IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - НОВИТЕТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НОВИТЕТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 18>
Автор
Порака
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 10:59
Audi планира нов градски автомобил

Audi планира да произведе нов градски автомобил кој би бил базиран на ултра економичниот микро автомобил на Volkswagen, The Up!, кој воедно ќе биде и најмалото возило што Audi го има произведено.

Новото бебе на Audi е микс од економичен и стилизиран автомобил, нешто што досега не можеше да се види во понудата на компанијата. Официјалните претставници на Audi соопштија дека постои можност да се произведе мал градски автомобил базиран на A1 концептот, а кој ќе биде претставен на мартовскиот саем за автомобили во Женева.

Засега се знае дека ќе ја дели својата платформа со The Up! на VW, а ќе користи и поедини делови од VW групацијата, SEAT и Škoda. Главни ривали на овој модел ќе му бидат Ford Ka и Fiat 500.

Истовремено од Audi соопштија дека се подготвува еколошки освестена замена на моделот A2.

„Намерно оставивме празнина меѓу A3 и претстојниот модел  A1. Засега сè уште е рано да се зборува за автомобилот кој ќе ја пополни таа празнина, потребно е  уште време. Го цениме A2 моделот, но сметаме дека е неопходно да понудиме возило на електричен погон“, изјави Руперт Штадлер, претседател на одборот на Audi.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 11:00
Нови Vespa модели

На претстојниот EICMA саем во Милано, Piaggio ќе претстави два нови модела, GTS 125 наменет пред се за почетниците и S 150 кој претставува засилување на нивните „спортски“ ориентирани модели.

Моделот GTS 125 ќе биде најслаб модел на GTS, направен е за почетници, како и за оние кои сакаат поголема економичност во споредба со постојните GTS со поголем волумен.

GTS 125 комплетната шасија и изглед го презеде од своите посилни браќа, додека за погонот се грижи четиритактниот агрегат од 124ccm кој развива 14 KS. Овој модел ќе биде достапен во сите бои и ќе чини околу 3.400 евра.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 07:29
Seat Tribu SUV

Во следните четири години Seat планира да започне со производство на четири нови модели. Од април годинава во производство влезе новата Ibiza, која претставува само дел од новитетите на шпанскиот производител.

Seat во моментов работи на развојот на новиот мини автомобил, компактно SUV возило, естетски crossover и среден спортски седан. Сега веќе имаме можност да ги видиме рендерите на нивниот иден SUV модел.

Во август годинава, се појавија фотографиите кои Seat ги регистрираше во светската организација за заштита на интелектуалната сопственост. Овие фотографии, како што бива, стигнаа до медиумите и ни овозможија да видиме како ќе изгледа новиот Tribu SUV модел.

Компактниот off-roader како концепт за првпат е прикажан на минатогодишниот саем за автомобили во Франкфурт, а еден месец подоцна и официјално беше потврдено производството на овој модел.

Tribu, кој ќе биде заснован на Tiguan платформата на Volkswagen, се очекува да влезе во производство кон средината на следната година. За сега нема повеќе информации за перформансите на приновата на Seat.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 07:30
Претставен рестилизираниот C1

Малите градски автомобили имаат иднина. Произведувачите на автомобили во моментов се соочени со голема економска криза, исто како и целиот свет. Малите и економични возила се одговор на кризата.

Компанијата Citroen го претстави надградениот модел C1 кој во моментов е најконк*рентниот градски автомобил. Надградбата го опфати предниот дел, тркалата, а внатрешноста, каде покрај употребата на нови материјали изменета е и самата маска.

C1 воедно ќе има мотор кој испушта најмала количина на штетни гасови, ова се однесува за британскиот пазар. Станува збор за 1.0i мотор со 68KS. Потрошувачката на гориво е сведена на 4 литри на 100 километри
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 07:30
Тјунирани три Hyundai Genesis Coupe модели

Hyundai на годинешниот саем за автомобили во Лас Вегас SEMA 2008, кој се одржува од 4-ти до 7 ноември ги претстави трите тјунирани модели на Hyundai Genesis Coupe, вклучувајќи ги и трите верзии на Sedan.

Ги издвојуваме трите најзначајни тјунирани експонати. Првиот е Rhys Millen Racing Genesis Coupe со 2-литарски мотор во комбинација со турбо полнач и HKS секвенцијална трансмисија.

Според Hyundai овој модел претставува „потполно функционален тркачки автомобил“ кој е спремен за тркачките патеки. Компанијата Turbonetics го обезбеди турбо полначот за овој автомобил, чија каросерија е изработена од карбонски влакна.

Вториот модел е Street Concepts кој го тјунираше долгогодишниот партнер и тјунер Shawn Williams. Автомобилот доаѓа со 3,8-литарски V6 мотор.

Последниот модел во coupe изведба кој го претстави Hyundai е HKS. HKS Genesis coupe доаѓа со 2-литарски мотор со сопствен HKS турбо полнач и Hipermax III суспензија.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2008 во 19:33
do kade e so euro5 normata na izduvni gasovi?

Изменето од volkswagen - 01.Декември.2008 во 19:34
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 11:58
za ljubitelite na GOLF
 
Прва фотографија од Golf Plus

На претстојниот саем за автомобили Volkswagen ќе ја претстави обновената моноволуменска изведба на Golf, каде е применета технологијата од шестата генерација на најпопуларниот компакт.

Освен новата, шеста генерација на Golf, Volkswagen на „Bologna Motor Show“ ќе ја претстави и новата Golf Plus изведба. Станува збор за модел кој ја пополнува празнината меѓу класичниот компакт и компактниот моноволуменски Touran, која и не доживеа поголем успех. Сепак, новиот модел, кој има значително поатрактивен изглед би можел да го постигне тоа што не успеа Touran-от.

Како и шестата генерација на Golf, така и Plus изведбата има значително поквалитетен ентериер, подобра суспензија, и посилен мотор.

Уште од почеток во понудата ќе се најдат четири бензинци (1,4 со три изведби 80, 122 и 160 KS, како и 1,6 со 102 KS) и два дизел мотори (2.0 TDI со 110 и 140 KS). Сите погонски агрегати можат да се пофалат со намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни гасови. Според најавите, одредени агрегати ќе можат да се нарачаат и во комбинација со седум степенски DSG менувач.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2008 во 19:30
Originally posted by seka seka напиша:

za ljubitelite na GOLF
 

<SPAN =fontNaslov>Прва фотографија од Golf Plus </SPAN>На претстојниот саем за автомобили Volkswagen ќе ја претстави обновената моноволуменска изведба на Golf, каде е применета технологијата од шестата генерација на најпопуларниот компакт. Освен новата, шеста генерација на Golf, Volkswagen на „Bologna Motor Show“ ќе ја претстави и новата Golf Plus изведба. Станува збор за модел кој ја пополнува празнината меѓу класичниот компакт и компактниот моноволуменски Touran, која и не доживеа поголем успех. Сепак, новиот модел, кој има значително поатрактивен изглед би можел да го постигне тоа што не успеа Touran-от.

Како и шестата генерација на Golf, така и Plus изведбата има значително поквалитетен ентериер, подобра суспензија, и посилен мотор. Уште од почеток во понудата ќе се најдат четири бензинци (1,4 со три изведби 80, 122 и 160 KS, како и 1,6 со 102 KS) и два дизел мотори (2.0 TDI со 110 и 140 KS). Сите погонски агрегати можат да се пофалат со намалена потрошувачка и намалена емисија на штетни гасови. Според најавите, одредени агрегати ќе можат да се нарачаат и во комбинација со седум степенски DSG менувач.
e ova kako za mene da e skroeno samo mu fali 1.9 TDi
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 15:05
Derbi GPR 50 реплика

Во чест на освојувањето на шампионската титула во класата до 125ccm во мото шампионатот, компанијата Derbi во продажба ја пушти специјалната серија од нејзиниот добро познат модел GPR 50.

Специјалната серија е дизајнирана според шампионската машина од 125ccm, која сезонава го однесе Мајк ди Меџлио до шампионската титула.

Машината се движи со помош на двотактниот мотор со течно ладење, кој развива околу 9 KS. Таа доаѓа со алуминиумски рам, обратно свртена предна виљушка со пречник од 40 милиметри и диск кочници од 300 милиметри.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2008 во 15:09
Потполно разоткриен Audi R8 V10

Audi ги откри спецификациите на R8 со V10 мотор пред неговото официјално претставување на саемот за автомобили во Детроид.

Покрај неколкуте фотографии од внатрешноста и надворешноста, Audi на јавноста и ги пласираше и комплетните технички податоци за R8 V10. Според изгледот, најновиот член на R8 семејството многу и не се разликува од основните модели, ако воопшто и може да се користат вакви фрази кај R8.

Сепак деталите како што се ниските странични прагови, единствените LED светлосни единици и сличната пикантерија откриваат дека станува збор за посебен автомобил.

Посебноста, најмногу се должи на 5,2-литарскиот V10 мотор базиран на FSI технологијата. Истиот мотор е применет и кај супер спортскиот Lamborghini Gallardo LP560-4.

И додека Gallardo-овиот мотор се гордее со 560 KS, кај R8 V10 агрегатот е донекаде припитомен и дава 525 KS. Според најавите новиот Audi од нула до 100 километри на час развива за 3,9 секунди, а максималната брзина е 315 км/час.

Audi R8 V10 прво ќе пристигне на домашниот, односно германскиот пазар и тоа по цена од 140.000 евра. Првите купувачи својот нов автомобил ќе го добијат на пролет 2009 година.
 
 
љубовљубов филигот мора да е јак, оваа кола еднаш да се вози.... хммм...на некој отворен автпат.... сета снага на атомобилот да е испробаш и осетиш мечтаење


Изменето од seka - 15.Декември.2008 во 15:10
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2009 во 13:59
osvezena dacija logan?!!?
NEmav ni slusnato nikakva najava za ova nesto. Taze izleze a vejke ja gledam i vo taksi. Iskreno, iako ne ja sakam dacia kako marka , logan po faceliftingot mi se dopajga.
BTw: da ne znae nekoj cena???


Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 15:54

Новата E класа во Coupe изведба

 

 

 

По илјадници шпиунски фотографии, Mercedes конечно на јавноста и го покажа вистинскиот изглед на новата Е класа во купе изведба. Прекрасен автомобил.

Новата Е класа љубителите на автомобили или ќе ја обожуваат или ќе ја мразат. Тука нема средина. Впрочем, така е со повеќето модели на Mercedes. Фабриката од Штутгарт од секогаш негувала специфичен стил кој не е по сечиј вкус. Но, доколку ви се допаѓа новата Е класа, тогаш Е Coupe ќе ви се допаѓа уште повеќе.

Купе верзијата не само што е поубава, туку е и поштедлива од претходникот. Новиот Е троши дури 17% помалку гориво благодарение на новите технологии и поефикасните мотори. Кога сме кај моторите, Е Coupe засега се нуди со пет различни - дизелски од 204 и 231 КС и бензинци со 204, 292 и најсилниот од 388 коњски сили.

Mercedes не би бил Mercedes доколку во секој нов автомобил на вгради куп електроника, па така и E Coupe има цело чудо системи кои го прават возењето побезбедно и поудобно.

Нарачките за новата "мечка" почнаа да се примаат од 19-ти февруари, па ако имате педесетина илјади евра вишок - повелете. На нас ќе ни дадете едно кругче низ маало, може? :)

љубовљубовљубов
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
blackeye Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
The Body

Регистриран: 24.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4058
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај blackeye Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 15:56
Најавен е новиот ѕвер од BMW

На интернет се појавија првите фотографии од новиот модел на BMW Concept 5 Gran Turismo, кој би требало да почне да се произведува кон средината на 2009 година.

Автомобилот е дизајниран како комбинација од SUV и караван, со поелегантен профил, а ќе биде и нешто подолг од обичната серија 5.

Според информациите од BMW овој модел ќе биде наменет за група на корисници кои немаат потреба од X5, односно X6 автомобилите, но се заинтересирани за неконвенционален караван.

BMW Concept 5 Gran Turismo ќе се произведува во верзии со мотори на бензин и дизел гориво, а моделот ќе има бројни специфики и додатоци како што се воздушни амортизери, погон на четири тркала и компјутерска контролна табла.

Тролитарскиот бензински мотор ќе има снага од 232 коња, а турбо моделот од 322 коња. „Дизелашите“ исто така ќе имаат трилитарски мотори со моќност од 232 или 282 коња. Дизел верзијата ќе има погон на четири тркала, осум брзински автоматски менувач со stop-start технологија.

Кога е во прашање внатрешноста на BMW 5 GT, моделот ќе има четири седишта, но компанијата тврди дека ќе се произведуваат и автомобили со пет седишта. Вкупниот искористен простор со подигнати седишта ќе изнесува 420 литри, а со спуштени ќе се добие дури 1.650 литри празен простор за багаж.

BMW Concept 5 Gran Turismo ќе биде претставен во март на саемот во Женева, а производството ќе започне во мај.

bez komentar љубов
Ne znam kako da pobegnem
od sna,
I ne znam dal' te iko voli kao ja,
Al' ne bi ova noc tako bolela,
Da me nisi volela....
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2009 во 18:57
почнаа да ме нервираат вакви комбинации од SUV и караван, ќе биде или седан, или SUV или спортска кола и точка, не правете вакви хибридизирани глупости среќа
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.