|
Изработка на проекти |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 10.Април.2008 во 13:25 |
Бидејќи на форумов има и доста луѓе од образовниот кадар, би сакала да слушнам нешто околу изработката на е.н. проекти.
Имено, на основците (за понатака незнам) по одредени предмети им се задава и задача за изработка на т.н. проект. Зошто таканаречен? Имено, ми се допаѓа идејата кај детето да се побуди креативноста и желбата за нови сознанија, да почне самото да трага по нови информации, да се мотивира да оди напред итн. Но овие проекти кои им ги задаваат наставнициве на учениците, се се-само не креативни. Се се сведува на купување хамер, препишување на материјал како и дополнителни информации од темата (земени од интернет, енциклопедии и сл), лепење сликички и потоа украсување, да не речам џиџање на хамерот. Потоа наставникот го одбира најдобриот, кој по дефолт е најукрасениот, најшарениот. А сета таа ангажираност околу истиот освен губење време-не гледам дека нешто придонесува за интерактивноста на наставата, ниту пак за дополнителни информации. Што мислите за ова? Изменето од maria_magdalena - 10.Април.2008 во 13:25 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па мариа магдалена задолжувањето на учениците да изработуваат проекти од страна на наставниците јас лично го оправдувам и сметам дека тоа е добро.Зошто? Па нели учениците се стекнуваат со знаење преку читањето,и ако се прашаат за нешто тие ќе одговорат како што е пишано во книгата.Но нели преку училиштето секое дете се изградува како личност која што понатаму ќе има свои ставови и мислења.Тоа мислам на основци каде што најпрвин се стекнува со лична култура па потоа се со ред.А поентата со проектите е токму тоа.Но ретко кој се обидува сам да изработи проект и како што нагласи препишишуваат од разни озвори.Кога бев јас основец често имавме за задача да изработуваме проекти.Се сеќавам тоа беше по историја.Се обидов да бидам креативен врз база на се што сум научил до тогаш а проектот да биде како јас го сфаќам сето тоа.И бидна го направил проектот после не толку макотрпна работа но барем го загреав столчето.Кога го презентирав проектот наставникот ме пофали но секако ми даде и забелешки на кои јас не обрнав внимание него бев горд што од цел клас јас имав свој проект и беше меѓу најдобрите за разлика од другите кои препишуваа и им беа да не речам филозофски напишани јас бев над нив.
Она што сакам да кажам е дека само наставниците во основно обрнуваат внимание на учениците и тие најмногу се залагаат да учениците навистина сфатат она што учат.Доколку не е добро изработен проектот наставникот ќе им даде мотивација и ќе ги инспирира за следниот пат да тоа го направат најдобро што можат и секако тоа да вроди со плод.Тоа е основната цел на наставниците. А доколку во средно а да не зборам на факултет(пошто таму се знае ако не изработеш како што треба паѓаш) изработеш лош проект ќе бидеш оценет со 1 (единица) без образложување и без никаква дадена насока и појдовна мисла за следниот пат. Пак ќе кажам дека изработувањето на проекти во основно е позитивно во секоја смисла. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
nikita
Сениор Регистриран: 29.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 1610 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne znam,jas vo osnovno ne sum pravela nikakvi proekti,za razlika od sega,vo sredno imame od 2-3 proekti i tie gi pravime na cd,ne na hameri i nesto sl.i gi predavame na prof.prezentaciite ne se potrebni,osven ako ne se raboti za proekt vo ramkite na celoto skolo ili kako sto imase sega proekt na grad skopje i prezentacija na istiot pred site profesori!!!
|
|
She sells seashells by the seashore...
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Блек Девилс, се сложувам со тебе дека изготвувањето на проекти е добра работа, со тоа би требало да се побуди
креативноста и желбата за нови сознанија, да почне самото да трага по
нови информации, да се мотивира да оди напред, како што реков погоре.
Но мене ми е само криво што опд целата таа работа, целиот труд, нема ништо. Се избира најџиџаниот, останатите одат во ѓубре, а децата чиј проект не бил “најдобар“ се разочаруваат. Можеби наставниците не би требало да наметнат натпреварувачки дух тука, но да им дадат подеднаква важност на сите трудови, па и малку да дискутираат за тоа што учениците го напишале. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.. prvo i osnovno... se shto e individualno...i site deca rabotat na eden ist problem... zgora na toa na hamer.... sraboteno doma samo kolku da se rece... bez da se prezentira... ne e proekt...
... obicno... pozelno e odredena tema... odreden aktuelen problem... da se podeli na delovi od edna celina... decata da se podelat vo grupi...spored interes...afinitet... moznost... i se zadolzuvaat da iznajdat materijali za nametnatiot problem koj ke go istrazuvaat... potoa vo grupi na cas zaednicki rabotat...pa na kraj od grupata se odbira eden koj prezentira....neophodna e sorabotka megu grupite...za da moze sekoja grupa so svojot del da se naduvrzuva na prethodnata... i normalno na kraj da se donesat idejni zaklucoci... da se rezimira shto se nauci...shto da se prezeme ponatamu...koj da prezeme... ova e opshiren problem... koj ako pravilno ne se svati...se vulgarizira i moze mnogudemotiviracki da vlijae na decata... |
|
Monuska
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2128 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во основно не правевме многу проекти, и не се сеќавам баш како сето тоа се изведувало, но затоа знам дека сестра ми кога и да треба да прави некој проект постојано е нервозна и вели дека тоа само и одзема време. За повеќето проекти морам да признаам дека е во право, затоа што најпрво децата (беа поделени во групи) не знаеја за што всушност им користи проектот, што значи дека професорот не им ја објаснил суштината и целта туку тоа го прави колку ете да рече дека учат на интерактивен начин. Сепак имаше дел од проектите кои беа навистина добро смислени, децата знаеја што точно прават и како тоа им помага при учење на материјалот, и не сметаа дека тоа е губење време. Што значи дека се зависи од професорот, како ќе го осмисли сето тоа, дали ќе им помогне при барањето материјали, информации, дали ќе им помогне да развијат тимски дух итн. Само во ваквите случаеви проектите се во полза на учениците па и на професорот затоа што успешен проект значи добро научен материјал. Само на ваков начин всушност проектите се и корисни.
|
|
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
|
|
ShmIzLi4kA
Сениор Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 123 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aj ako ima nkoj gotov biznis plan za nekoe pretprijatie mi treba kako primer neka mi pise
|
|
Wonderful_Life
Сениор Амбициозна Бебушка Регистриран: 30.Декември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7264 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja opravduvam izrabotkata na proektite.Zasto?Na toj nacin se simuliraat ucenicite da se aktiviraat,da naucat nesto poveke,mislam toa e za nivno dobro neli?
A i plus toa si dobivaat bonus poencinja koi sto ke im posluzat za povisoka ocenka |
|
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
го оправдувам изработувањето на проекти САМО ако тие проекти се изработуваат во групи од по неколку деца но ИСКЛУЧИВО на час кој ќе е одреден за тоа
мојата родителска пракса не го оправдува сегашниот начин на изработка на проекти дај му на децата проект само да ти се тргнат од глава значи нечинот на работа по мене не е во ред воглавно проектите ги изработува некој родител подома зашто на мали дечиња им се задаваат проекти без предходно да им биде објаснето што се бара од нив и како тоа треба да го стаботат најиритирачко е тоа што (барем моето искуство тоа го покажало)РЕДОВНО е одбиран оној проект кој очигледно е од авион дека го изработил возрасен.Не се вреднува трудот на оние дечиња кои се помачиле и тоа го изработиле сами па макар да тоа и не изгледа кој знае како убаво после еден изработен проект ќерка ми си дојде изреволтирана од школо (во 3то одд)и ми рече-Е од сега ќе ми ги правиш ти проектите,зошто од нашата група никогаш не го избира проектот На Виктор секогаш му црта и му пишува мајка му и само неговите проекти ги реди учителката на ѕид чуму тогаш трудот кој го вложиле децата ? каде е тука едукативноста и креативноста? |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
ankii
Група Регистриран: 25.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 30 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
бидејќи сум ученичка во основно училиште...во шесто одделение имавме изборен предмет Основи на природните науки...на тие два часа секогаш правевме хамери на разни теми...вулкани,земјотреси,сонцето,виножито.... секогаш наставничката по ОПН(инаку наставничка по физика во истото училиште) имаше за задача да го избере најубавиот хамер а во најубавиот спаѓа: убаво подредени слики,текстови,добра презентација,труд,елеганција...но затоа секогаш беа одбирани оние со премногу слики и текстови(натрупано),најисполнетиот хамер(нема празно место) и оној што секогаш имал добра презентација(за ова ОК). Бевме поделени во 5 групи и скоро секогаш четвртата група „победуваше“ и секогаш нивните хамери беа закачувани. И ден денес останатите хамери стојат во едно ќоше!
Изменето од ankii - 25.Март.2009 во 17:29 |
|
Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
|
|
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kompletno se slozuvam so tekstot na marija magdalena..znaci ubavo e toa sto se davaat takvite proekti so cel da se pottiknat ucenicite da istrazuvaat,i da osoznavaat uz toa novi nesta..no kako sto kaza marija m.postoi toj natprevaruvacki duh megju ucenicite..sekoj gleda proektot sto poubavo da izgleda,odkolku da ima dobra sodrzina,konciznost itn..i na krajot sto??sekogas nema vreme site proekti da se isprezentiraat,ke se odbere toj naubaviot,najsareniot,a ostanatite odat vo gjubre..bar ova go kazuvam od moeto iskustvo dosega vo skoluvanjeto..mora da se uvazuvaat site proekti,t.e na sekoj da mu se obrne vnimanie pa za da moze n atoj nacin da im se ukaze na decata kade zgresile,kako da go podobrat svojot nacin na istrazuvanje i sl.. |
|
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Малку дополнување
Проектот не е само лепење хамери и нивно истакнување на ѕид Проектот не е препишување на податоците кои ги има во учебникот Проектот по правило не треба да се изработува дома- па да се вклучат сите мајки, татковци, баби и дедовци, туку во училиште и не за еден час Жалосно е што многумина место да ги мотивираат децата да ги прошират своите знаења, да ја покажат својата креативност, инвентивност го прават спротивното, ги демотивираат бидејки знаат кој хамер ќе биде избран и истакнат. |
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
е затоа во средно конечно прават нешто паметно ( барем кај нас ) - ни хамер, ни сликичка ни нешто нацртанко... направи проект од 15тина страни,.... и презентирај го со свои зборови,..... па тука се гледа кој колку го бива....
само лошо е што се копираат по цели страни од википедија, ама и тоа лесно се приметува - така да ич да не се секирате.... правете го да има што да се прочита,... а не што да се види на хамерот |
|
ankii
Група Регистриран: 25.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 30 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |