IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Крвта на Исус
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Крвта на Исус

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Крвта на Исус
    Испратена: 08.Јануари.2008 во 00:17

3А КРВНАТА ОДМА3ДА ВРЗ ИСУС

Анализирајќи огромен број книги, записи, фрески и икони поврзани со Охрид Oxpидcкoтo езеро, упорниот истражувач Милош Линдро открил шокантен податок во крип­тограмот на првата страница на Болоњскиот псатиLetopis.jpgТоа е  еден од најстарите манускрип­ти, напишан, како што стои вo една белешка, воселото Равне, денес Рамне, Охридско. Станува збор за ракописна книга која била продадена во Битола, а потoa пренесена и зачувана во Болоња па денес е позната како Болоњски псалтир Првото печатено издание датира од 1746-година. Направено е вo Париз, ако се загледаме во копијата нa првата страница на оригиналниот ракопис ќе видиме вињетка исцртана со црвена боја, налик на стотици други средновековни ракописни книги. Во центарот има крст со испишани букви I C Х C, а под нив Н И К А. Тоа се кратенки кои дeнес минуваат како општопознати. Hо, какво изненадување не чека кога ќе започнеме да го читаме објаснувањето на тие кратенки е дадено на латинскијазик од кардиналот приредувач нa првото печатено издание. Bо тоа издание подготвено од кардиналот Николо Антонели, всушност е дадено навистина шокантно објаснуванње, на латински и на старословенски јаэик. Оној што ја толкувал содржината на тој толку познат, но мистериозен криптограм, го протолкувал на следниов начин: Explicatio signi Ѕаnctае Crusis in forte Codicus posi­tae Litterae superius роѕitае I С Х С signficant Јеѕus Christus. Litterae inferius adjectae N Н К А sumuntur pro initialibus et communi sensu sic explicaktur С N (idеѕt In Сruсе). I (redmit), К (sanguine) А (Adam, ѕеu Adamum). Значи, тоа HИ КА, под ИС ХС, е всушност кратенка од старословенската речаница: Hа крести Искупиу Кровиу Адама, а тоа ќе рече Исyc Христос бил погубен на крстот (поради) искупување (редимит) нa Крвта Адамова. Значи, според Болоњскиот, односно охридскиот псалтир, Исус бил погубен поради крвна одмаэда, и тоа нe поради некаков апстрактен грев туку поради нешто сосема конкретно - поради пролеана царска машка крв!

Затоа нe е запишано peccatum (= грев) туку Sangiune ( = крв). 3начи, точно е дека има debita (=долгови), но должници не се сите луѓе. Целиот човечки род, туку тоа се сосема конкрет­ни должници. Меѓу нив, некој несреќен Иса (нe Језус е избран за да го врати долгот нa cвojoт славен предок Давид. И тоа, откако се самопро­гласил за негов потомок и претендент на престолот нa Израел. Но, заради која крв нa Адам, требало да биде жртвуван невиниот Исус? Заради оној првосоздаден Адам или заради некој друг? И нe е ли Првиот Адам, Првиот маж, всушност првиот кадмеец- самиот Кадмо, основачот на Охрид? Значи, станува збор за Адам Кадмон, односно Азам Козмои, водачот на мажи - эмејови. Тој маж е основачот нa кланот нa кад­меите, кланот нa Енхелеите, а тоа е Лихнидскиот т.е. Охридскиот клан на јагулите. Сето тоа неминовно се наметнува од забалешкита и комен­тарите кон древниот Болоњски псалтир, а таа ракописна книга е отпечатена и објавена како сериозно издание од сериозен богослов, додека кардиналот Антонели го подготвил печатеното издание. Се поставува прашањето зошто криптограмот нема грчко туку само латинско објаснување. Всушност , зошто  до кардиалот Антонели немало смислено, разумно и прифатливо толкување на латнски јазик? Бидејќи толкувањето на кардиналот никогаш нe било jавно отфрлено, се поставува прашањето каде се случило злоделoто, каде е нзвршена одмаздата и зошто изборот паднал на невиинот Исус? Да бидеме појасни: Исус нe е од родот Адамов туку од друг род кој извршил злодело. Исус е од Давидово колено, од кланот Есеев. А царот Давид како што сосема јасно е кажано за негo сo Библијата, е узурпатор на Јудејскиот престол. Можеби точно тoa бил престолот на Кадмо, основачот на Ликнид, градот кој бил на просторот на денешен Охрид. А времато нa тие настани? Дали епохата на Давид и епохата на Кадмо е иста епоха. Можеби тие нe се современици, но сиryрно нe ги делат столетија. Тука треба да потсетам дека во псалмите кај светиот цар Давид узурпаторот Давид има толку многу нарав од своите непријатели. Јасно е дека Давид се плаши од крвна одмазда, всушност се плаши од потомците на детронизираната динас­тија на Кадмо, од потомците на Земела и Дионис, од потомците на Пен-теј, значи од кадмовото охридско колено. Токму од тоа колено е уби­ениот Пен-теј, а тој е вториот поспе Кадмо, втo­риот Адам. 3атоа целиот живот на Давид, царот - узурпатор минува во страв од крвна одмазда. а на крај крвната одмазда го стигнува Давидовиот потомок Иса. 3гора тpeбa да сe претпостави дека и злосторството и одмаздата, се извршени нe многу далеку од местото Равне, каде што е запишан таканаречениот Болоњски псалтир, кој започнува со криптограмот I С Х С / Н И К А. Минале поколенија до мигот кога Иса сам се прогласил за наследник на Јудејскиот престол, затоа што бил од Давидов род, и тогаш крвта на Адам Кадмо е одмаздена со измачување и насилничка смрт на невиниот Језус од кланот Давидов. Затоа Иса (Језус) од гледна точка на Пилат е невин. Bо неговите очи тoа е расчистување стари сметки. Oд друга страна HИ КА на грчки со столетија се преведу­ваше како победник. И денес сите наши православни попови и учели теолози мислат дека HИ КА навистина значи пoбедник. Очигледно е дека само во словенскиот јазик во почетокот на 18-ти век тие почетни букви, тие четири збора, односно на цела една реченица, имале некаква подлабока смисла. носеле некак­ва прикриена и многу эначајна информација - вели Линдро.

Изменето од Boogie - 08.Јануари.2008 во 00:21
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 00:45
Со сета должна почит, ова може да пројде само во некој роман на Ден Браун.

ПРво и основно, ИСХС НИКА не го измислија кај Равне. Истиот анаграм (а не криптограм) е во улога низ вековите уште од самиот почеток на ширењето на Христијанството надвор од Палестина. Нема никакви добри причини да се верува дека и овде се работи за нешто поинакво од добро познатата „Христос Победник“ симболика (победник над гревот и смртта со своето воскресение се разбира).

Уште позбркана е самата анализа на поврзаноста на Давид. Давид воопшто не е узурпатор на Јудејскиот трон, тој во Библијата е всушност опишан како ДИРКЕТНИОТ Божји избраник за таа титула. Вистина, тој доаѓа како прв од една династија, заменувајќи ја династијата Саулова (Шаул), но при тоа ги истребува сите припадници на таа династија. Стравовите и борбите со непријателите опишани во Давидовите псалми, се случуваат во два периода: првиот период, додека како Помазаник Божји, се уште не може да се „докопа“ до тронот, заради Саула, и (2) вториот кога неговите синови Авсалом и Aдонија се обидоа да извршат државен удар, и делумно успеаа, се додека Давид не се врати назад на тронот, и се до својата смрт го чуваше за Соломон.

Поврзаноста на Давид со било каков си Адам и со било каква друга династија е едноставно непостоечка. Давидовото царство било едно од најсилните и најмоќните периоди на Еверјската држава, така што тој и немал вистински соперници, освен оние од внатре во палатата.

И конечно, не ја одземам можноста за некого НИКА да значи и тоа што ти го тврдиш. Всушност и самата Библија го нарекува Христа „Вториот Адам“ или „последниот Адам“. Но секогаш референцата е се разбира во теолошка смисла, реферирајќи на првиот грев. Мислам овој директен цитат ќе ви појасни многу:

„Како што смртта дојде на овој свет преку еден човек, Адам, така преку еден човек дојде и воскресението на мртвите, имено, преку Христос.“

Само во оваа, и во никоја друга смисла Христос е искупител на крвта Адамова.

И уште нешто, името Адам значи човек. Така да се когаш кога се зборува за потомците Адамови, се зборува за човештвото.

И во таа смисла Христос е искупител на крвта човечка.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 01:08
Знаев дека ова ке те заинтригира Аџија и мене ме заинтересира затоа и имам едно прашање.
Во Болоњскиот псалтир има делови кои се цитирани од таканаречено Христово писмо,тие цитати воопшто не постојат во Библијата - дали е можно да постоело прво некое друго издание на светата книга која подоцна е преправено и извадени да бидат најдолго бараните пишани страници на Исус?
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 01:28
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Знаев дека ова ке те заинтригира Аџија и мене ме заинтересира затоа и имам едно прашање.
Во Болоњскиот псалтир има делови кои се цитирани од таканаречено Христово писмо,тие цитати воопшто не постојат во Библијата - дали е можно да постоело прво некое друго издание на светата книга која подоцна е преправено и извадени да бидат најдолго бараните пишани страници на Исус?


Вообичаено кога се зборува за тн. писмо на Исус, се мисли на писмото што наводно го добил царот на Едеса од Исуса. Постои верзија на таа кореспонденција запишана од црковниот историчар Евзебиј, во 4 век, меѓутоа според сите стручни анализи се работи за псевдо-писание (т.е. припишување на друг автор) бидејќи во него има цитати од книга (диатесаронот) што е напишана преку 100 години после Христос, што нели е невозможно да ги напишал Исус 100 години пред да излезе таа книга.

Околу промените на светите списи мислам треба да се знае прво што се прашува. Новиот завет е пишуван во период од 2 децении па до еден век, по смртта и воскресението на Исус Христос. Што значи, Исус самиот со сигурност не напишал ниту еден збор од Новиот завет, туку други пишувале што тој кажувал и правел.

Второ, доколку постоеле некои „претходни“ евангелија, тие се уште не се пронајдени. Најраните вон-Библиски списи кои се однесуваат на темава, се всушност многу понови од Библиските списи. Односно, кога Библиските списи станале популарни, почнале да се јавуваат разно разни литературни „мршојадци“ што користејќи го насловот „евангелие“ „послание“ итн., сакале да промовираат или заработат. Сите тие потекнуваат најарно од вториот век, па понатаму.

Се на се, шансите да постојат вистински записи од самиот Исус, јас ги карактеризирам како мизерно мали. Особено додавајќи кон ова, дека се до Евзебиј (4 век) немаме ниту шпекулација дека такви списи постоеле.


Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 02:00
Аџија многу сакам да истражувам и дефинитивно ти си по упатен од мене ама на некои места се кажува а како што гледам и самиот знаеш дека митот за пишаните мисли на Исус постојат само не се знае каде се.Што е тоа исто неможе да се претпостави,јас на едно место само имам сретнато дека Исус нешто запишувал а тоа е по тајната вечера кога ги чекал Јуда со војниците да дојдат тој нешто запишувал,што запишувал никој не се усудува ни да претпостави но сепак се знае дека нешто пишувал,дали само тогаш исто е знак прашалник.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 02:10
Не после тајната вечера, туку кога кај него донеле блудница, која по еврејските закони бидејќи фатена на дело, требала да биде каменувана. Била донесена со цел да го фатат во стапица: ако каже да се каменува ќе го изгуби имиџот, аурата на милостивиот учител, која дотогаш ја градел, а ако каже да не се каменува ќе го обвинеле за напуштање и противење на татковските преданија и закони.

Исус ги игнорирал, си пишувал на земјата, вели Евангелието по Јован. КОга продолжиле да му досаѓаат, станал и ги изненадил со неверојатниот одговор: „Кој од вас е без грев, нека го фрли првиот камен?“

И веднаш клекнал и продолжил да си пишува. Што пишувал, никој не знае. Можеби пишувал гревови. Можеби пишувал имиња, кој знае.

Случката завршува со тоа што сите заминуваат, и Исус кога останува сам со блудницата и вели: „Кај се тие што те осудуваа? Ни јас не те осудувам, ама оди и не греши веќе“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 03:19
Е кога видиш нешто си се заинтересирал друго да те прашам,јас не толку знам за пишаните сведоштва за Исус но многу се интересирам за усните преданиа кај нашиот народ.
Има една приказна за најстарата црква во Македонија незнам дали си запознаен но таа денес не постои повеке од неколку камени столбови,се наоѓа во близина на селото Враништа Струшко-Дебарски крај.Длабоко во планините има едно место каде што за чудо само наутро на зори и навечер на самрак сонцето го фаќа,преполно е со врани ваљда од тука и името Враништа,по легендата се претпоставува дека Апостолот Петар тука го изградил првиот храм во името на Исус и тоа баш од камењата кои биле потпора на крстот на кој бил распнат Исус.Камењата и ден денес стојат и јас ги имам видено целите се шарени како облеани со црвена крв,некои викаат од црвеното земјиште во крајот а други викаат дека тоа е крвта на Исус затоа и враните доаѓаат по мирисот на крвта.
Петар се претпоставува дека е столб на Христијанството-Карпата на Исус тоа го пишуваат многу свети лица но дали е возможно ова предание да е вистинито,дали Македонија може да ја чува крвта на Исус?
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 11:29
Boogie,

не знам за можноста за такво нешто. Имено конкретно се знае дека Апостол Павле проповедал по патот Игнација, кој поминува нели низ цела Македонија, но за Петар историските податоци се поскептични дали тој воопшто бил во Македонија. јасно е дека бил во Рим, а не би било невозможно на патот кон Рим да поминал и од овде.

Но сепак, малку е чудно, зошто Апостолот Петар кој е од Галилеја, кој служеше во Ерусалим и Антиохија, на својот пат кон Рим, ПРВАТА црква би ја изградил баш во Враниште. Имено, зошто не во Ерусалим, Антиохија, Ефес, Атина, Солун или Рим? Сите овие биле многу позначајни мисиски центри каде што постоеле цркви уште веднаш по Христовото распетие, така да мислам дека се работи за уште една од оние бујни фантазии од македонскиот фолклор. Има одреден шмек, ама историската веродостојност е мала.
Кон врв
naemnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 658
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај naemnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 12:07
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

  цитати воопшто не постојат во Библијата - дали е можно да постоело прво некое друго издание на светата книга која подоцна е преправено и извадени да бидат најдолго бараните пишани страници на Исус?


Deneshnata biblija e vo golem del SKLOPENA vo III Vek po Hrista, koga vrvnnite Crkovni Vodachi se sretnaa vo Konstantinopol i odluchija sho ke uleze u Biblijata a sho ne.

Golem del od toa sho ne vleglo vo Biblijata e izgoreno kako del od Heretichki tekstovi.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 15:23
Originally posted by naemnik naemnik напиша:


Deneshnata biblija e vo golem del SKLOPENA vo III Vek po Hrista, koga vrvnnite Crkovni Vodachi se sretnaa vo Konstantinopol i odluchija sho ke uleze u Biblijata a sho ne.

Golem del od toa sho ne vleglo vo Biblijata e izgoreno kako del od Heretichki tekstovi.


уште еден Ден Браунов „факт“.
Кон врв
naemnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 658
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај naemnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 16:12
Originally posted by аџија аџија напиша:


уште еден Ден Браунов „факт“.


za zhal pozad taj fakt ne stoe Den Brown намигнување
Seto toa e javna Tajna.......

Si chul za koptichkite Skripti?

Znaesh za Gnosticite i Gospel of Thomas?

Prolog and sayings


Изменето од naemnik - 08.Јануари.2008 во 16:21
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 16:21
Коптските скрипти мислиш, и јас сум слушнал ама се тоа ми е како народни раскази,понекогаш не треба да се верува многу мада у многу случаеви народните птреданија имале некоја поентасреќа
Кон врв
naemnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 658
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај naemnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 16:26
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Коптските скрипти мислиш, и јас сум слушнал ама се тоа ми е како народни раскази,понекогаш не треба да се верува многу мада у многу случаеви народните птреданија имале некоја поента


Boogie, toa ne sa nikakvi predanija, tie postojat... Tuka na Germanskata televizija nonstop go toa pokazhuvat i bladat. Tie se momentalno chuvani vo Egipetski Muzej.

Nishto strashno vo toa. Eve sho spored tomasovoto Evangelije Isus rekol:

Whoever] knows [himself will] find this [and when you] know yourselves [you will know that] you are [children] of the l[iving] father. [But if] you will [not] know yourselves, [you are] in [poverty] and you are the pov[erty.]"


Sho mislesh, zasho Tie Crkvarite ne go priznale. Toa sho e gore kazhano im ja zima celata mokj. Ne mozhat da te plashat so babi i zhabi.........

Gnosticite sa progonuvani od Crkvata dodeka site ne bile od niv kako eretici ispoklani.




Изменето од naemnik - 08.Јануари.2008 во 16:27
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2008 во 17:00
Може може гледав еден документарец на дискавери за гностиците но сепак мислам дека тука повеке политичкото влијание вплеткало прсти.Мене ми беше збор за писаниата на Исус и неговата крв,дали е можно Исус да има свое рачно напишано евангелие кое кажува за патешествијата на Исус и неговите апостолизбунетост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.