IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Автомобили и моторцикли
  Активни теми Активни теми RSS - НОВИТЕТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

НОВИТЕТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 18>
Автор
Порака
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 13:40
uffff... jas se zaljubivљубовљубов
ova e kola, 500 KS...lele ova da ne mi dojde vo race, ama i dizanjnot mi se dopaga epten mnogu љубовљубов
 
Arden Jaguar AJ21 XF

После моделот XKR, германската тјунинг куќа Arden го модификуваше и Jaguar XF, именувајќи го како Arden AJ21.

Arden AJ21 поседува посилен мотор, но има и значителни модификации на каросеријата и ентериерот.

Дизајнот на предниот дел е значително изменет благодарение на новиот браник со поголеми отвори за воздух, како и на предната решетка изработена од челик кој не ’рѓосува.



Вниманието го привлекуваат и LED светлата поставени на страничните отвори за воздух, кои инаку служат за ладење на кочницата. Задниот дел, по направените измени на дифузорот, спојлерите и на издувните цевки, сега изгледа поскладно и поагресивно.

Arden нуди унапредени перформанси на сите четири мотора кои се вградуваат во моделите на XF, почнувајќи од V6 2,7 дизел агрегатот па се до V8 4,2 литарскиот бензинец. На врвот на понудата на компанијата Arden е 4,5 литарскиот V8 со 500 KS и максимален вртежен момент од 640 Nm.

Од останатите модификации вреди да се издвои и новата суспензија и тркалата, кои овој пат доаѓаат со 21 инчни бандажи изработени од лесна легура.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
samir_sneijder Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мадридиста

Регистриран: 24.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај samir_sneijder Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 15:19
леле добар е стварно
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
Кон врв
samir_sneijder Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мадридиста

Регистриран: 24.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај samir_sneijder Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 15:23
Insignia Sports Tourer
На саемот во Париз, Opel ќе ја претстави и третата, караванска изведба на новитетот во средната класа, Insignia, која воопшто не заостанува во стилот зад другите две – напротив, Insignia Sports Tourer ќе биде еден од најубавите каравани.

Караванот ќе лежи на истата платформа како и другите две верзии, што значи ќе има исто меѓуоскино растојание (2.740 mm), додека ќе биде подолг за 8 cm и неговата должина ќе изнесува неверојатни 4,91 m, повеќе и од некои автомобили од средно – високата класа.

Моторизацијата ќе биде иста како и кај другите две изведби, но со дополнување од два нови мотори, едниот турбо бензинец и другиот турбо дизел, кои нормално ќе се вградат и во седанот и хечбекот, додека багажникот ќе брои читави 540 литри.

Како посебни верзии ќе можат да се порачаат EcoFlex верзијата која ја штити околината и ја намалува потрошувачката на гориво, како и верзијата со погон на сите четири тркала.

Продажбата на оваа верзија почнува наскоро по претставувањето на саемот во Париз, со цена за околу 1.000 евра повисока за исто опремениот седан.


Изменето од samir_sneijder - 15.Август.2008 во 15:24
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 16:16

Originally posted by samir_sneijder samir_sneijder напиша:

леле добар е стварно

 
ne da e dobar tuku odlicen e, vidi samo sto sve nudi i kolku sila imaљубовљубовљубов
a i ogledaj go od naprednata stana samo, bas kako nekoj jaguar, svetlata kako oci na jaguar so "nos" i so "mustaki".... uffff љубовљубовљубов 
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 13:12
ok, sega nesto novosti za ljubitelite na VOLVO, jas definitivno ne spagam pod niv, i ako znam deka Volvo spaga vo povisokata i pokvalitetnata kategorija na Avtomobilite
 
Volvo го оживува VCC концептот

Автомобилите кои со својот изглед и употребливост нудат спој на повеќе различни класи се веќе одамна реалност, оттука не е ни чудно што Volvo наводно од архивата го извлекол концептот VCC.

Во 2003 година компанијата ја претстави студија за повеќенаменски автомобил, кој излегува од рамката за производство на автомобили наменети за одреден сегмент од пазарот.

Шведските медиуми објавија дека Volvo веќе работи на изработката на концептот, VCC, кој претставува спојот на удобна лимузина и практичен караван.

Идниот модел на Volvo засега го носи кодното име V100 и, според информациите, би требало да се појави кон крајот на 2010 или 2011 година. Како што објавија медиумите, шведските дизајнери се користат со идејата и филозофијата која ја понуди Versatility Concept Car (VCC) уште во 2003 година.

Ако се земе предвид угледот и успешноста на актуелните модели, нема сомнение дека Volvo може да стане еден од важните играчи на пазарот на crossover автомобили.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 13:38
Враќање на американската легенда

Покрај Corvette, Mustang, Challenger и Avenger, меѓу легендарните американски спортски автомобили се вбројува и Camaro, моделот на Chevrolet кој за првпат беше прикажан во далечната 1966 година.

До 2002 беа претставени четири генерации на Camaro, а пред две години се појави концептот кој ја најави петата генерација. Извесен период се нагаѓаше дали новиот Camaro воопшто ќе се појави на улиците, но челниците на Chevrolet дадоа зелено светло за сериско производство.

Дизајнот на новата генерација е многу сличен на концепт-моделот кој беше многу сличен на оригиналот од 60-ите години на минатиот век. И покрај тоа што се истакнува со своите ретро линии, сепак Camaro е особено софистициран автомобил

Новата генерација има изедначен распоред на тежина меѓу осовините, варијабилен сервоуправувач, напреден ESP систем, силни кочници, V8 мотор, во комбинација со рачен менувач, а тука е и се попопуларната „launch control“ функција. Исто така треба да се истакне дека новиот модел ќе има опција за прилагодување на бројот на активни цилиндри, со што треба да се контролира и потрошувачката на гориво.

Базниот модел на Camaro ќе доаѓа со 3,6-литарски V6 мотори и 300 KS, додека спортската SS варијанта ќе ја движи моќниот 6,2-литарски V8 кој развива 422 KS. И двата мотора сериски ќе се испорачуваат со шестбрзински рачен менувач, но како опција не нуди и автоматски.

Независно од моделот, новиот Camaro доаѓа со богата опрема, односно со кожни седишта, автоматизиран клима уред, врвен аудио систем, Bluetoothom и слушање на музика преку USB.

Новото издание на спортскиот автомобил на Chevrolet на европскиот пазар се очекува да пристигне во текот на 2010 година. Цената се уште е непозната.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 09:13
normalno deka Japoncite na ova mislatголема%20насмевкаголема%20насмевка... so tolku ziteli bogami i moraat da mu ja mislat плазење
 
Toyota најави хибриди од сите модели

Јапонскиот произведувач на автомобили Toyota потврди дека до 2020 година планира во понудата за секој модел од нејзините автомобили да биде вклучена и хибридната изведба.

Претходно се проширија информации дека јапонскиот производител планира да ја прошири својата понуда на хибридни модели, но ова е првата официјална потврда на таквата информација.

Една од главните причини за ваквата одлука на Toyota е процената дека зголемената цена на горивата ќе придонесе за се поголема побарувачка на ваков тип на автомобили и оти свеста на возачите ќе се зголеми.

Од Toyota истакнуваат дека досегашната продажба на еден милион од нивните хибриди директно помогнала за намалување на емисијата за над 3 милиони килограми јаглерод диоксид во атмосферата.

Покрај хибридите, Toyota продолжува со истражувањата и развојот на други алтернативни погони, од типот на plug-in хибридите и слично.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2008 во 12:22
Ne izgleda do tolku loso, ama .... BWM si e BWMљубов
 
Mitsubishi Pajero Sport

Mitsubishi на саемот за автомобили во Москва ќе го престави новиот Pajero Sport, кој на штандот ќе се најде веднаш до концептот рели Dakar верзијата на Lancer.

Станува збор за SUV возило со седум седишта, кое на пазарот ќе се најде до крајот на годинава. Главни пазари секако дека ќе бидат Русија, југоисточните азиски пазари и Јужна Америка.

На пазарот на Австралија и на Јужна Америка возилото ќе го носи името Challenger. Изненадувачки и фактот што Mitsubishi одлучи Pajero Sport да не појави на пазарите во Централна и Западна Европа, како и во Северна Америка.

Новиот модел е со нешто поголеми димензии од своите претходници: должина 4,695mm (претходникот 4,620mm); ширина 1,815mm (1,775mm); висина 1,800mm (1,730mm); и меѓуосовнинско растојание 2,800mm (2,725mm).

Главен адут на ова возило е Super Select 4WD систем на сите тркала, а како опција е ставена и евентуалната блокада на задниот диференцијал.

Кога е во прашање погонот, Mitsubishi за сега го потврди само 3,2 литарскиот турбодизел со 162 KS и 343 Nm максимален вртежен момент, но се очекува да се појави и помалиот 2,5 литарскиот турбодизел, како и 3,5 литарскиот V6 бензинец.

Силата се пренесува на сите тркала со помош на 4-степенскиот автоматски Sport Mode или 5-степенскиот мануелен менувач. Продажбата ќе започна набрзо, веднаш после претставувањето на возилото, закажано за следната недела.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2008 во 12:24
Еколошка педала за гас
ECO педалата на Nissan ќе се комерцијализира 2009

Компанијата Nissan Motor ja престави ECO Педалаta, прва од ваков вид во светот, a e осмисленa да им помага на возачите да возат поштедливо. Кога е вклучен, програмот го прати секое притискање на педалот за гас и препознава дали има прекумерен притисок, со што го активира регулацискиот механизам за повратен отпор, со тоа на возачот му дава информација дека веројатно троши повеќе гориво од потребното. Индикаторот за “еколошко возење” кој е вграден во инструментната плочка, го известува возачот за моменталната потрошувачка на горивото, со што возачот може полесно да си го прилагоди начинот на возење. Програмот ECO Педала, возачот може да го вклучува и исклучува според споствените “потреби”.

Индикатор на програмот ECO Педала


Nissan планира да го комерцијализира програмот ECO Педала во текот на 2009. Nissan-овите истражувања покажаа дека користејки го програмот ECO Педала, возачите во зависност од условите на патот, можат да ја намалат протрошувачката на гориво за 5-10%.

Програмот ECO Педала прима податоци за потрошувачката на гориво во текот на забрзувањето и возењето и на база на тие информации ја рачува оптималната стапка на забрзување.

Работата на програмот

Во текот на возењето со оптимална потрошувачка, индикаторот свети зелено. Кога ќе препознае поснажно забрзување, а сеуште во границите на штедливоста, почнува да “блеска”. На крајот поцнува да свето жолто за да го извести возачот за начинот на возењето. За да ги намали емисиите на CO2, Nissan применува “трослојна” метода која ги опфаќа автомобилската метода, начинот на возење и условите на патот. Програмот ECO Педала, влијае на начинот на возење, а спаѓа и помеѓу низа корисни еколошки технологии кои Nissan ги развива во рамките на Зелената програма 2010. Nissan своите еколошки планови ги усмерува кон развојот на нови технологии, производи и услуги кои можат да доведат до значајно намалување на емисиите на CO2.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
samir_sneijder Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мадридиста

Регистриран: 24.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај samir_sneijder Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2008 во 17:16
Audi R8 и во кабрио изведба
Категoрија: Audi

Излегоа и првите шпионски фотографии од кабрио изведбата на R8. На сликите автомобилот не е воопшто прикриен и е видливо дека ќе користи мек платнен кров кој нема дополнително да ја зголеми неговата маса.

Дизајнерски, роудстерот нема скоро и воопшто да се разликува од постариот брат, освен задните всисници за воздух кои веќе нема да бидат во црна боја, туку во бојата на каросеријата, што малку го расипува спортскиот изглед но затоа пак ја зголемува елеганцијата.

Поради зголемената маса, перформансите на оваа изведба ќе бидат за нијанса послаби во однос на купето. Ќе се користи истиот 4,2 литарски V8 со 420 КС, додека подоцна ќе се вградува и новиот 5,2 литарски V10 со над 500 КС, кој премиерата треба да ја доживее наскоро во купе моделот.

R8 Roadster ќе биде достапен во првиот квартал на наредната година по цена од околу 130.000 евра па нагоре, зависно од опремата.

     





Изменето од samir_sneijder - 22.Август.2008 во 17:17
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
Кон врв
samir_sneijder Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мадридиста

Регистриран: 24.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај samir_sneijder Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2008 во 17:24

Volkswagen Polo петта генерација

Се чини дека дизајнот на Scirocco ќе служи како инспирација за петата генерација на Polo кое треба да се појави во продажните салони во текот на следната година.

Виновник за препознавање на стајлингот на Scirocco кај Polo е предната маска која го напушта досегашниот дизајн со огромна решетка во носот и оди кон нешто многу поeдноставно со само два хоризонтални отвори меѓу аглестите предни светла.

Визуелно ова е многу подобро. Чистиот дизајн не е карактеристичен само за маската, туку за целиот автомобил кој делува многу посериозно од сегашниот модел.

Новиот Polo ќе биде поставен на платформата со кодна ознака PQ25 врз која веќе лежи Seat Ibiza, што значи дека ќе биде незначително поголем, но сепак, ќе има повеќе простор во кабината.

Наследникот треба да биде квалитативно подобар од претходникот. Големо внимание е посветено на изборот на материјали во внатрешноста, но и на опременоста. Барем така велат во VW.

Под хаубата ќе работи веќе познатата моторна понуда на бензинци и дизели. Врвот од понудата е резервиран за 1.4 литарскиот TSI со 170 коњски сили кој ќе се вградува во Polo GTi, а најштедливиот Bluemotion ќе има емисија на СО2 помала од 100 g/km и во просек ќе троши 3,8 литри.

Покрај вообичаената каросериска понуда со три и со пет врати новиот Polo ќе биде на располагање и како купе-кабрио и како




изворче
http://www.vozi.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2052&Itemid=72

Изменето од samir_sneijder - 22.Август.2008 во 17:25
OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
Кон врв
samir_sneijder Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мадридиста

Регистриран: 24.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај samir_sneijder Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2008 во 17:32
Се спрема нова генерација на лимузината од Мерцедес Е класа



OooOooOoOOooПразно..ОооОоОоОоООоО
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2008 во 11:25

Премиера на Chevrolet Cruze во Париз

Chevrolet Cruze своето први и официјално претставување ќе до доживее на парискиот саем за автомобили. Ви ги претставуваме првите официјални фотографии и податоци на финалниот сериски модел.

Chevrolet Cruze е уште еден од GM таканаречени глобални модели кои ќе се продаваат на северноамериканскиот, европскиот и азискиот пазар.

Cruze е потполно нов производ, а на приложените слики може да се види европската варијанта. Американската изведба ќе има посебна моторизација. Во Азија Cruze ќе се продава под знакот на Daewoo.

Станува збор за мала семејна лимузина која во Европа, кога ќе почне да се продава следната година во март, ќе биде достапна со еден дизел мотор и два бензинци.

Бензинците ќе бидат 1,6 и 1,8-литарски со 112 и 140 KS. Врв на понудата ќе биде 2,0-литарскиот турбодизел со 150 KS и максимален вртежен момент од 350 Nm.

Наведените мотори ќе бидат стандардно управувани со 5-степенски рачен менувач, додека 6-степенскиот автоматски ќе биде дел од опционата понуда.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2008 во 16:10
Започна производството на Qashqai+2

Во фабриката на Nissan во Сандерленд започна производството на моделот Qashqai+2, особено популарен SUV-a со седум седишта.

Со ова бројот на моделите лансирани од британската фабрика во Сандерленд во последните пет години се искачи на пет. Претседателот на Nissan Карлос Госн веќе потврди дека во Сандерленд во 2010 ќе се произведе уште еден компактен crossover.

Qashqai+2 е дизајниран така за да ги задоволи потребите на европските купувачи. За разлика со стандардниот Qashqai новиот нуди две седишта повеќе. Стандардниот Qashqai, само во Европа од март минатата година до сега е продаден во повеќе од 235.000 примероци.

Затоа во јуни во Сандерленд воведоа и трета смена, а во погонот за производство дополнително се влошени уште 223 милиони фунти.

„Очекуваме дека во 2008 ќе произведеме 270 илјади Qashqai, но за тоа пред се ќе одлучи пазарот, односно успехот на изведбата со седум седишта. Доколку успееме да го исполниме зацртаното, тогаш Сандерленд ќе ја заврши годината со рекордно производство од околу 450 илјади возила“, изјави Тревор Ман, потпретседател на одделот за производство на „ Nissan“ за Европа.

Испораката на Qashqaija+2 во Британија започнува на 18 септември. Цената на британскиот пазар ќе се движат од 21.675 евра за изведбата 2.0 Visia со преден погон до 30 илјади евра за топ изведбата Tekna со 2.0 турбодизел мотор и погон на сите тркала.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.