IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Ватерполо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ватерполо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 20:16
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

МКД СОСТАВ


Далибор Перчиниќ

Милош Урошевиќ

Еди Бркиќ

Даниел Бениќ

Небојша Милиќ

Марко Мичиќ

Марко Башиќ

Игор Милановиќ

Душан Крстиќ

ненад Петровиќ

Милорад Крстовиќ

Иван Вуксновиќ

Сашо Поповски (к)

Љ. Мечкиќ (селектор)

С. Нонковиќ (тренер)

Б. Кузмановски (тренер)



МКД СОСТАВ

изненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадување


Изменето од да бе - 06.Јули.2008 во 20:32
Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 20:32
PS

поради шокот заборавих да кажа:

дабе

Изменето од да бе - 06.Јули.2008 во 20:32
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 22:28
krivo ti e deka vie vo nisto nemate reprezentacija sto znae neso osvem vo fudbal

Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 22:30
волейбол знаеш што е?
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 22:35
znam, epa ok i tamu    ama vo rakomet i vo kosarka i vo vaterpol ke ni se fatite vo fudbal tuka sme negde

Кон врв
da be Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 101
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај da be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 22:45
да бе
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2008 во 22:49
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

vo fudbal tuka sme negde



4:4 регуларно........ на пенали.....4:1 за нас

Изменето од BlackDevil - 06.Јули.2008 во 22:50
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 15:40

ВАТЕРПОЛО - ВО ВЧАРАШНИОТ НАТПРЕВАР СО РУСИЈА МАКЕДОНИЈА БЕШЕ НА ЧЕКОР ДО ПОБЕДАТА

"Зборнајата" се спаси од пораз

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА 9:9
(1-2, 4-2, 3-5, 1-0)

Малага - Акватик центар, Судии:Тугла (Тур), Ставридис (Грц), Делегат Крамер/ Бестис.

РУСИЈА: Давиташвили, Катков, Јурчик (3), Аленичев, Зелтоваки, Мокиенко, Калтурин (1), Фатахудинов, Степанјук (3), Вишњаков (1), Ашаев (1), Агарков, Иванов.

МАКЕДОНИЈА: Перчиниќ, Милановиќ, Вуксановиќ, Крстовиќ, Милиќ (3), Поповски, Миќиќ (3), Бркиќ, Крстиќ (1), Башиќ (1), Петровиќ, Бениќ (1), Урошевиќ.

Во рамките на ЕП во ватерполо во Малага во Шпанија вчера се одиграа натпреварите од 3. коло. Нашата селекција беше на чекор до победата против Русија, а со тоа и на втората сензација. На пет минути до крајот имавме водство од 9:8, а пред тоа и два разлика (9:7), за на крајот мечот да заврши мириљубиво 9:9. Со тоа и девете репрезентации освоија по 1 бод. На Русите ова е прв, а за нас четврти, после триумфот над Романија.

А почнавме одлично. Резултатот прв го отвори нашиот тим, поточно Бениќ во 2 минута од натпреварот. Набрзо следуваше изедначување за што најзаслужен беше Степанјук. Следните неколку минути и двете селекции наизменично се менуваа во нападот за на две минути до крајот на првата четвртина на одалеченост некаде од околу 5. м Н. Милиќ упати прецизен удар од далечина, за водство за Македонија од 2:1. Со тој резултат заврши првата четвртина.

Втората четвртина му припадна на нашиот противник. Откако видоа дека неможе да формираат изградена акција рускиот селекторот Собшенко, ја смени тактиката. Отиде на удари од далечина, удари од неизграени акции, во кои факторот изненадување беше пресуден. За нивна среќа тоа им успеваше. Најнапред на Калтурин за изедначување (2:2), а потоа и на Степнјук за водство од 3:2. Потоа следуваа два напади по еден на двете страни, но неуспешни. Веќе во третиот, или вториот на нашата селекција Милиќ бие за изедначување за 3:3. Набрзо потоа, чувствувајќи ја опасноста од нашата игра, од нашите напади, рускиот селекторт Собшенко побара "тајм аут". Веќе во следната акција Русите, со играч повеќе, доаѓаат до ново водство (4:3). Стрелец беше Јурчик и повторно со удар од далечина. Во следниот напад пенал за нашиот тим кој успешно го реализираше Миќиќ, за ново изедначување (4:4) На триесетина секунди до крајот на втората четвртина иста слика како и претходниот гол. Удар од дистанца и пак Јурчик, за водство од 5:4. Со тој резултат се отиде на одмор.

Во вторите две четвртини ја сменивме тактиката, особено во третата во која игравме поагресивно ватерполо, со изградени акции кои вродија со плод. Не само што ја анулиравме негативата од еден гол туку и поведовме со два гола предност. За изедначување стрелаше Башиќ (5:5), за водство Миќиќ (5:6), а за два гола разлика Милиќ (5:7). Токму после тоа се почувствува пад во играта на нашиот тим. Веројатно желбата за победа беше преголема, па почнавме често да грешиме. Тоа траеше околу 3. минути, минути кои Русите ги искористија. И повторно Јурчиќ (6:7). Само што појдовме од центарот, во изградена акција гол за нашиот тим кој го постигна Крстиќ, за задржување на разликата од два гола, за 6:8. Следуваше контанапад на "зборнајата" со успешна завршница на Ашаев (7:8). После 20 секунди, кога нашиот тим имаше играч повеќе, Миќиќ квалитетно реализира за 7:9. На седум секунди до крајот на третата четвртина Русите го враќаат ударот. Вишњаков за 8:9.

Во последната четвртина велговме со водство од гол предност. Се играч третата минута кога Степанчук го изедначи резултатот (9:9). Во последните пет минути и двете репрезентации имаа шанса за постигнување на гол, да дојдат до победа, но сето тоа беше јалово. Сите приоди кон двата гола беа затворени, се одеше на чести прекини, се шутираше од дистанца, непрецизно.

На крајот и двете селекции, според прикажаното, засклужија по еден бод. Можеби ние ќе жалиме што не го направивме второто изненадување бидејќи победата ни беше в џеб, за разлика од Русите кои резултатот го бркаа цело време. Секако дека анализите допрва ќе следуваат. Сепак впечатокот ќе остане дека ја испуштивме победата.

Ако се има во предвид дека Македонија дебитира на едно ЕП тогаш сите коментари се вишок. И вака е супер. Ремито против Русија е рамно на победа.

Денеска нашата селекција се среќава со силната Италија и тоа во 12,30 часот. Ако се знае дека Италијаните досега немаат ниту еден пораз, што е факт, дека се вбројуваат меѓу фаворитите за освојување на еден од медалите, дека тоа е селекција која има голем број на титули на СП, ЕП и ОИ, тогаш секаков коментар би бил непотребен.

Д. Ѓенчевски

ЉУБИША МЕЧКИЌ -СЕЛЕКТОРТ (МКД)

Победата ни беше на дофат

"Во средбата со Русија не освоивме еден поен, туку загубивме два. Водевме тречиси цело време за на крајот да дозволиме изедначување. Можевме да ги освоиме трите бода. Жалам за испуштената шанса."

САШО ПОПОВСКИ - КАПИТЕН (МКД)

Ни претстојат тешки натпревари

"Ако завршиме како трети во нашата група ќе биде вистинско изненадување. Сеуште имаме таква шанса, а со Русија можевме да победиме. Едноставно не успеавме да ги искористиме шанасите во ситуација кога имавме играч повеќе. Во следните натпревари не чекаат тешки противници."

ВИЧЕСЛАВ СОБЧЕНКО - СЕЛЕКТОР (РУС)

Премногу грешевме

"Во нашата трета игра дојдовме до поволен резултат каде го освоивме и првиот поен. Правевме премногу грешки во одбраната. Со малку среќа можевме и да победиме."

РЕЗУЛТАТИ - 3. КОЛО

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА 9:9

СРБИЈА - РОМАНИЈА 6:6

УНГАРИЈА - ГРЦИЈА 8:3

ХРВАТСКА - ЦРНА ГОРА 7:6

ИТАЛИЈА - ГЕРМАНИЈА

СЛОВАЧКА ШПАНИЈА

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕС

9:30 ч РОМАНИЈА - ГЕРМАНИЈА

11:00 ч ХРВАТСКА - СЛОВАЧАКА

12:30 ч МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА

18:00 ч СРБИЈА - РУСИЈА

19:30 ч УНГАРИЈА - ЦРНА ГОРА

21:00 ч ШПАНИЈА - ГРЦИЈА


СТАТИСТИКА

МАКЕДОНИЈА Г/Ш % ИГР. ПОВ. ПЕНАЛ ИСК. ОДБ. ИСК. НАП. УКР. ТОП. ЗАГ. ТОП.

1. Д. Перчиниќ - - - - - - 2 -

2. И. Милановиќ - - - - - - - -

3. И. Вуксановиќ 0/3 0 0/1 - - - 5 3

4. М. Крстовиќ 0/1 0 - - - 1 - -

5. Н. Милиќ 3/5 60 - - 1 - 2 3

6. С. Поповски - - - - - - - -

7. М. Миќиќ 3/3 100 1/1 1/1 - - 1 1

8. Е. Бркиќ 0/2 0 - - - - - -

9. Д. Крстиќ 1/5 20 1/3 - 2 - 1 -

10. М. Башиќ 1/1 100 1/1 - 1 - 1 4

11. Н. Петровиќ 0/2 0 - - 1 - 3 -

12. Д. Бениќ 1/2 50 - - - 1 - 2

13. М. Урошевиќ - - - - - - - -

ВКУПНО: 9/24 37 3/6 1/1 5 2 15 14

РУСИЈА Г/Ш % ИГ. ПОВ. ПЕНАЛ ИСК. ОДБ. ИСК. НАП УКР. ТОП. ЗАГ. ТОП.

