|
Петки и вистинско знаење |
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Автор | |
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
na kraj pak doagame na istoto...deka se potrebni reformi vo nastavnata programa : brojot na casovite, izborot na predmetite,izborot na udzbenicite itn....a potoa treba da dojde i znaenjeto, zosto sega so ovoj kapacitet na nastavnicite, uddzbenicite i brojot na predmeti od znaenjeto nisto ne ostanuva...
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Паланчански
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Локација: Dubrovnik Статус: Офлајн Поени: 1655 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кај нас родителите ги добиваат петките. Едни со молба, други со пари, трети со закана... Како може од 25 ученика да има 15 петки? Толку многу ли учат нашите деца??? |
|
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бев единствениот во прво оделение кој доби единица по македонски, може да се замисли како тоа влијаело на мало дете додека цело оделение му се смее. Тоа предизвика да бидам најслаб ученик како начин за отпор кон образовниот систем. Изгледав како малоумен, но бев само револтиран уште од мали нозе. Многу подоцна сватив дека остнатите не се психопати.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...zatoa sega do III odd. ucenicite se ocenuvaat opisno... nema edinici..nema frustracii kaj decata... |
|
superboy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Добар човек Регистриран: 08.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 103 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да ми се случило да имам многу повеќе знаење од друг а да добијам помала оценка.Што да правам,си ќутев!Добар е законот кој го воведоа:
Се прави тест на крајот од уч. година и ако ученикот на тестот добил за 3 (или повеќе) помала оцена наставниците ќе бидат казнети.Сепак сите знаеме колку наставниците им е важна платата па дури мислам дека ќе се случи нешто неријатно.Тие упорно ќе ги намалуваат оцените плашејки се дека децата ќе добијат слаба оцена на тестот и ставаат дури премали оцени.Се прашувам што ќе се случи ако тие учителите ставиле за 3 помала оцена од добиениот тест?Ако и за тоа следува казна,јас би рекол дека законот е сосема во ред... Изменето од superboy - 28.Ноември.2008 во 12:52 |
|
Работата го краси човекот а мрзата го гнаси.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...sega e aktulno ...sistem 3... zlatna sredina... promashuvanjeto e za 1 ocenka... nikoj nejke edinica... a sekoj ne znae za 5....sekogash ima samozashtita vo neparen broj oceni... |
|
Паланчански
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Локација: Dubrovnik Статус: Офлајн Поени: 1655 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Време е да се воведе ред во оценувањето. Но кој ќе биде казнет кога оценката е поправена од советот?
|
|
Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sovetot ne moze da popravi ocena bez soglasnost na predmetniot nastavnik. Kaj nas i vo ovoj domen se krshi zakonot.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бурни реакции цела година, сите бараат реално оценување, амаза тугите деца, за своите сепак не е сеедно каква оцена ке добијат. Кој да ги заштити наставниците од притисоци за пишување поголеми оцени. И како што било од порано така и сега, место да се загрижат цела гдина и да им помогнат на своите деца во учењето,пак наставниците се криви за слабите оценки. Нели с еистите наставници и за оние кои успеваат да добијат 3, 4 и 5?
Родителите притискаат за оценки |
|
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Наставниците сами треба да се заштитат од притисоци со тоа што преку цела година реално ќе ги оценуваат учениците и на секој ученик ќе му ја стават таа оцена која во моментот ја заслужил.Ова подразбира дека секој ученик без разлика ако му се другите оценки 3 и 4 треба кога знае за петка, да добие петка и обратно , одличниот кога не знае ништо да добие единица а не да биде поштеден. Ваквото однесување на наставниците нормално дека предизвикува револт кај учениците и отпор кон учењето .Ученикот кој научил а не добил петка за неговиот одговор не може да биде мотивиран и другпат да се потруди и повторно да научи за петка.
|
|
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И потполно се согласувам со ова:
Кај нас родителите ги добиваат петките. Едни со молба, други со пари, трети со закана... Како може од 25 ученика да има 15 петки? Толку многу ли учат нашите деца??? Некои родители постојано добиваат петки, на пример,упорно им пишуваат состави на децата кои потоа ги учат на памет и добиваат петки, а ученик кој постојано се труди и потполно сам пишува прекрасни состави (кои сосема одговараат на неговата возраст), редовно добива 4ка или дури и 3ка. |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да не се борат родителите за високи оценки кога најважен услов за запишување во средно и на факултет е успехот од претходното образование.
На пр.: Во медицинско примале само со сите петки. Дете кое само се бори и има 1 или 2 четворки што немало кој да му ги поправи не може да се запише. Па ми се наметнува прашањето: Што деца ќе беа ова, за се да ги бива: ем за цртање, ем за пеење, ем за физичко; цело медицинско: невидени таленти.......... |
|
G1RL
Сениор Регистриран: 09.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 103 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според мене навистина има деца на кои петките им се и повеке од заслужени НО има и деца кои се обидуваат да научат напамет нешто што не го разбираат само заради таа 5ка. Има и такви кои учат но неможат да научат за 5ка колку и да се обидуваат бидејки едноставно не им оди предметот. Мене не ме нервира тоа што ако некој е меѓу 4 и 5 и му пишат 5 поради успех туку ме нервира тоа што некој не знае како изгледа книгата а има 5. Јас сум имала и заслужени 5ки но и незаслужени пр. кога сум имала голема среќа со прашањата или кога сум препишала. Точно е тоа дека некои професори незнаат да оценуваат. Таму најчесто послабите имаат високи оценки добиени со препишување и сл. Но најмногу од се ме нервира кај професорите тоа што некој за 2ка го прашува 3 пати т.е му дава 3 шанси а на оној кој треба да одговара за повисока оценка 4 или 5 најчесто ниту една шанса.
|
|
TODAY COULD BE YOUR BEST, WORST OR LAST DAY IN YOUR LIFE...
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро вакви работи ги имало од секогаш и јас кога учев во комунистичко беше лом и папзјанија,што ќе рече системот си е ист,односно му дава на наставникот-професорот да се изживува врз ученикот,а ете сега дојде и демоктатија и за ученикот ,па тој му враќа како знае и умее и сите се вртиме во круг.
Инаку странците ќе ни кажуваат секогаш не само за образованието туку и за секоја сфера на општественото живеење чим си го дадовме газот под кирија за еден грст грошеви. Не е никој виновен виновна е свеста ,а гледам свеста се развивала прво со казнување,а потоа со убаво ,барем кај нас така функционира??? |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Внеси реплика | страница <1 2345> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |