IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Hair (The Musical) 1968
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Hair (The Musical) 1968

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
nancy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Декември.2007
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nancy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Hair (The Musical) 1968
    Испратена: 05.Јануари.2008 во 00:24
Брилијантно дело кое мислам дека заслужува огромно внимание.. Филмот е стар, сниман 68 но изгледа по современо од 90% нови филмови...Се ама баш се во филмот е доведено до тотална перфекција...сценариото, музиката, глумата, фотографијата, ефектите, костимите...СЕ

Јас лично не сум голем љубител на мјузикли, но филмов ми е стварно favorite, едноставно е masterpiece !!
Како студент на драмски фак. по актерска игра, морав да го гледам филмот неколку пати и да фрлам акцент на многу детали...дефинитивно неможев да најдам аномалија, ниту јас ниту некој од студентите...

За оние кои го немаат гледано филмот ``обработува тема актуелна за доцните 70`, хипи револуцијата и бунтот против војната во Виетнам...ако по некаква случајност не сте го гледале филмот веднаш да го најдете и да го гледате

За оние кои го имаат гледано (а верувам ве има повеќе) :
Какво е вашето мислење за филмот?


Изменето од nancy - 06.Јануари.2008 во 09:17
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2008 во 16:55
Прекрасен филм. Иако обработува тема врзана за војната во Виетнам, тоа не е филм за војната туку за мирот, за пацифизмот, за радоста на животот, за правото на секој човек да ја доживее таа радост, колку е таа радост моќна но истовремено и кревка и сурово конечна.
Тоа е филм за сите времиња, оти има длабока општочовечка и филозофска порака: Имаме избор: љубов и слобода или страв и омраза.

Истовремено, авторот не потсетува дека судбината е непредвидлива, иронична и баш ја боли за сите нас, и на крајот може да ги „заебе“ сите наши избори и планови.
Но тоа не значи дека треба да се предадеме на нејзините каприци и да чекаме господ да не земе. Не. Во меѓувреме, додека не има, да и пркосиме, како палави деца да брцаме во теглото со слатките задоволства на животот.

За крај едно наградно прашање за оние кои го гледале филмот:

Зошто се вика „Коса“?

Изменето од filmadzijka - 09.Јануари.2008 во 17:11
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2008 во 08:43
klasiker......i prekrasen soundtrack.....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.