IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - НОВИТЕТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НОВИТЕТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 18>
Автор
Порака
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 04:49
Fiat бележи само позитивни резултати



Падот на продажбата на автомобили во Западна Европа продолжува и во април, кој се затвора со 1 милион и 168 илјади новорегистрирани автомобили. Знакот минус, најистакнат во Велика Британија (-24 проценти) и во Шпанија (-45,6 проценти), ги карактеризира сите главни пазари со исклучок на Германија, каде продолжува трендот на пораст со двојна цифра (+19,4 проценти).

Во овој контекст кој севкупно гледано сè уште е негативен, Групацијата Фиат Автомобили се поместува од просекот и продолжува да се движи во спротивна насока. Со преку 116.300 новорегистрирани автомобили, бележи зголемување од 5 проценти и и учество на пазарот од 10 проценти, 1,6 процентуални бодови во однос на април 2008. Со овие резултати, Fiat е на четвртото место меѓу производителите во Европа, позиција која најверојатно ќе биде подобрена до крајот на оваа година.

На одличните резултати за надоврзува и Grande Punto, кој стана четврти најпродаван модел во Западна Европа. Од друга страна, во класата А на градски автомобили, најпродавани модели се токму автомобилите на Fiat, Panda и 500. Раст на продажбата бележат и луксузните брендови на групацијата, Lancia и Alfa Romeo, пред се поради новите модели Delta и Mi.To.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2009 во 04:54
Renault Megane караван наскоро во продажба

Компанијата Renault , по купе и hatchback изведбата со пет врати, планира да претстави и караванска верзија на новата трета генерација на моделот Megane.



Моделот беше премиерно претставен на женевскиот саем за автомобили, а кон крајот на овој месец ќе започне и продажбата на европскиот пазар. Во меѓувреме, од Renault пристигнаа нови фотографии и подетални технички податоци. Главните разлики меѓу стандардниот и караванскиот Megane се во задниот дел.



Обликот на автомобилот, продолженото меѓуосовинско растојание и вкупната должина донесоа и повеќе простор за патниците во кабината, но и волумен на багажникот, кој сега изнесува 524 литри, додека со преклопување на задната клупа тој се зголемува на 1.600 литри.



Што се однесува до погонските агрегати, тие ќе останат исти како и кај моделот со пет врати – бензинци со волумен од 1,6 литри со 100 и 110 KS, 2,0-литарски со 140 KS, но и 1,4 и 2,0-литарски турбо TCe мотори со 130 и 180 коњски сили.



Дизел понудата ќе ја сочинуваат 1,5, 1,9 и 2.0-литарски dCi агрегати. Првите ќе дојдат во четири верзии со 85, 90, 105 и 110 KS, со просечна потрошувачка од 4.4 и 4.8 литри на 100 километри. Поголемиот од 1,9 литри ќе развива 130 KS, додека 2.0 dCi ќе дава 150 и 160 KS. Во зависност од моторот во понудата ќе бидат вклучени пет и шест степенските рачни менувачи, додека 2.0-литарскиот бензинец ќе биде опремен со CVT менувач.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 02:34
Нов градски „клинец“ од Honda

Honda наскоро ќе им се приклучи на произведувачите кои во својата понуда ги имаат најмалите градски автомобили. Се шпекулира дека компанијата, ќе претстави модел кој ќе им конк*рира на Toyota iQ и Smart ForTwo.

Голема е веројатноста Honda Jazz во 2011 или 2012 година да го добие својот помал брат, чиj развој веќе е започнат.



Моделот би се базирал на добро познатиот автомобил Life, кој Honda за сега го продава само на својот домашен јапонски пазар.

Основни одлики на моделот се практичност и економичност, поради што новата Honda веројатно ќе добие штедливи мотори со помал волумен. Имајќи ги предвид искуствата на Honda, не е ни чудно ако се појави и хибридна варијанта.

Новиот мал градски автомобил првенствено би бил понуден на сиромашните пазари, како што се Индија и Кина, каде и ќе се произведува. Европскиот пазар би можел да добие premium изведба на истиот автомобил со многу повеќе опрема, подобри безбедносни карактеристики и помалку издувни гасови.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 02:36
Keeway Outlook Sport

По големиот успех на моделот Outlook, Keeway одлучи на пазарот да исфрли и „спортска“ варијанта на споменатиот модел



Моделот со префиксот Sport, како и регуларниот модел Outlook ќе доаѓа со два волумена на агрегатот, 125ccm и 150ccm.

Како највпечатливи разлики меѓу регуларниот и Sport моделот ќе бидат, визуелниот дел кој ќе доаѓа во графитно сива боја, поострите линии, потполно црните браници, задната виљушка и агрегатот.



