IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Српска пропаганда и окупација на Македони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Српска пропаганда и окупација на Македони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 30313233>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 00:01
МЕРКИ НА ЗАСИЛЕН ТЕРОР ВО ЈУГОИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА ОД КРАЈОТ НА 1913 ДО СЕПТЕМВРИ 1914 ГОДИНА


Проширувањето на теророт, денационализаторскиот притисок врз населението во Македонија, како и грабежите, посегањата врз честа и достоинството на македонската жена од страна на големосрпската окупаторска власт биле не само главна причина, туку во нив се крие и директниот повод за избувнувањето на погоре споменатите војнички бунтови во април и септември 1914—1915 г. Погрешно ќе биде разбирањето на читателот, особено на просечниот, ако обопштено му се сервираат информациите за овие два историски и чисто македонски настани.
Бунтовите во Крагуевац и во Овче Поле се раѓаат и се развиваат како резултат на незадоволството на македонскиот човек. И водачите на бунтовите произлегуваат од средината на народот и затоа овие војнички бунтови носат белег на чист македонски народен револт. Нивните водачи не се од редот на комитите, ниту се избирани на конгрес и слично. Бунтовите избиваат спонтано, но громоглаано и за одбрана на својот гол живот, како и животот на своите блиски: мајка, татко, жена, деца и слично. Во прилот на тоа може да се набројат голем број примери преку кои, макар и наивно да се гледа на работите, ке се следи нишката на зародишот, развлекувањето на причините за овие строго целни и национални незадоволства. Еве неколку примери за тоа:
„Во летото 1914 г. во нашето село Карбинци (Штипско — б.а.) дојде Јован Бабунски со толема група четници кои бараа да го предадеме сокриеното оружје, да ги потскажеме јатаците на комитите, дезертерите и бегалците во Бугарија. Сите молчевме. Тогаш, од насобраните селани
беа издвоени: Маца Панева Георгиева, Цилка (Цика) дедо Ефремова, Доие Ефрамов, поп Панче Прналивв од Штнп, Стојан Кицоров, Коце Петров Дамбев, Мите Наков, Атанас Манолев и Михаил Балабанов од Штип (на прекар го викаа ефенди Михаил). Најпрво беше тепана тетка Маца П. Георгиева за која некои раскажуваа дека претходно била групно давена од четниците. Јас за такво нешто не знам. Ја тепаа со дрва и спрострена лежеше на земјата. Четворица бевме што ја носевме на раце од турската кула до дома. На ист начин со дрва ја тепаа и Цилка. И неа ја носеа на раце блиските родниии. Во моментот не умреа. Лежеа 2—3 месеца во постела, нозете и грбот почнаа да им гнијат, им паѓаше месо од раните и така испоумреа. Братот на Цилка, Доне Ефремов го поведоа со нив и не се врати, исчезна беследно. Додека останатите цели три дена и три ноќи ги измачуваа во турската кула. Соседите слушале како офкаат кога ги боделе со бајонетите. На третиот ден во вечерните часови ги одвлекле од кулата во непознат правец. Блиските роднини од селото и од Штип ги бараа насекаде цела една година, но не пронајдоа ни трага од нив. Едно овчарче по народност Турче, кое на прекор го викавме момокот на Рангел, случајно со своето стадо се нашло во месноста „Мртвите”, се скрило во една грмушка и гледало и слушало се што им правеле на нашите селани. Еве што ни раскажа овчарчето по една година од злосторството: „Оние што не можеа да одат ги влечеа за рацете и нозете, а оние што беа на нозе ги бодеа со штикови во задникот и во грбот. Устите им беа изврзани, не можеа да викаат, туку само хрчеа. Ископаа дупка во орманот и живи ги закопаа. Јас се тресев во грмушката. Штоам тие си кренаа, ги потерав овците и си дојдов, но не можев да спијам ниту тогаш, ниту сега”. Штом разбравме за тоа од Турчето, отидовме на местото и ги откопавме. Навистина живи биле закопани. На сите рацете им беа полни со коса, а забите им беа стегнати.”
Уште попотресни случаи се одиграле во штипските села Лесковица и Пиперево. Имено, од еден „Список на жртвите на теророт 1912—1915″, (со коментар), за двете
населени места се дознава: „Се случи во 1914 година кога српските жандарми и четници со сила ги мобилизираа нашите во српската војска. Една група од 7—8 души мажи на брзина ги одведоа во српската војска. Дојдоа по други, но ниту еден од П набор не сакаше да прифати покана за војска. Нашите селани преку дезертерите имаа дознаено дека сите војници од I набор (група) се наоѓале во затвор, а имало и стрелани. Во селата се слушаа најразлични гласови. Мајките и татковците им советувале на своите деца да бегаат во Струмица веднаш по добивањето на поканата за војска. За да ги спречат младите да не бегаат, Србите го испратија во нашите села Јован Бабунски со неговите четници и жандарми. И во двете села дојдоа со описок во рацете и почнаа да ги апсат селаните што беа запишани во книгата: Петра Аргова Данчева, Миладин Манев Миладинов, Коце Јанев, Ефтим Ив. Илков, Гиго Василев Камчев, Тоце Јанев Шалев, Петруш Димов Томев, Христо Јовев, Стојан Димов, Богатин Георгиев, Коста Јовев, Тасе Лазаров, Стојан Миладинов, Јосиф Милев, Гуна Гелева и Миса Стефкова. Последните четворица така жестоко беа тепани, што повеќе би се рекло дека им ги кршеа ребрата, рацете, нозете, главите… Другите тринаесетмина ги изхмачуваа во просторгште на поранешниот уќумат на турскиот мудир. Бидејќи ги измачуваа во близина на училиштето, иако учителот ги терал децата да пеат песни за да не ги слушаат писоците на мачениците, сепак, деца како деца виделе се што им прават, а ги распознавале и писоците на своите блиски. Во врска со овој потресен настан ученикот Стојанчо Тр. Лазаров забележал: „Штом четниците на Јован Бабунски почнаа да ги тепаат нашите, учителот ни заповеда да пееме песни и викаше гласно: пејте посилно! Заедно со нас пееше и тој, но свпак гласовите на нашите мајки и татковци што ги мачеа во турскиот каракол, беа посилни од нашите. Едновремено учителот забележа дека сме исплашени и почна да мрмори нешто, но не се разбираше што зборува. Тој се сврте кон прозорецот, а истото го сторивме и ние. Тогаш видовме како им коват спици под ноктите, на некои од затворениците им ги сечеа прстите, а потоа искрвавените раце и нозе им ги ставаа во котел со врела вода. Сите беа раскрвавени и не се препознаваа. Добро се сеќавам на лицето на тетка Петра, целото беше издерено и во крв, и нејзиниот глас најмногу се слушаше. Учите
лот се сврте кон нас и пак ни рече да пееме. Јас и сите мои другари им раскажавме на дохмашните што видовме. Вечерта ги беа одвлекле сите 13 души, ги избоделе и ги затрупале живи во една дупка во месноста „Јанчев Дол”. гробницата ја открија кучињата, по крвта.
На сличен и овиреп начин во месноста „Дабје” на Плачковица, четниците на Јован Бабунски и жандармите од станицата во с. Почивало погубиле, односно живи ги закопале вкупно 20те невини селани.
Четниците на Јован Бабунски потпомогнати од српските жандарми и од војниците, имаат извршено повеќе злосторства и во населените места во Малеш, во Пијанец, во Кочансковиничкиот регион. Од бележникот — опомените на монахињата баба Кирикија може да се види како четниците и жандармите на Јован Бабунски крваво се пресметале со една група осомничени граѓани од Берово и од селата, во август 1914 година. Еве како е опишан овој настан: „Групата беше поголема. Во манастирските конаци беа затворени и чувани со удвоена стража. Жандармите во вечерните часови ги избираа жртвите и ги водеа во црквата „Света Богородица” каде што ги мачеле и убивале, а потоа мртвите трупови исчезнувале без трага. На неколкумина до денес не им се знаат гробовите. Неколку трупови се пронајдени подоцна, зариени под еден брег, а други беа пронајдени масакрирани дел по дел. На таков начин е погубена и попадијата Ордана Смокварска од с. Будинарци, ќерка на поп Јован од Берово. Нејзината ќерка Катерина, трагајќи по трупот на својата мајка пронашла само делови од главата, една рака и една нога. Расфрлани делови од човечки трупови, тогаш, можеа да се најдат насекаде.”
Монахињата од Берово во своите спомени се потрудила да ги забележи имињата на сите масакрирани граѓани и тоа: Нико Трендов, Ефтим Чгшлапков, Јордана (Ордана) попИванова Тренчева, сестра на Нико Тредчов, Никола Иванов Фиданков, Георги Иванов Прдлев, Јован Црцвв, Ефтим Тренчов, (Аце), син на Нико Тренчев, Софија Јов. Петрова, Султана Јантинска (веројатно се работи за жената и мајката на Ефтим Чиплаков), Георги Двојаков, Гаврил Грков, Гаврил Пецов, Јане Кофчегарски, Илија А. Кофчегаров, Јана Иванова Телеграфчиева, Елена Иванова Кофчегарска, Никола К. Манов, Атанас Иванов, Ефтим (Тимо) Ценев, Мехмедоџа, Глигор Кирачев, Никола Миличин, Михаил Кржевски, Гаврил Ников и др. вкупно 27— 30 души.
Овие затвореници биле изложени на толку морничави измачувања, кои и денес, по толку изминати години потресно дејствуваат и се пренесуваат од постарите на помладите поколенија. Имено, обвинети, како поранешни членови на Комитетот за евакуација на населението за време на П балканска војна, и како сегашни членови на Комитетот за прифаќање на воени дезертери и префрлување на бегалци во Бугарија и во Струмица, четниците и жандармите ѕверски се нафрлиле врз нив и ги парчосувале на делови, а од крвта биле флекосани скоро сите простории на црквата во Берово. Штом поминало ова зло, соседите на црквата „Света Богородица”, уште наредниот ден по масакрот, потајно проговориле за начинот на кој биле ликвидирани жртвите. Всушност, поголемиот број од нив биле испотепани уште за време на распитот. На секоја од жртвите имало по четворица до пет џелати. Ги фаќале за рацете и нозете и така замавнувајќи, им ги разбивале главите од ѕидовите на црквата. Наредниот ден по злосторството, соседите што живеат околу црквата нашле делови од истечените мозоци по подот и по ѕидовите на црквата.
Два до три дена по злосторството, од страв да не ги снајде иста судбина, во Бугарија и во Струмица пребешале: 20 души од Берово, 10 од Пехчево, 22 од Ратево, 50% од населението на с. Русиново и 10—15 семејства од селата Владимирово и Мачево.
По овој настан, црквата „Св. Богородица” во Беро
во не ја посетувале верниците, се до летото 1924 година,
кога по втор пат била осветена.
Српските четници и жандармите со посебна жед за
одмазда се пресметувале особено со свештевиците и учи
телите кои живееле во пограничните краеви спрема Буга
рија. За потврда на тоа зборуваат неколку изворни до
кументи. Иако куси по содржина, тие даваат јасна слика
на мачителите и на мачениците. Еве што е забележано во
еден од нив: „И во с. Бладимирово во 1914 г. еден крвав
настан е познат под името „клање на поповите”. Имено,
во 1914 г. е заклан поп Јован Мирчев. Тој е сечен на пар
чиња, а деловите се собрани во вреќа и така е погребан.
На ист начин е убиен и поп Јован Зрлев и питропите Ла
зар Бакалски и Наце Крстев, потоа Мите Кушов (Кушето)
и Мите Крланоки. И овој настан се одиграл но оролетта 1914година”.
Додека во врска со масакрирањето на свештениците: поп Димитри (поп Ефтнм) од с. Мачево, поп Георги Чепарков, Петре Поп — Георгиев, поп Атанас Пантев од с. Митрашинци, поп Костадин Ковачев, поп Манасие, Илија Георгиев, Коста Поп — Ефтимов (Жежовски), Иван Христов, Коле Христов, Стојан Митев и Спиро Митев, сведокот баба Господинка Ковачева (Ковачка) раскажала: „Откако ги затворија не можев ниту да спијам ниту да јадам. Седев и размислував, што толку згрешиле за така да им прават. Писоци и офкање како од под земјата слушав до доцна во ноќта. По едно време ги извлежоа од црквата во дворот и ги натераа да копаат дупка. Сфатив оти гробот си го копаат, самите тие морници ми го зафатија целото тело и почнав да се молам на Бога за нивните души. Копаа, копаа, копаа и пак (ги внесоа во црквата, па си помислив, сигурно се наситија и ќе ги остават. Но пак писоците се слушаа од внатре, некаде по полноќ гледав како пак ги влечат во дворот, но веке никој од нив не можеше да стои на нозе. Од нивното последно офкање се исплашив. Како вреќи полни со нешто ги фрлија во дупката (тробницата) што самите си ја ископаа, и фрлаа земја врз нив. Ги напрегнав ушите колку што можам повеќе, но веќе и офкањето не го слушав. Душа к*ртули
само поп Јован на кого му помогна Ирина Кушовска. Тој се беше преправил во жена и со скривна пушка под фустанот побегна. Гробницата ја отворивме по две недели, кога нивните унакажани тела се уште беа цели”.
Паралелно со убивањето на свештениците, двајцата клисари, младинците Илија, Иван и Коле во селото Разловци поради масовното дезертирање од српската војска и бегањето во Бугарија, до смрт биле тепани и жените Спасуна Георгиева и Петра Чолачка, како и свештениците поп Јован и поп Манасие.
Од сведоштвото на Ковачка паѓа во очи дека свештеникот Манасие на двапати се спомнува, еднаш како убиен и вторпат како многу тепан. Од друга извори се дознава дека селото Разловци во периодот меѓу 1913—1915 г. дало поголем број жртви на твророт од оние што се содржат во кажувањето на Гооподинка Ковачка. Имињата на жртвите се: поп Костадин, Костадин Жежов, Ефтим Ковачев, Атанас Донивски, Атанас Петров, Захариј Гоцев, Георги Цинцев, Спиро Манчев, Бфрем Симеонов, Ангел Донински (беследно исчезнал), Иван Донински, Христо Цинцев, Васил Донински, Костадин Аврамов, Костадин Џоцов (осакатен) и Мите Доневски. Покрај ова, според вториот извор, во селото Разловци, во тој период, жандармите опожариле три куќи.
По наредба на командантот на „Црната рака” Воин Поповиќ, четниците на Јован Бабунски, жандармеријата и специјалните воени единици во Малеш и Пијанец во пролетта и летото на 1914 година убиле, претепале и уапсиле неколку стотици мажи, жени, деца и старци. Така :на пример, во втората половина ва август 1914 г. во Каменичкиот крај, во селата: Каменица, Саса, Дулица, Моштица, Луковица, Тодорово, Цера, Бигла, Илиово, Костин Дол, Драимче, Главовица, Косевица и други, српските потерџии, најблаго речено, му отвориле незванична војна на населението. Само во оваа хајка биле тепани, затворени и
убиени повеќе од 200 души, мажи, жени и деца, меѓу кои и две групи воени дезертери од Штипако, Радовишко и Овчеполието. Првата прупа броела 95, а втората 27 де зертери. За време на овој поход низ Осоговијата, војни ците и жандармите изнасилиле и поголем број жени и девојки.
Жестината на овој истребувачки поход ја почувствувале и населените места во Кочансковиничкиот регион. Еден современик роден во с. Оризари, Кочанско, оведок на теророт, од кој била проголтана и неговата сестра, соошптува: „На двапати селото беше сардисано исто како да беше војна. Во летото 1914 г. сите бевме извлечени од куќите, ги доведоа и оние од оолето и не собраа во местото во горниот дел од реката што го викаме „Врбите”. Тука бевме запленети, од најмалото дете до најстарите луѓе во селото. Во почетокот мирно не испитуваа за да кажеме каде се избеганите војници. Сите ги наведовме главите бидејќи немаше и што да кажеме. Прво ја фатија дода Магда и почнаа да ја тепаат со дрва што ги исекоа од шумата. Од (Многу тепање таа падна во бессознание.
По неа почнаа нас да не тепаат, кој оо што може. Многу го тепаа по главата, грбот и по нозете поп Милан. Сиромавиот не можеше да издржи, подлегна на повредите и предаде душа, додека Зашо Митров (Митев), Атанас Пресечки и Гаврил Ананиев ги одвлекоа со нив и ги парчосале во месноста „Длабоки Валог”.
На големи измачувања од четниците на Јован Бабуиски биле изложени и голем број селани, односно жени од кочанокото село Грдовци. „Во нашето село на сите им е познато тепањето на жените и на Јован Донев, кое нешто се пренесува од генарација на генерација како приказна. Селото беше сардисано од сите страни, од четници и жандарми, мислејќи дека на тој начин ќе ги фатат избеганите војници од српската војска. Кога не најдоа скоро ниту еден од оиие што ги бараа, го фатија Јован Донев, го положија на земјата, по двајца жандарми и четници му ги газеа рацете и нозете, а останатите по ред го тепаа со едно дрво. Од многу ќотек телото му беше деформирано, лицето унакажано и човекот умре. Агнија
Андонова ја удрија со стап само двапати. Додека Пракса Гаврилова, Митра Симеонова, Фима Симеонова и Велика Јованова Гаврилова од многу ќотек беа помодрени. Пракса ја тепаа поради нејзиниот маж Коле Гаврилов и деверот Јане Гаврилов, Митра поради мажот Симеон, Димитров (ополченец), Фима заради Спиро и Јован Симеонови, а Велика ја тепаа поради Јован Гаврилов. Сите споменати беа побегнале. Жените беа толку тепани, што не можеа на козе да застанат и целите беа во рани. За да се излечат ги завивавме во кожи полни со леб измешани со катран. Катранот навистина ги смируваше болките, но не можеше да ги затвори и длабоките рани. Сите жени умреа од последица на добиените рани. Четниците и жандармите не се задоволија само со тоа, туку опожарија и 15 куќи во селото: на Велко Соколов, Ст. Ангелов, Иван Стојчев, Ттанаска Јанева, Атанас Алексов, Стојман Стоилков, Атанас Стојменов, Велко Симеонов, Атанаска Петрова, Стоил Тасев, Мите Палнов, Јован Паунов, Иван Стојменов и на Коле Трајков. По овој настан омразата порасна уште повеке.
Во август 1914 година, поради зачествните атентати на железничката линија Велес — Гевгелија, од една, и се помасовното дезертирање на воените обврзници, од друга страна, големи четнички, жандармериски и специјални воени единици вршеле масовен тарор над населението во Гевгелиска, Валандовска и во Дојранска околија. Само од с. Богданци во летото 1914 т. биле тепани и уапсени 70 души меѓу кои имало и неколку жени, кои лежале во затворите. Слична судбина доживеале и селата: Стојаково и Палурци, додека пак с. Богородица било нападнато во вечерните часови, а селаните биле изложени на разни измачувања. Меѓу другото, од Богородица присилно биле мобилизирани околу 40—50 души во српската армија од каде се вратиле само тројца од нив, а сите други биле испотепани. Теророт врз населението од овој простор осетно е зголемен по неуспешниот атентат врз војводите на „Црната рака” Василије Трбиќ Б. Вирјанец и Јован Бабунски, извршен од четата на Владимир Сланков на железни
чката линија меѓу Велес и Градско на 10 август 1914 г. Атентатот не успеал поради тоа што, место вагонот во
кој биле српските војводи, бил кренат во воздух еден товарен вагон. Српските војводи, особено кога не можеле да се оправат со четите на Христо Чаушев, Стојан Чочков и Петар Овчаров, со посебна бес се нафрлиле врз незаштитеното и голорако население од левата и деоната страна на Вардар, на целиот простор меѓу Демир Капија и Гевгелија.
По овој атентат, атентати од страна на четите на ВМРО биле извршени на железничката линија кај с. Смоквица, Мировци, додека на голем простор биле пресечени и телеграфските жици на железничката линија. Во летото 1914 г., како што сведочи војникот Саво Достин, меѓу четите на ВМРО, од една, и српските четници, жандармерија и војска, од друга страна, се водела вистинска војна. Тој вели: „Ме пуштија на отсуство. Што да видам, кој од каде ќе ме сретне и ми вели „исто ти се фаќа и да те земат Србите војник и да не те земат, овде обврските спрема Организацијата не ти бегаат. Татко ми ми рече: „се видовме што се видовме, шумата е полна со наши комити, бегај со нив зашто тие ќе дојдат по тебе. По се изгледа војна пак ќе има, знаеш да ракуваш со оружје,
иди и чувај се. Нашите комити ги има насекаде, назад нема да ти дозволат да се вратиш. На сите ни е забра
нето да служиме во српска војска. Имаме сите земено клетва и враќање назад нема”. Кога чув што ми рече та
тко ми, а истото го чув и од другите, заминав и јас во шумата. Во четите на Овчаров, Чаушев, Чочков и во другите чети сретнав познати колку што ми сакаше душата.
И навистина, по малку време започна војна меѓу Бугарија и Србија. Цели 5 години не ја симнав од рамо пушка
Ваквиот развој на настаните ги освирепи во уште поголема мерка српските власти, четниците, жандармеријата и специјалните воени единици, кои сурово се пресметувале не само со воените резертери туку и со членовите на нивните семејства. Мориичави примери за тоа регистрирани се во подрачјата на Овче Поле и Штипскиот крај.
Покрај напред наведените причини, како непосреден повод за избувнувањето на војничкиот бунт во Овче Поле есента 1915 година, се смета крајно свирепиот и брутален
однос на српските четници, жандарми и војници за време на опсадите и пресметките со семејствата на воените дезертери и бегалци од селата: Долно и Горно ЦрнилиштеМечкуевци, Арбасанци, Богославец, Неманци, Кнежје, Гузомелци, Горно и Долно Трогерци и други, сите од подрачјето на Овчеполска и Штипска околија. Жителите од овие населени места, а во извесна смисла и од останатите во Овчеполска околија, најблаго речено, биле наежени и гореле од омраза опрема српоките окупациони власти, откако разбрале, а мнозина и виделе со сопствените очи, како по бегството на Пано Ефтимов Војчев во четите на ВМРО, српоките четници, жандарми и војници го нападнале селото Мечкуевци, испекле четворица мажи во куќата на поп Наун (Трајчо Гагински, кметски наместник, Миле Вангин Минков, служител и двајца од с. Куково, пробиштипско), а потоа уапсиле 40 жени и 30 старци од селото.
Во врска со овој настан еден очевидец, чијашто мајка исто така била затворена и мачена, во мемоарите за тоа, меѓу другото, споменува: „Беше Велигденска пост. Постевме, а мајка ни велеше да бидеме стрпливи за неколку дена па ќе ни подготвела некое подобро јадење. Селото, иако беше големо, изгледаше пусто. Дома беа останале само мајките, жени, а од мажите само стари дедовци. Немаше кој да работи. Кога чувме дека нашите војници се крвнале на бунт во Србија, сите други што требаше да одат во војска побегнаа во Бугарија, едни на работа, други во четите. Со комитите побегна и чичо Пано Ефтимов Војчев. Разбраа за тоа српските жандарми од станицата, повикале помош и од Свети Николе и Штип. На 5—6 дена пред Велигден, селото беше сардисано од вооружени војвици, жандарми и четници. Во куќите влегуваа во групи и ги кршеа вратите. Секој од нас што ќе го најдеа дома го тепаа, појаките ги врзуваа и не водеа на сред село. Од сите страни бевме опколени со војска. Едни од мајките плачеа, а другите што беа похрабри им велеа на Србите: „како не ви е срам, страв ви е од комитите, а се правите силни на жените”. Стрина Гуга Војчева им рече: „ако така постапувате ќе не принудите и ние да се фатиме за пушките и когатоташ ќе ве пропадиме, што барате во нашата земја, одете си во Србија”. Тогаш еден
нивни старшија ја удри, а таа го плукна и му рече: „Срби од нас нема да направите и ништо не ни можете, Вие сте прости и страв имате штом затворате жени”. Тие ги бараа поп Наун и Пано Војчев. Целото семејство на поп Наун го мачеа. Многу ги тепаа: Стојан Каравелин, Гошо Мечкуевец (подоцна го беа заклале во месноста „Немашница”), Ване Анџиски, Пано Дукев и др. Врзаа и за Свети Николе поведоа 70 души од кои 40 беа жени. Меѓу нив беше и мајка Вима Спасова. Жените беа мешани, стари и млади, а мажите од старост едвај одеа. Еден старец за чие име не се сеќавам не можеше да оди и ги молеше да му дозволат да си го поведе магарето. Селото уште повеќе запусте. Останавме речиси само деца и по некоја жена и стар дедо. Нив ги одвлекоа во Св. Николе и ги затвориле во турскиот затвор. Три до четири дена сите жени биле заедно, но кога дознале дека жандармите се подготвуваат да ги силуваат, се побуниле во затворот проколнувајќи ги дека, ако тоа им го сторат ако останат живи, им кажале на стражарите: „скапо ќе ни платите”. Стражарот Љубо се исплашил и ја свртел пушката против оиие што настојувале да ги силуваат жените и момите. Жените ја искористеле оваа расправија меѓу стражарите и испаднале во дворот на затворот. За да ги исплашат другите, жандармите ја фатиле Гуга Ефтимова Војчева и ја обесиле. Место да ги исплашат, најпрво неколку жени од с. Прнилиште, а по нив и другите почнале да ги плукаат, да ги навредуваат и да им се закануваат на убијците. Жените: Ташка, Ленка, Петра, Ефка, Евда и други од Црнилиште не само што не плачеа туку им се потсмевале на жандармите. И стрина Гуга Војчева не пројавила слабост дури и тогаш, кога околу вратот и ставиле јаже. По 5—6 или 7 дена сите други жени од Мечкуевци (освен обесената Гуга) се вратија во селото”.
Со посебна жестокост српските четници и жандарми се пресметале и со неколкумина селани од с. Арбасанци. На ѕврски начин тие го измачувале Јане Манев, од кого барале да работи за нивната служба, односно да постане член на српската тајна полиција. И не само тоа. Жандар
мите барале од него да го подмами на некој начин војводата Иван Јанев, а за возврат му ветиле паричен надолмест. Нормално, Јане Манев не само што не прифатил ваква понуда туку како човек во години просто ги укорил жандарумите, велејќи им: „вие никогаш нема да можете да го фатите Брло, ако лошо се однесувате со народот”. Добранамерниот совет на Јане Манев лошо бил разбран од невоспитаните жандарми и четници, кои, наместо да му заблагодарат за советот, почнале да го тепаат. Од последгвди на тепањето почнало да му се распаѓа месото од грбот и нозете поради што овој паметен човек за десетина дена починал. Меѓувремено, мачителите ја одвлекле во куќата на Никола Стојанов снаата на Јане, Ленка Спирова Манева, која била мачена. Под исти услови и било понудено и на Ленка да биде соработник на српската полиција. Откако ги одбила, ја обвиниле за љубовни врски со Иван Брло и почнале еден по еден да ја изхмачуваат и на крајот ја осакатиле од тепање.” Заедно со Ленка Манева ги тепаа: сопственикот на куќата Никола Стојанов и Трајчо Лазаров. Бидејќи Никола беше помалку повреден, подоцна ни раскажуваше. „Тоа што и го правеа на Ленка Спировица и на Трајчо Лазаров, и на ѓаволот да не му се случи. На Трајчо двајца му ги притискаа рацете, двајца други му седеа на нозете, еден четник му газеше на главата, двајцатројца му рипаа врз стомакот. Кога престана да писка, го положија со лицето кон земјата и пак му рипаа врз грбот за да му ги сокршат ребрата и од задната страна. Тоа го видов со свои очи и се расплакав, но не само од жал, туку повеќе од жед за одмазда. И не само јас, сите ние од Овчеполието, ако не прашаше во тоа време било кој, за да се определиме меѓу ѓаволот и српските гооподари, ќе се одредевхме на страната на ѓаволот.
За нив ние бевме сите комити. Без оружје, со голи раце кренавме бунт кај с. Криви Дол и ги победивме српските четници, војници и жандарми” .
Во селата Долно и Горно Црнилиште спроти војничкиот бунт од есента 1915 г. се одиграле најдраматичните настани. Во рана пролет од овие населени места во срп
ската армија биле мобилизирани 7—8 младинци на возраст меѓу 20 и 25 години. Останатите воени обврзници биле организирани од: Богдан Лазаров Смилев и Саре Богословски, и побешале во Бугарија. По избувнувањето на бунтот во Крагуевац во април 1914 од казармата побегнале: Дане Јосифов и Диме Јанев. Кога дошле во селото тие ги информирале родителите на Илија Ордев, Петре Јанев, Јованчо Саздов, Јане Павлов, Коне Христов и на Сане Каров, дека нивните оинови нема да се вратат. Тие изјавиле: „Сите ние од 23 Брегалнички полк во Крагуевац кренавме бунт. Ние двајцата заедно со вашите синови учествувавме во бунтот. Илија Ордев го затворија во Крагуевац и дознавме дека е стрелан. На другите не ни дозволуваа да јадеме и настојуваа од глад да умреме. Не им успеа бидејќи обезбедивме доволно измет од коњи што си го поделивме на еднакви делови и го јадевме на два дена по еднаш. Кога видоа дека не умираме од глад, не однесоа во едно мочуриште и почнаа да не дават. Ние двајцата успеавме да побегнеме, а другите ги издавија во мочуриштето”.
Од ваквата изјава на бегалците Дане Јосифов и Диме Јанев, не само селаните од Долно и Горно Црнилиште, туку и жителите од целиот Овчеполски, Велешки, Штипски и Кратовоки регион биле вчудоневидени и многу вознемирени. Меѓувремено, во едното и другото Цриилиште пристигнала голема военочетничка потера која почнала да врши страотни ѕверства врз голоракото селско население. Во Горно Црнилиште од тепање им биле унакажани лицата и телата на Ефтим Ацев, Георш Ароов и Иван Ордев.
На тројцата им биле врзани рацете и со јажиња околу вратот ги влечеле со коњи од населба во населба со цел да го заплашат народот, а мажите да не бегаат во Бугарија. Оваа насилничка мерка ја преполнила чашата на трпението. Незадоволството и омразата ги зафатиле сите слоеви од населението. Истовремено, една група војници и четници ја изнасилиле 18 — годишната девојка Дафинка Георгиева и жената Цука Георгиева, снаа на Дафинка.
Во с. Долно Црнилиште биле уапсени и тепани:
1. Ташка Лазарова Смилева, мајка на Богдан (на 70 годишна воздаст).
2. Ленка Богданова Смилева, жена на Богдан (на 25 годишна возраст).
3. Ефка Данева Јосифова, жена на воениот дезертер Дане. Таа била пред породување.
4. Евда Алексова Лазарова, жена на Алекса Лазаров, кој заедно со Богдан пребегнал во Бугарија.
5. Петра Монева, на 25 — годишна возраст.
6. Коцана Владева, на 30 — годишна возраст.
7. Ефтим Павлов
8. Андон Посев и
9. Лазо Тасев.
Сите тие биле тепани измачувани, а потоа затворени во зградата на поранешната турска апсана во Свети Николе. Штом за апсењето на жените разбрале нивните мажи, Богдан, Дане, Алекса, Пано и други нивни другари, му напишале писмо на околискиот началник во Свети Николе, во кое се заканиле: или да ги ослободи жените, или тој да се подготвува за најлошото. Било каде и да бега — му пишувале: „Ке те најдеме и со се семејство ќе те ликвидираме”. И не само тие. На началникот на Овчеполска ожолија и на претседателите на општините, пораки од четите на ВМРО им пристигнувале секојдневно. Во пораките се барало, тие што поскоро да си заминат за Србија. Околискиот началник од Свети Николе попуштил пред законите од комитите. Поголем број од жените биле ослободени од затворите, но во замена на тоа праземал мерки за целооно мобилизирање на машкото население, еепочитувајќи ги притоа критериумите, да се земаат на отслужување на воен рок мажите на возраст меѓу 20 и 40 години. За да се реализира оваа мерка, нормално било истата да биде прифатена од т.н. „Летнички комитет” со седиште во Скопје, што го сочинувале: Цеко Марковиќ, Василије Трбиќ, Јован Бабунски, Јосиф Гаковиќ, Стефан Келешот, Вангел Јовановиќ, Михаил Борјанец и Михаил Коневиќ.
Секај од споменатите членови на Комитетот имал на располагање 100—150 четници кои имале одврзани раце од страна на највисоките органи на власта на Кралството Србија, да судат и да донесуваат пресуди како што тие знаат и умеат. Во Овчеполието, како и во останатите реони на југоисточна Македонија, најмногу крстосувала четата на Јован Бабунски, понекогаш, потпомогнат и од четниците на друтите српски војводи, а во периодот април — септември 1915 г. и подоцна, четата еа Бабунски постојано е придружувана од специјални воени единици и жандармериски одреди.
Најголема хајка за моблизација на војници во српската армија од реоните на Овчеполието, Повардаријето, од Штипско, Кратовско и од другите реони на Областа, била опроведена меѓу 28 август и 1 септември 1915 г. Во тие денови присилно било мобилизирано целокупното машко население од с. Павлешвнци, Неманци, Мечкуевци, Ерџелија, Мустафино, Сарчиево, Сарамзалино и други од Штипска и Светиниколока околија. Само од селата Неманци, Павлешенци, Мечкуевци и Ранченци присилно биле мобилизирани над 200 мажи меѓу кои имало и стари луѓе над 60годишна возраст како и деца од 16—17 години.
ПРОШИРУВАЊЕ НА РЕПРЕСАЛИИТЕ
За да го оттргне вниманието на српските власти од реонот на Овче Поле, во септември 1914 г., ВМОРО упатила неколку свои чети западно од реката Вардар, во Велешко и во Гевгелиско. Со четите раководеле војводите: Христо Чаушев, Стојан Чочков, таткото на народниот херој Ванчо Пркев од Штип (по мајка од Неготино), Петар Овчаров, од Одрин, Владимир Сланков од Штип. Поради предострожност, ВМРО упатил и една чета од левата страна на Вардар, која дејствувала во реонот на Радовишка околија, со задача ако наложат потребите, да Им притекне на помош на четите од другата страна на Вардар. За акциите на сите овие чети веќе стана збор.
Веднаш по дигањето на бунтот во Овче Поле, четите на ВМОРО ги засилуваат своите дејства. Само во реонот на Велешка околија, во близина на р. Бабуна, четите убиле околу 60 српски војници и еден офицер. До судир
меѓу четите и српската војска дошло во почетокот на септемпри 1914 г. и во реоните на гевгелиските села Серменин, Конско, Хума и Кованец. Всушност, во септември и октомври 1914 година, во Гевгелиска, Валандовска и Дојранска околија настапил период на вистинско двовластие, кое без прекин траело се до октомври 1915 година. Со мали исклучоци, приближно такви биле состојбите и во другите околии на Областа.
Немоќни да се справат со четите на ВМОРО и нивните јатаци, српските државни, полициски и воени власти повторно се одлучиле преку терор и други репресалии барам малку да го одвојат населението од влијанието на четите на Организацијата. Од причина што влијанието на четите во тој период било најсилно во Гевгелиско и Валандовоко, српските области оттука го започнале и теророт. Како е тероризирано населението во периодот од септември 1914 до април 1915 година, најдобро може да се види од прегледот што следува по ошштини и населени места.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 00:02
КОНСОЛИДАЦИЈА НА СИЛИТЕ НА ОТПОРОТ ПО ВОЈНИЧКИОТ БУНТ ВО КРАГУЕВАЦ 1914 Г.


Корените за заедничко дејство на силите на отпорот се подлабоки и треба да се бараат во општата општественоекономска и политичка криза во М:аке.донија, веднаш по завршувањето на балканските војни. Македонскиот народ кој со векови наназад имал заедничка татковина со Турците, Власите, Албанците и друште етнички групи, кратко време по излегувањето од вителот на овие крвави војни, меѓу првите офатил дека е излажан од завојуваните страни. По него Турците, Албанците и Власите исто така увиделе дека и тие постанале заеднички плен на економско ограбување и политичко угнетување на балканските завојувачи. Штом кај сите нив преовладало едно вакво заедничко сознание, лесно било да се премостат сите меѓусебни претходни недоразбирања, за да си подадат рака за организирање на заедничка борба против новите угнетувачи.
Првите чекори во тој однос, како што понапред е нагласено, се направени со формирањето на Бугарскотурскиот, Бугарскоалбанскиот и Бугарскороманскиот револуционерен комитет, базирани на лозунгот „за автономна Македонија”. Бидејќи лозунгот еднакво бил примамлив за оите онеправдани и угнетени, а најмногу за ВМРО, лесно било мрежата на Македонската организација, особено во југоисточниот дел на Македонија, на брза рака, да се обнови. Пред се оружје и борци имало доволно, а што е многу значајно, по балканските војни македонскиот народ не бил сам во борбата, туку сега имал сојузници и внатре во Македонија, и зад границата. Всушност, ваквото антиокупаторско расположение во Македонија било добредојдено, особено за бившиот туроки инспектор за европска
Турција, Хилми Паша, кој во моментот вршел функција на ополномоштен министер на Турција во АвстроУнгарија 1913—1916 г. Како одличен познавач на приликите во Македонија (од 1904 до 191 2г. бил главен полициски инспектор со седиште во Солун), Хилми Паша во едно интервју пред приврзаници на паролата за автономна Македонија во Виена, меѓу другото, подвлекува: „Никогаш не дозволував Македонија да постане српска, а Солун грчки, зашто населението во Македонија во своето мнозинство е бугарско. По него, по број се Турците и сосема малку Грци. Срби во Македонија нема . . . за слободата на оваа страна (Македонија — б.а.) се бореа и се жртвуваа само Бугарите. Револуционерната борба и војната (мисли на Балканската — б.а.) тоа беше чисто само бугарско дело .. . Во револуционерното време србоманите и Грците беа заедно со нас Турците, против Вашите комитети … На мене и на мојата полиција тие соопштуваа за се што ќе се научеа за Вас. Тие беа наши шпиони, пријатели добронамерници. Штом Бугарија реши да војува, тие се прилепија кон неа само да извлечат полза на бугарска сметка. Пред да ја измамат Бугарија, тие вероломно не лажеа нас.” Како поранешен и сегашен голем царски човек, зборот на Хилми Паша со доверба бил слушан од Турците во Македонија. На кратко време по изјавата на Хилми Паша, во почетокот на 1914 г., Ибраимбеј допатувал во Струмица и се ставил во услуга на пунктовиот началник на ВМРО Коста Ципушев, кој имал широк,и овластувања од ЦК на ВМРО да организира и да иопраќа вооружени чети од Струмица во Македонија, што се наоѓала под Србија и да прифаќа воени дезертери од Вардарска и од Егејска Македонија во Струмица. Понапред исто така е речено дека по доаѓањето на Ибраимбеј во Струмица, три од вкупно пет турски чети навлегле и дејствувале во југоисточна Македонија: во Дојранско, Радовишко и во Штипоко. Ете, оваа е една од основните причини што и турските воени обврзници од југоисточна Македонија, заедно со македонските, масовно дезертираат, бегаат и ја саботираат службата во српската армија. Во прилог на тоа зборуваат и податоците дека, во периодот меѓу 1913 и 1915 г., од територијата на југоисточна Македонија ко
ја била под српска окупација и власт, само во Струмица емигрирале — пребегнале повеќе од 7—8 илјади Турци. И нешто друго треба да се подвлече: во тој период не е регистриран ниту еден јавен истап од жителите од турската националност, шпионство и слично, во однос на војничките бунтови и нивните учесници во Крагуевац и во Овче Поле. Напротив, за време на овие големи историски настани и после нив, заедно со христијаните, и голем број Турци биле затворани, убивани, тепани и осакатени и тоа: 20 од с. Пепелиште — Неготинско, 6 од с. Казан Дол — Валандовско (убиени и фрлени во Вардар), 6 од с. Дамјан — Радовишко (живи закопани), 2 од с. Рахитец, 4 од Царево Село, 6 од с. Град, 5 од с. Габрово — Царевоселско и др.
Меѓувремвно, ВМРО,, од април до октомври 1915 г., успеала целосно да ги изолира од народните маси сите институции на српскиот систвм. На локалните органи на власта не им, останувало ништо друго, освен да судат и да се пресметуваат со мирното население. Впрочем, ако и тоа не го правеле, практичио немало што друго да црават. Во црилог на тоа зборува следниот пример: Во 1913 г. четниграте на Јајаага и српските војници го тепале Васил Ефремов кој во селото го знаеле само како дедо Ефрем. Тој пред, и за време на балканските војни соработувал оо четата на Иван Јанев. По завршувањето на војните помислил дека е бессмвслено секакво натамошно пружање на отпор против Србите, па од тие причини им се доближил на новите господари. Српските локални власти вешто ја искористиле понудата за соработка од дедо Ефрем, го зеле во служба и почнале од него да бараат да ги потскажува затаените комити и нивните јатаци. За двојната улога на дедо Ефрем разбрале четниците на Иван Јанев, кои исто така му понудиле соработка. Така, дедо Ефрем, од почетокот на 1914 г. наваму, почнал да игра двојна улога. Како претседател на Општината во с. Карбинци — Штипско, дедо Ефрем добил коњ од Србите и за време на обиколката на населените места си дал слобода одделни семејства да
ги ограбува и да посега по моралот на жените. Посебно се нафрлил врз неколку турски жени од с. Радање. Кога за тоа разбрале мажите, отишле да се пожалат на окружните српски раководители во Штип. Тие ги ислушале жалбите на Турците, а истовремено меѓусебно разменувале погледи и иронично се потсмевале, бидејќи дедо Ефрем бил човек во нивна служба. На Турците им текнало дека Србите не го жртвуваат дедо Ефрем за честа на нивните жени и разочарани се вратиле во селото. Потоа, Турците повторно отишле во Штип и решиле да се посоветуваат со Ибраим Наимов, кој во моментот бил кметски наместник во една од трите општини на градот. Тој ги исслушал и им рекол: „На погрешна врата сте чукнале. Пред комитите тие ги веднат главите, а вие од нив барате комита да казнат. Чујте што ќе ви кажам: Веднаш да се вратите во селото. Во група не патувајте. Еден или двајца од вас треба да заминат во Балван и да воспостават врска со Иван Јанев, нему да му се пожалите. Судот на Комитетот на Организацијата е поголем од државниот. Не губете време, веднаш да си одите дома и сторете како што ви велам.”
Оштетените Турци го прифатиле советот на Ибрахим и го запознале со нивниот случај војводата Иван Јанев. На дедо Ефрем му била поставена клопка меѓу селата Карбинци и Радање, бил фатен од четниците на Иван Јанев и предаден во рацете на турските жени. „Војводата ни го даде на располагање Ефрем, а ние го одвлековме во месноста „Кучилатски Нерезини” каде што најпрво го скопавме, а потоа дел по дел го исековме и го расфрливме за да го изедат ѕверовите. Потоа чинавме абер на српските жандарми, ги излагавме дека Ефрем побегнал за Бугарија. Тогаш жандармите ја фатија ќерка му Цика Ефремова и ја претепаа. Како ни правеше тој, така и ние му направивме. Но, ако не беше војводата Иван, ништо не му можевме.
И не само овој. Вакви примери, кога наместо државните, суделе судовите на ВМРО, се среќаваат во сите делови на Областа. Турците од с. Дамјан, Конче, Долни
Липовиќ, Папино, Радичево и други во Радовишко, Калково, Калцково, Горна Собра, Казан Дол и др. Валандовско, целосно се ставиле во услуга на Организацијата. Кога по нападот на Удово бил ранет војводата Петар Овчаров, Турците од Удово, Калцково и од другите села први му притекнале на помош. Радовишкиот војвода Христо Симеонов во јули 1914 г. потпомогнат од месното турско население успеал со својата чета да го минира мостот на р. Водосир меѓу с. Удово и Демир Капија. На 26 август 1914 т., четата на велешкиот војвода Владимир Сланков во близина на с. Скаченци — Велешко, испотепала 20 души српски жандарми. На територијата на Македонија во тоа време, иако Србија била во војна со АвстроУнгарија, држела под оружје над 100 илјади војници и над 10 илјади жандарми и четници. Бројот на војниците, жандармите и четниците уште повеќе бил зголемен по избувнувањето на големиот Овчеполски бунт во септември 1915 г. За да те воспостави каковтаков ред во Македонија, особено во нејзиниот југоисточен дел, српските воени, државни и полициски власти преминале кон масовен терор врз македонското и турското население.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 00:04
Сите овие текстови се од книгата „Белиот терор во Југоисточна Македонија од 1910 - 1941 година „ од Димитар Галев и книгата е во два тома,а во брза иднина ќе ги надополнам со оригиналните слики од таа книга.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 08:29
Пропуштил си нешто, кое не е за тука:намигнување

Турција, Хилми Паша, кој во моментот вршел функција на ополномоштен министер на Турција во АвстроУнгарија 1913—1916 г. Како одличен познавач на приликите во Македонија (од 1904 до 1912г. бил главен полициски инспектор со седиште во Солун), Хилми Паша во едно интервју пред приврзаници на паролата за автономна Македонија во Виена, меѓу другото, подвлекува:

„Никогаш не дозволував Македонија да постане српска, а Солун грчки, зашто населението во Македонија во своето мнозинство е бугарско. По него, по број се Турците и сосема малку Грци. Срби во Македонија нема . . . за слободата на оваа страна (Македонија — б.а.) се бореа и се жртвуваа само Бугарите. Револуционерната борба и војната (мисли на Балканската — б.а.) тоа беше чисто само бугарско дело .. . Во револуционерното време србоманите и Грците беа заедно со нас Турците, против Вашите комитети … На мене и на мојата полиција тие соопштуваа за се што ќе се научеа за Вас. Тие беа наши шпиони, пријатели добронамерници. Штом Бугарија реши да војува, тие се прилепија кон неа само да извлечат полза на бугарска сметка. Пред да ја измамат Бугарија, тие вероломно не лажеа нас.”
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 10:53
Лавче значи ли ова дека бугарите немале никаква контрола во своите воени редови па така оние единици составени од македонци кој војуваа кај одрин да ти били се до еден србоман и гркомани?

Јас ништо нескратив туку напротив реков дека изворот е таа книга и се што има во таа книга ќе биди изложено.

Еве јас да те прашам тебе зошто овој твој паша лажи?

1.Им дава на србите да отворат цркви, а вели дека во Македонија нема срби,тогаш за кој ги отворале тие цркви.
2.Зошто грците уште од осволувањето на балканот од страна на турците се нивни лица одговорни за се,па така само грчката црква и служба останува на сила?
3.Зошто лажи дека нема гркомани во редовите на ВМОРО?
4.Кое е тоа бугарско дело кога и според манифестот а и сите прогласи народот во македонија кој според тебе е мнозинство бугари а според мене е Македонци секогаш биле за автономна Македонија?И зошто А.Шопов вели дека делото на гемиџиите е против „македонската кауза„ а не против бугарската кауза?

Лавче далеку сме јас и ти за со вакви финти на си препишувате туѓи дела.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 13:45
Според тебе лаже, а според мене кажува вистина.
Сепак он е директен сведок на сте настани, живеел во тоа време, а при тоа имал и целата власт во свои раце.
Србите отварале црквите поради Егзархиjата, много убаво знаеш каква е целта на Србиjа. Тоа дека нема срби не значи дека не можеш да отвараш цркви.

За гркоманите и србоманите си е кажал:

"...Во револуционерното време србоманите и Грците беа заедно со нас Турците, против Вашите комитети … На мене и на мојата полиција тие соопштуваа за се што ќе се научеа за Вас. Тие беа наши шпиони, пријатели добронамерници. "

Поjасно од тоа нема што да се каже.
Автономна Македониjа не ги прави сите народности во неа етнички македонци.
Автономна Македониjа со равни права за сите народности- тоа ништо не менува од демографската слика на реонот.голема%20насмевка

И накраj дали си читал спомените на Коце Ципушев?
Книгата се вика "19 години во српските затвори"

Еве како е дочекан кога е ослободен во 1943:







Изменето од lav4eto - 19.Ноември.2010 во 13:54
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 14:29
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:


Според тебе лаже, а според мене кажува вистина.Сепак он е директен сведок на сте настани, живеел во тоа време, а при тоа имал и целата власт во свои раце.Србите отварале црквите поради Егзархиjата, много убаво знаеш каква е целта на Србиjа. Тоа дека нема срби не значи дека не можеш да отвараш цркви.За гркоманите и србоманите си е кажал:"...Во
револуционерното време србоманите и Грците беа заедно со нас Турците,
против Вашите комитети … На мене и на мојата полиција тие соопштуваа за
се што ќе се научеа за Вас. Тие беа наши шпиони, пријатели
добронамерници. "Поjасно од тоа нема што да се каже.Автономна Македониjа не ги прави сите народности во неа етнички македонци.Автономна Македониjа со равни права за сите народности- тоа ништо не менува од демографската слика на реонот.голема%20насмевкаИ накраj дали си читал спомените на Коце Ципушев?Книгата се вика "19 години во српските затвори"Еве како е дочекан кога е ослободен во 1943:


Ако нема срби зошто добиле дозвола?Значи ли тоа дека и бугарската црква доби дозвола иако немало бугари во Македонија??

Каде кажал за гркомани,кога вели „ ГРЦИ„ значи ли тоа според него нема гркомани???

а сликата овде пиши 1941 http://en.wikipedia.org/wiki/Kosta_Tsipushev,а што ќе речеш за бабунски и тој треба да е бугарин
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 14:44
Добро де, 1941, се разбира, сгрешив.

За бугарската црква има дозвола од 1870, со ферманот за Бугарска Егзархиjа, официално призната од Султанот.
И тоа не е што Султанот много не сакал, туку после долга борба за таа Егзархиjа и против грчката асимилациjа.

Значи пред да има држава се случува тоа, а србите имаат одамна држава веке, кога решиле да се прошируваат на jуг.

Има разлика, нели?

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 18:00
Ист таков ферман имаале и србите.
А вие држава сте имале дури 1908 година.

Има?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 18:24
Види што си напишал.

Егзархиjата е од 1870, пред да има бугарска држава.
Високата порта признава бугарската народност во етнографските граници, кои се потврдуваат од Цариградската конференциjа во 1876-  во суштност тоа се границите на Санстефанска Бугариjа.
Ама да се доjде до тоа имаме десетници години пред тоа борба за бугарска просвета и црква:
- 1810- првото бугарско училиште во Велес;
- 1814- издадени првите бугарски книги во Доjран и Тетово;
- 1838- првата бугарска печатница во Солун;
- 1800 до 1870 има 178 бугарски училишта во Македониjа.

Е тоа е разликата, Мунгос, ако не гледаш разлика, jас не сум крив.намигнување


Изменето од lav4eto - 19.Ноември.2010 во 18:24
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 19:31
Лавче темата е за србите ,но затоа што немате своја историја па мора секаде да се истакнувате да продолжиме.

Ќе се поставам како адвокат на ѓаволот но дали србите и грците немале први училишта,книги,печатници и што уште не во отоманската империја?
Што се правиш јунак кога и вие зборувавте и пишевте на грчки и се изјаснувавте како грци.Малку ли имаше во бугарија што биле гркомани?
Прво види си го дворот па потоа давај совети за комшијата.

Изменето од mungos80 - 19.Ноември.2010 во 19:32
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 19:44
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Сите овие текстови се од книгата „Белиот терор во Југоисточна Македонија од 1910 - 1941 година „ од Димитар Галев и книгата е во два тома,а во брза иднина ќе ги надополнам со оригиналните слики од таа книга.

Мунгосе, дали твоjот Димитар Галев е истиот за коj си мислим jас?
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 20:39
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Лавче темата е за србите ,но затоа што немате своја историја па мора секаде да се истакнувате да продолжиме.

Ќе се поставам како адвокат на ѓаволот но дали србите и грците немале први училишта,книги,печатници и што уште не во отоманската империја?
Што се правиш јунак кога и вие зборувавте и пишевте на грчки и се изјаснувавте како грци.Малку ли имаше во бугарија што биле гркомани?
Прво види си го дворот па потоа давај совети за комшијата.


Суштината на разговорот беше за Хилми паша и зошто има српски училишта во Македониja.
Ти ja оспоруваш изjавата на истиот за положбата во Македониjа, а jас сум согласен со неговите ставови и ти обjаснив каква е разликата помегу србите и нас (бидеjки ти поставуваш знак на равенство).

Имале србите и грците училишта во Македониja, но во споредба со тие на Егзархиjата биле смешно малка цифра.
Самите македонци не се бореле за српски и грчки училишта, туку отварале бугарски далеку пред да постои Егзархиjа и бугарска држава.

И тоа биле истите преродбеници и револуционери, кои цел живот се бореле против грци, срби, гркомани и србомани.

А затоа дека немаме своjа историjа и за сопствениот двор е толку елементарно, што не заслужува коментар.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 22:23
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Сите овие текстови се од книгата „Белиот терор во Југоисточна Македонија од 1910 - 1941 година „ од Димитар Галев и книгата е во два тома,а во брза иднина ќе ги надополнам со оригиналните слики од таа книга.

Мунгосе, дали твоjот Димитар Галев е истиот за коj си мислим jас?


Toj e.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 30313233>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.