IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Анемија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Анемија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
ana sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2278
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ana sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2009 во 23:45
pocetok na leukemija simptomi?
...moze ne sum sovrsena ama sekogas sum jas...
Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 21:34
Originally posted by renatax renatax напиша:


Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

kako da go popravam serumskoto fe?
se probav i prirodno i vestacko...a hgb mi e ok
aj mislenje vase pls?
Anita iako Hb-ot ti e vo red,niskoto serumsko zelezo kazuva deka imash prazni eritrociti i potrebno e da vnesesh zelezo pokaj so ishrana i vo tabletarna forma  zaedno so vit C,za podobra  apsorpcija na zelezoto.



Кога имаш намалено серумско железо тоа значи дека ти се мали резервите на жлезо во организмот, а штом велиш дека HB ти е добар, еритроцитите не ти се празни, напротив...

Јас еден период имав многу ниски вредности на серумското железо, ама и низок хемоглобин - тогаш ми помогнаа таблетите Ретафер (тоа беше пред повеќе од 6 години), не знам дали уште ги има во аптеките, ама провери... само едно ќе ти кажам, имаат лоша нуспојава - за кого-како, ама за мене лоша - ми отворија апетит, па додека ги пиев, се поправив скоро два конфекциски броја

во секој случај, што и да одбереш, било кој препарат Фероглобин, ретафер, ферум лек, ревита, спирулина - секогаш треба да биде заедно со витамин Ц и мораш околу 6 месеци да го пиеш за да се нормализира состојбата...

моја препорака е фероглобин - само после еден месец ми се поправи крвната слика, т.е еритроцитите ми се „наполнија“ со хемоглобин

ова го зборувам не само како медицинско лице, туку и од лично искуство - со години сум анемична, поточно уште од кога добив менструација - во текот на првите години губев многу крв, па поради тоа и се јави анемијата... во секој случај, најдобро е да се изнајде вистинската причина за анемијата па соодветно да се лекува
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2009 во 21:36
Originally posted by ana sk ana sk напиша:

pocetok na leukemija simptomi?


обично слабост, вртоглавици, намален имунитет, лесните настинки се со поизразени симптоми, мислам дека и зголемени лимфни јазли се еден од раните симптоми...

It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 18:14
Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

kako da go popravam serumskoto fe?
se probav i prirodno i vestacko...a hgb mi e ok
aj mislenje vase pls?






Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2009 во 23:35
Анемија е знак за сериозни заболувања
Симптомите настануваат постепено со манифестно бледило на кожа и видливи лигавици, вознемиреност, срцебиење - тахикардија, губење апетит

Анемија е намалена концентрација на хемоглобин (кај жените под 12 г /отсто, кај мажите под 14 г/ отсто ) во црвените крвни зрнца, што предизвикува и намалено снабдување на ткивата со кислород. Иако постојат неколку вида анемија, издвоени се заеднички симптоми и знаци - "светки" пред очите, поспаност, вртоглавица, зуење во ушите, губење способност за концентрација, брз замор, намалена работоспособност, срцебиење, мачнина, губење апетит, запек или пролив, нарушување на менструалниот циклус кај жените и губење на либидото кај мажите.

На преглед најчесто се открива и бледило на кожа најизразено на дланките и на ноктите, бледило на видливите лигавици (лигавица на уста, конјуктиви), забрзана работа на срце, неоргански (невин) шум во претсрцевиот предел.

Најчеста причина за анемија е недостаток од железо (нутритивна анемија), која се среќава кај деца во периодот на брз раст (доенчиња, мали деца, деца во пубертет, особено кај девојчиња). Причина за оваа анемија може да бидат различни крвавења од желудникот и цревата, како и од други органи. Жените што имаат обилни или долготрајни менструации страдаат од анемија. Многу лекарства од типот на аналгетици, антиревматици (средства против болки - андол, аспирин може да предизвикаат крвавење во желудник и црева, по што луѓето "стануваат" анемични. Анемија кај возрасните може да упатува на сериозно заболување. Затоа секогаш мора да се открие причината за слабокрвност пред да се почне со лекување. Во крвта се намалуваат хемоглобинот и серумското железо, а симптомите настануваат постепено со манифестно бледило на кожа и видливи лигавици, вознемиреност, срцебиење - тахикардија, губење апетит. Лекувањето се состои во менување на режимот на исхрана и отстранување на причината што ја предизвикала анемијата.

Орално се даваат препарати на железо. По нормализирање на крвната слика, препаратите се пијат уште четири до шест недели за да се наполнат резервите на организмот со железо.

Видови анемии
Недостаток од некои витамини како витамин Б12 и фолна киселина може да предизвикаат мегалобластна (пернициозна) анемија. Кај болните белките во очите пожолтуваат, а може да настане и потполно губење на осетот за допир. Овој вид анемија се лекува со витамин Б12 (инјекциона терапија), а кај тие што имаат недостаток од фолна киселина, витаминот се дава орално.

Предвремено разградување на еритроцити (хемолиза) доведува до хемолитичка анемија од различен степен. Проследена е со жолтица, зголемена слезинка, камен во жолчното кесе, а во потешки форми на болеста со зголемена температура, болки во стомак, намалено мокрење. Овој тип анемија може да е наследен или стекнат. Лекувањето е со трансфузии крв, а потоа се отстранува причината што предизвикала анемија.

Кај заболувања од хроничен карактер (белодробна туберкулоза, бронхиектазии, хронични апсцеси, хронични воспаленија на мочните патишта, загнојување на коски итн) доаѓа до појава на анемија. Преовладува симптоматологијата на основна болест со симптоми на анемија. Кај овие анемии прво се лекува основното заболување.
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 15:48
Originally posted by Evenstar Evenstar напиша:

Originally posted by renatax renatax напиша:


Originally posted by ANITA11 ANITA11 напиша:

kako da go popravam serumskoto fe?
se probav i prirodno i vestacko...a hgb mi e ok
aj mislenje vase pls?
Anita iako Hb-ot ti e vo red,niskoto serumsko zelezo kazuva deka imash prazni eritrociti i potrebno e da vnesesh zelezo pokaj so ishrana i vo tabletarna forma  zaedno so vit C,za podobra  apsorpcija na zelezoto.



Кога имаш намалено серумско железо тоа значи дека ти се мали резервите на жлезо во организмот, а штом велиш дека HB ти е добар, еритроцитите не ти се празни, напротив...

Јас еден период имав многу ниски вредности на серумското железо, ама и низок хемоглобин - тогаш ми помогнаа таблетите Ретафер (тоа беше пред повеќе од 6 години), не знам дали уште ги има во аптеките, ама провери... само едно ќе ти кажам, имаат лоша нуспојава - за кого-како, ама за мене лоша - ми отворија апетит, па додека ги пиев, се поправив скоро два конфекциски броја

во секој случај, што и да одбереш, било кој препарат Фероглобин, ретафер, ферум лек, ревита, спирулина - секогаш треба да биде заедно со витамин Ц и мораш околу 6 месеци да го пиеш за да се нормализира состојбата...

моја препорака е фероглобин - само после еден месец ми се поправи крвната слика, т.е еритроцитите ми се „наполнија“ со хемоглобин

ова го зборувам не само како медицинско лице, туку и од лично искуство - со години сум анемична, поточно уште од кога добив менструација - во текот на првите години губев многу крв, па поради тоа и се јави анемијата... во секој случај, најдобро е да се изнајде вистинската причина за анемијата па соодветно да се лекува
fala  milaголемо%20гушкањеno sepak menzisot mi e ok samo neznam od shto moze da bide збунетост
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2009 во 15:56
Originally posted by bijonse1 bijonse1 напиша:

Анемија е знак за сериозни заболувања
SONCE MISLIS DEKA IMAM NEKOE ZABOLUVANJE SHTOM FE MI E 3изненадувањезбунетост


Изменето од Biba_G - 25.Октомври.2009 во 16:27
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 10:07
Лек за слабокрвните

Анемијата предизвикана од недостаток на железо често се јавува кај децата, тинејџерите, жените со интензивни менструални крвавења и кај старите луѓе.

На сите кои патат од анемија им се препорачува исхрана со продукти кои содржат железо, покрај препаратите со железо кои им ги препишал лекарот.

Врз апсорпцијата на железото од продуктите влијаат многу фактори. Колку организмот ќе го искористи овој елемент зависи, пред се од формата на железото во продуктите. Така, железото во производите од животинско потекло многу подобро се апсорбира, за разлика од она во зеленчукот.

Апсорпцијата на железо од билките се подобрува ако во истиот оброк тоа се комбинира со продукти богати со железо од животинско потекло. Но при овие комбинации треба внимание зашто постојат продукти кои ја подобруваат апсорбцијата, но и такви кои ја забавуваат или отежнуваат.

Продукти кои ја инхибираат ( отежнуваат ) апсорпцијата на железо од другите продукти се спанаќот, црното вино, кафето, чајот, блитвата, сојата и соините производи.

Продукти кои ја подобруваат апсорпцијата се цитрусите ( портокал, лимон, грејфрут ), јагоди, брокули, домати, сок од домати, компир, зелена и црвена пиперка и бело вино.

Внесувањето 100 милиграми витамин Ц со јадењето може 100 отсто да ја зголеми апсорпцијата на железо.

Доколку за време на оброкот или после оброкот испијте чај или кафе ја намалувате апсорпцијата на железо за 50 до 100 отсто.

Коприва против малокрвност

Во пролет соберете млади коприви од чисти површини. Измиени сварете ги да омекнат. заради силниот вкус првата вода може да се истури, но со тоа се губат и дел од витамините.

Сварените коприви исечкајте ги, измешајте ги со кисела павлака и лажица црно брашно и варете на ниска температура, една до две минути.

Тргнете од оган и додадете малку морска сол, мелен бибер, мелено морско оревче и поголема количина исечкан лук.

Зачинете со малку путер или 2-3 лажици масло.

Покрај тоа што ја зајакнува крвта, овој "спанаќ" е и чист заради високиот процент на витамините А и Ц во копривата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 15:53
........koprivata pomaga mnogu.......да
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 00:36

ФОЛНА КИСЕЛИНА
folic acid
таблети 20x5 mg

» се издава на рецепт




Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.


ИМЕ НА ЛЕКОТ
ФОЛНА КИСЕЛИНА
folic acid
ATC B03B B01
КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН СОСТАВ
1 таблета содржи 5 mg фолна киселина.
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
-       Мегалобластна анемија предизвикана од дефицит на фолна киселина;
-       Фолната киселина се применува и во превентивни цели во следните случаи: гравидитет, интензивен раст и развој (деца), синдром на малапсорпција (спруе, целијачна болест, дивертикулоза на цревата), примена на лекови кои можат да предизвикаат дефицит на фолна киселина (фенитоин и други антиепилептици, орални контрацептиви, изониазид, метотрексат, аминоптерин, приметамин, триметоприм, сулфонамиди);
-       Превенција на дефекти на неуралната туба кај жени пред да забременат.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Најчесто фолната киселина се применува орално.
Возрасни:
За лекување на мегалобластна анемија настаната поради дефицит на фолна киселина се препорачува една таблета (5 mg) на ден во тек на 4 месеци. За одржување на постигнатиот ефект се применува доза од 5 mg на ден 1-7 дена, зависно од состојбата на заболувањето.
При постоење на малапсорпција се применуваат дози од 15 mg/ден (3x5 mg)
Профилактичката доза на фолна киселина (во текот на примена на лекови кои можат да предизвикаат дефицит на фолна киселина) изнесува 5 mg/ден.
За лекување на мегалобластна анемија чија етиологија не е утврдена се препорачува истовремена примена на фолна киселина и витамин Б12.
Профилакса од мегалобластна анемија во бременост:
Профилактичките дози на фолна киселина во текот на гравидитетот изнесуваат од 200-500 mcg/ден.
Превенција на дефекти на неуро-тубусот на фетусот:за заштита од дефект на неуро-тубусот, кај жените со висок ризик за настанување дефекти на неуро-тубусот на фетусот се препорачуваат дози од 4-5 mg/ден, почнувајќи 4 недели пред забременувањето, па се до 3-от месец од бременоста. За другите жени се препорачува доза од 400 mcg/ден.
КОНТРАИНДИКАЦИИ
 
- Преосетливост на фолна киселина,
- Пернициозна анемија.
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 20 таблети од 5 mg


Изменето од bijonse1 - 21.Февруари.2010 во 00:36
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2010 во 00:39

Фолна киселина (витамин Б9)

Зошто ни е потребна фолната киселина?

Фолната киселина спаѓа во групата на витамините Б и е позната како витамин Б9. Таа е значајна за многу важни процеси во организмот како создавање на црвени крвни зрнца или создавање на ДНК и РНК. Консумирањето на фолна киселина му дава енергија на организмот и на таков начин тој ја пребродува умората. Фолната киселина помага и за подобро апсорбирање на витаминот Б12, при стрес и депресија и во борбата со многу болести на срцето, рак и Алцхајмеровата болест.

Зелени%20зеленчуци
Фолната киселина е застапена во сите темнозелени зеленчуци.

Бремените и жените кои што планираат да забременат треба да се добро информирани за големата улога на фолната киселина за развојот на фетусот. Фолната киселина е потребна за формирање на плацентата и правилното развивање на плодот. Таа е одговорна за создавањето на мозокот и грбниот столб на бебето, уште во првите месеци од бременоста.

Фолната киселина уште и ја намалува веројатноста за појава на дефекти на мозокот или грбниот столб на новороденчето за 70-80%. Затоа, бремените жени треба да внесуваат поголемо количество фолна киселина.

Денес многу бремености се непланирани и жените најчесто дознаваат за нив во вториот месец од бременоста, па затоа не консумираат доволно фолна киселина. За да не се случи тоа, експертите препорачуваат секоја жена во репродуктивна возраст да внимава на внесените количини фолна киселина.

Симптоми при недостаток на фолна киселина

Некои од симптомите кои што можат да се појават при недостаток на фолна киселина се:

  • Анемија;
  • Депресија;
  • Инсомнија;
  • Раздразнителност;
  • Загуба на апетит;
  • Омалаксаност во мускулите.

Недостатокот на фолна киселина најчесто се појавува кај луѓето кои имаат проблеми со дигестивниот систем, бубрезите, црниот дроб или што консумираат многу алкохол.

Препорачани дневни потреби за фолна киселина

  • Бебиња (0-6 месеци) – 65μg
  • Бебиња (6-12 месеци) – 80μg
  • Деца (1-3 години) – 150μg
  • Деца (4-8 години) – 200μg
  • Деца (9-13 години) – 300μg
  • Возрасни (14 години и нагоре) – 400μg
  • Трудници – 600μg
  • Доилки - 500μg

Предозирањето со фолна киселина преку исхраната скоро и да е невозможно, затоа што организмот многу бавно ја апсорбира. Но, ако консумирате фолна киселина како додаток во форма на таблети, може да дојде до предозирање. Затоа, ако се решите да примате фолна киселина дополнително, консултирајте се со доктор.

Максималното количество фолна киселина кое е безбедно да го внесете е 1000μg (за мажи и жени постари од 19 години).

Храна богата со фолна киселина

Човечкото тело постојано има потреба од фолна киселина, но не може само да ја произведува. Фолната киселина не може да се складира во организмот долго време. Затоа треба да ја внесуваме постојано преку исхраната.

Фолната киселина најмногу е застапена во спанаќот, брокулите, карфиолот, црниот дроб, телешкото и јагнешкото месо, сите темнозелени зеленчуци, морковот, дињата, авокадото и лебот.

Додека консумирате храна богата со фолна киселина убаво е да пиете сок од портокал или друг сок богат со витамин Ц. Витаминот Ц му помага на телото подобро да ја апсорбира фолната киселина.



Изменето од bijonse1 - 21.Февруари.2010 во 00:40
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 18:28
Problemot so vrtoglavicata ne se povleche pa reshiv da ja proveram krvnata slika.Hemoglobinot i ser.Fe mi se na dolna granica(12,a s.Fe6).Pred nekolku godini mi otkrija miom na matkata (so velicina 22 mm.)Dali bi mozelo miomot da bide pricina za anemija?
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 18:41
Миомите се бенигни израстоци од мазното мускулно ткиво на матката. Се јавуваат кај 20 - 50% од сите жени. Секоја трета жена, по 35-тата година од животот, има миом. Миомите растат на различни места и делови на матката. Причината за настанувањето на миомот не е сѐ уште позната, но со оглед на фактот што миомите јавуваат во репродуктивниот период на жената и што нивната големина се намалува во постменопаузалниот период, сето тоа зборува во прилог на естрогената зависност на миомот Поголем број на жени немаат никакви симптоми и кај нив може миомот случајно да се открие, при рутински гинеколошки преглед. Поголемите миоми можат да пердизвикаат неправилни, интензивни и продолжени крварења пратени со анемија, како и чувство на притисок во стомакот или чувство на надуеност. Понекогаш миомите ги притискаат околните органи како: мочниот меур и дебелото црево и на тој начин да предизвикуваат одредени тегоби. Чести се и болки во слабините.

Изменето од renatax - 24.Февруари.2010 во 18:42
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 21:00

 

Што е анемија?

Анемија е заедничко име за група на заболувања кои се однесуваат на црвените крвни зрнца (еритроцитите).

Анемијата е состојба во која е намален бројот на црвените крвни клетки или еритроцити во организмот. Еритроцитите во крвта се задолжени за пренесување на кислородот, односно на хемоглобинот - белковина што низ крвта го пренесува кислородот од белите дробови до ткивата.Кога се еритроцитите, а со тоа и хемоглобинот ниски, крвта не успева да ги снабди ткивата на организмот со доволна количина на кислород.

Еритроцитите се создаваат во коскениот мозок и нормално се распаѓаат после 4 месеци живот. Анемија настанува кога е пореметена рамнотежата на овој механизам.

Причините за анемија вклучуваат:
- недостиг на железо, што е главен составен дел на хемоглобинот (храна сиромашна со железо)
- губиток на крв при обилни менструални крварења или внатрешно крварење кое може да е последица на болест (чир, тумор...)
- недостиг на витамин В-12 и фолна киселина , кои се потребни за продукција на еритроцити
- дефектна коскена срцевина, како што е случај при леукемија
- инфекција пр. маларија

Вообичаени симптоми при анемија се:
- замор
- малаксаност
- палпитации (забрзан или нерегуларен пулс)
- вртоглавица

При тешка анемија може да се јави болка во градите и во нозете.

Најчесто анемија настанува поради недостиг на железо. Проблемот може да биде консумирање храна во која недостасува железо. Добар извор на железо е овоштие, нерафинирано брашно, грав и посно месо.
Сепак, најчеста причина за железо-дефицитна анемија е поголем губиток на железо како резултат на појачано или перманентно крварење. Причина за тоа се најчесто болести на дигестивниот тракт како гастритис, пептичен улцер, рак на желудник, воспаление на дебело црево, хемороиди и тумори на дебелото црево.

Анемија поради недостиг на витамин В-12

Овој тип на анемија најчесто е последица на неадекватна апсорпција на витаминот В-12 од исхраната. Се јавува при чир или тумор на желудник, болести на тенко црево или, после операции на желудник и тенко црево.
Вегетеријанци имаат зголемен ризик за развој на овој тип на анемија поради тоа што витаминот В-12 се наоѓа само во храна од животинско потекло. Витаминот В-12 го има во изнутрици, месо и млечни производи.

Анемија поради недостиг на фолна киселина

Главна причина за овој тип на анемија е недостиг на фолна киселина во исхраната и кај луѓе кои конзумираат голема количина на алкохол. Фолната киселина ја има во свежо овоштие, зелен зарзават, грав и цереалии.

Анемиите поради недостиг на витамин В-12 и фолна киселина се познати како мегалобластни анемии.

Како може да се превенира развој на анемија?

Многу е важно да се има здрава и врамнотежена исхрана и да се конзумира храна што има доволно железо, фолна киселина и витамин В-12. Конзумирањето алкохол треба да се намали. Строги вегетаријанци треба да земаат витамин В-12 за да избегнат недосиг на овој витамин.

Како се дијагностицира анемија?

Главен тест за дијагностицирање на анемија е крвната слика. Овој тест го покажува бројот на еритроцитите, нивната големина и форма. Може да се одреди и концентрацијата на железо, витамин В-12 и фолна киселина во крвта.

Терапија

Терапијата на анемијата зависи главно од причината.
За многу луѓе со железо-дефицитна анемија, терапијата се состои од земање таблети со железо. Оние, кои имаат проблеми со апсорпција на железото, треба да примаат инекции наместо таблети. При витамин В-12 дефицитна анемија, се даваат инекции со витамин В-12. Обично, кај овие пациенти е потребно, инекциите да се даваат редовно, на три месеци до крај на животот.

Ако е анемијата последица на внатрешно крварење, може да има потреба од примена и на други лекови или операција. При тешки анемии се даваат и крвни трансфузии.

Ако анемијата не се третира, симптомите ќе се влошуваат и пациентот може да стане многу слаб и малаксан а понекогаш може да се јават и болки во нозете при пешачење. Ослабува и одбранбениот систем против инфекции.

Превенција

Најдобар начин за превенција на железо-дефицитна анемија е да се конзумира храна богата со железо. Препорачана дневна доза е 7 мг. за маж и 11 мг. за жена.
Железото го има во месо, изнутрици, цереалии, зелен зарзават...

На следната листа се дадени количините железо содржани во 100 мг храна:
- јагнешки џигер ..... 10 мг
- пченкарни трошки ..... 7.5 мг
- варен стек ..... 2.7 мг
- леб од крупно мелено брашно ...2.7 мг
- спанаќ (варен) ..... 1.7 мг
- брокули (варени) ..... 1 мг

Се препорачува да се конзумира храна богата со Ц-витамин заедно со извори на железо кои не потекнуваат од месо, затоа што витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото......да



Изменето од bijonse1 - 24.Февруари.2010 во 21:20
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.