IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРУВАМ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ИМУНИТЕТ НА МАКЕДОНЕЦОТ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРУВАМ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ИМУНИТЕТ НА МАКЕДОНЕЦОТ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака Обратен редослед
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 16:39
бе лукуми бе - како што многу пати веке сум рекол - не им се сложува puzzelot на МК историчатите и пробуват нови конфигурации - белким стане нешто. Е нема да стане - секоj puzzle може да се нареди само по един единствен начин - вистискиoтголема%20насмевка

"Добро е да се отвораат странските архиви за македонската историја и да се предочуваат тие материјали пред пошироката јавност, велат неколкумина домашни историчари"

е па те са отворени бе, колку уште да се отваратзбунетост
пак се праат на вода ненапита - демек проблемат не е нив (изторичарите) а во достапот до странските архиви


а за ова што да кажам - личи ми на смукано од прстите на нозете:

"Во некои документи кои ги преведував за убиството на Гоце Делчев, Турците дури и не знаат кој е Делчев во 1903 година. Во телеграмите пишува „убиен е некој водач Делчев или Велчев“, тие не го знаат ни неговото презиме, значи тој е анонимус во тоа време за турската власт. Тој станува познат по неговата смрт кога е изграден митот за него во Македонија. Несомнено е дека бил многу харизматична личност додека бил жив, но тој останал на ниво на населението и на најконспиративната мрежа на ВМРО, но надвор од државата тој е изграден подоцна, врз основа на сеќавањата и на митовите."


Извршив превод на некои зборови за полесно да се разбере, инаку ништо не ти изменив или додадов!

Македон_алекс


Изменето од macedon_alex - 06.Мај.2009 во 16:54
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2009 во 16:21
Интервју: Драги Ѓорѓиев, историчар

-Може ли отворањето на вакви и слични документи во иднина, кои досега биле непознати, да се смета за опасност или за можност за уривање на сето она што не учела нашата историја досега. Треба ли да се плашиме од отворање на нови документи, нови сознанија за нашата историја, особено кога во најголемиот дел од нив не се споменува македонската нација, туку се зборува во најголем дел за македонски Бугари, Грци или Срби?

- Апсолутно треба да се ослободиме од тој комплекс дека објавувањето на документи за некои настани кои се случиле пред 100 или 150 години ќе го нарушат идентитетот на македонскиот народ. Ако постои опасност тоа да се случи, тогаш овој идентитет не е ниту изграден. Ако ние се плашиме дека во 1903 година не нарекувале Бугари, тогаш не е ни изграден овој идентитет. Што побрзо се ослободиме од тоа, и што побрзо, во крајна линија, признаеме некои работи што се случувале пред 100 или 150 години толку полесно ние ќе одиме напред. Толку помалку историјата ќе ни биде товар и баласт како што ни е сега. Сега ние реагираме, се жестиме, се кострешиме на секое објавување во Бугарија или Грција дека тогаш било така или вака, а ние одовде фрламе стрели или оган кон нив. Апсолутно треба да се ослободиме дека во тоа време се случувале настани, но и апсолутно бил поинаков целиот контекст, политички, социјален и верски и тие луѓе кои живееле тогаш се чувствувале така. Тоа не значи дека тие биле вакви или онакви, а ние денес сме поинакви. Ќе се објавуваат и нови документи, ќе излегуваат и нови фељтони во кои повторно ќе се судруваме и со Бугари и со Срби и со Грци и апсолутно не треба да се плашиме од тоа, тоа е дел од нашата историја. Тие луѓе тогаш живееле, се бореле и умирале на овие простори и начинот на кој се нарекувале е апсолутно ирелевантен за денешната македонска нација. Така да јас не гледам никакво загрозување од објавување на вакви фељтони или документи. Тоа ниту досега доведе до загрозување на македонскиот идентитет, ниту може да го загрози, затоа што нашиот идентитет е веќе завршена приказна.

во целина
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2008 во 18:33
И јас верувам во имунитетот на Македонците, зошто да не верувам..
Чим верувале овие од 1917, тогаш и јас верувам..

Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2008 во 18:12
'...Многу пати имаме слушнато од Македонистите дека тие не биле Бугари, туку Македонци, потомци на древните Македонци, и одамна чекаме да чуеме докази за тоа, а никако да ги дочекаме.'...

Македонското прашање

Петко Рачев Славејков

Објавено на 18-ти јануари 1871 во весникот „Македонија“ во Цариград.


Кон врв
Aminta2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 361
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Aminta2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2008 во 09:15
Цитирај Постоеше апсолутно ембарго кон проучувањето на делото на ВМРО на Тодор Александров и на Ванчо Михајлов, тоа е точно. Но, треба да се разбере дека новите власти, што се инсталираа во Македонија во 1944 година, немаа никаква кадровска основа, никакво искуство во историографијата за да можат да направат дистинкција за тоа што е што - на пример, дали ВМРО на Гоце Делчев е различна од онаа на Александров и на Михајлов? Во претходна Кралска Југославија, беше создадена претстава дека ВМРО е исто што и Ванчо Михајлов. ...

ФОРУМ:Дали навистина Делчев се изјаснувал како Бугарин и зошто?

КАТАРЏИЕВ: Ваквите прашања стојат. Сите наши луѓе се именувале како „Бугари“...




Ова е пробран и тенденциозен цитат на туркофилите (благонадежните бугари) земен од продадениот на СДСМ историчар - КАТАРЏИЕВ.

А Петко Славеjков убаво запишал во 1871 дека Македонците сметаат како:

"...тие не се Бугари туку Македонци, потомци на древните Македонци, а Бугарите се Татари и не знам што друго. ..."


Maurice Juncker, aдвокат во Апелациониот суд во Париз и член на Судскиот совен на Созузот на синдикатите на Сена, пишува:

"Нема потрагична ситуациjа од онаа во коj се наога македонскиот народ. Историjата е само долга низа насилства, грабежи, убиства, монструозни злосторства. Никогаш ни во наjлошите епохи немало полош режим од оноj што на Македониjа и го наметнаа Протогеров и Mихаjлов. Бандите од ВМРО од името на партиjата ги извршуваат своите злодела..."

(La Macedoine vue par l'Europe 1925-29, с. 174)




Изменето од Aminta2 - 11.Март.2008 во 09:25
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2008 во 18:16
Има Срби,Бугари,Грци но има и Македонци.Македонци кои немаат никаква врска со Срби,Бугари,Грци или било кој друг - МАКЕДОНЦИ во МАКЕДОНИЈА,зборуваат МАКЕДОНСКИ,пишуваат МАКЕДОНСКИ,читаат МАКЕДОНСКИ,живеат МАКЕДОНСКИ,како што и пред повеке од 2000 год постоеле Македонциголема%20насмевка
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2008 во 18:09
Историјата е наука и како таква дозволува да биде коментирана од секого,сите имаат право на свое излагање но тоа не значи дека се е прифатливо.Како и секоја наука така и историјата во многу периоди е флексибилна и ужива различни теории се до конечно оформување и признавање за официјалнонамигнување
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2008 во 18:05
Томе не пишува ништо ново,ние Македонците сме свесни дека пред 1945год. Македонија била поробена земја од Бугари,Срби и Грци затоа и луѓето биле приморани јавно да се изјаснат како Бугари,Срби и Грци но погледнете го фолклорот,песните и се она што им било оставено на Македонците да креираат по своја воља и ке видите дека тие секогаш биле Македонци за себе самите,Македонци во Македонија за себе и за никој друг намигнување
Кон врв
Tome1 Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 28.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tome1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2008 во 17:03
http://www.forum.com.mk/Arhiva/Forum37/megaintervju/megaintervju.htm
Иван КАТАРЏИЕВ,
академик

ВЕРУВАМ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ИМУНИТЕТ НА МАКЕДОНЕЦОТ

Академик Иван Катарџиев (73 ) е еден од основоположниците на македонската историска наука. Се смета за веројатно најдобриот познавач на збиднувањата од крајот на минатиот и од првата половина од овој век и за експерт за прашањата врзани со Внатрешната македонска револуционерна организација. Од неодамна е припадник на СДСМ. Со академик Катарџиев разговаравме за една од најболните точки на македонското минато и сегашност - бугарофилството

Постоеше апсолутно ембарго кон проучувањето на делото на ВМРО на Тодор Александров и на Ванчо Михајлов, тоа е точно. Но, треба да се разбере дека новите власти, што се инсталираа во Македонија во 1944 година, немаа никаква кадровска основа, никакво искуство во историографијата за да можат да направат дистинкција за тоа што е што - на пример, дали ВМРО на Гоце Делчев е различна од онаа на Александров и на Михајлов? Во претходна Кралска Југославија, беше создадена претстава дека ВМРО е исто што и Ванчо Михајлов. Тоа сфаќање беше доминантно во владејачките кругови се до 1964, кога се одржа едно советување во Клубот на пратениците. Говор одржа Мито Хаџивасилев Јасмин, кој рече дека е крајно време да се престане со прогонување на младинците кои на разни места пишуваат пароли: „Да живее ВМРО!". Постојат и други примери. Во 1944 година се говореше од страна на тогашните моќници дека Гоце Делчев и Илинден не треба да се слават бидејќи тој бил „Бугарин“, а Илинденското било „бугарско востание“.
ФОРУМ:Дали навистина Делчев се изјаснувал како Бугарин и зошто?
КАТАРЏИЕВ: Ваквите прашања стојат. Сите наши луѓе се именувале како „Бугари“...


Tom
Sakam Skopsko
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.