|
10 неизлечиви болести |
Внеси реплика |
Автор | |
Mindy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Искрена, поискрена здравје Регистриран: 14.Ноември.2005 Локација: United Arab Emirates Статус: Офлајн Поени: 14598 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 05.Ноември.2007 во 20:41 |
Модерната медицина направи многу за човекот и најде лек за многу
болести кои во минатото земаа човечки животи. Но сепак не успеа во
некои области. Оваа листа ги претставува десетте најчести, но
неизлечиви болести.
10. Ебола - страшни, фатални вирусни трески и осипи се карактеристика на оваа болест. Откриена е во 1976 година во Конго кај Ебола реката. 9. Полио - или инфантилна парализа. Акутна вирусна инфекција која го напаѓа нервниот систем и започнува со најобичните симптоми треска, главоболка, болка во мускулите, а потоа најчесто преминува во посериозна парализа на мускулите. Повеќе од половина заболени се деца помали од 5 години. 8. Лупус - или Лупус Еритематосис е автоимуно пореметување. Постојат три вида лупус од кои едниот ја напаѓа само кожата и не навлегува во внатрешните органи, додека другиот ги напаѓа сите органи а најмногу кожата, бубрезите, зглобовите, срцето, мозокот. 7. Инфлуенца - или широко позната како грип е вирусна инфекција на горниот или долниот респираторен тракт. Се манифестира со треска, морници, слабост, болка во мускулите, главата и стомакот. 6. Груцфилд-Џејкоб болест - ова е ретка но фатална болест на централниот нервен систем. Во светски размери се јавува кај еден во милион луѓе, но кај некои популации на пример Либанските Евреи болеста е почеста. 5. Дијабетес - ова е пореметување на метаболизмот на јагленохидратите кое ја намалува способноста на телото да произведува или да одговара на инсулин и да одржува нормални количини на гликоза во крвта. 4. ХИВ/ Сида - ХИВ вирусот полека го напаѓа и уништува имуниот систем - способноста на телото да се бори со инфекции и го остава човекот ранлив на многу други инфекции и болести што доведуваат до смрт. Оваа болест зеде замав на епидемија во 1980-те години, најмногу во Африка. 3. Астма - претставува хронично пореметување на белите дробови и се случуваат напади на немање здив, кашлање и стегање во градниот кош. Иритација на дишните патишта посебно се јавува од прав, полен, чад од цигари, животински влакна, замор и временски услови. 2. Рак - претставува група од повеќе од 100 различни болести кои ги карактеризира неконтролиран раст на абнормални клетки во телото. Ракот напаѓа една од три родени индивидуи во развиените земји, и е најчеста причина за болест и смрт. Направен е напредок во лечењето на оваа болест, особено ако се открие во раните фази но сепак многу често е неизлечива. 1. Настинка - претставува акутно вирусно заболување кое започнува во горниот респираторен тракт, и некогаш се спушта во долниот. Може да предизвика секундарни инфекции на очите и средното уво. Симптомите се тресење и чувство на студ. Се пренесува од инфициран човек, а процесот на инкубација трае од 1 до 4 дена. |
|
|
|
knigh†mare
Нов член Регистриран: 06.Ноември.2007 Локација: Netherlands Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Моја дамо,тука не се согласувам со тебе.
Знам,ок е,ова го имаш постирано од некаде,меѓутоа јас можам да го докажам токму спротивното.
Кога имав 3 години,и јас за жал,се здобив со бронхијална астма и докторите мислеа дека ќе ја имам до крајот на животот и ќе ми причинува проблеми и дишни напади.
Меѓутоа,до возраста од 10 години,таа потполно се изгуби од мојот организам и од тогаш јас немам никакви проблеми со тоа.
Немам ни последици од истата.
Живеам потполно најнормален живот,одам во теретана и плус тренирам Parkour,а тоа е спорт кој бара огромна кондиција,физичко-ментална способност,како и готовност.
Остани ми поздравена и во добро здравје.
Изменето од knigh†mare - 06.Ноември.2007 во 23:29 |
|
Иконо моја,за душа рај ми беше само ти,но небото те скри...Ооо,колку боли,но казна моја,ти си мило мое,казна си моја ти!
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ракот не е неизлечлива болест дури и ако се открие во подоцнежна фаза. Неговото успешно лекување (преживување) зависи од тоа каде сте го добиле ракот, уште повеќе од тоа како модифицирале/дегенерирале малигните клетки и цитостатиците ќе можат да влијаат на нивната RNA.
Најопасно е доколку ракот ги зафати мозокот или белите дробови. Но и тука постои надеж, медицината несопирливо работи на добивање нови и поуспешни цитостатици.
Доволно е со сегашниве цитостатици да ви го стагнираат на пример ракот во белите дробови или во главата едно 2-3 години и до тогаш ќе измислат нов подобар цитостатик кој ќе ве излечи од корен.
Но сепак, едно правило во Онкологијата е дека секој рак и секоја индивидуа е индивидуа за себе. Никакви прогнози и математики не можат да се глобаизираат, бидејќи двајца со иста дијагноза и терапија имаат различни резултати. Дури и онколозите ќе ви кажат: Се е во Божји Раце!
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.
Изменето од ACELERA - 17.Март.2010 во 12:08 |
|
Storm2
Сениор Регистриран: 07.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 432 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
MAKROBIOTICKATA ISHRANA SPRECUVA I LECI ILI PRODOLZUVA ZIVOT NA BOLNITE OD RAK
Sodrzina na kniga " The Cancer Prevention Diet ", By Michio Kushi with Alex Jack " ISHRANOM PROTIV RAKA " Michio Kushi u saradnji sa dr.Aleksom Dzekom I - PRIRODNO PREDUPREDUVANJE ZA RAKOT 1.Rak, ishrana i makrobiotika -Rakot vo stariot vek; -Gradbata na zivotot; -Rakot vo sredniot vek -Podemot na sovremenata nauka i medicina; -Lecenjeto na rakot vo 20ot vek; -Vrakanje kon integralnite produkti; -Makrobioticki priod. 2.Rak i moderna civilizacija -Prosiruvanje na nasata perspektiva; -Nadminuvanje na dualizmot; -Korisnata priroda na boleata 3.Prirodno predupreduvanje na rakot 4.Ishrana i razvoj na rakot 5.Makrobioticka ishrana za predupreduvanje na rakot 6.Ulogata na jin i jang vo razvojot na rakot 7.Priroden nacin na lecenje na rakot 8.Pouzdano dijagnostikovanje raka 9.Medicinski beznadezno ili nadez za makrobiotikata ? 10.Mitot za kancerogenite II - SMERNICI ZA PRIOD NA RAZNITE OBLICI NA RAK 1.Rak na koskite 2.Rak na mozokot 3.RAK NA DOJKA 4.Rak na zenskite reproduktivni organi; jajnici, endometrium, RAK NA GRLOTO NA MATKATA, i vaginata 5.Rak na debeloto crevo 6.LEUKEMIJA 7.Rak na jetra 8.Rak na belite drobovi 9.Limfom i Hodzkinova bolest 10. Rak na maskite reproduktivni organi; Rak na prostata i testis 11.Rak na pankreas 12.Rak na kozhata i melanom 13.Rak na zeludnik 14.Rak na gornite organi za varenje; jednjak, grkljan, usta i zdrelo 15.Rak na besikata i bubrezite |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
taman rabota influenca-grip i nastinka da se neizlechivi bolesti......
togash nema da postoi zhiv chovek na planetava..... |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |