Испечати | Затвори го прозорот

Ватерполо

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Останати спортови
Опис на форумот: Одбојка, тенис, планинарење, пливање, точаци, висење по форуми...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11330
Датум на принтање: 29.Април.2024 во 07:50
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Ватерполо
Постирано од: tuturutka
Наслов: Ватерполо
Датум на внесување: 06.Јануари.2008 во 12:06
Ги гледав квалификациите на МКД и ми текна да напишам збор два за ватерполото . . . Спорт кој многу го сакам и да речам многу сум горд на нашиве деца . . . Алал да им е добри се . . . Сега го следам натпреварот со Русија и ќе видиме што ќе биде . . . Мене ме интересира дали има некој на форумов што го следи или барем малку го сака овој спорт . . . голема%20насмевканамигнување

-------------
STRUGA



Коментари:
Постирано од: hacko
Датум на внесување: 08.Јануари.2008 во 11:47
Dosta gledam vaterpolo.Steta sto izgubivme od Rusija,ama i nasata reprezentacija e dobra.Ne se razlikuvaat od drugite.Steta sto vo povekjeto gradovi nema ni bazenti za razvoj na ovoj sport.

-------------
Svijet je okrutan...Okrutniji od juce...


Постирано од: TIGAR
Датум на внесување: 09.Јануари.2008 во 09:23
Ватерполото е многу добар спорт.Треба да се игра почесто.Јас многу го гледам на телевизија,а и многу сакам да играм,али искрено речено досега никогаш не сум играл ватерполо,на мене ми е интересен кога го гледам на телевизија и друго.А ако те интересира резултатот Русија Македонија мислам дека беше 10:8 za Русија.За резултатот не сум сигурен дали беше толку,но сигурен сум дека Русија победи....за жал.


-------------
Happy new year
Be CarEfUl you don't now me


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 09.Јануари.2008 во 11:29
а што мислите за ова „купување“ репрезентативци? 10 ватерполисти на „МК“, се всушност срби и хрвати.


Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 11.Јануари.2008 во 21:00
Е аџија . . . Кој е крив за тоа ? Дали ти знаеше дека единствен затворен базен во МАКЕДОНИЈА е токму тој во кој се играа квалификациите (мислам Карпош дека се вика . . . ) . . . Значи кои услови ги имаат нашите ‘надежи‘ или нашите останати играчи . . . И друго ме интересира - има ли МКД лига во ватерпол ? Јас не сум чул за тоа . . . И се надевам дека владата и Агенцијата за Млади и Спорт ќе ги отворат очите и ќе се свестат за овие проблеми за водните спортови кај нас . . . Значи не само ватерполистите , туку и пливалите го имаат овој проблем . . . Ако згрешив некаде ве молам да ме поправите . . .намигнување

-------------
STRUGA


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 11.Јануари.2008 во 22:09
па јас нит го оправдав, нит го осудив „купувањето“.

поставив прашање. Ти го оправдуваш. ок. можеби има и други гледишта.


Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 13.Јануари.2008 во 10:15
Аџија во случајов е претерано . . . Да беа 2-3 и така и така . . . Не е ова работа . . . 10 играчи ? ? ? Па тоа е веќе премногу . . . збунетост

-------------
STRUGA


Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 27.Февруари.2008 во 13:34

ХЕХЕХХЕХЕХЕХЕХХЕХЕХЕХХЕХЕХ . . . Е ова е веќе смешно . . . И Црногорец еден сега ќе сме имале . . . Така нешто по веснициве видов . . . Интересна работа . . .



-------------
STRUGA


Постирано од: riste_g
Датум на внесување: 28.Февруари.2008 во 16:23
Па со оглед на состојбата во која се наоѓа ватерполото, купувањето на репрезентативци е добар потег. Со тоа се популаризира спортот и се потикнуваат младите да тренираат ватерполо. А доколку понатаму создаваме репрезентативци, странците полека ќе се чистат.

-------------
www.24fudbal.com.mk


Постирано од: tuturutka
Датум на внесување: 07.Март.2008 во 18:48
Можеби . . . Времето ќе покаже . . .Но дури и да сака некој да тренира не може . . .Во кој базан ќе тренира . . . За нас Струга е лесно , зима-лето имаме езеро и Дрим . . . За другите не знам . . .голема%20насмевка

-------------
STRUGA


Постирано од: Zaspana
Датум на внесување: 21.Март.2008 во 18:32
Во Струга да може,ама што ќе прават другите?Ние Стружани имаме езеро....


Постирано од: teonicka
Датум на внесување: 29.Март.2008 во 10:38
Во Струга на времето имаше и ватерполо и пливање... Никогаш нема да заборавам кога цел клас за време на викенд одевме да си ги бодриме другарчињата против презгодните од Црвена Ѕвезда и Партизан. Никој не ни бесе рамен.
Ама на некого му сметаше тоа што имаше големи желби кај дечките и голем интузијазам и кај ватерполистите и кај пливачите па ја замешаа политиката во тоа.

А потоа на некого му засмета и базенот па сега и него го нема.

Душа ми се кини кога ке погледнам низ прозорец и наместо некогашната зграда од базенот гледам руиниран објект.

Специјален поздрав до сите Стружани


-------------
"Love is...not living in the past"


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 20.Јуни.2008 во 18:12

ВАТЕРПОЛО - СЕНИОРИТЕ СТАРУВАА СО ПОДГОТОВКИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Ватерполистите во "Фатаморгана"

Од вчера па до 29 јуни, најдоцна до 30 јуни, македонската ватерполо репрезентација - сениори во комплетен состав престојува во Гевгелија каде ќе се реализира последната фаза од подготовките пред заминување за Малага за Шпанија на ЕП (3 - 13 јули).

Сместени се во хотелскиот комплекс "Негорски бањи", а тренираат во градскиот базен познат како "Фатаморгана", фатаморгана која стана стварност.

Тренизните, до вторник, ќе се реализираат согласно програмата на Мечкиќ. Потоа доаѓа селекцијата на Црна Гора предводена од селекторот Петар Поровиќ, која во моментов настапува на Светскиот куп во Ѓенова во Италија, по што следува фазата на заеднички натпревари, воигрувања, која ќе трае до крајот, што се чини ќе биде од клучно значење за двете селекции. Дел од заедничките подготовки, во контролните натпревари, ќе бидат реализирани во утринската сесија, што е невообичаено, пред с$ заради тајмнингот во кој се играат дел од натпреварите во Шпанија.

Во делот на играчкиот кадар има две нови имиња, засилувања. Тоа се Едо Бркиќ и Милан Крстовиќ, и двајцата за бековските позиции, играчи со богато интернационални искуство. Овие двајца плус останатите, кои се веќе одомаќинети, се доволна гаранција дека на ЕП во Малага ќе направиме изненадување. Барем за тоа сме мајстори, да & ги замрсиме конците на некоја од селекциите во нашата група ("Б"), група во која покрај Македонија се наоѓаат и Србија, Русија и Италија кои се вбројуваат меѓу фаворитите, и Германија и Романија. А пак во групата "А" учествуваат Унгарија, Шпанија, Грција, Хрватска, Словачка и Црна Гора.


-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 25.Јуни.2008 во 16:56

ВАТЕРПОЛО - ЦРНОГОРЦИТЕ СИНОЌА ПРИСТИГНАА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Стартуваат заедничките подготовки

Вчера попладне, во 17,30 часот, на аеродромот "Александар Велики" крај Скопје пристигна ватерполо селекцијата на Црна Гора, која ја пречека Стеван Пулејковски, генерален секретар на ПФМ. Експедицијата брои 16 луѓе, 14 играчи и 2 тренери.

Веднаш по пристигнувањето заминаа за Гевгелија, каде една недела во спортскиот центар "Фатаморгана" веќе тренираат нашите репрезентативци под водство на селекторот Љубо Мечкиќ.

Според планот од денеска стартуваат заедничките подготовки за чија реализација помогна "Аполонија" хотел и казино - Гевгелија.

Планирани се секојдневни меѓусебни натпревари, во кои резултатот воопшто нема да биде важен, од кои два пријателски, но официјални, со сите нишани.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 27.Јуни.2008 во 16:34

ВАТЕРПОЛО - ПФМ ВЧЕРА ОДРЖА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА ПО ПОВОД ЕП ВО МАЛАГА, ШПАНИЈА

Секоја победа добредојдена

До поцетокот на ЕП во ватерполо во Малага остануваат само седум дена, денови во кои сите селекции партиципиенти на континенталното првентво ги врсат последните подготовки. Во ваквата програма во ниШто не се разликува ниту нашата селекција која за ова првенство се подготвува веќе триесетина дена, на три локации. Најнапред во Белград, па Скопје, а последните неколку дена финишираат во Гевгелија, во базенот "Фатаморгана".

Токму во тој контекст вчера во "Аполонија" казино и хотели Пливачката федерација на Македонија одржа прес конференција, последна веројатно пред заминување за Малага, на 1 или 2 јули во зависност од добивањето на визите.

Пресот на кој присуствуваа нашиот селецтор Мечкиќ засилен со тројца нашИ играи како и тренереот на репрезентацијата на Црна Гора Јован Вукасовиќ исто така во друштво на С. Мачиќ И на капитенот А. Петровиќ го отворија Стефан Пулејковски - генерален секретар на ПФМ и А. Алексов дирецтор на хотелот.

Вообичаено, најнапред, беше искажана благодарност од спонзорот за условите кои се овозможени и на двете селекции, и на нашата и на црногорската, за тренинг.

"Пред се сакам да се заблагодарам на нашите пријатели од Црна Гора кои најдоа време да дојдат во Македонија, во Гевгелија, да ни помогнат околу подготовките. Тие се нашиот единствен партнер со кој ќе одиграме неколку спаринг напревари натпревари кои ке бидат круна на нашата досегашна работа, како единствен партнер. Во делот на квалитетот на играчите нема што д аговорам, тој е добро познат на сите. Триесетина дена подготовки, за ваков значаен настап се малку. Но тоа верувам дека ке се надмине во периодот што доаќа во некој друг циклус. Тоа бара програма за подолг период. Сепак за овој период од триесет дена, посебно послендите десет го достигнавме нивото кое можеше да се постигне воглавно на техничКо тактички план. Најважно од се е да играме добро. Тоа е најважно. Можеби на моменти сме префорсирани но имаме неколку дена за активен одмор", рече селекторот Мечкиќ.

За нашиот состав доста поволно се изразија нашите пријатели од Црна Гора.

"Имате добра екипа, одлични поединци, поединци на кои искуството не им недостасува. Сепак, во Малага со оглед дека се работи за ЕП среќата ќе ви биде потребна, првенствено дека вие сте мала земја, со големи амбиции, во која ватерполото сакате да го направите национален спорт", истакна Антониот Петровиќ.

Слицен став речиси идентицен имаше И тренерот Вукасовиќ.

"Со самиот пласман на ЕП вие направивте голем успех. Но не смеете да заборавите дека ЕП има далеку поголем квалитет од СП па во некоја рака и од Олимпијада. Со оглед дека И вие како и ние сме мали земји заедничката соработка секогаш ќе биде добредојдена. Овие неколку дена селекцијата на Црна Гора ви е ставена комплетно на располагање", беше коментарот на тренерот Вукасовиќ.

Ќто се однесува до атмосверата за која имавме можност да се увериме на лице место, таа е одлична. Здравствениот билтен е добар.

Д. Ѓенчевски

НИКОЛА МИЛИЌ

Ова е искусен состав, не се предаваме

"За Малага одиме со кренати глави. Нашето го сработивме но секогаш може подобро. Ова е искусен состав, состав кој со своето иксутво минал низ многу премрежја. Очекувам дека ќе бидеме хит на првенството."

ЉУБО МЕЧКИЌ - СЕЛЕКТОР МКД

Утре последениот тест

"Денес го играме претпоследниот а утре последниот тест натпревар со нашите пријатели. што сработивме ќе показзат резултатите. Верувам дека нема да разоараме."

СОСТАВ - МКД

С. Поповски (кап)

Д. Перчиниќ

Н. Милиќ

М. Мичиќ

К. Башиќ

Р. Маљковиќ

Д. Крстиќ

М. Урошевиќ

Н. Петровиќ

Е. Бркиќ

Д. Крстовиќ

Д. Бениќ

И. Вуксановиќ

Љ. Мечкиќ (селецтор)

С. Нонковиќ (тренер)



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 01.Јули.2008 во 17:19

ВАТЕРПОЛО - МАК ВАТЕРПОЛИСТИТЕ ПОДГОТВЕНИ ГО ДОЧЕКУВААТ ЕП ВО МАЛАГА

Утре се лета за Шпанија

До почетокот на ЕП (3 - 14 јули) во ватерполо за сениори и за сениорки во Малага во Шпанија остануваат уште два дена. Тоа во превод значи дека сите 12 селекции во машка меѓу кои и нашата и 8 во женска конк*ренција, во претстојните два дена ќе слетаа во Шпанија. Нашата за Шпанија лета утре во 6,30 часот.

Изминаиот период, кој повеќе кој помалку, во зависност од условите и финансиските можности надополнето со амбициите ја минаа фазата на подготовки, што значи подготвени го дочекуваат првенството.

Во таквата слика совршено се вклопи и нашата репрезентација со таа разлика што имавме само триесетина дена на располагање, што според сите оценки е кус период за успешен настап на вака големо и значајно натпреварување, што впрочем го потврди и селекторот Мечкиќ на последнта прес конференција одржана во Гевѓелија, пред неколку дена, со напомена дека за вака значајни натпревари потребна е програма која ќе се реализира во еден подолг период.

Сепак, позитивна страна е фактот што сите наши репрезентативци доаѓаат од реномирани клубови во странските лиги, клубови кои до скоро се натпреваруваа во националните првенства.

Последните десетина дена македонската селекција ги мина во Гевѓелија, заедно со комбинираниот состав на Црна Гора, каде одиграа неколку контролни натпревари првенствено за воигрување на некои тактики, односно ситуации како што е одбрана со играч помалку, напад со играч повеќе и обратно. Впрочем во најголем дел епилогот на натпреварот го крои токму оваа ситуација - играч повеќе односно помалку.

И кога сме кај натпреварите, оние официјалните, со селекцијата на Црна Гора беа одиграни два. Првиот го добивме со 15:11, а вториот заврши нерешено 7:7. Воедно ова беа првите официјални средби на Македонија со некоја селекција, независно дали станува збор за прв, втор или за комбиниран состав. Ваквиот епилог никако несмее да се свати и незначи дека ние сме подобри од репрезентацијата на Црна Гора која важи за еден од сериозните кандидати за освојување на медал на ЕП.

Инаки, денес нашите ватерполисти ќе го одработата и послендиот тренинг пред утрешното заминување за Малага.

Д. Ѓенчевски

МКД СОСТАВ

Далибор Перчиниќ

Милош Урошевиќ

Еди Бркиќ

Даниел Бениќ

Небојша Милиќ

Марко Мичиќ

Марко Башиќ

Ристо Маљковиќ

Душан Крстиќ

ненад Петровиќ

Милорад Крстовиќ

Иван Вуксновиќ

Сашо Поповски (к)

Љ. Мечкиќ (селектор)

С. Нонковиќ (теренер)

Б. Кузмановски (теренер)

ПАРТИЦИПИЕНТИ НА ЕП

МАЖИ

"А"


Унгарија

Шпанија,

Грција

Хрватска

Словачка

Црна Гора

"Б"

Србија

Романија

Италија

Русија

Германија

Македонија

ЖЕНИ

"А"


Холандија

Шпанија

Русија

Германија

"Б"

Италија

Грција

Франција

Унгарија



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 02.Јули.2008 во 16:30
ВАТЕРПОЛО - репрезентациЈата ДЕНЕСКА ПАТУВА НА ЕП ВО МАЛАГА (4-17 ЈУЛИ)

Македонија подготвена за хит во Шпанија

На дебитантскиот настап „црвено-жолтите“ за противници во групата ќе ги имаат Романија, Србија, Италија, Русија и Германија



Македонската ватерполо репрезентација утрово патува за Малага, каде од 4 до 13 јуни ја очекува дебитантскиот настап на Европското првенство во Шпанија. Репрезентативците се полни со оптимизам и очекуваат добро претставување во дебито на евро-завршницата. Македонија е во група со Србија, Русија, Италија, Германија и Романија, кои зад себе имаат многу настапи на големи натпреварувања. Селекцијата предводена од селекторот Љубо Мечкиќ, вчера на базенот „Карпош“ во Скопје го одработија последниот тренинг пред заминувањето. Од тренингот единствено отсуствуваше Еди Бркиќ кој се пожали на воспаление на увото. Бркиќ оди на терапија и се очекува во наредниве два-три дена да се врати во тимот.Искусниот ватерполо стратег Мечкиќ кој речиси 40 години е тренер, вели дека играчите се подготвени да го прифатат предизвикот што ги очекува во Малага. Репрезентацијата заедно тренираше повеќе од еден месец. Дел од подготовките ги одработи во Скопје, дел во Белград, а еден дел и во Гевгелија. Подготвени сме за достојна презентација на македонското ватерполо. Играчите максимално ги исполнуваа барањата без проблеми. Сите се спремни за ова ЕП - вели Мечкиќ, кој додаде дека иако сме дебитанти, очекува да бидеме пријатно изненадување на турнирот.

- Играме против екипи што се гиганти во европското и светското ватерполо. Сепак ние нема да се предадеме и на секој меч ќе одиме да одиграме најдобро што можеме. Не би можел да прогнозирам каков ќе биде нашиот настап, но ветувам голема борба на секој меч. Имаме квалитет да изненадиме. Ќе го дадеме максимумот - ветува Мечкиќ. Според трофејниот српски тренер, единствен проблем на македонската репрезентација во подготовките било немањето на поголем број подготвителни дуели. За време на подготовките единствено Б-репрезентацијата на Црна Гора ја прифати поканата за контролни дуели. За еден месец одигравме само два подготвителни меча против Црна Гора. Тие четири дена, кога трениравме заедно со Црна Гора беше вистинско огледало да видиме до каде сме. Штета што немавме повеќе контролни натпревари, но верувам дека сме подготвени - оптимист е Мечкиќ пред заминувањето. Против вториот тим на Црна Гора, Македонија на базенот „Фатаморгана“ во Гевгелија, забележа една победа и едно реми. „Црвено-жолтите“ најпрво славеа со 15-11, а потоа одиграа нерешено 7-7.Според програмата на ЕП, Македонија настапот го почнува на 4 јуни против Романија, а следуваат дуелите против Србија, Русија, Италија и Германија. Во составот на македонската репрезентација за ЕП во Малага се: капитенот Поповски, Перчиниќ, Н. Милиќ, Башиќ, М. Милиќ, Миљковиќ, Крстиќ, Урошевиќ, Петровиќ, Бркиќ, Крстовиќ, Бениќ и Вуксановиќ.

Мотивација со „химната“ од Тоше

Расположението кај македонските репрезентативци е на високо ниво. И покрај напорните тренинзи, тие во ведро расположение и со оптимизам ја очекуваат промоцијата во Малага. Селекторот Мечкиќ откри дека играчите најчесто дополнителна мотивација добиваат со песната на Тоше Проески „Македонија навива за вас“. Сите на мобилните телефони ја имаме песната „Македонија навива за вас“ од Тоше. Постојано ја слушаме, што ни дава дополнителна мотивација - вели Мечкиќ.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Јули.2008 во 17:10

ВАТЕРПОЛО - НАШИТЕ ВАТЕРПОЛИСТИ ЗАМИНАА ЗА ШПАНИЈА

На стартот со Романија

Македонската ватерполо репрезентација денеска со утринскиот лет нешто пред 7 часот, од аеродромот "Алекснадар Велики", од Скопје, замина за Малага, во Шпанија, каде во следните 15 - тина дена ќе учествува во завршницата на ЕП.

Амбициите со оглед дека ова е наш прв настап на едно ЕП во ватерполо, што би рекле историски, не се големи. Според изјавите на компетентните ќе се оди на добра игра, игра убава за око, што само по себе би требало да донесе и адекватни резултати.

Како своевиден хендикеп се споменува сатницата за игра. Сите натпревари нашата селекција ги игра во утринската програма од 9,30 до 12,30 часот, што не е случај со останатите репрезентации каде термините се од 18 - 21 часот. Ваквиот распоред донекаде е очекуван, наспроти селекцијата на Шпанија, која се наоѓа во групата "А", која како домаќина постојано игра во 21 часот.

Во делот на остварувањата првиот натпревар со Романија в петок на 4 јули и во 3. коло со Русија в недела на 6 јули се чини ќе бидат клучни бидејќи во останатите мечеви играме со поквалитетни селекции, во кои изнанедувањето би било научна фантастика.

Со евентуални две победи дефинитивно ќе бидеме хит на шампионатот, што значи на крајот би се пласирале 7 - 10 место. Можеби звучи амбициозно, но се е возможно. Имаме одлични играчи, искусни, кои знаат да повлечат кога е најпотребно, играчи кои имаат богато искуство, а богами имаме и докажан стратег, стратег кој е добро познат ширум светот, статег со богато искуство на евро сцената.

Според пропозициите најпривелгирани репрезентации ќе бидат оние кои после првиот круг кој завршува во вторник на 8. јули ќе успеат да се пласираат на првото (1) односно четвртото (4) место во групите. Првите одат директно во 1/2 финалето каде ги чекаат победниците меѓу второ и третопасираните екипи, со вкрстување, додека четвртопласираните ќе играат исто така против победниците од петто и шетопласираните селекции од групите, со вкрстување. При тоа имаат и еден ден слободен - четврток (10 јули). Ден порано в среда на 9 јули на програмата се 1/4 финалните дуели.

Тоа пак значи дека сите останати играат за пласман од 5 - 12 место, со таа разлика што за некои ЕП може да заврши уште на 11 јули в петок, а за некои в недела (13. јули), кога на програмата се два меча, финалето и натпреварот за освојување на 3. односно за 4. место.

Инаку, во истиот термин на истото место се одржува ЕП за жени каде учествуваат 8 селекции (Холандија, Шпанија, Русија, Германија - група "А", Италија, Грција, Франција и Унгарија - група "Б"), со таа разлика што тие имаат два дена слободни (среда - 9. јули и петок - 11 јули), а завршуваат ден порано, в сабота на 12 јули.

Инкау, на листата на луѓето кои ќе ја делат правдата во Шпанија, на ЕП, се наоѓа и името на нашиот судија Небојша Станковиќ.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПЕТОК (4. ЈУЛИ)


9,30 ч Словачка - Грција

11,00 ч Македонија - Романија

12,30 ч Србија - Германија

18,00 ч Русија - Италија

19,30 ч Унгарија - Хрватска

21,00 ч - Шпанија - Црна Гора

САБОТА (5. ЈУЛИ)

9,30 ч Македонија - Србија

11,00 ч Унгарија - Словачка

12,30 ч Германија - Русија

18,00 ч Романија - Италија

19,30 ч Црна Гора - Грција

21,00 ч Шпанија - Хрватска

НЕДЕЛА (6. ЈУЛИ)

9,30 ч Русија - Македонија

11,00 ч Србија - Романија

12,30 ч Унгарија - Грција

18,00 ч Хрватска - Црна Гора

19,30 ч Италија - Германија

21,00 ч Словачка - Шпанија

ПОНЕДЕЛНИК (7 ЈУЛИ)

9,30 ч Романија - Германија

11,00 ч Хрватска - Словачка

12,30 ч Македонија - Италија

18,00 ч Србија - Русија

19,30 ч Унгарија - Црна Гора

21,00 ч Шпанија - Грција

ВТОРНИК (8 ЈУЛИ)

9,30 ч Словачка - Црна Гора

11,00 ч Германија - Македонија

12,00 ч Русија - Романија

18,00 ч Грција - Хрватска

19,30 ч Италија - Србија

21,00 ч Унгарија - Шпанија



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 04.Јули.2008 во 12:37
debitantskiot mec na Makedonskata reprezentacija vo vaterpolo na evropskoto prvenstvo koe se odrzuva vo Malaga vo Spanija zavrshi so POBEDA.
MAKEDONIJA-ROMANIJA 10:6..
SAMO NAPRED...

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 04.Јули.2008 во 16:40

ВАТЕРПОЛО - ПОЧЕТОКОТ НА ЕП СЕ ОЧЕКУВА СО НЕТРПЕНИЕ

Романија може да падне

Со денешниот прв натпревар меѓу Словачка и Германија, во 9,30 часот и официјално ќе стартува ЕП во ватерполо код до 13 јули се одржува во Малага, во Шпанија.

Меѓу 12 најквалитетни селекции од Стариот континент кои се надигруваат за титулата европски првак за прв пат се наоѓа и нашата репрезентација која мораше да мине трнлив пат. Но тоа е сега минато.

Денеска, нашите ватерполисти веќе со мислите се насочени кон првиот натпревар против Романија кој почнува во 11,00 часот, натпревар кој може да биде добра отскочна штица за следните предизвици. Доколку се мине првата пречка тогаш ќе се "дише" полесно. А шансите за победа се 50:50.

Романија иако е земја во која ватерполото има долга традиција не се на нивото од пред десетина години. Неминовните смени на генерациите, отворањето на границите што значеше одлив на квалитетот, си оставија трага, во негативна смисла. Сега тоа се некои нови момчиња. И токму тоа може да биде меч со две острици. Момчиња кои сакаат да се афирмираат или пак момчиња кои можат многу лесно да изгорат. А тоа е огромен прихолошки притисок кој можат да го понесат само искусни и докажани спортисти.

Од друга страна во нашиот тим таков проблем нема. Сите играчи се свесни за значењето, за квалитетот на првенството како и за шансите кои Македонија ги има на ЕП, што значи апетитите се умерени. Затоа ветуваат само добра игра, убава за око. За искуството и не треба да говориме бидејќи сите до еден со исклучок на јуниорот Милановиќ кој буквално влета во црвено-жолтиот дрес во последен момент, по откажувањето на Маљковиќ, се интернационалци, играчи кои долги години играат во странски клубови, во лиги кои негуваат високо квалитетно ватерполо. Значи и од таа страна проблем немаме. Што се однесува до подготовките тие се завршена работа. Иако беа кратки планираното се реализираше се разбира со нешто зголемен интензитет. Можеби недостасуваше напревар повеќе, во фазата на подготовки. Два меча беа премалку за добар настап на ЕП. Но што е тука е.

Сепак, во едно сите се истомисленици. На победа!

Најголемата пречка, за која мора да бидеме свесни како земја која има малку лобисти во ватерполото или воопшто ги нема, ќе бидат судиите. А против нив тешко се игра.

Д. Ѓенчевски

МКД СОСТАВ

Далибор Перчиниќ

Милош Урошевиќ

Еди Бркиќ

Даниел Бениќ

Небојша Милиќ

Марко Мичиќ

Марко Башиќ

Игор Милановиќ

Душан Крстиќ

ненад Петровиќ

Милорад Крстовиќ

Иван Вуксновиќ

Сашо Поповски (к)

Љ. Мечкиќ (селектор)

С. Нонковиќ (тренер)

Б. Кузмановски (тренер)



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 04.Јули.2008 во 17:02
Македонија - Романија   10-6

само напред!!!!!!



-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Јули.2008 во 09:50
Srbija si igra so nas ke ne usramat!!! ova ke bide rekord moze sramota uste sega gubime 7-1 a 1/4 e !!!!!

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Јули.2008 во 10:05
13-2 gubime 2/4

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 05.Јули.2008 во 10:52
Kraj na natprevarot Makedonija - Srbija 6:23

-------------



Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 05.Јули.2008 во 23:27
ќе им вратиме на четниците за ова.....во финале

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 09:58
decki go gledam mecot i moze da se vidi deka rusite ne se nishto posebno....mozeme da gi tepame...
samo malku sreka ni treba....
NAPRED MAKEDONIJA....

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 10:13
VODIME PROTIV RUSIJA SO 8:6....AJDE SAMO NAPRED...

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 10:39
ODLICEN REZULTAT ZA NASHATA REPREZENTACIJA....
MAKEDONIJA-RUSIJA 9:9....

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: da be
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 20:16
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

МКД СОСТАВ


Далибор Перчиниќ

Милош Урошевиќ

Еди Бркиќ

Даниел Бениќ

Небојша Милиќ

Марко Мичиќ

Марко Башиќ

Игор Милановиќ

Душан Крстиќ

ненад Петровиќ

Милорад Крстовиќ

Иван Вуксновиќ

Сашо Поповски (к)

Љ. Мечкиќ (селектор)

С. Нонковиќ (тренер)

Б. Кузмановски (тренер)



МКД СОСТАВ

изненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадувањеизненадување


-------------
So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!


Постирано од: da be
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 20:32
PS

поради шокот заборавих да кажа:

дабе

-------------
So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 22:28
krivo ti e deka vie vo nisto nemate reprezentacija sto znae neso osvem vo fudbal

-------------



Постирано од: da be
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 22:30
волейбол знаеш што е?

-------------
So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 22:35
znam, epa ok i tamu    ama vo rakomet i vo kosarka i vo vaterpol ke ni se fatite vo fudbal tuka sme negde

-------------



Постирано од: da be
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 22:45
да бе

-------------
So, so you think you can tell Heaven from Hell?
Да бе
Go Ahead, make my day!


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 06.Јули.2008 во 22:49
Originally posted by Vardar1947 Vardar1947 напиша:

vo fudbal tuka sme negde



4:4 регуларно........ на пенали.....4:1 за нас

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 15:40

ВАТЕРПОЛО - ВО ВЧАРАШНИОТ НАТПРЕВАР СО РУСИЈА МАКЕДОНИЈА БЕШЕ НА ЧЕКОР ДО ПОБЕДАТА

"Зборнајата" се спаси од пораз

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА 9:9
(1-2, 4-2, 3-5, 1-0)

Малага - Акватик центар, Судии:Тугла (Тур), Ставридис (Грц), Делегат Крамер/ Бестис.

РУСИЈА: Давиташвили, Катков, Јурчик (3), Аленичев, Зелтоваки, Мокиенко, Калтурин (1), Фатахудинов, Степанјук (3), Вишњаков (1), Ашаев (1), Агарков, Иванов.

МАКЕДОНИЈА: Перчиниќ, Милановиќ, Вуксановиќ, Крстовиќ, Милиќ (3), Поповски, Миќиќ (3), Бркиќ, Крстиќ (1), Башиќ (1), Петровиќ, Бениќ (1), Урошевиќ.

Во рамките на ЕП во ватерполо во Малага во Шпанија вчера се одиграа натпреварите од 3. коло. Нашата селекција беше на чекор до победата против Русија, а со тоа и на втората сензација. На пет минути до крајот имавме водство од 9:8, а пред тоа и два разлика (9:7), за на крајот мечот да заврши мириљубиво 9:9. Со тоа и девете репрезентации освоија по 1 бод. На Русите ова е прв, а за нас четврти, после триумфот над Романија.

А почнавме одлично. Резултатот прв го отвори нашиот тим, поточно Бениќ во 2 минута од натпреварот. Набрзо следуваше изедначување за што најзаслужен беше Степанјук. Следните неколку минути и двете селекции наизменично се менуваа во нападот за на две минути до крајот на првата четвртина на одалеченост некаде од околу 5. м Н. Милиќ упати прецизен удар од далечина, за водство за Македонија од 2:1. Со тој резултат заврши првата четвртина.

Втората четвртина му припадна на нашиот противник. Откако видоа дека неможе да формираат изградена акција рускиот селекторот Собшенко, ја смени тактиката. Отиде на удари од далечина, удари од неизграени акции, во кои факторот изненадување беше пресуден. За нивна среќа тоа им успеваше. Најнапред на Калтурин за изедначување (2:2), а потоа и на Степнјук за водство од 3:2. Потоа следуваа два напади по еден на двете страни, но неуспешни. Веќе во третиот, или вториот на нашата селекција Милиќ бие за изедначување за 3:3. Набрзо потоа, чувствувајќи ја опасноста од нашата игра, од нашите напади, рускиот селекторт Собшенко побара "тајм аут". Веќе во следната акција Русите, со играч повеќе, доаѓаат до ново водство (4:3). Стрелец беше Јурчик и повторно со удар од далечина. Во следниот напад пенал за нашиот тим кој успешно го реализираше Миќиќ, за ново изедначување (4:4) На триесетина секунди до крајот на втората четвртина иста слика како и претходниот гол. Удар од дистанца и пак Јурчик, за водство од 5:4. Со тој резултат се отиде на одмор.

Во вторите две четвртини ја сменивме тактиката, особено во третата во која игравме поагресивно ватерполо, со изградени акции кои вродија со плод. Не само што ја анулиравме негативата од еден гол туку и поведовме со два гола предност. За изедначување стрелаше Башиќ (5:5), за водство Миќиќ (5:6), а за два гола разлика Милиќ (5:7). Токму после тоа се почувствува пад во играта на нашиот тим. Веројатно желбата за победа беше преголема, па почнавме често да грешиме. Тоа траеше околу 3. минути, минути кои Русите ги искористија. И повторно Јурчиќ (6:7). Само што појдовме од центарот, во изградена акција гол за нашиот тим кој го постигна Крстиќ, за задржување на разликата од два гола, за 6:8. Следуваше контанапад на "зборнајата" со успешна завршница на Ашаев (7:8). После 20 секунди, кога нашиот тим имаше играч повеќе, Миќиќ квалитетно реализира за 7:9. На седум секунди до крајот на третата четвртина Русите го враќаат ударот. Вишњаков за 8:9.

Во последната четвртина велговме со водство од гол предност. Се играч третата минута кога Степанчук го изедначи резултатот (9:9). Во последните пет минути и двете репрезентации имаа шанса за постигнување на гол, да дојдат до победа, но сето тоа беше јалово. Сите приоди кон двата гола беа затворени, се одеше на чести прекини, се шутираше од дистанца, непрецизно.

На крајот и двете селекции, според прикажаното, засклужија по еден бод. Можеби ние ќе жалиме што не го направивме второто изненадување бидејќи победата ни беше в џеб, за разлика од Русите кои резултатот го бркаа цело време. Секако дека анализите допрва ќе следуваат. Сепак впечатокот ќе остане дека ја испуштивме победата.

Ако се има во предвид дека Македонија дебитира на едно ЕП тогаш сите коментари се вишок. И вака е супер. Ремито против Русија е рамно на победа.

Денеска нашата селекција се среќава со силната Италија и тоа во 12,30 часот. Ако се знае дека Италијаните досега немаат ниту еден пораз, што е факт, дека се вбројуваат меѓу фаворитите за освојување на еден од медалите, дека тоа е селекција која има голем број на титули на СП, ЕП и ОИ, тогаш секаков коментар би бил непотребен.

Д. Ѓенчевски

ЉУБИША МЕЧКИЌ -СЕЛЕКТОРТ (МКД)

Победата ни беше на дофат

"Во средбата со Русија не освоивме еден поен, туку загубивме два. Водевме тречиси цело време за на крајот да дозволиме изедначување. Можевме да ги освоиме трите бода. Жалам за испуштената шанса."

САШО ПОПОВСКИ - КАПИТЕН (МКД)

Ни претстојат тешки натпревари

"Ако завршиме како трети во нашата група ќе биде вистинско изненадување. Сеуште имаме таква шанса, а со Русија можевме да победиме. Едноставно не успеавме да ги искористиме шанасите во ситуација кога имавме играч повеќе. Во следните натпревари не чекаат тешки противници."

ВИЧЕСЛАВ СОБЧЕНКО - СЕЛЕКТОР (РУС)

Премногу грешевме

"Во нашата трета игра дојдовме до поволен резултат каде го освоивме и првиот поен. Правевме премногу грешки во одбраната. Со малку среќа можевме и да победиме."

РЕЗУЛТАТИ - 3. КОЛО

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА 9:9

СРБИЈА - РОМАНИЈА 6:6

УНГАРИЈА - ГРЦИЈА 8:3

ХРВАТСКА - ЦРНА ГОРА 7:6

ИТАЛИЈА - ГЕРМАНИЈА

СЛОВАЧКА ШПАНИЈА

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕС

9:30 ч РОМАНИЈА - ГЕРМАНИЈА

11:00 ч ХРВАТСКА - СЛОВАЧАКА

12:30 ч МАКЕДОНИЈА - ИТАЛИЈА

18:00 ч СРБИЈА - РУСИЈА

19:30 ч УНГАРИЈА - ЦРНА ГОРА

21:00 ч ШПАНИЈА - ГРЦИЈА


СТАТИСТИКА

МАКЕДОНИЈА Г/Ш % ИГР. ПОВ. ПЕНАЛ ИСК. ОДБ. ИСК. НАП. УКР. ТОП. ЗАГ. ТОП.

1. Д. Перчиниќ - - - - - - 2 -

2. И. Милановиќ - - - - - - - -

3. И. Вуксановиќ 0/3 0 0/1 - - - 5 3

4. М. Крстовиќ 0/1 0 - - - 1 - -

5. Н. Милиќ 3/5 60 - - 1 - 2 3

6. С. Поповски - - - - - - - -

7. М. Миќиќ 3/3 100 1/1 1/1 - - 1 1

8. Е. Бркиќ 0/2 0 - - - - - -

9. Д. Крстиќ 1/5 20 1/3 - 2 - 1 -

10. М. Башиќ 1/1 100 1/1 - 1 - 1 4

11. Н. Петровиќ 0/2 0 - - 1 - 3 -

12. Д. Бениќ 1/2 50 - - - 1 - 2

13. М. Урошевиќ - - - - - - - -

ВКУПНО: 9/24 37 3/6 1/1 5 2 15 14

РУСИЈА Г/Ш % ИГ. ПОВ. ПЕНАЛ ИСК. ОДБ. ИСК. НАП УКР. ТОП. ЗАГ. ТОП.

1. С. Давиташвили - - - - - - 1 -

2. П. Катков - - - - 1 - 5 2

3. В. Јурчин 3/9 33 1/1 - - - 1 2

4. А. Аленичев - - - - - - - -

5. Ј. Зелтоваки - - - - - 2 2 5

6. С. Мокиенко 0/1 0 - - - - - -

7. П. Калтурин 1/4 25 0/2 - 1 - - -

8. А. Фатакудинов - - - - - - - -

9. К. Степанјук 3/7 42 1/1 - 1 - - -

10. И. Вишнаков 1/2 50 - - - - - 2

11. А. Ашаев 1/1 100 - - 1 - 1 4

12. А. Агарков 0/2 0 - - - - - 1

13. И. Иванов - - - - - - 1 -

ВКУПНО: 9/26 34 2/4 - 4 2 11 17

ВО 2. КОЛО НАШИТЕ ВАТЕРПОЛИСТИ ОЧЕКУВАНО ПОРАЗЕНИ

Србија недостижна

СРБИЈА - МАКЕДОНИЈА 23-6

(7-1, 6-1, 4-2, 6-2)

Малага - Акватик центар

СРБИЈА: Шефик, Прлаиновиќ (4), Раџен (1), Удовиќиќ, Д. Шапиќ, Пијетловиќ (2), Никиќ (2), Филиповиќ (1), Савиќ (1), А. Шапиќ (8), Вујасиновиќ (2), Пековиц (2), Шоро.

МАКЕДОНИЈА: Перчиниќ, Милановиќ, Вуксановиќ (1), Крстовиќ, Милиќ (1), Поповски, Бркиќ, Крстиќ (2), Башиќ (2), Петровиќ, Бениќ (1), Урошевиќ.

Далеку поквалитетната селекција на Србија, завчера, во саботата на ЕП во Малага во рамките од 2. коло од натпреварите по групи, ја совлада нашата репрезентација и тоа доста убедливо со 23:6.

Актуелниот првак на Европа кој го предводеше одличниот Александар Шапиќ, со 8 голови, Прлаиновиќ со 4, Пијетловиќ, Никиќ, Вујасиновиќ и Пековац по 2, Раџен, Савиќ и Филиповиќ по 1.

Во нашата селекција 2 гола постигна Крстиќ.

Натпреварот против Србија беше решен уште во првата четвртина, кога нашиот противник имаше водство од 7:1, додека на полувремето беше 13:2.

Слика - Тешко се доаѓаше до голот на Србија - Марко Башиќ го постигнува 5. гол на натпреварот

ДЕЈАН УДОВИЧИЌ - СЕЛЕКТОР (СРБ)

Ние сме подобра екипа, евидентно

"Тешко ми беше да проценам на прв поглед како ќе играме против слаба екипа. Сепак, Македонија постигне повеќе голови од тоа што очекувавме. Ние остануваме на патот до конечната цел, а тоа е 1/2 финале. Секогаш не прашуваат за квалитетот на групите, небаре сме ги бирале. Што сега треба да правиме, да одиме во друга група? Овде мораш да победуваш, таму е дозволено да загубиш... Според мене примивме повеќе голови од очекуваното. Македонците не ги потценивме иако е јасно дека сме подобра екипа."

АЛЕКСАНДАР ШАПИЌ - КАПИТЕН (СРБ)

Тоа беше добар ритам

"Македонија е послаба од Германија. Го фативме ритамот, но тешко е да се задржи кога првата четвртина ја добивате со 7:1. Сепак тоа беше добар ритам."

ЉУБИША МЕЧКИЌ - СЕЛЕКТОР (МКД)

Далеку е сонцето...

"Натпреварот со Србија го свативме како загревање, како тренинг, за претстојниот со Русија. Сепак, Србија е далеку над нашето ниво."

САШО ПОПОВСКИ - КАПИТЕН (МКД)

Тежок пораз

"Воопшто немавме шанса во овој натпревар. Поразот беше очекуван, но е превисок."

СРБИЈА ИЗНЕНАДЕНА ВО 3. КОЛО

Нерешено со Романците

СРБИЈА - РОМАНИЈА 6:6

(1-2, 2-:1, 2-2, 1-1)

Вториот натпревар од денешната утринска сесија, натпревар кој требаше да биде чиста формалност, доби завршница која никој не ја очекуваше. Србија и Романија одиграа нерешено 6:6. По два гола постигнаа Удовичќиќ и Вујасиновиќ, а по ден Шапиќ и Никиќ.

За Романците стреци беа Раду со три постигнати гола, Гибан, Матеј и Кадар по еден. Романците го добија првиот дел од играта (2:1), Србите веднаш возвратија со иста мера (1:2), а во следните две четвртини беше 2:2 и 1:1.

ДЕЈАН УДОВИЧЌИЌ - СЕЛЕКТОР (СРБ)

Романците со 200 % мотивација!

"Лошо го отворивме натпреварот во кој неуспеавме да го фатиме ритамот до крајот. Тоа е доста вознемирувачко. Поголемиот дел од натпреварот бевме во водство, но резултатски не успеавме да се одлепиме и да дојдеме до триумф. Моите играчи не одиграа како што умеат, додека противникот против нас играше со 200 % мотивација."

ВАЊА УДОВИЧЌИЌ - КАПИТЕН (СРБ)

Грешевме во нападот

"Почнавме доста опушетно, а згора на тоа направивме и голем број на грешки во нападот, грешки со кои ги загубивме сите можности за победа. Во следниот натпревар ќе мора да влезиме многу поконцентрирано, да играме на наше ниво."

КОРНЕЛИЈЕ РУСУ - СЕЛЕКТОР (РОМ)

Верувам во моите избраници

"Лошо ги одигравме првите две средби, со Македонија и со Италија. Но верувам во моите момчиња. Мислам дека можеме дури и да победиме, поради што сум многу горд. Играчите конечно сватија ЕП се уште трае. Имаме шанса да се пласираме во 1/4 финалето."

КАЛМАН КАДАР - КАПИТЕН (РОМ)

Победа за самодоверба

"Се согласувам дека првите два натпревари ги одигравме лошо. Со Србија прв пат одигравме онака како што треба. Тоа ќе ни го крене моралот за предстојните натпревари."

РЕЗУЛТАТИ

3. КОЛО

РУСИЈА - МАКЕДОНИЈА 9:9

СРБИЈА - РОМАНИЈА 6:6

УНГАРИЈА - ГРЦИЈА 8:3

ХРВАТСКА - ЦРНА ГОРА 7:6

ИТАЛИЈА - ГЕРМАНИЈА 12:6

СЛОВАЧКА ШПАНИЈА 4:12

2. КОЛО

МАКЕДОНИЈА - СРБИЈА 6:23

УНГАРИЈА - СЛОВАЧКА 19:3

ГЕРМАНИЈА - РУСИЈА 13:4

РОМАНИЈА - ИТАЛИЈА 7:12

ЦРНА ГОРА - ГРЦИЈА 11:10

ШПАНИЈА - ХРВАТСКА 7:11

ТАБЕЛА ПОСЛЕ 3. КОЛО

ГРУПА -"А"

1. Унгарија 3 3 0 0 37:15 9

2. Хрватска 3 2 0 1 27:23 6

3. Црна Гора 3 2 0 1 25:24 6

4. Шпанија 3 1 0 2 26:23 3

5. Грција 3 1 0 2 25:22 3

6. Словачка 3 0 0 3 10:43 0

ГРУПА -"Б"

1. Италија 3 3 0 0 36:19 9

2. Србија 3 2 1 0 46:17 7

3. Македонија 3 1 1 1 25:28 4

4. Германија 3 1 0 2 24:33 3

5. Романија 3 0 1 2 19:28 1

6. Русија 3 0 1 2 19:34 1



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Јули.2008 во 21:27
Македонија поразена од Италија

Македонската ватерполо репрезентација загуби од Италија со 11:5, во четвртото коло на Евро шампионатот во Малага, но и покрај вториот пораз, останува со шанси за пласман во четвртфиналето.

Со полн погодок против Германија, утре, во последната рунда од групата, ќе се бори за место и во полуфиналето. Слично како и саботната средба со бранителот на титулата Србија, нашите ватерполисти однапред го имаа прежалено и денешниот натпревар со трофејниот италијански состав.

Ова, делумно поради објективната разлика во квалитет, но пред се поради калкулирањето со силите пред утрешниот судбински меч против Германија, кој може да не одведе и во четвртфиналето.

Во „Акватик центарот“ во Малага, „Аѕурите“ го добија првиот период со 4:1. Македонија беше рамноправна само во втората четвртина. Во неа прв и единствен пат се доближивме на минус еден, иако на половина од средбата фаворитот имаше убедливи 6:3.

Беше јасно оти предноста на италијанците не може да биде анулирана, па и тие со нешто порелаксиран пристап го приведоа мечот до крајот.

Третиот период им припадна со 2:1, последниот со 3:1, за конечни 11:6 и за нивна четврта победа во четвртиот меч на првенството.

Небојша Милиќ постигна два, а Марко Мичиќ, Марко Башиќ и Ненад Петровиќ по еден погодок за нашиот национален тим, додека ветеранот Алесандро Калкатера со четири гола беше најефикасен кај противникот.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 08.Јули.2008 во 16:51
Ватерполистите без четвртфинале

Македонија не успеа да се пласира во четвртфиналето во дебитантскиот настап на Европското првенство (ЕП) во ватерполо.

Македонските ватерполисти денеска во базенот во шпанскиот град Малага беа поразени во клучниот натпревар од Германија со 7:5.

Германците на полувреме имаа предност од 4:3, а Македонија пропушти неколку изгледни шанси со кои можеше да биде во водство.

Во вториот дел, македонските ватерполисти потфрлија пред се на физички план.

„Секако дека сум разочаран од играта, што ја прикажавме денеска. Од друга страна, ова е наше прво учество на Европското првенство. Одигравме пет натпревари во пет денови. Ова беше тест за нашата концентрација и на крајот го загубивме”, изјави по мечот, македонскиот селектор Љубиша Мечкиќ.

Капитенот Сашко Поповски вината ја посочи во лошите подготовки за настапот на ЕП.

„Имавме лоши подготовки и за тоа ќе мора да разговараме со нашиот селектор. Денеска имавме на располагање само деветмина ватерполисти и тешко е да се добие натпревар во отсуство на четворица репрезентативци”, изјави Поповски.

Настапот во групата, Македонија го заврши со една победа, едно реми и три порази, и ќе игра за пласман од 8-мо до 12-то место.

-------------



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 09.Јули.2008 во 16:47

ВАТЕРПОЛО - ВЧЕРАШНИОТ ПОРАЗ ОД ГЕРМАНИЈА, ОД 7:5, НЕ ОДАЛЕЧИ ОД ПЛАСМАНОТ МЕЃУ ПРВИТЕ 6 НА ЕП ВО МАЛАГА

Судијата Донато како осми играч!

ГЕРМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА 7:5
(1:1, 2:1, 1:1, 3:2)

Малага - Акватик центар, Судии: Ставридис (Грц)/ Донато (Шпа), Делегат: Гринтеску/ Шаронов.

ГЕРМАНИЈА: Тхигер, Нароска, Реал (1), Савиќ (2), Диролф (1), Политц, Носек (1), Швертвитис (2), Кројзман, Олер, Шлотерберг, Макебен, Зелмер.

МАКЕДОНИЈА: Перчиниќ, Милановиќ, Вуксановиќ (1), Крстовиќ, Милиќ (1), Поповски, Миќиќ, Бркиќ (1), Крстиќ (1), Башиќ, Петровиќ, Бениќ (1), Урошевиќ.

Во крајно изедначен натпревар, со некоректно судење (ни поништија 3 гола), од страна на судијата Нелиа Донато од Шпанија (судија без тестиси) во последната четвртина, нашата селекција вчера во натпреварот од 5. коло, кој беше клучен за пласман во следната рунда (меѓу 6 најдобри од двете групи) загуби од Германија со 7:5. Пораз кој во никој случај не го заслуживме. Пораз на кој најмногу му кумуваше Донато, кој слободно може да го наречеме осми играч на Германија. Нејзините чудни одлуки многу лесно ги прифаќаше првиот арбитар Ставридис (Грц) на кој дефинитивно такво нешто му оддеше во прилог(!). Во најмала рака овој натпревар требаше да заврши нерешено. Според играта најправедно ќе беше поделба на поените. И едните и другите грешеа многу. И двете селекции не ја искористија шансата со играч повеќе или ја искористија минимално, Германците еднаш од шест можности, ние два од седум, што е недопустливо во ватерполото. Во загубени топки сме исти по 17, блок удари по еден, украдени топки - Германија 9 ние 8, во пенали сме подобри - 1/1, удари кон голот по 23 на двете страни со таа разлика што "панцирите" реализираа 7, а ние само 5, што впрочем е најбитното.

Инаку, самиот натпревар со оглед на важноста за двете репрезентации, за око не беше ништо посебно. Првиот гол го постигнаа Германците и тоа на истекот на 5. минута, за една минута подоцна, од пенал да изедначиме. Успешен реализатор на најстрогата казна беше Никола Милиќ, за 1:1, резултат со кој заврши првата четвртина.

Во втората "панцирите" преку Реал, во 4. минута, поведоа со 2:1, за 3 минути подоцна Носек да зголеми на 3:1. Веќе во следниот напад Крстиќ намалува на 3:2. Со тој резултат се отиде на одмор.

Второто полувреме, односно на третата четвртина почна со многу грешки и на двете страни. Петровиќ ја губи топката, Тејгер ја краде. Истата ситуација само сега во спротивниот табот. Политц губи - Перчиниќ краде, па следува Вуксановиќ губи - Савиќ краде. По неколку идентични ситуации Бениќ постигнува гол за изедначување за 3:3. По една минута игра натурализираниот Германец Савиќ од просторот од 5 м прецизен, за водство на Германците од 4:3, резултат со кој завршува третата четвртина, резултат кој во тој момент донекаде беше објективен.

И доаѓа последната четвртина, кога за Германците почнува да "игра" сидијата Донато, дамата која н$ осакати. Во таа последна четвртина Германците дадоа 3 гола наспорти еден. Најнапред во 2. минута од играта Дироф зголеми на 5:3, потоа Шертвич на 6:3. Вуксановиќ постигнува гол за надеж, намалува на 6:4. Во следниот напад Шертвич бие за 7:4, а на 2 секунди до крајот Бркиќ намалува на 7:5. Резултат со кој заврши натпреварот.

Што сега?

Дефинитивно Македонија како четвртопласирана во својата група ("Б") ќе игра за пласман од 7. до 12. место, што без разлика неа с$ е огромен успех.

Денеска и утре за нашите е слободен ден, а веќе задутре (утре е слободен ден за сите, денес само за првопласираните и четвртопласираните од групите) ќе играме со подобриот од мечот меѓу петтопласираната од групата "А" (тоа дефинитивно е Грција) и шестопласираната од групата "Б" - Русија која вчера беше поразена од Романија. Значи следниот наш противник, задутре (11 јули во 18 часот), ќе биде победникот од денешната средба меѓу Грција - Русија. Доколку го добиеме и тој натпревар што ќе биде тешко особено ако играме против нашиот јужен сосед, тогаш ќе се бориме за 7 - 8 место, а доколку загубиме за 9 - 10. Последни не можеме да бидеме во никој случај, што реално, ако се има предвид дека ова е наше прво учество, дека во ватерполо светот сме новаци, дека никој не сметаше на нас, дека отидовме како аутсајдери, ова е супер. Повеќе од очекуваното.

Сепак, останува горчината за испуштената шанса да влеземе меѓу 6-те најдобри на Стариот континент, што ќе беше фено - мено - менално.

Д. Ѓенчевски


РЕЗУЛТАТИ - 5. КОЛО

СЛОВАЧКА - ЦРНА ГОРА 4:13

ГЕРМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА 7:5

РУСИЈА - РОМАНИЈА 10:14

ГРЦИЈА - ХРВАТСКА 9:9

ИТАЛИЈА - СРБИЈА 8:11

УНГАРИЈА - ШПАНИЈА 8:7

ТАБЕЛА ПОСЛЕ 5. КОЛО

ГРУПА -"А"

1. Црна Гора 5 4 0 1 48:37 12

2. Унгарија 5 4 0 1 54:32 12

3. Хрватска 5 3 1 1 51:37 10

4. Шпанија 5 2 0 3 42:38 6

5. Грција 5 1 1 3 41:40 4

6. Словачка 5 0 0 5 19:71 0

ГРУПА -"Б"

1. Србија 5 4 1 0 68:31 13

2. Италија 5 4 0 1 55:35 12

3. Германија 5 3 0 2 39:42 9

4. Македонија 5 1 1 3 35:56 4

5. Романија 5 1 1 3 37:46 4

6. Русија 5 0 1 4 35:59 1

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕС

16:30 ч Грција/А5 - Б6/ Русија

18:00 ч Словачка/А6 - Б5/ Романија

19:30 ч Унгарија/А2 - Б3/ Германија

21:00 ч Хрватска/А3 - Б2/ Италија

ХАГЕН ШТАМ - СЕЛЕКТОР (ГЕР)

Се изборивме за СП и на ЕП

"Со победата против Македонија ЕП за нас доби среќен крај. Ги реализиравме нашите амбиции пласман, меѓу 6 - те најдобри. Се надевем дека успеавме да се избориме за директно учество на СП во 2009 год и на ЕП во 2010 год."

СОРЕН МАКЕБЕН - ИГРАЧ (ГЕР)

Целта ја постигнавме

"Мислам дека не одигравме квалитетен натпревар, но целта ја исполнивме. До сега не го покажавме нашиот вистнски потенцијал. Верувам дека следната рунда е вистинскиот момент за тоа."

ЉУБО МЕЧКИЌ - СЕЛЕКТОР (МКД)

Разочаран сум!

"Разочаран сум од нашето издание. Од друга страна ова е наше прво учество на едно ЕП. Во пет дена одигравме пет натпревари. Ова беше тест за нашата концентрација. На крајот загубивме."

САШКО ПОПОВСКИ - КАПИТЕН (МКД)

Погрешни подготовки!

"Генерално, подготовките беа погрешни. Тоа треба да го разговараме со нашиот тренер. Во мечот со Германија имавме на располагање само 9 играчи. Тешко е да се мине понатаму во натпревар во кој ви недостасуваат четворица."

СТАТИСТИКА

ГЕРМАНИЈА Г/Ш % ИГ. ПОВ. ПЕНАЛ ИСК. ОДБ. ИСК. НАП УКР. ТОП. ЗАГ. ТОП.

1. А. Тхигер - - - - - - 5 -

2. Ф. Нароска 0/1 0 - - 1 - - -

3. Ж. Реал 1/2 50 - - 1 - 1 -

4. М. Савиќ 2/4 50 1/1 - 1 - 1 1

5. С. Дероф 1/1 100 - - 2 1 - 2

6. М. Политц 0/2 0 0/1 - 1 - - 1

7. Н. Носек 1/4 25 0/1 - - 1 1 -

8. Т. Шертвитис 2/5 40 0/2 - - - - 6

9. Т. Кројзман 0/1 0 - - - 1 1 1

10. М. Олер - - - - - - - -

11. А. Шлотербек 0/1 0 - - - - - 5

12. С. Макебен 0/2 0 0/1 - - - 3 1

13. М. Зелмер - - - - - - - -

ВКУПНО: 7/23 30 1/6 - 6 2 9 17

МАКЕДОНИЈА Г/Ш % ИГР. ПОВ. ПЕНАЛ ИСК. ОДБ. ИСК. НАП. УКР. ТОП. ЗАГ. ТОП.

1. Д. Перчиниќ - - - - - - 2 -

2. И. Милановиќ - - - - - - - -

3. И. Вуксановиќ 1/3 33 - - - - - 1

4. М. Крстовиќ 0/1 0 0/1 - - 1 1 -

5. Н. Милиќ 1/6 16 0/1 1/1 1 1 2 3

6. С. Поповски - - - - - - - -

7. М. Миќиќ 0/1 0 - - - - 2 1

8. Е. Бркиќ 1/3 33 1/1 - - - - 1

9. Д. Крстиќ 1/3 33 1/2 - 2 - 1 1

10. М. Башиќ 0/1 0 0/1 - - 2 - 4

11. Н. Петровиќ 0/2 0 0/1 - 1 1 - 2

12. Д. Бениќ 1/3 33 - - - - - 3

13. М. Урошевиќ - - - - - - - -

ВКУПНО: 5/23 21 2/7 1/1 4 5 8 17



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 10.Јули.2008 во 14:19

ВАТЕРПОЛО - МАКЕДОНИЈА УТРЕ ПОВТОРНО ИГРА ПРОТИВ "ЗБОРНАЈАТА", ЗА ПЛАСМАН ОД 7 - 10 МЕСТО

На нов мегдан со Русија

ЕП во ватерполо кое во моментов се одржува во Малага, Шпанија, по првиот круг влегува во својата завршница, каде секоја од репрезентациите ќе се бори за што подобар пласман, пласман кој ќе биде лична сатисфакција за вложениот труд, за потрошените средства...

Меѓу 12-те земјите кои се најдоа во завршницата за прв пат се наоѓа и Македонија, што беше пријатно изненадување за сите, особено за македонската јавност која изминатите неколку дена буквално живее со ватерполо спортот.

Во таа насока сакаме да потенцираме дека пласманот на 4. место во групата со една победа против Романија и нерешено против Русија е огромен успех. Тоа, пак, ни овозможи да играме за пласман од 7 - 10. место, што значи во никој случај не можеме да бидеме последни, што е уште една позитивна работа. Ако се има предвид дека целиот проект е направен за една година тогаш нема место за разочарување. Вакви пласмани држави со традиција во ватерполото само сонуваат. Да не заборавиме дека во Малага ја нема една Франција, а за Холандија не станува збор.

Тоа на што сега треба да се концентрираме е утрешниот натпревар со Русија (денеска на шампионатот е слободен ден за сите), која вчерашниот триумфираше против Јунанистан (Грција) од 9:4, со која имаме негативен скор, два порази и едно реми, во меч кој се одигра пред 4 дена исто така во Малага во рамките на ЕП. Тоа е квалитетна репрезентација, со млади играчи. А токму тука е тајната на нивниот (не)успех. Непредвидливи се! Имаат страшни падови во играта, но знаат и да блеснат. А тогаш ништо не ги запира. Токму од тие причини и селекторот Мечкиќ и тренерот Нонковиќ ќе мора да имаат посебен приод кон нештата, кон играчите. Ќе мора да постават тактика која ќе биде адекватна. На последниот натпревар победата ни беше в рака. Зошто утре да не ги победиме. Играчкиот и стручниот потенцијал има сили и квалитет за триумф.

Тоа, пак, што фрла црна дамка на целиот шампионат е помалку колуарското негодување за нашето учество на ЕП. Безмалку станавме кошмар за дел од учесниците, за ЛЕН (Европската ватерполо федрација) како организатор, а богами и за некои репрезентации кои не успеаја да се пласираат за Малага.

Резултатите по 5 кола се добро познати на сите. Тоа што за нас е одличен резултат, некој воопшто не го чини среќен.

Ваквите констатации или претпоставки можеби се шпекулации, можеби се престроги, но неколку работи не можат да се премолчат.

Имено, во пет натпревари дури трипати ни судат судии од Јунанистан, од нашиот јужен сосед. Со Србија - Ставропулос, со Русија - Ставридис и со Германија повторно Ставридис.

Втора работа која ни ја "сместија" е распоредот на натпревари. Првично, во официјалниот билтен стоеше дека четвртопласираната селекција од групата "Б" ќе игра со победникот од натпреварот меѓу шестопласираната екипа од групата "А" и петтопласираната од групата "Б" и обратно. Во случајов тоа е победникот од мечот Словачка - Романија. Обратно, пак, излегува, по конечниот пласман во групите, дека Шпанија како четвртопласирана екипа од групата "А" ќе треба да игра со победникот од Јунанистан - Русија, меч во кој Јунанистан според сите проценки требаше да биде фаворит. Тоа значи дека при еден таков натпревар реални се шансите Шпанците да се судрат со селекцијата на нашиот јужен сосед и да претрпат пораз. А тоа за домаќинот кој и така не покажа ништо а важеше за фаворит е вистинска катастрофа.

Вака, со ненадејната смена на програмата, промена во последен час, сакаа да ни го "сместат" Јунанистан. И волкот сит и овците на број. Сите задоволни. Македонија нема да биде последна, а Шпанија и Јунанистан ќе се бореа за 7. и 8. место. Прифатливо.

Арно ама никој не сметаше на Русија која ги замрси сите коци, која не дозволи "шемите" да се реализираат.

И трета работа која малку недостигаше да мине се конечните табели. Вечерта, по завршување на натпреварот од 5. последно коло од првиот круг при изготвување на официјалните конечни табели Македонија е "сместена" на 5. место во групата "Б". На реакцијата од нашиот табор зошто е тоа така следел одговор дека Романија има подобра гол разлика, при тоа занемарувајќи го првиот услов кој вели дека за конечниот пласман меѓу две селекции со ист број бодови одлучува меѓусебниот скор". Откако е укажано на пропустот добиено е едно "извинете, наша грешка", по што следува исправка на конечниот ранкинг, каков што е сега - Македонија на 4. место.

Премногу (не)намерни грешки за едно ЕП кога сме ние во прашање, како Македонија.

Сето погоре кажано се покажа како "есап без крчмар". Во вчераниот натпревар Русите се надминаа себеси. Го совладаа Јунанистан, нашиот јужен сосед. Дали Русите беа предобри или противникот слаб, или, пак, се исплаши од средбата со Македонија, или се работи за спортска среќа, ќе остане тајна.

Како и да е, во утрешниот натпревар двете репрезентации од групата "Б" кои се судија во 3. коло ќе имаат уште еден двобој, Македонија - Русија.

Овој пат очекуваме победа.

Д. Ѓенчевски

СТEФАН НОНКОВИЌ - ТРЕНЕР (МКД)

Знаеме што не очекува

"Тоа се млади играчи, млада екипа -пливаат, летаат, шутираат. Не случајно ја победија Грција. Гледано од наша агол Русите и најмногу ни одговараат. Синоќа и денес ја прегледуваме снимката од последниот натпревар, кога одигравме нерешено. Уште еднаш да видиме каде грешевме и да поставиме тактика соодветна на нивната. Одиме на победа. Знаеме што не очекува.

Што се однесува до натпреваот меѓу јужниот сосед и 'зборнајата' што да речам. Русите ги потопија, Грците потфрлија. Имаа неколку тешки натпревари против Црна Гора, Хрватска, Унгарија и Шпанија. Тоа кај нив остави длабока трага."

СТЕФАН ПУЛЕЈКОВСКИ - ГЕН СЕКРЕТАР НА ПФМ

Протесна нота до ЛЕН

"На 'игрите' кои ни ги приредуваа овие неколку дена во Малага Пливачката федерација на Македонија неможе да остане рамнодушна, не особено после распоредот за натпреварите за пласман и фактот што на три средби имаме судии од соседството од југот. Веднаш вложивме протесна нота до ЛЕН. Не дека нешто ќе измениме но да знаат дека сме свесни за тоа што се прави. Среќата сакаше повторно да играме со Русија."

РЕЗУЛТАТИ 1/4 ФИНАЛЕ

ГРЦИЈА - РУСИЈА 4:9

СЛОВАЧКА - РОМАНИЈА 6:7

УНГАРИЈА - ГЕРМАНИЈА 14:8

ХРВАТСКА - ИТАЛИЈА 8:7

ДВОЈКИ ЗА УТРЕ

12:30 ч Грција - Словачка (11/12 м)

16:30 ч Русија - Македонија (7/10 м)

18:00 ч Романија - Шпанија (7/10 м)

19:30 ч Црна Гора (1/2 фина)

21:00 ч Србија (1/2 фина)



-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 12.Јули.2008 во 13:35

http://www.europeanchampionships.org/Malaga2008/viewer_clip_2.php?clip=Macedonia_MAN_interview_0711.wmv - http://www.europeanchampionships.org/Ma ... w_0711.wmv
видео изјава на нашиот теенер


http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=0&EditionID=1063&ArticleID=58484 - http://www.novamakedonija.com.mk/Deskto ... leID=58484
Македонија ќе игра и на СП


Сениорската ватерполо-репрезентација на Македонија вчера на Европското првенство (ЕП) во Малага ја победи Русија, со тоа приреди уште една сензација и, згора, се пласира на Светското првенство в година во Рим.

Македонија и на ЕП 2010 во Загреб?
Според првите информации кои пристигнаа до македонските ватерполисти, можно е Македонија да обезбедила директен настап и на ЕП во Загреб во 2010 година. Ова на македонскиот помошник-селектор Стефан Нонковиќ му го соопштил еден од делегатите на Светската ватерполо-федерација.

Мечкиќ: Игравме за два милиона Македонци
Ние сме мала држава со два милиона жители и сите тие ги стискаа палците за нас. Игравме за нив и пласманот на седмото или на осмото место е огромен успех за Македонија - изјави по натпреварот македонскиот селектор Љубомир Мечкиќ.

 

п.с и после зборете нешто против овие момци кои ја изрекламираа македонија под уставното име и обезбедија пласман на дв енаредни големи натпреварувања 0



Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 12.Јули.2008 во 13:41
Zote јас не слушнав никој овде против нив да збори. Напротив. Тие ја имаат нашата подршка.

-------------
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 12.Јули.2008 во 15:05
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Zote јас не слушнав никој овде против нив да збори. Напротив. Тие ја имаат нашата подршка.
 
тој бугарот нешто во претходнит епостови дрвеше нешто и нека пукне сега затоа што следната година на светското првенство ќе вее нашето знаме, ќе се свири нашата химна и ќе играме под усатавното име македонија.
 
 
нашиот капитен сашко поповски
 


Постирано од: ZOTE
Датум на внесување: 12.Јули.2008 во 22:11
јас би сакал да купам такви но  не знам кој им е спонзор во спортска опрема на репрезентацијата и дали има во продавница некаде. и дали некој знае дали ватерполо федарацијата има интернет страна? па да ги прашаме за купаќите Wink
 
Еве го изгледот на купаќите од предната страна.
 
http://www.forum.kajgana.com/attachment.php?attachmentid=7059&d=1215358912 -


Постирано од: napoleon21
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 19:17
KOLKU ZAVRSI SRBIJA - HRVATSKA . aj nekoj da ni kaze


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 19:22
Ubedljiv poraz od Hrvata

Srbija - Hrvatska 8:11 (3:1, 1:4, 1:4, 3:2)

Vaterpolisti Srbije su u drugom kolu B grupe na Olimpijskim igrama u Pekingu doživeli težak poraz od Hrvatske. Igra izabranika Dejana Udovičića funkcionisala je samo u prvoj četvrtini, ali su u nastavku "delfini" doživeli klasičan nokaut od raspoloženih Hrvata.

-------------



Постирано од: napoleon21
Датум на внесување: 12.Август.2008 во 19:41
[ hvala vam


-------------


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 13.Август.2008 во 17:23
Хрватска ја победи Србија, Црна Гора ја декласира Канада со 12:0!



Канаѓаните станаа првата нација што не успеала да постигне гол на ватерполо меч во 32 години, колку што овој спорт е дел од ОИ

Ватерполо репрезентацијата на Хрватска направи голем исчекор кон првото место во групата Б на олимпискиот турнир во Пекинг кое обезбедува директен пласман во полуфиналето, откако во дербито на второто коло ја порази Србија со 11:8. Но, и покрај доминантната игра и триумфот, селекторот Ратко Рудиќ, сепак, истакнува дека работата се' уште не е завршена.

„Против Србите почнавме во грч. Можеби тоа на некој начин не' придвижи. Ни' требаше предизвик, а токму тоа беше водството на Србија со 3:1. Потоа ја завртевме играта во наша корист, сменивме некои работи, станавме поагресивни и се' си дојде на свое. Може да бидеме задоволни со играта и победата“, изјави Рудиќ за хрватските медиуми по мечот и предупреди:

„Многу блиску сме до полуфиналето, но теоретски се' уште не сме таму“.

Србија подобро влезе во натпреварот и по првата четвртина водеше со 3:1, период во кој „коцкестите“ слабо ги користеа моментите кога имаа човек повеќе во базенот. Но, во продолжението работите се сменија. Во наредните два периода Хрватите направија неверојатна серија од 10:2, целосно го разбија противникот и ги отстранија сите дилеми околу победникот во балканската пресметка во групата Б.

Српскиот селектор Дејан Удовичиќ рече дека лошата игра во втората и третата четвртина ги одведе неговите ватерполисти во пораз.

„Немаше нервоза во нашата игра и мислам дека покажавме волја и желба да победиме. Ги пропуштивме шансите во вториот и третиот период од мечот, а потоа водството на Хрватите беше недостижно. Сега ќе се обидеме да ги добиеме сите средби до крајот на натпреварувањето по групи и да завршиме на втората позиција. Така, условно речено, ќе имаме полесен распоред во четвртфиналето“, изјави Удовичиќ.

Предводници на хрватскиот состав беа Маро Јоковиќ и Самир Барач кои постигнаа по три гола, најефикасен кај Србите беше Александар Шапиќ со 4. Во оваа група Б победи уште остварија САД над Италија со 12:11 и Германија во дуелот против Кина со 6:5.

Европскиот првак, Црна Гора, ја забележа најубедлива победа во мечевите од второто коло на машкиот ватерполо турнир во Пекинг. По ремито со Унгарија на стартот Црногорците ја декласираа селекцијата на Канада 12:0 (по четвртини 3:0, 4:0, 4:0, 1:0). По два пати во листата на стрелци се запишаа Никола Вукчевиќ, Млаџан Јановиќ и Владимир Гојковиќ, не поентираа само Вјекослав Пасковиќ и Милош Шќепановиќ. Канадските голмани одбранија само четири удари од вкупно 16 колку што беа упатени за време на мечот кон нивниот гол. Со ова Канада влезе во историјата на олимписките игри станувајќи првата земја која не успеа да постигне гол на еден ватерполо натпревар во 32 години колку што овој спорт е дел од семејството на олимписки спортови.

-------------



Постирано од: alan ford
Датум на внесување: 18.Август.2008 во 16:31
Sepak imam nekoe predcustvo deka Srbite ke bidat prvi na olimpijadava

-------------
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.


Постирано од: Neptun74
Датум на внесување: 20.Јули.2009 во 18:15

MAKEDONSKATA vaterpolo reprezentacija denes gi zapocnuva natprevarite na Svetskoto Prvenstvo vo Rim...
Pa, srekno momci...

-------------
DeepBlue


Постирано од: GreatPerles
Датум на внесување: 23.Јули.2009 во 14:26
Originally posted by аџија аџија напиша:

а што мислите за ова „купување“ репрезентативци? 10 ватерполисти на „МК“, се всушност срби и хрвати.


Посебно ми се допадна еден коментар на коментаторот на ме~от со Америка...Екипата на Америка тренира 10 години заедно...ние сме една од ретките екипи ако не и единствена кои позајмуваат игра~и од соседните дрзави (цитирам)Треба да се размисли дали со ангазирање на странски игра~и се прави добро севкупно во секој поглед...


Постирано од: Сварог
Датум на внесување: 01.Август.2009 во 22:37
Честито до србите,новите светски шампиони!

-------------
Европа для Славян
Meine Ehre Heisst Treue
Русский доброволец, руку братьям дай,
Будь готов бороться до конца.


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Август.2009 во 12:46
pobednickiot gol

http://www.youtube.com/watch?v=TmlSgzaN_O0&feature=related - http://www.youtube.com/watch?v=TmlSgzaN_O0&feature=related

i odma palat ludacive

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 07.Декември.2009 во 01:14
Македонската ватерполо репрезентација задржана на грчката граница

Македонската ватерполо репрезентација која денеска отпатува за Атина на натпревар со Грција повеќе од два часа е задржана на грчката граница.

Причина е името Македонија што се наоѓа на спортската опрема на ватерполистите и кратенката МКД на некои делови од опремата.

Ова за МИА го потврди Бошко Трпески, кој е дел од делегацијата што ја предводи ватерполо репрезентацијата.

Тој изјави дека за ваквиот настан е запознат и македонскиот амбасадор во Грција, Благој Ханџиски со кого е договорено по евентуалното поминување на грчката граница, македонската репрезентација да биде придружувана со полициско возило заради избегнување на непријатности.

Според Трпески, доколку се побара од нив да влезат во Грција без опремата со ознаките Македонија, најверојатно репрезентацијата нема да отпатува за Атина и за ова ќе ја извести Светската пливачка федерација.

Натпреварот со јужниот сосед, Македонија треба да го одигра во вторник со почеток во 17 часот и 30 минути. Станува збор за натпревар од 2.коло во групата 2 од Светската лига. Грција во првото коло загуби на гостувањето кај Русија со 9:6, додека Македонија во Скопје беше поразена со 9:7 од Хрватска.

„Очекувам повторно да одиграме најдобро што можеме, пред се борбено и тука гледам шанса. Со наша добра игра ќе има и добар резултат. Нема сомнение дека Грција е фаворит, но нема да се предадеме. Во однос на претходниот натпревар, повратник во репрезентацијата е Горан Крстоносиќ, јунакот од квалификациите 2008 година во Скопје, што е добар момент“, изјави селекторот Нонковиќ пред заминувањето за Атина.

Во однос на актуелните политички односи меѓу двете држави Нонковиќ смета дека притисокот е поголем на спротивната страна, но и се надева дека ватерполо селекцијата на Македонија со добар резултат ќе се врати од гостувањето.

Синоќа во рамките на Првата Б лига на Србија во ватерполо, Работнички кој се натпреварува во оваа лига како гостин го победи тимот на Шабац со 13:5. Во следното коло во Скопје на базенот Карпош в сабота на 12 декември Работнички ќе игра против Земун.

-------------



Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 27.Јануари.2010 во 22:53
Ватерполистите на Македонија поразени од Русија

На хартија можеби изгледа 3 од 3, но неуспесите на македонската ватерполо репрезентација имаат една друга димензија.

Да се постигне еден ритам, да се добие рутина во натпреварите со силни противници, и да се гради формата во пресрет на пролетните Евро-квалификации.

„Во принцип сум задоволен, секако не е истото чувство кога ќе се победи, но пруживме еден добар натпревар. Примивме четири гола од една Русија и тоа е она што не радува во наредниот период, за квалификациите“, изјави Стеван Нонковиќ, селектор на македонската ватерполо репрезентација „Очигледно дека има многу работи кои треба да ги поправиме во нападот. За тоа е потребно воигрување, чести собири, веќе се трудиме да организираме уште два турнира покрај Светската лига“, додаде Нонковиќ

„Не можам ништо да им замерам на момците, дадоа максимум од себе. Не е срамота да се загуби од Русија, посебно со ваков резултат и со ваква игра. На крај и таа среќа повторно не не послужи, тоа не следи веќе подолго време. Но нека се потрошат сите лоши работи во Светската лига за да бидеме во топ форма во квалификациите“, рече селекторот на македонската ватерполо репрезентација

-------------



Постирано од: емил
Датум на внесување: 18.Февруари.2010 во 16:07
Неизвесно е дали и каде ќе се одигра натпреварот Македонија - Грција

На неполн месец до терминот за одигрување на ватерполо натпреварот од Светската лига меѓу Македонија и Грција, и на пет дена до гостувањето во Хрватска, ватерполистите се најдоа пред многу тешка ситуација да немаат каде да тренираат. Двата базени во Македонија во кои може да се играат ватерполо натпревари во зимски услови останаа без вода.

Во Пливачката федерација останаа затечени од таквата состојба и прават напори да се создадат услови за одржување на тренинзите и одигрување на натпреварот на 16 март против Грција во Скопје.

- Луѓето кои стопанисуваат со базенот во Карпош не известија дека за да се постигне оптимална температура на водата во базенот се потребни 15-17 дена во зависност од надворешната температура. Ова значи дека најдоцна до вторник треба да го наполниме базенот и да почнее греењето на водата за да можеме да го одиграме натпреварот во Скопје. Како федерација имаме обврски да го организираме мечот во улога на домаќини или во спротивно ќе се соочиме со драстични казни од Светската пливачка асоцијација, изјави претседателот на Пливачката федерација на Македонија, Стефан Пулејковски на денешната прес конференција во базенот „Младост“.

Македонија смее да биде домаќин и во друга држава па дури и во Грција, со што би се избегнале ригорозните казни кои се од високи парични па се до долгогодишна суспензија.

Високите трошоци за топлинска и електрична енергија се причините поради кои базенот „Младост“ во скопската населба Карпош е испразнет. За утре е закажана средба меѓу Пулејковски и претставници од „Топлификација“ во обид да се решат проблемите и натпреварот со Грција да се игра пред домашна публика. Постои и друга опција, а таа е мечот да се одигра на Олимпискиот базен во Скопје, кој е со речиси трипати поголем капацитет за гледачи, но со тој објект стопанисува приватна фирма па ке треба да се договорат условите со тој сопственик околу полнење на базенот и одржување на потребната температура.

Селекторот на македонската ватерполо репрезентација Стеван Нонковиќ изрази надеж дека работите ќе се средат во што е можно пократок период, па тој и репрезентативците да продолжат да работат во посакуваниот ритам.

- Состојбата е таква каква што е. Многу ми ги наруши плановите за подготвителни натпревари. Требаше да се собереме тука во недела и да одржиме неколку тренинзи. Сега се договоривме да отпатуваме во Хрватска и таму да направиме неколку тренинзи пред натпреварот со Хрватска на 23 овој месец. Списокот на репрезентативци е малку променет со оглед на тоа дека играчите од Работнички немаат доволно тренинзи и не се комплетно подготвени за настапот со Хрватска, изјави селекторот Нонковиќ.

Список на ватерполисти за настап против Хрватска:

Голмани: Перчиниќ Далибор, Јаневски Бојан, Недановски Дарко.
Бекови: Петровиќ Ненад, Димовски Димитар, Белев Анастас.
Центри:Бениќ Даниел, Арсовски Александар, Милановиќ Игор.
Надворешна линија: Кречковиќ Владимир, Бркиќ Еди, Крстоношиќ Горан, Босанчиќ Ненад, Стојчев Димитар, Вуксановиќ Иван, Латковиќ Владимир.




-------------


Постирано од: гoстин
Датум на внесување: 16.Март.2010 во 23:42
Македонија ја порази Грција

Македонија ја порази Грција во рамки на Светската лига реванширајќи и се за поразот од декември лани.

Во еуфорична атмосфера која во Олимпискиот базен во Скопје ја создадоа околу 2.000 гледачи, македонската ватерполо репрезентација водеше речиси во целиот тек на натпреварот и заслужено ги порази Грците со 7-6 (2-2. 2-1, 2-0 1-3).

Во емотивните изјави по натпреварот, селекторот на Македонија Стеван Новковиќ и репрезентативците порачаа дека оваа голема победа и ја посветуваат на македонската нација.

Натпреварот Македонија - Грција се одигра во рамки на 5 коло од Светската лига.

За Македонија ова е прва победа во своето премиерно учество во Светската лига, кое ќе го заврши со гостување во Русија.

-------------



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 16.Март.2010 во 23:55
Одличен меч на нашата репрезентација,секоја им чест на момцитеголемо%20гушкање

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 09.Август.2010 во 20:38
ovaaa.... MAKEDONSKATA VATERPOLO REPREZENTACIJA pak e na Evropsko Prvenstvo, a? Sto fino...


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 28.Август.2010 во 20:34
Utre pocnuva EP u Zagreb.

Znaci utre, 29.08.
11:30

RUSIJA-MAKEDONIJA

Site da navivate za nasite Makedonci od reprezentacijata...


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 12:42
http://www.youtube.com/watch?v=-4xdfEzFbrc - TORPEDIRANA RUSKATA PODMORNICA!!!


RUSIJA - MAKEDONIJA   9:10


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 12:49
PFM organizira karavan za zainteresiranite da odat na utresniot natprevar

MAKEDONIJA - Ggggrrrrcija

Pa, koj e zainteresiran, moze da se javi na 071 20 48 47, poaganje denes vo 20:00, natprevarot e utre vo 18:00...


Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 12:59
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Utre pocnuva EP u Zagreb.

Znaci utre, 29.08.
11:30

RUSIJA-MAKEDONIJA

Site da navivate za nasite Makedonci od reprezentacijata...
 
КОИ МАКЕДОНЦИ?збунетост
Нема врска, честитки до ватерполистите.голема%20насмевка


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 13:01
Kjuti be... Nasi se...




Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 29.Август.2010 во 15:47
Mislam deka kje ima prenos na prva MTV od

Hellass - Srbija

pocinje u 16:30. Pa ako ima nekoi sto ne navivaat PROTIV Grcija, mozat da navivaat za Srbija.


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 16:06
Е уште денес Македонското "кајЧе" да ја потопи и Грчката "подморница" идеме во 1/4 финале ... иако не би бил сигурен пласманот на 4то место

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 20:40
Abe dupnato kajce ni dale...

Nema veze, kje gi nacekame v Ohrid...


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 30.Август.2010 во 22:30
е не зафркнале....со кајчето ... стварно дупнато ... али ај ... че ги начекаме пак ние нив намигнување

-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 01.Септември.2010 во 15:36
Jaj... ... ovaaa... Kajcarite pak izgubija denes.

MKD - GER 7:8 (1:3, 1:3, 4:2, 1:0)

Znaci nekade 9-10 mesto treba da bidat...


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 04.Септември.2010 во 01:43
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

Utre pocnuva EP u Zagreb. Znaci utre, 29.08. 11:30 RUSIJA-MAKEDONIJA Site da navivate za nasite Makedonci od reprezentacijata...


 

КОИ МАКЕДОНЦИ?збунетост

Нема врска, честитки до ватерполистите.голема%20насмевка

Некој е етнички а некој е во срцето

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев


Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 09.Септември.2010 во 21:38
ХРВАТСКА - Србија 10:9 забава

У бој , У бој за народ свој големо%20гушкање


-------------
I'm out bcz of pathetic around here


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 09.Септември.2010 во 22:24
тага тага тага тага ........ не

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 20.Август.2011 во 22:03
MAKEDONSKATA univerzitetska reprezentacija vo vaterpolo, se plasira vo polufinaleto na univerzijadata koja se odrzuva vo Kina...

Jaki sme, nema sto...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 23.Август.2011 во 15:52
Sme osvoile 3to mesto...

Makedonija - USA 10:7...


finale: Srbija-Rusija 11:8

-------------
Incredible Blue


Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 30.Октомври.2011 во 13:59

Македонија избори трето учество на Европско првенство во ватерполо

Македонската ватерполо репрезентација со победата од 12:4 постигната синоќа на Олимпискиот базен во Скопје избори трето учество по ред на Европските првенства. 

Нашите ватерполисти во реванш баражот ја декласираа Франција со 12:4 (4:1;3:1;1:1;4:1) и успеаја да ја надополнат негативата од два гола од првиот дуел.

- Во ваква атмосфера едноставно моравме да победиме, за пласман на Македонија на Европското првенство беше коментарот на ватерполистите.

Повеќе од 1.000 гледачи во текот на целиот натпревар ја даваа потребната подршка за македонската репрезентација, која целиот натпревар го одигра на високо ниво и перфектно во одбраната, а „триколорите“ од 13 ситуации на играч повеќе постигнаа само еден гол.

- Бевме фантастични во одбраната, а во модерниот спорт се тргнува од добрата дефанзива. Честитки за играчите, но и за одличната публика, рече селекторот Игор Гочанин по завршувањето на натпреварот.

Мирослав Ранџиќ постигна четири гола, Саша Мишиќ три, Данијел Бениќ два, а по еден гол дадоа Иван Вуксановиќ, Милан Петровиќ и Борис Летица.

Покрај Македонија преку баражот пласман на Европското првенство изборија и Грција, Романија, Турција и Германија.

Грција и во реваншот ја победи Словачка како гостин со 9:3 (13:7 прв натпревар), Романија по вторпат ја победи Грузија со 18:6 (11:5), додека Турција и Словенија одиграа нерешено 9:9 (9:7).

Досега се познати 11 репрезентации кои ќе учествуваат на ЕП меѓу кои се Хрватска (европски шампион), Италија, Србија, Унгарија, Црна Гора (пласирани од 2-5.место на ЕП 2010), Германија, Македонија, Грција, Романија, Турција и домаќинот Холандија.

Последниот учесник ќе биде познат утре по одигрувањето на реваншот Шпанија – Русија. Шпанија на првиот натпревар победи со 13:6.

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 11 ноември во Ајндховен. 



Честитки до нашите репрезентативци. Натурализира, домашни какви и да се наши се , ги бранат боите на Македонија и заслужуваат најголемо внимание и почит. Ги удавија Французите и се пласираа на трето европско првенство.БРАВО!!!

Па да се видиме на плоштад во Јануари...македонија



-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Ноември.2011 во 14:21
Ватерполистите во полесната група на ЕП
 
Вчера во Ајндховен беа извлечени групите за Европското првенство во ватерполо, кое следната година ќе се одржи во Холандија
 

 
 
Македонските ватерполисти, во својот трет последовен настап на европските првенства, ќе партиципираат во Групата А заедно со домаќинот Холандија, светскиот првак Италија, Унгарија, Грција и Турција.

Нешто потешка е Групата, Б во која се три репрезентации од поранешна СФРЈ: Србија, Хрватска (актуелен европски првак) и Црна Гора, како и репрезентациите на Романија, Шпанија и Германија.

Европското првенство во Ајндховен ќе се игра од 16 до 29 јануари 2012 година.



-------------


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 08.Јануари.2012 во 12:29
Istovremeno so pretstojnoto Evropsko Prvenstvo vo rakomet, se odrzuva i Evropskoto Prvenstvo vo VATERPOLO, na koe isto kaka ucestvuva MAKEDONSKATA Reprezentacija...

Znaci dve nasi reprezentacii na Evropsko prvenstvo... E mnogu sme jaki

pon. 16.01.12    13:00 MKD-TUR
vt. 17.01.12    13:00 MKD-GRE
cet. 19.01.12    13:00 HUN-MKD
sab. 21.01.12    14:30 MKD-ITA
pon. 23.01.12    19:00 MKD-NED


Pa, MAKEDONCI, so srekja

-------------
Incredible Blue


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Јануари.2012 во 10:02
Почнува ЕП во ватерполо, Македонија денес против Турција
 
Денеска во Ајндховен, Холандија, ќе започне Европското првенство во ватерполо, на кое ќе учествува и репрезентацијата на Македонија.
 

 
 
За македонските ватерполисти ова ќе биде трето последовно учество на европските првенства, по Малага во 2008 и Загреб во 2010. Македонија, натпреварите во прелиминарната фаза ќе ги игра во А групата, каде уште се и Турција, Грција, Италија, Унгарија и Холандија, најдобрите три од групата ќе продолжат во следната рунда.

Попладнево, Македонија, во првиот меч ќе игра против Турција, противник кого ватерполистите го победија минатата недела, на турнирот во Истанбул со 10:6. Според прогнозите, утрешниот дуел со Грција ќе биде решавачки за пласман на една од првите три позиции. Реално, Македонија е поквалитетна и не би требало да има проблеми со Турција и Холандија, додека Италија (актуелен светски првак) и Унгарија се фаворити во групата. Доколку остварат пласман во следната рунда, ватерполистите ќе имаат можност и да се борат за пласман на предолимпискиот турнир.

 



Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 16.Јануари.2012 во 10:38
Македонскава репрезентација може да се нарече југословенска репрезентација... кулголема насмевка
 
 плазењеголемо гушкање


-------------


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 16.Јануари.2012 во 14:38
Nasa si e... a i parce pravi...


Makedonija - Turcija 16:4




-------------
Incredible Blue


Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 16.Јануари.2012 во 15:21
Респекат
На крај и коментаторот повеќе си муабетеше со гостинот отколку што коментираше за натпреварот



-------------
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 16.Јануари.2012 во 21:36

http://www.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/57221" rel="nofollow - http://www.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/57221

Ај лајк тхе вај како си ги местиме Грцивекул





Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 16.Јануари.2012 во 21:59
...

Ejjj, vikas? Posle kosarka, kje im go smestime i u vaterpolo?

Moze, mi svigja...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 17.Јануари.2012 во 14:03
Mi svigja ili ne, grchistava ne rasturaat... 6:10

-------------
Incredible Blue


Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 17.Јануари.2012 во 14:12
не се разбирам многу у овај спорт, ама не се брка резултат у последна минута

-------------
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн


Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 23.Јануари.2012 во 20:08
изгубивме 10:8

а водевме три разлика некој период и имаа шанси да победат

-------------
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Февруари.2012 во 10:41

http://www.kurir.mk/sport/makedonski-sport/59503-Vaterpolistite-sepak-ke-igraat-kvalifikacii-za-OI" rel="nofollow - Ватерполистите сепак ќе играат квалификации за ОИ



Македонската ватерполо репрезентација го потврди учеството на олимписките квалификации, откако за настап во Едмонтон (Канада) се откажа Нов Зеланд.

vaterpolo-500

Квалификациите ќе сe одржат од 1-ви до 8-ми април, а извлекувањето на групите ќе биде на 19. февруари во Лондон. Македонија ќе биде рангирана во шестиот шешир.

Пласман на квалификациите од Европското првенство во Ајндховен, од Европа изборија репрезентациите на Црна Гора, Германија, Грција, Шпанија и Романија. На квалификациите ќе учествуваат уште: Канада (домаќин), Бразил и Куба од Пан-Американските игри и Кина и Јапонија од Азиските игри. Место на квалификациите добија и Холандија и Македонија по отказот на други репрезентации.

На олимписките квалификации ќе настапат 12 репрезентации, а пласман на Олимписките игри во Лондон ќе изборат четирите првопласирани.  



Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 03.Февруари.2012 во 17:57
Znaci imame okolu 2 meseci da pustime ponekoja ajkula u bazenive kade sto igraat igracive na drugite reprezentacii... moze i krokodili, seedno, nesho da zavrsi rabota...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: емил
Датум на внесување: 20.Февруари.2012 во 11:52

ИЗВЛЕЧЕНИ ГРУПИТЕ ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИОТ ТУРНИР ВО ЕДМОНТОН





Вчера 19.02. во Лондон, Велика Британија, беа извлечени групите за квалификациониот турнир за Олимписките игри во 2012, кој ќе се одржи во Едмонтон, Канада од 01-08 Април.




Ждребката не беше многу поволна за нашата ватерполо репрезентација бидејки во групата А во која беше извлечена Македонија ќе се натпреваруваат многу квалитетни европски репрезентации меѓу кои Европскиот вицешампион Црна Гора, потоа Германија, Грција, Романија и Холандија, сите добро познати од неодамнешното ЕП кое се одржа во Холандија.


Во групата Б беа извлечени повеќето од преставниците на другите континенти, а се очекува како најквалитетни да се покажат репрезентациите на Шпанија и Канада.


Изгледот на групите по извлекувањето:

 

 

ГРУПА А     ГРУПА Б

1. MNE - Црна Гора     1. VEN -Венецуела

2. GER - Германија     2. TUR - Турција

3. GRE - Грција     3. ESP - Шпанија

4. MKD - Македонија     4. BRA - Бразил

5. ROU - Романија     5. ARG - Аргентина

6. NED - Холандија     6. CAN - Канада

 

Натпреварите ќе се одигруваат според следниов распоред:

 

Прва рунда –  1-ви април, 2012

1. MEN – NED 3. GER – ROU 5. ESP – BRA

2. GRE – MKD 4. VEN – CAN 6. TUR – ARG


Втора рунда – 2-ри април, 2012

7. CAN – BRA 9. VEN – TUR 11. ROU – GRE

8. ARG – ESP 10. NED – MKD 12. MNE – GER


Трета рунда –  3-ти април, 2012

13. MKD – ROU 15. GRE – MNE 17. TUR – CAN

14. GER – NED 16. BRA – ARG 18. ESP – VEN


Четврта рунда – 4-ти април, 2012

19. CAN – ARG 21. TUR – ESP 23. MNE – MKD

20. VEN – BRA 22. NED – ROU 24. GER – GRE


Петта рунда –  5-ти април, 2012

25. GRE – NED 27. MNE – ROU 29. BRA – TUR

26. MKD – GER 28. ESP – CAN 30. VEN – ARG


Четирите највисоко пласирани репрезентации во секоја група се квалификуваат за четврт финалната рунда во која најуспешните четири репрезентации ќе се пласираат на Олимписките игри 2012 кои ќе се одржат во Лондон од 29-ти јули до 12-ти август.



Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 24.Февруари.2012 во 19:56
Jbg...


Obicno ne sum pesimist, ama kako izgleda grupava u koja sto sme, definitivno kje ni treba zasiluvanje...

Idealen sostav za VTORO mesto na kvalifikaciive bi bil:

1. Oktopodic   (golman)
2. Ajkulic     (levo krilo)
3. Orkic       (lev drajver)
4. Delfinovic (centar)
5. Morzovski   (sidras)
6. Krokodilic (desen drajver)
7. Fokic       (desno krilo)

-------------
Incredible Blue



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk