|
Тајните ракописи од Египет и Мртво море |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 29.Февруари.2008 во 02:23 |
Во 1945 год. седум бедуински полски работници копајки наишле на човечки скелет и запечатена урна. Мислејки дека содржи злато, ја разбиле урната и нашле тринаесет свитоци обвиени со кожа, не баш некоја книга ама нејзин предок. Свитоците содржеле 46 прастари христијански ракописи со содржина од 1-2век а самите свитоци биле направени во 4век. Подоцна некои биле несвесно изгубени, користени за потпалување или биле занемарени , а во 1947 остатокот бил собран во локалниот музеј. По откривањето на ракописите од Мртво море ова е второ откритие што може од корен да го промени општо прифатеното учење за почетокот и суштината на ХРИСТИЈАНСТВОТО.
Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:06 |
|
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ШТО Е ТОА
ГНОСТИЦИЗАМ? Евангелието по Јуда се смета за производ на т.н. каинистички гностицизам (гноза - знаење). Гностицизмот претставува своевиден алтернативен облик на христијанството. Тој се појавил во II век од нашата ера како обид да се направи синтеза на хебрејството и ортодоксното христијанство. Во предговорот на книгата Библиотеката Наг Хамади за ова учење се наведува: "Тоа била радикална струја која се стремела кон ослободување од владеењето на злото, струја која застапувала внатрешна трансцеденција, вовлекувајќи се во самата срцевина на христијанството, јудаизмот, неоплатонизмот, херметизмот и сл. Како нова религија, гностицизмот бил синкретистички, обединувајќи многу религиозни наследства. Библиотеката Наг Хамади вклучува и материјал втемелен на преданија кои не припаѓаат на јудео-христијанското наследство. Постојат, на пример, херметички текстови кои се темелат на египетското предание. Тоа се некои иницијациски дијалози помеѓу божеството Хермес Трисмегистос и неговиот син Тат... Еден текст дури се повикува на зороастерското наследство, наведувајќи го како негов творец Зостријан, дедо или вујко на иранскиот Исус, Заратустра".. Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:03 |
|
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пахомиј, всушност, бил основач на монашки ред во раниот среден век. Тој изградил манастир во јужен (или горен) Египет каде што го оформил т.н. пахомијанско движење. Каква била улогата на тоа верско движење од средината на IV век, не е лесно да се утврди, бидејќи Пахомиј имал час добри, час лоши односи со - тогаш - се уште неофицијализираната Христијанска црква. На пример, во книгата Евангелие по Тома и останати гностички списи, во која се цитираат делови од Животот на св. Пахомиј, се кажува дека наследникот и личен помошник на Пахомиј, Теодор, го превел посланието на александрискиот надбискупот Атанасиј. Во него се осудуваат "еретиците и нивните апокрифни книги, за кои тврдат дека настанале во древно доба и ги нарекуваат според имињата на светците". Значи, Пахомиј и Теодор тука се на страната на официјалната црква. Но, во претходниот пасус е напишано дека верскиот поглавар на градот кој се наоѓал во близина на денешен Луксор, се обидел да го протера Пахомиј од својата диецеза поради расправиите што Пахомиј ги водел со коптските гностици..
Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:04 |
|
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто го споменуваме овој Пахомиј, кого од неговиот врањски имењак го делат 16 ипол века? Затоа што во 1945 г., на неколку километри оддалеченост од неговиот манастир се пронајдени прастари документи кои ќе внесат голема вознемиреност во црковно-христијанските кругови. Тоа е библиотеката Наг Хамади, која го добила името по селото крај реката Нил во чија близина се пронајдени документите. Постојат претпоставки дека тие свитоци од папирус, кои носат енигматични заглавија (Евангелие по Тома, Евангелие по Филип, Евангелие по Марија, Откровение и Тајната книга на Јаков итн.) се напишани од следбениците на Пахомиј. За сите тие апокрифни писанија последниве децении се напишани бројни студии од страна на научниците и теолозите. Во една реченица, во нив се пружаат поинакви вистини за животот и суштината на Исус Христос од она што се проповеда во Новиот завет. Но, постојано се мрмореше дека во тие дамнешни транскрипции недостига сведочењето на клучниот човек од друштвото на Месијата - Јуда!.
Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:12 |
|
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕШЕНЛ ЏЕОГРАФИК На 6 април, на последната страница на Утрински весник, излезе следнава информација: "Телевизиската станица Нешенл џеографик, која ја пренесуваат некои македонски кабелски оператори, на католичкиот Велигден ќе прикаже документарец за загубеното евангелие, за кое се тврди дека му припаѓа на Јуда Искариотски". Во веста за прес-конференцијата на оваа популарна телевизија, одржана во Хамбург, беше наведено дека Јудиното евангелие "ќе ја промени историјата на светот"! Таа промена ќе настанела затоа што во филмот било докажано дека "Јуда не бил предавник на Исус и на неговите соученици". На крајот на веста пишуваше дека специјалното издание на Национална географија ќе го пренесувале 163 земји, а филмот ќе бил преведен на 23 јазици.
Претплатниците на кабелскиот оператор Зора кои посакаа да го видат овој атрактивен документарец останаа со празни очи бидејќи ниту на католичкиот, ниту на православниот Велигден не беше прикажана емисија под наслов Judas gosspel. Можеби затоа што тука се реемитува романскиот Нешенл џеографик. Меѓутоа, на сајтот на овој прославен медиум (www.nationalgeographic.com) веќе можете да го најдете соодветниот текст, а загрепската ТВ Нова најавува дека кавер-сторија во следното хрватско издание на магазинот ќе биде Јудиниот госпел, така што во најскоро време секој граѓанин ќе може да си го купи, ако му се трошат 250 денари. Инаку, приказната за Евангелието по Џуда започнува онаму каде што се прекинува сторијата за документите од Наг Хамади. Во споменатата книга Евенгелие по Тома и останати гностички списи пронајдени кај Наг Хамади, издадена минатата година во Белград, најсвеж датум што се споменува е 1981 г., кога се правени испитувања на картонажата на кориците: "Потеклото на кодексот од Наг Хамади често се изедначувало со пахомијанскиот монашки ред, чија програма често - меѓу другото - вклучувала и опширни студии по книжевност. Меѓутоа, објавувањето на таа картонажа во 1981 г. поттикна преиспитување на доказите кои се покажале како помалку точни одошто претходно се мислело. И покрај тоа, за разлика од другите понудени теории, врската на кодексот од Наг Хамади со пахомијанското движење и натаму останува сериозна можност". Во текстот Џудас госпел на сајтот на Нешенл џеографик индиректно се тврди дека тоа загубено евангелие и припаѓа на колекцијата на Наг Хамади. "Папирусот бил закопан во тежок и висок ќуп, можеби од страна на калуѓерите од блискиот манастир на свети Пахомиј. Би бил потребен само еден човек да го скине Јудиното евангелие, кое било поврзано со другите гностички текстови". И годините на неговото појавување како да укажуваат дека можеби и тој анал е дел од египетската збирка. Ја спомнавме 1981 г., како последна година во која се случува нешто интересно околу коптските апокрифи во Наг Хамади. Веќе во 1983 г. започнува да се одмотува клопчето со таинственото Евангелие по Јуда. Во мај 1983 г., дипломираниот студент Стефан Емел добил повик од другари-соученици кои сакале заедно да појдат во Швајцарија и да проверат некои коптски документи што им биле понудени од мистериозен извор. Во Женева, Емел и неговите двајца колеги биле упатени во хотелска соба каде што биле пресретнати од двајца луѓе - Египќанец и Грк преведувач. "Ни беа дадени половина час да погледнеме во содржината на 3 кутии за чевли. Во нив имаше папируси завиткани во весници. Не ни беше дозволено да фотографираме или да правиме забелешки. Не смеевме да го допираме, оти папирусот веќе беше почнал да се распаѓа. Еден од колегите исчезна во бањата да преговара за цената. Бевме овластени да понудиме не повеќе од 50.000 долари; продавачите побараа 3 милиони долари, ни пени помалку. Немаше шанса да ги платиме тие пари", вели Емел во текстот на Нешенл џеографик, патем денес професор на Универзитетот во Минстер, Германија. Тоа беше прв и последен пат некој учен да ги види загадочните документи следните 17 години. ГРЧКИ АНТИКВАРКИ Всушност, приказната не започнува 1983 г., туку десетина години порано, кога некој трговец со староегипетски старини од Каиро, во градот Ел Минја, во Египет, открил древна книга што наводно го содржела инкриминираното Јудино евангелие. Пред да умре, тој "проспектор" во 1978 г. му ја продал книгата на трговец со антиквитети именуван како "Хана". Дуќанот на Хана бил ограбен во 1980 г., а со целото азно исчезнува и книгата на Јуда. Со посредство на свои луѓе во Швајцарија, Хана си ја враќа ризницата и тој е човекот што во 1983 г. му го нуди сикретното Евангелие на Стефан Емел. Следната 1984 г., Хана им ги нуди манускриптите на лица од Њујорк. Бидејќи и таму не успева да се спогоди, ги става во сеф и ги остава во него полни 16 години. Конечно, извесна Гркинка по име Фрида Нусбергер - Тхакос го купува кодексот во април 2000 г., макар што поединости околу трансакцијата остануваат мистерија и за Нешенл џеографик. Фрида му ги покажува скриптите на експертот за папируси од Јеил, Роберт Бабкок, кој мигум сфаќа дека Гркинката во рацете држи документ од несогледлива вредност. Тој му предлага на матичниот Универзитет да ги откупи актите, но Ректоратот одбива, сомневајќи се дека се работи за фалсификат. Гркинката прави уште еден неуспешен обид за препродавање на папирусите на некојси Брус Ферини, за конечно да тропне на вратата Нешенл џеографик сосајати, основачот на магазинот Национална географија. Сумата која и била исплатена на Гркинката не е обелоденета.. Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:14 |
|
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЈУДИНИОТ БАКНЕЖ Што е суштината на ова наводно Евангелие за милионери? Што е тоа што во него е ново? Новото е тоа што со него коренито се редефинира ликот и делото на 12-тиот Исусов апостол, Јуда Искариотски. Во четирите легални евангелија - на Матеј, на Марко, на Јован и на Лука - улогата на овој човек е крајно негативна. Тој е предавникот Исусов, ученикот кој ги носи римските легионери до местото на ридот Елеон каде што се наоѓа Христос, каде што тие го апсат и по наредба на римскиот управник Понтиј Пилат - го распнуваат. Поради тоа, Јуда е можеби најомразената личност во христијанската цивилизација, исто како и племето на коешто тој му припаѓа (Juden). Неговото евангелие го тврди токму обратното. Јуда не само што не го предал Исус Христос, ами е, всушност, неговиот најдобар и најомилен следбеник!? Во текстот на Нешенл, кој можеби веќе идната седмица ќе биде достапен во скопските трафики, го пишува следново: "Тајното известие ни нуди еден мошне различен Јуда. Во оваа верзија, тој е херој. За разлика од другите послушници, тој вистински ја разбира Христовата порака". Преиспитувањето на Исусовото житие има долга историја, при што како еден од првите и најзначајни обиди се смета делото Животот Исусов на Французинот Ернест Ренан. Последно такво масивно преиспитување на Христовата личност е извршено во блок-бастерот Кодот на Да Винчи, кој е осомничен за плагијат на познатата Света крв, Свети грал. Меѓутоа, за исходиште и на првата и на втората книга се смета една повест од Французинот Робер Амбелен насловена како Смртоносната тајна на темпларите - или Вистината за Исус издадена во Париз 1970 г. Во тоа експлозивно дело (во кое за витезите-темплари се говори единствено во епилогот) практично е извршена деконструкција на сите митови поврзани со пантократорот на христијанската вера. Почнувајќи од првиот ватикански папа Симон-Петар, за кој авторот тврди дека никогаш не стапнал во Рим, преку Исусовите браќа Јаков (епископ на Ерусалим) и Тома-близнакот, до јунакот на нашава приказна - Јуда. ГАЛИЛЕЈА И КАРИОТ Ернест Ренан во славниот Живот Исусов раскажува за пасторалното детство на Исус во Галилеја, северниот дел од денешен Израел. Различно од сувата Јудеја на југот, областа околу галилејското езеро Тиверија, Ренан ја опишува како рај на земјата. Повеста на фамозниот род Јуда, Робер Амбелен ја започнува со неговиот наводен дедо Езекиј, кого римскиот историчар Јосиф Флавиј го опишува како "страшен разбојнички главатар". Во 46 г. пред Христа, управителот на Галилеја, Ирод, после жестоки битки, успева да го зароби Езекиј, кој претходно ја опустошил Сирија (тогаш под римска власт). Ирод наредува Езекиј да биде распнат и оставен да умре. Штом се разбрало за таа постапка на римскиот гувернатор, духовниот водач на Израел, Хиркан, го повикал кај себе Ирода и остро го укорил поради распнувањето на Езекиј. Зошто? Затоа што Езекиј не бил разбојник, ами востаник и тоа миропомазан!! Тој бил од царски род, "син Давидов", а сите потомци на Давид, Евреите ги сметат за свои кралеви. Тој Езекиј - син Давидов - и самиот имал син. Неговото име било Јуда Галилеецот. Исто како и татко му, и овој син Давидов, кога му дошло времето, дигнал востание на Евреите против римската власт. Седиште на неговата востаничка власт бил градот Гамала, кој се наоѓал на врвот на една планина источно од Тиверијадското Езеро. Затоа бунтовничкиот водач бил наречен Јуда Гамалиел. Во делата на античкиот историчар Јосиф Флавиј, кого го цитира Амбелен, пишува: "Јуда Галилеецот од градот наречен Гамала, го зеде со себе фарисејот Садок и го крена народот на бунт. Тие говореа дека пописот на населението служи само за зајакнување на ропството и ја вдахновија рајата да си ја брани слободата". (Јудејски древности). "Таму исто така беше и некој си Јуда, син на Езекиј, тој страшен разбојнички главатар, кој некогаш беше уловен од Ирод со големи маки. Тој Јуда собра во Галилеја војска од очајни селани и продре во царскиот дворец". "Тогаш еден Галилеец по име Јуда ги поттикнуваше своите сонародници кон бунт, ги кореше што им плаќаат данок на Римјаните и им велеше дека не треба да поднесуваат други господари освен Бог" (Јудејски војни). Ако помисливте дека овој Јуда Галилеецот е нашиот Јуда Искариотски, се излажавте. Вториов е негов син, а прекарот "Искариотски" не доаѓа од некакво село Кариот (како што долго се мислело), оти такво село ни тогаш, ни сега, не постои. Зборот "искариот" е изведенка од "сикарија", што значи кама. Јуда £ припаѓал на верската секта сикариоти - "луѓе со ножеви" - кои како и востаниците на татко му и дедо му, сееле смрт меѓу Римјаните. И сега, каква е врската помеѓу Јуда помладиот и Месијата Исус? Според Амбелен, а, богами, и според бројните апокрифни евангелија од типот на Јудиното, тие се браќа!!!. Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:15 |
|
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МЕНУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА Ваквите нови читања на историјата се потресни за официјалната црква. Целата христијанска доктрина е заснована на догмите формулирани од Иринеј и Августин, а сега ваму треба да се справуваат со хипотези дека Христос (воскресе) бил обичен еврејски крал. Особено што се намножија делата а ла Кодот на Да Винчи во кои се докажува дека имал и потомци, па дури и дека некои од нив се живи. За конзервативните теократи во католицизмот и православието, кои забрануваат употреба на презервативи, тоа станува вистински кошмар. Она што најмногу ги боли е што целата оваа операција за десакрализација на Богочовекот Исус ја водат нивните колеги протестантите, преку своите медиумско-публицистички филијали како Нешенел џеографик, Дискавери, Ден Браун, Мајк Бејџент итн. Причината за тоа е проста. За разлика од католичко-православна Европа, во која Хитлер успеа да искорени најголем дел од Јудиното племе на Евреите, во остатокот на христијанството, особено во англо-американските пространства, потомците на Давид и Соломон се бројни и влијателни. Така, на европската спиритуална историја навистина и претстои едно длабоко и суштинско менување. Како една од важните фази во тоа редефинирање на нашето верско и културолошко минато, веројатно, ќе биде и Евангелието по Јуда, колку-годе високиот христијански клер да глуми ладнокрвност. Турбуленциите допрва претстојат. Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 04:16 |
|
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Треба многу да се чита и разумно да се размислува а не слепо да се гледа на работите а особено да се застане во одбрана од вода на дното на океанот.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Blagodaram za objavuvanjeto na site ovie tekstovi, mozhe da se prochitaat interesni raboti...
No... Idejata deka pronaogjanje na eden ili drug tekst kje gi raznisha osnovite na Hristijanstvoto, e sosema apsurdna. Vo poslednive nekolku godini izlegoa kakvi li ne "dokazi" koi navodno se nepobitni, se dodeka se vo ramkite na senzacionalistichkata medija. Site tie "dokazi" se vednash pobieni od bilo koj seriozen nauchnik, istorichar, teolog, zatoa shto ne se nikakvi dokazi, tuku pretpostavki. Niedna od tie pretpostavki nema navistina silna osnova. Konkretno - samoto evangelie po Juda, kako i evangelieto po Toma, Filip i ostanatite - se pishuvani mnogu po nastanite koi gi opishuvaat... Na laik, tie mozhebi mu izgledaat ubedlivo, zatoa shto po deneshnite nashi kriteriumi, tie se pishuvani "blisku" do vremeto na originalnite nastani. No, samo najobichen pogled na godinite, kje ti pokazhe deka se pishuvani barem 150 godini po niv. Za da se sfati podobro - sedni sega ti, so znaenjeto koe go imash, bez da se potpirash na enciklopedii, internet, biblioteki, a samo na usnoto znaenje shto go imaat lugjeto okolu tebe i napishi kniga za nastanite vo Makedonija vo 1848 godina. Da, verojatno vo takva kniga kje ima opisi koi se priblizhni do nastanite shto se sluchile, no kje bide samo tvoe tolkuvanje, nishto povekje. Osven toa - samite rani Hristijani gi otfrlile site ostanati pisanija vo vrska so Isus i so verata, zatoa shto smetale deka ovie se pravilnite... zoshto? Bozhja Volja... I ne stanuva tuka zbor za nikakov zagovor ili ne znam shto - samiot Vatikan e finansier na restavracijata na spisite od Kumran i gi prakja svoite najucheni lugje (od Jezuitskiot orden) za da uchestvuvaat vo komisijata koja gi preveduva tekstovite vo Shvajcarija... Sum prochital desetici knigi na ovaa i slichni temi... kolku i da zvuchat "primamlivo" nivnite tezi i idei, sepak - ne se nishto povekje od samo pretpostavki. |
|
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зидарски бидејки имаш дадено навистина добар коментар , сега седни ти и размисли што точно си пишал погоре во постот. Еве малку ке ти помогнам во мислата и тумачењето:
Зидарски -Idejata deka pronaogjanje na eden ili drug tekst kje gi raznisha osnovite na Hristijanstvoto, e sosema apsurdna. Vo poslednive nekolku godini izlegoa kakvi li ne "dokazi" МФ -Ништо не е апсурдно бидејки доказ од 1ви век пишуван во самото време на Исус и парира на една Библија пишана во 4ти век во времето на ,и од Константин која исто така е пишувана или е превод од евангелија исто така од први век и не постари од тоа. Со самото тоа што за текстот кој е во оваа тема велиш дека има ‘‘ДОКАЗИ‘‘ а тие се од оние истите луге кои биле со Исус како и оние четири во библијата кои што како што кажав погоре се преведувани многу погрешно од што е кога ке се преведат како што треба бидејки се преведувани од (како што се вели)старо еврејски на грчки а не од коптски јазик за кој денеска е докажано дека се пишувани на коптски а не староеврејски а преводот од коптски има тотално друга смисла различна од тој превод во 4ти век. Сето ова ке ја доведе било која вера во заблуда бидејки не станува збор само за една или две. Официјалните лица на христијанството се бранат со молчење а не со финансирање и истражување како што велиш бидејки црквата секогаш била и ке биде против и контра од науката. Еве ти докази и за староста на делови од канонските евангелија -Папирус П1 3ти или 4ти век го содржи Матеј(глава 1 стихови 1-9 и 12-20) -Папирус П3 6ти век го содржи Лука (VII,36-45 и X,38-42 Папирус П4 4ти век Лука (1римско,74-80 и 5римско,30,6римско,4)....... И така натаму , и така натаму.... Според тебе нели како што кажа дека оние кои се пронајдени во Египет и кај Мртво море за кои е докажано дека се пишани во времето од 1ви до 4ти век се "ДОКАЗИ" а што праиме со канонските евангелија кои се пишани исто така докажано и тоа од 3ти до 6ти век што се тие според тебе дали би биле научна фантастика како сега што за нас е стар вор или ѕвездени патеки и др. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vaka - prvo... Svitocite od Mrtvo More se mnogu... isto i od Egipet... ima mnogu od niv koi se napishani pred vremeto na Isus, ima mnogu koi se mnogu podocna.
Zborot "Dokazi" namerno go stavam vo navodnici, zatoa shto nieden od tie navodni dokazi ne e do kraj potvrden. Takvi tekstovi vekje izlegoa i toa ushte mnooogu odamna. Jas imam izdanija so Kumranskite spisi ushte od 70-tite godini... I? Nishto ne se sluchi... ne zatoa shto nekoj gi drzhi ili kontrolira, a zatoa shto nema prichina tie raboti da gi raznishaat osnovite na Hristijanstvoto. Ti dadov primer so tekst pishuvan podocna od nastanot... kje ti dadam ushte eden primer... Imalo demonstracii pred nekoj den vo Skopje. Otvori 4 ili 5 vesnika makedonski i kje vidish sosema razlichni verzii na nastanite. Znachi - eden nastan, isti sluchuvanja, 5 lugje se prisutni na nego, sekoj pishuva razlichna rabota. Toa e vo chovechkata priroda. Evangelijata koi gi koristime denes, opstojale ne zaradi toa shto nekoj gi poddrzhuval, a zatoa shto se vdahnoveni so Bozhji Duh. Za toa ne trebaat dokazi, za toa treba samo chuvstvo. Inaku - proveri si gi faktite pred da zboruvash so mene na ovaa tema... Tokmu Vatikan i nekolku obrazovni fondovi na katolichkata crkva se glavni finansieri na prouchuvanjeto na spisite. Isto kako i Anglikanskata crkva i ushte nekolku... Nikoj od niv ne se plashi deka kje se razrushat osnovite na crkvata, totalno apsurdno e da se misli deka toa kje se sluchi ili deka lugjeto kje prestanat da veruvaat vo Hrista, takov kakov shto go spoznavame... zatoa shto ne go poznavame, a go spoznavame, ne preku negovoto bitie, a preku negovoto postoenje. Site obidi da se pretstavi verata (velam verata, ne religijata) kako posledica na socioloshki i istoriski pojavi i nastani e bessmislena, zatoa shto verata se bazira na vrskata shto vernikot ja ima so Boga, a ne na ekonomsko-politichki krizi od pred 2000 godini. Site tie "evangelija" koi davaat razlichna verzija za Isus, ednostavno ne mozhat da go postignat tokmu toa - vrskata so Boga i kako takvi stanuvaat sosema nerelevantni. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Филип, твоиве податоци се научна фантастика. Ти си производ на една ниска пропаганда која сака да заработи пласирајќи брошурки и книги од типот на Кодот на Давинчи. Интересно е што Ден Браун, јавно кажа дека неговото дело е обичен роман во кој вметнал доста невистинити информации, а сепак луѓето како тебе сеуште мислат дека ја откриле Америка.
Јас Ден Браун можам да го разберам, типот си е бизнисмен и си направи добри пари.
Но не можам да ги разберам лековерните како тебе кои покрај изјавата на Ден Браун дека неговото дел е обичен РОМАН, сеуште мислат дека се работи за научен труд
Ова ако не беше смешно, ќе беше жалосно.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗИДАРСКИ - a zatoa shto nema prichina tie raboti da gi raznishaat osnovite na Hristijanstvoto.
Полека полека пријателе само полека тек сега почнува бидејки инквизицијата веке не е моќна . Не дочитав што си пишал понатака бидејки морам да идам па се надевам дека ке можам да коментирам со луѓе како тебе кои не преминуваат на навреди и некои други кои се ретки овде , па ке го дочитам после па ке дадам свој коментар , се надевам дека нема да ти пречи тоа. Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 19:28 |
|
MAKEDON-FILIP
Сениор Регистриран: 29.Декември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 731 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова не е тема на романи или филмови прочитај ја повторно па коментирај по неа не се понашај како муслиманите коа мешаат баби и жаби. Ова не е Ден Браун туку ова се евангелија на апостолите кои го следеле Исус и неговата идеа и цел . Евангелосе свести се и врати се на насловите на темите А сето останато кое нема да има врска со темата нема да го коментирам повеќе па така немораш да се трудиш да постираш глупости те молам бидејки сакам да разговарам со свесни луѓе а ако се сметаш за таков повели со свое мислење околу темата а не би било лошо и ако имаш некој доказ , не го мешај Ден Браун и некој друг писател на романи.Уште еднаш ти се заблагодарувам и тебе и на останатите. |
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |