|
ВЕРУВАМ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ИМУНИТЕТ НА МАКЕДОНЕЦОТ |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
Tome1
Група Регистриран: 28.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 56 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 02.Март.2008 во 17:03 |
|
http://www.forum.com.mk/Arhiva/Forum37/megaintervju/megaintervju.htm
Иван КАТАРЏИЕВ, академик ВЕРУВАМ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ИМУНИТЕТ НА МАКЕДОНЕЦОТ Академик Иван Катарџиев (73 ) е еден од основоположниците на македонската историска наука. Се смета за веројатно најдобриот познавач на збиднувањата од крајот на минатиот и од првата половина од овој век и за експерт за прашањата врзани со Внатрешната македонска револуционерна организација. Од неодамна е припадник на СДСМ. Со академик Катарџиев разговаравме за една од најболните точки на македонското минато и сегашност - бугарофилството Постоеше апсолутно ембарго кон проучувањето на делото на ВМРО на Тодор Александров и на Ванчо Михајлов, тоа е точно. Но, треба да се разбере дека новите власти, што се инсталираа во Македонија во 1944 година, немаа никаква кадровска основа, никакво искуство во историографијата за да можат да направат дистинкција за тоа што е што - на пример, дали ВМРО на Гоце Делчев е различна од онаа на Александров и на Михајлов? Во претходна Кралска Југославија, беше создадена претстава дека ВМРО е исто што и Ванчо Михајлов. Тоа сфаќање беше доминантно во владејачките кругови се до 1964, кога се одржа едно советување во Клубот на пратениците. Говор одржа Мито Хаџивасилев Јасмин, кој рече дека е крајно време да се престане со прогонување на младинците кои на разни места пишуваат пароли: „Да живее ВМРО!". Постојат и други примери. Во 1944 година се говореше од страна на тогашните моќници дека Гоце Делчев и Илинден не треба да се слават бидејќи тој бил „Бугарин“, а Илинденското било „бугарско востание“. ФОРУМ:Дали навистина Делчев се изјаснувал како Бугарин и зошто? КАТАРЏИЕВ: Ваквите прашања стојат. Сите наши луѓе се именувале како „Бугари“... Tom Sakam Skopsko |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Томе не пишува ништо ново,ние Македонците сме свесни дека пред 1945год. Македонија била поробена земја од Бугари,Срби и Грци затоа и луѓето биле приморани јавно да се изјаснат како Бугари,Срби и Грци но погледнете го фолклорот,песните и се она што им било оставено на Македонците да креираат по своја воља и ке видите дека тие секогаш биле Македонци за себе самите,Македонци во Македонија за себе и за никој друг
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Историјата е наука и како таква дозволува да биде коментирана од секого,сите имаат право на свое излагање но тоа не значи дека се е прифатливо.Како и секоја наука така и историјата во многу периоди е флексибилна и ужива различни теории се до конечно оформување и признавање за официјално
|
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Има Срби,Бугари,Грци но има и Македонци.Македонци кои немаат никаква врска со Срби,Бугари,Грци или било кој друг - МАКЕДОНЦИ во МАКЕДОНИЈА,зборуваат МАКЕДОНСКИ,пишуваат МАКЕДОНСКИ,читаат МАКЕДОНСКИ,живеат МАКЕДОНСКИ,како што и пред повеке од 2000 год постоеле Македонци
|
||
Aminta2
Сениор Регистриран: 11.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 361 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова е пробран и тенденциозен цитат на туркофилите (благонадежните бугари) земен од продадениот на СДСМ историчар - КАТАРЏИЕВ. А Петко Славеjков убаво запишал во 1871 дека Македонците сметаат како: "...тие не се Бугари туку Македонци, потомци на древните Македонци, а Бугарите се Татари и не знам што друго. ..." Maurice Juncker, aдвокат во Апелациониот суд во Париз и член на Судскиот совен на Созузот на синдикатите на Сена, пишува: "Нема потрагична ситуациjа од онаа во коj се наога македонскиот народ. Историjата е само долга низа насилства, грабежи, убиства, монструозни злосторства. Никогаш ни во наjлошите епохи немало полош режим од оноj што на Македониjа и го наметнаа Протогеров и Mихаjлов. Бандите од ВМРО од името на партиjата ги извршуваат своите злодела..." (La Macedoine vue par l'Europe 1925-29, с. 174) Изменето од Aminta2 - 11.Март.2008 во 09:25 |
||
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
'...Многу пати имаме слушнато од Македонистите дека тие не биле Бугари,
туку Македонци, потомци на древните Македонци, и одамна чекаме да чуеме
докази за тоа, а никако да ги дочекаме.'...
Македонското прашање Петко Рачев Славејков Објавено на 18-ти јануари 1871 во весникот „Македонија“ во Цариград. |
||
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И јас верувам во имунитетот на Македонците, зошто да не верувам..
Чим верувале овие од 1917, тогаш и јас верувам.. |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Интервју: Драги Ѓорѓиев, историчар
-Може ли отворањето на вакви и слични документи во иднина, кои досега биле непознати, да се смета за опасност или за можност за уривање на сето она што не учела нашата историја досега. Треба ли да се плашиме од отворање на нови документи, нови сознанија за нашата историја, особено кога во најголемиот дел од нив не се споменува македонската нација, туку се зборува во најголем дел за македонски Бугари, Грци или Срби? - Апсолутно треба да се ослободиме од тој комплекс дека објавувањето на документи за некои настани кои се случиле пред 100 или 150 години ќе го нарушат идентитетот на македонскиот народ. Ако постои опасност тоа да се случи, тогаш овој идентитет не е ниту изграден. Ако ние се плашиме дека во 1903 година не нарекувале Бугари, тогаш не е ни изграден овој идентитет. Што побрзо се ослободиме од тоа, и што побрзо, во крајна линија, признаеме некои работи што се случувале пред 100 или 150 години толку полесно ние ќе одиме напред. Толку помалку историјата ќе ни биде товар и баласт како што ни е сега. Сега ние реагираме, се жестиме, се кострешиме на секое објавување во Бугарија или Грција дека тогаш било така или вака, а ние одовде фрламе стрели или оган кон нив. Апсолутно треба да се ослободиме дека во тоа време се случувале настани, но и апсолутно бил поинаков целиот контекст, политички, социјален и верски и тие луѓе кои живееле тогаш се чувствувале така. Тоа не значи дека тие биле вакви или онакви, а ние денес сме поинакви. Ќе се објавуваат и нови документи, ќе излегуваат и нови фељтони во кои повторно ќе се судруваме и со Бугари и со Срби и со Грци и апсолутно не треба да се плашиме од тоа, тоа е дел од нашата историја. Тие луѓе тогаш живееле, се бореле и умирале на овие простори и начинот на кој се нарекувале е апсолутно ирелевантен за денешната македонска нација. Така да јас не гледам никакво загрозување од објавување на вакви фељтони или документи. Тоа ниту досега доведе до загрозување на македонскиот идентитет, ниту може да го загрози, затоа што нашиот идентитет е веќе завршена приказна. во целина |
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
бе лукуми бе - како што многу пати веке сум рекол - не им се сложува puzzelot на МК историчатите и пробуват нови конфигурации - белким стане нешто. Е нема да стане - секоj puzzle може да се нареди само по един единствен начин - вистискиoт
"Добро е да се отвораат странските архиви за македонската историја и да се предочуваат тие материјали пред пошироката јавност, велат неколкумина домашни историчари" е па те са отворени бе, колку уште да се отварат пак се праат на вода ненапита - демек проблемат не е нив (изторичарите) а во достапот до странските архиви а за ова што да кажам - личи ми на смукано од прстите на нозете: "Во некои документи кои ги преведував за убиството на Гоце Делчев, Турците дури и не знаат кој е Делчев во 1903 година. Во телеграмите пишува „убиен е некој водач Делчев или Велчев“, тие не го знаат ни неговото презиме, значи тој е анонимус во тоа време за турската власт. Тој станува познат по неговата смрт кога е изграден митот за него во Македонија. Несомнено е дека бил многу харизматична личност додека бил жив, но тој останал на ниво на населението и на најконспиративната мрежа на ВМРО, но надвор од државата тој е изграден подоцна, врз основа на сеќавањата и на митовите." Извршив превод на некои зборови за полесно да се разбере, инаку ништо не ти изменив или додадов! Македон_алекс Изменето од macedon_alex - 06.Мај.2009 во 16:54 |
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Причините за дискрепанцата во перцепцијата за македонското
револуционерно движење која ја имаат странските медиуми во тој период и
македонската историографија која се учи во земјава, според професорот
Ѓорѓиев, не се должи на постоењето на некакви табу-теми во домашната
историја, ниту во нејзината идеологизација во изминатите децении.
да бе цел свет на терсене само во МК се си е на местото |
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
„Треба ли да се плашиме од отворање на нови документи, нови сознанија за нашата историја, особено кога во најголемиот дел од нив не се споменува македонската нација, туку се зборува во најголем дел за македонски Бугари, Грци или Срби? “
Обиди за налагање на еквидистанција. Добро ги знаеме кои се македонските Срби и од кога се појавиа во Македонија. (србомани) Знаеме ги и Грците. (гркомани) За Бугарите не знам, ама во тој временски период не ми е познато да биле бугаромани или бугарофили. Ако грешам, некој да ме исправи. |
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
чек да се самокоментирам за "МИТОТ ЗА ГЕОРГИ ДЕЛЧЕВ"
Обаче според Пеjo Jаворов? и цар и говедар го знаеле само за македонските историчари Г Делчев бил мит е па jас му верувам на Пеjo Jаворов Изменето од Boogie - 06.Мај.2009 во 21:13 |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За бугаромани и бугарофили незнаеш или несакаш да знаеш?! За да дојдеш до вистинскиот одговор нетреба да одиш никаде подалеку од самиот себе. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Платеник, навистина не ми е познато некој во почетокот на 20 век да бил нарекуван бугароман или бугарофил. Од интервјуто на Никола Карев знам дека бил булгарофрон. За други такви случаи не знам. |
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |