|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика | страница <1 9495969798> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоли, не допушташ обичен полицаец, на пример со ниско ниво на писменост да напише она што го напишал? Не допушташ да бил едноставно хуман човек на кој му се згадило од она што го видел? Сите ли лажат, ако за вас настанот не е познат? 70 ГОДИНИ ОД ДАБНИЧКИОТ МАСАКР На 19 септември 2012 година се навршија 70 години на едно од најголемите злосторства на фашистичките окупатори во НОВ, не само во Прилеп, туку и пошироко. Тоа е познатиот Дабнички масакр. Од злочинот не останале рамнодушни и непријателските војници и полицајци. Дабнички масакр е наречен, затоа што во септември 1942 година од селото Дабница во прилепските касарни биле затворени сите мажи без разлика на возраста. Голем дел биле под истрага во окупаторските затвори, а еден дел и интернирани. Точно 43 Дабничани биле испратени во бугарскиот концентрационен логор во близина на Ксанти. Кулминација е дабничкото стрелање на 19 септември во месноста Дабнички завој, меѓу Прилеп и Дабница, каде поголемиот дел од стреланите биле дабничани. Не случајно страдале дабничани. При формирањето на одредот "Димитар Влахов", на 16 мај 1942 година, Дабница била партизанска база, а населението учествувало и помагало со храна, облека и друго. На крајот на август, сите жители учествувале на советувањето и прославата, одржана на местото на формирањето на одредот во месноста "Гарван". Плус, со успешни акции на одредот, кои го предизвикале непријателот за Дабничкиот масакр. Во септември, окупаторите презеле офанзива против народно ослободителното движење. Особено за уништување на одредот "Димитар Влахов". Презеле свирепи акции за уништување на востаниците по секоја цена. Со нови единици го "чешлале" теренот и масовно апселе. На 14 септември, специјалните единици, неколку десетици агенти и полицајци влегле и уапсиле 54 мажи. Ги затвориле во гарнизонскиот затвор, претворен во мачилиште. Меѓу нив бил и Рампо Левката, адвокат, кој поради своите заслуги во НОВ е прогласен за Народен херој. Тој е убиен во касарните. Поради храброто држење, бил убиен и дабничанецот Сотир Дамески. На 19 септември биле издвоени 18 затворениците за стрелање. Бил исцениран напад на колоната, по што следувало стрелање на врзаните дабничани и прилепчани. Да не има некој не убиен, со бајонети биле прободувани телата на стреланите: Аце Мрчески, Алекса Бешироски, Андон Нунески, Атанас Нунески, Алексо Мазгалоски, Андон Слабејкоски, Адем Адемоски, Гога Нунески, Димко Мрчески, Душан Бешироски, Добре Јованоски, Киро Ќососки, Ордан Паноски - Кабецот, Ордан Кузманоски, Ордан Јованоски, Сотир Сотироски - Џигиџик и Тоде Кремчески. Меѓу стреланите, еден успеал да преживее. Тоа бил Петко Велкоски кој бил погоден само со еден куршум, а при бодењето бил двапати несмртоносно прободен. Со натчовечки напори успеал да се извлече. Тој бил жив сведок на крвавите денови на окупацијата. Предходно, успеал да побегне и да се спаси и Тоде Ристески - Келешот. Дабничкиот масакр бил невиден злостор на бугарските окупатори, наедно повод за омраза не само на Македонците, туку и од хуманите Бугари. Репресалиите го омасовиле народно ослободителното движење. За загинатите дабничани и прилепчани, на местото на стрелањето, во месноста Дабнички завој, во 1972 година е подигнат "Споменикот на жртвите на фашизмот. Тој е дело на академскиот скулптор, прилепчанецот, Димо Тодоровски. Споменикот се состоеше од мермерна плоча и бронзена човечка фигура. На плочата стоеја имињата и презимињата на стреланите борци, вклучувајќи ги двете жртви во прилепските касарни, Рампо Левката и Сотир Дамески. За жал, ја нема повеќе бронзената човечка фигура. Исчезна тоа врвно дело на големиот скулптор, а требаше вечно да потсетува на крвавите денови. Во 2002 година, пред одбележувањето на 60 години од Дабничкиот масакр, се случи повторно масакр. Жртва беше споменикот во Дабнички завој. Бронзената човечка фигура беше целосно уништена од три лица, поради имотна корист. Обвинетите беа осудени. Но, каква корист од тоа, кога бронзеното сведоштво го нема да го симболизира непокорот на дабничани и прилепчани, кои, покрај големите ѕверски мачења и тортури, гордо заминале без да откријат нешто за организацијата, одредот, активистите или слично. Подоцна беше украдена бистата на Блаже Спиркоски - Воденски, беа украдени повеќе бисти од Алејата на Народните херои во Паркот на Револуцијата. Добро е што тие се обновија, со што градот покажа почит кон хероите. По 10 години без бронзената фигура, апелирам до надлежните да се обнови "Споменикот на жртвите на фашизмот" во Дабничкиот завој, со што трајно ќе се остави нем сведок, кој ќе "зборува" за овој голем настан од богатото и славно минато на Прилеп - Градот Херој. Рубин Белчески - историчар |
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Анастеа, не мислим што успе ме убедиш во автентичноста на собитиjата разказани од Петко Велкоски. Сакам да видим што е рекол другиот оживел: Тоде Ристески - Келешот. Сакам да видим официални доументи. Нема начин да не е имало "народен суд". А фактот што е поставен бронзен паметник не е доказателство за настаните. Пак повтарам: сигурно баj Петко не лаже, наj много да е хиперболизирал работите.
|
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Куцаров планирал жртвите од Дабничкиот масакар да ги закопа во песокот покрај Дабничка река но во последен момент се премислил поради можноста телата лесно да бидат откриени и откопани од диви животни…
Изутрината Куцаров заминал со мотор да бара нова локација каде што ќе бидат закопани жртвите… Локацијата ја нашол во близина на воените магацини кај Црвени Брегови а за да нема сведоци помеѓу стражарите, истите биле заменети со негови доверливи луѓе. Телата на убиените откако цел ден лежеле на патот, вечерта биле натоварени во камион и закопани во близина на оградата од магацините. --- Сега относно снимката... Таа требе да е била направена на следиов ден (20.09). Телата веке са биле изкарани на патот (нели цел ден са биле таму?). А од снимката не личи да са на патот. Тие са во некаква долчинка. А и зошто да се прави снимка? Нели Куцаров е сакал да запази таjна и на другиот ден е заменил полицаите со свои надеждни луге... Не му требе показност на Куцаров... |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоли си играш со моето трпение....следниот пост на бугарски јазик и ќе ти избришам се од темата.
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На друго место го пише Коцаров: Утредента, во петокот вечерта, влегоа во стражарницата Коцаров и неколку агенти и војници. Ни наредија да легнеме помешечки Тие што даваа знаци на живот беа доубиени со бајонети. |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А во другите спомени: Легнавме. Ни ги покрија главите со шинели. Не беше тешко да разбереме: во затворот од мавање беше умрел Бешироски од Дабница. ---- Мислим не може да се верва на 100 % на баj Петко. |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе Чоли сега и форензичар стана а?
Инаку што и да е пишано за некакви бугарски злостори, никако не е верно, ама па се што ќе пишат бугарите за Македонија е верно ... хмммм Изменето од NRGMKD - 19.Ноември.2012 во 19:00 |
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сега ја прегледав книгата „Судењата како последен пораз“ и не најдов некој да бил суден за масакрот кај Дабница.
Книгата е од 1966 г. Чудно е зошто овој голем масакар не е ни спомнат во книгата. Кога за прв пат се дознава за тој настан? |
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.oldprilep.com/vojna-mir/dabnichkiot-kolezh.html
Душан Перев Бешироски е рoден во 1909 година во село Дaбница. По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на две деца. За време на окупaциjaтa активно ja помага Народноослободителната борба и е еден од наjактивнитe во помошта на Партизанскиот одред „Димитар Влахов”. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница. Алекса Миланов Бешироски – Ставре е роден во сeлo Дaбницa. По занимање бил земjoдeлeц. Потекнува од селско сиромашно зeмjoдeлcко ceмejcтвo; писмен, со завршено основно образование; женет, татко на едно дете. Бил секретар на партиската ќелија во селото, член на Воениот комитет и комесар за снабдување на Партизанскиот одред „Димитар Влахов”. Уапсен е на 14 септември 1942 година. Стрелан е на 19 септември 1942 година, кaj месноста Завoj, на патот Прилеп – Дабница. Овој дали е друг некој Бешировски или е еден од двајцата погоре? http://star.utrinski.com.mk/?pbroj=785&pr=14&stID=4604 Утредента, во петокот вечерта, влегоа во стражарницата Коцаров и неколку агенти и војници. Ни наредија да легнеме помешечки. Легнавме. Ни ги покрија главите со шинели. Не беше тешко да разбереме: во затворот од мавање беше умрел Бешироски од Дабница. На носила го изнесуваа неговото тело. |
|
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А можно е да имало и трет.. побарај по записите кај вас.. упс забораив, кај вас нема документирано ваков настан...
|
|
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иван Драганов Куцаров (Коцаров или Коцарев) може да е убит во 1945 година:
...Во информацијата уште се додаваат и имињата на убиените. Меѓу нив се набројани и Димитар Ѓузелов, Константин Робев, Димитар Чкатров, учителката Роза Којзаклиева, Иван Коцарев и други „познати и непознати Бугари“. КРВАВОТО „КОЛЕДЕ“ РАСПАЛИ АНТИМАКЕДОНСКИ ОГАН ВО БУГАРИЈА Ми се чини што Коцарев (Коцаров) е извесна охридска фамилиjа |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми се чини дека со постови до недоглед ќе ја извртите темата и ибиствата ќе ги префрлите во некое градче во Бугарија извршени од србомани од Македонија. За тоа е тука експертот каснаковски
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имаме уште еден експерт коj не верва во Дабничкиот масакр: Фалшифицираната НОБ
|
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
Внеси реплика | страница <1 9495969798> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |