Испечати | Затвори го прозорот

Како се добива ХИВ-СИДА?!

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13026
Датум на принтање: 06.Јули.2020 во 18:32
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Како се добива ХИВ-СИДА?!
Постирано од: Antiqua
Наслов: Како се добива ХИВ-СИДА?!
Датум на внесување: 30.Ноември.2007 во 13:48

По повод 1ви Декември - светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА еве неколку информации за оваа опака болест, што ги најдов на нет

Пораст на ХИВ во Македонија

Креирано 11 Сеп 2007 - 22:23
Вирусот на СИДА

Од почетокот на оваа година до сега во Македонија се дијагностицирани пет нови случаи на хив позитивни и заболени од сида.

Вкупниот број на евидентирани лица е 101, а од нив 55 се починати.

Заболените со хив и сида не сакаат да говорат јавно, но сепак анонимно открија детали од нивните животни приказни.

Семејството на Стојан од Прилеп е првиот е единствен експониран случај на заболени од сида во Македонија.

Во 1993 година тој јавно проговори за сидата.

Неговата сопруга и двете деца починаа набргу, а тој е хив позитивен и живее во Прилеп, отфрлен од средината.

Најчесто во тајност

Другите заболени лица не сакаат да се експонираат во јавноста.

Доктор Александар Арников е програм менаџер на проект спонзориран од Глобалниот фонд за борба против сида:

„За жал се уште постои стигма и се уште на тие луѓе им е проблем да се јават и гласно да зборуваат за својата состојба. Имајќи ги предвид околностите во земјата ние и не инсистираме. Меѓутоа, работиме на тоа да ја доведеме средината до една фаза, во која ќе може без поголеми проблеми да ги прифати овие луѓе".

Доктор Весна Велиќ Стефановска од невладината организација МИА, контактира со заболените од хив и сида.

Преку неа, по електронски пат до нив ги пративме следните прашања:

Какво ризично однесување имале и кога дознале дека дека се хив позитивни или заболени од сида?

Како се чувствуваат сега и дали се прифатени од средината?

Добивме одговор од две лица.

Првото лице е од женски пол на воздраст од 31 година:

„Имав повеќе партнери, а понекогаш не користев кондом. Не се чувствував добро па отидов на лекар. Направив многу прегледи и тестирања и на крај лекарите утврдија дека имам сида. Секој ден се чувствувам различно. Знаат само родителите, друг никој не знае.“

Второто лице е момче на воздраст од 27 години:

„Со партнерката бев долго време и не користевме кондоми. Еден ден ми кажа дека направила тестирање и дека е болна од сида. Лекарите ми препорачаа и јас да направам тест. Не чувствував никакви здраствени проблеми, но тестот покажа дека сум хив позитивен. Никој не знае. Се преселив и живеам во друг град. Не знам како ќе биде кога состојбата ќе ми се влоши ".

Со терапија животот се продолжува

Доктор Весна Велиќ Стефановска вели дека со примање на антиретровирусна терапија, животот на носителите на хив вирус и на заболените од сида се продолжува :

„Од моментот кога ќе влезат во стадиум на сида, лицата во просек живеат две години. Меѓутоа, кога се хив позитивни, со антиретровирусната терапија можат да живеат и повеќе од 20 години ".

Анкетата во Скопје покажа дека граѓаните се едуцирани за сидата, и би им понудиле пријателство на заболените од хив и сида :

„Би се дружел, зошто да не. Сидата не се пренесува со дружење и со допир. Нема потреба да ги одбегнуваме ".

-------------
Veni Vidi Vici

Коментари:
Постирано од: Antiqua
Датум на внесување: 30.Ноември.2007 во 14:03
ИСПОВЕД НА ХИВ-ПОЗИТИВНИОТ СТОЈАН КОНЕВ ОД ПРИЛЕП
Сидата му ја зеде фамилијата, државата - станот

Стојан Конев од Прилеп, единствениот ХИВ-позитивен во земјава, кој јавно проговори за сидата поради која го изгуби семејството, вели дека ќе остане и без станот во кој живее, ако не му плати 10.000 евра на ЈП за стопанисување станбен и деловен простор.

- Ќе ме направат бездомник. Уште еден живот да имам, јас тие пари не можам да ги соберам за станот, кој е од солидарните, а и мене од платата ми одбиваа за нив. Ќе спијам по улици, бидејќи немам каде да одам. До денеска ништо не е сменето, иако поминаа 15 години откако дознав дека сум ХИВ-позитивен. Отфрлен сум од роднините и од сограѓаните. Леб и друго што ми треба купувам само од една продавница - раскажува Стојан, кој учествуваше на Првата регионална конференција за ХИВ/сида за земјите од Западен Балкан.

ХИВ-вирусот кај него бил откриен во 1993 година, а до денес болеста не е развиена. Стојан вели дека се уште не може да ги прежали двете деца и сопругата. Тие починале од сида - сопругата во 1991 година, а децата во 1995 и 1996 година.

Тој со години не оди на работа. Од јавната установа во која порано работел прима 5.000 денари месечно и живее осамен.

- Никој ме нејќе откако здравствените работници од Прилеп први јавно кажаа дека јас сум ХИВ-позитивен. И самиот се повлеков. Ако сакаме да седнеме заедно во кафеана, нема ниту вас да ве примат поради мене. Опстанувам благодарение на помошта од невладиниот сектор. Само да можам барем со некој сосед да разговарам. Немам ниту телефон. Барав од телекомот да ме приклучат, доволни се само две жици, но ми рекоа "не може, има технички проблем". Телевизорот што пред две години го добив како подарок не можам да го пуштам. Не го разбирам упатството, кое е на англиски. Сега на конференцијата договорив со претставници од една организација да ми помогнат со телевизорот - раскажува Стојан.

Тој не бил на лекар девет години, а не прима ниту антиретровирусна терапија.

- Кога ќе почнам со терапија, мора дури сум жив да ги примам лековите. Одам кај матичниот лекар кога ми треба упат за Скопје, а лекови купувам од приватни аптеки. Не ме боли ниту глава, а не ме фаќаат други вируси, настинки. Се чувам од тоа. Ми пломбираа заб во Клиничкиот центар. Тие знаат за дијагнозата, си ставија заштитни средства, иако јас не морам да кажам од што сум болен. Но тие мора да се заштитат - предупредува Стојан.

Тој не се кае што јавно проговорил за болеста. Смета дека нема доволно информации за ХИВ/сидата.

- Трибините не се доволни. Треба постојано да се зборува за опасноста од сидата преку медиумите, во училиштата. Здравствените работници мора да се вклучат во информирањето на населението - вели Конев.

Зимата е на прагот, а Стојан е без греење и годинава.

- Не можам да се греам на струја, бидејќи за тоа ми требаат 3.000 денари месечно. Барем тогаш некој да ми се најде, за да можам да го поминам студот и за да не ме фатат други вируси. Барав помош од Електростопанство од Прилеп, но ми одговорија дека тие не се социјална установа - вели Конев.

Националната координаторка за ХИВ/сида, д-р Весна Велиќ-Стефановска, изјави дека "заканата или плати или ќе ти го одземеме станот значи дека сега некој е подготвен и да живее во станот на Стојан, а до пред неколку години само со ливчиња комуницираа со него".

- Значи дека нешто почнало да се менува во односот на луѓето спрема болеста. И на Стојан и на другите ХИВ-позитивни им се нуди антиретровирусна терапија, која ја обезбедува државата. Не смееме да си дозволиме, кога дојдовме до овој степен, да дојде во прашање снабдувањето со тие лекови - предупреди д-р Велиќ.

На конференцијата беше речено дека сите девет лица што годинава се регистрирани како ХИВ-позитивни во Македонија вирусот го добиле од контакти во земјава.

-------------
Veni Vidi Vici

Постирано од: Antiqua
Датум на внесување: 30.Ноември.2007 во 14:04

СИДА или синдромот на стекнат имунолошки дефицит (на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA - англиски AIDS од Acquired Immune Deficiency Syndrome) е глобална http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A7%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BA - човечка http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%95%D0%BF%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%98%D0%B0&action=edit - епидемија .

Кога http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%98%D0%92 - ХИВ долго време се борел со http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%BC%D1%83%D0%BD%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8_%D1%81%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BC - имунолошкиот систем и тој се исцрпил, почнуваат да се јавуваат http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%98%D0%BD%D1%84%D0%B5%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0&action=edit - инфекции и други http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D1%81%D1%82 - болести , со тешки последици за http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC - организмот и на крајот со смрт. Обично поминуваат повеќе години пред да настапи оваа фаза.

http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%97%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B0_%D0%9E%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0&action=edit - Светската Здравствена Организација проценува дека меѓу 2,8 и 3,5 милиони луѓе умреле од СИДА во http://mk.wikipedia.org/wiki/2004 - 2004 . Околу 60% од населението со СИДА живее во суб-Сахарска http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D1%84%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0 - Африка каде медицинските процедури вклучувајќи и http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A2%D1%80%D0%B0%D0%BD%D1%81%D1%84%D1%83%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0&action=edit - трансфузија на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%80%D0%B2 - крв претставуваат извори на многу случаи на СИДА.

-------------
Veni Vidi Vici

Постирано од: Antiqua
Датум на внесување: 30.Ноември.2007 во 14:05
Кои се знаците за СИДА

Најчестите знаци кои укажуваат дека http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%98%D0%92 - ХИВ прогредирал во стадиум на СИДА вклучуваат:

  • Постојано чувство на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%97%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%80&action=edit - замор .
  • Ноќно http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9F%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%9A%D0%B5&action=edit - потење - како резултат на ноќните температури.
  • Послабо http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9F%D0%BE%D0%BC%D0%BD%D0%B5%D1%9A%D0%B5&action=edit - помнење .
  • Брза загуба на тежина.
  • Отечени лимфни јазли.
  • Рани во усната шуплина.

-------------
Veni Vidi Vici

Постирано од: Antiqua
Датум на внесување: 30.Ноември.2007 во 14:15

Првиот случај на СИДА беше пријавен пред 25 години. Оттигаш, СИДА-та го смени светот. Усмрти 25 милиони луѓе, а дополнителни 40 милиони се заразени. Стана водечката причина за смртност и кај жените и кај мажите на возраст од 15 до 59 години. Направи огромен пресврт во историјата на човековиот развој. Со други зборови, стана најголем предизвик на нашата генерација.

Предолго, светот не сакаше да се соочи, но во изминатите 10 години, ставовите се сменија. Светот почна да ја сфаќа борбата против СИДА-та сериозно, како што и треба да биде.

-------------
Veni Vidi Vici

Постирано од: Antiqua
Датум на внесување: 30.Ноември.2007 во 14:19
СИДА Терминатор
Генетски модификувана верзија на СИДА која успешно го уништува вирусот на СИДА и го обновува имунитетниот систем на пациентите е најновиот метод за кој научниците се надеваат дека ќе доведе до конечна победа над "чумата."

Докторите од Универзитетот Пенсилванија успеаа да создадат мутиран вирус кој се покажал неочекувано успешен во тестовите спроведени над 5 пациенти.

Кај сите учесници ХИВ вирусот веќе бил во понапреден стадиум, кога  на пациентите не им помагале стандардните третмани и лекови а нивниот имунитетен систем бил пред целосен колапс.

"Третманот делуваше како вакцина над имунитетниот систем и пациентите. На крајот од тестирањето пациентите покажаа многу подобри резултати во споредба со почетокот на третманот," објаснуваат докторите.

Во светот живеат над 38 милиони лица со вирусот на Сида а од 1981-ра болеста има убиено над 25 милиони луѓе.

Заразените од СИДА имаат на располагање коктел од лекови кој помага да се контролира болеста но не и да се излечи. Овие лекови имаат тешки нус појави кај пациентите. Често пати се случува вирусот да создаде отпорност кон лекот, поради што пациентите мораат да започнат со земање на нова терапија.

-------------
Veni Vidi Vici

Постирано од: f_frosina
Датум на внесување: 01.Декември.2007 во 15:38
Denes e Svetskiot den za borba protiv sidata, mislam deka treba malku da se pozboruva i za toa, A VIE??????????

-------------
f_frosina

Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 01.Декември.2007 во 16:58

tocno toa ...
sto da kazeme za sidata ...

nekoj ja sozdal ...
se prenesuva na malku cuden nacin ...
ama krajot e strasen ...

go gledav denes toj od prilep ...
vo vesnik ...
koj si gi pogreba zenata i dvete deca ...

strasna rabota ...

i plus toj gi zarazil ...

sigurno onoj sto go sozdal toa cudo ...
ima i lek ...

da se nadevame deka lek ke ima ...

-------------
                             PARADISE MACEDONIA

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 01.Декември.2007 во 17:11

Ротери клубот вечер во 23 часот во VIP делот на дискотеката Хард Рок организира Анти-Сида забава. Влезницата е 500 ден во што влегува и неограничено пиење и кондоми.

Не одете таму! среќа

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: brigitte
Датум на внесување: 01.Декември.2007 во 18:51
so da se kaze za sidata??? opasna bolest vnimavajte so kogo se sexate koristete kondomi ne stedete na niv.....safe sex!!!!

Постирано од: f_frosina
Датум на внесување: 01.Декември.2007 во 19:13
Originally posted by marco_antony marco_antony напиша:

tocno toa ...
sto da kazeme za sidata ...

nekoj ja sozdal ...
se prenesuva na malku cuden nacin ...
ama krajot e strasen ...

go gledav denes toj od prilep ...
vo vesnik ...
koj si gi pogreba zenata i dvete deca ...

strasna rabota ...

i plus toj gi zarazil ...

sigurno onoj sto go sozdal toa cudo ...
ima i lek ...

da se nadevame deka lek ke ima ...

Da. Za zal najcesto stradaat onie koi najmalku se vinovni. Ne znam koj e toj od PP, mozebi uste ne se znaelo mnogu za sidata koga toj se zarazil, ama denesnavistina mora da se vnimava so kogo se stapuva vo intimni odnosi i sekoj treba da znae kako da se zastiti. Osobeno mladite. Ubavo e sto vo ucilistata se poveke strucno se zboruva za toa

-------------
f_frosina

Постирано од: sensei
Датум на внесување: 02.Декември.2007 во 04:14
Da, treba da se pozboruva. Sto da se kaze, osven tesko im na dobitnicite na lotarijata narecena sida.

-------------
Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 02.Декември.2007 во 13:22
Интересно е ова sensei што го спомна со лотаријава. Кај сидата не е баш така. Сидата не се добива баш така случајно, како во игрите на среќа. Сите ние сме возрасни и знаеме како се добива сида. Ако човек си пие само од својот бунар, тешко дека ќе добие на таа "лотарија"
 
Бај д веј, најголема група од заразените со сида се хомосексуалците, потоа следат проститутките, а по нив хетеросексуалците.
 
-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: anakin
Датум на внесување: 02.Декември.2007 во 13:30
sidata  najlesno se prenesuva preku daska na wc soljata
podotovo ako toj pred, uste ne stanalголема%20насмевка

-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 02.Декември.2007 во 13:33
смеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењеанакин да не пукнеш море ме изнасмеасмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеењесмеење

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....

Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 02.Декември.2007 во 13:37
sidata e samo propaganda, posto ima bolesti koj se poopasni!

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL

Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 02.Декември.2007 во 13:40
па да лу во право си ....од оваа не се умира одма, а од некои се умира одмасмеење патем ко вицон со бабата...камо да фатам сида бар така уште 10 год. ке живеамсмеење

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....

Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 02.Декември.2007 во 13:44
eve na primer hepatitis c, a ljugeto ne znaat, a se furat na sida.......demek!

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL

Постирано од: Lady Blue
Датум на внесување: 02.Декември.2007 во 23:53
Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

eve na primer hepatitis c, a ljugeto ne znaat, a se furat na sida.......demek!
 
Taka e!!!!!!Apsolutno se slozuvam so tebe големо%20гушкање

-------------
I love life!!!

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Декември.2007 во 00:16
Hepatitits C најчесто се добива преку игла, и затоа таа "баба рога" оди најчесто во склоп на пропагандите против дрогата среќа

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 03.Декември.2007 во 08:54
bese primer, a dali clenkite od forumot redovno odat na ginekolog......ete rak na matka, dojka itn.....ja bi rekol procentot na takvite stradanja sproti sidata e mnogu povisok....

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Декември.2007 во 09:28
Користете два кондома и еден зимски чорап измеѓу нив и воопшто нема да ви се потребни информации за таа...опака болест голема%20насмевка

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: bibce
Датум на внесување: 03.Декември.2007 во 10:24
STRASNOOOOOOOOO STO DA SE PISUVA NA OVAA TEMA  NEMA STO DA SE PISUVA
 
PAZETE SE DECA  A  I  GOLEMIголемо%20гушкање

-------------

Постирано од: Antiqua
Датум на внесување: 03.Декември.2007 во 14:11
СЕКОГАШ КОРИСТИ КОНДОМ, БИДЕЈЌИ ТОА ЗА СЕГА Е ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН ДА СЕ ЗАШТИТИШ!
 
Има уште еден - АПСТИНЕНЦИЈА

-------------
Veni Vidi Vici

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 03.Декември.2007 во 16:39
Оти си мислите дека само сидата е проблемот? Има уште 10тина други Сексуално Преносливи Болести, кои се многу почести од сидата.

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: zagor
Датум на внесување: 03.Декември.2007 во 18:29
...ОВАА ГИ ОДБИРА...ВИСТИНСКИТЕ!УДИРА НАЈЧЕСТО КАЈ ШТО ТРЕБА...

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.

Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Декември.2007 во 00:23
Originally posted by zagor zagor напиша:

...ОВАА ГИ ОДБИРА...ВИСТИНСКИТЕ!УДИРА НАЈЧЕСТО КАЈ ШТО ТРЕБА...
Точно така. Тешко дека сидата ќе го удри оној кој си јаде под својата смоква среќа

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.

Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 05.Декември.2007 во 09:49
Кинез се излечил од СИДА
ПЕКИНГ (Ројтерс) - Еден земјоделец во Кина немал никакви знаци за присуство на ХИВ-вирусот иако шест години претходно имал позитивен ХИВ тест, објави кинеската новинска агенција "Хсинхуа". Вен Конгченг, од областа Чуанјинг во североисточен Ѓилин, прв

ПЕКИНГ (Ројтерс) - Еден земјоделец во Кина немал никакви знаци за присуство на ХИВ-вирусот иако шест години претходно имал позитивен ХИВ тест, објави кинеската новинска агенција "Хсинхуа". Вен Конгченг, од областа Чуанјинг во североисточен Ѓилин, првпат бил тестиран како ХИВ позитивен во 2001 година во Центарот за превенција и контрола на болеста во Чуанјинг кога се правела анализа на крвната плазма на крводарителите.
Кон крајот на 2003 година било потврдено дека има ХИВ/СИДА со друг тест што го спровеле здравствените организации за спречување и контрола на болести во областа Ѓилин.
"Откако во јули чул дека има негативен резултат, Вен пошол во Првата болница при Кинескиот медицински универзитет и во три други болници за да направи ХИВ тестови, и сите се покажале негативни".
Резултатите не можеле веднаш да бидат потврдени. Стручњаците во Чуанјинг не знаат како може Вен да има негативни тестови и велат дека потребно е да се направат повеќе анализи.
"Не верувам дека Вен се излечил од вирусот со некаков лек", рекол еден стручњак.
Ако негативниот тест биде потврден како точен, Вен ќе биде првиот човек во Кина кој се излечил од ХИВ-вирусот.
Кина станува се поотворена за СИДА-та во последните години, иако отпрво негираше дека болеста масовно се шири во државата. Сепак има области каде што СИДА-та уште е табу и каде што е попречна работата на граѓанските групи кои се борат за нејзиното спречување на ширењето.
Во 2003 година, Ендру Стимпсон, 25-годишен Британец, имаше негативен ХИВ тест иако 14 месеци претходно бил позитивен. Ова предизвика секакви шпекулации кај медиумите кон крајот на 2005 година кога се дозна за случајот.

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL

Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 05.Декември.2007 во 09:50

http://vest.com.mk/default.asp?id=144320&idg=7&idb=2238&rubrika=Kaleidoskop - http://vest.com.mk/default.asp?id=144320&idg=7&idb=2238&rubrika=Kaleidoskop

-------------
http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL

Постирано од: монте кристо
Датум на внесување: 05.Декември.2007 во 10:01
ete gotovooo ,gledate lugeto pocnaa sami da si se lecat голема%20насмевка , udrete na sex

-------------
во овие години што следат , ќе видиме дали европа и христијанството ќе се спасат . И ТИ !!! можеш да помогнеш . ОД НАС СИТЕ ЗАВИСИ .

Постирано од: diogenskopje
Датум на внесување: 05.Декември.2007 во 11:08
..e sega topla voda ke izmisluvam..Sto da kazam za AIDS-ot?...Se e kazano...a za Kinezot..veruvam..oni se freaky nacija...oni MOZAT SE!!!

-------------
When I die, I want to go peacefully like my grandfather did, in his sleep. Not yelling and screaming like the passengers in his car."

Постирано од: f_frosina
Датум на внесување: 06.Декември.2007 во 08:24
Originally posted by RebeL RebeL напиша:

Оти си мислите дека само сидата е проблемот? Има уште 10тина други Сексуално Преносливи Болести, кои се многу почести од сидата.

Ne mislam deka samo sidata e problemot, tuku deka taa sigurno ubiva, mnogu cesto onie koi se najmalku vinovni za toa , decata na nositelite na virusot тага

-------------
f_frosina

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 07.Декември.2007 во 02:09
СИДАта не убива. Сидата ја уништува одбранбената способност на организмот, и потоа и најмалку опасна бактерија или вирус може да биде смртоносна, зашто организмот нема како да се одбрани.

Скраја да е, на никој не му го посакувам тоазагриженост

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: RebeL
Датум на внесување: 07.Декември.2007 во 02:12
И ризикот од ХИВ вирусот е подеднаков и кај стрејт и кај би и кај геј луѓето. СИДА-та не е болест само на геј луѓето, не се надевајте на тоа!

-------------
-=Rules Are Made To Be Broken=-
ЗАЧУВАЈТЕ ЈА КИРИЛИЦАТА! ПИШУВАЈТЕ МАКЕДОНСКИ НА КИРИЛИЦА!

Постирано од: Bojan_pp
Датум на внесување: 01.Април.2008 во 17:00
При некористење на кондом се добива ХИВ-СИДА.Затоа користете кондом за полов однос!!!!!

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 23.Април.2008 во 20:34
е ова не го знаев

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: mamma
Датум на внесување: 23.Април.2008 во 23:33
Sindrom na steknata imunodeficiencija(franc.Sindrome d'Immuno Déficience Acquise - SIDA)angl. Acquired Immunodeficiency Syndrome - AIDS).
Osnovna osobina na ovaa bolest e teshko oshtetuvanje na imunoloshkiot sistem,t.e.nemoznost na sistemot da se brani od shtetno deluvanje na razlichni bolesti.Togash se namaluva brojot na leukociti vo krvta,namalen e brojot na limfociti vo limfnite chvorovi i slezinata,namalen e brojot na zrelite T limfociti,taka da se namaluva kolichinata na antitela.Poimot "imunodeficijencija"podrazbira namalena ili nedovolna sposobnost na imunoloshkiot sistem na bolniot.

VIROLOGIJA
Prichinata za HIV virusot e tnr.RETROVIRUS koj gi napadja specifichnite stanici na odbrambeniot organizam,stanicite od grupata leukociti,t.e.limfocitnite podgrupi koi kako rekov go namaluvaat imunoloshkiot sistem koj e biten za odbrana od bolesti.

NACHIN NA PRENESUVANJE
HIV najchesto se prenesuva so seksualen chin,so meshanje na nekoi od telesnite technosti na oboleniot so onie na zdraviot chovek(sperma,krv),se prenesuva od majka na dete(vo bremenosta),so koristenje na istaa igla so predhodno zarazen,transfuzija,a preku postelkata zarazena majka moze da go prenese na svoeto dete,isto i so doenje.

HIV ne se prenesuva vo sekojnevniot zivot so druzenje,gushkanje,bacuvanje,koristenje na isti pribor za jadenje.HIV virusot nemoze da go prenesat insekti(komarci)preku pot,zatoa shto vo takvite technosti HIV virusot go nema vo  dovolni kolichini za da dojde do zaraza.Ne se prenesuva nitu so sedenje vo ista prostorija kade se naodja bolniot.

KAKO DA SE ZASHTITIME
Iako vo primitivnite krugovi se tvrdi deka edinstvena zashtita e apstinencija od seksualen odnos,nauchnite istrazuvanja tvrdat deka edinstvena zashtita e prezervativot koj vo seksualnite odnosi ja namaluva verojatnosta na prenesuvanje.
Osobite koi zemaat droga po intravenozen pat,treba da  koristat iskluchivo svoj pribor ne delejki ja iglata so nikogo.
Postojat nekoi lekovi i metodi na lechenje od koi edna od najpoznatite e kombinacija na lekovi so proteini i nukleinski kiselini,koi ja smaluvaat kolichinata na  virusot vo krvta,no veke edna propushtena doza moze da dovede do imunost na virusot na lekot.No i taa metoda ima negativni efekti kako shto se prolivi i anemija i ne se pokazuva sekogash uspeshna.
Postojano se raboti na novi lekovi i vakcini,no dosega nema formula koja bi  mozela da garantira sigurno ozdravuvanje.
Sega zasega e najvazno da ludjeto bidat informirani za bolesta vo pottiknuvanje na odnesuvanjeto so cel da izbegne mozniot izvor na zaraza.
Izvor:Wikipedia

CRVENA LENTA E GLOBALEN SIMBOL ZA SOLIDARNOST
SO HIV-POZITIVNITE I LUDJETO ZABOLENI OD SIDA

-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]

Постирано од: BACHIOS
Датум на внесување: 23.Април.2008 во 23:35
15 % NEMA SANSA DA SE ZARAZUVAAT, PROSTO NEMAT RECEPTORI KADE DA SE POVRZE VIRUSOT

-------------
I'm gonna make him an offer he can't refuse- Don Corleone

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 16:38
abe ko idiot nekoj ke opita da ne znajt nekoj...
dali od lizenje na vagina moze da se zarazish so hiv?

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: mamma
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 17:06
Chitaj fiksi pogore tekstot....se iznamachiv dodeka gi najdov informaciiteплазење

-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]

Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 17:07
Можеш да се заразиш со ХИВ и преку орален секс.

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 17:17
abe nekoj veli moze nekoj veli ne moze....
e sea kogo da mu veruva?

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: mamma
Датум на внесување: 23.Септември.2008 во 17:23
http://www.aac.org/site/PageServer?pagename=basics_home&gclid=CLiHrceb8pUCFQVKtAodKCQx5A - http://www.aac.org/site/PageServer?pagename=basics_home&gclid=CLiHrceb8pUCFQVKtAodKCQx5A

http://en.wikipedia.org/wiki/AIDS - http://en.wikipedia.org/wiki/AIDS

-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]

Постирано од: dejanpp
Датум на внесување: 23.Декември.2008 во 12:28
 EVE  DA  ZNAETE  NAKRATKO  KAKO  SE  DOBIVA  HIV  SIDA
  ODIS  VO  DISKOTEKA  KADE  STO  IMA  NAJGOLEMA  GUZVA  I  CEKAS  NEKOJ  DA  TE  BOCNE  SO  ZARAZENA  IGLICKA.

Постирано од: Wonderful_Life
Датум на внесување: 01.Јануари.2009 во 14:17
da ali sida se prelezuva samo ednaska taka da ako te bocne eden posle od ostanatite nemas gajle

Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 01.Јануари.2009 во 14:24
Moze da se dobie i od klozetska solja. Ako sednes, a prethodniot ne e stanat

Постирано од: anakin
Датум на внесување: 01.Јануари.2009 во 14:36
Originally posted by zbunet zbunet напиша:

Moze da se dobie i od klozetska solja. Ako sednes, a prethodniot ne e stanat

da tova e eden od najsigurnite receptiголема%20насмевка

-------------
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Постирано од: Storm5
Датум на внесување: 19.Декември.2009 во 19:15

sh*tAKE PECURKA PROTIV VIRUSOT NA SIDA

sh*take pecurkata sodrzi unikatni materii tnr., "fitoncidi", isparlivi soedinenija koja gi unistuva virusite, vklucuvajki go i HIV, predizvikuvacot na sidata.

Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Декември.2009 во 23:40
a,zoshto? ...da ne saka nekoj da ...dobie?

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein

Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 20.Декември.2009 во 00:13
газење%20од%20смеење

taka stalno .......se pie za nastinka .......se kupuva shampon za voshki .......плазење

-------------

Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 15.Март.2010 во 18:56
Ревидирано на: 15. Март 2010 - Објавено на 15:09 GMT
 
Ново оружје против вирусот ХИВ?
 
Реклама%20против%20СИДА
Група научници вели дека една хемикалија која се наоѓа во бананите може да биде моќно оружје во борбата против вирусот ХИВ.

Тие тврдат дека лабораториските тестови покажале оти природниот растителен протеин има јачина колку два од сегашните анти-ХИВ лекови.

Податоците се објавени во списание за био-хемија.

Научниците признаваат дека во борбата против вирусот ХИВ се потребни нови средства.

Има двојно повеќе заразени лица од оние што добиваат третман со спасувачките анти-ретровирални лекови.

Едни од најветувачките состојки, според научниците се лектините, хемикалии кои се наоѓаат во растенијата а ефикасно ги запираат инфекциите со вирусот ХИВ со тоа што го попречуваат да се интегрира во клетките кои ќе ги нападне.

Тимот научници од универзитетот Мичиген откри и дека лектинот извлечен од бананите е еднакво моќен колку и два од сегашните лекови кои се во употреба.

Тие веруваат дека лековите за вагинална употреба со микробицидно делување може да биде ефтин и ефикасен третман особено во земјите во развој.

Една од најголемите придобивки за употребата на лектините е тоа што тие многу му отежнуваат на ХИВ вирусот да мутира и да стане отпорен на третмани.

И покрај тоа што ќе бидат потребни неколку години за да се користи на пациенти, научниците веруваат дека дури и делумно успешни микробициди може да спасат многу животи.

Нивните оценки уште додаваат дека само 20% покриеност со микробицид кој има само 6% ефикасност против ХИВ - може да спаси од зараза до два и пол милиони луѓе во период од три години.

-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Март.2010 во 19:58
Бананите штитат од сида?!

Бананите може да се клучот во новиот моќен третман за заштита против вирусот на сидата. Во лабораториските испитувања, научниците открија дека состојката наречена BanLec е влијателен анти-ХИВ лек.

Тие веруваат дека евтините терапии базирани на BanLec имаат потенцијал да спасат милиони животи. Состојката која е од важно значење се вика лектин.

Истражувачите во САД открија дека лектинот кој се наоѓа во бананите може да го блокира ХИВ вирусот да влезе во телото.

- Проблемот кај лековите за ХИВ вирусот е дека тие можат да мутираат и да станат неефикасни. Но лектинот многу потешко може да мутира и поради тоа мислам дека нашата студија е успешна. Тој може да ги врзе шеќерите кои се наоѓаат на различни места од ХИВ вирусот и со тоа го опколува вирусот, изјави главниот автор Михаел Свонсон од Универзитетот во Мичиген.

Истражувањето беше објавено во магазинот Journal of Biological Chemistry.

-------------

Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Март.2010 во 12:48
Акупунктурата може да пренесе ХИВ и хепатитис Б и Ц?!

Третманот со акупунктура може да пренесе бактериски инфекции, хепатитис Б и Ц, па дури и ХИВ, предупредуваат експертите.

Микробиолозите од Универзитетот од Хонг Конг инсистираат на тоа дека употребата на контаминирани игли може да има катастрофални резултати, пишува во China Daily.

- За да се спречат инфекциите кои се пренесуваат со акупунктурата мора да се преземат неколку мерки, како на пример употреба на игли за еднократна употреба, како и да се дезифенкцира кожата, напишаа истражувачите, предводени од Патрик Ху, професор по микробиологија од Универзитетот од Хонг Конг.

Акупунктура е терапија на отстранување на болка и лечење на одредени болести со помош на тенки иглички кои се забодуваат во пациентот во прецизно определени точки. Се развила во Кина. Во кинеската традиционална медицина акупунктурните точки се сместени во должина на линијата(меридијана) по која тече „виталната енергија“. Анатомски или хистолошки докази за постоење на такви линии или точки на човечкото тело нема. Современите акупунктолози ги претставуваат како претпоставки (идеи) кои се корисни во клиничката пракса.

- Иако не постои јасен доказ за врската помеѓу акупунктурата и ХИВ инфекцијата, ние предупредуваме да се внимава со користењето на иглите, изјавија научниците.

-------------

Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 20.Март.2010 во 21:56
Кој незнае како се добива сида? збунетост

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality

Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Март.2010 во 21:58
Originally posted by Tiggy Vicious Tiggy Vicious напиша:

Кој незнае како се добива сида? збунетост
 
Милиони луѓе знаат како се добива СИДА и важно е дека знаат како да се чуват.
 
Ти очигледно незнаеш......тага

-------------

Постирано од: Jovan.74
Датум на внесување: 23.Март.2010 во 17:01
емил си знае tiggy не е до толку

-------------
LD Pistolero a.k.a Demolero

Постирано од: IggyK
Датум на внесување: 23.Март.2010 во 18:27
Originally posted by Monuska Monuska напиша:

Можеш да се заразиш со ХИВ и преку орален секс.

Да, има можност човек да се зарази со ХИВ и преку орален секс, но шансите за тоа се многу мали.
За да се посомневаме за евентуално заразување со ХИВ преку орален секс треба да ги имаме на ум ризичните фактори: афта во устата, непце кое крвави.
За да се случи заразувањето треба ХИВ+ секрет како крв, спермата, вагиналните течности, предсемената течност да попаднат на раскрвавени места во устата на ХИВ- партнер. Мал е процентот за можноста да се случи, но сепак постои ризик.
Строго препорачливо е при наод на афта (раничка) во устата, крававење на непцата или некој друг извор на крвен секрет од усната шуплина да не се прави орален секс на партнерот/партнерката бидејќи тоа значајно го зголемува ризикот за инфицирање со ХИБ.
Во случај да се сомневаме во нешто. Еден брз ХИВ тест ќе не направи поспокојни.

Постирано од: Avatar23
Датум на внесување: 10.Јуни.2010 во 10:15
МОНОГАМИЈА. Секогаш е ИН.

Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 13.Јуни.2010 во 17:02
Што да кажам за сидата?
Ауу па да... ја уништи голема%20насмевка Африка... и така...
Американците и Русите си ја префрлуваат одговорноста... а усвари заедно соработувале...
и то.

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality

Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 22.Декември.2013 во 23:02
Originally posted by Antiqua Antiqua напиша:

ИСПОВЕД НА ХИВ-ПОЗИТИВНИОТ СТОЈАН КОНЕВ ОД ПРИЛЕП
Сидата му ја зеде фамилијата, државата - станот

Стојан Конев од Прилеп, единствениот ХИВ-позитивен во земјава, кој јавно проговори за сидата поради која го изгуби семејството, вели дека ќе остане и без станот во кој живее, ако не му плати 10.000 евра на ЈП за стопанисување станбен и деловен простор.

- Ќе ме направат бездомник. Уште еден живот да имам, јас тие пари не можам да ги соберам за станот, кој е од солидарните, а и мене од платата ми одбиваа за нив. Ќе спијам по улици, бидејќи немам каде да одам. До денеска ништо не е сменето, иако поминаа 15 години откако дознав дека сум ХИВ-позитивен. Отфрлен сум од роднините и од сограѓаните. Леб и друго што ми треба купувам само од една продавница - раскажува Стојан, кој учествуваше на Првата регионална конференција за ХИВ/сида за земјите од Западен Балкан.

ХИВ-вирусот кај него бил откриен во 1993 година, а до денес болеста не е развиена. Стојан вели дека се уште не може да ги прежали двете деца и сопругата. Тие починале од сида - сопругата во 1991 година, а децата во 1995 и 1996 година.

Тој со години не оди на работа. Од јавната установа во која порано работел прима 5.000 денари месечно и живее осамен.

- Никој ме нејќе откако здравствените работници од Прилеп први јавно кажаа дека јас сум ХИВ-позитивен. И самиот се повлеков. Ако сакаме да седнеме заедно во кафеана, нема ниту вас да ве примат поради мене. Опстанувам благодарение на помошта од невладиниот сектор. Само да можам барем со некој сосед да разговарам. Немам ниту телефон. Барав од телекомот да ме приклучат, доволни се само две жици, но ми рекоа "не може, има технички проблем". Телевизорот што пред две години го добив како подарок не можам да го пуштам. Не го разбирам упатството, кое е на англиски. Сега на конференцијата договорив со претставници од една организација да ми помогнат со телевизорот - раскажува Стојан.

Тој не бил на лекар девет години, а не прима ниту антиретровирусна терапија.

