ова име потпишани во пештанскиот “Revue de l`Orient“ во полемиката со г.М.Бан.

Со книгата е препечатена Лежановата етнографска карта на Балканскиот полуостров, печатена ми се чини, уште пред 20 години. Кога ќе ја погледнете подобро, лесно ќе се уверите, дека во основа и се оние граници, кои се едно време поставени за граници на бугарскиот ексархат, а кои потоа се покажаа во границите на познатиот Сан-Стефански мир.

Истата книга овие денови од книжарницата е пратена на сите овдешни странски претставници. Имав прилика да забележам, дека овдешниот англиски и австриски пратеник се сомневаат, дали во издавањето на таа книга во овој миг нема руски прсти. За тоа мнение би се нашла една причина за тоа, што навистина сиот Ексархат се движи во руски води, и ако иако смирено и со голема умереност, но од друга страна во македонските работи Бугарите не знаат за партиски делби, и многу сложно работат. Заради тоа кај нив погоре споменатата книга се прима со еднаква љубов на секаде.Колку што можев да забележам, меѓу првите на неа почна да обраќа внимание новиот полуофицијален Софиски весник “La Bulgarie“, кој некои места во целина ги препечатува.

Заради тоа јас мислам, во нашите должности кон оваа појава не можеме да се раководиме од политички опортунизам заради нашето гледиште по прашањето за независниот развој на балканските држави, туку дека би требало нешто и од наша страна да се прави и бранат етнографските права, бидејќи ни инаку за нашето гледиште во главното политичко прашање нема и не може да има сомнение. Јас од своја страна со денешната пошта пратив еден ексемплар од таа книга на претседателот на друштвото “Св.Сава” и г. Св.Николаевиќ, а другиот на географот г. Вл. Кариќ во намера да им обратам внимание. Одговор или слична објективна книга за нашите етнографски права треба да се изработи на француски. На оној кому би можело да се даде француската обработка, би требало повеќе од нив да му дадат материјали и мисли, секој по својата струка, зашто доказите во наша корист мораат да се собираат од разни полиња, како : од јазикот, од историјата, од етнографијата, од традицијата, од географската позиција на оние предели кон српските земји.


Не ја пропуштам оваа прилика да напоменам, дека пред неколку дена англискиот пратеник г. White ми говореше, навистина патем, дека би било добро да ние и Бугарите меѓусебно се договореме за Македонија, па за тоа да нема борба.Договорот би требало да гласи : да и од наша и од нивна страна во сите тие делови се поддржува политички status quo, т.е турска управа, додека не би дошла прилика да за тоа се зборува. Г. White сакаше да знае до каде се нашите етнографски граници, но немајќи ги картите при себе, остана тоа прашање за друг пат. Потоа говореше, дали ние би трпеле бугарски епископ во Скопје. Јас кажав, дека тоа за нас е апсолутно невозможно, и тоа не само за Скпје, туку и за цела Македонија, дека јас овде секогаш и во секоја прилика против тоа станував најенергично, да за тоа сме согласни и со Грците и со патријархот, и да имаме и други начини, да работеме против тоа. Претпоставувам, дека Бугарите нешто прашувале на таа страна, па заради тоа може да влегло и она прво прашање во разговорот. Повеќе ништо не е говорено во таа прилика.

Со најодлично почитување Вашиот Ст. Новаковиќ


Пратеништвото на Кралството Србија во Цариград

Пов. Бр. 42
30 јануари 1888 година
во Цариград

( Оригинал – Архив Србије, МИД ПО ф.I, досие II. Пов. Бр. 22 / 1888 )

Големите сили уште од Санстефанскиот мир живо ја следат активноста на новите блакански творби и известуваат од Константинопол


Од ова писмо се наметнуваат неколку факти :

1. книгата “La Macedoine au point de vue ethnographique, historique et philogique, Philippoli 1888 “ е побликувана пред крајот на јануари 1888 год.

2. писател е Анастас Шопов, секретар на бугарски егзархат, во меѓународниот печат бугарски пропагатор за “правото” над Македонија.

3. Шопов и во книгата и други натписи се потпишува со името Офејков (пр. во пештанскиот в.“Revue de l`Orient “ полемиката со г.М.Бан).

4. со книгата е печатена Лежановата етнографска карта на Балканот, печатена околу 1868 год.).Во основа и се границите на бугарскиот егзархат и Сан-Стефанскиот мир.

5. Веднаш книгата е пратена на сите дипломати во Цариград. Според Новаковиќ, англискиот и австрискиот дипломат се сомневаат, во ова да не има руски прсти (мнението за егзархатот во руски води).

6. во македонските работи кај Бугарите нема партиски делби, прв весник кој посочува на книгата е полуофицијалниот софиски весник “La Bulgarie “, кој некои места во целина ги препечатува.

7. со поштата од 30 јануари 1888 год. Новаковиќ праќа примерок од книгата на претседателот на друштвото “Св.Сава” и г. Св.Николаевиќ, а друг на географот г. Вл.Кариќ, да обратат внимание.Тој бара слична “објективна” книга но за српските етнографски права врз Македонија, да се изработи на француски.

8. За подготвувачот на книгата Новаковиќ бара да му се дадат материјали: од јазикот, од историјата, од етнографијата, од традицијата, од географската позиција на предели кон “српските земји.”

9. англискиот пратеник г. White предлага “патем”, Бугарите и Србите да се договорат за Македонија, (да нема борба !). Предлагал: од српска и од бугарска страна да се поддржува status quo, т.е турска управа, додека не дојде време за друго. White сакал да знае до каде се српските претензии над Македонија.

10. White прашал и дали Србите би трпеле бугарски епископ во Скопје. Новаковиќ отфрла за било каде во Македонија (биле согласни со Грците и патријархот) нагласувајќи дека имале и други начини, да работат против тоа. Претпоставува, дека Бугарите нешто прашувале за тоа.

Ова се докажува со што се служеле и двете страни (но и Грците како трета) за приграбувањето на Македонија.

__________________________________________________________


Ама чекајте малку, па нели Новаковиќ го измислил Македонизмот, е како тоа сега овој четников го кажува и предлогот на овој Белиот, да се подели Македонија меѓу Србија и Бугарија




П.С.

Дудуловски, тоа не го рекол комунистичкиот мудрец, тоа го рекол Цезар во една битка со Катаргинците..(мислам дека беа Катаргинците)

Изменето од Vladimir88 - 30.Април.2008 во 23:17
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2008 во 00:50
Да де, не гледам ништо спорно тука. Предлага поделба на Македонија, која се` уште е под турско. И сака дел за себе. Исто како што на почетокот на 90-тите Туѓман и Милошевиќ заговараа поделба на Босна.

Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2008 во 01:08
Originally posted by dudulovski dudulovski напиша:

Да де, не гледам ништо спорно тука. Предлага поделба на Македонија, која се` уште е под турско. И сака дел за себе. Исто како што на почетокот на 90-тите Туѓман и Милошевиќ заговараа поделба на Босна.




Да, ама да ја делат со Бугарите!?
Па нели Бугарите биле ослободители??

Инаку еве уште едно писмо
Да прочиташ, ова е ептен интересно писмо
Мене ме насмеа содржината:

Цитирај
Јован Ристиќ

Почнувајќи го писмото со состојбите во Врање каде делувала –“Бугарска Партија”, а и црквата била под бугарско влијание, продолжува конкретно за Скопје и Македонија. Во Скопје за оваа Бугарска партија и пропаганда, Шијаковиќ вели:

“Во Скопје се сретнав со луѓе од бугарската партија. Ги прашувам за народност: Што се? Тие ми велат “дека се Бугари“.
Им велам: Од кога Бугари во Скопје? Зар Вие чисти Срби не се срамете да се нарекувате Бугари? Дали се Бугарите трговски народ, па да ви е мило да се нарекувате Бугари? Или се јунаци па како Срби сами се ослободуваат. Бугарите се Шопје ...
Зар не ви сведочат околните српски манастири , дека српските кралеви и цареви ги ѕидале? Зар не се сеќавате дека во Скопје под Душан е одржан српски собор? И од каде Бугари во Скоје?
Тие тогаш ми рекоа:

“ДA БРАТЕ, И НИЕ БИ МОРАЛЕ ДА БИДЕМЕ СРБИ КАКО ВРАЊАНЦИТЕ, АКО И НАС СРБИТЕ НЕ ОСЛОБОДЕА. Но Србите нас не заборавија. Тие нити не ослободија нити од тоа време нешто ни пишуваат да не охрабрат, А БУГАРСКИОТ ВЛАДИКА ОД ЌУСТЕНДИЛ-БАЊА СЕКОЈ ДЕН НИ ПИШУВА И НЕ ХРАБРИ ДА ЗА СПАСЕНИЕ ОД БУГАРИТЕ ДА СЕ НАДЕВАМЕ. ЗОШТО ТОГАШ ДА НЕ БИДЕМЕ БУГАРИ?

По ова Шијаковиќ продолжува за состојбата по македонските градови:

“Во Скоје разбирам: дека по 10-12 од најбогатите граѓани од Велез, Прилеп, Битола и Охрид отишле во Бугарија и таму се поставени за Началници, ќумрукџии и др. повисоки должности. Тие сега агитираат и го доброволат тамошниот народ на бугарската страна. Во Велез некаков Турчин (милионер) Ќазим бег пред три месеца станал руски подајник. Тој сега највеќе ги штити и брани бугарите и бугарската партија од Турците. Тој скоро преведе преку границата бугарска за Софија еден учител и 52 ученика. Во Софија тие ученици, кои се сиромашни, добиваат издршки од востановениот фонд од 10, 000. 000(?).Од тој фонд се троши на луѓе, кои мислат да пропагираат низ заостанатите делови во Турската царевина...“

Интересно е што бугарската пропаганда е и во Српската длабина, што само докажува дека се работи за пропагандни и експанзионистички трки а најмалку за бугарска народност. Што инаку би барала бугарската пропаганда во една Приштина, Пеќ, Ѓаковица, Гњилане или др. места од Косово кои никогаш не биле дел од Бугарска држава или нација?!.

Иако во овие градови таа е послаба но дека е присутна потврдува и понатамошното пишување на А.Шијаковиќ за кој вели:

“Што се однесува на Бугарите и бугарската пропаганда, за нив Призрен, Приштина, Пеќ, Ѓаковица и Гњилане за секогаш е затворено и од нив за тие краеви не треба да се плашеме...“.

Завршува со – Во Белград 21 август 1879 г. понизен Арсеније Шијаковиќ ученик од 3 одд. На Учителското училиште (Извор – Оригинал Архив ИС, Збирка на Јован Ристиќ 12/585 ( XII/5).


Изменето од Vladimir88 - 01.Мај.2008 во 01:14
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2008 во 01:32
Никој не одрекува дека Бугарија праќала свои луѓе. Особено поради се` понагласениот српски притисок и пропаганда. Работата е во тоа што и покрај се, некако многу слабо се приклониле кон Србија.
Воочлива е една друга работа. И самиот кажа дека во Македонија во склоп на стара Југославија (и СХС) бил сконцентриран најголемиот дел од жандармеријата. Тоа не е мала работа. Морало да има причина.
Од друга страна, не сум чул дека Бугарија сконцентрирала некакви сили во Пиринска Македонија, ниту дека имало некој бунт, обид за востание на Македонците против бугарската држава. А самиот факт за огромната концентрација на кралската југословенска (СХС) жандармерија доволно кажува дека во Вардарска Македонија и тоа како не штимало нешто.
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2008 во 01:44
Originally posted by dudulovski dudulovski напиша:

Никој не одрекува дека Бугарија праќала свои луѓе. Особено поради се` понагласениот српски притисок и пропаганда. Работата е во тоа што и покрај се, некако многу слабо се приклониле кон Србија.
Воочлива е една друга работа. И самиот кажа дека во Македонија во склоп на стара Југославија (и СХС) бил сконцентриран најголемиот дел од жандармеријата. Тоа не е мала работа. Морало да има причина.
Од друга страна, не сум чул дека Бугарија сконцентрирала некакви сили во Пиринска Македонија, ниту дека имало некој бунт, обид за востание на Македонците против бугарската држава. А самиот факт за огромната концентрација на кралската југословенска (СХС) жандармерија доволно кажува дека во Вардарска Македонија и тоа како не штимало нешто.


Да, тоа е точно факт е дека Бугарската Егзархија била најјака овдека на овие простори....
За Кралство Југославија не одрекувам, тоа е точно, нажалост дедо ми беше еден од тие војници кој беше присилно регрутиран во таа Кралска Војска, а најмладиот дедо учел српско школо тие времиња и ми има кажувано тие периоди како си поминувале Македонците..
Само немој да мислиш дека Бугарија ги праќала тие луѓе ради добрососедство и ради помош...
Ги праќала за да го асимилира населението, исто како што србите и грците праќале..
Ама мора да се напомене дека Бугарите имаа многу голема поддршка и од Русите.....
За тоа говорат писмата на овие агентиве српски, а и говорат странски извештаи за тоа...
И другар ако не се сеќаваш револуционерите се бореа и за таа Македонија сосе Пиринска
Како второ незнам, јас би ти кажал дека си грешка, имало бунтови и против бугарите..
Имало и протести против нив, тоа се гледа и по извештаите на Њу Јорк Тајмс..

Не дека треба за голем извор да се сметаат весниците,зошто доста весници исто така пишуваат дека биле и бугари, некои пишуваат дека биле македонци ама пак говорат за бунт и за протести.....

Мене само едно нешто почна да ме копка вчера што открив едно писмо на Мисирков што го има испратено до редакцијата на Димитрија Чуповски(Македонски Глас) 1 година после пишувањето на неговиот дневник, 1914 година го испратил тоа писмо
И пишува некои ептен изненадувачки работи во врска со Сарафов...ама сепак уште не завземам ставови за тоа, морам да признаам дека Сарафов е многу контраверзна личност.....
Зборува дека Сарафов на почетокот бил Бугар и дека бил предавник, но после тоа се одлучил за Македонската Кауза..
И дека бил тежок Македонист до неговата смрт..
Дури ја пишува неговата смрт како извршена од предавници..
Тоа ме изненади ептен само треба да се испитува тоа.


Инаку еве ги и органите на Српската Пропаганда во МК.
Мисирков зборува исто така и за друштвото Св.Сава
Тоа друштво е и тука спомнато...



Цитирај Со цел за освојување што повеќе позиции и симпатии за српската пропаганда во Македонија а користејќи го моментот на погром по востанието и немоќ на македонските револуционерни сили, Србите одат понатаму.

Така во “помагателската” фаза за залекување на лузните од востанието, тие формираат нови облици на “братска помош”.

“КОЛО СРПСКИХ СЕСТАРА” - се формира речиси веднаш со Извршните одбори, т.е во август 1903 год., во Белград, за лекување на немоќни, болни осакатени и други ранети но и гладни бегалци од Македонија.

Набргу ова “Коло”, ќе развие свои “Кола” по цела Србија во внатрешноста и особено кон границата накај Македонија. Овие “Кола” иако се организираат по принципот на “Извршни одбор”, сепак се во навидум похумана, а со тоа поненаметлива и посуптилна форма на српската пропаганда.

“СРПСКА БРАЌА”, “СВЕТИ САВА”, “БЕОГРАДСКА ЗАДРУГА” (акционерско друштво) и “ТАЈНИ ФОНД СРПСКЕ ВЛАДЕ” - се продолжителни нови форми на делувањето од српската пропаганда кон Македонија и меѓу Македонците. И овие организации и друштва “само помагаат” со облеки, храна, лекување, сместување, по некое вработување, финансиски поддршки и сл. такви форми.

Српската влада заради заострените односи со Австро - Унгарија, тензичните и несредени внатрешни односи кои ќе кулминираат со атентат врз кралот Александар Обреновиќ во истата 1903 год., четништвото во Македонија официјално сеуште не го одобрува.

Така и ако се јавуваат одредени такви форми тоа е повеќе под влијание на силни внатрешни екстремни елементи, што не значи дека Српската влада не е запозната, само одговара дека не стои зад истите. Но тоа е барем тогаш, подоцна е нешто друго.

Затоа во тоа време српската влада ќе настојува на договор со Бугарија за интересни сфери и подоцнежна поделба на Македонија.








Димитрија Мирчев, Македонец родум од Прилеп ученик во VI одделение на српската гимназија му пишува писмо на претседателот од српското друштво „Св. Сава“ со известувања за напредокот на српската пропаганда во Македонија но и барање за парична помош. (декември 1888 година)

Изменето од Vladimir88 - 01.Мај.2008 во 01:48
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.