Од технички аспект, Keeway од агрегатот извлече поголема сила благодарение на ревидираниот систем за ладење, кој овозможува поголемо напрегнување на агрегатот.

Outlook Sport 125 и 150 би требало да се појави на пазарот во текот на месец јули по цена од околу 2.000 евра за моделот од 125ccm, додека цената на моделот 150ccm би требала да биде околу 2.100 евра без царина.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2009 во 02:40
Турски спортски автомобил за 40.000 евра

Дали сте знаеле дека и Турција произведува спортски автомобили? Etox Zafer е најновата креација која претставува комбинација од повеќе познати дизајни, но сепак изгледа привлечно.



Причината поради која не сте слушнале за компанијата Etox и моделот Zafer, иако веќе две години е во завршна фаза од тестирањата, веројатно е поради фактот што му се потребни 13 секунди за да развие до 100 км/ч, а максималната брзина му е 185 км/ч. Иако се претставува како спортски автомобил, Etox Zafer само изгледа така.



Автомобилот го движи Renault мотор со волумен од 1,5 литри со 125 KS, поради што и потрошувачката е мала, а емисијата на CO2 изнесува 117 грама/километар.



Доколку Zafer беше опремен со некој посериозен агрегат, сигурно ви барал поголем пазар, освен турскиот и Германија, каде турската заедница е особено голема. Секако за ваков мотор, слободно може да се каже дека има превисока цена, која изнесува 40.000 евра.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2009 во 11:12
Muska - руски супер автомобил

Рускиот дизајнер Игор Красанов, кој го заинтересира светот на автомобилската индустријата со своите рендери за потенцијалната Ferrari лимузина, сега ја претстави својата визија за модерниот супер автомобил под називот Muska.

Станува збор пред сè за замисла која најверојатно нема да стигне до сериско производство, а Красанов своето најново дело го опишува како автомобил, чиј дизајн обединува елементи од неколку модерни спортски автомобили и борбен авион ловец, што особено е забележливо одзади, каде завршните издувни цевки недвосмислено потсетуваат на млазници.

Гледајќи ги линиите на автомобилот, може да се заклучи дека претставува микс од класични спортски модели и модерни автомобили, како што е Lamborghini Reventón, особено предниот дел, додека кај задните тркала се забележува влијанието Corvette.

Иако шансите за сериско производство на Muska речиси се еднакви на нула, интересно е да се види како дизајнерите размислуваат за следните генерации на спортски автомобили.

 

 

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2009 во 11:12
Muska - руски супер автомобил

Рускиот дизајнер Игор Красанов, кој го заинтересира светот на автомобилската индустријата со своите рендери за потенцијалната Ferrari лимузина, сега ја претстави својата визија за модерниот супер автомобил под називот Muska.

Станува збор пред сè за замисла која најверојатно нема да стигне до сериско производство, а Красанов своето најново дело го опишува како автомобил, чиј дизајн обединува елементи од неколку модерни спортски автомобили и борбен авион ловец, што особено е забележливо одзади, каде завршните издувни цевки недвосмислено потсетуваат на млазници.

Гледајќи ги линиите на автомобилот, може да се заклучи дека претставува микс од класични спортски модели и модерни автомобили, како што е Lamborghini Reventón, особено предниот дел, додека кај задните тркала се забележува влијанието Corvette.

Иако шансите за сериско производство на Muska речиси се еднакви на нула, интересно е да се види како дизајнерите размислуваат за следните генерации на спортски автомобили.

 

 

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2009 во 18:05
личи како да имаат крадено од ламборџини
во секој случај секси линии голема%20насмевка


Изменето од zabegan - 16.Јуни.2009 во 18:05
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Delicia Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
*dream catcher*

Регистриран: 20.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 10984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delicia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2009 во 17:53
Citroen naskoro so svojot Citroën DS3 !
голема%20насмевка


Изменето од marija1000 - 18.Јуни.2009 во 17:54
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2009 во 03:20
Нова визија за супер автомобилот на BMW

Не, ова не е официјална слика од автомобилот, туку е интересна визија за баварскиот спортски модел, која доаѓа од перото, односно компјутерот на Ноа Идриес.



Audi го има R8, Mercedes McLaren SLR и наскоро SLS, а Lexus допрва ќе го претстави LF-A. На BMW во моментов му недостига баш тој таканаречен „halo-car“ (маркетинг термин кој се користи во автомобилската индустрија за возила дизајнирани за да го промовираат брендот, за да создадат „halo“ ефект за возилото и позитивна асоцијација за брендот). Секако, BMW ги има моделите M3, M5/M6, но искрено, тоа не е тоа.

Едно време се зборуваше за враќање на Серијата 8, па потоа за „зелен“ супер автомобил, но ништо од тоа се уште се нема реализирано, ниту пак официјално е потврдено.



Токму тоа го натера дизајнерот Ноа Идриес да му покаже на BMW како треба да изгледа тој модел. Идриес се водел од рецептот „агресивно, динамично и агилно“. Исто така, видливо е дека делумно се потпира на студијата „M1 Hommage“ и класичните карактеристики на дизајнот на BMW. Поради драматичниот дизајн и одличните идеи, одлучивме да ви ги претставиме рендерите.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2009 во 01:34
Баварски одговор на рецесијата – BMW X1



Најмалиот баварски SUV фатен е без камуфлажа, со око на шпионските камери на патеката во Нурбургринг. Продажбата веројатно ќе почне во ноември оваа година.



После концептот претставен на парискиот авто саем, се чини дека се е спремно за сериското производство на најмалиот член на Х семејството. Со Х6, Х5 и Х3, палетата е дополнета со моделот Х1, кој ќе се произведува во погоните на компанијата Magna Steyr.



Базиран на компактниот модел од серијата 1, изгледа како мешавина на серијата 1 и поголемата 3-ка. Ќе биде понуден со повеќе бензински и дизел мотори. Со најјакиот 3.0i реден шестцилиндраш, ќе забрзува до стотка за помалку од 7 секунди.



Јасно, овде не се работи за озбилниот off-road возило, туку за SUV за патишта, кој ги комбинира особините на традиционалните автомобили и повишена позиција на седење. Тој директно удира на конк*рентите како Honda CR-V, Toyota RAV 4 и VW Tiguan. Се планира производство од 100.000 примероци годишно


Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2009 во 19:41
Fornasari RR99 - италијански супер SUV

Италијанската компанија Fornasari наскоро ќе започне со сериско производство на RR99, спортски SUV со пет врати и за пет патници.



За да го оправда описот супер SUV, Fornasari во RR99 вгради V8 мотор од General Motor со 610 KS со 6000 вртежи во минута и 748 Nm вртлив момент, чија сила на сите четири тркала (60% напред, 40% назад) се пренесува преку мануелен или автоматски менувач со 6-степени.



Како што се најавува, 1850 килограми тешкиот RR99 (распоред на тежината 50/50) ќе може да постигне максимална брзина од 280 км/ч, додека за забрзување до 100 километри на час потребни му се само четири секунди (поточно 3,8 секунди).



RR99 инаку е долг 520 цм, широк 215 цм и висок 185 цм, меѓуосовинското растојание изнесува 325 цм, тркалата се од 18 до 23 инча (гумите од 285/55/18 до 305/35/23), а кочниците Brembo.
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 03:43
              Роденденско издание - Ford Mustang

Mustang Silver 45th Anniversary Edition ќе биде произведен во ограничена серија од само 45 примероци. Таткото на оригиналот, Ли Ајкока, лансираше сопствена реинтерпретација на актуелниот модел, инспириран од првенецот.
За подобрените перформанси се погрижи Racing одделот на Ford, управувачкиот систем е доработен, а како опција се понудени и подобри сопирачки. Моторот е со сила од 320 KS, додека со вградениот компресор 4,6-литарскиот V8 може да извлече 400 KS.
Внатрешноста има спортски тон, со црни порабени седишта и кожен управувач. Подобрен оптички впечаток носи и надворешноста, која има поагресивен изглед, особено редизајнираниот преден дел на автомобилот.
Издолжената линија на кровот ја нагласува динамичноста, додека напумпаниот заден дел остава впечаток на вистински muscle-car. Mustang Silver 45th Anniversary Edition ќе биде произведен во 46 примероци и тоа само за калифорнискиот пазар.




Изменето од Iron Man - 26.Јуни.2009 во 03:45
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 03:28
Се подготвува Civic Type-R Mugen

Тјунер одделот на Honda годинава на европските купувачи ќе им понуди ексклузивна изведба на популарниот Civic Type-R со посилен мотор и подобрена суспензија. Mugen Type-R прво ќе биде претставен на пазарот во Велика Британија, а потоа кон крајот на годината ќе биде достапен и во останатите делови на Европа.

Honda планира да произведе неколку примероци, поради што на сите заинтересирани купувачи им се препорачува уште сега да контактираат со своите дилери. Експертите дополнителните атоми сила ги извлекле не само со зголемување на масата, туку и со намалување на вкупната маса на автомобилот.

Со отстранување на задните седишта и користење на лесни карбонски влакна направена е значителна заштеда на тежина кон што придонесуваат и новите лиени 18-инчни бандажи и двете спортски седишта.

Под хаубата се наоѓа познатиот 2-литарски бензинец на кој се направени низа зафати со чија помош најголемата сила порасна на 237 KS со 217 Nm вртлив момент. Сменета е и целата суспензија, заедно со системот за запирање.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.