- Кога ќе почнам со терапија, мора дури сум жив да ги примам лековите. Одам кај матичниот лекар кога ми треба упат за Скопје, а лекови купувам од приватни аптеки. Не ме боли ниту глава, а не ме фаќаат други вируси, настинки. Се чувам од тоа. Ми пломбираа заб во Клиничкиот центар. Тие знаат за дијагнозата, си ставија заштитни средства, иако јас не морам да кажам од што сум болен. Но тие мора да се заштитат - предупредува Стојан.

Тој не се кае што јавно проговорил за болеста. Смета дека нема доволно информации за ХИВ/сидата.

- Трибините не се доволни. Треба постојано да се зборува за опасноста од сидата преку медиумите, во училиштата. Здравствените работници мора да се вклучат во информирањето на населението - вели Конев.

Зимата е на прагот, а Стојан е без греење и годинава.

- Не можам да се греам на струја, бидејќи за тоа ми требаат 3.000 денари месечно. Барем тогаш некој да ми се најде, за да можам да го поминам студот и за да не ме фатат други вируси. Барав помош од Електростопанство од Прилеп, но ми одговорија дека тие не се социјална установа - вели Конев.

Националната координаторка за ХИВ/сида, д-р Весна Велиќ-Стефановска, изјави дека "заканата или плати или ќе ти го одземеме станот значи дека сега некој е подготвен и да живее во станот на Стојан, а до пред неколку години само со ливчиња комуницираа со него".

- Значи дека нешто почнало да се менува во односот на луѓето спрема болеста. И на Стојан и на другите ХИВ-позитивни им се нуди антиретровирусна терапија, која ја обезбедува државата. Не смееме да си дозволиме, кога дојдовме до овој степен, да дојде во прашање снабдувањето со тие лекови - предупреди д-р Велиќ.

На конференцијата беше речено дека сите девет лица што годинава се регистрирани како ХИВ-позитивни во Македонија вирусот го добиле од контакти во земјава.

Што бидна со човеков, како да го загледав деновиве збунетост

Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 21:16
Дали е ова лекот? Уште двајца мажи излечени од ХИВ

Докторите со резерва зборуваат за потполното лечење на двајцата мажи, но две години по трансплантацијата на коскена срж, во нивното тело нема никакви знаци на ХИВ.

"Сите знаат за берлинскиот пациент. Сакавме да видиме дали може поедноставното лечење да ги има истите резултати", рекол Даниел К*ритзкес.

Пациентите заболени од AIDS подложени се на болести од рак, па престануваат да ги земаат лековите за ХИВ пред да почнат со лечењето на ракот.

"Тоа му помага на вирусот да се врати во нивното тело и да ги нападне донаторските клетки", додава Даниел. 

Околу 34 милиони луѓе се заразени со ХИВ вирусот кој предизвикува AIDS. А, oд AIDS до сега починале 25 милиони лица. Не постои вакцина против овој вирус, но коктел лекот наречен антиретровирална терапија може до некаде да го контролира вирусот и да го одржува здравјето на пациентот. 

Но, без разлика колку долго и да ја користат терапијата, пациентите не се излечени. Научниците се обидуваат да го откријат начинот како трајно да го отстранат вирусот од телото. Овие тројца мажи ни даваат надеж дека би можел да биде пронајден лекот против ХИВ.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!

Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 24.Мај.2014 во 17:56

http://mkd-news.com/za-samo-5-mesetsi-novi-17-zarazeni-so-hiv-sida-vo-makedonija-site-se-mazhi/" rel="nofollow - За само 5 месеци нови 17 заразени со ХИВ/СИДА во Македонија – сите се мажи

Oд почетокот на годинава досега вирусот ХИВ е потврден кај нови 17 лица, а сите се мажи. Повеќето од новоинфицираните го добиле вирусот преку секс со мажи, а помал е бројот на лица што се заразиле преку хетеросексуален пат, потврдува Националниот координатор за борба со ХИВ/сида, д-р Ѕвонко Миленковиќ, пишува Дневник.

hiv sidaРечиси сите лица што се носители на ХИВ, а ги има 83, меѓу кои се и новите случаи, примаат антиретровирусна терапија на Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Меѓу нив е и едногодишно дете, на кое вирусот му го пренела неговата мајка во бременоста, а претходно во семејството не ни знаеле дека таа е носител на опасниот вирус.

На прашањето колку смртоносниот вирус може да се држи под контрола со примање АРВ терапија и со тоа да се одложи појавата на болеста, д-р Миленковиќ, кој е и директор на Kлиниката, тврди:

- Ако навреме се препознае инфекцијата и ако навреме се почне со ефикасни лекови и лицето оди на редовни контроли, смртноста кај овие лица е сведена речиси на нула и должината на животот може да се изедначи со таа кај лицата што немаат ХИВ/сида.

Освен во центрите и Институтот за јавно здравје, и во Kлиниката се врши тестирање на ХИВ/сида со три вида тестови.

- Тестирањето за ХИВ/сида е бесплатно, доброволно и доверливо и се препорачува задолжително да се проверат сите што имале ризично однесување. ХИВ-статусот е многу битен за што порано да се почне со неопходната терапија. Kај нас работи и советувалиштето каде што цел тим лекари се грижат за тоа како да му биде соопштен позитивниот ХИВ-статус на лицето што се тестирало – додава д-р Миленковиќ.

До април годинава ХИВ беше откриен кај 11 лица. Сите се мажи, а осуммина го добиле вирусот преку секс со мажи.

-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk