НОВИТЕТИ
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=12672
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 11:20 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: НОВИТЕТИ
Постирано од: sensei
Наслов: НОВИТЕТИ
Датум на внесување: 08.Март.2007 во 10:34
Кај и да е нафтата и плинот ќе се потрошат за неколку децении, а во меѓувреме умни глави мислеле што ќе возиме тогаш. Освен не баш успешните експерименти со авомобили на струја, на зејтин и слични смешки, уште одамна постои технологија и функционални прототипи на автомобили што работат на вода, односно на водородот од водата. Технологијата е проверена и има еден куп издадени патенти кои ја потврдуваат валидноста. Уште од седумдесетите има прототипи во повеќе земји, и тоа исклучиво изработени од приватни пронаоѓачи. Од авто компаниите мислам дека само БМВ има обелоденето таков прототип, но и тоа се заташка и ништо не излезе на пазарот. Интересно прашање е зошто индустријата ја блокира оваа технологија. Дали можеби се сака да се зачува енергетскиот монопол со употреба на фосилните горива? Замислете каков ефект би имало врз нафташките и останати енергетски мега-корпорации кога би имале енергија директно од чешма.
Филм: http://video.google.com/videoplay?docid=-3299610356332390298 -
http://video.google.com/videoplay?docid=-3299610356332390298 http://www.youtube.com/watch?v=fJ3juM6vHwg&mode=related&search= - http://www.youtube.com/watch?v=fJ3juM6vHwg&mode=related&search= http://video.google.com/videoplay?docid=-3333992194168790800 -
http://video.google.com/videoplay?docid=-3333992194168790800
web: http://www.waterfuelcell.org/ - http://www.waterfuelcell.org/ http://waterpoweredcar.com/stanmeyer.html - http://waterpoweredcar.com/stanmeyer.html
Pатенти: http://www.google.com/patents?vid=USPAT4389981&id=ihY9AAAAEBAJ&dq=hydrogen+engine+stanley+meyer - http://www.google.com/patents?vid=USPAT4389981&id=ihY9AAAAEBAJ&dq=hydrogen+engine+stanley+meyer http://www.google.com/patents?vid=USPAT5293857&id=fPEbAAAAEBAJ&dq=hydrogen+engine+stanley+meyer - http://www.google.com/patents?vid=USPAT5293857&id=fPEbAAAAEBAJ&dq=hydrogen+engine+stanley+meyer
------------- Gods Creative Force enters humanity through a mans love for his wife and desire to raise his family in a wholesome environment. It is reciprocated by a woman receiving his seed-spirit and nurturing it
|
Коментари:
Постирано од: Schumacher
Датум на внесување: 20.Јуни.2007 во 09:55
batka avtomobil na solarna energija samo.Se se trosi ama toa ne.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 13.Август.2007 во 09:45
Тука пастирајте за сите новитети што ќе ги сретнете во автомобилската индустрија.
Ова не подразбира стајлинг и Tunnig на веќе постоечките модели.
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 13.Август.2007 во 10:09
НОВАТА ОПЕЛ АГИЛА
Долго очекуваната замена на OPEL AGILA.
Одличниот дизајн, големата пространост во внатрешноста, моќните но и
штедливи агрегати, ја прават новата OPEL AGILA, најпосакуваниот МИНИ
моноволумен.
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 15.Август.2007 во 09:48
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 15.Август.2007 во 09:53
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: Polaris
Датум на внесување: 22.Декември.2007 во 01:08
Поминаа триесет години од филмот од серијалите на Џејмс Бонд, “Шпионот кој ме сакаше”. Тогаш главниот херој исплови од морето со автомобилот Lotus Esprit.
Денес, Rinspeed од филмското платно, ќе ни префрли еден таков автомобил во реалниот живот. Се работи за sQuba, двосед со кој не само што ќе можете да возите по асфалт и да пловите, туку ќе можете и да го нурнете во морските длабочини. Концептот е многу едноставен: со автомобилот стандардно доаѓаат две маски со кислород за под вода. Значи автомобилот нема да биде херметички затворен. За движење под вода се задолжени два пропелери во задниот дел, а автомобилот може да се нурне до 10 метри длабочина. Автомобилот е изработен од ултра лесни материјали, кои треба да издржат и подолго време под вода. За заинтересираните за овој модел, ќе биде произведен еден примерок кој ќе може да се види на саемот во Женева наредната година. Извор: http://www.koli.com.mk/ - Koli.com.mk | |
|
|
Постирано од: jasmina*
Датум на внесување: 22.Декември.2007 во 01:17
ovoj za patuvanje vo noviot podvoden hotel vo persiskiot zaliv
|
Постирано од: hacko
Датум на внесување: 04.Јануари.2008 во 14:01
Prvpat slusam.
------------- Svijet je okrutan...Okrutniji od juce...
|
Постирано од: Puma*
Датум на внесување: 08.Јануари.2008 во 17:52
Kupicu jedan da imam kad idem na more,da malo bolje upoznam morski svet
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 13.Март.2008 во 04:33
Постирајте за секој новитет поврзан со автомобилската индустрија.
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: Lady Blue
Датум на внесување: 21.Март.2008 во 22:11
The New Chevrolet Aveo Hatchback!
------------- I love life!!!
|
Постирано од: NRGMKD
Датум на внесување: 22.Март.2008 во 15:06
Зошто ми е многу познато новото Авео
Ај да кажеме збор два за него :
2008 European launch
The completely reworked Aveo will be
succeeding the Kalos starting March 2008, with its official global
debut at the upcoming Frankfurt Motor Show. The hatchback will be
sharing its name with the notchback Aveo across Europe.
The new Chevrolet Aveo hatchback comes
with some of Chevy's new design features, most notibly the huge
horizontally split grille with crossbeam and prominantly placed logo. A
new, more fuel efficient 1.2 liter engine, producing 84hp, will join
the current 1.4 liter 98hp engine.
More images and information are expected to be released at its debut in Frankfurt this September.
Инаку внатрешноста е целосно превземена од веќе постоечкиот CHEVROLET AVEO NOTCHBACK (sedan), со мали измени кај делот од инструмент таблата, т.е додадени се прстени на мерачите за брзина, вртежен момент, и индикаторите (таканаречен АЛФА & МЕРЦЕДЕС стил)
------------- The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 20.Јуни.2008 во 18:09
Honda NSX – во тест фаза
Honda NSX излезе од сенката под која се криеше. Обложена со црно-бела, непривлечна наметка како би се прикриле правилните линии, Јапонскиот новодојденец е спремен да се бори со GT-R на Nissan и LF-A на Lexus.
И покрај наметката, автомобилот наликува на Acura Advanced Sports концептот кој беше откриен во 2007. Дури и четирите издуви на задниот браник се многу слични.
Агрегатот е заменет од предходникот со нов, кој е поставен под предната хауба за да се подобри тежинскиот баланс.
Забелешките дека силата на моторот ќе биде намалена во новиот модел се сосема неточни. Имено, NSX ќе располага со целосно нов V10 агрегат кој ќе произведува 450кс.
Дизајнот дури дозволи и да се постават две задни седишта во NSX, со што се добива поиздолжен изглед.
Цената се очекува да биде околу 60.000 Евра во моментот кога ќе се појави на саемите при крајот на 2009 година.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 24.Јуни.2008 во 09:41
naj novo od Opel kompanijata, procitano kako i sekogas na http://idividi.com.mk/ - http://idividi.com.mk
Opel Insignia ги препознава знаците на патот
Компанијата Opel го претстави системот за препознавање на знаците за ограничување на брзината и забрана за претекнување, кои се прикажуваат на таблата со инструменти.
„Окото на Opel“ е името на системот, составен од широкоаголна камера со висока резолуција и два процесора. Камерата, која не е поголема од еден просечен мобилен телефон е сместена меѓу ветробрановото стакло и внатрешниот ретровизор и е способна да сними 30 фотографии во секунда. Процесорите, потоа со помош на специјалниот софтвер, ги филтрираат и ги препознаваат фотографиите.
Во зависност од осветленоста на патот, системот е во состојба да ги препознае знаците на оддалеченост од 100 метри од автомобилот. Во случај возачот да вози повеќе од дозволеното, на таблата со инструменти се јавува соодветно предупредување.
„Окото на Opel“ е значително поефикасен инструмент од останатите навигационен уред кои исто така го предупредуваат возачот дека вози пребрзо. За разлика од нив, тој реагира во вистинско време и има прецизна претстава за состојбата на патот, додека навигационите системи делуваат врз основа на достапните мапи, кои понекогаш не ја одразуваат вистинската состојба на теренот.
Opel овој систем за првпат го претстави во моделите на Insignia, а наскоро ќе започне да го вградува и во останатите модели. Освен што ги препознава знаците, системот исто така има способност за предупредување зa промена на возната лента.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 10:03
e ova definitivno mora da se vidi
bi prifatila kako poklon
prezemeno kako i sekogas od http://www.idividi.com.mk/ - http://www.idividi.com.mk/
2009 Maserati Quattroporte Maserati го претстави моделот Quattroporte за 2009 година. Освежениот модел претрпи значителен број на визуелни и механички унапредувања. Еден од важните новитети е верзијата Quattroporte S која го добива моторот од моделот Granturismo S .
После пет години и пo испорака на 15.000 автомобили Quattroporte го доживеа првото освежување за да може, да го задржи чекорот со своите ривали. Основната верзија е опремена со 4,2 литарски V8 мотор со 400 KS, додека моделот S ќе го движи 4,7 литарски V8 мотор со 440 KS.
И двата мотора ќе бидат понудени во комбинација со 6-степенски менувач, автоматска трансмисија, која ја развиваа во соработка со компанијата. ZF. Кога станува збор за визуелните промени, вниманието го привлекува предниот крај кој сега го карактеризира нов грил со вертикална решетка, која потекнува од моделот GranTurismo. Предните и задните светла, исто така, претрпеа благ редизајн. Сега се поставени LED светла.
Страниците на автомобилот имаат јасно нагласени линии, кои ги врзуваат предниот и задниот браник. Од релативно ситни визуелни промени треба да се наведат изменетите и нови ретровизори, кои сега имаат многу подинамичен изглед, и се во согласност со духот на автомобилот.
Ентериерот е исто така подобрен, а значителни промени има на централната конзола, која сега има попрактичен распоред на командите. Седиштата се пресоблечени во Marrone Corniola и Sabia кожа.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 26.Јуни.2008 во 11:15
Exeo – идната лимузина на Seat
Со неодамна излезен од финансиски проблеми, Seat денес веќе планира обновување на своето портфолио со дури четири нови модели, од кои најмногу внимание секако би требало да привлече новата лимузина со работно име Exeo.
Во следните три до четири години шпанскиот произведувач на пазарот ќе понуди нов мал градски модел, компактен SUV, каравански crossover и лимузина со средна големина која од споменатите модели би требало прва да излезе на пазарот, значи веднаш по неодамна претставената Ibiza која всушност и ги најави новите ветрови од Seat.
Exeo на пазарот би требало да излезе следната година, а купувачите ќе можат да избираат помеѓу стандардна лимузина и караван. Главна конк*ренција ќе му бидат автомобилите како Mondeо, Laguna и сл, а всушност ќе се базира на претходната генерација на моделот A4 на Audi. Exeo ќе се произведува во фабриката на Seat во Matorella, во Шпанија, а производството ќе започне на крајот на оваа година.
На приложените слики можете да ги видите службените скици и рендерирана верзија на автомобилот на која според нашата анализа се гледа модел со конзервативен изглед и препознатлив преден дел, речиси идентичен на оној со новата Ibiza, додека задниот дел би требало да биде под влијание на успешниот дизајн на Audi автомобилите.
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 29.Јуни.2008 во 01:04
ovoj ko ke me presretne sam se mava
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 30.Јуни.2008 во 14:45
A7 се спрема за лов на Mercedes CLS
za mene moze i edno vakvo... ustvari so AUDI i BMW kaj mene skoro ne moze da se progresi!!!
Екипата од Инголшталд, се чини дека нема да се смири додека не ги пополни сите категории на автомобили кои постојат. Со други зборови - се појасно е дека Audi во овој процес ќе смисли некоја нова категорија, сопствена, досега неоткриена.
Британскиот Autoexpress дошол до ексклузивни информации кои на нивните дизајнери им овозможиле креирање на првите фотографии на суперлуксузниот модел на Audi кои меѓу себе нагалено го нарекуваат – убиецот на CLS.
Новиот автомобил ќе биде граден на продолжената платформа на купето А5, а како купе со четири врати на пазарот освен на веќе споменатиот Mercedes CLS ќе им конк*рира и на доаѓачката BMW серија 8, Porsche Panamera и Aston Martin Rapid.
Од извори блиски до произведувачот (колку тоа звучи како текст од внатрешна политика) се дознава дека новиот А7 треба да ги предефинира стандардите во класата кога е во прашање луксузност на ентериерот. Се споменува новата генерација на мултимедијално – контролен систем MMI, но и врвниот квалитет на материјалот и исклучителните просторност и комфор.
Новиот автомобил би требало за погон да биде задолжен со неколку дизелски и бензински агрегати како V6 и V8 во најпрестижната изведба.
За љубителите на брзината Audi во блиска иднина ќе лансира и спортска изведба на Ѕ7 и RS7. Овој последниот наводно би требало да се придвижува со петлитрен V10 од актуелниот RS6, доработен така што би требало да развива повеќе од 600 КЅ
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 12:34
IFR Automotive го претставува Aspid
Британското „Motor Show“, кое се одржува следниот месец ќе ја има привилегијата да го прикаже новиот модел на спортскиот автомобил Aspid.
Новиот Aspid - двосед, кој е резултат на петгодишниот развоен програм на инженерската компанија IFR Automotive, е дизајниран на начин кој ќе ја даде силата и масата карактеристична за најдобрите спортски автомобили со врвни перформанси.
„Aspid-от е проектиран за да понуди високо ниво на задоволство при возење. Тој нуди нова и единствена дефиниција за тоа какви треба да бидат спортските автомобили и што се треба да пружат“, вели основачот на компанијата Игнацио Фернандез Родригез, додавајќи дека целта им била да „вградат“ што е можно повеќе емоции кои на возачот ќе ми овозможат да ужива во врвните перформанси и во секојдневното возење.
Погонската сила Aspid-от ја добива од 2.0-литарскиот атмосферски мотор, која развива до 270 коњски сили, додека истиот мотор во Supercharged изведбата развива и до 400 коњски сили.
Силата се пренесува на задните тркала и тоа по пат на мануелна трансмисија со шестстепенски пренос. Каросеријата е изработена од лесен алуминиум, што придонесува целосната маса на Aspid-от да изнесува само 700 килограми.
Токму малата маса придонесува за сензационалните перформанси на автомобилот. Забрзувањето од 0-100 км/час се постигнува за само 2,8 секунди. Брзината од 160 км/час се постигнува за 5,9 секунди, а за да застане при оваа брзина на Aspid-от му се потребни се на се, само 3 секунди!
Aspid-от е првиот автомобил во светот кој ги исполнува сите безбедносни стандарди и на FIA, но и Европските хомологационите стандарди. Сето ова овозможува автомобилот „регуларно“ да се вози на јавните улица, но и да се користи за официјални натпревари на тркачките патеки.
Секој примерок на Aspid ќе се произведува по нарачка, со почетна цена од 75.000 фунти, додека целосно „опремената верзија“ може да достигне цена и до 150.000 фунти.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 23:32
Тест возење на Seat Ibiza во Охрид и Струмица
Овој викенд, во организација на генералниот импортер на SEAT за Македонија, КА-ДИС, се организира тест возење на НОВАТА SEAT IBIZA во Охрид и Струмица. На 28. и 29.Јуни во центарот на овие два наши града ве очекува целодневно дружење и возење од 9 до 18ч со новата SEAT IBIZA.
Тест возење на новата Ibiza претходно беше организирано и низ други градови во нашата земја (Тетово, Прилеп, Кичево, Битола, Гевгелија, Неготино), како и во главниот град Скопје. За сите оние кои ги пропуштија споменатите тест возења, Seat дава дополнителна шанса во Охрид и Струмица, градови кои често се избор за викенд одмор на граѓаните.
Поголем бран на гости се очекува во Охрид, кој од викенд во викенд угостува се повеќе посетители. За сите заинтересирани, тест возењето на Ibiza ќе се одржи на плоштадот на пристаништето.
Популарната Струмица пак, како и секогаш е центар на многу збиднувања, па за сите љубопитни 28. и 29.Јуни се деновите кога новото возило од SEAT е подготвено за струмичани да го пробаат на тест возење.
Како тест возила ќе бидат достапни неколку верзии на автомобилот – истите кои веќе се понудени во продажба. Тест возењето е организирано за сите автомобилски ентузијасти, купувачи заинтересирани за автомобилот, како и за сите љубопитни. Затоа, не ја пропуштајте единствената шанса да ги почувствувате убавината и технологијата во совршен спој.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 23:43
Corvette ZR-1 - нов рекордер во Нирбургринг
Иако многумина се сомневаа во најавите од GM дека Corvette на тркачките патеки ќе биде побрза од Nissana GT-R, Американците успеаја и извозеа круг низ Нирбургринг за само 7 минути и 26,4 секунди.
Corvette ZR-1 која ја претставија во оваа прилика беше сериска, со исклучок на комуникациската и безбедносната опрема. Со помош на 6,2-литарскиот мотор со 638 KS до 100 км/час развива за само 3,4 секунди, а четврт милја минува за импресивни 11,3 секунди.
Michelin Pilot Sport s2 гумите имаа идентични димензии со оние кои се вградени во фабричкиот автомобил. Во GM тврдат дека горивото кое го користеле при возењето е набавено од локалните бензински пумпи и оти маслото за мотор не содржи било какви дополнителни адитиви.
Постигнатото време е за повеќе од секунда подобро од она што своевремено го постигна ултраспортската Pagani Zonga F, додека моделот GT-R го надмина за цели 2,5 секунди.
„За разлика од моделите на европските и јапонските конк*ренти, кои барем делумно се развиваат во Нирбургринг, нашиот автомобил се уште ги нема покажано сите свои потенцијали“, изјави Таџ Јухтер, главниот развоен инженер на Corvette, додавајќи дека целосно е уверен во надмоќта на ZR-1.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 23:24
Нов хибрид од Tesla Motors - Sedan Model S
Tesla Motors најави нов хибриден модел, Sedan Model S, кој ќе се појави на пазарот дури во 2010 година. Почетната цена на автомобилот ќе биде 60.000 американски долари.
Станува збор за plug-in хибрид кој ќе се движи благодарение на електромотор, а енергијата ќе ја црпи од литиумска батерија. Најавено е дека со едно полнење на батеријата ќе може да се поминат околу 365 километри.
Главниот човек во Tesla, Елон Маск тврди дека во првите четири години од произведувањето на Model S ќе успеат да ги намалат производствените трошоци до таа мера што цената ќе падна на 30.000 долари.
Иако првобитно беше планирано производството да се одвива во Мексико, Model S ќе пристигне од производствените ленти во Калифорнија.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 04.Јули.2008 во 11:30
Alfa Romeo, stvarno sekogas ubavi modeli vadi, no mesto da investiraat tolku vo disajnot bi trebale malce pojse vo sovrsenosta na motorite i elektrikata da vlozat, nazalost seuste se slabi
No sepak novosti od Alfa Romeo
На повидок уште една GTA верзија на Alfa Romeo?На презентацијата на моделот Mi.To, извршниот директор на компанијата Alfa Romeo, Лука де Мео откри неколку детали за посебната серија на моделот 8C Competizione.
Оваа посебна серија се уште се наоѓа во развојна фаза, а треба да се појави за време на прославата на јубилејот во 2010 година. Автомобилите треба да претставуваат полесна и помоќна верзија на купе, слично на Lamborghini Gallardo Superlegger.
Де Мео истакна дека оваа идеја се уште нема добиено зеленото светло од Fiat. Доколку се реализира, новата серија треба да добие и зголемена сила, која ќе достигне и до 450 KS.
Иако Мео не е сигурен дека проектот ќе го добие зеленото светло, тоа што со сигурност може да се потврди е дека бројот на примероците ќе биде ограничен на околу 100, и сите ќе ја носат фамозната ознака GTA.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 12:53
Tatra - концептот 903
Чешката компанија Tatra го претстави концепт-автомобилот кој ќе се движи на погон на хидроген. Концептот 903 е интересна комбинација од издолжена хауба, карактеристична за моделите од 30-те години и модерен аеродинамичен дизајн.
Во случајот на Tatra, станува збор за студија за која за сега нема планови за производство, но сето ова говори за фактот дека чешката компанија со 111 годишна историја се уште има што да покаже.
Tatra не ги објави техничките детали за погонот на концепт-автомобилот, освен дека моторот како гориво користи хидроген.
За потсетување, Tatra е третиот најстар произведувач на автомобили, после Daimler, Mercedes Benz и Peugeot, но од 1999 година Tatra не произведува автомобили, туку само посебни off road возила.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 08.Јули.2008 во 09:23
Ne sum golem ljubitel na Ford, nazalost suste vo nekoi matrialii ne mozat toa nivo da go postignat kako Audi ili BMW. NO Fucus RS im e stvarno dobro smislen, ubav dizaing, jaka tehnika i golema BRZINA ... bi sakala koga ke go izvadat da mozam na otvoten ( neogranicen ) avtopat da go probam....
Нови фотографии и детали за Ford Focus RS концептот
Пред најавеното претставување на Ford Focus RS концептот во Лондон, се појавија бројни официјални фотографии, но и некои технички детали за новото возило.
Еден особено важен детаљ, кој стигна до медиумите се однесува на начинот на кој Focus RS ќе ги пренесува на асфалтот најавените 300 KS.
За да го спречат расипувањето на обртниот момент и силната суспензија или таканаречениот torque steer ефект, инженерите дизајнирале уникатен систем на суспензија наречен „RevoKnuckle“ кој овозможува автомобилот да го задржи правецот и под полн гас.
Новиот систем овозможи да се изостави AWD погонот, кој дополнително би ја зголемил тежината. Quaife автоматскиот диференцијал со затворач би требало да овозможи соодветен пренос на сила, дури и при променливи временски услови и на помалку квалитетни подлоги.
На хаубата може да се забележат процепи за воздух, кои ќе обезбедат доволна количина на свеж воздух за Duratec 2.5 литарскиот турбо мотор, кој потекнува од моделот Focus ST.Со најавените 300 KS и околу 400 Nm новата генерација на Focus RS ќе биде посилна од сите претходници. И покрај новите најавени технички решенија, сепак FWD погонот бара поголема внимателност во поглед на перформансите.
Новиот модел се очекува да даде и солидно забрзување, односно до 100 километри на час да развие за не повеќе од шест секунди. Покрај дополнителната снага, Focus RS добива за 40 милиметри поширок траг на тркалата, 19" тркала и унапредена суспензија.
Иако концептот ќе биде претставен за неколку недели, сепак комплетните официјални детали нема да бидат објавени се до претставување на финалната верзија на Focus RS, која може да ја очекуваме кон почетокот на идната година.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 09.Јули.2008 во 08:57
Seat ги претстави своите планови до 2010
Шпанската подружница на VW групацијата официјално ги објави датумите на доаѓањето на новите и освежен модели кои во следните две години ќе се најдат на пазарот. Меѓу најинтересните модели секако е Ibiza Cupra, како и засега неименуваниот SUV.
Новата Ibiza Cupra, која ќе се темели на женевскиот концептот Bocanegra, ќе биде претставена на франкфуртскиот авто салон, во септември 2009 година.
За потсетување, Bocanegra ја краси феноменален дизајн, кој доаѓа заедно со 1,4-литарски би-турбо TSI мотор со 7-степенски DSG менувач со две спојки, но сериската Cupra најверојатно ќе ја движи 1,8-литарски турбо бензински мотор.
Снагата на овој мототр секако дека треба да ја надмине онаа на 1,4-литарскиот турбо мотор од FR изведбата (февруари, 2009.), која ќе развие 150 KS. За сега малку се знае за идниот SUV, освен дека на пазарот ќе стигне во текот на 2010, заедно со Ibiza Sportback.
2008 Ibiza 5v Ibiza 3v /Ibiza Sport-Coupe Alhambra - facelift
2009 Seat Ibiza FR Altea, Altea XL и Leon - facelift Exeo – лимузина и караван Ibiza Cupra Alhambra – нова генерација
2010 Ibiza Sportback
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: Lady Blue
Датум на внесување: 19.Јули.2008 во 01:06
Ubavicata koja ke ja zameni Vectrata - NOVATA OPEL INSIGNIA
------------- I love life!!!
|
Постирано од: beach
Датум на внесување: 19.Јули.2008 во 01:10
hmmmmmmmmmmmmm....koj ne bi ja posakal,no ne veruvam deka nekogas ke ja imam
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 01.Август.2008 во 21:38
Новиот BMW X6 ...Класа помеѓу теренец и кола...
колку е само убав
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 01.Август.2008 во 21:41
Се спрема новата генерација на опел Калибра......
биче добра биче .............
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: Lady Blue
Датум на внесување: 01.Август.2008 во 23:04
Toa e konceptot na Opel - DA, ke pocekame malku za novata Kalibra iako i starata e uste mnoguuuuuuuuuu atraktivna
------------- I love life!!!
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 05.Август.2008 во 20:45
Jaguar XF 2.7 Diesel Premium Luxury
Кај елитните модели 90 отсто паѓа на угледот, бидејќи во високата класа нема лоши, ниту просечни модели. Jaguar XF, наследникот на S-Type, заслужено го има добиено местото во тоа друштво. Тоа може да се види уште на прв поглед. Статусната англиска лимузина дава еротски привлечен стил и аристократска изведба.
Него го движи 2.7 D V6, со 207 KS и обртен момент од 435 Nm. Наследникот на моделот S-Type покрај тоа што има еротски дизајн и аристократски луксуз, има и особено силен и штедлив дизел мотор.
Новата лимузина, изгледа толку проклето добро, што слободно може да се рече дека XF, заедно со легендарниот E-Type (1961. - 1975.), веројатно е најдобриот Jaguar на сите времиња, кој слободно може да се бори со Audi A6, BMW серија 5 и Mercedes E-класа
Под каросеријата која потсетува на Aston Martin DB9 се наоѓа платформата од S-Type. Завршната обработка овој пат е на највисоко ниво, што не беше случај со досегашните модели.
Меѓуосовинското растојание - 291 сантиметри открива дека е задржана старата платформа со докажаните својства. Димензиите на автомобилот се благо зголемени, па така сегашниот модел е 496 сантиметри долг, 187,5 широк и 146 сантиметри висок. Екстра сантиметрите му дадоа повиток и подинамичен изглед на моделот.
Причината поради која XF ви наликува на Aston Martin DB9 веројатно е поради фактот што зад дизајнот стои Англичанецот Иан Калум, кој се вбројува во петте најдобри дизајнери за автомобили.
XF, без разлика колку ќе ви звучи чудно е inside-out автомобил: од внатре изгледа попривлечно отколку од надвор. Всушност кокпитот ја открива уметничката душа. Додека моторот е изгасен, внатрешноста има придушен и поспан изглед.
Уверливите перформанси и поволната потрошувачка може да се каже дека се производ на добро испегланата аеродинамика, а за неверојатната стабилност одговорни се 19 –цолните бандажи и гумите 245/40
Автомобилот поседува „touch screen“ кој овозможува лесно прилагодување на сите секундарни функции, а меката кожа, во комбинација со хромираните украси и брусеното дрво се проверена формула за успех. Автомобилот со луксузно – спортски стил има доволно простор околу предните и задните седишта, како што и прилега на една елитна лимузина.
Со помош на двата турбополначи од 2720 ccm даваат 207 KS при 4000/min, кои со помош на вртежен момент од 435 Nm и квалитетниот автоматски менувач ZF со шест степени обезбедува перформанси какви што и се очекува од еден Jaguar. XF до 100 забрзува за 8,2 секунди, а максималната брзина изнесува 236 km/h, иако во фабричката декларација стои дека развива 229 km/h.
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 10:03
Се спрема новата генерација на голф ---6
Првичниот план на Volkswagen, првите официјални фотографии од шестата генерација на Golf да ги објави на 6 август среда се изјалови. И сето тоа благодарение на интернет зедницата.
Вообичаено неколку фотографии кои го откриваат финалниот лик на Golf VI веќе се најдоа на интернет. Комплетните податоци за автомобилот ќе бидат на располагање кон крајот на месецов, пред светската премиера која треба да се случи на салонот во Париз.
Фотографиите откриваат дека Golf VI неодоливо потсеќа на веќе актуелниот Golf V. Разликите можат де се забележат во предната маска и светла кои потсетуваат на новиот Scirocco и во задните светла кои се слични на оние кај Touareg.
Влијанието на Scirocco може да се забележи и во внатрешноста пред се кај квадратните отвори за доток на воздух, додека централната конзола останува слична. Останатите новини се однесуваат на моторната понуда.
Под хаубата на Golf VI ќе заживее новиот 1.6 литарски TSI кој ќе остварува 200 коњски сили, а во понудата ќе биде и високоперформансната верзија на 2.0 литарскиот турбо TFSI која ќе остварува 240 коњски сили во моделот GTI.
Истиот мотор кој веќе работи во Audi S3 и таму остварува 275 коњски сили ќе се вградува и во најмоќната верзија на Golf VI. Моделот R32 со моќниот, но тежок V6 под хауба оди во пензија, а место него задачата на двигател ќе ја превземе 2.0 TFSI со моќност од околу 280 коњски сили.
Интересно е што во Volkswagen најавуваат вградување на новата генерација на трицилиндрични мотори. Се очекува во Golf VI да работи мотор со зафатнина од 1.2 литри кој ќе остварува 75 коњски сили благодарение на механички компресор. Но, ова се само претпоставки.
Со актуелизација на проблемот за зачувување на животната средина и климатските промени во Volkswagen најавуваат дека Golf VI ќе биде околу 30% поекономичен од својот претходник.
Верзиите BlueМotion ќе имаат поинакви менувачи кои недозволуваат брзо менување на степените. Овие така наречени спори менувачи заедно со гуми со помал отпор на триење треба значително да ја намалат потрошувачката во однос на обичните верзии.
Најавуваниот дизел-хибрид би требало да биде круна во гамата BlueMotion, но реално неговото појавување не можеме да го очекуваме уште неколку години.
Од Volkswagen стигнува уште една потврда дека Golf VI без оглед дали се работи за верзиите со волан на лева или десна страна ќе се произведува исклучиво во нивната фабрика во Волфсбург.
изворче
http://www.vozi.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2084&Itemid=70 - http://www.vozi.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2084&Itemid=70
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 06.Август.2008 во 16:33
е ова е стварно еден од најубавите голфови!!!
ми се допаѓа неговата линија, внатрешното што е истовремено и елегантно и спортско!
исто така цената не е како предходните голфови, во германија ке биде околу 16,500 евра, што ми лињчи на добра цена за тоа што оваа „машина„ нуди... ќе го прицекаме да го видиме во живо и се разбира да го пробаме
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 09.Август.2008 во 16:45
Новата Ланчиа Делта која во Германија ке се претставува во септември...
мене ми се допаѓа... ВАС???
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 11.Август.2008 во 10:35
Suzuki Alto - нова генерација
Suzuki на саемот за автомобили во Париз премиерно ќе го прикаже својот најнов мини автомобил Alto. Новата генерација на Suzuki Alto ќе се истакне со моторите со голема ефикасност и одлични перформанси и ниска емисија на штетни гасови.
Од компанијата велат дека ова успеале да го постигнат со намалување на вкупната маса на возилото. Со цел да ја зголеми ефикасноста и дополнително да ја намали емисијата на штетни гасови, Suzuki за новата генерација на Alto предвиде уште една верзија на автомобилот кој ќе користи fuel cell технологија.
Suzuki во Париз ќе претстави два модела на Alto со fuel cell. Првиот е SuzukiSX4 FCV опремен со GM систем на fuel cell и хидрогенски резервоарски притисок од 70 MPa што Suzuki го разви сам.
Другиот модел наречен „crosscage“ е едноставен, компактен и со воздушен систем на ладење на ќелиите е развиен во Велика Британија во компанијата „Intelligent Energy“.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 00:14
и ако не сум фан на алфа...сепак мислам дека дизајнот не им е до толку лош овој пат...
Progetto 940 - новата душа и срце на Alfa Romeo
Alfa Romeo во 2009 година ќе ја замени сегашната 147-ца со нов покомпактен модел изработен на платформата на Fiat Brava и Lancia Delta. На интернет веќе се појави и рендер од идниот италијански хит.
Новиот Alfa Romeo, кој е инспириран од последниот модел, MiTo, како и од суперспортскиот 8c Competizione, засега се крие под кодното име Progetto 940. Новиот модел ќе ја користи унапредената платформа на Fiat Brava, што ќе придонесе за поскладни димензии (435x180x143 cm) и попространа внатрешност. На истата платформа се развива и првиот SUV на Alfa, Kamal, кој својата премиера може да ја очекува во 2010 година. Во понудата на агрегати ќе се најдат и новите дизел и бензински турбо мотори на Fiat.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 10:32
Audi RS6 седан изведба:
Најсилниот спортски модел во средно-високата класа, Audi RS6 конечно ќе се понуди и во седан изведба. До сега спортскиот модел се нудеше само во караван изведбата, која и покрај изведбата го најде патот до купувачите.
Големата сила од 580 КС, на која можат да позавидат и сопствениците на Lamborghini Gallardo и Ferrari F430, е извлечена од 5,0 литарскиот V10 со помош на два турбо полначи. Уште поимпресивен е и камионскиот вртежен момент од 650 Nm, кој е достапен при само 1.500 врт/мин!
Забрзувањата се пеколни, па на овој голем автомобил му требаат само 4,5 секунди за да достигне 100 km/h, што е побрзо и од спортскиот модел на Audi, R8! Но, за разлика од него, RS6 е ограничен на само 250 km/h, како и сите модели од неговата класа.
Погонот ќе биде на сите четири тркала, а суспензијата ќе биде адаптивна и ќе овозможи добар компромис меѓу перформансите и комфорот. Менувачот е познатиот 6-степен типтроник кој ги менува степените за 100 милисекунди.
Забрзувањата се пеколни, па на овој голем автомобил му требаат само 4,5 секунди за да достигне 100 km/h, што е побрзо и од спортскиот модел на Audi, R8! Но, за разлика од него, RS6 е ограничен на само 250 km/h, како и сите модели од неговата класа.
Погонот ќе биде на сите четири тркала, а суспензијата ќе биде адаптивна и ќе овозможи добар компромис меѓу перформансите и комфорот. Менувачот е познатиот 6-степен типтроник кој ги менува степените за 100 милисекунди.
Заедно со спортскиот модел, Audi ги претстави и освежените изведби на караван и седан верзиите на А6. Измените се минимални, а најголема разлика е новиот MMI систем за полесно снаоѓање со менијата.
Новите модели ќе бидат достапни од месец Октомври оваа година.
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 10:40
UFF ova ne e vise kola, ova e... WOW.... samo nazalost sto AUDI seuste ne se prefrli na taa tehnologi da vgraduvaat lanec mesto Rebrast remen
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 08:31
Нов Hyundai Coupe
Неодамна на саемот за автомобили во Њујорк претставена е третата генерација на Hyundai Coupe, кој има целосно променет концепт.
Наместо попречно поставен мотор и преден погон, новиот Hyundai Coupe ќе добие класична погонска шема. Ова, според компанијата ќе придонесе за подобро спортско возење.
Според најавите, новиот Hyundai Coupe ќе дојде под ознаката Genesis, идната елитна марка на Hyundai.
Топ моделот ќе го движи 3,8 V6 бензинец со 300 KS, кој со помош на шест-степенскиот менувач ќе може да забрза до 100 за само шест секунди.
За европскиот пазар е предвиден дволитарски турбобензинец со 220 KS. За атрактивноста на изведбата и за спортскиот тјунинг најмногу зборува задниот диференцијал Torsen, дисковите од 340 mm и 19 цолните тркала, кои ќе се вградуваат во најскапите модели. Засега нема повеќе информации за новиот Hyundai Coupe, но според најавите повеќе детали се очекуваат во септември.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 14.Август.2008 во 12:09
E ova, ova samo ovija svajcarskive tikvi ( se izvinuvam) mozat da predlozat, a i nisto cudno da go vovedat
videno i procitano na http://www.koli.com.mk - www.koli.com.mk
http://www.koli.com.mk/novosti/zanimlivosti_113.html -
Швајцарската партија на зелените предложила изгласување на закон со кој во оваа европска држава ќе се забрани употребата на поголемиот број на денешни автомобили.
Со воведување на новиот закон Швајцарците би можеле да стават крај на возењето на суперавтомобили на своите патишта, би се укинала продажбата на големи SUV модели, но и на поголемиот дел спортски автомобили, луксузни лимузини, па дури и некои моноволумени, а и по некој компактен автомобил.
Зелените всушност сакаат да го забранат возењето на сите автомобили кои се потешки од два тона и кои емитираат повеќе од 250 грама СО2 по километар или не ги задоволуваат оптималните норми за заштита на пешаците во случај на фронтален судир.
Поголемиот број автомобили на швајцарската листа делуваат како логичен збир за забранување: Aston Martin, Bentley, Hummer, но на листата се најдоа и компактните помали автомобили како Hyundai Getz или Nissan Micra.
Како што стојат работите, ако Швајцарците го донесат новиот закон, следната година на женевскиот салон на автомобили ќе треба да се оди со велосипед.
И друга категорија на луѓе ќе биде особено погодена од овој закон а тоа се македонските гастарбајтери кои едвај чекаат да дојде лето и да ги донесат своите модерни автомобили земени на кредит, лизинг или рентакар и да шетаат по градовите од каде потекнуваат со филозофија „нека пукнат комшиите“
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 13:40
uffff... jas se zaljubiv
ova e kola, 500 KS...lele ova da ne mi dojde vo race, ama i dizanjnot mi se dopaga epten mnogu
Arden Jaguar AJ21 XF После моделот XKR, германската тјунинг куќа Arden го модификуваше и Jaguar XF, именувајќи го како Arden AJ21.
Arden AJ21 поседува посилен мотор, но има и значителни модификации на каросеријата и ентериерот.
Дизајнот на предниот дел е значително изменет благодарение на новиот браник со поголеми отвори за воздух, како и на предната решетка изработена од челик кој не ’рѓосува.
Вниманието го привлекуваат и LED светлата поставени на страничните отвори за воздух, кои инаку служат за ладење на кочницата. Задниот дел, по направените измени на дифузорот, спојлерите и на издувните цевки, сега изгледа поскладно и поагресивно.
Arden нуди унапредени перформанси на сите четири мотора кои се вградуваат во моделите на XF, почнувајќи од V6 2,7 дизел агрегатот па се до V8 4,2 литарскиот бензинец. На врвот на понудата на компанијата Arden е 4,5 литарскиот V8 со 500 KS и максимален вртежен момент од 640 Nm.
Од останатите модификации вреди да се издвои и новата суспензија и тркалата, кои овој пат доаѓаат со 21 инчни бандажи изработени од лесна легура.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 15:19
леле добар е стварно
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 15:23
Insignia Sports Tourer
На саемот во Париз, Opel ќе ја претстави и третата, караванска изведба на новитетот во средната класа, Insignia, која воопшто не заостанува во стилот зад другите две – напротив, Insignia Sports Tourer ќе биде еден од најубавите каравани.
Караванот ќе лежи на истата платформа како и другите две верзии, што значи ќе има исто меѓуоскино растојание (2.740 mm), додека ќе биде подолг за 8 cm и неговата должина ќе изнесува неверојатни 4,91 m, повеќе и од некои автомобили од средно – високата класа.
Моторизацијата ќе биде иста како и кај другите две изведби, но со дополнување од два нови мотори, едниот турбо бензинец и другиот турбо дизел, кои нормално ќе се вградат и во седанот и хечбекот, додека багажникот ќе брои читави 540 литри.
Како посебни верзии ќе можат да се порачаат EcoFlex верзијата која ја штити околината и ја намалува потрошувачката на гориво, како и верзијата со погон на сите четири тркала.
Продажбата на оваа верзија почнува наскоро по претставувањето на саемот во Париз, со цена за околу 1.000 евра повисока за исто опремениот седан.
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 15.Август.2008 во 16:16
samir_sneijder напиша:
леле добар е стварно |
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 16.Август.2008 во 13:12
ok, sega nesto novosti za ljubitelite na VOLVO, jas definitivno ne spagam pod niv, i ako znam deka Volvo spaga vo povisokata i pokvalitetnata kategorija na Avtomobilite
Volvo го оживува VCC концептотАвтомобилите кои со својот изглед и употребливост нудат спој на повеќе различни класи се веќе одамна реалност, оттука не е ни чудно што Volvo наводно од архивата го извлекол концептот VCC.
Во 2003 година компанијата ја претстави студија за повеќенаменски автомобил, кој излегува од рамката за производство на автомобили наменети за одреден сегмент од пазарот. Шведските медиуми објавија дека Volvo веќе работи на изработката на концептот, VCC, кој претставува спојот на удобна лимузина и практичен караван.
Идниот модел на Volvo засега го носи кодното име V100 и, според информациите, би требало да се појави кон крајот на 2010 или 2011 година. Како што објавија медиумите, шведските дизајнери се користат со идејата и филозофијата која ја понуди Versatility Concept Car (VCC) уште во 2003 година.
Ако се земе предвид угледот и успешноста на актуелните модели, нема сомнение дека Volvo може да стане еден од важните играчи на пазарот на crossover автомобили.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 19.Август.2008 во 13:38
Враќање на американската легенда
Покрај Corvette, Mustang, Challenger и Avenger, меѓу легендарните американски спортски автомобили се вбројува и Camaro, моделот на Chevrolet кој за првпат беше прикажан во далечната 1966 година.
До 2002 беа претставени четири генерации на Camaro, а пред две години се појави концептот кој ја најави петата генерација. Извесен период се нагаѓаше дали новиот Camaro воопшто ќе се појави на улиците, но челниците на Chevrolet дадоа зелено светло за сериско производство.
Дизајнот на новата генерација е многу сличен на концепт-моделот кој беше многу сличен на оригиналот од 60-ите години на минатиот век. И покрај тоа што се истакнува со своите ретро линии, сепак Camaro е особено софистициран автомобил
Новата генерација има изедначен распоред на тежина меѓу осовините, варијабилен сервоуправувач, напреден ESP систем, силни кочници, V8 мотор, во комбинација со рачен менувач, а тука е и се попопуларната „launch control“ функција. Исто така треба да се истакне дека новиот модел ќе има опција за прилагодување на бројот на активни цилиндри, со што треба да се контролира и потрошувачката на гориво.
Базниот модел на Camaro ќе доаѓа со 3,6-литарски V6 мотори и 300 KS, додека спортската SS варијанта ќе ја движи моќниот 6,2-литарски V8 кој развива 422 KS. И двата мотора сериски ќе се испорачуваат со шестбрзински рачен менувач, но како опција не нуди и автоматски.
Независно од моделот, новиот Camaro доаѓа со богата опрема, односно со кожни седишта, автоматизиран клима уред, врвен аудио систем, Bluetoothom и слушање на музика преку USB.
Новото издание на спортскиот автомобил на Chevrolet на европскиот пазар се очекува да пристигне во текот на 2010 година. Цената се уште е непозната.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 21.Август.2008 во 09:13
normalno deka Japoncite na ova mislat... so tolku ziteli bogami i moraat da mu ja mislat
Toyota најави хибриди од сите модели
Јапонскиот произведувач на автомобили Toyota потврди дека до 2020 година планира во понудата за секој модел од нејзините автомобили да биде вклучена и хибридната изведба.
Претходно се проширија информации дека јапонскиот производител планира да ја прошири својата понуда на хибридни модели, но ова е првата официјална потврда на таквата информација. Една од главните причини за ваквата одлука на Toyota е процената дека зголемената цена на горивата ќе придонесе за се поголема побарувачка на ваков тип на автомобили и оти свеста на возачите ќе се зголеми.
Од Toyota истакнуваат дека досегашната продажба на еден милион од нивните хибриди директно помогнала за намалување на емисијата за над 3 милиони килограми јаглерод диоксид во атмосферата. Покрај хибридите, Toyota продолжува со истражувањата и развојот на други алтернативни погони, од типот на plug-in хибридите и слично.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 12:22
Ne izgleda do tolku loso, ama .... BWM si e BWM
Mitsubishi Pajero Sport
Mitsubishi на саемот за автомобили во Москва ќе го престави новиот Pajero Sport, кој на штандот ќе се најде веднаш до концептот рели Dakar верзијата на Lancer.
Станува збор за SUV возило со седум седишта, кое на пазарот ќе се најде до крајот на годинава. Главни пазари секако дека ќе бидат Русија, југоисточните азиски пазари и Јужна Америка.
На пазарот на Австралија и на Јужна Америка возилото ќе го носи името Challenger. Изненадувачки и фактот што Mitsubishi одлучи Pajero Sport да не појави на пазарите во Централна и Западна Европа, како и во Северна Америка.
Новиот модел е со нешто поголеми димензии од своите претходници: должина 4,695mm (претходникот 4,620mm); ширина 1,815mm (1,775mm); висина 1,800mm (1,730mm); и меѓуосовнинско растојание 2,800mm (2,725mm).
Главен адут на ова возило е Super Select 4WD систем на сите тркала, а како опција е ставена и евентуалната блокада на задниот диференцијал.
Кога е во прашање погонот, Mitsubishi за сега го потврди само 3,2 литарскиот турбодизел со 162 KS и 343 Nm максимален вртежен момент, но се очекува да се појави и помалиот 2,5 литарскиот турбодизел, како и 3,5 литарскиот V6 бензинец.
Силата се пренесува на сите тркала со помош на 4-степенскиот автоматски Sport Mode или 5-степенскиот мануелен менувач. Продажбата ќе започна набрзо, веднаш после претставувањето на возилото, закажано за следната недела.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 12:24
Еколошка педала за гас ECO педалата на Nissan ќе се комерцијализира 2009
Компанијата Nissan Motor ja престави ECO Педалаta, прва од ваков вид во светот, a e осмисленa да им помага на возачите да возат поштедливо. Кога е вклучен, програмот го прати секое притискање на педалот за гас и препознава дали има прекумерен притисок, со што го активира регулацискиот механизам за повратен отпор, со тоа на возачот му дава информација дека веројатно троши повеќе гориво од потребното. Индикаторот за “еколошко возење” кој е вграден во инструментната плочка, го известува возачот за моменталната потрошувачка на горивото, со што возачот може полесно да си го прилагоди начинот на возење. Програмот ECO Педала, возачот може да го вклучува и исклучува според споствените “потреби”.
|
Индикатор на програмот ECO Педала | | Nissan планира да го комерцијализира програмот ECO Педала во текот на 2009. Nissan-овите истражувања покажаа дека користејки го програмот ECO Педала, возачите во зависност од условите на патот, можат да ја намалат протрошувачката на гориво за 5-10%.
Програмот ECO Педала прима податоци за потрошувачката на гориво во текот на забрзувањето и возењето и на база на тие информации ја рачува оптималната стапка на забрзување.
Во текот на возењето со оптимална потрошувачка, индикаторот свети зелено. Кога ќе препознае поснажно забрзување, а сеуште во границите на штедливоста, почнува да “блеска”. На крајот поцнува да свето жолто за да го извести возачот за начинот на возењето. За да ги намали емисиите на CO2, Nissan применува “трослојна” метода која ги опфаќа автомобилската метода, начинот на возење и условите на патот. Програмот ECO Педала, влијае на начинот на возење, а спаѓа и помеѓу низа корисни еколошки технологии кои Nissan ги развива во рамките на Зелената програма 2010. Nissan своите еколошки планови ги усмерува кон развојот на нови технологии, производи и услуги кои можат да доведат до значајно намалување на емисиите на CO2.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 17:16
Audi R8 и во кабрио изведба
Категoрија: Audi
Излегоа и првите шпионски фотографии од кабрио изведбата на R8. На сликите автомобилот не е воопшто прикриен и е видливо дека ќе користи мек платнен кров кој нема дополнително да ја зголеми неговата маса.
Дизајнерски, роудстерот нема скоро и воопшто да се разликува од постариот брат, освен задните всисници за воздух кои веќе нема да бидат во црна боја, туку во бојата на каросеријата, што малку го расипува спортскиот изглед но затоа пак ја зголемува елеганцијата.
Поради зголемената маса, перформансите на оваа изведба ќе бидат за нијанса послаби во однос на купето. Ќе се користи истиот 4,2 литарски V8 со 420 КС, додека подоцна ќе се вградува и новиот 5,2 литарски V10 со над 500 КС, кој премиерата треба да ја доживее наскоро во купе моделот.
R8 Roadster ќе биде достапен во првиот квартал на наредната година по цена од околу 130.000 евра па нагоре, зависно од опремата.
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 17:24
Volkswagen Polo петта генерација
Се чини дека дизајнот на Scirocco ќе служи како инспирација за петата генерација на Polo кое треба да се појави во продажните салони во текот на следната година.
Виновник за препознавање на стајлингот на Scirocco кај Polo е предната маска која го напушта досегашниот дизајн со огромна решетка во носот и оди кон нешто многу поeдноставно со само два хоризонтални отвори меѓу аглестите предни светла.
Визуелно ова е многу подобро. Чистиот дизајн не е карактеристичен само за маската, туку за целиот автомобил кој делува многу посериозно од сегашниот модел.
Новиот Polo ќе биде поставен на платформата со кодна ознака PQ25 врз која веќе лежи Seat Ibiza, што значи дека ќе биде незначително поголем, но сепак, ќе има повеќе простор во кабината.
Наследникот треба да биде квалитативно подобар од претходникот. Големо внимание е посветено на изборот на материјали во внатрешноста, но и на опременоста. Барем така велат во VW.
Под хаубата ќе работи веќе познатата моторна понуда на бензинци и дизели. Врвот од понудата е резервиран за 1.4 литарскиот TSI со 170 коњски сили кој ќе се вградува во Polo GTi, а најштедливиот Bluemotion ќе има емисија на СО2 помала од 100 g/km и во просек ќе троши 3,8 литри.
Покрај вообичаената каросериска понуда со три и со пет врати новиот Polo ќе биде на располагање и како купе-кабрио и како
изворче
http://www.vozi.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2052&Itemid=72 - http://www.vozi.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2052&Itemid=72
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: samir_sneijder
Датум на внесување: 22.Август.2008 во 17:32
Се спрема нова генерација на лимузината од Мерцедес Е класа
------------- OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 23.Август.2008 во 11:25
Премиера на Chevrolet Cruze во Париз
Chevrolet Cruze своето први и официјално претставување ќе до доживее на парискиот саем за автомобили. Ви ги претставуваме првите официјални фотографии и податоци на финалниот сериски модел.
Chevrolet Cruze е уште еден од GM таканаречени глобални модели кои ќе се продаваат на северноамериканскиот, европскиот и азискиот пазар.
Cruze е потполно нов производ, а на приложените слики може да се види европската варијанта. Американската изведба ќе има посебна моторизација. Во Азија Cruze ќе се продава под знакот на Daewoo.
Станува збор за мала семејна лимузина која во Европа, кога ќе почне да се продава следната година во март, ќе биде достапна со еден дизел мотор и два бензинци.
Бензинците ќе бидат 1,6 и 1,8-литарски со 112 и 140 KS. Врв на понудата ќе биде 2,0-литарскиот турбодизел со 150 KS и максимален вртежен момент од 350 Nm.
Наведените мотори ќе бидат стандардно управувани со 5-степенски рачен менувач, додека 6-степенскиот автоматски ќе биде дел од опционата понуда.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 25.Август.2008 во 16:10
Започна производството на Qashqai+2
Во фабриката на Nissan во Сандерленд започна производството на моделот Qashqai+2, особено популарен SUV-a со седум седишта.
Со ова бројот на моделите лансирани од британската фабрика во Сандерленд во последните пет години се искачи на пет. Претседателот на Nissan Карлос Госн веќе потврди дека во Сандерленд во 2010 ќе се произведе уште еден компактен crossover.
Qashqai+2 е дизајниран така за да ги задоволи потребите на европските купувачи. За разлика со стандардниот Qashqai новиот нуди две седишта повеќе. Стандардниот Qashqai, само во Европа од март минатата година до сега е продаден во повеќе од 235.000 примероци.
Затоа во јуни во Сандерленд воведоа и трета смена, а во погонот за производство дополнително се влошени уште 223 милиони фунти.
„Очекуваме дека во 2008 ќе произведеме 270 илјади Qashqai, но за тоа пред се ќе одлучи пазарот, односно успехот на изведбата со седум седишта. Доколку успееме да го исполниме зацртаното, тогаш Сандерленд ќе ја заврши годината со рекордно производство од околу 450 илјади возила“, изјави Тревор Ман, потпретседател на одделот за производство на „ Nissan“ за Европа.
Испораката на Qashqaija+2 во Британија започнува на 18 септември. Цената на британскиот пазар ќе се движат од 21.675 евра за изведбата 2.0 Visia со преден погон до 30 илјади евра за топ изведбата Tekna со 2.0 турбодизел мотор и погон на сите тркала.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 27.Август.2008 во 08:57
Тјунерската куќа ABT го претстави пакетот модификации на неодамна претставениот компактен SUV Audi Q5. Вниманието во овој случај го привлекуваат модификациите на каросеријата, за кои слободно може да се каже дека се поприлично драматични.
Предниот и заден браник претрпеа најмногу измени, пред се во поглед на отворите за воздух и на отворите низ кои минуваат двете издувни цевки. Набилданиот изглед на возилото е последица на проширените штитеници од кал, како и огромните 20 цолни тркала..
ABT исто така ја зголеми снагата на моторот, па така нивната верзија на Audi Q5, која досега доаѓаше со 3,0 литарски V6 TDI со 240 KS, предвиден за S power пакетот, добива 310 KS и610 Nm максимален вртежен момент. Силата на 2.0 TDI моторот е зголемена од 170 на 190 KS, додека 2,0 литарскиот TFSI сега наместо 211 има 240 KS.
ABT кај Q5 вгради електронска CDC воздушна суспензија со ABT level Control, што придонесе за намалување на висината на возилото и за добивање на пониско тежиште.
Првиот примерок на ABT Audija Q5 ќе се најде на улиците кон почетокот на 2009 година.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 10:35
Бродски дизајн за Volkswagen
Новиот модел на Volkswagen, Caddy Topos Sail Design Concept, е возило наменето за оние кои уживаат во кампувања и сонце. Она што е интересно, е што покривот на ова комбе е направен од дрвена платформа со морнарски дизајн, која ја има на палубите на бродовите.
Идеите за ваквиот дизајн, се земени од класичните јахти, каде мултифункционалниот дрвен покрив е опколен со алуминиумска ограда. На задната врата од возилото, се наоѓаат четири скалила изработени од дрво и алуминиум кои водат до покривот. Како додатен дизајн, од страните на возилото и задниот браник е употребено дрво за да се добие префинет изглед.
Палубата на покривот може да се прилагоди во удобно место за лежење и уживање во патувањето. Дрвениот покрив, за разлика од стандардните метални, не ја апсорбира топлината, што го прави за 1000 пати поладен и воедно е поелегантен.
Ова возило е направено според највисоките стандарди и е со тригодишна гаранција. Неговата промоција ќе биде на саемот за рекреативни возила во Диселдорф, кој трае се до 7 септември.
Возилата за кампување на Volkswagen, станаа популарни уште во 1950 година, а калифорнискиот модел беше претставен во 1988 година, кога започна производството на третата генерација на Volkswagen Transporter. До сега се продадени повеќе од 80.000 вакви возила, со што Volkswagen претставува една водечките автомобилски индустрии за камперски возила.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 02.Септември.2008 во 10:35
Audi R8 и во тркачка верзија
Спортскиот оддел на Audi ги обелодени плановите за развој на тркачка верзија на моделот R8, кој ќе се појави на натпреварите во класата GT3.
Audi R8 досега беше наменет само за приватните тимови, но благодарение на усогласувањето со правилата на GT3 класата на автомобили, овој модел ќе стане соодветно возило за повеќето национални и меѓународни шампионати.
Најавената снага на GT3 верзијата е околу 500 KS, а согласно правилата, таа ќе се пренесува на задните тркала и тоа со помош на шест степенската секвенцијална трансмисија.
Суспензијата останува речиси негибната. Најголемиот дел од измените ќе бидат сконцентрирани на аеродинамиката на возилото, а тоа, според најавите, ќе се добиен со модифицирање на предниот дел и со огромниот стабилизатор на задниот крај.
Audi R8 GT3, кој во моментов ја носи кодната ознака R16, месецов ги мина првите тестови. Зад воланот на прототипот седна фабричкиот возач Френк Биел.
Автомобилите, кои ќе се произведуваат во унгарската фабрика во Györ, ќе паднат во рацете на првите купувачи дури во втората половина на следната година.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 11.Септември.2008 во 10:51
Кинеска мини рикша
Рикша направена од Mini Cooper е главна атракција низ улиците во Пекинг. Наречен „The Other Rickshaw“, овој трицикл е дизајниран и произведен од BMW.
Има оригинален дел од Mini кола и е опремен со безбедносни појаси. Исто така има четири златни лавови и други кинески декорации. Од BMW велат дека ова е единствено возило во светот од ваков тип.
Возачот на овој трицикл вели дека е прилично тешко и бара голем напор за да се вози.
„Моментално ова возило се наоѓа на поправка поради мал удар, но би требало да се поправи до следната недела“, велат од компанијата.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 12.Септември.2008 во 13:53
uste nekoja slika od Mini Cooper na BMW
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 15.Септември.2008 во 09:21
Добриот стартен успех на Х6 ги натера челниците на култната баварска компанија да размислат за помала и поевтина изведба на истиот модел, кој ќе ја носи ознаката Х2, ќе има три врати и ќе се темели на мини SUV моделот кој BMW треба да го претстави наредната година, Х1.
Моторизацијата ќе ја сочинуваат бензинците со зафатнина од 1,6 литри конструирани во соработка со PSA, кои ќе доаѓаат во атмосферска и изведба со турбо полнач.
Дизелот ќе има зафатнина од 2,0 литри и ќе доаѓа во повеќе изведби на силата, а најсилната ќе има над 200 КС. Очекувано е да се вгради и хибридна изведба која ќе треба да ги привлече и “зелените”.
Ваквиот спортски тровратен SUV ќе биде претставен во 2010 година а ќе се продава една година подоцна по цена од околу 30.000 евра па нагоре зависно од изведбата.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 18.Септември.2008 во 13:49
новата АлфаМи (AlfaMi)
Дизајн
За дизајнерите малите димензии често претставуваат проблем – иновативноста во дизајнот во оваа класа вообичаено на многу ниско ниво и нема голем напредок во изгледот на автомобилите.
Затоа, Alfa како дизајнерски ориентирана марка, го употреби целото свое знаење тука, па резултатот е повеќе од видлив. Предниот дел е доволно лут за да му се допадне на посилниот пол, но и доволно насмеан за понежниот пол.
На Македонците ќе им бидат понудени три изведби на мотори – основниот атмосферски 1,4 со 78 КС кој чини 15.990 евра во нивото на опрема Progression. Со овој агрегат, Mi.To е прилично динамичен автомобил, но нема да може да ги задоволи апетитите на спортските возачи – до 100 km/h стигнува за просечни 12,3 секунди и застанува на 165 km/h. Затоа пак троши извонредни 5,9 литри гориво во просек.
Опремата во основниот модел се состои од далечинско централно заклучување, ABS+EBD+BAS, мануелен клима уред, електрика на предни стакла, радио CD+MP3 со звучници и антена, подесиви предни светла, серво волан, активни потпирачи за глава, патен компјутер итн.
Овој пакет на опрема може да се надополни со многу стилистички додатоци, како и додатоци за безбедноста и комфорот, а некои од нив се добиваат во повисокиот пакет на опрема, Distinctive.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 22.Септември.2008 во 12:13
Освежен и подобрен Citroen C4 |
Citroen го објави првиот facelift на успешниот модел од компактната класа C4. Покрај малите измени во надворешноста, измени има и кај HDI дизелите кои сега одат повеќе со исто гориво а има и два нови бензинци.
Дизајнерски само истренираното око ќе ја забележи разликата, но факт е дека С4 сега изгледа многу попријатно и елегантно. Најголем придонес за тоа има предниот дел каде измените се и најголеми. Браниците имаат нова форма, а поклопецот на моторот е позаоблен. Во задниот дел доминираат новите светла со чиста графика.
Во внатрешноста, покрај подобрувањето на квалитетот на материјалите, забележително е и преместувањето на мерачот на вртежи на моторот од зад управувачот кон централниот дисплеј на кој се покажува брзината. Моторизацијата е обновена со два нови бензинци кои се конструирани во соработка со BMW – од истата зафатнина од 1,6 литри, атмосферската верзија (без турбо полнач) произведува 120 КС, додека верзијата со турбо полнач, спортски 150 КС. Дизелите се подобрени и покрај задржувањето на истата сила сега трошат од 5-10% помалку гориво.
Цената на освежениот С4 се очекува минимално да порасне, но за кратко време со популарните попусти на Citroen на нашиот пазар да падне на сегашното ниво. | |
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 22.Септември.2008 во 12:15
Пишувањето пораки полошо од алкохолот
Пишувањето пораки додека возите, е поризично отколку кога возите под дејство на алкохол или дрога.
Исто така растојанието од другите коли, подобро може да се одржи под дејство на марихуана, отколку додека се пишува порака на мобилен телефон.
Научниците велат дека тоа се должи на фактот што, возачите во тој момент немаат целосна контрола врз воланот и возилото, бидејќи се насочени кон тоа што го пишуваат во пораката.
Пишување на една смс порака може да биде и до една минута, а за тоа време се поминува скоро еден километар доколку се вози на автопат, а низ град околу 500 метри, што е доволно долг пат возачот да се доведе во опасност.
Сепак не значи дека треба да управувате со возило под дејство на алкохол или наркотици.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 24.Септември.2008 во 12:52
Pontiac G8 GXP Coupe
Кон почетокот на годинава беше претставен концепт – автомобилот Holden Coupe 60 Concept, кој Pontiac одлучи да го претвори во реалност и да почне да го произведува.
Pontiac планира во следните три години концептот да го подготви за сериско производство. Засега новиот модел ќе стои зад името Pontiac G8 GXP Coupe, кое многу лесно може да стане и крајното име на сериски произведениот автомобил.
Pontiac G8 GXP Coupe е класичен американски спортски купе, кој главната конк*ренција ќе ја има во новите модели Camaro SS, Ford Shelby Mustang GT500KR и Dodge Challenger SRT8.
