|
Како се добива ХИВ-СИДА?! |
Внеси реплика | страница 123 5> |
Автор | ||||
Antiqua
Сениор Регистриран: 31.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 1790 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 30.Ноември.2007 во 13:48 |
|||
По повод 1ви Декември - светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА еве неколку информации за оваа опака болест, што ги најдов на нет Пораст на ХИВ во МакедонијаКреирано 11 Сеп 2007 - 22:23
Од почетокот на оваа година до сега во Македонија се дијагностицирани пет нови случаи на хив позитивни и заболени од сида. |
||||
Veni Vidi Vici
|
||||
Antiqua
Сениор Регистриран: 31.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 1790 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ИСПОВЕД НА ХИВ-ПОЗИТИВНИОТ СТОЈАН КОНЕВ ОД ПРИЛЕП
Сидата му ја зеде фамилијата, државата - станот Стојан Конев од Прилеп, единствениот ХИВ-позитивен во земјава, кој јавно проговори за сидата поради која го изгуби семејството, вели дека ќе остане и без станот во кој живее, ако не му плати 10.000 евра на ЈП за стопанисување станбен и деловен простор. - Ќе ме направат бездомник. Уште еден живот да имам, јас тие пари не можам да ги соберам за станот, кој е од солидарните, а и мене од платата ми одбиваа за нив. Ќе спијам по улици, бидејќи немам каде да одам. До денеска ништо не е сменето, иако поминаа 15 години откако дознав дека сум ХИВ-позитивен. Отфрлен сум од роднините и од сограѓаните. Леб и друго што ми треба купувам само од една продавница - раскажува Стојан, кој учествуваше на Првата регионална конференција за ХИВ/сида за земјите од Западен Балкан. ХИВ-вирусот кај него бил откриен во 1993 година, а до денес болеста не е развиена. Стојан вели дека се уште не може да ги прежали двете деца и сопругата. Тие починале од сида - сопругата во 1991 година, а децата во 1995 и 1996 година. Тој со години не оди на работа. Од јавната установа во која порано работел прима 5.000 денари месечно и живее осамен. - Никој ме нејќе откако здравствените работници од Прилеп први јавно кажаа дека јас сум ХИВ-позитивен. И самиот се повлеков. Ако сакаме да седнеме заедно во кафеана, нема ниту вас да ве примат поради мене. Опстанувам благодарение на помошта од невладиниот сектор. Само да можам барем со некој сосед да разговарам. Немам ниту телефон. Барав од телекомот да ме приклучат, доволни се само две жици, но ми рекоа "не може, има технички проблем". Телевизорот што пред две години го добив како подарок не можам да го пуштам. Не го разбирам упатството, кое е на англиски. Сега на конференцијата договорив со претставници од една организација да ми помогнат со телевизорот - раскажува Стојан. Тој не бил на лекар девет години, а не прима ниту антиретровирусна терапија. - Кога ќе почнам со терапија, мора дури сум жив да ги примам лековите. Одам кај матичниот лекар кога ми треба упат за Скопје, а лекови купувам од приватни аптеки. Не ме боли ниту глава, а не ме фаќаат други вируси, настинки. Се чувам од тоа. Ми пломбираа заб во Клиничкиот центар. Тие знаат за дијагнозата, си ставија заштитни средства, иако јас не морам да кажам од што сум болен. Но тие мора да се заштитат - предупредува Стојан. Тој не се кае што јавно проговорил за болеста. Смета дека нема доволно информации за ХИВ/сидата. - Трибините не се доволни. Треба постојано да се зборува за опасноста од сидата преку медиумите, во училиштата. Здравствените работници мора да се вклучат во информирањето на населението - вели Конев. Зимата е на прагот, а Стојан е без греење и годинава. - Не можам да се греам на струја, бидејќи за тоа ми требаат 3.000 денари месечно. Барем тогаш некој да ми се најде, за да можам да го поминам студот и за да не ме фатат други вируси. Барав помош од Електростопанство од Прилеп, но ми одговорија дека тие не се социјална установа - вели Конев. Националната координаторка за ХИВ/сида, д-р Весна Велиќ-Стефановска, изјави дека "заканата или плати или ќе ти го одземеме станот значи дека сега некој е подготвен и да живее во станот на Стојан, а до пред неколку години само со ливчиња комуницираа со него". - Значи дека нешто почнало да се менува во односот на луѓето спрема болеста. И на Стојан и на другите ХИВ-позитивни им се нуди антиретровирусна терапија, која ја обезбедува државата. Не смееме да си дозволиме, кога дојдовме до овој степен, да дојде во прашање снабдувањето со тие лекови - предупреди д-р Велиќ. На конференцијата беше речено дека сите девет лица што годинава се регистрирани како ХИВ-позитивни во Македонија вирусот го добиле од контакти во земјава. |
||||
Veni Vidi Vici
|
||||
Antiqua
Сениор Регистриран: 31.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 1790 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
СИДА или синдромот на стекнат имунолошки дефицит (на англиски AIDS од Acquired Immune Deficiency Syndrome) е глобална човечка епидемија. Кога ХИВ долго време се борел со имунолошкиот систем и тој се исцрпил, почнуваат да се јавуваат инфекции и други болести, со тешки последици за организмот и на крајот со смрт. Обично поминуваат повеќе години пред да настапи оваа фаза. Светската Здравствена Организација проценува дека меѓу 2,8 и 3,5 милиони луѓе умреле од СИДА во 2004. Околу 60% од населението со СИДА живее во суб-Сахарска Африка каде медицинските процедури вклучувајќи и трансфузија на крв претставуваат извори на многу случаи на СИДА. |
||||
Veni Vidi Vici
|
||||
Antiqua
Сениор Регистриран: 31.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 1790 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Veni Vidi Vici
|
||||
Antiqua
Сениор Регистриран: 31.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 1790 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Првиот случај на СИДА беше пријавен пред 25 години. Оттигаш, СИДА-та го смени светот. Усмрти 25 милиони луѓе, а дополнителни 40 милиони се заразени. Стана водечката причина за смртност и кај жените и кај мажите на возраст од 15 до 59 години. Направи огромен пресврт во историјата на човековиот развој. Со други зборови, стана најголем предизвик на нашата генерација. Предолго, светот не сакаше да се соочи, но во изминатите 10 години, ставовите се сменија. Светот почна да ја сфаќа борбата против СИДА-та сериозно, како што и треба да биде. |
||||
Veni Vidi Vici
|
||||
Antiqua
Сениор Регистриран: 31.Март.2006 Статус: Офлајн Поени: 1790 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
СИДА Терминатор
Генетски модификувана верзија на СИДА која успешно го уништува вирусот на СИДА и го обновува имунитетниот систем на пациентите е најновиот метод за кој научниците се надеваат дека ќе доведе до конечна победа над "чумата." Докторите од Универзитетот Пенсилванија успеаа да создадат мутиран вирус кој се покажал неочекувано успешен во тестовите спроведени над 5 пациенти. Кај сите учесници ХИВ вирусот веќе бил во понапреден стадиум, кога на пациентите не им помагале стандардните третмани и лекови а нивниот имунитетен систем бил пред целосен колапс. "Третманот делуваше како вакцина над имунитетниот систем и пациентите. На крајот од тестирањето пациентите покажаа многу подобри резултати во споредба со почетокот на третманот," објаснуваат докторите. Во светот живеат над 38 милиони лица со вирусот на Сида а од 1981-ра болеста има убиено над 25 милиони луѓе. Заразените од СИДА имаат на располагање коктел од лекови кој помага да се контролира болеста но не и да се излечи. Овие лекови имаат тешки нус појави кај пациентите. Често пати се случува вирусот да создаде отпорност кон лекот, поради што пациентите мораат да започнат со земање на нова терапија. |
||||
Veni Vidi Vici
|
||||
f_frosina
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 227 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Denes e Svetskiot den za borba protiv sidata, mislam deka treba malku da se pozboruva i za toa, A VIE??????????
|
||||
f_frosina
|
||||
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
tocno toa ... sto da kazeme za sidata ... nekoj ja sozdal ... se prenesuva na malku cuden nacin ... ama krajot e strasen ... go gledav denes toj od prilep ... vo vesnik ... koj si gi pogreba zenata i dvete deca ... strasna rabota ... i plus toj gi zarazil ... sigurno onoj sto go sozdal toa cudo ... ima i lek ... da se nadevame deka lek ke ima ... |
||||
PARADISE MACEDONIA
|
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ротери клубот вечер во 23 часот во VIP делот на дискотеката Хард Рок организира Анти-Сида забава. Влезницата е 500 ден во што влегува и неограничено пиење и кондоми. Не одете таму!
|
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
brigitte
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 133 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
so da se kaze za sidata??? opasna bolest vnimavajte so kogo se sexate koristete kondomi ne stedete na niv.....safe sex!!!!
|
||||
f_frosina
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 227 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Da. Za zal najcesto stradaat onie koi najmalku se vinovni. Ne znam koj e toj od PP, mozebi uste ne se znaelo mnogu za sidata koga toj se zarazil, ama denesnavistina mora da se vnimava so kogo se stapuva vo intimni odnosi i sekoj treba da znae kako da se zastiti. Osobeno mladite. Ubavo e sto vo ucilistata se poveke strucno se zboruva za toa |
||||
f_frosina
|
||||
sensei
Сениор Регистриран: 31.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 2005 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Da, treba da se pozboruva. Sto da se kaze, osven tesko im na dobitnicite na lotarijata narecena sida.
|
||||
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
|
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Интересно е ова sensei што го спомна со лотаријава. Кај сидата не е баш така. Сидата не се добива баш така случајно, како во игрите на среќа. Сите ние сме возрасни и знаеме како се добива сида. Ако човек си пие само од својот бунар, тешко дека ќе добие на таа "лотарија"
Бај д веј, најголема група од заразените со сида се хомосексуалците, потоа следат проститутките, а по нив хетеросексуалците.
|
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
sidata najlesno se prenesuva preku daska na wc soljata
podotovo ako toj pred, uste ne stanal |
||||
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
||||
Внеси реплика | страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |