10 неизлечиви болести
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Медицина
Опис на форумот: Болести и лекови, алтернативци, превенција...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=10138
Датум на принтање: 04.Декември.2024 во 10:07 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: 10 неизлечиви болести
Постирано од: Mindy
Наслов: 10 неизлечиви болести
Датум на внесување: 05.Ноември.2007 во 20:41
Модерната медицина направи многу за човекот и најде лек за многу
болести кои во минатото земаа човечки животи. Но сепак не успеа во
некои области. Оваа листа ги претставува десетте најчести, но
неизлечиви болести.
10. Ебола -
страшни, фатални вирусни трески и осипи се карактеристика на оваа
болест. Откриена е во 1976 година во Конго кај Ебола реката.
9. Полио
- или инфантилна парализа. Акутна вирусна инфекција која го напаѓа
нервниот систем и започнува со најобичните симптоми треска, главоболка,
болка во мускулите, а потоа најчесто преминува во посериозна парализа
на мускулите. Повеќе од половина заболени се деца помали од 5 години.
8. Лупус
- или Лупус Еритематосис е автоимуно пореметување. Постојат три вида
лупус од кои едниот ја напаѓа само кожата и не навлегува во внатрешните
органи, додека другиот ги напаѓа сите органи а најмногу кожата,
бубрезите, зглобовите, срцето, мозокот.
7. Инфлуенца
- или широко позната како грип е вирусна инфекција на горниот или
долниот респираторен тракт. Се манифестира со треска, морници, слабост,
болка во мускулите, главата и стомакот.
6. Груцфилд-Џејкоб болест
- ова е ретка но фатална болест на централниот нервен систем. Во
светски размери се јавува кај еден во милион луѓе, но кај некои
популации на пример Либанските Евреи болеста е почеста.
5. Дијабетес
- ова е пореметување на метаболизмот на јагленохидратите кое ја
намалува способноста на телото да произведува или да одговара на
инсулин и да одржува нормални количини на гликоза во крвта.
4. ХИВ/ Сида
- ХИВ вирусот полека го напаѓа и уништува имуниот систем - способноста
на телото да се бори со инфекции и го остава човекот ранлив на многу
други инфекции и болести што доведуваат до смрт. Оваа болест зеде замав
на епидемија во 1980-те години, најмногу во Африка.
3. Астма
- претставува хронично пореметување на белите дробови и се случуваат
напади на немање здив, кашлање и стегање во градниот кош. Иритација на
дишните патишта посебно се јавува од прав, полен, чад од цигари,
животински влакна, замор и временски услови.
2. Рак
- претставува група од повеќе од 100 различни болести кои ги
карактеризира неконтролиран раст на абнормални клетки во телото. Ракот
напаѓа една од три родени индивидуи во развиените земји, и е најчеста
причина за болест и смрт. Направен е напредок во лечењето на оваа
болест, особено ако се открие во раните фази но сепак многу често е
неизлечива.
1. Настинка -
претставува акутно вирусно заболување кое започнува во горниот
респираторен тракт, и некогаш се спушта во долниот. Може да предизвика
секундарни инфекции на очите и средното уво. Симптомите се тресење и
чувство на студ. Се пренесува од инфициран човек, а процесот на
инкубација трае од 1 до 4 дена.
-------------
|
Коментари:
Постирано од: knigh†mare
Датум на внесување: 06.Ноември.2007 во 23:26
Mona Liza напиша:
3. Астма - претставува хронично пореметување на белите дробови и се случуваат напади на немање здив, кашлање и стегање во градниот кош. Иритација на дишните патишта посебно се јавува од прав, полен, чад од цигари, животински влакна, замор и временски услови. |
Моја дамо,тука не се согласувам со тебе.
Знам,ок е,ова го имаш постирано од некаде,меѓутоа јас можам да го докажам токму спротивното.
Кога имав 3 години,и јас за жал,се здобив со бронхијална астма и докторите мислеа дека ќе ја имам до крајот на животот и ќе ми причинува проблеми и дишни напади.
Меѓутоа,до возраста од 10 години,таа потполно се изгуби од мојот организам и од тогаш јас немам никакви проблеми со тоа.
Немам ни последици од истата.
Живеам потполно најнормален живот,одам во теретана и плус тренирам Parkour,а тоа е спорт кој бара огромна кондиција,физичко-ментална способност,како и готовност.
Остани ми поздравена и во добро здравје.
------------- Иконо моја,за душа рај ми беше само ти,но небото те скри...Ооо,колку боли,но казна моја,ти си мило мое,казна си моја ти!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Ноември.2007 во 01:58
Mona Liza напиша:
2. Рак - претставува група од повеќе од 100 различни болести кои ги карактеризира неконтролиран раст на абнормални клетки во телото. Ракот напаѓа една од три родени индивидуи во развиените земји, и е најчеста причина за болест и смрт. Направен е напредок во лечењето на оваа болест, особено ако се открие во раните фази но сепак многу често е неизлечива. |
Ракот не е неизлечлива болест дури и ако се открие во подоцнежна фаза. Неговото успешно лекување (преживување) зависи од тоа каде сте го добиле ракот, уште повеќе од тоа како модифицирале/дегенерирале малигните клетки и цитостатиците ќе можат да влијаат на нивната RNA.
Најопасно е доколку ракот ги зафати мозокот или белите дробови. Но и тука постои надеж, медицината несопирливо работи на добивање нови и поуспешни цитостатици.
Доволно е со сегашниве цитостатици да ви го стагнираат на пример ракот во белите дробови или во главата едно 2-3 години и до тогаш ќе измислат нов подобар цитостатик кој ќе ве излечи од корен.
Но сепак, едно правило во Онкологијата е дека секој рак и секоја индивидуа е индивидуа за себе. Никакви прогнози и математики не можат да се глобаизираат, бидејќи двајца со иста дијагноза и терапија имаат различни резултати. Дури и онколозите ќе ви кажат: Се е во Божји Раце!
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 08.Ноември.2007 во 14:35
Постирано од: Storm2
Датум на внесување: 08.Ноември.2008 во 22:35
MAKROBIOTICKATA ISHRANA SPRECUVA I LECI ILI PRODOLZUVA ZIVOT NA BOLNITE OD RAK
Sodrzina na kniga " The Cancer Prevention Diet ", By Michio Kushi with Alex Jack
" ISHRANOM PROTIV RAKA "
Michio Kushi u saradnji sa dr.Aleksom Dzekom
I - PRIRODNO PREDUPREDUVANJE ZA RAKOT
1.Rak, ishrana i makrobiotika
-Rakot vo stariot vek;
-Gradbata na zivotot;
-Rakot vo sredniot vek
-Podemot na sovremenata nauka i medicina;
-Lecenjeto na rakot vo 20ot vek;
-Vrakanje kon integralnite produkti;
-Makrobioticki priod.
2.Rak i moderna civilizacija
-Prosiruvanje na nasata perspektiva;
-Nadminuvanje na dualizmot;
-Korisnata priroda na boleata
3.Prirodno predupreduvanje na rakot
4.Ishrana i razvoj na rakot
5.Makrobioticka ishrana za predupreduvanje na rakot
6.Ulogata na jin i jang vo razvojot na rakot
7.Priroden nacin na lecenje na rakot
8.Pouzdano dijagnostikovanje raka
9.Medicinski beznadezno ili nadez za makrobiotikata ?
10.Mitot za kancerogenite
II - SMERNICI ZA PRIOD NA RAZNITE OBLICI NA RAK
1.Rak na koskite
2.Rak na mozokot
3.RAK NA DOJKA
4.Rak na zenskite reproduktivni organi; jajnici, endometrium, RAK NA GRLOTO NA MATKATA, i vaginata
5.Rak na debeloto crevo
6.LEUKEMIJA
7.Rak na jetra
8.Rak na belite drobovi
9.Limfom i Hodzkinova bolest
10. Rak na maskite reproduktivni organi; Rak na prostata i testis
11.Rak na pankreas
12.Rak na kozhata i melanom
13.Rak na zeludnik
14.Rak na gornite organi za varenje; jednjak, grkljan, usta i zdrelo
15.Rak na besikata i bubrezite
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 10.Мај.2010 во 21:24
taman rabota influenca-grip i nastinka da se neizlechivi bolesti...... togash nema da postoi zhiv chovek na planetava.....
-------------
|
|