IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - НОВИТЕТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НОВИТЕТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 18>
Автор
Порака
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2008 во 09:41

naj novo od Opel kompanijata, procitano kako i sekogas na http://idividi.com.mk

Opel Insignia ги препознава знаците на патот

Компанијата Opel го претстави системот за препознавање на знаците за ограничување на брзината и забрана за претекнување, кои се прикажуваат на таблата со инструменти.



„Окото на Opel“ е името на системот, составен од широкоаголна камера со висока резолуција и два процесора. Камерата, која не е поголема од еден просечен мобилен телефон е сместена меѓу ветробрановото стакло и внатрешниот ретровизор и е способна да сними 30 фотографии во секунда. Процесорите, потоа со помош на специјалниот софтвер, ги филтрираат и ги препознаваат фотографиите.

Во зависност од осветленоста на патот, системот е во состојба да ги препознае знаците на оддалеченост од 100 метри од автомобилот. Во случај возачот да вози повеќе од дозволеното, на таблата со инструменти се јавува соодветно предупредување.

„Окото на Opel“ е значително поефикасен инструмент од останатите навигационен уред кои исто така го предупредуваат возачот дека вози пребрзо. За разлика од нив, тој реагира во вистинско време и има прецизна претстава за состојбата на патот, додека навигационите системи делуваат врз основа на достапните мапи, кои понекогаш не ја одразуваат вистинската состојба на теренот.
 
 


Opel овој систем за првпат го претстави во моделите на Insignia, а наскоро ќе започне да го вградува и во останатите модели. Освен што ги препознава знаците, системот исто така има способност за предупредување зa промена на возната лента.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2008 во 10:03
e ova definitivno mora da se vidi голема%20насмевка
bi prifatila kako poklon намигнување
 
prezemeno kako i sekogas od http://www.idividi.com.mk/
 
2009 Maserati Quattroporte

Maserati го претстави моделот Quattroporte за 2009 година. Освежениот модел претрпи значителен број на визуелни и механички унапредувања.

Еден од важните новитети е верзијата Quattroporte S која го добива моторот од моделот Granturismo S .

После пет години и пo испорака на 15.000 автомобили Quattroporte го доживеа првото освежување за да може, да го задржи чекорот со своите ривали. Основната верзија е опремена со 4,2 литарски V8 мотор со 400 KS, додека моделот S ќе го движи 4,7 литарски V8 мотор со 440 KS.

И двата мотора ќе бидат понудени во комбинација со 6-степенски менувач, автоматска трансмисија, која ја развиваа во соработка со компанијата. ZF. Кога станува збор за визуелните промени, вниманието го привлекува предниот крај кој сега го карактеризира нов грил со вертикална решетка, која потекнува од моделот GranTurismo. Предните и задните светла, исто така, претрпеа благ редизајн. Сега се поставени LED светла.

Страниците на автомобилот имаат јасно нагласени линии, кои ги врзуваат предниот и задниот браник. Од релативно ситни визуелни промени треба да се наведат изменетите и нови ретровизори, кои сега имаат многу подинамичен изглед, и се во согласност со духот на автомобилот.

Ентериерот е исто така подобрен, а значителни промени има на централната конзола, која сега има попрактичен распоред на командите. Седиштата се пресоблечени во Marrone Corniola и Sabia кожа.

Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2008 во 11:15
Exeo – идната лимузина на Seat


Со неодамна излезен од финансиски проблеми, Seat денес веќе планира обновување на своето портфолио со дури четири нови модели, од кои најмногу внимание секако би требало да привлече новата лимузина со работно име Exeo.  

Во следните три до четири години шпанскиот произведувач на пазарот ќе понуди нов мал градски модел, компактен SUV, каравански crossover и лимузина со средна големина која од споменатите модели би требало прва да излезе на пазарот, значи веднаш по неодамна претставената Ibiza која всушност и ги најави новите ветрови од Seat.

Exeo на пазарот би требало да излезе следната година, а купувачите ќе можат да избираат помеѓу стандардна лимузина и караван. Главна конк*ренција ќе му бидат автомобилите како Mondeо, Laguna и сл, а всушност ќе се базира на претходната генерација на моделот A4 на Audi. Exeo ќе се произведува во фабриката на Seat во Matorella, во Шпанија, а производството ќе започне на крајот на оваа година.

На приложените слики можете да ги видите службените скици и рендерирана верзија на автомобилот на која според нашата анализа се гледа модел со конзервативен изглед и препознатлив преден дел, речиси идентичен на оној со новата Ibiza, додека задниот дел би требало да биде под влијание на успешниот дизајн на Audi автомобилите.

Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2008 во 01:04

ovoj ko ke me presretne sam se mava
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2008 во 14:45
A7 се спрема за лов на Mercedes CLS
 
љубовљубовљубов za mene moze i edno vakvo... ustvari so AUDI i BMW kaj mene skoro ne moze da se progresi!!! голема%20насмевкаголема%20насмевка

Екипата од Инголшталд, се чини дека нема да се смири додека не ги пополни сите категории на автомобили кои постојат. Со други зборови - се појасно е дека Audi во овој процес ќе смисли некоја нова категорија, сопствена, досега неоткриена.

Британскиот Autoexpress дошол до ексклузивни информации кои на нивните дизајнери им овозможиле креирање на првите фотографии на суперлуксузниот модел на Audi кои меѓу себе нагалено го нарекуваат – убиецот на CLS.

Новиот автомобил ќе биде граден на продолжената платформа на купето А5, а како купе со четири врати на пазарот освен на веќе споменатиот Mercedes CLS ќе им конк*рира и на доаѓачката BMW серија 8, Porsche Panamera и Aston Martin Rapid.

Од извори блиски до произведувачот (колку тоа звучи како текст од внатрешна политика­) се дознава дека новиот А7 треба да ги предефинира стандардите во класата кога е во прашање луксузност  на ентериерот. Се споменува новата генерација на мултимедијално – контролен систем MMI, но и врвниот квалитет на материјалот и исклучителните просторност и комфор.

Новиот автомобил би требало за погон да биде задолжен со неколку дизелски и бензински агрегати како V6 и V8 во најпрестижната изведба.

За љубителите на брзината Audi во блиска иднина ќе лансира и спортска изведба на Ѕ7 и RS7. Овој последниот наводно би требало да се придвижува со петлитрен V10 од актуелниот RS6, доработен така што би требало да развива повеќе од 600 КЅ

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2008 во 12:34
IFR Automotive го претставува Aspid

Британското „Motor Show“, кое се одржува следниот месец ќе ја има привилегијата да го прикаже новиот модел на спортскиот автомобил Aspid.

Новиот Aspid - двосед, кој е резултат на петгодишниот развоен програм на инженерската компанија IFR Automotive, е дизајниран на начин кој ќе ја даде силата и масата карактеристична за најдобрите спортски автомобили со врвни перформанси.

„Aspid-от е проектиран за да понуди високо ниво на задоволство при возење. Тој нуди нова и единствена дефиниција за тоа какви треба да бидат спортските автомобили и што се треба да пружат“, вели основачот на компанијата Игнацио Фернандез Родригез, додавајќи дека целта им била да „вградат“ што е можно повеќе емоции кои на возачот ќе ми овозможат да ужива во врвните перформанси и во секојдневното возење.

Погонската сила  Aspid-от ја добива од 2.0-литарскиот атмосферски мотор, која развива до 270 коњски сили, додека истиот мотор во Supercharged изведбата развива и до 400 коњски сили.

Силата се пренесува на задните тркала и тоа по пат на мануелна трансмисија со шестстепенски пренос. Каросеријата е изработена од лесен алуминиум, што придонесува целосната маса на Aspid-от да изнесува само 700 килограми.

Токму малата маса придонесува за сензационалните перформанси на автомобилот. Забрзувањето од 0-100 км/час се постигнува за само 2,8 секунди. Брзината од 160 км/час се постигнува за 5,9 секунди, а за да застане при оваа брзина на Aspid-от му се потребни се на се, само 3 секунди!

Aspid-от е првиот автомобил во светот кој ги исполнува сите безбедносни стандарди и на FIA, но и Европските хомологационите стандарди. Сето ова овозможува автомобилот „регуларно“ да се вози на јавните улица, но и да се користи за официјални натпревари на тркачките патеки.

Секој примерок на Aspid ќе се произведува по нарачка, со почетна цена од 75.000 фунти, додека целосно „опремената верзија“ може да достигне цена и до 150.000 фунти.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2008 во 23:32
Тест возење на Seat Ibiza во Охрид и Струмица


Овој викенд, во организација на генералниот импортер на SEAT за Македонија, КА-ДИС, се организира тест возење на НОВАТА SEAT IBIZA во Охрид и Струмица. На 28. и 29.Јуни во центарот на овие два наши града ве очекува целодневно дружење и возење од 9 до 18ч со новата SEAT IBIZA.

Тест возење на новата Ibiza претходно беше организирано и низ други градови во нашата земја (Тетово, Прилеп, Кичево, Битола, Гевгелија, Неготино), како и во главниот град Скопје. За сите оние кои ги пропуштија споменатите тест возења, Seat дава дополнителна шанса во Охрид и Струмица, градови кои често се избор за викенд одмор на граѓаните.

Поголем бран на гости се очекува во Охрид, кој од викенд во викенд угостува се повеќе посетители. За сите заинтересирани, тест возењето на Ibiza ќе се одржи на плоштадот на пристаништето.

Популарната Струмица пак, како и секогаш е центар на многу збиднувања, па за сите љубопитни 28. и 29.Јуни се деновите кога новото возило од SEAT е подготвено за струмичани да го пробаат на тест возење.

Како тест возила ќе бидат достапни неколку верзии на автомобилот – истите кои веќе се понудени во продажба. Тест возењето е организирано за сите автомобилски ентузијасти, купувачи заинтересирани за автомобилот, како и за сите љубопитни. Затоа, не ја пропуштајте единствената шанса да ги почувствувате убавината и технологијата во совршен спој.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2008 во 23:43
Corvette ZR-1 - нов рекордер во Нирбургринг

Иако многумина се сомневаа во најавите од GM дека Corvette на тркачките патеки ќе биде побрза од Nissana GT-R, Американците успеаја и извозеа круг низ Нирбургринг за само 7 минути и 26,4 секунди.

Corvette ZR-1 која ја претставија во оваа прилика беше сериска, со исклучок на комуникациската и безбедносната опрема. Со помош на 6,2-литарскиот мотор со 638 KS до 100 км/час развива за само 3,4 секунди, а четврт милја минува за импресивни 11,3 секунди.

Michelin Pilot Sport s2 гумите имаа идентични димензии со оние кои се вградени во фабричкиот автомобил. Во GM тврдат дека горивото кое го користеле при возењето е набавено од локалните бензински пумпи и оти маслото за мотор не содржи  било какви дополнителни адитиви.

Постигнатото време е за повеќе од секунда подобро од она што своевремено го постигна ултраспортската Pagani Zonga F, додека моделот GT-R го надмина за цели 2,5 секунди.

„За разлика од моделите на европските и јапонските конк*ренти, кои барем делумно се развиваат во Нирбургринг, нашиот автомобил се уште ги нема покажано сите свои потенцијали“, изјави Таџ Јухтер, главниот развоен инженер на Corvette, додавајќи дека целосно е уверен во надмоќта на ZR-1.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2008 во 23:24
Нов хибрид од Tesla Motors - Sedan Model S

Tesla Motors најави нов хибриден модел, Sedan Model S, кој ќе се појави на пазарот дури во 2010 година. Почетната цена на автомобилот ќе биде 60.000 американски долари.

Станува збор за plug-in хибрид кој ќе се движи благодарение на електромотор, а енергијата ќе ја црпи од литиумска батерија. Најавено е дека со едно полнење на батеријата ќе може да се поминат околу 365 километри.

Главниот човек во Tesla, Елон Маск тврди дека во првите четири години од произведувањето на Model S ќе успеат да ги намалат производствените трошоци до таа мера што цената ќе падна на 30.000 долари.

Иако првобитно беше планирано производството да се одвива во Мексико, Model S ќе пристигне од производствените ленти во Калифорнија.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 11:30
Alfa Romeo, stvarno sekogas ubavi modeli vadi, no mesto da investiraat tolku vo disajnot bi trebale malce pojse vo sovrsenosta na motorite i elektrikata da vlozat, nazalost seuste se slabi
 
No sepak novosti od Alfa Romeo
 
На повидок уште една GTA верзија на Alfa Romeo?

На презентацијата на моделот Mi.To, извршниот директор на компанијата Alfa Romeo, Лука де Мео откри неколку детали за посебната серија на моделот 8C Competizione.

Оваа посебна серија се уште се наоѓа во развојна фаза, а треба да се појави за време на прославата на јубилејот во 2010 година. Автомобилите треба да претставуваат полесна и помоќна верзија на купе, слично на Lamborghini Gallardo Superlegger.

Де Мео истакна дека оваа идеја се уште нема добиено зеленото светло од Fiat. Доколку се реализира, новата серија треба да добие и зголемена сила, која ќе достигне и до 450 KS.

Иако Мео не е сигурен дека проектот ќе го добие зеленото светло, тоа што со сигурност може да се потврди е дека бројот на примероците ќе биде ограничен на околу 100, и сите ќе ја носат фамозната ознака GTA.



Изменето од seka - 04.Јули.2008 во 11:32
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 12:53
Tatra - концептот 903

Чешката компанија Tatra го претстави концепт-автомобилот кој ќе се движи на погон на хидроген. Концептот 903 е интересна комбинација од издолжена хауба, карактеристична за моделите од 30-те години и модерен аеродинамичен дизајн.

Во случајот на Tatra, станува збор за студија за која за сега нема планови за производство, но сето ова говори за фактот дека чешката компанија со 111 годишна историја се уште има што да покаже.

Tatra не ги објави техничките детали за погонот на концепт-автомобилот, освен дека моторот како гориво користи хидроген.

За потсетување, Tatra е третиот најстар произведувач на автомобили, после Daimler, Mercedes Benz и Peugeot, но од 1999 година Tatra не произведува автомобили, туку само посебни off road возила.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2008 во 09:23
Ne sum golem ljubitel na Ford, nazalost suste vo nekoi matrialii ne mozat toa nivo da go postignat kako Audi ili BMW. NO Fucus RS im e stvarno dobro smislen, ubav dizaing, jaka tehnika i golema BRZINA црвенеење... bi sakala koga ke go izvadat da mozam na otvoten ( neogranicen ) avtopat da go probam....
 
Нови фотографии и детали за Ford Focus RS концептот

Пред најавеното претставување на Ford Focus RS концептот во Лондон, се појавија бројни официјални фотографии, но и некои технички детали за новото возило.

Еден особено важен детаљ, кој стигна до медиумите се однесува на начинот на кој Focus RS ќе ги пренесува на асфалтот најавените 300 KS.

За да го спречат расипувањето на обртниот момент и силната суспензија или таканаречениот torque steer ефект, инженерите дизајнирале уникатен систем на суспензија наречен „RevoKnuckle“ кој овозможува автомобилот да го задржи правецот и под полн гас.

Новиот систем овозможи да се изостави AWD погонот, кој дополнително би ја зголемил тежината. Quaife автоматскиот диференцијал со затворач би требало да овозможи соодветен пренос на сила, дури и при променливи временски услови и на помалку квалитетни подлоги.

На хаубата може да се забележат процепи за воздух, кои ќе обезбедат доволна количина на свеж воздух за Duratec 2.5 литарскиот турбо мотор, кој потекнува од моделот Focus ST.Со најавените 300 KS и околу 400 Nm новата генерација на Focus RS ќе биде посилна од сите претходници. И покрај новите најавени технички решенија, сепак FWD погонот бара поголема внимателност во поглед на перформансите.

Новиот модел се очекува да даде и солидно забрзување, односно до 100 километри на час да развие за не повеќе од шест секунди. Покрај дополнителната снага, Focus RS добива за 40 милиметри поширок траг на тркалата, 19" тркала и унапредена суспензија.

Иако концептот ќе биде претставен за неколку недели, сепак комплетните официјални детали нема да бидат објавени се до претставување на финалната верзија на Focus RS, која може да ја очекуваме кон почетокот на идната година.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 08:57
Seat ги претстави своите планови до 2010

Шпанската подружница на VW групацијата официјално ги објави датумите на доаѓањето на новите и освежен модели кои во следните две години ќе се најдат на пазарот. Меѓу најинтересните модели секако е Ibiza Cupra, како и засега неименуваниот SUV.

Новата Ibiza Cupra, која ќе се темели на женевскиот концептот Bocanegra, ќе биде претставена на франкфуртскиот авто салон, во септември 2009 година.

За потсетување, Bocanegra ја краси феноменален дизајн, кој доаѓа заедно со 1,4-литарски би-турбо TSI мотор со 7-степенски DSG менувач со две спојки, но сериската Cupra најверојатно ќе ја движи 1,8-литарски турбо бензински мотор.

Снагата на овој мототр секако дека треба да ја надмине онаа на 1,4-литарскиот турбо мотор од FR изведбата (февруари, 2009.), која ќе развие 150 KS. За сега малку се знае за идниот SUV, освен дека на пазарот ќе стигне во текот на 2010, заедно со Ibiza Sportback.

2008
Ibiza 5v
Ibiza 3v /Ibiza Sport-Coupe
Alhambra - facelift

2009
Seat Ibiza FR
Altea, Altea XL и Leon - facelift
Exeo – лимузина и караван
Ibiza Cupra
Alhambra – нова генерација

2010
Ibiza Sportback

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
Lady Blue Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8431
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lady Blue Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2008 во 01:06
 
Ubavicata koja ke ja zameni Vectrata - NOVATA OPEL INSIGNIA
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,142 секунди.