1. С. Давиташвили - - - - - - 1 -

2. П. Катков - - - - 1 - 5 2

3. В. Јурчин 3/9 33 1/1 - - - 1 2

4. А. Аленичев - - - - - - - -

5. Ј. Зелтоваки - - - - - 2 2 5

6. С. Мокиенко 0/1 0 - - - - - -

7. П. Калтурин 1/4 25 0/2 - 1 - - -

8. А. Фатакудинов - - - - - - - -

9. К. Степанјук 3/7 42 1/1 - 1 - - -

10. И. Вишнаков 1/2 50 - - - - - 2

11. А. Ашаев 1/1 100 - - 1 - 1 4

12. А. Агарков 0/2 0 - - - - - 1

13. И. Иванов - - - - - - 1 -

ВКУПНО: 9/26 34 2/4 - 4 2 11 17

ВО 2. КОЛО НАШИТЕ ВАТЕРПОЛИСТИ ОЧЕКУВАНО ПОРАЗЕНИ

Србија недостижна

СРБИЈА - МАКЕДОНИЈА 23-6

(7-1, 6-1, 4-2, 6-2)

Малага - Акватик центар

СРБИЈА: Шефик, Прлаиновиќ (4), Раџен (1), Удовиќиќ, Д. Шапиќ, Пијетловиќ (2), Никиќ (2), Филиповиќ (1), Савиќ (1), А. Шапиќ (8), Вујасиновиќ (2), Пековиц (2), Шоро.

МАКЕДОНИЈА: Перчиниќ, Милановиќ, Вуксановиќ (1), Крстовиќ, Милиќ (1), Поповски, Бркиќ, Крстиќ (2), Башиќ (2), Петровиќ, Бениќ (1), Урошевиќ.

Далеку поквалитетната селекција на Србија, завчера, во саботата на ЕП во Малага во рамките од 2. коло од натпреварите по групи, ја совлада нашата репрезентација и тоа доста убедливо со 23:6.

Актуелниот првак на Европа кој го предводеше одличниот Александар Шапиќ, со 8 голови, Прлаиновиќ со 4, Пијетловиќ, Никиќ, Вујасиновиќ и Пековац по 2, Раџен, Савиќ и Филиповиќ по 1.

Во нашата селекција 2 гола постигна Крстиќ.

Натпреварот против Србија беше решен уште во првата четвртина, кога нашиот противник имаше водство од 7:1, додека на полувремето беше 13:2.

Слика - Тешко се доаѓаше до голот на Србија - Марко Башиќ го постигнува 5. гол на натпреварот

ДЕЈАН УДОВИЧИЌ - СЕЛЕКТОР (СРБ)

Ние сме подобра екипа, евидентно

"Тешко ми беше да проценам на прв поглед како ќе играме против слаба екипа. Сепак, Македонија постигне повеќе голови од тоа што очекувавме. Ние остануваме на патот до конечната цел, а тоа е 1/2 финале. Секогаш не прашуваат за квалитетот на групите, небаре сме ги бирале. Што сега треба да правиме, да одиме во друга група? Овде мораш да победуваш, таму е дозволено да загубиш... Според мене примивме повеќе голови од очекуваното. Македонците не ги потценивме иако е јасно дека сме подобра екипа."

АЛЕКСАНДАР ШАПИЌ - КАПИТЕН (СРБ)

Тоа беше добар ритам

"Македонија е послаба од Германија. Го фативме ритамот, но тешко е да се задржи кога првата четвртина ја добивате со 7:1. Сепак тоа беше добар ритам."

ЉУБИША МЕЧКИЌ - СЕЛЕКТОР (МКД)

Далеку е сонцето...

"Натпреварот со Србија го свативме како загревање, како тренинг, за претстојниот со Русија. Сепак, Србија е далеку над нашето ниво."

САШО ПОПОВСКИ - КАПИТЕН (МКД)

Тежок пораз

"Воопшто немавме шанса во овој натпревар. Поразот беше очекуван, но е превисок."

СРБИЈА ИЗНЕНАДЕНА ВО 3. КОЛО

Нерешено со Романците

СРБИЈА - РОМАНИЈА 6:6

(1-2, 2-:1, 2-2, 1-1)

Вториот натпревар од денешната утринска сесија, натпревар кој требаше да биде чиста формалност, доби завршница која никој не ја очекуваше. Србија и Романија одиграа нерешено 6:6. По два гола постигнаа Удовичќиќ и Вујасиновиќ, а по ден Шапиќ и Никиќ.

За Романците стреци беа Раду со три постигнати гола, Гибан, Матеј и Кадар по еден. Романците го добија првиот дел од играта (2:1), Србите веднаш возвратија со иста мера (1:2), а во следните две четвртини беше 2:2 и 1:1.

ДЕЈАН УДОВИЧЌИЌ - СЕЛЕКТОР (СРБ)

Романците со 200 % мотивација!

"Лошо го отворивме натпреварот во кој неуспеавме да го фатиме ритамот до крајот. Тоа е доста вознемирувачко. Поголемиот дел од натпреварот бевме во водство, но резултатски не успеавме да се одлепиме и да дојдеме до триумф. Моите играчи не одиграа како што умеат, додека противникот против нас играше со 200 % мотивација."

ВАЊА УДОВИЧЌИЌ - КАПИТЕН (СРБ)

Грешевме во нападот

"Почнавме доста опушетно, а згора на тоа направивме и голем број на грешки во нападот, грешки со кои ги загубивме сите можности за победа. Во следниот натпревар ќе мора да влезиме многу поконцентрирано, да играме на наше ниво."

КОРНЕЛИЈЕ РУСУ - СЕЛЕКТОР (РОМ)

Верувам во моите избраници

"Лошо ги одигравме првите две средби, со Македонија и со Италија. Но верувам во моите момчиња. Мислам дека можеме дури и да победиме, поради што сум многу горд. Играчите конечно сватија ЕП се уште трае. Имаме шанса да се пласираме во 1/4 финалето."

КАЛМАН КАДАР - КАПИТЕН (РОМ)

Победа за самодоверба

"Се согласувам дека првите два натпревари ги одигравме лошо. Со Србија прв пат одигравме онака како што треба. Тоа ќе ни го крене моралот за предстојните натпревари."

РЕЗУЛТАТИ

3. КОЛО

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА 9:9

СРБИЈА - РОМАНИЈА 6:6

УНГАРИЈА - ГРЦИЈА 8:3

ХРВАТСКА - ЦРНА ГОРА 7:6

ИТАЛИЈА - ГЕРМАНИЈА 12:6

СЛОВАЧКА ШПАНИЈА 4:12

2. КОЛО

МАКЕДОНИЈА - СРБИЈА 6:23

УНГАРИЈА - СЛОВАЧКА 19:3

ГЕРМАНИЈА - РУСИЈА 13:4

РОМАНИЈА - ИТАЛИЈА 7:12

ЦРНА ГОРА - ГРЦИЈА 11:10

ШПАНИЈА - ХРВАТСКА 7:11

ТАБЕЛА ПОСЛЕ 3. КОЛО

ГРУПА -"А"

1. Унгарија 3 3 0 0 37:15 9

2. Хрватска 3 2 0 1 27:23 6

3. Црна Гора 3 2 0 1 25:24 6

4. Шпанија 3 1 0 2 26:23 3

5. Грција 3 1 0 2 25:22 3

6. Словачка 3 0 0 3 10:43 0

ГРУПА -"Б"

1. Италија 3 3 0 0 36:19 9

2. Србија 3 2 1 0 46:17 7

3. Македонија 3 1 1 1 25:28 4

4. Германија 3 1 0 2 24:33 3

5. Романија 3 0 1 2 19:28 1

6. Русија 3 0 1 2 19:34 1

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 21:27
Македонија поразена од Италија

Македонската ватерполо репрезентација загуби од Италија со 11:5, во четвртото коло на Евро шампионатот во Малага, но и покрај вториот пораз, останува со шанси за пласман во четвртфиналето.

Со полн погодок против Германија, утре, во последната рунда од групата, ќе се бори за место и во полуфиналето. Слично како и саботната средба со бранителот на титулата Србија, нашите ватерполисти однапред го имаа прежалено и денешниот натпревар со трофејниот италијански состав.

Ова, делумно поради објективната разлика во квалитет, но пред се поради калкулирањето со силите пред утрешниот судбински меч против Германија, кој може да не одведе и во четвртфиналето.

Во „Акватик центарот“ во Малага, „Аѕурите“ го добија првиот период со 4:1. Македонија беше рамноправна само во втората четвртина. Во неа прв и единствен пат се доближивме на минус еден, иако на половина од средбата фаворитот имаше убедливи 6:3.

Беше јасно оти предноста на италијанците не може да биде анулирана, па и тие со нешто порелаксиран пристап го приведоа мечот до крајот.

Третиот период им припадна со 2:1, последниот со 3:1, за конечни 11:6 и за нивна четврта победа во четвртиот меч на првенството.

Небојша Милиќ постигна два, а Марко Мичиќ, Марко Башиќ и Ненад Петровиќ по еден погодок за нашиот национален тим, додека ветеранот Алесандро Калкатера со четири гола беше најефикасен кај противникот.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2008 во 16:51
Ватерполистите без четвртфинале

Македонија не успеа да се пласира во четвртфиналето во дебитантскиот настап на Европското првенство (ЕП) во ватерполо.

Македонските ватерполисти денеска во базенот во шпанскиот град Малага беа поразени во клучниот натпревар од Германија со 7:5.

Германците на полувреме имаа предност од 4:3, а Македонија пропушти неколку изгледни шанси со кои можеше да биде во водство.

Во вториот дел, македонските ватерполисти потфрлија пред се на физички план.

„Секако дека сум разочаран од играта, што ја прикажавме денеска. Од друга страна, ова е наше прво учество на Европското првенство. Одигравме пет натпревари во пет денови. Ова беше тест за нашата концентрација и на крајот го загубивме”, изјави по мечот, македонскиот селектор Љубиша Мечкиќ.

Капитенот Сашко Поповски вината ја посочи во лошите подготовки за настапот на ЕП.

„Имавме лоши подготовки и за тоа ќе мора да разговараме со нашиот селектор. Денеска имавме на располагање само деветмина ватерполисти и тешко е да се добие натпревар во отсуство на четворица репрезентативци”, изјави Поповски.

Настапот во групата, Македонија го заврши со една победа, едно реми и три порази, и ќе игра за пласман од 8-мо до 12-то место.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 16:47

ВАТЕРПОЛО - ВЧЕРАШНИОТ ПОРАЗ ОД ГЕРМАНИЈА, ОД 7:5, НЕ ОДАЛЕЧИ ОД ПЛАСМАНОТ МЕЃУ ПРВИТЕ 6 НА ЕП ВО МАЛАГА

Судијата Донато како осми играч!

ГЕРМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА 7:5
(1:1, 2:1, 1:1, 3:2)

Малага - Акватик центар, Судии: Ставридис (Грц)/ Донато (Шпа), Делегат: Гринтеску/ Шаронов.

ГЕРМАНИЈА: Тхигер, Нароска, Реал (1), Савиќ (2), Диролф (1), Политц, Носек (1), Швертвитис (2), Кројзман, Олер, Шлотерберг, Макебен, Зелмер.

МАКЕДОНИЈА: Перчиниќ, Милановиќ, Вуксановиќ (1), Крстовиќ, Милиќ (1), Поповски, Миќиќ, Бркиќ (1), Крстиќ (1), Башиќ, Петровиќ, Бениќ (1), Урошевиќ.

Во крајно изедначен натпревар, со некоректно судење (ни поништија 3 гола), од страна на судијата Нелиа Донато од Шпанија (судија без тестиси) во последната четвртина, нашата селекција вчера во натпреварот од 5. коло, кој беше клучен за пласман во следната рунда (меѓу 6 најдобри од двете групи) загуби од Германија со 7:5. Пораз кој во никој случај не го заслуживме. Пораз на кој најмногу му кумуваше Донато, кој слободно може да го наречеме осми играч на Германија. Нејзините чудни одлуки многу лесно ги прифаќаше првиот арбитар Ставридис (Грц) на кој дефинитивно такво нешто му оддеше во прилог(!). Во најмала рака овој натпревар требаше да заврши нерешено. Според играта најправедно ќе беше поделба на поените. И едните и другите грешеа многу. И двете селекции не ја искористија шансата со играч повеќе или ја искористија минимално, Германците еднаш од шест можности, ние два од седум, што е недопустливо во ватерполото. Во загубени топки сме исти по 17, блок удари по еден, украдени топки - Германија 9 ние 8, во пенали сме подобри - 1/1, удари кон голот по 23 на двете страни со таа разлика што "панцирите" реализираа 7, а ние само 5, што впрочем е најбитното.

Инаку, самиот натпревар со оглед на важноста за двете репрезентации, за око не беше ништо посебно. Првиот гол го постигнаа Германците и тоа на истекот на 5. минута, за една минута подоцна, од пенал да изедначиме. Успешен реализатор на најстрогата казна беше Никола Милиќ, за 1:1, резултат со кој заврши првата четвртина.

Во втората "панцирите" преку Реал, во 4. минута, поведоа со 2:1, за 3 минути подоцна Носек да зголеми на 3:1. Веќе во следниот напад Крстиќ намалува на 3:2. Со тој резултат се отиде на одмор.

Второто полувреме, односно на третата четвртина почна со многу грешки и на двете страни. Петровиќ ја губи топката, Тејгер ја краде. Истата ситуација само сега во спротивниот табот. Политц губи - Перчиниќ краде, па следува Вуксановиќ губи - Савиќ краде. По неколку идентични ситуации Бениќ постигнува гол за изедначување за 3:3. По една минута игра натурализираниот Германец Савиќ од просторот од 5 м прецизен, за водство на Германците од 4:3, резултат со кој завршува третата четвртина, резултат кој во тој момент донекаде беше објективен.

И доаѓа последната четвртина, кога за Германците почнува да "игра" сидијата Донато, дамата која н$ осакати. Во таа последна четвртина Германците дадоа 3 гола наспорти еден. Најнапред во 2. минута од играта Дироф зголеми на 5:3, потоа Шертвич на 6:3. Вуксановиќ постигнува гол за надеж, намалува на 6:4. Во следниот напад Шертвич бие за 7:4, а на 2 секунди до крајот Бркиќ намалува на 7:5. Резултат со кој заврши натпреварот.

Што сега?

Дефинитивно Македонија како четвртопласирана во својата група ("Б") ќе игра за пласман од 7. до 12. место, што без разлика неа с$ е огромен успех.

Денеска и утре за нашите е слободен ден, а веќе задутре (утре е слободен ден за сите, денес само за првопласираните и четвртопласираните од групите) ќе играме со подобриот од мечот меѓу петтопласираната од групата "А" (тоа дефинитивно е Грција) и шестопласираната од групата "Б" - Русија која вчера беше поразена од Романија. Значи следниот наш противник, задутре (11 јули во 18 часот), ќе биде победникот од денешната средба меѓу Грција - Русија. Доколку го добиеме и тој натпревар што ќе биде тешко особено ако играме против нашиот јужен сосед, тогаш ќе се бориме за 7 - 8 место, а доколку загубиме за 9 - 10. Последни не можеме да бидеме во никој случај, што реално, ако се има предвид дека ова е наше прво учество, дека во ватерполо светот сме новаци, дека никој не сметаше на нас, дека отидовме како аутсајдери, ова е супер. Повеќе од очекуваното.

Сепак, останува горчината за испуштената шанса да влеземе меѓу 6-те најдобри на Стариот континент, што ќе беше фено - мено - менално.

Д. Ѓенчевски


РЕЗУЛТАТИ - 5. КОЛО

СЛОВАЧКА - ЦРНА ГОРА 4:13

ГЕРМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА 7:5

РУСИЈА - РОМАНИЈА 10:14

ГРЦИЈА - ХРВАТСКА 9:9

ИТАЛИЈА - СРБИЈА 8:11

УНГАРИЈА - ШПАНИЈА 8:7

ТАБЕЛА ПОСЛЕ 5. КОЛО

ГРУПА -"А"

1. Црна Гора 5 4 0 1 48:37 12

2. Унгарија 5 4 0 1 54:32 12

3. Хрватска 5 3 1 1 51:37 10

4. Шпанија 5 2 0 3 42:38 6

5. Грција 5 1 1 3 41:40 4

6. Словачка 5 0 0 5 19:71 0

ГРУПА -"Б"

1. Србија 5 4 1 0 68:31 13

2. Италија 5 4 0 1 55:35 12

3. Германија 5 3 0 2 39:42 9

4. Македонија 5 1 1 3 35:56 4

5. Романија 5 1 1 3 37:46 4

6. Русија 5 0 1 4 35:59 1

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕС

16:30 ч Грција/А5 - Б6/ Русија

18:00 ч Словачка/А6 - Б5/ Романија

19:30 ч Унгарија/А2 - Б3/ Германија

21:00 ч Хрватска/А3 - Б2/ Италија

ХАГЕН ШТАМ - СЕЛЕКТОР (ГЕР)

Се изборивме за СП и на ЕП

"Со победата против Македонија ЕП за нас доби среќен крај. Ги реализиравме нашите амбиции пласман, меѓу 6 - те најдобри. Се надевем дека успеавме да се избориме за директно учество на СП во 2009 год и на ЕП во 2010 год."

СОРЕН МАКЕБЕН - ИГРАЧ (ГЕР)

Целта ја постигнавме

"Мислам дека не одигравме квалитетен натпревар, но целта ја исполнивме. До сега не го покажавме нашиот вистнски потенцијал. Верувам дека следната рунда е вистинскиот момент за тоа."

ЉУБО МЕЧКИЌ - СЕЛЕКТОР (МКД)

Разочаран сум!

"Разочаран сум од нашето издание. Од друга страна ова е наше прво учество на едно ЕП. Во пет дена одигравме пет натпревари. Ова беше тест за нашата концентрација. На крајот загубивме."

САШКО ПОПОВСКИ - КАПИТЕН (МКД)

Погрешни подготовки!

"Генерално, подготовките беа погрешни. Тоа треба да го разговараме со нашиот тренер. Во мечот со Германија имавме на располагање само 9 играчи. Тешко е да се мине понатаму во натпревар во кој ви недостасуваат четворица."

СТАТИСТИКА

ГЕРМАНИЈА Г/Ш % ИГ. ПОВ. ПЕНАЛ ИСК. ОДБ. ИСК. НАП УКР. ТОП. ЗАГ. ТОП.

1. А. Тхигер - - - - - - 5 -

2. Ф. Нароска 0/1 0 - - 1 - - -

3. Ж. Реал 1/2 50 - - 1 - 1 -

4. М. Савиќ 2/4 50 1/1 - 1 - 1 1

5. С. Дероф 1/1 100 - - 2 1 - 2

6. М. Политц 0/2 0 0/1 - 1 - - 1

7. Н. Носек 1/4 25 0/1 - - 1 1 -

8. Т. Шертвитис 2/5 40 0/2 - - - - 6

9. Т. Кројзман 0/1 0 - - - 1 1 1

10. М. Олер - - - - - - - -

11. А. Шлотербек 0/1 0 - - - - - 5

12. С. Макебен 0/2 0 0/1 - - - 3 1

13. М. Зелмер - - - - - - - -

ВКУПНО: 7/23 30 1/6 - 6 2 9 17

МАКЕДОНИЈА Г/Ш % ИГР. ПОВ. ПЕНАЛ ИСК. ОДБ. ИСК. НАП. УКР. ТОП. ЗАГ. ТОП.

1. Д. Перчиниќ - - - - - - 2 -

2. И. Милановиќ - - - - - - - -

3. И. Вуксановиќ 1/3 33 - - - - - 1

4. М. Крстовиќ 0/1 0 0/1 - - 1 1 -

5. Н. Милиќ 1/6 16 0/1 1/1 1 1 2 3

6. С. Поповски - - - - - - - -

7. М. Миќиќ 0/1 0 - - - - 2 1

8. Е. Бркиќ 1/3 33 1/1 - - - - 1

9. Д. Крстиќ 1/3 33 1/2 - 2 - 1 1

10. М. Башиќ 0/1 0 0/1 - - 2 - 4

11. Н. Петровиќ 0/2 0 0/1 - 1 1 - 2

12. Д. Бениќ 1/3 33 - - - - - 3

13. М. Урошевиќ - - - - - - - -

ВКУПНО: 5/23 21 2/7 1/1 4 5 8 17

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2008 во 14:19

ВАТЕРПОЛО - МАКЕДОНИЈА УТРЕ ПОВТОРНО ИГРА ПРОТИВ "ЗБОРНАЈАТА", ЗА ПЛАСМАН ОД 7 - 10 МЕСТО

На нов мегдан со Русија

ЕП во ватерполо кое во моментов се одржува во Малага, Шпанија, по првиот круг влегува во својата завршница, каде секоја од репрезентациите ќе се бори за што подобар пласман, пласман кој ќе биде лична сатисфакција за вложениот труд, за потрошените средства...

Меѓу 12-те земјите кои се најдоа во завршницата за прв пат се наоѓа и Македонија, што беше пријатно изненадување за сите, особено за македонската јавност која изминатите неколку дена буквално живее со ватерполо спортот.

Во таа насока сакаме да потенцираме дека пласманот на 4. место во групата со една победа против Романија и нерешено против Русија е огромен успех. Тоа, пак, ни овозможи да играме за пласман од 7 - 10. место, што значи во никој случај не можеме да бидеме последни, што е уште една позитивна работа. Ако се има предвид дека целиот проект е направен за една година тогаш нема место за разочарување. Вакви пласмани држави со традиција во ватерполото само сонуваат. Да не заборавиме дека во Малага ја нема една Франција, а за Холандија не станува збор.

Тоа на што сега треба да се концентрираме е утрешниот натпревар со Русија (денеска на шампионатот е слободен ден за сите), која вчерашниот триумфираше против Јунанистан (Грција) од 9:4, со која имаме негативен скор, два порази и едно реми, во меч кој се одигра пред 4 дена исто така во Малага во рамките на ЕП. Тоа е квалитетна репрезентација, со млади играчи. А токму тука е тајната на нивниот (не)успех. Непредвидливи се! Имаат страшни падови во играта, но знаат и да блеснат. А тогаш ништо не ги запира. Токму од тие причини и селекторот Мечкиќ и тренерот Нонковиќ ќе мора да имаат посебен приод кон нештата, кон играчите. Ќе мора да постават тактика која ќе биде адекватна. На последниот натпревар победата ни беше в рака. Зошто утре да не ги победиме. Играчкиот и стручниот потенцијал има сили и квалитет за триумф.

Тоа, пак, што фрла црна дамка на целиот шампионат е помалку колуарското негодување за нашето учество на ЕП. Безмалку станавме кошмар за дел од учесниците, за ЛЕН (Европската ватерполо федрација) како организатор, а богами и за некои репрезентации кои не успеаја да се пласираат за Малага.

Резултатите по 5 кола се добро познати на сите. Тоа што за нас е одличен резултат, некој воопшто не го чини среќен.

Ваквите констатации или претпоставки можеби се шпекулации, можеби се престроги, но неколку работи не можат да се премолчат.

Имено, во пет натпревари дури трипати ни судат судии од Јунанистан, од нашиот јужен сосед. Со Србија - Ставропулос, со Русија - Ставридис и со Германија повторно Ставридис.

Втора работа која ни ја "сместија" е распоредот на натпревари. Првично, во официјалниот билтен стоеше дека четвртопласираната селекција од групата "Б" ќе игра со победникот од натпреварот меѓу шестопласираната екипа од групата "А" и петтопласираната од групата "Б" и обратно. Во случајов тоа е победникот од мечот Словачка - Романија. Обратно, пак, излегува, по конечниот пласман во групите, дека Шпанија како четвртопласирана екипа од групата "А" ќе треба да игра со победникот од Јунанистан - Русија, меч во кој Јунанистан според сите проценки требаше да биде фаворит. Тоа значи дека при еден таков натпревар реални се шансите Шпанците да се судрат со селекцијата на нашиот јужен сосед и да претрпат пораз. А тоа за домаќинот кој и така не покажа ништо а важеше за фаворит е вистинска катастрофа.

Вака, со ненадејната смена на програмата, промена во последен час, сакаа да ни го "сместат" Јунанистан. И волкот сит и овците на број. Сите задоволни. Македонија нема да биде последна, а Шпанија и Јунанистан ќе се бореа за 7. и 8. место. Прифатливо.

Арно ама никој не сметаше на Русија која ги замрси сите коци, која не дозволи "шемите" да се реализираат.

И трета работа која малку недостигаше да мине се конечните табели. Вечерта, по завршување на натпреварот од 5. последно коло од првиот круг при изготвување на официјалните конечни табели Македонија е "сместена" на 5. место во групата "Б". На реакцијата од нашиот табор зошто е тоа така следел одговор дека Романија има подобра гол разлика, при тоа занемарувајќи го првиот услов кој вели дека за конечниот пласман меѓу две селекции со ист број бодови одлучува меѓусебниот скор". Откако е укажано на пропустот добиено е едно "извинете, наша грешка", по што следува исправка на конечниот ранкинг, каков што е сега - Македонија на 4. место.

Премногу (не)намерни грешки за едно ЕП кога сме ние во прашање, како Македонија.

Сето погоре кажано се покажа како "есап без крчмар". Во вчераниот натпревар Русите се надминаа себеси. Го совладаа Јунанистан, нашиот јужен сосед. Дали Русите беа предобри или противникот слаб, или, пак, се исплаши од средбата со Македонија, или се работи за спортска среќа, ќе остане тајна.

Како и да е, во утрешниот натпревар двете репрезентации од групата "Б" кои се судија во 3. коло ќе имаат уште еден двобој, Македонија - Русија.

Овој пат очекуваме победа.

Д. Ѓенчевски

СТEФАН НОНКОВИЌ - ТРЕНЕР (МКД)

Знаеме што не очекува

"Тоа се млади играчи, млада екипа -пливаат, летаат, шутираат. Не случајно ја победија Грција. Гледано од наша агол Русите и најмногу ни одговараат. Синоќа и денес ја прегледуваме снимката од последниот натпревар, кога одигравме нерешено. Уште еднаш да видиме каде грешевме и да поставиме тактика соодветна на нивната. Одиме на победа. Знаеме што не очекува.

Што се однесува до натпреваот меѓу јужниот сосед и 'зборнајата' што да речам. Русите ги потопија, Грците потфрлија. Имаа неколку тешки натпревари против Црна Гора, Хрватска, Унгарија и Шпанија. Тоа кај нив остави длабока трага."

СТЕФАН ПУЛЕЈКОВСКИ - ГЕН СЕКРЕТАР НА ПФМ

Протесна нота до ЛЕН

"На 'игрите' кои ни ги приредуваа овие неколку дена во Малага Пливачката федерација на Македонија неможе да остане рамнодушна, не особено после распоредот за натпреварите за пласман и фактот што на три средби имаме судии од соседството од југот. Веднаш вложивме протесна нота до ЛЕН. Не дека нешто ќе измениме но да знаат дека сме свесни за тоа што се прави. Среќата сакаше повторно да играме со Русија."

РЕЗУЛТАТИ 1/4 ФИНАЛЕ

ГРЦИЈА - РУСИЈА 4:9

СЛОВАЧКА - РОМАНИЈА 6:7

УНГАРИЈА - ГЕРМАНИЈА 14:8

ХРВАТСКА - ИТАЛИЈА 8:7

ДВОЈКИ ЗА УТРЕ

12:30 ч Грција - Словачка (11/12 м)

16:30 ч Русија - Македонија (7/10 м)

18:00 ч Романија - Шпанија (7/10 м)

19:30 ч Црна Гора (1/2 фина)

21:00 ч Србија (1/2 фина)

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 13:35

http://www.europeanchampionships.org/Ma ... w_0711.wmv
видео изјава на нашиот теенер


http://www.novamakedonija.com.mk/Deskto ... leID=58484
Македонија ќе игра и на СП


Сениорската ватерполо-репрезентација на Македонија вчера на Европското првенство (ЕП) во Малага ја победи Русија, со тоа приреди уште една сензација и, згора, се пласира на Светското првенство в година во Рим.

Македонија и на ЕП 2010 во Загреб?
Според првите информации кои пристигнаа до македонските ватерполисти, можно е Македонија да обезбедила директен настап и на ЕП во Загреб во 2010 година. Ова на македонскиот помошник-селектор Стефан Нонковиќ му го соопштил еден од делегатите на Светската ватерполо-федерација.

Мечкиќ: Игравме за два милиона Македонци
Ние сме мала држава со два милиона жители и сите тие ги стискаа палците за нас. Игравме за нив и пласманот на седмото или на осмото место е огромен успех за Македонија - изјави по натпреварот македонскиот селектор Љубомир Мечкиќ.

 

п.с и после зборете нешто против овие момци кои ја изрекламираа македонија под уставното име и обезбедија пласман на дв енаредни големи натпреварувања 0

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2008 во 13:41
Zote јас не слушнав никој овде против нив да збори. Напротив. Тие ја имаат нашата подршка.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,312 секунди.