|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 9394959697 138> |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dobro de !! ima nekoj sostav da blika od radost i zivot??
so se ovie depresii , crnila , negativnost i pesimizam kaj mladi lugje?? ajdeeee dajte malku zivost , malku radost sonceto za nas gree izlezite site od debelata senka , dojdete da trcate so mene bosi |
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Здив
Жештина ме гори, дај ми малку воздух, немој не запирај ,на пола пат сум до облаците, не е комплицирано, само заплетено,збркано, па да си ги читаме мислите,така ќе ти кажам се... Една љубов заедничка,неразделна,прекрасна, две суети споени,залепени,еден за друг, немој не ме допирај,од допирот ништо не добиваш, само земај здив,дел од мене,заедно да дишиме.... Патот ме тепа,ме убива,не враќа во бездната, вечерва чувствата не работат,тебе ти се предавам, имагинацијата не носи на местата, каде што никогаш не би пошле,а сме сонувале, земи ме во тебе,пушти ме некаде, бакни ме и задави ме,земи ми го здивот од мене.... |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОРБИТАТА НА ЗБОРОТ
Песна сум - исклесана во бигорот на твоите солзи... Солза сум - од бигорот на песната за тебе одронета... Бигор сум - талог од соlзи во песните за тебе... И бигор, и солза, и песна, а, сепак, се почнало од и завршило во зборот... Каде ли сме ние Кога тој излегува од својата орбита? |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми се спие
некој немир вели дека доцнам како бебе ми се јаде и спие наместо да плачам клоцам пред да се родам во она утро за мене наменето зима беше до колена снег ладно ми беше никако да се стоплам причина сигурно има ми личи повеќе дека нема убедување ми треба ниедно веќе вода не држи. |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОСАКУВАВ ДА МИ СЕ СЛУЧИШ
ДА МИ ЈА НАПОЛНИШ ДУШАТА СО ТОА ШТО СЕ НАРЕКУВА СРЕЌА. ПОСАКУВАВ ДА СИ ВИСТИНСКИ ОНОЈ КОЈ СО НЕЖНИ ДОПИРИ ЌЕ ГО СМИРИ НЕМИРНИОВ ДУХ СО ОНА ШТО СЕ ВИКА НЕЖНОСТ. ПОСАКАВ ДА СИ ТУКА ДА МЕ СТОПИШ СО БАКНЕЖ ДО ПОСЛЕДЕН ЗДИВ И ДА МИ ГО ПРУЖИШ ОНА ШТО СЕ ВИКА ЉУБОВ. СЕ ШТО МИ СЛУЧИ, Е САМО УНИШТУВАЊЕ НА ДУШАВА СО ЕДЕН ИМАГИНАРЕН СВЕТ ТВОЈ СВЕТ НА ЛАГИ. ТВОЕТО ПОСТОЕЊЕ НЕКАДЕ НА ПЛАНЕТАВА ИСПАРИ КАКО ДОЖДОВНИЦА НА СОНЦЕ ВО ПРОСТОРОТ БЕЗВОЗДУШЕН ПОЛН СО ИЛУЗИИ И БОЛКА. ТОЛКУ КОЛКУ ШТО ТЕ ПОСАКАВ ТУКА ДО МЕНЕ,КРАЈ МЕНЕ ИСТО ТОЛКУ САКАМ ДА ТЕ ЗАБОРАВАМ ДА ТЕ ИЗБРИШАМ ОД СВЕСТА СВОЈА ПОНЕКОГАШ. НО СОНЦЕТО НЕ СВЕТИ БЕЗ ТЕБЕ МЕСЕЧИНАТА НЕ Е УБАВА БЕЗ ТЕБЕ И ЈАС НЕМАМ НАСМЕВКА БЕЗ ТЕБЕ И ЗНАМ ЌЕ ТЕ САКАМ СЕКОГАШ. Изменето од butterflyM55 - 28.Мај.2009 во 02:24 |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mi rece ti rekov
Mi rece deka se stramis ti rekov deka deka ke mizam mi rece deka se plasis ti rekov deka ke vozdivnuvam Mi rece najrano prikvecer ti rekov najkasno do rucek mi rece na ruzveltova ti rekov pokraj ezero Mi rece da si odam ti rekov nema da dojdam mi rece deka si senka ti rekov deka sum duh Mi rece , pak ti rekov ti rekov , pak mi rece nakraj mora spojuvanje miti rekovrece....... |
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Месеците течат, течат ко река најбрза, чиниш Вруток извира,
времето не гази, иако никој не чувствува, никој не сеќава, луѓето идат и бегаат, ги врзала денешницава, со неа заминуваат, само една личност по мене секогаш доаѓа,првата моја пријателка... Интересна е, не можам да речам не ,рака на душава, не грешам, иако некогаш многу знае да претера, да се уфилма, ти иди да ја истепаш, лутење и смеа таа знае да разигра, дете да се чувствувам, а сака да пораснам, коментира на се и сешто, перис на уста никој не и става, ај те видам запри ја.... Името не и го знам, признавам, може и не сум прашал, не се сеќавам, ама знам ќе дојде време и тоа да дознаам,така е секогаш, се со време доаѓа, но дел од срцето како пријател и оставам, не сакам да пропуштам добра другарка, се на времето оставам, тоа само знае кога е таа прилика, моментот на вистината.... Ех ете запишан стигам и до крај на песнава, ама нешто заборавам, изумувам, млад сум ама се случува, посвета да пишувам а ник да заборавам, брзам затоа, Маддона идол и била, неа ја сакала, не и замерувам, нејзина одлука, Бијонсе1 оваа песна на тебе ја посветувам, некогаш на Омар да те потсеќа... |
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Недоверба
За рака со тебе шетав,те држев,во нас верував, на секого се фалев,со тебе се гордеев,полетував, се ти дозволував,се ти се доверував,не се сомневав, a во грб ме рассече,камата до срце ја зарија... Солзи ќе леам,ке пресушат,ќе испарат, затворен ќе седам,ќе изгнијам,ќе замирисам, спомените ќе копкаат,ќе ме зезаат, исмеваат, ама тебе тоа нема да те врати,не верувам,се сомневам... Друга ќе најдам,може и пак да се заљубам, за рака и таа ќе ја носам,пак ќе расцветам, мирисот на свежа љубов насекаде ќе го раширам, но црна точка во мозок се зарежала,некаде тука заглавила, на тебе да ме потсеќа,на моменти крај тебе пак да навратам... Ќе ме праша,пак со памет летна ќе прошепта, ќе се замислам дали да и раскажам,за нас двајцата, грев на душа може ќе напишам,и неа ќе ја изгубам, а ако поќутам пак лошо правам,признавам.... И неа ќе ја оставам, во потрага по тебе тргнувам, ќе те барам,секој втор ќе го запрашам,ќе го пропитам, и незнам,и не ме интересира ќе чујам,и глаа ќе наведнам, дали во спомените само место си пронашла,си се вгнездила... Години ќе летнат, ќе ме исцапаат, остарат, бастун во рака ќе ми заврзат ,како подкрепа, ми тежи совеста, секој ден ме подгрбавува,ме сплеснува, ни тебе никогаш нема да те сретнам,секој знак така ми кажува.... |
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОТРОВНО ВИНО ЗА УСНИВЕ СИ МОИ.
ДОПИРОТ ТВОЈ НА ОТРОВНИЦА КАСАЈ КОЈ ДО СРЦЕ ДОПИРА И ГО ТРУЕ СО ЈАД. МОЈАВА ЧАША Е ПРЕПОЛНА ВЕЌЕ А РАЦЕТЕ ГЛАДНИ КОГА ТЕ НЕМА. ТОЛКУ СИ НЕЖЕН,А ТОЛКУ СУРОВ И САМО ЛАЖНО МОЈ. НЕ ПРУЖАЈ РАЦЕ КОИ НЕЖНОСТ НЕМААТ . НЕ ЈА ДОПИРАЈ УБАВИНАТА СО ТИЕ ОТРОВНИ РАЦЕ НА СТРАСТА. НЕ СОЗДАВАЈ БОЛКА ТАМУ КАДЕ ЈА НЕМА. И НЕ УБИВАЈ СРЦЕ КОЕ ТИ СЕ ОТВАРА. ЛАЖНО МЕ ЉУБЕЛЕ-НЕМОЈ И ТИ. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОЈДИ ВО МОЈОТ СВЕТ. ЌЕ ТИ ПРУЖАМ ЧАША ПОЛНА НЕЖНОСТ. ЧИНИЈА ОД ЖЕЛБИ. КРЕВЕТ ОД МЕКА КОЖА. СОНОВИ ОД ДОПИРИ. И ТОПЛА ПОКРИВКА ОД ЉУБОВ. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Grutka vo grloto mi stoi
ne moze da se progolta Ladni li se oblacite koga ke gi gusnes? da gi zgrabam v pregratki i da ne gi pustam... |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАЗЛИЧНО ЧИТАЊЕ НА ПАТОКАЗИТЕ
Презрени патници во ноќта - животот истекува по патиштата на сонот; сон различен, а сепак со ист вкус ва болка и чемер во дамарите. Се разминуваат: еден во мракот се топи другиот од муграта се раѓа Едниот во сонот влегува, другиот кошмарот го стресува Патот бескраен е, круг маѓепсан: глава и опаш на змија - зодијачки знак без значење сон и јаве - непомирливост... Различно читање на патоказите или две различни мапи на закопаната судбина ... Сеедно, воздухот горчи од разминувања... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗАЛУДНИ ОБИДИ ДА ЗАСПИЈАМ.
МИСЛИ ШЕТКААТ НИЗ МОЈАВА ГЛАВА. СТРАВ ПОЛЕКА СЕ ВОВЛЕКУВА ВО СЕКОЈА ПОРА ОД ТЕЛОТО. СЕ МЕША СО БОЛКАТА И ПЕЧЕ И ГИ ВЛАЖНИ ОЧИВЕ. СОЛЗИ ТЕЧАТ САМИ, ЈА МОКРАТ ПЕРНИЦАТА,КОЈА И ТАКА ВЕЧЕРВА Е НЕУДОБНА ЗА СПИЕЊЕ. КОШМАРИ НА ЈАВЕ МЕ ПЛАШАТ НОЌВА, ДУРИ НЕ САКАМ НИ ОЧИ ДА ЗАТВОРАМ НИТУ ДА ПОТОНАМ ВО НОВИ, ПОЛОШИ КОШМАРНИ СОНОВИ. |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
butterflyM55
Сениор ***PEPE*** Регистриран: 17.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 3399 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТЕ ИМАВ ЗА СЕБЕ ВО ДОЛГИТЕ НОЌИ.
ИЛИ ....БАРЕМ МИСЛЕВ ДЕКА Е ТАКА. ТЕ ЧУВАВ ЗА СЕБЕ СЕБИЧНО,ТАЈНО. НО.....ИЗГЛЕДА НЕ СУМ ЗНАЕЛА ДОБРО ДА ТЕ ЧУВАМ. НЕДОПИРЛИВА ЗА СИТЕ, ОТВОРЕНА ЗА ТЕБЕ. САМО ТВОЈА КРАЛИЦА ВО НОЌТА. НО НЕ ТИ БИЛО ДОВОЛНО. НЕ СУМ УСПЕАЛА ДА ГО ЗАДРЖАМ ТВОЕТО СКОКОТЛИВО ВНИМАНИЕ. ГИ РАШИРИ КРИЉАТА ВО ПРОСТОРОТ БЕСКОНЕЧЕН ПОЛН СО ИЛУЗИИ...ЛАГИ. ОТВОРЕН ЗА СВЕТОТ НЕДОПИРЛИВ ЗА МЕНЕ. НЕ СУМ ТИ ДОВОЛНА ЈАС. ИЛИ САМО ЛОШО СУМ ПРОЦЕНИЛА ДЕКА ТИ СИ ТОЈ КОЈА ЈА ЗАСЛУЖУВА ОВАА ИСКРЕНА ЉУБОВ. НЕ СИ ТИ ТОЈ,КОЈ ЈА ЗАСЛУЖУВА. НЕ СИ ТИ ТОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е САКАН. ТЕ ПУШТАМ ОД СЕБЕ,СЛОБОДНО ДА ТАЛКАШ НИЗ ГНАСНИТЕ ДУШИ КОИ БЕА ТВОЈ ЕДИНСТВЕН ИЗБОР. СЛЕП ЗА ЧИСТО,ИСКРЕНО СРЦЕ. СЛЕП ЗА МЕНЕ. СЛЕП ЗА СЕБЕ. СЛЕП ЗА НАС. ПАТУВАЈ СОНЦЕ МОЕ.... БИДИ СРЕЌЕН..... БИДИ СВОЈ.... |
|
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
|
|
Внеси реплика | страница <1 9394959697 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |