|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 979899100101 138> |
Автор | |
kraljj
Нов член Регистриран: 26.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пијан сон
Голтките плетеа мисли од течен конец.. - Небото повторно се опило за да ја гушне.. Улицата пропаѓаше хаотично за да се одбрани од моите чекори што заглавуваа меѓу сегашноста и минатото барајќи клуч за вратите кон иднината.. Ветришта сурови ме кутнаа кон дното на пукнатината за да заспијам во постела од студ - временски скок за неколку часови во иднината. Таму сите облаци ме гушнале, а јас се подигам да ја видам неа. Залудно, неа ја нема! Облаците сеуште ме гушат со пијаниот здив. Ги отварам очите во реално време каде полека ја собирам свеста од подот за да ми каже дали навистина сум сонувал пијан сон.. |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И се ке се измени. Само мојата насмевка не. Таа е закована за лицево и со грешка не се брише. И се ке однесе времето. Само една работа не. Таа болка во душата, која лицето не ја покажа. За вечно да сме заедно, треба во пеколот да гориме. Грешките што си ги сторивме, само ние ке си ги платиме. 5 години поминаа, а сеуште помислувам каде ли згрешивме, по кој пат ли тргнавме. За момент се озбилувам, но брзо се освестувам. Насмевката е повторно тука, за некој во неа да се заљуби. Ме сакаат насмеана, ме сакаат среќна. Не сакаат да знаат дека на светов нема неповреден човек. На светов нема нескршен од љубов. На светов нема некој што во душа не носи рез за сиот живот...кој сепак носи насмевка..
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледаш во мене
ти текнува кој сум вртиш глава на страна друга подзамижуваш излез нема да најдеш ако не преспиеш. Ќе те галам дур спиеш друго не умеам ниту знам да преспијам па да ти кажам нешто друго сем неразбирливо бладање изгубен меѓу некој сон и некое јаве. Од моја рака никогаш ништо не изникнало како на илузионист само исчезнало како и мака твоја рака моја ќе упие на глава твоја поспана. |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОЈ СИ ТЕ ХРАНИ ЛИ БОЛКАТА НА ДУШИТЕ. ТИ СЕ ПОЛНИ ЛИ ЕГОТО СО ТАГАТА НА СРЦАТА. СЕ ГОРДЕЕШ ЛИ СО СОЛЗИТЕ КОИ ГИ ОСТАВАШ ЗАД СЕБЕ. ИЛИ ПАК САМО Е СИЛНА ТВОЈАТА МАШКОСТ ПРЕД ОЧИТЕ ТУЃИ, А ПОЗАДИ ПАРАВАНОТ.................... ГЛАДЕН СИ ЗА МАЛКУ СРЕЌА. ЖЕДЕН ЗА СИЛНА ЊУБОВ. И СОЛЗИТЕ ТИ СЕ ДРУГАРИ ВО ДОЛГИТЕ НОЌИ. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗОШТО ЗОШТО СИ ПАК ПОД МОЈОТ ПРОЗОРЕЦ. ЧЕКАШ ДА ТИ ОТВОРАМ ВРАТА. ЗАР НЕ ТИ Е ЖАЛ ДА МИ БУДИШ НЕМИРИ. ПУШТИ МЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ,ПУШТИ МЕ. НИЗ ЖИВОТОТ ОДАМ САМА. СЕ ШТО ИМАМ ТИ ОСТАВАМ. А ТИ ПАК ТУКА СЕ ВРАЌАШ. КОЕ Е ТОА СВЕТЛО КОЕ ТЕ ВОДИ ПАК НАЗАД ПРЕД МОЈОТ ДОМ. ЗАМИНА БЕЗ ПОЗДРАВ,А НЕ НИ ЗНАЕШЕ ДЕКА ПАК ЌЕ СЕ ВРАТИШ ПОД МОЈОТ ПРОЗОРЕЦ. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕМА ДА ТИ ПРОСТАМ ВЕЌЕ НИШТО ЗА ТЕБЕ НЕ ВАЖИ САМО ЧЕКАМ ЕДЕН ЗБОР,АЈДЕ КАЖИ ЈАС СУМ ТУКА ЗА ТЕБЕ,САМО ЕДЕН ГЛАС. ГЛАС КОЈ ПЛАЧЕ ЗА ДА НЕ ТИ Е ДОСАДНО. ТВОИТЕ ЦРНИ МЕЧТИ,БРАЌА НА ЃАВОЛИ И МОИТЕ БЕЛИ СОНОВИ,СЕСТРИ НА АНГЕЛИ ЌЕ ТЕ ЗАПРАШААТ ЗА ОБЈАСНУВАЊЕ. ЗАР НЕ ТИ Е ЖАЛ ОД МОЈАТА МАКА ДА СИ ГИ МИЕШ РАЦЕТЕ. ЗАР НЕ ТИ Е ЖАЛ ШТО СИ ТОЛКУ ЗОЛ. ЗА МАЛКУ НАСМЕВКА ТУЃА СЕ ДА ФРЛИШ НИЗ ВОДА. НЕМОЈ САМО ПОСЛЕ ДА МОЛИШ. ВЕЌЕ СЕ Е ИСПОМЕШАНО, ОД ТВОИТЕ ЛАГИ ИЗВАЛКАНО. СЕГА ТРЕБА ДА ПОМИНАТ БАРЕМ МИЛИОН ГОДИНИ ЗА ДА ЗАБОРАВАМ И ДА ТИ ПРОСТАМ. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НЕ БАРАЈ МЕ... НЕ БАРАЈ МЕ ПОВЕЌЕ. ИМАШ ЕДНА УБАВА ЦВЕТНА ГРАДИНА ОКОЛУ ТЕБЕ РАСЦВЕТАНА. ВО СИТЕ БОИ,ГОЛЕМИНИ,МИРИСИ... ГЛЕДАЈ,ОДБИРАЈ,КИНИ ГИ.... НАСЛАДИ ЈА СВОЈАТА ДУША СО НОВО,СВЕЖО ЦВЕЌЕ. ОТИ ОВА ШТО ПРЕД НЕКОЕ ВРЕМЕ ГО СКИНА ОД ЛИВАДАТА ЗАБОРАВИ ДА ГО НЕГУВАШ ПА ТИ ОВЕНА. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗА ТЕБЕ АНГЕЛУ МЕ СЛЕДИШ,МЕ ЧУВАШ МЕ ОПСИПУВАШ СО ЗБОРОВИ СЛАТКИ. ЈА СЛУШАМ НИВНАТА МЕЛОДИЈА А ДУШАТА МИ СЕ ПОЛНИ СО СЛАСТ. ЛИК НЕ ТИ ГЛЕДАМ,НИ НАСМЕВКА ТВОЈА. А ЗНАМ ДЕКА ЈА ИМА САМО ЗА МЕНЕ. ВЕШТО СЕ КРИЕШ,А ТУКА СИ. ЧОВЕК ЛИ СИ,АНГЕЛ ЛИ СИ. НЕМОРА ДА ЗНАМ,НЕ МИ КАЖУВАЈ, САМО ДУША ИМАЈ. ДАРУВАЈ МЕ СО ЉУБОВ. ХРАНИ МЕ СО ЗБОР УБАВ. ИЗБРИШИ ГИ СОЛЗИВЕ ТЕШКИ, ОДНЕСИ ЈА ТАГАВА ЦЕЛА. ЧУВАЈ МЕ КАКО КАПКА РОСА. ЌЕ ТИ ВРАТАМ СО СОНЧЕВИ ПРЕГРАТКИ СО НАЈСЛАТКИ НАСМЕВКИ И СО ЉУБОВ БЕСКРАЈНА. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АКО МЕ ЗАСАКАШ НЕКОГАШ НЕ СЕ ИСТИ НОЌИТЕ КАКО НЕКОГАШ КОГА ЉУБОВ ДО НЕБО СИ ДАВАВМЕ. НЕ СЕ ИСТИ ДУРИ НИ ДЕНОВИТЕ КОГА НАСМЕВКИ БЕЗБРОЈ СИ ПОДАРУВАВМЕ. СЕГА САМО СРЦЕВО МОЕ Е ИСТО И СЕ КИНЕ СЕКОЈ ДЕН. НЕМА НАДЕЖ ЗА НЕГО. НЕМА ДА ИЗДРЖИ ДОЛГО ВО ОВОЈ МРАК БЕЗ НАДЕЖ....БЕЗ ЉУБОВ...ВЕЗ ТЕБЕ... ПОТОПЕНО ВО МОРЕ ОД СОЛЗИ. АКО МЕ ЗАСАКАШ НЕКОГАШ, МОЖЕБИ ВО НЕКОЈ ДРУГ СВЕТ, НЕКА НЕ БИДЕ ИСТО КАКО СЕГА, САКАЊЕ ВО ЛЕТ. И ПОТРУДИ СЕ ТОГАШ ДА ДАДЕШ СЕ ОД СЕБЕ ЗА ЉУБОВТА ДА ПОТРАЕ. КОГА ЌЕ МЕ СРЕТНЕШ ТОГАШ ТАМУ ВО ТОЈ ДРУГ СВЕТ ГУШНИ МЕ СИЛНО КАКО ДА МЕ ГЛЕДАШ ЗА ПРВПАТ. КАКО ДА СИ МЕ ЗАСАКАЛ ЗА ПРВПАТ, ТОГАШ...ТАМУ...ВО ТОЈ МОМЕНТ. И НЕКА ТРАЕ ВЕЧНО. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
САКАМ САКАМ ДА ГО ДОФАТАМ СОНЦЕТО ДА ТИ ГО ПОДАРАМ ТЕБЕ ДА ГО ИМАШ СЕКОГАШ КОГА ЈАС НЕМА ДА СУМ ДО ТЕБЕ. ДА ТЕ ТОПЛИ МЕСТО МОЈАТА ПРЕГРАТКА И ДА ТЕ ПОДСЕТУВА НА МЕНЕ. САКАМ ДА ЈА СИМНАМ МЕСЕЧИНАТА И ТЕБЕ ДА ТИ ЈА ПОДАРАМ ДА ЈА ИМАШ ДО СЕБЕ ВО ДОЛГИТЕ НОЌИ КОГА МЕНЕ МЕ НЕМА ВО ПРЕГРАТКАТА ТВОЈА. САКАМ ДА ТИ ГО ПОДАРАМ ЖИВОТОВ МОЈ ДА ГО ИМАШ СЕКОГАШ КОГА ТВОЈОТ ЌЕ ЗАТАИ ДА ТЕ ВРАТИ ПАК НАЗАД. САКАМ ДА ТИ ЈА ПОДАРАМ МОЈАТА СРЕЌА И НИКОГАШ ДА НЕ ДОЗНАЕШ ШТО ЗНАЧИ ДА СИ НЕСРЕЌЕН. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
kraljj
Нов член Регистриран: 26.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Растрошени букви
Чекорам бос врз нечии трошки на тепихот исцртан со бои од попладневно сонце што умрело пред насобрани години.. Ти чекориш по сонцето барајќи ја последната надеж, а таа чекаше растрошена врз тепихот. допир од твоите чекори. Запиши го сјајот на сонцето, јас ќе го опишам згаснувањето.. Секогаш пишував за имагинарен лик кој не постои во реалните слики. Ти беше најблиску до него, па реков дека пишувам за тебе.. http://kralj.blog.com.mk/ |
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pepe, Kraljj bravoooo
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БУНАР
На А... Издлаби бунар во очи за сон прежеднети, со црпка од мек мирис на искреност утрунска во ирисите издлаби го: длаби дур вода не бликне од црните глечери на душата, вода студена, лековита болка да ти одболи; Излаби бунар Во очи Од волшепства натечени, Таму кајшто светлините се истопиле Во сопственото сонце, Кајшто штурците штурат По насмевката на песната Што ја сокрив За да се сокријам самсебе Пред да заборавам Каде ја сокрив мапата Со патоказите до моето постоење... Издлаби таков бунар, Но вимавај да не ги повредиш дамарите Додека минуваш низ нив Безмилосно опојна миризбо Од далечните ливади на невозможноста... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВРЕМЕ
Ајде да направиме време за сите неслучени приказни и да ја заклучиме вратата за сите ликови со несреќни судбини Да направиме приказна без заплет, без перипетии и кулминација во која самите ќе се расплетеме без воздржување и избрзување нишка по нишка, котелец по котелец -јас тебе, ти мене потем во времето ќе се сплетеме како ноќта и денот во муграта со живот што се полни... На времето ќе му дадеме светло име и ќе го врежеме со нашата безначајност во кората на неминливоста... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
Внеси реплика | страница <1 979899100101 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |