IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - НОВИТЕТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НОВИТЕТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 18>
Автор
Порака
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 08:57
Тјунерската куќа ABT го претстави пакетот модификации на неодамна претставениот компактен SUV Audi Q5. Вниманието во овој случај го привлекуваат модификациите на каросеријата, за кои слободно може да се каже дека се поприлично драматични.

Предниот и заден браник претрпеа најмногу измени, пред се во поглед на отворите за воздух и на отворите низ кои минуваат двете издувни цевки. Набилданиот изглед на возилото е последица на проширените штитеници од кал, како и огромните 20 цолни тркала..

ABT исто така ја зголеми снагата на моторот, па така нивната верзија на Audi Q5, која досега доаѓаше со 3,0 литарски V6 TDI со 240 KS, предвиден за S power пакетот, добива 310 KS и610 Nm максимален вртежен момент. Силата на 2.0 TDI моторот е зголемена од 170 на 190 KS, додека 2,0 литарскиот TFSI сега наместо 211 има 240 KS.

ABT кај Q5 вгради електронска CDC воздушна суспензија со ABT level Control, што придонесе за намалување на висината на возилото и за добивање на пониско тежиште.

Првиот примерок на ABT Audija Q5 ќе се најде на улиците кон почетокот на 2009 година.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2008 во 10:35
Бродски дизајн за Volkswagen

Новиот модел на Volkswagen, Caddy Topos Sail Design Concept, е возило наменето за оние кои уживаат во кампувања и сонце. Она што е интересно, е што покривот на ова комбе е направен од дрвена платформа со морнарски дизајн, која ја има на палубите на бродовите.

Идеите за ваквиот дизајн, се земени од класичните јахти, каде мултифункционалниот дрвен покрив е опколен со алуминиумска ограда. На задната врата од возилото, се наоѓаат четири скалила изработени од дрво и алуминиум кои водат до покривот. Како додатен дизајн, од страните на возилото и задниот браник е употребено дрво за да се добие префинет изглед.

Палубата на покривот може да се прилагоди во удобно место за лежење и уживање во патувањето. Дрвениот покрив, за разлика од стандардните метални, не ја апсорбира топлината, што го прави за 1000 пати поладен и воедно е поелегантен.

Ова возило е направено според највисоките стандарди и е со тригодишна гаранција. Неговата промоција ќе биде на саемот за рекреативни возила во Диселдорф, кој трае се до 7 септември.

Возилата за кампување на Volkswagen, станаа популарни уште во 1950 година, а калифорнискиот модел беше претставен во 1988 година, кога започна производството на третата генерација на Volkswagen Transporter. До сега се продадени повеќе од 80.000 вакви возила, со што Volkswagen претставува една водечките автомобилски индустрии за камперски возила.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2008 во 10:35
Audi R8 и во тркачка верзија

Спортскиот оддел на Audi ги обелодени плановите за развој на тркачка верзија на моделот R8, кој ќе се појави на натпреварите во класата GT3.

Audi R8 досега беше наменет само за приватните тимови, но благодарение на усогласувањето со правилата на GT3 класата на автомобили, овој модел ќе стане соодветно возило за повеќето национални и меѓународни шампионати.

Најавената снага на GT3 верзијата е околу 500 KS, а согласно правилата, таа ќе се пренесува на задните тркала и тоа со помош на шест степенската секвенцијална трансмисија.

Суспензијата останува речиси негибната. Најголемиот дел од измените ќе бидат сконцентрирани на аеродинамиката на возилото, а тоа, според најавите, ќе се добиен со модифицирање на предниот дел и со огромниот стабилизатор на задниот крај.

Audi R8 GT3, кој во моментов ја носи кодната ознака R16, месецов ги мина првите тестови. Зад воланот на прототипот седна фабричкиот возач Френк Биел.

Автомобилите, кои ќе се произведуваат во унгарската фабрика во Györ, ќе паднат во рацете на првите купувачи дури во втората половина на следната година.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2008 во 10:51
Кинеска мини рикша

Рикша направена од Mini Cooper е главна атракција низ улиците во Пекинг. Наречен „The Other Rickshaw“, овој трицикл е дизајниран и произведен од BMW.

Има оригинален дел од Mini кола и е опремен со безбедносни појаси. Исто така има четири златни лавови и други кинески декорации. Од BMW велат дека ова е единствено возило во светот од ваков тип.

Возачот на овој трицикл вели дека е прилично тешко и бара голем напор за да се вози.

„Моментално ова возило се наоѓа на поправка поради мал удар, но би требало да се поправи до следната недела“, велат од компанијата.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 13:53
uste nekoja slika od Mini Cooper na BMW
 



Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2008 во 09:21
Добриот стартен успех на Х6 ги натера челниците на култната баварска компанија да размислат за помала и поевтина изведба на истиот модел, кој ќе ја носи ознаката Х2, ќе има три врати и ќе се темели на мини SUV моделот кој BMW треба да го претстави наредната година, Х1.



Моторизацијата ќе ја сочинуваат бензинците со зафатнина од 1,6 литри конструирани во соработка со PSA, кои ќе доаѓаат во атмосферска и изведба со турбо полнач.

Дизелот ќе има зафатнина од 2,0 литри и ќе доаѓа во повеќе изведби на силата, а најсилната ќе има над 200 КС. Очекувано е да се вгради и хибридна изведба која ќе треба да ги привлече и “зелените”.

Ваквиот спортски тровратен SUV ќе биде претставен во 2010 година а ќе се продава една година подоцна по цена од околу 30.000 евра па нагоре зависно од изведбата.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 13:49
новата АлфаМи (AlfaMi)
 
 
 
 
 
 
 
 


Дизајн

За дизајнерите малите димензии често претставуваат проблем – иновативноста во дизајнот во оваа класа вообичаено на многу ниско ниво и нема голем напредок во изгледот на автомобилите.

Затоа, Alfa како дизајнерски ориентирана марка, го употреби целото свое знаење тука, па резултатот е повеќе од видлив. Предниот дел е доволно лут за да му се допадне на посилниот пол, но и доволно насмеан за понежниот пол.
 
На Македонците ќе им бидат понудени три изведби на мотори – основниот атмосферски 1,4 со 78 КС кој чини 15.990 евра во нивото на опрема Progression. Со овој агрегат, Mi.To е прилично динамичен автомобил, но нема да може да ги задоволи апетитите на спортските возачи – до 100 km/h стигнува за просечни 12,3 секунди и застанува на 165 km/h. Затоа пак троши извонредни 5,9 литри гориво во просек.

Опремата во основниот модел се состои од далечинско централно заклучување, ABS+EBD+BAS, мануелен клима уред, електрика на предни стакла, радио CD+MP3 со звучници и антена, подесиви предни светла, серво волан, активни потпирачи за глава, патен компјутер итн.

Овој пакет на опрема може да се надополни со многу стилистички додатоци, како и додатоци за безбедноста и комфорот, а некои од нив се добиваат во повисокиот пакет на опрема, Distinctive.
 

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 12:13
Освежен и подобрен Citroen C4
Citroen го објави првиот facelift на успешниот модел од компактната класа C4. Покрај малите измени во надворешноста, измени има и кај HDI дизелите кои сега одат повеќе со исто гориво а има и два нови бензинци.



Дизајнерски само истренираното око ќе ја забележи разликата, но факт е дека С4 сега изгледа многу попријатно и елегантно. Најголем придонес за тоа има предниот дел каде измените се и најголеми. Браниците имаат нова форма, а поклопецот на моторот е позаоблен. Во задниот дел доминираат новите светла со чиста графика.



Во внатрешноста, покрај подобрувањето на квалитетот на материјалите, забележително е и преместувањето на мерачот на вртежи на моторот од зад управувачот кон централниот дисплеј на кој се покажува брзината.

Моторизацијата е обновена со два нови бензинци кои се конструирани во соработка со BMW – од истата зафатнина од 1,6 литри, атмосферската верзија (без турбо полнач) произведува 120 КС, додека верзијата со турбо полнач, спортски 150 КС. Дизелите се подобрени и покрај задржувањето на истата сила сега трошат од 5-10% помалку гориво.



Цената на освежениот С4 се очекува минимално да порасне, но за кратко време со популарните попусти на Citroen на нашиот пазар да падне на сегашното ниво.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 12:15
Пишувањето пораки полошо од алкохолот

Пишувањето пораки додека возите, е поризично отколку кога возите под дејство на алкохол или дрога.

Исто така растојанието од другите коли, подобро може да се одржи под дејство на марихуана, отколку додека се пишува порака на мобилен телефон.

Научниците велат дека тоа се должи на фактот што, возачите во тој момент немаат целосна контрола врз воланот и возилото, бидејќи се насочени кон тоа што го пишуваат во пораката.

Пишување на една смс порака може да биде и до една минута, а за тоа време се поминува скоро еден километар доколку се вози на автопат, а низ град околу 500 метри, што е доволно долг пат возачот да се доведе во опасност.

Сепак не значи дека треба да управувате со возило под дејство на алкохол или наркотици.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 12:52
Pontiac G8 GXP Coupe

Кон почетокот на годинава беше претставен концепт – автомобилот Holden Coupe 60 Concept, кој Pontiac одлучи да го претвори во реалност и да почне да го произведува.

Pontiac планира во следните три години концептот да го подготви за сериско производство. Засега новиот модел ќе стои зад името Pontiac G8 GXP Coupe, кое многу лесно може да стане и крајното име на сериски произведениот автомобил.

Pontiac G8 GXP Coupe е класичен американски спортски купе, кој главната конк*ренција ќе ја има во новите модели Camaro SS, Ford Shelby Mustang GT500KR и Dodge Challenger SRT8.

Pontiac G8 GXP Coupe би требало да го придвижува LS3 6,2-литарски V8 мотор со максимална сила од 402 KS. Според најавите истиот мотор ќе се најде и во лимузинската верзија Pontiac G8 GXP Sedan.

Гумите 245/40ZR19 ќе бидат ставени на лесни 19 цолни бандажи, а за преносот на силата на задните тркала ќе биде задолжен најмодерниот шестстепенски рачен менувач.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 12:53
Saab ќе го престави 9-X Air Concept во Париз
Оваа година како своевиден десерт на штандот на шведскиот Saab на авто саемот во Париз ќе биде 9-X Air Concept – кабриолет изведба на неодамна претставениот 9-X ByoHybrid.

9-X Air Concept може да биде интересен од две причини – првиот е тој што ни дава своевиден увид во лините на конк*рентите на Saab, BMW серија 1, Audi A3 и Volvo C30, а вториот тој што на принцип на неговиот мек покрив можеме да видиме како во блиска иднина би изгледале кабриолетите на Saab.

Имено, триделниот мек покрив, кој во Saab едноставно го нарекуваат „Canopy Top“, го користи принципот на склопување на Targa, што на дизајнерите им овозможило поставување на стаклени површини по пример на визир – кацига.

Како и 9-X ByoHybrid, 9-X Concept го придвижува биоетанолски турбо четири цилиндраш 1.4 со моќ од 200 КЅ, во пар со шест брзински менувач, електричен мотор и литиум – јонска батерија.

Автомобилот „спринта“ до стотка за осум секунди и постигнува максимална брзина од 230 km/h. Просечната бензинска потрошувачка во комбиниран циклус изнесува пет литра на стотина километри со емисија на 119 грама СО2, додека на етанолска мешавина Е85 потрошувачката изнесува 6.5 литри и емисија од 107 грама на СО2 на километар.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
ivotoyota Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 290
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ivotoyota Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 19:30
Seka mozes sekako da ostavis link od kade gi prezemas vestite. Taka e pokorektno neli! Ne se maci, ostavi linkce i ke procitame od stranicata direktno od kade sto e tekstot (vo slucajov gledam prezemas od www.koli.com.mk ).
Кон врв
ivotoyota Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јуни.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 290
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ivotoyota Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 19:41
Inaku eve gi modelite sto jas gi cekam za narednava godina

Toyota iQ


Toyota Urban Cruiser


I sekako noviot Avensis






Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 20:48
Originally posted by ivotoyota ivotoyota напиша:

Seka mozes sekako da ostavis link od kade gi prezemas vestite. Taka e pokorektno neli! Ne se maci, ostavi linkce i ke procitame od stranicata direktno od kade sto e tekstot (vo slucajov gledam prezemas od www.koli.com.mk ).
greska si, skoro se e prezemeno od www.idividi.com.mk
a inace si ja posetuvam redovno i www.koli.com.mkцрвенеењеголема%20насмевка

Изменето од seka - 24.Септември.2008 во 20:48
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,563 секунди.