ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11912
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 18:56 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Постирано од: Boogie
Наслов: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:03
Султана-ДЕЛЧЕВАТА МАЈКА
Една вечер Кољо ми рече:
- Третото машко ќе биде, Султано.
Беше малку на ќеф. Инаку тој со мене таков муабет никогаш не поведувал.
Сите велеа дека страв во коски ми има втерано. Не беше тоа страв.
Вечерно време, кога се враќаше од крчмата, оддалеку му ги сеќавав
стапалките. Срцето ќе ми затупкаше од радост. Го чекав со некаков
трепет во градите. Сакав да е дома, оти тогаш животот ми беше многу
убав. Како некоја подземна вода ме креваше угоре, угоре, угоре.
Откако ја сменив селската облека, Кољо скоро секој празник ми купуваше
кадифен или копринен фустан и тоа многу скапи. И под широкиот фустан,
се насетуваше новата рожба.
Господи, си мислев, како да му кажам, ја ако и овојпат не биде...
(Удира на колена и се ирекрсшува иобожно и молишвено.)
Една вечер Кољо ме спревари:
- Знам, знам, Султано, кога спиеш, си го допирам увото на мевот... Ова ќе ни биде машко.
Неговите лафови како пламени јазици навлегоа во моите гради.
Богородице, си велев, ја ако не биде машко - во оваа куќа за мене живот
не ќе има.
Ќе ми се кренеше сонот - со часови очи не затворав. Го чекав денот,
часот, а кога дојде и тој миг, ги стегнав болките во грлото, глас не
испуштив, а очите сум ги раширила накај килимот - гледам што ќе падне
од мене...
Кога баба Лика рече дека е машко, думам, се свртев накај неа и викнав на сиот глас:
–Оди стрино Лико, кажи му на мој Кољо...
(Доаѓа до авансцената.)
Мојот домаќин ми го чул гласот, летнал накај сокакот гологлав без фес, дотрчал до крчмата и почнал да ги кани минувачите:
- Бујрум, браќа! Бујрум да ве честам! Господ крилја ми всади, син ми се роди!
Им зготвил и <чевирме>, асал кукушка софра им стокмил.
А другиот ден, со пијано срце од гордост, ги нагостил и пазарџиите од Мурарци. Со денови се раскажуваше по чаршијата дека
анџијата Кољо Делчев, го одврзал ќесето.
Нункото му го стави името Горѓи на детето, а Кољо со пцости го покори. Сакаше синот да му се вика Димитар, како татко му.
А јас, од првиот час си го завикав Гоце.
Ката Мисиркова – Руменова
04.02.1872.- Во Кукуш, Егејска
Македонија, е роден Гоце Делчев, прв меѓу првите револуционерни синови
на македонскиот народ. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на
револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја НО
борба на македонскиот народ, тој ја обиколи цела Македонија.
Непријателите на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледаа
најголем непријател и се обидуваа на секој начин да го ликвидираат.
Така, на 4 мај 1903 година, во борба против османлиската војска во
селото Баница, Серско, во егејскиот дел на Македонија, загина великанот
Гоце Делчев.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Коментари:
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:09
Буги ти фали и денешната дата само
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:11
Знаеме сите дека Делчев е роден денеска,нели
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:11
да да......ама си пишал и ден и година кога загинал па и oвој ден да го пишеше ..мож некој не знае од кај знаеш
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:13
Готово
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:14
Boogie напиша:
Готово
| е сега целосно можам да ти дадам едно денов треба да се слави....сепак се работи за наш поранешен херој
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:26
136 години од раѓањето на Гоце Делчев
Макфакс
|
|
|
|
04.02.2008 14:09
|
Гоце Делчев |
| |
Македонија денеска со низа пригодни настани ја одбележува
136-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најголемите
револуционери на македонскиот народ.
На неговиот гроб во црквата Свети Спас во Скопје претпладнето цвеќе
положија висока владина делегација, предводена од премиерот Никола
Груевски, од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, Собранието,
на Армијата на Македонија, Здружението на борци на Македонија, на МАНУ,
како и на организации кои го носат неговото име.
По повод годишнината од раѓањето на Делчев, пригодна реч за неговиот лик и дело одржа професор д-р Марија Пандевска.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејска
Македонија. По завршувањето на Воената академија во Софија во 1891
година, се враќа во Македонија како учител во Штип, каде се запознава
со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО.
Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се
придружил на Организацијата во 1895 година, набрзо станувајќи еден од
нејзините лидери.
Гоце Делчев загина на 4 мај 1903 година, во борба со турската војска во близина на селото Баница.
Меѓу поновата историографија нема дилеми дека Делчев бил предаден, но се уште нема јасни одговори од кого.
Неговите посмртни останки прво се пренесени во Бугарија, за на 11
октомври 1946 година да бидат пренесени во Скопје, во црквата Свети
Спас.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 17:27
One
of the most striking figures of the Macedonian revolutionary movement and
its chief ideologist, was Goce Delcev. He matured into a real revolutionary
, broad-minded and clear-sighted, person who became a synonym for the uncompromising,
brave and honest freedom fighter.
Born on 04.02. 1872 in Kukus, he continued his education
in Salonika, thus entering the world of science, literature and the first
socialist ideas. He showed a wide interest in areas of social science,
history, philosophy, socialist, and politics. His formation was influenced
by educational ideas from the 18th century, bourgeois revolutions, the
Paris Commune, and Russian revolutionary and democratic literature. He
read the works of Marks, Engels, Kautsky, Chernyshevsky, Dobrolyubov, Herzen
and others; a particularly deep impression was left on him by the views
of Pisarev, which helped later to form his own.
Goce Delcev was not only a fearless revolutionary and
patriot, devoted to improving the lot of his people, he was also a great
visionary. He took a very cosmopolitan view of the world: " I see the world
as an arena where the cultures of all nations compete ". This extremely
humane message (which is still valid today), was typical of this great
revolutionary humanist.
When Goce Delcev was killed on 4 May 1903 in the village
of Banica near Stip, news of his death came as a painful blow to the whole
of Macedonia.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 17:40
blueprayer напиша:
Boogie напиша:
Готово
| е сега целосно можам да ти дадам едно денов треба да се слави....сепак се работи за наш поранешен херој |
Зошто поранешен - зарем имаме нови херои од неговиот ранг. Гоце е херој на сите времиња: и минати и сегашни и идни.
Нека му е вечна слава!
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 01:55
ОДБЕЛЕЖАНИ 136 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
По големите луѓе се препознава народ
Со почит
кон ликот и делото на Гоце Делчев, свежо цвеќе на неговиот гроб
положија премиерот Никола Груевски, делегација од кабинетот на
претседателот Бранко Црвенковски, како и претставници на Собранието,
Град Скопје, општините и здруженија на граѓани од Скопје, другите
делови на Македонија и надвор од границите на државата
Во
присуство на голем број граѓани, свештени лица и претставници на
Владата и државните институции, вчера во Црквата Св. Спас" во Скопје,
беше одбележана 136-годишнината од раѓањето на големиот македонски
револуционер Гоце Делчев. Со почит кон ликот и делото на Делчев, свежо
цвеќе на неговиот гроб положија премиерот Никола Груевски, делегација
од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, поранешниот
претседател на Македонија Киро Глигоров, како и претставници на
Собранието, Град Скопје, општините и здруженија на граѓани, од Скопје,
но и од другите делови на Македонија и надвор од границите на државата.
-Со најголем пиетет молитвено се поклонуваме пред револуционерниот
лик и дело на големиот македонски син и идеолог Гоце Делчев. Гоцевите
возвишени визии, идеи и идеали беа најплодородното семе на кое требаше
да раснеме за праведен соживот и демократски поредок и живот на нашите
етнички македонски простори. Од тие Гоцеви идеи, традиционално негувани
и љубоморно чувани, се напојуваме и надахнуваме и во нашето современо
живеење и творење. Без големите луѓе и датуми се губи можноста за
нашето препознавање меѓу нациите, бидејќи без нивните подвизи, дела и
херојства би била празна историјата и културата на нашиот народ. Да ги
чевствуваме нивните дела и да ја браниме спечалената државотворната и
црковна слобода и по демократски пат да ја градиме иднината на европска
Македонија, со цел да бидеме поставени на исто рамниште со сите
мирољубиви и трудољубиви народи, кажа вчера митрополитот
полошко-кумановски г. Кирил.
Според програмата на Меѓународната манифестација Гоцеви денови", реч
за Гоце, корифејот на македонското национално ослободително и
револуционерно движење, одржа и проф. д-р Мирјана Пандевска, која
говореше за времето во кое тој живееше и дејствуваше. Инаку,
Делчев е роден 1872 година во Кукуш, Егејска Македонија. Како член, а
потоа и водач на ТМРО, тој бил голем хуманист, учител и борец. Ја
организирал Народноослободителната борба на македонскиот народ, при што
ја обиколил цела Македонија. Животот го загубил на 4 мај 1903 година во
борба против османлиската војска во селото Баница, Серско.
На гробот на Гоце Делчев вчера се поклонија и претставници од
универзитети, политички партии од Егејска и Пиринска Македонија, како и
од селото Подгорци, Струшко, каде што се одржуваат Гоцеви денови.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 12:00
majstorce62 напиша:
blueprayer напиша:
Boogie напиша:
Готово
| е сега целосно можам да ти дадам едно денов треба да се слави....сепак се работи за наш поранешен херој |
Зошто поранешен - зарем имаме нови херои од неговиот ранг. Гоце е херој на сите времиња: и минати и сегашни и идни. Нека му е вечна слава! | срц па тој и сеа е херој ама минато е сепак...иако ние ке го славиме секогаш....
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: naemnik
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 12:09
Celebrating Gotse Delchev’s 136th Birthday
136 years have passed since our beloved hero Gotse Delchev was
born on February 4th, 1872 in Kukush, a town in Greek occupied
Macedonia only 35 kilometers north of Solun.
While celebrating Gotse’s birthday this year let us not forget
where he comes from and more importantly let us not forget that after a
century and a half from his birth Macedonians living in his town in
Greece to this day have no right to call themselves Macedonian and lack
even the most basic human rights the civilized world takes for granted.
Gotse gave his life for Macedonia, especially for the freedom of all the Macedonian people wherever they may live.
Let us not forget the Detsa Begaltsi (refugee children), victims
of the Greek Civil War who were evicted en masse in 1948 by the tens of
thousands under the pretense that it was only going to be a “temporary
evacuation” and are still not allowed to return, not even to visit.
Let us also not forget the thousands of Macedonians who are
blacklisted by the Greek State for “unknown reasons” and who are still
not allowed to return, not even to visit their ailing relatives. Let us
also remember the hundreds of thousands of Macedonians assimilated,
persecuted, tortured, jailed and evicted from their homes by the Greek
State for simply being Macedonian.
So, while we celebrate Gotse’s birthday this year, let us all
also say a prayer for all our heroes who were born to suffer because
they were born Macedonia.
Happy 136th Gotse
http://maknews.com/html/articles.html#stefov -
Risto Stefov
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 12:12
Прославени 136 години од раѓањето на Гоце Делчев
„Со целокупната своја дејност Гоце Делчев создал посебна традиција и
оставил длабоки траги во историското паметење на народот во Македонија,
што не можат да бидат избришани со фарисејските извртувања на
историјата-рече меѓу другото во својата беседа проф. д-р. Марија
Пандевска.
На свеченоста, која се одржа во црквата „Св. Спас“ во Скопје, во
присуство на г.г. Стефан и претставници на Македонската православна
црква, претставници на Владата, Собранието на Република Македонија,
Здружението на борците на Македонија, претставници на Собранието на
град Скопје, како и претставници на Меѓународната манифестација „Гоцеви
денови“, говореше г. Кирил, кој при тоа истакна дека: „Големите луѓе и
нивните дела секогаш се светилник за својот народ. Така и Гоце Делчев
беше светилник за македонскиот народ, чија земја е секогаш во виорот на
случувањата на овие немирни балкански простори.
Во рамките на програмата која се одржа во организација на
Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“, настапи и женскиот хор при
МКЦ, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, а потоа цвеќе на
гробот на великанот положи премиерот Никола Груевски, делегација од
кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, првиот претседател на
Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на Републичкото
собрание, на Меѓународната манифестација „Гоцеви Денови“, , МАНУ,
претставници на Здружението на борците на Македонија, на Друштвото на
писателите на Македонија, политички партии, Собранието на град Скопје,
на Собранието на општина Центар, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
и други.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: дуле
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 13:41
Според македонскиот историчар Иван Катарџиев: „Денес веќе нема никави дилеми од формална гледна точка, т.е. спрема Уставот и Правилникот, како во почетокот била именувана, од основачите, Македонската револуционерна организација. Како што соопштуваат Дамјан Груев и д-р Христо Татарчев под влијание на бугарската револуционерна литература таа „била оформена според образот на статутот на Револуционерната организација во Бугарија пред нејзиното ослободување“. Иако ниту Груев ниту Татарчев ниту пак другите спомнуваат како формално била именувана, тоа денес веќе се знае. Постоечките документи говорат дека таа била наречена „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“. Оваа име Организацијата го добила на својот прв Конгрес одржан во летото (15 август 1894) во Ресен. Меѓутоа, согледувајќи ја целата несоодветност на ова име со македонските услови и битие, од една и појавата на Врховниот комитет 1985 г. во Софија, на конгресот 1896 г. во Солун било решено името на Организацијата да се промени. Таа била наречена „Тајна македоно-одринска револуционерна организација“. Формално своето општо народно и трајно присутно име во свеста на Македонецот, „Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација“ (ВМОРO) го добила на Рилскиот конгрес есента 1905 г. ...во првиот Устав и Правилник (од 1894) се вели дека член на БМОРК може да биде секој Бугарин без разлика на пол, кој не е компромитиран“. Тоа значи дека во својата почетна активност појдовните основи на Револуционерната организација биле доста ограничени и националистички насочени. Таа требала да се потпира само на оној дел од македонскиот народ што бил под јурисдикција на Бугарската егзархија, т.е. под влијание на бугарската верска и просветна пропаганда. Македонците кои биле под грчка и српска или некоја друга слична пропаганда немале право на членство во организацијата. Треба да се каже дека брзо по оснивањето на Организацијата и особено по влегувањето на Гоце Делчев во нејзините редови (есента 1894), била согледена сета неподобност, сета штетност за македонските услови и македонското политичко битие крајно ограничувачките националистички основи на Организацијата и во практика биле напуштени. Две години подоцна, по решение на Солунскиот конгрес од 1896 г. во новите документи тие и формално ќе бидат отстранети. Новите цели на Организацијата, тие што трајно останале во меморијата на нејзините активисти, решително се ослободиле од секаков национализам давајќи и општонароден, интернационален карактер, лик што одговарал на народносните прилики во тоа време во Македонија.“ (Иван Катарџиев, Кон спомените на И.Х.Николов... Скопје 1995. 8-9 и 11-12)
|
Постирано од: naemnik
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 14:55
СТЕФАН ВЛАХОВ - МИЦОВ ОТКРИВА НОВ ФАЛСИФИКАТ НА БУГАРСКИ ИСТОРИЧАРИ
Јаворов ревидиран, Делчев побугарчен!
Во
бугарските медиуми деновиве „грмна“ веста дека тамошни современи
историчари, кои ги „уточниле“ стенограмите на Пејо Јаворов, најголемиот
биограф на Гоце Делчев, го откриле „бугарскиот карактер“ на идеологот
на македонската револуционерна борба. Професорот д-р Стефан Влахов -
Мицов за „Време“ го анализираше „откритието“ на неговите бугарски
колеги и еве до какви сознанија дојде. Со навидум ситни преправки, една
клучна реченица на Гоце Делчев доби сосема поинаква смисла. Преправката
е навистина „малка“. Од технички аспект, само зборот „секое“ станал
„бугарско“. Најновиот историски фалсификат е направен во наводното
„фототипско“ издание на личните дневници на поетот, подготвено по повод
130-годишнината од неговото раѓање. Со оглед на тоа дека постојат и
претходни изданија на дневниците, лесно се докажуваат најновите наивни
фалсифукувања на историјата во Бугарија. Најновата ѓурултија ја крена
новото фототипно издание „Личните дневници на П. К. Јаворов“ по повод
130-годишнината од раѓањето на бугарскиот поет Пејо Јаворов. Во издание
се сместени и куп измислени наслови, како што се „Откриени ајдучките
архиви на Јаворов“, во рубриката „Сензационално“ на весникот „Стандард“
од 11 јануари 2008 година и „Непознати стихови и записи на Јаворов“ во
весникот „Дневен труд“, од 13 јануари годинава, а пред тоа беа објавени
и уште покатегорични написи, како оној: „Гоце Делчев се изјаснувал како
Бугарин“. Зошто велам невистинити или неточни наслови? Бидејќи местото
каде што е пронајден деветтиот бележник на поетот, не само што
отсекогаш било познато, туку и дел од содржината е публикуван уште во
времето на триесеттите и четириесеттите години на 20 век. Другиот дел
што го засега македонскиот период на Јаворов, е познат од двете
изданија на книгата „П. К. Јаворов - летопис за животот и делото“ од
Ганка Најденова-Стојанова, роднина на поетот. Првото е печатено во 1959
година, а преработено и дополнето во 1966 година. Од 1995 година
споменатите бележници се чуваат во Народната библиотека „Св. Кирил и
Методиј“ во Софија, па од споредбата се гледа дека тука нема ништо
неизвесно и сензационално. Всушност, сензацијата почна пред неколку
денови, со помпезната промоција во Народната библиотека на луксузно
опремениот том „Личните белешки на П. К. Јаворов“, Софија 2008, во
издание на „Захариј Стојанов“. И уште попрецизно, од една фраза на Гоце
Делчев прочитана на нов начин, што Јаворов ја запишал во бележникот. Да
појасниме: од деветте бележници на поетот два се пишувани со
стенографско писмо. Јаворов изучувал стенографија во Пловдивската
гимназија само една година. За толкав период може да се усвојат само
основните принципи без да се постигне којзнае каква брзина при
пишувањето. Поинаку речено, нема посебна разлика дали ќе ги запишувате
зборовите стенографски или со обично писмо. Затоа и Јаворов не се
обидувал да стенографира разговори за што е потребна брзина и техника,
а запишувал одделни фрази, датуми и имиња. Следува логично прашање:
Зошто поетот го користи стенографското запишување што не го владеел
добро? Одговорот е во содржината на двата бележника. Означениот како
Бележник број 4 е воден во периодот од шести јануари до 25 април и од
19 до 25 мај 1903 година, кога Јаворов бил во четите на Гоце Делчев, и
потоа на Јане Сандански. Бележникот број 5, пак, го утврдува патувањето
на Јаворов до Женева и Париз во 1904 година. Очебијно, Јаворов не сакал
белешките да им бидат достапни на оние што во тоа време го одбегнувале,
ниту пак на подоцнежните љубопитни погледи. Да не заборавиме дека во
тоа време малкумина имале познавања од стенографијата. Многу подоцна,
кога потписникот на овие редови активно се занимаваше со стенографија,
интересирањата за стенографијата беа особено големи. Но, да се вратам
на прочуената фраза на Делчев, запишана од Јаворов на 12 јануари 1903
година. Во досегашната редакција на Ганка Најденова - Стојанова
„Летопис. . . . “, 1986 г. стр. 181 таа звучи вака: / Јас: Црното
забулено. Дел/ ч/ев ќе го искинам тоа забулено. Ќе огрее сонцето на
слободата, не на секое сонце. Јас. . . / Бидејќи Јаворов на повеќе
места со стенографски запис ги запишува целите зборови, нивното
прочитување не е воопшто тешко. Во контекст на дневната врева што ја
покрена бугарската пропаганда изгледа дека проблемот е само во
прочитувањето на зборот „секое“, кој според новата редакција е
определен како „бугарско“. Практично, бомбата на дневните пропагатори
отпорано ја фрли Најденова-Стоилова, а денес тие се држат за фитиљот.
Утре: Големи фалсификати со една цртичка
|
Постирано од: дуле
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 17:09
Izzie напиша:
Izzie напиша:
абе дуленце...и Гоце додека бил во воено училиште носел турско униформиче...а сите знаеме колкав турчин бил...
| прочита? |
Гоце Делчев и Гоце Имов како jункери во Софиjа
Верно е што Гоцето е носил бугарска униформа. Но тоj е носил во пероидот кога се е учил за офицер. За носенето на таа униформа плата не е получавал.
Докато... Димитар ПопГеоргиев е работил като бугарски полицески началник и е получавал плата за таа работа. Тази е разликата. Иначе и двоицата са дали клетва за верност на негово величество царот. (тогава е бил кнез, ама клетва пак е имало).
|
Постирано од: дуле
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 17:18
Па Гоцето е бил и бугарски учител Преподавал е историjа и географиjа во училиштето во Штип. Еве една бугарска диплома дето е виден потписот на Гоцето. Наj долу е видно што е писал две оценки ("Отличен" 6). Бил е много добар бугарски учител
|
Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 17:19
дуле напиша:
Па Гоцето е бил и бугарски учител Преподавал е историjа и географиjа во училиштето во Штип. Еве една бугарска диплома дето е виден потписот на Гоцето. Наj долу е видно што е писал две оценки ("Отличен" 6). Бил е много добар бугарски учител
|
па нормално дека бил бугарски учител чим (само дали баш предавал на бугарски)
знаеш,морал да работи нешто за да ја помага Организацијата...бидејки таа сакала да ја ослободи Македонија без ничија помош...поготово бугарска...
-------------
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 17:21
дуле напиша:
Izzie напиша:
Izzie напиша:
абе дуленце...и Гоце додека бил во воено училиште носел турско униформиче...а сите знаеме колкав турчин бил...
| прочита? |
Гоце Делчев и Гоце Имов како jункери во Софиjа
Верно е што Гоцето е носил бугарска униформа. Но тоj е носил во пероидот кога се е учил за офицер. За носенето на таа униформа плата не е получавал.
Докато... Димитар ПопГеоргиев е работил като бугарски полицески началник и е получавал плата за таа работа. Тази е разликата. Иначе и двоицата са дали клетва за верност на негово величество царот. (тогава е бил кнез, ама клетва пак е имало). |
Да не е ова дедо ти во војска???
Мене не ми личи на Гоце
Како и да е да Гоце бил во бугарското воено училиште...ама го напуштил поради бугарската пропаганда
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 17:29
Уставот на ТМОРО, напишан од Гоце Делчев
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 18:02
P.S.
Ustavot e od 1902 godina
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 20:02
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ ЕДИНСТВЕНО КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ ВО СВЕТОТ.
ГОЦЕ
Кога бе сите вие ке се кренете над самите себе и ке ја сватите оваа космополитска мисла и порака на Гоце. Зошто го правите со сила Бугарин кога вие го убивте оти ви ја осуети намерата со Македонија. Гоце сакаше да биде граѓанин на светот и како таков славете го и почитувајте го неговото дело.
------------- БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
Постирано од: дуле
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 11:50
Уставот на ТМОРО
|
Постирано од: Vladimir88
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 11:57
Ова е уставот напишан од раката на Гоце Делчев и Ѓорче Петров......
Art. 1. The Secret Macedonian-Adrianople organization has the goal of uniting all the disgruntled elements in Macedonia and the Adrianople region, regardless of their nationality, to win, through a revolution, a full political autonomy for these two regions.
Art. 2. To achieve this goal the organization fights to throw over the chauvinist propagandas and nationalist quarrels that are splintering and discouraging the Macedonian and Adrianople populations in his struggle against the common enemy; acts to bring in a revolutionary spirit and consciousness among the population, and uses all the means and efforts for the forthcoming and timely armament of the population with all that is needed for a general and universal uprising.
Chapter II. - Structure and Organization
Art. 3. The Secret Macedonon-Adrianoplitan revolutionary organization consists of local revolutionary organizations (bands) consisting of the members of local towns or villages.
Art. 4. A member of SMARO can be any Macedonian, or Adrianoplitan...
-------------
http://www.youtube.com/watch?v=B9-eAYHooUo -
Linkin Park - Crawling
|
Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 04.Мај.2008 во 17:29
105 години од смртта на Гоце Делчев
Макфакс Коментари (0)
04.05.2008 14:00
Гоце Делчев
Денеска се навршуваат 105 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Делчев е еден од најголемите идеолози на ослободителното движење на македонскиот народ од крајот на 19 и почетокот на 20-от век.
Роден е во Кукуш, Егејска Македонија на 4-ти февруари 1872 година, а загина на денешен ден пред 105 години, во селото Баница, во борба против османлиската војска.
По повод годишнината од смртта на овој револуционер, денеска во Собранието ќе бидат доделени наградите „Гоце Делчев“ на пет научни работници за особено значајни остварувања во области на науката.
Годинешната награда „Гоце Делчев“ им се доделува на академик Владимир Серафимоски, за трудот „Клиничка панкреатологија”; на д-р Фросина Ташевска Ременски, за трудот „Македонското национално малцинство во соседните земји” и на д-р Валентин Мирчески, д-р Шебојка Коморски Ловриќ и д-р Миливој Ловриќ, за трудот „Квадратно-бранова волтаметрија-теорија и примена” ("Sguare-Wave Woltametry: Teory and Application").
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 04.Мај.2008 во 23:18
Мене искрено ми е многу мило за наградата на д-р Фросина Ташевска Ременски бидејки лично ја имам запознаено и го имам прочитано нејзиното дело за Македонците во соседните земји.Самата помисла низ што се има поминато за да собере информации од Македонците во Албанија,Бугарија,Хрватска,Словенија,Црна Гора,Романија,Србија и Грција - може ли да си замислите?????????
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 06.Декември.2008 во 10:58
ПОГРЕБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СЕЛО БАНИЦА
Херојската и трагична смрт на овој македонски визионер, организатор и
предводник на македонското национално ослободително движење се случила
на 4 мај 1903 година во селото Баница. По смртта, на иницијатива
на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба
неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе. Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан. Три
години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот
соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница,
а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија. МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ ГО ОПЛАКУВААТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била
испишана пораката "Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се
однесат во престолнината на слободна и независна Македонија", ги
презела Илинденската организација. Тогаш саркофагот бил изложен во црквата "Света Недела" во Софија. Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.
КОНЕЧНО ДОМА
Така,
точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички
компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт
во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие
од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје. Конечно
на 10 октомври 1946 година престолнината на слободна и независна
Македонија ги пречекала земните останки на големиот борец и апостол на
слободата на македонскиот народ, Гоце Делчев.
Граѓаните на Скопје и околината достоинствено и со пиетет ги дочекале
дрвениот саркофаг и поворката која ги придружувала моштите на великанот
Гоце. "Со положувањето на Гоцевите мошти во оние октомвриски денови
во 1946 година, придружувани од тогаш нему достојните воени и граѓански
почести, се оствари историскиот аманет на неговите соборци. Тие мошти вечно да почиваат во престолнината на Македонија. Од
тогаш овој споменик стана македонско светилиште, место на поколение
пред споменот на Гоце и на сите Гоцеви знајни и незнајни соборци и
македонски страдалници. Црквата 'Свети Спас' стана негов вечен
дом, во кој Гоце заслужено почива, но таа е и храм на ширење на
македонските не само духовни, културни, туку и револуционерни
традиции", ќе запишат авторите на книгата.
Во светлата и долга македонска историја изложена на воени и
културно-цивилизациски влијанија од Исток и од Запад вткаени се
животите на многу генерации и на многу дејци од културни и од научни
центри, а надареноста на поединци да одржуваат чекор со времето, се
одрази врз цивилизациските придобивки на сопствената земја и на светот
општо. Силното чувство на македонскиот патриотизам и свеста за
посебноста на македонскиот национален идентитет беше најзначаен влог на
револуционерите со особена надареност во поновата македонска историја,
кои и покрај јавната верификација на нивните жртви и дела, останаа да
ја делат судбината на својот неослободен народ. Еден од плејадата
на никогаш незаборавените македонски револуционери и вечни патоводители
на македонскиот народ е големиот Гоце Делчев.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 06.Декември.2008 во 12:37
Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 25.Март.2009 во 12:43
Трагите од предавството на Делчев уште постојат Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење било смислено предавство за негова елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражување на овој настан
Убиството на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев не било сплет на околности, туку смислено предавство за негова физичка елиминација, смета Михајло Миновски, историчар, кој направил обемно истражувања на овој настан. Тој тврди дека постојат низа пишани документи што укажуваат дека ликвидацијата на Делчев на 4 мај 1903 година во село Баница, Серско, била инспирирана од Врховниот македонски комитет од Софија.
* Во историографијата не е се' уште расчистено дали убиството на Делчев е резултат на добрата акција на силите на Османлиската држава или на предавството?
- Индициите дека е извршено предавство долго не можеа да добијат соодветна потврда, главно, поради недостигот од докази. Но, во бугарскиот Централен државен историски архив, најдовме неколку извештаи на Бугарското трговско агентство во Сер, кои укажуваат на континуираното дејствување на бугарскиот фактор и на експонентскиот Врховен македонски комитет во Софија за елиминација на Делчев. Македонска револуционерна организација под раководството на Делчев за само неколку години стана масовно национално-ослободително движење. Тоа не им одговараше на владејачките кругови во бугарското кнежевство. Било примено како директно загрозување на големобугарските претензии кон нашата земја. Токму тогашниот претседател на бугарската влада Константин Стоилов им упатил инструкција на бугарските трговски агенти во Османлиското Царство „да го знаат дејствувањето на таа Организација и да постигнат такво влијание за таа да не може да прави ништо што е спротивно со гледиштето на бугарската влада“.
* Кој бил преломниот момент во планот за елиминацијата на Делчев?
- Како што е познато, Делчев категорично се спротивставувал на кревањето на востанието во 1903 година. Сметал дека не се поволни околностите - од расположението на европските сили до степенот на вооружувањето на борците. И бил во право. Наспроти ова, бугарските врховистички елементи, кои имаа стратегија за инфилтрација во Организацијата, му даваат задача на Иван Гарванов, Бугарин од Стара Загора, што побргу да ја наметне одлуката за кревањето на востанието. Се очекувало османлиската војска најжестоко да се пресмета со македонските востаници. Со тоа, истовремено, би се убил секаков стремеж кај македонскиот народ за создавање самостојна македонска држава, а ослободувањето би се очекувало од бугарското кнежевство. Таквата одлука за кревањето на востанието била донесена на јануарскиот конгрес во Солун. Врховистите стравувале дека Делчев, со својот авторитет, може да издејствува да се поништи решението за востание напролет. Затоа било потребно физички да се елиминира. Не сакаленепосредно да се ангажираат во ликвидацијата за да немало негативни последици по врховизмот. Бил воспоставен систем на перманентно следење на Делчев од врховистичките елементи, дојавување на неговото престојувалиште во Баница и конечната пресметка.
* Може ли да се каже конкретно кој е предавникот?
- Тајната за предавството на Делчев и за директната вмешаност на бугарската влада и на кнежевскиот двор била разоткриена по само неколку месеци од задушувањето на Илинденското востание. Непосредни актери биле тогашниот министер Паприков и агентот Кулишев, кои непосредно влијаеле на Солунскиот конгрес да се донесе одлука за предвременото востание. Тоа било утврдено на Собранието на раководителите на МРО одржано во почетокот на 1904 година. Водечките личности на МРО се изјасниле дека Бугарија со својата политика била и останала главен виновник за трагедијата на македонскиот народ. Тогаш биле констатирани и основани индиции за непосредната вмешаност на инфилтрираните врховисти и за предавството на Делчев. Раководствата на Серскиот и на Драмскиот револуционерен округ биле задолжени да преземат мерки за утврдувањето на предавството на Делчев. На терен биле упатени неколку вооружени чети, меѓу кои и четата на Георги Радев. Таа чета жестоко ги казнила тие за кои се утврдило дека го предале Делчев. Селаните од Баница Марин Георгакиев и Коста Маџаров биле застрелани, првиот на местото на загинувањето на Гоце Делчев, а другиот на неговиот гроб.Има и други верзии за тоа кој го извршил предавството. Британскиот конзул од Серес, Теодоридес, во извештајот напишал дека на 4 мај во близина на Баница бил уапсен учител врз чиј исказ било блокирано селото. Францускиот конзулски агент, пак, тврди дека предавството го извршил неидентификуван селанец. Тоа го објавил и Пеју Јаворов, близок соработник на Делчев, кој ја дал и втората верзија според која предавството го направил „учител Андреј“. Даме Груев, пак, во своите спомени посочува дека предавникот бил некој благајник. Тврдењето на Ѓорче Петров за можно непосредно учество на Иван Гарванов во тоа останува недокажано. Бугарските историчари загинувањето на Делчев го претставуваат како сплет на несреќни околности
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 15:06
http://www.youtube.com/watch?v=pCpJ-d9KU60
А еве го и документот.
http://hostanimage.com/files/2ea97smo9hv1xx34dgrg.gif
Би сакал да видам што мислат другите околу ова. Искрено, јас се запрепастив на ова. Навистина има аргументи кои држат вода.
Благодарност до Зора на Слободата за клипот и документот!
-------------
|
Постирано од: Boho
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 15:46
Нешто не ми седи. Ако тоа е од весник од 1934 г. мораше да е напишано со стариот правопис а тој не е. Може ли некој да даде некое објаснение?
-------------
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 05.Април.2009 во 20:50
"доказ" - мислиш на ова што Гоце го кажал на Карчо кој го рекол на авторот?
-------------
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 05.Април.2009 во 21:02
Карчо загинува 3 кодини подоцна со Даме Груев. Ако Карчо знаеше повеке мислам дека немаше за доказ да има само ова што Гоце го кажал на карчо, па овој кажал на не знам си кој, одпечатено 30 години подоцна во македониски весник
30 години......
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 05.Април.2009 во 21:02
Кој е тој документ? Исечок од некој комунистички весник, кој цитира весник „Македонско знаме“ во кој пишува некојси неидентификуван СТАР ИЛИНДЕНЕЦ, кој раскажува по 30 години што му раскажал некој си Корчо, кој не е Корчо, зошто името е ставено во наводници ....
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 06.Април.2009 во 20:33
cercetator напиша:
Кој е тој документ? Исечок од некој комунистички весник, кој цитира весник „Македонско знаме“ во кој пишува некојси неидентификуван СТАР ИЛИНДЕНЕЦ, кој раскажува по 30 години што му раскажал некој си Корчо, кој не е Корчо, зошто името е ставено во наводници .... |
Барем не е стар неколку векови како твоите документи за Македонците од првиот век.
А ако малку размислиш ќе сфатиш дека ова што го кажува има логика, па дури и навистина може да е точно, иако знам дека е полесно да се настапува со идејата дека го предале Патријаршистите или Грците. Направи споредба на двете страни и размисли. Сам ќе дојдеш до одговорот.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 13:16
Со панихида на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје
денеска ќе бидат одбележани 106 години од загинувањето на идеологот на
македонската револуционерна борба.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108016 - http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108016
Повеќе за животот и делото на Гоце Делчев
Гоце Делчев ( http://mk.wikipedia.org/wiki/1872 - 1872 – http://mk.wikipedia.org/wiki/1903 - 1903 ) е еден од најголемите револуционери во историјата на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8 - македонскиот народ , лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација ( http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D0%9C%D0%9E%D0%A0%D0%9E - ТМОРО ), подоцна преименувана во Внатрешнa Македонска Револуционерна Организација ( http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%9C%D0%A0%D0%9E - ВМРО )
Георги Николов Делчев е роден на http://mk.wikipedia.org/wiki/23_%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B0%D1%80%D0%B8 - 23 јануари (4 февруари, нов стил), http://mk.wikipedia.org/wiki/1872 - 1872 во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D1%83%D0%BA%D1%83%D1%88 - Кукуш , http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%95%D0%B3%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Егејска Македонија ( http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D1%80%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D1%98%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D0%BA - грчки : Килкис, денешна северна http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Грција ),
како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која
имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро
ситуирано семејство. Татко му http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2&action=edit&redlink=1 - Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D1%83%D0%BB%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0_%D0%9D%D1%83%D1%80%D1%9F%D0%B8%D0%B5%D0%B2%D0%B0&action=edit&redlink=1 - Султана Нурџиева потекнува од блиското село http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9C%D1%83%D1%80%D0%B0%D1%80%D1%86%D0%B8&action=edit&redlink=1 - Мурарци . Во http://mk.wikipedia.org/wiki/1879 - 1879 - http://mk.wikipedia.org/wiki/1880 - 1880 ,
Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното
училиште во Кукуш. Гоце потоа го завршил средното образование во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BA%D0%B0_%D0%B3%D0%B8%D0%BC%D0%BD%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0_%E2%80%9E%D0%A1%D0%B2._%D0%9A%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BB_%D0%B8_%D0%9C%D0%B5%D1%82%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%98%E2%80%9C - Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ . Се запишал во http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%92%D0%BE%D0%B5%D0%BD%D0%BE_%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%A1%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0&action=edit&redlink=1 - Военото училиште во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Софија во http://mk.wikipedia.org/wiki/1891 - 1891 . Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D0%BC - социјалистичките
кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од
училиштето. Делчев станал учител во Бугарското машко трикласно училиште
во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%B8%D0%BF - Штип ( http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%BE_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE&action=edit&redlink=1 - Ново село ), заедно со http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A2%D1%83%D1%88%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2&action=edit&redlink=1 - Туше Делииванов во http://mk.wikipedia.org/wiki/1894 - 1894 http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2#cite_note-1 - [2] каде што се запознава со http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%94%D0%B0%D0%BC%D0%B5_%D0%93%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2 - Даме Груев , еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во http://mk.wikipedia.org/wiki/1895 - 1895 набрзо станувајќи нејзин водач.
Во летото http://mk.wikipedia.org/wiki/1896 - 1896 , во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD - Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%87%D0%B5_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2 - Ѓорче Петров се ополномошни да изработат http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2 - Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „ http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A3%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2_%D0%BD%D0%B0_%D0%92%D0%9C%D0%A0%D0%9E&action=edit&redlink=1 - Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација ". На почетокот на јануари http://mk.wikipedia.org/wiki/1898 - 1898 год. се установува http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A7%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%82&action=edit&redlink=1 - четничкиот институт , а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Македонија .
За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање
организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети
на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на
Македонија и Одринско од http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9E%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%98%D0%BC%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0 - османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.
За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. " http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D1%80%D1%85%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD_%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%82 - Врховен македонски комитет ",
Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните
претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи
на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен
претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да
дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на
Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна
борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките
македонски комитети. Најпечатливи одгласи од неговата борба за
зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена
реплика со претседателот на Врховниот комитет, http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%93%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B5%D0%B2&action=edit&redlink=1 - генералот Николаев ,
кого го предупредил дека додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да
дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија. Иста цел имала
неговата Директива во http://mk.wikipedia.org/wiki/1902 - 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Бугарија , како и предупредувањето до официјална http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B8 - Македонците ќе си ја чуваат Македонија.
На редовното советување во декември http://mk.wikipedia.org/wiki/1902 - 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B5_%D0%A1%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8 - Јане Сандански
и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во
Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил
Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A2%D1%83%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Турција туку таа да не нè победи нас.“ Потоа Гоце оди на терен, а зад грб бугарскиот агент http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%B2%D0%B0%D0%BD_%D0%93%D0%B0%D1%80%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2 - Иван Гарванов свикува http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%88%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5&action=edit&redlink=1 - јануарско советување , кое според В. Думев (кој работи со Иван Гарванов) "НЕ БЕШЕ СВИКАНО ДА РЕШАВА". (Зборник Илинден 1903-26, стр.114).
Во јануари http://mk.wikipedia.org/wiki/1903 - 1903 година, Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „ http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE_%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5 - Илинденското востание “, како преран и неподготвен чекор. По негова иницијатива во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%83%D0%BE%D1%80%D1%87%D0%B5_%D0%9F%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B2 - Ѓорче Петров , http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%B0%D0%BD%D0%B5_%D0%A1%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8 - Јане Сандански , http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%80%D0%B5_%D0%A2%D0%BE%D1%88%D0%B5%D0%B2 - Пере Тошев , http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B8%D1%85%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%93%D0%B5%D1%80%D1%9F%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B2 - Михаил Герџиков и други македонски револуционери од http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D1%82%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%92%D0%9C%D0%A0%D0%9E&action=edit&redlink=1 - централистичкиот лагер на ВМОРО. Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%92%D1%80%D1%85%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B8_%D1%82%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%80&action=edit&redlink=1 - врховистичкиот лагер
на ВМОРО, а најмногу од представниците на Организацијата во Костурско.
На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче
Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на
Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против
решението за подигање на востание.
...централна организација не била создадена, туку имало неколку
мали организации. За неколку години, како и да е, една станала
доминантна, таа која што го имала Делчев за лидрер (до убиство). Груев,
сегашен шеф на битолскиот округ, Ѓорче Петров и Христо Татарчев како
надворешни претставници, тие ги зеле зборовите на Гледстоун за нивно
мото „Македонија на македонците“. Тие се изјасниле како различни од
бугарите и македонците во Бугарија кои имале оформено постар комитет со
центар во Софија. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2#cite_note-2 - [3]
Според http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%B5%D1%98%D0%BE_%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2 - Пејо Јаворов ,
поет и чест сопатник на Гоце Делчев, Гоце заклучил дека: "...ВМРО
всушност тргнува по патот на самите врховни комитетети против кои беше
војувала најжестоко......кога Гоце ги читаше писмата, а тој ги беше
препрочитал неколку пати од очите му се одронија солзи, кои паднаа врз
шифрираните редови. Гоце чувствуваше дека останува сам: со своите
планови, со своите мечти, со своите идеали - и со децетиците чети и со
целиот македонски народ!" http://www.slovo.bg/showwork.php3?AuID=130&WorkID=3507&Level=2 - [1] (Пејо Јаворов, "Гоце Делчев" стр. 231).
На http://mk.wikipedia.org/wiki/19_%D1%98%D0%B0%D0%BD%D1%83%D0%B0%D1%80%D0%B8 - 19 јануари http://mk.wikipedia.org/wiki/1903 - 1903 година, Гоце Делчев со чета тргнува за Македонија; со него е и Јаворов. Истиот ден пристигаат во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%B2 - Самоков . На http://mk.wikipedia.org/wiki/19_%D0%BC%D0%B0%D1%80%D1%82 - 19 март Гоце Делчев со својата чета го минира мостот на р. http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B0&action=edit&redlink=1 - Ангиста ; во воздух бил дигнат и тунелот на железничката пруга. На 19-20 април истата година Гоце Делчев пристигнува во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD - Солун , а сместен е во просториите на http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BE%D0%BB%D1%83%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0_%D0%BC%D0%B0%D1%88%D0%BA%D0%B0_%D0%B3%D0%B8%D0%BC%D0%BD%D0%B0%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0 - Солунската бугарска машка гимназија .
Тој има неколку среќавања со Даме Груев и со него го разгледува
прашањето за подигање на востанието. Гоце го напушта Солун и излегува
низ вардарската капија и со воз се префрла во правец на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%A1%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%B7&action=edit&redlink=1 - Серез . Вечерта на http://mk.wikipedia.org/wiki/2_%D0%BC%D0%B0%D1%98 - 2 мај Гоце Делчев пристига во с. http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0_%28%D0%A8%D0%B0%D1%80%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%29 - Баница ,
на мала оддалеченост од Серез. За престојот на Гоце Делчев во Баница
известена е турската управа од страна на непознат(и). Во зорите на http://mk.wikipedia.org/wiki/4_%D0%BC%D0%B0%D1%98 - 4 мај
1903 год. Гоце Делчев и неговата придружба се известени од јатаците
дека се опсадени од турската војска (аскер). Гоце наредува да излезат
од куќата каде биле сместени и да се повлечат за да го спасат селото од
зулум. Во текот на денот, на http://mk.wikipedia.org/wiki/4_%D0%BC%D0%B0%D1%98 - 4 мај http://mk.wikipedia.org/wiki/1903 - 1903
во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил погоден во
левата града, паднал врз пушката, се обидел да се крене и паднал мртов.
Гоцевата саможртва за делото на ослободувањето на народот во
Македонија и Одринско и создавање на независна или автономна македонска
држава му го донесе http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9E%D1%80%D0%B5%D0%BE%D0%BB&action=edit&redlink=1 - ореолот на признание и почит. Неговото име стана http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9B%D0%B5%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0 - легенда , вткаена во свеста на македонските http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9D%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8_%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%B8&action=edit&redlink=1 - народни маси . Неговото име ги возбудуваше македонските http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9F%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5&action=edit&redlink=1 - поколенија , со тоа име македонските http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8_%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%B8&action=edit&redlink=1 - прогресивни сили ја водеа во сосема нова општествено-политичка ситуација борбата на македонскиот народ за http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9D%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE_%D0%B8_%D1%81%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE_%D0%BE%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5&action=edit&redlink=1 - национално и социјално ослободување .
Неговите посмртни останки прво се чуваат во Баница до http://mk.wikipedia.org/wiki/1917 - 1917 година, кога се пренесени во http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9A%D1%81%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8&action=edit&redlink=1 - Ксанти , а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на http://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=%D0%9C%D0%B8%D1%85%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%A7%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2&action=edit&redlink=1 - Михаил Чаков , а на него пишувало „Ги
заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребени
во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден“. Заветот е исполнет и на http://mk.wikipedia.org/wiki/11_%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8 - 11 октомври http://mk.wikipedia.org/wiki/1946 - 1946 година се пренесени во http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5 - Скопје , во црквата http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8_%D0%A1%D0%BF%D0%B0%D1%81 - Свети Спас .
ВЕЧНА СЛАВА НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ СИН!!!
-------------
|
Постирано од: Popi
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 15:48
Бугарска и грчка линија во предавството на Гоце Делчев
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&EditionID=384&top=1&ArticleID=23732 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&EditionID=384&top=1&ArticleID=23732
Nivniot sojuz protiv nas oddamna veke si raboti i seushte postoi.
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 16:28
Попи, не треси глупости.
Каква била врската на тие луѓе од цитатот со Софија?
„Окружното раководство на Серскиот револуционерен округ ја презело истрагата, по што на теренот биле упатени неколку чети, меѓу кои и таа на војводата Георги Радев. Тој со четниците влегол во Баница во 2 часот по полноќ на 12 декември 1904 година, по што од домовите биле извлечени Марин Георгакиев и Коста Маџаров, а подоцна, заедно со Георги М. Орешков и Коста Петров (фатени во селото при нивното враќање од дрва), биле ликвидирани. Георгакиев бил убиен на местото каде што Делчев загинал, а другите на гробот каде што војводата бил погребен. Неколку месеци пред тоа, на 22 август 1904 г., бил убиен и Георги Шимов Агов, кој облечен во турска облека учествувал во потерата по Делчев. Со тоа се сметало дека непосредните предавници се ликвидирани.
Во рамките на севкупната истрага, од страна на четата на Илија Тешовалијата биле убиени и таткото Апостолов од селото Баница, неговите двајца синови и едната снаа. Може само да се замисли каква е таа ситуација кога биле ликвидирани четири члена на едно семејство. Како учесници во други предавства биле ликвидирани и Георги Дурата, Михаил Каптовали и Атанас Костов. Со тоа е затворен списокот на ликвидации поврзани со предавството на Делчев и воопшто во Серскиот округ, иако не е јасно дали заклучувањето на списокот е сторено затоа што немало други осомничени или заради забрзаното губење на силата на Организацијата предизвикано од погромите по Илинденското востание.
“
Нема ден без да се пише некоја измислица против Бугарија и Бугарите воопшто.
Ако се прочита статијата е јасно дека нема никакви докази за врска на Софија со предавството на Делчев. Тоа добро.
АМА ИМА ЛУЃЕ КАКО (...) ЗА КОИ САМО ЗАГЛАВИЕТО Е ДОСТАТАЧНО ДА РЕЧАТ - ВИДЕТЕ БУГАРИТЕ ГО ПРЕДАДОА ГОЦЕ.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 16:44
cercetator напиша:
Попи, не треси глупости.
Каква била врската на тие луѓе од цитатот со Софија?
„Окружното раководство на Серскиот револуционерен округ ја презело истрагата, по што на теренот биле упатени неколку чети, меѓу кои и таа на војводата Георги Радев. Тој со четниците влегол во Баница во 2 часот по полноќ на 12 декември 1904 година, по што од домовите биле извлечени Марин Георгакиев и Коста Маџаров, а подоцна, заедно со Георги М. Орешков и Коста Петров (фатени во селото при нивното враќање од дрва), биле ликвидирани. Георгакиев бил убиен на местото каде што Делчев загинал, а другите на гробот каде што војводата бил погребен. Неколку месеци пред тоа, на 22 август 1904 г., бил убиен и Георги Шимов Агов, кој облечен во турска облека учествувал во потерата по Делчев. Со тоа се сметало дека непосредните предавници се ликвидирани.
Во рамките на севкупната истрага, од страна на четата на Илија Тешовалијата биле убиени и таткото Апостолов од селото Баница, неговите двајца синови и едната снаа. Може само да се замисли каква е таа ситуација кога биле ликвидирани четири члена на едно семејство. Како учесници во други предавства биле ликвидирани и Георги Дурата, Михаил Каптовали и Атанас Костов. Со тоа е затворен списокот на ликвидации поврзани со предавството на Делчев и воопшто во Серскиот округ, иако не е јасно дали заклучувањето на списокот е сторено затоа што немало други осомничени или заради забрзаното губење на силата на Организацијата предизвикано од погромите по Илинденското востание.
“
Нема ден без да се пише некоја измислица против Бугарија и Бугарите воопшто.
Ако се прочита статијата е јасно дека нема никакви докази за врска на Софија со предавството на Делчев. Тоа добро.
АМА ИМА ЛУЃЕ КАКО (...) ЗА КОИ САМО ЗАГЛАВИЕТО Е ДОСТАТАЧНО ДА РЕЧАТ - ВИДЕТЕ БУГАРИТЕ ГО ПРЕДАДОА ГОЦЕ.
|
Ако човек ја следи логиката, ќе се праша кој имал мотив да го предаде и зошто. Да се оди чекор по чекор.
1. Грција и Патријаршистите- *мотив- нема, дури и им одговарал Делчев бидејќи Делчев ја мразел Бугарија и бил разочаран од неа, со тоа и знаеле дека Делчев нема да дозволи бугарско мешање во македонското прашање. Од друга страна независно дали станува збор за Егзархисти или Патријаршисти, сите го почитувале Гоце Делчев. * добивка од убиството - мала добивка, односно тоа што нема да има можност да говори за слободна Македонија, Македонци и слично. *докази- само хипотези
2. Турција *мотив- Гоце бил борец против отоманскиот режим, затоа од исклучителна важност било тој да биде елиминиран *добивка од убиството- огромна, бидејќи еден од борците за откинување на дел од Турција ќе биде мртов *докази- тие не знаеле каде се движи па морале да се потпираат на предавници.
3. Бугарија *мотив- исклучителното противење на Гоце за мешање на Бугарија во македонските работи, а во еден разговор со Данаил Николаев и јасно му ставил на знаење дека додека тој е жив бугарски војник нема да стапне во Македонија. * добивка од убиството- огромна, бидејќи се елиминира еден од оние кои најмногу се бореле против бугарската пропаганда * докази- сведоштвото на стариот Илинденец, антагонизмот на Гоце со врховниот комитет пропратен со закани и сл.
Бидејќи нема дефинитивни докази, останува секој сам да си донесе заклучок. Според мене, Бугарија и Врховниот Комитет имаат улога во сето ова, но не можам стопроцентно да тврдам дека тие се нарачетели на убиството.
Еве го разговорот на Гоце со Николаев
http://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0_%D0%B8_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2_%D1%81%D0%BE_%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%82_%D0%94%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B5%D0%B2_%E2%80%93_%D1%84%D0%B5%D0%B2%D1%80%D1%83%D0%B0%D1%80%D0%B8_1896_%D0%B3.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 17:18
Нема извор, од каде е разговорот. Дали не е од „Илинден“ на Талев?
„Бидејќи нема дефинитивни докази, останува секој сам да си донесе заклучок“ - сам може ако е запознаен со фактите. Ако му пишува през месец - 2 БУГАРИТЕ ГО ПРЕДАДОА ГОЦЕ човекот ќе поверува.
Пропаганди, пропаганди...
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Во оваа насока се и спомените на Ѓорче Петров, кој самиот си извел заклучок дека станува збор за предавство на Делчев, индиректно посочува и на причините за предавството, а предавниците ги лоцира во ‘шпиони блиски до нашите луѓе во Солуна’. Еве што тој всушност раскажал откако Делчев кој бил со него во Бугарија, тргнал за Серскиот округ, а оттаму за Солун:
‘Тој дефинитивно беше разочаран од Матов и Татарчев и пред тргнување ме молеше да го задржам Пере и заедно да ги убедиме да не отидат предалеку. Таму, кажа, дека за решенија ќе се сметаат само тие што се донесени заедно со мене и со Пере. Беше разочаран и од солунските дејци и од Гарванов. Делчев тргна со силна желба да го види Груев, да размени мисли со него; во него уште имаше надеж, но замина загрижен за организацијата. Тој стигнал во Солун. Таму веднаш го оставиле сам со Даме, кој 2-3 дена го држел во една соба при себе и се мачел да му го разбие уверувањето против востанието. Даме всушност само го зголемил неговото разочарување, како што Делчев се исповедал пред Перо Јаворов и други, со кои подоцна се сретнал во Серско. Тој дух на очајување се гледа и во едно писмо до мене во кое ми велеше дека ништо не може да се направи и дека ќе отиде во Сертско ‘за да си го среди мислите’. Во Солун всушност му кажале дека тој има мисија да ги убеди другарите од Серско за востание и дека треба да го организира востанието таму. Поради тоа Делчев решил да свика конгрес на војводите. Јане Сандански беше испратил чета да го пресретне во Серско поле и да го одведе во планините.
Клучно е дека Делчев бил откриен во Солун и бил следен до Сер. Бившиот бугарски офицер, помакот, Тефиков, негов другар од военото училиште во Софија, тогаш началник на жандармеријата во Драмско бил задолжен од Солун, бидејќи го познавал Делчев, да го најде и да го убие. Штом Делчев го напуштил Сер, веднаш го открил. Селото Баница е час и половина од Сер. Во Солун не успеал да го фати, исто така и во Сер. Во Солун имало некои шпиони, блиски до нашите луѓе. Тоа се заклучува од следното. Во Солун се донесува решение за востание. Гарванов и Думев доаѓаат тука, а еден министер, не се сеќавам кој, ми кажа дека од турски заробеник, од турскиот комесаријат знаеле дека Гарванов и Думев ќе дојдат тука. И тие навистина дојдоа. Затоа, дозволувам да се заклучи дека предавството на Делчев било извршено во Солун. Јас бев тука кога слушнав за смртта на Делчев. Ужасно бев поразен. Ја криевме смртта извесно време.
Пред да загине, кај Делчев се беше развило едно расположение кон атентати. Јас тоа го толкувам како резултат на разочарувањето за иднината на организацијата. Тој со своето влијание веднаш создаде силно расположение во таа насока. Толку силно што Матов, Татарчев и другите не можеа да се спротивстават на тоа, а согласно решението од Солун требаше да дејствуваат. И јас не му го одобрував атентаторството, оставајќи ги атентатите за подоцна, кога востанието ќе почне. Но, Делчев беше незадржливо вовлечен на тој пат, сметајќи ги атентатите за едно од средствата во нашата програма. Главно се воодушеваше од атентати извршени на мостови и железнички пруги. Под такво влијание, неколку чети заминаа. Освен Делчевата чета, друга замина за Одринско, трета за Скопско. Беа извршени неколку обиди, колку да докажеме дека се уште не сме способни за таа работа. Количеството од внесените бомби и динамит беше огромно, а резултатите ништожни. Просто, се покажавме неспособни’, раскажувал Ѓорче кој и подоцна не го сменил своето мислење за предавството извршено од ЦК .
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 20:43
cercetator напиша:
Нема извор, од каде е разговорот. Дали не е од „Илинден“ на Талев?
|
Ќе се потрудам да најдам од каде е.
cercetator напиша:
„Бидејќи нема дефинитивни докази, останува секој сам да си донесе заклучок“ - сам може ако е запознаен со фактите. Ако му пишува през месец - 2 БУГАРИТЕ ГО ПРЕДАДОА ГОЦЕ човекот ќе поверува.
Пропаганди, пропаганди...
|
Ако мислиш на мене, јас сум запознаен со фактите и заклучокот кој сум го извел е базиран на факти, иако како што и самиот кажав, не мора да значи дека е точен. Се до пронаоѓање нови докази, за мене Бугарија и Врховистите и нивните агентури се дел од предавството на Делчев.
cercetator напиша:
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Во оваа насока се и спомените на Ѓорче Петров, кој самиот си извел заклучок дека станува збор за предавство на Делчев, индиректно посочува и на причините за предавството, а предавниците ги лоцира во ‘шпиони блиски до нашите луѓе во Солуна’. Еве што тој всушност раскажал откако Делчев кој бил со него во Бугарија, тргнал за Серскиот округ, а оттаму за Солун:
‘Тој дефинитивно беше разочаран од Матов и Татарчев и пред тргнување ме молеше да го задржам Пере и заедно да ги убедиме да не отидат предалеку. Таму, кажа, дека за решенија ќе се сметаат само тие што се донесени заедно со мене и со Пере. Беше разочаран и од солунските дејци и од Гарванов. Делчев тргна со силна желба да го види Груев, да размени мисли со него; во него уште имаше надеж, но замина загрижен за организацијата. Тој стигнал во Солун. Таму веднаш го оставиле сам со Даме, кој 2-3 дена го држел во една соба при себе и се мачел да му го разбие уверувањето против востанието. Даме всушност само го зголемил неговото разочарување, како што Делчев се исповедал пред Перо Јаворов и други, со кои подоцна се сретнал во Серско. Тој дух на очајување се гледа и во едно писмо до мене во кое ми велеше дека ништо не може да се направи и дека ќе отиде во Сертско ‘за да си го среди мислите’. Во Солун всушност му кажале дека тој има мисија да ги убеди другарите од Серско за востание и дека треба да го организира востанието таму. Поради тоа Делчев решил да свика конгрес на војводите. Јане Сандански беше испратил чета да го пресретне во Серско поле и да го одведе во планините.
Клучно е дека Делчев бил откриен во Солун и бил следен до Сер. Бившиот бугарски офицер, помакот, Тефиков, негов другар од военото училиште во Софија, тогаш началник на жандармеријата во Драмско бил задолжен од Солун, бидејќи го познавал Делчев, да го најде и да го убие. Штом Делчев го напуштил Сер, веднаш го открил. Селото Баница е час и половина од Сер. Во Солун не успеал да го фати, исто така и во Сер. Во Солун имало некои шпиони, блиски до нашите луѓе. Тоа се заклучува од следното. Во Солун се донесува решение за востание. Гарванов и Думев доаѓаат тука, а еден министер, не се сеќавам кој, ми кажа дека од турски заробеник, од турскиот комесаријат знаеле дека Гарванов и Думев ќе дојдат тука. И тие навистина дојдоа. Затоа, дозволувам да се заклучи дека предавството на Делчев било извршено во Солун. Јас бев тука кога слушнав за смртта на Делчев. Ужасно бев поразен. Ја криевме смртта извесно време.
Пред да загине, кај Делчев се беше развило едно расположение кон атентати. Јас тоа го толкувам како резултат на разочарувањето за иднината на организацијата. Тој со своето влијание веднаш создаде силно расположение во таа насока. Толку силно што Матов, Татарчев и другите не можеа да се спротивстават на тоа, а согласно решението од Солун требаше да дејствуваат. И јас не му го одобрував атентаторството, оставајќи ги атентатите за подоцна, кога востанието ќе почне. Но, Делчев беше незадржливо вовлечен на тој пат, сметајќи ги атентатите за едно од средствата во нашата програма. Главно се воодушеваше од атентати извршени на мостови и железнички пруги. Под такво влијание, неколку чети заминаа. Освен Делчевата чета, друга замина за Одринско, трета за Скопско. Беа извршени неколку обиди, колку да докажеме дека се уште не сме способни за таа работа. Количеството од внесените бомби и динамит беше огромно, а резултатите ништожни. Просто, се покажавме неспособни’, раскажувал Ѓорче кој и подоцна не го сменил своето мислење за предавството извршено од ЦК .
|
Текстов само оди во прилог на моите заклучоци. И според мене Тефиков е еден од предавниците.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 20:53
„Ќе се потрудам да најдам од каде е.“ -
дано успееш, претпоставувам дека е од ИЛИНДЕН, имам ја книгата, само не знам каде ми е.
„Ако мислиш на мене, јас сум запознаен со фактите и заклучокот кој сум го извел е базиран на факти, иако како што и самиот кажав, не мора да значи дека е точен. Се до пронаоѓање нови докази, за мене Бугарија и Врховистите и нивните агентури се дел од предавството на Делчев.“ -
не мислам на тебе, на оние кои слепо веруваат на се што е напишано против Бугарија. Значи нема докази, ама Бугарија и врховистите се. Нема друг.
За се е крива Бугарија до докажување на противното.
Извини, ама логиката ти е железна.
„Текстов само оди во прилог на моите заклучоци. И според мене Тефиков е еден од предавниците.“
Не, Тефиков учел заедно со Гоце во военото училиште во Софија, биле први другари.
Тефиков заминал за Турција и таму се издигнал. Тој ја раководел потерата, која го убила Гоце.
Тој не е предавникот, на него му е предаден. Можеби не знаел кого преследува, не знам.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 21:03
cercetator напиша:
не мислам на тебе, на оние кои слепо веруваат на се што е напишано против Бугарија. Значи нема докази, ама Бугарија и врховистите се. Нема друг.
За се е крива Бугарија до докажување на противното.
Извини, ама логиката ти е железна.
|
Оние докази кои сега ги имаме укажуваат на Врховистите и на Бугарија. Сега тоа што не одговара некому, јас не можам ништо околу тоа. Сега за сега тие се доказите, додека не се презентираат нови, на овие ќе се потпираме, но нема да носиме заклучоци за кои ќе тврдиме дека се стопроцентно точни. Затоа јас и кажав, не сум сигурен, но сега за сега доказите укажуваат на Бугарија и Врховистите.
cercetator напиша:
Не, Тефиков учел заедно со Гоце во военото училиште во Софија, биле први другари.
Тефиков заминал за Турција и таму се издигнал. Тој ја раководел потерата, која го убила Гоце.
Тој не е предавникот, на него му е предаден. Можеби не знаел кого преследува, не знам.
|
Ако некој ми е другар не значи дека автоматски цел живот ми е другар. Истотака тоа не значи дека утре нема да ме предаде или убие. Историјата сведочи дека токму најблиските често се дел од такви предавства и убиства. Знаеме дека сопруги ги убивале своите сопрузи, мајките своите деца, децата своите родители и така натаму. Во политиката и војната нема емоции. Според тоа не може твоите тврдења да се прифатат здраво за готово.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 21:19
Нема докази. Има размислувања.
Каква била врската на избиените луќе од Радев со Софија?
А Тефик беј не е предавник.
Неговата потера го убива Гоце Делчев.
Можеби Тефик не знаел кого ќе убие, знае некој голем комита, не е јасно дали знаел што тоа е токму неговиот другар од военото училиште.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 21:29
cercetator напиша:
Нема докази. Има размислувања.
|
Има докази. Какви-такви но сепак докази, иако најдобро е да имаме докази од местото на настанот, ама ги немаме.
cercetator напиша:
Каква била врската на избиените луќе од Радев со Софија?
|
Прочитај го текстот на Ѓорче Петров. Таму пишува дека има шпиони и во организацијата, во Солун. Тие сигурно не работеле току-така туку имале план, координација и слично. А нормално наредбите доаѓале од Софија и од Комитетот, кои биле во меѓусебна симфонија со Бугарија.
cercetator напиша:
А Тефик беј не е предавник.
Неговата потера го убива Гоце Делчев.
Можеби Тефик не знаел кого ќе убие, знае некој голем комита, не е јасно дали знаел што тоа е токму неговиот другар од военото училиште.
|
Пак ке кажам, знаел-не знаел исто ќе било. Нема емоции во војната и политиката. Штом Тефиков тргнал да убива, не е важно кој ќе бил тоа. Штом влегол во турскиот аскер, знаел дека ќе убива комити.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 21:38
За Тефик се разбравме, за предавството се` уште не.
Ќе почекаме, можеби до 2 август, може Миновски да измисли некој нов доказ.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 21:42
cercetator напиша:
За Тефик се разбравме, за предавството се` уште не.
Ќе почекаме, можеби до 2 август, може Миновски да измисли некој нов доказ.
|
Јас денес првпат дознав кој е Мисовски, не сум го читал, само сум слушнал дека некој човек ( не му го знаев името ) сметал дека Бугарија е предавник на Делчев. Со тоа прашање се занимавава малку, истражував и тоа што го кажав во претходните постови, тоа е мој став по тоа прашање.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 21:42
Докако чекаме еве уште спомени
СEЌАВАЊАТА НА ГРУЕВ
Во своите спомени, Даме Груев за настаните од тие денови вели:
‘Ме пуштија пред Велигден во 1903 година. Се вратив во Солун слободен. Затеков веќе донесено решение за востанието. Гарванов беше претседател на Централниот комитет. Ми ги објаснија причините за да се прифати тоа решение. За кревање на востание се изјаснил и Чернопеев. Струмичкиот претставник бил за, одринскиот, исто така. Луѓето, гурбетчиите, веќе се беа вратиле од Цариград, дома во Македонија, беше доцна да се премислуваме. Во Солун дојде Делчев. Изнесува приговори. Главно сметаше дека Серскиот санџак е сосем без оружје. Ние го утешивме со ветување дека ќе ни биде доставено потребното оружје преку специјални добавувачи. За тоа ќе го испратиме Гочев, се надевавме дека пак направо по море ќе бидат дотерани пушки од Грција, сметавме на една набавка од 1.000 пушки. Делчев се успокои. Тој тргна со намера да ја среди работата со канал за Св. Гора, од каде требаше да поминува оружјето за Серско и после да се врати во Кукушко, каде некои се беа изјасниле за врховисти. За неговото убиство узнав во Смилево, на Конгресот. Јас тргнав едно два дена по заминувањето на Делчев и се задржав во Битола едно два дена. Делчев бил поткажан во Брод и од касиеринот (благајникот).
Тоа се зборовите на Груев. Како што ќе видиме подоцна, има некои разногласија околу тоа дали се навистина било така како што Груев му раскажувал на Љ. Милетиќ. Спорно е дали навистина предавник можел да биде балгајникот на Организацијата од Брод, бидејќки ова село, односно гратче, воопшто не се наоѓало на патот од Солун до Баница, па малку е веројатно дека некој благајник од такво место можел воопшто да знае каде ќе се движи Делчев. Ако тоа е така, тогаш прашањето е зошто Груев згрешил?
САРАФОВ, САНДАНСКИ И ГЕРЏИКОВ
Интересно е што во своите спомени Борис Сарафов, еден од најконтроверзните членови меѓу првенците на ТМОРО во тоа време и личност кого македонската историографија го има проскибирано, не кажува ниту збор за убиството на Делчев.
Ни Јане Сандански не е многу поречит за овој настан. Тој вели дека дознал за убиството во Софија и тоа е се од него. Нешто поопширен е Михаил Герџиков, човек задолжен за организацијата во Одринско. Во спомените, во врска со загинувањето на Делчев и неговите тоагшни релации со останатите членови на ЦК вели:
‘На крајот од април поголем дел од четата веќе беше во с. Гергебунар. Таму узнав за убиството на Делчев (беше убиен на 22 април), ни пишуваа од Софија... Тој беше мојот идол. Поради неговиот авторитет есента 1902 година ја напуштив Македонија и како полономошен на ЦК својата дејност ја пренесов во Одринско... Јас и Делчев бевме за терористичкиот начин на делување, а не за општо народно востание. Со него се договоривме да направиме обиди - атентати по пругата: тој во Ангиста,а јас во Синеклиј. И двата пункта беа во средината на турско и грчко население во Македонија и Одринско. Со тоа сакавме да го сочуваме бугарското население од пустошење, а Организацијата од растројство. Таквата тактика ги доведува во опасност четниците, додека пак востанието го изложува народот. Во тоа е суштинската разлика меѓу помеѓу терористичкиот метод и методот на ЦК за општонародно востание.’
Понатаму, во своите спомени Герџиков уште еднаш се навраќа на убиството на Делчев и додава:
‘На 22 април 1903 година, Делчев беше убиен. Судбината отстрани една голема пречка во борбата да се спроведат решенијата на Солунскиот конгрес. Освен тоа, ЦК го придоби на своја страна Сарафов, а и Даме Груев. Последниот самиот попадна под влијание на првиот. Тој му допушти на Сарафов слободно да заседне во неговиот реон во Битолско, што го сметам за голема грешка на Даме. Неговото зближување со орудието на кнезот Фердинанд доведе до конгресот во с. Смилево, кој донесе решение востанието во З. Македонија да се подигне на 20 јули 1903 г. Од големите подвижни дејци, само Сандански не се приклони кон решението на Солунскиот конгрес.’
Тоа се зборовите на Герџиков. Од нив може да се заклучи следното: дека Гоце е во сериозен судир со членовите на ЦК кој далеку го надминал нивото што може да се сфати од сувопарните историски реченици со кои досега тој судир бил опишуван; дека тој го преферирал терористичкиот метод на војување, а не општо востаничкиот, затоа што сметал дека така нема да се постигне целта, а народот ќе доживее страдања; дека Даме Груев бил под влијание на Борис Сарафов со кого Делчев имал повеќе ладни отколку топли односи; и клучната реченица на Герџиков дека судбината отстранила една голема пречка во борбата да се спроведе решението за востанието. Пречката е Делчев, а прашањето дали Герџиков навистина ја обвинувал судбината за тоа или мислел на нешто друго, Милетиќ не ја расчистил. Како што тоа не го прави ни македноската историја која досега не дала дефинитвен одоговор на прашањето за условите кои довеле до загунувањето на Делчев, па Михајло Миневски, во книгата 100 години ВМРО вели дека ‘се смета дека се работеше за предавство, што документирано не епотврдено’. Но, впечаток е дека Герџиков не е сосема искрен кога ги споменува прстите на судбината. Ако, таа не виновна, тогаш кој е предавникот и дали тој навистина е благајникот од Броди или можебис е наоѓа во редот на самиот ЦК, односно меѓу оние кои на чело со Иван Гарванов (ликвидиран во 1907 година заедно со Сарафов по наредба на Јане Сандански) биле упорни во идејата за кревање на востанието?
СЛАВЕЈКО АРСОВ
Илинденскиот војвода Славејко Арсов-Ресенски, роден во Штип 1878 (загинал 1905 г.), симпатичен, тивок и деликатен човек, како што го опишува Љ. Милетиќ раскажувал:
‘Кон крајот на декември во Солун се собрал Конгресот на кого битолскиот вилает го претставувал Лозанчев. Нас во Ресенско и лично мене со ниеден збор не не прашаа што мислиме за востанието. Не знаевме дури дека имало конгрес во Солун, мислевме дека е обично собрание... На Смилевскиот конгрес решението за востание од Солун се осудуваше... но моравме да се покориме... Прилепчани и крушевчани беа против востанието’ (на конгресот присуствува Карев, н.з.)
Причина за ваквиот став е слабото вооружување. Така, ресенскиот округ со кој раководел Арсов се сметал за еден од подобро подготвените, а всушност имал само 960 пушки. Охрид бил највооружен со околу 1.400 пушки. Кога се имаат предвид овие бројки и кога ќе се знае дека сите окрузи, вклучувајќи ги и тие што имале пушки, оскудевале во патрони, односно муниција за пушките, јасно е всушност зошто голем дел од нив биле против востанитеото и во крајна линија, зошто Делчев ја предводел таа линија. Но, интересно е токму тоа што го вели Арсов: ‘Моравме да се покориме’. Делчев бил единственот што според сведоштвата, не сакал тоа да го стори и се надевал дека ќе успее да издејствува поинаква одлука. Значи или откажување на решението за востание или негово преквалификување во борба во која ќе доминира тероризмот и партизанскиот начин на војување така како што тоа го замислиле со Герџиков - ненадејни удари врз турските сили, по можност таму каде што нема посериозна опасност за месното население.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 21:52
Одличен текст, што ако го читаше меѓу редови, воопшто не се коси со тоа што јас го мислам, а тоа е дека Врховистите и Софија имаат замешано прсти тука.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 22:07
Не одрекувам, ама и не можам да те поддржам во твоето мислење.
Како беше
НЕМАМ ДОКАЗ АЛИ ТВРДИМ
-------------
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 05.Мај.2009 во 13:18
на Нова Македониjа публикувани спомените на Михаил Чаков - член на илинденската организациjа
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=385&ArticleID=23838 - http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=385&ArticleID=23838
Кон крајот на
1915 година како подофицер се најдов во Ксанти... Во ноември-декември
веќе можев да ги чујам топовските грмежи од Серскиот фронт. Ми пролета
мислата дека англиско-француските војски можат толку да напредуваат и
да ги принудат нашите да отстапат од тие места, а заедно со тоа, и
коските на Гоце да ги загубиме засекогаш. Тогаш смислив како да ги
земам.
подофицер во армиjата на нашите - 85ти полк 9та погранична дружина
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 10:13
macedon_alex напиша:
Еве го разговорот на Гоце со Николаевhttp://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0_%D0%B8_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2_%D1%81%D0%BE_%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%82_%D0%94%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B5%D0%B2_%E2%80%93_%D1%84%D0%B5%D0%B2%D1%80%D1%83%D0%B0%D1%80%D0%B8_1896_%D0%B3. |
Средба и разговор на Гоце Делчев со генералот Данаил Николаев – февруари 1896 г.
http://mk.wikisource.org/wiki/%D0%A1%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0_%D0%B8_%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%80_%D0%BD%D0%B0_%D0%93%D0%BE%D1%86%D0%B5_%D0%94%D0%B5%D0%BB%D1%87%D0%B5%D0%B2_%D1%81%D0%BE_%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D1%82_%D0%94%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%B8%D0%BB_%D0%9D%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B5%D0%B2_%E2%80%93_%D1%84%D0%B5%D0%B2%D1%80%D1%83%D0%B0%D1%80%D0%B8_1896_%D0%B3. - види
Не знам што најде.
Во „Илинден“ на Талев (изд. 1989г)на стр. 113-117 го гледам истиот разговор, само е даден поопширно и со други зборови на некои места.
Наместо 20-30 ИЛЈАДИвојници кај Талев е десетина полка.
Или има некој општ извор за Талев и за Вики-разговорот, или (што ми се види поверојатно) Вики-авторот е прераскажал Талев како му одговара.
Како и оние познати Гоцеви зборови - за тоа кој може да биде добар Македонец.
(може и некоја манија кон Радуле да имам, ама може и да е пак тој. НЕМАМ ДОКАЗ, АЛИ ТВРДИМ)
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 23:01
cercetator напиша:
Или има некој општ извор за Талев и за Вики-разговорот, или (што ми се види поверојатно) Вики-авторот е прераскажал Талев како му одговара.
|
Нема врска дека вики авторот прераскажувал. Мене разговорот на Николаев и Делчев ми беше и дел од матурата ( истиот како на Википедија ) ама тогаш не ми текна да прашам од каде е изворот.
-------------
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 07.Мај.2009 во 06:54
macedon_alex напиша:
cercetator напиша:
Или има некој општ извор за Талев и за Вики-разговорот, или (што ми се види поверојатно) Вики-авторот е прераскажал Талев како му одговара.
| Нема врска дека вики авторот прераскажувал. Мене разговорот на Николаев и Делчев ми беше и дел од матурата ( истиот како на Википедија ) ама тогаш не ми текна да прашам од каде е изворот. |
Ајде прашај, инаку и јас како тебе (за предавството)ќе сметам дека е од Талев, прераскажано, докако не кажеш од каде е.
-------------
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 07.Мај.2009 во 23:32
"Другпат во гиманзијата некој ученик ги преповторувал старите клевети за
Левски. Гоце кој секогаш се одликуваше со извонредна трпеливост кон
туѓите приказни, во овој случај засегнат, се гледаше, право во срцето,
се исправи налутен и со испружени раце викна: Јас ви сакал да му ја
истргнам грлото на мајмун како тебе,
јас би сакал да му го направам на синот тоа коешто досега би требало
стопати даму биде направено на таткото, само таткото, свирче на
Турците, раѓа син свирче ма калуѓерите."
Од Jаворов за Делчев
ПС ма сум го барнал македонскиот перфектно мислам
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 10.Мај.2009 во 21:35
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 16:37
Од спомените на Андон Jанев-Ќосето:
И Делчев тргна кон границата, а пред тоа рече „Бидете смели, имајте средби и со други. Целото зло е од Фердинанд.Ако јас умрам, нека не ви биде простено ако не ја превртите палатата на Фердинанад наопаку.
Целата улога ја игра тој. А посредници помеѓу него и офицерите се Дрвингов и Николов, Саракаинов, Саев,Иван Караџов и тој беше со нивната свита. Тиа зедоа сила, сакаа тие да се господари.
Ние не можеме да извојуваме целосна слобода, ние ќе побараме автономија. Целта на централната организација беше тајна, еден ден само по себе, после 10 или 15 години, нека не се сомневаат Грција и Србија, таа ќе се обедини со Бугарија“.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 01.Јули.2009 во 16:52
Гоце никогаш не се борел за обединување на Македонија со Бугарија. Гоце делувал заедно и со Патријаршисти, Албанци, Власи и слично, а се во името на самостојна Македонија, а не за обединување со Бугарија.
-------------
|
Постирано од: tanas _ _ _
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 07:57
macedon_alex напиша:
Гоце никогаш не се борел за обединување на Македонија со Бугарија. Гоце делувал заедно и со Патријаршисти, Албанци, Власи и слично, а се во името на самостојна Македонија, а не за обединување со Бугарија.
|
Повекето воеводи от ВМРО са сакали автономиа за Македониа! Како и денес Косово -обединета Албаниа нема на никоj да се ареса!
Фердинанд и другата сган около него докарва на Бугария неколко национални катсатрофи и воjни! Нема друга држава дето да се тепа едновременно со 4 соседа през втората балканска воjна! Политиката му спремо Македониа е катастрофална.
А инак спроде теб зашто Гоце не е взел пушката и не е утепал Иван Гарванов кога дигат Иленденското востание! Што чини еден бугарин от Стара Загора во Македониа? Вапреки че Гоце бил против востанието да се дига во овоj момент тоj участвува во него!
Сметам дека националната припадност на Гоце е достаточно добре документирана и опишана!
Кога е убиен коските му са донесени не другаде а во црквата Св. Недела во Софиа за поклонение и са турени до коските на Г.С Раковски от Илинденската организациа! Денес има и цел град крстен на негово име во Бугариа като и на Сандански!
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 08:50
Од писмата на Гоце Делчев до Никола Зографов(Зографски):
Баj Зографскиj,
Пред се поканвам те поскоро да проводиш камите и уште, ако се останати во твоjта куќа 8 броja од „Биографиjата на Левски” при моето заминување,испрати и нив.
Какво што има засега, тоа проводи, па гледаj поважните материали поскоро да доаѓат. Сите нешта провождани добре ќе биде, ако се мjурлидисат.
Во Ефрем Каранов има една шашка на Г. Ив.,донесена од Чак'ров; час поскоро да се прати, ама ако може да jа размените со некоа официрска или џандарска. Прати ми сметка за камите. Пратив ти уште 2 наполеона, колко ќе сакаш уште, ќе ти пратам до пат.
Много сум разсеjан, не можам да ти пишам.
Поздрави сичките познати.
Со братски поздрав: Ахил
Приштина, 1896 12.III
Зборот "шашка" е русизам, означува сабjа.
Зборот "мjурлидисат" е турцизам,коjшто се преведува како "потпечатаат"
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 13:36
Дел од друго писмо, во кое се гледа како Гоце се "борил" против врховистите:
...Не знам Ѓорче дали ти е пишал нешто за зетото решение по случаj свикувањето на конгресот за бирање нов состав на комитетот.
Се зема решение да си jа дадат кандидатурата Сарафов Борис, Славчо Ковачев, Бозуков и Давидов, и двама цивилни (смета се да бидат д-р Шопов и трговецот х. Кочов, последниот да биде касиер).
Ние почти открито ќе деjстваме, ќe заjавим на секоj делегат, дека ќе деjстваме сoгласно само сo горната листа и да се развие посилно сдружувањето меѓу тукашните и внатрешните, ќе влегуваат в тоj комитет како редовни чланови и двоица од внатрешната организациjа.
Дали ќе се исполни тоа решение, ќе зависи од делегатите. Погрижи се да изберете таков човек, коjшто ќе гласа за горната листа. Можете да му дадите изричното задолжение да гласа за луѓе, коишто имаат доверието на внатрешните и да можаат да работаат со нив.
Повеке ништо не можам ти пишам.
Поздрави Раjна, Љубе, Велко, Алексо, Ѓорги и пр.
Со поздрав: Гоце
Аj да видиме кои се Сарафов, Ковачев, Бозуков и Давидов?!?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 13:39
Зошто би се борел, кога може да инфилтрира луѓе таму и од внатре да работи. Еве да кажеме дека не се борел, дали тоа значи дека застанал зад Горноџумајското востание и зад Иван Цончев?
-------------
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 13:42
Не, се разбира.Гоце и зад Илинденското не застанал.
Нема тука делење по етнички принцип, тоа ми е поентата.
Сите тие наброените се офицери од Бугарската воjска.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 13:46
A зошто тогаш Гоце пак се надева на внатрешно востание? Какво е тоа востание?
-------------
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 13:54
Гоце сам кажува дека за пример му била Внатрешната организациjа на неговиот идол Васил Левски.
Само со мрежа од комитети одвнатре може да се постигне масовно учество на македонското население и реален резултат.
И во Бугариjа е било истото-четническа тактика на Раковски, коj сакал да праќа чети по билото на Балканот, коишто да подигнаат народот на востание.
Тоа се четите на Филип Тотjу,Хаџи Димитар и Стефан Караџа.
Левски прв осознал дека нема шанси со овоj начин ништо да се постигне.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 14:04
Интересна е изјавата на Гоце дека ако умре, тоа ќе дојде од бугарскиот двор. Зошто ли мислел така? И самиот бара доколку умре палатата на Фердинанд да се преврти целата. Ова многу се совпаѓасо сведоштвото на стариот Илинденец за тоа што го зборувал Гоце.
-------------
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 14:15
Да, неслучаjно постирав овоj дел за Фердо.
Омразата кон Фердо не е равна на омраза кон Бугариjа и бугарите.
Гоце кажувал дека со политиката на Фердинанд он барал признание за себе си, не за Бугариjа и населението.
И резултатот од двете национални катастрофи е доказа за тоа.
Желбата да стане ЦАР од кнез била доминантна.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 14:28
Од ова што го приложи тука ( изјавата на Гоце ), се потврдува
сведоштвотона стариот илинденец за зборовите на Гоце, а со тоа веќе и
може да се каже дека зад предавството и смртта на Гоце стојат
бугарската држава и дворот, а и врховистите кои им служат ним.
-------------
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 02.Јули.2009 во 15:49
Незнам каква врска има Гоце со Бугарскиот(Германскиот) цар - Бугарија си има своја држава создадена од Русите а Македонците како Гоце сакале слободна и независна Македонија на Македонците- толку ли е тешко да се прифати тоа
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: tanas _ _ _
Датум на внесување: 03.Јули.2009 во 12:09
macedon_alex напиша:
Од ова што го приложи тука ( изјавата на Гоце ), се потврдува
сведоштвотона стариот илинденец за зборовите на Гоце, а со тоа веќе и
може да се каже дека зад предавството и смртта на Гоце стојат
бугарската држава и дворот, а и врховистите кои им служат ним.
|
Интересно е да видим некои документи или докази за тоа! Не кажувам дека не е верно! Просто сакам кога си зборуваме тука да бидеме сериозни и обективни!
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 03.Јули.2009 во 12:17
Нема документи бре Танасе, ама така е, како што се тврди. Не може да биде на друг начин. Хјусеин Тевфик не може да ги најде сам комитите, задолжително некој треба да ги предаде и задолжително тоа се врховистите.
А знаејќи дека Тевфик учил во бугарското воено училиште, може да се мисли дека директно од Софија, а не од Цариград, получил заповед да ги преследува комитите.
-------------
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 03.Јули.2009 во 13:16
tanas _ _ _ напиша:
macedon_alex напиша:
Од ова што го приложи тука ( изјавата на Гоце ), се потврдува
сведоштвотона стариот илинденец за зборовите на Гоце, а со тоа веќе и
може да се каже дека зад предавството и смртта на Гоце стојат
бугарската држава и дворот, а и врховистите кои им служат ним.
|
Интересно е да видим некои документи или докази за тоа! Не кажувам дека не е верно! Просто сакам кога си зборуваме тука да бидеме сериозни и обективни! |
Прочитај поназад Танасе, види што сме приложиле, а многу интересно и Лавчето ги потврди тие зборови на Гоце дека неговата смрт ќе дојде од Софија. Значи тие зборови, потврдени се и од сведоштовото на стариот илинденец, а и во приложената изјава од Лавчето. Значи не се ова тврдења без документи и покритие, туку различни извори го потврдуваат истото.
-------------
|
Постирано од: tanas _ _ _
Датум на внесување: 03.Јули.2009 во 13:30
macedon_alex напиша:
tanas _ _ _ напиша:
macedon_alex напиша:
Од ова што го приложи тука ( изјавата на Гоце ), се потврдува
сведоштвотона стариот илинденец за зборовите на Гоце, а со тоа веќе и
може да се каже дека зад предавството и смртта на Гоце стојат
бугарската држава и дворот, а и врховистите кои им служат ним.
|
Интересно е да видим некои документи или докази за тоа! Не кажувам дека не е верно! Просто сакам кога си зборуваме тука да бидеме сериозни и обективни! | Прочитај поназад Танасе, види што сме приложиле, а многу интересно и Лавчето ги потврди тие зборови на Гоце дека неговата смрт ќе дојде од Софија. Значи тие зборови, потврдени се и од сведоштовото на стариот илинденец, а и во приложената изјава од Лавчето. Значи не се ова тврдења без документи и покритие, туку различни извори го потврдуваат истото. |
С догадки и предположениа во историата ке влезем!!!
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 03.Јули.2009 во 13:32
tanas _ _ _ напиша:
С догадки и предположениа во историата ке влезем!!! |
Со сила не може ништо, ако не сакаш да им погледнеш на фактите во очи, јас не можам тука ништо!
-------------
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 15.Јули.2009 во 13:50
Архивни кадри од чествањето на 40 години од убиството на Гоце во Сер.
http://www.youtube.com/watch?v=3x2iXVcKRpk - Гоце Делчев-помен
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 15.Јули.2009 во 16:26
Како што гледам покрај Македонците и Бугарските душмани(официри) му се клањаат на Делчев,ова мора да е од почит како што и на Ножот и на Мечкин Камен Турците од почит се поклониле над мртвите Македонски тела
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 15.Јули.2009 во 16:33
Дали знаеш после тоа помен некогаш да е одено масовно така на гробот му?
Мегутоа сликата коjа постирате со крстот на Гоце е токму од истиот помен.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 15.Јули.2009 во 16:35
ИИИИИИИИИИИИ абе вие тоа озбилно - па ти лавче очигледно не си бил во Св.Спас да видиш и ден денес каков помен му се прави на ДЕлчев и тоа со најголеми државни почести
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 15.Јули.2009 во 16:39
Абе ти зборам за гробот на Гоце каj Баница...jасно е дека во Македониjа си го славите.
Грците не допуштаат да се помине таму денес, инаку има луѓе кои знаат точно дека е местото.
Меѓутоа се сетив дека прочитав наскоро - имало идеjа да се стави паметна плоча на точното место, дека е убиен Делчев.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 15.Јули.2009 во 16:45
Знам јас ама нетреба ни да прашаш такво прашање
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Panini
Датум на внесување: 18.Јули.2009 во 17:12
No kako i da e,spored najvnovite izvori,Goce bil ubein demek sluchajno, pri edna zbrka so redovnite turski patroli,so zaptiite.Ne ni znaele deka go ublile tokmu Goceta..
No ova se samo zborovi na ocevidci,pa prekazani od eden na drug...
Kolku ima vistina...koj znae,,,
------------- MIND AND SENSE IS PURIFIED,I AM FREED FROM DESIRE!
|
Постирано од: tanas _ _ _
Датум на внесување: 20.Јули.2009 во 11:46
Нели знаете коj е донел коските на Гоце во Софиа?
|
Постирано од: Panini
Датум на внесување: 20.Јули.2009 во 19:05
E koj de>>>>
------------- MIND AND SENSE IS PURIFIED,I AM FREED FROM DESIRE!
|
Постирано од: tanas _ _ _
Датум на внесување: 21.Јули.2009 во 11:41
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 30.Јули.2009 во 11:26
Kotsé Tsipushev recalls how, when he and some friends asked Gotsé why they were fighting for the autonomy of Macedonia and Thrace instead of their liberation and reunification with the motherland, he replied:
Коце Ципушев кажува кога он и негови другари прашале Гоце зошто треба да се борат за автономиjа на Македониjа и Тракиja, наместо нивното ослободување и обединување со татковината,Гоце одговарал:
"Comrades, can't you see that we are now the slaves not of the Turkish state, which is in the process of disintegration, but of the Great Powers in Europe, before whom Turkey signed her total capitulation in Berlin. That is why we have to struggle for the autonomy of Macedonia and Thrace, in order to preserve them in their entirety, as a stage towards their reunification with our common Bulgarian fatherland..."
...Треба да се бориме за автономиjата на Македанија и Одринско, за да ги зачуваме во нивната целост, како еден етап за идното им присоединување кон општата Болгарска Татковина..."
http://www.kroraina.com/knigi/en/mm_gd/mm_21.htm - Freedom Or Death.The Life Of Gotse Delcheff
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 30.Јули.2009 во 13:24
Гоце Делчев бил најголем борец против некакво обединување, читај сите што говореле за него, за него бугарската држава не била пријателска држава, односно никогаш не верувал во бугарска помош, секогаш се борел за внатрешно востание, без влијание од надвор.
-------------
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 23.Август.2009 во 09:48
Kaj останките од село Баница-Егзархиската црква, близу до местото дека загинува Гоце Делчев:
Убаво се чита:МАСТОРА ГЕОРГИ 1883.
Уште една бугарска црква до местото на Гоцевата смрт, уништена од грците:
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 23.Август.2009 во 13:46
Како бе Бугарска црква - эар не веруваа Бугарите во Тангра,не эафркавај сега и цркви на Македонска територија демек граделе - тоа ти е православна Македонска црква
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 23.Август.2009 во 16:53
Едно клипче од 1943 за гробот на Делчев.
http://www.youtube.com/watch?v=3x2iXVcKRpk&feature=PlayList&p=978D856618AF9AFD&playnext=1&playnext_from=PL&index=56 - http://www.youtube.com/watch?v=3x2iXVcKRpk&feature=PlayList&p=978D856618AF9AFD&playnext=1&playnext_from=PL&index=56
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 11:17
Димо Хаџидимов за Гоце Делчев
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНСКИОТ ЛЕВСКИ
Достапно благодарение на АндоновБале
-------------
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 15:31
ПОГРЕБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СЕЛО БАНИЦА
Херојската и трагична смрт на овој македонски визионер, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење се случила на 4 мај 1903 година во селото Баница.
По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе.
Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан.
Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.
МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ ГО ОПЛАКУВААТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката "Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија", ги презела Илинденската организација.
Тогаш саркофагот бил изложен во црквата "Света Недела" во Софија.
Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.
КОНЕЧНО ДОМА
Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје.
Конечно на 10 октомври 1946 година престолнината на слободна и независна Македонија ги пречекала земните останки на големиот борец и апостол на слободата на македонскиот народ, Гоце Делчев.
Граѓаните на Скопје и околината достоинствено и со пиетет ги дочекале дрвениот саркофаг и поворката која ги придружувала моштите на великанот Гоце.
"Со положувањето на Гоцевите мошти во оние октомвриски денови во 1946 година, придружувани од тогаш нему достојните воени и граѓански почести, се оствари историскиот аманет на неговите соборци.
Тие мошти вечно да почиваат во престолнината на Македонија.
Од тогаш овој споменик стана македонско светилиште, место на поколение пред споменот на Гоце и на сите Гоцеви знајни и незнајни соборци и македонски страдалници.
Црквата 'Свети Спас' стана негов вечен дом, во кој Гоце заслужено почива, но таа е и храм на ширење на македонските не само духовни, културни, туку и револуционерни традиции", ќе запишат авторите на книгата.
Во светлата и долга македонска историја изложена на воени и културно-цивилизациски влијанија од Исток и од Запад вткаени се животите на многу генерации и на многу дејци од културни и од научни центри, а надареноста на поединци да одржуваат чекор со времето, се одрази врз цивилизациските придобивки на сопствената земја и на светот општо.
Силното чувство на македонскиот патриотизам и свеста за посебноста на македонскиот национален идентитет беше најзначаен влог на револуционерите со особена надареност во поновата македонска историја, кои и покрај јавната верификација на нивните жртви и дела, останаа да ја делат судбината на својот неослободен народ.
Еден од плејадата на никогаш незаборавените македонски револуционери и вечни патоводители на македонскиот народ е големиот Гоце Делчев.
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 17:40
Ајде да видиме, Буги, според твојата логика зошто Димо Хаџидимов ќе го напише тоа за Гоце?
-------------
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 19:37
Твојата логика веке не ме интересира,ти покажа дека пропагандата ти е појака страна од логиката така да мислам дека бесмислено пишуваш,народски кажано не си раэбран,имаш испран моэок секој эаклучок ти води кон едно та исто
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 03.Октомври.2009 во 23:26
СУЛТАНА _ МАЈКА ДЕЛЧЕВА
ПРЕДЗОРНИНА НА ИЛИНДЕН
(Музика)
(Мал простор. Во земјата забодени три колци. Дијаметрално. Од длабочината на сцената. Се влече бела основа за ткаење. Султана во
рацете држи калем. Нишките се врзани на јазел и се протнати во јазелот и така се влече основата.)
СУЛТАНА:
Пусто. Мајка. Лист на гранка да се заниша, тебе срцето ќе ти затупка. Арно е да си од камен - не си. Си ги родила, со бол во душата си ги израснала. Ќе ти се разболат - ќе се разболиш и ти; ќе се удрат -ти се чини и тебе те удриле; весели ти се децата - и твоите очи се смеат. Од нивниот џагор сон не те фаќа, ама нивните гласчиња помили ти се од сонот. Го прескокаат прагот, надвор, внатре - внатре, надвор, љубовта не ти дава рака да кренеш. И така, си минуваат годините. Од многу работа и грижи, немаш
време да се прашаш: како си влегла во тоа незапирливо тркало.
Думам, во моето село Мурарци, на седенки жените муабет сучеа - имаш ли мома, потковај си го прагот, сонцето ќе зајде, ќе почнат стројници да ти го стругаат - тоа не беше ветер муабет!
Пред Митровден ја наполнив шеснаесеттата година. Како сега да ми протрчува таа есен. Пекнало сонцето како да е лето. А листот жолт - небаре со лири послан дворот.
Вујко ми женеше син па мајка ми ме стокми во нова руба посестрима да бидам. Бев голема ороиграјка. Ке свирнеа чалгиите, еве ме на танец. Играв од душа.
И токму тоа во недела, кога се играше невестинското оро, до мене се фати едно лично момче. И не да ми пушти шамивче, ами право за рака ме срамори. Го меркам и играм.
И по рубата, и по стројноста, асал граѓанин.
Уште сонцето не беше зајдено, во нашата куќа влезе аџијата Трипун. Мајка ми, ме втурна во келерот. Татко ми го наполни кането со вино и седна на буџакот. Разврза здрав муабет со гостинот. Јас си го допрев увото на резето од вратата. Сите лафови ги нижам во увото. Ми е мило што само за мене муабет кршат. Срцето ми тупка - живо ќе излезе.
По едно време развревеа низ дома. Мајка ми викна по мене, влегов во одајата, очи не кревам. Се преправам дека лаф не сум чула, а татко ми и стројникот, на еден глас ми велат дека лаф дале за Кољо Делчев, прстен смениле и за чорбаџиска куќа ќе ме одомат.
(Ја влече основата од еден крај на друг. ја заврзува околу колците
и продолжува да снове.)
Не поминаа ниту шест недели, ме внесоа во Делчевата полена качена на бел коњ. Селска мома, срамежлива, а Делчевата куќа палата. И така си бев кротка, а сега чорбаџиската куќа, ептен ме замолчи. А и Кољо беше серт. Како недопирлива вода. Се ми наоѓаше мани. Ова не му чини, она не треба да биде така, табиет - опак!
Кога ќе излезеше на сокакот, со крената глава, со фес црвен и пискуљ црн до градите, сите го гледаа. Таков беше. А итар - џидра. Очите му косеа на сите страни. Она што не си го видел ти - тој веќе во пазува го турил. А и правичен. Белото е бело - црното е црно.
Од првиот ден го разбрав дека има арна душа, ама душата не му се гледаше преку строгото, опнато лице.
По една година ни се роди Руша. Грлеста како машко. Целото маало го креваше на нозе кога ќе заплачеше. А брзо израсна. Како фиданка. На Кољо не му се стори ќефот. Фучи покрај мене, очи не фрла накај израснатото дете. Се уште ја доев Руша, сетив ми се полни лажичката со мачнина. Секој залак ми се враќа.
- Пак сум останала - реков.
Ја одбив Руша. По неколку месеци ми се роди Цоца. Втората ќерка ми се роди ситна, слабичка, а беше и најастелива. Со сила ја
доев. Ама мирна. Глас не и чувме. Чиниш дете нема в куќи. И овој пат на мојот сајбија не му стана ќефот. Ни муабет да ми направи, ни пред луѓето да каже дека второ дете ни се роди. Молкум излегува, молкум се враќа дома. Мене душата ми се врзува во јазли. Што да правам да го развеселам, си мислам. Зарем јас сум крива што не ни се раѓа син?
Што е право, право е, ако ни се разболеа ќерките, Кољо како спобудален трчаше низ градот и бараше иким или бајачка. И по цели ноќи седеше покрај нивната постела, со оцет, вода, и како огнот да им го тргне. Ама она, за машка глава - од умот не му излегуваше.
(Станува и почнува одново да снове.)
Една вечер Кољо ми рече:
- Третото машко ќе биде, Султано.
Беше малку на ќеф. Инаку тој со мене таков муабет никогаш не поведувал.
Сите велеа дека страв во коски ми има втерано. Не беше тоа страв. Вечерно време, кога се враќаше од крчмата, оддалеку му ги сеќавав стапалките. Срцето ќе ми затупкаше од радост. Го чекав со некаков трепет во градите. Сакав да е дома, оти тогаш животот ми беше многу убав. Како некоја подземна вода ме креваше угоре, угоре, угоре.
Откако ја сменив селската облека, Кољо скоро секој празник ми купуваше кадифен или копринен фустан и тоа многу скапи. И под широкиот фустан, се насетуваше новата рожба.
Господи, си мислев, како да му кажам, ја ако и овојпат не биде...
(Удира на колена и се ирекрсшува иобожно и молишвено.)
Една вечер Кољо ме спревари:
- Знам, знам, Султано, кога спиеш, си го допирам увото на мевот... Ова ќе ни биде машко.
Неговите лафови како пламени јазици навлегоа во моите гради. Богородице, си велев, ја ако не биде машко - во оваа куќа за мене живот не ќе има.
Ќе ми се кренеше сонот - со часови очи не затворав. Го чекав денот, часот, а кога дојде и тој миг, ги стегнав болките во грлото, глас не испуштив, а очите сум ги раширила накај килимот - гледам што ќе падне од мене...
Кога баба Лика рече дека е машко, думам, се свртев накај неа и викнав на сиот глас:
–Оди стрино Лико, кажи му на мој Кољо...
(Доаѓа до авансцената.)
Мојот домаќин ми го чул гласот, летнал накај сокакот гологлав без фес, дотрчал до крчмата и почнал да ги кани минувачите:
- Бујрум, браќа! Бујрум да ве честам! Господ крилја ми всади, син ми се роди!
Им зготвил и <чевирме>, асал кукушка софра им стокмил.
А другиот ден, со пијано срце од гордост, ги нагостил и пазарџиите од Мурарци. Со денови се раскажуваше по чаршијата дека
анџијата Кољо Делчев, го одврзал ќесето.
Нункото му го стави името Горѓи на детето, а Кољо со пцости го покори. Сакаше синот да му се вика Димитар, како татко му. А јас, од првиот час си го завикав Гоце.
Новата рожба го измени Кољо. Чиниш покрај мене заживеа друг човек. Цел ден беше во крчмата. Вечерно време дома. Руша растеше бујно, а Цоца - да ја дувнеш ќе падне. И Гоце ми беше ситно, слабичко.
Мажот ми од кожа ќе си излезе за Гоце. Се распрашувал лево-десно, чаре барал за
синот. Ке ме праша, зошто не е јастеливо. Зошто не расте јадро.
Гоце иако беше слабичко, беше здраво дете. Ниту од грло да се разболи, ниту на еќим бев го однела.
Една вечер Кољо рипна од сон. Ме разбуди и мене.
- Гоце нешто не ми пркнува, Султано. Закржлавува. Ке морам чаре да барам. Машко е..
Што и да му речев, криво ќе ме сфатеше. Молчев.
Чинам пред врзикрст беше. Надвор студот се живо стврднуваше. Месев пастрмалија. Кољо влезе задишан, во одајата. Ме одмери од глава до петици. Мене змија ме касна. Нешто скроил, си реков, погледнав низ прозорецот, во дворот го забележав девер ми Маноли, качен на коњ.
Кољо свика по мене:
- Остави се и облечи го Гоце во нова руба. Ке го носиме со брат ми на вак'вската чешма. Ќе го искапиме пред врзокрст, ми рекоа, водата била многу лековита.
Се скаменив. Го гледам детето си игра покрај огништето, заруменето во обравчињата, а под стреата мразулци висат колку една копралја долги.
Со вкочанети вилици му реков:
- Сак'н Кољо! Како ќе го капеш детето на овој студ?
Тој ниту ме чу, ниту ме виде дека стојам среде одајата како заборавена. Устите ми подгорија. Лаф веќе не можев да пуштам.
Кољо го облече детето, го исчешла, дојде до мене и ми рече:
- Благослови го!
Го благословив детето, ама сајбијата го преколнав.
Чекајќи да се вратат, остарев. Пред мрак да падне, еве ги со две стомни вода. На чешмата се нашла умна и срчна старица, викнала по Кољо:
- Море домаќине, да не имаш сто сина? Каде ќе го вдениш гревот - во раце ќе ти умре детево ако го пикнеш голо под чепот!
Му дала две празни стомни, ги наполниле со вак'вска вода па ја донесоа дома да ја стоплам и да го искапам.
(Се насмевнува.)
Откако заспаа децата, Кољо ми ја
позеде раката па ми вели:
- Ете, и јас можам да погрешам, Султано. Прости ми, за стравот и за маките што ти ги дотурив. Голем мерак имам Гоце едар маж да стане.
По Гоце ни се роди Тина, па Лика и, еве ти го и Мицо. Кољо и за него лудуваше со недели. Ама не како за Гоце. А потоа и други деца дојдоа - девет на број.
Кољо беше човек кој гледаше надалеку. Не сакаше неговите синови да останат слепи. Машките ги даде на училиште - на женските домашната работа.
Вечерно време, кога ќе се вратеше од крчма, сакаше да ги најде машките со книга в рака, а женските со плетило или вретено.
Тешко нив ако ги најдеше поинаку!
Гоце му го имаше стравот, ама Мицо... Мицо личеше на него.
Една вечер мојот стопан се врати од работа лут. Јас бев нешто неарна. Лежев. Не станав диван да му направам. Тој дојде до мојата постела, го извади либадето, фесот, појасот - нема кој диван да му прави. Кога виде дека не станувам, грабна една прачка и право кај мене. Се поткренав од перницата колку да му го потсмирам разбеснетото самољубие, ама умот ми се сврти и паднав.
Тогаш Гоце ја фрли книгата, легна врз мене.
Господи, небаре сега го слушам:
–Татко, мајка е болна. Треба на иким да ја носиш. И ако ја удриш, кога ќе пораснам, куќата ќе ти ја запалам...
(Зема воздух, блажена во лицето.)
Кољо се истргна... Опцу... Ама од таа вечер, пред децата рака не крена...
(Продолжува да снове.)
На големи пости, се стокмивме да одиме
во Мурарци кај моите. Тие пости никогаш
нема да ги заборавам. Се вративме дома пред
мракот да падне. Изрипаа децата од колата,
се стрчаа накај тремот, Кољо ги распрегна воловите, ги потера накај полните јасли. Се искачи на тремот, не пули, сите стоиме занемени пред ширум отворената врата.
Целата покуќнина ни беше ограбена. Празни долапи, празен келерот, амбарите... Ѕидовите голи. И пирустијата од огништето беше ни ја зеле.
Вреснав јас, писнаа и децата заедно со мене да плачат. Кољо шета во одајата - големо зло го снајде. Излезе од одајчето, ги одмери децата, помислив сега ќе не истепа сите. А тој викна:
-Доста! Не плачете! Арамиите ме издемнале и на подол начин ме ограбиле. И што од тоа? Утре ќе одам во Солун и поубава покуќнина ќе ви купам. А по Петровден, куќата ќе ја кренам на два ката. Еј, со прстот ќе ја покажуваат та од Бијаскуле - тоа е куќата на Делчеви!
-А зошто ова ни го сторија, мамо?
-Е, зошто? Друг пат ќе ти кажам.
Си ја пушти раката в појас, извади три ќесиња лири, почна да ги брои.
Гоце гледаше во татка си како маѓепсан. Му вели:
- Зарем ти татко, не се плашиш од лошите Турци?Кољо си ги врати лирите в појас, го гушна и му рече:
-Море како не се плашам, само разбрав: и тие се плашеле од мене, инаку зошто зулумцијата Џемо ме издемнал кога не сум дома па ме ограбил?
-Не е само за тоа.
-Како не е само за тоа?
-Сите велат дека си им помагал на тие што не се плашеле...
(Снове без прекин. Како да и се брза. Основата бела, таа во црна облека како да е белег на крстопатот.)
Руша си личеше на татка си. Цела. И по нарав, и по лиџба. Од ништо не се плашеше. Ниту глава свиваше пред душманот. Ја омаживме. Добра домаќинка стана. Ама една вечер влезе во дворот лута како рис. Татко и ја праша:
- Кого истепа, мори Рушо? Свекорот или мажот?А таа ни едно, ни две:
- Да ми беа рамни, вратот на обајцата ќе им го свртев, тие, кроткисе како јагниња. За мажот ми, да не ти кажам - под скутот ми се крие.
Ми се стемни пред очи иисе извикав:
- Како не ти е срам, Рушо! Пред татко ти такви лафови!
Господи, толку силно ме зграби мојата прва рожба, коските ќе ми ги искршеше.
- Благодарна сум му на Бога, што една кротка, мила мајка, погледни какважена родила. На чешмата, истепав Турчин. И Турците го исплукаа отинешто ми рече, а јас стомната па врз главата. Се исплашив кога видов
како му џитка крв од главата. Си го кренав скуталето, си го покрив лицето како со фереџе, тие помислија дека сум Турчинка па извикаа:
- Ад'псас! Келеш! Да те нема оттука!Оди па излези накрај со таква ќерка.Еднаш Кољо ми се пожали:
-Султано, лош ни е алот. Давам, и лево и десно, ама дали в црква или на панаѓур младежот нешто крои. Се за пушки и к*ршуми лафат.
-Нашите деца кротки се, Кољо.
-Луда жено. Кротки! Ке видиш, еден ден Султанот ќе проплаче од нив.
Јазикот да си го прегризеше, си реков.
Ѓаволот ни ора, ни копа. Пред Богородица, Гоце влета дома велејќи:
-Мајко моја, Турците вујче врзан со синџири накај Солун го но-сеа!
-Така ти се причи-нило, синко - му реков. Вујко ти е чесен, мирен рисјанин.
-И да не беше вујче, мајко, може ли човекот да влече таков синџир?
Мажот ми многу пари даде за да се врати брат ми од занданата.
Дали од тоа што виде дека рисјаните ги влечат со синџири по патиштата, дали порасна
па огнот пламна и во неговите гради, не знам. Еден ден, и Гоце и Мицо се втурнаа во куќата со искинати кошули. Гоце нешто промрмори и го пресече воздухот со двете раце:
-Ке го смачкам!
-Кого ќе го смачкаш, Гоце? Не мина многу време,
слушам „Свети Илија", ја тресна портата.
Викнав:
- Земете ја книгата, татко ви доаѓа.
Гоце од место не мрдна. Мицо се сокри зад ноќвата.
Кољо влезе со искривен фес врз очите. Жолт - зелен, ни лаф ни глас, се спушти накај Гоце. Го грабна како орел со едрите раце, го тресна во ѕидот. Гоце згрчен, нем, падна врз ќилимот. Вреснав, почнав да колнам, а мојот домаќин вели:
- Знаеш ли, мори, чиј син истепал денес твојот делија? На Ибраим Ефендија. Ми влезе разјарен во крчмата, ми се закани дека ќе не убие, и мене, и син ми, ако уште еднаш му го гибнел Турчето.
Гоце се исправи. со крвав нос и на татка си:
- Зошто пак тебе да те убие? Нека ме убие мене. Неговиот син има лош табиет. Ни ги собира играчките како да се негови. Му реков, ако сака да си игра, бујрум. Го правиме кабул иако е Турче. Ама нека знае што е наше, а што е негово!
Си ја избриша крвта со ракавот и дури тогаш заплака.
(Шета горе-долу како поматена.)
Ја омаживме и Цоца. Како да речам, девет деца изродив, безброј трамби платно искроив со овие раце, ама ни бол, ни тежина да сетам. Кога замина Гоце во Солун да учи, ми се стори дека некој ми го грабна. Додека вревеа помалите деца околу софрата, ќе се испулев, Гоцевото место празно. Господи, ќе ми минеше тешка мисла, Руша и Цоца се омажија - таква празнина не сетив. Ке ме штркнеше нешто под пазува, гласно ќе речев:
- Солун е голем град. Не дај Боже, нешто да го снајде?...Кољо напоречки ме гледа. Изгледа ми блеснала солза врз трепките па ја видел.
Слушам, и Мицо ќе го испраќа во Солун да учи. Мицо беше многу палав. Му реков:
- Гледај да не го посрамиш брат ти. Во гимназијата бил најдобриот ученик.
А тој мене:
-Брат ми има своја глава, јас своја.
-Ке те врати татко ти во Кукуш ако многу чифтиња ми фрлаш!
-Море еднаш ако излезам од овој праг, ни ѓаволот нема да ме
врати назад се додека Турчинот не го мине Одрин. Тогаш со арно ќе му речев:
-Скн, Мицо, златен на мајка, мене ми приговараш?
-Само мајката го ислушува својот палав син докрај, мајче, затоа со тебе толку отворено си лафам - ми возврати.
Ке ме гушнеше, се додека не ми ја исушеше солзата во окото не ме пушташе.
Еден ден Кољо се врати од Солун лут.
-Знаеш што сторил тој, твојот миленик? - ми рече.
-Од каде да знам, Кољо. Кажи ми де.
-Пред валијата, на место да викне: „Да живее султанот!" - тој закук*рикал: „Долу султанот!" Немајќи каде, му тутнав по пет лири на директорот и на надзорникот на училиштето, да ја забашурат работата...
Арно велат, девет деца, девет огнови.
Второто лето го чекавме Гоце да се врати од училиште на одмор, а тој се врати со сите книги и со полна глава мушички. Му кажа на татка му дека ќе оди во Софија за офицер да учи.
- Тоа што сакаш да учиш за офицер,
не е мала работа, - му одговори Кољо. - Ти како да си скроен за офицер. Имаш снага, ум. Јас мојот благослов ќе ти го дадам. Само во други работи да не се мешаш.
Клекнав пред Кољо, со скрстени раце на градите, го молам:
- С'кан, Кољо, каде ќе го праќа детето? Далеку е Софија. А и ти старееш, кој ќе те замени?
А тој мене:
- Женски ум! За маж, ништо не е далеку! Луѓето со синџири та до Анадолија стасуваат и пак живи се враќаат. Мојот син еден ден качен на коњ, со офицерска тога, по кукушките сокаци ќе шета!
Мене и така душата ми беше изгорена, Кољо како да беше заборавил на големиот таксират што не снајде со Цоца. Втората ми ќерка се омажи кутрата во алчна куќа. Свекрвата да ти ја тера по цел ден оров на домашен камен да меле во арот, а трудна. Се нурнала врз каменот и испуштила душа. Околу ужина, трчаат жените од Горно маало, ми кажуваат. А мене веќе срцето ми реди:
–Цоцооооо... мајкина ѕвездоооооооо! Дваесет години сал туку наполни... Каква беше таа рака што ми те скинааааа.
(Редењето го завршува со ритуал.)
По смртта на Цоца, со Кољо лаф не разменив арен. Мажот ми ја удоми во таа лоша куќа - знаеше дека се катил луѓе. Мицо остана во Солун да учи, ама аберите од Мицо не ми го згрејуваа срцето па се разболев. Учителите ни пуштија абер дека бил бистар, арно учел, ама против султанот кревал врева. Правда барал за сите рисјани.
Ѓаволот во него беше влегол. Кај триста бајачки отидов. Фајда - никаква. По селата сејмените беснееја, мома не можеше на нива да појде. Ги влечеле по сараите, ги потурчувале. Акот од гумно им го земале. Голема неправда. Многу лошо време, велеше Кољо. Седум попа во една дупка закопале во Серско за време на Богородичниот собир во манастирот, па луѓето почнаа и в црква да не одат. На Г 'сковци, наши роднини, им ја силуваа снаата на лозје, па мажот и се обеси. Кољо се враќаше дома полн со такви стравотни нешта, не беше болен, а личеше на болен, јас го молев да не ми раскажува.
Спроти Велики петок, добив писмо од Мицо. Ме моли, пари да му пратиме. Го истерале од Солунската гимназија, во Одрин ќе одел да учи.
Кољо без лаф му даде шеснаесет лири на Вано Чупов да му ги однесе во Солун. Мицо, откако ги зел лирите, им ги разделил на своите другари, и тие истерани од гимназијата, да се најадат и да се вратат дома.
Мојот син си останал и без пари, и без другари.
Второ писмо добив. Пак ме моли пари да му пратиме. Сега Кољо не сакаше да чуе. Мене душата ќе ми препукне. Ја ако умре од глад? Ја ако фати лош пат? Голем град!?
Бев неарна. Му реков на Кољо да ми даде пари да одам во Солун на иким. Мажот ми, кога беше за болест не жалеше пари. Ја зедов ќерка ми Руша со мене, право во Солун. Го најдовме Мицо во еден смрдлив ан. Ослабен. Неизнаспан. Аман-заман, го кандисав да замине во Софија кај Гоце. Ме послуша. Му ги дадов лирите и замина.
(Снове забрзано. Погледнува лево-десно, се ушше е далеку до крајош.)
Животот е тркало. Се врти. Ја притиска земјата, крева прашина, а каде има прашина, има и пат.
По неколку месеци добивме писмо од Гоце. Не кара зошто сме го пуштиле Мицо во Софија. Кољо ја засвире старата песна:
- Ке го вратам. Остарев. Може во крчмата да ми помага.
Ох, пусто така се враќало! Само, еве ти друга мака. Милан, третиот син, сал што беше си го подал вратот од либадето, една вечер, му вели на татка си:
- Ако најдам пат и јас ќе заминам кај браќата, татко. Оттука ништо не ќе може да се стори.
- А што си наумил да сториш, бре синко? - му вело Кољо.А тој како од чифте:
–Да ги истераме османлиите... Да се ослободиме! Ке кренеме востание.
(Воздивнува.)
Со годините, животот на човекот му се менува. Кољо си ја подголтна плунката. Му рече:
- Ич гајле не бери, синко, ќе ги истераме. Ама за ова, надвор, ни лаф. Нека си остане наша тајна.
Од тој ден се што ќе провееше по кукушките сокаци, Милан ќе му дотуреше во ушите на татко му. Како да беа другари. А пак, Кољо, на место да го искара, ќе му речеше:
- Така те сакам, синко. Очите отвори ги четири, да не бидеш утав...
Многу бев исплашена за Милан. Не личеше ни на
Гоце, ни на Мицо. Тврдоглаво, срчно, одлучно. Кољо ќе донесе некој задоцнет пазарџија дома да преноќева, Милан ќе поведе муабет за лошото што
ни се прави. Сал туку ќе го чуев:
- И црквите ни буричкат по душата. И комитите понекогаш грешат, најдобриот Турчин ќе го убијат, а оној кољачот, го оставаат во сарајот. Тоа не бива. И народот е лош. Не си помага еден на друг.
Го искарав. Оттогаш пред мене уста не отвори.
А мажот ми, стануваше и легнуваше со сонот дека Гоце ќе се врати офицер.
(Се насмевнува.)
Ни офицер, ни син за свадба и радост. Тој да ти стане поглавар на сите тие што сакаа да го симнат јаремот. Веќе сите во Кукуш не беа мирни. Очите накај Круша Планина им беа свртени.
Една вечер нов жар ми се дотури во пазувите. И Мицо се вратил во Македонија, во четата на Чернопеев. Сите мајки своите деца си ги бараа по сокаците, крчмите, а јас по гората и беспаќето. Ги гледав ластовичките како ја прелетуваат нашата градина, па си велев, вие ми личите на моите синови. И тие летаат, ама не знам во која гора гнездо свиваат.
Тина, ќерка ми, беше армасана и свадбата ја почнавме по Богородица. Без Гоце, без Мицо, каква свадба? Кољо прати телеграф, ама се врати. Никој не знае да ни каже каде ни се децата.
Во саботата удрија тапаните. Свирнаа чалгиите. Се изнафатија посестримите и побратимите на оро. Мене очите ме глочкаат. Не можам да ги задржам жешките солзи. Право ли е, моите синови да не бидат фатени на оро.
(Се тргна, со силен, емотивен порив.)
Како во Мурарци, пред да се омажам, кога Кољо се фати на оро до мене, сега гледам, еден убав маж се фати до ќерка ми Лена. Крвта ми заледе. Богородице, биди милостива, не ми го заматувај видот, од каде на каде Гоце до Лена фатен? Облечен како Французин, со толкави убави мустаќи?
Викнав колку што глас ме држа:
- Гоце! Сине! Дојде!
Се стрчав накај орото, ама оди и пробиј пат до него! Нагрнаа неговите другари - многу години не беа го виделе, го распрашуваат, што ново има во Штип, Скопје, Велес, во Европа. Слушам, се големи лафови им вели. Како да не е мојот син што секогаш ме гушкаше како момичка.
Кољо ме искара:
- Гледај си ја свадбата. Гоце станал зрел маж, знае што лафи, а неговите врсници, ги гледаш, остареле, со куп дечишта во скутовите.
Гоце не се врати каков што замина. И од нас, и од Кукушени, беше истрчал малку подалеку.
Го дочекавме и денот да ни се врати невестата на првиче. Пак се насобра родот, полна софра. Пеат сите, го молат и Гоце да запее.
- Таа, твојата песна ќе ни ја запееш, Гоце, го моли Руша.
Ах, Руша, Руша! Машко срце носеше во градите. Друго чедо не родив како неа. Премирав кога таа раскажуваше.
-Рушо, ќерко, еден ако-те чуе, од апс не ќе к*ртулиш - и реков.
-Ич не бери гајле мајко, Делчева Руша во нивни раце не ќе падне!
Токму таа ноќ, околу првите петли, некој затропа на порти. Кољо се стрча да види кој е. Еден негов доушник му рекол: Син ти Гоце веднаш да го напушти Кукуш. Од Скопје абер дојде в апсана да се пикне.
- Аман бре, зошто, што сторил?
Кољо му тутнал пари в раце на доушникот, се врати дома пожолтен, почна да го облекува Гоце во селски алишта, што поскоро од дома да си оди.
Никогаш потешко не ми било како тоа утро. Се ми се чинеше дома е, на чардакот стои, или во градината кај црешите. Глава ако подадам ќе го видам. Ги ширам очите - го нема. Кога ми ја баци раката, смогнав да му речам:
- Чувај се, синко...
Грлото ми се наполни солзи и молкнав.
Годините си врвеа, а јас синови немав. Ќе дојде еден, ќе ни рече го видовме Гоце облечен како селанец, таму и таму. Ќе дојде друг, ќе ни рече, поздрави од Мицо ви носам - во таа и таа планина комитлува.
Кољо не го потсвива фесот, оди исправен, натокмен, а срцето му гори по децата. Чувме и Руша нешто сновела по градот, заколнувала рисјани во организацијата. Сите се токмеле, востание ќе креваат.
Еден ден, го грабнав зет ми, му велам:
- Каков бре маж си ти, кога жената не можеш да си ја скротиш?
А тој мене со едно рапаво гласче:
- На браќата си личи, бабо! Комитка! Никој нив не ќе може да ги заузди! Товари пушки влече накај Круша Планина.
Лена се омажи во Солун. Во чорбаџиска куќа. Мажот и сал ќе ни пратеше абер дека Гоце бил во Солун, го видел таму и таму, а дома не стапнал.
Ќе се прекрстев, Ристосе, маченику, чувај ми ги децата од најлошото... Само тоа го сакам, да се живи...
А народот се исипуваше. Едни бегаа преку граница оти селата ги гореа, други по големите градови. Турците, ако некој шушнеше околу нивните сараи, се живо на колец
наденуваа... Тешко време, а мојата куќа во сред оган. Годините си врвеа, јас и Кољо од самрак до самрак, само имињата им ги шепотевме. Тивко, никој да не не чуе. Руша, Гоце, Мицо, Милан. Орото го водат во ...
Султанот секој ден црна повела праќаше по вила-етите и телалот туку викаше по сокаците оти ќе се слушнеше комитите кутнале бег, понатаму кутнале друг бег, за еден Турчин, цело село ќе изгореа. Народот стенкаше. Во пазарен ден, узбашијата со сејмените сновел околу крчмата на Кољо, во нашата куќа сетиќи ќе влезеа аскерлии да роват. Некој дале-чен роднина ќе ни речеше за Мицо дека во таа и таа шума се борел со аскерот. А за Гоце, никаков абер.
(Си го брише носот. Си ги трие дланките.)
Не сакам да се сетам на тој ден. И деновите не си личат еден на друг како и луѓето. Влезе Лена, ќерка ми, завјасана, во големата одаја. Без капела и мув на рацете. А зима. Студот корнеше. И се опулив право во очите, мајката сал на лошо мисли. Чекам името да го слушнам. Гоце ли е, или Мицо?
Влета и Кољо во одајата.
-Мицо, Мицо го убиле, кај селото Бајалци! - викна на целиот глас.
-Ох, Мицо, Мицо, мајкино око... - пригушено крикнав. Кољо го зграби чифтето сите Турци ќе ги убиел по сокакот... Стасаа и Руша, Лика, Тина. Се нафрлија врз татка им, му ја зедоа пушката.
Мене никој не ме пули, оти бев кротка, мека, без глас.
Отидов во келерот, го отворив сандакот. Му ги вадам новите руби на Мицо. Ги мазнам и редам:
- О, Мицоооо, сокол на мајка, дали ми те покрија со земја, или
само со лист - горска облека. Ој, таго мајкинааааа, толку млад, а в земја да гниеш... Та кога невеста мајка ќе пречека, кога син ќе ми те искапе, внучка в раце да кренам... Ој, синееее, веќе едно око ми е празно...
(Си ги покрива очите со двете раце.)
Не мина черек време, влегоа заптиите во одајата. Јас не сум ги сетила. Целата куќа ја претресле. Ништо не нашле. Руша чифтето го фрлила во алето. Само таму не ѕирнале. Од тој час нешто во лажичката ми се преобрна. Ни водичка, ни лепче сакав в грло да пуштам. Не знаев кога е ноќ, кога е ден. Сал мракот и празнината ми се влечеа по мене. Ми се виде дека и Кољо се измени. На Милан му порача од дома да не излегува, абер пушти, Гоце дома да не се врати.
Ќе ја прашав Руша:
- Ќерки, кажи ми, дали Гоце е жив? Не криеш ли нешто од мене?Таа ќе ми речеше:
- Мајко, и јас имам големи деца. Ама работам за Делото како што работат моите браќа! Та како ќе ги истераме душманите ако се криеме во ...
Ништо не ја разбирав. Се ми се матеше пред очи.
И велев:
- Рушо, јас не сум силна, како тебе, кучињата право за срцето ме каснаа... Крварам, чедо...
Оди и разбери се со таква ќерка, која беше и мајка, и дома-ќинка, и комитка.
Сакав да се сторам пиле, да летнам, да го најдам војводата Чернопеев,
да ми го покаже гробот на Мицо. Ми се чинеше, ако остане Мицо каде што е закопан, врз синовата снага душманот измет ќе фрла. Цела година летав како птица накај непознати краишта, си го барав сино...
Руша, Лика, Тина, Лена, гајрет ми даваа, ама мене срцето ми беше изгорено. Ке ни се дотуреше некој глас од Гоце, таму и таму се појавил преоблечен како Арнаутин, умни луѓе оделе со него. Народни судови по селата формирал. Правда делел и на Турци и на Каури.
Кољо ќе речеше:
- Сал нека е жив. Во сите кожи нека се вдени, нека е жив.
Блеснало сонцето врз нашиот чардак, расцветала јаболкницата, јоргованот шири мирис, тревата пркнала како зелен ќилим насекаде. Господи, ама убавина, си реков. Илјада деветстотини трета година ќе се памети по таа пролет. Внуците ме молат приказни да им раскажам. Мене уста не ми се отвора.
Пред Велигден, пред мрак да падне, влезе Кољо завјасан. По него се влече еден човек, јагленар. Од нечистите опинци белата калдрма црна стана. Поднаведнат, со искинати дреи, грев да го гледам. А очите, очите му болскотат како јасни ѕвезди.
Викна Кољо:
- Султано! Слези долу и донеси пари. Евтин јаглен најдов.
Зедов пари, слегов во дворот. Му ги дадов парите на јагленарот, го одмерив уште еднаш. Бистри, миловити очи, како на Гоце. А некој нечист селанец, скршен уште во најраната младост.
Си отиде човекот, а јас почнав да му се жалам на Кољо:
-Остарев, домаќине, се пулев во човекот со мајчински очи. Ми заличи на Гоце. Сакав да го прегрнам па да умрам...
-Си остарела ами што, кога своите убави синови ги заменуваш со секаквите парталковци!
Срцето ми го свена со тие негови громки, остри зборови. Таков беше. Ништо убаво не ти оставаше во душата ако не беше по неговото. Колку повеќе старееше, толку поопак стануваше.
Другиот ден дојде Руша. Првин што и реков, дека вчера, брат и Гоце ми се јави како сенка. А таа мене:
- Ех, мајко, мајко, времето е такво та и сенките се вистинити. Брат ми Гоце беше ами кој...
Сакав да ја задавам. Таа да го види, а јас...
–Сакал да те види, мајко, па затоа толку ефтино му го продал јагленот на татко.
Таа вечер не сакав со никого да разговарам. Си легнав рано. Се покрив преку глава. Така, во мракот, се крстев и му се молев на Бога да не ми го земе умот. Чекав да дојде Гурѓовден, да одам в црква, нешто
големо да таксам. Децата да ми ги сочува од лошо. А јагленарот од ум не ми излегуваше и се помал и помал ми стануваше, па ако беше и во партали облечен.
Уште пред Ѓурѓовден, во нашата полена влезе узбашијата. По него валијата. Кроток узбашијата, покроток валијата. Газат на прсти, се искачуваат на чардакот. Со подмолно око ни ја меркаат куќата.
Аскерлии стојат пред вратата како колци. Никого не пуштаат во дворот да влезе.
- Бујрум, ефенди валијо, бујрум ефенди узбашијо, какво арно ве дотури до мојата куќа...
Ги кани Кољо и во мене гледа гламјосан.
Седнаа крснозе врз мендерлукот, со бројници в раце, подмижуваат, а со очите косо жнеат.
Валијата без да крене очи му вели на Кољо:
- Твојот катил син, веќе е под земја... Знаеше или не знаеше?...
к*ртул и од него... Ако знаеше, алал ти вера, ако не знаеше, ти кажувам да не кренеш врева, оти пулам, по чардаков булук внуци ти играат... Не ќе го сотревме, каурине ако не ни помогнеа тие што не мислеле како неговата глава...
Слушам или така ми се причинува? Кољо стои како колец, ми дава ишарет да не писнам. Каде може мајка да не си ги раскине градите кога на синовите црна земја очите им ги пие?!
Ронам солзи, пред мене си го доловувам јагленарот со кротките, благи очи. Зарем таа стројна снага, тие убави очи, сега без светлина да се? Го гледам како јагленар, како ми ги позеде парите со растреперени раце. Сал прстите му ги допрев. Му беа смрзнати од трепетот на срцето. Инаку беше пролет. Кога се оживува, расцветува и убавината се шири.
Тогаш сфатив што изгуби народот мој. Бил главатар на народот, а нам само син...
По кого да тагувам сега? По Гоце или по Мицо?
Кога ги отворив очите, пулам, празен чардакот. Дворот послан со оронети латици од расцветаните дрвја. Лена ме гушка, ми раскажува колку време разговарала со Гоце пред да го напушти Солун; Руша ми ги трие рацете; Лика водичка во устата ми тура; Кољо седи врз миндерот како окован.
Им се истргнав од рацете на ќерките, се стрчав во градината, сама на себе си велам:
- Истрај, Султано!... Тој најдолг живот остави зад себе... Неговата нога каде ли не стапна. Сакаше сиромав да нагости, немоќен да крене... Истрај, Султано, пролет е, ластовичките нови гнезда прават, а невестите нови рожби ќе ни дарат...
Така. Кољо одеше и се враќаше од крчмата со крената глава. Како да им велеше на душманите:
Двајца синови ми убивте, ама имам уште двајца, и нив да ми ги убиете - имам уште толку внуци...
Куќата дење и ноќе ни беше сардисана. Се плашеа душманите од нивните души.
Една вечер, пред да му правиме четириесет дена на Гоце, го разбудив Кољо корнејќи си ги косите:
- Стани, Кољо, трчај во Круша Планина... Милан, Милан...
Мажот ми и децата се обидуваа да ме смират. Ама мајката знае, во неа чука срцето на синот. В зори еве ги мурарчани пред нашата порта.
Милан, третиот ни син, одвај дваесет години имаше наполнето. Со песна легнуваше, со песна стануваше! И сега му го слушам гласот како пее, како ме довикува.
- Мајко... Во Круша Планина сум паднал... Сам против многу Турци... Три дена лежам... Никој не доаѓа по мене...
Три дена таму лежел, комитите не можеле да му се доближат снагата да му ја кренат, оти аскерот на нишан ги чекал.
(Го завршува сновењето. Три колци, врзани со јака преѓа во основа за платно.)
Гледам многу сонце врз јаболкниците. Голема светлина. Ни Мицо, ни Гоце, ни Милан нема да ги осветли... А пуста мајка, со грстови ја фрла врз нивните гробови иако не ги знае каде им се...
Еден ден влегува Кољо бесен дома:
-Султано, Руша ќе ни ја изгори куќата до темел. Живи ќе не испечат. Еден доушник дојде во крчмата и ми рече, ја видел, терала девет товари пушки накај Круша Планина. Пушки носела, Султано, пушки на четите!... Цела Македонија се кренала на нозе.
-Та утре е Илинден, добро - му реков.
(Воздивнува, долга пауза.)
-За нас Илинден замина - ми вели.
-О, не, ќе замине и Ристе, сака во планина да замине. Татко му од врата не го пушта да излезе, ама ...
Пуштете го, викнав. Нека оди. И на Руша не и вели ништо. Во нејзините гради срцата на браќата и тупкаат. Три срца. Кој ќе ја сопре неа? Браќа и ги дадоа нишките. Еве, вака, на калем вдената. А таа само по нишките чекори. Од овој крај до оној, низ целата земја...
Крај
Книгоиздателство МАКЕДОНСКА ИСКРА - Скопје
Ката Мисиркова – Руменова
/Мајката на Делчеви / Ката Мисиркова - Руменова. - Скопје : Македонска Искра, 2003. - 32 стр. : илустр. ; 23 см. - (Едиција Сведоштва)
ISBN 9989-831-75-0 1.
Руменова, Ката Мисиркова – види
Мисиркова - Руменова, Ката
СОВIЅЅ. МК-ID 53559306
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 12:21
Boogie напиша:
Твојата логика веке не ме интересира,ти покажа дека пропагандата ти е појака страна од логиката така да мислам дека бесмислено пишуваш,народски кажано не си раэбран,имаш испран моэок секој эаклучок ти води кон едно та исто |
Не ми е испран мозокот, Буги.
Разликата меѓу мене и тебе е дека ти не можеш да ја разбереш разликата помеѓу сегашноста и минатото.
За тебе не може да има еволуција, развој, за тебе се` е исто од Адама до сега.
Нешто како Дарвин срешту Библијата.
-------------
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 14:09
OOOOOOOOOOOOO Јаки зборови од Бугарин кој сеуште мисли дека и Турците и Ромите во Бугарија се Бугари по етничка припадност,да не зборам за Македонците пак.
Незнам што ти е поентата со сликава па ке ја сметам за пропаганда и ке ја тргнам
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 14:19
Boogie напиша:
Незнам што ти е поентата со сликава па ке ја сметам за пропаганда и ке ја тргнам
|
Поентата е тоа што ти не го прифаќаш тоа што го пишува Талев. Истото го пишува и Димо Хаџи Димов и многу други.
Не ја тргај, нека се види што пропагирам.
-------------
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 14:22
Не е дека јас не ги прифаќам пишуваните зборови на Талев или на Димо Хаџи Димов туку јас не прифаќам препишувања и придодавања на етикети кои подоцна ке служат во политички цели,пропагандите си имаат то во матичните држави нема потреба тука да седат
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 23:12
Јаворов убаво эапишал дека Гоце е Македонец но тајната Бугарска служба тоа го дотерала малку па сега ти иэгледа дека Делчев е Бугарофил (бугарин неможе да биде во никој случај,не е роден во Софија)
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: ADVISOR
Датум на внесување: 11.Октомври.2009 во 22:11
Zosto i ovoj e kontroverzen
-------------
|
|