Pontiac G8 GXP Coupe би требало да го придвижува LS3 6,2-литарски V8 мотор со максимална сила од 402 KS. Според најавите истиот мотор ќе се најде и во лимузинската верзија Pontiac G8 GXP Sedan.
Гумите 245/40ZR19 ќе бидат ставени на лесни 19 цолни бандажи, а за преносот на силата на задните тркала ќе биде задолжен најмодерниот шестстепенски рачен менувач.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 24.Септември.2008 во 12:53
Saab ќе го престави 9-X Air Concept во Париз |
Оваа година како своевиден десерт на штандот на шведскиот Saab на авто саемот во Париз ќе биде 9-X Air Concept – кабриолет изведба на неодамна претставениот 9-X ByoHybrid.9-X Air Concept може да биде интересен од две причини – првиот е тој што ни дава своевиден увид во лините на конк*рентите на Saab, BMW серија 1, Audi A3 и Volvo C30, а вториот тој што на принцип на неговиот мек покрив можеме да видиме како во блиска иднина би изгледале кабриолетите на Saab. Имено, триделниот мек покрив, кој во Saab едноставно го нарекуваат „Canopy Top“, го користи принципот на склопување на Targa, што на дизајнерите им овозможило поставување на стаклени површини по пример на визир – кацига. Како и 9-X ByoHybrid, 9-X Concept го придвижува биоетанолски турбо четири цилиндраш 1.4 со моќ од 200 КЅ, во пар со шест брзински менувач, електричен мотор и литиум – јонска батерија. Автомобилот „спринта“ до стотка за осум секунди и постигнува максимална брзина од 230 km/h. Просечната бензинска потрошувачка во комбиниран циклус изнесува пет литра на стотина километри со емисија на 119 грама СО2, додека на етанолска мешавина Е85 потрошувачката изнесува 6.5 литри и емисија од 107 грама на СО2 на километар. | |
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: ivotoyota
Датум на внесување: 24.Септември.2008 во 19:30
Seka mozes sekako da ostavis link od kade gi prezemas vestite. Taka e pokorektno neli! Ne se maci, ostavi linkce i ke procitame od stranicata direktno od kade sto e tekstot (vo slucajov gledam prezemas od http://www.koli.com.mk - www.koli.com.mk ).
|
Постирано од: ivotoyota
Датум на внесување: 24.Септември.2008 во 19:41
Inaku eve gi modelite sto jas gi cekam za narednava godina
Toyota iQ
Toyota Urban Cruiser
I sekako noviot Avensis
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 24.Септември.2008 во 20:48
ivotoyota напиша:
Seka mozes sekako da ostavis link od kade gi prezemas vestite. Taka e pokorektno neli! Ne se maci, ostavi linkce i ke procitame od stranicata direktno od kade sto e tekstot (vo slucajov gledam prezemas od http://www.koli.com.mk - www.koli.com.mk ). |
greska si, skoro se e prezemeno od www. http://www.idividi.com.mk - idividi.com.mk
a inace si ja posetuvam redovno i http://www.koli.com.mk/ - www.koli.com.mk
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: ivotoyota
Датум на внесување: 25.Септември.2008 во 02:03
Ajde sega da ne gi objavuvam site linkovi eve samo eden a i 90% od drugite se od koli.
http://koli.com.mk/novosti/saab_04.html
Nemam licno nisto protiv toa da objavuvas vesti od tamu no mislam deka e malku nekorektno. Naznaci barem od kade e porakata. A deka se od koli.com.mk od tamu se skoro site sto gi imas objaveno. Popravi me ako gresam!
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 10:59
http://www.idividi.com.mk/stil/Avtosvet/471438/index.html - http://www.idividi.com.mk/stil/Avtosvet/471438/index.html
Најдобри автомобили по класи
Конечно сте се одлучиле да купите нов автомобил, но радоста за подновување може да стане вистински кошмар, затоа што освен вашите потреби, секогаш треба да ги имате предвид и потребите на вашето семејство или пак на компанијата. За да не се најдете во ваква ситуација ви претставуваме кои се најдобрите автомобили во најпопуларните класи. Вам ви останува да си ја измерите длабочината на џебот и да го изберете најсоодветниот автомобил за вас.
Mini Cooper Ако се прашувате зошто го одбравме токму овој модел, одговорот е едноставен, Се водевме од цената, квалитетот, капацитетот, пространоста, безбедноста но и гарантниот рок кој го има ова возило. Бензинците на овој модел се најпопуларни кај купувачите. Сметаме дека секој од нас би требало да располага со возило кое дава барем 10 KS на 100 килограми маса, кое ќе поседува ABS- и клима уред.
Одлично мало градско возило
Seat Ibiza – новиот шпански градски компакт е втор модел од VAG концернот, после Škoda Fabia, кој ја искористи PQ25 платформата Volkswagen наменета за идната генерација на VW Polo. Предност на новата платформа се зголемените димензии и пространоста, како и помалата маса, како и значително подобрените возни карактеристики и управувањето.
Mini Cooper – популарниот Mini дефинитивно е најголемиот и најскапиот шминкер во класата. Зад ретро дизајнот се кријат најдобрите возни капацитети во класата, пред се би ја истакнале одличната суспензија, 1,6 литарскиот бензински мотор, создаден во соработка со BMW и Peugeot. Mini исто така и најдобро котира меѓу сите мали градски возила.
Компакти
Ford Focus – веќе со години го држи епитетот најдобар автомобил и тоа од повеќе причини Компактот од Форд е достапен, простран, ги има најдобрите возни карактеристики во класата (има одлична суспензија, одличен рачен менувач, кочници и управувач. Единствен недостаток, ако се спореди со првата генерација, е тоа што има конзервативен дизајн на кој не му помогна ниту неодамнешниот face-lifting.
BMW серија 1 – на некои, особено на љубителите на спортски автомобили, ќе им биде доволна информацијата дека станува збор за единствениот автомобил од оваа класа со погон сместен во задниот дел на возилото. Не постои автомобил во оваа класа кој нуди поголемо задоволство при возење и кој има подобри перформанси.
Лимузини од средна класа
Škoda Octavia – иако можеби некој ќе каже дека овој автомобил спаѓа во пониската класа и дека Škoda во оваа класа го има Superba, сепак овој модел има супер димензии, а ги задоволува и останатите критериуми. Octavia ги задоволува сите услови. Чешката лимузина нуди идеален компромис меѓу квалитет, дизајн, пространост и возни карактеристики. Таа во ниту еден од овие критериуми не е најдобра, но ниту еден во класата не нуди подобар спој на сите наведени ставки за пониска цена.
Audi A4 –лимузина од средната класа изгледа поатрактивно од кога и да е, речиси подеднакво добро како coupe A5, а благодарение на новата помодерна платформа, A4 профитираше и во поглед на возните карактеристики, поради кои досега беше ставан зад лутите ривали BMW серија 3 и Mercedes C-класа. Германците го зголемија и квалитетот, па така A4 од внатре изгледа и делува како значително поскапиот и поголемиот A6.
Моноволуменски
Opel Zafira – моноволуменот од Russelsheim всушност ја дефинира оваа класа на автомобили, а и денеска, со последната инкарнација, моноволумен за седуммина. Ако се одлучите за овој модел нема да згрешите. Zafira изгледа доволно добро, не се вози како комби, туку како обичен автомобил. Нуди феноменален и пред се наједноставен концепт за распоред на седишта, односно слободен простор. Што би можеле да посакале од еден моноволумен? Да изгледа подобро и да вози подобро?
Ford S-Max – ако барате одговор на горното прашање, тогаш S-Max дефинитивно е најатрактивниот MPV на пазарот, со најдобри возни карактеристики, S-Max исто така е носител на наградата за европски автомобил за 2007. година. Сепак му недостига идеално слободниот простор на Zafira, а и багажот му е нешто помал. Но, сепак рековме дека не постои совршен автомобил
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 29.Септември.2008 во 10:59
http://www.idividi.com.mk/stil/Avtosvet/471575/index.html - http://www.idividi.com.mk/stil/Avtosvet/471575/index.html
Пристигнува Megane со три врати
Официјални фотографии се уште нема, но веќе извесно време на интернет кружат три слики од третата генерација на моделот Megane, во каросериска изведба со три врати.
Renault неодамна официјално го откри изгледот на идниот Megane III и понуди серија детали за опремата и за моторот.
Според најавите на францускиот произведувач, до 2010 година во семејството Megane би требало да има вкупно шест различни каросериски изведби.
Можеби најмногу внимание привлекува токму моделот со три врати, кој не ги крие своите претензии да остави впечаток на спортско coupe.
Во создавањето на спортскиот имиџ, Megane-от со три врати би требало да му помогне соодветната палета на мотори, повеќе детали за ова се очекува на претстојниот саем за автомобили во Париз.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 09:58
SLR McLaren Roadster 722 S
За претстојниот париски саем за автомобили, кој ќе се одржи од 04-ти до 19.10.2008 година, Mercedes-Benz подготви специјално издание на SLR Roadster, кој ќе се појави под ознаката 722 S.
722 изданието е базирано на hardtop изданието на Mercedes SLR, претставено пред точно две години на парискиот саем, сега во француската престолнина пристига и претпоследната изведба на SLR, која ќе го добие суфиксот S.
За потсетување, Mercedes-Benz SLR McLaren 722 Edition настана во чест на незаборавната победа на британските легенди Стирлинг Мос и неговиот совозач Денис Џенкинсон на трката Mille Miglia во 1955 година, и тоа со стартно време 7:22.
Како и „обичното“ 722 Edition, така и S изданието ќе го движи 5,5-литарскиот V8 мотор, рачно изработен од AMG. Погонот со помош на компресорот ќе развива 650 KS и 820 Nm вртлив момент.
Преносот е петстепенски, автоматски, за 3,7 секунда развива до стотка, односно за 10,6 секунди до 200 km/h. Максималната брзина изнесува 335 km/h. 722 S доаѓа со 10 mm пониска суспензија, потврди амортизери, со посилни карбонско-керамички кочници и со поаеродинамичен bodykit.
Како и 722 Edition, така и 722 S ќе биде произведен во 150 примероци, а продажбата на европскиот пазар се очекува кон почетокот на јануари 2009 година.
Извор: ИДИВИДИ
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 02.Октомври.2008 во 09:59
Ново фотографии од Aston Martin One-77
Aston Martin објави фотографија од новиот топ модел кој во моментов ја носи кодната ознака One-77, во меѓувреме на интернет се појави серија на фотографии од овој автомобил.
Покрај фотографиите, се појавија и повеќе контрадикторни информации за новиот мотор на Aston Martin. Сепак информациите не се драстично различни. Според наводни инсајдерски информации, One-77 ќе го движи 7-литарски V12 мотор со 700 KS и 750 Nm максимален вртлив момент и 6-степенски автоматизиран мануелен менувач.
Основата на автомобилот ќе биде од монокок шасија, изработена од карбонски влакна и рачно вклопени панели, активни аеродинамични компоненти, а како резултат на сето тоа се добива возило тешко 1.500 килограми.
V12 моторот би требал да обезбеди забрзување од 3,5 секунди до 96 km/h, додека пак максималната брзина би требало да надмине 320 km/h. Портпаролот на Aston Martin изјави дека, One-77 истовремено им дава можност на идните сопственици да го персонализираат својот автомобил.
Сопствениците ќе можат да влијаат на голем број компоненти, почнувајќи од изборот на менувачот па се до изгледот на ентериерот. Портпаролот соопшти дека до крајот на годинава концепт верзијата ќе биде претставена пред одреден број на клиенти на компанијата, додека финалната верзија ќе може да се очекува до крајот на идната година.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 03.Октомври.2008 во 15:02
Претставен Audi A1 Sportback
Главна париска атракција на производителот од Инглошатд е студиската најава на малиот премиум автомобил. Станува збор за концептот A1 Sportback, кој е олицетворение токму на она што во блиска иднина и се очекува од Audi.
За потсетување, ова е втор A1 концепт, првиот беше токискиот Metroproject Quattro. Основната разлика ја прават дополнителните врати на париската студија. Покрај петте врати, A1 Sportback е 3,99 метри долг и 1,75 метри широк.
A1 Sportback го движи 1,4-литарски TFSI мотор со 150 KS, во комбинација со електричен мотор од 27 KS и со максимален вртлив момент од 150 Nm. Со помош на 7-степенскиот S-tronic менувач овој plug-in хибриден погонски склоп го придвижуваат предните тркала.
Електричниот мотор, покрај тоа што го помага конвенционалниот погон, со помош на енергијата која ја црпи од сетот литиумски батерии може и самостојно да го движи автомобилот, но на кратки релации.
Според фабричките податоци, овој концепт-автомобил постигнува забрзување од 100 km/h за само 7,9 секунди, додека максималната брзина изнесува 200 km/h. Просечната потрошувачка на гориво изнесува 3,9 литри на 100 километри, а емисијата на јаглерод диоксид е се на се 92 g/km.
Секако треба да се спомене и stop-start системот, со кој наведените бројки можат донекаде и да се намалат. Тука е и прогресивниот електромеханички управувач и суспензијата која дополнително го подобрува управувањето на автомобилот.
Претходно, како основна разлика меѓу Metroproject и Sportback го споменавме дополнителниот пар на врати, но тука е и новиот дизајн на маската на моторот, спуштената линија на кровот, 18 цолните бандажи и слично. Во богато опремената внатрешност може да се сместат четири возрасни лица.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 06.Октомври.2008 во 10:23
Lamborghini Estoque
После неколку недели, Lamborghini одлучи конечно да ја прекине играта со објавување фотографии од одредени делови од нивниот концепт - автомобил и конечно целосно да го претстави концептот Estoque, најавен како нешто потполно ново.
Од Lamborghini го опишуваат Estoque како чист концепт – coupe со четири врати, чие производство сè уште е неизвесно. Моторот е позициониран напред, зад предната осовина, но се категоризира како централно поставен.
Димензиите на концептот се особено импресивни: 5,15 метра долг, 1,99 метра широк и 1,35 метра висок. Меѓуосовинското растојание изнесува 3,01 метар.
Во официјалното соопштение Lamborghini како погонска опција за Estoque го предвидува V10 моторот Gallardo-a LP 560-4, додека алтернатива би бил V8 turbo моторот. Согласно светските тенденции за се поголема економичност на возилата, од компанијата наведуваат дека размислуваат и за воведување и на V8 хибрид, па дури и за дизел мотор со високи перформанси.
Estoque е изведено од зборот со кој е опишува мечот долг 90 сантиметри, кој го користат матадорите при борбата со бикови.
Lamborghini дизајнот на концепт- автомобилот го опишува како екстремен, бескомпромисен и непогрешно италијански, токму како и претходните дизајни на Lamborghini, со таа разлика што сега во него посебен акцент е ставен на практичноста.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 07.Октомври.2008 во 16:51
Рестилизирана Mazda MX-5
Mazda конечно ги објави деталите за рестилизираниот roadster MX-5 и тоа на саемот за автомобили во Париз. Моделот кој се очекува да се појави во текот на следната година има редизајниран преден дел, прагови и заден браник.
Силен впечаток кај новата Mazda MX-5 остава предниот браник со големите процепи за воздух, штитниците од кал, како и нагласените прагови.
Ентериерот не претрпе значителни измени, освен новиот панел со инструменти и Recaro седиштата. Овој пат копманијата се одлучи за нешто потемна нијанса на ентериерот.
Mazda MX-5 е достапна со 16 и 17 инчни тркала и алумниумски бандажи. Каросеријата се среќава во неколку бои и тоа алуминиум, метрополитан сива и сончогледово жолта.
Максималната брзина на моторот е зголемена на 7.500 вртежи во минута. Максималниот вртлив момент е 188 Nm. Менувачот и понатаму е мануелен и шестстепенски.
Редизајнираната Mazda MX-5 на европскиот пазар се очекува во првата половина на следната година.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 09.Октомври.2008 во 14:17
Ferrari на две тркала кое и Michael Schumacher радо би го јавнал. Ова сосема сигурно не е првиот обид да се направи Ferrari на две тркала, но сосема сигурно е дека спаѓа меѓу најдобрите досега. Мотоциклот Ferrari пред се, се одликува со реален и оригинален дизајн.
Славно време на мотоциклот Ferrari била 1970 година кога главните инженери на Ferrari навистина конструирале тркачки мотоцикл, кој сега би вредел повеќе од половина милион долари, а бил посветен на легендарниот Enzo Ferrari. Во 80 – те години од минатиот век легендарниот конструктор на мотоцикли, Arlen Ness, направил chopper мотоцикл на основа на автомобилот Testarossa.
Минатата 2007 година, направен е custom мотоцикл наречен Scuderia Ferrari Chopper за пензионираниот Michael Schumacher кој започна интензивно да се занимава со мотоциклистички трки. Ferrari V4 Concept го придвижува мотор од автомобилот Ferrari Enzo кој има 8 цилиндари помалку.
Концептниот мотоцикл кој го гледате на приложените фотографии го смислил израелскиот дизајнер Amir Glinik, кој целокупниот дизајн на овој мотоцикл првин го подредил на теоретското размислување. Погон на концептниот мотоцикл за почетокот го земал оригиналниот V12 мотор од серискиот Ferrari Enzo и го намалил само на 4 цилиндри за моторот да може да се вметне во рамот на мотоциклот и да придвижува само едно тркало.
Така настанал мотоциклистичкиот V4 агрегат на Ferrari. Оклопот на концептниот мотоцикл Ferrari V4 е футуристички, со чисти линии и многу впечатлив. Кога ги одредил димензиите на погонскиот V4 агрегат и го одредил издувниот систем, останатото за него било само рутина. Обликот на оклоп на концепниот мотоцикл Ferrari е футуристички, со чисти линии, но многу впечатлив.
Контролата и сигнализацијата во кокпитот е изведена по пример на надзвучниот ловец F-16. Уверени сме дека Michael Schumacher дефинитивно му се израдувал на овој концепт и со желба чека да го јавне.
Извор: Koli.com.mk |
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 10.Октомври.2008 во 14:50
Kangoo Be Bop
Базиран на Kangoo Compact концептот, претставен на минатогодишниот саем за автомобили во Франкфурт, Renault на тековниот париски саем го претстави Kangoo Be Bop.
Новиот член на Kangoo фамилијата е долг 3,87 метри, има двобојна каросерија и ексклузивен ентериер. Автомобилот е наменет за купувачите кои сакаат поинаков изглед и решение.
Be Bop би требало да им се допадне на урбаните купувачи, кои особено ја ценат забавата и дружењето, па оттука не е ни чудно што главната идеја при конструирањето на овој модел била пространоста и осветленоста на внатрешниот простор на возилото.
Kangoo Be Bop се разликува од стандардните возила од овој тип и тоа по скратениот простор за моторот, по специфичните предни светла, специјално дизајнираните браници и 16 инчните алуминиумски бандажи. Што се однесува до опремата, за првпат во еден модел на Kangoo се нуди опцијата вградување на Carminat Bluetooth® CD навигациски систем.
Овој систем нуди цела низа на функции (7" TFT, Bluetooth) и тоа за особено поволна цена. Во делот за ракавици се наоѓаат USB и iPod конекторите, додека аудио системот се управува со помош на командите на воланот.
Внатрешноста на релативно малиот автомобил, благодарение на исправената положба на седиштата и на високиот кров овозможува комфорно сместување на четири возрасни лица, а патниците од задната клупа можат да влезат во возилото и од вратата на багажникот.
Секако дека внатрешноста може да се модулира, односно може да се намалува или зголемува со отворање или склопување на задните седишта.
Renault како погон ги искористи познатите дизел dCi агрегати од 85 и 105KS, како и бензинецот 1,6 16V со 105KS. Силниот дизел мотор оди во комбинација со шестстепенски мануелен менувач, додека останатите два агрегата имаат петстепенски менувач.
Потрошувачката на послабиот дизел мотор е само 5,3 литри на 100 километри, при мешовити услови за возење. Сериски, со сите модели се испорачуваат ABS и ASR системите, а за полесното возење се задолжени стандардно вградените темпомат, автоматските светла и задните сензори за паркирање.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: Lady Blue
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 00:52
Noviot Chevrolet Cruze, zamena za starata Nubira
------------- I love life!!!
|
Постирано од: HoLLyWooD
Датум на внесување: 15.Октомври.2008 во 23:04
------------- WE ARE THE BEST AND ...LOVE THE REST!! ;-)
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 16.Октомври.2008 во 00:00
I LIKE IT.............GIVE ME FIVE..........
------------- Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 20.Октомври.2008 во 11:08
Ssang Yong - C200 концепт
„Ssang Yong“, јужнокорејскиот производител, кој уште од 2004 година е мнозински сопственик на кинеската „SAIC“, настапи на парискиот саем за автомобили со SUV концептот C200. C200 би требало да биде најава за големата офанзива на 20 нови модели, поставени на пет нови платформи, а кои ќе се појават во следните пет години. Проектот започнува со реализација од следната година.
C200 концептот го движи 2-литарски мотор кој силата ја пренесува на сите тркала. Директорот на британската филијала на „Ssang Yonga“, Пол Вилјамс изјави дека C200 е особено важно возило за компанијата, бидејќи претставува демонстрација на новата стратегија.
Дизајнот на C200 го потпиша Giugaro, чија куќа „ItalDesign“ блиску ќе соработува со „Ssang Yong“ на новите најавени модели. Со оглед на фактот што „Ssang Yong“ е познат како произведувач на SUV возила, интересна е најавата дека наскоро ќе претстави и патнички автомобили.
Шангајската „SAIC“ ги купи правата на неколкуте Rover модели кои сега ги продава под името Roewe. Оттука не е ни чудно доколку некои од најавените патнички возила имаат напредна верзија на K серијата на некогашните бензински мотори на Rover. Како основа би можела да послужи X60 платформата на Rover.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 21.Октомври.2008 во 11:27
Arash AF10
Две години откако го претстави својот прв прототип, британската компанија Arash го претстави дизајнот на нејзиниот прв супер автомобил, чие производство треба да започне кон почетокот на 2009 година.
Arash AF10, чија цена ќе биде „само“ 215.000 евра има за цел да ги привлече купците на помалите произведувачи како што се Koenigsegg и Pagani. При конструирањето на AF10, вклучувајќи ја и шасијата, се користени карбонски влакна, се со цел да се одржи тежина под прифатливите 1.200 килограми.
Ова значи дека AF10 ќе биде за 160 килограми полесен од Ferrari Enzo, а од McLaren SLR за речиси половина тон. Под поклопецот на моторот се наоѓа тјунираниот Corvette Z06.
Седумлитарскиот V8 мотор со 530 KS ја пренесува силата на задните тркала и тоа со помош на 6-степенскиот мануелен Graziano менувач.
Оставена е можност за уште посилен V8 motor Corvette ZR1 во комбинација со компресор кој максималната сила би ја зголемил на 640 KS.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 21.Октомври.2008 во 11:28
Mercedes подготвува обнова на coupe моделите
"Car magazine" објави дека Mercedes планира да ја обнови целокупната понуда на своите coupe модели. Целата приказна ќе ја започне coupe-то од новата Е класа, па ќе следи истата изведба за С класата, а потоа ќе се случи репозиционирањето на CL-a.
Магазинот јавува дека следната година ознаката CLK ќе замине во историјата, а на нејзино место ќе дојде coupe изведбата на новата E класа. Овој модел, како и целата нова генерација на E класата беше најавена во Париз со концептот Fascination.
Причина за производството на овој модел е подигање на имиџот на E класата во борбата против BMW серија 5 и Audi A6. Исто така, досегашниот CLK на овој начин би се подигнал за пола сегмент нагоре со што ќе се пополни празнината која ќе настане кога CL ќе премине во coupe S класа..
Замената за CLC на пазарот би требало да пристигне кон почетокот на 2010, а ќе го носи називот C класа Coupe. Исто така, магазинот најави пола година после coupe-то на купувачите ќе им биде понудена и cabrio изведба со платнен кров. Кабриолетот се уште нема добиено зелено светло, но од техничка страна се е подготвено за петтата каросериска изведба на C класата.
Овој автомобил со своите димензии, опрема и цена ќе цели на просторот меѓу кабриолетите на Audi A3 и A5 и BMW серија 1 и серија 3. Во 2010 година на пазарот исто така треба да се појави и новата генерација на Mercedes coupe со четири врати.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 21.Октомври.2008 во 18:41
mi se dopaga samo da e so zatemneti stakla "ti da gi gledas drugite,a da mislis deka drugite ne te gledaat"
------------- Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 22.Октомври.2008 во 12:19
Renault ја олеснува рецесијата
Renault нуди мало олеснување од рецесијата со својот нов простран и солидно конструиран 1,6 литарски седан автомобил.
Конструиран врз основа на B0 платформата, од Renault тврдат дека новиот модел на Logan нуди пространост на висококласен автомобил. На задната клупа комотно можат да седат тројца возрасни со висина од 1,9 метри. Багажниот простор е со капацитет од 510 литри. Стандардната опременост на автомобилот може да се процени како солидна . Електронското подесување на управувачот, вградениот клима уред, ЦД и МП3 плеер, електриката на прозорци, и воздушното перниче за возачот се дел од стандардниот пакет.
Во срцето на новиот Logan се наоѓа 1,6 литарски, со 8 вентили, мотор кој развива 64 KW со 55000 ротации во минута и го придвижува седанот од нула до сто километри на час за 11.5 секунди. Максималната брзина на Logan е 175 километри на час.
Во поглед на потрошувачка, Logan троши 7,2 литри на 100 километри. Интересен е фактот што новиот модел на Нисан NP200 Bakkie има слична конструкција со Logan, и има ист мотор како францускиот седан.
Можеби ве загрижува квалитетот на автомобилот кој е толку економичен. Renault гарантира дека Logan е конструиран според најстрогите стандарди за квалитет и дека секое возило кое излегува од фабриката на Renault е подложено на ригорозни тестови за издржливост на променлива клима и возење по лоши патишта.
Најпривлечен детаљ на овој автомобил е неговата цена. Logan се продава поевтино од другите возила во неговата класа. Секако, нема да победи на натпревар по убавина, и сигурно нема да биде „најшминкерската“ кола во маалото, но што очекувате за тие пари?
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 23.Октомври.2008 во 14:32
Магнетски воздушен автомобил
Компанијата „Магнетик Ер Карс“ од Сан Хозе, во САД, објави дека го произвела првиот автомобил во светот кој нема да се движи со помош на гориво, туку дека возилото што го нарекоа „Магнетскиот воздушен автомобил“ се движи благодарение на магнетната технологија и комресиран воздух.
Излезниот тек на воздухот од моторот се трансформира во обртен момент, што и дава сила на осовината и го придвижува автомобилот. Овој процес е поддржан од силиконска батерија која може да се наполни за еден час и трае 10 години. Батеријата се рециклира 95 отсто, што овој автомобил го прави еден од еколошки најприфатливите на планетата.
Од компанијата екслузивно објавија дека наскоро планираат на направат работен прототип на ова возило што може да биде подготвено за сериско производство веќе од 2010 година.
Оваа идеја, за автомобил на воздух, инаку, не е оригинална, бидејќи вакви замисли постојат уште од 1920 година, но малку од нив досега продолжиле да егзистираат со некаков конкретен проект.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: CIRACE
Датум на внесување: 25.Октомври.2008 во 23:41
NOVAVA KOLA NEMA DA SE PROIZVEDE KE GO UBIJAT SOPSTVENIKOT ZOSTO SITE DRUGI FABRIKI KE TREBA DA ZATVORAT ILI SITE KE MU PLATAT GOLEMO BOGATSTVO DA NE GO PROIZVEDE AUTOVO
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 28.Октомври.2008 во 07:37
Mini Cooper на струја
Mini следниот месец на саемот за автомобили во Лос Анџелес ќе ја претстави целосно електричната изведба на атрактивниот Cooper. Еколошкиот Mini ќе биде произведен во 500 примероци, кои ќе се најдат само на пазарот на Калифорнија.
BMW одлучи на Mini да ја тестира технологијата за изработка на електричен погон, а воедно и да ги задоволат законските регулативи на Калифорнија, кои наложуваат произведувачот на пазарот да понуди и возила со нулта степен на емисија на штетни гасови.
За погонот е задолжен електромоторот со сила од 201 KS со 220 Nm вртлив момент, а силата се пренесува на предните тркала. Во BMW се одлучија за литиумска батерија со капацитет од 35kW/h, поради која багажниот простор е намален на само 60 литра.
Електричниот Mini, тежок 1.465 килограми за 8,5 секунди развива до 100 километри, а максималната брзина е ограничена на 152 km/h. Со едно полнење Mini може да извози 250 километри. Батеријата се полни за 2,5 часа.
Сите 500 примероци ќе бидат изработени во сребрена боја. Лесно ќе може да се препознаат со оглед на фактот што немаат ауспух, за разлика од класичната изведба.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 12:43
Honda CBF-125
Honda следната година во продажба ќе го пушти новиот модел CBF-125. Според компанијата ова е ултимативна градска машина, која за разлика од скутерите поседува петобрзински мануелен менувач и 17 цолни тркала, што особено придонесува за безбедноста, како и за уживањето во возењето.
Погонската сила на оваа симпатична машина и го дава моторот со четворотактно воздушно ладење, со волумен од 125ccm кој на задното тркало му испорачува 11 коњски сили, и потполно ги задоволува Euro 3 стандардите. Новиот CBF-125 има мала потрошувачка која овозможува со резервоар од 13 литри да се минат околу 600 километри.
CBF125 ќе се најде во продажба кон почетокот на пролетта, и тоа во три варијанти, спортско црвена, црна и сребрена. Цената на моторот се уште не е позната.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 03.Ноември.2008 во 12:43
Fiat во Бразил ќе го престави Bugster
Fiat на претстојниот саем за автомобили во Бразил ќе го претстави новиот концепт-автомобил, комбинација на buggy и roadster изведбата, со симболичен назив Bugster.
Главна карактеристика на Bugster-от е неговиот погон и материјалот од кој е изработен. Имено, Bugster-от ќе се движи благодарение на електричниот мотор, а неговата каросерија ќе биде изработена од природно влакна, што и тоа како придонесува во развојот на еколошките автомобили.
Според информациите на магазинот „Italianspeed“, доколку влезе во производство, Bugster-от ќе се продава исклучиво во Бразил, што е особено важно за екологијата на земјата која има најголем процент од светските тропски шуми.
Иако сосема е јасно дека Bugster нема да влезе во производство, сепак оваа дизајнерска студија ќе придонесе за промена на мислењето за материјалите кои се користат при изработка на автомобилите.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 07:45
Нови рендери - Pagani Zonda R
После неколкуте варијанти и рендери стигна и најновиот и веројатно најблискиот приказ на драматично стилизираниот супер автомобил Pagini Zonda R, но по се изгледа Horacio Pagini има многу поголеми планови и амбиции од тоа што можеме да го видиме.
Последните рендери, претставени кон крајот на минатата години и податоците кои беа пласирани, говореа дека автомобилот ќе биде произведен само во 10 примероци и оти ќе има мотор со сила од 750KS.
Новите рендери кои се појавија во јавноста, го прикажуваат автомобилот во сосема друго светло. Каросеријата, која е со јаки жолти линии во комбинација со црна боја е изработена од карбонски влакна.
Моторот на Zonda најверојатно ќе биде 7,3 литарскиот AMG V12, кој е застапен и во постарите модели на овој производител. Моделот R е доказ дека производителот си игра со екстремностите, екстремен изглед, екстремни материјали и екстремни перформанси.
Останува да ги причекаме и другите рендери и информации од производителот, како и конечната изведба на новата Zonda R.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 07:46
Audi Calamaro: Летечки концепт - автомобил
Во последните неколку години Audi „лета“ многу ниско со постојните модели RS4, RS6 и R8, но работите се менуваат, па Audi одлучи да се одвои од асфалтот и да премине на нешто понапредно и тоа за време на светската рецесија.
Имено, Audi го претстави концепт-автомобилот на иднината Calamaro. Како што можете да видите на фотографиите возилото не поседува тркала и претставува комбинација од автомобил, авион, а поседува и можност за превоз (лебдење) по вода.
Автомобилот го разви младиот студент по дизајн од Унгарија, Тибот, за еден од натпреварите кои ги организираше Porsche Унгарија. Концептот Calamaro е инспириран од коските на рибата сипа, што може да се забележи и од самиот дизајн на автомобилот.
Дизајнот само по себе е особено интересен и изгледа како автомобил од иднината. Останува нејасно што ќе го придвижува ова возило, на кој начин ќе се вози и каде и како ќе го паркирате?
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 05.Ноември.2008 во 07:47
edno znam ovaa kola nikogas ne bi ja kupila, i ako e nekako specialna
Renault Sandero Sand'up концепт
Renault на саемот за автомобили во Сао Паоло го претстави својот нов концепт 2+2 купе/кабриолет возило под називот Sandero Sand'up.
Освен тоа што е модуларен и има можност за поместување на панелот за да се добијат особините 2+2 купе/ кабриолет, автомобилот е окарактеризиран и како комплетен SUV или pick up.
Една од интересните карактеристики на Sand'up концептот е можноста за претворање на багажниот простор во транспортен кревет за спиење, што само го дополнува големиот дијапазон на можности и модификации на овој модел.
Sand'up е базиран на неодамна претставениот компактен SUV модел Sandero Stepway исто така презентиран на саемот во Сао Паоло, кој како и Sand'up-от е наменет за аргентинскиот пазар.
Новиот модел ќе го движи 1,6 литарскиот мотор со сила од 110KS и 148Nm вртлив момент, а ќе има можност за возење на бензин и етанол. Етанолот како погонско гориво е достапен ширум Бразил. Оваа латиноамериканска држава воедно е и најголемиот произведувач на органски горива во светот.
За сега од Renault не соопштуваат дали новиот Sandero Sand'up има шанси да се појави на европскиот пазар и дали воопшто ќе влезе во производство.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 10:58
Официјални фотографии на Nissan 370Z
Компанијата Nissan ги објави првите официјални фотографии на најновиот модел Nissan 370Z на кои се гледа конечната верзија на возилото кое својата премиера ќе ја доживее во ноември 2009 година на саемот за автомобили во Лос Анџелес.
За разлика од својот претходник model 350Z, новиот 370Z има поагресивен изглед и доаѓа со 3,7 литарски V6 мотор со 330KS, и помало меѓуосовинско растојание.
Nissan 370Z очигледно дека ќе биде со ретро изглед, но со понагласени линии.
Предните светла се стилизирани, во облик на бумеранг, што може да се смета за предност ако се земе предвид дека возилото изгледа како издолжен триаголник, нешто што се почесто се гледа кај повеќето автомобили.
Што се однесува до внатрешноста, таа неверојатно потсетува на изгледот на моделот Zed, додека шал таблата и остатокот од внатрешноста потсетува ма Nissan Murano. Официјалните информации и карактеристики на овој модел не се објавени.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 10:59
BMW работи на „зелен“ супер автомобил
Британскиот магазин Autocar објави дека BMW ги истражува можностите за изработка на супер автомобил кој би бил еколошки освестен и директен ривал на Audi R8, Porsche 911 и Mercedes McLaren SLR.
Според инсајдерски информации новиот неименуван зелен супер автомобил изгледа како модерниот M1 и ќе биде направен според последната технологија на BMW за изработка на возила од лесни материјали.
Autocar навестува дека двоседот ќе има централно позициониран мотор, веројатно напредна верзија на 3,0-литарскиот би-турбо 6-цилиндричен бензинец.
Автомобилот ќе биде опремен со најновата технологија на BMW за заштеда на гориво, вклучувајќи директно вбризгување, регенерирање на енергија при кочење, стоп-старт систем, како и подобрена аеродинамика.
Доколку овој „зелен“ супер автомобил добие зелено светло, тогаш почетокот на производството може да се очекува во текот на 2012 година
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 10:59
Audi планира нов градски автомобил
Audi планира да произведе нов градски автомобил кој би бил базиран на ултра економичниот микро автомобил на Volkswagen, The Up!, кој воедно ќе биде и најмалото возило што Audi го има произведено.
Новото бебе на Audi е микс од економичен и стилизиран автомобил, нешто што досега не можеше да се види во понудата на компанијата. Официјалните претставници на Audi соопштија дека постои можност да се произведе мал градски автомобил базиран на A1 концептот, а кој ќе биде претставен на мартовскиот саем за автомобили во Женева.
Засега се знае дека ќе ја дели својата платформа со The Up! на VW, а ќе користи и поедини делови од VW групацијата, SEAT и Škoda. Главни ривали на овој модел ќе му бидат Ford Ka и Fiat 500.
Истовремено од Audi соопштија дека се подготвува еколошки освестена замена на моделот A2.
„Намерно оставивме празнина меѓу A3 и претстојниот модел A1. Засега сè уште е рано да се зборува за автомобилот кој ќе ја пополни таа празнина, потребно е уште време. Го цениме A2 моделот, но сметаме дека е неопходно да понудиме возило на електричен погон“, изјави Руперт Штадлер, претседател на одборот на Audi.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
Постирано од: seka
Датум на внесување: 11.Ноември.2008 во 11:00
Нови Vespa модели
На претстојниот EICMA саем во Милано, Piaggio ќе претстави два нови модела, GTS 125 наменет пред се за почетниците и S 150 кој претставува засилување на нивните „спортски“ ориентирани модели.
Моделот GTS 125 ќе биде најслаб модел на GTS, направен е за почетници, како и за оние кои сакаат поголема економичност во споредба со постојните GTS со поголем волумен.
GTS 125 комплетната шасија и изглед го презеде од своите посилни браќа, додека за погонот се грижи четиритактниот агрегат од 124ccm кој развива 14 KS. Овој модел ќе биде достапен во сите бои и ќе чини околу 3.400 евра.
------------- Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
|
|