IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 23>
Автор
Порака
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2009 во 11:26
Kotsé Tsipushev recalls how, when he and some friends asked Gotsé why they were fighting for the autonomy of Macedonia and Thrace instead of their liberation and reunification with the motherland, he replied:
Коце Ципушев кажува кога он и негови другари прашале Гоце зошто треба да се борат за автономиjа на Македониjа и Тракиja, наместо нивното ослободување и обединување со татковината,Гоце одговарал:
"Comrades, can't you see that we are now the slaves not of the Turkish state, which is in the process of disintegration, but of the Great Powers in Europe, before whom Turkey signed her total capitulation in Berlin. That is why we have to struggle for the autonomy of Macedonia and Thrace, in order to preserve them in their entirety, as a stage towards their reunification with our common Bulgarian fatherland..."

...Треба да се бориме за автономиjата на Македанија и Одринско, за да ги зачуваме во нивната целост, како еден етап за идното им присоединување кон општата Болгарска Татковина..."

Freedom Or Death.The Life Of Gotse Delcheff

Изменето од lav4eto - 30.Јули.2009 во 11:48
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2009 во 13:24
Гоце Делчев бил најголем борец против некакво обединување, читај сите што говореле за него, за него бугарската држава не била пријателска држава, односно никогаш не верувал во бугарска помош, секогаш се борел за внатрешно востание, без влијание од надвор.
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 09:48
Kaj останките од село Баница-Егзархиската црква, близу до местото дека загинува Гоце Делчев:



Убаво се чита:МАСТОРА ГЕОРГИ 1883.
Уште една бугарска црква до местото на Гоцевата смрт, уништена од грците:


Изменето од lav4eto - 23.Август.2009 во 13:21
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 13:46
Како бе Бугарска црква - эар не веруваа Бугарите во Тангра,не эафркавај сега и цркви на Македонска територија демек граделе - тоа ти е православна Македонска црква
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 16:53
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 11:17
Димо Хаџидимов за Гоце Делчев
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНСКИОТ ЛЕВСКИ






Достапно благодарение на АндоновБале


Изменето од Каснакоски - 03.Октомври.2009 во 11:24
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 15:31
ПОГРЕБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СЕЛО БАНИЦА
Херојската и трагична смрт на овој македонски визионер, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење се случила на 4 мај 1903 година во селото Баница.
По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе.
Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан.
Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.
МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ ГО ОПЛАКУВААТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката "Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија", ги презела Илинденската организација.
Тогаш саркофагот бил изложен во црквата "Света Недела" во Софија.
Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.


КОНЕЧНО ДОМА

Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје.


Конечно на 10 октомври 1946 година престолнината на слободна и независна Македонија ги пречекала земните останки на големиот борец и апостол на слободата на македонскиот народ, Гоце Делчев.

Граѓаните на Скопје и околината достоинствено и со пиетет ги дочекале дрвениот саркофаг и поворката која ги придружувала моштите на великанот Гоце.
"Со положувањето на Гоцевите мошти во оние октомвриски денови во 1946 година, придружувани од тогаш нему достојните воени и граѓански почести, се оствари историскиот аманет на неговите соборци.
Тие мошти вечно да почиваат во престолнината на Македонија.
Од тогаш овој споменик стана македонско светилиште, место на поколение пред споменот на Гоце и на сите Гоцеви знајни и незнајни соборци и македонски страдалници.
Црквата 'Свети Спас' стана негов вечен дом, во кој Гоце заслужено почива, но таа е и храм на ширење на македонските не само духовни, културни, туку и револуционерни традиции", ќе запишат авторите на книгата.

Во светлата и долга македонска историја изложена на воени и културно-цивилизациски влијанија од Исток и од Запад вткаени се животите на многу генерации и на многу дејци од културни и од научни центри, а надареноста на поединци да одржуваат чекор со времето, се одрази врз цивилизациските придобивки на сопствената земја и на светот општо.
Силното чувство на македонскиот патриотизам и свеста за посебноста на македонскиот национален идентитет беше најзначаен влог на револуционерите со особена надареност во поновата македонска историја, кои и покрај јавната верификација на нивните жртви и дела, останаа да ја делат судбината на својот неослободен народ.
Еден од плејадата на никогаш незаборавените македонски револуционери и вечни патоводители на македонскиот народ е големиот Гоце Делчев.
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 17:40


Ајде да видиме, Буги, според твојата логика зошто Димо Хаџидимов ќе го напише тоа за Гоце?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 19:37
Твојата логика веке не ме интересира,ти покажа дека пропагандата ти е појака страна од логиката така да мислам дека бесмислено пишуваш,народски кажано не си раэбран,имаш испран моэок секој эаклучок ти води кон едно та исто
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2009 во 23:26
СУЛТАНА _ МАЈКА ДЕЛЧЕВА

ПРЕДЗОРНИНА НА ИЛИНДЕН
(Музика)
(Мал простор. Во земјата забодени три колци. Дијаметрално. Од длабочината на сцената. Се влече бела основа за ткаење. Султана во
рацете држи калем. Нишките се врзани на јазел и се протнати во јазелот и така се влече основата.)
СУЛТАНА:
Пусто. Мајка. Лист на гранка да се заниша, тебе срцето ќе ти затупка. Арно е да си од камен - не си. Си ги родила, со бол во душата си ги израснала. Ќе ти се разболат - ќе се разболиш и ти; ќе се удрат -ти се чини и тебе те удриле; весели ти се децата - и твоите очи се смеат. Од нивниот џагор сон не те фаќа, ама нивните гласчиња помили ти се од сонот. Го прескокаат прагот, надвор, внатре - внатре, надвор, љубовта не ти дава рака да кренеш. И така, си минуваат годините. Од многу работа и грижи, немаш
време да се прашаш: како си влегла во тоа незапирливо тркало.
Думам, во моето село Мурарци, на седенки жените муабет сучеа - имаш ли мома, потковај си го прагот, сонцето ќе зајде, ќе почнат стројници да ти го стругаат - тоа не беше ветер муабет!
Пред Митровден ја наполнив шеснаесеттата година. Како сега да ми протрчува таа есен. Пекнало сонцето како да е лето. А листот жолт - небаре со лири послан дворот.
Вујко ми женеше син па мајка ми ме стокми во нова руба посестрима да бидам. Бев голема ороиграјка. Ке свирнеа чалгиите, еве ме на танец. Играв од душа.
И токму тоа во недела, кога се играше невестинското оро, до мене се фати едно лично момче. И не да ми пушти шамивче, ами право за рака ме срамори. Го меркам и играм.
И по рубата, и по стројноста, асал граѓанин.
Уште сонцето не беше зајдено, во нашата куќа влезе аџијата Трипун. Мајка ми, ме втурна во келерот. Татко ми го наполни кането со вино и седна на буџакот. Разврза здрав муабет со гостинот. Јас си го допрев увото на резето од вратата. Сите лафови ги нижам во увото. Ми е мило што само за мене муабет кршат. Срцето ми тупка - живо ќе излезе.
По едно време развревеа низ дома. Мајка ми викна по мене, влегов во одајата, очи не кревам. Се преправам дека лаф не сум чула, а татко ми и стројникот, на еден глас ми велат дека лаф дале за Кољо Делчев, прстен смениле и за чорбаџиска куќа ќе ме одомат.
(Ја влече основата од еден крај на друг. ја заврзува околу колците
и продолжува да снове.)
Не поминаа ниту шест недели, ме внесоа во Делчевата полена качена на бел коњ. Селска мома, срамежлива, а Делчевата куќа палата. И така си бев кротка, а сега чорбаџиската куќа, ептен ме замолчи. А и Кољо беше серт. Како недопирлива вода. Се ми наоѓаше мани. Ова не му чини, она не треба да биде така, табиет - опак!
Кога ќе излезеше на сокакот, со крената глава, со фес црвен и пискуљ црн до градите, сите го гледаа. Таков беше. А итар - џидра. Очите му косеа на сите страни. Она што не си го видел ти - тој веќе во пазува го турил. А и правичен. Белото е бело - црното е црно.
Од првиот ден го разбрав дека има арна душа, ама душата не му се гледаше преку строгото, опнато лице.
По една година ни се роди Руша. Грлеста како машко. Целото маало го креваше на нозе кога ќе заплачеше. А брзо израсна. Како фиданка. На Кољо не му се стори ќефот. Фучи покрај мене, очи не фрла накај израснатото дете. Се уште ја доев Руша, сетив ми се полни лажичката со мачнина. Секој залак ми се враќа.
- Пак сум останала - реков.
Ја одбив Руша. По неколку месеци ми се роди Цоца. Втората ќерка ми се роди ситна, слабичка, а беше и најастелива. Со сила ја
доев. Ама мирна. Глас не и чувме. Чиниш дете нема в куќи. И овој пат на мојот сајбија не му стана ќефот. Ни муабет да ми направи, ни пред луѓето да каже дека второ дете ни се роди. Молкум излегува, молкум се враќа дома. Мене душата ми се врзува во јазли. Што да правам да го развеселам, си мислам. Зарем јас сум крива што не ни се раѓа син?
Што е право, право е, ако ни се разболеа ќерките, Кољо како спобудален трчаше низ градот и бараше иким или бајачка. И по цели ноќи седеше покрај нивната постела, со оцет, вода, и како огнот да им го тргне. Ама она, за машка глава - од умот не му излегуваше.
(Станува и почнува одново да снове.)
Една вечер Кољо ми рече:
- Третото машко ќе биде, Султано.
Беше малку на ќеф. Инаку тој со мене таков муабет никогаш не поведувал.
Сите велеа дека страв во коски ми има втерано. Не беше тоа страв. Вечерно време, кога се враќаше од крчмата, оддалеку му ги сеќавав стапалките. Срцето ќе ми затупкаше од радост. Го чекав со некаков трепет во градите. Сакав да е дома, оти тогаш животот ми беше многу убав. Како некоја подземна вода ме креваше угоре, угоре, угоре.
Откако ја сменив селската облека, Кољо скоро секој празник ми купуваше кадифен или копринен фустан и тоа многу скапи. И под широкиот фустан, се насетуваше новата рожба.
Господи, си мислев, како да му кажам, ја ако и овојпат не биде...
(Удира на колена и се ирекрсшува иобожно и молишвено.)
Една вечер Кољо ме спревари:
- Знам, знам, Султано, кога спиеш, си го допирам увото на мевот... Ова ќе ни биде машко.
Неговите лафови како пламени јазици навлегоа во моите гради. Богородице, си велев, ја ако не биде машко - во оваа куќа за мене живот не ќе има.
Ќе ми се кренеше сонот - со часови очи не затворав. Го чекав денот, часот, а кога дојде и тој миг, ги стегнав болките во грлото, глас не испуштив, а очите сум ги раширила накај килимот - гледам што ќе падне од мене...
Кога баба Лика рече дека е машко, думам, се свртев накај неа и викнав на сиот глас:
–Оди стрино Лико, кажи му на мој Кољо...
(Доаѓа до авансцената.)
Мојот домаќин ми го чул гласот, летнал накај сокакот гологлав без фес, дотрчал до крчмата и почнал да ги кани минувачите:
- Бујрум, браќа! Бујрум да ве честам! Господ крилја ми всади, син ми се роди!
Им зготвил и <чевирме>, асал кукушка софра им стокмил.
А другиот ден, со пијано срце од гордост, ги нагостил и пазарџиите од Мурарци. Со денови се раскажуваше по чаршијата дека
анџијата Кољо Делчев, го одврзал ќесето.
Нункото му го стави името Горѓи на детето, а Кољо со пцости го покори. Сакаше синот да му се вика Димитар, како татко му. А јас, од првиот час си го завикав Гоце.
Новата рожба го измени Кољо. Чиниш покрај мене заживеа друг човек. Цел ден беше во крчмата. Вечерно време дома. Руша растеше бујно, а Цоца - да ја дувнеш ќе падне. И Гоце ми беше ситно, слабичко.
Мажот ми од кожа ќе си излезе за Гоце. Се распрашувал лево-десно, чаре барал за
синот. Ке ме праша, зошто не е јастеливо. Зошто не расте јадро.
Гоце иако беше слабичко, беше здраво дете. Ниту од грло да се разболи, ниту на еќим бев го однела.
Една вечер Кољо рипна од сон. Ме разбуди и мене.
- Гоце нешто не ми пркнува, Султано. Закржлавува. Ке морам чаре да барам. Машко е..
Што и да му речев, криво ќе ме сфатеше. Молчев.
Чинам пред врзикрст беше. Надвор студот се живо стврднуваше. Месев пастрмалија. Кољо влезе задишан, во одајата. Ме одмери од глава до петици. Мене змија ме касна. Нешто скроил, си реков, погледнав низ прозорецот, во дворот го забележав девер ми Маноли, качен на коњ.
Кољо свика по мене:
- Остави се и облечи го Гоце во нова руба. Ке го носиме со брат ми на вак'вската чешма. Ќе го искапиме пред врзокрст, ми рекоа, водата била многу лековита.
Се скаменив. Го гледам детето си игра покрај огништето, заруменето во обравчињата, а под стреата мразулци висат колку една копралја долги.
Со вкочанети вилици му реков:
- Сак'н Кољо! Како ќе го капеш детето на овој студ?
Тој ниту ме чу, ниту ме виде дека стојам среде одајата како заборавена. Устите ми подгорија. Лаф веќе не можев да пуштам.
Кољо го облече детето, го исчешла, дојде до мене и ми рече:
- Благослови го!
Го благословив детето, ама сајбијата го преколнав.
Чекајќи да се вратат, остарев. Пред мрак да падне, еве ги со две стомни вода. На чешмата се нашла умна и срчна старица, викнала по Кољо:
- Море домаќине, да не имаш сто сина? Каде ќе го вдениш гревот - во раце ќе ти умре детево ако го пикнеш голо под чепот!
Му дала две празни стомни, ги наполниле со вак'вска вода па ја донесоа дома да ја стоплам и да го искапам.
(Се насмевнува.)
Откако заспаа децата, Кољо ми ја
позеде раката па ми вели:
- Ете, и јас можам да погрешам, Султано. Прости ми, за стравот и за маките што ти ги дотурив. Голем мерак имам Гоце едар маж да стане.
По Гоце ни се роди Тина, па Лика и, еве ти го и Мицо. Кољо и за него лудуваше со недели. Ама не како за Гоце. А потоа и други деца дојдоа - девет на број.
Кољо беше човек кој гледаше надалеку. Не сакаше неговите синови да останат слепи. Машките ги даде на училиште - на женските домашната работа.
Вечерно време, кога ќе се вратеше од крчма, сакаше да ги најде машките со книга в рака, а женските со плетило или вретено.
Тешко нив ако ги најдеше поинаку!
Гоце му го имаше стравот, ама Мицо... Мицо личеше на него.
Една вечер мојот стопан се врати од работа лут. Јас бев нешто неарна. Лежев. Не станав диван да му направам. Тој дојде до мојата постела, го извади либадето, фесот, појасот - нема кој диван да му прави. Кога виде дека не станувам, грабна една прачка и право кај мене. Се поткренав од перницата колку да му го потсмирам разбеснетото самољубие, ама умот ми се сврти и паднав.
Тогаш Гоце ја фрли книгата, легна врз мене.
Господи, небаре сега го слушам:
–Татко, мајка е болна. Треба на иким да ја носиш. И ако ја удриш, кога ќе пораснам, куќата ќе ти ја запалам...
(Зема воздух, блажена во лицето.)
Кољо се истргна... Опцу... Ама од таа вечер, пред децата рака не крена...
(Продолжува да снове.)
На големи пости, се стокмивме да одиме
во Мурарци кај моите. Тие пости никогаш
нема да ги заборавам. Се вративме дома пред
мракот да падне. Изрипаа децата од колата,
се стрчаа накај тремот, Кољо ги распрегна воловите, ги потера накај полните јасли. Се искачи на тремот, не пули, сите стоиме занемени пред ширум отворената врата.
Целата покуќнина ни беше ограбена. Празни долапи, празен келерот, амбарите... Ѕидовите голи. И пирустијата од огништето беше ни ја зеле.
Вреснав јас, писнаа и децата заедно со мене да плачат. Кољо шета во одајата - големо зло го снајде. Излезе од одајчето, ги одмери децата, помислив сега ќе не истепа сите. А тој викна:
-Доста! Не плачете! Арамиите ме издемнале и на подол начин ме ограбиле. И што од тоа? Утре ќе одам во Солун и поубава покуќнина ќе ви купам. А по Петровден, куќата ќе ја кренам на два ката. Еј, со прстот ќе ја покажуваат та од Бијаскуле - тоа е куќата на Делчеви!
-А зошто ова ни го сторија, мамо?
-Е, зошто? Друг пат ќе ти кажам.
Си ја пушти раката в појас, извади три ќесиња лири, почна да ги брои.
Гоце гледаше во татка си како маѓепсан. Му вели:
- Зарем ти татко, не се плашиш од лошите Турци?Кољо си ги врати лирите в појас, го гушна и му рече:
-Море како не се плашам, само разбрав: и тие се плашеле од мене, инаку зошто зулумцијата Џемо ме издемнал кога не сум дома па ме ограбил?
-Не е само за тоа.
-Како не е само за тоа?
-Сите велат дека си им помагал на тие што не се плашеле...
(Снове без прекин. Како да и се брза. Основата бела, таа во црна облека како да е белег на крстопатот.)
Руша си личеше на татка си. Цела. И по нарав, и по лиџба. Од ништо не се плашеше. Ниту глава свиваше пред душманот. Ја омаживме. Добра домаќинка стана. Ама една вечер влезе во дворот лута како рис. Татко и ја праша:
- Кого истепа, мори Рушо? Свекорот или мажот?А таа ни едно, ни две:
- Да ми беа рамни, вратот на обајцата ќе им го свртев, тие, кроткисе како јагниња. За мажот ми, да не ти кажам - под скутот ми се крие.
Ми се стемни пред очи иисе извикав:
- Како не ти е срам, Рушо! Пред татко ти такви лафови!
Господи, толку силно ме зграби мојата прва рожба, коските ќе ми ги искршеше.
- Благодарна сум му на Бога, што една кротка, мила мајка, погледни какважена родила. На чешмата, истепав Турчин. И Турците го исплукаа отинешто ми рече, а јас стомната па врз главата. Се исплашив кога видов
како му џитка крв од главата. Си го кренав скуталето, си го покрив лицето како со фереџе, тие помислија дека сум Турчинка па извикаа:
- Ад'псас! Келеш! Да те нема оттука!Оди па излези накрај со таква ќерка.Еднаш Кољо ми се пожали:
-Султано, лош ни е алот. Давам, и лево и десно, ама дали в црква или на панаѓур младежот нешто крои. Се за пушки и к*ршуми лафат.
-Нашите деца кротки се, Кољо.
-Луда жено. Кротки! Ке видиш, еден ден Султанот ќе проплаче од нив.
Јазикот да си го прегризеше, си реков.
Ѓаволот ни ора, ни копа. Пред Богородица, Гоце влета дома велејќи:
-Мајко моја, Турците вујче врзан со синџири накај Солун го но-сеа!
-Така ти се причи-нило, синко - му реков. Вујко ти е чесен, мирен рисјанин.
-И да не беше вујче, мајко, може ли човекот да влече таков синџир?
Мажот ми многу пари даде за да се врати брат ми од занданата.
Дали од тоа што виде дека рисјаните ги влечат со синџири по патиштата, дали порасна
па огнот пламна и во неговите гради, не знам. Еден ден, и Гоце и Мицо се втурнаа во куќата со искинати кошули. Гоце нешто промрмори и го пресече воздухот со двете раце:
-Ке го смачкам!
-Кого ќе го смачкаш, Гоце? Не мина многу време,
слушам „Свети Илија", ја тресна портата.
Викнав:
- Земете ја книгата, татко ви доаѓа.
Гоце од место не мрдна. Мицо се сокри зад ноќвата.
Кољо влезе со искривен фес врз очите. Жолт - зелен, ни лаф ни глас, се спушти накај Гоце. Го грабна како орел со едрите раце, го тресна во ѕидот. Гоце згрчен, нем, падна врз ќилимот. Вреснав, почнав да колнам, а мојот домаќин вели:
- Знаеш ли, мори, чиј син истепал денес твојот делија? На Ибраим Ефендија. Ми влезе разјарен во крчмата, ми се закани дека ќе не убие, и мене, и син ми, ако уште еднаш му го гибнел Турчето.
Гоце се исправи. со крвав нос и на татка си:
- Зошто пак тебе да те убие? Нека ме убие мене. Неговиот син има лош табиет. Ни ги собира играчките како да се негови. Му реков, ако сака да си игра, бујрум. Го правиме кабул иако е Турче. Ама нека знае што е наше, а што е негово!
Си ја избриша крвта со ракавот и дури тогаш заплака.
(Шета горе-долу како поматена.)
Ја омаживме и Цоца. Како да речам, девет деца изродив, безброј трамби платно искроив со овие раце, ама ни бол, ни тежина да сетам. Кога замина Гоце во Солун да учи, ми се стори дека некој ми го грабна. Додека вревеа помалите деца околу софрата, ќе се испулев, Гоцевото место празно. Господи, ќе ми минеше тешка мисла, Руша и Цоца се омажија - таква празнина не сетив. Ке ме штркнеше нешто под пазува, гласно ќе речев:
- Солун е голем град. Не дај Боже, нешто да го снајде?...Кољо напоречки ме гледа. Изгледа ми блеснала солза врз трепките па ја видел.
Слушам, и Мицо ќе го испраќа во Солун да учи. Мицо беше многу палав. Му реков:
- Гледај да не го посрамиш брат ти. Во гимназијата бил најдобриот ученик.
А тој мене:
-Брат ми има своја глава, јас своја.
-Ке те врати татко ти во Кукуш ако многу чифтиња ми фрлаш!
-Море еднаш ако излезам од овој праг, ни ѓаволот нема да ме
врати назад се додека Турчинот не го мине Одрин. Тогаш со арно ќе му речев:
-Скн, Мицо, златен на мајка, мене ми приговараш?
-Само мајката го ислушува својот палав син докрај, мајче, затоа со тебе толку отворено си лафам - ми возврати.
Ке ме гушнеше, се додека не ми ја исушеше солзата во окото не ме пушташе.
Еден ден Кољо се врати од Солун лут.
-Знаеш што сторил тој, твојот миленик? - ми рече.
-Од каде да знам, Кољо. Кажи ми де.
-Пред валијата, на место да викне: „Да живее султанот!" - тој закук*рикал: „Долу султанот!" Немајќи каде, му тутнав по пет лири на директорот и на надзорникот на училиштето, да ја забашурат работата...
Арно велат, девет деца, девет огнови.
Второто лето го чекавме Гоце да се врати од училиште на одмор, а тој се врати со сите книги и со полна глава мушички. Му кажа на татка му дека ќе оди во Софија за офицер да учи.
- Тоа што сакаш да учиш за офицер,
не е мала работа, - му одговори Кољо. - Ти како да си скроен за офицер. Имаш снага, ум. Јас мојот благослов ќе ти го дадам. Само во други работи да не се мешаш.
Клекнав пред Кољо, со скрстени раце на градите, го молам:
- С'кан, Кољо, каде ќе го праќа детето? Далеку е Софија. А и ти старееш, кој ќе те замени?
А тој мене:
- Женски ум! За маж, ништо не е далеку! Луѓето со синџири та до Анадолија стасуваат и пак живи се враќаат. Мојот син еден ден качен на коњ, со офицерска тога, по кукушките сокаци ќе шета!
Мене и така душата ми беше изгорена, Кољо како да беше заборавил на големиот таксират што не снајде со Цоца. Втората ми ќерка се омажи кутрата во алчна куќа. Свекрвата да ти ја тера по цел ден оров на домашен камен да меле во арот, а трудна. Се нурнала врз каменот и испуштила душа. Околу ужина, трчаат жените од Горно маало, ми кажуваат. А мене веќе срцето ми реди:
–Цоцооооо... мајкина ѕвездоооооооо! Дваесет години сал туку наполни... Каква беше таа рака што ми те скинааааа.
(Редењето го завршува со ритуал.)
По смртта на Цоца, со Кољо лаф не разменив арен. Мажот ми ја удоми во таа лоша куќа - знаеше дека се катил луѓе. Мицо остана во Солун да учи, ама аберите од Мицо не ми го згрејуваа срцето па се разболев. Учителите ни пуштија абер дека бил бистар, арно учел, ама против султанот кревал врева. Правда барал за сите рисјани.
Ѓаволот во него беше влегол. Кај триста бајачки отидов. Фајда - никаква. По селата сејмените беснееја, мома не можеше на нива да појде. Ги влечеле по сараите, ги потурчувале. Акот од гумно им го земале. Голема неправда. Многу лошо време, велеше Кољо. Седум попа во една дупка закопале во Серско за време на Богородичниот собир во манастирот, па луѓето почнаа и в црква да не одат. На Г 'сковци, наши роднини, им ја силуваа снаата на лозје, па мажот и се обеси. Кољо се враќаше дома полн со такви стравотни нешта, не беше болен, а личеше на болен, јас го молев да не ми раскажува.
Спроти Велики петок, добив писмо од Мицо. Ме моли, пари да му пратиме. Го истерале од Солунската гимназија, во Одрин ќе одел да учи.
Кољо без лаф му даде шеснаесет лири на Вано Чупов да му ги однесе во Солун. Мицо, откако ги зел лирите, им ги разделил на своите другари, и тие истерани од гимназијата, да се најадат и да се вратат дома.
Мојот син си останал и без пари, и без другари.
Второ писмо добив. Пак ме моли пари да му пратиме. Сега Кољо не сакаше да чуе. Мене душата ќе ми препукне. Ја ако умре од глад? Ја ако фати лош пат? Голем град!?
Бев неарна. Му реков на Кољо да ми даде пари да одам во Солун на иким. Мажот ми, кога беше за болест не жалеше пари. Ја зедов ќерка ми Руша со мене, право во Солун. Го најдовме Мицо во еден смрдлив ан. Ослабен. Неизнаспан. Аман-заман, го кандисав да замине во Софија кај Гоце. Ме послуша. Му ги дадов лирите и замина.
(Снове забрзано. Погледнува лево-десно, се ушше е далеку до крајош.)
Животот е тркало. Се врти. Ја притиска земјата, крева прашина, а каде има прашина, има и пат.
По неколку месеци добивме писмо од Гоце. Не кара зошто сме го пуштиле Мицо во Софија. Кољо ја засвире старата песна:
- Ке го вратам. Остарев. Може во крчмата да ми помага.
Ох, пусто така се враќало! Само, еве ти друга мака. Милан, третиот син, сал што беше си го подал вратот од либадето, една вечер, му вели на татка си:
- Ако најдам пат и јас ќе заминам кај браќата, татко. Оттука ништо не ќе може да се стори.
- А што си наумил да сториш, бре синко? - му вело Кољо.А тој како од чифте:
–Да ги истераме османлиите... Да се ослободиме! Ке кренеме востание.
(Воздивнува.)
Со годините, животот на човекот му се менува. Кољо си ја подголтна плунката. Му рече:
- Ич гајле не бери, синко, ќе ги истераме. Ама за ова, надвор, ни лаф. Нека си остане наша тајна.
Од тој ден се што ќе провееше по кукушките сокаци, Милан ќе му дотуреше во ушите на татко му. Како да беа другари. А пак, Кољо, на место да го искара, ќе му речеше:
- Така те сакам, синко. Очите отвори ги четири, да не бидеш утав...
Многу бев исплашена за Милан. Не личеше ни на
Гоце, ни на Мицо. Тврдоглаво, срчно, одлучно. Кољо ќе донесе некој задоцнет пазарџија дома да преноќева, Милан ќе поведе муабет за лошото што
ни се прави. Сал туку ќе го чуев:
- И црквите ни буричкат по душата. И комитите понекогаш грешат, најдобриот Турчин ќе го убијат, а оној кољачот, го оставаат во сарајот. Тоа не бива. И народот е лош. Не си помага еден на друг.
Го искарав. Оттогаш пред мене уста не отвори.
А мажот ми, стануваше и легнуваше со сонот дека Гоце ќе се врати офицер.
(Се насмевнува.)
Ни офицер, ни син за свадба и радост. Тој да ти стане поглавар на сите тие што сакаа да го симнат јаремот. Веќе сите во Кукуш не беа мирни. Очите накај Круша Планина им беа свртени.
Една вечер нов жар ми се дотури во пазувите. И Мицо се вратил во Македонија, во четата на Чернопеев. Сите мајки своите деца си ги бараа по сокаците, крчмите, а јас по гората и беспаќето. Ги гледав ластовичките како ја прелетуваат нашата градина, па си велев, вие ми личите на моите синови. И тие летаат, ама не знам во која гора гнездо свиваат.
Тина, ќерка ми, беше армасана и свадбата ја почнавме по Богородица. Без Гоце, без Мицо, каква свадба? Кољо прати телеграф, ама се врати. Никој не знае да ни каже каде ни се децата.
Во саботата удрија тапаните. Свирнаа чалгиите. Се изнафатија посестримите и побратимите на оро. Мене очите ме глочкаат. Не можам да ги задржам жешките солзи. Право ли е, моите синови да не бидат фатени на оро.
(Се тргна, со силен, емотивен порив.)
Како во Мурарци, пред да се омажам, кога Кољо се фати на оро до мене, сега гледам, еден убав маж се фати до ќерка ми Лена. Крвта ми заледе. Богородице, биди милостива, не ми го заматувај видот, од каде на каде Гоце до Лена фатен? Облечен како Французин, со толкави убави мустаќи?
Викнав колку што глас ме држа:
- Гоце! Сине! Дојде!
Се стрчав накај орото, ама оди и пробиј пат до него! Нагрнаа неговите другари - многу години не беа го виделе, го распрашуваат, што ново има во Штип, Скопје, Велес, во Европа. Слушам, се големи лафови им вели. Како да не е мојот син што секогаш ме гушкаше како момичка.
Кољо ме искара:
- Гледај си ја свадбата. Гоце станал зрел маж, знае што лафи, а неговите врсници, ги гледаш, остареле, со куп дечишта во скутовите.
Гоце не се врати каков што замина. И од нас, и од Кукушени, беше истрчал малку подалеку.
Го дочекавме и денот да ни се врати невестата на првиче. Пак се насобра родот, полна софра. Пеат сите, го молат и Гоце да запее.
- Таа, твојата песна ќе ни ја запееш, Гоце, го моли Руша.
Ах, Руша, Руша! Машко срце носеше во градите. Друго чедо не родив како неа. Премирав кога таа раскажуваше.
-Рушо, ќерко, еден ако-те чуе, од апс не ќе к*ртулиш - и реков.
-Ич не бери гајле мајко, Делчева Руша во нивни раце не ќе падне!
Токму таа ноќ, околу првите петли, некој затропа на порти. Кољо се стрча да види кој е. Еден негов доушник му рекол: Син ти Гоце веднаш да го напушти Кукуш. Од Скопје абер дојде в апсана да се пикне.
- Аман бре, зошто, што сторил?
Кољо му тутнал пари в раце на доушникот, се врати дома пожолтен, почна да го облекува Гоце во селски алишта, што поскоро од дома да си оди.
Никогаш потешко не ми било како тоа утро. Се ми се чинеше дома е, на чардакот стои, или во градината кај црешите. Глава ако подадам ќе го видам. Ги ширам очите - го нема. Кога ми ја баци раката, смогнав да му речам:
- Чувај се, синко...
Грлото ми се наполни солзи и молкнав.
Годините си врвеа, а јас синови немав. Ќе дојде еден, ќе ни рече го видовме Гоце облечен како селанец, таму и таму. Ќе дојде друг, ќе ни рече, поздрави од Мицо ви носам - во таа и таа планина комитлува.
Кољо не го потсвива фесот, оди исправен, натокмен, а срцето му гори по децата. Чувме и Руша нешто сновела по градот, заколнувала рисјани во организацијата. Сите се токмеле, востание ќе креваат.
Еден ден, го грабнав зет ми, му велам:
- Каков бре маж си ти, кога жената не можеш да си ја скротиш?
А тој мене со едно рапаво гласче:
- На браќата си личи, бабо! Комитка! Никој нив не ќе може да ги заузди! Товари пушки влече накај Круша Планина.
Лена се омажи во Солун. Во чорбаџиска куќа. Мажот и сал ќе ни пратеше абер дека Гоце бил во Солун, го видел таму и таму, а дома не стапнал.
Ќе се прекрстев, Ристосе, маченику, чувај ми ги децата од најлошото... Само тоа го сакам, да се живи...
А народот се исипуваше. Едни бегаа преку граница оти селата ги гореа, други по големите градови. Турците, ако некој шушнеше околу нивните сараи, се живо на колец
наденуваа... Тешко време, а мојата куќа во сред оган. Годините си врвеа, јас и Кољо од самрак до самрак, само имињата им ги шепотевме. Тивко, никој да не не чуе. Руша, Гоце, Мицо, Милан. Орото го водат во ...
Султанот секој ден црна повела праќаше по вила-етите и телалот туку викаше по сокаците оти ќе се слушнеше комитите кутнале бег, понатаму кутнале друг бег, за еден Турчин, цело село ќе изгореа. Народот стенкаше. Во пазарен ден, узбашијата со сејмените сновел околу крчмата на Кољо, во нашата куќа сетиќи ќе влезеа аскерлии да роват. Некој дале-чен роднина ќе ни речеше за Мицо дека во таа и таа шума се борел со аскерот. А за Гоце, никаков абер.
(Си го брише носот. Си ги трие дланките.)
Не сакам да се сетам на тој ден. И деновите не си личат еден на друг како и луѓето. Влезе Лена, ќерка ми, завјасана, во големата одаја. Без капела и мув на рацете. А зима. Студот корнеше. И се опулив право во очите, мајката сал на лошо мисли. Чекам името да го слушнам. Гоце ли е, или Мицо?
Влета и Кољо во одајата.
-Мицо, Мицо го убиле, кај селото Бајалци! - викна на целиот глас.
-Ох, Мицо, Мицо, мајкино око... - пригушено крикнав. Кољо го зграби чифтето сите Турци ќе ги убиел по сокакот... Стасаа и Руша, Лика, Тина. Се нафрлија врз татка им, му ја зедоа пушката.
Мене никој не ме пули, оти бев кротка, мека, без глас.
Отидов во келерот, го отворив сандакот. Му ги вадам новите руби на Мицо. Ги мазнам и редам:
- О, Мицоооо, сокол на мајка, дали ми те покрија со земја, или
само со лист - горска облека. Ој, таго мајкинааааа, толку млад, а в земја да гниеш... Та кога невеста мајка ќе пречека, кога син ќе ми те искапе, внучка в раце да кренам... Ој, синееее, веќе едно око ми е празно...
(Си ги покрива очите со двете раце.)
Не мина черек време, влегоа заптиите во одајата. Јас не сум ги сетила. Целата куќа ја претресле. Ништо не нашле. Руша чифтето го фрлила во алето. Само таму не ѕирнале. Од тој час нешто во лажичката ми се преобрна. Ни водичка, ни лепче сакав в грло да пуштам. Не знаев кога е ноќ, кога е ден. Сал мракот и празнината ми се влечеа по мене. Ми се виде дека и Кољо се измени. На Милан му порача од дома да не излегува, абер пушти, Гоце дома да не се врати.
Ќе ја прашав Руша:
- Ќерки, кажи ми, дали Гоце е жив? Не криеш ли нешто од мене?Таа ќе ми речеше:
- Мајко, и јас имам големи деца. Ама работам за Делото како што работат моите браќа! Та како ќе ги истераме душманите ако се криеме во ...
Ништо не ја разбирав. Се ми се матеше пред очи.
И велев:
- Рушо, јас не сум силна, како тебе, кучињата право за срцето ме каснаа... Крварам, чедо...
Оди и разбери се со таква ќерка, која беше и мајка, и дома-ќинка, и комитка.
Сакав да се сторам пиле, да летнам, да го најдам војводата Чернопеев,
да ми го покаже гробот на Мицо. Ми се чинеше, ако остане Мицо каде што е закопан, врз синовата снага душманот измет ќе фрла. Цела година летав како птица накај непознати краишта, си го барав сино...
Руша, Лика, Тина, Лена, гајрет ми даваа, ама мене срцето ми беше изгорено. Ке ни се дотуреше некој глас од Гоце, таму и таму се појавил преоблечен како Арнаутин, умни луѓе оделе со него. Народни судови по селата формирал. Правда делел и на Турци и на Каури.
Кољо ќе речеше:
- Сал нека е жив. Во сите кожи нека се вдени, нека е жив.
Блеснало сонцето врз нашиот чардак, расцветала јаболкницата, јоргованот шири мирис, тревата пркнала како зелен ќилим насекаде. Господи, ама убавина, си реков. Илјада деветстотини трета година ќе се памети по таа пролет. Внуците ме молат приказни да им раскажам. Мене уста не ми се отвора.
Пред Велигден, пред мрак да падне, влезе Кољо завјасан. По него се влече еден човек, јагленар. Од нечистите опинци белата калдрма црна стана. Поднаведнат, со искинати дреи, грев да го гледам. А очите, очите му болскотат како јасни ѕвезди.
Викна Кољо:
- Султано! Слези долу и донеси пари. Евтин јаглен најдов.
Зедов пари, слегов во дворот. Му ги дадов парите на јагленарот, го одмерив уште еднаш. Бистри, миловити очи, како на Гоце. А некој нечист селанец, скршен уште во најраната младост.
Си отиде човекот, а јас почнав да му се жалам на Кољо:
-Остарев, домаќине, се пулев во човекот со мајчински очи. Ми заличи на Гоце. Сакав да го прегрнам па да умрам...
-Си остарела ами што, кога своите убави синови ги заменуваш со секаквите парталковци!
Срцето ми го свена со тие негови громки, остри зборови. Таков беше. Ништо убаво не ти оставаше во душата ако не беше по неговото. Колку повеќе старееше, толку поопак стануваше.
Другиот ден дојде Руша. Првин што и реков, дека вчера, брат и Гоце ми се јави како сенка. А таа мене:
- Ех, мајко, мајко, времето е такво та и сенките се вистинити. Брат ми Гоце беше ами кој...
Сакав да ја задавам. Таа да го види, а јас...
–Сакал да те види, мајко, па затоа толку ефтино му го продал јагленот на татко.
Таа вечер не сакав со никого да разговарам. Си легнав рано. Се покрив преку глава. Така, во мракот, се крстев и му се молев на Бога да не ми го земе умот. Чекав да дојде Гурѓовден, да одам в црква, нешто
големо да таксам. Децата да ми ги сочува од лошо. А јагленарот од ум не ми излегуваше и се помал и помал ми стануваше, па ако беше и во партали облечен.
Уште пред Ѓурѓовден, во нашата полена влезе узбашијата. По него валијата. Кроток узбашијата, покроток валијата. Газат на прсти, се искачуваат на чардакот. Со подмолно око ни ја меркаат куќата.
Аскерлии стојат пред вратата како колци. Никого не пуштаат во дворот да влезе.
- Бујрум, ефенди валијо, бујрум ефенди узбашијо, какво арно ве дотури до мојата куќа...
Ги кани Кољо и во мене гледа гламјосан.
Седнаа крснозе врз мендерлукот, со бројници в раце, подмижуваат, а со очите косо жнеат.
Валијата без да крене очи му вели на Кољо:
- Твојот катил син, веќе е под земја... Знаеше или не знаеше?...
к*ртул и од него... Ако знаеше, алал ти вера, ако не знаеше, ти кажувам да не кренеш врева, оти пулам, по чардаков булук внуци ти играат... Не ќе го сотревме, каурине ако не ни помогнеа тие што не мислеле како неговата глава...
Слушам или така ми се причинува? Кољо стои како колец, ми дава ишарет да не писнам. Каде може мајка да не си ги раскине градите кога на синовите црна земја очите им ги пие?!
Ронам солзи, пред мене си го доловувам јагленарот со кротките, благи очи. Зарем таа стројна снага, тие убави очи, сега без светлина да се? Го гледам како јагленар, како ми ги позеде парите со растреперени раце. Сал прстите му ги допрев. Му беа смрзнати од трепетот на срцето. Инаку беше пролет. Кога се оживува, расцветува и убавината се шири.
Тогаш сфатив што изгуби народот мој. Бил главатар на народот, а нам само син...
По кого да тагувам сега? По Гоце или по Мицо?
Кога ги отворив очите, пулам, празен чардакот. Дворот послан со оронети латици од расцветаните дрвја. Лена ме гушка, ми раскажува колку време разговарала со Гоце пред да го напушти Солун; Руша ми ги трие рацете; Лика водичка во устата ми тура; Кољо седи врз миндерот како окован.
Им се истргнав од рацете на ќерките, се стрчав во градината, сама на себе си велам:
- Истрај, Султано!... Тој најдолг живот остави зад себе... Неговата нога каде ли не стапна. Сакаше сиромав да нагости, немоќен да крене... Истрај, Султано, пролет е, ластовичките нови гнезда прават, а невестите нови рожби ќе ни дарат...
Така. Кољо одеше и се враќаше од крчмата со крената глава. Како да им велеше на душманите:
Двајца синови ми убивте, ама имам уште двајца, и нив да ми ги убиете - имам уште толку внуци...
Куќата дење и ноќе ни беше сардисана. Се плашеа душманите од нивните души.
Една вечер, пред да му правиме четириесет дена на Гоце, го разбудив Кољо корнејќи си ги косите:
- Стани, Кољо, трчај во Круша Планина... Милан, Милан...
Мажот ми и децата се обидуваа да ме смират. Ама мајката знае, во неа чука срцето на синот. В зори еве ги мурарчани пред нашата порта.
Милан, третиот ни син, одвај дваесет години имаше наполнето. Со песна легнуваше, со песна стануваше! И сега му го слушам гласот како пее, како ме довикува.
- Мајко... Во Круша Планина сум паднал... Сам против многу Турци... Три дена лежам... Никој не доаѓа по мене...
Три дена таму лежел, комитите не можеле да му се доближат снагата да му ја кренат, оти аскерот на нишан ги чекал.
(Го завршува сновењето. Три колци, врзани со јака преѓа во основа за платно.)
Гледам многу сонце врз јаболкниците. Голема светлина. Ни Мицо, ни Гоце, ни Милан нема да ги осветли... А пуста мајка, со грстови ја фрла врз нивните гробови иако не ги знае каде им се...
Еден ден влегува Кољо бесен дома:
-Султано, Руша ќе ни ја изгори куќата до темел. Живи ќе не испечат. Еден доушник дојде во крчмата и ми рече, ја видел, терала девет товари пушки накај Круша Планина. Пушки носела, Султано, пушки на четите!... Цела Македонија се кренала на нозе.
-Та утре е Илинден, добро - му реков.
(Воздивнува, долга пауза.)
-За нас Илинден замина - ми вели.
-О, не, ќе замине и Ристе, сака во планина да замине. Татко му од врата не го пушта да излезе, ама ...
Пуштете го, викнав. Нека оди. И на Руша не и вели ништо. Во нејзините гради срцата на браќата и тупкаат. Три срца. Кој ќе ја сопре неа? Браќа и ги дадоа нишките. Еве, вака, на калем вдената. А таа само по нишките чекори. Од овој крај до оној, низ целата земја...
Крај


Книгоиздателство МАКЕДОНСКА ИСКРА - Скопје
Ката Мисиркова – Руменова
/Мајката на Делчеви / Ката Мисиркова - Руменова. - Скопје : Македонска Искра, 2003. - 32 стр. : илустр. ; 23 см. - (Едиција Сведоштва)
ISBN 9989-831-75-0 1.
Руменова, Ката Мисиркова – види
Мисиркова - Руменова, Ката
СОВIЅЅ. МК-ID 53559306
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 12:21
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Твојата логика веке не ме интересира,ти покажа дека пропагандата ти е појака страна од логиката така да мислам дека бесмислено пишуваш,народски кажано не си раэбран,имаш испран моэок секој эаклучок ти води кон едно та исто

Не ми е испран мозокот, Буги.
 

Разликата меѓу мене и тебе е дека ти не можеш да ја разбереш разликата помеѓу сегашноста и минатото.

За тебе не може да има еволуција, развој, за тебе се` е исто од Адама до сега.

Нешто како Дарвин срешту Библијата.


Изменето од Boogie - 10.Октомври.2009 во 14:20
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 14:09
OOOOOOOOOOOOO
Јаки зборови од Бугарин кој сеуште мисли дека и Турците и Ромите во Бугарија се Бугари по етничка припадност,да не зборам за Македонците пак.

Незнам што ти е поентата со сликава па ке ја сметам за пропаганда и ке ја тргнамголема%20насмевка
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 14:19
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Незнам што ти е поентата со сликава па ке ја сметам за пропаганда и ке ја тргнамголема%20насмевка


Поентата е тоа што ти не го прифаќаш тоа што го пишува Талев. Истото го пишува и Димо Хаџи Димов и многу други.

Не ја тргај, нека се види што пропагирам.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 14:22
Не е дека јас не ги прифаќам пишуваните зборови на Талев или на Димо Хаџи Димов туку јас не прифаќам препишувања и придодавања на етикети кои подоцна ке служат во политички цели,пропагандите си имаат то во матичните држави нема потреба тука да седатнамигнување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.