Hair (The Musical) 1968
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Забава
Име на форумот: Филм
Опис на форумот: Хитови, преводи, DVD, DivX, оскари & актери...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11291
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 20:46 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Hair (The Musical) 1968
Постирано од: nancy
Наслов: Hair (The Musical) 1968
Датум на внесување: 05.Јануари.2008 во 00:24
Брилијантно дело кое мислам дека заслужува огромно внимание.. Филмот е стар, сниман 68 но изгледа по современо од 90% нови филмови...Се ама баш се во филмот е доведено до тотална перфекција...сценариото, музиката, глумата, фотографијата, ефектите, костимите...СЕ
Јас лично не сум голем љубител на мјузикли, но филмов ми е стварно favorite, едноставно е masterpiece !!
Како студент на драмски фак. по актерска игра, морав да го гледам филмот неколку пати и да фрлам акцент на многу детали...дефинитивно неможев да најдам аномалија, ниту јас ниту некој од студентите...
За оние кои го немаат гледано филмот ``обработува тема актуелна за доцните 70`, хипи револуцијата и бунтот против војната во Виетнам...ако по некаква случајност не сте го гледале филмот веднаш да го најдете и да го гледате
За оние кои го имаат гледано (а верувам ве има повеќе) :
Какво е вашето мислење за филмот?
|
Коментари:
Постирано од: ПодВодно
Датум на внесување: 09.Јануари.2008 во 16:55
Прекрасен филм. Иако обработува тема врзана за војната во Виетнам, тоа не е филм за војната туку за мирот, за пацифизмот, за радоста на животот, за правото на секој човек да ја доживее таа радост, колку е таа радост моќна но истовремено и кревка и сурово конечна.
Тоа е филм за сите времиња, оти има длабока општочовечка и филозофска порака: Имаме избор: љубов и слобода или страв и омраза.
Истовремено, авторот не потсетува дека судбината е непредвидлива, иронична и баш ја боли за сите нас, и на крајот може да ги „заебе“ сите наши избори и планови.
Но тоа не значи дека треба да се предадеме на нејзините каприци и да чекаме господ да не земе. Не. Во меѓувреме, додека не има, да и пркосиме, како палави деца да брцаме во теглото со слатките задоволства на животот.
За крај едно наградно прашање за оние кои го гледале филмот:
Зошто се вика „Коса“?
|
Постирано од: LouWeed
Датум на внесување: 10.Јануари.2008 во 08:43
klasiker......i prekrasen soundtrack.....
------------- http://www.myspace.com/louweed666 - NICE BOYs DONT PLAY ROCK&ROLL
|
|